Kapital magazin 722

Page 1

n “КрАј ИЛИ ПОчеТОК НА МАКедОНСКАТА ПОЛИТИчКА КрИЗА!?............................................................стр.42 n “Вујче Од АМерИКА“ Веќе Не ПрАќА ПАрИ.............................................................................................................стр.26 n држАВАТА јА урНА ПАЗАрНАТА ЛОГИКА ВО МедИуМСКИОТ И ПрОдуКцИСКИОТ БИЗНИС!...стр.38

број 722 цена 100 ден. | 30 август, 2013, петок | година 14

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

a t a j I r t s u InD , n u a D k o n vo Капитал e t анализа I k n a b t a a D bIl I t I prof

str.

40

interview

IlIja IlI Il Ija DImovskI D Imovsk

пратеник директор на ентар за Мне комуникации на

s Ivme ^ekor napre za po obruvawe na pol DI

str.

16

exclusive

КАКО И ЗОшТО БАНКрОТИрАше АВСТрИСКАТА ГрАдежНА фИрМА АЛПИНе БАу?

Менаџери на Алпине бау под истрага за str. 22 лажен банкрот?!




Капитал Капитал број број 722 672 30.08.2013 12.09.2012

www.kapital.mk www.kapital.mk

4 сОдРжИНА 4 НАВИГАТОР ИздВОјуВАме 06 КапиталНО

БиљаНа ЗдравКОвсКа стОјчевсКа Царот е гол!

10 ПОЗИЦИЈАТА НА КАПИТАЛ 16 cover story

Променливи резултати на македонските компании во првото полугодие Индустријата во нокдаун, банките „билдаат“ профити

22 exclusive

Како и зошто банкротираше австриската градежна фирма алпине бау? Менаџери на Алпине бау под истрага за лажен банкрот?!

Лоша година

Според шестмесечните резултати на компаниите доставени до Македонската берза, добар дел од нив имаат стагнирање или намалување на продажбата, што значи дека итно се потребни нови антикризни мерки насочени кон поттикнување на извозот, но и подобрување на нивната ликвидност. Во образложенијата на своите резултати речиси сите компании наведуваат дека стагнацијата или падот на продажбите се должат на задоцнетиот ефект на светската и европската економска криза, односно намалени нарачки, но и зголемени трошоци во делот на енергенси и суровини.

Алпине бау, скандал уау!

Поранешни менаџери на австриската Алпине бау, која во јуни годинава прогласи банкрот, се под истрага поради основани сомневања за лажно сметководство и лажен банкрот. Иако сите договори на Алпине бау во Македонија биле покриени со банкарски гаранции обезбедени од странски банки, сосема друго прашање е колкава е нивната висина во однос на цената на проектот, како и дали зголемувањата на трошоците за изградба по основ на непредвидени и дополнителни работи биле реални со оглед на тоа што тие се плаќале од државниот буџет?

XX Стр. 16

XX Стр. 22

26 АНАЛИЗА

Парите од иселениците ќе се преполоват во -следните 10 години „Вујче од Америка“ веќе не праќа пари

36 ИНТерВЈу

стаНКа ПејаНОвиќ член на Управата на Меркатор задолжена за југоисточна европа и директорка на Меркатор-с Голем трговец Шанса за регионот

40 ИНТерВЈу

илија диМОвсКи Пратеник директор на Центар за комуникации на вМрО – дПМНе Со СДСМ направивме чекор напред за подобрување на политичкиот дијалог!

42 ПОЛИТИКА

Партиите капитулираа пред Брисел - потпишан извештајот од комисијата за 24 декември Крај или почеток на македонската политичка криза!?

48 КОЛуМНА

НеНО БОГдаН Борбата меѓу СДСМ и ВМрОДПМНе за владеење со македонија е како борба меѓу двајца неписмени за книга

22

16 секнуваат девизите од дијаспората

драмолетка

Македонските печалбари од дијаспората годинава праќаат помалку евра и долари од лани. Само во првите пет месеци од годината, дознаките од странство се намалија за 9,1% споредено со истиот период лани, а салдото изнесува 556,5 милиони евра. Дали овој тренд е последица на силната економска криза во западноевропските земји и ударот врз нивниот стандард или, пак, едноставно печалбарите ги повлекуваат целите семејства во странство и веќе нема кому да праќаат пари во татковината?! Прочитајте го одговорот во анализата што ја направивме за вас. XX Стр. 26

Нема таква криза којашто власта и опозицијата можат да ја создадат, а за која не може да се најде решение во 5 до 12, пред некој самит, извештај или битна посета. Токму затоа драмолетката со Комисијата за расчистување на настаните од „црниот понеделнички 24 декември“ не ги вознемири многу граѓаните, а богами иако на многумина може да им изгледа поинаку, не ги возбуди ниту странците. Амбасадор на моќна земја од еу информираше дека до договор ќе дојде од едноставна причина што европската унија нема никаква намера да дозволи Македонија да ја изгуби препораката за членство. XX Стр. 42

51 ФељТОН

Букурешки мировен договор 100 години потоа – продолжение број 4 Погубниот став на големите сили за Македонија

54 НА руЧеК СО...

ЦветаНКа јОваНОва, академски сликар Боите на Македонија ми се бескрајна инспирација

58 СВеТОТ НА ВИНОТО лОЗарствО ВреМе е ЗА БерБА

26

42



Капитал број 722 30.08.2013

6

www.kapital.mk

КапиталНО

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Ona {to go dogovorija politi~kite vedeti za ovie osum meseci vo izve{tajot za „crniot ponedelnik” navistina ima te`ina ne kolku „paloma”, tuku kolku toaletna hartija. I toa upotrebena. Zatoa, neka ne se prodavaat kako pobednici i lideri koi se zalagaat za dobroto na dr`avata, za vladeeweto na demokratijata i za slobodata na govorot. Vo ovie osum meseci Makedonija be{e zalo`nik na sopstvenite politi~ki lideri, koi vo nemo`nost da vladeat i da gi re{avaat vistinskite probemi, sozdavaat ve{ta~ki krizi za potoa tie kako golemi lideri uspe{no da gi re{avaat. Ova e ve}e poprovidno od novata obleka na carot, koja samo glupavite i siroma{nite ne mo`at da ja vidat. No, kolektivnoto ignorirawe na faktite ve}e prerasnuva vo nacionalen mit, koj te{ko }e mo`e da se razbie

Царот е гол! Д ијалогот конечно се врати на македонската политичка сцена. За доброто на Македонија, политичките ведети кои изминативе осум месеци лошо глумеа во оваа рапсодија наречена „Комисија“ конечно се договорија. Што се договорија само еден Господ знае. Оти во извештајот, кој за едните е парче „палома“ хартија, а за другите потврда на вистината, не стои јасно што беше тоа што се случуваше во македонскиот Парламент на 24 декември минатата година. Што се договорија? Имало тепање и бркање пратеници или немало од страна на полицијата? Имало прекршување на Уставот или немало? Новинарите биле избркани со сила од Парламентот или биле љубезно замолени да излезат? Ако имало прекршување на Уставот, кој ќе одговара и пред кого? Ако немало тепање пратенци и бркање новинари, тогаш некој треба да одговара оти глумел лудило и незаконски го спречувал работењето на Собранието и носењето на Буџетот. На овие прашања нема одговори во извештајот. Има само бледо формулирани заклучоци дека тоа што се случило не е убаво и препораки дека е добро тоа да не се повтори во иднина. Заклучоците и препораките во овој фамозен извештај, кој партиските правни експерти го договараа и го пишуваа цели осм месеци, немаат никаква употребна вредност, ниту задолжителна примена. Тој е скроен така да што него и едните и другите можат да се прогласат за морални победници. Едните дека во стилот на тоа попаметниот попушта го потпишале извештајот, со кој не само што не се согласувале, туку им имал тежина како „палома“, ама го подметнале грбот за доброто на државата. Другите во стилот: ете, се докажа дека ние бевме во право за с$ што зборувавме и успеавме да ја вратиме демократијата во земјата. Токму поради таквите ретардирани и празни заклучоци и препораки овој

извештај во суштина, тежи не колку „палома“, туку колку тоалетна хартија. И тоа употребена. Ама не можат поради ваквиот извештај и едните и другите на крајот за победници да ни се продаваат. Оти се губитници, кои цели осум месеци ја држат државата во заложништво и ја доведуваат работата дотаму европските комесари да се закануваат со повлекување на препораката за членство, за на крај да се продаваат како лидери кои поради доброто на државата знаеле да прават компромиси и да наоѓаат заеднички решенија. И тоа исклучиво и само откако ќе „попијат” шамар од Брисел. А медиумите (не сите) едвај чекаа да го прогласат овој компромис како многу значаен за Македонија и да прават анализи што значи тој за политичкиот дијалог и за европската иднина на земјата. Колку беше само мачно да се гледаат и да се слушаат експертите и на едните и на другите како се трудат од мал мозок да кажат барем нешто што ќе има некаква смисла. Па ни кажуваат дефиниции што е дијалог, дека Еврпската унија ќе знаела овој извештај да го толкува на вистински начин, дека тоа ќе влијаело Македонија наесен да добие позитивен извештај од Европската комисија. И Штефан Филе експресно го пофали потпишувањето и потенцираше дека едвај чека да почне да се спроведува договореното. Овде некој мора да е или глупав или луд, оти ова многу потсетува на приказната во којашто царот кој бил гол, а сите околу него го убедувале дека е облечен во најубава и најскапа облека. Која не можеле да ја видат глупавите и сиромашните. Па сите, дури и самиот цар, не сакал да признае оти е гол, за другите да не помислат дека е глупав, како што молчеле и сите поданици плашејќи се од лутината на царот кој многу сакал да го фалат колку е личен. Во овие осум месеци Македонија беше заложник на сопствените политички лидери, кои во неможност да владеат,


www.kapital.mk

Капитал број 722 30.08.2013

КапиталНО

7

И одеднаш, главна тема во државата се предвремените избори. Па браво, мајсторски изрежирано и одиграно. Што да се каже, а да не се заплаче. „Лидерите” повторно си ја вратија топката на терен каде што најдобро знаат да дриблаат, па сега главните анализи ќе се прават за тоа кој е за, а кој не е за предвремени избори? Зошто ВМРО-ДПМНЕ сака, а СДСМ не сака предвремени избори? Зошто Заев сакал, а некој друг во СДСМ не сакал избори? Ви текнува? Веќе девет месеци никој во државата не зборува за ништо друго освен за политички кризи и за жешка политичка есен. Не е веќе „ин“ да се зборува за економијата, за тоа како Македонија ќе оствари повисоки стапки на економски раст, како ќе се отворат нови фирми и нови работни места, како ќе се зголемат инвестициите и извозот создаваат вештачки кризи за потоа тие како големи лидери успешно да ги решаваат. Ова е веќе попровидно од новата облека на царот, која само глупавите и сиромашните не можат да ја видат. Но, колективното игнорирање на фактите веќе прераснува во национален мит кој тешко ќе може да се разбие. И одеднаш, главна тема во државата се предвремените избори. Па браво, мајсторски изрежирано и одиграно. Што да се каже, а да не се заплаче. Лидерите повторно си ја вратија топката на терен каде што знаат најдобро да дриблаат, па сега главните анализи ќе се прават за

тоа кој е за, а кој не е за предвремени избори? Зошто ВМРО-ДПМНЕ сака, а СДСМ не сака предвремени избори? Зошто Заев сакал, а некој друг во СДСМ не сакал избори? Ви текнува? Веќе девет месеци никој во државата не зборува за ништо друго освен за политички кризи и за жешка политичка есен. Не е веќе „ин“ да се зборува за економијата, за тоа како Македонија ќе оствари повисоки стапки на економски раст, како ќе се отворат нови фирми и нови работни места, како ќе се зголемат инвестициите и извозот... Ако сте навистина заинтересирани за

доброто на државата и за нејзината иднина, ајде да ве видиме, формирајте комисија, ама без европски камшик, која ќе го усогласи планот за економски развој на Македонија и ќе даде заклучоци и препораки за сите економски проблеми кои повеќе од 20 години го блокираат напредокот на земјата. Ајде, усогласете се за овие прашања и ќе ви веруваме дека имате лидерски способности. Ако не можете тоа да го направите, тогаш за доброто на државата, повлечете се. Барем така ќе има еден проблем помалку на нејзиниот пат до развојот.


"I HAVE A DREAM" 50 godini od govorot koj ja oblikuva[e amerika


фото вест

Капитал број 722 30.08.2013

S

Со само една реченица кажана пред точно 50 години предводникот на движењето за граѓански права во САД, Мартин Лутер Кинг Jуниор, застана во редот на Американците коишто се најзаслужни за обликување на современата Америка каква што ја знаеме денес. Меѓутоа, тој жежок 28 август 1963 година на почетокот не личел на она што Кинг го замислил. Тоа за организаторите на Маршот на Вашингтон било напорно попладне, а недогледното мноштво луѓе пред Линколн меморијал центарот биле подготвени за говор со реторички адреналин и исконска поезија на нивниот лидер. Задачата на баптистичкиот проповедник Кинг била неговиот говор од обичен да го претвори во историски, во световен, а пред себе ја имал најголемата публика во животот. Телевизиските камери ги пренесувале неговите зборови во американските домови, претседателот Кенеди го слушал од Белата куќа, а Кинг се мачел со текст од којшто имал неколку верзии. Но, масата народ не одговорила на неговите пораки, па се чинело дека Кинг е на работ да ја пропушти својата историска шанса. Тогаш тој ја слушнал сугестијата на една од своите соработнички, госпел-пејачката Махејл Џексон, која му дофрлила: „Зборувај за сонот, Мартине!“. Тогаш Кинг го прекинал однапред составениот говор и почнал да импровизира, говорејќи ги зборовите кои станаа важни за американската нација, како оние на Абрахам Линколн, пред чиј споменик Кинг стоел и оние на Томас Џеферсон, чиј гроб бил од неговата десна страна. „Сонувам... дека моите четири деца еден ден ќе живеат во нација која нема да ги вреднува според бојата на кожата, туку по карактерот...“ За својот сон Кинг зборувал шест минути, а реченицата „I have a dream…“ ја повторил осум пати. Милиони Американци, но и целиот свет останале фасцинирани. Иако борбата за еднаквост во Америка траеше и по овој марш, говорт на Мартин Лутер Кинг остана запаметен како ремек-дело.


Капитал број 722 30.08.2013

www.kapital.mk

10 ...позицијата на капитал...

Камо да погрешивме... Колку и да сакавме да погрешиме во песимистичките прогнози за 2013 година, полугодишните резултати на најголемите македонски компании потврдуваат дека годинава ќе бидат среќни ако ја завршат со стагнација Игор Петровски igor.petrovski@kapital.mk

Б

изнисот го чека уште потешка година“, вака напиша „Капитал“ некаде кон крајот на декември, сумирајќи ги проценките на менаџерите и економските експерти во земјава за тоа што ја очекува македонската економија во 2013 година. Колку и да сакавме да погрешиме во песимистичките прогнози, полугодишните резултати на најголемите македонски компании потврдуваат дека годинава ќе бидат среќни ако ја завршат со стагнација. За некаков значителен раст не ни сонуваат. И податоците од државната статистика го потврдуваат трендот на слабокрвност во македонската

индустрија: за првите шест месеци во преработувачката индустрија има пад на производството од 0,6%. Тоа што секторите „Рударство и вадење камен“ и „Снабдување со енергија, климатизација...“ со по 9%-10% раст доведуваат до стапка на раст на целата индустрија за 1,8%, не е утеха. Суровини без додадена вредност не може да бидат носители на здрав и одржлив економски раст. Потребен е силен импулс кај преработувачките компании коишто изминатиов период грчевито се борат да не ги загубат и така намалените нарачки, згора обременети со неликвидност, зголемени трошоци за инпутите во производството итн. Пад на продажбата од 20%, 30’ или 40% во однос на истиот период лани, што се забележува кај најголемите компании од металургијата, прехраната, транспортот,

трговијата... доволно кажуваат каква година ќе биде оваа за нив. Тоа што некои фирми со продажба на имот, акции или други приходи што не се од редовното работење ги „фризираат“ резултатите, па на крај ќе покажат дури и зголемување на добивката, нема врска со реалниот бизнис. Она што е важно е дека фирмите имаат с$ послаби продажби, со ретки исклучоци. Тоа значи дека кризата с$ уште владее во македонската економија. И дека се потребни нови антикризни мерки, што побргу! Пред с$, насочени кон зголемување на извозот и одржување на ликвидноста. И зголемување на капацитетот на Македонската банка за поддршка на развојот за што поголема понуда на евтини кредити потребни на домашните исцрпени фирми, како капка вода на жеден.

Дали штитењето на економијата е грев? Заштитните мерки во форма на нецарински бариери ги користат речиси сите економии. Дали политиката на максимално отворена економија е вистинскиот избор за земјава? Верица Јорданова verica.jordanova@kapital.mk

П

о с$ изгледа, добар дел од македонските компании и надлежните институции од областа на економијата и трговијата функционираат како „Алиса во земјата на чудата“... Штом ќе се споменат заштитни мерки за економијата, тие веднаш едногласно почнуваат со приказните за прекршување на правилата на ЦЕФТА, за нефер трговија и предизвикување трговска војна. Актуелниот случај со заканата која доаѓа од Србија за ограничувањето на македонските производи како контрамерка за условениот увоз на пченица ги исфрли на виделина сите „фалинки“

на тезата дека кое било штитење на економијата не е добро за здравите конкурентски односи на еден пазар!? Да не заборавиме дека македонските извозници со години наназад укажуваат дека се соочуваат со илјада и една пречка кога извезуваат, особено во земјите од регионот. Со долги и админстративни процедури при влез на пазарот, преку ноќ донесени прописи со коишто се бараат одредени сертификати или други документи кои го поскапуваат и го отежнуваат македонскиот извоз. Башка што домашниот пазар е комплетно нарушен со масовниот увоз на производи од компании кои во своите земји користат бројни субвенции и други повластици кои вешто ја избегнуваат етикетата „извозни стимулации“. Во такви услови, смислено скроените

заштитни мерки стануваат клучна конкурентска предност на компаниите. Македонските, кои едвај можат и да помислат на продор на регионалните пазари, остануваат со прстот во уста дури и на домашен терен. Заштитата на домашната пченица, според надлежните, не ги прекршува правилата на ЦЕФТА. Ако е така и ако има и други мерки кои ќе ја подобрат позицијата на домашните компании на домашен терен, нема причина истите да не се применуваат. Некои од најразвиените европски економии и официјално воведоа мерки кои ги фаворизираат домашните компании. Факт е дека и најразвиените пазари се штитат со нетрговски бариери. Нема причина зошто во мала, отворена и ранлива економија како македонската тие да не бидат на дневен ред?!


www.kapital.mk

Капитал број 722 30.08.2013

...позицијата на капитал...

11

Година на змијата Македонија не умее да се снајде во змиската година - Македонија не се движи, ама мавта со сите екстремитети наоколу во гестикулација која отстрана гледано, збунува дали е повик за помош или крик на маченик кој моли да се остави да умре Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

У

ште четири месеци има 2013 година, која според кинескиот хороскоп, е година на змијата, за да покаже наклонетост на ѕвездите кон Македонија. Во спротивно, оваа година можеме комотно да ја сместиме во листата со изгубени, оти с$ што донесоа првите три квартали може да се опише со два збора - проста политичка манипулација и дефокусирање. Од декември лани почна политичката криза во земјава кога се случи „црниот“ 24 декември. Можеше ли некој да претпостави дека девет месеци од наредната година македонската политика ќе биде заглавена во дешифрирање што и како се случило на тој датум и дали и кој ќе понесе одговорност!? Веројатно да, но идеа избори..Во меѓувреме драма. Прво дали да се формира комисија, па драма

додека се изберат членовите, драма додека се најде претседател, драма кога тој претседател се наоѓа, па кога потоа сфаќа со кого си има работа, па сака, ама не го пуштаат да си даде оставка, драма со рокови, драма со придавки, драма со „тепачки“ зад затворени врати... Па излегува Филе за да каже дека е многу возбуден што дошло до компромис и дека штом дијалогот на власта и опозицијата се одврзал, „тек сега“ кој ли ќе го запрел искачувањето на Македонија кон европските висини... Тука некаде се и изјавите од Мала Речица и сеирот што ДУИ не може да го скрие во своите пораки дека ред е двете главни партии во македонскиот блок да престанат да мислат на партиските и да почнат да работат на државните интереси... Бедна е оваа поставеност на македонската политика, оти јасно е веќе дека тука има с$, освен политика. Интереси, пазар, бизнис, суети, но нема политичка игра. Нема ниту политички потези, нема ниту политичка идеја,

идеологија, лидерство. Саде сценарија за тоа што н$ очекува. Секоја година истото - ќе има ли избори, колку пратеници ќе падне ВМРО-ДПМНЕ, а за колку ќе се качи СДСМ, кој ќе се најде на листите, кој директор ќе добие „клоца“, помалку позитивен или помалку негативен ќе биде Извештајот од ЕУ, дали само Атина или можеби и Софија подготвува вето, ќе излезе ли ДУИ од Владата, дали Бранко навистина си замина... Кажете сега дали има македонски граѓанин кому не му е мачно да го гледа и да го трпи ова? Земјата едноставно, зрачи со својата колосална немоќ и незрелост да си ги решава своите стратешки проблеми. Немоќ сама со себе да излезе на крај. Раскарана со соседите, а нејзините политички субјекти дома се раскарани меѓусебе, Македонија не е јасна во своите стратешки правци, туку е изгубена од една цел до друга цел со лидери коишто се посветени на евтина домашна продукција на сапунска опера.

Ќе се пие повеќе нафта! Владата плаќа 50% Ако единствена гаранција за слободата на медиумите е функционирањето по пазарна логика, прашање на време беше кога Владата, која е најголем огласувач во државата, ќе ги направи медиумите уште позависни од Буџетот Максим Ристески maksim.risteski@kapital.mk

В

ласта секогаш е чекор пред опозицијата - и кога оди против демократските придобивки кои на Македонија & ги вети историскиот 8 септември. Деновиве, во екот на расправата за Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кога опозицијата беше сигурна дека ја има картата за целосно разобличување на власта, ставајќи ја во ситуација да го одбие предлогот да им се забрани на медиумите да бидат спонзори во партиските кампањи, претставникот на Владата во собраниската расправа за законот, министерот Иво Ивановски, толку го зголеми влогот во играта што целосно го обесмисли опозицискиот напад. Toj не само што мазно и без образложение го одби предлогот медиумите, како еден од клучните фактори за добивање

избори, да не смеат да бидат спонзори на партиите, туку прифати амандман со кој Владата официјално стана партнер на сите приватни национални телевизии кои јавноста веќе ги смета за гласила на ВМРО-ДПМНЕ! Отсега во квотата за изворно создадена домашна програма, која телевизиите според новиот закон треба да ја исполнат, ќе гледаме содржини кои Владата по засега неутврдени критериуми ќе ги оцени како битни, а за реализација на истите на тие телевизии ќе им бидат платени половина од трошоците, и тоа од парите на граѓаните. Вака Владата планира да го стимулира создавањето домашна програма, во целосна спротивност со пазарната логика, која секако, ја имаше во самата обврска за емитување одредени квоти на домашна програма која ќе ги натераше телевизиите барем дел од парите што ги трошат на турски серии да ги вложат во сопствена продукција, без опасност од државен поткуп. Со прифатениот амандман

медиумскиот пазар во Македонија, каде што државата е најголем огласувач, дополнително се прави зависен од Буџетот. Ако досега со најголем дел од телевизиите што емитуваат на национално ниво не можеше никако да се поврзе дефиницијата за медиум како простор за артикулирање на плуралната, критичка јавност во интерес на граѓаните, отсега во услови кога Владата ќе влезе 50/50 во некој милионски проект, на пример со ТВ Сител, ова нема да може да го најдеме ниту на вториот кат, каде што како што вели познатиот виц, се наоѓаат научно-фантастичните романи. Не само што нискиот индекс на медиумски слободи измерен од сите релевантни меѓународни организации ќе го пробие досегашното во потрага по ново дно, туку и она малку што живуркаше во медиумско-продукцискиот бизнис на пазарна основа, надвор од продукциските куќи кои ги добиваа тендерите за владините реклами, дефинитивно ќе се задуши.


Капитал број 722 30.08.2013

12 НАВИГАТОР > БРОЈКА

www.kapital.mk

ИЗЈАВА НА неделата

38.700 компании во Македонија имаат блокирани сметки заклучно со јули 2013 година, објави НБРМ

Секој нов воведен данок сега би го закочил економскиот раст и би го блокирал процесот на создавање нови работни места.

