Збирка правда

Page 1

8 Правда

ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Среда, 15 октомври 2014

ИНТЕРВЈУ: ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА, ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РМ

Извршувањето има силно влијание во спроведување на правдата Д

али сметате дека приватното извршување, кое беше воведено во 2006 година, ја оствари својата цел од аспект на зголемување на ефикасноста во остварувањето на побарувањата на доверителите?

- Воведувањето на приватното извршување за да се изгради современ и ефикасен правен систем што ќе го подобри принципот на владеење на правото во правец на постигнување целосна правна сигурност на сите субјекти во општеството, ценам дека е голема суштинска реформа во правосудниот систем на Република Македонија. Оваа реформа даде силен импакт во развојот на еден систем што долги години претходно беше во очајна и безизлезна состојба. Судовите беа пренатрупани со стотици илјади извршни предмети, кои во најголем дел немаа завршница, а тогашниот закон за извршна постапка повеќе ги штитеше правата на должниците отколку на доверителите. Судиите што постапуваа по извршните предмети беа немоќни да ги завршат постапките и да им ги обезбедат правата на доверителите, бидејќи законот ги ограничуваше во тоа. Законот за извршување што почна да се применува од 2006 година имплементира нов систем на приватно извршување - со именување приватни извршители што имаат јавни овластувања, а за реализација - извршување правосилни и извршни судски одлуки, извршни нотарски акти и други исправи што имаат својство на извршни. Резултатите од осумгодишното функционирање на приватното извршување покажуваат дека процентот на извршување е неколкупати поголем од оној што бил кога оваа постапка се спроведувала преку суд. Извршувањето ја постигнува својата цел поради решенијата во Законот за извршување што обезбедуваат брза и ефикасна постапка на извршување, со кратки рокови за постапување и лимитирано право на должникот на поднесување приговор, начин на кој на должниците им е оневозможено да користат најразлични средства за одолжување на постапката. Новиот систем на извршување извршни исправи функционира и обезбедува правна дисциплина од страна на сите субјекти во општеството, но сѐ уште не може да се зборува за совршен систем на приватното извршување ако се земат предвид многубројните забелешки од граѓаните-должници, кои во секој случај треба да бидат предмет на опсервација поради евентуални идни измени на законските решенија. Во април годинава го донесовте Правилникот за начинот на одмерување на казните. Носењето на овој правилник беше проследено со негативни реакции од припадници на правосудната фела. Некои од коментарите се дека се загрозува независноста на судската власт. Кои се вашите противаргументи?

Што презема Врховниот суд на полето на уедначување на судската практика од областа на извршувањето? - Врховниот суд на Република Македонија како највисок суд во земјава, според својата уставна постулираност и законски надлежности, покрај другото, ја остварува и својата најсуштинска надлежност, а тоа е уедначување на судската практика и обезбедување единство во примената на законите од страна на судовите. Ваквите надлежности Врховниот суд ги остварува преку работа на советите, одделите и Општата седница. До Одделот за граѓански дела и до Општата седница на Врховниот суд, во врска со правни прашања од областа на извршувањето, особено во последните неколку години, писмено се обратиле извршители, Комората на извршители на Република Македонија и основните судови. Во обраќањата најчесто се бара толкување конкретни одредби од Законот за извршување, а се бараат и мислења за правосилност и извршност на решението за извршување, за противизвршување, за камата во предметите за извршување, за достава и застареност на побарување предмети во постапка за извршување, како и мислења за преносот на извршните предмети од судовите во надлежност на извршителите. При ваквите обраќања вообичаено не се доставуваат судски одлуки од кои произлегува дека судската практика не е уедначена, односно дека се јавуваат определени проблеми во врска со уедначената примена на законите. Препорака е за извршителите претходно да се обратат до Комората на извршители, односно до стручниот совет при Комората. Доколку на ова ниво се оцени дека навистина судовите различно го применуваат законот, тогаш треба да се направи обраќање до Врховниот суд. Со задоволство сакам да истакнам дека ваквиот начин веќе почна да се практикува откако е конституиран стручниот совет на Комората на извршители во 2012 година. Врховниот суд на Република Македонија има активна соработка со Комората на извршители, а јас како претседател на Врховниот суд, во 2013 година, бев избрана за член на овој совет во кој со голема сериозност, посветеност и професионалност се разгледуваат навистина сериозни прашања од областа на извршувањето за кои се донесени повеќе релевантни заклучоци и предлог-мислења, кои потоа се преточуваат во правни мислења на управниот одбор на Комората и им помагаат на извршителите во примената на законската регулатива и решавањето на дубиозните случаи. За правните прашања за кои Одделот за граѓански дела при Врховниот суд и Општата седница ќе утврдат дека се исполнети законските услови за постапување се носат заклучоци, правни мислења и начелни правни мислења, кои се објавуваат и на веб-страницата на судот.

? Како да изберам извршител? ПРАШАЊА ОД ЧИТАТЕЛИ

Извршителите се именувани и распоредени на 11 подрачја на основните судови во Република Македонија. Надлежноста на извршителот е да извршува извршни одлуки донесени од страна на судовите, државните органи, односно нотарите чие седиште е на подрачјето за кое е именуван извршителот. На пример, за пресуда донесена од страна на Основниот суд во Велес се надлежни извршителите именувани за подрачјето на Основен суд-Велес, Основен суд-Гевгелија, Основен суд-Кавадарци и Основен суд-Неготино. Сите именувани извршители со свои контакт-податоци се достапни на веб-страницата на Комората на извршители.

- Правилникот за начинот на одмерување на казните, како претседател на Врховниот суд на Република Македонија, го донесов во согласност со измените на Кривичниот законик („Службен весник на РМ“ бр. 28/2014). Во однос на прашањето за видот на актот, едногласни беа мислењата на професионалната правна јавност, како и на Општата седница на Врховниот суд дека правилникот како подзаконски акт не е соодветно решение за регулирање на прашањето за одмерување на казните во судските кривични постапки. Но, како и да е, законот мора да се почитува, а особе-

но од страна на највисокиот носител на судиската функција, па во овој контекст прашањето за тоа со каков акт треба да се регулира ова прашање, останува и понатаму отворено за академска анализа и предлози. Правилникот е конструиран да им помогне на судиите, странките и на другите учесници во кривичната постапка, да биде патоказ за чекорите што треба да се преземат во процесот на определување на видот и висината на казната што им се изрекува на сторителите на кривичните дела. Во него се инкорпорирани критериуми што ќе овозможат балансирано изрекување на казната и спрема сторителот и спрема очекувањето за остварување на целта на казнувањето. Ваквите критериуми произлегуваат од Кривичниот законик, но на воопштен начин. Во овој контекст никако не може да стане збор за загрозување на независноста на судиите и нивното слободно судиско уверување при донесувањето на одлуките во делот на одмерувањето на казната, бидејќи правилникот е само појаснување на Кривичниот законик во конкретизирањето на општите правила и основи за изрекување на казната. Правилникот обезбедува основа за уедначување на казнената политика, за која оправдано се расправа дека не е уедначена, но претставува голема заблуда доколку се смета дека уедначувањето на казнената политика значи судовите за исто дело да изрекуваат иста казна. Како претседател на Врховниот суд остваривте средба со претставници на Венецијанската комисија во врска со уставните измени. Какви се вашите размислувања во однос на нацрт-амандманите што се однесуваат на правосудството? - Моите размислувања во однос на нацрт-амандманите што се однесуваат на правосудството се во контекст на заклучокот што произлезе од одржаната Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија на која се разгледуваа нацртамандманите. Во најголем дел уставните измени се оправдани, а забелешките во однос на амандманите што го засегаат правосудството се во правец на решение за полупрофесионален мандат на судиите-членови на Судскиот совет, зголемување на бројот на судиите од Врховен суд како членови на советот во контекст на неговата надлежност за оцена на работењето на судовите и на судиите, како и намалување на бројот на членовите на Судскиот совет, бидејќи сегашниот состав од 15 члена е некомпатибилно решение со бројот на населението во Република Македонија, ниту пак е оправдано од аспект на ефикасност и економичност во работењето. Компаративните искуства на земјите во регионот ги оправдуваат ваквите наши забелешки. Забелешката е и за амандманот што воведува право на жалба до Уставниот суд против одлуките на Судскиот совет за избор, разрешување или дисциплинска одговорност на судиите во правец на тоа ова да не биде во надлежност на Уставниот суд, бидејќи заштитата на правата на судиите треба да се остварува во рамките на редовното судство, по однос на вакви прашања. Ако остане ваквата определба, нашиот предлог е правото на жалба да се однесува само за разрешување или дисциплинска одговорност на судиите, а не и за избор.

Почитувани читатели, Пред вас се наоѓа првиот број на прилогот „Правда“, гласило на Комората на извршители на РМ. Ова е уште еден чекор повеќе во остварувањето на нашата желба да комуницираме со пошироката јавност. За почеток ќе излегува како подлисток на „Нова Македонија“ еднаш месечно и, во зависност од вашиот интерес, ќе се проширува, со желба и надеж во иднина да излегува како независно гласило. На овие страници ќе се обидеме да објасниме повеќе прашања врзани за извршувањето, да одговориме на вашите прашања и да зборуваме за теми од правото што се актуелни и интересни за пошироката јавност. Извршувањето во Република Македонија постои веќе осум години и, според многу показатели, претставува една од најуспешните реформи на правосудниот систем на Република Македонија. Пред воведувањето на приватните извршители во судовите постоеја неколку стотици илјади извршни предмети што и по десетина години не беа извршувани. Поради тоа трпеа и доверителите, кои не можеа да си го остварат своето право и да ги наплатат долговите, но и должниците, на кои поради бавноста на постапката им се зголемуваа каматите, кои понекогаш неколкупати го надминуваа главниот долг. Денес во Република Македонија има 99 извршители, кои вработуваат над 450 лица на простор од над 5.000 квадратни метри, кои се на трошок на канцелариите на извршителите, но се во функција на државата, во функција на граѓаните и спроведувањето на правото. Денес голем дел предмети се завршуваат за помалку од три месеци. Годишно до извршителите се упатуваат над 150.000 барања за извршувања, се наплаќаат над 100 милиони евра, пари што се враќаат на граѓаните, фирмите, државата, што значи дека за таа сума се намалува внатрешниот долг на Република Македонија и државата за тоа дополнително инкасира неколку стотици илјади евра од ДДВ. Истовремено треба да се истакне дека финансиската дисциплина и кај граѓаните и кај фирмите е многукратно зголемена, со што се исполнува и превентивната функција на извршувањето. Проблеми секако постојат, но Комората на извршители работи на поголема отвореност и транспарентност, барајќи начини за надминување на тие проблеми. Во таа насока е и новото законско решение за извршување што треба да се донесе во наредните месеци. Би сакал да изразам задоволство од фактот што извршителите без двоумење се приклучија кон проектот на Владата за еднократен отпис на долговите и се откажаа од наградата и извршните трошоци во предметите што се во извршување, со што покажаа висок степен на општествена одговорност. Со овој проект голем број предмети ќе бидат завршени на задоволство и на доверителите и на извршителите, но особено на задоволство на граѓаните-должници во овие предмети, кои ќе бидат ослободени од сериозниот товар што го имаат во моментот. Зоран Петрески, претседател на Комората на извршители на РМ

Страницата е подготвена во соработка со Комората на извршители на РМ. Инфо и контакт: 02/3239 877 e-mail. kirm@kirm.mk


8 Правда Извршителите вратија над пола милијарда евра во стопанството ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Понеделник, 10 ноември 2014

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА АДНАН ЈАШАРИ

К

ако ги оценувате резултатите од осумгодишното функционирање на извршувањето во Македонија? - Министерството за правда низ изминатите години постојано и непречено го следи функционирањето на новиот систем на извршување, како од аспект на ефекти од извршувањето, така и од успешноста на работата на извршителската должност. Со задоволство може да се констатира дека новиот систем на извршување на извршните исправи е исклучително функционален, ефикасен и дава екстремно позитивни резултати. Во изминативе години извршителите имаат добиено во работа околу 600.000 предмети, од кои во делот на парични побарувања се наплатени над 550 милиони евра, кои повторно се влеале во правниот промет на земјата и стопанството. Следењето на динамиката на извршување покажа дека 54 отсто од извршените предмети завршиле во рок од три месеци, десет отсто до 6 месеци, единаесет отсто до година, а остатокот над година. Ова покажа дека воспоставениот систем на извршување овозможува брза реализација на извршните исправи, се разбира ако должникот воопшто има средства, и оти целосно е надминат проблемот со екстремно бавната реализација на извршните исправи преку судовите. Кои се клучните измени предвидени во новиот закон за извршување и како тие ќе се ефектуираат во практиката? - Донесувањето нов закон за извршување има за цел да придонесе за поефикасно остварување на правата на граѓаните и правните лица и сите учесници во постапката пред извршител, како и надградување на системот за брзо и ефикасно спроведува-

ње на извршувањето и остварувањето на правата на доверителите. При изработката на новото законско решение се ценеа препораките на „Дуинг бизнис“ за подобрување на бизнис-климата во Република Македонија, па се направи сериозна измена во делот на извршување врз недвижности. Скратен е рокот за утврдување на вредноста на недвижностите од страна на проценителите од 15 на 8 дена и отстранета е можноста за трето јавно надавање на недвижностите, за да се дестимулираат манипулациите на потенцијалните купувачи за намалување на цената на недвижностите, со што се оштетуваа должниците и доверителите. На тој начин се скратува времето на извршувањето врз недвижност за најмалку 45 дена и се гарантира вредноста на недвижноста, бидејќи цената на недвижноста не може да се спушти под 75 отсто од проценетата вредност. Се очекува со ваквата измена да се стимулираат купувачите да ги купуваат недвижностите на јавно наддавање, со можност на лицитирање на повисоки цени, а не да се калкулира со уривање на цените на недвижностите. Продажба со непосредна спогодба може да се склучи во секое време по одржана прва јавна продажба, но не подоцна од 90 дена по одржана втора јавна продажба. Наедно се предвиде обврска за задолжителна електронска комуникација на извршителот со катастарот, со што значајно ќе се скрати времето за вршење уписи во катастарот, но и собирање податоци од него, со што ќе се зголеми ефикасноста на постапувањето и ќе се намалат трошоците. Посебен акцент е ставен на одредбите што го регулираат надзорот над работата на извршителите и Комората на извршители на Република Ма-

кедонија. Регулирано е вршењето на надзорот од страна на Министерството за правда над работата на извршителите и на комората, со што се обезбедува законско, ефикасно и стручно вршење на должноста извршител, како и уедначено постапување од страна на извршителите. Прецизирани се дисциплинските мерки што се соодветни на тежината на сторените дисциплински повреди што ќе дејствуваат превентивно и се обезбедува правната сигурност на граѓаните. Новото законско решение воведува и целосно ново извршно дејство по барање на извршителите. Имено станува збор за вонсудска наплата на дол-

НАСТАНИ

Регионална тркалезна маса

Комората на извршителите реализираше уште една успешна регионална тркалезна маса на тема „Опсег и правни последици од примена на Кривичниот законик за кривични дела сторени при спроведување на извршувањето од страна на извршителот, односно сторени од страна на странките и учесниците во извршувањето“, која се одржа минатата недела во Гостивар. Модератор на настанот беше поранешниот министер за правда Михајло Маневски, а покрај извршителите од Апелационото подрачје-Гостивар, учествуваа и јавни обвинители, претседатели на судови, претставници на Вишото јавно обвинителство во Гостивар, претставници на Судскиот со-

вет на РМ, Министерството за правда, како и Министерството за внатрешни работи. Целта на советувањето е зацврстување на соработката меѓу извршителите и државните органи заради ефикасно спроведување на законските овластувања.

Европски ден на правдата

Комората на извршителите на Македонија со свои претставници учествуваше во активностите организирани од Министерството за правда по повод одбележувањето на Европскиот ден на правдата - 25 октомври. Во рамките на настанот што се одржа во подрачните одделенија на Министерството за правда во Гостивар и во Штип, граѓаните имаа можност да се информираат за сите нејаснотии од областа на

? Даволиизврмошижетелдаскисе вртешатканцеголатовинрии?ски плаќања ПРАШАЊА ОД ЧИТАТЕЛИ

Во извршителските канцеларии не се вршат готовински плаќања, бидејќи во согласност со законот секој извршител пред почнувањето со работа треба да отвори посебна сметка кај еден од носителите на платниот промет на која се уплатуваат парите од реализираните извршувања и се користи за намирување на доверителите. Од овие причини плаќањето се извршува исклучиво по банкарски пат, односно извршителите како даночните обврзници што вршат промет на услуги не се должни да користат фискален систем за регистрирање готовински плаќања и да издаваат фискална сметка за извршената услуга.

извршувањето од Јасер Асани, извршител од Гостивар, како и Снежана Маролова, извршителка од Штип.

Плодна соработка со албанската Комора на извршителите

Делегација на Комората на извршителите на РМ по покана од Комората на извршителите на Република Албанија на 10 октомври присуствуваше на одбележувањето на четиригодишнината од основањето на албанската Комора на извршителите. На настанот беше истакнато дека зајакнувањето на соработката меѓу двете комори е од круцијална важност за размена на искуства, како и унапредување на правосудните системи на двете земји.

Прва пензионерка од извршителите

Стојанка Бреслиска од Штип е првиот извршител што во осумгодишното функционирање на оваа правосудна професија во Македонија на 18 октомври замина во пензија. „Да работат во согласност со законите и правилно да ги применуваат. Да бидат цврсти и да не се плашат од ништо!“, е нејзината порака до колегите.

гови по основа на веродостојна исправа, со што на доверителите им се овозможува, користејќи го неоспорно ефикасниот систем на извршителите, да им ги предочат обврските на должниците, како и правните последици од нивното ненавремено намирување. Ова дејство ќе се презема исклучиво по барање и на трошок на доверителот, што значи дека нема да ги кумулира трошоците за должникот. Главната цел е да се обезбеди уредна достава на веродостојните исправи до должниците пред воопшто да почне постапката за присилна наплата. Новина во законската регулатива е и воведувањето на главата за прекршочни одреди, во којa се предвидува-

ат прекршочни казни за сторени прекршоци од страна на претседателот на Комората и други лица што не ги почитуваат одредбите од законот. Дали сметате дека Министерството за правда со вршењето надзор над работата на извршителите ја крева на потребното ниво довербата на граѓаните во законитоста на работата на извршителите? - Да. Граѓаните имаат право на судска заштита со поднесување приговор за неправилности сторени од извршителот во спроведување на извршувањето до претседателот на основниот суд, каде што се спроведува извршувањето. Тој единствено е надлежен да стави надвор од сила преземено извршно дејство од извршител. Против решението на претседателот на судот, странките и учесниците во извршувањето имаат право на жалба до повисок апелациски суд. Министерството за правда, пак, врши надзор и утврдува неправилности во работењето на извршителите, но само од аспект на нивна дисциплинска одговорност, а не може да влијае на спроведувањето на извршувањето или да му наложува на извршителот да презема или да не презема извршни дејства. По извршениот надзор, ако извршителот сторил дисциплинска повреда утврдена со Законот за извршување, му се поднесува предлог за поведување дисциплинска постапка до дисциплинската комисија при Комората на извршители на Република Македонија, која одлучува за основаноста на предлогот и му изрекува на извршителот соодветна дисциплинска мерка. Со тоа надзорот дејствува превентивно спрема извршителите при спроведување на извршувањето да постапуваат во согласност со закон.

