Page 1

Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за локални избори

2013-2017

ДАРКО ШЕХТАНСКИ

НОВИ ДЕЛА

ЗА НОВ НАПРЕДОК,

НОВИ ДЕЛА

ЗА ПОДОБРО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО 2013-2017

Ф Е В Р У А Р И

2 0 1 3


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


6

А. ВОВЕД

7

I.

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

9

II.

ОБРАЌАЊЕ НА КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

11

Б.

ПОЛИТИКИ И ВИЗИИ ЗА РАЗВОЈОТ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

15

В. ПРОГРАМА

15

I.

ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

19

II.

ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

23

III.

СПОРТ И МЛАДИ

25

IV.

ИНФОРМАТИЧКИ РАЗВОЈ

27

V.

УРБАНИЗАМ И ЖИВОТНА СРЕДИНА

29

VI.

КОМУНАЛНИ РАБОТИ

33

VII. ЗЕМЈОДЕЛСТВО

35

VIII. ТУРИЗАМ

37

IX. КУЛТУРА

41

X.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

43

XI.

БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА

47

XII.

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

49

XIII.

ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

51

XIV.

ТРАНСПОРТ И ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

55

XV.

ИДЕИ ОД ГРАЃАНИ

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

5


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


I.

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Почитувани граѓани, Изборите се врвно демократско право. Тие се празник за демократијата, можност граѓаните давајќи го својот глас да ја креираат својата иднина. Секој од вас ја има можноста за избор. Иако некој сака да ги потцени овие локални избори, тоа не е така, таквиот пристап не е правилен ниту, пак, има оправдување. Токму од вашата одлука ќе зависи за каква иднина ќе се решите и во какво место сакате да живеете. Изборот не е никогаш едноставен, ниту лесен, но тој е препознатлив и е секогаш резултат на промислено и мудро однесување. Во изминатите четири години максимално се вложивме за изградба на современи општини. Нашата цел беше да ги придвижиме работите, да почне да се решаваат напластените проблеми со кои се соочуваа граѓаните преку вложување во инфраструктурата, изградба на патишта, водоводна и канализациска мрежа, решавање на сообраќајниот хаос. Нашата цел беше облагородување на просторот со нови паркови, шеталишта, спортски терени, забавни паркови за најмладите, со содржини за народот и за неговите потреби, за секој дел од населението. Создаваме повеќе простор каде што нашите деца безгрижно ќе растат и ќе се развиваат, ќе напредуваат и ќе остваруваат успеси во својот живот. Јас, искрено, верувам дека секој од вас го препознава тој чесен и одговорен пристап кон работата. Знам дека има и уште многу да се работи, но работите се придвижија и ние го вложуваме секој атом од својата сила за да овозможиме натамошен прогрес. Секој од вас е одговорен пред самиот себе и пред своето семејство. И знам дека го посакувате најдоброто. На локалните избори што ни претстојат ја имате можноста за избор, да ги поддржите напредокот и развојот. Директно да донесете одлука за тоа во какво место сакате да живеете. Ние не ветуваме дека преку ноќ ќе направиме чуда, но тоа што го ветуваме го исполнуваме, со напорна и посветена работа, со беспоштедно вложување во решавањето на проблемите на граѓаните. Ние не говориме за измислени работи, туку за конкретни проекти, голем дел од нив предложени од самите граѓани, видливи, со прецизна динамика на нивна реализација, со рокови кон кои се обврзуваме. Така ќе биде и овој пат. Тоа е тоа што нè прави поинакви од другите. Оценувајте нè според тоа што го имаме во нашите програми, кои се реален одраз на потребите на граѓаните. Дадениот збор за нас е закон. Нашата вредност, во која јас цврсто и непоколебливо верувам, е ветеното. Од овој принцип нема отстапување ниту милиметар. Ние сè што ветуваме го има во нашите програми. Програмите што ви ги нудиме се такви какви што им се потребни на граѓаните. Вие може да ги видите и оцените и, тоа што е најбитно, да знаете дека тоа што го има во нив ќе се оствари затоа што сме докажале дека ние реализираме. Тие се нашата визија за развој на местото во кое живеете. Таа визија е гаранцијата за развој, визија што е преточена во стотици конкретни проекти, кои треба да се реализираат. Јас не сум човек што ветува сè и сешто. Дадениот збор е голема работа. Од него нема отстапки ниту колебања. Тоа е тоа што јас го барам и од моите соработници, тоа е тоа што ќе го барам и од кандидатот за градоначалник, за кој при одлуката за избор

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

7


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

беше пресудно тој да биде чесен и одговорен човек, да ги споделува вредностите на нашата работа и да си стои не ветеното. Тие личности што се кандидати на овие избори, а кои и досега беа градоначалници, направија конкретни работи што го подобрија секојдневието, а тие што се кандидираат за првпат имаат богато професионално и лично искуство и сработени проекти во нивната кариера што е гаранција за нови резултати и токму овој личен кредибилитет на кандидатите беше значаен услов за да се здобијат со партиската поддршка затоа што тие мора да постапуваат во согласност со нашите вредности, кои по секоја цена ги браниме и од кои не отстапуваме, а тоа се искреноста, чесноста, работливоста, посветеноста и блискоста со народот. Можам да ви ветам дека нивната главна задача ќе биде да го реализираат тоа што е во програмите, а моја главна цел ќе биде постојано и постојано да ги потсетувам на обврските што ги преземале спрема граѓаните и да обезбедам да ги исполнат ветувањата што ги дале. Во оваа програма ќе видите многу проекти што ќе го разубават вашето место, од секоја сфера на општественото живеење, а што е во рамките на финансиските можности. Разгледајте ги внимателно и увидете што сè ќе се подобри и унапреди во вашата општина. Тоа ќе биде направено. Сакам да нагласам дека во идниот период стратегиски ќе се фокусираме на отворање нови работни места со учество на општината, на отворање нови општински развојни зони во кои ќе може да се отвораат нови фабрики и капацитети, кои ќе носат нови вработувања, на можности за искористување на природните ресурси за отворање капацитети во кои ќе се вработуваат луѓе, на поддршка на приватната иницијатива и развој на бизнисот, за што Владата, како ѝ досега, ќе дава огромна поддршка. Ќе се осврнеме и на инфраструктурните проекти од секој вид, кои ќе ги модернизираат општините и ќе го променат ликот на местото во кое живеете градејќи го во модерно европско населено место, а посебно ќе се фокусираме на новите можности и мерки за обезбедување домови за населението, за нови населби во кои земјиштето ќе може да се откупува по поволна цена и да се градат домови за семејствата, таму каде што е тоа изводливо и каде што има потреба, односно побарувачка.