Оли Рен

комесар за економија во ЕУ

победник на неделата

Сахара груп и официја инвестицијата во Овче

Ванчо Каргов

+

Царинската управа е на терен. Интензивно во повеќе градови низ земјата се одвиваат работилниците на кои на компаниите симплифицирано им се објаснуваат царинските олеснувања и поедноставените царински постапки. Замислата на првиот човек на Царинската управа е поедноставените мерки за спроведување на царинските формалности кои постојат како можност, а релативно малку се користат, да се доближат што повеќе до компаниите на локално ниво, со цел повеќе да се прифатат и да се применуваат. Активноста трае веќе два месеци и се реализира низ поголемите градови на државата. Досега се одржаа работилници во Штип, Струмица, Куманово, Битола, Гевгелија и во Скопје. Царинската управа ги промовира олеснувањата и поедноставувањата во царинските постапки со цел да се поттикне помасовно користење на олеснувањата во спроведувањето на царинските постапки, како што се стоково царинење на граничните премини, примена на поедноставените царински постапки и постапки со економски ефект, користење на алатките во рамките на е–Царина, употреба на унапредениот ЕХИМ систем за издавање дозволи за увоз, извоз, транзит и тарифни квоти, системи за постапки со економски ефект, за увоз за облагородување и за електронска комуникација, но и погодности од единственото поднесување хартиени документи за сите постапки во Царинската управа.

Компанијата во следните три години на просторот меѓу Светиниколско и Велешко ќе изгради регионален млечен центар инвестирајќи околу 211 милиони евра пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

С

ахара груп на Субрата Рој и официјално започна со реализација на проектот за земјоделство во Македонија. Компанијата во следните три години на просторот меѓу Светиниколско и Велешко ќе изгради регионален млечен центар инвестирајќи околу 211 милиони евра. За овој проект е планирано вработување на повеќе од 200 лица од Македонија и изградба на фабрика за добиточна храна и млекарница

со фарма со над 20 илјади грла. Како што беше најавено за еден месец се очекува да почнат градежните активности, а за една година да се произведат и првите количини млеко. А.П. Синха, претставник на Сахара груп, најави дека на земјиштето на некогашниот агрокомбинат Џумајлија од Лозово ќе никне најголемата регионална млекарница. „На ова земјиште ќе се изгради најголемата фарма и млекарница во овој регион. За еден месец ќе започнат првите градежни работи, а првото млеко се надеваме дека ќе биде дел од трпезите до крајот на следната година. Ние во оваа млекарница и фарма ќе вложиме не само финансиски средства, туку и знаење и технологија што за првпат ќе бидат презентирани во Македонија. Млечната индустрија има


www.kapital.mk

Капитал број 722 30.08.2013

> БРОјКА

Алијанса за позитивна Македонија отвора десет нови канцеларии

В

о вторникот беше поставено паното на новата канцеларија на Алијансата за позитивна Македонија во центарот на Скопје, во зградата Тифани. Ова е прва од предвидените десет канцеларии кои Алијансата ќе ги отвори во текот на септември, во чија втора половина е најавено и основачкото собрание на новиот политички субјект. Алијансата за позитивна Македонија, чии иницијатори се новинарот Љупчо Зиков, поранешниот премиер Владо Бучковски и бизнисменот Минчо Јорданов, на 26 јуни при промовирањето на иницијативата ги презентираше столбовите на својата платформа - поттикнувањето на домашните инвестиции, и на тој начин запирањето на белата чума и на иселувањето на младите од земјата.

6,1

милијарди евра достигна платниот промет во Македонија во јули оваа година, соопшти НБРМ

НАВИГАТОР

13

мисла на неделата

Ниту едеН бизНис Не може да опстаНе без потрошувачи. НачиНот На којшто се одНесувате со Нив влијае врз тоа колку ќе бидат отвореНи вашите ’врати‘.

Харви Мекеј американски бизнисмен и писател

ално ја почна еполието

можност за развој единствено ако се инвестира и вложува“, изјави Синха. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, потенцираше дека проектот за инвестиции во македонското земјоделство и млекопроизводство од денеска станува реалност и дека ова е најголем проект и инвестици во македонското земјоделство во последните 25 години. „Проектот е препород за регионот, инвестицијата ќе донесе повеќе од 2.000 вработувања, а во најдобрите денови на Џумајлија имаше 500 вработувања. Владата е задоволна што во рамките на проектот ќе се инвестираат над 200 милиони евра ќе се изгради нова млекарница, фабрика за производство на сточна храна, а млекото ќе се извезува не само во регионот, туку и на други континенти. Освен финансиските средства, овој проект ќе донесе и know how, односно знаење кое ќе ја зголеми конкурентноста на земјоделството,“ изјави Ставрески и потенцираше дека Индија е втора земја во светот по земјоделско производство, а со знаењето од страна на стручњаците ќе придонесе за поголемо производство на млеко за 30% и поголем квалитет. И покрај сомнежите, тој истакна дека верува дека Сахара има капацитет да ја оствари оваа инвестиција“, изјави Ставрески. Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, истакна дека покрај земјоделските политики, поддршката на инвестициите како еден од главните приоритети на владата и на Министерството за земјоделство, поддршката се огледа и во создавањето поволни услови и привлекување на заинтересираните странски субјекти за реализација на нивните деловни иницијативи и планови токму во земјоделскопрехранбениот сектор. „Покрај ревитализацијата на значајните, но запуштени производни капацитети на бившиот агрокомбинат Џумајлија, во предвидениот период од три години треба да се даде значителен придонес во развојот на млечниот сектор преку нови количини производство на млеко од 80 илјади литри дневно и производство на сточна храна од 75 илјади тони годишно. Предвидената инвестиција ќе влијае на зголемување на вработеноста во Овчеполскиот регион, затоа што се предвидуваат 2.000 вработувања“, изјави Димовски. Во следниот период најавено е дека ќе започнат работите за обезбедување инфраструктура за извршување на земјоделските активности. Ќе се набават машини и следната година ќе започне и изградбата на модерната млекарница која ќе биде енергетски ефикасна.

лидери

губитник на неделата

слАВче ТРпеВсКИ

А

генцијата за катастар на недвижности (АКН) до крајот на годината ќе воспостави современа гравиметриска мрежа на територијата на целата држава.

МАРИсА МејеР

П

рвпат неделава Јаху го надмина бројот на корисници на Гугл една година по нејзиното стапување на лидерската позиција на компанијата

не им беше неделата

КРИсТИјАН Вулф

С

удот во германскиот град Хановер соопшти дека во ноември ќе почне судењето на поранешниот германски претседател Кристијан Вулф по обвинението за корупција

АНТОНИу пАТРИОТА

А

ферата со помошта дадена на боливиски опозициски политичар, кој се криеше во бразилска амбасада, шефот на бра-зилската дипломатија Патриота ја плати со функцијата

_

БАшАР Ал АсАд Употребата на хемиско оружје на улиците на Дамаск е почетокот на крајот на режимот на Асад во Сирија. Без разлика дали станува збор за основано обвинување од Западот или само за „подметалка“ на домашната опозиција, Сирија ќе биде нападната од силите на Западот и по примерот на Југославија, Либија и многу други антиамерикански режими ќе биде срушена и власта на Асад. Очигледно е дека претседателот кој тврдеше дека само си ја брани сопствената земја од неоколонизација на западните земји на крајот сепак, ќе ја изгуби власта, но прашањето е по која цена. По цена на стотина илјади мртви негови сограѓани и економскополитичка катастрофа од несогледливи последици. Дали Асад навистина мораше да оди олку далеку на сметка на сопствениот народ? Сирија по Асад засекогаш ќе остане поделена земја, бидејќи раните од двегодишната братоубиствена граѓанска војна со децении ќе се чувствуваат во оваа само до неодамна стабилна и развиена блискоосточна држава. С$ уште не се знае уште колку жртви ќе се потребни за да се стабилизира ситуацијата, но едно е јасно, Башар ал Асад во многу скоро време ќе биде запишан на најцрните страници на сириската национална историја.


Капитал број 722 30.08.2013

14

www.kapital.mk

НаВиГатОР

ГРафиК На Неделата...

Македонија со најбрз интернет во соседството, но меѓу најбавните во европа брзина на интернет (mbps) 3.3

3.24

Македонија

и

Хрватска

2.8

2.39

Албанија

Србија

1.97

БиХ

стражувањето на познатиот портал Машабл и аналитичката куќа амакаи покажа дека брзината на интернетот во Македонија е 3,3 мегабајти во секунда (mbps), и е најдобра во однос на соседните земји. Но, од друга страна, оваа брзина е меѓу најниските во европа, каде што просекот изнесува 7,5 mbps. за Црна Гора пак, нема податоци. Наjбрза интернет-конекција во светот има Јужна Кореја - 14 mbps.

светот низ медиумите... Gulf News

Палестинците во регионот на Блискиот исток се несвојствено мирни со оглед на нестабилната безбедносна состојба во нивното опкружување. Политичките аналитичари коментираат дека ударот врз муслиманското братство е најголем удар врз самите Палестинци. lll

Der Spiegel

3 фаКти Кти за... К

8,77% 12,79%

14,48%

помалку енергија се потрошило во мај во споредба со истиот период лани од вкупната потрошувачка на струја во мај годинава биле од увоз, додека од домашно производство биле обезбедени 87,21% се зголемил увозот на природен гас во мај во споредба со истиот период лани

еПилОГ Од БалКаНСКите туРНеи

Шеиците прошетаа н а инвестираат во сос

Германскиот весник прави анализа на борбите на автомобилската индустрија во Германија со конкуренцијата за вадење што подобар модел. тие потенцираат дека трката е толку заострена што просто е невозможно тоа да не се одрази на побрз напредок на целиот сектор. lll

Financial Times Weekend

англиското крајбрежје ги губи туристите. С$ помалку има заинтересирани домашни туристи за студените води на северното море кога евтините авиолинии обезбедуваат брз и евтин пристап до средоземноморјето и многу други егзотични дестинации. lll

The Economist

лондонски „економист“ ја одбележува годишнината од легендарниот говор на Мартин лутер Кинг кој ги промени Сад и светот. Според магазинот, ниеден поединец во поновата историја не направил толку многу за сопствениот народ како што тоа го направи Мартин лутер Кинг. lll

www.kapital.mk НАЈЧИТАНО НА WEB...

1 ИФЦ и Охридска банка се здружија за поддршка на трговците во Македонија

2 Се отвора технолошко-индустриската развојна зона „Штип”

3 Берзанскиот индекс МБИ 10 падна дури 85% од златните времиња во 2007

4 ProPay трансфери на ПроКредит банка со земјите од регионот

Од љубовта со Катарците се уште не се изроди конкретна инвестиција

Летово Балканот повторно е под „окупација“ на шеиците. Овојпат тие се вратија за реализирање конкретни инвестиции или дефинирање на деталите за следните проекти. Во Македонија шеиците коишто ја посетија земјата пред повеќе од една година, не се вратија назад. Инвестицискиот „бум“ којшто се очекуваше заврши во соседството!


МБИ10

2,900

МБИД

2,700 2,500 2,300

60 секунди брифинг

www.kapital.mk

2,100 1,900

прОЦенки...

ЏеЈкОб Лу министер за финансии на САД

сад ќе го достигне плафонот на државниот долг во средината на октомври

С

АД ќе го достигне плафонот на државниот долг кон средината на октомври, смета американскиот министер за финансии, Џејкоб Лу. „Владата ги искористи речиси сите опции за финансиски маневри, со коишто се обидува да остане под лимитот на државниот долг од 16,7 билиони долари“, нагласи министерот. Лу врши притисок врз конгресмените да го зголемат плафонот на државниот долг со цел Министерството за финансии да може да продолжи да ги покрива трошоците на Владата.

низ Македонија, седството пишува:

Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на капитал

Ш

еикот Мухамед бин Зајед ал Нахјан, престолонаследникот на Обединетите Арапски Емирати, на почетокот од јули го купи хотелот Југобанка на планината Kопаоник. Најавено е негово доаѓање во Белград следниот месец, кога треба да се официјализира работата на Истражувачкиот центар за висока технологија на компанијата Мубадала девелопмент, во чиј склоп ќе се изгради фабрика за полуспроводници. Друга инвестиција во најава е изградба на фабрика, во која ќе се произведуваат делови за авионите на Ербас и на Боинг. Во Црна Гора, пак, инвестициските активности ги тера претседателот на инвестициската компанија Ал Фарид од Абу Даби, шеикот Хамед Бин Ахмед Ал-Хамед, кој минатата недела непланирано допатува во Будва за да ги продолжи преговорите за купување голем земјишен комплекс во заливот Лучица, во близина на

Будва. Ова е втора посета на шеикот за само еден месец, кој во јули во Подгорица се сретна и со премиерот Мило Ѓукановиќ. Катарскиот шеик, во период кога престојуваше во Македонија со грчкиот премиер, Андонис Самарас, договори инвестиции во мали и во средни претпријатија во Грција во вредност од две милијарди евра, како дел од неговата мини балканска турнеја. Бранот посети на шеиците кои го зафатија Балканот од крајот на 2011 година, а ја опфатија и Македонија, почнаа да резултираат со конкретни проекти. Но, не и во Македонија. И покрај неколкуте владини „роуд шоу“ патувања во Катар и официјалната посета на емирот на Катар, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани на претседателот Ѓорге Иванов во октомври 2011 година, големите најави за заинтересираност за македонскиот туризам, земјоделство и енергетика се сведоа само на два меморандуми за соработка во областа на бизниссовети и туризам. Досегашните инвестиции од Катар во земјава изнесуваат само 40.000 евра во Македонија, додека, пак, извозот на македонски производи во оваа земја за период од десет години изнесува 5,3 милиони евра.

1,700 06/10

ТОп ВесТи...

сушата го намали квалитетот на пченицата и на тутунот

12/10

05/11

10/11

03/12

09/12

берза

мби 10 2,900 2,700 2,500

А

2,300

гроекспертите 2,100 МБИ 10 1,900 оценуваат дека 1,700 континуираните МБИ 10 1.625,72 високи дневни 2010/2012 Max. 2,827.62 МБИ 10 1.625,72 МБИ 10 температури го 2010/2012 Min. 1,808.47 2010/2012 Max. 2,827.62 намалија квалитетот на 1.625,72 1.625,72 2010/2012 Min. 1,808.47 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК земјоделските култури 2010/2012 2010/2012 Max. Max. 2,827.62 2,827.62 Макстил АД Скопје во битолскиот дел на Минимален или никаков раст на НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 2010/2012 Min. Min. 1,808.47 1,808.47 индексите на Mакедонската берза МБИ 10 МБИ 10 Пелагонија, чија берба е Макстил МБИ 10 АД Скопје 83,00 на хартии од вредност. Ова е МБИ 10 во полн ек. генералниот од последната НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИКзаклучок ДОБИТНИК 83,00 +3,75% 1.625,72 1.625,72 недела 1.625,72 МБИ 10 тргување на истата, со што се Овде годинава се Макстил АД Макстил Скопје АД Скопје продолжува лошиот полугодишен тренд 2010/2012 Max. 2,827.62 1.625,72 2010/2012 Max. +3,75% 2,827.62 2010/2012 2,827.62 собрани околу 60.000 на2010/2012 пад или стагнација наMax. вредностите Min. 1,808.47 НАЈГОЛЕМ 2010/2012 Min. 1,808.47 2010/2012 1,808.47 2010/2012 Max. 2,827.62 1.625,72 на акциите.ГУБИТНИК Min. 83,00 83,00 тони пченица, но со 2010/2012 Min. 1,808.47 Комерцијална банка АД Скопје НАЈГОЛЕМ 2010/2012 2,827.62 НАЈГОЛЕМГУБИТНИК ДОБИТНИК Max. послаб квалитет наспроти +3,75% +3,75% НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 Min. 1,808.47 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Комерцијална банка АД Скопје Макстил АД Скопје 1.770,00 ланскиот. Досега се НАЈГОЛЕМ Макстил АД Скопје Макстил АДДОБИТНИК Скопје 1.770,00 83,00АДДОБИТНИК НАЈГОЛЕМ Макстил Скопје откупени околу 70% од -2.00% НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК ГУБИТНИК 83,00 Макстил АД Скопје 83,00 +3,75% вкупните количини лебно Комерцијална Комерцијална банка АД Скопје банка АД Скопје-2.00% 83,00 +3,75% +3,75% 83,00 зрно, а откупот с$ уште е +3,75% DOW JONES ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ 1.770,00 1.770,00 +3,75% во тек. DOW JONES Комерцијална банка АД Скопје НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК Послаб е и квалитетот на -2.00% Комерцијална банка АД Скопје -2.00% НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК 1.770,00 Комерцијална банка АД Скопје НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК тутунот, при што затоа од Комерцијална банка АД Скопје Комерцијална банка АД Скопје -2.00% 1.770,00 засадените површини ќе 1.770,00 DOW JONES 1.770,00 16,000 1.770,00 -2.00% бидат собрани околу 2.500DOW JONES 16,000 -2.00% 15,000 DOW JONES -2.00% -2.00% тони тутун. 15,000 06/10 12/10 05/11 10/11 03/12 09/12 02/13 07/13

14,000 14,000

индустриското производство во јули порасна за 3,9%

16,000 15,000 14,000

DOW JONES

JONES JONES DOW

13,000

13,000 DOW

DOW JONES JONES DOW 12,000 12,000 16,000 11,000 11,000 16,000 15,000 10,000 10,000 15,000

07/11 10/11 10/1101/12 01/1204/12 04/1207/12 07/12 10/12 01/13 04/13 07/13 07/11 10/12 01/13 04/13 07/13

14,000 14,000 16,000

13,000 16,000 13,000 15,000 16,000 16,000 12,000 15,000 14,000 12,000 12,000 15,000 15,000 11,000 14,000 13,000 11,000 11,000 14,000 14,000 10,000 13,000 12,000 07/11 10/11 01/12 04/12 07/12 10/12 01/13 04/13 07/13 13,000 10,000 10,000 13,000 12,000 07/1111,000 10/11 01/12 07/11 04/12 10/11 07/12 01/12 10/12 04/12 01/13 07/12 04/13 10/12 07/13 01/13 04/13 07/13 12,000 12,000 11,000 10,000 11,000 07/11 10/11 01/12 04/12 07/12 10/12 01/13 04/13 07/13 10,000 11,000 -70,73 +0.31%

13,000

И

ндустриското производство во јули 15.010,51 15.010,51 годинава бележи -70,73 пораст од 3,9% во однос 10,000 10,000 07/11 10/11 01/12 01/12 04/12 04/12 07/12 07/1210/12 10/1201/13 01/1304/13 04/1307/13 07/13 07/11 10/11 на јули минатата година, Индексот Dow Jones на Њујоршката ДРУГИ ПАЗАРИ берза не паѓа под психолошката објави Државниот завод 15.010,51 ДРУГИ ПАЗАРИ граница од 15.000 поени, иако +0.31% втора FTSE 100 -70,73 6.492,10 +0,70% за статистика. Пораст има недела на самата FTSE 100 по ред се наоѓа 6.492,10 +0,70% Nikkei225 13.636,28 15.010,51 15.010,51 граница. И останатите индекси на -0,18% во секторот рударство и Nikkei225 13.636,28 -0,18% S&P 500 1.663,50 +0,39% 15.010,51 клучните берзи во САД успеваат да ги 15.010,51 -70,73 -70,73 високите ДРУГИ +0.31% +0.31% вадење камен од 3,3%, во S&P 500 ПАЗАРИ 1.663,50 +0,39% Nasdaq 3.657,79 +0,52% одржат релативно вредности. -70,73 +0.31% -70,73 +0.31% Nasdaq 3.657,79 +0,52% DAX 8.417,39 +0,00% секторот преработувачка FTSE 100 6.492,10 +0,70% 15.010,51 TOPIX 1.140,00 -0,14% DAX 8.417,39 +0,00% Nikkei225 13.636,28 -0,18% индустрија порасна -70,73 +0.31% +0.31% TOPIX 1.140,00 -0,14% ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ S&P 500 1.663,50 +0,39% други пазари ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ за 7,3%, а во секторот Nasdaq 3.657,79 +0,52% ВАЛУТИ FTSE 100 FTSE 100 6.492,10 6.492,10 +0,70% DAX 8.417,39 +0,00% FTSE 100 6.492,10 +0,70% FTSE 100 6.492,10 +0,70% +0,70% снабдување со електрична ДРУГИ ПАЗАРИ TOPIX 1.140,00 -0,14% Nikkei225 13.636,28 -0,18% ДРУГИ ПАЗАРИ Nikkei225ВАЛУТИ Nikkei225 13.636,28 13.636,28 -0,18% Nikkei225 13.636,28 -0,18% -0,18% енергија, гас, пареа и S&P 500500 1.663,50 +0,39% евро долар 500 1.663,50 +0,39% Фунта евро 1.663,50 S&P 500 S&P S&P 1.663,50 +0,39% +0,39% FTSE 100 6.492,10 +0,70% FTSE 100 6.492,10 +0,70% Nasdaq 3.657,79 +0,52% климатизација бележи Nasdaq 3.657,79 +0,52% Nasdaq Фунта Nasdaq 3.657,79 +0,52% +0,52% Nikkei225 13.636,28 -0,18% евро долар СТАПКА СТАПКА евро 3.657,79 ВАЛУТИ DAX 8.417,39 +0,00% Nikkei225 13.636,28 -0,18% DAX 8.417,39 +0,00% опаѓање од 15,5%. DAX DAX 8.417,39 8.417,39 +0,00% +0,00% S&P 500 1.663,50 +0,39% TOPIX 1.140,00 -0,14% S&P 500 1.663,50 СТАПКА +0,39% 1,3386 1,1647 СТАПКА TOPIX 1.140,00 -0,14% Nasdaq +0,52%-0,14% TOPIX ПРОМЕНА TOPIXевро 1.140,003.657,79 1.140,00 -0,14% евро долар Фунта Според главните Nasdaq 3.657,79 ПРОМЕНА +0,52% 1,3386 1,1647 DAX 8.417,39 +0,00% СТАПКА СТАПКА DAX 8.417,39 +0,00% индустриски групи, +0.01% -0,10% ВАЛУТИ TOPIX 1.140,00 ПРОМЕНА -0,14% ПРОМЕНА TOPIX 1.140,00 1,3386 -0,14% 1,1647 производството во јули ВАЛУТИ ВАЛУТИ ВаЛуТи ВАЛУТИ +0.01% -0,10% ПРОМЕНА ПРОМЕНА евро долар Фунта евро 2013 година во однос на евро долар Фунта евро +0.01% -0,10% ФЈУЧЕРСИ ВАЛУТИ СТАПКА СТАПКА ВАЛУТИ јули 2012 година бележи Фунта евро евро долар евро долар Фунта евро СТАПКА СТАПКА 1,3386 1,1647 пораст кај интермедијарниСТАПКА ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО евро долар Фунта евро СТАПКА СТАПКА СТАПКА 1,3386 1,1647 ПРОМЕНА ПРОМЕНА евро долар ФЈУЧЕРСИ Фунта евро производи, освен ПРОМЕНА ПРОМЕНА СТАПКА СТАПКА 1,3386 1,1647 1,1647 +0.01%1,3386 -0,10% ЗЛАТО СТАПКА СТАПКА 1.396,40 енергија, за 11,6%, кај -0,10% ПРОМЕНА ЗЛАТО ПРОМЕНА ПРОМЕНА +0.01% ПРОМЕНА 1,3386 1,1647 +0,04% 1,3386 1,1647 капитални производи за ПРОМЕНА ПРОМЕНА +0.01% +0.01% -0,10% -0,10% 1.396,40 ФЈУЧЕРСИ ПРОМЕНА ПРОМЕНА 1.396,40 16,6%, кај трајни производи +0.01% -0,10% +0,04% ФЈУЧЕРСИ Нафта Брент +0,04% +0.01% -0,10% за широка потрошувачка ЗЛАТО 110,72 за 2,3% и кај нетрајни ФЈУЧЕРСИ ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО Нафта Брент фЈуЧерси Нафта Брент ФЈУЧЕРСИ 1.396,40 -0,29% производи за широка ФЈУЧЕРСИ 110,72 +0,04% 1.396,40 ЗЛАТО 110,72 ЗЛАТО потрошувачка за 5,1%, зЛаТО ЗЛАТО -0,29% +0,04% -0,29% додека опаѓање бележи ЗЛАТО Нафта Брент 1.396,40 кај секторот енергија за 1.396,40 1.396,40 Нафта Брент 110,72 1.396,40 +0,04%+0,04% +0,04% 16,7%. -0,29% +0,04% 110,72 Индустриското Нафта Брент Нафта Брент -0,29% производство во периодотНафта Брент нафТа Нафта Брент бренТ јануари-јули 2013 година 110,72 110,72 110,72 во однос на овој период 110,72 -0,29%-0,29%-0,29% лани бележи пораст од -0,29% периодот јануари од 2,2%. пОдаТОЦиТе се Од ден 26.08.2013 дО 15ч. 07/11 10/11 01/12 04/12 07/12 10/12 01/13 04/13 07/13

£ €

€ $

3,300 3,100 2,900 2,700 2,500 2,300 2,100 1,900 1,700 07/10 10/10 02


Капитал број 722 30.08.2013

16 cover story: Променливи резултати на маке

Industrijata v nokdaun, banki „bildaat” prof Судејќи според државната статистика, индустриското производство во земјава с$ уште е далеку од некое посериозно закрепнување: на ниво на цела индустрија растот во првите шест месеци е 1,8%, додека преработувачката индустрија, како најзначајна гранка во вкупната индустрија, бележи пад од 0,6%. Mеталургијата има драстичен пад од 18%, a прехранбената има пад од 1,7%. Од друга страна, домашните банки бележат раст на добивките: освен Комерцијална (која всушност, најмногу работи со компании), сите банки за коишто до затворањето на овој текст имаше објавено полугодишни резултати бележат раст на добивките.