СТАВ

Заштитата на должникот

Д

остоинството, честа и угледот на личноста на должникот и на членовите на неговото семејство уживаат неприкосновен степен на законодавна, институционална и професионална заштита, особено од страна на извршителите како вршители на јавните овластувања што непосредно го спроведуваат извршувањето. Но, наспроти неприкосновената заштита на личниот интегритет, чест и достоинство на личноста на должникот, Законот за извршување ги изедначи доверителите во правото на заштита на нивниот имот и имотни права што ги остваруваат при извршувањето со правата установени во корист на должникот. Законот за извршување, напуштајќи ја фаворизираната позиција на должникот, создаде правни основи за ефикасно остварување на правата на доверителите, пропишувајќи дека извршувањето може да се спроведе врз целокупниот имот и имотни права од должникот, кому му е овозможена и судска заштита при појавување на незаконитостите при извршувањето. Ваквата стекната позиција на доверителите секако не навлегува во заштитата на должникот во однос на спроведување на извршувањето врз неговиот имот и имотни права што задираат во правото за изземање од извршување на средствата што се нужно потребни за неговото издржување, како и издржувањето на членовите на неговото семејство, како и нарушувањето на достоинството на неговата личност и личноста на членовите на неговото семејство. Ваквиот корпус на соодносот на правата од доверителот и должникот создаде основи националното законодавство да ги стави извршителите во позиција на одговорни актери на ефикасната реализација на досудените права од доверителот и заштитници на должникот, нешто што сѐ поинтензивно се оживотворува во практиката и води кон хармонизација на домашната јурисдикција со легислативата на Европската Унија во оваа сфера кон која несомнено се стремиме на патот кон европските интеграции. (Александар Пулејков, извршител од Скопје)

Страницата е подготвена во соработка со Комората на извршители на РМ. Инфо и контакт: 02/3239 877 e-mail. kirm@kirm.mk


Правда

Вторник, 9 декември 2014

ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИНТЕРВЈУ СО МИХАЈЛО МАНЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА

Круна на секоја одлука е нејзиното извршување К

ако гледате на развојот на извршителската професија во Македонија? - Законот за извршување беше донесен во 2005 година, а почна да се применува во мај 2006 г., кога беа именувани и првите извршители. Тоа и се поврзува со мојот мандат како министер за правда, бидејќи тогаш беа именувани околу 40 извршители за да се исполнат критериумите од законот. Претходниот закон за извршна постапка, во согласност со кој извршувањето беше кај судовите, не беше ефикасен и продуцираше многу спорови. Постапката беше многу долга и извршувањето на судските одлуки беше симболично. Кога извршувањето се спроведуваше во судовите, ефикасноста на спроведување на одлуките се движеше од 20 до 25 отсто. Тоа не беше воопшто задоволително, бидејќи ниту граѓаните беа задоволни ниту правните лица. Круна на секоја одлука е нејзиното извршување. Aко добиете една судска одлука или решение, управен или нотарски акт ако не се изврши, вие тогаш немате ништо од тоа, бидејќи судската одлука треба да има ефект. Во 2006 година од извршителите беа наплатени околу дваесет милиони евра. Со годините извршувањето добиваше нови димензии и нови овластувања. Во судовите од претходно беа натрупани околу 460.000 предмети. Шкафовите на судовите беа тесни да ги задржат извршните предмети и тие беа носени во подрумите. Поради ова, некои постапки траеја и по десет години. Ова доведуваше до штета и на доверителите и на државата. Токму затоа се донесоа измени во Законот за извршување и овие предмети што не беа решени од судовите, во 2011 година беа трансферирани кај извршителите. Тоа е огромен број предмети, кои најмногу потекнуваат од комунални обврски на правни и на физички лица. Почнаа да се извршуваат овие предмети и тоа предизвика негодување кај граѓаните, бидејќи се извршуваа по повеќе години. Платните налози каде што немаше уредна достава одеа кај нотар за да се извести стран-

ката и да може да реагира. Во јавноста се поведоа многу дискусии дека извршителите наплатуваат нешто од многу одамна, дека граѓаните не можат да ги чуваат сметките од пред десет години. Меѓутоа извршувањето на овие налози не застарува. Многу е битно да се напомене дека извршувањето не се сведува само на платните налози туку тоа треба да се следи од другиот аспект - на пример извршувањето материјална и нематеријална штета. Во 2013 година се достигна рекорден износ на наплата од 127 милиони евра. Значи, на извршителите на еден начин треба да се гледа како и на финансиска институција, бидејќи не се тоа пари на извршителите, тоа се пари на доверителите. Тоа се средства што на одреден начин влегле во функција на платниот систем. Сметам дека во овие осум години, што не е некој голем период, извршителите постигнаа многу значајна цел во функционирањето на правниот систем и гра-

Извршителка побара НАСТАНИ Работна посета на Бугарија разрешување Скопската извршителка Јулита Ѓорѓиева побара од министерот за правда да биде ослободена од овластувањата на извршител и врз основа на барањето на четврти декември ѝ престана должноста. Ѓорѓиева преку своето активно учество на голем број конференции и семинари има дадено значаен придонес во развојот и унапредувањето на извршувањето во Македонија. Станува збор за втор случај во последните осум години, колку што постои актуелниот систем на извршување, извршител да бара престанок на должноста. Во моментов за целата територија на Република Македонија се именувани 99 извршители, кои вработуваат над 460 граѓани.

?

Делегација на Комората на извршителите на Република Македонија во периодот од 7 до 9 ноември беше во работна посета на Република Бугарија, каде што оствари средба со раководството на тамошната комора на извршителите. На средбата стана збор за јакнење на меѓусебната соработка, а со цел размена на позитивни практики и искуства, кои би придонеле за подобрување на системот на извршување во двете земји. Карактеристично за системот на извршување во Бугарија е дека извршителите се овластени да спроведуваат извршување со повеќе средства истовремено, односно и врз сметка во банка и со забрана на плата и со продажба на предмети. Заради поголема

дењето на правната сигурност во државата. Од поширок аспект на значењето на извршувањето се постигна една многу крупна цел, а тоа е јакнење на правната свест и кај физичките лица и кај правните лица: дека долговите треба да се плаќаат без поведување каква било постапка. Во разговор со некои извршители баш ги запрашав каква е состојбата во извршувањето, велат дека се намалува обемот на работа, бидејќи граѓаните си ги намируваат обврските. Извршувањето порано од ЕУ беше посочувано како многу голема слабост на правосудниот систем на РМ. Ова треба да се гледа и од аспект на странските инвеститори. Ако не се обезбеди извршувањето на судските одлуки, тоа не е во функција на привлекување странски инвеститори. Јас ги следам извештаите на Европската комисија, сега дојде шестиот, и во однос на извршувањето нема никакви забелешки, односно тоа значи дека Македонија има изградетранспарентност во постапката, пак, извршителите во Бугарија, како лица со јавни овластувања пренесени од државата, лицитациите за продажба ги вршат во судски простории - специјално наменети за таа намена и претходно електронски најавени на интернет-страницата на комората.

Годишно собрание на Меѓународната унија

Комората на извршители преку извршителот Ванчо Марковски учествуваше на годишното Собрание на Меѓународната унија на извршители (МУСИ) во Париз. На средбата се дискутираше за релациите на МУСИ со Европската комисија, Светската банка., а голем интерес предизвика темата „Извршување надвор од матичната држава на извршителите.“

ПРАШАЊА ОД ЧИТАТЕЛИ

Дали извршителот има право да спроведува извршување од цела плата, или пензија ?

Извршувањето врз плата и пензија може да се спроведува до износот од една третина на платата или пензијата. Во случаи на побарувања заради издршка, надомест на штета заради загубена издршка поради смрт на давачот на издршката и друго, може да се спроведе извршување до една половина од платата или пензијата. Должникот чија сметка е блокирана, а на неа тој прима плата или пензија, неопходно е писмено да го извести извршителот и да презентира доказ кај извршителот за да се одблокира сметката во банка и да се продоложи извршување со остатокот од парите што не го зафаќаат законскиот минимум од една третина, односно една половина.

но ефективен систем на извршување на судските одлуки. Извршителите го најдоа своето место и нивната работа има значаен придонес во јакнењето на правната сигурност и на правните и на физичките лица и воопшто на функционирањето на правниот систем. Дали цените дека станува збор за мошне одговорна професија? - Работата на извршителот е исклучително одговорна и извршителите секогаш мора да водат сметка за правата на должниците. Тоа е едно од начелата на постапката на извршување: извршувањето да се спроведе на начин што е најповолен за должникот. При извршувањето не може да се става забрана на целата плата. Извршувањето оди само до една третина. Туку има одредени недоразбирања со банките и извршителите реагираат на тоа. Исто така, особено мора да се води сметка за социјалните категории. Во поглед на социјалните категории, и Комората на извршители се приклучи кон мерката за отпис на долговите на овие категории. Инаку тука секогаш има две страни. Eдна страна е доверителот, друга е должникот. Кога говориме за правата на должникот, не може да заборавиме на правата на доверителот. Мора да ги ставиме на еднакво рамниште, бидејќи станува збор за намирување одредени обврски. За повреди од страна на извршителот, Министерството за правда поднесува предлози за дисциплински мерки. Тој број на дисциплински постапки е многу голем. Законот исто така предвидува казнена одговорност за сторено кривично дело од страна на извршителот, но законот обезбедува и кривичноправна одговорност и на другите странки во постапката. Значи извршителот може да биде спречен со закана да ја спроведе постапката на извршување. Може да биде спречен да го спроведе извршувањето со тоа што должникот ја довел фирмата во стечај, треба да се спроведе извршување на сметката на фирмата, а нема ништо. Има случаи во практиката, како симнување службен печат, каде што овластено лице запечатило

11

просторија, меѓутоа тој печат е скинат. Имало случај кога извршител треба да оди на определено место во определено време на извршување, но да биде заклучен во својата канцеларија. На тој начин се обезбедуваат елементите на кривичното дело противправно лишување од слобода. Затоа мора да се внимава на таа одговорност, бидејќи не секогаш извршителот е одговорен. Од друга страна, треба да се води сметка дека извршувањето мора да биде многу стручно, совесно и одговорно. Каков е вашиот став во однос на воведувањето на електронските испити и во областа на правосудството, каде што често се говори за ораторски вештини? - Една од најдобрите работи што се направени во мојот мандат е воведување на електрониката во правосудството. Значи, воведување на АКМИС-системот - електронска распределба на предметите, потоа тонското снимање на рочиштата во согласност со ЗПП, како и електронската достава. Тоа е една грандиозна работа завршена во судовите, бидејќи тие не функционираа. Мислам дека воведувањето на електронскиот правосуден испит, пред сѐ, не треба да се гледа низ призмата на ораторските способности на правниот, туку треба да се гледа низ призмата на објективност при оценување на кандидатите. Тоа ќе оневозможи влијание од одредени лица. Со електронските испити, меѓу кои и извршителскиот, практично ќе дојдат до израз оние кандидат што имаат најдобри знаења, најмногу познавања на материјата. Значи, испитот ќе го положат тие што имаат знаење, а не тие што немаат знаења. На овој начин ќе се избегне субјективност при оценување. Тоа е веќе заборавена работа и треба да биде заборавена работа. Нам ни требаат стручни кадри, ни требаат стручни и способни извршители, како што ни требаат стручни и способни кадри што полагаат правосуден испит. Мора да се искорени она „фаќање врски“ и „протнување“ меѓу комисиите. Истовремено сметам дека континуираната обука е клучна важност. На тој начин се овозможува континуирано следење на новите норми, коригирање слабост во работата, размена на искуства и сл. Добро е што Комората на извршители тие обуки ги одржува со претставници на повеќе државни органи. Сите тие вршат овластувања што им ги доделила државата и мора да соработуваат заради успешно спроведување на законите и владеењето на правото.

СТАВ

Законските права на граѓаните при блокада на сметка во банка Често во фокус на јавноста е впечатокот дека извршителот со намера, спротивно на своите овластувања, ја блокира сметката на граѓанинот наместо да ги почитува ограничувањата предвидени со законот, но генезата на проблемот e во практичната тешка спроведливост на одредбата од членот 137 став 2 од Законот за извршување.Тоа е од причина што извршителот, само врз основа на доставена информација од должникот, може да знае дека постојат некои од основите за изземање или ограничување на извршувањето. А актуелното законско решение не претставува целосно заштита на правата на должникот во делот на приходите на трансакциската сметка, врз кои во согласност со членот 105 има ограничување на извршувањето или во согласност со членот 104 се изземени од извршување. Поставени пред дилемата извршувањето да се спроведе на начин најповолен за должникот со блокада на неговата трансакциска сметка или да биде применето друго средство (попис, продажба на подвижни предмети или недвижности ), при што би биле предизвикани значително повисоки трошоци и своевидна повреда на честа и угледот на должникот, практичната примена на членот 137 налагаше извршителот, секогаш кога спроведува извршување врз парично побарување по сметка кај банка што му припаѓа на физичко лице со блокада на трансакциската сметка, наплатените средства да ги чува извесен период, најчесто 15 дена, на својата посебна сметка. Овој период се смета дека е доволен за реакција од страна на должникот, кој ако презентира докази дека постојат некои од основите за изземање или ограничување на извршувањето, наплатените средства се враќаат на сметката на должникот. Во оваа насока е и предлогот за изменување и дополнување на Законот за извршување што го подготви работната група формирана од страна на овластениот предлагач - Министерството за правда. Николче Диневски, извршител од Битола

Страницата е подготвена во соработка со Комората на извршители на РМ. Инфо и контакт: 02/3239 877 e-mail: kirm@kirm.mk


Правда

Понеделник, 12 јануари 2015

ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИНТЕРВЈУ СО ТОДОР ВИТЛАРОВ, ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

7

Законските недоречености во извршувањето резултираат со кривични пријави Г

раѓаните од 2006 до 2013 година поднеле над сто кривични пријави против извршителите, а 95 отсто од нив обвинителствата ги отфрлиле како неосновани. Причините за посегнување кон пријави најчесто треба да се бараат во специфичната природа на работата на извршителите, како и во законските недоречености, оценуваат експертите. Кој е вашиот став за ова? - Да се ставиме сите во функција на доверители: бараме по утврдена судска одлука навремено да ни биде наплатен долгот. Но, имаме друго размислување кога сме должници. За жал, извршителите, во моментот на формирање на оваа функција, наидоа на еден бран заостанати предмети од судовите и кога почна извршувањето, почнаа и многубројните неоправдани реакции, бидејќи сите се ставаме на местото на должниците, а не и доверителите - вели вишиот јавен обвинител од Вишото јавно обвинителството во Штип, д-р Тодор Витларов. Практиката покажува дека извршителите најмногу се пријавуваат за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување. Каква е состојбата во штипското апелационо подрачје, каде Вие постапувате ? - Конкретно на штипското апелациско подрачје во 2013 година тројца извршители биле пријавени за злоупотреба на службената положба, но сите пријави биле отфрлени. Годинава, пак, кривични пријави биле поднесени против 11 извршители, од кои против еден за кривично дело фалсификување исправа, против еден за кривично дело несовесно ра-

ботење во службата, а против деветмина за злоупотреба на службената положба. За деветмина кривичните пријави се отфрлени. Револтот е најчеста причина што ги предизвикува странките, но и релативно новиот институт извршител, како лице што врши јавни овластувања. Дали се согласувате со ова експертско толкување? - Во јавноста не се доволно познати законските овластувања на извршителите, па затоа понекогаш граѓаните сметаат дека при вршењето на нивните службени овластувања тие постапуваат „незаконски“. Мислам дека со текот на времето и функционирањето на извршителите во практиката граѓаните ќе се запознаат во доволна мера со нивните законски

овластувања. Често во практиката се сретнуваат и специфични примери што говорат за недоречености во различни закони или правни празнини во самиот Закон за извршување, кои кај граѓаните јавуваат сомнеж за незаконско постапување од страна на извршителите. - Би требало да се направат соодветни измени и дополнувања на овој закон, за отстранување на сите недоречености или празнини што ги покажала самата практика од примената на Законот за извршување. Би сакал да ви раскажам еден интересен случај од практиката во однос на ова прашање. Во 2001 година е донесена судска пресуда во која стои: се задолжуваат тужените да се исе-

дека придобивките од новиот систем се многу значајни за целокупното функционирање на државата. Извршителот Премтим Ќерими од Куманово, член на управниот одбор на КИРМ, говореше на темата „Доставување на писмена“, додека Емилија Павловска, потпретседателка на Комората на извршителите и извршителка од Штип, зборуваше за заштитата на должникот при извршување.

вршителите и обвинителите, учествуваа и судии на основните судови Скопје 1 и 2, претставници на Судскиот совет на РМ, на Адвокатската комора, како и на Министерството за правда и на Министерството за внатрешни работи.

НАСТАНИ

Презентирани резултатите од работењето во првите три квартали Постигнатите резултати во извршувањето заклучно со септември 2014 година, како и предизвиците во извршувањето во Македонија, беа теми во фокусот на дводневиот семинар што во организација на Комората на извршителите се одржа минатиот месец. Претседателот на Комората, Зоран Петрески, при презентацијата на извештајот посочи дека според темпото на работа не се очекува да се постигне вредноста наплатена од минатата година, бидејќи показателите се дека извршувањето од година на година е сè помало. Според скопскиот извршител Гордан Станковиќ, падот се должи на зголемената финансиска дисциплина кај должниците, кои не го чекаат последниот момент за да ги намират долговите. Правејќи паралела на сегашниот систем на извршување и на претходниот, кој беше во рацете на судовите, претседателот на Апелацискиот суд во Штип, Стојанче Рибарев, истакна

Тркалезна маса на извршители и јавни обвинители Во организација на Комората на извршителите на РМ, а во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, на 5 декември во Скопје се одржа Регионална тркалезна маса на извршители и јавни обвинители, на која се дискутираше за одговорноста на извршителите и странките во постапката на извршување. Свои излагања поврзани со темата имаа поранешниот министер за правда Михајло Маневски и вишиот јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство-Штип, Тодор Витларов. На тркалезната маса, покрај из-

КИРМ на првиот Глобален форум за извршување Комората на извршителите на РМ со својата претставничка Катерина Кокина, извршителка од Скопје, учествуваше на првиот Глобален форум за извршување што се одржа во декември во Советот на Европа, Стразбур.

Специјалниот завод-Демир Капија доби донација Комората на извршителите на РМ во чест на новогодишните и божиќните празници даде донација за ЈУ Специјален завод-Демир Капија.

? Кои долгови можат да се сметаат за застарени? ПРАШАЊА ОД ЧИТАТЕЛИ

- Застареноста на побарувањата е уредена со Законот за облигациони односи на Република Македонија и таа се определува во секој поединечен случај, во зависност од видот на побарувањето. Рокот во кој доверителот може да поднесе барање за присилно извршување изнесува 10 години од денот на правосилноста на одлуката со која се утврдил долгот, а по поднесувањето на барањето за извршување кај извршител настапува прекин на застарувањето и не течат рокови сѐ додека тече спроведувањето на извршувањето. Со преносот на извршните предмети од судовите кај извршителите рокот за застареност се прекинува. Не може да се земе предвид застареноста ако должникот не се повикал на неа.

лат од куќа на површина од 135 квадратни метри. Извршителот го спроведува извршувањето. Во налогот за извршување стои 135 квадратни метри. Должниците приговараат преку адвокат до претседателот на судот и велат дека куќата е на два ката, односно дека станува збор за 270 квадратни метри, а извршувањето треба да се спроведе на 135. Претседателот на судот донесува решение со кое го одбива приговорот и не се осврнува на оваа околност. Должниците поднесуваат кривична пријава за злоупотреба на службената положба против извршителот. Основниот јавен обвинител го повикува извршителот, а извршителот вели: во времето на извршувањето на таа пресуда важеше една евиденција за недвижност - се запишуваше земјиште под објект со површина во основа на објектот и затоа судечкиот судија во изреката на извршната исправа ги задолжува должниците да се иселат од куќата со површина од 135 квадратни метри. Што значи, ако сега се спроведува извршување, во имотниот лист ќе стојат и приземјето и катот, бидејќи се применува Законот за катастар на недвижности. Значи, никаде во предметот и во пресудата не стои дека куќата се состои од два ката. Луѓето не можат да сфатат како во извршната исправа стои 135 квадратни метри, а им се одземаат два ката. Честопати извршителите се спречувани да ги вршат своите должности. Подложни се на клетви, навреди, закани, па дури и на физички пресметки. Колку извршителите се јавуваат во улога на подносители на кривични пријави за да се заштитат?

Законитото и правилно извршување е гаранција дека Македонија чекори правилно на патот да постане современа демократска правна држава - Во Кривичниот законик постои кривичното дело спречување службено лице во вршење службено дејство, а извршителот е објект на заштита со него. Основа за поднесување кривична пријава се и употребата на сила и сериозна закана, дејства што предизвикуваат чувство на несигурност и страв. Доволно е службеното лице да почувствува страв. Извршителите како лица што вршат јавни овластувања извршуваат исклучително сложени надлежности. Во суштина тие, извршувајќи ги своите службени должности, ја верификуваат работата на правосудните и управните органи. Ако не се финализира работата на претходните фази на постапката преку извршување немаме никаков ефект. - Во крајна линија, извршувањето претставува еден елемент од принципот на владеење на правото и јакнење на правната сигурност. Но, брзото и навремено извршување на судските и управните одлуки е еден од основните принципи на владеење на правото. Од тие причини законитото и правилно извршување е гаранција дека Македонија чекори правилно на патот да постане современа демократска правна држава.

