Page 1

Зоран Ангелов, бизнисмен:

Go nosime sjajot vo kolektivnite zgradi

Санева

КАБИНЕТ

МЕДИУМ И

Site lu|e na GRADONA^ALNIKOT

Ne ubivajte go glasnikot na lo{ite vesti

Ристов

Кашикова

Prikazna za BALKANSKA

Ристова-Михајловска

Николајчо Николов:

Тука сме да создадеме единство со заедницата Богданов

Ж И В О Т:

Игра лото цели 43 години

Митров

Спортски неуспех:

По 50 години Македонија без претставник на Олимпијадата


2

NASTANI

[tipski Glas, Juni, 2012 br. 33

ОД МОЈ АГОЛ

N

Не убивајте го гласникот кој ви носи лоши вести Иван Бојаџиски

■ Предавникот оправдано исплукан, ама зошто се плукаше и по новинарот? ■ Антистрес Чепреганов ■ Ден кога гореа нашите пари и беше заспана нашата совест

1

Тони Михаилов во својата мошне гледана емисија на ТВ Стар под наслов Што мисли народот, угости личност која со своите провокации го зовре градот. Многу отров (оправдано) се изли врз умот на 26 годишниот Петар Колев но од отровите на штипјани (неоправдано) не беше поштеден ниту водителот Михаилов. Во спомнатата 30 минутна емисија гостин на познатиот новинар беше еден македонски изрод од калибар каков што нашата севкупна историја тешко познава. Младиот Колев, јавно се откажа од своите македонски корени, ги искара сите Македонци кои се чувствуваат како такви, ни одржа лекција по нашата национална самосвест, се прогласи себеси а не прогласи и сите нас за Бугари! Момчето изгубено во времето и просторот, заблудено од можностите кои му ги обезбедува докажаниот антимакедонец Каракачанов и неговата партија. Во Бугарија момчето, инаку автентичен штипјанец и Македонец, добило шанса бесплатно да се образува. По цена да си го продаде најсветото кое го има кај било која личност на оваа планета – националната самосвест и достоинство. И за тој мизерен надомест да се вброи во малото друштво антимакедонисти на Каракачанов. Во чија партија три години е задолжен (види богати) за „Македонското прашање“. Штипјани оправдано го исплукаа овој национален, млад предавник. Но, зошто мои сограѓани го плукавте и новинарот Михаилов? Зошто го убивате гласникот на лошите вести? Па што друго е новинарството ако не да ни ги открива и најмрачните тајни и проекти на нашинци кои се ставиле на другара страна од темелните национални интереси? Да ли, ако новинарот не го направеше тоа интервју, ние ќе знаевме за постоењето на наш човек, штипјанец, кој за сите нас тврди дека не постоиме? Да ли денес, кога тоа момче ќе помине низ штипските улици немаме обврска сите да му го свртиме грбот и (или) да му кажеме в лице што мислиме за неговите небулози! Ако нешто не си видел или не си слушнал, не значи дека тоа и не постои. Работите, посебно оние најважните кои задираат во нашата национална гордост, не треба да се стават под тепих. Тие мора да б идат изнесени на светлото на денот и пред сите нас. Во тоа име, во името на нашето право да знаеме ама баш се, Михаилов направи одличен потег носејќи една креатура и изложувајќи ја истата на потсмев и критики на штипската јавност.

2

Угледниот примариус доктор Методи Чепреганов, личност од светски профил а сепак човек наш, од нашиот Штип, цени дека стресот е најлошото нешто со што живее денешниот човек. Пред околу 200 наши сограѓани, Чепреганов, цели два часа, говореше за тоа од каде ни доаѓа стресот и, најмногу, како да се справиме со него.

Среќни беа оние штипјани кои присуствуваа на неговото предавање. Научија многу добри работи во однос на справувањето со болеста на модерното време. Всушност, никогаш не е здодевно да се слуша елоквентниот здравствен експерт. Во секоја негова сериозна анализа тој знае да внесе досетка, ведрина, да орасположи, да поттикне на добра атмосфера. Всушност, секо дружење со него е и еден вид антистресна терапија. Некој во салата рече дека неговото предавање треба да го именуваме како „Антистрес Чепреганов“. Се сложувам со таквото мислење бидејќи тоа е автентичен производ на докторот. За тоа како да се справиме со стресот кој напаѓа од сите страни, овде не можеме да пишуваме. Потребен е поголем простор за таква елаборација. Но, овде ќе излезам од двочасовната антистрес терапија на докторот и ќе кажам едно мое сознание за тоа како човек треба да се бори против стресот. Пред десеттина година новинарска екипа на ББС го посетила милионскиот бразилски град Рио Де Женеиро. Откако направиле серија за богатите, за Копакабана, за фудбалот, решиле да ги посетат најсиромашните. Се искачиле на ридовите над градот, во познатите фавели, населби од картонски куќи во кои, исто така живее милионско сиромашно населени. Ги прашале луѓето како се справуваат со проблемите. А тие прашале: со кои проблеми? И додале: па ние и немаме некои проблеми а ако такви се јават тогаш ние нив ги игнорираме! Еве уште еден пример од најсиромашните за борба против стресот. Ако имате проблем а не можете да го решите игнорирајте го. Или, како што рече Чепреганов: тоа што не е во нашите глави и не постои!

Денес нема Тито ни на Балканот ни во Европа

Н

а 4 мај, денот на смртта на Јосип Броз Тито, и на 25 мај, кога се навршија 120 години од неговото раѓање, во Штип не се случи ништо. Никаков знак на почит кон човекот чиј придонес во остварувањето на вековните стремежи на народот во Македонија да си биде свој на своето е немерлив. Тоа не му личи на овој наш град. Е еве и зошто. Во својата колумна под наслов „Траен влог во македонската државност“ публицистот и новинар во пензија Петар Карајанов вели дека во судбинското предвечерие на налетот на фашизмот и на пожарот на Втората светска војна, во неколку негови статии од крајот на 1940 и 1941 година, упатени како критика на балканските воени провокатори, Тито ќе изрече повеќе антологиски пораки во одбрана на македонскиот национален идентитет и на неговото право, низ својата борба за самоопределување. Еве дел од тие пораки: „Македонија, таа угнетена земја во која со години пати слободољубивиот македонски народ изложен на најсуров терор, глад, однародување и експлоатација, таа со крв натопена земја, не е тука за да служи како украс на кралската круна на некого, ниту да биде мираз на српската, бугарската или грчката буржоазија. Македонците не се ни Срби, ни Грци ни Бугари. Тие се Македонци. Комунистичките партии на Југославија, Бугарија и Грција треба да застанат на чело на Народноослободителното движење на македонскиот народ за негово ослободување“, запишал Тито пред 73 години.

3

Настанот за кој пишувам овде а во кој гореа нашите пари но никој не интервенираше да го спречи тоа, се случи на улицата „Ванчо Прќе“. Значи, во срцето на градот. Беше понеделник, околу 10 часот (21 мај) време во кое градот не спие. Oсвен што начисто беше заспана нашата совест. Во тоа време гореше еден сосема нов контејнер. Голем дим се креваше од него, лоша реа ја преплави култната штипска улица. Контејнерот беше во непосредна близина на неколку продавници. Ама никој не излезе и не се обиде со црево или со кофа вода, да го изгасне огнот. На почетокот таа работа можеше да ја заврши и вода од само неколку шишиња. Во тие мигови како никому да не му пречеше сознанието дека кога гори контејнер, всушност горат нашите пари. Пари кои ние, граѓаните ги плаќаме во вид на комунални давачки по разни основи. Поради нашата негрижа во однос на контејнер со средна големина мораше да интервенираат од противпожарната единица. Нема многу фајде ако човек е буден а неговата совест е заспана.

Стадион на ЈНА , 25 мај 1960 година: младинецот Миле Гавритов од штипска „Македонка“ ја предава штафетата на младоста на другарот Тито

Камо таква доблест, таква одбрана и определување да чуе македонскиот народ од било кој балкански или европски политичар во оваа наша осамена битка за одбрана на националниот идентитет. Очигледно, денес нема Тито ни на Балканот, ниту во Европа, заклучува колумнистот. Тито на двапати го има посетено Штип а на 25 мај 1960 година Миле Гавритов (на сликата), млад инженер во текстилниот комбинат „Македонка“, на стадионот на ЈНА, му ја предаде штафетната палка на Јосип Броз Тито. И во тоа име, и во име на убавиот живот кој го живееја милиони луѓе во тоа – Титово време, Македонија и Штип немаат право на заборав во однос на Тито и неговото големо дело за нашата Македонија.


3

ЗДРАВЈЕ

[tipski Glas, Juni, 2012 br. 33

Зоран АНГЕЛОВ

сопственик и управител на агенцијата „ЕНТЕР ЕКСТЕР – НА“

Управувањето со колективните згради е нашиот нов предизвик тапување на нивните интереси како сопственици на посебните делови помеѓу себе и застапување на нивните заеднички интереси пред општината и органите на управување. Во таа сума е и хаус (куќен) мајстор за сите поправки со тоа што станарите сами си ги купуваат оштетените делови во заедничките простории. Сакам да потенцирам дека е можно и фиксно плаќање на поголема сума што ги ослободува станарите од обврската сами да набавуваат делови кои треба да се заменат, и во тој случај ние си ја превземаме таа обврска при што старите делови ги заменуваме со нови произведени во земји во ЕУ и даваме на нив двегодишна гаранција. Што бива ако само едно семејство во само еден влез не плаќа редовно? Ќе престанете да го одржувате влезот или... -Тоа, барем досега, ретко ни се случувало. Но,

■ Таму каде ние работиме нема нечисти влезови, расипани лифтови, темни ходници

Г

-дин Ангелов, втора година како се бавите со редок бизнис каков што е управувањето и трговијата со недвижен имот. Колку во овој наш Штип оваа работа е атрактивна? И на мое големо задоволство можам да кажам дека штипјани се повеќе не прифаќаат како друштво кое може, знае и умее да ги застапува нивните интереси пред институциите во однос на управувањето со колективните станбени згради.Тоа е процес нас-

Штип има 400 влеза со 8000 станови во колективни станбени објекти танат со новиот Закон за домување. А тоа значи? -Дека согласно спомнатиот закон секоја колективна станбена зграда мора да има управител назначен од Советот на станари во секој влез. Тоа налага регистрирање на Совет на станари, што пак условува секоја станбена зграда да се регистрира како Здружение на граѓани, да има книговодител и секоја година да прави завршна сметка. Управителот е лице кое треба да работи на волонтерска основа. Се разбира сето тоа повлекува соодветни трошо-

За сума од 150 денари по семејство комплетно ги управуваме зградите

ци кои треба да ги намируваат станарите. Втората можност е управувањето со зградите да се довери на правен субјект кое ќе се јави како овластено – трето лице. Во градот постојат два такви правни субјекти, еден од нив е нашата ЕНТЕР ЕКСТЕР – НА. Колку штипјани кои живеат во колективни станбени згради ја бараат вашата услуга? -Градот, според една анализа има над 400 влеза со 8.000 станбени единици во колективните станбени згради.Ние управуваме со 45 влеза во кои има 700 стана. Од

ден на ден нашите услуги стануваат се повеќе барани, што говори дека кај нашите сограѓани јакне свеста за почитување на законитоста и за уредното одржување на заедничките простории во колективните станбени објекти. Која е цената на она што вие го сработувате во интерес на станарите? -Станарите плаќаат по 150 денари месечно од стан. За таа цена тие добиваат комплетен хигиенски третман на сите заеднички простории со еколошки хигиенски средства. Добиваат стручно управување со зградите, зас-

Соработка на нашиот Универзитет со Универзитетот во источно Сараево

У

ниверзитетот „Гоце Делчев“ потпиша Договор за соработка со Универзитетот во Источно Сараево (БиХ). При потпишувањето на Договорот, ректорот проф. д-р Саша Митрев истакна дека договорите што УГД ги воспоставува со универзитети од целиот свет се од исклучително значење за студентите и нивната размена. - УГД продолжува да ја шири меѓународната соработка, со цел нашите студенти да можат своето образование, во рамките на програмите кои постојат, како што е Еразмус, да поминат извесно време и надвор од

Македонија. Со проректорот од Универзитетот во Источно Сараево потпишавме Договор со што ја официјализиравме соработката. Се надевам дека нашата соработка ќе биде поинтензивна, затоа што ние соработуваме и во рамките на Темпус проект - изјави ректорот на УГД, проф. д-р Саша Митрев. Проректорот на Универзитетот во Источно Сараево, исто така, го истакна значењето на воспоставената соработка за двата универзитета, што ќе оди во насока на размена на студенти, кадар, литература и работа на проекти.