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

фотографија:

Д

фотоархива на Капитал еновиве медиумите пренесоа вест дека се подготвува нов пакет-мерки за поддршка на економијата. Ќе биде наменет гл а в н о з а п о т т и к н у в а њ е


www.kapital.mk

Капитал број 722 30.08.2013

едонските компании во првото полугодие 17

vo ite fiti

на из в оз от, н о и з а п одо бру в ањ е на ликвидноста на фирмите. Според неофицијални информации, средбата на Владата со стопанските комори, на којашто ќе се промовираат новите мерки, треба да се одржи во септември. Според шестмесечните резултати на компаниите доставени до Македонската берза, добар дел од нив имаат стагнирање или намалување на продажбата, што значи дека мерките треба да бидат

насочени кон поттикнување на извозот, но и подобрување на нивната ликвидност. Во образложенијата на своите резултати речиси сите компании наведуваат дека стагнацијата или падот на продажбите се должат на задоцнетиот ефект на светската и на европската економска криза, односно намалени нарачки, но и зголемени трошоци во делот на енергенси и суровини. Дека кондицијата на бизнис-секторот не е добра, потврдува и резултатот на најголемата македонска банка, која работи претежно со компании (и тоа поголемите македонски фирми коишто се локомотиви на домашниот бруто домашен производ), а помалку со население, Комерцијална банка, којашто бележи загуба од 6,5 милиони евра во првото полугодие токму поради високите износи на отпишаните кредитни пласмани, кои двојно се зголемиле во однос на лани и изнесуваат речиси 24 милиони евра. Според податоците на Државниот завод за статистика, најпогодена индустриска гранка од позначајните во првите шест месеци е металургијата, со 17,6% помало производство во однос на истиот период лани во делот на производството на метали и дури 39,3% помалку во делот на производството на фабрикувани метални производи. Металургијата учествува со околу 10% во преработувачката индустрија. Ако ги погледнеме полугодишните резултати на металуршките компании, челичарницата Макстил има намален обем на физичкото производство за 63% кај полуфабрикатите и 45% кај готовите производи. Приходите од продажба за првите шест месеци се 31 милион евра, што е за 34% помалку во споредба со истиот период лани. Вкупните

расходи во истиот период изнесуваат 24,2 милиони евра, а разликата меѓу вредноста на почетните и на крајните залихи изнесува седум милиони евра. Вкупните расходи во истиот период лани изнесуваа 46 милиони евра, а разликата меѓу почетните и завршните залихи изнесуваше 1,25 милиони евра. Макстил има добивка од 180,5 илјади евра во првите шест месеци, за разлика од ланската добивка од скромни 3.350 евра. Во образложението за резултатите се вели дека кризата во европската економија дополнета со должничките проблеми на земјите-членки се главната причина за намалување на нарачките и падот на продажните цени, а згора на с$, растат и енергетските трошоци и другите трошоци. „Компанијата во вакви сложени и неизвесни услови на стопанисување е принудена да работи кампањски со дисконтинуиран производен режим, рационализација на работната сила и редица други зафати за прилагодување”, велат во Макстил. И Факом, како компанија во дејноста на повисока додадена вредност во металургијата, односно проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и производи, ги трпи истите последици како и Макстил годинава. Кризата и намалените нарачки доведоа до намалување на физичкото производство за 27% во првите шест месеци и намалување на вкупните приходи за 28,5%, на 6,2 милиони евра. Намалени се и вкупните расходи за 26,4%, а компанијата остварила нетодобивка од 3.300 евра, за разлика од 309 илјади евра истиот период лани.

Чоколадите и вафлите се продавале подобро, „сокарите“ со „испиени“ добивки

Во прехранбената индустрија, којашто


Капитал број 722 30.08.2013

18 cover story: Променливи резултати на маКе Приходи од продажба во првите шест месеци од 2013 година XX МакСтил

31 милион евра

34%

XX ФЕршПЕД

29,8

22%

Приходи:

Приходи:

милиони евра

XX СкОПСки Пазар

11,4 милиони евра

15%

5,7

45%

Приходи:

XX ЖитО ВарДар

Приходи:

милиони евра

XX алкалОиД

55,6 милиони евра

4%

11,8 милиони евра

7,2%

Приходи:

XX ВитаМиНка

Приходи:

XX тЕтЕкС

1,9 милиони евра Приходи:

според државната статистика учествува најмногу (речиси 14%) во вкупната преработувачка индустрија, во првото полугодие производството било помало за 1,7% во однос на лани. Во овој сектор поголемите компании имаат променливи резултати. Витаминка Прилеп на пример, има приходи од продажба од 11,8 милиони евра, што е за 7,2% повеќе во однос на лани. Добивката од оперативното работење е 706 илјади евра или 1,9% повеќе од лани, додека нето-добивката е 577 илјади евра или за осум илјади евра повеќе од минатата година (1,43%). Производителот на масло Благој Ѓорев во првите шест месеци имал 5,4 милиони евра приходи или за 19% повеќе од лани, а расходи од 5,27 милиони евра, за 21% повеќе. Оперативната добивка е за 31% помала од лани поради поголемите износи потрошен материјал, ситен инвентар и услуги и графата останати оперативни расходи, која е од 1,8 на 4,1 милиони денари. Оперативната добивка е 7,7 милиони денари (125 илјади евра), а нетодобивката 2,8 милиони денари (45,5 илјади евра), што е за 54% помалку од лани. Но, затоа пак, Жито Вардар, еден од најголемите производители на храна во земјава (брашно, пекарски производи, месо и јајца), првите шест месеци од годинава ги заврши со голем пад на приходите и на добивката. Оперативните приходи од 5,7 милиони евра се за 45% помали од лани, додека расходите изнесуваат 6,5

милиони евра и се помали од ланските за 33%. Оперативната добивка на фирмата беше негативна, односно Жито Вардар има загуба од редовното работење од 845 илјади евра, за разлика од 722 илјади евра оперативна добивка лани. Нето-загубата зголемена за финансиските расходи изнесува 1,13 милиони евра, за разлика од чистата добивка од 440 илјади евра за првите шест месеци во 2012 година. „Ценовниот дебаланс што владееше во нашата држава во однос на домашната и увезената суровина, пченицата и увезениот финален производ, брашното, чија цена да се увезе од Србија беше многу поконкурентна отколку да се произведе, н$ примора да донесеме одлука деловната единица млин да биде привремено ставена во мирување, односно производството на брашно да се реализира во време на поевтини суровини. Оваа одлука резултираше со намалување на приходите во целост и реализирање загуба“, се вели во објаснувањето на компанијата за резултатите. Најстарата кондиторска фабрика во земјава, Европа од Скопје, во првото полугодие остварила продажба од 5,6 милиони евра, што е за 1,5% помалку во однос на лани, додека расходите се 5,4 милиони евра и се 1,75 помали во однос на истиот период лани. Намалувањето на трошоците особено е изразено кај горивата, за 18,2%, а се должи на направените инвестиции за енергетска ефикасност. Нето-добивката на фирмата е поголема за

5%

4,2% и изнесува 180,7 илјади евра. Од производителите на пијалаци, Фруктал мак има приходи од продажба од 2,8 милиони евра, што 4,6% повеќе во однос на лани, а пораснати се приходите и од продажбата на домашен пазар, како и од извоз. Но, се зголемиле и расходите на компанијата за 7% и сега изнесуваат 2,85 милиони евра, така што компанијата покажува оперативна загуба од 38 илјади евра, а на крајот, по финансиските приходи и расходи, изнесува 89 илјади евра. Првите шест месеци од годинава битолскиот производител на вода и сокови Пелистерка ги заврши со раст на приходите, но и со намалена добивка. Според финансискиот извештај на компанијата, вкупните приходи во првите шест месеци изнесуваат 3,3 милиони евра, што е за 3% повеќе споредено со истиот период лани, при што за 22% се зголемени приходите од продажба на странски пазари на околу 108.000 евра. Оперативната добивка на компанијата е за 22% помала од лани поради зголемените оперативни расходи за 5% и изнесува 185 илјади евра, а финансиските приходи се уште 60-ина илјади евра, додека нето-добивката е само 11,5 илјади евра, затоа што за камати се дадени 232 илјади евра.

Текстилците се жалат, а резултатите им се подобри од лани?!

Производителите на облека изминативе


www.kapital.mk

Капитал број 722 30.08.2013

едонсКите КомПании во Првото Полугодие 19 неколку месеци постојано се жалеа дека практички, се пред колапс, дека нарачките од западните партнери им се драстично намалени и сл. Барем според резултатите на оние компании што се достапни на Берзата, работата и не им оди толку лошо. Мода од Свети Николе на пример, во првите шест месеци има приходи од продажба од два милиони евра, што е за 19% повеќе од истиот период лани, од кои 92% се на странски пазари. На странските пазари продажбата е порасната за 25%, додека на домашниот паѓа за 24%. Во исто време компанијата успеала да ги намали расходите за 6% и да оствари добивка од редовното работење во висина од 439 илјади евра, за разлика од ланската добивка од само 33 илјади евра. Нетодобивката на компанијата изнесува 472 илјади евра, за разлика од ланската од стотина илјади евра. Инаку, според државната статистика, производството на облека зафаќа околу 10% од вкупната преработувачка индустрија и во првите шест месеци бележи пораст од 14,5%, што исто така е еден индикатор кој не оди во прилог на тврдењата на производителите дека годинава е катастрофална за нив. Тетекс, уште еден производител на облека што котира на Берзата, во првите шест месеци пријавил оперативни приходи од 4,6 милиони евра, што е за дури 73% повеќе од лани. Меѓутоа, приходите од продажба во основната дејност изнесуваат нешто помалку од два милиони евра, додека во графата останати оперативни приходи

стои 2,64 милиони евра, што според објаснувањето на Тетекс, се должи на продажбата на недвижности. Инаку, на домашниот пазар компанијата ги зголемила приходите за 12%, додека на странските е намалена за 1%. Оперативната добивка на компанијата изнесува 1,33 милиони евра и е повеќе од десектратно поголема од лани. Финансиските приходи и приходите од вложувања, заеми и камати, кои изнесуваат околу 732 илјади евра, и чистата добивка на Тетекс на крајот изнесува 1,46 милиони евра, што е 16 пати повеќе од истиот период лани. „Паричните приливи од наплатата на дивидендите и продажбата на недвижностите беа искористени за отплата на обврски по кредити од комерцијални банки во земјата. Со ова кредитната задолженост која Тетекс ја има кон банки во земјата значително се намали“, велат во образложението од компанијата.

на минатата година. Бруто-добивката на компанијата е поголема за 5% и изнесува 13,7 милиони евра, додека оперативната добивка е помала за 4% и изнесува 5,26 милиони евра, поради зголемените оперативни расходи. Нетодобивката на Алкалоид е 4,5 милиони евра и е за 5% помала во однос на лани. Компанијата во првите шест месеци реализирала 44 нови вработувања. Уште една фармацевтска фабрика којашто котира на Берзата, Реплек, во првото полугодие има 9,65 милиони евра оперативни приходи, за 3% помали од лани. Приходите од странски пазари растат за 19%, на 2,3 милиони евра, а на домашниот пазар се 9% помали и изнесуваат 7,24 милиони евра. Оперативната добивка на Реплек е 1,24 милиони евра и е за 27% поголема од лани, благодарение на намалените расходи, а приближно толку изнесува и нето-добивката, којашто е за 19% поголема од лани. Кај трговците, ако се гледа барем според резултатите на Скопски пазар, првата половина од годината била полоша од минатата. Приходите на фирмата се 11,4 милиони евра, за 15% помали, како и расходите - 10,9 милиони евра, за 17% помали од лани. Поради помалите расходи во работењето, оперативната добивка на Скопски пазар е поголема за 62%, на 504 илјади евра, но по одбивањето на финансиските расходи, фирмата има нето-загуба од 166 илјади евра, што е за 28% помалку од лани.

Трговците со помал промет, фармацевтите се држат

Една од најуспешните македонски компании изминатава деценија според растот на приходите и добивката, фармацевтската фабрика Алкалоид од Скопје, во првото полугодие од годинава има вкупни приходи од продажба од 55,6 милиони евра, што е за 4% повеќе од истиот период лани, покажуваат неревидираните финансиски резултати објавени на Македонска берза. Од тоа, 55% се приходи на странски пазари, што е за три процентни поени помало учество во вкупните продажби во однос

СОВЕТУВАЊЕ НА ТЕМА:  12 септември 2013 година, 9:00-17:00 часот M6 едукативен центар, Скопје

ЗАКОН ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ И УРЕДБА ЗА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ (ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА СТОПАНСКИТЕ СУБЈЕКТИ И ЈАВНИТЕ УСТАНОВИ)

Целта на овој семинар е да се запознаат заинтересираните страни со новата современа правна рамка за уредување на прашањата за канцелариското и архивското работење на имателите на јавен и приватен архивски и документарен материјал.

2. Надзор:

 Прекршочни одредби

3. Уредба за канцелариско и архивско работење:

 Цели и принципи на канцелариското и

архивското работење

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

 Канцелариско работење

1. Закон за архивски материјал:

 Архивско работење

 Предмет, цел и содржина на Законот за

архивски материјал  Електронски архивски и документарен материјал  Јавен архивски и документарен материјал  Приватен архивски и документарен материјал  Надлежност на државниот архив на Република Македонија  Користење на јавен архивски материјал

 Електронско канцелариско и

архивско работење

 Чување и заштита на конвенционален

и неконвенционален архивски и документарен материјал

Сите заинтересирани за учество на ова советување може да се пријават најдоцна до 10.09.2013 година.  лица за контакт: Гордана Михајловска и Ленче Зикова  е-маил: akademija@kapital.com.mk  02 3280 911

ПРЕДАВАЧИ: м-р Љупчо Фармакоски д-р Иван Алексов


Капитал број 722 30.08.2013

www.kapital.mk

20 cover story

добивки на банките во првите шест месеци од 2013 година XX СТОПаНСКа БаНКа-СКОПјЕ

8 милиони евра Добивка:

29%

XX КОМЕРцИјаЛНа БаНКа

6,5

Загуба:

милиони евра

XX НЛБ ТУТУНСКа БаНКа

4,7

Добивка:

милиони евра

1,2%

XX ОхРИдСКа БаНКа

1,3 милиони евра Добивка:

31,5%

XX УНИ БаНКа

570 илјади евра Добивка:

4,2%

XX ТТК БаНКа

561 илјади евра Добивка:

97,8%

БанКите ги зголемуваат доБивКите

П

олугодишните финансиски извештаи на банките за годинава покажаа зголемени профити, и покрај рекордниот раст на лошите кредити и активирањето на имотот ставен под хипотека. Најголемите банки во земјава прикажаа зголемување на добивките, со исклучок на Комерцијална банка, која во првите шест месеци прокнижи загуба. Најголема добивка од јануари до јуни годинава направила Стопанска банка, и тоа од осум милиони евра, што е за 29,1% подобар финансиски резултат споредено со истиот период лани. Банката во земјава евидентира благ раст кај речиси сите приходи од камати и провизии, а загубите поради ненаплатени кредити не предивикаа поголеми проблеми што ќе се одразат негативно на финансиските извештаи. Меѓутоа, проблемот со наплатата на дадените кредити се одрази сериозно врз работењето на Комерција лна банка. Најголемата банка во земјава, Комерцијална, објави загуба од 6,5 милиони евра. Иако оперативните приходи од камати и провизии бележат зголемување, а добивката пред исправка на вредноста исто така пораснала за 5,7%, сепак, тоа не било доволно за да се покријат загубите поради отпишување на проблематичните заеми од кредитното портфолио. „Овој негативен резултат е остварен во услови на неповолна економска состојба во земјата, која влијаеше за влошување на кредитното портфолио и придонесе да се отпишат двојно повеќе проблематични кредити од истиот период лани. Исправката на вредноста на овие пласмани не значи дефинитивна загуба, бидејќи доколку дојде до подобрување на состојбата на клиентите и побарувањата се наплатат целосно или делумно, тоа секако ќе има соодветен позитивен ефект врз финансискиот резултат”, пишува

во образложението од Комерцијална банка. НЛБ Тутунска банка пак, пријави благ пораст на профитот споредено со истиот период лани. Билансот на успех на Тутунска банка покажува дека е остварена добивка од 4,7 милиони евра, што е 1,2% повеќе од минатата година. „Приходите по камати се намалени за 14,1%, во најголем дел како резултат на намалување на кредитното портфолио кај приватните претпријатија и кај банки и штедилници, преструктурирање на валутната структура на активата и намалување на каматните стапки кај кредитите, како и поради пониската состојба на пласираните средства во хартии од вредност и намалените каматни стапки кај истите. Приходите по провизии пак, се зголемени за 3,3% како резултат на повисоките приходи од провизии од домашен платен промет и провизии од картички при зголемен број трансакции преку платните системи на банката, како и поради повисоките приходи од водење трансакциски сметки. Сепак, вкупните приходи од работење се пониски за 7,5%, но оперативните трошоци се намалени за дури 37,6%”, објаснуваат од НЛБ Тутунска банка. Една од банките на којашто им одело од рака во првите шест месеци е и Охридска банка, која оствари добивка од 1,3 милиони евра, што е за 31,5% повеќе од лани. „Реализиран е речиси 50% повисок бруто оперативен приход, со забележан пораст кај сите редовни приходи од работење. Нето каматниот приход во првата половина од годината е повисок за 21,6% споредено со истиот период од 2012 година и тоа се должи на реализираниот повисок каматен приход евидентиран кај кредитите, додека каматните трошоци се пониски кај депозитите од клиентите. Нето-приходите од надоместоци евидентираа значителен пораст од 19,2% споредено претходната

година. Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период се за 0,2%, односно незначително повисоки споредено со минатата година, а тоа се должи на повисоките трошоци за персонал, одржувањето на општите ресурси, повисоките премии за осигурување на депозити”, објаснуваат од Охридска банка. ТТК банка пак, оствари добивка од 561.000 евра, што е речиси двојно повеќе од остварениот финансиски резултат во првата половина од претходната година. „Остварената добивка пред исправка на вредност, која е показател за оперативната способност на банката да ги покрива расходите од работењето, е за 30,9% повисока во однос на истиот период минатата година. Остварените нетоприходи од камати бележат зголемување од 21,5% во однос на истиот период минатата година. Зголемувањето на оперативните трошоци е резултат на издвоената загуба поради оштетување на преземените средства, додека материјалните, административните и останатите трошоци и трошоците за амортизација се пониски во однос на истиот период минатата година”, се вели во објаснувањето на ТТК банка. Во Уни банка нето-приходите од камата се 206,7 милиони денари и се помали за 1,9% во однос на првите шест месеци лани, а нето-приходите од провизии и надоместоци се 63 милиони денари или 1,6% помали од лани. Нето-приходите од курсни разлики се 9,5 милиони денари, за разлика од 13,8 милиони денари, додека останатите приходи од дејноста се 9,13 милиони, за разлика од 11,13 милиони лани. Вкупните расходи на банката се 276,5 милиони денари, 10,8% повеќе од лани, додека нето-добивката на банката е 34,9 милиони денари и е за 4,2% поголема во однос на првото полугодие лани.


годишна специјалнa едиција на kapital media group n септември 2013 n www.kapital.mk

ЛИДЕРИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Почитувани читатели, Капитал Медиа Гроуп ја подотвува годишната едиција КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето профит остварени во 2012 година. Покрај главните рангирања компаниите ќе бидат анализирани и рангирани според повеќе различни показатели и индикатори за ефикасноста и упешноста во работењето. Сите рангирања ќе бидат изработени врз основа на официјални и ревидирани податоци обезбзедени од официјални институции. Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со лидерите во секоја индустрија како и следните анализи : XX Најголемите предизвици и потенцијали за компаниите во 2014 година XX Кои се индустриите кои ќе го носат економскиот развој на Македонија во следните 20 години? XX Како да се зголемат домашните инвестиции? XX Како и каде може да се отворат 100 илјади нови работни места XX Тајните на лидерите во производството на храна Во рамки на едицијата во посебни текстови ќе бидат анализирани најуспешните компании во следниве сектори: XX Енергетика, нафта и гас XX Прехранбена индустрија XX Металопреработувачка индустрија XX Телекомуникации XX Градежна индустрија и индустрија за градежни материјали XX Трговија Се надеваме дека едицијата Капитал 200 најголеми и најуспешни ќе им биде корисна и на компаниите, на банките, на маркетинг агенциите, на медиумите и на странските компании заинтерсирани за влез на македонскиот пазар со цел да носат подобри бизнис одлуки во ова неизвесно време. Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: aleksandra.stojmenova@kapital.mk boban.gjorgjievski@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110 локал 103 и 105

ЛИцА зА КОНТАКТ: АлексАндрА стојменовА бобАн ѓорѓиевски


капитал број 722 30.08.2013

22 ексклузивно exclusive

www.kapital.mk

KaKo i zo[to banKrotira[e avstris

menaxeri na alpine bau pod istraga za la@en banKrot?!

Најголем дел од проектите на Алпине бау во Македонија во вредност од над 30 милиони евра се во застој. Иако сите договори на Алпине Бау во Македонија биле покриени со банкарски гаранции обезбедени од странски банки, кои би требало лесно да се наплатат, сосема друго прашање е колкава е нивната висина во однос на цената на проектот, како и дали зголемувањата на трошоците за изградба по основ на непредвидени и дополнителни работи биле реални со оглед на тоа што тие се плаќале од државниот буџет? Ако во судска постапка се докаже дека банкротот на Алпине бау бил лажен, многу работи за начинот на работење на компанијата во регионот би станале појасни


www.kapital.mk

Капитал број 722 30.08.2013

еКсКлузивно

23

isKata grade@na firma alpine bau? Kако се зголемувале трошоците за изградба на управната зграда на водовод и Канализација?

239.481

евра непредвидени и дополнителни работи по отворена постапка бр.01/2011 за набавка на Изведување на Градежно занаетчиски работи за изградба на управна зграда на ЈП водовод и канализација-Скопје

203.109 евра непредвидени и дополнителни работи настанати при Изведување на Градежно занаетчиски работи за изградба на управна зграда на ЈП водовод и канализација-Скопје.

9.924.853

Е

ве еден еклатантен пример за начинот на кој работела Алпине Бау.Така на пример податоците од Законот за јавни набавки во случајот на изградба на новата зграда на Водовод и Канализација, финансирана од државниот буџет, покажуваат дека покрај основниот договор во вредност од 10 милион евра склучен на 31 мај 2011 година, на 30 март 2012 година е склучен уште еден договор за непредвидени и дополнителни работи при изведување на градежно занаетчиски работи за изградба на управната зграда во вредност од дополнителни 203 илјади евра. На 5 април 2013 година Водовод и Канализација склучува уште еден дополнителен договор за непредвидени и дополнителни работи во вредност од 240 илјади евра. Значи за само една година вредноста на проектот управна зграда на Водовод и канализација е зголемена за фантастични половина милион евра, иако се уште зградата е се уште далеку од завршување.