Драги пријатели, Во изминатите четири години покажавме дека успесите се достижни, понекогаш за нив треба труд и време, но кога се работи се постигнуваат резултати и, дополнително, успесите се поголеми кога се заслужени. Покажавме дека со заеднички сили, Владата, општините и, пред сè, граѓаните знаат како, и знаат да имаат успех. Во период кога треба да продолжиме уште посилно, соочени со предизвиците на новото време, со европската должничка криза и предизвиците во евроинтеграциите, ние треба обединети и сплотени да ги збиеме своите редови и да продолжиме со создавањето нови дела и вредности, кои се трајни и се за народот и кои се наш најдобар одговор. Да продолжиме да чекориме по патот на успехот и да постигнеме нови достигнувања за нас и за нашите семејства, за нашата држава Република Македонија. Тоа е влогот на нашата генерација за кој сум сигурен дека ќе го исполниме. Со мудрост, со чесност и со работа. Со почит, Никола Груевски претседател на ВМРО-ДПМНЕ


II.

ОБРАЌАЊЕ НА КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК Почитувани сограѓани,

Голема чест е да се биде кандидат за градоначалник на Општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што е движечка сила на Република Македонија. Да се биде градоначалник на нашата општина е голема одговорност. За некои работи треба само малку, само да се знае, да се сака и да се сработи. Затоа, доколку ја добијам вашата доверба на претстојните избори, ветувам дека ќе бидам одговорен градоначалник, целосно посветен на заложбите Делчево да го направиме уште поубаво место за достоинствен живот на граѓаните. Ќе ги употребам сите капацитети за подобрување на вкупната слика на нашата општина Постојано ќе бидам меѓу вас, почитувани сограѓани, за полесно да ги согледам вашите потреби и проблеми, вложувајќи го целото мое човечко битие, со желба, знаење и работење да најдеме решение за нив. Заедно ќе работиме за локалната самоуправа да ја направиме подобра и поефикасна, да биде вистински сервис на граѓаните. Ќе се посветиме на сите категории граѓани, почнувајќи од најмладите, па сѐ до највозрасните, за да се чувствуваат убаво и да бидат горди на својот град. На децата да им обезбедиме убаво и безгрижно детство. На младите да им овозможиме по завршувањето на нивното образование поголема можност за вработување во својот град преку изградба на индустриските зони и привлекување инвеститори во нив, со што би го намалиле одливот на млади и стручни кадри од нашиот град. На возрасните би им создале услови за посреќен семеен живот. На пензионерите да им овозможиме мирни и убави пензионерски денови. Драги сограѓани, програмата што е пред вас е реална и остварлива. Реализирањето на проектите што се во неа ќе ја направи општината Делчево подобро место за живеење.

Со почит, Дарко Шехтански Кандидат за градоначалник на општина Делчево

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

9


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


Во изминатите четири години бевме исправени пред многу предизвици за модернизација на општините. Во четиригодишниот период, Владата на Република Македонија спроведе амбициозна реформска агенда и доследно и посветено ги реализираше ветените проекти во сите области значајни за локалната самоуправа. Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години резултираа со напредок во развојот на локалната самоуправа, што придонесе 99 проценти од општините да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација. Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не стои само на ветувања за финансиска поддршка на општините. Општините добија повеќе средства, кои ги управуваат на поприспособлив начин. Зголемен е обемот на трансфери и на дотации во областа на образованието, културата, социјалната заштита и противпрожарната заштита. Покрај издвојувањето три проценти од средствата од персоналниот данок на доход, како ниту една друга влада досега, ВМРО-ДПМНЕ одвои 50 проценти повеќе средства од ДДВ за општините, односно од три птоценти на 4,5 проценти од собраните приходи од данокот на додадена вредност. Со тоа голем дел од данокот платен од граѓаните повторно се враќа директно во буџетот на локалната самоуправа за да се користи за локални проекти и потреби. На полето на образованието, основните и средните училишта веќе целосно се наоѓаат во комплетна надлежност на локалните власти. Денес граѓаните самостојно донесуваат одлуки за образованието на своите деца водејќи се од сопствените потреби и приоритети. Навременото исполнување на финансиските обврски ја прави Владата на Република Македонија партнер во остварувањето на заедничките цели – современо и квалитетно образование. Покрај основните образовни потреби, Владата се грижи за секој ученик поединечно, со обезбедување бесплатни учебници најдоцна до 1 септември, бесплатен пристап до интернет, компјутери во образованието, се грижи градејќи спортски сали и терени... Како никогаш досега, учениците имаат можност за високо образование на некој од новоотворените факултети или дисперзирани студии, по завршувањето на средното училиште. Во сферата на социјалната грижа и заштита, успешно е совладана првата фаза од децентрализацијата: грижата за најмладите и за највозрасните членови на нашата заедница сега е целосно во надлежност на општините. Детските градинки, домовите за стари и изнемоштени лица, домовите за згрижување деца без родители... ги финансира општината со поддршка на трансфери од централната власт. Локалната власт најдобро знае кои се нивните главни потреби и желби. Со крупни чекори, во изминатите четири години, се спроведе децентрализација и во областа на културата. Не дозволивме да се препуштат на заборавот нашата традиција и славно минато. Владата на Република Македонија, предводена од ВМРОДПМНЕ, се погрижи да има доволно средства за финансирање на многубројни

