Творам за Македонија - Мојот јазик тоа сум јас

Page 1


Tvoram za Makedonija

Mojot jazik toa sum jas


Моето име тоа сум јас Проектот “Творам за Македонија” е поддржан од Министерство за Култура на РМ.

Izdava

Fondacija Nikola Kqusev Pe~ati , Skopje

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 821.163.3-1(082) 821.163.3-3(082) МОЕТО име тоа сум јас. - Скопје : Фондација “Никола Кљусев”, 2014. - 488 стр. ; 20 см Публикацијата е во рамките на проектот: “Творам за Македонија” ISBN 978-608-4685-08-1 COBISS.MK-ID 97422090


Tvoram za Makedonija

Mojot jazik toa sum jas

Меморијален центар фондација-никола кљусев Skopje, 2014



Кон изданието Младите се иднината на Македонија. Нивниот талент и насока треба да се негуваат од најраната возраст. Преку поттикнување на творештвото кај младите сакаме да им помогнеме да ја откријат својата дарба и да ја развиваат креативноста и убавиот збор, а со постигнатиот успех да им послужат за пример на своите соученици. Проектот Творам за Македонија има за цел да го поттикне творештвото и креативноста на учениците од основните и средните училишта во Македонија. Оваа година, на темата „Мојот јазик, тоа сум јас”, низ стихови и прозни творби тие ги изразија своите искрени чувства на идентитет и љубов кон својот јазик. Жирито беше доведено пред сериозен предизвик да ги из­бе­ ре првите меѓу најдобрите. Затоа, одлучивме да на­градиме по пет најдобри творби од средните и основните училишта. Наградени се следниве ученици: Наградени - Основни училишта 1. Дијана Дурлевиќ, IX–2 одд., ООУ „Димо Хаџи Димов“, Скопје 2. Никола Жежовски VIIIв одд., ОУ „Рајко Жинзифов“, Скопје 3. Емили Цаноска IX одд., ОУ „Св. Наум Охридски“, Охрид 4. Мила Јованчева VI-3, ООУ „Кирил и Методиј“, Свети Николе 5. Анабела Симоновска VIIIв одд, ООУ „Крсте Мисирков“, Куманово Наградени - Средни училишта 1. Ангела Јончиќ II-12, СОУ „Таки Даскало“, Битола 2. Надица Николовска III-4, СОУ „Љупчо Сантов“, Кочани 3. Елена Костовска I–9, СУГС „Никола Карев“, Скопје 4. Марија Бојкова III, СОУ „Богданци“, Богданци 5. Ѓорѓи Димитровски II-1, СУГС „Раде Јовчевски–Корчагин“, Скопје



Проза и Поезија Основни училишта


Мојот јазик тоа сум јас Реликвија Прв дел Како вода и воздух, како сонце и светлина, како глас и гласник, неразделни сме ние ти и јас. Чукни на портиве на срцево, таму ќе го чуеш тој глас, тој говор запишан со моето раѓање, погледни во зенициве таму ќе го прочиташ записот на кирилското покрстување, слушни го бранот на моиве усни што извира од душата на грлово ќе го чуеш тој глас што свири на струните на јазикот тоа сум јас тоа е тој што ме прави да бидам јас, што го ѕида моето постоење што го негува прадедовскиот корен мојата сегашност, мојата иднина, факелот што гори во моето срце, што ги подгрева мечтите, што ги скорива копнежите и што ги бакнува ѕвездите. Без тебе во ноќта ќе барам сонце 8


МојоТ јазик, Тоа сум јас

без тебе во денот ќе барам ѕвезди без тебе сите патишта ќе бидат празни сите соништа ќе бидат урнати, без тебе јас не ќе бидам јас. Затоа, заѕвони на моето срце, неговиот глас ќе ти ја отвори портата на душата, не гледај ги изгорениците на него, тоа се само зараснати лузни што ја кријат грдата естетика на некоја туѓа душа од космосот. Тука, во милозвучноста на гласот ќе го чуеш моето јас, во него ќе видиш наточена светлина од магла, румена напивка што ја облагородува душата како вино на причесна. Заѕвони на моите усни и ќе го чуеш говорот на моето вечно јас од кое никогаш нема да се одречам за да не ми се разнебити трислоговната динамика на зборот, за да не ми се исуши прадедовскиот корен подникнат од преданијата, расцутен во мудрите поговорки на заробените векови на љубовта. Сега на челото издлабувам надеж, ја подигам реченицата за наздравување, како чаша од керамиката на синтаксата што ќе биде биде урнек за поколенијата. 9


Втор дел Јас и ти сме едно цело под покривката на синилото, соѕвездие на тлото што ги милува просторите на сите јазици на помодарската денешнина. Јас и ти сме исправени пркосно меѓу минатото и иднината, сместени сме меѓу душата и животот на ова раѓање, турнати меѓу реалноста и негацијата, во коренот на постојбината го чуваме аманетот на традицијата. Без тебе јас не сум јас без тебе сум само сенка, само обично бесмислено звучење, немоќно привидение на заборавот, немоќно сениште на распаѓањето во рацете на ветриштата на моќта. Злобните му ја поземаат душата, што се превиткува во нивните раце како штотуку уловена риба, потоа ја фрлаат во ураганот на безличното сивило на пропаста. Се обидуваат да му ја исцедат старата суштина на антиката, да му ги скршат коските од средновековна епика, да му ги урнат столбовите од глаголска привлечност, да му ги исечат гранките 10


МојоТ јазик, Тоа сум јас

од свежината на сегашноста, да го маскираат со туѓи ликови за да не му ја препознаеме основата и наставката, за да не го допреме галовно со вљубена носталгија. Ти си реликвија на моето јас, реликвија на нашето ние, тука, овде, со векови и по векови за на век! Дијана Дурлевиќ, IX – 2 ООУ „Димо Хаџи Димов“ - Скопје Ментор: Марјан Костовски

11


Мојот јазик-тоа сум јас Од далечни векови изникнати зборови скриени во тишината со ветровите на времињата напластени во прашината. И под превезот на темнината од заборав ослободена вистината. За еден јазик, ѓердан од бисери, за еден јазик древен, македонски, нанижан во песните и приказните, сочуван во мудроста на вековите, вкоренет во полето на световите. Огниште кое никогаш не се гаси, го носиш во срце, каде и да си. И едно слово запечатено со копнеж со верба за слобода, без сомнеж, ја разбуди надежта на заслепените изгради мостови меѓу изгубените. Го посеа семето на иднината Ја развеа слободата во родината. И едно јасно сонце со зраци осум со гордост ми вели кој сум. А љубовта во мајчиниот глас, ми шепти, мојот јазик - тоа сум јас. Никола Жежовски VIIIв ОУ „Рајко Жинзифов“ н. Драчево, Скопје Ментор: Мишевска Љуба 12


