Ѕевс и Дионис

Page 16

16 Предговор не значи и нивно замирање, бидејќи делови од нив опстоиле во народната традиција сè до современието. Ова дело во својата целина носи мој белег како автор, но методологијата, критичноста и совесноста во него се дело на мојот ментор акад. Петар Хр. Илиевски, од кого најмногу научив и кому му благодарам за сета поддршка, помош, полезните совети и насочување на моите истражувања; на мојот професор акад. Витомир Митевски за сета помош и поддршка, без кого веројатно никогаш немаше да дојде до пишување на мојата докторска дисертација. Голема благодарност им должам и на проф. д-р Маргарита Бузалковска-Алексова, на проф. д-р Весна Томовска-Митровска и проф. д-р Валериј Софрониевски за забелешките, критиките и сугестиите, кои беа и членови на комисијата за рецензија на докторската дисертација. Особена благодарност им должам на проф. д-р Х. Л. Гарсија Рамон од Универзитетот во Келн и проф. д-р Ф. Ваандерс од Универзитетот во Амстердам за искажаните забелешки, сугестии и одвоеното време за дискусии околу одредени проблеми врзани за толкување на сведоштвата од плочките за време на XII Микенолошки колоквиум одржан во Рим во периодот од 20–25. II 2006 г.; на проф. д-р Џ. Т. Килен од Универзитетот во Кембриџ за испратените статии и совети врзани за мојата тема; на проф. И. Дију од Католичкиот универзитет во Лувен за испраќањето на секоја негова нова статија која тој сметаше дека може да ми користи во истражувањето и подарените книги; на проф. д-р В. Буркерт од Универзитетот во Цирих, за подарените книги, статии и совети; на доц. д-р Војислав Саракински за трпеливоста и одвоеното време за нашите долги дискусии околу проблемите врзани за историјата на стариот век. Морам да ги спомнам и да им ја искажам својата благодарност на раководителот Наде Георгиева и вработените во библиотеката во МАНУ, за поддршката и помошта при набавување на најновите стручни дела од светот од оваа проблематика. Секако, ова дело немаше да биде издадено без финансиски средства, за што им се заблагодарувам на Министерството за култура на Република Македонија, а за поддршката и помошта, и на Филозофскиот факултет од Скопје, особено што мојата книга е издадена токму во јубилејната


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.