Штип е во една експанзија во изградбата на нови станбени згради. Во моментов во градот се градат 300 нови станови. Се подготвувате ли и за нив ако се знае дека тоа ќе биде голем предизвик? -Управувањето со зградите не значи само чистење на истите, иако чистиот, добро осветлен влез, со активни домофони и лифтови остава најголем впечаток. Управувањето е всушност давање на комплетна услуга на задоволство на станарите. За тоа се свесни и новите инвеститори и со сите од нив ние сме во преговори за одржување на заедничките простории. Во такви преговори сме и со ЈП за стопанисување со станбен и деловен фонд во општината. За тоа, со дел од нив веќе имаме потпишано меморандуми за соработка. Дел од зградите, посебно во колективните простории, беа во прилич-

Потпишавме меморандуми и за одржување на зградите во изградба има и такви случаи. Прво усно ги потсетуваме луѓето на обврската, ако нема резултат праќаме опомена а дури тре та варијанта ни е работите да ги решаваме на суд и преку извршители. Тоа не е добро за станарите пред се бидејќи, во таков случај сумата се зголемува за десет пати. Сепак, во најголем број случаи ние управувме со згради во кои наплатата е стопроцентна. Во такви згради, по извесен период ние даваме гратис услуги како бесплатно обелување на влезот, бојадисување на огради, замена на делови и слично.

- Пред еден месец технолошките факултети на двата у н и ве рз и тета потпишаа договори за соработка, а сега потпишавме договори и на ниво на Уни верзитетот за заеднички проекти - изјави проф. д-р Радослав Грубич, проректор на Универзитетот во Источно Сараево. Ова не е прв универзитет од Босна и Херцеговина со којшто УГД воспоставува соработка, до сега се воспоставени соработки со повеќе од 40 универзитети од целиот свет. На студентите од УГД им се зголемени

но лоша општа состојба. Како се справувате со тој проблем? -Можам да кажам дека во половина од зградите ние целосно го заменивме, односно репариравме осветлувањето. Тоа го направивме во договор со Советот на станари при што плаќањето е на две рати.Чисти и уредни простори, убаво осветлени, домофони и лифтови кои функционираат 24 часа во денот, тоа е она кое ние го обезбедуваме како агенција. Луѓето се задоволни и тоа нас дополнително не мотивира.

шансите за студиски престој во некој универзитет во странство, а во исто време им се овозможува и на странските студенти да поминат одредено време на штипскиот универзитет. Игор Стојанов


4

INTERVJU

[tipski Glas, Juni, 2012 br. 33

ИНТЕРВЈУ: НИКОЛАЈЧО НИКОЛОВ,ЗАМЕНИК ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА РУДНИКОТ ЗА БАКАР „БУЧИМ“ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА РУДАРСТВО ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Тука сме не само заради профитот, туку и заради единството со народот

Р

уската компанија „Солвеј“ ја живее осмата година од моментот кога на меѓународен јавен тендер ја даде најповолната понуда за купување на единствениот рудник за бакар „Бучим“ во близина на Радовиш. Големиот рударски капацитет кој беше во фаза на распаѓање, во „Солвеј“ доби силен и одговорен инвеститор кој, за мошне кусо време, го стави „Бучим“ на 11-то место меѓу стоте топ извозници во нашата држава. Рускиот инвеститор „Солвеј“, со седиште во Москва, го купи и рудникот за олово и цинк „Саса“ кој е на шестото место меѓу стоте најголеми извозници во Република Македонија. Ова е повод повеќе за разговор со Николајчо Николов, заменик генерален директор во „Бучим“ кој е најзаслужен за доаѓањето на руската компанија во нашата држава.

калитетот „Боров Дол“ во атарот на општините Конче и Штип каде, за археолошки истражување дадовме 60.000 евра на Музејот во Штип. Таа спремност на „Солвеј“ постојано да инвестира во Република Македонија само ни ја потврдува решеноста на компанијата овде да остане подолго време. Речиси сите овие години „Бучим“ работи со добивка. Каков е Вашиот однос кон дивидендата? -Целата добивка ја реинвестираме. Тоа е така сите овие години. Таква одлука има донесено централата на „Солвеј“ во Москва. Инвестирање во иднината, тоа е филозофијата на компанијата која ние, како најодговорни за рудникот, на чело со генералниот директор Васил Борутскиј, доследно ја реализираме. А тоа значи секогаш и само најсовремена рударска опрема, нови работни места, солидни плати на Г-дин Николово, факт е рударите. Со еден збор – иддека во Македонија а по- нина. себно во Радовиш пос-Помалку или повеќе тои големо задоволстсветската економска во од начинот на кој криза се почувствува и функционира рудникот, во нашава држава. Како од решеноста на инвестаа се одрази врз работиторот постојано да тењето на „Бучим“? вложува во неговиот -Ние сме дел од сверазвој но и во отворањето нови наоѓалишта на тот и не е можно светските бакар во нашата држава. економски процеси да не Кога сега ги сумирате одминат туку – така. Но, со дорезултатите, би сакале бра, упорна и квалитетна рада ни кажете за кои и бота на сите 670 вработени, колкави инвестиции се со добра организација, со силна посветеност на раководработи? -„Бучим“ во рамките на ството успевавме да ги аморсемејството на „Солвеј“ започ- тизираме ударите од кризата. на да работи во 2005 година. Успешниот тренд на остваруОд тој момент до денес во вање на планираното произрудникот се инвестирани над водство продолжува и годи30 милиони евра. Овие сред- нава иако имавме жестока ства во континуитет се вложу- зима, што на рудниците кои вани во најсовремена руднич- работат со отворени копови ка технологија како за копови- им носи многу проблеми. За те исто така и за флотацијата. тоа најзаслужени се нашите Тоа ни овозможи да дојдеме рудари кои храбро ги издржаа до производство од - 7.000 до предизвиците а на кое јас, и 8.000 тони катоден бакар на во оваа прилика, им ја искажугодишно ниво. Целото произ- вам сета благодарност. Сведоци сме, господин водство е за извоз што не Николов, на постојан вброи во респектибилното раст на цените на главдруштво од сто топ извоници ните енергенси кои се од Македонија. Но, ние тука значајна ставка во ценане застануваме. Во близина та на Вашиот производ. на Пехчево траат геолошките Кој е вашиот став во истражни работи и таму, тоа е однос на оваа состојба? сосема сигурно, ќе никне нов -Апсолутно сте во прарудник за оксиден бакар. Тоа ќе биде нова инвестиција од во кога го поставувате ова 100 милиони евра, ќе се отво- прашање како проблем. Во рат најмлаку стотина работни првите два месеци од годинаместа, а за тоа колкаво ќе би- ва бевме непријатно изненаде производството ќе можеме дени од зголемувањето на да говориме кон крајот на го- цената на електричната енердинава, кога ќе завршат ис- гија. Сакам да посочам дека тражните работи на „Кадии- ние имаме договор за снабдуца“. Во исто време вршиме вање со струја од Бугарија, но геолошки истражувања во ло- таму во месец декември и ја-

те услови го дозволат тоа, во делот на платите да интервенираме и во второто полугодие од тековната година. Инаку, сакам да бидам прецизен: покрај вработените, од работата на рудникот егзистираат и поголем број семејства во градот, околината и државата, а за рудникот возат и 20 камиони од Радовиш, што значи дека дваесет нивни возачи и нивните семејства живеат од „Бучим“. нуари, поради штрајкови и поплави, во еден период беше прекинат извозот на струја. Тоа не примора со струја да се знабдуваме од други страни но по многу повисоки цени бидејќи со нив немавме договор. Тоа нам ни причини голема финансиска штета, посебно ако се знае дека електричната енергија, во вкупна цена на нашиот производ учествува со 30 проценти. Посебна е прикаската во однос на нафтата која во цената на бакарот учествува со 9 проценти. Постојаното зголемување на нејзината цена го зголемува и нејзиниот удел во вкупната цена на нашиот производ. Ние стравуваме од можната реализација на заканите кон Иран што, доколку истите се реализираат, може да предизвика ново, драстично зголемува на цената на нафтата. За нас утешително е тоа што, и покрај падот кој се случи деновиве, цената на бакарот на светската берза е во границите кои ни овозможуваат профитабилно работење. Добрата работа, позитивните финансиски резултати треба да носат бенефити за вработените. Како „Бучим“ стои во овој сегмент? -Во рудникот денес работат над 670 лица, заедно со обезбедувањето и исхраната. Просечната нето плата е 450 евра, имаме одличен ресторан со најдобра и најквалитетна храна за рударите за кои ја обезбедуваме најдобрата лична и колективна заштита при работа. За менаџерскиот тим вработените, не само декларативно туку и суштински се прашање од највисок приоритет. Во однос на платите го следиме порастот на трошоците на живот и со ист процент ја зголемуваме висината на платата. За минатата година Заводот за статистика излезе до податок дека цената на прехранбените производи била зголемена за три проценти за колку и ние ја зголемивме платата. Ќе направиме напори, доколку финансиски-

Во осумгодишното присуство во Македонија, како менаџерски тим сработивте една за нашата економија и за социјалната стабилност на Радовиш голема работа.Дури и во многу тешки услови на стопанисување, какви што беа во 2008 и 2009 година ги завршивте позитивно. Во 2010 година, која беше една од најризичните од аспект на работата на рудничките капацитети во последната деценија, Вие донесовте долгорочен план за работа на рудникот до 2019 година. Добра стратегија, визионерство, одговорен сопственик или. Поставувате повеќе значајни прашања па мојот одговор ќе биде редоследен. Прво, точно е тоа дека ние во сите изминати години работиме и остваруваме позитивни резултати. Благодарејќи на развојната филозофија на „Солвеј“ и на менаџерскиот тим во рудникот, ние успеавме паднатиот на колена гигант да го кренеме на нозе, да го поставиме на здрави, ветувачки основи. Сето тоа не беше воопшто лесна работа. Требаше на „Бучим“ да му го вратиме авторитетот кој некогаш го имал во деловниот свет. А тоа значеше силна посветеност, многу работа, постојано бдеење над производството, квалитетот. Таквиот пристап ни овозможи 2009 година, која беше најкритична, да ја претвориме во надежна што ни даде мотив повеќе за изработка на планот за работа во наредните десет години, односно до 2019 година. Во целата оваа работа не смее да се изостави фактот дека во нашиот рудник експлоатираме апсолутно најсиромашна бакарна руда во светот што не доведува до состојба, при евентуална свеска криза, ние да бидеме најмногу погодени.

на минатата година го остваривте првото производство на катоден бакар што е прво вакво производство во Македонија. Дали е тоа круна на успешното работење на рудникот? -Тој деловен потфат за нас е посебна гордост. Во новата фабрика за лужење и производство на катоден бакар инвестиравме 11 милиони евра, вработени се 65 лица а овој потег е значаен и по тоа што реши еден стар и голем еколошки проблем со загадувањето на водите во бучимското подрачје. Засега фабриката работи со половина капацитет а ние очекуваме до крајот на годината да го оствариме проектираниот капацитет од 2.400 тони катоден бакар на годишно ниво. Се заедно, во догледно време, благодарејќи на влезот на „Солвеј“ во македонското рударство ќе имаме годишно производство од над 10.000 тони оксиден и 8.000 тони катоден бакар. Нешто за релацијата „Бучим“ - градот Радовиш? Вие важите за општествено најодговорна компанија во Македонија. Иако инвеститорот е странец вие постојано ги помагате културата, спортот и здравството во градот. -Во Радовиш подржуваме многу нешта од значење за граѓаните. Спонзорираме спорт, култура, градинки, здравство. Се сметаме за општествено одговорна компанија која води сметка и за благородните аспекти на животот во градот во кој е рудникот. Ние во Радовиш не сме само поради профитот иако тој е основната цел на секоја инвестиција. Ние сме тука и за оствариме единство со луѓето и нивните потреби. Ако не вложевме 50.000 евра во реконструкција на спортскиот центар „25 мај“ немаше да ја имаме угледната спортска манифестација во борењето „Македонски бисер“ на која за најуспешен борач беше прогласен штипскиот борач Дејан Митров.