СТАВ

Нема владеење на правото ако нема извршување Со ваква порака заменичката на генералниот секретар на Советот на Европа, г-ѓа Габриела Батаини-Драгони, го отвори првиот глобален форум за извршување, кој се одржа на 10 декември 2014 година во Советот на Европа во Стразбур. Највисоки претставници на Советот, Меѓународната унија на извршители (UIHJ), на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ), угледни професори од правни факултети на универзитети од Русија, Франција и од Холандија зедоа збор за да ја искажат радоста за напредокот во областа на извршувањето. Станува збор за извршување во земјите-членки на Советот на Европа по речиси дведецениска работа на полето на афирмација на извршувањето. Токму тоа и беше целта на форумот, организиран од страна на Советот на Европа. Главниот заклучок истакнат на форумот е дека извршувањето е алка од синџирот на остварувањето на правото без која нема правораздавање. Постоењето на правична пресуда, донесена во разумен рок, само по себе нема никакво значење ако нема извршување. Извршувањето претставува компонента на членот 6 од Европската конвенција за заштита на човековите права, односно ефикасното извршување претставува неопходен услов за да се смета дека странката го остварила своето право на правична судска постапка. Напредокот во организирање на извршувањето, особено по донесување на препораката Rec(2003)17 на Советот на министри, како и различните искуства во посебните држави, е мотив за подготвување едно крунско дело, што се пишува првпат во историјата, а тоа е глобалниот кодекс за извршувањето. Кодексот е во фаза на нацрт и ги содржи генералните правила по кои треба да се спроведува извршувањето. Составувачите на кодексот на присутните, меѓу кои и претставник на Комората на извршители на РМ, им нагласија да не заборават дека со спроведување на извршувањето спроведуваат многу важна општествена задача. Порачаа да бидат свесни дека извршувањето е макотрпен процес, не секогаш соодветно вреднуван, процес во кој може да има и незадоволни страни, но „кога ќе се види шумата, а не дрвјата“ извршувањето е можеби најсигурниот пат што нѐ води кон верба во правниот систем, кон верба во државата, во цивилизацијата и кон сопствен и меѓународен напредок. Извршител Катерина Кокина

Страницата е подготвена во соработка со Комората на извршители на РМ. Инфо и контакт: 02/3239 877 e-mail: kirm@kirm.mk


6 Правда

ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Вторник, 10 февруари 2015

ИНТЕРВЈУ СО ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1- СКОПЈЕ

Извршителите ги почитуваат процедурите за работа со голема сериозност K

ако член на Дисциплинската комисија при Комората на извршители на РМ, кој е вашиот генерален впечаток за дисциплината кај извршителите? - Можам да кажам дека дисциплинската постапка при Комората е добро поставена и оти во најголем дел извршителите ги почитуваат процедурите на работа. Пред дисциплинската комисија најчесто доаѓаат предмети за констатирани потешки повреди при постапувањето, при што голем акцент е даден на почитување на формалните правила при извршувањето. Неоспорно е дека работата на извршителите е особено сложена и одговорна, која претпоставува големи познавања на многу правни правила и инструменти. Со задоволство можам да констатирам дека сегашната дисциплинска комисија ги цени сите аспекти на констатираните или пријавени повреди, при што извршителите во голем процент работат исклучително почитувајќи ги процедурите за работа што им ги налагаат законските одредби. Како претседател на најголемиот кривичен суд во земјава, дали сметате дека бројот на процесирани кривични пријави против извршителите е алармантен, или статистички е ист или, пак, сличен со кривични постапки против лица со овластувања во сродните професии? - Според бројот на процесирани кривични пријави, не сметам дека станува збор за алармантна состојба, напротив, сметам дека бројот е помал во однос на извршувањето кривични дела од страна на претставници од другите професии. Сѐ

уште нема статистички показатели за да можам да прецизирам дали процесирани кривични пријави има повеќе кај извршителите или против лица со овластувања во сродните професии - нотари, судии, обвинители, адвокати, но можам да кажам дека кај извршителите постојат строги процедури што во голем процент се почитуваат од нив. Присилното извршување на изречените парични казни во прекршочна постапка од надлежност

НАСТАНИ

на извршители пред неколку години премина во рацете на Управата за јавни приходи (УЈП). Дали, според процентот на реализација и времетраењето, може да се направи паралела помеѓу извршувањето на овие казни од страна на извршителите и извршувањето од страна на УЈП? Наедно, кои се слабостите и предностите од оваа промена на надлежностите? - Од преминувањето на паричните казни во УЈП, можам да кажам

дека УЈП редовно и успешно го врши извршувањето на казните, при што од аспект на евиденциите и инструментите за да ја стори веројатна наплатата ги има сите расположливи законски инструменти. Се разбира, ако е можно тоа. Доколку, пак, не е можно тоа, повратно го известува судот. Во согласност со судското постапување се врши замена на паричната казна, при што единствената разлика е во тоа што УЈП како институција што е директно задолжена на наплата на средства во корист на државата има на располагање поефикасни и побрзи инструменти за извршување на наплатата на паричните казни. Тука во еден сегмент можам да кажам дека е воспоставен и еден посебен однос на судот како доверител. Станува збор во делот на паушалните трошоци што се прават при судското постапување, а во согласност со Законот за судски такси. Во сите случаи судот ги праќа овие предмети до надлежните извршители. Откако е воспоставена ваква практика има поголема наплата на овие трошоци во корист на приходните сметки што се во корист на средствата на судовите. Кривичните пресуди во кои осудениот е задолжен да му го исплати утврденото имотноправно побарување на оштетениот присилно се извршуваат преку извршител. Дали судот располага со статистика колку вакви пресуди се донесуваат годишно во Основен суд Скопје 1 и дали сметате дека граѓаните се доволно запознаени со ова нивно право? - Во Кривичниот суд, со оглед на специфичноста на постапката, ре-

тко има такви пресуди каде што осудениот се задолжува да исплати утврдено имотноправно барање, бидејќи во кривичната постапка ретко се утврдува имотноправно барање, туку најчесто само се досудува основното, а странките се упатуваат до Граѓанскиот суд, каде што треба да го утврдат по вид и висина. Граѓаните се добро запознаени со оваа постапка, а своите права најчесто ги остваруваат во граѓанска постапка. Во минатото, со стариот закон за кривична постапка се предвидуваше ваква можност кривичниот суд да го утврдува и имотноправното барање, со дополнителна пресуда ако тоа го бара оштетениот, но тоа беше ретко. Дали може да направите споредба на претходниот систем на извршување, кој се реализираше преку судовите, и актуелниот. Каде ги гледате придобивките од сегашниот систем на извршување? - Секако, можам да забележам дека извршувањето преку актуелниот систем се одвива на побрз начин, секој извршител индивидуално пристапува до инструментите што му се дадени на располагање и прави индивидуално извршување во корист на доверителот на постапката. Претходниот систем беше конструиран врз бавно администрирање по предметите од страна на судовите, со што овие предмети се натрупуваа и целата постапка беше неефикасна. Ова постапување сега е во рацете на една нова правна фела што ужива статус и права, но истовремено се грижи за стручно и ефикасно извршување и остварување на правата на доверителите.

СТАВ

Етичко и морално постапување на извршителите

Обука за канцелариското и архивско работење Повеќе од сто извршители, заменици и помошници на извршителите на 16.1.2015 г. присуствуваа на едукативна обука за основите на канцелариското и архивско работење. Предавач на стручната сесија беше професорот Ацо Ангеловски, инспектор во Државниот архив на Република Македонија, експерт по архивско законодавство и канцелариско работење.

Нов извршител за штипското апелациско подрачје Месецов со работа почна новоименуваниот извршител назначен од министерот за правда за подрачјето на Основниот суд-Штип и Основниот суд-Свети Николе, г-ѓа Силвана Митевска од Штип. - Работата ќе ја вршам совесно и чесно, во согласност со законите. Ќе се залагам и двете страни во постапката на извршување, доверителите и должниците да бидат задоволни. Преку плодна соработка со колегите, се надевам на значаен придонес во унапредување на извршителската професија во Македонија - истакна Митевска.

Годишното собрание годинава во Струмица Редовното годишно собрание на извршителите се одржа во петокот на 6.2.2015 година во Струмица. На собранието беа разгледани постигнатите резултати од минатогодишното работење, а беа изложени и мислења и ставови за актуелните состојби во извршувањето, како и предлози на мерки за нивно унапредување.

Грижата за професионалното, моралното и етичкото однесување, покрај примената на законите по кои извршителите постапуваат, е основен предуслов тие да се наметнат како професионалци во работата, но пред сѐ и како личности во нивните односи со сите странки и учесници во постапките. Професионалната етика претставува збир на правила, пишани и непишани, на однесување на припадниците на одредена професија. Уважување на интегритетот и достоинството на сите учесници во постапките, професионална компетентност и стручна одговорност, алтруизам, одбегнување на однесувањето со кое би можело на кој било начин да се нанесе штета, квалитет на односот во сите професионални контакти, целосно исклучување на какви било лични проблеми при професионалното дејствување, каква било злоупотреба на професионалното влијание, етички стандарди во врска со заштита на тајна, се само дел од пишаните правила на однесување и постапување содржани во Кодексот на професионална етика на извршителите. Овој акт е заеднички систем на етички вредности што водат кон повисоко морално ниво, кој има јасно изразени основни принципи и очекувања. Извршителите треба без исклучок да ги почитуваат овие начела во својата професионална работа и тој претставува единствен стандардизиран модел за однесување за извршителите. Непишаните правила на однесување, пак, се наметнати од самата средина во која се работи, од средината во која живееме и тие исто така треба да бидат по-

читувани. Со други зборови кажано, станува збор за институцијата професионален морал. Природата и спецификата на извршителската работа бара од извршителите во одредени ситуации да постапуваат и како воспитувачи и како дијагностичари на одредени проблеми на странките, па да станат дури и советници, психолози, проценители... Освен примена на правните прописи и нивно познавање, извршителската работа наметнува да се применуваат, да се познаваат и да се препознаваат и одредени психички и психолошки сегменти и социјално-психолошко однесување на странките. Задача на извршителите треба да биде остварување на највисоките етички стандарди во професионалното однесување. Секогаш и во секоја пригода мора да се почитува психолошката норма оти секој човек е единствен, па според тоа треба да се приспособи и однесувањето на извршителот. Нема и не може да има точно востановен модел, кој би упатил што и како да се постапи во одредена ситуација и со одредени странки. Максимално треба да се вложи труд извршителот да биде достапен за странките, да има нормална и разумна комуникација на едноставен јазик, разбирлив за секоја странка и само така ќе се избегнат сите непријатности на кои се изложени извршителите. Правилата и принципите што се содржани во Кодексот за професионална етика на извршителите се норми што се обврзувачки за сите извршители, заменици, полномошници и сите вработени во извршителските канцеларии. Весна Деловска, извршителка од Скопје

Страницата е подготвена во соработка со Комората на извршители на РМ. Инфо и контакт: 02/3239 877 e-mail: kirm@kirm.mk

? Дали како странка имам право на судска заштита во фаза на извршување? ПРАШАЊА ОД ЧИТАТЕЛИ

Стран ка та или учес ни кот што сме та де ка при из вр шу ва ње то се сто ре ни не правилности може да поднесе приговор до пре тсе да те лот на Ос нов ни от суд на чија територија сe одвива извршување-

то или, пак, дел од не го. По стап ка та се спроведува во рок од три дена по денот на осознавање на неправилноста, но не подоцна од 15 дена по завршувањето на из вр шу ва ње то. За под не се ни от при го -

вор и за суд ска та од лу ка до не се на по при го во рот, под не су ва чот на прет ста вка та е дол жен да пла ти суд ска та кса спо ред За ко нот за суд ски та кси. Та кса та за приговорот се плаќа како и такса-

та за туж ба во сог лас ност со та ксе на та тарифа според вредноста на оспорениот дел. Тро шо ци те за суд ски те та кси и до ста ва та се сме та ат ка ко тро шо ци на извршувањето.


Правда

Понеделник, 9 март 2015

ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

11

ИНТЕРВЈУ: ГЕОРГ СТАВА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ЕФИКАСНОСТ ПРИ СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

И најсовршената судска одлука не вреди ни денар ако не се изврши Георг Става, заменик-претседател на Европската комисија за ефикасност на правдата при Советот на Европа (CEПЕЖ), на 12 декември 2014 година едногласно беше избран за претседател на оваа европска институција, со мандат од две години, на местото на Џон Стејси Г. Става, едногласно бевте избран за претседател на CEПЕЖ. Какви се вашите впечатоци? - Повеќе од десет години сум дел од семејството на CEПЕЖ и навистина бев импресиониран од нивото на доверба. Се чувствувам почестено и должен сум во исто време да ѝ служам на нашата заедница и на целите на CEПЕЖ. Во што се состојат целите што планирате да ги остварите во текот на вашиот мандат? - Кога СЕПЕЖ пред повеќе од една деценија почна со унапредување на ефикасноста во областа на правдата имавме на ум евалуциски извештаи проследени со развивање алатки и методи чија цел е идентификување на недостатоците и потребите на правосудството. Да се учи од минатото не значи да се даваат одговори за иднината. Имајќи го предвид тоа, би сакал нашето знаење, моделите и методите да продолжат да се развиваат, така што на претседателите на судовите, на управителите и на сите други засегнати чинители многу порано ќе им укажуваат на развојот на нештата, т.е. пред воспоставените системи да излезат од колосек. Навременоста секогаш ќе биде побарувана во полза на членот 6 од Конвенцијата за човекови права и зголемување на очекувањата на

странките, како и на општеството. Новите техники и иновативните решенија се тука за да помогнат за подобрување на состојбата. Но потребна е и нашата експертиза за да се даде идеја за соодветни временски рамки, нивно мониторирање и нивни граници за правилно обезбедување на правдата. Но сите овие квантитативни пристапи мора да бидат балансирани со квалитетот на правосудството. Уште поважно е ако ресурсите се намалат, како и свеста за влијанието врз квалитетот. Па, затоа постојаното развивање на критериумите за квалитет и мерките, алатките е приоритет за да се истакнат ефектите на политиката и да се постават границите на независното „биро“ на судијата. За време на поранешните претседателства и поради одличната посветеност на сите членови и експерти на CEПЕЖ, нашата работа и знаење доби широка распространетост меѓу судската заедница, политичарите и институциите, кои се заинтересирани да соработуваат и да ги споделат идеите со нас. Од нас се бара да соработуваме во проекти за подобрување на правосудството во винвин-сценарио на секој што е вклучен. Треба да продолжиме во истиот дух, одржувајќи го СЕПЕЖ на завид-

НАСТАНИ СОВЕТУВАЊЕ: „НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ДЕЈСТВА НA НОТАР, АДВОКАТ И ИЗВРШИТЕЛ“

Претставници од Комората на извршители на РМ учествуваа на советувањето на тема „Надомест на штета од дејства на нотар, адвокат и извршител“, кое во организација на академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ се одржа на 26 февруари. Излагање на темата имаа доц. д-р Неда Здравева, правен факултет „Јустинијан Први“Скопје, Лидија Димова, судијка во Основен суд-Велес, и Теофил Томановиќ, судија во пензија.

TРКАЛЕЗНА МАСА: „ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРАВНА СИГУРНОСТ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ПРАВНИОТ ПРОМЕТ“

Прет став ни ци на Ко мо ра та на извршители на РМ учествуваа на тр ка лез на та ма са на те ма „Обез бе ду ва ње прав на си гур ност на учесниците во правниот промет“, која во организација на Нотарската комора на РМ се одржа на 19.2.2015. Излагања на темата имаа Зорица Пулекова, претседателка на Нотарската комора; Ми хај ло Ма нев ски, по ра не шен министер за правда; Гордана Гешковска, јавна обвинителка во Ос нов но то јав но об ви ни -

но ниво онаму каде што отсекогаш бил најдобар и во своето залагање. Пријателски и динамичен пазар на најдобрите практики на судските професионалци што имаат едно нешто заедничко. Подобрување на квалитетот и ефикасноста на правосудството за зајакнување на довербата на корисниците на судовите. Штом сме почнале да споделутелство Скопје; проф. д-р Никола Тупанчевски од правниот факултет „Јустинијан Први“; како и проф. д-р Ар сен Ја нев ски од правниот факултет „Ју стинијан Први“. ДОНАЦИЈА ЗА НАСТРАДАНОТО НАСЕЛЕНИЕ ОД ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

Комората на извршители на Република Македонија се вклучи во акцијата на Црвениот крст за помош на најпогоденото население во поплавите што ја зафатија Македонија. Донирани се парични средства преку солидарниот фонд на Црвениот крст.

? Дали извршителот има право ПРАШАЊА ОД ЧИТАТЕЛИ

да ги обработува моите лични податоци?

Извршителот како правно лице се јавува како контролор на збирка на лични податоци врз основа на членот 2, став 5, од Законот за лични податоци. Според Законот за лични податоци, обработката може да се врши и без согласност, кога тоа е потребно заради извршување работи од јавен интерес или службеното овластување на контролорот. Во согласност со членот 9 од Законот за заштита на личните податоци е предвидена можност матичниот број на граѓанинот да може да се обработува за остварување на со закон утврдени права или обврски на субјектот на лични податоци или контролорот. Извршителите ги обработуваат личните податоци наведувајќи ги во актите што се подготвуваат врз основа на обрасци утврдени од министерот за правда, а во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Извршителот како лице со јавни овластувања има право да врши легитимирање на странките и учесниците во извршувањето со увид во документите за лична идентификација.

ваме проблеми, треба да продолжиме да споделуваме и решенија! Во кој сегмент од делокругот на СЕПЕЖ може да се смести професијата судски извршител? - Ние сите знаеме дека и најсовршената судска одлука не вреди ни денар ако нема изгледи да биде соодветно извршена. Имајќи го ова важно прашање на ум, службата на

судскиот извршител секогаш била и ќе биде дел од мисловната матрица на CEПЕЖ, не само во специјални настани или работни групи туку и преку плодната и активна соработка со Меѓународната унија на извршители. Извор: Meѓународна унија на судски извршители

СТАВ

Извршувањето повеќе не е тема во извештаите на ЕК

Стремежот на РМ да стане членка на Европската Унија беше идејата-водилка во 2004 година, кога се почна со процесот на реформа на правосудниот систем и создавањето на европската иднина на нашата земја, процес што не завршува, туку бара постојана посветеност и работа. Процесот на креирање на стратегијата за реформа на правосудството, меѓу другото, се темелеше и на прашалникот на Европската комисија, чии прашања служеа како насоки и индикатори кон што би требало да се стреми правосудниот систем на државата, која се определила да стане членка на големото семејство на Европската Унија. Во Законот за извршување уште од 2005-та целосно беа вградени меѓународните инструменти на Советот на Европа и на Европската Унија за постигнување ефикасност при извршувањето на судските одлуки, како: резолуцијата број 3 од конференцијата на европските министри за правда - Москва 2001 година, препораките за извршување на Европскиот комитет за правна соработка CDDJ (2003) 21, бриселската конвенција за признавање и извршување на судските одлуки од граѓанското и трговското право од 1968 година и регулативата на Европската Унија бр. 44/2001 за јурисдикција и признавање и извршување на судските одлуки од граѓанското и трговското право. Европската комисија низ годините многу внимателно го следеше новиот концепт за извршување во земјата и низ годините наназад во своите извештаи за прогрес на земјата во процесот кон приближување кон ЕУ постојано даваше забелешки и предлози за подобрување. Првпат во прогрес-извештајот за 2014 година во поглавјето 23, кое се однесува на правосудството и човековите права, извршувањето не е тема што воопшто се споменува, што значи дека Европската комисија нема повеќе никакви дилеми дека новиот систем на извршување е ефикасен и ефективен, односно не претставува отворено прашање за Република Македонија. Радица Лазаревска-Геровска, државна советничка во Министерството за правда

Страницата е подготвена во соработка со Комората на извршители на РМ. Инфо и контакт: 02/3239 877 e-mail: kirm@kirm.mk


Сабота-понеделник, 11-13 април 2015

Правда

ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

9

ИНТЕРВЈУ: НИКОЛА ДОДЕВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Правниот спор е без смисла ако нема реализација на пресудата Како го оценувате придонесот на извршителите кон правната сигурност и владеењето на правото во Македонија? - Извршувањето, несомнено, е круцијалниот дел од остварувањето на правата на граѓаните низ судските постапки. Успехот во спорот е без смисла доколку не дојде до реализација на пресудата. Во нашата практика ретки се должниците што своите обврски ги исполнуваат доброволно. Поради тоа ефикасното, но и строго законско извршување од страна на извршителите ја обезбедува и правната сигурност за двете страни, и за доверителот и за должникот. Која е бенефицијата за странките во извршувањето доколку ги користат адвокатските услуги пред извршител? - Како и во секоја постапка во која се одлучува за одредени права на граѓаните, така и во извршната постапка веќе станува незамисливо странките да учествуваат без адвокат. За доверителот, адвокатските услуги се непроценлив придонес кон поефикасно реализирање на неговото побарување, а за должникот негова правна заштита при извршувањето. Извршувањето е постапка во која грешките најтешко се коригираат, а најчесто и нема поправка. Сакам да нагласам дека и за извршителите, учеството на адвокатите е од голема помош, и тоа од иницијалното насочување на извршувањето со стручно изработен предлог за извршување, но и натаму со предлагањето на преземање

соодветни извршни дејства. За секој извршител учеството на адвокатите на странките треба да е добредојдено затоа што на тој начин се врши повеќекратна контрола на правилното постапување при извр-

шувањето, но истовремено одговорноста не е само на извршителот туку и на самите странки, кои преку адвокатот имаат свој правен заштитник, кој си има свој дел од одговорноста.

НАСТАНИ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ Комората на извршители на РМ го презентира годишниот извештај за работата на КИРМ за 2014 година, на средба со новинарите на 29 март. Претседателот на Комората, Зоран Петрески, истакна дека статистичките податоци укажуваат на подобрена финансиска дисциплина во државата, односно дека превентивната улога на извршителите е остварена. „Целта на овој настан е

?

Во јавноста често можат да се слушнат негативни коментари за висината на трошоците на извршување. Во овој контекст, дали Адвокатската комора се соочува со поплаки во однос на адвокатски

трошоци во постапката на извршување? - Не. Во комората сметаме дека бенефицијата што во извршната постапка ја имаат странките од адвокатските услуги е многу повредна од висината на адвокатските трошоци. Во Македонија нема основа за поплаки за висина на адвокатските трошоци, имајќи предвид дека се применува адвокатска тарифа што не е зголемена и е на исто ниво повеќе од дваесет години и е најниска во регионов. Ова се заклучи од споредбената анализа што ја направи Адвокатската комора. Од неодамна сте избран за член на стручниот совет при Комората на извршители. Какви се вашите очекувања од функционирањето на ова тело на КИРМ? - Очекувам стручниот совет да зазема стручни ставови што ќе придонесат за полесно решавање на правните и практичните проблеми при извршувањето. Затоа многу е битно до стручниот совет да се иницираат проблеми што се јавуваат при извршувањето и од аспект на дилеми при спроведување на законот, но и проблеми што ги покажува практиката. Иницијативите треба да доаѓаат не само од извршителите туку и од учесниците во постапките. А, се разбира, и по иницијатива на самиот совет. Ова тело сметам дека треба, кога ќе се оцени за потребно, да иницира и законски измени за подобро функционирање на извршувањето и, секако, да предлага и унапредување на стручната соработка меѓу извршителите и адвокатите, но и со судовите и другите органи.

СТАВ транспарентност и отчетност на Комората на извршителите, како и објаснување на прашања од интерес за пошироката јавност“, рече Петрески. Извршителот Гордан Станковиќ говореше на тема „Осврт на структурата на трошоци и наградата за работата на извршителите - споредбена анализа“. Станковиќ појасни дека трошоците во извршувањето многу често погрешно се толкуваат во јавноста, од причина што тие опфаќаат и трошоци на други учесници во постапката. Судијката Софија Миленкова од Основниот суд

Скопје 2 говореше на тема „Правни последици од залог, лизинг и припадоци и прирастоци кон недвижности од аспект на спроведување на извршувањето“, а разјасни и многу дилеми поврзани со старите извршни предмети што пред да бидат префрлени кај извршителите беа во судска надлежност. На многубројните новинарски прашања одговори и извршителот Премтим Ќерими од Куманово, кој зборуваше на тема „Јавното мислење за извршувањето изразено во електронските медиуми“.