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик тоа сум јас Овде, каде што пулсира убавината, во дамарите на душата постои големо видување на светлината. Колку букви има азбуката на душата? Овде, каде постои големо видување на Сонцето, има ли посонце, за една култура и еден народ од - јазикот свој. Чудно е колку многу значи, колку претставува, каква волшебна моќ има зборот. Ги разлистувам страниците од старата света книга. го читам часословот на нашето одбројување, ги пуштам буквите од вековните стеги, нека летнат зборовите, нека се гордеат именките. Ги пуштам речениците без прекин, без воздишки, без молк, Да го надлетаат овој чудесен град – Светиклиментовиот Охрид Каде што е засаден нашиот вековен - македонски збор. Врз секоја карпа, врз секој камен – по некој знак! Длабел некој низ времето таинствени знаци, знаците длабоко испечатени врз карпите, стопени со времето втиснати во сеќавањата на народот – сега се свети знаци низ кои струи, тајната на македонскиот збор Македонскиот непребол. Целата татковина – свето и непрочитано писмо. Емили Цаноска IX одделение ОУ „Св. Наум Охридски“ – Охрид ментор: Валентина Рубаноска

13


Мојот јазик – тоа сум јас Азбуко на моето вчера, денес и утре. Азбуко на моето семе, никулец и корен. Мој воздух, мое светло сонце, мој топол ветер што те појадувам, моја зурла и тапан, моја гајда и оро, моја солза и плач. Азбуко на моето вчера, денес и утре. Азбуко на моето семе, никулец и корен. Мое ѕвекање, мое жуборење, мое пеење, Азбуко на моето вчера, денес и утре. Азбуко на моето семе, никулец и корен. Моја грутка – црвеница, мое огниште, моја топлина. Азбуко на моето вчера, денес и утре. Азбуко на моето семе, никулец и корен. МОЕ ПОСТОЕЊЕ! Мила Јованчева VI-3 ООУ „Кирил и Методиј“, Свети Николе Ментор: Ирена Сандевски 14


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Месечина... Светлина... Јаве во срцевината на ноќта... Молитва усните ги жари, во една рака пушка, во другата перо, а зборот ги води во победа. И мракот се кине - силно светнува ден. Светнува ден, зора се руди... Зборови околу ездат, пламнуваат, разгоруваат. Срцето почнува забрзано да бие, крв врела низ вени тече, а секој збор толку јак, моќен, вечен. Секој наш збор ткае волшепство, сплотува раце, лечи душа, гради јазик. Мој јазик исконски! Мојот јазик прадедовски! Порекуван, одрекуван, но истраен. Во темелот негов, чиниш карпа вградена, животен жал, исплакан, вградени денови, аргатски маки големи, солза за младост дадена. Наш јазик искован од срце, ширини широко, срце длабина длабоко, срце за срца ранети. Јазикот мој - тоа сум јас! А, јас... сакам секој збор да лета во шир небесна, да нуди радост, љубов, среќа, да нуди мир. Сакам секој збор вековно да се слави, да свети, блеска. Јазик мој - наш Климентов аманет, Кирилов завет, наше световно писмо. Сакам со зборови ноќта во бело да ја бојам, солзите од лице да ги симнувам, денот во злато да го везам, душата со цвет да ја китам. Сакам со венец од зборови препреки да кршам, генерации да сплотувам, магија од зборови да сторам. Така се гради, брани, чува - спомен од минатото, историјата. Нашата моќ се зборови. Зборовите се дела. Моќта ни е меч, нашиот меч е наше перо. Нашата пушка се наши зборови, наш бедем е јазикот насушен. Јазикот мој - тоа сум јас! 15


А, јас чувствувам... прекрасен немир во гради што ми бие, врел вулкан, лава зборови што исфрла, магична кутија, зборови што оживува, сплотува, историја ткае. Јас чувствувам небесен огномет од зборови - ноти, жедна душа што појат, болно срце што лечат. Јас го слушам јазикот мој, душа што ми плени, украсен со мајчини солзи, искален со братски пламен. Јас слушам, а тоа мирот царува, а тоа песни се пеат, а тоа јазикот се гради со желби, многу желби... А тоа си ти, тоа сум јас, тоа сме ние! Другарче, застани и послушај. Ќе чуеш крик - наша историја, ќе видиш грутка земја - наш здив. Еден чекор по неа - наша блага издишка, спомен од минатото - наш непребол, едно перо - наша азбука. Ќе видиш една свеќа недогорена, една љубов ученичка - Рацинова, една книга спалена - Мисиркова. Еј, свету! И кога ќе го снема сјајот на сонцето, и небото ќе остане без ѕвезди и месечина, и во пепел сè се претвори - магијата на јазикот ќе ја убива тишината, легенди ќе збори, дела ќе твори. Еј, зборови на мојот јазик! Панаѓур на лирски треперења во мене, радосни детски, искрени, чисти, во срце ќе ве скријам, од заборав да ве сочувам. Ширете се, достигнете ги границите на виножитото, таму е нашиот крај, нашиот бескрај!

Анабела Симоновска VIIIв одд ООУ „Крсте Мисирков“, Куманово Ментор: Стојанка Дудучки

16


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик –тоа сум јас Нашиот учител, за јазикот наш творел нè научи јазикот да го милуваме, должноста кон предците да ја исполниме светоста негова да ја дочуваме. Нашиот научник и поет, во книгите посебноста на писмото ја сосредочи во стихови Тешкото го овековечи, нашата култура на светот ја предочи. Јас сум дел од мојот свет јазик тој е мојата духовна храна гледам на себе со свои очи, со него разум и љубов се точи. Ми го осветлува патот во животот по кој со крената глава чекорам јас, затоа со гордост ќе извикам: Mојот јазик-тоа сум јас. И денес мојот јазик некому смета од него сакаат да се откажеме, на правото и љубовта наша тие забораваат и свои непријатели создаваат. Ангела Петровска IX1 одд. ООУ ,,Ѓорче Петров”-Скопје Ментор: Иванка Мишевска 17


Аманет Со векови низ Тешкото на овој напатен народ Распенетиот Вардар, сведок на искушението и маките, го носи како аманет, од прадедовците посветен на внуците. Низа. Ракување на триесет и еден бисер. Излеани од грлото на момата Бисера, па со црвени и црни конци ишарани и навезени на ракавот од невестинската кошула на Везилката, Низа, бела и чиста како платното на Билјана, белено на Охридските извори. Бела и чиста како душата на овој народ!