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

11


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

културни манифестации, проекти за зачувување на фолклорот и на народното паметење... Нашите новоизградени плоштади станаа места за културни настани, собиралишта за споделување значајни моменти од секојдневниот живот, места за одмор и за дружење, места каде што секој граѓанин наоѓа свое катче... Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО- ДПМНЕ, континуирано ги поддржува напорите на општините за поттикнување на локалниот развој. Проектот за модернизација на локалните и на регионалните патишта е само еден од нив. Во многу блиска иднина, сообраќајот ќе се одвива побрзо и побезбедно, што ќе ги олесни нашите секојдневни потреби, а особено потребите на локалниот бизнис. Подобрувањето на инфраструктурата во многу општини беше и останува еден од главните приоритети. Со изградба на инфраструктурата, општината непосредно му помага на деловниот сектор имајќи предвид колку е тој важен дел од развојната стратегија. Во иднина продолжуваме со работа и понатаму посветени на развојот на локалната самоуправа преку заокружување на процесот на децентрализација и на политиката на рамномерен регионален развој низ целата држава со цел надминување на развојниот диспаритет. Тоа значи поголема самостојност и одговорност на локалните власти и поголема вклученост на граѓаните во донесувањето одлуки за прашања што за нив се од суштинско значење. Фискалната децентрализација бележи напредок во последните пет години, од аспект на зголемување на капацитетите на општините за собирање и за менаџирање на локалните даноци и такси, на грантовите од централната власт, како и зголемување на изворите на финансирање по основа на концесии, продажба на државно градежно земјиште и др. Така, успеавме да ја подобриме наплатата на даноците од имот за повеќе од 50 проценти на ниво на Република Македонија, со што сега можеме да финансираме идни проекти од локално значење. Општините денес, по четиригодишното успешно засилување на фискалната автономија, се самостојни во донесувањето одлуки и во распределбата на општинските финансиски средства. Секоја општина сама донесува одлуки за финансирање на локалните приоритети, според желбите и искажаните сугестии од вас, граѓаните. Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од 1 јули 2011 година им го даде правото на управување на државното градежно земјиште на општините. За нас, управувањето на градежното земјиште е одговорност кон идните генерации, со што се отвора патот за реализација на нови инвестиции и за подобрување на економската благосостојба. Искрениот и партнерски однос на Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, при пренесувањето надлежности и финансиското засилување на општините е препознатлив во низа други чекори што ги презеде. Во согласност со економската програма на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири години, ќе се реализира проектот „поволни заеми за општините“. Со него ќе се обезбедат поволни кредити за општините наменети за подобрување на општинските услуги и услови за спроведување дополнително финансирање со општински обврзници. Ќе се обезбедат финансиски средства за низа капитални проекти за кои граѓаните и локалната деловна заедница имаат голема потреба.


ВМРО-ДПМНЕ продолжува со иницирање дополнителни мерки за унапредување на развојот на локалната самоуправа што, несомнено, ќе придонесе кон создавање услови за економски, културен и за социјален напредок на општините, како и за зацврстување на демократијата воопшто. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена на соработката меѓу централната и локалната власт и на соработката меѓу општините како услов за обезбедување поквалитетни и поекономични услуги за граѓаните, но и на соработката за подготовка на заеднички проекти, кои ќе бидат конкурентни во обезбедувањето средства од фондовите на Европската унија. ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на спроведување конкретни мерки за поттикнување на локалниот економски развој преку кој би се подобрил квалитетот на живеење во општините. Со тоа ќе се обезбеди поголема финансиска стабилност на општините, намалување на диспаритетот во планските региони, поттикнување на учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво и воспоставување партнерства како меѓу општините така и меѓу општините и граѓанскиот сектор. Како и досега, ВМРО- ДПМНЕ во остварувањето на својата програма на локално ниво целосно и недвосмислено ќе се води од принципите на одговорност, чесност и на транспарентност во работата. Транспарентноста и отчетот на органите на општините се препознаени како основни начела во работењето. Бевме, сме и ќе бидеме во постојана комуникација со вас. Вложен е огромен напор за да им се излезе в пресрет на приоритетните општински потреби. Но, не застануваме тука, сакаме да внесеме што поголема демократија и свежина во локалното донесување одлуки. Денес во нашата општина е отфрлен стереотипниот начин на донесување одлуки во канцеларии и во кабинети. Локалните претставници се секојдневно на терен, меѓу вас, граѓаните, спроведувајќи една од најдобрите светски практики за подобрување на распределбата на локалните буџетски средства. Тоа е партиципативното буџетирање. Со него СИТЕ граѓани имаат еднакви можности да бидат вклучени во донесувањето одлуки за намената на општинските финансии. Преку партиципативното донесување одлуки, граѓанинот го добива местото што го заслужувал отсекогаш: тој е централна клетка, од која поаѓаат и се разменуваат информации меѓу креаторите на локалната политика и корисниците на услугите. За сето тоа што е ветено, остварено, потрошено, општините полагаат и ќе полагаат отчет, но не само пред централната власт, туку, многу поважно, пред ВАС, граѓаните. Тоа се врши на најтранспарентен начин, при што секој може бесплатно да пристапи кон информациите за донесените одлуки, акти и буџет. Општините во Република Македонија, предводени од градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, покажаа дека со ентузијазам и со посветеност се постигнуваат резултати, кои граѓаните високо ги ценат и вреднуваат. Горди сме на постигнатото, но имаме уште многу идеи и иницијативи, кои ќе ги оствариме со ваша помош. Ни претставува чест и задоволство во продолжение да ви ги претставиме нашите поединечни проекти и програми.

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

13


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


I.

ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ Локалниот економски развој претставува одговорност на локалната самоуправа. Тоа значи постојана работа во насока на економско засилување на општината, а со цел да се подобри квалитетот на живот на граѓаните. Успехот на општествата денес зависи од способноста на локалните средини да се приспособуваат на брзите општествени и економски промени и од способноста да ја засилат сопствената конкурентност. За да се засили конкурентноста, главниот импулс за економски пораст мора да произлезе од приватниот сектор затоа што само тој може да создаде нови работни места и економска благосостојба на долг рок. Но, исто така, на работата на приватните субјекти влијаат и поволностите за водење бизнис, односно условите што ќе ги обезбеди власта за нив. Со повторно добивање на вашата доверба, локалната власт на Општина Делчево, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со Владата на Република Македонија, во наредниот период ќе продолжи да биде фокусирана на локалниот економски развој и на градење партнерство со бизнисот за остварување на интересите на граѓаните. Нашите најважни проекти во функција на остварување на споменатите цели во следниот четиригодишен период ќе бидат: Проект: Основање технолошко-индустриска развојна зона покрај меѓународниот пат, кон преминот „Црна скала“ Рок: 2014 година

Проект: Изградба на нов градски пазар по пат на јавно-приватно партнерство Општина Делчево, преку соодветна форма на јавно-приватно партнерство ќе го понуди за реализација проектот за изградба на нов градски пазар. Реализацијата на овој проект ќе зависи од интересот на потенцијалните инвеститори од приватниот сектор. Рок: 2017 година

Проект: Изградба на инфраструктура за индустриска зона „Долни Бавчи“ Инфраструктурата во индустриската зона „Долни Бавчи“, во континуитет ќе се доизградува, а во согласност со интересот на новите потенцијални инвеститори и со динамиката на изградба на нови капацитети. Рок: 2013-2017 година

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

15


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект: Донесување ДУП за „Јужна индустриска зона“ (покрај регионалниот пат на излезот од Делчево кон село Ѕвегор) Рок: јуни 2014 година

Проект: Изработка на техничка документација за водоснабдување на земјоделските површини од река Брегалница на потегот Делчево - село Тработивиште Рок: 2014 година

Проект: Изградба на систем за водоснабдување на земјоделските површини на потегот од Делчево до с. Тработивиште на река Брегалница Рок: 2016 година

Проект: Санирање на Гумена брана во централното градско подрачје и реконструкција на каналниот водоснабдителен систем за наводнување на земјоделските површини на потегот Делчево - Долни Бавчи Рок: 2014 година


НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

17


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


II.

ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА ВМРО–ДПМНЕ докажа дека се грижи за развојот на образованието со зголемување за 60 проценти на буџетот за образование во Македонија, при што за реализација на капитални инвестиции се издвојуваат трипати повеќе средства. Како резултат на инвестициите во образованието, значително се подобрија условите за учење и во нашата општина. Така, учениците во општината добија можност уште од најрана возраст да работат со компјутери, при што се користат како алатка во наставните програми. Подигнувањето на информатичката писменост гарантира дека младите ќе ја зголемат својата конкурентност и полесно ќе го реализираат своето прво вработување. ВМРО–ДПМНЕ се залага за образование достапно за сите. ВМРО–ДПМНЕ знае дека вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и во нивно формирање како здрави личности - подготвени за современите предизвици. Затоа и во иднина ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, во општина Делчево, ќе се стреми кон тоа локалните образовни институции да станат побезбедни преку дисциплинирана средина во која учениците ќе доаѓаат со задоволство, а наставата ќе биде посовремена, ефикасна, поквалитетна и приспособена на потребите и на интересите на учениците, наставниците, локалната средина и на државата. Ќе се залагаме за континуирано усовршување и развивање на наставниот кадар со цел постигнување на образовната и училишна визија, која ќе го одржува партнерскиот однос со семејството на ученикот, како и меѓусебното почитување и примената на принципот за заемно почитување и толеранција. Нашите најважни проекти, во функција на остварување на споменатите цели, во следниот четиригодишен период ќе бидат: Проект: Бесплатни учебници Со средства од централната власт континуирано ќе обезбедуваме бесплатни учебници за сите ученици од основно и од средно образование. Рок: континуирано

Проект: Општината ги стипендира најдобрите Со цел да ги поттикнеме најдобрите ученици, средношколци и студенти, општинската администрација, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во согласност со капацитетите и со можностите на единиците на локалната самоуправа, во соработка со приватниот сектор и со странски донатори, и понатаму ќе обезбедува средства за стипендирање на најдобрите ученици, средношколци и спортисти. Со овој проект ќе го поттикнеме зацврстувањето на свеста кај граѓаните на локално ниво за значењето на образованието. Континуирано зголемување на бројот на стипендии за учениците од СОУ „ММ - Брицо“.

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

19


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Континуирано зголемување на бројот на стипендии за студенти на универзитетите во РМ. Континуирано зголемување на бројот на стипендии за студенти од Делчево на универзитети во странство. Рок: континуирано

Продолжување на проектот за доделување награда за најдобриот ученик од ромска припадност од СОУ „ММ - Брицо“ Рок: континуирано

Продолжување на проектот за доделување награда за најдобриот ученик од ромска припадност од двете основни општински училишта Рок: континуирано

Проект: Уредување и опремување на училиштата Во насока на обезбедување квалитетна практична настава и поттикнување на претприемачкиот дух и конкуренција, која создава нов квалитет, со средства од централната власт ќе продолжиме со опремување на училиштата и на училишните кабинети во СОУ „ММ - Брицо“, ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Св. Климент Охридски“. Рок: континуирано

Проект: Реконструкција на училишта Со цел обезбедување просторни услови за одвивање квалитетна настава во основните и во средните училишта на територијата на Република Македонија, во соработка со Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжиме со реконструкција на училишната инфраструктура. Со овој проект предвидуваме реконструкција на: покрив и прозорци во ООУ „Ванчо Прке“ спроведување на принципи за енергетска ефикасност Рок: 2014 година

подови во ООУ „Ванчо Прке“ покрив и прозорци во ООУ „Св. Климент Охридски“ Рок: 2015/2016 година

реконструкција на ПОУ во село Разловци Рок: 2013 година

Проект: Дисперзирани студии Со цел да овозможиме континуирано образование и достапност на високото образование до сите, во населените места продолжуваме со отворање дисперзирани студии од факултетот за информатички технологии од Скопје. Рок: континуирано

Проект: Практична настава за поконкурентно образование Воспоставување програма за практична настава за учениците од техничките струки при СОУ „ММ - Брицо“, во соработка со деловниот сектор. Рок: континуирано


Проект: Волонтери - подарок за заедницата Продолжување на практиката за воспоставување волонтерска соработка, во согласност со законската регулатива, меѓу млади високообразовани кадри од Делчево и институции и приватни компании од општина Делчево, во насока на вклучување на овие човекови потенцијали во општествените текови во Делчево Рок: континуирано

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

21


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


III.