ПРАШАЊА ОД ЧИТАТЕЛИ Кога по одржана втора јавна продажба некој што уплатил 10 отсто од продажната цена на име гаранција и учествувал на наддавањето и понудил најповолна цена, а потоа во законски рок не го уплатил остатокот од цената за која се продала недвижноста, дали извршителот закажува втора продажба по вторпат и, ако се повторува наддавањето, колку пати може потенцијалниот купувач да уплаќа гаранција и да се јавува на наддавањата без потоа да ја уплаќа продажната цена?

Ако на второто јавно наддавање некој од учесниците на наддавањето, со претходно уплатена гаранција од 1/10 од продажната цена, ја прифати понудената продажна цена, или во наддавањето понуди највисока продажна цена, сеедно, должен е во рок од 15 дена да ја доплати продажната цена. Ако во тој рок понудувачот не ја доплати продажната цена, продажбата се поништува и се закажува нова јавна продажба, сега вторпат. Ако уплатената гаранција за јавно наддавање на наддавачот што ја купил недвижноста, тој е оној истиот што понудил највисока цена, не ја доплати продажната цена, парите ќе му бидат задржани сѐ додека не се одржи повторената продажба. Од уплатената гаранција ќе се одбијат трошоците што ќе бидат предизвикани со повтореното јавно наддавање. Ако на повтореното јавно наддавање се постигне пониска цена од цената постигната на поништеното јавно наддавање, таа негативна разлика во цена ќе се покрие од уплатената гаранција на наддавачот поради кој се поништила продажбата. Со ваквото законско решение е можно поништувањата на продажбите да се случуваат неограничено. Сепак треба да се има предвид дека несовесните јавни наддавачи ќе претрпат штета оти секое идно јавно наддавање ќе биде наплатувано од нивната уплатена гаранција, како и евентуалните негативни разлики во цена.

СТРАТЕГИЈА ЗА РЕФОРМА НА ПРАВОСУДСТВОТО

Предизвици во извршувањето

Преминувањето кон системот на извршување преку извршители во 2006 година донесе драстично зголемување на стапките на извршување во граѓанските предмети. Сепак, системот сѐ уште се соочува со разни тешкотии што се детектирани во документот „Подготовка на програмата на ЕУ за поддршка на правосудниот сектор“, подготвен од Европската Унија. Тие забелешки се очекува да се надминат со имплементација на стратегијата за реформа на правосудниот систем, која треба да се спроведува во периодот од 2015 до 2019 година. Тимот експерти од ЕУ го идентификуваат системот за извршување како поле што може да добие дополнително унапредување, па од тие причини е утврдена потребата од воспоставување рамнотежа меѓу должностите и надлежностите на органите на КИРМ и улогата на Министерството за правда при надзорот врз системот на извршување. Потребата за вклучување на КИРМ во мрежата за соработка со европските и со меѓународните здруженија на извршители е реална, не само поради развојот на капацитетите за стратегиско планирање, буџетско и финансиско управување, управување со човечки ресурси туку и за подобрување на односите со јавноста и комуникацијата со медиумите. Ревидирањето на правилниците за етичка и дисциплинска одговорност е област во која треба да се преземе иницијатива од страна на КИРМ во однос на Министерството за правда на РМ. Со развојот на извршителската професија е неопходно унапредувањето на системот на почетна и континуирана обука на извршителите, заменик-извршителите и помошник-извршителите. Систем за осигурување од професионална одговорност и поволен даночен режим за извршителите е нешто на што треба државата да работи во иднина. При спроведувањето и следењето на стратегијата ќе бидат вклучени донаторите од меѓународната заедница, Европската Унија и домашните надлежни органи, кои ќе воспостават ревизиски механизми преку кои ќе се изгради вистинско партнерство меѓу државните, недржавните и меѓународните чинители во реформирање и унапредување на правосудниот систем на РМ за побрза евроинтеграција на државата. Емилија Павловска, извршителка од Штип Потпретседателка на Комората на извршители на РМ

Страницата е подготвена во соработка со Комората на извршители на РМ. Инфо и контакт: 02/3239 877 e-mail: kirm@kirm.mk


Понеделник, 9 март 2015

Правда

ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

11

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ ВО ЗАГРЕБ

Македонија лидер во извршување на судските одлуки на Балканот Компаративните искуства на неколку земји во регионот недвосмислено покажуваат дека лидер на Балканот во сферата на извршување и реализација на судските одлуки е Македонија. Без разлика на изборот на модел на извршување што го имаат избрано државите во поширокото соседство, сите имаат една заложба - брзо и ефикасно спроведување на судските одлуки

Р

астоварување на судскиот систем од извршувањето и презентирање на позитивните искуства на македонскиот концепт на извршување, што веќе го презедоа Косово и Црна Гора, беа главните теми на регионалната конференција што се одржа неодамна во Загреб. Македонските искуства од сферата на извршувањето ги презентираше извршителката и претседателка на Дисциплинската комисија при КИРМ, Снежана Фитевска. На конференцијата, покрај Македонија, учествуваа и Хрватска, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. - Сите земји од регионот се соочуваат со истите проблеми што ги носи секоја нова реформа во правосудниот систем. За разлика од Македонија, каде што веќе девет години функционира новиот концепт на извршување, некои од земјите во регионот се сѐ уште на почеток, но од излагањата на нивните претставници сметам дека се на пат да ја постигнат целта на функционален и ефикасен систем на извршување, кој е основен предуслов за остварување на правдата - вели Фитевска. Во зависност од концептот и соодветниот закон на соодветната држава, извршителите се различно именувани. Во некои земји функционираат како судски извршители, државни извршители, приватни извршители, јавни извршители или е при-

фатен комбиниран систем на судски и приватни извршители. - Заедничко за сите земји е јакнење на правната држава, намалување на ингеренциите на судовите и нивно растоварување од системот на извршување, зголемување на ефикасноста на извршувањето и остварување на правата на странките утврдени во судските одлуки и акти што се предмет на извршување - истакнува Фитевска. Последниве години македонскиот концепт на извршување го презедоа Косово и Црна Гора. Босна и Херцеговина и Србија сѐ уште имаат и систем на судско извршување или, пак, на паралелни системи, а Хрватска тоа го има прелеано во надлежност на ФИНА - Државен орган за присилно извршување Иако во дел од земјите е прифатен паралелен систем на извршување, каде што судските извршители функционираат паралелно со приватните извршители или државните извршители, во сите земји е почнат процесот за растоварување на судството од извршувањето. За оваа цел во земјите каде што сѐ уште функционира системот на судско извршување и каде што се огромни заостатоците при процесирањето на извршните судски предмети што се однесуваат на спроведување на веродостојните испарави, кои се бро-

јат во милиони, акцентот е ставен на проектот „Е-извршување“, сегмент од Проектот за регионалниот совет за соработка, кој го изведуваат словенечки експерти. - Поимот е-извршување подразбира целокупната извршна постап-

ка или, пак, одреден нејзин дел, поднесување предлог за извршување, процесирањето, доставата, да се врши по електронски пат. Корисниците не употребуваат никаква хартија во целокупниот процес на извршувањето. Секоја хартиена одлука што би произлегла од страна на судот веднаш се дигитализира и се процесира понатаму. Хартиениот облик се чува засебно и се користи само во исклучителни случаи - велат во македонското Министерството за правда. Како што посочуваат надлежните, Македонија во нацрт-извештајот на експертскиот тим е ставена како земја во која не се констатирани проблеми. Широката распространетост на информатичката технологија во постапката на извршување во Македонија, чија крајна цел е ефикасност во корист на странките, се нотира и во годишниот извештај на Комората на извршителите. Годишната анкета покажува дека најголемиот дел од извршителите користат електронски пристап до услугите на Централниот регистар, Управата за јавни приходи, КИБС, Катастар, банките, како и електронски бази на закони, како што е akademika.com.mk. Од КИБС за „Правда“ велат дека деведесет отсто од извршителите ги користат нивните услуги за заштита на странките во постапките. - За разлика од други субјекти,

за извршителите може да се констатира дека можат да служат како пример за тоа како се уредува ова прашање. Комората на извршителите најпрофесионално ги направи сите подготовки за регулација на високата технологија со прецизирање на законските решенија сѐ со цел на еден безбеден и брз начин да се добиваат информации заради заштита на странките - објаснуваат оттаму. Најголемиот суд во земјава – Основниот суд Скопје 2 и Комората на извршителите веќе спроведоа акција за регистрирање на извршителите во системот за е-достава. - Сѐ уште не се регистрирани сите извршители од едноставна причина што со надградба на АКМИСсистемот се појавија технички проблеми, а за кои е известена фирмата „Еду софт“ - одговорна за одржување на АКМИС-програмата и таа во најкус можен рок ќе го отстрани ваквиот проблем, по што е-доставата ќе започне тековно да се одвива до сите извршители - вели Сања Томиќ, портпаролката на Судот. Од вкупно 98 извршители, 84 ги користат е-услугите на Катастарот, информираат оттаму. Од Катастарот посочуваат дека извршителите имаат можност од канцеларија да издаваат имотни листови, што битно го скратува времетраењето на целата постапка.

Намален македонскиот просек на извршување од 240 на 127 дена Со децении еден од главните недостатоци на македонскиот систем на граѓанско право беше проблемот со кој се соочуваа доверителите при извршувањето на судските одлуки. Системот бараше странката повторно да води судска постапка по успешното добивање судски спор за да се обиде да ја изврши пресудата. Оваа комплицирана постапка често резултираше со одолжување со години, понекогаш и со децении. Имаше многу случаи кога пресудите никогаш не се извршуваа. Заостанувањето од 650.000 извршни предмети во судовите, како и предолгата постапка за решавање на овој вид предмети, придонесуваше за генералната недоверба во судскиот систем. Целта на реформата на системот на извршување беше да се надмине големиот проблем со одолжувањето во судовите. Со усвојувањето на Законот за извршување во 2005 година Македонија донесе смела одлука радикално да го смени системот на извршување. Новиот закон креираше систем со приватни извршители и им ја пренесе одговорноста за извршувањето на одлуките од граѓанските и управните спорови од судовите на извршителите. УСАИД беше клучен донатор, кој го поддржа развојот на овој систем од концепт до функционална институција. На почетокот реформата на системот на

извршување наиде на голем скептицизам во правната заедница. Денес мислам дека постои општа согласност дека реформата на системот на извршување беше успешна. Додека со претходниот систем на судско извршување само 17,8 отсто судски пресуди се извршуваа, новиот систем стигна до 54 проценти во 2011 година. Според извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка за 2015 година, просечното време потребно да се изврши судска пресуда во Македонија се намали од 340 на 127 дена.

Џејмс Стајн, директор на мисијата на УСАИД во Македонија во интервју за www.akademik.mk

МЕТОДИЈА КОСТАДИНОВ - НОВОИМЕНУВАН ИЗВРШИТЕЛ

Скопје го доби најмладиот извршител Министерот за правда Аднан Јашари минатиот месец го назначи за извршител на подрачјето на Основниот суд Скопје 1 и Основниот суд Скопје 2, Методија Костадинов, кој со своите 30 години е најмладиот извршител што досега е именуван во земјава. - Фактот што сум најмладиот име ну ван из вр ши тел за ме не претставува голема чест и задоволство, но чувствувам и голема одговорност, имајќи ја предвид комплексноста на професијата вели тој. Спо ред не го ви те ка жу ва ња, ова му да ва до пол ни те лен пот тик да ја оправда довербата и успешно да ги извршува службени-

те должности, почитувајќи ги законските прописи, истовременоно по чи ту вај ќи го до сто инс тво то на странките. - Сметам дека, покрај чувствителноста на оваа професија, работата на извршителите е сложена и одговорна и бара широки познавања од областа на правото. Извршителите како дел од правосудниот систем спроведуваат судски и други одлуки. Всушност, целта на извршувањето е да се постигне целосно владе е ње на пра во то и јак не ње на прав на та си гур ност, пре ку пра вилно и навремено извршување истакна тој. Ко ста ди нов ќе ја нас ле ди

кан це ла ри ја та на Ју ли та Ѓор ѓи е ва, чи ја долж ност пре ста на пред не кол ку ме се ци, отка ко таа да де оста вка. Што се случува со предметите до назначувањето на новиот извршител, дали промената би можела да предизвика дополнителни финансиски импликации на товар на стран ки те, се нај че сти те прашања при вакви ситуации. - За ко нот за из вр шу ва ње стриктно го уредува ова прашање, имено член 64-а предвидува дека новоименуваниот извршител ќе ги пре зе ме пред ме ти те, книгите и евиденцијата што ја водел извршителот чија должност престанала и ќе ја продолжи ра-

ботата по предметите. Покрај обврската за преземање и продолжување со работа на предметите, имам обврска да се известат доверителите што имаат поднесено барање за извршување кај извршителот чија должност престанала да им се овозможи правото на избор на извршител. Самиот закон за извршување за оваа ситуација, односно за промената на надлежен извршител, не предвидува дополнителни финансиски импликации што можат да паднат на товар на странките - појаснува младиот извршител. Во Македонија во моментов работат 98 извршители, кои вработуваат над 500 лица.


Правда

Понеделник, 9 март 2015

ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

11

КОМПАРАТИВНИ ИСКУСТВА ОД БУГАРИЈА

Стабилен систем на извршување - нужен услов за напредок на земјата кон ЕУ Пратениците и извршната власт целосно застанаа зад реформата за воведување на приватното извршување во Бугарија и ги поддржаа сите иницијативи што помогнаа тоа да се етаблира како стабилен систем

Е

дна од земјите во регионот што најдолго го спроведува системот на извршување преку извршители е Република Бугарија, која од 2007 година е полноправна членка на Европската Унија. Петко Илиев, извршител од Пловдив и член на управниот одбор на Комората на извршителите на Бугарија, појаснува дека потребата од реформа на присилната наплата била постојано констатиранa во извештаите на Европската комисија за напредокот на Бугарија во процесот за пристапување кон европското семејство. Меѓународниот монетарен фонд и бугарскиот бизнис-сектор исто така инсистирале за преземање определени мерки за забрзување на присилната наплата во земјата. - Бугарската влада се обврза да спроведе реформи во судското извршување. На 10 мај 2005 година, со поддршка од сите парламентарни групи во Собранието, беше усвоен Законот за извршување. Со неговото влегување во сила од 1 септември 2005 година се создаде правна можност присилната наплата во Бугарија да се остварува и од независни професионалци. Првите извршители своите должности ги пре-

Судскиот извршител може да посредува за постигнување спогодба меѓу странките зедоа во март 2006 година, а кон крајот на декември веќе имаа формирано 37.280 извршни постапки во вкупна вредност 173.589.617 евра информира Илиев. Во Бугарија сè уште функционира и т.н. државно извршување. Во моментот на создавање на приватното извршување, иако оптимизмот преовладувал, имало и доза песимизам. - Имаше многу примери во кои државни институции, правни и физички лица одбиваа соработка и дури се спротивставуваа на активностите на судските извршители. Сметаа дека приватното извршување е

привремен феномен и експеримент, кој брзо ќе заврши. По напорна и ефикасна работа и со високо ниво на професионализам, успеавме да го утврдиме моделот на приватно извршување. Можам да истакнам дека во моментов приватните извршители уживаат ексклузивен респект од државните институции, физичките и правните лица. Пратениците и извршната власт целосно застанаа зад реформата за воведување на приватното извршување во Бугарија и ги поддржаа сите иницијативи што помогнаа тоа да се етаблира како стабилен систем - објаснува тој.

Сложена и ризична професија Како и во Македонија така и во Бугарија, извршувањето важи за многу сложена, но и ризична професија. Закани, тупаници, но и експлозивни направи понекогаш се дел од работното секојдневие. - Првото лице што должниците го гледаат при извршувањето, иако во целокупната постапка се вклучени и други ентитети, е тоа на извршителите, поради што тие често го изнесуваат својот негативен став спрема нив. Во таа смис ла, из вр ши те ли те по не ко гаш се пред мет на за ка ни и ви стин ски кри ми нал ни активности - подметнување пожар во канцелариите, тепање... Лично јас можам да споделам дека пред околу една година непознато лице го скрши прозорецот на мојата канцеларија и подметна пакет со експлозивна направа. За среќа, во овој мо-

НАПЛАТЕНИ ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА

За десетгодишното постоење на приватното извршување во Бугарија, според Илиев, се докажало дека е многу поефикасно од државното извршување. - Само во 2014 година наплатата е над половина милијарда евра. За споредба, во 2010 година се наплатени околу 280 милиони евра. Последните бројки се индикативни за ефикасноста на приватното извршување. Доверителите веќе знаат дека приватното извршување е многу поефикасно - истакнува Илиев.

Приватниот извршител во Бугарија има овластување да спроведува извршување врз подвижни пред ме ти, врз нед виж ни ни, врз бан кар ски сме тки, врз хар тии од вредност, заплена на удел во тр гов ски друш тва, штед ни вло го ви, ак ции на тр гов ски друш тва и дру ги из врш ни дејс тва што прет ста ву ва ат дејс тва под принуда. - Во Бугарија, меѓу другото, е предвидена можност доверителот да му наложи на приватниот извршител извршување вонсудска продажба на заложен имот. Државните судски извршители немаат такво овластување. Дополнително овластување дадено на приватните судски извршители е дека тие можат да бидат чувари на заложениот имот на должникот. Судскиот извршител може да посредува за постигнување спогодба меѓу странките, како и по наредба на судот да доделува судскa вредност - појаснува Илиев. Исклучително важен за работата на извршителите во Бугарија е т.н. Регистар на јавните продажби воспоставен во 2011 година, по барање од странките во извршувањето, како и други правни и физички лица. - Со текот на времето овој регистар се етаблира како главна и задолжителна алатка за водење на податоците на тековните продажби спроведувани од приватните судски извршители во земјата. За ефикасноста на регистарот зборува статистиката, која покажува дека за 2014 година страницата на Регистарот на јавните про даж би е по се те на од 731.869 единствени ИП-адреси. Истата година во регистарот беа објавени 52.580 продажби, додека за споредба во 2013 година овој број беше 47.140 - вели Илиев.

НАСТАНИ мент немаше вработени во канцеларијата - раскажува Илиев. Тој додава дека пред избори се забележува негативизам кон извршувањето, главно во форма на политички популизам. - Политичарите го користат моментот и сакаат да создадат негативна слика. Можеби причината лежи во фактот што поради светската економска криза многу граѓани станаа должници. Политичарите го користат бранот незадоволство на должниците - потенцијални гласачи. Овој популизам има исклучително негативни последици за целото судско извршување. Сепак, во моментов мислам дека се сфатија негативните последици од ваквите популистички изјави - потенцира Илиев.

? Дали извршителот има право присилно да го наплаќа ПРАШАЊА ОД ЧИТАТЕЛИ

долгот од жирантите?

При спроведување на извршувањето на една извршна исправа, обврската спрема доверителот ја исполнуваат оние што се обврзале на тоа, што значи, освен главниот должник, обврска за враќање на долгот имаат и другите потписници на исправата, кои можат да бидат жиранти, гаранти, менични должници, а најчесто станува збор за солидарна одговорност. Што значи, заедно со главниот должник обврска за враќање на долгот имаат и преостанатите должници, па извршителот има право да го насочи извршувањето и спрема жирантите, гарантите или меничните должници.

Страницата е подготвена во соработка со Комората на извршители на РМ. Инфо и контакт: 02/3239 877 e-mail: kirm@kirm.mk

Регионална конференција за извршување во организација на КИРМ Следејќи ги позитивните трендови во развојот на модерен, ефикасен и стабилен правен систем, во организација на Комората на извршителите на РМ, од 7 до 10 мај во Република Бугарија се одржа регионална конференција, на која беа разменети најдобрите практики од областа на извршувањето. - Конференцијата е четврта од ваков вид во организација на Комората на извршителите на РМ. Се работи за настан што се одржува еднаш годишно. Целта е размена на позитивните искуства од примената на законите меѓу државите, со краен ефект - унапредување на домашните системи на извршување изјави Зоран Петрески, претседател на КИРМ.

Со оглед дека Бугарија е една од земјите во регионот каде што најдолго се применува системот на приватно извршување, претседателот на тамошната Комора на извршителите, Георги Дичев, ги сподели искуствата од основањето на комората до денес, кога се одбележува десетгодишен јубилеј. Свои излагања во рамките на конференцијата имаа и Александра Трешњев, претседател на Комората на извршителите на Србија, проф. д-р Владимир Петров од Нов бугарски универзитет-Софија, проф. д-р Тодор Каламатиeв и проф. д-р Ангел Ристов од правниот факултет „Јустинијан Први“Скопје, како и Горан Трајковски, директор на УЈП.


