Page 1

ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНИОТ СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ


ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ

 Законот за Управување со кризи беше усвоен од Пaрламентот na RM на 22 Април 2005 / Стапи на сила на 01 Јуни 2005 година  Со овој Закон се уредува Системот за управување со кризи кој се организира и остварува заради превенција, рано предупредување и справување со кризи кои претставуваат ризик за добрата , здравјето и животот на луѓето и животните, а се настанати од ризици и опасности кои директно го загрозуваат уставниот поредок и безбедноста на РМ или дел од неа, а за кои не постојат услови за прогласување на воена или вонредна состојба


ОПФАТЕНИ РИЗИЦИ: 1. БЕЗБЕДНОСНИ 2. ПРИРОДНИ 3. ТЕХНИЧКО – ТЕХНОЛОШКИ 4. ЗДРАВСТВЕНИ


БЕЗБЕДНОСНИ: ТЕРОРИЗАМ, ДИВЕРЗИИ И САБОТАЖИ 2. НАЦИОНАЛИЗАМ, ВЕРСКА НЕТРПЕЛИВОСТ И ОМРАЗА 3. ДЕМОНСТРАЦИИ И ШТРАЈКОВИ ОД ПОГОЛЕМИ РАЗМЕРИ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И НЕДОЗВОЛЕНА ТРГОВИЈА СО ДРОГА, ОРУЖЈЕ И ЛУЃЕ; 4. ПОСЕДУВАЊЕ НА ПОГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ НА ИЛЕГАЛНО ОРУЖЈЕ; 5. КОРУПЦИЈА; 6. ПОВРЕДИ НА ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР НА РМ 7. ИНЦИДЕНТИ НА ГРАНИЦА И ЗАСТОИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ; 8. ТЕЖОК КРИМИНАЛ ВКЛУЧУВАЈЌИ УЦЕНИ, УБИСТВА И НАПАДИ ВРЗ ГРАЃАНИТЕ И НИВНАТА СОПСТВЕНОСТ; 9. НЕОВЛАСТЕНО ИЗНЕСУВАЊЕ, ОБЈАВУВАЊЕ И НАРУШУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ИНФОРМАЦИИТЕ И КОМУНИКАЦИИТЕ; 10. АКТИВНОСТИ НА СТРАНСКИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ СЛУЖБИ И ДРУГИ АКТИВНОСТИ НАСОЧЕНИ КОН ВЛОШУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНАТА СОСТОЈБА; 11. ПОСЛЕДИЦИ ОД СУДИР НА ИНТЕРЕСИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИЗВОРИТЕ И ПАТИШТАТА НА СТРАТЕШКИТЕ ЕНЕРГЕНСИ, КАКО И ПОПРЕЧУВАЊЕ И БЛОКИРАЊЕ НА НИВНИОТ УВОЗ ВО РМ;


ПРИРОДНИ: 1.ЗЕМЈОТРЕС 2. ПОЖАР 3. ПОПЛАВА 4. ЛИЗГАЊЕ НА ТЕРЕН, ИНТЕЗИВНИ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ, НАНОСИ, ЛАВИНИ 5. ГУСТИ МАГЛИ, ЕКСТРЕМНО НИСКИ ИЛИ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ, УДАР НА ГРОМ; 6. СИЛНИ ВЕТРОВИ; 7. СУШИ; 8. ДЕГРАДАЦИЈА ОД ПОГОЛЕМ ОБЕМ И УНИШТУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА; 9. СЛАНА; 10. ГРАД; 11. ЗАМРЗНУВАЊЕ НА РЕЧНИТЕ ТЕКОВИ И ЕЗЕРА 12. ОБИЛНИ ДОЖДОВИ


ТЕХНИЧКО - ТЕХНОЛОШКИ: 1.НАПУКНАТИНИ, ОШТЕТУВАЊА И УРИВАЊА НА БРАНИ 2. КАТАСТРОФИ ВО РУДНИЦИ, ИНДУСТРИСКИ НЕСРЕЌИ, ХАВАРИИ И ПОГОЛЕМИ ДЕФЕКТИ 3. РХБ КОНТАМИНАЦИЈА ЕКСПЛОЗИВНИ УРИВАЊА И УНИШТУВАЊЕ НА НУС; 4. СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ ВО ПАТНИОТ, ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ, ВОДЕНИОТ И ВОЗДУШНИОТ СООБРАЌАЈ; 5. НА РЕДОВНИТЕ СОСТОЈБИ ВО КОМУНАЛНАТА СФЕРА – СТРУЈА, НАФТА-ГАС, ВОДА, КОМУНИКАЦИИ; 6. СОСТОЈБА СО КРВ И КРВНИ ПРОДУКТИ;


