525-11.05.2012

Page 5

WWW.KAPITAL.MK

ПРОЦЕНКИ...

3 ФАКТИ ЗА...

69,4% 70,8% 45.660

опадна вкупното производство на шумски производи во првото тримесечје од 2012 година во споредба со истиот период лани

од сечата во првото тримесечје од годинава отпаѓаат на сеча на даб

евра е вредноста на потрошниот материјал за одржување во првото тримесечје од годинава, велат од Државниот завод за статистика

ЗОРАН СТАВРЕСКИ

министер за финансии

Ќе ги намалиме каматните стапки на државните записи

Н

амалување на каматата на државните записи најави министерот за финансии Зоран Ставрески. „Создадени се услови за дополнително намалување на каматните стапки. На првата наредна аукција државните записи ќе имаат пониски каматни стапки“, изјави Ставрески и додаде дека со тоа ќе прати сигнал до банките повеќе пари да пласираат во стопанството преку кредити или да ги намалат сопствените каматни стапки. „Вообичаено е банките да ги следат сигналите зашто има намалување на каматите благајничките и на државните записи“, изјави Ставрески.

е во Га-Ма?!

во Македонија?!

7,5

милиони евра ќе обезбеди Министерството за економија до 15 мај за исплата на заостанатите плати на вработените во ОХИС. Министерот Ваљон Сараќини очекува до 10 јуни да биде исплатена и другата плата, а до крајот на јуни, по донесувањето на ребалансот на Буџетот, да се обезбедат пари за останатите месеци. Во ОХИС во моментов се вработени околу 850 работници.

2,4%

Што предвидува Законот за енергетика?! ЧЛЕН 89

(1) Правно лице носител на лиценца за пренос на природен гас не

е намален бројот на здравствени осигуреници во земјава за пет години. Во Фондот за здравствено осигурување се евидентирани вкупно 1.054.549 осигуреници заклучно со декември 2011 година. Во 2007 година во ФЗО биле регистрирани 1.080.331 осигуреници. Од вкупниот број осигуреници, лани бројот на активни работници изнесувал 488.869 лица.

може да има лиценца за вршење на дејностите управување со системот за пренос, трговија, снабдување со природен гас или снабдување во краен случај со природен гас. Правно лице носител на лиценца за управување со системот за пренос на природен гас не може да има лиценца за вршење на дејностите пренос на природен гас, трговија, снабдување со природен гас или снабдување во краен случај со природен гас.

Регулаторите ќе го тужат тој што го објави писмото на Нејков?

О

д извори меѓу членовите на Регулаторната комисија за енергетика „Капитал“ дознава дека регулаторите најверојатно ќе го тужат тој кој преку платен оглас јавно го објави писмото од Славчо Нејков, директор на Секретаријатот на Европската енергетска заедница, кое било испратено само до претседателот на Комисијата и до вицепремиерот Владимир Пешевски. Од Комисијата претпоставуваат само кој е тој што јавно го објави писмото во неколку дневни весници, поради што сметаат дека е нарушена комуникацијата меѓу државните органи и ЕУ.

за да има поголема контрола над целокупната гасификациона мрежа во земјава, наместо како досега, 50-50 со Макпетрол. Според членот 84 во Законот за енергетика, операторот на преносна мрежа (Га-Ма) е должен на операторот на системот за пренос (во иднина МЕР) да му ги предаде во владение деловите на преносната мрежа неопходни за управување со системот за пренос на денот на правосилноста на одобрението. „Операторот на системот за пренос на природен гас е јавно претпријатие или трговско друштво во сопственост на Република Македонија или трговско друштво во кое државата има доминантна сопственост, кое управува со системот за пренос

на природен гас и безбедува поврзување на преносниот систем со преносните системи на соседните земји“, пишува во Законот за енергетика. Според Законот, добивајќи ја лиценцата за управување со системот за пренос на природен гас, МЕР во иднина нема да биде сопственик над инфраструктурата која сега ја поседува Га-Ма, туку ќе управува со системот, за што ќе & плаќа на Га-Ма надомест определен од РКЕ. Дел од енергетските експерти за „Капитал“ коментираат дека државата не смее да дозволи да биде заложник на приватните интереси и да дозволи да работи под уцена, наместо да ги спроведува законите и да го штити јавниот интерес.

РОС ЏОНС

претседател на Меѓународната организација на пензиски супервизори

Пензиската супервизија се засилува на глобално ниво

ТОП ВЕСТИ... Новите македонски супербрендови ќе бидат прогласени на 16 мај

С

о престижното признание „Супербрендс” оваа година ќе се закитат 43 брендови, а свечената церемонија ќе се одржи на 16 мај во хотелот Александар палас. „Супербрендс е меѓународна организација која ги препознава и ги промовира успешните и угледни брендови во една земја, кои заслужено го добиваат признанието преку вкрстено мерење на повеќе критериуми. Големо е задоволството што Македонија по втор пат е дел од земјите каде што се доделува ова големо признание. Несомнено, со признание и настан како што е Супербрендс на компаниите им се дава мотив да бидат уште поуспешни во сферата на нивото работење, а признанието „Супербрендс“ е само доказ дека се наоѓаат на вистинскиот пат”, вели претставникот на Супербрендс за Македонија, Зоран Саздовски. Денес Супербрендс е присутен во 92 земји и соработува со повеќе од 20.000 светски признати брендови и компании. По официјалното прогласување, веќе наредниот ден започнува гласањето за новите супербрендови 2013/2014 година.