Правда

Понеделник, 13 јули 2015

ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

11

ИЗВРШИТЕЛИТЕ МЕЃУ ДВА ОГНА

Стотици граѓани не можат да заминат во пензија поради законска неусогласеност Нема крај за голготата на граѓаните што со судска пресуда имаат право на исплата на заостанати придонеси и остварување на правото на пензија. Ваквите случаи се зголемија по донесувањето на најновиот закон за отпис на каматите, според кој, работодавците што не ги платиле придонесите кон работниците имаат право сами да ја платат главницата, а со тоа ќе им биде отпишана каматата што влегува во вкупниот долг

С

тотици граѓани годишно не можат да го остварат правото на пензија, а безмалку сто извршители и повеќе од 600 вработени во нивните канцеларии се соочуваат со одговорност поради неусогласеноста на Законот за отпишување камати на достасани обврски врз основа на придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за бруто-плата и Законот за парнична постапка. - Се наоѓаме во тешка ситуација. Ставени сме помеѓу два огна. Присилени сме постапките за присилна наплата на долгот да ги запреме, а Управата за јавни приходи (УЈП) од нас бара наплатените пари да му ги вратиме на должникот. Но ние тоа не смееме да го направиме. Ако ги запреме постапките без законска основа и ако не ги почитуваме судските одлуки, се соочуваме со проблемот на одговорност. Со ова најмногу губат работниците. Но и ние, извршителите, губиме во очите на стран-

НАСТАНИ

ките што нѐ ангажирале - објаснуваат од Комората на извршителите на Македонија (КИРМ). НАПЛИВ НА ЖАЛБИ КАЈ ИЗВРШИТЕЛИТЕ

A во меѓувреме канцелариите на извршителите секојдневно се полни со луѓе што се жалат оти не можат да го остварат правото на пензија, но и дека не можат да си ги земат заостанатите плати. - Од УЈП ни бараат да се достави табеларен преглед на сите придонеси за периодот од јануари до ноември 2009 година, како и стручните мислења на судските вештаци. Пресудата мора да ги содржи сите потребни податоци за да се вклопи во концептот за интегрирана наплата во согласност со Законот за брутоплата. Од дирекцијата во Скопје бараат да се промени пресудата, која е правосилна и извршна, што е невозможно - пишува во една од жалбите што секојдневно пристигнуваат на адреса на извршителите. Од Основниот суд Скопје 2, како најголем суд во Македонија што одлучува по граѓанските предмети, велат дека незадоволните странки имаат право на жалба, но можат да бараат и ревизија и повторување на по-

стапката. - При донесување на одлуките каде што предмет на тужбено барање може да бидат и работни спорови судот одлучува исклучиво во согласност со позитивните законски прописи. Во случаите на укината одлука постапува по дадени упатства од страна на второстепениот суд. Во текот на 2014 година, во судот биле поведени 14 постапки за надомест на штета за исплата на плати и придонеси. Во поголемиот број случаи странките вложиле жалба и постапката продолжила пред второстепениот суд. Во поголемиот број првостепените одлуки биле потврдени од страна на второстепениот суд - велат од Основниот суд Скопје 2. НЕМА ПРЕСМЕТКИ САМО НА ЕДЕН ПРИДОНЕС

Од УЈП, пак, се децидни дека управата не може да изготвува пресметки и налози за плаќање само одделен придонес, како што е придонесот за пензиско или, пак, придонесот за здравствено осигурување. - Во случај на судски пресуди со кои се досудува на работникот да му се исплати само придонес за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) или придонес за пензиско и нето-пла-

МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС

„Судскиот извршител: врска меѓу правото и економијата“ Делегација на Комората на извршителите на Македонија од 2 до 5 јуни учествуваше на 22-от Меѓународен конгрес на судските извршители посветен на темата „Судскиот извршител: врска меѓу правото и економијата“. На конгресот што се одржи во шпанскиот град Мадрид учествуваа 550 извршители од 70 земји од светот, како и претставници на големите меѓународни организации и институции - Светската банка, Хашката конференција за меѓународно приватно право, Советот на Евро-

?

па, Европската комисија и Европскиот правен институт. На собирот беше презентиран и глобалниот кодекс за извршување, на кој Меѓународната унија на извршителите работи речиси десет години. Кодексот е составен од збирки правила што се однесуваат на извршувањето на судските одлуки, како и на извршителите што се одговорни за спроведување на законот. Меѓународната унија на извршителите е невладина меѓународна организација формирана во 1952 годи-

на, која денес вклучува 86 земји од светот. Меѓународниот конгрес на судските извршители е највисоко тело на Меѓународната унија на извршителите и се одржува на секои три години. По Вашингтон (САД) во 2006 година, Марсеј (Франција) во 2009 година и Кејп Таун (Јужна Африка) во 2012 година, годинава домаќин беше главниот град на Шпанија. За време на конгресот, Црна Гора стана 86-та земја-членка на Меѓународната унија на извршителите.

ПРАШАЊА ОД ЧИТАТЕЛИ Според новиот закон за отпис на камати, постапката за присилна наплата на заостанати придонеси што се води против мене како работодавец треба да биде запрена. Но таа сѐ уште трае. Што треба на направам?

- Право на отпишување камати за придонеси имаат работодавците што имаат достасани обврски врз основа на неплатени придонеси, како и самовработени лица, индивидуални земјоделци и верски службени лица. Ова право го имаат обврзниците без оглед дали е во тек постапка за одложено плаќање, судска постапка или постапка на присилна наплата на долгот. Рокот за поднесување на барањето за отпис на каматите за придонесите е најдоцна до 31 декември 2015 година и се поднесува до Фондот за ПИОМ, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, односно до УЈП. Во согласност со законот, трошоците што ќе настанат при прекин на постапките ќе ги надомести подносителот на барањето за отпишување на каматите.

Страницата е подготвена во соработка со Комората на извршители на РМ. Инфо и контакт: 02/3239 877 e-mail: kirm@kirm.mk

(ПИОМ) - велат од УЈП. Од Комората на извршителите објаснуваат дека во тек е процесот на поврат на парите на работодавците што должат, според упатствата издадени од УЈП. - Според последниот извештај за работа, само во 2014 година извршителите вратиле безмалку 140 илјади денари на сметка на тужените работодавци, и покрај тоа што според Законот за извршување тоа е забрането. Инаку, од 2013 заклучно со јануари 2015 година извршителите наплатиле безмалку 23 милиони денари долг по основа на неплатени придонеси - велат од комората. Од КИРМ велат дека на ваков начин се урива правната сигурност на граѓаните, што може да доведе до несакани последици. - Загрижени сме што ќе произлезе од ова. Што ќе се случи со постапките за наплата на долговите, кои најмалку две години ќе бидат во прекин? Како ќе се одрази тоа врз должниците и врз доверителите на кои секогаш се обидуваме да им излеземе во пресрет? Ние не сме против отпис на каматите, напротив, ние први се приклучивме кон акцијата на Владата за отпис на долговите. Но стравуваме како последица на ова да добиеме временски подолги постапки, за кои редовно добиваме критики од Европската Унија. Сето ова може да предизвика наплив на пресуди врз основа судење во разумен рок - велат од Комората на извршителите.

та, работодавецот се соочува со проблем оти не може да поднесе пресметка само за дел од придонесите. Со проблем се соочува и работникот-тужител, кој не може да оствари право на пензиски стаж за периодот на незаконски престанок на работниот однос, како и социјалните фондови и буџетот, кои остануваат оштетени за задолжителните придонеси и данок што треба да се платат. Во ваквите случаи, присилно наплатените пари остануваат на трансакциска сметка на извршителот и не можат да се пренесат на сметка на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување

Наплатени долгови за ПИО и ПИО и плата (2013-jануари 2015 година) (сумите се изразени во евра) Наплата од приватни фирми 80,159.46

Нема вратени пари на должникот

Наплата од државни и општински институции

266,922.99

2,270 вратени пари на должникот

Вкупно

347,082.46

2,270

*Извор: Комора на извршителите на Македонија

КИРМ апелира граѓаните да даваат конструктивни ставови По повод написите во дел од пор та ли те и со ци јал ни те мрежи, Комората на извршителите на РМ ја известува јавно ста де ка ги раз би ра ре ак циите на граѓаните, но го осудува говорот на омраза на поединци и апелира на смиреност и разумност при искажувањето на своите ставови. Во таа смис ла, ко мо ра та ги повикува граѓаните да се приклучат со свои предлози кон из ме ни те на За ко нот за из вр шу ва ње и актив но да придонесат за подобар закон за си те гра ѓа ни и си гу рен пра вен по ре док. За ко нот е об ја вен на веб-стра ни ца та Енер (https://ener.gov.mk/), на ко ја сло бод но мо жат да се ста ва ат си те за бе ле шки и предлози. На сите граѓани што имаат проблем кај конкретен извр ши тел им ука жу ва ме да поднесат приговор до претсе-

да те лот на су дот или да се обратат до Комората на извршителите во случај на повреди за кои сметаат дека треба да бидат санкционирани. Затоа, сто и ме на рас по ла га ње ако е потребно да бидат организирани и средби со граѓани те со прет став ни ци на КИРМ за појаснување на процесот на извршување и прибли жу ва ње на из вр шу ва ње то и правата на странките во извршувањето. Уште еднаш апелираме да не дозволиме поради изолира ни слу чаи на не за до волс тво да ста ви ме дам ка на си сте мот на из вр шу ва ње ка ко единствена успешно завршена реформа во правосудниот систем оценета со позитивни оцен ки и без за бе ле шки од стра на на Ко ми си ја та на Европската Унија што го следи напредокот на Република Македонија.


Понеделник, 10 август 2015

Правда

ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

НЕВЕНКА ИВАНОВСКА, ПРАВНА ЕКСПЕРТКА И ПОЗНАВАЧ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ИЗВРШУВАЊЕТО

Договорната наплата на долговите е нужност Kако познавач на состојбите во извршувањето, дали сметате дека новиот систем на извршување ја оправдува целта? - Системот во целост ја оправда целта и доведе до повеќекратно зголемување на ефикасноста во извршување на судските одлуки во однос на претходниот систем на судско извршување. Со новиот систем и доверителите и должниците имаат еднаква положба оти неплаќањето на долгот во определениот рок за доброволно исполнување на обврската во голема мера го зголемува вкупниот долг. Голема придобивка на новиот систем е воспоставување дисциплина на должниците во поглед на доброволното намирување на своите обврски. Како го оценувате развојот на оваа правосудна професија во Македонија? - Извршителите како лица со јавни овластувања во 2006 година презедоа дел од судската надлежност во однос на извршувањето на судските одлуки и други извршни исправи. Во многу краток период оваа правна професија се разви и стана дел од правниот систем на земјава. Големиот број ненаплатени побарувања доведоа до драстично зголемување на извршителски места во приодот од 2008 до 2011 година. Од година на година се зголемува износот на наплатените средства. Од над дваесет милиони евра во 2006 година, лани сумата надмина сто и седум милиони евра. Со оглед на тоа што оваа професија е во експанзија, се зголемува и бројот на вработени во извршителските канцеларии. Во 2008 година имаше 231 вработен, а заклучно со минатата година бројката се искачи на 507, од кои над 400 вработени имаат високо образование. Од востановувањето на оваа функција, бенефицијата за државата е повеќекратна,

вклучувајќи ги: износот наплатен од ДДВ, придонесите за лицата вработени во извршителските канцеларии и персоналниот данок од приходите на извршителите. Дали сметате дека се создадени услови за нови надлежности на извршителите, особено во делот на вонсудска наплата на долгови, имајќи го предвид искуството на други земји во светот? - Повеќе од четири години се зборува за проширување на надлежностите на извршителите и навистина е штета што досега тоа не се реализира. Надлежноста за вонсудска нап-

Главен тренд во Европа Вонсудската наплата на долгови се јавува како надлежност на приватните извршители во многу земји од Европа. Станува збор за предсудско и преднотарско постапување на извршителот за да се намири побарувањето на доверителот. Ваквата наплата е популарна поради краткото време што се троши за наплатата. Краткото време се должи на тоа што доверителот нема потреба да оди на нотар или на суд за да го утврдува своето побарување. Тоа е исто така и многупати поевтино од редовната постапка, бидејќи во ваквото наплатување се избегнуваат нотарските, адвокатските и судските трошоци. Целиот концепт е базиран на достасување долг и по доставувањето на барањето за вонсудска наплата и самата фактура, извршителот го контактира должникот поради наплата. Во таков систем е неопходно да се има стручно оспособени луѓе, што извршителите секако се. Потоа систем на контрола од Министерството за правда, каде што таков систем веќе постои, и институционализирање на работата за да нема наплата од неовластени полурекетарски фирми. Но можеби најважниот елемент на вонсудската наплата е во тоа што кога граѓанин контактира со извршител, за граѓанинот се обезбедени низа институти во законот заради заштита на нивниот имот, достоинство, углед, правна позиција итн. Сите други фирми што се занимаваат со ваква наплата го немаат тоа. Гордан Станковиќ, извршител од Скопје и член на Управниот одбор на КИРМ.

лата на долговите и утврдувањето факти со излегување на самото место се едни од дополнителните надлежности на извршителите во Холандија, Франција, Белгија и Литванија. Сметам дека намирување на долговите со вонсудската наплата ќе биде многукратно зголемено, бидејќи должниците имаат интерес да одбегнат плаќање на судските трошоци, како и на извршителските трошоци и наградата за извршувањето. Во вонсудската наплата значително се помали трошоци за извршувањето, а во согласност со директивата број 60 на Европската комисија за ефикасност

на правдата (ЦЕПЕШ), ако должникот е несолвентен, извршните трошоци треба да ги плати доверителот. Утврдувањето факти со увид на самото место, од друга страна, ќе биде многу поефикасно, бидејќи извршителите имаат поголема флексибилност и ресурси за извршувањето на оваа надлежност. Дали сметате дека стручноста на работата на извршителите е на задоволително ниво или има простор за подобрување преку континуираната едукација? - Поддршката во организирање на почетната и на континуираната обука на извршителите од страна на донаторите се одвиваше во периодот од 2006 до 2010 година. Од 2011 година Комората во целост самостојно ја организира и реализира оваа законска обврска. Извршителите се стручни и високопрофесионални кадри и тие постојано се усовршуваат преку учество на обуки и конференции организирани од страна на Меѓународната организација на судски офицери (UIHJ). Секогаш има простор за подобрување на спроведувањето на обуките, како во однос на изборот на темите така и во однос на предавачите. Некои од извршителите што зборуваат еден од светските јазици имаат можност да се обучат за Европската регулатива и најдобри практики во извршувањето преку методот за далечинско учење. Како ја оценувате работата на Комората на извршители? - Комората на извршителите од своето основање до денес посветено работи на подобрување на статусот и на работата на своите членови. Грижата за членството и подобрување на имиџот на професијата се гледаат преку активно учество во работните групи за подобрување на законските решенија во областа на извршувањето, залагање за примена на

7

Повеќе од четири години се зборува за проширување на надлежностите на извршителите со вонсудска наплата на долговите и навистина е штета што досега тоа не се реализира. Сметам дека намирување на долговите со вонсудската наплата ќе биде многукратно зголемено, бидејќи должниците имаат интерес да одбегнат плаќање на судските трошоци, како и на трошоците на извршувањето најдобрите европски практики кај нас, како и организирање на континуираните обуки што доведуваат до уедначување на практиката кај извршителите во земјава. Колку комуникацијата со медиумите и транспарентноста во работата на Комората се битни за подобрување на сликата и на имиџот на извршителите во јавноста? - Комуникација со медиумите и транспарентноста во работата на Комората и извршителите се едни од основните цели што се поставени во статутот на Комората. Комората за остварување на овие цели подготви посебна медиумска стратегија. Добрата комуникациска практика доведе до објективно информирање на јавноста за новиот начин на присилната наплата на долговите, придобивките од воведувањето на оваа нова професија во насока на ефикасно извршување и подобрување на бизнисклимата. Имиџот за професијата извршител се гради и постојано треба да се одржува, затоа продолжувањето на оваа добра практика е од суштествено значење.

СТАВ

Вонсудската наплата на долгот - мирно решавање на спорот Вонсудската наплата, која е предвидена во новиот закон за извршување што подолго време се наоѓа во владина постапка, практично значи избегнување на целата судска постапка за да се дојде до извршна исправа. Во законското решение има неколку одредби што се однесуваат на оваа постапка, која се однесува само на парични побарувања. Овие одредби предвидуваат можност доверителот да може да се обрати кај извршителот со барање да го информира должникот дека доверителот бара да му се плати долгот врз основа на веродостојна исправа. Под услов, ако се согласи должникот за намирување на побарувањето преку вонсудска наплата, во рок од 15 дена, а со спогодба на странките рокот може да биде и подолг, тој долг да го плати на посебната сметка на извршителот за наплата на парични побарувања. Значи првиот услов е да се согласат доверителот и должникот за реализација на вонсудската наплата. Доверителот треба категорично, во писмена форма, да поднесе барање до извршителот за повикувањето на должникот за вонсудска наплата врз основа на веродостојна исправа. Извршителот мора да изврши уредна достава до должникот. Ако должникот не се согласи, тогаш постапката е неуспешна. За да може извршителот да бара намирување врз основа на веродостојна исправа по барање на доверителот потребно е доверителот да ги авансира реалните трошоци што

ги има извршителот во оваа постапка. Извршителот има право и на награда само за успешна вонсудска наплата на долгот. Наградата што ќе ја добие извршителот ќе биде уредена со тарифата што ја донесува министерот за правда. Вкупните трошоци на целата постапка за вонсудска наплата на побарувањата (долговите), вклучувајќи ја и наградата на извршителот, во секој случај би биле многу помали за должникот во споредба со трошоците при присилно извршување на долгот. Првата позитивна придобивка би била таа што не би имало потреба да се води постапката што ја води нотарот кога ќе добие барање за донесување решение да се дозволи извршување врз основа на веродостојна исправа. Со тоа би се избегнале трошоците што ги продуцира таа постапка, а ги поднесува должникот. Второ, би се добило во време. Постапката што се води пред нотар исто така бара време да се спроведе, особено во ситуации кога должникот изјавува приговор. Тогаш таа постапка се трансформира во судска постапка, која може да трае и подолго. Трето, кога би се прифатило ова решение би се растовариле и судовите, бидејќи во тој случај нема да ја имаме постапката што е резултат на приговор што може да го изјави должникот против решението што го донел нотарот. Иако, за волја на вистината, мора да кажеме дека бројот на приговорите против овие решенија што ги носи нотарот е доста

мал и се движи од 4 до 5 отсто, но ако се земе предвид дека станува збор за неколку илјади предмети што се водат кај нотарите, сепак во една мера би се намалил бројот на споровите по приговорите пред суд. Четврто, кога должникот би прифатил вонсудска наплата, доверителот би го намирил своето побарување за многу пократко време со многу помали трошоци. Петто, придобивка е и тоа што извршителите, на кои во последно време им се намалува обемот на работа, ќе добијат можност за нова надлежност. Станува збор за придобивка за граѓаните што оди кон мирно решавање на споровите по основа на долгови. На крајот мора да се каже дека ако се усвои решението извршителите да можат да спроведуваат извршување за вонсудска наплата на долг врз основа на веродостојна исправа (само со претходна категорична согласност на доверителот и должникот), во никој случај со тоа не се доведува во прашање потребата од натамошно постоење на постапката за донесување решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа што ја водат нотарите (која според новиот закон за нотаријат, кој, како и законот за извршување, е во владина постапка, е насловена - нотарски платен налог). Проф. д-р Арсен Јаневски


Понеделник, 14 септември 2015

Правда

1 ГОДИНА СО ВАС - ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗАДОЦНЕТА ПРАВДА Е НЕПРАВДА

Ниту една жалба за долго извршување во Стразбур Македонија по основата судење во разумен рок во граѓанските и кривичните постапки, од 2002 до 2014 година, исплатила 1.990.276 евра Речиси две децении траела голготата на штипјанец кому иако му била досудена правосилна пресуда во негова корист, таа не се реализирала. Случајот, кој датира од 1989 година, како и многу други што се спроведуваа по стариот закон за извршна постапка, по многу години изгубени по судските ходници, заврши пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој досуди парична казна за Македонија поради повреда на судењето во разумен рок. Правото на пристап до суд би било илузорно ако правните системи на државите дозволуваат правосилна извршна судска одлука да остане неизвршена на штета на една странка. Извршувањето на пресудата мора да се смета за интегрален дел на судењето. Ова е најчестото образложение на Судот во Стразбур во пресудите каде што е досуден надомест што треба да ѝ го плати државата на странката поради долго траење на постапките во судското извршување. Владиниот агент што ја застапува Македонија пред Судот во Стразбур, Костадин Богданов, појаснува дека дури една третина од претста-

Судско рочиште во стразбурскиот суд вките против државата во изминатиот период, кога надлежни за извршувањето на пресудите беа судовите, се однесувале на повреда на правото на разумен рок поради долгото траење на извршните постапки. Најчесто причините за утврдување повреда биле: непреземање навремени дејства од страна на судовите и повеќекратно враќање на предметите, со искористување правни лекови во недоглед. Имено, во поглед на однесувањето на домашните власти, Европскиот суд сметал дека враќањето на предметите заради повторно одлучување во еден сет постапки, открива сериозен недостиг во правниот систем. Според Богданов, токму пресудите од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за долго траење на изврш-

ните постапки имале значајно влијание на одлуката за почнување систем на приватно извршување, кој, како што нагласува, се покажа како многу ефикасен. - Со воведувањето на овој систем беа отстранети проблемите што беа утврдени во пресудите од ЕСЧП во кои беше констатирано дека државата има сериозен недостиг во правниот систем оти нема ефикасни мерки за извршување на домашните пресуди. Со новите измени во однос на извршувањето државата постапи во насока на исполнување на својата обврска во согласност со членот 6 од Конвенцијата да го организира својот систем на извршувањето на пресудите на ефикасен начин, како во поглед на законот така и во поглед на практиката, и да обезбеди нивно

ВРХОВЕН СУД

„Жртви“ на долги постапки Странката што смета дека надлежниот суд го повредил правото на судење во разумен рок има право да поднесе барање за заштита на правото на судење во разумен рок до Врховниот суд на Република Македонија. - Во случај кога Врховниот суд на Република Македонија ќе утврди повреда на правото на судење во разумен рок, на подносителот на барањето ќе му досуди правичен надоместок за повредата на правото за судење во разумен рок како сатисфакција за подносителот на барањето, бидејќи се смета дека задоцнетата правда е еднаква на неправда - појаснува Маја Димитровска, портпаролка и советничка на судот. Врховниот суд, односно Одделот за судење во разумен рок, во текот на минатата година во работа имал 773 предмети, од кои нерешени останале 191 предмет. Во овој извештаен период, за разлика од претходните години, преовладува бројот на решени предмети со усвојување на барањето за заштита на правото на судење во разумен рок со 48,1 отсто. Граѓаните најмногу се жалат на долготрајноста на постапките во граѓанската материја. Како поднесувачи на барањата за утврдување повреда на правото на судење во разумен рок понекогаш се јавуваат странките во извршната постапка. Од Врховниот суд појаснуваат дека при оцена на разумноста на периодот на траењето на постапката ги земаат предвид сложеноста на предметот, однесувањето на подносителот во постапката и однесувањето на судот. Карактеристичен е случајот на доверител што во 2011 година поднел над 1.200 барања за заштита на правото на судење во разумен рок. Досега поголем број барања се отфрлени. Станува збор за извр-

шен предмет што датира од 1994 година. Имено, доверителот-подносител на барањето до надлежниот суд поднел предлог за присилно извршување поради неплатен долг за испорачана топлинска енергија, за што во текот на целата постапка не доставил договор или друг доказ дека доверителот и должникот се договориле и согласиле за испорака на ваков вид енергија. - Не е спорно дека ова барање од 1994 година наваму се водело како незавршен извршен предмет во судот, но неговото завршување не се случило пред сѐ од пасивното и несериозно однесување на доверителот - образложува Врховниот суд. Врховниот суд прецизира дека пасивното однесување на доверителот во извршната постапка за намирување на своите побарувања не го докажува статусот на „жртва“ на долгото траење на постапката. - Статусот жртва во никој случај не може да се прифати за должниците што свесно не преземаат дејства, со што се избегнува исполнување на договорната обврска кон доверителите - образложува Врховниот суд во една од своите одлуки. Од извршителските канцеларии посочуваат дека во практиката се среќаваат и со случаи кога Врховниот суд носи одлука по барање на доверителите за утврдување повреда на правото на судење во разумен рок со која го задолжува извршителот во рок од неколку месеци да го спроведе извршувањето, но често се случува овој рок да е во судир со тенденцијата на должникот да го плаќа долгот во подолг временски интервал со плаќање на рати, што сѐ почесто се бара, или, пак, со задршка од дел од плата или од пензија, а задршките кај поголемите долгови значат дека извршувањето ќе трае со години.