евра изведување на градежни и градежнозанаетчиски работи за изградба на управна зграда на ЈП водовод и канализација Скопје, според Изведбен проект со сите фази


Капитал број 722 30.08.2013

24

www.kapital.mk

ексклузивно

пишува:

Биљана Здравковска-Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

фотографија:

П

фотоархива на Капитал

оранешни менаџери на австриската Алпине бау, која во јуни годинава прогласи банкрот, се под истрага поради основани сомневања за лажно сметководство и лажен банкрот, пишува американски Блумберг, кој се повикува на официјални информации на австриското јавно обвинителство. Според Блумберг, во тек се испитувања на пет поранешни менаџери од неколку оддели на Аплине. Истрагата е покрената по жалбата на Ерик Бреутендер, адвокат на сопствениците на обврзници кои Алпине ги издала во периодот од 2010 до мај 2012 година. Истражната власт треба да испита како било можно Алпине бау во овој период да се задолжи за 290 милиони евра преку издавање обврзници, кога уште многу порано се знаело дека компанијата има ликвидносни проблеми, за што пишувале и австриските медиуми. Оние коишто купиле обврзници ќе бараат надомест и од банките кои ги продавале обврзниците на Алпине бау. Во судска постапка ќе се докажува дека Алпине бау ќе морала да објави несолвентност и банкрот уште во 2010 година ако не & помогнела државата со кредит од 200 милиони за подобрување на ликвидноста, како и дека ако ревизорската куќа Делоит навреме предупредела за лошата финансиска состојба, можеле да бидат спасени многу инвеститори. Ако се докаже дека се виновни, поранешните менаџери може да завршат со 10-годишна затворска казна. Втората по големина австриска фирма Алпине бау, чиј мнозински сопственик е шпанската фирма FCC (Fomento de Construcciones y Contratas SA) прогласи банкрот на 19 јуни поради неможност да исплати оврски од над три милијарди евра. По банкротот, проектите кои ги имаше добиено Алпине во Македонија и во целиот свет, во вкупна вредност од над седум милијарди евра, се стопирани и во тек се тендери за нови изведувачи.

Договорите на Алпине во Македонија се раскинати или во тек на раскинување!

Австриската Алпине бау во Македонија во изминатите неколку години имала добиено неколку проекти, меѓу кои изградбата на 47 регионални и локални патишта, изградба на објектот на Македонската филхармонија, изградбата на новата управна зграда на јавното претпријатие Водовод и канализација, железничката делница Ногаевци-Неготино, плоштадот

Скендер-бег, обиколницата во Охрид, како и на реконструкцијата на две железнички делници од Коридорот 10, во вкупна вредност од над 30 милиони евра. Изградбата на проектите кои требаше да ги гради Алпине бау е стопирана веќе подолго време, а речиси сите договори се раскинати или во фаза на раскинување. Од Министерството за култура информираат дека во тек е постапката за раскинување на договорот со Алпине бау за изградба на концертната сала за Македонската филхармонија. „Паралелно со оваа постапка стручните служби во Министерството за култура ја подготвуваат техничката спецификација и документација за објавување нов јавен повик за избор на економски оператор кој ќе ги доврши обврските кои од страна фирмата Алпине бау останаа нереализирани”, велат од Министерството за култура, потенцирајќи дека веќе е објавен тендерот за избор на изведувач на градежните, градежнозанаетчиските, ентериерните и на инсталатерските работи за објектот. Не добивме одговор од јавното претпријатие Водовод и канализација до каде е постапката и дали е раскинат договорот со веќе пропаднатата австриска компанија. Љупчо Георгиевски, директор на Агенцијата за државни патишта, вели дека веќе се раскинати сите договори со Алпине бау и активирана е банкарска гаранција од околу 4,5 милиони евра поради ненавремено и неквалитетно извршување. За некои патишта преку нов тендер веќе се избрани нови изведувачи, а за некои тендерите се во тек. „Од договорените 47 патишта Алпине бау имаше завршено само 14, додека останите или беа во изградба или не беа воопшто започнати”, објасннува Георгиевски. Неодамна беа раскинати и сите договори со Алпине бау во Србија. Јавното претпријатие Коридори Србија објави дека се раскинати сите четири договори со австриската компанија која ја градела делницата од автопатот Пирок исток–Димитровград и обиколницата околу Димитровград и дека државата ќе бара отштета од Алпине од 78 милиони евра. Во последните десет години Алпине бау склучила седум договори за изградба на патишта во Србија и во сите седум кредитори биле ЕИБ, ЕБРД и Светска банка. Освен во Македонија и во Србија, Алпине бау имаше голем број проекти во целиот регион, во Бугарија, во Романија... Но, Македонија е меѓу ретките земји каде што Алпине бау е ангажирана и на проекти кои се финансирани од државниот буџет. Неофицијално, сите договори на Алпине бау во Македонија биле покриени со банкарски гаранции, кои се обезбедени од странски банки, па се очекува дека тие може да бидат наплатени. Но, колкава е нивната висина во однос на цената на проектот е сосема друго прашање, на

кое допрва ќе треба да се одговори, како и дали зголемувањата на трошоците за изградба по основ на непредвидени и дополнителни работи биле реални?

Ни дампинг-цените не успеаја да ја спасат Алпине

Интересно е како Алпине бау успевала да ги добива најголемите проекти дури и во услови кога се соочувала со финансиски проблеми. Она што е карактеристично за работењето на градежната фирма А лпине бау се дампинг-цените со коишто оваа компанија настапуваше на речиси сите тендери во регионот. На тој начин ги добиваше клучните проекти во градежништвото. Ако се направи малку подетална анализа, може да се види дека Алпине бау главно се јавува како изведувач на проекти кои се финансирани со пари од Европската банка за обнова и развој и други меѓународни финансиски институции. А за овие проекти, финансирани од меѓународни кредитори, не важат вообичаените правила дека ако непредвидените трошоци надминат над 25% од основната вредност на проектот, задолжително треба да се објави нов тендер. Бидејќи овие правила не важеле за А лпине, компанијата успеавала дополнително да ги зголемува основните договори, склучувајќи нови анекс-договори поради непредвидени дополнителни трошоци, за на крајот да наплати многу, многу поголеми износи од првичната вредност на договорот. Така, понудата на Алпине бау од најевтина на крајот излегувала многу поскапа од понудите на останатите понудувачи на тендерот. Вакво „надувување” на вредноста на проектот можело да се случува многу лесно со едноставна согласност од меѓународните институции кои ги обезбедуваат парите преку кредит, кој на крај заедно со камата мора да го враќа земјата која го добива кредитот и во којашто градела Алпине бау. Откако ќе го добиела главниот тендер, практиката на Алпине била работата да ја даде да ја извршуваат домашни градежни фирми кои биле ангажирани како подизведувачи. Алпине бау е втора по големина градежна компанија во Австрија. Прогласи банкрот откако не успеа да се договори со доверителите за исплатата на долгот во висина од 2,6 милјарди евра, кој во меѓувреме порасна на четири милијарди евра. Станува збор за најголем банкрот во Австрија во последните 60 години. Според официјални информации, Алпине бау има над 6.500 вработени и актива во вредност од 661 милиони евра. Но, с$ уште е неизвесно колку ќе трае стечајната постапка и колкава ќе биде стечајната маса, па оттука, неизвесно е колку некои од клиентите на банкротираната Алпине бау ќе успеат да си ги наплатат побарувањата.



Капитал број 722 30.08.2013

26

АнАлизА

www.kapital.mk

ПАрите од иселениците

556,50 2009

1.620,00

1.133,00

2008

1.480,00

985,00

2007

1.367,00

1.012,00

дознаките од странство за 5 месеци годинава паднаа за 9,1% од лани (во милиони евра)

2010

2011

2012

Mај 2013

“Vuj^e od Ameri Ve]e ne prA]A пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

фотографија:

М

фотоархива на Капитал

акедонските печалбари од дијаспората годинава праќаат помалку евра и долари од лани. Само во првите пет месеци од годината, дознаките од странство се намалија за 9,1% споредено со истиот период лани, а салдото изнесува 556,5 милиони евра. Дали овој тренд е последица на силната економска криза во западноевропските земји и ударот врз нивниот стандард или, пак, едноставно печалбарите ги повлекуваат целите семејства во странство и веќе нема кому да праќаат пари во татковината?! Се чини одговорот е комбинација и од двете. Економистите коментираат дека луѓето што одат на печалба, најчесто остануваат засекогаш да живеат во странство и ги повлекуваат и своите семејства. Тоа автоматски значи дека

нема да имаат кому да праќаат пари во Македонија. Нивните деца коишто се родени таму имаат уште послаби врски со роднините во татковината, па така приливите од странство на таа основа се целосно неизвесни. „Тешко е да се претпостави што ќе се случува со приливите од иселениците од странство, меѓутоа очигледно трендот ќе биде негативен. Веројатно причина за тоа е што печалбарите веќе си ги земале семејствата да живеат со нив во странство, но сигурно влијание има и влошувањето на економската состојба. Меѓутоа, наш проблем е што ние како држава премногу се потпираме на тие приливи. Ниту имаме големи приливи на странски директни инвестиции, ниту пак извозот расте толку брзо за да може да се компензираат негативните трендови кај дознаките“, вели професорот од Економскиот факултет, Сашо Арсов. Сопственикот на градежната компанија Ренова од Тетово, Шефки Идризи, кој и самиот е печалбар повратник од Швајцарија што одлучил да инвестира во Македонија, вели дека тоа што иселениците носат с$ помалку пари е очигледно. „Мислам дека главниот проблем што приливите од печалбарите паѓаат е

што и тие се соочуваат со финансиски проблеми поради кризата во Европа. Годинава тоа е особено очигледно, бидејќи ние токму од нив очекувавме голем интерес за новите станови коишто ги изградивме, меѓутоа се покажа спротивното. Од разговори со нив, дознавам дека најчесто си купуваат куќи во Швајцарија или во Германија, земаат кредити по поволни услови, а за враќање во Македонија воопшто и не размислуваат“, вели Идризи. Економистите анализираат дека падот на дознаките е директно поврзан со ефектите од кризата врз одредени занаетчски сектори каде што вообичаено работат Македонците во странство. „Вредноста на дознаките зависи од ефектите на глобалната економска криза врз одредени сектори каде што работат македонските емигранти (најчесто секторите за коишто се потребни занаетчиски способности). Оттука, постои временски јаз во однос на тоа кога се почувстувале ефектите од кризата. Од почетокот на глобалната финасиска криза во 2008 година протокот на дознаки во Македонија забележува голема стабилност и е контрацикличен, со што се надоместува падот на државните резерви од 2008


www.kapital.mk

Капитал број 722 30.08.2013

АнАлизА

27

е ќе се ПреПоловАт во следните 10 години дознаки во земјите од регионот (Рангирање според податоците од Светска банка) (во милиони евра)

Романија

3.669,00

Србија

2.754,00

Босна и Херцеговина

1.863,00

Хрватска

1.389,00

Бугарија

1.376,00

Косово

1.042,00

Албанија

1.035,00

Македонија

393,00

9,14%

ikA”” pAri ri

се намалиле дознакит е од странство во први те пет месеци годинава спореден о со период лани истиот

година и се олеснува одржувањето на валутниот курс во најкритичните периоди. На некој начин, протокот на дознаки претставува еден вид алатка за стабилизација на македонската економија. Според тоа, како што отсекогаш сум тврдел, на дознаките треба да им се обрне поголемо внимание, да се примени посериозен и неполитички (неетнички) пристап и од страна на креаторите на политиките и од страна на академската средина“, вели ѕниверзитетскиот професор Абдулемнаф Сејдини. Според проценките на економистите, во следните 10 години приливите од иселениците од дијаспората буквално ќе се преполоват. Ова се алармантни проценки ако се знае дека паричните трансфери од странство, покриваат најголем дел од трговскиот дефицит, а освен врз монетарната стабилност влијаат и врз социјалното обезбедување на многу семејства во земјава. Само лани, Народната банка евидентираше прилив од 1,6 милијарди евра, што е дури 20% од бруто-домашниот производ (БДП). Според едно истражување, дури 150 илјади македонски семејства редовно добиваат финансиска помош

447 22% 556,5

илјади македонски граѓани се проценува дека се отселени од земјата до 2011 година, пишува во најновиот извештај на Светската банка, што е дури

од вкупното население на земјата

милиони евра дознаки се пристигнати во земјава само во првите пет месеци од годинава

Македонските печалбари од дијаспората годинава праќаат помалку евра и долари од лани. Само во првите пет месеци од годината, дознаките од странство се намалија за 9,1% споредено со истиот период лани, а салдото изнесува 556,5 милиони евра. Дали овој тренд е последица на силната економска криза во западноевропските земји и ударот врз нивниот стандард или, пак, едноставно печалбарите ги повлекуваат целите семејства во странство и веќе нема кому да праќаат пари во татковината?!

од нивни блиски во странство и тоа е доволен факт кој потврдува колкаво е и социјалното значење на дознаките за Македонците. Имајќи го предвид значењето на дознаките за стабилноста на макроекономските индикатори, професорот Арсов вели дека државата мора да води сметка како ќе ги компензира негативните ефекти од намалувањето на овие приливи. „Дознаките можеби нема да секнат преку ноќ, но ние мора да се свртиме кон целосно менување на структурата на производството кон извозно ориентирана, за да може извозот да расте со многу високи стапки. Освен тоа, заложбите за привлекување странски инвестиции никако не смееме да ги сведеме на кампањи и „роуд шоуа“, туку на подобрување на реалните услови за водење бизнис“, потенцира Арсов. Економистите велат дека државата мора

да води сметка како и во иднина да спречи масовна миграција и да се обиде да создаде добри услови за отворање нови работни места во земјава што ќе ги апсорбираат потенцијалните иселеници. „Загрижувачки е што с$ повеќе млади студенти, кои доаѓаат кај мене да добијат препорака за студирање во странство, уште пред да заминат не размислуваат да се вратат овде. Штом млади интелектуалци размислуваат така, што останува за оние луѓе коишто воопшто немаат работа?!“, вели Арсов. Имајќи го предвид огромното значење на дознаките од странство и најавите дека во иднина овие приливи ќе се намалуваат, економистите сугерираат Владата да се ангажира да ги врати печалбарите во татковината како домашно-странски инвеститори. „Знаејќи колку се важни дознаките за одржување на макроекономската стабилност на земјата, Владата мора


Капитал број 722 30.08.2013

28

www.kapital.mk

АнАлизА

САмо 1% од печАлбАрите инвеСтирАле во бизниС во тАтКовинАтА

Само околу 1% од македонските печалбари во странство се одлучуваат да инвестираат во бизнис во сопствената татковина. Поттикнат од идејата да се зголемат инвестициите од странство, годинава од 8 до 10 октомври по втор пат ќе се одржи Глобалниот инвестициски самит Македонија 2025, а врвни директори од најпознатите светски корпорации како што се Мајкрософт, Филипс, Моторола, Блекстоун, Дрекселмајер веќе го потврдиле своето присуство. Претседателот на Бородот на директори на Македонија 2025, Мајк Зафировски, изјави дека очекува голема посетеност на овој самит како можност домашните бизнисмени да остварат контакти со познати менаџери од најуспешните светски компании, како и да ги слушнат нивните размислувања, искуства и бизнис-модели кои ги довеле нивните компании на врвот. „Вториот Глобален инвестициски самит за Македонија ќе биде фокусиран на конкурентноста на македонската економија и можностите за нејзино унапредување преку иновација, претприемништво и трансфер на знаења. Една од главните цели е да ги привлечеме странските инвеститори да дојдат во Македонија“, истакна Зафировски. Тој го потенцираше значењето на овој самит надоврзувајќи се на ланскиот на кој присуствуваа 350 врвни домашни и странски бизнисмени, дипломатски и владини претставници. Истакна дека и оваа година организаторот, Македонија 2025, очекува голем број бизнисмени од Македонија, дијаспората и други заинтересирани интернационални инвеститори. веднаш да сфати дека трендот ќе биде опаѓачки и да преземе активности како да ја компензира таа загуба. Во следните неколку години дознаките од странство ќе почнат значително да паѓаат, така што за десет години се проценува дека овој прилив од иселениците ќе се преполови. Државата треба да направи мала студија со која ќе ги лоцира иселениците каде се, каков профил на луѓе се, со какви бизниси се занимаваат и потоа да ги анимира да се вратат во татковината како инвеститори. Убеден сум дека побрзо ќе ги убеди нив да инвестираат во Македонија, бидејќи тие се и емотивно врзани со земјата, отколку кој било друг инвеститор од Шпанија, Британија или од САД“, оценува универзитетскиот професор Абдулменаф Сејдини. Ако се анализира нивото на дознаки во последните 15 години, произлегува дека приватните парични трансфери од странство се зголемиле за дури 24 пати. Според еден извештај за значењето на дознаките од странство за развојот на Македонија, парите што ги праќаат печалбарите имале исклучително позитивно влијание за животот на нивните домаќинства во татковината. Ова истражување покажува дека само една третина од емигрантите испраќаат пари во Македонија, најголем дел од нив до 5.000 долари. Само малку од печалбарите им праќале големи суми пари на своите семејства. Истражувањето исто така покажува дека дури половина од сите мигранти што праќаат пари, тоа најчесто не го прават преку формални канали како агенции за трансфер на пари, пошти или банки, така што половина од парите што ги праќаат нашинците воопшто и не се евидентираат во официјалните статистички податоци.

Експертите коментираат дека Македонија нема кохерентна политика за да ги привлече емигрантите да се вратат во татковината. Тие & сугерираат на Владата да ги заврши потребните реформи за членство во ЕУ, со што на работниците-емигранти ќе им се дадат права на домашни работници во сите земји-членки на ЕУ. Трансферот на дознаки ќе се олесни, а Македонија ќе стане поатрактивно место за инвестирање за самите емигранти. Истражувачите сметаат дека Владата треба да се фокусира на подобрување на атрактивноста на земјата како место за живот и работа, односно да вложува постојани напори за подобрување на животниот стандард, за обезбедување на политичката стабилност и за зајакнување на владеењето на правото и безбедноста. Според нив, неопходно е подготвување на долгорочна стратегија за интензивен и уедначен развој на Македонија, политики за зголемување на вработувањето и решавање на проблемите со образовниот систем, кој сега не е во состојба да ги подготви студентите за живот и за работа во глобализираната економија. Тоа подразбира Владата да работи повеќе за миграцијата да биде позитивен избор за Македонците коишто сакаат да живеат и да работат во странство, а не нешто што мораат да го сторат за да ги постигнат своите цели во животот.

Македонија остана без половина милион жители

Податоците од Светската банка покажуваат дека во последните неколку години се случила масовна емиграција на македонски граѓани во странство. Според оваа меѓународна финансиска институција, вкупниот број иселеници во дијаспората надминува 470.000, што

мајк зафировски е околу 22% од вкупното население. Светската банка ја рангира Македонија меѓу 30 земји од каде што најмногу се иселуваат граѓаните, во друштво со Западен Брег и Газа, Самоа, Гренада, Тонга, Јамајка, Еременија, Малта и Казахстан. Традиционалното печалбарство во Македонија веќе не постои, бидејќи се претвори во трајно иселување на македонските граѓани во странство. Помалите општини останаа со половина население, особено во зимските месеци. Ако некогаш на печалба одел само еден човек или двајца браќа, денеска се оди со цело семејство од три генерации. Печалбарите велат дека полесно се преболува носталгијата со фамилијата покрај себе, а за време на зимскиот период и трошоците се помали, а и не мора да ја праќаат целата заработка во земјава, како порано. Но, сите се согласни во едно, а тоа е дека децата кои образованието го оформиле во Италија или во Германија тешко се враќаат назад во татковината. А и оние пак, коишто ќе се одлучат на тоа, по краток период се разочарани и размислуваат за повторно иселување. Во отсуство на статистики, кои Агенцијата за ислеништво не ги поседува, се обративме до дел од здруженијата на Македонци-иселеници. Велика Јовановска од Здружението на Македонци од Мелбурн, Австралија, вели дека многу фактори ги одвраќаат иселениците да се вратат назад, но главно можат да се определат со еден поширок поим како несредена држава. Јовановска наведува примери на доселеници во Австралија од западноевропските земји, кои многу полесно се одлучуваат за враќање назад во татковината. „Навистина чудно е што с$ потешко се враќаме назад. Ние заминавме во

Балканот повторно се здружува Информациите кои Ви се потребни за подобро работење во балканскиот регион секој работен ден, наутро, Ви ги испраќаме на e-mail или прочитајте ги на www.biznis-plus.com Нарачка и повеќе информации на: pretplata-mk@biznis-plus.com или на телефон: +389 2 3298 110



Капитал број 722 30.08.2013

30

www.kapital.mk

АнАлизА

Австралија по егзистенција. Сега по 40 години сме добростоечки финансиски и без проблем можеме и ние и младите да опстојуваме дури и без работа. Но, нешто н$ држи таму. Пробавме неколку пати да останеме подолго, дури и ја реновиравме куќата. Но, едноставно квалитетот на живот е поинаков или барем ние сме навикнати така. Мора да кажам дека ја сакаме Македонија, но нема да се вратиме дефинитивно, а уште помалку нашите внуци родени и одгледани во Австралија“, вели таа. Благој Штерјов, потпретседател на Здруж-ението на Македонци во Хрватска, вели дека македонската држава ако нуди малку за оние кои бегаат поради неуспех нуди уште помалку за успешните кои од разни бенефиции се привлечени во други земји. „За младиве не сакам ниту да разговарам, тие дефинитивно одат за да не се вратат. Но, еве ќе го земам мојот пример. Пред речиси 30 години, кога освојував највисоки европски одликувања во борење слободен стил, во Македонија немаше ниту една компанија да ми даде стипендија. Тоа го направи хрватската месна индустрија Гавриловиќ и оттогаш сум во Загреб со цела фамилија. Е затоа никој не се враќа“, констатира Штерјов. Не се ретки и примерите на оние кои

специјален прилог

по престојот или образованието во странство одлучуваат да се вратат во Македонија, но откако ќе се соочат со системот кој главно функционира со „врски“ или партиски членски карти веднаш си бегаат назад во странство. „Јас и жена ми живеевме во САД шест години. И двајцата имаме магистратури од американски добри факултети, но се вративме во Македонија пред една година. Не знам дали само себеси се излажавме дека во Македонија нешто е сменето или се надевавме дека со нашето образование ќе ни биде лесно да најдеме добра и соодветна работа. Цела година и повеќе од 100 пратени CV на огласи, бевме викнати само еднаш на интервју. Сега се спремаме да си одиме и веќе никогаш да не се вратиме, ни на одмор, а нашите деца нема да дозволам да се родат во Македонија и никогаш нема да имаат македонско државјанство“, вели еден млад човек кој сведочи зошто белата чума ја коси Македонија. Трендот на иселување на цели семејства и региони е забележлив и од нашите кои веќе живеат во странство. Пратеникот од Северна Америка, Павле Саздов, вели дека воопшто не го изненадува ниту степенот на испразнетост на општините, ниту огромните бројки на Македонци со привремен или постојан престој во странство.

„Трендот на иселување се забележува и во Канада. Само во Торонто секоја година се доселуваат по околу 150 македонски семејства. За 10 години, колку што јас сум таму, македонската заедница само во Торонто е зголемана барем за 10.000. Станува збор за цели фамилиии, од кои дел доаѓаат со почетен капитал, а с$ поголем е процентот на оние со високо образование“, констатира Саздов. Сепак, државните институции с$ уште се резервирани во однос на активирањето на сигналите за паника. Васил Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво, вели дека многу е тешко да се разговара за бројки, воопшто, кога станува збор за иселениците, бидејќи станува збор за повеќе десетици држави во светот. Според него, с$ уште не се знае дали имаме иселување или враќање на иселениците во Македонија. „Ние располагаме со бројка од 430.000 Македонци во светот, но не ме чуди реалната цифра да е и повеќе од два милиони. Исто е со тие со привремен регулиран или нерегулиран престој. Во иднина ќе се обидеме да направиме статистика барем на лицата кои се државјани, а помалку или подолго од година се отсутни од земјава и така ќе утврдиме дали Македонија се иселува или иселениците се враќаат назад“, потенцира Наумов.

6

СЕПТЕМВРИ 2013

EVENT MANAGEMENT КАПИТАЛ АНАЛИЗИРА:  Кои се најновите светски концепти во организирање настани од најразличен тип, вклучително и конференции и саеми?  Новини во концепирањето на самите настани од аспект на соодветно осветлување, озвучување, примена на нови технологии и соодветен мебел за оваа намена!  Какви се трендовите со менаџирање настани на македонскиот пазар? Колку македонските компании од оваа индустрија држат темпо со светските новитети?  Еvent management експертите Ве советуваат како да организирате бизнис настан кој долго се памети!

Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110 локал 102

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

САЊА САВОВСКА



Капитал број 722 30.08.2013

www.kapital.mk

32

Компании и пазари Дали се глеДа спасот на тутунсКи Комбинат прилеп?

Dogovorot so Filip M prezeMawe sepak, ne пишува:

Дејан азески

Dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Н

ајголемиот социјалистички тутунски гигант и уште поголемиот транзициски загубар Тутунски комбинат Прилеп деновиве објави дека потпишал договор за стратешко партнерство со американскиот и светски гигант за производство на цигари Филип Морис. Актуелниот генерален директор на комбинатот, Александар Дерменџиев, за „Капитал“ изјави дека бонитетот и кредибилитетот на избраниот стратешки партнер апсолутно влеваат оптимизам и доверба. Toj лично смета дека Тутунски комбинат Прилеп е на вистинскиот пат да постигнe долгорочна финансиска стабилност. Со оглед на тоа дека освен овие оптимистички најави, во јавноста не се објави речиси ништо друго за ова стратешко партнерство, „Капитал“ се обиде да анализира што с$ може да вклучува овој договор и дали тој може да биде трајно решение за вечниот прилепски загубар, кој секоја година ја чини државата неколку десетици милиони евра.