Кога „Бучим“ ќе го видиме и во Штип? -Упорно и посветено работиме на отворање на новиот рудник „Боров Дол“ кој е во општините Штип и Конче. За најмногу пет години и Штип ќе стане рударски град што секако е добро бидејќи на овој Во однос на новите регионален центар ќе му нови инвестиции кон крајот големи бенефити.


[tipski Glas, Juni, 2012 br. 33

5

POLITIKA

Месните комитети се базата на ВМРО – ДПМНЕ ■ Секоја акција, секое движење, секоја идеја започнува од Месните комитети на партијата. Активностите не се инцидентни туку резултат на осмислена програма, вели Иле Митров, претседател на прес центарот на оваа партија

С

вежина и проветрување, мноштво нови идеи значајни за нашата иднина, за поубав живот. Тоа е квалитетот кој го донесе новиот бран во нашата партија ВМРО – ДПМНЕ на општинско ниво. Ова, во разговор за нашиот весник го потенцира Иле Митров, претседател на прес центарот на партијата во Штип. Според Митров, со назначувањето за нов координатор на Општинскиот комитет, Никола Мицевски донел нова

енергија кај членството. „Мицевски е поставен пред нови предизвици а и тој самиот постави нови стандарди во работата на членството, работа која се остварува преку Месните комитети. Нашиот претседател својата доверба ја укажа на 29 партиски членови кои ги именува во новиот состав на Општинскиот комитет. Тоа е една нова, голема, креативна енергија која внесува нови идеи и свежина во нашата работа. Во ова време имавме состаноци во сите Месни

комитети кои се базата на нашата партија ВМРО – ДПМНЕ, од каде потекнуваат многу нови предлози како да се подобри состојбата во градот“, вели Митров. Во повеќе нови Месни комитети за кои партиското раководство оценило дека е потребно освежување добиле нови претседатели. „Мицевски ги посети сите Месни комитети, сите урбани заедници каде пред голем број граѓани ја промовираше новата визија за Штип како централно прашање кое произлегува од нашата програма. Всушност, во изминатиот период се работеше многу, на терен а не во канцеларија, меѓу луѓето и тоа не само меѓу партиското членство. Ова бидејќи ВМРО – ДПМНЕ е отворена партија за сите граѓани, партија насоче-

на кон колективните интереси на штипјани“, појаснува Митров. Според нашиот соговорник, во изминатите неколку месеци многу енергија била вложена во реорганизацијата на внатрепартиските редови, како и на анимирање на сопственото членство. Се со цел уште повеќе да се доближи до граѓаните ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период организираше бројни акции, манифестации и трибини. Меѓу позначајните се „Ден на Европа, чекор до нејзино приближување“, “Македонија аграрна држава – условите на Република .Македонија за вложување во аграрот”, одржана е Свечена академија во чест на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј... Митров укажува дека тие

ги повикале сите граѓани да ги споделат своите идеи за поубав Штип, спроведена е акцијата „Ден на идеи“. Партиски активисти се дружеле со граѓани на Градскиот пазар, во населба 8 - ми Ноември, кај Стопанска банка, во населба Сењак, кај Кртеќе...Комисијата за земјоделство перманентно беше ангажирана на давање бесплатни совети на земјоделците, Унијата на жени имаше активности за заштита на децата од насилство, се организираше акција за чистење на зелените површини во градот. Големо внимание привлече акцијата под наслов „Остави ја цигарата – земи јаболка“. Со активности од овој тип ќе продолжиме и во иднина, порачува Иле Митров.

СДСМ НА 16 и 17 ЈУНИ НА СРЕДБА СО ШТИПЈАНИ В

о својот политички поход чија цел е да ги убеди граѓаните дека ВМРО – ДПМНЕ повеќе на ја заслужува довербата на граѓаните и дека СДСМ е старо – новата алтернатива, а во рамките на мартовските избори за нови локални власти, македонските социјалдемократи, на 16 и 17 овој месец ќе бидат во Штип. -Екипата на чело со

лошевски, лидер на штипските социјалдемократи. На собирот во Штип ќе биде истакнат кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип. Во штипската јавност се вртат повеќе имиња но ние не сакаме да шпекулираме во однос на ова битно политичко прашање. -Со одлична организација и за само една недела ја

правници, докажани економисти, појаснува Милошевски. Според Статутот на Партијата до 17 јуни ќе заседава Кадровската комисија по што Извршниот одбор ќе ги разгледа кандидатурите, истите ќе ги редуцира на едно до најмногу пет имиња кои ќе бидат доставени до централата на партијата во Скопје која ќе го врати списокот со само ед-

кој ќе го загуши центарот на градот кој ќе остане без својот животен вентил какво што е коритото на реката Отиња. Како и во Струмица и

началник на десет месеци пред изборите време кое тој ќе го посвети на средби и разговори со граѓаните пред кои ќе ја презентира својата про-

завршивме постапката за предлагање кандидати за носител на функцијата градоначалник од нашата партија. Таква дебата се водеше во 52 Месни одбора на партијата при што се евидентирани десет кандидатури. Меѓу нив се и поранешни но и актуелни партиски и општински функционери, има познати здравствени работници, угледни

но име кое ќе биде прифатено на конференцијата на Општинската организација. Милошевски е со став дека актуелната штипска локална власт ги преспала трите години од својот мандат. „На десет месеци пред изборите нашата штипска власт го претвори центарот на градот во мини градилиште. Ние сметаме дека се работи за потфат

Велес највисокото партиско раководство на СДСМ ден пред митингот ќе спие во приватни куќи. Сосема сигурно е дека тоа ќе биде кај членови на нивната партија. На ваков начин СДСМ сакала да докаже дека е партија блиска до народот, која води интерес за истиот тој народ. -Излегуваме со името на нашиот кандидат за градо-

грама за иднината на градот. И со овој чин СДСМ докажува дека нема што да крие од својот народ и дека градоначалникот од нашите редови својата програма за Штип и општината ќе ја базира токму на она што како потреба ќе биде истакнато на неговите средби со граѓаните на општина Штип, посочува Влатко Милошевски. ■

■ ВЛАТКО МИЛОШЕВСКИ: Во 52 Месни одбора на партијата евидентирани се десетмина кандидати на партијата за градоначалник, меѓу нив има поранешни и актуелни партиски и општински функционери.

В. Милошев

лидерот Бранко Црвенковски на 16 овој месец ќе ги посети сите наши урбани заедници и сите села. Ќе разговараме со граѓаните за тоа што ги мачи, ќе им ја презентираме нашата програма за подобар и почесен живот. Расположението на штипјани ни дава голема надеж во сигурна победа на мартовските избори за нова локална власт, вели Влатко Ми-


6 ■ Од вкупно сторени 524 кривични дела во 2011 година 178 се дело на припадници на ромската заедница. Истражувавме за причините на оваа опасна појава кај нашите роми

С

о странски донации пред десеттина и повеќе години беа формирани повеќе невладини организации на ромската заедница во градот. Нивна задача и цел беше и е да работат на унапредување на правата но, во исто време и на одговорностите на ромите во рамките на нашата заедница. ОД ЛОШО – ПОЛОШО Сепак, во однос на одговорноста на ромската заедница, од година во година резултатите стануваа се позагрижувачки. Според една анализа на СВР Штип, токму во последните три години станува се поизразена појавата како сторители на кривични дела да се јавуваат поголем дел лица од оваа етничка заедница. Анализата говори дека во текот на 2010 година, од вкупно сторени 524 кривични дела дури 178 се од ромската националност. Тоа говори дека население кое на територијата на општината е застапено со 4,6 проценти (од вкупно 47.796 жители во општината 2.195 се од ромска националност) во сторените кривични дела учествува со 30 проценти! Оваа исклучително висока стапка на криминалитет се одржува последниве три години. Проблемот го актуализира прашањето што тоа се случува во ромската заедница во општината, и како невладините здруженија формирани од угледни роми во градот си ја одработуваат агендата во однос на одговорноста на ромското население кон општите вредности во општеството. Целата оваа загрижувачка состојба ја проблематизира и податокот од полициската анализа дека се поизразена е појавата на кривичните дела разбојништва и дела против половата слобода, при

Во заедницата застапени со 4,6 проценти, во криминалот со една третина чие извршување се манифестира особена грубост и бескрупулозност а чии извршители, исто така се роми. Најчеста мета на криминалните активности на оваа популација се делата од општиот криминалитет. Објект на нивни напади се туѓите имоти, пред се металните предмети кои ги продаваат на откупните пунктови. Овие предмети најчесто немаат голема материјална вредност, но затоа пак претставуваат опасност за граѓаните и предизвикуваат дополнителни штети. Интерес е и фактот дека меѓу сторителите на вакви дела се и седум деца. НИШТО БЕЗ ОБРАЗОВАНИЕ Енисе Демирова е претседателка на невладиното здружение „Черења“. Нејзин став е дека без образование во кое ќе биде опфатена младата ромска популација овие проблеми нема да можат да бидат надминати. Таа се повикува на искуството и резултатите кои во рамките на ромската заедница ги остварувало ова здружение во поранешниот период. -До пред четири – пет години нашето здружени до-

биваше финансиска поддршка и можеше да реализира проекти од значење за младите роми. Во 1996 година и во периодот 2004/05 година,

Медијаторството заживува, нови лица ќе арбитрираат и помируваат С ■ По шест години медијаторството дури сега заживува, нови луѓе ќе посредуваат помеѓу работодавачите и работниците

[tipski Glas, Juni, 2012 br. 33

AKTUELNO

огласно новиот Закон за мирно решавање на спорови од работен однос неколкумина штипјани се стекнаа со сертификат за арбитри и помирувачи. Тие ќе посредуваат помеѓу работодавачите и работниците во спорови кои ќе се обидат да ги решат на обострано задоволство пред евентуално некоја од странки-

Енисе Демирова

основно и за средно образование, 70 деца се здобија со основно а дваесет со средно образование. Најголем дел од нив денес работат во штипските претпријатија и се одговорни граѓани во нашата заедница. Тоа ни говори дека образованието е главниот адут за создавање здрава и коректна млада личност. На жалост, веќе четири години ние не добиваме финансиски средства од никаде и не сме во состојба да работиме на полето на образованието и едукацијата на децата и на младите од ромската заедница, вели Демирова.

само ги искараш или се обидуваш да ги советуваш за нешто тие ти се закануваат. Ние сакаме да правиме програми, да ги мотивираме децата на благородни работи, но за на тоа поле да се работи во континуитет потребни се пари. А ние нив ги немаме. „Черења“ е подготвена, ако се најдат финансиски средства, да ги прибере сите проблематични деца, да ги тргне од улица и да ги вклучи во воспитно образовниот процес. Покрај ова социјалните служби не си ја работат својата работа, тие во ромското маало никогаш не дошле, додека во Европа социјалните работници постоја-

СОЦИЈАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ НЕ ДОЈДОА

ДОЛГИ ПОСТАПКИ

Пред околу два месеци бил фатен млад насилник. Полицијата дошла веднаш а биле повикани и социјални работници од Центарот за социјална работа. Но, тие воопшто не дошле со изговор дека им е страв да влезат во „таква куќа“, вели Демирова.