извршување без непотребни одолжувања, во согласност со препораките дадени во пресудите од ЕСЧП - вели Богданов. Во прилог на тврдењето за ефикасноста на приватниот систем на извршување е и фактот што жалби пред Судот во Стразбур по актуелниот закон за извршување сѐ уште нема. - Она што е битно е дали извршителот навремено постапувал во конкретниот предмет и дали ги презел сите дејства што можел да ги преземе. Ако наплатата останала неуспешна поради несолвентноста на должникот и поради тоа постапката трае со години, државата не може да се смета за виновна. Таа има обврска да организира ефикасен систем на присилна наплата - истакнува Богданов. Владиниот агент додава дека

7

Највисоки судски обештетувања Најголеми износи за надоместок на апликантите од страна на Европскиот суд за човекови права поради долго траење на извршната постапка се досудени во следните пресуди против Република Македонија: „Николов Крсто против Република Македонија“ - 5.300 евра (пресуда од 23.10.2008 г.) „Огражден АД и други против Република Македонија“ - 6.480 евра (пресуда од 29.5.2012 г.) „Драер против Република Македонија“ - 3.864 евра (пресуда од 19.7.2011 г.) отсуството на жалби до Стразбур по новиот закон за извршување се должи, меѓу другото, и на можноста граѓаните да поднесуваат жалби за судење во разумен рок до Врховниот суд на РМ. Во однос на пресудите што се донесени од Европскиот суд за човекови права против Република Македонија, а кои се однесуваат на долго траење на постапките во извршувањето, државата била задолжена да исплати вкупно 25.944 евра. Оваа сума не може да се смета за целосно прецизна бидејќи во некои од пресудите должината на постапката не се однесува само на извршната постапка туку и на другите постапки пред домашните судови, а во некои пресуди пак, покрај повреда на правото на судење во разумен рок, има утврдено и некоја друга повреда. Притоа, поголемиот број жалители што поднеле жалба до ЕСЧП за долго траење на постапката за извршување се доверители. Македонија по основата судење во разумен рок во граѓанските и кривичните постапки, од 2002 до 2014 година исплатила 1.990.276 евра.

ДИСЦИПЛИНСКА КОМИСИЈА НА КИРМ

Извршувањето зависи од економската моќ на должникот „Неосновано го одложува извршувањето“ е еден најчестите предлози за поведување дисциплинска постапка против извршителите, кои доверителите преку Министерството за правда ги поднесуваат пред дисциплинската комисија при Комората на извршители. Претседателката на дисциплинската комисија, Снежана Фитеска, појаснува дека најчесто овие предлози завршуваат како неосновани, бидејќи ефикасноста на извршувањето во голема мера зависи од економската моќ на должникот. - По протекот на извесен период, доверителите остануваат незадоволни сметајќи дека нивното извршување неоправдано се одложува од страна на извршителот, што сметам дека не е точно. Имено, при спроведувањето на извршувањето за наплата на парично побарување, брзината и ефикасноста на извршувањето од една страна во голема мера зависат од економската моќ на должникот, односно неговата имотна состојба. Ако должникот нема имот и се преземат сите дејства и се утврди дека нема од што да се наплати паричното побарување, доверителите вината ја префрлаат на извршителите - вели Фитеска. Претседателката на дисциплинската комисија истакна дека поведената постапка против некој извршител не мора да значи дека извршителот постапува нестручно и спротивно на законот, бидејќи при поднесувањето предлог за поведување дисциплинска постапка и при спроведувањето на дисциплинската постапка се ценат сите околности, сите факти и докази, по што се утврдува постоење на дисциплинска повреда. - Во овој контекст би сакала да нагласам дека сите извршители при извршувањето се обидуваат, секако во рамките на законот, да им излезат во пресрет како на доверителите така и на должниците, при изборот на начинот на спроведувањето на извршувањето, но секогаш треба

да се има предвид дека постојат две странки, од кои едната би била незадоволна - вели таа. Ако се утврди дека е сторена повреда од страна на извршителот по различни основи се изрекува соодветна мерка, односно: јавна опомена, парични казни, кои се движат од 1.500 до 5.000 евра во денарска противвредност, привремено одземање на правото за вршење должност во траење од три месеци до година или, пак, трајно одземање на правото за вршење должност. - Досега најчести изречени мерки против извршителите се парични казни, а само еднаш е изречена мерка трајно одземање на правото на вршење должност извршител, која се изрекува за поголеми повреди - вели Фитеска. За неосновано одложување на извршувањето може да се изрече парична казна или привремено одземање на правото за вршење на должноста. Фитеска ги охрабрува странките да го користат правото на приговор ако сметаат дека при извршувањето се сторени какви било неправилности од страна на извршителот, до претседателот на судот на чија територија се спроведува извршувањето. - Странките имаат право на секој акт донесен од страна на извршителот да поднесат приговор до претседателот на судот и на тој начин можат да си го заштитат своето право доколку сметаат дека им е повредено - подвлекува таа. - 2014 година - Примени се вкупно 37 предлози за дисциплинска постапка, односно 40,54 отсто од нив се за неосновано одложување на извршувањето. - До 12.8.2015 година - Примени се вкупно 25 предлози за дисциплинска постапка, односно 32 отсто се за неосновано одложување на извршувањето


8 Правда

1 ГОДИНА СО ВАС - ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Сабота-понеделник, 10-12 октомври 2015

ИНТЕРВЈУ СО АЛЕКСАНДРА ТРЕШЊЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ ВО СРБИЈА

Селекцијата во извршувањето на политичка основа е недозволива „Одговорот е одговорност“ е првата речница што ќе ја прочитате на вебстраницата на Комората на извршителите на Србија. Станува збор за кампања чија цел е јавноста да добие јасни и точни информации за клучните аспекти на воведувањето на извршителите во српскиот правосуден систем, да се стимулира медиумскиот интерес на оваа тема и да се обезбеди простор за дебата за сите засегнати страни. Професијата извршител е релативно млада во Србија и официјално почнува со работа во 2012 година, кога се именувани педесетина извршители. Денес се 210, а предвидени се 308 места. За разлика од Македонија, во Србија постои паралелен систем и извршувањето може да го спроведува или судот или извршителите. Изборот е во рацете на доверителот

Д

али според сегашната поставеност, доверителот е тој што исклучиво може да го направи изборот на извршувањето - кај судот или извршителот? - Судовите исклучиво се надлежни за извршување во семејните односи во поглед на одземање и доверување малолетно дете и во поглед на враќање работник на работното место. Од друга страна, извршителите се исклучиво надлежни за донесување одлуки за основаноста на поднесениот предлогот и за спроведување на извршувањето по предлог за извршување за наплата на побарувања од комунални услуги. Во сите други случаи тој може да избира. За овие три години српските извршители постапувале во близу еден милион и триста предмети. Главно тоа се комунални предмети. Лидер по бројот на предмети е јавното претпријатие „Електропривреда Србија“, а многубројни се предметите и од мобилните оператори. Дали овој тренд продолжува? - Се надеваме дека во наредниот период надлежностите на извршителите ќе се прошират, со оглед дека бројот на нерешени предмети од

извршната материја во судовите достигнува скоро два милиони и осумстотини илјади предмети. Ова се должи на тоа што во одделенијата на извршните судии долго не е вложувано. Ограничени се со технички ресурси, нема доволно луѓе, итн. На толкав број нерешени предмети, негативните импликации се многубројни. Дали сметате дека како и во секоја работа на почетокот, како што е случајот со работата на извршителите, постои отпор и неинформираност во општеството? - Анкетата за јавното мислење што бешеспроведена во рамките на кампањата „Одговорот е одговорност“ покажа алармантно ниско ниво на познавања и информации во врска со новиот систем на извршување. Точно е дека сѐ уште има голем скептизицизам и отпор во општеството спрема извршителите. Она што мене ме буни е што тој отпор се чувствува и во правосудниот систем, меѓу извршните судии. Како да сакаат да ја задржат надлежноста во извршувањето, иако таа по својата природа не е судска работа. Судиите треба да се занимаваат со донесување одлуки, а не со тeхнички работи поврзани со спроведување на тие одлу-

ки. Просто тие не можат да се навикнат и нѐ гледаат како конкуренција, а не како партнери во целата постапка. Тоа најчесто е изразено во поголемите градови, во помалите постои некоја синергија меѓу приватното и судското извршување и тие работат како партнери. Контролата над извршителите во Србија ја спроведуваат Министерството за правда и комората, а од друга страна судот врши контрола преку претставките на граѓаните за работата на извршителите. Како го оценувате системот на контрола? - Можам да кажам дека со големо внимание се следи нашата работа од страна на сите фактори, а особено се бориме со лошата медиумска кампања. Новинарите воопшто не се трудат да ја сфатат суштината на нашата работа и пристапуваат сензационалистички и застануваат на страната на должникот, па дури и во случаи каде што нема никакво оправдување зошто некој не плаќал струја или алиментација со години, а притоа не е социјално загрозен и остварува редовни примања. Но, тоа е просто така и е присутно во сите системи. Она што можам да го истакнам е дека селекција во извршувањето не

ВЕСТИ И НАСТАНИ

Едукација на нотари и извршители во Југоисточна Европа Делегација на Комората на извршителите учествуваше на регионалната конференција „Модели за едукација на нотари и извршители во Југоисточна Европа“, што на 9 октомври 2015 година во организација на Мрежата на правни факултети од Југоисточна Европа (SEELS) се одржа во Белград. Конференцијата има цел да се обезбеди платформа за размена на информации и отворена дискусија за модели за едукација во рамките на високообразовните институции од ЈИЕ и на програмите за континуира-

на едукација на релевантните институции за да се обезбеди развој на овие правни професии. Конференцијата исто така треба да ја поттикне регионалната соработка на нотарите и извршителите во регионот. Конференцијата беше поддржана од страна на проектот финансиран од ЕУ за владеење на правото и извршувањето, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Програмата за реформа на правосудството во Србија.

Секторот за меѓународна правна помош добива 5.000 предмети годишно Во текот на една календарската година во Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда се примаат околу 5.000 нови предмети. Најчесто станува збор за поднесоци од областа на извршувањето и од правосудните органи на домашните или странски органи, во кои како учесник во постапката се јавува странски елемент, велат од Министерството. - Во однос на предметите од извршувањето, секторот постапува во согласност со Законот за меѓународно приватно право, Законот за парнична постапка и другата домашна регулатива во граѓанската област, како и Хашките конвенции за граѓанска постапка; за извршување странски арбитражни одлуки; за остварување алиментациски

побарувања во странство; и билатералните договори што Република Македонија од нејзиното осамостојување до денес ги има склучено со други земји (Република Србија; Црна Гора, Република Хрватска, Република Словенија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Република Турција, Украина, Романија, Република Косово) и билатералните договори од бившата СФРЈ што Република Македонија во согласност со членот 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија ги има преземено како републички прописи. Сите билатерални договори содржат одредби што се однесуваат на признавање и извршување судски одлуки во граѓанската област - објаснуваат од Министерството за правда.

е дозволена ниту на политичка ниту на друга основа. Голема улога во одбраната на професијата треба да одигра држава, односно Министерството за правда. Ресорните министерства секаде треба експлицитно да застанат зад извршителите на кои им дале доверба со тоа што им пренеле јавни овластувања. Како ја оценувате финансиската дисциплина на граѓаните и на фирмите во Србија? - Најголемиот ефект од воведувањето на извршителската професија во правниот систем на Србија е воспо-

ставувањето финансиска дисциплина, која претходно беше на завидно ниво. Она што е повеќе од очигледно е дека финансиската дисциплина во државата е значително подобрена. Тоа претставува значајна сатисфакција и за оние граѓани што уредно си ги плаќаат долговите. Според податоците на големите комунални претпријатија во Белград сега можеме да зборуваме за маргинални појави на неплаќање на сметките во доброволниот рок. Во случајот на едно големо јавно комунално претпријатие имаме податок дека само во еден месец нивото на доброволна наплата достигнало 97 отсто.

СТАВ

Извршување одлука на странски суд во РМ Во 2012 година од страна на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија беше донесена конвенција за извршување на странските судски одлуки, со која се измени веќе постојната конвенција во Европската Унија што стапи во сила 10 јануари 2015 година. Целта на реформите е намалување на времетраењето на постапките и зголемување на ефикасноста на судството во Европската Унија. Досегашните процедури за признавањето на одлуките се упростуваат, односно судска одлука донесена од судот на една земја-членка на Европската Унија ќе се признае и извршува во друга земја-членка на Унијата без посебна процедура. На овој начин ќе се скрати процедурата за признавање на одлуките и ќе се смета дека таа одлука е донесена од судот што ќе ја изврши одлуката. Во Република Македонија, пак, која не е земја-членка на Европската Унија, одлуките се признаваат според Законот за меѓународно приватно право, а извршувањето се спроведува според домашните закони. За да се признае странска судска одлука значи на неа да ѝ се дозволи да произведе правно дејство на територијата на државата што ја признава таа одлука, односно одлуката да стане правосилна. Откако одлуката ќе ста-

не правосилна, истовремено одлуката ќе стане и извршна, а понатамошното нејзино спроведување на извршување ќе се води според домашните закони на државата што ја признала одлуката. Во однос на признавањето на одлуките, балканските земји имаат речиси исти одредби за признавањето со одредбите за признавање во Македонија, додека пак земјитечленки на Европската Унија ги признаваат според конвенција. Најмногу случаи во врска со признавање странски судски одлуки во македонските судови имало за развод на бракови. Досегашното искуство покажува дека Законот за меѓународно приватно право за признавање на одлуките и Законот за извршување главно имаат солидни одредби за регулирање на егзекватурата. Сепак, согледано низ компаративна анализа, заеднички за сите европски системи на извршување е заклучокот дека ефективното извршување на обврзувачка судска одлука е основен елемент на владеењето на правото. Ако извршувањето е поефикасно, во тој случај и целиот правосуден систем би бил поефикасен. М-р Ана Климоска, помлада стручна соработничка кај извршител Александар Пулејков


8 Правда

1 ГОДИНА СО ВАС - ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Понеделник, 9 ноември 2015

ИНТЕРВЈУ СО РАДИЦА ЛАЗАРЕСКА-ГЕРОВСКА, ДРЖАВЕН СОВЕТНИК ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА

Извршителите добија нови правила за работа Т

ри нови правилници ќе ја уредуваат работата на извршителите. Целта на донесувањето на новите подзаконски акти, со кои престануваат да важат дел од правилниците од 2005 година, е надминување на сите проблеми и недоречености што се јавија изминативе десет години. Доверителите може да очекуваат побрза реализација на своите права, а должниците сигурност дека нема да се повредат нивните права во процесот на присилно извршување, вели Радица Лазареска-Геровска, државен советник во Министерството за правда.

Неодамна во „Службен весник на РМ“ беа објавени три нови правилници со кои ќе се регулира работата на извршителите. Кои беа причините Министерството за правда да пристапи кон ревидирање на подзаконските акти на Законот за извршување? - Да, на 15 октомври 2015 година беа донесени три подзаконски акти, и тоа: правилникот за видот на опремата и просторот потребни за вршење извршни работи, правилникот за формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата за примените барања за извршување и правилникот за начинот на вршење надзор над работата на Комората на извршителите и на извршителите во Република Македонија. Потребата за нивно ревидирање беше иницирана од страна на Комората на извршителите. Два од подзаконските акти, и тоа правилникот за видот на опремата и просторот и правилникот за формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата, беа донесени во 2005 година, веднаш по донесувањето на Законот за извршување. Со тој закон, како што веќе знаете, се воспостави новиот, за тоа време, револуционерен концепт на приватно извршување во Република Македонија, надвор од дотогашниот судски систем на извршување. Подзаконските акти што произлегоа од Законот за извршување имаа за функција да разработат одредени законски одредби, а со оглед на тоа дека концептот беше сосем нов, подзаконските акти беа донесени без претходни искуства и претставуваа обид да се визуализира и да се доуреди идниот концепт. Десетгодишната примена на подзаконските акти укажа на одредени недоречености во нив, а и технолошкиот развој го направи своето, па одредени обврски од овие законски

Се следат потребите на модерното време Со задоволство можам да констатирам дека новите правилници се првата сериозна измена што се однесува на извршувањето по десет години и која ги следи потребите на модерното време. Правилниците главно ја регулираат работата на извршителите и имаат за цел зголемување на ефикасноста во извршувањето. Се воведуваат електронската евиденција и електронскиот потпис, што значително ќе ги забрза работите во извршителските канцеларии, но и ќе се зголеми заштитата од какви било злоупотреби. Секако дека сето ова индиректно ќе влијае и на заштитата на правата на доверителите и должниците, а во одредена мера ќе се намалат и трошоците. Зоран Петрески, претседател на КИРМ за новите подзаконски акти

текстови се покажаа како сосема надминати. Истото се однесува и на правилникот за надзор донесен во 2010 година. Надзорите извршени изминатите години укажаа на голем број недоречености во постојниот правилник за надзор, кој оставаше простор за незадоволство и отпор, како од страна на лицата што го вршеа надзорот така и од страна на извршителите над чија работа се вршеше надзорот.

посредно новите правилници за видот на опремата и просторот и правилникот за формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата ќе овозможат побрзо и поефикасно реализирање на извршните исправи. Иако овие подзаконски акти пред сѐ ќе им го олеснат работењето на извршителите. Новите технологии ќе ги растоварат извршителските канцеларии од административните работи и ќе остават повеќе простор за вршење

права, а должниците сигурност дека нема да се повредат нивните права во процесот на присилно извршување. Како го коментирате донесувањето на Глобалниот кодекс за извршување од страна на Меѓународната унија на извршителите и какви импликации може да се очекуваaт врз домашната законодавна рамка?

Комората на извршителите - полноправна членка на UIHJ Меѓународната унија на извршителите ((L’Union internationale des huissiers de justice - UIHJ) е формирана во 1952 година и функционира веќе 63 години. Во моментов има 85 земји-членки. Нејзината мисија е да ги претставува своите членки во односите со меѓународните организации и да посредува во соработката со професионалните организации на национално ниво, што придонесува за подобрување на националното законодавство и меѓународните договори. Комората на извршителите на Република Македонија е членка на UIHJ од 29 ноември 2007 година

Значи, целта на донесувањето на новите правилници е надминување на сите проблеми и недоречености што се јавија изминативе десет години и креирање подзаконски акти што можат да одговорат на реалните состојби и на современите технолошки текови, со кои значително се олеснува функционирањето на извршителските канцеларии и се гарантира поголема сигурност во правилната имплементација на Законот за извршување. Дали овие правилници ќе значат забрзување на постапката на извршување и што можат да очекуваат доверителите и должниците по нивното стапување во сила? - Па да, може да се каже дека

под уставното име, што значи само една година по нејзиното конституирање. UIHJ меѓу другото е постојана членка-набљудувач на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ) на Советот на Европа. Глобалниот кодекс беше презентиран во мај 2015 година во Советот на Европа во Стразбур. Кодексот се состои од пет дела, и тоа: основни принципи, извршители, судски овластувања, заеднички одредби за извршните дејства и дел што се однесува на привремените мерки и мерките за обезбедување.