18


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Аманетот, тој наш долг и право, низ вековите се предава и носи, и на забот на времето со непокор пркоси. Да, тоа е јазикот тоа е мојот народ, тоа сме сите ние и секој негов изговорен збор го тера срцето посилно да бие. Анѓела Петкова 7 одд ООУ „Гоце Делчев“ Свети Николе ментор: Гордана Панева

19


Мојот јазик - тоа сум јас ...„Орелски крилја как да си метнех и в наши ст’рни да си прелетнех... На наши места ја да си идам да вида Охрид, Струга да видам“... ... Мојот јазик...Мојата душа...Зошто во срцето го слушам шепотот на душата на поетите кои низ вековите со стиховите и зборовите на мојот, македонски, мајчин јазик ја ткаеле сликата на мојата земја. Прекрасна Македонијо! Како мајка која го учи детенцето да проговори, така и таа, Македонија, преку срцата на Св. Кирил и Методиј проговорила и нивните записи на првата азбука како бисерни блисоци од Вруток, потекле низ целата снага, низ немирниот Вардар, на таа богата, зелена, со цветни ливади и шуми, пченични и оризови полиња и сини езерски очи Македонија. Во мирисот на темјанот, во тишината на духовниот, црковен мир, ја гледам иконата на Богородица со Исус и шепотам: „Мајко Божја, во твојот храм, мојот народ, слушајќи ги црковните песни, го задржал зборот. А со тоа го задржал и името на еден народ, една нација, на една прекрасна и горда земја - на мојата Македонија!“ Со векови везилките со црн и црвен конец на македонски зборови ја ткаеле невестинската кошула на Македонската историја. И тешки денови и аргатски маки големи... Како синџир окован околу вратот ѓердани... Со душата Рацин, македонскиот збор ни го дал во аманет за да ја запомниме историјата. Да ја запомниме 20


МојоТ јазик, Тоа сум јас

сиромаштијата и тагата на Ленка со недовезена, невестинска кошула... Оставена на разбој... Никогаш не доткаена... За да остане како аманет и свет грал што го бараме кога во историјата копаме по нашите корени. И Крсте Петков Мисирков запишал во „За македонцките работи“ - македонскиот јазик е единствен, не е ни грчки, ни бугарски, ни српски. Јас сум горда што зборувам на мојот мајчин јазик. Горда сум што станал официјално признат по I заседание на АСНОМ. Сакам да пловам по стиховите и зборовите на поетите и писателите, на обичните луѓе, како качена на кајче низ брановите на синиот Охрид. Се мешаат наречјата: Кумановскиот на Батко Ѓорѓија „Што сакаја све да је његово“, „На малкото момиче што берело чушки и френки во златна есен кога замирисува македонскиот ајвар, на дејчето што месело алтан тетовска погача...“ Го сакам мојот јазик, го сакам мојот народ и најмногу неа, со сето мое срце и душа - мојата татковина Македонија. И затоа, сакам, сиот свет да ја слушне една мала танчерка на дланка која танцува и ја пее химната на својот, македонски јазик дека: „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата...“ А тоа, ќе свети вечно... И ќе го види еден ден сиот свет дека е топло, со топла, македонска душа да го згрее секого и да го осветли патот на сите идни генерации кои ќе го понесат заветот да го сакаат, зборуваат и творат на својот, македонски јазик!!!

„Македонијо, мајко мила твојот јазик е душата што ми даде сила!!!“ Сара Конин VII 4. одд. ООУ: „Кочо Рацин“ - Куманово ментор: Маја Стојановска

21


МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Чешки, српски, англиски, руски ги има многу јазици такви, но само еден и единствен е нашиот македонски. Секоја буква по еден знак за мене како сончев зрак, Македонската азбука е чудесна, но за секого многу лесна. Буква по буква – збор, збор по збор – реченица, реченица по реченица - историја цела што македонскиот народ со свето писмо на прав пат го извела. Јазикот наш чист никој нема таков ист јазик убав за сите нас Мојот јазик – тоа сум јас. Томе Тефов VI-а OОУ „Гоце Делчев“, Кавадарци Mентор: Јованка АнгеловскаЗмејковска 22


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК –ТОА СУМ ЈАС Од родната грутка, во магловито утро пареа се крева, таа бревта, шепоти – на мојот јазик. Во пролетно утро, ластовички гушнати под стреа се спремаат за лет, зборуваат на мојот јазик. Плачот на детето и шепотот на тревата, свирежот на штурецот и татнежот на возот, насекаде околу мене -јазикот мој. Во полето берачите, по нивите орачите, жуборот на потокот... пејат во еден глас мил и близок за сите нас. А кога ноќта ќе се спушти и настапи празнотија и самотија се слуша еден шум збор изговорен на мојот јазик. Од рани утра кога на нозе сè се буди и крева и по улиците почнува да се прави врева насекаде, јазикот мој се слуша -тоа е мојата душа. Бисера Стојмановска, 9-1 одд. ООУ „Толи Зордумис“ –Куманово Ментор: Габриела Живиќ 23


МОЈОТ ЈАЗИК ТОА СУМ ЈАС Зборувам македонски, јазикот на моите предци, со него лесно може да се опише среќата, да се почувствува тагата, да се насети лагата. Размислувам на македонски, бунтовно, таговно, вешто, и дишам исто така, размислувајќи за сè и сешто. Пишувам на овој исконски јазик, како и во песнава сега, среќа ме обзема силна, а тагата полека бега. На мојот јазик пишувале многу, песни излеани од душа, а сигурно не знаеле и тие, дека и денес нивната порака ќе се слуша. Нè има многу низ цел свет, ќе нè пронајдете во житото, во лозјето, во убавиот род или во сушата. Да, тоа сум јас, Македонка во душата. Вања Милчевска IX- 4 Одд. ООУ „Крсте Мисирков“ –Скопје Mентор: Мирјана Малјановска

24


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик –тоа сум јас Мојот јазик е златно сонце На небо што сјае Како дијамант е што блика Мојот јазик, македонски се вика. Наследство од баба и дедо Подарок за најмилото чедо. Создаден од браќата Свети За генерации многу Да бидат среќни, Да им биде патот осветлен. Јазикот мајчин мој, Од срце го сакам, почитувам и љубам Мајчиниот јазик мој – гордост моја света Тој е најмилозвучен на цела планета. Сара Атанасова VIII одд. ОУ ,,Никола Парапунов“ с. Драгобраште Виница Ментор: Даниела Христова

25


Мојот јазик-тоа сум јас Пред векови многу и времиња древни, во темната магла со сеништа црни, морничави траги на беспаќа врежат во душата своја што тешко се лечат. Лекот еден ќе е и Господ го прати, кирилово писмо блесна и зракот го врати. Секој еден глас со буква се стори се разигра перо и дела ни створи. Пејчиновиќ утеха на слепите им даде, а Јоаким поуки насекаде кладе, Мисирков пак гордо ставот свој го кажа: Си имаме свој јазик македонски браќа! Народниот јазик, тој бисерен ѓердан нанижан на срма и свиленкаст конец ја создава таа колоритна шара, што високо горе небото го пара. Везилка на Коневски песната ја бара македонска проста со исконска слава. Но зурлата од Тешкото штом диво ќе писне јазикот македонски в срце ќе се втисне. Симон Шоклевски VIIIб ОУ „Рајко Жинзифов“ н. Драчево, Скопје Ментор: Мишевска Љуба