Што значи договорот со Филип Морис?

Според досега објавеното во јавноста, Филип Морис била единствената компанија којашто се јавила на меѓународниот јавен повик кој комбинатот го распиша во јули годинава. Според оценките на Комисијата за евалуција на понудите за стратешко партнерство, таа го исполнила главниот услов - да биде етаблирана тутунска компанија со минимум 100 милиони евра приход во последните три години и да прецизира бизнис- план. Договорот со Филип Морис се однесува само на делот за цигари, кој претставува посебна компанија (ДООЕЛ) во рамките на комбинатот. Директорот Дерменџиев вели дека бизнис-планот кој го доставил Филип Морис претставува деловна тајна и поради тоа, не смее да изнесува детали во јавноста. Но, потврдува дека тој во никој случај не предвидува целосно преземање на Тутунски комбинат од страна на Филип Морис.

с$ уште не е до крај извесно дали 1.000 вработени на тутунски комбинат прилеп и неколку илјади кооперанти ќе ја видат светлината на крајот на нивната 20-годишна голгота Имплементацијата на бизнис-планот, според Дерменџиев, би требало да трае неколку месеци и тоа не го допира прашањето на бројот на вработени во прилепскиот Тутунски комбинат. Како што е официјално најавено, ова стратешко бизнис-партнерство треба да значи прва фаза од приватизацијата на Тутунски комбинат, а од партнерството со Филип Морис се очекува до 2015 година комбинатот да ги надмине актуелните состојби. Неофицијално, бизнис-договорот најверојатно ќе биде со рок од 10 години и ќе значи нови инвестиции во сферата на преработката и производството на цигари. Дерменџиев веќе најави и дека Филип Морис како компанија нема да се меша во раководењето и во кадровската политика на комбинатот, што значи дека не се доведува во прашање ниту досегашната соработка со кинескиот партнер Хонге-Хонге, ниту со други деловни партнери со коишто досега соработува комбинатот. По потпишувањето на партнерството, државата и понатаму останува сопственик на околу 80% од капиталот на компанијата, проценет на 126 милиони евра. Филип Морис е компанијата која своите производи ги продава во повеќе од 200 држави во светот и која според официјалните информации, држи над 15% од светскиот пазар на цигари

Договорот за стратешко партнерство на Тутунски комбинат Прилеп не значи трајно преземање на комбинатот, туку основа за понатамошна соработка во разни зделки. Познавачите на состојбите за „Капитал“ прогнозираат дека моменталната кондиција во којашто се наоѓа комбинатот не гарантира дека тој ќе може да ги исполни барањата на Филип Морис, но ја советуваат државата да инвестира во комбинатот бидејки на светските пазари се создаваат поволни услови за пласман на македонскиот ориентален тутун, што ќе го направи комбинатот повторно конкурентен и интересен за инвеститорите


www.kapital.mk

Капитал број 722 30.08.2013

Компании и пазари

33

Moris Delovna tajna, eMa Da iMa алеКсандар дерменџиев генерален директор на Тутунски комбинат Прилеп

надвор од САД.

квалитетот кој го бара Филип Морис и производот да го испорача за одредено време. Тие сметаат дека доколку државата како партнер, од една страна Превработеност од 70%, милионски или Филип Морис, од друга, не вложат долгови, машини стари во просек 25 позначителни средства во обновување години и техничка неподготвеност да се на производствената опрема, не може произведуваат висококвалитетни цигари. да се очекува некоја долга и плодна Ова е првичната слика за Тутунски соработка. комбинат Прилеп, која со години & добро Дека состојбите со производствената позната на јавноста. Оттука, дел опрема во комбинатот во Прилеп од познавачите на состојбите не се розови не крие ниту во тутунскиот сектор кои ги директорот Дерменџиев. консултираше „Капитал“ „Бидејќи подолг се скептични во врска временски период не се со реализацијата направени значителни на сиве овие вложувања во големи најави, милиони евра е проц постоечката опрема ен ет бидејќи едно се и машини, истите имотот на Тутунски првичните договори се застарени. ко мб ин ат Пр илеп за стратешко Особено алармантна партнерство, е состојбата во дооел а сосема друго Тутун, каде што прецизните договори станува с$ потешко за конкретните зделки со постоечката опрема коишто треба да конкурентно да се следуваат. Познавачите задоволат барањата на на состојбите во пазарот. Тука итно е Тутунски комбинат неопходна инвестиција велат дека во т.н. soft dry превработеност во комбинатот со технологија и преса за мо ментов има Тутунски моменталниов пакување во картонска комбинат Прилеп техничкоЦ 48 амбалажа, во технолошки приближен износ од капацитет тешко ќе околу 4.000.000 евра“, може да го произведе вели тој.

Зошто Тутунски комбинат е интересен за Филип Морис?

100

70%

КолКу ја Чини државаТа досега ТуТунсКи КомбинаТ прилеп?

К

апиталот на Тутунски комбинат Прилеп е проценет на 126 милиони евра. Комбинатот во своите најдобри денови имал повеќе од 2.500 вработени, откупувал и преработувал 8.000.000 килограми ориентален тутун, а фабриката за цигари произведувала и до 8.000 тони цигари годишно. Ненавременото прилагодување и преструктурирање на комбинатот во согласност со пазарните услови, раскинувањето на договорите за лиценцирано производство кои комбинатот во минатото ги имал со Филип Морис и со БАТ и со самото тоа губењето и на пазарите, заедно со зголемената конкуренција наметната од страна на етаблираните глобални компании коишто се појавија на македонскиот пазар овој гигант уште

во првите години на транзицијата го трансформираа во еден од најголемите загубари, со кој државата не може да се справи до денес. Уште од 1994 година, кога Тутунски комбинат Прилеп заедно со други 23 државни претпријатија е прогласен за загубар, државата Македонија ги покрива неговите загуби. Досега се применуваше принципот државата преку конверзии на акциите да ги затвора долговите на претпријатието. Поради двете големи досегашни конверзии на акции, државата веќе поседува повеќе од 80% од сопственоста на комбинатот во Прилеп. Само при последната конверзија на долговите во акции од октомври минатата година државата мораше да му опрости на Тутунски долг од 32,6 милиони евра.

Бидејќи подолг временски период не се направени значителни вложувања во постоечката опрема и машини, истите се застарени. Особено алармантна е состојбата во дооел Тутун, каде што станува с$ потешко со постоечката опрема конкурентно да се задоволат барањата на пазарот. Тука итно е неопходна инвестиција во технологија од околу четири милиони евра.

ниКола ТодоровсКи-Чорбе поранешен генерален директор на Тутунски комбинат Прилеп

Треба да се сфати дека никој не сака компанија или претпријатие со превработеност, застарена технологија и со долгови. Ако сакаме да го продаваме, да го рестартираме или да правиме што било со Тутунски, треба најпрвин таму да се вложат извесни средства, кои првично ќе го направат конкурентен на пазарот, што автоматски ќе значи интересен за инвеститорите. Во секој друг случај можеме само да го распродадеме комбинатот за ништо пари, ако и така некој воопшто го сака.

Покрај тоа што според бројот на вработени, комбинатот претставува еден од најголемите работодавци во градот Прилеп, Тутунскиот комбинат откупува околу 1/3 од производството на ориентален тутун во овој регион, што значи годишен приход за тутунопроизводителите некаде повеќе од 10 милиони евра. Во сопственост на тутунскиот комбинат е и браната на Прилепското Езеро, како и 450 км мрежа од канали за наводнување, без коишто не може да функционира производството на тутун во најголемиот дел од Прилепското Поле. Во Македонија над 200.000 луѓе директно и индиректно живеаат од тутунот. Комбинатот во Прилеп секогаш бил центар на сета таа индустрија и тој му е потребен на овој сектор.


Капитал број 722 30.08.2013

www.kapital.mk

34 ЕВропсКитЕ зЕмји Коишто ја прЕжиВЕаја Кр раст на БДп во Латвија (2000-2012) 15

10 5

5,5%

4,5%

7,4%

7,6%

10,2%

11,9%

10,3% 5,5%

0

2000

2004

2005

2006

-5

2007

-0,3%

-4,6%

5,6% 2012

Најголеми трговски партнери на Латвија (2012)

-10

Земја

Извоз

Русија

-15

-20

Увоз 18,30%

9,30%

Литванија

15%

18,90%

Естонија

12%

7,50%

Германија

7,20%

11,50%

Полска

5,60%

8,10%

-18%

Latvija & odr` lekcija na Evro пишува:

Васе Целеска

vase.celeska@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

П

ред речиси еден месец министрите за финансии на Европската унија (ЕУ) потврдија дека од 1 јануари 2014 година Латвија ќе влезе во зоната на еврото. Имено, сите три балтички републики од поранешниот Советски сојуз ја сакаат заедничката европска валута: Естонија веќе ја има, Латвија ќе ја поседува од следната година, а Литванија сака да се приклучи во еврозоната што побрзо, најверојатно во 2015 година. Но, и во Латвија се покажа дека по кризата во Грција и некои други земји од југот на еврозоната, стана уште потешко отколку претходно. Латвија во последните години мина низ тешка економска криза, а многу млади Латвијци се иселија во странство. Но,

Чистка за раст - секој трет државен службеник во Латвија доби отказ

П

ремиерот на Латвија, Владис Домбровскис, е човек којшто самоиницијативно спроведе резови во јавниот сектор без никаков притисок од страна на озлогласената „тројка“ (ЕУ, ЕЦБ и ММФ), подели откази на речиси секој трет државен службеник и ги намали платите во просек за 25%, а сето тоа го направи без социјални немири и протести. За с$ да биде уште пофасцинантно, среде реформите победи на изборите и остана на чело на државата. Латвија стана модел по којшто ќе се угледуваат љубителите на мерките за штедење, но треба да се земе предвид дека БДП на оваа земја, и покрај растот, с$ уште е под нивото што го имаше пред кризата. Но, она што покрај мерките за штедење влијаеше на заздравувањето на латвиската економија е специфичноста на земјата во смисла на малиот број жители, отвореноста на економијата и економски силното соседство.

преку тешка програма за штедење и кратење на платите, како и реформа на јавниот сектор, Латвија успеа да излезе од кризата која зафати многу европски земји и во средината на таа криза да се приклучи во еврозоната. А, ако на доброспроведените реформи се додаде и богатото соседство од нордиски земји и економската соработка со истите, веќе станува јасен успехот на Латвија.

Од друга страна, пак, многумина аналитичари сметаат дека овој влез во еврозоната е само доказ дека малата балтичка земја се држеше до „правилата на игра“ и успеа да ги намали државниот дефицит, количината на државен долг и инфлацијата. Владата на Латвија пак, смета дека нејзината индина е внатре во зоната на еврото, иако постојат сомнежи за иднината на заедничката валута.


www.kapital.mk

ризата dossЛаiтвeиrја

ФаКти за независност:

Обновена 91 година XX 21 август 19 : Популацијаители XX 2.013.400 ж 2 64.589 km Површина: XX : БДП (2012) рди евра XX 28,4 милија т: 14,3% вработенос Стапка на не XX лг: Државен доП XX 39,2% од БД од БДП фицит: 1,2% Буџетски де XX

Капитал број 722 30.08.2013

досие

Латвија во експресен рок од почетокот на европската финансиска криза го среди својот државен буџет, а исто така од почетокот на следната година ќе стане дел од заедничката валута - еврото. Оваа балтичка земја се посочува како пример за тоа дека еврото с$ уште е живо и атрактивно вЛадис домбровсКис

премиер на Латвија

Дејствувавме веднаш и директно и веќе во текот на кризата успеавме да вратиме дел од финансиската стабилност, а по враќањето на стабилноста дојде и економскиот раст. Финансиската стабилност е исклучително важна. Без неа нема кредити од банките, меѓународните компании не сакаат да вложуваат, граѓаните трошат помалку, а сето тоа заедно ве фрла уште подлабоко во рецесија.

андрис виЛКс

минстер за финансии на Латвија

`a opa

„Пред неколку години слушавме прогнози за распад на еврозоната, но сега гледаме дека таа станува с$ поголема“, потврдува и латвискиот премиер, Владис Домбровскис.

Реформи со болни кратења

Околу 2,2 милиони жители на Латвија остваруваат бруто-домашен производ (БДП) од околу 21 милијарда евра, па аналитичарите велат дека според состојбата во домашниот буџет, оваа земја ќе мора пред с$ да им помага на другите, а не да бара туѓа помош. Минстерот за финансии на Латвија, Андрис Вилкс, признава дека трансформацијата не била лесна, па на останатите земји во криза им советува дека треба да се реагира брзо, а со согласност од сите граѓани да се спроведат болни кратења. „Моравме на јавноста да & објасниме што мораме да направиме за да создадеме економија којашто ќе преживее на пазарот. Не постоеше друг пат, а граѓаните беа заморени од неизвеснот“, вели Вилкс за лондонски „Фајненшал тајмс“. Секако, не сите жители на Латвија

35

Моравме на јавноста да & објасниме што мораме да направиме за да создадеме економија којашто ќе преживее на пазарот. Не постоеше друг пат, а граѓаните беа заморени од неизвеснот. беа воодушевени од мерките за штедење и реформите коишто ги воведе владата на Домбровскис, како и одлуката да го напуштат латсот и да влезат во еврозоната, па с$ уште упатуваат критики на сметка на владата најмногу поради тоа што сега ќе треба од својот буџет да обезбедат дел за проблематичните земји од југот, како на пример Грција. „Дејствувавме веднаш и директно и веќе во текот на кризата успеавме да вратиме дел од финансиската стабилност, а по враќањето на стабилноста дојде и економскиот раст. Финансиската стабилност е исклучително важна. Без неа нема кредити од банките, меѓународните компании не сакаат да вложуваат, граѓаните трошат помалку, а сето тоа заедно ве фрла уште подлабоко во рецесија“, објаснува латвискиот премиер, Домбровскис. Од друга страна, латвискиот министер за финансии тврди дека неговата земја била меѓу првите коишто веќе ги надминаа острите мерки за штедење и намалување на дефицитот, поради што земјата забележа најбрз економски раст во рамки на целата ЕУ.

Најбрз економски раст во ЕУ

Иако Латвија и понатаму мака мачи со прикривањето на даноците, корупцијата и перењето пари, кризните реформи коишто ги воведе владата придонесоа земјата да има инфлација

Латвиските банки ризични по влезот во еврозоната?!

М

ногу финансиски експерти гледаат ризик во латвиските банки, бидејќи во нив многу пари депонираат странски, а пред с$ руски клиенти. Постојат теории на аналитичари коишто не се љубители на влезот на земјата во еврозоната, дека ако Русите преку ноќ го повлечат својот капитал, тогаш би можеле некои финансиски институции да пропаднат, а Латвија да биде новиот Кипар. Такво е стравувањето, но латвискиот министер за финансии, Андрис Вилкс, смирува. „Латвискиот банкарски сектор сочинува само околу 3,4% од целиот БДП. Ова е две третини помалку отколку, на пример, во Германија или во Франција. Ние имаме и големо присуство на скандинавски банки. Тие се многу силни и имаат голем капитал“, вели тој. од 2%, а јавниот долг да се намали на 40% од БДП. Исто така, земјата има најбрз економски раст на ниво на ЕУ, кој изнесува нешто повеќе од 5% во последните две години. Но, овој раст не се постигнува така лесно. Санацијата на Латвија започна пред речиси пет години кога земјата избегна сигурен банкрот. Тогаш Латвија доби милијарди евра помош од ЕУ и од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), а за возврат владата во Рига презеде драстични мерки за штедење. Само во 2009 година платите и дневниците во јавниот сектор беа намалени за 30%, државните издатоци за 20%, а невработеноста достигна рекордни бројки. Но, владата на Домбровскис решително продолжи со санации и сега е наградена за тоа. Поранешниот министер за економија на Латвија, Kришјанс Kаринш, за Дојче Веле вели дека земјата не можеше предолго да живее над сопствените можности, а тоа важи и за сите земји во Европа. „Тука се постави и прашањето, во кои временски рамки ќе се вратиме на урамнотежен буџет. Латвија тоа мораше да го достигне поради недостиг од алтернативи, бидејќи никој не сакаше на земјата да & одобри нови кредити. Владата се реши за тежок пат поврзан со високи социјални трошоци - за намалување на платите, пред с$, во јавниот сектор“, објаснува тој.


Капитал број 722 30.08.2013

36

www.kapital.mk

Интервјуа од регИонот - со БИзнИс Плус

Stanka Pejanovi]

член на уПравата на МерКатор задолжена за југоИсточна евроПа И дИреКторКа на МерКатор-с

Golem trGovec [anSa za reGionot

Д

олго најавувана и очекувана, аквизицијата на словенечки Меркатор од страна на хрватски Агрокор никого не го остави рамнодушен. Дел од Словенија пати што националната икона преминува во туѓи раце, во Хрватска се забележува задоволството што се освојува просторот од регионот со мирновременски средства, а во белградските бизнис-кругови се зборува за сопственикот на Агрокор, Ивица Тодориќ, како за најголем српски бизнисмен. Бидејќи прашината спадна, сега се мери новата регионална реалност, а далеку од очите на јавноста експертите се подготвуваат за фино подесување на интеграциите на Агрокор и на Меркатор. На прашањето до каде е обликувањето на новата реалност, Станка Пејановиќ, член на Управата задолжена за Меркатор за Југоисточна Европа и директорка на Меркатор-С, вели: „Треба да зборуваме рационално, со факти и визии за иднината на регионот во кој живееме. Ако ги одвоиме емоциите околу приказните за тоа од кој дел од регионот доаѓа купувачот на Меркатор и да се запрашаме дали е неопходно окрупнувањето на трговците во регионот - мојот одговор е да. Оваа нова трговска компанија може да биде локомотива која ќе воспостави еднакви принципи на модерна трговија во регионот. А бидејќи новата трговска група е така конципирана да еден нејзин дел е во Европска унија, а друг дел во регионот ЦЕФТА, на произведувачите од регионот ќе им се дадат сјајни можности, а со тоа и на српските произведувачи за пласман на производите на сите пазари. XX Сакате да кажете дека се неосновани стравовите од дискриминација на произведувачите од поедини држави? Ако сме во сферата на психологијата, тогаш секоја промена предизвикува страв од бизнис-партнерите, вработените... и тоа е нормална појава. Друго е кога гледаме која е целата и кои се можностите на една ваква аквизиција без оглед на тоа кои се нејзините учесници. Гледано од таа страна, нема никаква причина за страв. Ние од овој процес мораме да излеземе многу стабилни, со јасни концепти и подобри резултати кои ќе донесат бенефит за сите - вработените, државите, партнерите и потрошувачите. Сериозните бизниссубјекти не градат свои бизнис-филозофии со гледање на сопствениот интерес. XX Сите економски аргументи и очекуваната синергија и бенефициите се на страна на интегрирањето и окрупнувањето на трговците во регионот. Добавувачите треба да размислат до каде се по квалитет и квантитет, за да не ни се случи домашните произведувачи на компир во октомври да не можат да ги задоволат потребите на српскиот пазар... нас секогаш ни е приоритет задоволувањето на потребите на потрошувачите, ние од тоа живееме. И ако потрошувачот сака домашни производи, ние тоа ќе го имаме на полиците. Тоа е економската логика, но таа нам не ни дозволува на полиците да ни влезе нешто со лош квалитет и што може да ја загрози безбедноста на потрошувачите.


www.kapital.mk

XX Сега посебно се нагласува значењето на договорот за соработка на двете компании додека трае аквизицијата. Зошто е тој важен? Многу сме свесни за сериозноста на ситуацијата, од потписот на договорот со исполнување на условите за почеток на преземањето. Важно е сите актери да помогнат овој процес што поквалитетно да се изведе докрај и во таа смисла нашата енергија во овој период ќе биде насочена кон постигнување на планираните резултати за оваа година. Познато е во теоријата дека многу аквизиции по исплатата на купопродажната цена не стануваат успешни затоа што се потценува т.н. мек дел кој се однесува на стапенот на компатибилност на корпоративната култура и правењето стратегија за развој на брендовите по аквизицијата. Овде го гледам најголемиот предизвик во иднина. XX Има ли неизвесности кои може да го загрозат процесот? Не очекувам такво нешто, сега проблем е са мо вр емето, одно сно ко га од антимонополските комисии ќе добиеме дозволи. Во Меркатор паралелно со процесот на продажба трае и финансиското и бизнисреструктурирање. Со банките-кредитори потпишавме договор за реструктурирање со цел да ја стабилизираме финансиската ситуација, а во бизнис-делот се продолжува со реализација на стратегијата која се базира на четири столба: оптимизација, фокус, раст и профитабилност. XX Пред година и половина Агрокор за акција на Меркатор понуди 221 евро, а Тодориќ сега ги плаќа околу 120 евра. Мислите ли како член и на стариот и на новиот Управен одбор на Меркатор дека се задоцни со продажбата? Сопствениците секогаш беа слободни да ги продадат своите акции. XX Се плашат ли вработените во Меркатор дека ќе бидат отпуштени? Во Меркатор постојано се занимаваме со оптимизација на процесите и тоа нема врска со аквизицијата. Секоја година се преиспитуваме дали нашата продуктивност по вработен е во согласност со европските стандарди, дали се движиме во вистинска

Капитал број 722 30.08.2013

37

Имаме одлични производители, но сите толку ги проширија портфолијата за од пазарот да се истиснат едни со други и сметам дека сега е последен момент за да се здружат. Кога ќе ги погледнете трговските полици, на нив има 25 видови наполитанки и се прашувате дали тоа е потребно или треба да се направат шест силни брендови, конкурентни на европскиот пазар. развојот, на кој начин ќе бидат усогласени одговорностите и овластувањата. XX Дали оваа аквизиција во трговијата по системот на бранување може да се прелее и на производствениот дел од регионалната економија? Би сакала, пред с$, српската кондиторска индустрија да се обедини, да стане посилна. Имаме одлични производители, но сите толку ги проширија портфолијата

пазарот на Европската унија. Тоа би довело до сегментирање на производителите на такви што произведуваат брендови и такви што се специјализирани за производство на приватни стокови марки. XX Од позицијата на којашто се наоѓате, какво е мислењето за економската состојба во регионот? Постои многу слична социодемографска слика на БиХ, Србија и Црна Гора, па дури

Компанијата која ќе настане откако ќе заврши трансакцијата меѓу Агрокор и Меркатор носи корист за добавувачите, потрошувачите и економиите од регионот во целина. Додека не се добие одобрување од антимонополските комисии, Меркатор не може да соработува со Агрокор во делот кој се однесува на размена на информациите, вели членот на Управата на Меркатор, Станка Пејановиќ, за Бизнис плус насока, на кој начин да се организираме за трошоците за работа да ни бидат оптимални. XX Има најава дека во управата на новата регионална трговска компанија ќе седат двајца претставници од Словенија и по еден од БиХ и од Србија. Дали Вам ви е понудено тоа место? Не сме разговарале за тоа, очекувам да разговараме пред с$, за тимот којшто ќе биде задолжен за Србија и за Црна Гора, за концептот, за тоа како ќе се работи на

за од пазарот да се истиснат едни со други и сметам дека сега е последен момент за да се здружат. Кога ќе ги погледнете трговските полици, на нив има 25 видови наполитанки и се прашувате дали тоа е потребно или треба да се направат шест силни брендови. Така би добиле волумен, би станале посилни на пазарот, би имале квалитет за европскиот пазар. Вишокот средства, на пример, би можеле да се насочат на производството на производи без трансмасти, кои се апсолутен императив за здрава исхрана и услов за пласман на

и на Бугарија и Албанија – куповната моќ е концентрирана во главниот град и уште во еден или во два града коишто ја подигнуваат просечната куповна моќ. Кризата страшно ги промени куповните навики и влијаеше на структурата на побарувачката, на падот на лојалноста... Во Србија во два-три града се концентрирани 65% од куповната моќ на Србија. Не е случајно што дисконтните синџири, па и толку спомнуваниот Лидл, с$ уште не се дојдени во Србија. Факт е дека во Србија работиме со најниски брутомаржи во регионот.


