Правни мислења 13.07.2015

Page 1

Врз основа на член 68 од Законот за извршување ( “Службен весник на Република Македонија” бр.35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10,171/10 и 148/2011), в.в со член 19 од Правилникот за работа на Стручниот совет на КИРМ, Управниот одбор на Комората на извршители на Република Македонија, по повод утврдените предлог-мислења на седница на Стручен совет на КИРМ од 30.06.2015 година, на сто и петнаесеттата седница одржана на ден 13.07.2015 година, го усвои следното ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

Во случај кога Извршител ќе издаде два налози за извршување со ист И.бр. и ист датум на издавање, а истите се однесуваат на една иста или две различни недвижности кои се наоѓаат во една иста или во две различни катастарски општини, а во постапка по приговор со правосилно решение е ставен еден од налозите за извршување вон сила, извршителот ќе смета дека и двата налози не произведуваат правно дејство доколку не е можно со сигурност да се утврди кој од двата налози е ставен вон сила со решението на судот, па постапката за извршување врз недвижност извршителот ќе треба ја започне од почеток со издавање на нов налог односно нови налози за извршување врз недвижноста односно недвижностите. Во случај кога извршителот поради постоење на една или две недвижности на должникот кои се наоѓаат на иста или различна катастарска општина, ќе треба да издаде два налози за извршување врз недвижност во еден ист предмет на ист ден, извршителот е должен налозите видно да ги означи со ознака додадена кон основниот И.број на предметот на начин што во правниот промет истите ќе можат јасно и недвосмислено да се разликуваат, односно да може со сигурност да се знае кој налог за која недвижност е издаден.

Претседател на Управен одбор на Комора на извршители, Зоран Петрески __________________ Бул. „ Илинден “ бр. 60/2-2 Скопје Тел: 02 3225674 Факс: 02 3239877 e-mail: izvrsitelinarm@yahoo.com


Врз основа на

член 68 од Законот за извршување ( “Службен весник на Република

Македонија” бр.35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10,171/10 и 148/2011), в.в со член 19 од Правилникот за работа на Стручниот совет на КИРМ, Управниот одбор на Комората на извршители на Република Македонија, по повод утврдените предлог-мислења на седница на Стручен совет на КИРМ од 30.06.2015 година, на сто и петнаесеттата седница одржана на ден 13.07.2015 година, го усвои следното

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ Согласно член 244 од Законот за сопственост и други стварни права странски физички и правни лица резиденти на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, можат да стекнат право на сопственост на стан, станбена зграда и деловен простор на територијата на Република Македонија под исти услови како и државјаните на Република Македонија. Странски физички и правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, можат да стекнат право на сопственост на стан, станбена зграда и деловен простор на територијата на Република Македонија, како и државјаните на Република Македонија под исти услови на реципроцитет. Согласно член 242 Странските физички и правни лица можат да стекнуваат право на сопственост врз подвижни ствари како и домашните лица. Согласно член 243 став 3 Странски правни лица, можат под услови на реципроцитет, да стекнуваат права на сопственост врз недвижни ствари на територијата на Република Македонија со наследување врз основа на тестамент. Согласно членот 246 став 1 од Законот за сопственост и други стварни права, странски физички и правни лица не можат да стекнуваат право на сопственост на земјоделско земјиште на територијата на Република Македонија. Врз основа на одредбите од Законот за сопственост и други стварни права а во врска со Законот за извршување, странски правни лица можат да се јават како заинтересирани купувачи и да се стекнат со право на сопственост во постапките на јавно наддавање односно непосредна спогодба за продажба на недвижен имот во РМ пред извршител под истите услови кои важат за домашните лица со исклучок на продажбите пред извршител со кои се продава земјоделско земјиште.

Претседател на Управен одбор на Комора на извршители, Зоран Петрески Бул. „ Илинден “ бр. 60/2-2 Скопје Тел: 02 3225674 Факс: 02 3239877 e-mail: izvrsitelinarm@yahoo.com


__________________

Врз основа на

член 68 од Законот за извршување ( “Службен весник на Република

Македонија” бр.35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10,171/10 и 148/2011), в.в со член 19 од Правилникот за работа на Стручниот совет на КИРМ, Управниот одбор на Комората на извршители на Република Македонија, по повод утврдено предлог-мислење на седница на Стручен совет на КИРМ од 18.05.2015 година, на сто и петнаесеттата седница одржана на ден 13.07.2015 година, го усвои следното ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

Во случај кога извршувањето спрема должникот е прекинато поради настапување на правни последици од отварање на стечајна постапка над должникот, а кај извршителот е поднесено друго барање за спроведување на извршување врз основа на судска одлука со која е утврдена ништовност на трансакција на правното лице и со која судска одлука се задолжува трето лице да трпи од вредноста на подвижниот предмет, од тој предмет да биде намирен доверителот, извршителот треба да утврди дали конкретниот предмет е влезен во стечајната маса. Доколку извршителот со сигурност утврди дека доверителот го пријавил своето побарување во стечајната постапка и подвижниот предмет опишан во извршниот наслов со кој се задолжува третото лице да трпи од вредноста на тој предмет да се намири доверителот,

претставува

дел

од

стечајната

маса,

извршителот

ќе

го

прекине

извршувањето, а доверителот ќе се намирува од стечајната маса. Доколку извршителот утврди дека доверителот не го пријавил своето побарување во стечајна постапка, а подвижниот предмет влегува во стечајната маса, извршителот ќе го запре извршувањето.