26


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Од каде ли дојде ова писмо и ова слово ова оро и овој ритам, оваа песна и овој глас? Од рацете на светец словото се издвои и напиша, како од ангелски височини орото и ритамот се симнаа, а народот македонски песни испеа на сиот глас. На срце се залепи песната, а таа бликна во несопирлив извор, па на ширното поле навезе зборови и исткаја приказни во кои сме ти и јас. Низ години и векови многу насекаде се слушна нашиот глас, и се прочу јазикот македонски. Мојот јазик - со него се гордеам јас. Јована Лубеска VII 2 одд. ОУ„Св. Климент Охридски“, с. Драчево, Скопје Ментор: Розица Трајковска

27


Мојот јазик-тоа сум јас До таму кај што Рацин на тивок плам од свеќа ткаел песна за кошула ленена недоткаена и до таму кај што Делчев, Груев и Карев проста земја со црвена крв топеле за парче слобода. Таму далеку зад ридовите каде Костантин и Кирил и Методиј и Климент слово сликале и со шепот кон небото на македонски се молеле. До таму кај што ќе чуеш и дождови со милост. Добар ден! – да извикаат до таму е мојот јазик, е до таму е Македонија и ти и јас сме чеда нејзини не ни прилега поинаку и ти и јас говориме македонски, а мојот јазик - тоа сум јас. Фросина Петковска VIII1 одд ООУ „Јоаким Крчоски“, Скопје Mентор: Mирјана Славевска

28


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Одамна пред години многу тука предците мои живееле. На ова парче земја македонски јазик зборувале. Просветителите Кирил и Методиј Ѝ подариле светлина на иднината моја, Македонска азбука ми дарија Да бидам сигурна, спокојна, своја. Го учам и негувам, јазикот мој За мојата душа, храна е тој. Од предците наследство е мое Негувај го и ти, тоа е и твое. Сара Тасевска 7а одд. ОУ ,,Кочо Рацин“, Петровец Ментор: Славица Велковска

29


Мојот јазик –Тоа сум јас Мојот јазик, мој глас Мојот јазик - тоа сум јас Мојот јазик - мое сè Без него не би постоела, не. Со неговата азбука пишувам Со говорот негов другарувам Со него зборови составувам Без него в мрак потонувам . За него зборови нижам За јазикот јас се грижам Со неправда се борам За него со љубов творам. Илјада песни не би биле доста Бидејќи тука никој не знае за доста Секој автор своја песна пее И ниту една иста не е Секоја песна посебна тема и една да се повторува нема секој автор - свое јас секој го води сопствениот глас. Мартина Белеска VI а клас СОУ„Наум Наумовски Борче” Крушево Ментор: Зорица Папалазоска 30


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик, тоа сум јас Јазик - најголемо богатство, јазик - ѕвезда која сјае, јазик - златен гердан. Тој е мојот корен, мојата душа и моето јас. Јазикот е целосно оформен денеска, и тоа не значи дека ние не треба веќе да пишуваме, твориме па дури и да го негуваме. Нашиот јазик доживеал многу сплетови, и затоа тој тrеба да биде, но и да остане наша основа, треба да нè држи исправени и горди во иднина, теба да нè научи да не го загубиме идентитетот. Тој треба постојано да се збогатува со нови работи. Да го чуваме нашиот јазик како црнката на очите, како најмилото нешто во животот, како река која не треба да пресуши. Секој човек треба да се запознае со историјата на нашиот јазик и неговото значење за да твори на него. Еве ќе ви кажам и за првите азбуки. Првата азбука била создадена во 9 век која се нарекувала глаголица, создадена од Свети Кирил и Методиј и броела 38 букви. Втората азбука била кирилицата, создадена од Свети Климент Охридски и броела 44 букви. Овие наши учители ја почнале словенската писменост. А ние денес сме задоволни затоа што имаме свое писмо со кое можеме да ги опишеме убавините на нашата средина. Да не го испуштиме јазикот од нашата рака, да не дозволиме да ни го земат или сменат! Но ако јазикот некогаш и несакајки запре, тоа да не значи дека тој во нас го изгубил најголемото значење. Убаво рекол Крсте Петков Мисирков: „Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже од народниот дух“. Ако јазикот е сонце, да не дозволиме да престане да грее. Ако јазикот е цвеќе да не дозволиме да овене. Ако јазикот е знаење, да направиме ВЕЧНО ТАКА И ДА ОСТАНЕ! Ние комуницираме со најсовршеното средство - јазикот. Тој е и прородно средство за меѓусебно разбирање. Андријана Шпирова 8 одд. ООУ„ Климент Охридски“ Миравци, Гевгелија Ментор: Маја Танова 31


Мојот јазик, тоа сум јас Темел на секој народ е неговиот јазик. Јазик кој со векови постоел, постои и ќе постои. Сите ние пишувавме, пишуваме и ќе продолжиме да пишуваме со буквите на Климент и Наум, славните ученици на Кирил и Методиј кои ги поставиле темелите на нашиот јазик – нашата писменост и култура. Тие поминале по долг, тежок и трнлив пат за на нас Словените – Македонците потиснати да ни создадат Словенска светлина. Народот свој намачен од мрак го ослободиле. Впрегнати во една бразда семето на писменоста го засадија. Чудно и тешко е да се разбере дека постоелo време кога се мислело и чувствувало на еден јазик, а морало да се зборува на друг. Како ли изгледа да мислиш, да чувствуваш на еден јазик, а да зборуваш на друг. Колку ли е тешко своите мисли да ги преточиш на туѓ јазик? Како ли се чувствувале малите деца во училиште кога биле тепани само затоа што својата мисла, своите чувства и идеи ги искажувале на свој мајчин јазик, јазикот на кој мислеле, чувствувале и говореле дома, меѓу себе? Треба да сфатиме дека оружјето на писменоста ги води луѓето кон слободата. Дека најмоќно оружје е писмото на својот мајчин јазик. Пишувале на својот јазик, за својата култура: Џинот, Зографски, Шапкаров, Пулевски, Жинзифов, браќата Миладиновци, Прличев, Мисирков. Мисирков ги создал „За македонцките работи“, барал наречјата да се претопат во еден и единствен сопствен литературен јазик. Јазикот на кој зборувале, зборуваме и ќе продолжиме да зборуваме.