Капитал број 722 30.08.2013

38

www.kapital.mk

политика

Месиќ: ЕУ не врши доволно притисок за решавање на спорот со името

П

оранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ, смета дека за Европската унија е хендикеп што сеуште не се нејзини членки сите држави од Југоистична Европа, а за грчкомакедонскиот спор за името оцени дека Унијата не врши доволно притисок за да дојде до негово решавање: „Од македонска страна тоа е прашање на јазикот, името на државата, идентитетот, тоа е длабоко национално прашање. За другата страна тоа е едно политичко прашање што бара политичко решение. Се работи за прашање што нема никакво влијание врз животот на граѓаните во Грција, што не е случај за Македонија. За жал нема доволно волја, ниту соодветен притисок од ЕУ за тоа прашање да се реши“, оцени Месиќ на средбата во Охрид со градоначалникот Никола Бакрачески.

> БРОЈКИ

8

миолиони евра ке чини реконструкцијата на 16 средни училишта во градот Скопје кое неодамна го најави градоначалникот Коце Трајановски. Некои од училиштата кои се стари и по поцеќе од пет децении

19.465

Државата ја урна па медиумскиот и прод

ученици се запишани во двата изминати уписни рока во средните училишта во земјава. Слободни места по вториот уписен рок има за 15.436 ученици од кои 10.224 за настава на македонски наставен јазик, 4.513 на албански, 663 на турски, 33 на српски наставен јазик и 3 за повторувачи.

852

лица повеќе се родиле отколку што умреле во второто тримесечие на оваа година. Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца изнесува 5.470 живородени деца што е за 5,5 отсто помалку во споредба со истиот период лани. Бројот на умрените лица, пак, бележи намалување од 5,4 проценти

facebook 1 "Албанија ќе го увезува

македонскиот отпад'' Нека почне од парламент. Моме Мартиновски

2 Груевски им рече да напишат

каков сакаат извештај во корист на вмро и овие од сдсм го послушаа!!! Бранко Тричковски

3 Целосно ги отфрлам правните

квалификации кои стојат во овој договор!“ - добра реченица за кога ќе потпишувам кредит во банка Предраг Кукиќ

Субвенциите за приватните телевизии во висина од дури 50% од трошоците што тие ќе ги направат произведувајќи домашна програма ќе го зацементираат на подолг рок веќе освоениот медиумски простор со владините реклами. На пазарната логика ќе треба дефинитивно да се заборави - компетитивноста меѓу телевизиите ќе се сведе на тоа која од нив ќе се покаже најревносна во остварувањето на „државниот“ интерес


www.kapital.mk

Капитал број 722 30.08.2013

Демографската катастрофа го десеткува бројот на првачиња

М

акедонската демографска катастрофа предизвикана од брановите иселувања од земјата и слабиот наталитет ја покажа и бројот на запишани првачиња за учебната година 2013/14. Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, не можеше да каже ништо друго освен дека жали за ваквата состојба, која се повторува секоја учебна година: „Со жалење мора да констатирам дека во изминатите пет-шест години има во просек од 500 до 700 помалку запишани првачиња. И оваа година бројот е намален. Досега се запишани 20.774 првоодделенци. Бидејќи уписот уште трае, очекувам бројот да порасне. Но, дефинитивно, повторно ќе има помалку запишани во прво одделение“, изјави Ристовски.

азарната логика во дукцискиот бизнис! пишува:

максим ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

В

о ниедно време, некаде околу два часот по полноќ, на вториот ден од комисиската расправа за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, надлежниот министер Иво Ивановски го прифати веројатно најопасниот амандман со кој се предвидува државата да субвенционира приватни медиуми (телевизиите со национални концесии) и тоа во висина од 50% од трошоците што тие ќе ги направат за произведување домашна програма. Тајмингот за протнување на една вака опскурна идеја за решавање на проблемот со недостиг од домашна телевизиска продукција не е случаен (иако од комисиската седница немаше пренос, беа избрани ситните „саати“ за воопшто да нема сведоци - новинари), зашто ретко кому не му е јасно што значи влегувањето на државата во пола-пола партнерство со приватните телевизии, највлијателните медиуми во земјата, па предлагачите (ВМРО-ДПМНЕ) и прифаќачите на амандманот (владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ) на ваков начин избегнаа фронтално соочување со јавноста. Пратениците на опозицијата се обидоа да ја сензибилизираат јавноста за димензијата на проблемот следниот ден, но веста од претходната ноќ падна во сенка на одбиениот нивен амандман со кој се предлагаше медиумите да не смеат да бидат донатори во политичка кампања. Сево ова во околности кога дури и Европската комисија чека

детален извештај за владините реклами емитувани во изминатите години на повеќе медиуми, поттикната од ставот на јавноста дека овие реклами се користат за поткупување на медиумите со цел нивно ставање во функција на владината пропаганда. А владините реклами може да се покажат дури и како наивно средство за контрола на медиумите, ако профункционира ортаклакот владанационални приватни телевизии. Критериуми за тоа како ќе се избира во што ќе вложуваат партнерите, односно кој е државниот интерес во однос на програмата што ќе биде субвенционирана, или за лимитите до која сума може да се движат кофинансираните проекти, нема. Но, нема и сомнеж дека телевизиите кога знаат оти можат да сметаат на државни пари и тоа во висина од 50% за реализација на свои проекти, секако ќе го изберат она што владата ќе го означи како државен телевизископродукциски интерес. Со ова не само што ќе се зацементира на подолг рок веќе освоениот медиумски простор со владините реклами, туку ќе има сериозно мешање на државата во содржините коишто ќе ги емитуваат националните приватни телевизии. На пазарната логика ќе треба дефинитивно да се заборави - компетитивноста меѓу телевизиите ќе се сведе на тоа која од нив ќе се покаже најревносна во остварувањето на „државниот“ интерес. Меѓу оние што од бизнис-аспект ќе претрпат најголема колатерална штета се секако приватните продукциски куќи (со исклучок на оние што редовно ги работат кампањите на владата) кои тешко дека ќе може да „првнат“ во целата оваа кампања за заживување на изворната македонска продукција, во услови кога моќните телевизии партнерски со владата ќе го преземат овој аспект од државниот интерес.

бум-трЕс

39

Ерол ризаов

новинар

К

ога Груевски е лут, секогаш одиме на избори. Oвојпат недостигаат само 230 милиони евра и наивни играчи.“ Ризаов верува дека само дефицитот на пари и на наивност н$ спаси од уште една кампања предвреме.

ангЕла мЕрКЕл

германски канцелар

А

ко меѓународните кредитори се согласат за второ отпишување на дел од грчкиот долг, тоа ќе доведе до влошување на кризата во еврозоната.“ Меркел сфатила дека простувањето на долговите ја „дрма“ еврозоната.

митКо алЕКсов

извршен директор на Сојузот на стопански комори

К

ога ќе се соберат деновите од одмор и празниците, излегува дека два месеци работниците не работат, а земаат плата.“ Алексов одморот би го „простил“, ама верски, ем државни празници секоја недела му штетат и на стомакот и на стопанството.

twitter 1 Весна@erzebet_batori 3m

11 Божја Заповед: Мрази ја државата откако ќе завршиш факултет.

2 Медо@MedoDimoski 24 Aug

Ако тепа ВМРО ќе се признаат годините од 1903 - 1945. Ако тепа СДСМ ќе се признаат годините од 1946 - 1991

3 Розалинда@stanojkovska1112h

Прашале ја Северина шо ја инспирирало за "Град без људи" Пробиштип рече.


Капитал број 722 30.08.2013

40

www.kapital.mk

Интервју

ИлИја ДИмовСКИ

пратенИК ДИреКтор на Центар за КомунИКаЦИИ на вмро – Дпмне

So SDSM napravivMe ^ekor napreD za poDobruvawe na politi^kiot Dijalog! пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

фотографија:

Ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

XX Интервјуто го правиме ден по потпишувањето на Извештајот за расчистување на настаните од 24 декември па за малку ќе Ве прашав како го толкувате, но вие веќе го вреднувавте како „палома хартија“. Сметате ли дека политички, во најмала мера е невкусно да дадете една таква квалификација за извештај којшто и самите сте го потпишале? Што сакате да кажете со тоа? Јас јасно дадов до знаење дека се дистанцирам од правните квалификации од извештајот и тоа не е ништо ново и не е ништо чудно. Извештајот како таков во својата целокупност, секако исклучувајќи ги правните квалификации, е квалитетен материјал. Тој е плод на една макотрпна работа во којашто учествуваа сите петмина членови на комисијата за којашто можам да изразам задоволство дека во најголем обем беше и коректна и разумна работа на

комисијата. Прво таа комисија веројатно е една од првите полуформални форми на комуникација и соработка меѓу двете најголеми спротивставени партии во Македонија и направен е исчекор во смисла на воспоставување политички дијалог. Тоа мораме да го потенцираме, бидејќи тоа е факт. Второ, направен е увид на фактичката ситуација на најголем дел од работите коишто се случуваа на 24 и пред 24 декември, со објективизирање на состојбите, во смисла на правните процедури дали се запазени дали не се, дали се повлечени одредени активности коишто се легитимни или коишто не се легитимни и таа фактичка состојба исто така е прифатлива во комплет за нас, и за мене лично, но и за нас како политичка партија. Најзначајниот дел од извештајот, според мене, не се правните квалификации, бидејќи тие на некој начин и дојдоа како плод на едно непринципиелно инсистирање на СДСМ и уценување на РМ визави следниот Извештај на ЕУ. Тие иста таква постапка направија и со Буџетот, практично интересите на РМ ги ставија под уцена, бидејќи ако не се донесеше Буџетот ќе се нарушеа економските текови во државата, во овој случај не беше Буџетот беше Извештајот на ЕУ и сите знаевме и беше јасно кажано дека доколку комисијата

не ја заврши својата работа, веројатно тоа ќе има сериозен одраз во Извештајот на ЕУ. Ние едноставно покажавме големина во делот на правните квалификации да им кажеме добро еве како што сакате така нека биде, но никој не ни го оспорува правото да ја кажеме вистината. Разликата е во тоа, ние од ВМРО-ДПМНЕ излеговме и кажавме каква е вистината, да ќе го потпишеме извештајот со тие правни квалификации, но ве молам дозволете ни да кажеме поради кои причини го потпишуваме договорот. Причините се јасни, ги кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги кажав јас во вчерашната изјава, не би сакал да продлабочувам околу тоа. Би потенцирал дека најзначајниот дел од извештајот се препораките за реформа во процедурите во Собрание на РМ. XX Ќе бидат ли тие усвоени? Јас се надевам дека ќе бидат. XX Упорно на почетокот зборувавте за правните квалификации . Зошто толку ви пречат кога ниту детектираат политичка одговорност, (не „летна главата“ на Трајко Вељановски, ни на кој било друг функционер) , ниту е наведено кој, кога и како го прекрши Уставот, дури и на крај во заклучоците стои дека не се обврзувачки... Нашата цел беше извештајот да е насочен


www.kapital.mk

Капитал број 722 30.08.2013

Интервју кон иднината. Тоа е од причина поради што ако влеземе во процес на барање виновници и онаа позната blame game, тоа е еден магичен круг од кој никој нема да добие, а ќе се загрозат нормалните политички текови во државата. Од тој аспект ценевме дека ќе биде добро да се сконцентрираме на препораките коишто ќе значат воведување нови стандарди, но СДСМ упорно инсистираше да има правни квалификации и упорно го бараше тоа што вие го поставивте како дел од Вашето прашање. На тоа ние одговоривме со предлог за правни квалификации за коишто ние ценевме дека се лесно видливи и можат да се докажат во нормална постапка, а се однесуваа на спречување на Собранието да ја извршува својата со Устав дадена надлежност, а тоа е да носи одлуки во име на сите граѓани на РМ. Тоа СДСМ го правеше преку повеќе директни и практични постапки во смисла на заземање на патот на претседател, заземање на сите точки од каде што се раковори седница на Собрание, оневозможување на работните тела да одржат седница, практично Собранието беше ставено во некоја состојба standby, на неможност да работи на неможност да донесува одлуки. Исто така многу од пратениците од владејачкото мнозинство беа оневозможени да дојдат на своето работно место преку директни активности на пратеници од опозицијата, и тоа е загрозување на правото на тие пратеници исто така да го остваруваат своето право да ги застапуваат граѓаните коишто гласале за нив. За да покажеме добра волја ние отстапивме од тие наши квалификации и понудивме една разумна опција за којашто мислевме дека е добар начин како институционално да се заокружи целиот овој процес. Нашиот предлог беше комисијата да ги утврди препораките, а квалификациите дали е прекршен или не е прекршен Уставот на РМ, да ги остави единствено надлежна институција на државата, а тоа е Уставниот суд. Тоа беше понудата којашто ја даде ВМРО-ДПМНЕ во текот на работата на комисијата и мислевме дека тоа е излезно решение како да излеземе од лавиринтот во кој СДСМ се надеваше дека нас ќе н$ убеди да ги прифатиме нивните позиции или, пак, ние не се надевавме, но отстрана ако се гледа, ние да се надеваме дека СДСМ ќе ги прифати нашите гледања на инцидентите коишто се случија во декември минатата година. Сметавме дека на тој начин и ќе му дадеме дополнителна тежина на целиот процес, бидејќи формална државна институција, а не меѓупартиска комисија треба да ги разгледува прашањата на прекршување на Уставот. СДСМ во еден момент веднаш го одби тоа, за жал, и бевме доведени во ситуација да мораме да ја завршиме работата вака како што ја завршивме. Јас сепак ќе кажам, без разлика на таа детска настојчивост којашто се појави во СДСМ околу правните квалификации, овој документ којшто го пласиравме како комисија во делот на препораките, во делот на фактичката состојба, во делот на одговорноста којашто ја имаат членовите на комисијата кон работата, во делот на илјадници прегледани страници, изгледани видеоснимки, изјави од учесници во настаните, мислам дека направивме еден сериозен исчекор којшто ќе биде почитуван од сите фактори кои го набљудуваат

41

Пратеникот Илија Димовски од владејачката ВМРО – ДПМНЕ, којшто беше и член на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември во интервју за Капитал зборува за тоа како дојде двете лути ривалски партии да се согласат околу еден документ и да стават заедно потпис на исти заклучоци за датумот кој цела година претставува клучен момент во политичката битка процесот. XX Откако сте на власт, практика е да велите дека за сите неуспеси виновна е само опозицијата и нејзиниот нагон за блокада и сопки. Нели чувствувате одговорност за проблемите во оваа земја како носители на главните државни функции? За жал, во Македонија има два фактори кои не прават различни од европските модерни демократски земји. Првиот е тоа што политичката култура не е таква каква што е на запад. Ова секако важи и за вашата партија!? Јас можам да кажам дека ние многу посериозно и потрудољубиво се обидуваме да ги кренеме и држиме стандардите. Стотици примери можам да ви набројам, но би ви одзелам време, во смисла на редовна комуникација со граѓаните, на 6 месеци сме присутни во секое село, се обидуваме да бидеме прерцизни, а и многу повеќе работиме од другата страна. Вториот сегмнент на којшто сакам да обрнам внимание е дека ние имаме опозиција којашто не е конструктивна. XX А каква опозиција вие би милувале? Да ви аплаудира на секој потег? Не, но оваа опозиција напаѓа претседател на Собрание. Се обидоа со теза дека никаде во Европа не се случило пратеници да бидат исфрлени од Собрание да го привлечат вниманието. Тоа прво не е точно, но и да е, јас ќе прашам – а каде тоа во Европа пратеници го напаѓаат спикерот? Кај нив има доза на нервоза спрема ВМРО – ДПМНЕ барајќи виновник кај нас за нивните неуспешни политики. XX Нели и вие така играте? Видете, дури и да прифатиме дека 24 декември се случи заради сите. Првите избори се лакмусот за тоа кој бил во право. После тие резултати запира таа дискусија за 24 декември. СДСМ го освои најлошиот резултат кој го имале на едни локални избори, а цело време зборуваше за 24 декември, за режим и диктатура и за кршење на Уставот. Во нормални општетсва тоа е јасен правец за политичките партии кој бил во право за политичките правци. И за љубов и за кавга треба двајца. Се надеваме дека овој исчекор што го направивме со прифаќање на Извештајот ќе биде поттик и поука и за опозицијата. Дополнително големината која ја покажавме со начинот на кој го завршивме Извештајот, дава можност за извлекување на поуки. Се надеваме дека следи период на подобра дебата. XX Значи ли ова дека со новото раководство во СДСМ шансите за љубов се поголеми од тие за кавга? Ние потенциртаме дека кој ќе го раководи СДСМ е нивна одлука. Нивното членство

Со ДуИ не е идеално, ама е добро!

„Проблемите кои се појавија пред се беа поради политичкиот конфликт меѓу нас и СДСМ. Сепак, тоа не е единствена појавна форма. Пред некоклку дена беше избегната физичка пресметка помеѓу пратеници на СДСМ и ДУИ пто укажива на подлбок политички проблем. Од друга страна, нашите односи со ДУИ се познати во јавноста. Настапуваме многу искрено, не покажуваме слика дека се е идеално и се согласуваме, напротив, но потенцирам дека постојано разговараме успеваме да направиме прогрес за нашите граѓани“ треба да одлучи кои луѓе имаат шанси, кои не за успех. Никогаш не сме им кажувале ние кој треба да им биде избран за лидер. XX Да, вие кажувате кој не треба... Кажуваме, но кога мислиме дека не е во ред. Никој не може да ни го одземе правото да го критикуваме Црвнековски за неговите политички одлуки во минатото, не заради самото минато, туку за оневозможување, тој или таквите како него повторно да ја добијат довербата од граѓаните. XX А Заев? Не би сакал да правам дистинкција. Очигледно е дека во СДСМ во овие моменти владее сериозна дисторзија. Можеби ќе ми се налутат, но тоа е очигледно и е пред целата јавност, не го велам јас прв. Факт е дека влијанието на старото раководство врз политичките процеси и одлуки во СДСМ се уште е големо, тоа диктираше процеси дури и поврзани со оваа Комисија. Не знам до кога ќе биде таа ситуација, само се надевам дека еден ден матрицата на размислување кај нив ќе се промени и ќе разберат дека нивните неуспеси не се само плод на нашите успеси туку на неразбирањето на реалните потреби на граѓаните. XX Ќе дојдат ли нови предвремени избори како неминовност? Ги гледам и читам тие анализи. Во овој момент се премногу хипотетички. Никој не може да направи проценка кога ќе бидат и дали вооопшто ќе се случат. Ние имаме стабилна пратеничка група во Собранието, и стабилно мнозинство со партнерите. Сепак, ние сме подготвени за избори, иако не ги планираме, а иако чудно, опозицијата не направи ниту 24 часовна анализа за нашиот предлог туку веднаш го отфрли. Знаете, постојано да критикувате дека се не чини во државата, а да одбивате избори...


капитал број 722 30.08.2013

42

www.kapital.mk

политика

партиите капитулираа пред БриСел потпишан извештајот од комиСијата за 24 декември

Kraj ili po^etoK na maKedonsKata politi^Ka Kriza!? Овој извештај е доволен да се спаси препораката за почеток на преговори и да се прикаже едно пристојно лице пред Брисел. Сепак, мачна е помислата дека на европската политичка сцена на разни интереси и релации, Македонија е земја која зрачи со колосална немоќ и незрелост да си ги решава своите стратешки проблеми. Прогнозите се дека предвремените парламентарни избори ќе се појават како една неминовност ( СДСМ не ги отфрла, туку само бара усогласување на изборната легислатива со препораките на ОБСЕ/ОДИХР) во услови на криза за која многу е веројатно потписот на извештајот да е само почеток

пишува:

катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

фотографија:

Фотоархива на капитал

З

аедно со политичките кризи во Република Македонија веќе дваесет години константа е и начинот на нивното решавање - малку изнуден политички дијалог на власта и опозицијата преку лидерски или комисиски средби во ловиштето Јасен или во Клубот на пратеници, малку посилен притисок и шлаканици од меѓународниот фактор и успехот е гарантиран. Нема таква криза којашто власта и опозицијата можат да ја создадат, а за која не може да се најде решение во 5 до 12, пред некој самит, извештај или битна посета. Токму затоа драмолетката со Комисијата за расчистување на настаните од „црниот понеделнички 24 декември“ не ги вознемири многу граѓаните, а богами иако на многумина може да им изгледа поинаку, не ги возбуди ниту странците. На последниот брифинг со амбасадор на

една од земјите-членки на ЕУ, три дена пред потпишувањето на фамозниот извештај, тој информираше дека до договор ќе дојде од едноставна причина што Европската унија нема никаква намера да дозволи Македонија да ја изгуби препораката за членство: „Не затоа што власта или опозицијата го заслужуваат тоа, туку затоа што во спротивно не владата, туку државата Македонија ќе се соочи со проблем. Е дури тогаш ќе видите што е политичка криза, што е опасност од етнички тензии и што е галопирање назад, додека соседните земји работат некоја сосема друга агенда. До договор мора да дојде и администрацијата на Штефан Филе мора да има „црно на бело“ со што да го образложи своето залагање за европската иднина на вашата земја. С$ понатаму и с$ ова е политички пазар и театар. С$ што ќе гледате ќе биде форма и начин на пакување на компромисот кој ќе произлезе пред своето членство“ зборуваше искусниот дипломат... Три дена поминаа за неговите зборови да се претворат во реалност. До договор дојде. А дојде и до пакување пред сопствениот електорат. Премиерот Никола Груевски пакувањето го почна уште од саботата. Ден откако


www.kapital.mk

капитал број 722 30.08.2013

политика

43

што доБиваат, а што гуБат вмро-дпмне и сдсм со предвремени парламентарни изБори? вмро-дпмне сдсм доБива 1. Според сите анкети, но и според секак-ва политичка анализа ВМРО-ДПМНЕ на предвремени парламентарни избори кои би се одржале есенва повторно ќе однесе победа за нови 4 години; 2. Партијата би се покажала повторно како главен фактор на политичката сцена која слободно ја спроведува својата волја, без да наиде на опозиција што би се спротивставила на небулозата од предвремено гласање речиси секоја година: • со ова на политичкиот мегдан, (фер или не) освојува поен плус 3. Со тоа што ќе го порази главниот политички опонент ВМРО-ДПМНЕ би купила време за консолидација на своите редови: • освежување на партискиот кадар кој во последниот период се покажува како голема слабост, но и време за промена на курсот кој не наидува на резултати во многу области од домашната и од меѓународна политика и пред с$ од економијата.

!?

помина рокот до којшто комисијата мораше да испорача извештај за да се фати европскиот рок, Груевски одржа прес-конференција на која & понуди на опозицијата две варијанти – една, да потпише каков било извештај по нивен терк, само да удоволи на Брисел и да „учини“ на суштинските приоритети за Македонија како интеграциите, и втора, да распише предвремени парламентарни избори. Две опции, кои во нормална демократија би биле апсолутно непоимливи од едноставна причина што до првата не би ни дошло, ако конструктивноста и посветеноста кон државните интереси на двете страни е на вистинско политичко ниво, а втората би била крајно несериозна креирајќи услови да секоја помала или поголема криза се решава со ново гласање. Тука нормално, се поставува прашањето каде се институциите во земјата и како за иднината на државата и за политичките процеси можат да одлучуваат само две раскарани партии префрлајќи си ја политичката топка едни кај други и играјќи по сопствени правила. Не видовме дека некој (освен новинарите) ги праша, на пример, албанските (или другите) партии за ваквите опции, туку повторно беше демонстрирана старата болка на силната

гуБи 1. Владејачката партија, според сите анкети, но и според логиката, може само да падне од освоените 52 пратенички места: • апсолутното мнозинство кое Груевски го доби во 2008 година сега не само што се чини апсолутно невозможно, туку речиси е извесно дополнително слабеење на вмровските редови во Парламентот, под влијание на малиот, но константен пад на довербата на народот во владата, но и разните промени кои се очекуваат на политичката сцена; 2. ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе демонстрира политичка себичност во однос на сопствената судбина, наспроти суштинските интереси на државата: • тошење пари за предизборно гласање само за да се продолжи мандатот и да се докрајчи опозицијата, која реално е без капацитет е меч со две острици; • на меѓународната заедница, но пред с$ на народот многу лесно може да му здодее овој филм и да ја препознае во него суровата желба за власт по секоја цена. 3. Ново слабеење на „цената“ во владината коалиција: • ако се има предвид дека ДУИ би била партијата со која би се правела влада, ВМРО-ДПМНЕ со помалку пратеници добива стеснат комодитет и поголемо ниво на притисоци од партнерот.