ЗДРАВСТВЕНИ: 1. Епидемии 2. Епизотии 3. Епифитотии 4. Масовно труење со храна и хемикалии


СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ  СУК се состои од органите на државна управа и државна власт (Собранието на РМ, Претседателот na РМ и Владата na РМ), вооружените сили (AРM), силите на заштита и спасување, општините и градот Скопје.  Одредени задачи во областа на превенција, рано предупредување и справување со кризи можат да се вршат од страна на: - јавни претпријатија, јавни установи и служби и трговски друштва во склад со Законот за Управување со кризи -граѓаните, здруженијата, Црвениот Крст, невладините и хуманитарните организации, медиумите и другите правни тела, волонтерски или врз база на ЗУК и меѓународните договори


ОРГАНИЗАЦИЈА И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ

ВЛАДА 1. Управувачки комитет, 2. Група за проценка, 3. Центар за управување со кризи - Главен штаб за УК

ВЛАДА

Управувачки комитет Група за проценка

ЦУК

4. СУБЈЕКТИ СУБЈЕКТИ

Главен штаб


ОРГАНИЗАЦИЈА И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ОРГАНИТЕ И ТЕЛАТА ОД СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ

 УПРАВУВАЧКИ КОМИТЕТ - е тело на Владата за координација и управување со системот за управување со кризи.      

Составен е од министрите од: - Министерството за внатрешни работи, - Министерството за здравство, -Министерството за транспорт и врски, одбрана, - Министерството за надворешни работи и - Претседателот на Групата за процена,

   

Исто така учествуваат: - 1 претставник од Комисијата за одбрана и безбедност на Парламентот и - 1 претставник од Кабинетот на Претседателот / - други претставници и експерти можат да бидат повикани


Групата за проценка врши постојано проценување на ризиците и опасностите по безбедноста на РМ и предлага мерки и активности во превенција, рано предупредување и во кризна состојба. Групата за проценка ја сочинуваат:  Директорите на Бирото за јавна безбедност, Управата за безбедност и контраразузнавање,  Директорот на Агенцијата за разузнавање;  Директорот на Центарот за управување со кризи  Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување;  заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, како и раководителот на Службата за безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана.

 други претставници и експерти од определена област


 ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ Седиште во Скопје како и 35 регионални центри

• РЕГИОНАЛНИ ШТАБОВИ (раководени од раководителот на РЦУК, претставници од регионалните одделенија на министерствата и другите државни органи како во Главниот Штаб, исто така по 1 претставник од сите единици на локална самоуправа и 1 од Градот Скопје, чии територии се покриени од страна на регионалниот центар) (Член 23)


 ГЛАВЕН ШТАБ E ОПЕРАТИВНО СТРУЧНО ТЕЛО, КОЕ РАКОВОДИ СО АКТИВНОСТИТЕ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗНИ СИТУАЦИИ.

 Главниот штаб го сочинуваат претставници на министерствата за внатрешни работи, здравство, транспорт и врски, одбрана, надворешни работи, финансии, земјоделство, шумарство и водостопанство, животна средина и просторно планирање и раководителот на Групата за процена. (чл.13 став 2 од ЗУК).  Членови на штабот се и Раководителот на Итната медицинска помош во Скопје, Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување како и претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Црвениот крст на Република Македонија.