Откако ќе ги расчисти случаите СВР Штип редовно поднесува соодветни поднесоци до Основното јавно обвинителство но постапките во однос на координацијата со Центарот за социјална работа траат многу долго поради што на малолетните прекршители не им се изрекува мерка па тие продолжуваат со своите криминални активности.

во наша организација и со наша поддршка, во две основни училишта вклучивме 93 деца од ромската популација. Во исто време, преку курсеви за

ПРЕПУШТЕНИ САМИ НА СЕБЕ Според анализата на „Черења“ немањето домашно воспитание, слабото образовно ниво, мизерните услови во кои живеат ромите се главниот елемент кој придонесува за тоа голем дел од ромите да се свртат кон криминални активности. „Децата се препуштени сами на себе додека нивните родители копаат по контејнерите или заминуваат во други места да работат и спечалат парче леб. Во ромската населба гледаме многу деца препуштени сами на себе. Кога родителите одат на полски работи надвор од градот со себе ги носат и децата па тие 4-5 месеци во годината се надвор од училиштата. Најголемиот проблем е тоа што децата стануваат се понасилни па ако

те во спорот да оди на суд. И додека оваа нова функција допрва ќе ги докажува своите можности, медијаторството кое е воведено за вонсудски да се решаваат спорови од доменот на малолетничката правда и сите останати допрва заживува. -Иако од воведувањето на медијаторството изминаа шест години слободно можам да кажам дека тоа дури сега заживува. Штип има четворица квалификувани медијатори а јас, во својата пракса како медијатор специјалист за малолетничка правда имам

постапувано по три предмети и сите три се решени без да се оди на суд. Со тоа граѓаните се спасуваат од големи судски трошоци а судовите кои и така се преоптоварени со предмети добиваат поддршка од медијаторите, вели Панче Анчев, познат штипски адвокат. Судот има можност странките да ги упати на медијација а медијаторите посредуваат помеѓу две странки кои спорат за некоја работа и се решиле истата да ја расчистуваат по судски пат. Медијаторите го скратуваат времето на таквите постапки но и трошоците кои, кога се во прашање нашите судови не се во-

но се меѓу проблематичните групи“, појаснува Енисе Демирова. НИ КАТАНЕЦОТ НЕ ПОМОГНА Драги Антонов, сопственик на продавницата за прехранбени производи „Палестина“ сместена во ромското маало, имал големи проблеми со честите кражби кои на неговиот автомобил Лада му биле вршени. Ми биле крадени акумулатори и други делови од возилото. Со намера да си го заштити имотот Драги зел поголем катанец и ја заклучил хаубата. Но, само неколку денови потоа, тој констатирал дека возилото пак му останало без акумулатор. Крадците со употреба на дигалка ја свиле хаубата и го украле акумулаторот! општо наивни. -Медијацијата во овие шест години не заживеа бидејќи ние во Македонија немаме Комора на медијатори, нема пари за едукација. Сега се чувствува едно заживување и се надеваме дека многу луѓе без да одат на суд ќе ги решаваат меѓусебните спорови. Ќе видиме што добро ќе донесе и новиот Закон за мирно решавање на споровите меѓу работниците и работодавачите. Лично се надевам дека се ќе се одвива во полза на граѓаните, на работниците и на работодавачите, појаснува Панче Анчев.


[tipski Glas, Juni, 2012 br. 33

7

JAVNI PRETPRIJATIJA STOPANSTVO

Јавните претпријатија продолжија со летните активности

*Во повеќе населби се уредуваат многу нови паркови и детски игралишта, се поставуваат клупи за одмор, декоративни стебла, жардињери...

Е

кипи на ЈП „Исар“ летово продолжуваат со уредување на јавните површини во повеќе делови во градот и приградските населби. Активностите се реализираат според проектите на јавното претпријатие и се резултат на потребите на граѓаните. Во приградската населба Брегалничка, парковската содржина веќе е уредена, останува само да се постават клупи, каде возрасните ќе можат да го поминуваат своето слободно време, додека најмладите ќе играат на детско игралиште, каде се реконструирани постоечките елементи, а поставен е и нов слој на песок. Завршено е и со реконструирање и облагородувањето на елементите на детските игралишта и во населбите Балканска и Три Чешми, со поставување на нов слој песок и паркови содржини. Деновиве ангажираните во РЕ Паркови и зеленило го реконструираа и постоечкото детско игралиште на К`ртеке, а работеа и на детското игралиште и уредување на паркот во Блок 85. Со цел да се облагороди уште еден дел во центарот на градот, од РЕ Паркови и зеленило работат на уредување на парк кај спортската сала на ОУ „Ванчо Прке“ и спроти детската градинка „Вера Циривири-Трена“. Тоа е

дел од градот кој до неодамна беше обраснат со трева и грмушки и претставуваше ругло. Според планот и програмата на ЈП Исар, предвидена е нова парковска површина со клупи и декоративни стебла пред зградата спроти градскиот пазар, а во непосредна близина на Огледалото веќе е подготвено да се засади трева а во поставените жардињери да се постави цветен насад.

Исто така, сите локации ќе бидат уредени со пристапни патеки, декоративни садници и жардињери, а на поединечни места ќе има и јавни чешми.

На сите новооформени локации ќе бидат поставени и нови корпи за отпадоци. Станува збор за дел од стотината нови бетонски корпи за отпадоци, кои моментално се изработуваат и кои се наменети да се поставуваат во централниот дел на градот, односно секаде каде има потреба.

на од 250 метри на потегот од Огледалото кон Штипски сокак, веќе е завршена, како и 300 метри нова канализациона мрежа. Со оваа активност на РЕ Водовод и канализација, чија вкупна вредност изнесува 2,4 милиони денари, а која започна на 27 Март годинава, кон новите мрежи приклучени

-Улицата е во должина од 60 метри и нејзината бетонска подлога ќе биде покриена со природен камен. Тоа на овој простор ќе му даде автентичност, топлина, ќе се долови стариот амбиент на овој дел од градот, вели Тони Јанев, првиот човек на ЈП „Штип проект“. Според Јанев штипјани, посебно помладите генерации, ќе го живеат сонот од минатото. Во оваа улица се наоѓаат неколку пицерии, пекара, овде има деловни објекти во кои се сместени невладини организации, трговски дуќани. -Во овој период го привршуваме нашиот дел од активностите на улицата „Ванчо Прке“. Тоа е уредување на Штипски сокак како од тротоарите и обнова на елекстарите времиња тричната инсталација, активности кои планираме да ги завршиме до крајот на овој месец. ЈП „Исар“ на оваа улица ги смени застарените и веќе забранети азбестни водоводни цевки и постави нова канализациона мрежа, па со заеднички сили ги решаваме Тони Јанев големите проблеми на оваа Наскоро ќе започнат улица во срцето на градот, активностите на уредување на вели Јанев.

Овој месец започнува изградбата на „Џонсон контролс“

ми“ забележавме голема раздвиженост. Многу механизација и многу работници работеа на две локации. Едните ја подготвуваа главната сообраќајница од 2,2 километри за асфалтирарање, другите работе на плацот на кој ќе се гради првата фабрика во зоната, фабриката за производство на навлаки за автомобислки седишта на „Џонсон контролс“. Ова фабрика на познатата американска компаниј под објекти ќе има површина од 12.500 метри квадратни и треба да биде пуштена во работа во месец мај, идната година. Според најавите од одговорните изградбата ќе чини 6,5 милиони евра а во фабриката ќе има работа за 1.427 работници. Индустриската зона

кај Штип започна да се гради на 27 март 2010 година, кога премиерот Никола Груевски лично, го постави камен темелникот. Во таа пригода Груевски најави дека зоната ќе била готова за една година и во нејзинатра изградба Владата издвоила седум милиони евра. Но, во месец февруари минатата година работите на индустриската зона беа прекинати а изведувачите си ги беа повлекле машините. Таа состојба траеше се до пред крајот на минатата година кога на зоната повторно се работеше за од пред два месеци интензитетот на работите да биде на ниво на кое досега не бил. Оваа индустриска зона, според вицепремиерот Владимир Пешевски, ќе биде

втора по големина, веднаш после зоната „Бунарџик“. Во неа ќе има локации за 50 фабрики во кои, според Пешевски, ќе имало 10.000 работници. „Џонсон контролс“, како светски позната компанија, требало да повлече нога, односно да биде мотив за поголем број странски компании да ја одберат оваа зона за место на кое би посакале да инвестираат во свои капацитети. Оваа зона, според премиерот Груевски, ќе имала регионално значење бидејќи е на локација која сообраќајно е поврзана со Виница, Кочани, Пробиштип, Свети Николе, Лозово, Штип и Радовиш. „Џонсон контролс“ во Штип започна со работа пред околу осум месеци. За почеток

О

вој месец се очекува и официјално да започне изградбата на фабриката на „Џонсон контролс“ во индустриската зона кај Штип. Неа ќе ја гради познатата штипска фирма „Актива“ која ќе има задача во рок од една година да ги заврши сите работи за фабриката да ги прими работниците. При нашата посета на индустриската зона „Три Чеш-

Завршена реконструкција на мрежата на улицата „Ванчо Прке“ Реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата Ванчо Прке, поставена пред половина век, во должи-

се сите постоечки објекти на тој потег. Лидија Коцева, раководител на оваа Работна единица, вели дека реконструирањето на канализационата мрежа, кое според проценките требаше да заврши на 25 Мај беше пролонгирано поради неповолните временски услови, но и непредвидениот ископ на петта категорија земјиште (подземна карпа). Сите активности кои ЈП Исар ги имаше на оваа локација ќе завршат до крајот на првата недела на месец Јуни. Средствата се обезбедени од Општина Штип. ЈП Исар им се заблагодарува на граѓаните на општина Штип, посебно оние кои живеат на потегот од Огледалото до Штипски сокак, за разбирањето и трпението кое го имаа додека беше во тек реконструкцијата на водоводната и канализациона мрежа на оваа улица..

познатата улица Штипски сокак. Идејата на ЈП „Штип Проект“ е овој простор од 300 метри квадратни да се уреди на начин кој би му дал автентичност, како од старите времиња на градот.

беше одбрана една хала во поранешната текстилна фабрика „Политекс“ каде на работа се примени пеесетина млади штипјани. Првите производи од фабриката излегоа пред неколку месеци кога Аврам Стојчевски, одговорен за фабриката во Штип, го изрази своето задоволство од посветеноста на вработените и квалитетот на производеното наменето за автомобилската индустрија.


