Minecraft со преку 100 милиони регистрирани играчи
Креаторот на Minecraft , Маркус Персон на својот Твитер профил изјави дека оригиналната PC верзија на играта надминала 100 милиони регистрирани корисници. 14.3% од корисниците имаат платено оригиналната верзија на играта. Minecraft, покрај својата популарност на PC, исто така се истакнува на другите платформи како Xbox 360 (со преку 10 милиони продадени копии), Play Station 3 (со преку 1 милион продадени копии од нејзиното пуштање, Декември 2013). Исто така, играта е популарна и на платформите на iOS и Android (со преку 10 милиони продадени копии он нејзиното пуштање, Мај 2013). Од дизајнерскиот тим на Minecraft изјавуваат дека во тек е изработката на верзии за Xbox One, Play Station 4, Play Station Vita , додека пак за сеуште не е најавена верзија за Wii U и 3DS.
4