Претседател на Управен одбор на Комора на извршители, Зоран Петрески __________________ Бул. „ Илинден “ бр. 60/2-2 Скопје Тел: 02 3225674 Факс: 02 3239877 e-mail: izvrsitelinarm@yahoo.com


Врз основа на член 68 од Законот за извршување ( “Службен весник на Република Македонија” бр.35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10,171/10 и 148/2011), в.в со член 19 од Правилникот за работа на Стручниот совет на КИРМ, Управниот одбор на Комората на извршители на Република Македонија, по повод утврдените предлог-мислења на седница на Стручен совет на КИРМ од 30.06.2015 година, на сто и петнаесеттата седница одржана на ден 13.07.2015 година, го усвои следното

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

Во случај на постоење фактички или правни причини кои го отежнуваат извршувањето извршителот е овластен да одлучи дали со заклучок во разумен рок ќе го одбие барањето за извршување на доверителот или ќе му укаже на доверителот дека извршувањето ќе го спроведе по отстранување на причините кој го отежнувале извршувањето.

Претседател на Управен одбор на Комора на извршители, Зоран Петрески __________________

Бул. „ Илинден “ бр. 60/2-2 Скопје Тел: 02 3225674 Факс: 02 3239877 e-mail: izvrsitelinarm@yahoo.com


Врз основа на член 68 од Законот за извршување ( “Службен весник на Република Македонија” бр.35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10,171/10 и 148/2011), в.в со член 19 од Правилникот за работа на Стручниот совет на КИРМ, Управниот одбор на Комората на извршители на Република Македонија, по повод утврдените предлог-мислења на седница на Стручен совет на КИРМ од 30.06.2015 година, на сто и петнаесеттата седница одржана на ден 13.07.2015 година, го усвои следното

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

Извршителот е должен да постапува по насоките од решенијата на судот а кои се однесуваат на отстранување на неправилности во извршувањето. Обврска за почитување на судските одлуки имаат и овластените проценители кои вршат проценки во извршните предмети кај извршителите. Во случај на несогласување на странките и учесниците со утврдената вредност и со проценката на овластениот проценител, истите имаат право на судска заштита со поднесување приговор против неправилности до судот.

Претседател на Управен одбор на Комора на извршители, Зоран Петрески __________________

Бул. „ Илинден “ бр. 60/2-2 Скопје Тел: 02 3225674 Факс: 02 3239877 e-mail: izvrsitelinarm@yahoo.com


Врз основа на член 68 од Законот за извршување ( “Службен весник на Република Македонија” бр.35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10,171/10 и 148/2011), в.в со член 19 од Правилникот за работа на Стручниот совет на КИРМ, Управниот одбор на Комората на извршители на Република Македонија, по повод утврдените предлог-мислења на седница на Стручен совет на КИРМ од 02.06.2015 година, на сто и петнаесеттата седница одржана на ден 13.07.2015 година, го усвои следното

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

Извршителот не е надлежен да внимава на начинот на донесување на клаузулите на правосилност и извршност на извршните исправи, извршителот е должен при прием на барањето за извршување да провери дали на извршната исправа на која е засновано барањето за спроведување на извршување се ставени клаузули на правосилност и извршност.

Претседател на Управен одбор на Комора на извршители, Зоран Петрески __________________

Бул. „ Илинден “ бр. 60/2-2 Скопје Тел: 02 3225674 Факс: 02 3239877 e-mail: izvrsitelinarm@yahoo.com


Врз основа на член 68 од Законот за извршување ( “Службен весник на Република Македонија” бр.35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10,171/10 и 148/2011), в.в со член 19 од Правилникот за работа на Стручниот совет на КИРМ, Управниот одбор на Комората на извршители на Република Македонија, по повод утврдените предлог-мислења на седница на Стручен совет на КИРМ од 02.06.2015 година, на сто и петнаесеттата седница одржана на ден 13.07.2015 година, го усвои следното ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

Во случај кога со Решение на судот е издадена привремена мерка со која се забранува на должникот да располага со

својот имот до завршување на

постапката пред суд против тој должник, а во меѓувреме кај извршител е заведен предмет против истиот должник врз основа на извршна исправа и извршителот го насочил извршувањето спрема недвижноста на должникот, извршителот нема правни пречки да ја спроведе продажбата на предметната недвижност од причина што привремената мерка има дејство само спрема должникот а не и спрема извршителот. Во случај на постоење на одлуки на судот по повод приговори против неправилности на оваа околност, извршителот е должен да ги почитува и да ги цени насоките на судот и тоа во рамки и во склоп на важечките законските одредби од Законот за обезбедување на побарувања и Законот за извршување.

