497-29.03.2012

Page 3

WWW.KAPITAL.MK

КАПИТАЛ ЧЕТВРТОК 29.03.2012

ЕМО со загуба од 4,6 милиони евра во 2011 година

> БРОЈКА

1,59

З

> БРОЈКА

агубарот ЕМО од Охрид, 2011 година ја заврши со загуба од 4,64 милиони евра, што е за околу 800 илјади евра повеќе, споредено со загубата којашто ја пресмета компанијата во 2010 година, пишува во финансискиот извештај на ЕМО, објавен на Македонската берза. Според резултатите, компанијата 2011 година ја заврши со 39% помали приходи, или вкупно 3,81 милиони евра, за разлика од 5,35 милиони евра реализирани во 2010 година. Притоа продажбата на домашен пазар е намалена за 48% на вкупно 1,51 милиони евра, додека приходите од продажба на странски пазар се намалени за 26% на вкупно 1,58 милиони евра. Во исто време расходите од работењето на компанијата се намалени за 20%, од 10,4 милиони евра во 2010 година, на 8,3 милиони евра во 2011 година. Во меѓувреме во собраниска процедура е законското решение со коешто Владата повтрно ги претвора долговите од 30 милиони евра на четрите загубари, меѓу кои и ЕМО во траен влог на државата.

милиони евра ќе чини изградбата на пет платформи над реката Отиња и уредување на речното корито, кои ќе ги гради бугарската фирма Кибилт. Како што информираат од општината, оваа компанија победила на тендерот. Договорот ќе биде потпишан наредната среда, а парите за оваа инвестиција се обезбедени од кредит од Светска банка во висина од два милиони евра. Изградбата би требало да започне веќе во мај и ќе трае 18 месеци.

лидери

3

168,5

милиони евра изнесуваат вкупните приходи од даноци, придонеси и акциза во Буџетот за февруари годинава, објави Министерството за финансии. Во споредба со истиот месец лани, приходите се зголемени за 3,7%. Дефицитот во државната каса во февруари изнесува 30 милиони евра, a доколку се додаде и минусот направен во првиот месец од годината, достигнува вредност од 54 милиони евра.

победник и губитник ПОБЕДНИК

+

ЧЕДОМИР КРАЉЕВСКИ

ВЛАТКО ЧИНГОСКИ

претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата

генерален директор на ЕЛЕМ (15.02.2012)

Донесовме заклучок за поведување постапка против четири фирми што учествувале на тендер за снабдување со струја на ЕЛЕМ, и тоа ЕФТ Македонија, Еспада Скопје, Руднап Скопје и Ген-И Скопје, сите трговци со струја. Постојат силни индиции дека овие фирми забрането се договарале при учество на тендерот распишан од ЕЛЕМ при јавна набавка на електрична енергија за тарифни потрошувачи. Бидејќи постапката е почната, не можам ништо да ви кажам. Тоа е исто како да барате од судија да ве известува за секој чекор што го прави. Јас официјално си ставам ембарго за давање какви било изјави за текот и за заклучоците од оваа постапка, која е суптилна. Ќе се произнесеме преку формален акт.

За дневната, вршна енергија најниската цена на аукцијата е околу 160 евра за мегаватчас. За ноќна, односно бант енергија, се движи околу 132 евра за мегават-час. Набавката ќе се изврши од четири избрани компании, a вкупната количина која континуирано се набавува за 24 часа е по просечна цена од 155,75 евра за мегават-час. Со оглед на тоа што просечната цена за набавка е пониска од производствената цена на ТЕЦ Неготино, овој капацитет и понатаму останува како ладна резерва.

Н

КОЧО АНЃУШЕВ

Сево ова веројатно е околу прашината што се крена за високите цени на струјата. Во такви дејности ниту сум учествувал, ниту ќе учествувам. Со компаниите секој ден се тепаме за клиенти, што е далеку од договарање. Институциите нека гледаат и нека испитуваат.

ГОРАН ЧОГЕЉА

директор на Руднап

Точно е дека има таква постапка, но илузорно е некој да помисли дека сме договарале цени. Сепак, целокупната документација ќе & биде доставена на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која од нас бара пакет-документи, понуди, договори, анекси на договри...

Трговците: Нема картелско здружување

Директорите на ЕФТ Македонија, Руднап и на Ген-И за „Капитал“ тврдат дека не седнале заедно на маса за да договорат цени на струјата и сите по малку да добијат од зделката со државните

„Се работи за постапка на институција и ние ќе им дозволиме да си ја вршат работата. Засега немам коментар.“

С

рпските железници си обезбедија 700 милиони долари од Руските железници за изградба на железнички пруги во Србија во должина од околу 400 километри

ИЏЕТ МЕМЕТИ

директор на ЕФТ Македонија

инстутиции е и Комисијата за заштита на конкуренцијата, од каде што и доаѓа иницијативата за покренување на постапката. АД ЕЛЕМ, како транспарентна компанија, стои на располагање на надлежните институции и фактографски ја доставува целосната документација во однос на одредена постапка“, велат од ЕЛЕМ. Од ЕЛЕМ не добивме конкретен одговор дали имаат докази дека ЕФТ Македонија, Руднап, Ген-И и Еспада со можното картелско договарање цени на струјата ја оштетиле државата.