32


МојоТ јазик, Тоа сум јас

„Jазикот и верата сет душата на једен народ“ - К. П. Мисирков. Тие знаеја дека ќе дојде денот, кога нивното поколение ќе се слади со плодовите на нивната работа. Денеска ние, нивното поколение се сладиме од нивните слатки плодови. Јазикот ни е завет од дедовците, тој ни е како зеницата во очите, „Без јазик сме никој и ништо“ - В. Подгорец Народните говори се од големо значење и претставуваат основа за оформување и изградување на литературниот јазик. Македонските народни говори се богатството на нашата држава. „Еден народ не исчезнува додека мисли, чувствува и зборува на свој јазик“ Драгана Ризова 8 одд. ООУ „Климент Охридски“ Миравци, Гевгелија Ментор: Маја Танова

33


Мојот јазик - тоа сум јас Мојот јазик е моето чувство Мојата мисла Мојата песна Мојот јазик е мојата основа Мојот корен Кој извира од длабочина И ме води кон месечина Мојот јазик е моето минато Сегашноста и иднината Мојот јазик е извор Кој никогаш нема да пресуши Мојот јазик тоа сум јас Моето битие Мојата душа Моето сè Кристијан Митров 8 одд. ООУ „Климент Охридски“ Миравци, Гевгелија Ментор: Маја Танова

34


МојоТ јазик, Тоа сум јас

,,Мојот јазик – тоа сум јас” На улица, в чаршија секаде се слуша ,,Мојот јазик - тоа сум јас” Велат од големо значење било И секој што го знаел му било мило. Дознав, со јазикот имаме разбирачка лека Но така не било пред многу века Сега мојот јазик – тоа сум јас, ти, ние, сите... Македонците во цел свет, Нека уживаат во слободен јазичен лет! Ана Марија Ѓорговска VI B одд. О.О.У. ,,Крсте Мисирков“, Гевгелија Ментор: Мери Олумчева

35


Мојот јазик тоа сум јас Капка по капка, од мастило букви се редат, збор по збор на јазикот наш приказни се предат. За говорот македонски и копја се кршеле во бој, крвава историја раскажува низ времето тој. Низ векови темни и пусти се борел со мрак, за денес и утре водилка наша е, силно свети сјаен зрак. Можеби вака со два – три стиха би се опишале неколку скромни мисли за тоа како се издигнал нашиот јазик од пепелта на војните и страдањата на македонскиот народ. Неколку реда се малку да се опише неговата борба. Но, во тоа е силата на говорот, на зборот и на мајчиниот јазик, оружје со кое се пренесува пораката за неговата бесмртност. Јас не го паметам мојот прв збор, не се сеќавам на мојата прва реченица, но добро знам како поткревајќи се на прстиња ја рецитирам првата песничка за татковината во градинка. Мајка ми е таа која ми раскажува за тие моменти со убави зборови, а и сеуште запишува по нешто за да се сочува. И можеби до скоро и не разбирав, кое е тоа возвишено чувство, да пишуваш, да читаш и да разговараш на свој, сопствен јазик. Ги слушав и гледав приказните за мачната историја на македонскиот народ. Ги впивавме зборовите на наставничката од првите лекции за тие тешки времиња кои и не биле така далеку. А, најмногу од сè што ме натера да размислувам е насмевката на мојата прабаба Лефка, која подеднакво со мене се радуваше на мојот буквар. Знеше да ми каже, кога секое од нејзините деца, внучиња и сега јас нејзиното прво правнуче, чита и пишува на мајчин јазик таа се 36


МојоТ јазик, Тоа сум јас

сеќава на своето детство. Старите, збрчкани раце го милуваа мојот буквар, кога ми раскажуваше дека учела две години во бугарско и две во српско училиште. Ако децата разговарале на македонски јазик, рацете им станувале крваво црвени од стапот на учителот. Тогаш и не ги сфатив тие зборови до крај, но денес потполно се соживував со неколкуте стркалани солзи на прабаба ми. Сега знам, зошто нејзиното лице сеуште силно свети кога раскажува дека нејзината најстара ќерка, наставничка, описменила многу генерации ученици на македонски, мајчин јазик. Во нашата татковина, Република Македонија, се чита, пишува, зборува, радува, тагува, живее на наш македонски јазик. Во него се собрани идеите и мислите на сите македонски учители и просветители. Секој збор е искован од крв, пот и солзи на сите кои го дале животот за ние гордо, денес си го напишеме своето име и презиме. Во секоја буква од името на секој од нас е запишана суровата, вековна борба на народот македонски кој долго копнеел буквите и имињата да ја осветлат хартијата со наш јазик. Во азбуката се испреплетени нишките од посветеноста на нашите учители Кирил и Методиј, нивните ученици Наум и Климент и уште многу кој животот го дале, сè до Блаже Коневски, за да можеме гордо и правилно да говориме и твориме на македонски јазик. Мојот јазик тоа сум јас. А јас се стремам да бидам сè што е мојот јазик. Учам да сум храбар како неговите чувари низ вековите, да се образувам од дела на макдонските учители и да го развивам тоа што моите предци го создале за мене. Но, најмногу од сè сум горд што ги напишав овие неколку реда за мојот јазик и тие заблескаа на белата хартија исто толку силно како и во моето срце. Иван Јовановски VIII 1 одделение О.О.У. ,,Петар Поп Арсов“, Скопје Ментор: Марија Петкова

37


МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Мојот јазик е моето име гордо кажувам на глас нека чујат сите овој час. Кирил и Методиј аманет голем ни оставиле за век вековен. Триесет и една буква редна која од која за нас повредна. Затоа да ги славиме и почитуваме вечно, за тоа нивно дело што ни ги промени нашите животи бесконечно. Уште еднаш гордо кажувам на глас, МОЈОТ ЈАЗИК, да тоа сум јас. Симона Ристевска VII одд. ОУ. „Кочо Рацин“ – с. Ивањевци Подрачна единица – с. Долно Српци Ментор: Биљана Ивановска

38


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК ТОА СУМ ЈАС Македонскиот јазик ко име свето Ако само шепнеш збор Ко таен клуч да откриваш Ехо далечно наслушуваш До древни далечини патуваш Овој јазик како музика Наоколу што одзвонува Срцето ми го исполнува Како телото да се буди Искри за живот побудува. Анастасија Герасимовска VII -2 ООУ „Петар Поп Арсов“ - Скопје Ментор: Билјана Ромевски