СПОРТ И МЛАДИ Проект: Изградба на повеќенаменско спортско игралиште За развој на масовниот спорт и на спорт за сите, најдобар начин да се создадат услови е преку изградбата на повеќенаменско игралиште. Повеќенаменското игралиште ќе им биде ставено на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување. Игралиштето ќе може да се користи деноноќно и ќе бидат место за собирање и за дружење на младите генерации, како и основа за создавање здрава младина и одлична превентива од пороците на модерното живеење. Рок: 2016 година

Проект: Изградба на еден двоен терен за тенис Со изградбата на 100 тениски терени, на нашите млади тениски таленти им овозможуваме да се развиваат во идни професионални тенисери, но истовремено им овозможуваме на сите рекреативци, кои се во сѐ поголем број, да се занимаваат со овој интересен спорт. Тениските терени се современи, целосно инфраструктурно поврзани, со осветлување за ноќни натпревари, пристапни патеки, жичана ограда и, што е најважно, најсовремена подлога според сите стандарди на Светската тениска асоцијација. Рок: 2017 година

Младински културно-едукативен центар Основање и заживување младински културно-едукативен центар е приоритетна оска за проектите за млади. Младински културно-едукативен центар претставува вонинституционална програма за културно воздигнување, едукација и за забава на децата и на младинците од општина Делчево и место за развој и за промоција на вистинските вредности кај најдрагоцената популација. Рок: континуирано

Проект: Училишни лиги Во општина Делчево ќе се воведе постојана практика на организирање училишни лиги во различни спортови (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и др.), со цел најнапред да се одиграат натпревари меѓу различните одделенски екипи во едно училиште, по што најдобрите екипи ќе се квалификуваат за меѓуучилишни натпревари. Со воведувањето на училишните лиги ќе се поттикне натпреварувачкиот дух кај најголем дел од учениците и на ваков начин ќе се селектираат најдобрите спортисти во училиштата. Рок на реализација: 2013-2017 година

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

23


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


IV.

ИНФОРМАТИЧКИ РАЗВОЈ Континуиран прогрес на информатичкиот сектор и модернизација на секој сегмент од човековиот живот, тренд што го наметнува и следи целиот свет, се разбира, претставуваше и ќе претставува неминовен предизвик за Општината. Нови компјутери, дигитализација, поедноставен и брз пристап до информации, брза и квалитетна услуга за граѓаните, значи прогрес и задоволство во функционирање на институциите и на деловниот сектор. ВМРО-ДПМНЕ инвестираше во информатичкиот развој, во развојот на образованието и на науката, а целта е да се следат новите трендови што го окупираат секој млад човек, да не се дозволи престан на процесот на напредок на кој ВМРО-ДПМНЕ макотрпно работеше и останува посветена. Високиот степен на информатичка едуцираност на жителите на Општината ѝ овозможува перспектива за натамошен забрзан развој на ова поле, а истовремено ВМРО-ДПМНЕ се задолжува и во иднина да ги продолжи тековите на модернизација. Проект: Бесплатен интернет Со средства од централната власт, ќе продолжиме со обезбедување бесплатен интернет во сите основни и средни училишта во Делчево. Рок: континуирано

Организирање бесплатни курсеви за работа со компјутер Во насока на зголемување на користењето на информатичката технологија и на интернетот во следниот период, во рамки на Општина Делчево, ќе се организираат бесплатни курсеви за работа со компјутери, кои ќе можат да ги посетуваат сите заинтересирани лица, без оглед на возраста. Рок: 2013 година – континуирано

Проект „Е-општина“ Општина Делчево постојано ќе се грижи за надградба на постојниот и за воведување нов софтвер во рамките на општинската самоуправа, со цел подобрување на е-услугите што им се нудат на граѓаните. На веб-страницата на Општината ќе бидат поставени сите примероци на документи што ги издава и за кои треба да се поднесува соодветна документација во ЕЛС на Општина Делчево, како и начинот, постапката и процедурата за добивање на документацијата од ЕЛС. Исто така, граѓаните на веб-страницата или директно на линија ќе имаат можност да пријават проблем од комунална природа во oпштина Делчево и во рок од 48 часа ќе им се реши проблемот. Рок на реализација: континуирано

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

25


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


V.

УРБАНИЗАМ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Изработка на нов Генерален урбанистички план за градот Делчево и урбанистички планови за 21 населено место во општина Делчево Рок: 2013-2017 година

Довршување на проектот за уредување на прифатни депонии за комунален смет за руралните населени места Рок: 2014 година

Продолжување на проект Меѓуопштинско јавно претпријатие за регионално излегување на крај со отпад во рамки на Источниот плански регион Рок: 2013-2017 година

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

27


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


VI.

КОМУНАЛНИ РАБОТИ Општината претставува сервис на граѓаните, па оттука и нејзините обврски за подобрување на комуналната инфраструктура. Во овој мандат ќе продолжиме со решавање на проблемите на граѓаните и со дореализација на веќе почнатите проекти во областа на комуналните дејности, како снабдувањето со вода за пиење, одведувањето на отпадните води, јавната чистота, уредувањето на јавните површини, јавното осветлување, асфалтирањето патишта и улици. Набавка на ново возило за собирање комунален смет Рок: 2015 година

Проект: Изградба на нови и реконструкција на постојните тротоари и паркинг-места Со овој проект е предвидено: Изградба на тротоар по должина на улицата „Индустриска“ Рок: октомври 2013 година

Изградба на тротоар на улицата „Светозар Марковиќ“ од детската градинка до спојот со улицата „Индустриска“ Рок: октомври 2015 година

Изградба на нов паркинг-простор зад новата црква „Св. Кирил и Методиј“ во центарот на градот Рок: декември 2013 година

Изградба на нов тротоар по должината на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Милково Брдо Рок: декември 2014 година

Изградба на тротоар по должината на улицата „Кеј на ослободување“ на потегот од новата црква до спортскиот центар во Делчево Рок: декември 2014 година

Изградба на нов тротоар по должината на улицата „Маршал Тито“ на потегот касарна - Таушанско маало Рок: 2015 година

Реконструкција на тротоар на улиците „Светозар Марковиќ“, „Орце Николов“ и „Маршал Тито“ Рок: 2015 година