Претседател на Управен одбор на Комора на извршители, Зоран Петрески __________________ Бул. „ Илинден “ бр. 60/2-2 Скопје Тел: 02 3225674 Факс: 02 3239877 e-mail: izvrsitelinarm@yahoo.com


Врз основа на член 68 од Законот за извршување ( “Службен весник на Република Македонија” бр.35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10,171/10 и 148/2011), в.в со член 19 од Правилникот за работа на Стручниот совет на КИРМ, Управниот одбор на Комората на извршители на Република Македонија, по повод утврдените предлог-мислења на седница на Стручен совет на КИРМ од 02.06.2015 година, на сто и петнаесеттата седница одржана на ден 13.07.2015 година, го усвои следното

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

Согласноста на должник за дополнителна задршка на средства од плата или пензија во висина од 1/3 но не повеќе од ½ , не влијае на промената на редоследот на намирување на доверителите.

Претседател на Управен одбор на Комора на извршители, Зоран Петрески __________________

Бул. „ Илинден “ бр. 60/2-2 Скопје Тел: 02 3225674 Факс: 02 3239877 e-mail: izvrsitelinarm@yahoo.com


Врз основа на член 68 од Законот за извршување ( “Службен весник на Република Македонија” бр.35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10,171/10 и 148/2011), в.в со член 19 од Правилникот за работа на Стручниот совет на КИРМ, Управниот одбор на Комората на извршители на Република Македонија, по повод утврдените предлог-мислења на седница на Стручен совет на КИРМ од 02.06.2015 година, на сто и петнаесеттата седница одржана на ден 13.07.2015 година, го усвои следното ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

Надлежен орган за наплата на казна изречена во полза на Буџет на Република Македонија, како и за наплата на трошоци на постапката досудени во корист на РМ е Управата за јавни приходи.

Присилна наплата за изречена парична казна во прекршочна постапка во корист на буџетски корисник / Општината / Град Скопје,

за сторен прекршок

согласно Закон за јавна чистота ја спроведува општинската администрација односно извршител. Општината / Град Скопје може да ги достави решенијата за изречени парични казни да ги спроведува извршител.

Претседател на Управен одбор на Комора на извршители, Зоран Петрески __________________

Бул. „ Илинден “ бр. 60/2-2 Скопје Тел: 02 3225674 Факс: 02 3239877 e-mail: izvrsitelinarm@yahoo.com


Врз основа на

член 68 од Законот за извршување ( “Службен весник на Република

Македонија” бр.35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10,171/10 и 148/2011), в.в со член 19 од Правилникот за работа на Стручниот совет на КИРМ, Управниот одбор на Комората на извршители на Република Македонија, по повод утврдените предлог-мислења на седница на Стручен совет на КИРМ од 02.06.2015 година, на сто и петнаесеттата седница одржана на ден 13.07.2015 година, го усвои следното ПРАВНО МИСЛЕЊЕ Во случај кога извршителот ќе добие решение за отварање и затварање на стечајна постапка над должник поради немање на имот, извршителот извршувањето треба да го запре. Во случај кога е донесен план за реорганизација на стечајниот должник, доверителот ќе се намири согласно планот за реорганизација, а извршителот ќе го прекине извршувањето. Доколку доверителот има обезбедено побарување и истиот побара да му се утврди разлачно право во стечајната постапка, па во случај со решение да му биде прифатено разлачното право, извршителот ќе продолжи со извршувањето. Доколку на доверителот со стечајното решение му биде отфрлен предлогот за утврдување на разлачно право, извршителот извршувањето ќе го прекине, а намирувањето на доверителот ќе продолжи во стечајната постапка. Во случај кога доверителот не го пријавил своето побарување во стечајната постапка и истото не е утврдено во стечајното решение, извршителот извршувањето ќе го прекине врз основа на Законот за извршување, а правните последици од отворената стечајна постапка ќе паднат на товар на доверителот. Во случај кога правниот субјект над кој била отворена стечајна постапка престанал да постои согласно одредбите од Законот за стечај, извршителот треба да донесе заклучок за запирање на извршувањето.

Претседател на Управен одбор на Комора на извршители, Зоран Петрески __________________

Бул. „ Илинден “ бр. 60/2-2 Скопје Тел: 02 3225674 Факс: 02 3239877 e-mail: izvrsitelinarm@yahoo.com


Врз основа на член 68 од Законот за извршување ( “Службен весник на Република Македонија” бр.35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10,171/10 и 148/2011), в.в со член 19 од Правилникот за работа на Стручниот совет на КИРМ, Управниот одбор на Комората на извршители на Република Македонија, по повод утврдените предлог-мислења на седница на Стручен совет на КИРМ од 02.06.2015 година, на сто и петнаесеттата седница одржана на ден 13.07.2015 година, го усвои следното

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

Стварно надлежен за присилно извршување на изречените парични казни од страна на судот по член 222 од Закон за извршување е извршителот кој поднел барање за изрекување на парична казна на должникот.

Претседател на Управен одбор на Комора на извршители, Зоран Петрески __________________

Бул. „ Илинден “ бр. 60/2-2 Скопје Тел: 02 3225674 Факс: 02 3239877 e-mail: izvrsitelinarm@yahoo.com


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.