КРИЗНА СОСТОЈБА

• Се прогласува заради справување со состојба која претставува ризик за добрата, здравјето и животот на луѓето и животните или опасност по безбедноста на РМ или дел од неа, а за кои не постојат услови за прогласување на воена или вонредна состојба • Одлуката за постоење на кризна состојба се донесува од страна на Владата и со неа се одредува регионот зафатен од кризата и во склад со тоа се активираат механизмите за разрешување на кризната состојба • Не смее да биде подолга од 30 дена • Во случај да кризата трае подолго од 30 дена, Владата поднесува предлог до Парламентот за продолжување или предлог за прогласување на воена или вонредна состојба


УПОТРЕБА НА РЕСУРСИ

• ЦУК нема свои ресурси • Одлуката за користење на ресурсите на државната управа, единиците на локална самоуправа и на Градот Скопје, како и управувањето со истите во случај на криза, се донесува од страна на Владата • Одлуката за употреба на територијалните против пожарни единици и единиците за заштита и спасување ја носи Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување • Претседателот одлучува за учество на дел од армијата во случај на криза


ИЗРАБОТКА НА ПРОЦЕНА НА ЗАГРОЗЕНОСТА НА ПОДРАЧЈАТА НА

ОПШТИНИТЕ И ГРАДОТ СКОПЈЕ, ОД СИТЕ РИЗИЦИ И ОПАСНОСТИ


1.

ЗАКОНСКА РАМКА НА ПРОЦЕНУВАЊЕТО НА РИЗИЦИТЕ И ОПАСНОСТИТЕ ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ЦУК:

Законот за управување со кризи предвидува посебна глава на проблематиката на процената на безбедноста на Републиката, “Глава VI, Процена на загрозеноста на безбедноста на РМ” Во членот 45 од ЗУК се предвидува Владата со Уредба да ја пропише методологијата за изработка на процената, нејзината содржина, структура, начинот на чување и ажурирање, како и определување на субјектите во системот за управување со кризи на кои им се доставува целосна или извод од Процената.  Уредбата за методологијата за изработка на процената на загрозеноста од сите ризици и опасности, нејзината содржина и структура, начинот на чување и ажурирање, како и определувањето на субјектите во системот за управување со кризи на кои им се доставува целосна или извод од процената” Владата на РМ ја донесе на на 25 јануари 2011 година. Уредбат е објавена во Службен Весник на РМ бр. 13 од 4 февруари 2011 година.  Изработено Упатство за појаснување на опфатот на содржината и структурата на процената.  ЕЛС: надлежност и обврска за донесување на процена (чл. 5, точка 2)


Член 2: Дефиниции, употребени во Уредбата: “Ризик” е комбинација од повеќе меѓусебно зависни фактори (варијабли) кои влијаат на веројатноста, одредена опасност да прерасне во несреќа или катастрофа и да се реализираат нејзините негативни последици.  “Опасност” е природен феномен, човечка активност, техничкотехнолошка хаварија или друг вид на појава која може да предизвика: загуба на живот, повреди или други влијанија врз здравјето, имотна штета, загуба на средствата за егзистенција и услуги, општествено и економско пореметување, како и штета врз животната средина.  “Ранливост” е присуството на посебни карактеристики, специфики и околности на поединецот, заедницата, системите или објектите кои ги прават подложни на негативните влијанија и оштетувачките ефекти на дадената опасност.  “Изложеност” е присуството на луѓе, материјални добра, природни богатства, системи, објекти или други елементи во зоните на опасност и кои со тоа присуство и сопствената ранливост се подложни на потенцијални загуби, оштетувања и други негативни влијанија.


Нивоа на изработка на процената:  „Процена на загрозеноста на безбедноста на Република Македонија од сите ризици и опасности“, е документот во кој се интегрирани процените на надлежните државни субјекти, за ризици и опасности од нивна надлежност, како и поодделните процени за загрозеноста на подрачјата на општините и на градот Скопје и која е во функција на планско, навремено, целесообразно и координирано донесување на одлуки, насоки и препораки за преземање на потребните мерки и активности на субјектите на Системот за управување со кризи на национално и локално ниво.  „Процена на загрозеноста на подрачјата на општините и на градот Скопје од сите ризици и опасности” е документ во кој се интегрирани процените на надлежните локални органи, кои се однесуваат за подрачјето на општините и на градот Скопје и кои се во функција на планско, навремено, целесообразно и координирано донесување на одлуки, насоки и препораки за преземање на потребните мерки и активности на субјектите на Системот за управување со кризи на локално ниво.


II. СОДРЖИНА И СТРУКТУРА НА ПРОЦЕНАТА

Општ дел од Процената содржи: Вовед I. Генерален опис на целите на Процената 1.

