Ѕевс и Дионис

Page 176

Ѕевс и Дионис во раната епска поезија 179 нејзината мајка, што можеби се совпаѓа со митот на Хесиод, и на подоцнежната традиција, дека тaa се родила од главата на Ѕевс,754 откако Ѕевс ја голтнал Мудроста, Метида (Mh`ti").755 И кај двата поета епитетот mhtiveta ’мудар‘ е исклучиво врзан за богот Ѕевс.756 Поврзаноста на Ѕевс отец со Атена и Аполон може да се согледа и преку формулачниот стих со кој се упатува молитва кон нив: ...α γ ρ Ζε τε π τερ κα Αθηνα η κα Απολλον...“ „...Да би Аполон, Атена и отецот Ѕевс мене само...“757

Агамемнон со овој стих им се моли на Ѕевс отец, Атена и Аполон да му дадат повеќе советници како Нестор758 или пак јунаци како обата Ајанти,759 Нестор за силата која ја имал на своите млади години,760 Ахил ги моли ниту еден Тројанец да не ја избегне смртта,761 Менелај ги моли да се појави Одисеј меѓу просците,762 Алкиној да добие зет како Одисеј,763 Телемах за пропаста на просците,764 а Лаерт да биде помлад.765 Од друга страна Хомер ни ја претставува Атена како заштитник на Ахајците заедно со Хера,766 а Аполон како бранител на Троја. Но тие можат заедно да го гледаат споменува во сите поглавја, така што не го издвојува во посебен поднаслов (Ibid.). 754 Теог. 924. 755 Теог. 887. За симболиката на раѓањето на божицата в. J. Strauss Clay, Hesiod’s Cosmos, Cambridge University Press 2003, 28. 756 Ил. 1. 175, 508, 2. 197, 326, 6. 198, 7. 478, 8. 170, 9. 377, 10. 104, 11. 278, 12. 279, 292, 15. 377, 599, 16. 249, 24. 314; Од. 14. 243, 16. 298, 20. 102; Теог. 56, 520, 904, 914; Дела и дни 104. 757 Ил. 2. 371. 758 Ibid. 759 Ил. 4. 288. 760 Ил. 7. 132. 761 Ил. 16. 97. 762 Од. 4. 341, 17. 132. 763 Од. 7. 311. 764 Од. 18. 235. 765 Од. 24. 376. 766 Многу често во Илијадата божицата Атена се спомнува во контекст со Хера (Ил. 2. 156, 4. 20, 5. 418, 8. 426, 44, 447, 457, 9. 254, 11. 45; еднаш со Енио, женскиот пандан на Арес, 5. 333).


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.