За почит Во Кавадарци потсмев беше пуштен дека мали им се на јапонските јакузи и за да им пораснеле требало уште со хаику да ги опеваат грчките музи. Абер дојде дека јакузите ќе сечат сé во Тиквеш што оди или ползи освен ако извинувања ја спречат Лудата Мара од мајчински солзи. Мажи-поети молбени песни кројат, во лигавење срамно честа ја губат ама тоа самураите ич не го бројат туку извинување по јапонски љубат. Но, ете глас стигна до нивните уши за Меденото, поетската мафијашка, што како залог за зарекот да не пуши, самурајски ќе изврши акција машка. Крснозе седна пред јакузата главен, без болен извик или насолзени очи, го делна прстот најмал, да е славен оти како чачкач на нос немаше почит. 15