Територијален опфат на процената (општина, регион, република)

2.

Карактеристики на територијата

3.

Цел и предмет на процената

II. Процес на анализа 1.

Идентификација на територијата

2.

Вклучени институции во процесот

3.

Интеракција помеѓу институциите (комуникација, соработка)

4.

Извори на податоци, нивна размена

5.

Механизми на координација


3. СОДРЖИНА И СТРУКТУРА НА ПРОЦЕНАТА

III. Елементи на ризикот 1.Географски карактеристики на територијата

2.Организација и користење 3.Населени места 4.Економски профил на територијата

5.Генерални карактеристики (насоки) за развој 6.Детален преглед за застапените елементи на ризикот


3. СОДРЖИНА И СТРУКТУРА НА ПРОЦЕНАТА

Посебниот дел од Процената содржи:

I. Ризици и опасности (профилирање) II. Процена на ризикот 1. Процена на опасности

2. Процена ранливост и изложеност на посебните елементи (Според

номенклатурата) 3. Капацитети (ресурси) и способности за одговор


4. РЕАЛИЗИРАНИ, ТЕКОВНИ И ИДНИ АКТИВНОСТИ 1. Општиот дел од процената е завршен за сите општини во Р. Македонија, 2. Започната е изработка на посебниот дел од процената (ИНДОК, Инвенторизација, Евиденција на ресурси преку Веб апликации за внес на податоци)

3. Во соработка со УНДП се планира воспоставување на уште една апликација за систематизирање на Демографскиот профил на наслението, како и обезбедување на стручна подршка во процесот на изработка на посебниот дел за 1-2 Плански региони, 4. Заокружување на содржината на процената и донесување на процените од страна на општините и градот Скопје (член 5 од ЗУК). 5. Користење на Процената од страна на општините и другите субјекти на локално ниво како основа за планирање на подготовките и развивање на потребни капацитети и способности за справување со идентификуваните ризици и опасности. 23


Заради комплетирање на ИНДОК потребни се архивски документи за евидентирани настани и појави кои предизвикале загрозување на човечки животи здравје, природни и културни добра  Опис за природата на појавата, настанот или состојбата која го предизвикала инцидентот - несреќата: природни непогоди (земјотрес, поплава, лизгање на земјиште, временска непогода и др.): техничко - технолошки и индустриски несреќи: од човек предизвикани несреќи: и други форми на појавени ризици и опасности.

 Време на настанување / случување: година, месец, ден, час.

 Место на настанување / случување: регион, општина, град, населба, село, локација (викано место, улица, број)

 Зафатена површина ( хектари, км2, м2 и друго) и објект/и со настанот.  Предизвикани последици и штети: - Човечки жртви и повредени - Загрозување на животинскиот свет 24


- Штети по земјоделски култури - Срушени и оштетени објекти - Уништена и оштетена инфраструктура - Вкупно предизвикана штета, проценета од релевантен државен или локален орган - институција.

Употребени ресурси во справувањето со појавата, настанот или состојбата по видови: - Човечки - Материјално - технички - Обем/количина на употребени ресурси - Сопственост на употребениот ресурс (национални, локални и други)

Период на надминување на последиците и штетите: - Времетраење на процесот на опоравување (години, месеци, др.) - Финансиски импликации (износ во проценета валута за соодветно време. - Извор на финансирање (национален/локален/индивидуален) буџет, помош (меѓународна, хуманитарна, и др.) 25


УПОТРЕБНИ ВРЕДНОСТИ НА ПРОЦЕНАТА  подршка на системот на носење на одлуки, на локално и национално ниво;  тактичка и оперативна вредност - активирање на системот или негови делови;  кооперативна вредност – споделување на податоци и информации помеѓу субјектите во системот за управување со кризи;

 информативна вредност - информирање и запознавање на различни целни групи (институци, медиуми, населението и сл.);  партнерска вредност - исполување на своите интереси и почитување на интересите на другите институции, како партнери и соработници. 26


БЛАГОДАРАМ ЗА ВАШЕТО ВНИМАНИЕ, ДИСКУСИЈА, ПРАШАЊА ??

27

Организација на националниот систем за управување со кризи  

Презентација направена во рамки на состанокот одржан во Општина Делчево во понеделник 11.06.2013 година

Advertisement