8

КАБИНЕТ

[tipski Glas, Juni, 2012 br. 33

Сите луѓе на градоначалникот мации го има речено следново: сите велат дека би требало да бидеме информирани а јас би сакал да не го знам и она што веќе го знам“, ни вели еден средовечен штипјанец кој смета дека локалците премногу ги има во медиумите! Сите членови на кабинетот целото работно време се на своите работни места иако поголем дел од нив можат да излезат надвор по некоја службена потреба. Само Цвета Кашикова која е задолжена за протоколот мора постојано да е на работното место. „Преку Кашикова одат сите најави за посети на градоначалникот. Таа е првото лице кои луѓето кога влегуваат во

градоначалникот најчесто се пијат сокови, кафе и чај. Овде можат да се видат и убаво пакувани вина од штипски винарии но тие се само за очите на гостите.„Градоначалникот често, пред домашни и странски гости, става од штипските вина и го фали нивниот квалитет. Во кабинетот не се служи алкохол, градоначалникот преку зимо пие чај а преку лето најчесто вода поретко сок. Другите членови на кабинетот за време на состанокот преферираат кафе и вода“, информира човек запознаен со ваквите ритуали во кабинетот на Алексов. Но, со кого најмногу телефонски сака да контактира нашиот градоначалник кога

Санева

Ристов

Кашикова

Ристова-Михајловска

Тие се лицата кои најчесто ги гледаме на ТВ и ги слушаме на радио. „Се плашам дека ако го отворам куферот да се пакувам за одмор од него ќе ми излезат овие двајца“, коментира еден средовечен штипјанец. Но, факт е дека се

кабинетот ќе го видат. Но, за тоа дали некој ќе влезе или не кај првиот граѓанин на Штип одлучува Снежана Санева, а ако таа е отсутна тоа станува обврска на Милена Ристова – Михајловска“, појаснува еден од членовите на кабинетот. Градоначалникот, сепак, знае и да се налути на некој од најблиските соработници и да го зголеми тонот. „Па и тој е човек, одговорна личност која сака работите да одат така како што е договорено. Најмногу им е лут на оние кои навреме и квалитетно не си ја завршуваат работата а за тоа примат пристојна плата. Таквите негови настапи се ретки бидејќи најчесто кај Алексов преовладува позитивната енергија. Но, зголемениот тон на неговиот глас како најавторитетна и најодговорна личност во градот е многу ретка“, говорат луѓе од најтесното негово службено опкружување. На состаноците на членовите на кабинетот кај

е на службен пат? “Ако е во прашање некаква организација тогаш се слуша со шефот на кабинетот Санева која потоа ги организира работите. Доколку постои специфична ситуација која предвидува доаѓање на некоја делегација тогаш контактира со лицето за протокол Цвета Кашикова. Постојат и директни контакти со раководители на одделенија и сектори. Колку кабинетот на градоначалникот води сметка за тоа што печатот пишува за градот? Благодарение на Драган Ристов, новинар по образование и вокација, сите весници наутро се на неговото биро. „Правам преглед на дневниот печат, ги издвојувам написите за Штип, од 2009 година наваму се што е напишано за нашиот град е архивирано и сочувано. Секое утро написите спакувани во посебна папка му ги давам на градоначалникот со моја препорака што од тоа е поважно, на што треба да се обрне внимание“,

„с“ од самобендисаност. „Тој е човек во секоја смисла на зборот. Не оти е градоначалник, еден ден нема да биде тоа, ама тоа што тој како квалитет го има во себе секако е нешто што ќе го цениме цел живот“, велат најблиските соработници. Многу штипјани доаѓаат кај градоначалникот барајќи само „една минута“ за разговор. Таа минута знае да се оддолжи. Од тие причини е воспоставен однос со странките прво да разговараат членовите на кабинетот и тие да ги упатат кај надлежните служби. Доколку постои потреба се организира средба и со Алексов. „Паметам еден ден имаше средба со 70 лица. Тоа е навистина исцрпувачки но градоначалникот е личност која никого не сака да одбие. Не затоа што е градоначалник туку затоа што таков му е карактерот“, велат Ристов и Ристова – Михајловска.

■ Штипски Глас открива како функционира кабинетот на градоначалникот Зоран Алексов. Кои се луѓето од негова најголема доверба, како тие функционираат како тим, кој и какви навики има, кој за што е задолжен, дали некој некому подвикнува, од кого потекнуваат идеите...

В

о кабинетот на градоначалникот го има најнеопходното. Убава мала маса со четири фотелји речиси врзана за неговото не толку големо работно биро кое оди полукружно. На бирото убав часовник, дар од некоја делегација, работен нотес, две кутии полни со пенкала, убава чинија а во неа чоколадни бомбони, пластично шише обична вода некогаш полно некогаш испиено до половина. Тука е и компјутерот, можеби неговиот најомилен предмет ако се има во предвид неговата струка – доктор по информатички науки. Во собата која ја нарекуваме и кабинет е и големата маса со дванаесет црни, удобни фотелји за разговори со гостите кои, во последните три години прилично зачестија. До прозорецот убаво аранжирано цвеќе. Тука е и еден посебен дел, една мала маса со шест фотелји на која, кога ќе дојдат гости од дома или од странство, по некое непишано правило и без прашање седнуваат новинарите. На сите страни од ѕидовите уметнички дела главно дела на штипски сликари. Градоначалникот на работа доаѓа во 8,30. Во исто време на работа доаѓаат и другите членови на кабинетот. Снежана Санева е раководител на кабинетот, Милена Ристова–Михајловска, портпарол, Драган Ристов е лице задолжено за односи со јавноста, Цвета Кашикова го води протоколот а Баже Копитовиќ е личен возач на Алексов. „Санева е десната рака на градоначалникот. Посе-

виот кабинет таква доблест или само климаат со главите аминувајќи секој и секаков негов предлог? Идеите најчесто доаѓаат од градоначалникот. „Тој е носител на идеите но сака да слушне и друго мислење. Знае да слуша, да дебатира за предлогот, да посочи и други можни решенија. Не го повишува тонот кон соговорникот од неговиот кабинет но на сите им става до знаење дека конечната одлука е негова. Алексов прибира мислења не само од членовите на кабинетот туку бара изјаснување и од стручњаците по одделни области во локалната самоуправа“, појаснува вработен кој почесто мора на консултации кај градоначалникот. Портпаролката Ристова – Михајловска и новинарот по професија Драган Ристов го регулира информативниот сообраќај помеѓу институцијата градоначалник и јавноста.

Секое утро Драган Ристов ги прелистува сите весници, ги вади текстовите за Штип и ги носи кај Алексов. Од 2009 година наваму е направена голема архива на се она кое весниците го пишувале за градот. Таа архива се чува во општината. дува одлични организаторски способности, нејзината способност за комуникација со раководителите на другите одделенија е на високо ниво, таа одлучува кој и кога може кај градоначалникот и ги закажува неговите средби“, ни открива член на кабинетот. Но, може ли некој да се спротивстави на било која идеја која доаѓа од Алексов? Имаат ли членовите на него-

вели Ристов. Какви се реакциите на градоначалникот на написи за Штип со чија содржина тој не се согласува? Ристов вели дека градоначалникот Алексов ја цени и почитува слободата на новинарите да пишуваат за Штип така како што тие гледаат на работите. „Никогаш не коментира критички интонирани текстови без оглед дали на нив има забелешки. И на новинарите кои објавуваат такви стории за градот тој секогаш им стои на располагање. Се лути, но само во потесен круг, кога зад некоја изјава стои неговото име а тој не бил прашан во однос на темата. Но, некоја поостра реакција немало“, вели Ристов. Од членовите на својот кабинет градоначалникот бара куси и јасни образложенија. Не сака „растегливи“ објаснувања. Така се штеди на време кое е најскапо за носителите на ваква функција. Членовите на кабинетот му се обраќаат со „градоначалник“ никако по име. Тоа е битно за хармонијата во кабинетот, тоа е респект кон институцијата градоначалник, појаснува друг член од најтесното опкружување на Алексов. Има луѓе кои Алексов го сметаат за самобендисан а на моменти и арогантен млад човек. Но, луѓето од неговиот кабинет велат дека се работи за личност со висока лична и општа култура во која нема ниту „а“ од ароганција и ниту

работи за елоквентни млади личности, професионалци кои мошне умешно знаат да ги пласираат информациите кои кабинетот сака да ги пласира. Па кој верува – верува. Иако во градот има и такви кои стават забелешки на честите нивни настапи на телевизија. „Го почитувам познатиот белградски афористичар Душко Радовиќ кој за прекумерното торпедирање на јавноста со инфор-


10

KOLUMNA

ПЕАЧИ

И

мав дваесетина години кога корзото во малиот град завршуваше штом сонцето ќе зајдеше. Ноќите беа долги дури и кога имаа полна месечина и безброј ѕвезди. Сите што бевме со алхемичарски намери: ноќите да ги претвораме во денови, а деновите во ноќи, дававме идеи како да се стори тоа. Најприфатливи беа оние што дружината неспанковци ја нагонуваа на серенади. Серенадата отсекогаш значела ненајавено натрапување некому посреде ноќ. Натрапниците по обичај биле распеани и што би се рекло малку „подзагреани“. Иако не беше време за серенади, зашто технолошкиот прогрес можеше, а и го заглушуваше секој грлен звук, сепак пеењето пред портите и под балконите се применуваше како метод за скратување на ноќните часови и во 1970 и раните 1980 години. Таквата навика споро се губеше во малите животни средини.

Една вечер со дружината во раните 1980 години сакајќи-несакајќи се одлучивме да запееме пред портата на една куќа. Домаќините на петата-шстата песна, видоаневидоа, не пуштија да влеземе.Наседнавме на масата. Не почестија со она што можеше да се најде во ладилникот во малите ноќни саати. Испеавме уште неколку песни. Домаќините како добри славјански души наздравуваа и пееја со нас. На испраќање. откако се одалечивме на неколку метри од куќата, домаќинот онака на сет глас извика: „Кога повторно ќе посакате да вежбате за настап дојдете кај нас. Видовте дека вратата е отворена дури и за оние што на серенада не одат од љубов!“ Инаку на серенада отсекогаш оделе само заљубените, момчињата што немале друг медиум за да ја изразат големата љубов кон девојката што им е при срце. Ние одевме од други побуди.

Поради тоа не ми требаше многу за да сфатам дека не сум за серенада, односно не сум за јавен настап. Срамот позитивно може да делува на човекот само тогаш кога ќе почне да го јаде, односно кога човекот ќе почуствува дека срам го јаде.Тоа не само што го пакачува степенот на одговорност туку и грижата за опстојување. За А. П. Чехов срамежливете не се само одговорни туку се и добри луѓе. Затоа ќе каже дека добриот човек се срамува дури од своето куче. Ги сакам, ги почитувам, односно секогаш сум на страната на луѓето што се срамуваат. Човекот со вцрвенето лице, со спуштен поглед кон врвот од чевлите најдобро зборува за долгот кон задоволството. Нашиот народен гениј за луѓето кои чинат лоши работи вели: „Погледни го, ниту срам има, ниту перде“. Значи ем не сака да се покае за начинетата работа, ем не сака да се сокрие од очите на јавноста. Сопствениот срам човекот секогаш го гледа во изразот на другиот. Осамениот нема од што да се срамува. Човекот се срамува од слика-

[tipski Glas, Juni, 2012 br.33

та што другиот ја создава за него и за неговите дејанија. Значи се срамува само оној кој има искрен однос, односно кој го почитува другиот. Нема да погрешам ако кажам дека оној што не знае да пее, а пее, вреска на сет глас не само што нема срам, туку и не го почитува другиот. За таквите луѓе можеме да кажеме дека се далеку, според рускиот писател Чехов, од добрите луѓе. Во нашава Македонија сите удриле на песна. Сите пеат ора играат. Животецот ни тече како по лој. Актерите она што не можат да го кажат како актери го кажуваат како пеачи. Лекарите исто така. Од таквата болест се инфицираа и новинарите. Ама на новинарите се им е дозволено како на кралот на Сонцето Луј четиринаести, па кога сакаат лошо, антимузикално да пеат и тоа им успева. Но, од година, на година забележуваме дека најмногу пеачи во нашава Македонија имаме меѓу политичарите. Зошто го велам ова? Па зашто сите ангажманот во политиката го гледаат како песна, а учеството во законодавната и извршната власт, во нивните помошни тела како

ПИШУВА: Стојче Самарџиев

С

ите имитации се лоши! Не успеа европското имитирање (кредитнообврзничко) на Америка. Не успеа, меѓу другото и затоа што во Европа има држава на Германците, но и држава на Грците. Ние од европското дно се радуваме и на подадените залчиња. Од мајските дождови се наполнија површинските и подземните акумулации, а од jунските мерки ќе се “полеваат’ некои ниви во некои региони од државата. Ајде, понатаму тековно и оперативно. СОСТОЈБИ На крајот на април вкупните депозити во банките биле над 3,8 милијарди евра од кои 71,6 насто се штедни влогови на граѓаните. Населението заштедило над 2,7 милијарди евра од кои околу 53 насто биле во девизи (евра, долари, франци), а останатите во денари. Вкупните банкарси кредити биле 90,8 насто од вкупните депозити, со тоа што претпријатијата имале 2,5 пати поголеми кредити во однос на нивните депозити, а населението имало над 2 пати поголеми заштеди во однос на земените кредити.

