1 бегајќи од трпезата на моите црвци

Page 111

31 Твоето срце е омилостивено со срца стари кои одамна ги нема и за мртви ги сметав; во него Љубовта во сета своја раскош цари, како љубовта нивна од пред многу лета. О, колку многу посветени и погребални солзи од мојата побожна љубов на очиве им тежеле; платив камата на смртта и вистината исползи – срцата на моите пријателки во твоето лежеле! Ти си гробен камен што од погребаните се храни, накитена си со трофеите што од нив ги примаш и со сета тогашна љубов што ја растурав на нив та така сега ти се собрало сето сама да го имаш. Сликите на оние кои јас ги сакав, во тебе ги гледам, и ти си сето нивно и сето што тебе сум ти го предал. 32 Ако го надживееш денот на мојот завршен отчет, а селанката Смрт со прав коски веќе ми покрила, и со некои мои стихови на внук му правиш бротче, спомни си дека во нив љубовта моја се сокрила. Спореди ги со оние на современи поетски астри и моиве, без љубомора, дека се надвишени ќе знаат; за моја љубов а не дека се добри, да ги спастриш, барем во сенката на посреќните поети нека чмаат. За моите стихови оваа љубена мисла нека те води: „Да беше жива музата на пријателот во ова време ќе имаше подраги деца од овие што љубовта ги роди и за нив можеби и ловоров венец ќе беше спремен. Но, штом тој почина а поетиве имаат подобар стил, затоа ќе ги читам, а него – оти во мене вљубен бил.“

111


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.