Можности за инвестирање во Делчево 2013

Page 1



Општина Делчево водена од своите определби за градење на економски стабилна општина со квалитетни и препознатливи брендови, привлечно место за живеење за среќни и здрави луѓе во 2000 година изработи и усвои Генерален урбанистички план за стопански комплекс „Долни бавчи“. 300 метри од магистрален пат А3 10 км кон граница со Р. Бугарија 140 км до аеродром во Софија

160 км до аеродром во Скопје 40 км до железница во Кочани 1 км од центарот на Делчево


Почнувајќи од 2012 година општина Делчево започна со оттуѓување на градежни парцели во сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање. Расположливи градежни парцели во Индустрискта зона „Долни бавчи“, кои се предмет на оттуѓување по пат на јавно наддавање се следните:

• деветнаесет градежни парцели со намена Лесна индустрија со површина од 218 м2 до 8657 м2, со почетна цена од 61 денар/м2. • четири градежни парцели со намена Стоваришта со површина од 2739 м2 до 4036 м2 со почетна цена од 61 денар/м2


Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават во периодот 14-16 мај 2013 година во Архивата на општина Делчево. Сите детални информации се расположливи на веб страната на општина Делчево www.delcevo.gov.mk и во просториите на општина Делчево како и на телефон 033 411 550 кај Комисијата формирана за оваа намена.

Простории на Општина Делчево

Официјален интернет сајт на Општина Делчево

www.delcevo.gov.mk


• Електронското јавно наддавање ќе се одржи на 17-ти ЈУНИ 2013 година со почеток во 11.00 часот на следната интернет локација: http://www.gradezno-zemjiste.mk/auctions.aspx

ИНТЕРНЕТ САЈТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ www.gradezno-zemjiste.mk/auctions.aspx


Општина Делчево водена од своите определби за градење на економски стабилна општина со квалитетни и препознатливи брендови, привлечно место за живеење за среќни и здрави луѓе, со растечки потенцијал во алтернативниот туризам, со посебна препознатливост по својата традиција и историја во 2005 година изработи и усвои Детален урбанистички план за Туристички локалитет ГОЛАК.

УБАВИНИТЕ НА ГОЛАК


ТУРИСТИЧКИ ЛОКАЛИТЕТ ГОЛАК Туристички локалитет ГОЛАК е лоциран во североисточниот дел на Македонија на територијата на општина Делчево, на 1.536 м надморска височина во прекрасна борова шума. Туристичкиот локалитет Голак има идеална местоположба на 10 км од магистралниот пат А3. 15 км од граничниот премин Арнаутски гроб. 160 км од аеродромот во Скопје и 140 км од аеродромот во Софија. До планината се стигнува преку регионалниот пат Р 2343 (Делчево-Голак).

Во подножјето на планината лежат четирите општини: Делчево, Берово, Пехчево и Виница со вкупно 51 населено место и 56.901 жител.

Имајќи ги во предвид потенцијалите со кои располага планината за развој на здравствениот, спортскиот и алтернативниот туризам, општина Делчево во 2005 година изработи и усвои Детален Урбанистички План(ДУП) за ТУРИСТИЧКИ ЛОКАЛИТЕТ „ГОЛАК“, со површина на урбано подрачје од 12 ха.


Почнувајќи од 2012 година општина Делчево започна со оттуѓување на градежни парцели во сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање.

Расположливи градежни парцели во Туристички локалитет Голак, кои се предмет на оттуѓување по пат на јавно наддавање се следните:

Една градежна парцела со намена за Камп простор со површина од 2432м2 со почетна цена од 61 денар/м2, лоцирана на растојание 650 метри од спортските терени.

Две градежни парцели со намена Угостителство. Едната со површина од 431 м2, лоцирана на растојание 640 метри од спортските игралишта. Другата со површина од 236,85 м2 лоцирана на растојание 80 метри од спортските терени. Почетна цена од 360 денари/м2.

СПОРТСКИ ТЕРЕНИ

Осумнаесет градежни парцели со намена Викенд куќи, со површина од 190-308м2, лоцирани во радиус од 20 до 600 метри од спортските терени. Почетна цена од 61 денар/м2


Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават во периодот 14-16 МАЈ 2013 година во Архивата на општина Делчево. Сите детални информации се расположливи на веб страната на општина Делчево www.delcevo.gov.mk и во просториите на општина Делчево како и на телефон 033 411 550 кај Комисијата формирана за оваа намена.

Простории на Општина Делчево

Официјален интернет сајт на Општина Делчево

www.delcevo.gov.mk


• Електронското јавно наддавање ќе се одржи на 21-ви МАЈ 2013 година со почеток во 12.00 часот на следната интернет локација: http://www.gradezno-zemjiste.mk/auctions.aspx

ИНТЕРНЕТ САЈТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ www.gradezno-zemjiste.mk/auctions.aspx


Во централното градско подрачје на општина Делчево на потегот Основно училиште „Ванчо Прке“ – детска градинка „Весели цветови”, во близина на градскиот зелен пазар, во еден од најфреквентните делови на градот општината започна со оттуѓување на градежни парцели во сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање.

ЛОКАЦИИ ЗА ОТТУЃУВАЊЕ АВТОБУСКА СТАНИЦА

ДЕТСКА ГРАДИНКА

ООУ ВАНЧО ПРЌЕ

СПОМЕН ДОМ АСНОМ


Расположливи градежни парцели во централното градско подрачје, урбана единица 2, дел од блок 2.2 кои се предмет на оттуѓување по пат на јавно наддавање се :

четири градежни парцели за Мали комерцијални и деловни намени со површина од 300м2 до 893м2, со почетна цена од 1600 денари/м2.


Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават во периодот 14-16 МАЈ 2013 година во Архивата на општина Делчево. Сите детални информации се расположливи на веб страната на општина Делчево www.delcevo.gov.mk и во просториите на општина Делчево како и на телефон 033 411 550 кај Комисијата формирана за оваа намена.

Простории на Општина Делчево

Официјален интернет сајт на Општина Делчево

www.delcevo.gov.mk


• Електронското јавно наддавање ќе се одржи на 21-ви МАЈ 2013 година со почеток во 11.00 часот на следната интернет локација: http://www.gradezno-zemjiste.mk/auctions.aspx

ИНТЕРНЕТ САЈТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ www.gradezno-zemjiste.mk/auctions.aspx


Општина Делчево објавува оттуѓување на градежни парцели во локалитет Сервисна зона и тоа: •

една парцела за Мали комерцијални и деловни намени со површина од 804м2 со почетна цена од 1100 денари/м2

две парцели со намена Лесна индустрија, сервиси и стоваришта со површина од 522м2 и 626м2, со почетна цена од 61 денар/м2

Булевар Македонија Улица Индустриска Локален пат кон с.Полето

ЛОКАЦИЈА ЗА ОТТУЃУВАЊЕ ЛОКАЦИИ ЗА ОТТУЃУВАЊЕ


Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават во периодот 14-16 МАЈ 2013 година во Архивата на општина Делчево. Сите детални информации се расположливи на веб страната на општина Делчево www.delcevo.gov.mk и во просториите на општина Делчево како и на телефон 033 411 550 кај Комисијата формирана за оваа намена.

Простории на Општина Делчево

Официјален интернет сајт на Општина Делчево

www.delcevo.gov.mk


• Електронското јавно наддавање ќе се одржи на 21-ви МАЈ 2013 година со почеток во 11.00 часот на следната интернет локација: http://www.gradezno-zemjiste.mk/auctions.aspx

ИНТЕРНЕТ САЈТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ www.gradezno-zemjiste.mk/auctions.aspx



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.