доБива 1. Пратеник плус: • анализите се дека опозициската партија во склоп на Фронтот би освоила сигурно пратеник до два плус, или ако ништо друго би останала на освоените пратенички места со што (со ослабена власт) би ја зајакнала сопствената парламентарна позиција. 2. Прочистување на сопствените редови: • парламентарни избори во овој момент би & помогнале на СДСМ и особено на новиот лидер Зоран Заев да си ги прочисти своите редови од припадниците на другите партиски табори и крила блиски со претходното раководство, во кои тој нема апсолутна доверба, а кои с$ уште се на функции. Со ова би се отворил патот пред Заев за негово силно позиционирање и внатрепартиски, но и издигнување на една обединета и единствена партија како сериозна закана за Груевски. 1. СДСМ повторно гуБи би ги изгубила предвремените избори со што по шести пат би доживеала пораз од истиот противник: • за новиот лидер ова не би бил сјаен почеток на партиската кариера, со што се отвора патот за серија нови внатрепартиски местенки и поделби и потреба од нов период на внатрешна консолидација луксуз којшто оваа партија веќе едноставно нема време да си го дозволи. 2. СДСМ би демонстрирала недоследност: • ако години наназад зборува дека избори организирани од оваа влада се нелегални и се фалсификувани (а сите редовно ги признава уште ноќта на гласањето) нејасно е зошто би прифатила учество на нови такви, со што само би ја покажала сопствената неодлучност и константната неспособност да функцинира ниту во, ниту вон институциите.


капитал број 722 30.08.2013

44

www.kapital.mk

политика

Никола Груевски лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер

Н

ам ни е важен интересот на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе го потпише извештајот од комисијата. Ќе гласаме заедно со СДСМ, не со надгласување. Џабе играа оро, им даваме избори, а тие бегаат од нив како ѓавол од темјан. Ви прифативме с$, и ваш член за претседател на комисијата, а вие продолжувате да барате некои нејасни работи, имавме заеднички деловник за работа и можевме да гласаме, ќе изгласавте извештај каков што сакате.

радмила ШеќериНска

заменик-претседател на СДСМ

П

редвремените парламентарни избори зависат

поделеност на општеството по партиска линија. Опозицијата ги одби и двата предлози, но ден потоа, премиерот Груевски излезе со став дека согласни се да потпишат каков било извештај само за кризата да не влијае врз македонските интеграции. Откако во понеделникот потписот беше ставен, од ВМРО-ДПМНЕ побрзаа да го оквалификуваат извештајот, поточно неговите правни квалификации во делот на дефинирање на одговорноста за 24 декември како „хартија палома“... Несоодветен речник за политичка дебата. СДСМ, пак, го претстави како голема победа, иако во извештајот многу јасно се гледа дека никој нема да биде „конкретно“ виновен, ниту описот на „деликтите“ е со јазик којшто опозицијата требаше да го очекува. Наивен обид за наводна политичка победа.

Што понатаму?

Во вакви услови, можеби единствен позитивен исход е фактот дека овој извештај ќе биде доволен да ја спасиме препораката за почеток на преговорите со

од владиното парламентарно мнозинство и се врзуваат, не за извештајот за 24 декември, туку за економската катастрофа во која н$ доведоа, неможноста да се реализира Буџетот ваков каков што е донесен, за раскалашеното трошење на власта, за празната државна каса, за потребата од ребаланс на Буџетот, што е доказ дека СДСМ беше во право кога ги поднесе амандманите на Буџетот за 2013 година.

Љупчо Зиков

Алијанса за позитивна Македонија

Е

али ахмети лидер на ДУИ

А

ко ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се согласат да има избори, ќе немаме избор, па ДУИ ќе мора да го прифати тоа. Но, изборите нема да ги решат проблемите на граѓаните на Република Македонија. Двете партии мора да дадат дополнителни напори и да дојдат до консензус за извештајот“, вели портпаролот на Ахмети, Бујар Османи. ЕУ, како и да прикажме едно пристојно лице пред Брисел. Сепак, мачна е помислата дека на европската политичка сцена на разни интереси и релации, Македонија е земја која зрачи со колосална немоќ и незрелост да си ги решава своите стратешки проблеми. Како решение од ваквата состојба, некои македонски политичари нудат неколку опции. Љупчо Зиков, од Алијансата за позитивна Македонија вели дека во земјата е потребно да се создаде силен национален договор за тоа како во догледно време ќе престане „убивањето“ на секој позитивен дух внатре во земјата, го намалува македонското граѓанско ткиво оти граѓаните физички бегаат од земјата со туѓи пасоши. „Се прашувам и јас, а и илјадници кои с$ уште стоиме настрана од оваа трагикомедија од политика, каде е тука државниот интерес за развој на Македонија. Нашата татковина да биде силна земја, да се избори за економски раст и среќни граѓани кои ќе сакаат да живеат тука. Води ли некој сметка и за македонските граѓани освен за своите јадни фотелји?“, вели тој и нуди

Капитал на своите читатели им нуди 10% ПОПУСт на книгата ИНфЕРНО која можете да ја најдете во книжарниците на Култура.

кономската и политичката деструкција на домашната сцена на евтини политичари, на кои изолацијата од ЕУ всушност многу им одговара затоа што останува да е темно овде, ја става земјата во состојба да чекаат нешто убаво да се случи, но со ’вперен пиштол во главата‘ и без тие да можат нешто да одлучат. Во меѓувреме економски и егзистенцијално тонеме секојдневно. Одговорноста за ова ја гледам, кај двата најголеми политички субјкети во македонскиот и двата во албанскиот блок. Се прашувам и јас, а и илјадници кои с$ уште стоиме настрана од оваа трагикомедија од политика, каде е тука државниот интерес за развој на Македонија?

неколку солуции: „Јас, лично и Алијансата за позитивна Македонија излезот го гледаме во создавање силен национален договор за следните прашања: • да се изработи и предложи new deal, како политичка визија, за развојот на македонската економија со годишни стапки на раст од минимум 6 до 8 и повеќе проценти годишно. • отворање на широк фронт инвестиции во економијата... создавање услови за големи инвестиции во приватниот сектор... реалниот сектор на компаниите. Државата треба да сака силно да интервенира во нашата земја на патот до евроатланските интеграции е блокирана всусност и од ЕУ и од НАТО. С$ друго што правиме е само класичен партиски театар, една евтина театарска шминка, или во процесот за останување на власт, или во процесот за доаѓање на власт. Но, ни се смеат на светската политичка сцена... Лидерот на Либералната партија, Ивон Величковски пак вели дека прво потребно

БИДЕтЕ ПРВИ КОИ ЌЕ јА ДОзНАЕтЕ тАјНАтА!


Energy delivery solutions

ENERGIZING YOU


капитал број 722 30.08.2013

46

www.kapital.mk

политика

илија Димовски

компромис. Со нетрпение очекувам да се спроведат и наредните чекори и имплементација на препораките содржани во извештајот, како и на остатокот од политичкиот договор од први март. Постигнатиот договор помага во решавање на внатрешнополитичките проблеми, но, исто така, покажува дека интеграцијата продолжува да биде приоритет за сите политички партии.“

ВМРО-ДПМНЕ

З

а нас тежината на правните квалификации во овој извештај е исто како хартија од Палома во штабот на СДСМ со која можат да го продолжат орото, радувајќи се дека оваа година ќе имаат предвремени избори. Да работите со СДСМ е исто како да работите со деца во продавница за играчки, тие никогаш не знаат што сакаат.

Рената Десковска СДСМ

З

адоволни сме што имаме извештај во кој е нотирана вистината, со кој новинарите и пратениците добија сатисфакција за тоа што им беше сторено на 24 декември. Се надевам дека овој извештај ќе биде влог во враќање

Штефан филе

еврокомесар за проширување

З

аклучокот донесен од комисијата укажува дека конструктивните решенија се можни кога има политичка волја и е повлекување на законите за аудио и аудио-визуелни услуги и за медиумите. „Укажуваме дека е потребна сериозна ревизија на одредбите кои видливо отстапуваат од европската пракса и законодавство“ вели тој и додава дека како второ, потребно е доставување на Основи на буџетските проекции на РМ од страна на Министерството за финансии и Владата до Собранието до септември 2013со кои ќе се претстават финансиските

специјален прилог

проекции на државата согласно кои ќе се пристапи кон евентуален ребаланс во текот на 2013 година, како и оние на кои ќе биде заснован Буџетот на РМ за 2014 година. Како трето, тој бара утврдување на Платформата за македонските ЕУ и НАТО интеграции и решавање на спорот за името од страна на Собранието на РМ, предложена од ЛП. Интересно е дека речиси сите политички анализи се сведуваат на еден заклучок – неопходност

на демократските вредности во Македонија и оти ќе претставува поттик на вербата на граѓаните.

ивон величковски лидер на ЛП

Д

енес не е време за претерување, туку за продолжување на активностите со кои државните институции – Собранието, Владата, претседателот на Републиката – забрзано ќе го надоместуваат изгубеното време. Според ЛПпотребно е сите да се насочиме кон извештај на ЕУ кој ќе нотира дека политичката криза останува зад нас, а институциите имаат политички капацитет низ конструктивен дијалог да произведат политички процес што ја води државата и граѓаните кон интеграциите. од предвремени парламентарни избори со кои суштински би можело да се промени нешто. Октомври е апсолутно нереален рок, но с$ поголеми се изгледите дека настанатата ситуација ќе резултира само со дополнително разјадување и пламнување на меѓупартиската омраза и на ставање на страна на државните интереси, што прв следен рок со кој се шпекулира за изборите е пролетта, заедно со редовните претседателски избори.

20

СЕПТЕМВРИ 2013

МОБИЛЕН СВЕТ

КАПИТАЛ ВО ОВА ИЗДАНИЕ НА СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРИЛОГ “МОБИЛЕН СВЕТ” ВЕ ИНФОРМИРА

Повеќе информации во врска со прилогот и комерцијално претставување во истиот можете да добиете на е-маил boban.gjorgjievski@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110 локал 105

 Четврта генерација на мобилни комуникациски услуги (4G)  Трите мобилни оператори добија одобренија за користење радиофреквенции од четвртата генерација на мобилни комуникациски услуги. Што тоа конкретно ќе значи за македонските корисници?  Мобилно плаќање во Македонија. Капитал прави анализа на пазарот, и како функционира засега. Кои и каква услуги, пакети, производи и уреди можат да очекуваат македонските корисници?  Кои и какви клауд реченија и услуги веќе се присутни и на нашиот пазар? Како нивната примена може да го подобри вашиот бизнис?

ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ: БОБАН ЃОРЃИЕВСКИ


ОБУКА НА ТЕМА:  13 септември 2013 година, од 10:00-16:00 часот Клуб на новинари, Скопје

ПРЕДИЗВИЦИ ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЗАКОНСКАТА РАМКА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ДЕЛОТ НА ВОДНОТО ПРАВО ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:

3. Степен на апроксимација и транспонираност на ЕУ барањата

На семинарот ќе се разгледуваат теми поврзани со моменталните процедури во обезбедување на дозволите за користење и испуштање во води, како и ЕУ концептот во управување со водите, како што се:

 Временска рамка на имплементација

и транспонираност

 Проекти кои се во прилог на

оставрување на барањата

1. Законски основ, критериуми и регулатива во врска со остварување на водното право

4. Инспекцискиот надзор во функција на спроведување на одредбите од Законот за водите

 Законска регулатива  Критериуми

ПРЕДАВАЧИ:

 Подзаконски акти, Обрасци на барања за

користење и испуштање во води

Дарко Блинков

државен инспектор за животна средина и заштита на природата во Државниот инспекторат за животна средина при МЖСПП;

2. Online апликација

 Потреба од формирање на

Љупка Димоска Зајков

информативен систем и идни перспективи

раководител на одделение за управување со сливот на река Вардар, во Управта за животна средина и просторно планирање при МЖСПП;

Сите заинтересирани за учество на оваа обука може да се пријават најдоцна до 11.09.2013 година.

доц. д-р Билјана Пулеска ФОН Универзитет.

 лица за контакт: Гордана Михајловска и Ленче Зикова  е-маил: akademija@kapital.com.mk  02 3280 911

специјален прилог

13

СЕПТЕМВРИ 2013

НОВИ m

КАПИТАЛ АНАЛИЗИРА:  Oваа есен Македонија ќе добие нови шопинг центри! Во најава е отварање на два трговски центри во Тетово, а од минатата година значително е зголемен и шопинг просторот во Скопје. Што значи тоа? Колкава е искористеноста на капацитете? Кои се новите трговци и брендови на пазарот? Што добија/ќе добијат македонските потрошувачи?

Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: aleksandra.stojmenova@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110 локал 103

2

 Изградбата на станови годинава порасна за 22,4%! И кредитниот раст држи темпо и изнесува 11%!  Какви се проценките за понудата и побарувачката до крајот на годината – ќе се апсорбираат ли новоизградените станови, главно во Скопје?  Може ли да се очекува натамошен пад на каматните стапки на станбените кредити?  Приказ на понудата на полуксузни резиденцијални објекти!

ЛИЦА ЗА КОНТАКТ: АЛЕКСАНДРА СТОЈМЕНОВА


Капитал број 722 30.08.2013

48 Колумна

пишува:

Нено БОГДАН

blogatash.wordpress.com

Dali ostanaa dovolno pismeni lu|e vo zemjava za kone~no da im ja zemat knigata od racete i na ednata i na drugata tajfa analfabeti, da im ka`at jasno i glasno i na ednite i na drugite deka se pro~itani kako selski bukvar i deka e vreme ovoj narod kone~no da svrti nov list i da po~ne da pi{uva novo poglavje vo svojata istorija, poglavje vo koe nitu biserite nema da bidat frlani pred sviwite, nitu pak, na sviwite }e im se dozvoli koga bilo pak da im se pribli`at na biserite

www.kapital.mk

Борбата меѓу СДСМ за владеење со Mак борба меѓу двајца н

Л

уѓето (а особено политичарите) кои не можат да поднесат поинакво мислење од нивното и кои бегаат и се кријат дури и од најдобронамерната критика упатена кон нив и кон нивните постапки и идеи многу наликуваат на човек кој одлучил да живее во куќа во чии соби има многу огледала, ама нема ниту еден прозорец. Кога ќе се погледне таквиот човек во огледало, ќе го види својот лик, кој веќе му е познат и со кој е удобен, оти си е убав секој секогаш самиот на себе. Но, кога би погледнал низ некој прозорец, таквиот човек би го видел остатокот од светот, другите луѓе вклучително, од кои некои може и да се многу понапредни и поубави од него. Крајниот ефект на тоа човек да се опкружи само со огледала, само со ласкавци кои му кажуваат колку е убав и згоден е цементирањето на суетата и ароганцијата кај таквиот човек. За разлика од тоа, ако човек се опкружи со прозорци кои гледаат кон секоја страна од светот во којшто живее, ако се дружи и комуницира со искрени луѓе, ќе може да ги види проблемите рано, многу пред тие да дојдат до него и следствено, ќе има доволно време да се подготви за справување со нив.

Џабе отворен прозорец кога само муви влегуваат!

Има еден афоризам кој вели дека да добиеш само диплома од факултет, без да добиеш истовремено и знаење, е исто како да си излегол од продавница со фискална сметка во џеб, ама без стоката за којашто си платил. Оттаму, да ангажира човек консултанти кои ќе го советуваат за големи хонорари, ама кои ќе му го кажат само она што тој веќе го знае (и со тоа ќе потврдат дека неговата оригинална замисла била сосема безгрешна) е исто како во афоризмот од претходната реченица. Или пак, некој што чита исклучиво весници и гледа на телевизија исклучиво вести во кои никогаш ништо ниво не дознава што би било спротивно на неговите убедувања и предрасуди. Одлуката да се живее во свет на огледала наместо во свет на прозороци за жал, е одлуката која многу македонски граѓани ја имаат донесено одамна, без разлика дали се приврзаници на едната политичка опција или на другата политичка опција или што е најстрашно, на ниту една од

постојните или потенцијалните опции. За фанатичните следбеници на ВМРОДПМНЕ с$, ама баш с$ што ќе кажат критичарите на актуелната власт е дел од заговор против Македонија и на таквите зборови не треба да им се придава никаква релевантност. Кај оние кои едвај чекаат да се врати СДСМ на власт пак, с$, ама баш с$ што ќе биде упатено како критика или дури и најдобронамерна сугестија кон водството на опозицијата, се смета за отровна каша зготвена во кујната на режимот и која бидејќи нели, e токсична, не смее не само да се проба, туку ни да се помириса, па ни да се гледа – оти којзнае, можеби е и радиоактивна! Конечно, оние коишто биле изневерени и излажани од сите политички понуди досега, налик на селаните во приказната за овчарчето што викало „волк“ (а волк немало никогаш, освен последниот пат), веќе се до тој степен вкопани во својот цинизам што дури и да се појави партија или движење која би била конечно вистинскиот избор, нема да веруваат во него. Таквите луѓе некогаш имале отворени прозорци, ама низ годините само муви, комарци и провев влегувале, па сега веќе не се осмелуваат да го отворат прозорецот. Оти се убедени дека не вреди.

Ем сме здрави како дрен, ем болни сме легнале?!

Факт е дека нешто сериозно не е во ред со нашата држава. Факт е дека економски стагнираме, дека сме далеку од тоа да н$ препознаваат како посакувана дестинација за странските инвестиции; факт е дека мнозинството македонски граѓани вредно работат на тоа да се иселат од земјава и да бараат и да најдат чаре во туѓина; факт е дека оние коишто не можат или не знаат како да емигрираат, додека с$ уште се тука на тоа гледаат како на привремено решение и следствено, не создаваат потомство (оти имањето деца тука само го отежнува процесот на добивање иселеничка виза), факт е дека речиси единствениот сигурен начин да се дојде до каков-таков пристоен приход е да се стане верен партиски војник и на тој начин да се добие работно место во јавната администрација, т.е. да се стане бескорисен паразит, со други зборови, факт е дека целава држава, целиот систем небаре на секој чекор со големи букви го има напишано


www.kapital.mk

Капитал број 722 30.08.2013

Колумна

М и вмро-дпмне кедонија е како неписмени за книга предупредувањето: „Внимание! Доколку сте чесен, трудољубив и искрен човек – тука нема место за вас!“ Тоа се тажни факти, но уште потажно е што ние не правиме ништо паметно за да ги коригираме тие факти. Небаре сме убедени дека сме здрави како дрен, додека истовремено с$ н$ боли. Кога човек чувствува дека нешто го боли и кога таа болка не поминува подолго време самата од себе, вообичаено оди на преглед кај лекар. Секој што чувствува болка, кога лекарот ќе му каже по сите извршени анализи и наоди: „Не знам што ви е господине. Според ова овде, вие сте сосема здрав“, му доаѓа на пациентот да му удри шлаканица на лекарот. Оти секој си вика: „Па ако сум толку здрав, од каде доаѓа болкава, која никако да помине?“. Но, како нација, како општество, ние во Македонија баш обратно размислуваме во врска со нашите државнички и економски проблеми. И секој што ќе се осмели да ни каже дека нешто ни недостига го сметаме веднаш за непријател и душман кој лошо ни мисли. А во исто време сме свесни дека нешто н$ боли. И иако сме свесни дека имаме акутни проблеми во практички сите сфери од живеењето, упорно одбиваме да признаеме дека нешто не е во ред со нас, туку цело време светот е крив, другите н$ мразат, никој не сака да застане на наша страна...

Свињи пред бисер

Упорното одбивање да се признае дека грешката е во нас, а не во другите по мое мислење, е основната причина за постојаното носење погрешни одлуки на изборите. Прво СДСМ ќе ја избербати државата, па ќе ја избереме ВМРО-ДПМНЕ за да ја оправи, ама откако таа уште толку ќе ја доизбербати, пак го бираме СДСМ за да ја исчисти не само кашканицата што ја оставил тој зад себе во првиот мандат, туку и она што го оставиле вмровците, ама откако пак се повторува истата приказна, пак ги бираме оние од ВМРОДПМНЕ, давајќи им уште една шанса да докажат дека ги бидува, но крајниот резултат е дека по 23 години очекување друг да ни ги реши проблемите – еве сме до гуша заглавени во кашканици. Никој не може да биде среќен во таква средина, со секаков измет на сите страни, освен се разбира, свињите т.е.

во нашиот случај двете големи партии. А како што вели познатата поговорка, да фрлиш бисери пред свињи е двојна загуба, ем за свињите – оти тие не гледаат ништо корист во бисерите (не се за јадење), ем за бисерите – оти нивната убавина ќе остане незабележана. Борбата за владеење со Македонија меѓу СДСМ и ВМРО–ДПМНЕ е налик на борба на две валкани и смрдливи свињи за нишка скапоцени бисери. Поентата е дека како што свињата не може да направи ништо паметно со бисерите дури и да ги добие, така и нашите партии имаат покажано и докажано дека кога се на власт, не знаат ништо корисно да направат за народот што ги избрал. На некој начин, борбата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за власт е како борба меѓу двајца ќелави луѓе за чешел или како борба меѓу двајца слепи за двоглед, или меѓу двајца глуви за карти за музички концерт, или меѓу двајца нудисти за костим за капење, или меѓу двајца пијаници за празно шише, или меѓу двајца вегетаријанци за шницла, или меѓу двајца гробари за жив човек, или како борба меѓу двајца хомосексуалци за жена, или конечно, како борба меѓу двајца темелно неписмени шутраци за тоа чија е една книга полна со прекрасни приказни. Македонија, со сета нејзина историја, традиција, убавина, со сите нејзини потенцијали, како природни, така и човечки, е таа книга полна со убави приказни, за која со децении веќе се тепаат двете политички елити составени од неписмени дилетанти. Не се борат за сопственост врз книгата за да ја читаат самите, оти тоа и не можат, неписмени се, туку само за на другите да не им дозволат тие да ја имаат. Иако и тие другите се исто толку неписмени! Прашање е дали останаа доволно писмени луѓе во земјава за конечно да им ја земат книгата од рацете и на едната и на другата тајфа аналфабети, да им кажат јасно и гласно и на едните и на другите дека се прочитани како селски буквар и дека е време овој народ конечно да сврти нов лист и да почне да пишува ново поглавје во својата историја, поглавје во кое ниту бисерите нема да бидат фрлани пред свињите, ниту пак, на свињите ќе им се дозволи кога било пак да им се приближат на бисерите.

49


ЗАСТАНЕТЕ НА ПАТОТ НА ЈАЗИЧНИТЕ БАРИЕРИ! КУРСЕВИ ЗА ДЕЛОВНИ СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

Дали некогаш ви се случило да не го добиете бизнисот поради недоволно познавање на одреден странски јазик или деловна терминологија?

Курсевите започнуваат на 8 октомври 2013 година.

Не сте можеле да земете активно учество на деловниот состанок или семинар поради недостиг на самодоверба поради скромното познавање на стручна терминологија?

Капитал Академија ви подава рака да ја надминете оваа јазична бариера!

Учете деловен англиски, германски, француски и грчки јазик со Капитал Академија!

Сите курсеви се динамични, интензивни и практични. Учесниците се оспособуваат за комуникација во најчестите деловни ситуации: деловна коресподенција, водење телефонски разговори, состаноци, учество на обуки, деловни патувања и сл.

Организираме индивидуални часови, учење во мали групи и in house oбуки наменети за потребите на фирмите.

Предавачи се искусни професори со развиени методологии за брзо учење странски јазик.

 лица за контакт: Гордана Михајловска и Ленче Зикова  е-маил: akademija@kapital.com.mk  02 3280 911


...Фељтон...

Букурешки мировен договор 100 години потоа

br.

4

Pogubniot stav na golemite sili za makedonija

М

акедонија ја одбележува 100-годишнината од најголемата национална трагедија распарчувањето на нејзиниот народ на три одделни единки, кои ни 100 години подоцна не можат да помислат на какво било обединување. Ова е исходот од средбата на 18 делегати претставници на пет балкански земји кои на 10 август 1913 година во Букурешт ја запечатиле судбината на македонскиот народ, кој засекогаш ќе остане поделен поради овој договор. „Капитал“ ќе го покрие одбележувањето на 100годишнината од Букурешкиот мировен договор со фељтон во пет продолженија, во кои ќе се обидеме да ви ја доловиме состојбата пред, за време на и по Букурешкиот мировен договор. пишува:

дејан азески

dejan.azeski @kapital.mk

фотографија:

фотоархива на капитал

О

бична географска област со мешано население или евентуален етнос посебен од соседите, но со недолвно развиено национално чувство и капацитет за самоослободување, приближно тие биле термините со коишто големите сили пред и во пресрет на самитот во Букурешт 1913 година ја детерминирале Македонија и македонскиот народ. Од она што може да се види од нивните изнесени ставови

во врска со Македонија, признавањето на македонската национална различност од соседите во 1878 година играла улога во одлучувањето на големите сили, но само како аргумент за поткусурување. Клучниот проблем останува фактот дека македонскиот народ немал свој вистински репрезент во ниедна поавторитетна организација која обединувала барем некој процент од населението. Без таква организација или страна за преговори, Македонците

во тој период немале кредибилитет за да преговараат со која било голема сила за евентуално покровителство, факт без кој во Букурешт не можело да се постигне апсолутно ништо.