на суштинските извршителски работи. Особено електронската евиденција во согласност со принципите за електронска заштита на податоци, електронскиот потпис, како и целосното напуштање на постапката за упис на секое извршно дејство во писмената евиденција, драстично ќе ја намалат административно техничката работа во извршителските канцеларии и целосно ќе оневозможат какви било малверзации или злоупотреби во постапувањето од страна на извршителите, бидејќи останува електронска трага, која е лесно видлива и тешко може да се избрише. Доверителите може да очекуваат побрза реализација на своите

- Глобалниот кодекс за извршување од страна на Меѓународната унија на извршителите е огромно постигнување на Меѓународната унија во правец на глобална хармонизација на правилата за извршување и претставува финализирање на идејата за глобализација на правото на извршување иницирана на Конгресот на унијата во Тунис 2003 година. Глобалниот кодекс за извршување содржи дефиниција на еден сет практики што овозможуваат структурирано спроведување на извршните наслови. Кодексот го прави можно модернизирањето на извршната постапка, нејзиното приспособување на тековните еко-

номски и социјални проблеми, но притоа обезбедува гаранции извршувањето да биде правично и во согласност со човековите права. Ова е процес на усогласување на разновидноста, намалување на разликите, притоа одржувајќи го мултикултурниот карактер на извршувањето. Кодексот обезбедува нов баланс помеѓу правата на доверителите и заштита на основните права на должниците, воведува современи концепти на „пријателско“, „партиципирачко“ и „меко“ извршување, овозможува широк влез на новите технологии во спроведувањето на извршните дејства и во целост одговара на новите економски фактори. Станува збор за правото на ефективно извршување на извршните исправи, кои се и фактор на развој во општествено одговорната светска економија. Законот за извршување на Република Македонија, иако е донесен во 2005 година и неколку пати дополнуван изминативе десетина година, докажа дека навистина претставуваше револуционерно и современо решение во сферата на извршувањето и во најголем дел сосема е усогласен со кодексот. Тоа е особено видливо во делот на основните права во извршувањето, трошоците на извршувањето, дефинирање на имотот на должникот, брзината на извршувањето, пристапот до информациите за извршителите, доставата на актите на извршувањето, статусот на извршителите и нивната одговорност, судските овластувања... Сепак, останува и понатаму нашето законско решение да се надградува и иновира, и тоа пред сѐ во делот на секундарните активности на извршителите (нови овластувања), употребата на новите технологии, алтернативното и партиципативното извршување. Наша обврска и секако задача е при следната потреба од законска измена во сферата на присилното извршување да се следат и принципите на Глобалниот кодекс за извршување, бидејќи не смееме да заборавиме дека Република Македонија е нераскинлив дел од поширокото меѓународно семејство каде што важат стандардите за правна сигурност, економска ефективност, хармонизирање на правилата на извршување во правец на јакнење на просторот за слободна, безбедна и универзална правда, со цел да се одговори на трендот за глобализација на трговијата, која ги надминува националните граници.

СТАВ

Извршувањето е хирургија на граѓанското право Правото постои за да го регулира однесувањето на луѓето, односно за да ги заштити повредите на правата на граѓаните. Честопати луѓето го повредуваат правниот поредок, кој секогаш мора да ги заштити повредените страни со загарантирани правни лекови. Целта што сака да ја оствари правото е да направи состојба на еднаквост во која секој е еднаков пред правото и некој не е над него. Најголемиот дел правници сметаат дека вистинското практично искуство може да се стекне само кај адвокат, што е сосема погрешно. Со оглед дека претходно се стекнав со практично искуство во адвокатска канцеларија, решив да се запознаам и со работата на извршителите, која е од суштествено значење за остварувањето на правдата. За да се активира механизмот на извршната постапка, потребно е претходно

во текот на парничната постапка судот да донесе кондемнаторна, правосилна и извршна пресуда, која гласи на извршување одредена обврска што доброволно не била исполнета од страна на должникот. Во текот на моето практично искуство кај извршителката Весна Деловска, која е избрана да дејствува на подрачјето на судовите во Скопје, забележав дека луѓето не сакаат да бидат еднакви. Имено, кога ќе добие извршителот предмет (барање за извршување) и ќе процени дека е надлежен да постапува по него - започнува извршната постапка, бидејќи тоа е службена должност на извршителот. Секогаш страната што е должник во постапката е онаа страна што е незадоволна од одлуката на судот, смета дека извршителот сака да ѝ наштети, го обвинува законот дека не е праведен и секогаш смета за себе дека е жртва.

Сепак, единственото нешто што треба во тој момент да го признае странката е дека извршила повреда и неисполнување на некоја обврска, која резултира со последици што треба да ѝ се однапред познати (секој знае дека неисполнувањето некоја обврска во определениот рок резултира со договорни/казнени камати и сл.). Извршителот ниту сака да наштети некому ниту сака да предизвика незадоволство кај граѓаните со вршењето на својата функција. Тој е должен да го спроведува Законот за извршување. Слушајќи ги поплаките на луѓето за износот што треба да го платат и за тоа дека извршителите сакале да ги доведат граѓаните во сиромаштија (мислејќи дека целиот износ ќе го добие извршителот, не знаејќи дека износот што ќе го платат подоцна ќе биде распределен на трошоци на постапка, главен долг и награда за изврши-

телот), се заинтересирав за наградата што ја добиваат извршителите и се изненадив колку е всушност мал износот на награда што го добива извршителот, а колку голем товар во постапката паѓа на неговиот грб. Нејаснотиите и незнаењето на граѓаните доведуваат до погрешна перцепција за извршителите. Извршувањето е хирургија на граѓанското право, тоа ги поправа аномалиите и преку restitutio in integrum се враќа состојбата што постоела пред повредата на правото. Ниту еден должник не би се сметал себеси за жртва ако се најде на страната на доверителот што трпи некаква повреда. Маја Вељанова, студентка на постдипломски студии, насока граѓанско процесно и материјално право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и претседателка на ЕЛСА


Вторник, 15 декември 2015

1 ГОДИНА СО ВАС - ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Правда 9

СО НЕРЕДОВНАТА ИЗДРШКА МОЖЕ ДА СЕ СПРАВИ САМО ИЗВРШИТЕЛ

Од неплатена алиментација трпи единствено детето Улогата на извршителите во однос на доцнењето на ратите за алиментација е огромна бидејќи друг извршен орган што може да се справи со овој проблем нема. Законската празнина за достасаност на ратите треба да се реши со нов законски акт, кој, иако е подготвен, никако да дојде на дневен ред кај пратениците

М

арија е самохрана мајка. Врз основа на судско решение, нејзиниот поранешен сопруг треба да плаќа издршка на малолетник по 4.000 денари месечно. Проблемот е, вели таа, што тој ја сменил фирмата во која работел и тврди дека сега зема помала плата. Во последниве месеци ми плаќа по 2.000 денари без никаква судска одлука. Згора на ова, повторно доцни повеќе од три месеци со исплатата. Може ли тој своеволно да го намали износот на алиментацијата? Каде да се обратам за тоа што не е редовен во исплаќањето, прашува таа. Ова е само еден од случите и дилемите што се јавуваат кога е во прашање издршката на малолетник, позната во пошироката јавност како алиментација. Од Основниот суд Скопје 2 појаснуваат дека алиментацијата се определува во рамките на пресудата и таа може да се движи од 2.000 до 50.000 денари месечно. Висината на издржувањето судот може да ја определи во фиксна сума или во процент од висината на платата, односно од приходите и примањата остварени од вршење друг вид дејност. - Контролата во поглед на тоа дали лицето што е задолжено да ја плаќа алиментацијата ја почитува судската одлука и редовно ја исплаќа издршката на детето не е во надлеж-

ност на судот, затоа што станува збор за правосилна и извршна одлука, која понатаму, ако постои потреба, продолжува пред извршител, во согласност со одредбите од Законот за извршување - велат од Основниот суд Скопје 2. Гордан Станковиќ, извршител од Скопје и член на управниот одбор на КИРМ, вели дека улогата на извршителите во однос на проблемот е огромна бидејќи друг извршен орган за превенција нема. Тој појаснува дека во најголем број случаи кај наплатите на издршка, како доверител, односно законски застапник, се јавува мајката, која ги побарува парите од таткото. Иако во Комората на извршителите не постои прецизна бројка колкав е бројот на случаи за нередовна издршка. - Иако би можело да се очекува дека по спроведена извршна постапка, должникот самиот ќе почне да ги исплаќа издршките, за жал, тоа не е баш чест случај. Се случува само по неколку месеци или години истиот доверител повторно да поднесе предлог за присилно извршување. Кај наплатата на издршките во моментов правна празнина во законот претставува прашањето за достасаноста на месеч-

ните рати - вели Станковиќ. Според стариот закон за извршна постапка, кога судовите ја спроведуваа присилната наплата, еднаш поднесено барање за извршување важеше и за во иднина, што значи дека судот можеше да ја блокира платата на должникот и без оглед дали достасале или не достасале издршките, фирмата каде што работи должникот самата постапува по налогот за плаќање алиментација. - Со актуелното законско решение тоа е нејасно. Некои извршители работат на еден начин, а некои на друг. Едните за да се намалат трошоците на странките издаваат налози за присилно извршување без оглед што идните месечни рати не достасале. Некојпат должниците велат наплати ми ги доспеаните рати, за идните рати не се согласувам да ми биде блокирана платата бидејќи не можам да бидам блокиран за идна обврска за која уште не се знае дали јас доброволно би си ја исполнил. Од таа причина се појавува проблем за една пресуда да се спроведат повеќе извршни постапки и сега дилемата е што е поправилно. Ако должникот заостанувал во исполнувањето на својата обврска, се лимитира можноста на должникот

да ги исплати издршките. Во такви ситуации некојпат доверителот предлага да тече редовно наплатата од плата, а извршителот паралелно да изврши попис и заплена на мебел, за да може да се намири - појаснува Станковиќ. Според него, оваа проблематика ќе се расчисти со новиот закон за извршување, кој е подготвен, но никако да се најде пред пратениците, а кој предвидува по исклучок кај предметите за издршка да можат да се наплаќаат и недостасаните рати, што е во интерес на децата за да се упрости постапката и да не бидат изложувани нивните законски застапници на нови трошоци и губење многу време. Кај издршката постојат и други специфики што произлегуваат од нарушените односи помеѓу поранешните брачни другари, од што најмногу трпат децата, кои се најмалку виновни. Mногу родители со кои детето не живее, посочува Станковиќ, сметаат дека ако му купиле подарок на детето или му платиле летување, немаат обврска да ја платат издршката. Исто така се случува паричниот износ за издршка во готово да му го става во ранецот на детето или да ги уплати парите на сметка на детето.

Разводите во пораст Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на разводи во 2014 година бележи зголемување од 8,1% во споредба со 2013 година и изнесува 2.210 разведени бракови. Точно 1.089 разведени бракови биле без деца, 587 со по едно дете, 414 со по две, 87 со по три, 27 со по четири и 6 со повеќе од пет деца. - Дури и некои татковци се претставуваат како законски застапници и отвораат сметки на име на детето, ги уплаќаат редовно парите на таа сметка, ама детето тие пари не може да ги користи бидејќи мајката не знае за таа сметка, што е всушност злоупотреба. И крајно уплатуваат месечна издршка без да напоменат цел на дознака и кога ќе се соочите со период од 24 месеци во кој има 10 уплати од кои 3 уплати се со двократен износ, практично мора да правите економско вештачење за да видите кој што платил. И по правило тука почнува борбата со поднесоци и тука многу се губи време и енергија. Во практиката сум имал предмет каде што таткото одбива да ја плаќа издршката, а редовно плаќа комуналии за станот во кој живеат детето и поранешната жена оти е на негово име. Се разбира, тоа го прави од страв да не го дадат на извршител. Плаќа за она што не е должен, а не ја плаќа издршката што е должен - објаснува тој. Станковиќ посочува дека и извршителите често доаѓаат во ситуација да не можат да ја утврдат платата на должникот или, пак, обезбедувањето на таа информација да трае со месеци, поради што единствена штета трпи детето. - Многу луѓе работат кај самите себеси и се случува платата да си ја направат минимална. Во друг случај, што е уште пострашен, на прашање на извршителот колкава е платата на должникот, работодавецот не одговара и тој не трпи никакви санкции поради непочитување на извршителот, бидејќи законот не ги предвидел. Извршителот доаѓа во ситуација да не може да ја утврди висината на платата. Постои еден начин преку УЈП, кој е извонредно сложен. Управата лесно доаѓа до податокот колкава е масата на плати во фирмата, но тешко до платата на поединците. Во последниот случај кога тоа успеав да го прибавам преку Управата стануваше збор за период од 5-6 месеци - вели Станковиќ. Кривичниот законик предвидува парична казна или затвор до една година за тој што одбегнува да дава издршка. Но, кривичните пријави, според познавачите на состојбите, треба да претставуваат крајно средство, бидејќи во интерес на детето е во неговиот живот да е присутен и другиот родител.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

СТАВ

Треба да се формира посебен фонд за плаќање издршка

Интересот на детето секогаш во преден план

Во брачните и семејните односи, доверителите и извршителите најчесто се соочуваат со проблеми поврзани со заедничката сопственост на брачните партнери, што влегува во посебниот, а што влегува во заедничкиот имот, поведување спорови за утврдувањето на уделот во заедничкиот имот, со кои се одолжува извршувањето. Големи проблеми се присутни и во сферата на обезбедување на редовното плаќање на издршката за децата, каде што извршителите се соочуваат со проблемот на обезбедување релевантни податоци за примањата на родителот, кој треба да ја плаќа издршката. Во насока на надминување на

Народниот правобранител во извештајот за 2014 година констатира дека децата во семејството сѐ уште не се третираат соодветно, особено во случаи на несогласувања меѓу родителите. И минатата година најголемиот број претставки од областа права на детето се однесуваат на правото на непречени контакти и видувања на детето со родителот со кого не живее. Кога е во прашање издршката на дете, според Зоран Билбилоски, државен советник во Канцеларијата на народниот правобранител, најчести се случаите кога мајката се жали дека поранешниот сопруг не ја исплаќа издршката. - Тогаш народниот правобранител бара начин преку Центарот за социјални работи или ја советува

овие проблеми со кои се соочуваат доверителите и извршителите за тие да се надминат, во Граѓанскиот законик во Книга петта - семејни односи, се предлагаат повеќе реформи. Воведување и прецизното уредување на брачниот договор, со својство на извршна исправа, со кој брачните партнери по своја волја ќе можат да ги уредат прецизно своите имотни односи значително ќе обезбеди поголема заштита на доверителите и ќе ја олесни работата на извршителите. Тоа се однесува и на подробното уредување што влегува во посебниот и заедничкиот имот (имот стекнат по основа на кредити, договорoт за дож. издршка, автор-

ски и сродни права, приходи од посебен имот, игри на среќа), како и промената на постојниот режим на заедничка сопственост на брачните партнери во сосопственост на еднакви делови, доколку не склучат брачен договор. Во сферата на обезбедувањето на издршката се предлагаат суштински реформи, преку формирање посебен фонд или друг модел на плаќање на издршката, по примерот на современите европски законодавства. Ова се со цел да се обезбеди поголема заштита на правата и интересите на децата. Проф. д-р Ангел Ристов:

да поднесе барање за присилна наплата во постапка пред извршителите. Сме изнеле мислење кога државата го менуваше и самиот Кривичен законик - што ако неплаќањето издршка е кривично дело, кога повторно детето ќе остане без средства - појаснува Билбилоски. Меѓутоа, истакнува Билбилоски, и извршителите се должни да внимаваат кога ја спроведуваат наплатата. - Има одредени случаи каде што родители работат на црно, меѓутоа тоа многу тешко може да се докаже. Значи не се води дека е вработен и не постои ни објективна можност да се наплати. Обврска на родителите е да се грижат за правата и за најдобриот интерес на детето - додава тој.


Вторник, 12 јануари 2016

Правда

ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

9

ИНТЕРВЈУ: ИЛИР СУЛЕЈМАНИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2

Предмети за наплата на стари долгови речиси нема Д

али во најголемиот суд во земјава, Основниот суд Скопје 2, е завршен процесот на трансферирање стари предмети кај извршителите, а ако не е, во која фаза е и кога се очекува неговото завршување? - Во Основниот суд Скопје 2-Скопје, процесот на трансферирање стари судски предмети кај извршителите речиси во целост е завршен, односно бројот на предметите што не се трансферирани е незначителен, со оглед на вкупниот број извршни предмети што беа во судска надлежност во моментот на почнување на процесот. Притоа, мора да се има предвид дека не се трансферирани предметите во кои нема доволно податоци за судот да може да постапи и да ги пренесе во надлежност на извршителите. Револтот на граѓаните е голем кога за наплата ќе им пристигнат стари предмети во кои е вкалкулирана и каматата за целиот период, вклучувајќи ги и годините додека овие предмети фаќале прав во судовите. Каква е судската практика во однос на приговорите против овие предмети, односно на каматата? Дали досега во практиката сте се сретнале со случај граѓанин да ја тужи државата за оваа проблематика, или, пак, дали сте запознаени да иницира постапка за судење во разумен рок до Врховниот суд? - Со оглед на тоа дека станува збор за основен суд, што значи суд што одлучува во прв степен и против чии одлуки странките имаат право на жалба до второстепениот суд, нецелисходно е да се зборува за судска практика востановена од овој суд. Според Законот за судовите, Врховниот суд на општа седница утврдува начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за обезбедување единство во примената на законите од страна на судовите по

сопствена иницијатива или по иницијатива на седниците на судиите или судските оддели од судовите. Тука се и разгледувањето прашања во врска со работата на судовите, примената на законите и судската практика. Наедно, Врховниот суд на Република Македонија е надлежен да одлучува по барањата за заштита на правото на судење во разумен рок. Имајќи го предвид ова, релевантен одговор на ова прашање би можел да даде самиот Врховен суд на Република Македонија. Сите извршни исправи треба да имаат печат на извршност и правосилност, сепак некои од старите судски предмети трансферирани од Су-

дот кај извршителите немаат печати, што прави проблеми во практиката. Како ја коментирате оваа состојба и каква е вашата практика по овој вид приговори? - Во однос на потврдите за правосилност и извршност, мора да се има предвид дека предавањето на предметите се врши во согласност со членот 11 од Законот за извршување („Сл. весник на РМ“ бр. 83/2009). Во оваа законска одредба не е наведена обврска на Судот за ставање на потврдите за правосилност и извршност пред предметот да му се даде на извршител. Притоа, треба да се има предвид и фактот дека со предавањето на предметите на изврши-

тел по изјава на доверителот, надлежноста на Судот веќе престанува. Во секој случај, заради надминување на овој проблем што се јави во практиката, Основниот суд Скопје 2-Скопје во неколку наврати се обрати до Врховниот суд на Република Македонија, со барање на општа седница да утврди начелни ставови и правни мислења, за да се обезбедат воедначено постапување и еднаква примена на правото. На што најчесто се жалат странките во постапките на извршување во приговорите до вас, како претседател на Основниот суд Скопје 2Скопје? - Должниците најчесто приговараат на застареноста на извршувањето, на извршната исправа, дека извршната исправа не им е уредно доставена, поради што извршителот спроведува извршување врз извршна исправа што не е правосилна и извршна, дека актите на кои приговараат (налог за извршување, заклучок и слично) не им се уредно доставени, како и тоа дека извршителот издава друг налог без претходниот налог да го стави надвор од сила. Наедно, должниците истакнуваат и приговори дека долгот во целост или делумно е платен или дека должникот е во стечај, па доверителот треба да го оствари своето побарување во стечајната постапка.

Во која мера квалитетот на извршувањето зависи од квалитетот на судската одлука? - Извршната судска одлука и судското порамнување се извршни исправи, кои претставуваат основа за извршување, па оттука тие треба да бидат јасни, извршливи и подобни за извршување, а за квалитетно спроведување на извршувањето. Со предлог-законот за извршување што се наоѓа во собраниска процедура се предлага, наместо претседателот на судот, како што е досега уредено, по приговорите на странките да одлучува надлежен судија определен со годишниот распоред за работа на судот. Кој е вашиот став во однос на оваа измена? - Предлог-законот за извршување е во собраниска процедура и сѐ уште не е донесен, односно не е стапен во сила. Начелно се согласувам со предложената измена на законот, наместо претседателот на судот, по приговори против извршувањето да одлучува судија назначен со годишниот распоред за работа на судот. Ова од причина што сметам дека на овој начин ќе се обезбеди поефикасно постапување по приговорите против извршувањето и остварувањето на правата на странките, а наедно ќе им се овозможи на претседателите на судовите да се фокусираат на организирањето на работата на судот.