Девизните резерви кај Централната банка биле високи и се над 2 милијарди евра и заедно со намалената основна каматна стапка од 4 на 3,75 насто претставуваат солидна и сигурна основа во подршката за расход на домашната економија. Во светот, кога производството опаѓа во текот на две тримесечја, се вели дека економијата е во рецесија. Кај нас веќе девет месеци производството, а со него и надворешно – трговската размена се во надолна линија. Посебно загрижува тоа што носителите на стопанската активност (металната, хемиската и текстилната (облека) индустрии) се со високо опаѓање МЕРКИ Во денешно време кај нас се корисни и таканаречените “пасивни “ мерки. Меѓу тие мерки (за разлика од повеќе европски држави) неколку се позначајни Незголемувањето на постојните даноци (ДДВ, персонален, добивка,имот, акциза, царини, такси), а не се воведени нови јавни давачки на граѓаните и претпријатијата. Ненамалувањето на пензиите, платите во државниот и јавниот сектор, социјалните дотации и помошти и премиите во земјоделието. Натамошната емисија на обврзници за денационализацијата (досега издадени 11 емисии во вкупен износ од 301 милион евра без каматите) и редовната исплата на стаса-

ните обврски по овие обврзници. На 4 јуни исплатени се 1,4 милијарди денари за стасаните обврзници од кои околу една милијарда денари се во корист на сметките на правни лица. Редовното исплаќање на субвенциите во земјоделието. На 5 јуни исплатени се над 2 милиони евра во вид на субвенции. Успешноста на новите активни мерки на Владата (наведени 12 мерки) во основа ќе бидат одредени од: Времето кога ќе стигнат средствата кај корисниците; Големината на траншите – ратите, зашто силината на мерките е и во големината на одобренит износ: Секторите кои ќе ги добијат средсвата и нивната натамошна трансформација низ репродукциониот процес односно обртот на тие средства; Наменската структура на кредитите (инвестиции, репроматеријали, постојни обврски по кредити, даноци, плати, добавувачи); Домашно и или увозно - извозно ангажирање на средствата : Регионалната разместеност низ државата (Источниот регион можно е да биде најмал корисник), како и други слични одредници. Две од дванаесетте мерки во вид на кредит, се директни за реалниот сектор. Кредитот е

од Европска инестициона банка а може да се користи во транши од налмалку по пот милиона евра по транша. ЗЕМЈОДЕЛИЕ Претпријатијата за откуп, преработка и извоз на земјоделски производи можат да користат вкупно 10,7 милиони евра. Кредитот е со камата од 3 насто, отплатата е тригодишна со грејс перод од една година. Кредитот може да се користи и за обртни средства со тоа што отплатата е 18 месеци, а грејс периодот е 3 месеци. ИНДУСТРИЈАТА може да користи вкупно кредит од 100 милиони евра од кои 30 милиони се резервирани за големите претпријатија, а за средните и малите претпријатија се обезбедени 70 милиони евра. Каматната стапка за овие кредити е 5,5 насто, отплатата е 8 години и грејс периодот е 2 години. Ако сите мерки се реализираат во месец јуни тогаш стопанството може да очекува околу 140 милиони евра (25 милиони евра се одобрени во почетокот на јуни) дополнителни нови средства. Тоа не е малку, ако не за развој, но за посигурен опстанок. Јуни може да биде и најтопол месец во оваа година. Јуни е месец на големите настани кај јужниот ни „пријател” и континенталното Евро, а “од и по” тоа можни се ...!?

одење на серенада. Ќе им текне ќе му се тупосаат на заспаот народ посреде ноќ (преку медиумите се разбира) и тоа со песна што самите ја избрале и ја пеат фалш. Ја пеат песната од почеток до крај без срам и перде. Народот сонливо очи трие и се труди да покаже нужно разбирање за нивната слабост-одење на серенади не од љубов, ами од други причини, односно од пуста желба да ја победат Баба Рога која ги следи од мали нозе и им се заканува дека ќе ги изеде кога ќе им престане имунитетот. ( Овде читателите сами нека заклучат за каков имунитет станува збор). ■

Пицерија Сан Ремо Секој друг збор е одвишен! 608 - 638

Пари и мерки за опстанок

Пишува: Трајче КАЦАРОВ


[tipski Glas, Juni, 2012 br. 33

11

ЖИВОТ

И

лјада жители на Месната заедница „Балканска“ спокојно си го живее животот. Сместена во непосредна близина на некогашниот текстилен гигант „Македонка“, покрај реката Брегалница, оваа наша населба ги има сите услови за пристоен живот. Деновиве бевме меѓу нејзините жители со намера да направиме запис за нивниот живот, за радостите, проблемите и потребите, за заедништвото и иднината.

КОНЕЧНО ЛЕГАЛИЗАЦИЈА Коле Бурназов, млад човек, полн со енергија, е претседател на Месната заедница. Вели дека овде се живее сложно и дека луѓето се посебно задоволни што во изминатите четири години, во мандатот на оваа власт, сите семејства успеале да аплицираат за легализација на објектите. -Целата населба се водеше како дивоградба. Откако Владата на Никола Груевски ја даде можноста луѓето да можат да си го купат земјиштето, да си ги легализираат објектите, сите ја искористивме таа можност. Имаме урбанистички проект кој годинава ќе биде ревидиран за луѓето да можат да си ги откупат земјиштето на кое изградиле свои домови. Ова за нас е посебно важно бидејќи половина од куќите се изградени на државно а половина на сопствено. Оние чии куќи се градени на приватно земјиште веќе се свои на своето, односно ја завршија постапката за легализација, вели Бурназов. Половина од овдешните жители, оние кои овде изградиле куќи после деведесетите години, имаат проблем со личните карти. Поради тоа што живееле во објекти кои не се легализирани тие не можеле да извадат ваков документ на новата адреса па се служеле со лични карти старите живеалишта.. Сега, со легализацијата, со имотните листови кои луѓето ќе си ги добијат, и овој голем проблем ќе им биде решен.

НОВИ УЛИЦИ Бурназов вели дека во тек им била постапката за нивните улици да добијат имиња. Досега сите жители на населбата поштенските пратки ги добивале на само

БЕЗ ЛИЧНИ КАРТИ Најмалку половина од жителите во „Балканска“ не можеа да

извадат

лични

карти на адресата на која живеат. Тој проблем е настанат поради неможноста да ги легализираат своите куќи. Со легализаци-

ПРИКАЗНА ЗА „БАЛКАНСКА“ една адреса – населба Балканска! Тоа на поштарите им правело големи проблеми. „Презадоволни сме од односот на Владата кон нашата Месна заедница. Од 2006 година наваму таа ни има одобрено пет милиони денари за канализација од кои 3,5 се искористени а за реализација на преостанатиот дел ќе почекаме на решавање на споровите со приватни лица низ чии имоти треба да ми-

■ Голем дел од куќите се водат како дивоградби а нивната легализација ги доведува работите на потребното ниво. ■ За живот има сé а најмногу музика, ова е населба на одлични музичари

Леша и Марија

нува мрежата. До овој момент на мрежата се приклучени 40 семејства а останува да се приклучат уште 180 семејства. Лично сметам дека овој проблем ќе го решиме на задоволство на сите, вели Бурназов. Првиот човек на „Балканска“ е оптимист дека со изградбата на индустриската зона и населбата ќе добие вода за пиење од филтер станицата. Засега пиеле техничка вода но никој досега не почувствувал некаква здравствени проблеми од неа. Бурназов вели

донесен урбанистичкиот план. Проблем претставуваше тоа што за плац за градба на куќа цената беше иста како и во градот, десеттина семејства не се сложија со планот и од тоа не биде ништо. Ние денес сме задоволни од условите за живот. Двете главни улици се асфалтирани, имаме контејнери, ЈП „Исар“ одлично си ја врши работата. И со водата за пиење иако не е филтрирана и озо-

Петар Жежов

дека со голема почит го од- нирана не сме имале пробржуваат споменикот „Маке- леми, велат Леша и донски егеј“ во чест на Марија. загинатите во егзодусот на ма- кедонците од Егејскиот дел. Петар Жежов е познат како човек на кого музиката му е нераскинлив дел од животот. На времето НАСЕЛБА НА МУ- беше дел од тогаш култнаЗИЧАРИ Леша и Петар Же- та музичка група „Офеи“. жови и Марија Стојкова од Денес вели дека ова е напамтивека живеат во оваа селба на многу надарени населба. Велат дека им е музичари, и по тоа „Балканубаво. „Населбата започна ска“ се разликува од многу да се шири од почетокот на други населби. осумдесеттите години а кон -Овде живеат многу средината на истите беше музички надарени личнос-

јата и овој проблем се решава

ти. Марија Димкова го освои третото место на годинашниов „Гоце Фест“, тука се Мице Димков, Ване Гогов кои порано беа дел од групата „Орфеи“, Александар Димков и многу други. Димкови ги вика Советски сојуз бидејќи е тоа сојуз во кој сите се музичари, во шега вели Петар Жежов. Сите тројца се со оценка дека во „Балканска“ г и

Коле Бурназов

имаат сите услови за убав живот. Во населбата имаат и фудбалско игралиште на кое тренираат младите и децата. Имаат фудбалски клуб кој го носи името на населбата и кој се натпреварува во Општинската фудбалска лига. Во него играат млади момчиња од оваа населба и од Чардаклија. За квалитетна ТВ слика и на интернетот е задолжена кабловската ТВ „Роби“ и овдешните жители од неа се задоволни.


12

[tipski Glas, Juni, 2012 br. 33

@IVOT

Игра лото цели 43 години ■Мите Стефанов, поранешен возач во ТК „Македонка“ и во „Макпромет“ игра лото од 1969 година. Имал повеќе петки и едно чудо четворки, тврди дека не загубил многу пари, дека во релацијата загуба – добивка е „тука некаде“ , и понатаму сонува премија, иако сето ова му е само релаксација и задоволство

во идното коло ќе биде подобро. По природа сум оптимист но, пак да кажам, оваа игра за мене е еден ивото пишува инте- мене. И секогаш кога нема да вид убава релаксација во усресни приказни а соп- добијам ништо си велам дека лови на големи очекувања кои ственик на една од најинтересните стории е и нашиот сограѓанин Мите ИСКУСТВОТО НА СТАРАТА ИТАЛИЈАНКА Стефанов. Тој е пензиониран возач кој, на времето, работел како возач во ТК „МакеИгрите на среќа имаат многу приказни кои живот донка“ и во „Макпромет“. значат. Една од најинтересните е приказната на Стефанов цели 43 години стара Италијанка (82 години), од Милано. Таа игра лото, секогаш со исти играла спортска прогноза и на ливче од 12 пара броеви. Тоа е од ноември сите средби, со децени, ги играла на нерешено. 1969 година, од кога лотото е Посветена на игрите на среќа не се ни омажила. На воведено во поранешната 82 години ги погодила сите резултати и добила наша држава. огромни пари. На прашање на новинарите што ќе -За мене лотото е игправи со парите таа рекла дека ќе изгради ра на задоволство а во исто време и очекување на „голеогромно, супер уредно ве-це во центарот на миот ден“ кога ќе ми падне Милано. На прашање на новинари зашто ве - це премијата. Кога во деновите таа рекла – за да можат сите да се мочаат на на извлекување ќе започне мојата среќа! играта, јас сум веќе пред ТВ Овој настан, секако, нема ништо заедничко екранот, со ракиивче на масо нашиот сограѓанин Стефанов. са, со скромна салата, со ливчето пред и надежта во

Ж

најчесто завршуваат со „утре ќе биде подобро“, вели Стефанов. Тој на посебен тефтер води евиденција за секое коло на лото од 1982 година наваму. Цели три децении ги бележи извлечените броеви, добивките, височината на премијата, градот во кој таа се паднала. -Пред три децении до премија се доаѓаше преку пет извлечени броеви. Сите ја бараа и очекуваа петката. Денес тоа е седмицата. Во поранешна Југославија премиите беа многу поголеми отколку денес што е и разбирливо со оглед на големината на тогашната држава. Сега премија се паѓа поретко. Во 2006 година само еднаш, идната година двапати во годината, минатата година имаше само една седмица а годинава, до овој миг, премијата не е падната, појаснува Стефанов. Како искусен играч на

Сепак, и покрај кризата во која се наоѓа, и покрај немањето подршка од надлежните институции, штипската ОО на Црвен Крст, која е една од најдобрите во државава, ги реализира сите предвидени активности, од кои најзначајни се акциите на дарување крв, преку кои, во соработка со кои се укажува на сите недостатоци и Причината за ова тој ја гледа во Инситутот за трансфузиологија Штип, обиди истите да се намалат. Меѓу неажурноста на соодветните инспек- ги задоволува потребите како на активностите е и потрага по загубени циски служби, кои имаат ингиренции општините Штип и Карбинци, во кои се лица (членови на семејства) како резултат на војни, елементарни непогоди, спасување во планински услови, помош при пожари, и друго. Сепак, сите активности се реализираат со минимални средства, бидејќи се соочуваат со финансиска немоќ. Тоа е резултат на неажурноста на Републичката организација на Црвениот крст, од каде веќе две години немаат добиено ниту денар, вели поранешниот секретар на друштвото, Стојанче Камчев. Тоа, практично значи дека и на Црвениот крст му е неопходна инфузија, во случајов финансиска -Еден од начините на финансирање на Општинската организација е и преку обуките за вработените во работните организации за безбедност на работното место, односно укажување на прва помош, кои според законот за работни односи се задолжтелни за секоја фирма,.Сепак, овој закон нема да ги откриваат и соодветно да ги надлежни, така и на ниво на Источна практична примена и има голем број казнат претпријатијата кои не го Македонија. на штипски претпријатија кои кон ис- спроведуваат овој закон. тиот не се придржуваат, вели Камчев.