Даневски ќе биде екстрадиран за година и три месеци

Б

изнисменот Зоран Даневски ќе биде екстрадиран во Македонија откако ќе ја издржи условната казна од една година и три месеци во Бугарија, на која беше осуден поради претставување со лажни документи. Оваа одлука вчера ја донесе Окружниот суд во Благоевград по барањето од Македонија да биде вратен во државата. Како што пренесува бугарскиот весник „Вера“, на последното рочиште судијата го ислуша претседателот на здружението на Бугарите во Македонија „Иван Михајлов-Радко“, Перица Аврамов, кој се произнесе дека Даневски е вистински Бугарин. Даневски беше уапсен во Бугарија откако Интерпол го бараше поради злоупотреба на 1,5 милиони евра од продажба на државно жито складирано во неговиот комбинат Џумајлија. При редовна контрола во близина на Банско полицијата го уапсила бидејќи утврдиле дека се претставува со лажни документи. За ова дело бугарскиот суд го осуди на една година и три месеци условна затворска казна, со обврска секој ден да се пријавува во полициска станица. Тој казната ќе ја издржува во градот Гоце Делчев, каде што поседува два апартмани. Како што пренесува весникот, Даневски нема бугарски пасош.

2,5 милиони евра од ЕУ за стручното образование

Ц

ентарот за стручно образование и обука ЦСОО во рамките на твининг-проектот „Поддршка за модернизација на системот за образование и обука“, финансиран од ЕУ, ги изработи првите стандарди и занимања во насока на премостување на јазот што постои меѓу знаењето, вештините и способностите што ги нуди системот за образование и обука и реалната потреба на пазарот на трудот. Пред директорите на установите за стручно образование и обука и претставници на деловната заедница беа презентирани 51 стандард во 13 струки. ЕУ даде поддршка во насока на модернизација на стручното образование со 2,5 милиони евра. „Целта на овој проект е да се внесат нови програми во стручните училишта во согласност со европските и националните стандарди. Тие нема да бидат базирани на теоретско знаење, туку ќе развиваат вештини. Ќе се обучуваат обучувачи, а ќе се обезбеди и опрема за стручните училишта кои учествуваат во програмата“, истакна евроамбасадорот Аиво Орав. Од септември треба да профункционира електронскиот регистар, кој ќе содржи податоци за тоа какви работници бараат компаниите. „Училиштата треба да создадат таков кадар преку вклучување на децата во работните процеси во компа компаниите“, истакна Маја Петковска од УСАИД, кој вложу 10.000 долари во изработката на хардверот и вложува софтв софтверот. 200 до 2011 година има пад од 12% на уписот Од 2001 уче на ученици во стручните училишта во однос на гимна гимназиското образование.

60 СЕКУНДИ БРИФИНГ

БЕРЗА

МБИ 10 3.000 2.800 2.600 2.400 2.200 2.000 1.800

07/10

10/10

02/11

05/11

09/11

01/12

1.971,32 2010/2012 2010/2012

Max. Min.

2 2.827,62 827 62 1.943,09

На Македонската берза вчера беше остварен промет од 107.081 евра од редовното тргување, кое се намали за 25,51% во споредба со претходниот трговски ден. Прометот од тргување со обврзници пак, забележа намалување од 63,69% во споредба со средата. Главниот берзански индекс МБИ-10 порасна за 0,14% и трговскиот ден го заврши со вредност од 1.971,32 индексни поени.

НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Раде Кончар

1.110,00 +110,00

+11,00%

НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК РЖ Институт

401,00 -12,00

-2,91% 2 91%

DOW JONES 13.500 13.000 12.500 12.000 11.500 11.000 10.500 10.000

07/07

21/08

05/10

19/11

03/01

17/02

12.835,06 0 75% -0,75%

Американскиот индекс Dow Jones падна шести ден по ред. Стравот од продлабочување на должничката криза деновиве особено е изразен на Волстрит. Вчера слична беше и ситуацијата на азиско-пацифичките берзи, додека на европските пазари на капитал преовладуваше зелената боја.

ДРУГИ ПАЗАРИ FTSE 100 Nikkei225 S&P 500 Nasdaq DAX TOPIX

5.537,50 9.009,65 1.354,58 2.934,71 6.531,67 765,42

VALUTI

£ €

СТАПКА

+0,13% -0,39% -0,67% -0,39% +0,87% -0,05%

€ $

1,2472 ПРОМЕНА

+0,4%

СТАПКА

1,2961 ПРОМЕНА

+0,1%

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА СТР.10

FJU^ERSI ZLATO

1.592,40 -0,11% 0 11% ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА СТР.11

NAFTA BRENT

113,40 +0,18% ПОДАТОЦИТЕ СЕ ОД ПРЕТХОДНИОТ ДЕН ДО 15Ч

И

зработката и примената на пензиската супервизија или контрола базирана на проценки на ризик е новина во регионот и во светот, но најголем број пензиски регулатори го усвојуваат овој начин потпирајќи се на искуства на супервизори од други финансиски сектори. „Супервизорските модели може да се разликуваат од една до друга земја, но суштината е иста и замислата е едноставна. Секоја организација има ограничени ресурси за супервизија и нив треба да ги насочи кон оние области кои се карактеризираат со највисок ризик“, вели Џонс.

Kapital Akademija... член на групацијата KAPITAL MEDIA GROUP ул. Димитрие Туцовиќ бр 20, телефон: ++ 389 3 298 110 факс: 3 298 111 mail: akademija@kapital.com.mk

КОСТАС КРИСТУ

ММФ

Босна и Херцеговина пред 2013 година не може да очекува раст на БДП.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.