Проект: Изградба на нова и реконструкција на постојната водоводна мрежа Изградба на нова јавна чешма во село Стар Истевник Рок: декември 2013 година

Реконструкција на водоводната мрежа и водоводни зафати во Црквенец, Драмче и во Нов Истевник Рок: 2015 година

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

29


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Изградба на првична филтер-станица на браната „Лошана“ Рок: 2017 година

Продолжување на реконструкција на водоводната мрежа во населбата Ново Делчево Рок: 2014 година

Продолжување на реконструкција на водоводната мрежа во населбата Милково Брдо Рок: 2015 година

Изработка на студија и на идеен проект за водоснабдување на туристичкиот центар „Голак“ Рок: 2014 година

Проект: Изградба на фекална канализација и на пречистителна станица во населено место Вирче, со поддршка од Владата на Република Македонија Изградбата на фекална канализација ќе овозможи враќање на многу жители што го напуштиле селото поради лошите основни услови за живеење и немањето можности за вработување. Проектираната канализација е во должина од 3.876 метри и ќе опслужува 495 жители. Средствата во износ од 23 милиони денари се обезбедени преку кредит од Европската инвестициска банка во форма на грант од Владата на Република Македонија за Општината. Рок: 2014 година

Проект: Изградба на фекална канализација и на пречистителна станица во село Град, со поддршка од Владата на Република Македонија Изградбата на фекалната канализација ќе овозможи враќање на многу жители што го напуштиле селото поради лошите основни услови за живеење и немањето можности за вработување. Проектираната канализација е во должина од 6.280 метри и ќе опслужува 534 жители. Средствата во износ од 28 милиони денари се обезбедени преку кредит од Европската инвестициска банка во форма на грант од Владата на Република Македонија за Општината и од буџетот на Општина Делчево. Рок: 2014 година

Проект: Изградба на фекална канализација за село Стамер Рок: 2015 година

Проект: Доизградба на канализација во новата населба „Пролет“ Рок: 2016 година

Проект: Изградба и уредување на јавни површини Изградба на капела на градските гробишта Рок: 2015 година

Регулација на река Габровчица во урбанистичкиот опфат на градот Делчево Рок: ноември 2015 година

Регулација на река Брегалница од Гумена брана до Долен мост Рок: 2015 година


НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

31


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


VII. ЗЕМЈОДЕЛСТВО Земјоделството и аграрната политика се предвидени како еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, која како народна партија својата политика ја заснова на традицијата и на вредностите на обичниот македонски човек. Селото отсекогаш било стожер и чувар на нашите темелни вредности. Земјоделството има и сериозно економско значење и потенцијал за поголем натамошен развој. На голем дел на граѓаните од општина Делчево земјоделството им е основно или дополнително занимање и тие се сведоци дека денес може да се развие квалитетен и одржлив агробизнис преку комбинирање на понудените можности на поддршка, почнувајќи од добивање поволен почетен кредит за почнување на бизнисот, поддршка за набавка на живи животни, подигање насади, набавка на опрема и на механизација, потоа редовна годишна исплата на значителни субвенции по хектар, грло или производ, поволно социјално осигурување и ниска стапка на персонален данок. Отворање канцеларија за поддршка на земјоделците и на земјоделските стопанства за бесплатна техничка помош и подготовка на апликации за средствата од програмите ИПАРД и ИПА. Рок: 2013 година

Поддршка на земјоделците и поврзување со партнери од странство. Рок: континуирано

Проект: Полски пат Со изградба на повеќе полски патчиња на територијата на општината значително ќе се олесни пристапот на земјоделците до обработливите површини. Рок: 2013-2017 година

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

33


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


VIII. ТУРИЗАМ Република Македонија располага со богат фонд автентични, природни, традиционални и културни ресурси, кои се значајни предуслови за развојот на туризмот во земјата. Имајќи ја предвид големата улога што ја игра туризмот за локалниот економски развој, општините својата економска предност сѐ повеќе ја препознаваат во збогатувањето на туристичката понуда и во подигнувањето на стандардите за квалитет во овој сектор. Во наредниот период Општината ќе биде посветена сѐ повеќе да ги искористува своите конкурентски предности и максимално ќе се залага да ги развива и промовира најразличните видови туризам, особено планинскиот, езерскиот, спортскиот, рекреативниот, здравствениот, културниот, руралниот и други алтернативни форми на туризам. Со тоа ќе ги задоволиме очекувањата и вкусовите на туристите, а ќе настојуваме нашата општина да ја направиме погодна и препознатлива дестинација на туристичката мапа на Македонија. Донесување нов Детален урбанистички план за туристичко-рекреативна населба кај локалитет Средновековна Кула, во атарот на село Чифлик Рок: 2014 година

Изградба на етно еконаселба во село Град Рок: 2016 година

Изработка и одржување туристички портал за Делчево Рок: 2013 година

Уредување туристички локалитет Кукуље во село Нов Истевник Рок: 2014 година

Уредување туристички локалитет Свети Води во село Тработивиште Рок: 2015 година

Уредување туристички локалитет Кулата кај село Чифлик Рок: 2014 година

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

35


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


IX. КУЛТУРА Културата е неодвоив сегмент во изградбата на европскиот модел на соработка на земјите и сила што спојува бидејќи со насочување на културата против дискриминацијата и заштитата на националните културни вредности се допира до глобалните вредности на Европа. Културата не може сама да ги реши проблемите, но може да биде одличен начин на комуникација, особено во разбирањето, толеранцијата и во почитувањето на различните верски и етнички разлики на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе настојува општината да биде препознатлива пошироко како позната културна дестинација, во која ќе може да се види и доживее духот на македонското вековно културно и идентитетско опстојување. Проект: Реализација, развој и поддршка на сите тековно воспоставени културни настани Реализацијата на овој проект предвидува: Одржување Голачки фолклорни средби Пијанечко-малешевска свадба Гоцеви денови Велигденски празнувања Одбележување годишнини од Разловечкото востание Одбележување на 7 Септември (Ден на ослободување на Делчево) и на 24 Мај (Денот на општината) Создавање и развој на манифестацијата „Делчевско културно лето“ на високо ниво Рок: континуирано