На Црвениот Крст му треба финансиска инфузија

К

олку пари – толку прослава. Општинската организација на Црвениот крст го одбележа 8 Мај, својот ден, без некои посебни манифестации. Причината лежи во недостигот од финансии. На големиот ден, на кој е роден светскиот хуманист Анри Динан, основоположникот на најголемата хуманитарна организација во светот, во организацијата беа примени ученици од основните и средни училишта во градот. -Со години не добиваме никаква поддршка од Црвениот крст на Македонија, нашите финансии се исклучително скромни. Имаме 230 активни членови кои плаќаат годишна членарина од по сто денари. Во активностите на организацијата се вклучени и 650 волонтери, вели секретарот Никола Камчев. Активностите на Црвениот крст во Штип се во доменот на училишни и општински натпревари по прва помош, хуманитарни акции за собирање и доделување хуманитарна помош, здравствено превентивните дејности, обуки за прва помош, самопомош и солидарна помош дисеминација, и превентивни дејности со

оваа игра на среќа укажува дека е погрешна стратегијата двапати во неделата да има извлекување. Негова оценка е дека еднаш е доволно ама со поголеми парични добивки. -Кога се извлекува лотото седам, гледам, густирам, мечтаам, очекувам. Играм и бинго. Играв и спортска ама за таа игра треба многу следење, анализи, познавање. Јас немам нерви за тоа. Лото уплатувам по три комбинации, тоа се 45 денари. Скромно, каква што ми е и пензијата. Додека сум жив тоа ќе биде така. Тоа е моето единствено задоволство покрај средбите со пријателите и прошетките низ срцето на мојот убав град, појаснува Мите Стефанов. Тој нема точна евиденција само за тоа колку добил а колку потрошил на лото играта. Вели дека тоа не му е приоритет тука самата игра, уживањето во неа. -Во поранешна Југославија, кога возев низ нејзините големи простори, лото уплатував во разни градови. Во Белград, Сараево, Љубљана, Марибор, Вараждин,Титоград. Сега, како пензионер, уплатувам во родниот град. Можеби среќата ми е тука. Јас сум оптимист, до крајот на животот ќе си останам со оваа игра како и со бингото, решителен е Стојанов.


13

KULTURA

{tipski Glas, Juni, 2012 br. 33

Успешна “Хасанагиница“ на Народниот Театар Штип

У

баво е чувството кога ќе се спушти завесата, а претставата за вас уште не е завршена, туку ја носите дома, во кафеана, или каде и да сте тргнале. Тоа е едно од оние чувства кое ве тера да се запрашате, што е реалност, а што измислица, дали треба да бидеме тажни, среќни или поразени од суровата вистина. Токму такво чувство остава претставата “Хасанагиница“ на Штипскиот Народен Театар која трет пат по ред ја полни салата до последно место, а веќе и наредната реприза е распродадена. Некогашниот Врдол, а денешен Загвозд е местото каде што бил имотот на Хасан – ага. Велат, остатоци од неговата Хасан-агина кула и ден денес постојат. А за Хасанагиница, главниот лик од оваа трагедија, се верува дека е погребана во близина на кулата покрај шумата и бунарот од кој полнела вода. Сите тие заедно со

имотскиот кадија и пркосниот бег Пинторович, биле историски личности кои инспирирале многу балади и многу пиеси. Една од нив напишал и Љубомир Симовиќ според чиј текст е работена оваа претстава. За големината на самиот текст не треба многу да се зборува со оглед на фактот дека е преведуван од великани како што се Пушкин, Гете, Волтер Скот и други. Монолошките и дијалошки форми на овој текст чија што моќ актерите со својот квалитет и умешност успеваат да ги пренесат на сцената, се чини дека не и дозволуваат многу крупни режисерски чекори на Драгана Милошевски Попова, гледано од далеку. Но, ако навлеземе подлабоко ќе видиме дека таа и тоа како успеала да зачекори помеѓу сите ликови и при тоа да создаде таква врска помеѓу актерите што ќе функционира како рибарска мрежа во која публиката лесно може да се

фати.

Ако зборуваме со таа симболика главен јазол во целата мрежа секако дека е Јелена Јованова која во ликот на Хасанагиница успева да ги пронајде сите важни точки на карактерните особини од кои самиот лик се напојува, а при тоа со многу суптилност да ја стави под контрола сета потребна динамика која е од голема важност за оваа претстава. Хасан-агата преку точната креација на Вратеовски ја имаше целата суровост што му беше потребна да ја изнесе како пред неговата жена и советникот, така и пред бегот Пинторович до кој Евтим Трајчов како релативно млад актер доста умешно успеал да се доближи. Повозрасните актериvкако Стојан Арев, Елица Арева и Руиш Беговска уште еднаш само го покажаа своето огромно искуство, но и етаблираните актерски квалитети што беа уште една

светла точка во целата приказна. Војската на Хасан-ага во состав Владимир Тулиев, Пеце Ристевски, Виктор Арев и Милорад Ангелов сосема коректно ја надополнија сликата во висина на својата задача. Музиката на Марјан Нечак, освен што беше во функција на претставата, исто така може да се напомене дека претставуваше и дополнителна поткрепа за актерите особено во моментите на монолошкиот израз. Сценографијата ја работеше Владо Ѓорески-Рафик, а костимите се дело на Марија Пупучевска. На крајот од претставата, громогласниот и долг аплауз ја врати публиката во реалноста и додека излегуваа надвор од полната сала со емоции, гледачите несмасно пробуваа да ги прикријат искрите во очите, што само го потврди успехот на Штипскиот Илко А. народен театар.

Завршна приредба на децата од Детска градинка „Астибо“

Спектакал за уживање

Ф

акел со олимписки оган, натпревари во кошарка, ракомет, карате, борење - ова се само дел спортските игри кои можеа да се видат на завршната приредба на децата од ОЈУДГ „Астибо“, тематски насловена „И јас сум олимпиец“. Вистински спектакал беше оваа завршна приредба, за која, како што дознаваме од стручниот колегиум составен од вработени во детската градинка, се` беше автентично до оригиналниот олимписки факел, кој се користел за време на олимпијадата во Сараево, далечната 1984 година. -Два месеца ни беа потребни да успееме до максимум да ги обучиме децата од големите и средни групи од сите клонови, да ги испланираме најситните детали, движењата на децата на сцената со музика, која пак соодветствуваше со

сцените што се појавуваа на огромниот екран во позадина вели педагогот по физичко воспитание во ОЈУДГ „Астибо“, Методи Петров. Петров додава дека резултат на тоа е спроведувањето во целост на сето научено за време на завршната приредба. Токму поради тоа, децата, и секако, целокупниот кадар вработен во детската градинка на чело со директорот Илија Митров, беа наградени со громогласни

аплаузи, од присутните во преполната сала, но и со уште една награда. Завршната приредба „И јас сум олимпиец“ можеше да се види во рамките на првиот

Детски фестивал „Малиот Принц“ , а трудот на најмалите штипјани и нивните воспитувачи дополнително беше награден од жирито при фестивалот, составен, исто така од деца. Настапот на децата од ОЈУДГ „Астибо“ беше прогласен за најдобар. Б. Постолова


14

По половина век Македонија без борачи на една Олимпијада

■ Како и зошто се случи најтрофејниот спорт во државата за првпат во полувековната историја да остане без претставник на Олимписките игри?

A

ко се знае дека борењето е спорт кој на нашава држава и има донесено најмногу трофеи, ако на претходните Олимпијади речиси редовно сме биле присутни токму преку овој спорт, тогаш како централна спортска тема се поставува прашањето зошто годинава борачите од Република Македонија ќе ги нема на Олимписките игри во Лондон. Штипски глас во однос на ова прашање го побара мислењето на двајца наши актуелни боречки асови со европски квалитети Дејан Митров и Дејан Богданов, на поранешниот ас во овој спорт Зоран Шоров и на претседателот на Боречката федерација на Македонија и поранешен борач Чедо Николовски. ДЕЈАН МИТРОВ, ПОБЕДНИК НА ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНСКИ БИСЕР:

НИ ФАЛАТ МНОГУ РАБОТИ

И

ма 25 години а во борењето е од својата деветта година. Неговиот спортски талент го откриле неговите учители Трајче Китанов и Трајче Димков а родителите му дале благослов ценејќи дека спортот придонесува да се биде добра личност. Месецов Дејан Митров го освои Македонскиот бисер, угледна меѓународна спортска манифестација одржана во Радовиш. -Нашиот хендикеп, нашата пречка во напорите да остваруваме врвни европски резултати е тоа што ние дома немаме вистинска конкуренција. Како пример ќе ја наведам Русија каде во само една конкуренција за излез на светската сцена претендираат ду-

[tipski Glas, Juni, 2012 br. 33

SPORT

ри 57 борачи. Порано и на Македонскиот бисер имавме многу силони репрезентации кои сега ги нема што за нас е проблем, вели Митров. Секоја година, со клубот и со репрезентацијата, ги има базичните подготовки, главно во Крушево на кои нема лекар ниту терапевт. Момчето кое има две бронзи и кое беше петти на Европско првенство, кој четири пати беше победник на Македонски бисер а двапати на турнирот Дан Колов во Бугарија, беше најблиску до Олимпијадата во Лондон. Речиси дојде до изворот ама вода не се напи. Зошто? -На квалификациониот олимписки турнир во Финска го освоив третото место. Тоа е пласман кој во 2008 година ќе ми обезбедеше место на Олимпијадата но овојпат светската боречка федерација ФИЛА одлучи во Лондон да им повеќе места за борачите кои учествуваат на Панамериканските игри иако таму борењето е многу послабо отколку во Европа каде е сконцентриран квалитетот. Мене како и на моите колеги ни фалеа силни турнири, ни фалеа силни спаринг партнери но ние тоа го немаме најверојатно поради финансиите. И во мојот град ако не е општината која го помага Балканец клубот нема да постои. Тоа во земјите во кои борењето е развиено не е случај, вели Митров. Ова момче прима стипендија од Агенцијата за млади и спорт која си ја „заработи“ со своите резултати постигнати на меѓународен план. Стипендијата е со време од две години а ако Митров и после тоа го потврди резултатот истата ќе му биде продолжена, во спротивно ја губи. „За спортска пензија потребен е медал од Европско или Светско првенство. Млад сум и уште долго планирам да останам во борењето,оптимист е Митров. Тој не се потпира само на спортот како нешто што треба да му обезбеди пристоен живот и во иднина. Дипломира на Медицинскиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ на отсекот физиотерапевтика. Во моментов е магистрант на ФОН на отсекот за детективи и безбедност.