Големите сили во Букурешт целосно застанаа зад интересите на своите балкански пулени Една од причините поради која Македонија и Македонците многу малку се споменуваат во Букурешт


Капитал број 722 30.08.2013

52

www.kapital.mk

Фељтон

Клучниот проблем останува фактот дека македонскиот народ немал свој вистински репрезент во ниедна поавторитетна организација која обединувала барем некој процент од населението. Без таква организација или страна за преговори, Mакедонците во тој период немале кредибилитет за да преговараат со која било голема сила за евентуално покровителство, факт без кој во Букурешт не можело да се постигне апсолутно ништо

Проф. д-р Михајло Миновски

историчар

П

озициите, политиката и интересите на европските големи сили беа такви што Македонија секогаш служеше како монета за поткусурување, за воспоставување поредок на Балканот преку кој тие ќе ги обезбедат сопствените регионални интереси. е тоа што секоја од големите сили имала земја-заштитник на Балканот. Бидејќи територијата на Македонија била главниот плен за делење меѓу балканските држави, нивните заштитнички внимавале со својата реторика евентуално да не ги поткопаат позициите на нивните земјизаштитинички. Македонските историчари што ги консултиравме се децидни по ова прашање. За нив големите сили секако биле свесни за реалната состојба во Македонија, но целосно застанале зад интересите на нивните земји-сојузнички од Балканот, бидејќи во Македонија објективно, немале партнер со којшто можеле да преговараат. Биљана Ристовска-Јосифовска од Институтот за национална историја смета дека погледите кон Македонија на големите сили биле условени само од моменталниот интерес.

Претставниците на големите сили во Букурешт си се однесувале кон судбината на Македонија како кон монета за поткусурување

Турција бара автономија за Македонија????

П

оследните неколку години од низа домашни и странски историчари се форсира тезата дека да не се случеа Балканските војни, Македонија ќе добиеше автономија со христијански гувернер во рамките на империјата по теркот на Албанија. Според дел од нив, ваквиот расплет на настаните би го спречил распарчувањето на Македонија коешто следуваше. Професорот Владо Поповски за ова прашање смета дека е неблагодарно да се предвидува што би било кога би било. Но, според познатите информации и со логични претпоставки, Македонија би можела да добие некаква автономија ако европските сили инсистираат на тоа и при околности Младотурската револуција да можеше да ги реши конфликтите во Македонија и во Албанија. Чепреганов пак, става поголем акцент на интересите на големите сили во конкретниот период. Според него, зад целата игра за Македонија во суштина, стоеја големите сили, а балканските држави се само извршители на една политика којашто беше диктирана од горе. „Големите сили, иако ја знаеја состојбата во Македонија, во никој случај не сакаа да & го дадат на Македонија тоа што & го дадоа на Албанија во 1912 година - да формираат македонска држава. Оттука, прашањето е каква автономија би & дала Турција на Македонија? Дали таа ќе биде во рамките на етничка Македонија, како што беше пред Балканските војни, зашто тоа беше идејата за етничка Македонија за којашто се бореа Гоце Делчев и целата македонска револуционерна организација, која е со таа идеја од 1893 година за автономна Македонија. Меѓутоа, тоа е во футуризам, којшто не можеме да го предвидиме“, заклучува Чепреганов.


www.kapital.mk

Капитал број 722 30.08.2013

Фељтон И Австроунгарија со прагматичен став кон Македонија

Ж

Русија целосно зад српските интереси, Македонија не е ни спомената

ивотните интереси на АвстроУнгарија бараат добри, пријателски односи со Романија, која за нив има поголема вредност од прашањето кому да припадне овој или оној дел на Македонија или дали Кавала треба да биде грчка или бугарска. Во овие прашања Австро-Унгарија не смее да се меша поради тешките последици. Да се сака да се смени мировниот договор според нашите (австриските, н.з.) желби зарем не би значело повторно секојдневно стравување од нови катастрофи?“, пишува виенски „Нае фрае пресе“ од 9 август 1913 година. „Значи, големите сили и нивната идеологија се насочени кон нивните сојузници. Според тогашните медиуми, Македонија претставува празен простор кој си го присвојува секој што сака. Руското списание ’Искра‘ има опсежна репортажа за Македонија, но во руското списание се слават српските освојувања. Русите го најавуваат Скопје како престолнина на нова Србија, како наследство на Душановото крунисување на Камениот мост“, вели Ристовска-Јосифовска. За нејзиниот колега Михајло Миноски пак, во историјата нема случајности и с$ е поврзано. „За Букурешкиот договор имаше битно влијание факторот европски големи сили коишто застанаа зад тогашните балкански држави и му дадоа легитимитет. Тој став понатаму се потврди и на Версајската мировна конференција во 1919 година, со мала ревизија и мали територијални промени, кои уште еднаш ја потврдија извршената поделба на Македонија, иако имаше редица барања од Македонци и македонски организации и друштва за решавање на македонското прашање. Позициите, политиката и интересите на европските големи сили беа такви што Македонија секогаш служеше како монета за поткусурување, за воспоставување поредок на Балканот преку кој тие ќе ги обезбедат сопствените регионални интереси“, дециден е Миноски.

53

А

ко Македонците некаде имале организирана дијаспора и вршеле постојан притисок во тој период, тоа било во Русија. Во Петроград, тогашна руска претстолнина, во критичниот момент пред и околу Букурешкиот конгрес функционира Македонската литературна дружина, која од сите тогашни интелектуалци имала најчист македонски став. Но, и покрај нивните бројни апели до јавноста и директно до руското собрание, ставот на Русија останува непроменет, со отворена поддршка за нивниот традиционален балкански сојузник, Србија. Белградска „Политика“ од 1913 година го пренесува и писмото со благодарност кое српскиот премиер, Никола Пашиќ, и еден од неговите колеги-делегати во Букурешт, Мирослав Спалајковиќ, му го испратиле на рускиот амбасадор во Белград, Николас Хартвиг: „При потпишувањето на договорот кој ја утврди новата мапа на Балканот сметаме дека ни е должност да Ве поздравиме како верен пријател и помагач, кој ја заштитува словенската кауза“.

Самите Македонци делумно виновни за односот на големите сили кон нив

Гледајќи ја другата страна на медалот, многумина самокритични историчари сметаат дека вината за таквиот катастрофален исход во Букурешт, кој беше условен од односот на големите сили кон Македонија, лежи во самите Македонци. Проблемот е што и оние Македонци кои испраќале барања за независност или автономија на Македонија не биле некој релевантен фактор достоен да седи на маса со светските лидери или е точен првичниот заклучок што се пласира во јавноста, дека Македонија не учествувала на Букурешкиот конгрес бидејќи во земјава не постоел адекватен претставник кој би можел да зборува во името на целиот народ. Според историчарите, таква личност би можела да се бара само од редовите на ВМРО, кои на ваков или на таков начин во периодот 1893-1905 година претставувале еден вид репрезент и спроведувач на македонските идеи за независност. Со оглед на фактот дека тогашниот лидер во најава на ВМРО, Тодор Александров, целосно е ставен во служба на големобугарските интереси, организацијата во овој критичен историски момент намерно или ненамерно & прави поголема штета отколку корист на Македонија, за којашто првично е формирана да се бори. Д-р Тодор Чепреганов, директор на

Институтот за национална историја, ги потврдува овие факти. Според него, немањето надворешен спонзор за финансирање на организацијата на долг рок неа ја прави зависна од Софија, што најмногу се одразува во Балканските војни. „Тука лежи основниот проблем - неединството на македонските револуционери за решавањето на македонското прашање беше она што го користеа балканските држави, затоа што сите можеа да мешетарат со неа и затоа во Балканските војни Македонија не влезе со елемент којшто можеше да застане зад македонска нација и македонски јазик.“ Чепреганов тврдењата ги поткрепува и со анализа на теренското дејствување на ВМРО во критичниот период. „Речиси сите чети коишто беа формирани од ВМРО и беа активирани и во Македонија, со мал исклучок на некои, беа инструменти на Бугарија. Значи, тие беа организирани од страна на бугарската држава. Протогеров, Тодор Александров, сите беа ставени во служба на реализирањето на бугарските идеи. Идејата беше ослободување на Македонија и припојување кон Бугарија“, вели Чепреганов. Доказ за неговите ставови е и меморандумот на ВМРО до бугарскиот цар Фердинанд, во којшто се вели: „Нашата мечта, мечтата на бугарскиот народ е да живее целокупно мирен живот. Целта е да се зачува цела и неподелена Бугарија“.


капитал број 722 30.08.2013

54

на руЧек со...

Цветанка Јованова академски сликар

Boite na Makedonija Mi se Beskrajna inspiracija

www.kapital.mk


www.kapital.mk

капитал број 722 30.08.2013

на руЧек со...

уште од најмала возраст

55

знаев дека сакам да бид

ам сликар

Цветанка Јованова, академски сликар и вработена во маркетинг-секторот на винарницата Стоби, наскоро ќе прослави 10 години од својата прва самостојна изложба. Ја поканивме на ручек да ни ја раскаже својата приказна за патот од детските соништа во милион бои до врвовите на македонското сликарство

нашето менИ во арапскиот ресторан аладИн: „тебуле“, „фетуш“, „хумус“, „баба ганум“, „фелафел“, салата и арапско лепче од фурна. пишува:

Игор петровски

igor.petrovski@kapital.mk

фотографија:

Ивана кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

лична архива на Цветанка Јованова

Д

а го сакаш она што го работиш е одлично, но да можеш да ја преточиш својата љубов кон уметноста во тоа што го работиш секојдневно е вистинска привилегија која не секој ја има во животот. Цветанка Јованова,

академски сликар по вокација, е вработена во секторот за маркетинг и дизајн на винарницата Стоби, каде што со помош на дигиталната технологија & помага на компанијата да го креира својот имиџ во јавноста. Наскоро ќе организира ретроспективна изложба по повод 10-годишнината од својата прва самостојна изложба. Овојпат се вративме кај нашите пријатели од ресторанот Аладин во ГТЦ за со полесна варијанта на арапската кујна да ја слушнеме приказната на Јованова за нејзиниот пат од детските соништа во милион бои до врвовите на македонското сликарство. Цветанка вели дека израснала во семејство каде што била опкружена со огромни количини љубов, а со уметноста допирни точки има уште од најрана возраст. „Мојот татко, Ѓоко Јованов-Хермес, еден од најпознатите енолози во земјава, вистински мајстор за правење извонредни вина, е неверојатно музикален и надарен за цртање. И правењето убаво вино е еден вид уметност, а не само обична технолошка постапка, но тој навистина е уметничка душа, па покрај тоа што физички многу наликувам на него, и карактерно сме многу слични и секако, талентот за уметност го имам наследено токму од него“, вели Јованова. Цветанка ни кажа дека знаела што сака да биде уште на 3-4 годишна возраст. Сликањето & било влезено под кожа, а секое патување со нејзините го користела за да црпи инспирација за своите цртежи и слики. „Колку повеќе патувавме низ Македонија, сфаќав дека иако по територија мала, нашава земја е многу

шарена, со неверојатен колорит што го нема на други места, а за волја на вистината, сум пропатувала доста и надвор. По основното училиште запишав гимназија во родното Неготино, односно моите ме запишаа, хаха, надевајќи се дека подоцна ќе учам за енолог или правник. Потоа се запишав на Ликовната академија на Универзитетот ‘Неофит Рилски’ во Благоевград, Бугарија. Од студиите бев презадоволна, имав извонредни професори и колеги, во прва и во втора година учевме с$ - сликарство, вајарство, графика, применета уметност, а во трета година требаше да се определиме што сакаме да бидеме, всушност. Јас решив да одберам графика, a професорот по сликарство ми рече: ‘Одбери си сликарство и нема да фатиш потешко од четка во животот’, па тоа ми даде само дополнителен мотив за графика, затоа што сакам предизвици“,ни раскажа Јованова за своите студентски денови.

Син ми не плачеше само ако го земев во едната рака, а со другата сликав

По дипломирањето таа се вратила во Неготино, каде што зела простории под кирија, отворила ателје и почнала да ја подготвува својата прва самостојна изложба. Тоа било во 2003 година, а истовремено работела како наставник по ликовно во основното училиште каде што и самата учела. „Првите неколку серии слики ми беа со македонски мотиви – стари куќи, прозорци, огради... Вљубеник сум во старата архитектура и тоа е една од причините што моите дела се приказна на старите градби кои за мене имаат


капитал број 722 30.08.2013

56

www.kapital.mk

на руЧек со...

многу голема вредност и значење, проследенo со желбата да направам напор и да го зачувам сето тоа со помош на мојот занает и умешност – графиката и сликарството. Инспирација црпев од цела Македонија, одев по села, некои од нив и речиси напуштени. И денденес го правам тоа, патувам многу. Во автомобилот секогаш имам платна и бои и штом некој предел ми фати око, јас застанувам и го сликам. Моите почетоци како академски сликар се совпаднаа и со раѓањето на моето синче, кое наскоро ќе наполни 10 години, па се сеќавам, тој плачеше многу како бебе и само кога ќе го земев во едната рака, ки, Мазев, омилени сликари од домашните ми се Личеносми се а со другата сликав тој се Чемерски, а од светските имиња на прво место смируваше. Така, сликајќи Ван Гог, Моне, рембрант... со бебето под пазуви, што се вели, се родија едно педесетина платна и решив со нив да ја направам мојата втора изложба во 2004 година во Културно-информативниот центар. Потоа станав член и на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ), а преку него станав поприсутна во сликарските кругови и во јавноста – учествував на повеќе изложби, работилници, колонии...“ За нејзините слики се заинтересирал и словачкиот амбасадор, кој ги видел во Куќата на уметноста во Кичево, па & предложил да направи изложба во просториите на амбасадата, која допрва требало да се отвори во нова зграда. Таму изложила околу 25 платна и речиси сите се продале. „Сакам кога сликите ги продавам кај луѓе што ја сакаат уметноста. Не сакам моите дела да завршуваат кај ликови што купуваат слики Генот за љубовта кон уме Ѓоко, кој покрај тоа што е тноста го наследив од татко ми затоа што им се усогласуваат талентиран сликар, а има уметник за правење вино, е со ентериерот. Подобро ќе и неверојатен слух за муз ика подарам слика на некого што знам дека ќе го продолжи нејзиниот век.“

Како грациозниот паун стана заштитен знак на винарницата Стоби

обожавам да готвам и тоа секаква храна: домашна, мексиканска, кинеска...

Кога пред четири години се отвори винарницата Стоби, Цветанка се вработила во маркетинг-секторот како графички дизајнер и почнала да го подготвува заштитниот знак, логото на винарницата. „Со оглед на тоа дека дипломирав на тема знаци и симболи, сакав тоа малку повеќе да го искористам при креирањето на логото. Сликата на паунот што сега винарницата го има како лого ја има на мозаикот од крстилницата во археолошкиот локалитет Стоби, каде што често одев на прошетка, пикник и сл., затоа што е едвај 20-ина километри

Цветанка со своите родители и братот Дане на бранењето на нејзината магистерска

син ми е поталентиран за сликање и од мене. ако продолжи вака, за кратко време ќе ги фрлам четките и платната“, вели низ насмевка гордата мама Цветанка. од Неготино. Исус Христос во ранохристијанската симболика е претставуван како риба, птица или крст, а трите пердуви на главата на паунот го означуваат раѓањето, умирањето и воскреснувањето, додека виното ја симболизира крвта на Исус, па така се склопи целата приказна. Им го предложив тоа решение на сопствениците, тие го прифатија и така винарницата ја доби оваа грациозна птица за свој заштитен знак“, објаснува Јованова. Подоцна таа направила и цела серија слики со паунот како мотив и на празникот Свети Трифун ги изложила во ресторанот и во барикот на винарницата. Покрај сликањето, огромна страст на Цветанка & е и готвењето. „Голем гурман сум. Да не звучам нескромно, но одлично готвам, особено македонска, мексиканска, кинеска... Можам да ги погодам сите состојки на некое јадење, иако првпат го пробувам.“ Јованова ни откри и дека обожава да слуша музика, но и да игра. „На времето сакав да бидам и музичар и актерка. Кога не ме примија на Ликовната академија, сакав да конкурирам на Факултетот за драмски уметности. Син ми исто така го има наследено уметничкиот ген и е извонреден цртач. Ако продолжи вака, ќе ги фрлам моите четки и бои, хаха. А за волја на вистината, понекогаш и ги краде од мене“, вели Јованова.


www.kapital.mk

капитал број 722 30.08.2013

на руЧек со...

со своите драги колеги Мирослав Масин и глигор глигор Чемерски на отворањето на барикот на стоби, стоби, каде што неколкумина уметници украсија буриња за вино

од мали нозе е опкружена со лозја и вино: Цветанка меѓу лозовите насади на стоби

паунот – божествената птица како инспирација

Магистерска работа на 20 Метри платно

М

отивите од македонската типична архитектура со коишто ги направила своите први самостојни изложби не престанувале да бидат инспирација за Цветанка и подоцна таа решава и својата магистерска работа да ја посвети на оваа тема и со тоа да го затвори циклусот „архитектура“. „На платно 20х1,6 метри ги насликав сите типични архитектури во Македонија, и урбани и рурални мотиви. Куќата, домот, живеалиштето се синоним и за огништето. Сликаното платно е моето место кое ми овозможува да ги сочувам своите мемории. Не ретко се случувало патувајќи низ Македонија да застанам на патот и да направам скица на некој предел, на стара куќа, па дури и на само изронати ѕидови. Подоцна во ателјето ќе го насликам платното и на тој начин ќе ја имам сликата за себе. И не само за себе, туку овие мемории во едно да можам да ги споделам и со другите. Ме радуваат погледите на луѓето кога на делата го препознаваат крајот од којшто потекнуваат. Кај мене пак, тоа предизвикува задоволство во таа смисла дека на добар начин сум ја доловила светлината, мирисот и убавината на нечиј роден крај. Ова е смислата на зачувувањето на нашата традиција, на местата од каде што потекнуваат нашите корени. Обидот истата идеја да ја осмислам, да ја разработам и да прикажам со помош на трите техники – маслена техника, сито-печат и дигитален отпечаток за мене e навистина голем предизвик. Сметам дека првичната тема за живеалиштето или домот, на три различни начини, само уште повеќе ја нагласува мојата конечна цел: таа е иста без оглед на користениот медиум, а тоа е зачувувањето нанашето историско и културно наследство. Ова е воедно и намера на уметниците од сите области да им дадам поттик преку своите дела да ги бележат нашите старини. Без оглед на тоа дали станува збор за четка, збор или нота, сите се

57

еднакво силни да ја бележат историјата, да не ја остават постепено да се губи, да се заборава и да исчезне“, објаснува Јованова. За разлика од претходниот период во моето творештво, кога приказите на истите мотиви (стари куќи и населби) беа пореалистични, со присуство на многу повеќе детали во изработката на композицијата, сега на насликаните дела стилизацијата на формата избива во прв план. Во неа се препознава иницијалната мисла за инспиративните елементи. Ослободена од деталите, кои го прават делото полесно за восприемање, таа едновремено го прави потполно разбирливо, препознатливо, реално. Оваа елиминација на деталите ја компензирам со поедноставеното решавање на истите и поколоритниот пристап во сликањето, но со поинаков начин на користење на бојата. Дополнителен поврзувачки елемент е и „мрежата“ на графички и линеарно извлечените, гестуално нанесени и со тоа динамични потези врз скоро целата површина на композицијата. Тие како своевидни психограми го „запишуваат“ моето присуство во просторите во кои сакам овие куќи и населби да постојат. За да го постигнам и да го нагласам тоа, „мрежата“ не ја поставувам преку самата форма на куќата. Со тоа куќата, основниот мотив и носечкиот елемент во темата, визуелно се истакнува и се нагласува уште повеќе – таа изнурнува од хаосот и вителот на нашето секојдневие и се поставува како моќен и средиштен стожер не само на композицијата, туку и на темата.


58

Капитал број 721 23.08.2013

www.kapital.mk

светот на виното

ЛоЗаРство

VREME E ZA BERBA Бербата на грозјето започна. Тоа е едно од најважните случувања во винарството и во лозарството. Од неа зависи какво ќе биде виното. Во одлуката за тоа кога ќе се бере грозјето лежи огромно знаење, умеење, традиција и наследство

Д

а се утврди датумот на бербата е решение кое има низа последици за лозарот и за винарот. Тие никако не смеат да се поведат по желбата да се собере побрзо, да се добие поголем принос во тежина, ниту да остават тоа да се случи подоцна. Датумот на бербата е во согласност со секоја сорта, со секоја парцела, па и делови од неа. Некои сорти својата зрелост ја постигнуваат порано, некои подоцна. Некаде, во исто лозје, зависно од позицијата, грозјето узрева порано, некаде подоцна. Најчесто, лозарите брзаат да го соберат грозјето поради евентуалните болести кои може да нападнат доколку дојдат дождови, а тоа може да значи и паразитски напад на родот. Метеоролошките предвидувања се навистина значајни, но и лозарот мора да има јаки нерви, зашто и сончевото време може да доведе до непожелни процеси. Дилемите за бербата се огромни, па затоа се прават редовни дневни анализи на грозјето. Во некои развиени вински земји почетокот на бербата го утврдуваат специјализирани институции, коишто ја утврдуваат зрелоста. Пред нивната дозвола берењето не смее да започне. Денес некои вински земји датумот на бербата го утврдуваат според податоците добиени од - сателитите! Берачите исто така се деликатниот

дел на процесот на берење. Тие мора највнимателно да се однесуваат кон грозјето, од сечењето на гроздот до ставањето во садот, претурањето во гајби и на крајот, фрлањето во мелницата. Традиционално, берачите треба да го респектираат грозјето и така да се однесуваат, треба да го избегнуваат оштетувањето на зрното и со него да ракуваат нежно. Рачното берење, со почитување на сите делови од бербата се смета за деликатно и скапо и е одлика на регионите коишто претендираат да прават подобри вина, кои се држат до наследството како гарант за високиот квалитет на својот производ. Таквите веројатно никогаш нема да се откажат од рачното берење. Меѓутоа, човекот измислил и полесен начин за берење. Тоа се машините. Постојат некаде од седумдесеттите години и постојано се подобруваат. Берењето се одвива со тресење на грмушката, а грозјето паѓа од гранките во садови од инокс. Машините се доста деликатни и мора да бидат прецизно регулирани во зависност од сортата и зрелоста, староста на насадот и друго. Непрецизноста доведува до оштетување на зрното. Освен тоа, овие машини треба да бидат беспрекорно чисти. Позитивните ефекти од бербата со машина се во тоа што можете за кратко време и одеднаш да го соберете родот,

ЕТИКЕЦИЈА

не пијте постојано исто вино

Грешка е да се пие секогаш исто вино, зашто и магијата на виното е да се истражува. Секогаш ќе бидете наклонет и кон едно или друго вино или регион, но тоа не ве прави зависен. Често се започнува со едно вино и се завршува со истото. Тоа пред с$, не е добро поради промената на храната, а второ, виното е единствениот пијалак кој може да го мешате без последици. Нема никакви неповолни реакции, се разбира ако се работи за исправни вина и за нормално количество. Дали ќе испиете пет литри мешани вина или едно вино, ефектот е ист - ќе ве боли глава. Со солено јадење треба да пиете суви вина, затоа што јадењето оди подобро со вина коишто немаат шеќер, а шеќерот ќе ви попречи да го почувствувате јадењето. Не треба да правите постојана замена бело-црвено, црвено-бело. Треба да се оди од белите и полесни вина кон црвените и потешки. Слободно пивнете вода меѓу виното. Тука нема грешка, зашто е здраво, а алкохолот ве дехидрира.

Бербата во некои региони се изведува исклучиво ноќно време. Утврдено е дека концентрацијата на киселините кај белите сорти ноќно време е максимално поволна. Па така, во Чиле на пример, има региони каде што бербата започнува со затемнувањето и под рефлектори се одвива с$ до првите зраци на денот. Во Австралија, каде што е многу топло, грозјето се транспортира во гајби до винарниците во камиониладилници, с$ со цел да се сочува во најдобра состојба. и тоа во време кога ви одговара. Со неа може да се работи и ноќно време, што има повеќе позитивни ефекти - од добрата концентрација на елементите на виното до сочувување на свежината на грозјето. Машините се скапи, но во некои земји средствата се обединуваат, па една машина опслужува повеќе имоти, со што се амортизираат трошоците. Тие се користат само за берење грозје и затоа нивното поседување и одржување е мошне скапо. Исплатливи се за големи површини, а на искосени падини, на пример, едноставно се неупотребливи. Затоа, времето на модернизација на лозарството с$ уште не пристигнало. Затоа, ќе се почека уште долго. За среќа на вљубениците на виното.




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.