39


МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС А, Б, В, Г, Д, тоа се свети букви кои ги сочинуваат зборовите на мојот мајчин, македонски јазик. Се сеќавам како со мака ги совладував првите коси и прави линии (букви) од нашата азбука. Тогаш ги гледав книгите како нешто волшебно и недостижно за мене и мојот свет, но знаев дека тие кријат некој за мене непознат свет. Денес, со задоволство ги читам книгите напишани на нашиот македонски јазик и чувствувам задоволство што откривам нови светови и тајни со секоја прочитана книга. Знам дека некогаш, во некои тешки времиња од минатото, луѓето не смееле да го употребуваат својот мајчин јазик. А, најскапоцениот подарок е слободата да се изразуваш и учиш на својот јазик. Понекогаш размислувам како низ бурите и вековите што поминале, нашиот народ успеал да го сочува својот јазик. Сигурно тој има волшебна моќ и начин да преживува и во најтешките времиња. Јазикот се пренесувал од генерација на генерација, во приказните и песните што ги пеел мојот народ, но и во светите книги во црквите и манастирите. Затоа, треба да имаме голема почит кон македонската народна традиција и кон нашите првопросветители. Особено кон светите Климент и Наум Охридски кои описмениле илјадници ученици во манастирите. Сега кога ќе речам - Мојот јазик, чувствувам дека тоа сум јас. Тоа сум јас бидејќи преку првите зборови од мојата мајка го запознав светот околу мене, подоцна со тој јазик ги изразувавав моите мисли и чувства, а сега, во училиштето ги откривам тајните на науката.

40


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Особено на часот по Македонски јазик, уживам низ стиховите на народните и уметничките песни низ кои се открива богатсвото на нашиот јазик. Преку сето ова јас се запознавам со потеклото и традицијата на мојот народ. Ете, затоа, мојот јазик - тоа сум јас. Јована Јовановска VII-3 одд. О.У. „Тодор Ангелевски“- Битола Ментор: Адриана Ѓоргиев

41


МОЈОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС „Едно убаво утро...“ „Овој ден е прекрасан...“ „Животот кој што го живееме е волшебен.“ Kолку мило звучи и колку убаво се наредија зборовите кои содржат многу вредност. Колку едноставно, а колку длабоко, колку разбирливо, а колку милозвучно. Тоа е мојот јазик, кој јас го зборувам. Мислиш дека и птиците те разбираат и посакуваат и нивната песна да биде исто така разбирлива. Но, на нашиот јазик се испеани најубавите песни на овие простори. Нашите прататковци го зборувале македонскиот јазик, кој е стар колку и цивилизацијата. Мојата мајка, мојот учител, мојот наставник ми ја вдахнаа основата на најубавиот и најчитливиот јазик во светот - македонскиот. Преку него и љубовта и среќата полесно се изговараат и разбираат. Ние имаме јазик кој е наш, исконски, прадедовски. Тој, тој е прекрасен. Најсигурната точка, најубавиот почеток. Јазикот почнува, става крај, најбитен е во средината. Нема поголема несигурност од онаа која може да ти ја вдахне немањето на зборови. Темелите на нашата писменост ги поставиле Кирил и Методиј. Тие го осветлија времето на незнаењето и на нашиот народ му го подарија најсилното оружје на светот – Македонската азбука. Таа ќе постои секогаш дури и ние постоиме, бидејќи како што рекол Св.Кирил: „Без својот јазик си при очи слеп при уши глув и при разум прост.“

42


МојоТ јазик, Тоа сум јас

А ние денес сме задоволни затоа што имаме свое писмо со кое можеме да ги опишеме убавините на нашата средина. Секој човек треба да се запознае со историјата на нашиот јазик и неговото значење за да твори на него. Бидејќи нема нешто поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик. Мојот мајчин јазик, македонскиот, е и ќе биде мојот корен, бидејќи на него пишувале и зборувале моите предци. Тој е мојата душа затоа што претставува дел од мене. Мојот мајчин јазик е моето ЈАС. Костанда Велкова Ментор: Ленче Милевска 7/4 одделение ОУ „Цветан Димов“ – Скопје

43


МОЈОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС Во последно време најчесто слушам дека јазикот е најголемот оружје на еден народ. За да се уверам дека тоа навистина е така почнав да размислувам за мојот мајчин јазик. Како прво мора да знаеме кои и се основоположниците на мојот јазик, а тоа се браќата Кирил и Методиј. Со создавањето на македонската азбука, основањето на многу училишта, праќање на учители во нив и описменување на народот ја зголемуваа силата и традицијата на македонскиот народ. Под турското ропство главни херои и јунаци биле учителите. Еден од нив е и Гоце Делчев, кој преку своето писмо, преку својот јазик беше најголемиот борец и херој на оваа држава. Македонија, нашата земја многу векови била под ропство, на македонскиот народ можеле да му земат сè, но неговиот јазик, култура и неговите корени да ги уништат не можеле. Македонскиот јазик го има низ целиот свет, а најмногу застапен е во далечната Австралија. Така и јас почесто размислувам што можам да направам за својот јазик, за да биде уште појак и поубав. Овој расказ е еден голем придонес, затоа што секој што ќе го прочита ќе се запознае со мојот јазик, убавината, неговите корени,а преку него ќе ме запознае мене и мојот народ. Мојот јазик е МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. Тарик Хајрединовиќ 6/4 одделение ОУ „Цветан Димов“ – Скопје Ментор: Ленче Милевска 44


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Денес ,,а“, утре ,,б“ Но не останав до тука, Туку сè по ред Стигнав до последната – широка ,,ш“. Зборувам, пишувам, читам, Пеам и учам, на мојот јазик. Кај што ќе посакам Со мојот јазик патувам, Што ќе посакам – добивам ! Мојот јазик, секогаш мој верен сопатник тој со мене, јас со него ! Мојот јазик – тоа сум јас ! Ивана Симова IX одд. ОУ ,,Никола Парапунов “ – с. Драгобраште – Виница Ментор: Даниела Христова

45


МОЈОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС „Јазикот на еден народ е негово најсилно оружје“. „Без јазикот си никој и ништо“. Овие зборови често ги слушам на часовите и ме мотивираа да размислам што претставува мајчиниот јазик за нас Македонците. Јазикот е основното средство за општење, тој е систем на знаци што служи за комуникација. Благодарение на јазикот и говорот луѓето не само што ги разменуваат своите мисли и чувства туку ги пренесуваат и своите сознанија на идните генерации. За нас Македонците, македонскиот јазик е основно национално обележје по кое се препознаваме во светот. Затоа нашиот мајчин јазик е нашата основа, нашиот корен што досегнува во длабочините на минатото и не држи исправени за во иднина. Нашиот јазик не е создаден сега. Голема е неговата историја.Таа не води низ мрачни векови до првите просветители Кирил и Методиј. Тие го осветлија времето на незнаењето и на нашиот народ му го подарија најсилното оружје на светот – азбуката. Секогаш во секој Македонец ќе останат врежани зборовите на Константин Филозоф: - „Јазикот на еден народ е негово духовно богатство, без него човекот ќе остане при очи слеп, при уши глув и при разум прост”. Ние имаме свои обичаи, свои преданија кои се пренесуваат од колено на колено и го одразуваат нашето битие, сето тоа благодарение на постоењето на нашиот мајчин јазик.