ДЕЈАН БОГДАНОВ:

ТАКА НЕ СЕ СОЗДАВААТ ШАМПИОНИ

Н

ема добра организација, нема финансиски средства за сериозни подготовки какви што ги има во спортски развиените држави. За да се создаде еден Олимпиец, борач од европска и светска класа, потребно е со него, уште кога ќе се насети неговиот талент, да работи цел еден тим. Кај нас тоа е мислена именка. Со само 4 – 5 борби во тек на една година да се фати олимписка норма е утопија. Немаме добри спаринг партнери од докажана класа, па за нас, на посилните турнири и првенства, после втората борба настануваат проблеми“. Вака Дејан Богданов го започнува својот коментар за состојбата во која моментно се наоѓа боречкиот спорт и за неуспехот да се оди на Олимпијадата во Лондон.

кедонија. Во „Балканец“ имаме неколку повредени борачи, Анакиев осумнаесет месеци е со повреда на рамото, момчето се бори за клубот и репрезентацијата ама никој не се грижи за неговата состојба. Се бараат само победи, резултати а тоа, дефинитивно е лошо. Во такви услови крајниот исход е паѓање во квалитетот, појаснува Богданов. Како пример нашиот борач кој зад себе има сребро и бронза од Европско првенство, кој пет пати го освојувал Македонски бисер, и кој важи за врвен борач во севкупната национална историја на овој спорт, ја споменува соседна Бугарија. „Ние само имитираме дека имаме борење. Во Бугарија борачите одат на подготовки со цел тим околу нив а откако ќе заврши една Олимпијада тие веднаш започнуваат да се подготвуваат за наредната. Кај нас денес во една категорија имаме 4 до 5 борачи, порано никогаш не биле под десет па од квантитетот произлегувал квалитет. Ние сега, на Македонскиот бисер во Радовиш, глумевме меѓународен турнир бидејќи таму дојдоа многу малку борачи од страна. Зошто не каневме велесили како Турција, Германија, Русија? Ако не е финансиската поддршка од општината и нашиот Балканец ќе биде нула. Ако утре општинското раководство рече дека нема пари за клубот Балканец нема да постои. Ете зошто ние Олимпијадата само ќе ја сонуваме а ќе не нема меѓу носителите на медали и на европски и светски првенства, таму

ШТИП СО ТРОЈЦА ОЛИМПИЈЦИ НА ШЕСТ ОЛИМПИЈАДИ Штип како центар на многуте успеси на македонското борење имал тројца олимпијци кои учествувале на шест олимпијади. Симеон Шутев беше учесник на Олимпијадата одржана 1968 година, Киро Ристов на две олимпијади – првпат во 1976 а вторпат во 1980 година додека Зоран Шоров славата на Македонија ја пренесе на три олимпијади – во 1984, 1988 и 1992 година, што значи дека во низа врза три олимписки циклуси.

-Кај нас не дај Боже борачот да се повреди – ќе биде заборавен од сите. Имам лично искуство во однос на тоа прашање. Додека имаме употребна вредност ние сме им важни на сите, тоа важи за сите спортови во нашата Ма-

ЧЕДО НИКОЛОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БФМ:

КОЛКУ ПАРИ – ТОЛКУ РЕЗУЛТАТИ

Д

ека борењето како спорт оди по надолна линија признава и Чедо Николовски, поранешен борач денес претседател на Боречката федерација на Македонија. -Финансиите го прават своето. Во клубовите нема платени, професионални тренери, пет – шест боречки клубови во државата згаснаа поради немање пари, сали за тренинзи и натпревари. Во Македонија нема спонзори за спортови без топка. За меѓународни активности федерацијата годишно добива само 14.000 евра. Во вакви услови тешко е да се очекуваат врвни резултати. Добро е што неколку наши клубови сеуште функционираат, добро е што имаме и публика што се докажа и за време на меѓународниот турнир „Македонски бисер“ во Радовиш каде борбите ги следеа над 1.500 гледачи, но ако финансиите не се подобрат нереално е да очекуваме големи резултати, вели Николовски. Го прашавме првиот човек на БФМ зашто Дејан Митров не успеа да избори олимписка норма.

-Факт е дека после половина век Македонија нема да има борач(и) на една олимпијада. Дејан Митров беше најблиску до Лондон, ја имаше нормата во џеб но му се случи малер со повреди. Тоа не е трагедија но секако е каде што светот најсилно ги неуспех кој е резултат на тешпрепознава боите на нација- ката состојба во која западна та“, коментира Дејан Богда- борењето како спорт, ни изнов. јави Николовски.


[tipski Glas, Juni, 2012 br. 33

15

RAZONODA Чистотници

TR-MR

ov -Mi Re k e ~e R i T

Вранишковски водел сметка за хигиената. Прво им ги испра мозоците на своите. А потоа се погрижи испрани да му бидат и парите

НАТО Балканци, посетете го НАТО За НАТО да не ве посети вас! (П.с. Ако не знаете прашајте ги србите)

Дилема Во нашата Влада најчесто се пее народната „По пат одам, за пат прашам, кој пат води за Европа“!

Плоштад

Razmisluva: Iv. BOJ

Новиот плоштад ни е готов. Големите предизборни митизни можат да почнат. Се се плашам дека и од новиот плоштад ќе не бидат испорачани старите ветувања!

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока



С У Д О К У



СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

ВИЦ ПО ВИЦ Честитка од претседателот Претседателот на Собранието на Македонија на затворениците во Идризово им честита Нова година: „Се надевам дека ви е убаво таму и нека ви е за многу години“!

Само поради едно „ТИ“ Трпе оди на работа а окото му цело модро. Го прашуваат колегите од каде му е и поради што му е модринката а тој вели: „Од жена ми е и тоа само поради едно ТИ. Колегите прашуваат што му значи тоа ТИ! -Па си лежиме така ние во кревет а жена ми вика НИЕ одамна не сме имале секс а јас и велам жено не НИЕ туку ТИ!

Снаодливиот Грујо ...

ШТИПСКИ ГЛАС Основач, главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 072/214159 Компјтерска подготовка: Јорданчо Бојаџиски

Печатено во печатница „Европа 92’-Кочани Дистрибуција: „Басе прес“ -Штип

Груевски, Саркози и Берлускони летаат во авион. Авионот има дефект и ќе паѓа а во него е само еден падобран. Груевски им предлага да гласат па кој ќе добие најмногу гласови да го земе падобранот. Груевски победил, го става падобранот и се фрла од авионот. Додека авионот паѓа Берлускони ја отвора гласачкото кутивче. Па му вели на Саркози: овој Македонецот не заеба, ние сме тројца а во кутијата има по еден глас за мене и за тебе и три за Груевски!


16

PERISKOP

[tipski Glas, Juni, 2012 br. 33

УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „ДИМИТАР МИРАСЧИЕВ“ - МОДНИ КРЕАТОРИ НА ШТО СТЕ ФОКУСИРАНИ

МАРИН АЛЕКСАНДРОВ Д-р по геолошки науки Живеам во Делчево ангажиран сум во Струмичко па Штип ми доаѓа како некаков мој природен центар. И овие денови сум под Исарот уживајќи во средбите со моите бројни пријатели кои ги имам во градот. Приквечер прошетувам покрај Отиња а преку ден со пријателите во некое штипско кафуле. Го гледам Штип како големо градилиште и мило ми е што се уредува централното подрачје. Криво ми е само тоа што моите посети на овој убав град траат кратко.

ЛЕНЧЕ КАЦАРСКА Банкарски работник Во Штип имам многу роднини и пријатели и тоа е причина зошто, во овој период, почесто доаѓам од мојата Виница бидејќи и мојата мајка е од овој град.. Уживам во прегратките на моите внуци – штипјанчиња, во муабетите со најблиските со кои одиме во прошетки низ градот. За Штип велат дека е многу топол град во секаква смисла. Јас најмногу ја чувствувам топлината на луѓето па затоа високите температури не ми се проблем..

МОДНА РЕВИЈА ЗА ПАМЕТЕЊЕ ■ Новата надеж на нашета текстилна индустрија ја покажаа сета своја модна креативност

П

од мотото „Од идеја до готов производ“, учениците од трета и четврта година при СОУ „Димитар Мирасчиев“ на еден доста софистициран начин ги прикажаа своите креации, изработени според предвидениот наставен план и програма, по предметот Практична настава на учениците од смерот конфекциски техничар. Дваесетина ученици во читалната на НУ-УБ „Гоце Делчев“, предводени од своите ментори, со модна ревија пред присутните во библиотеката ги покажаа своите реализирани модели скроени за секојдневниот живот, но и за свечени прилики. Николче Ристов, матурант во СОУ „Димитар Мирасчиев“, за неговиот модел, есенско пaлто, кое го „прошета“ по модната писта рече дека го пронашол во списанието за мода, „Бурда“. -Палтото е со долги ракави, руска јака, косо поставени џебови и она најтешкото за еден кројач, постава. Не ми беше тешко да го направам со оглед на тоа дека ги совладав операциите потребни за изработката, за која ми беа

ЉУБОМИР – ЉУПЧО ИВАНОВ Агроном во пензија Пензинерството е една прекрасна работа. Зошто? Секој слободен момент во денот ми е исполнет со активности кои многу ги сакам. А тоа се – одржување на мојот имот во Суиталкот, постојана работа на едукација на луѓето од областа на земјоделието и честите забави со многу музика кои ги организираме јас и соседите. Попладне целосно сум посветен на семејството, посебно задоволство ми е друштвото со внуците Андреј, Јелена, Николче и Бојан.

потребни четири училишни часа – рече Ристов. Во „Бурда“ својот модел, коктел фустан, го пронашла и Сабина Трајкова, исто така ученичка во четврта година во СОУ „Димитар Мирасчиев“. Таа истакна дека воопшто не и` било тешко да го скрои и сошие фустанот и дека со гордост го носела на ревијата. -Разгледувајќи го списанието „Бурда“, го здогледав фустанот и одлучив токму тој да биде моето дело. Не ми одзема време да го направам теркот и да го скројам, бидејќи за време на часовите навистина го совладав тој процес на создавање модели. Единствен проблем ми беше што практична настава имаме само еден ден во неделата и затоа го завршив за четири учебни часа, а мислам дека ќе го завршев за пократко време – рече Сабина Трајкова.

Иако средното образование го посветила на тоа како од парче текстил да направи прекрасен модел, сепак, Сабина одлучила да студира на Факултетот за безбедност и криминалистика, бидејќи мистеријата при раскривање на криминални дејства, повеќе ја привлекува. Вели дека со моделарство ќе се занимава во слободното време, кога ќе твори нови модели за себе и своите најблиски. Едночасовната ревија беше надополнета со појавата на двете мали манекенки, кои дополнително ги воодушевуваа пристуните. Меѓу нив и една од менторите, професорот по практична настава, Николина Бонгурова. -Презадоволни сме од презентацијата на она што го создадоа нашите ученици, бидејќи ја остваривме целта - да покажеме што научиле во текот на изминативе четири години, со какви вештини и способнности се стекнале – истакна професор Бонгурова.

Дека навистина учениците на средното текстилно училиште се стекнале со квалитетно познавање на моделарството потврди и громогласниот аплауз на присутните. Аплауз, кој ги повикуваше и полуматурантите кои имаат афинитети кон уметноста да се твори од текстилот, да одлучат своето образованите да го продолжат токму во СОУ „Димитар Мирасчиев“. Освен што за модната ревија беше отстапен просторот на читалната, во истата, може да се видат производи и проектни задачи на учениците од трета и четврта година од трите смерови - конфекциски техничар, текстилен техничар и техничар за обувки, поставени во изложбениот простор. Б.Постолова

Stipski Glas  

stipski glas br 33

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you