Проект: Заштитување на изворното оро „Копачка“ Довршување на процесот на заштитување на изворното оро „Копачка“ од с. Драмче како светско културно наследство во рамки на УНЕСКО. Рок: 2013 година

Проект: Фестивал на староградски песни „Серенада“ Подигање на нивото на организација и на значење на Фестивалот на староградски песни „Серенада“ во реализација на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“. Рок: континуирано

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

37


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект: „Голачки фолклорни средби“ Секоја година во континуитет се зголемува нивото на квалитет на манифестацијата „Голачки фолклорни средби“, кои традиционално се одржуваат на планината Голак, благодарение на финансиската поддршка од Министерството за култура. Зголемувањето на содржините и на понудата во рамки на фестивалот и негово етаблирање во меѓународни рамки. Рок: континуирано

Проект: Пијанечко-малешевска свадба Пијанечко-малешевската свадба се одржува по шестипат и е во функција на туристичката понуда на регионот, а е во организација на КУД „Гоце Делчев“ од Делчево. Рок: континуирано


НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

39


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


X.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА Интензивирањето на меѓународната соработка е едно од приоритетните прашања во рамките на заложбите за динамичен развој на Општина Делчево. Поддржувајќи ги напорите на Македонија за приближување на општеството и на граѓаните кон Европската унија, приоритет на локалните власти е да се вклучат во проекти и во активности за интензивирање на меѓународната соработка со цел развој на локалната економија и надминување на клучниот проблем - невработеноста. Во таа насока ќе се заложиме за поголема афирмација на општината со промоција на нашите позитивни вредности во меѓународни рамки, но, исто така, ќе пристапиме и кон размена на искуства преку продолжување и проширување на соработката со општини од соседните и од европските земји. Негување на односите со збратимените општини преку интензивна соработка за заедничко конкурирање за фондовите на ЕУ и проширување на соработката во рамки на деловниот сектор. Збратимување со нови општини од земји што се членки на ЕУ. Продолжување на соработката со европски мрежи за рурален развој каде што општина Делчево е веќе членка и зачленување во нови мрежи. Организирање меѓународни манифестации во Општина Делчево, кои се од областа на економијата, руралниот развој, културата и спортот. Рок: континуирано

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

41


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


XI.

БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА Проект: Набавка на возило за потребите на ТППЕ Делчево Рок: 2016 година

Проект: Заштита на животот и на здравјето на граѓаните во општината Зголемен обем на конкретни активности на органите за безбедност, ПС, БПС, КТ, ПС за КПДГ, ТППЕ, посебен осврт на работата на СГГ и на Одделот за превенција при ПС, здравствените и социјални установи. Во тој контекст, наброените фактори, секој во својата област на работење, треба да изработат оперативни планови со конкретни мерки и активности по квартали, кои ќе влезат во рамки на Акцискиот план на Програмата за безбедност на Општината. Опфатена популација, употребени средства, буџет и на крајот сумирани резултати за секој квартал и анализа (квартална, полугодишна и годишна). Општина Делчево и градоначалникот, покрај логистичката поддршка на реалноостварливите планови, ќе биде главен носител на буџетскиот и маркетиншки дел од плановите, а ќе врши и редовна контрола на квалитетот на преземените активности и настани, како и на веродостојноста на добиените резултати. Популаризација на сите активности на факторите и на целите преку сите средства за јавно информирање, преку посебно обучени групи млади луѓе за контакти и за информирање на луѓето, сѐ до степен на здобивање навика кај граѓаните за прифаќање одредено поведение, кое би го зголемило степенот на нивната безбедност и заштита. Зголемување на средствата за изработување летоци, постери, рекламни знаменца и спотови со соодветна содржина. Одржување трибини, дебати на ниво на Општина, УЗ и на МЗ. Формирање стручен тим за спроведување на овие активности. Отворени денови за информирање на граѓаните за новите облици на овој вид криминал и за начините за заштита (одржување јавни тематски трибини, непосредно контактирање со граѓаните и нивно информирање преку УЗ и МЗ. Изработување летоци, плакати, брошури, рекламни спотови со оваа содржина (појавни облици и заштита). Рок: континуирано

Проект: Безбедносна заштита на децата и на адолесцентите како посебна ранлива категорија Општина Делчево со својата сообраќајна инфраструктура генерално е поделена со меѓународниот пат М5, кој води до границата со Р. Бугарија. Во градската траекторија овој пат е со булеварско уредување и со една крстосница, регулирана со хоризонтална, вертикална и со светлосна сообраќајна сигнализација, а во чијашто непосредна близина се лоцирани едно основно

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

43


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

и едно средно училиште. Другите градски улици во најголем дел се солидно обележани со соодветна сообраќајна сигнализација. И покрај ова, постојат прикриени опасности, кои можат да ги загрозат животот и здравјето на граѓаните како во градот, така и во селските населби од подрачјето. Од тие причини, градоначалникот и Општината , во соработка со Одделот за БПС при ПС-Делчево ќе изработи План на мерки и активности со кој ќе се зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот, односно ќе се намали ризикот од незгоди во сообраќајот на подрачјето. Посебно внимание ќе биде посветено на едукативните активности на самите граѓани со цел подигање на колективната свест, самокултура и на сообраќајната самодисциплина на сите учесници во сообраќајот. За таа цел ќе организираме трибини, јавни расправи, дебати, работилници, вежби на општинско ниво и на ниво на УЗ/МЗ. Сето тоа ќе биде поткрепено со летоци, брошури и со кратки филмови со поучна содржина, која ќе биде пласирана на начин што е прифатлив, разбирлив и интересен за сите профили на граѓани. Категории граѓани што ќе бидат опфатени со проектот: деца во предучилишна возраст Ученици во двете ООУ во Општината ученици во средно училиште (адолесценти) деца и малолетници од социјалнозагрозени семејства Рок: континуирано


НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

45


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


XII.