МИЛОВАН МАРКОВИЌ

електрани во време на енергетска криза, кога струјата беше дефицитарна и на европските берзи достигна цена дури до 600 евра за мегават-час. Директорот на Руднап, Горан Чогеља, за „Капитал“ вели „таман работа картелски да ги договаравме цените“. „Точно е дека има таква постапка, но илузорно е некој да помисли дека сме договарале цени. Сепак, целокупната документација ќе & биде доставена на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која од нас бара пакет-документи, понуди, договори, анекси на договори“, вели Чогеља. Директорот на ЕФТ Македонија, Кочо Анѓушев, демантира дека незаконски ги договарал цените на струјата со Ген-И, Руднап и со Еспада за еден од тендерите на ЕЛЕМ зимава, со објаснување дека тој секојневно е во трка со играчите на пазарот. „Сево ова веројатно е околу прашината што се крена за високите цени на струјата. Во такви дејности ниту сум учествувал, ниту ќе учествувам. Со компаниите секој ден се тепаме за клиенти, што е далеку од договарање. Институциите нека гледаат и нека испитуваат“, вели Анѓушев. Затекнат од информацијата беше единствено застапникот на чешка Еспада во Македонија, кој изјави дека прв

пат слуша за покрената постапка на Антимонополската комисија за можното картелско здружување. Иако никој од инволвираните не прецизира кој тендер распишан од ЕЛЕМ им „ги отворил очите“ на членовите на Комисијата за можно картелско здружување на трговците со струја, првиот човек на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, во екот на енергетската криза увезе струја од 38,2 гигават-часови за само две недели, тендер „тежок“ околу шест милиони евра. ЕЛЕМ реши дека е поисплатливо да увезе струја за првите 15 дена од март, наместо да ја вклучи во погон ТЕЦ Неготино.

„Немам ништо конкретно добиено од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Прво да добијам каков било допис, па да можам да ви коментирам. Инаку, ме зачудува ова што го велите дека Комисијата за заштита на конкуренцијата покренала постапка за можно картелско здружување на четири трговци со струја.“

ародниот правобранител остана доследен во борбата за заштита на интересите на граѓаните со ревносно посетување на обврските на државните институции

не им беше денот

ПАНЧЕ КРАЛЕВ

Р

еформите во образованието родија еден куп магистри и доктори на науки, ама не резултираа со објавени научни трудови, па се поставува прашањето за вистинскиот ефект од нив

Со упорност и со вистинска стратегија секогаш може да се оствари посакуваната цел. Таков пример е и винарската визба Тиквеш. По една година преговори, презентации и дегустации, промоции и потрошени многу пари и енергија, компанијата успеа да договори извоз ИГОР на 60.000 шишиња ИЛИЕВСКИ врвно македонско вино на американскиот пазар. Пробивањето на еден ваков огромен пазар, каде што има голема конкуренција, е пример како со упорност може да се постигнат резултати. Иако ова не е прв пат македонска винарска визба да извезува вино во САД, сепак, успехот на Тиквеш, посебно во кризни времиња, покажува дека компанијата е силно насочена кон освојување нови пазари, што треба да биде стратешка цел на сите компании во државата. Со ваквиот чекор Тиквеш, меѓу другото, ќе го промовира македонското врвно вино пред американските потрошувачи, што дополнително ќе ја отвори вратата и на другите домашни винарници да почнат да извезуваат вино во САД.

_

ГУБИТНИК Министерот за животна средина, Адеми, не мрдна ниту со малиот прст откако компаниите јавно алармираа за огромните штети од забраната за внатрешен промет, откуп и извоз на отпад со метали. Компаниите негодуваат дека министерот ја донел одлуката без претходно да ги консултира за можните АБДУЛАЌИМ последици од мерката. АДЕМИ Министерот како да не размислил за иднината на дури 216 компании од црната и од обоената металургија. Зарем за Адеми ова е најдобрата мерка како Владата да се справи со крадците на старо железо во земјава?! Наместо да ги засили инспекциските служби на терен и да ја препушти работата на полицијата, на Адеми веројатно му е полесно да ги казни компаниите. Оваа мерка е погубна за македонскиот извоз, односно за целокупната економија! Како Адеми „извага“ дека ова е најдобриот начин да се справи со крадците на железо?!

мисла на денот

ДМИТРИЈ МЕДВЕДЕВ

Р

уските блогери се исмејуваат со претседателот затоа што пред американскиот колега Барак Обама покажа дека главен за носење на одлуките, сепак, е Владимир Путин

ТВОРЕЧКАТА ФАНТАЗИЈА Е ЕДИНСТВЕНОТО ОРУЖЈЕ ВО ВОЈНАТА ПРОТИВ РЕАЛНОСТА.

Жил де Готје француски филозоф


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.