46


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Јазикот е значаен за меѓусебно идентификување на луѓето во заедница. Младите генерации треба да се запознаат уште од мали нозе со историјата и значењето на македонскиот јазик и со тоа кај нив да се поттикне развивање на свеста на неговото зачувување. Многу луѓе не си го знаат минатото на својот јазик, бидејќи сметаат дека тоа нема голема важност. Напротив, јазикот е непресушен извор кој треба постојано да се следи, да се негува, да се надоградува и пред се да се зачува чистината на убавиот македонски збор Како што рекол Партениј Зографски: - „Учи книга на свој јазик,после ако имаш време учи и на други јазици.Тој што учи толко на туѓ јазик а не на својот е еднаков на оној што ја отфрлаат мајка си и и место неа замаат друг.“ Сите ние треба да ги продолжиме делата на Кочо Рацин, браќата Миладиновци, Григор Прличев. Тие ни оставиле прекрасни дела, кои ние денес ги читаме и се гордееме со нив. Затоа треба и ние да оставаме дела со кои ќе останеме забележани во историјата. Убаво кажал Крсте Петков Мисирков: „Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже од народниот дух од својот идентитет“. Марија Симоновска 8/4 одделение ОУ „Цветан Димов“ - Скопје Ментор: Ленче Милевска

47


МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Мислите за да се родат И во израз за да се сродат Безброј реки од зборови течат Љубовта, радоста и тагата На мајчин јазик да ги лечат. Јазику мој - Македонски На мојата мисла и душа Ти спој единствен си. Можеби изучувам јазици разни Исполнети со приказни, сказни, Но ниеден за мене не е важен И во изразот толку снажен Како кога на твој начин говорам. И повторно да се родам Низ животот со тебе ќе бродам Зошто јас и ти, јазику мој, едно сме. Теодора НедиЌ 8а/9одд. О.О.У „Владо Тасевски” -Скопје Ментор: Соња Деловска

48


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК –ТОА СУМ ЈАС Мојот јазик е од дамнешни времиња, по потекло тој е од Словснските племиња. Јазикот има долговечна традиција, да го изучиме вешто, имаме голема амбиција. Ни го оставиле во аманет Солунските браќа со верба во Христа и Словото свето а оттогаш поминале векови цели. Ние се гордееме со македонскиот јазик го славиме често, тој во срцата има возвишено место. Јазикот мој – тоа сум јас Го говорам со радост, каде и да одам, говорам на цел глас: ЈАС ЗБОРУВАМ МАКЕДОНСКИ –ЈАС СУМ МАКЕДОНКА! Марта Пауновска, 9-2 одд. ООУ „Толи Зордумис“ –Куманово Ментор: Габриела Живиќ

49


МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Мојот јазик е мојот корен, во нашите срца вроден, од дамнина создаден од нашите дејци овековечен. Мајчиниот јазик е патоказ кој треба доследно да се следи, тој е идентитет наш кој бесценето многу вреди. Мајчиниот јазик е тој кој ни дава поттик и сила, кој никогаш нема да згасне, тој е наше сонце кое и во темнина ќе блесне. Најнапред треба книга на свој јазик да се учи, па дури потоа за туѓ јазик секој да се одлучи. Ако не е така, тоа е исто како да ја отфрлаш сопствената мајка. Мајчиниот јазик треба добро да се познава, секој да го почитува и љуби, таа љубов да се негува 50


МојоТ јазик, Тоа сум јас

никогаш да не се изгуби. Миладиновци, Крчовски, Прличев, Мисирков неуморно твореле за нас, за да го докажат нашиот идентитет, да го сочуваме сопственото јас. Затоа ние јазикот македонски треба пожртвувано да го чуваме, а нашите просветители и преродбеници безрезервно да ги почитуваме. Внимавам како говорам, против туѓите зборови го кревам својот глас, зашто мојот јазик е моето име, тоа сум ЈАС! Лиле Стефановска VIII 1 одд. ОУ„Кузман Шапкарев“ н. Драчево, Скопје Ментор: Анета Јумбрукова Алексова

51


Мојот јазик тоа сум јас Да постојам не значи само да дишам и да го правам она што сите го прават да постојам значи да ја носам она неподносливата леснотија на постоењето, да знам зошто сум токму тука, да знам која сум, самата да се пронајдам во таа длабочина на животот. Да постојам значи да љубам и да говорам, да се сладам со својата слобода. Да го зборувам она правилното, она убавото. А, да зборувам не ми треба само мисли неконтролирани или доволно испланирани, туку ми го треба она што лежи длабоко кај мојот народ, она најсветото – мојот јазик. Нешто без кое моите мисли би биле зафрлени некаде во темнината. И тогаш кога се наоѓам таму кај што мојот јазик е прифатен, тогаш и моите мисли се милуваат, мисли кои ми ја рефлектираат душата, мисли кои ги преточувам на парче хартија или пак ги кажувам безстрашно. Дозволувам она што сум токму она што е сокриено во мене, она што сонувам да го слушне секој. Зборовите силни да ми се. Да војувам со зборовите, да прегрнувам со речениците. А што ако мојот јазик биде забранет, а мојата слобода на говорење биде окована со железни пранги?! Тогаш и самата сум заробена, моите усни се запечатени со неправда од мојот непријател. Е, тогаш настапува сила на моите раце, да си го задржам она вроденото она што го носам со себе цел живот, песна на мојот јазик која душата ми ја напојува, која ме оживува и ме прави посилна. Леона Живиќ VIIIв одд ООУ „Крсте Мисирков“, Куманово Ментор: Стојанка Дудучки 52


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Луѓето се различни,во мислите, по изгледот,во душата, но постои нешто што нè сплотува во едно, јазикот. Еден е мајчиниот јазик, првите изустени зборови, дел од нашата душа. Јазикот е дарба, јунско сонце во бури тешки, кокиче во зимски денови. Јазикот е завет од нашите предци, за нас и потомците наши. Кога ги слушав дедовите приказни, чинам зборуваше како поданик нивен, а ние го продолжуваме синџирот на чие чело стојат први учители. Тешка борба во животот воделе, животот на конец го ставале и до последен здив се бореле народот свој да го описменат и наместо крвави битки да се редат и пушки в раце мир чинат, јазикот таа моќ да ја превземе и со него пламен да се гасне. Животот е бојно поле, а нашето оружје е јазикот, ѓердан нанижан во срцата наши, поток кој жубори над нас, сенка која нè следи до последниот здив. Анастасија Серафимовска VIIIа одд. ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово Ментор: Стојанка Дудучки

53


МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Мојот јазик е моето вистинско јас Да го негувам и сакам тоа е мое право Да го чувам и пренесувам, тоа е мој долг. Без јазикот си никој и ништо тоа добро го знам затоа секогаш творби за јазикот пишувам и создавам.