Судот префрли над 60.000 предмети кај нотари и извршители

Од 2011 година, кога почна преносот на старите извршни предмети од судовите, кај нотарите и извршителите се префрлени вкупно 62.349 предмети, од кои првата година 7.833, во 2012 година 48.829, во 2013 година 1.336, во 2014 година 4.349, а во првите девет месеци од 2015-та за наплата кај извршителите биле префрлени само 332 вакви предмети за стари сметки.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

Помали трошоци и поголема ефикасност Новиот закон за извршување, кој се наоѓа во собраниска процедура, е во правец на прецизирање на законските одредби во делот на постапувањето на извршителите при спроведувањето на извршувањето, надминувањето на проблемите со различното постапување на извршителите и пропишувањето јасни законски одредби за ефикасно спроведување на извршувањето, објаснуваат од Министерството за правда. - Изминатиов период беа извршени десет законски измени и дополнувања, кои во комбинација со динамичноста на целокупниот правен промет и постојаниот техничко-технолошки развој создадоа дополнителен проблем како во примената на постојниот закон од страна на извршителите, така и на поимањето на извршувањето од страна на јавноста велат од Министерството. Според Министерството, Законот за извршување ќе има исклучително позитивни економски влијанија, оти овозможува уште побрза и поефикасна наплата на побарувањата на доверителите, што овозможува побрз обрт на средствата во стопанството и подoбра бизнис-клима. - Со законското решение се врши прецизирање на досегашните одредби од постојниот закон, се пополнуваат правните празнини, се вршат номотехничко и содржинско преуредува-

ње на структурата на законот, проширување на надлежноста на извршителите со воведување вонсудска наплата на долгови врз основа на веродостојна исправа, воведување електронско полагање на испитот за извршители, допрецизирање на одредбите за дисциплинската постапка, дисциплинските повреди и дисциплинските мерки, како и допрецизирање на одредбите што доведуваа до различна примена од страна на извршителите при спроведување на извршувањето - истакнуваат од Министерството. Една од најголемите новини во законот е воведувањето вонсудска наплата на комунални сметки. - Новото законско решение воведува и целосно ново извршно решение, со кое се очекува да се спречи натамошното осиромашување на граѓаните по однос на присилна наплата на комуналните сметки. Имено, станува збор за вонсудската наплата на долгови. Доверителот што обезбедува комунални услуги за корисниците е должен непосредно да поднесе барање за вонсудска наплата на долгови до извршител, пред започнување постапка за донесување решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа, а во согласност со одредбите на Законот за нотаријат. Со тоа на доверителите им се овозможува, користејќи го неоспорно ефикасниот систем на извршителите,

уште еднаш да им ги предочат обврските на должниците, како и правните последици од нивното ненавремено намирување - појаснуваат од Министерството за правда. Ова дејство, посочуваат од Министерството, ќе се авансира од доверителот во согласност со тарифата, а ќе се наплаќа од должникот само по успешно извршена наплата на долгот, чија вредност надминува 5.000 денари. - Во случај на неуспешна вонсудска наплата на долгови, надоместокот за преземените дејства и материјалните трошоци паѓаат на трошок на доверителот и нив тој може да ги предјави во постапката за издавање решение за нотарски платен налог во согласност со Законот за нотаријатот. Главната цел е да се обезбеди уредна достава на веродостојните исправи до должниците пред воопшто да почне постапка за нивна присилна наплата. На тој начин граѓаните и правните субјекти ќе имаат можност да бидат запознаени со своите долгови по однос на комунални сметки и соочени со можноста да ги намират без дополнителните трошоци. За секое понатамошно одолжување на обврската за плаќање на долгот одлучува должникот, свесен за правните последици и трошоци што се надоврзуваат на постапката пред нотар и за присилното извршување од

страна на извршител - укажуваат од Министерството. Од ресорното министерство истакнуваат дека со законот наедно се воведуваат дополнителни квалитативни перформанси за извршителите, задолжителна електронска комуникација на извршителот со катастарот, со што значително ќе се скрати времето за вршење уписи во катастарот, но и собирање податоци од него, со што ќе се зголеми ефикасноста на постапувањето и ќе се намалат трошоците во неа. - Посебен акцент е ставен на одредбите што го регулираат надзорот над работата на извршителите и Комората на извршители на Република Македонија. Регулирано е вршењето на надзорот од страна на Министерството за правда над работата на извршителите и на Комората, со што се обезбедува законско, ефикасно и стручно вршење на должноста извршител, како и воедначено постапување од страна на извршителите. Прецизирани се дисциплинските мерки што се соодветни на тежината на сторените дисциплински повреди. Тие ќе дејствуваат превентивно и на другите извршители и се обезбедува правната сигурност на граѓаните во Република Македонија - велат од Министерството за правда. Новина во законската регулатива е и воведувањето на главата за прекр-

шочни одредби, во којa се предвидуваат прекршочни казни за сторени прекршоци од страна на претседателот на Комората на извршители на Република Македонија и други лица што не ги почитуваат одредбите од законот, кои се во целост усогласени со Законот за прекршоци. Наедно законот е усогласен и со Законот за општа управна постапка, а системот на полагање на испитот за извршители е целосно усогласен со Законот за полагање на правосудниот испит. - Со донесувањето на предложениот закон се очекува да се зголеми ефикасноста во работата на извршителите и да се зајакне извршителската дејност, да се подобри квалитетот на работењето на извршителите, да се зголеми успешноста на извршителите, како и да се зголеми квалитетот на кандидатите што го полагаат извршителскиот испит по електронски пат. Наедно, предложениот закон несомнено ќе овозможи следење во чекор на европските трендови во сферата на присилното извршување. Сите овие придобивки од новиот закон најпосле ќе импилицираат и позитивни последици за доверителите во земјава, кои на побрз, поедноставен, поекономичен и поефикасен начин ќе можат да ги остварат своите права востановени со правосилни судски и конечни управни одлуки - подвлекуваат од Министерството за правда.


10 Вторник, 9 февруари 2016

НОВА МАКЕДОНИЈА

Правда

1 ГОДИНА СО ВАС - ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИНТЕРВЈУ СО ПРОФ. Д-Р АНГЕЛ РИСТОВ

Со наследството се добиваат и долгови Многу често меѓу граѓаните владее мислењето дека кога наследуваат имот од лице што починало, не се должни да ги намират неговите долгови или, пак воопшто не се свесни дека тие постојат. Како експерт во областа наследно право, може ли да објасните што се случува со долговите на починато лице, односно дали и тие се наследуваат. - Со мо мен тот на на ста пу ва њето на смртта на лицето се отвора наследството на оставителот и не го ва та оста ви на, ко ја се со стои од имот ни пра ва и имот ни обврски, што во тој момент им се пре не су ва ат на нас лед ни ци те. Значи, наследниците наследуваат и имотни права и имотни обврски. Со оглед дека во Законот за нас ле ду ва ње по стои ед на одредба, која вели дека предмет на нас ле ду ва ње се пред ме ти и пра ва што им при па ѓа ат на фи зички лица, многу често кај граѓаните, поаѓајќи од оваа дефиниција, се создава мислењето дека имотните обврски не се наследуваат и се наследуваат само предмети и права. Граѓаните треба да знаат дека наследуваат и имотни права и имотни обврски. Со кои проб ле ми нај че сто се соочуваат доверителите и изврши те ли те во нас лед но прав ни те односи? - Доверителите и извршителите најчесто се соочуваат со проблемот на неповедување на оставинската постапка по службена должност. Многу чести се и случаите кога должникот ќе почине, а наследниците не ги пријавуваат долговите и обврските во оставината на оставителот, сметајќи дека ги наследуваат само правата, но не и обврските. Според Законот за вонпарнична постапка, поведувањето оставинска постапка е по службена должност. Значи, матичарот е должен во рок од 30 дена, штом ќе дознае за смртта, да достави извод од матичната книга на умрените и смртовница до судот, со што се иницира постапката за

распределување на оставината. Проблемот се состои во тоа што во нашата практика матичарот не си ја исполнува оваа обврска. Значи во тој законски рок од 30 дена тој не праќа до судот ниту смртовница ниту извод од матичната книга на умрените и судот не може да оформи предмет да се иницира постапката за распределување на

оставината за одредено починато лице. Ова им оди во полза на наследниците, кои најчесто не ги пријавуваат обврските и долговите што им се познати. Значи, во ваков случај во најголем број ситуации се засегнати банките, односно доверителите, и се јавува една дилема дали тие можат да поведат постапка.

Во Скопје за две години поднесени 12 илјади „оставини“ Во Основниот суд Скопје 2, во текот на 2014 година, биле поднесени 6.060 барања-предлози за поведување оставинска постапка, додека во текот на 2015 година биле поднесени 6.056 барања. Оттаму појаснуваат дека судот ја поведува постапката по службена должност, веднаш штом ќе дознае за смртта на лицето или дека лицето е прогласено за умрено, а во согласност со Законот за вонпарнична постапка. Сепак, од судот посочуваат дека иако во Законот за вонпарнична постапка е предвидено дека за смртта на лицето судот дознава, по правило, кога ќе добие смртовница од матичарот што извршил упис на смртта во матичната книга на умрените, во практиката не е секогаш така. „Управата за водење матична книга на умрени не секогаш доставува смртовница до судот, за тој да може да ја поведе постапката по службена должност. Во поголемиот број случаи странките се тие што поднесуваат предлог до судот за поведување оставинска постапка. Зошто Управата за водење матична книга на умрени при Министерството за правда не секогаш доставува смртовница до судот, ве упатуваме да се обратите до наведениот орган при

Министерството за правда“, истакнуваат од судот. Од Управата за водење на матични книги (УВМК) категорично ги отфрлаат овие тврдења, посочувајќи дека досега не се случило матичарот да не достави смртовница до основните судови. „Се случува пријавителот на смртта да не сака да даде какви било податоци за можни наследници ниту за движен и недвижен имот, па се случува смртовниците да се доставуваат до надлежните основни судови по службена должност само со име и презиме на починатиот и неговиот датум на раѓање и смрт. Досега не се случило матичарот да не достави смртовница до архивите на основните судови, и тоа се прави најмалку еднаш неделно или онолку често колку што има пријави за починато лице во надлежното матично подрачје. Од страна на УВМК нема никакви пречки во однос на доставување смртовници, самите странки се одговорни за податоците што имаат интерес или не да ги пријават во УВМК кај матичарите“, велат оттаму. По доставување на смртовницата или предлогот за поведување оставинска постапка, во судот најпрво се проверува дали за покојното лице има заведено предмет и, ако

има, преку оперативниот систем АКМИС предметот се распределува кај истиот нотар. Доколку нема заведено предмет, се заведува предмет и потоа компјутерски преку АКМИС оформениот предмет се распределува и со сите списи се испраќа кај определен нотар. „Се случува во оставинските постапки самите нотари да побараат смртовница, па УВМК по службена должност подготвува копија на веќе составената смртовница, која стои во досие на секое починато лице и со назнака за кој предмет се работи по службена должност се доставува до надлежните судови“, појаснуваат од УВМК. Против решението на нотарот странките можат да вложат приговор во рок од осум дена од денот на доставувањето на решението, кој нотарот е должен во рок од три дена, заедно со списите од предметот, да го достави до надлежниот основен суд што му го доверил постапувањето по оставинскиот предмет. Во согласност со податоците на Основниот суд Скопје 2-Скопје во текот на 2014 година, приговори имало против 69 предмети со основа оставина. Во текот 2015 година, пак, по оваа основа биле заведени 83 предмети.

Што ако долгот ја надминува вредноста на наследството? - Наследникот одговара до висината на имотот што го наследил. На пример, ако наследил имот во вредност од 10.000 евра, а имаме долгови од 15.000 евра, тогаш наследникот одговара до висината на наследниот долг, значи до 10.000 евра, а другите 5.000 евра остану-

ваат ненамирени. Доверителите треба да водат сметка пред да стапат во тие имотно-правни односи, значи да водат сметка да ги обезбедат тие свои права. Меѓутоа, ниту законски ниту морално е наследникот да ги намирува тие долгови. Дали наследниците можат да се откажат од наследството и што се случува тогаш со долговите? - Ако еден се откаже од наследството, а имаме поголем број наследници, неговиот дел прираснува на другите наследници. Ако сите се откажат, тогаш како наследник се јавува Република Македонија, односно тогаш државата треба да ги намири долговите во висина на наследениот имот. Како да се надминат проблемите во практиката? - Во правниот систем на РМ во тек е најголемата реформа преку изготвувањето на Граѓанскиот законик, во кој во Книга четврта Наследноправни односи се предви ду ва ат зна чај ни пред ло зи со кои ќе се обезбеди поголем степен на заштита на доверителите и ќе им се олесни работата на извршителите. Тоа ќе се постигне со законското предвидување и на обврските дека се дел од оставината, како и задолжителното издвојување на делот од заедничкиот имот на над жи ве а ни от бра чен партнер. Значаен предлог е предвидување на можноста и лицата што имаат правен интерес да пове дат оста вин ска по стап ка. Се предлага, исто така, задолжително јавно повикување на доверителите што имаат побарувања кон оста ви на та на оста ви те лот во дневните весници, со цел да бидат во можност да ги заштитат и да ги намират своите побарувања од оставината. Исто така, значајна реформа ќе биде и предвидувањето на можноста доверителот да ја побива изјавата за откажување од наследството на должникот наследник, кој намерно се откажал од наследството, со цел да го изигра доверителот.

Извршувањето прекинува до утврдување на наследникот Од Комората на извршителите (КИРМ) појаснуваат дека ако во текот на спроведувањето на извршувањето настапила смрт на странката или на нејзиниот законски застапник, извршувањето прекинува сѐ до утврдувањето на законскиот наследник, односно наследници. Имено, во 2014 година имало прекин на извршувањето во 2.659 предмети поради смрт на странка и стечај на правно лице, додека ланската година бројката е 5.053 предмети. - За прекинот на извршувањето извршителот ќе ги извести наследниците на странката, ако се познати и ако е познато нивното престојувалиште, како и спротивната странка. Ако наследниците и законскиот застапник, пак, не се познати или не е познато нивното престојувалиште, извршителот ќе побара од надлежниот суд без одлагање да им постави привремен старател - велат од КИРМ. Со новиот законот за извршување, кој се наоѓа во собраниска процедура, со цел одбег-

нување на законските празнини што ја одолжуваат постапката и се на штета на доверителите, се предлага прекинот на извршување да се ограничи на 60 дена од денот кога настапила смртта на должникот, односно од денот на правосилноста на решението на судот за прогласување исчезнато лице за умрено. - Ако постапката за расправање на оставината на должникот не е поведена по службена должност, а наследниците во рок од 60 дена од денот кога настапила смртта на должникот, односно од денот на правосилноста на решението на судот за прогласување исчезнато лице за умрено не поднеле предлог за расправање на оставина, или наследниците не се познати, или не е познато нивното живеалиште или престојувалиште, извршителот ќе побара од Центарот за социјални работи без одлагање да им постави привремен старател на наследниците во согласност со Законот за семејство - појаснуваат од КИРМ.


10 Вторник, 14 март 2016

НОВА МАКЕДОНИЈА

Правда

1 ГОДИНА СО ВАС - ГЛАСИЛО НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Брачен договор е лек за лесен развод Основниот идеал во бракот е љубовта да трае вечно, но кога ќе престане, тогаш се јавуваат имотните проблеми, а решавањето на тие семејни конфликти често може да биде тешко и да трае со години. Според професорот Ангел Ристов од правниот факултет „Јустинијан Први“, во брачните и семејните односи, доверителите и извршителите најчесто се соочуваат со проблеми поврзани со заедничката сопственост на брачните партнери, односно што влегува во посебниот, а што влегува во заедничкиот имот. Се поведуваат, вели тој, судски спорови за утврдувањето на уделот во заедничкиот имот со кои се одолжува извршувањето. Ристов открива дека со Граѓанскиот законик, кој е во подготовка, се предлага промена на постојниот режим на заедничка сопственост на брачните партнери во сосопственост на еднакви делови, ако пред тоа не склучат брачен договор, кој исто така не е регулиран во актуелното македонско законодавство. - За разлика од другите европски држави и за разлика од постсоцијалистичките држави што ги реформираа своите семејни законодавства, Македонија доцни многу, бидејќи сѐ уште го немаме регулирано брачниот договор. Брачниот договор е таков вид договор со кој идните или постојните брачни партнери ги уредуваат своите имотни односи за време на бракот, но и последиците по престанокот на бракот или на разводот на бракот. Со тоа им се остава поголема автономија или слобода на брачните другари според својата волја или потреба да ги уредат имотните односи, на начин што е поинаков од законскиот имотен режим - вели тој. Ристов појаснува дека во согласност со законските дефиниции, посебен имот е имотот што го имале брачните другари пред бракот, но и за време на бракот што го добиле по основа на наследство или подарок, додека сѐ што ќе стекнат за време на бракот со работа се смета за заеднички имот. Постојниот режим на заедничка сопственост нужно или неминовно бара судот да утврдува удел. Ваквите многубројни парници, каде што се утврдува уделот, посочува тој, ги оптоваруваат судството, правната сигурност, намирувањето на до-

верителите, прават голем број проблеми за граѓаните, а најтешко влијание имаат врз децата на разведените родители, кои со години се влечкаат по судови за да утврдат поголем удел во тој заеднички имот. - Од тие причини се предлага да се воведе режим на сосопственост каде што тие делови се определени, значи на секој од брачните другари да му припаѓа половина. Но имате можност и да не се применува тој режим ако склучите брачен

договор, каде што можете да се договорите имотот да биде 30 спрема 70, 40 спрема 60, или, пак, посебен имот. Во секој случај, ова е една од поновите реформи во современите законодавства каде што се увидело дека на тој начин, ако не сте склучиле брачен договор, имате 50 отсто поделба и на тој начин имате многу почиста ситуација и немате потреба да одите на суд да се докажува уделот - вели тој. Во Комората на извршители по-

Ако сопругата се здебели, ќе плаќа пенали За разлика од европско-континенталното право, каде што предмет на брачен договор може да бидат само имотни односи, англосаксонското право дозволува да се уредуваат и личните односи. - Договорите со кои се уредуваат личните односи најчесто имаат бизарни клаузули. Таква е на пример клаузулата на неверство во брачниот договор помеѓу холивудските актери Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас, која предвидува дека ако Мајкл Даглас ја изневери Кетрин Зета Џонс, тоа ќе го чини неколку милиони долари. Имате клаузули што предвидуваат да може да дојде свекрвата на гости, но да не смее да преспие; ако сопругата покачи неколку килограми од првичните, пред да стапи во брак, ќе треба да пла-

Плакета за најуспешен извршител Комората на извршители на Македонија (КИРМ) му додели плакета за успешно извршување на извршителската дејност за 2015 година на Гордан Станковиќ, извршител именуван за подрачјето на Основен суд Скопје 1 и Основен суд Скопје 2. Плакетата се доделува секоја година, изминативе три години, на извршителот што во текот на годината наплатил најмногу средства за доверителите. Целта е поттикнување на ефикасноста на извршување на судските одлуки. Станковиќ, како што посочува, изминатава година наплатил 560 милиони денари, најмногу од правни лица. - Постоењето на правична пресуда сама по себе нема никакво значење ако нема реализација. Правилното и навремено извршување на судските одлуки е од клучно значење за функционирањето на целокупниот правен систем и на остварување на правата на странките - вели Станковиќ.

сочуваат дека се случува граѓани да се жалат дека постојат ситуации кога предмет на извршување поради долг бил заедничкиот имот што го направил едниот брачен партнер. Професорот Ристов појаснува дека ако посебниот дел од имотот на партнерот не е доволен за да се намири долгот, тогаш се навлегува во заедничкиот имот, но во делот на партнерот што го направил долгот. - Ако долговите не влегуваат во потребите на заедничкото дома-

ќа одредени казнени пенали. Дури имате клаузула ’но дајперс’ - брачните партнери се договараат да немаат деца, како и клаузула кој ќе го земе кучето..., па до уредување сексуални односи - некои партнери се договараат да имаат сексуални односи трипати во неделата, некои двапати во денот итн. Значи ваквиот концепт е неприфатлив во европско-континенталното право, каде што предмет на брачен договор може да бидат само имотните односи. Во нашето право ваквите клаузули ќе се сметаат за ништовни. Не може судот да утврдува дали некој изневерил или не изневерил, кога ние одамна го исфрливме тој концепт на утврдување вина кај разводот на брак. Значи, бракот е неуспешен и се разведува.

ќинство, тие се намируваат првично со посебниот дел од имотот на партнерот. Ако тој не е доволен, тогаш се навлегува во оној дел што тие заедно го стекнале во времетраењето на брачната заедница. На пример купиле автомобил, во тој случај извршителот ќе може да бара извршување на половина од автомобилот и да се продаде автомобилот... Но не може брачниот партнер да одговара со својот дел. Ако не е доволно тоа, ќе се чека понатаму должникот да се стекне со имот. Не може другиот да одговара со својот дел од заедничкиот имот. Ако се води станот на име на партнерот што ги направил долговите, првин треба да се утврди дали е тоа приватна сопственост или станува збор за стан што заеднички го купиле партнерите. Ако е негова сопственост, во тој случај целиот стан ќе може да биде предмет на извршување. Ако е во заедничка сопственост, се утврдува удел и тука се создава проблем. Најчесто извршителите одат на претпоставка на една половина и извршуваат една половина - го продаваат станот и другата половина му ја даваат на другиот партнер. Ако не е доволно, посегнуваат по други средства или чекаат. Истото тоа важи и за вонбрачни партнери, бидејќи тие се изедначија со брачните партнери - вели Ристов. Тој нагласува дека Граѓанскиот законик најголеми реформи ќе претрпи токму во сферата на семејното законодавство, затоа што, како што наведуваат експертите, нема претрпено поголеми значајни реформи со децении. - Под покровителство на професорот Гале Галев, кој е раководител на овој проект, веќе се завршени два дела - делот за облигациски односи, книга трета, и делот за наследноправни односи, книга четврта. Комисијата за семејно право, под водство на професорот Дејан Мицковиќ, веќе работи на делот семејноправни односи, за кој можам да кажам дека ќе претрпи најголеми промени, имајќи предвид дека брачните и семејните односи не ја одминуваат ниту Македонија бидејќи имаме голема експанзија на разводи на бракови, а тие разводи на бракови создаваат голем број други проблеми и рефлексии на други институти од семејното право - посочува Ристов.

Со „заедничкото родителство“ добиваат сите Децата се тие што најмногу страдаат при развод на родителите, едногласни се експертите. Осум од десет родители што ја преземаат грижата за децата по разводот се мајки. Бидејќи сегашниот систем произведува повеќе незадоволство отколку задоволство, од првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ се залагаат за воспоставување на т.н. правен институт „Заедничко родителство“. - Со еднакво и заедничко родителство и по разводот сите обврски би биле сразмерно поделени. Двајцата родители ќе имаат еднакво време на видување со детето, за негова грижа, воспитување и правилен раст и развој, но и еднакви финансиски обврски за потребите на детето вели директорот на „Меѓаши“, Драги Змијанац Од првата детската амбaсада уверуваат дека на овој начин ќе се избегне проблемот со неквалитетното родителствување, но и со наплатата на алиментацијата. Поранешните брачни партнери, вели Змијанац, наместо да навлегуваат во конфликт околу децата, ќе имаат заедничка цел да му се посветат максимално на своето

дете, на кое двајцата родители му се потребни еднакво. - Со заедничкото родителство и по разводот добиваат сите. Детето ќе има двајца родители што еднакво ќе се грижат и ќе вложуваат не само време туку и пари за неговиот правилен раст и развој. Нема да има родители што сами ќе го поднесат товарот со секојдневните обврски околу децата. А нема да има ниту родители што ќе бидат третирани само како плаќачи на алиментација, без да имаат можност посериозно да се вклучат во одгледувањето на своите деца. Со споделеното родителство и по разводот ќе се избегнат недоразбирањата што се појавуваат кога родителот не сака да плаќа алиментација за детето и покрај извршната судска пресуда. А ова ќе му помогне и на судот да не се мачи за утврдување на висината на алиментацијата, затоа што еднаквото старателство подразбира не само еднакво количество и право на време за грижа и воспитување на детето туку и еднакво финансирање во согласност со висината на средствата на двајцата родители за потребите на детето - објаснува првиот човек на „Меѓаши“.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.