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА Социјалната заштита е организирана дејност од страна на републиката за спречување и за надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот, семејството и различните групи население во текот на животот. Искуството од спроведување на социјалната политика на централно ниво ќе се спроведе и на локално ниво, со што ќе се поттикне и спроведе социјалната превенција, ќе се изработат програми за социјална заштита и ќе се води евиденција за корисниците на социјална заштита. Проект: Доградба на детската градинка „Весели цветови“ во Делчево Изградба на четири нови училници, реконструкција на покривот и на фасадата и набавка на реквизити. Рок: 2014-2016 година

Проект: Бесплатна градинка Обезбедување бесплатна градинка за деца од социјалнозагрозени семејства и за други ранливи категории граѓани. Рок: континуирано

Проект: Дневни центри Отворање нов дневен центар за пензионери за дневен престој, одмор и за рекреација. Дневниот центар е место за организирање на животот на повозрасната популација, кое нуди забава, организирање спортски и културни манифестации, презентација на вредностите и на потенцијалите на возрасните лица и место што ќе нуди можност за подолг живот и соживот. Рок: 2016 година

Проект: Финансиска поддршка на секое новороденче Продолжување на проектот за доделување еднократен паричен надомест за секое новороденче во општина Делчево, како и награда за прво новороденче од секоја тековна година. Рок: континуирано

Проект: Делчево - град без физички пречки Ќе бидат изградени пристапни рампи за лица со инвалидност на јавните институции во општина Делчево и на други јавни места и површини. Рок: 2014 година

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

47


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


XIII.

ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ВМРО-ДПМНЕ во континуитет спроведува реформи за подобрување и за унапредување на квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на РМ. Во соработка со Владата на РМ, ќе работиме на континуирано унапредување на системот на здравствена заштита, со што ќе се овозможи корисниците на здравствените услуги да бидат задоволни, а нивните проблеми брзо и ефикасно решени. Основен приоритет ќе биде подигнување на квалитетот на здравствените услуги на сите нивоа на здравствена заштита. За постигнување на оваа цел ќе инвестираме во модернизација на инфраструктурата преку реализација на проекти за реконструкција, доградба и за приспособување на јавните здравствени установи. Наша трајна определба е секој граѓанин да добие квалитетна здравствена заштита. Проект: Реконструкција на здравствениот дом Проект за реконструкција на здравствениот дом во Делчево опфаќа реконструкција на итната медицинска помош. Рок: 2014 година

Проект: Патронажни лекарски прегледи Вршење патронажни основни лекарски прегледи на населението во руралните места во општината и во градот, пред сѐ за постарите и изнемоштени лица, но и за другите, доколку има потреба. Рок: континуирано

Проект: Вршење ортопедски прегледи за граѓаните на општина Делчево Ќе продолжи реализацијата на поддршка за реализација на ортопедски прегледи за граѓаните од општина Делчево во просториите на Здравствениот дом „Гоце Делчев“ Рок: континуирано 2013-2017 година

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

49


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


XIV.

ТРАНСПОРТ И ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА Инфраструктурната поврзаност меѓу населените места претставува значаен сегмент за подобар и поквалитетен живот на граѓаните. Добрата инфраструктура е основа за забрзан економски развој на општината, придонесува за непречена комуникација на граѓаните, а со тоа и за полесно остварување на секојдневните обврски. Вложувањето во изградба и во одржување на патната инфраструктура е наша долгорочна стратегија, за што говори и бројот на реализирани проекти во изминатиов период. Изградба на пешачки мост на река Брегалница во централно градско подрачје Рок: 2014 година

Проект: Реконструкција на постојни патишта и улици Реконструкција и изградба на хоризонтална и на вертикална сигнализација на улиците во градот Реконструкции на улиците „Светозар Марковиќ“, „Орце Николов“ и „Маршал Тито“ Рок: 2015 година

Реконструкција на улиците „Питу Гули“ и „Голачка“ Рок: 2013 година

Реконструкција на улиците „Велко Влаховиќ“, „Вера Јоциќ“ Рок: 2014 година

Изградба на нов пристап од улица „М. Тито“ до улица „Острец“ и спојување на улица „Плачковица“ со улица „Острец“ Рок: 2014 година

Проект: Изградба на нови улици Изградба на улици во село Габрово Рок: 2013 година

Изградба на улица во с. Разловци Рок: декември 2013 година

Изградба на улици во с. Звегор Рок: 2014 година

Изградба на нова улица покрај кејот на река Брегалница до новиот градски пазар Рок: 2014 година

Пробивање улица од новопроектираниот пешачки мост до детската градинка Рок: 2014 година

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

51


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Пробивање улици во населбата „Пролет“ Рок: 2014 година

Изградба на улици во населба Стрелиште Рок: 2015 година

Изградба на локален пат од село Трстија до село Турија Рок: 2014/2015 година

Изградба на улиците „Разловечко востание“, „Сервисна 2“, „Сервисна 4“ и „Сервисна 5“ Рок: 2017 година

Проект: Реконструкција на патишта со поддршка на Владата на Република Македонија Реконструкција на регионалниот пат Делчево - планина Голак во должина од 10 км Рок: 2015 година

Реконструкција на локален пат Р-523 – Балабанска маала во должина од 800 м, со вредност од 4,6 милиони денари. Рок: декември 2013 година

Реконструкција на локален пат М-5 – Димовска маала во должина од 892 м, со вредност од 5,1 милиони денари. Рок: декември 2013 година

Реконструкција на локален пат Р-522 – с. Косово Дабје – с. Шопје, во должина од 1.224 м, со вредност од седум милиони денари. Рок: јуни 2014 година

Реконструкција на локален пат за Балабанска маала во должина од 545 м, со вредност од 3,4 милиони денари. Рок: јуни2014 година


НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

53


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017


XV.

ИДЕИ ОД ГРАЃАНИ Доградба на пет училници во „М.М. - Брицо“ со што ќе се обезбеди едносменско работење и заштеда на електрична енергија Рок: 2014 година

Изградба на водопоило во село Чифлик Рок: 2013 година

Организирање ден на слива и на сливова ракија (Пијанечка марка) Рок: континуирано

Саем на стари занаети Рок: континуирано

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

55


www.vmro-dpmne.org.mk

Програма за иднината 2013-2017  

Победничка програма 2013-2017 на идниот градоначалник на Делчево Дарко Шехтански

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you