Македонка Динева, VI г одд. ООУ „Крсте Мисирков“, Гевгелија Ментор: Мери Олумчева

54


МојоТ јазик, Тоа сум јас

,,Мојот јазик – тоа сум јас” На улица, в чаршија секаде се слуша ,,Мојот јазик - тоа сум јас“ Велат од големо значење било И секој што го знаел му било мило. Дознав, со јазикот имаме разбирачка лека Но така не било пред многу века Сега мојот јазик – тоа сум јас, ти, ние, сите... Македонците во цел свет, Нека уживаат во слободен јазичен лет! Ана Марија Ѓорговска VI B одд. О.О.У. ,,Крсте Мисирков“, Гевгелија Ментор: Мери Олумчева

55


Ѓердан од зборови Ѓердан од зборови. Бисерен ѓердан. Преубави бисери на него Извезени, нанижани, побелеле, заблескале. Колку чини? Чини колку душава моја, колку душата твоја. Бесценет е, бескрајно вреден. Но, го продавам! Ѝ го продавам на иднината. Ѝ го продавам за да го чува повеќе од сегашноста, за да го негува повеќе од минатото. За да продолжи да докажува дека сме горди Македонци, горди на својата држава, горди на својот народ, на својот јазик! Ерика Спасева 7 одд ООУ „Гоце Делчев“ Свети Николе Ментор: Гордана Панева 56


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик тоа сум јас Буква по буква прекрасно напишан збор. Збор по збор, мелодија од реченици Мелодија која наидува како тиха река, од непресушниот извор што тивко шумоли. Реченици по реченици, прекрасни дела, на творците, на писменоста. Нивната вечност и слава ја крунисале со бисери од букви свети, ја овековечиле со непрекорната љубов кон македонскиот јазик. Мојот јазик има длабок корен кој е втемелен во родната почва. Од тој корен ќе израсне дрво, кое ќе свети со илјада топли зраци ќе ни го кажува патот, кон писменоста и културата. Семето на македонскиот јазик, ќе се пренесува, од колено на колено, 57


со љубов ќе го негуваме јазикот наш македонски. Ќе сплетеме еден долг ѓердан од бели цветови, кој ќе биде за навек, Да, тој ѓердан - МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК треба со љубов тоа свето парче, да го негуваме. Душата сама ќе говори ко љубовен изблик како го чувствува нежниот допир на зборот. Ко тих шепот на пролетен цвет, ко жубор на бисерни капки ко светол зрак откачен од сонцето. МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, тоа сум јас јас пишувам, јас творам за него, јас го продолжувам неговиот живот. Стефанија Паневска 9 одд ООУ „Гоце Делчев“ Свети Николе ментор: Роза Цветкова

58


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Треба да се знае како прво: Ние не сме без корен дрво, имаме свое, македонско семе, имаме јазик од дамнешно време! Некој вака напишал, и не погрешил. Македонскиот јазик зад себе има богата историја, патека која ако се обидеме да ја следиме, ќе нè одведе длабоко во минатото, низ мрачните векови сè до првите просветители, браќата Кирил и Методиј. Тие ни го дадоа најсилното оружје на светот - нашата азбука, со тој сплет од букви и знаци, го осветлија времето на незнаење и мрак. Добивме јазик- наш, исконски, македонски, прадедовски. Дали ти македонско чедо што го зборуваш јазикот на баба и дедо, го негуваш и чуваш јазикот свој, знаеш ли колку вреди тој? Македонскиот јазик е бескрајно вреден, без него ти немаш гордост, без него ти си туѓинец беден. Навистина, јазикот е нашиот идентитет – тоа сме сите ние. Тој ги идентификува нациите во заедница, дозволува сите да учиме, зборуваме и твориме на овој јазик. На тој начин, нашето срце и душа се отвараат целосно, а зборовите сами излегуваат, се изливаат како река, течат низ разни предели, а 59


во себе носат нечии скриени желби, мечти, спомени. Јазикот е мост за обединување на луѓето, за културно обединување на нациите, за зближување на нациите кои го градат човештвото, цивилизациите. Јазикот е песна без крај, секогаш певлива, секогаш спремна за уште некој нов стих. Тој е проста временска машина што ни овозможува да патуваме низ времето, да доживуваме нови луѓе и нови простори, да видиме невидено, да слушнеме нечуено, да се восхитуваме, радуваме, тагуваме на други човечки судбини. Како? Многу лесно – со помош на пишаниот збор. Тој е траен сведок за едни дамнешни времиња, за дамнешни начини на живот, сведок на човечки судбини, успеси и падови. Пишаниот збор е нашата порака до идните генерации, сведок за нашето постоење. Токму преку тој пишан збор, јазикот ја пренесува нашата богата македонска традиција, нашите обичаи, преданија, нашата култура и музика. Тие се наше огледало, одраз на нашето постоење и непокор низ вековите. Ние сме македонскиот Пиреј – ти го корнеш а тој повторно се раѓа, на гола почва под никакви услови. Ние не се сомневаме во себеси, зошто имаме своја духовна храна, имаме лек против сите кризи на идентитетот – го имаме својот македонски јазик. Убав е нашиот јазик. Со него се испеани безброј херојски и љубовни стихови. Тој е чист, целосно оформен, совршен, литературен. Тој е непресушен извор, само треба да се чува и негува неговата чистота и убавина, за да може секој да се напие грст убави зборови од него и низ нив да ги преточи своите мисли, чуства, идеи и сознанија, и да ги сподели со своите современици и идни генерации. Да го сочуваме нашиот јазик, со него сме луѓе, имаме свое ,,јас”, свое име и презиме, свој идентитет. Тој е нашиот корен што досегнува до длабочините на минатото, и нè држи исправени и цврсти пред налетите на иднината. Јазикот е нашето богатство

60


и моќ. Јазикот - тоа сум Јас, Ти, Тој, Ние, Вие, Тие... а во сите нас огромна сила се крие. Крсте Петков Мисирков рекол: „Да се откаже човек од својот јазик народен, значи да се откаже од народниот дух.“ Јас само би надополнила, тоа значи да се откаже од својот идентитет, од сопственото битие, а тоа е невозможно, зошто нашиот јазик – тоа сум Јас, тоа сме сите ние заедно. Да се избориме за свое парче небо во овој свет на кое ќе светкаат како Охридски бисери на сонце, буквите од нашата македонска азбука. Фичуроска Ангела VII-1 одд. О.У. ,,Гоце Делчев“ - Гостивар Ментор: Анѓелко Јанкоски


Мојот јазик тоа-сум јас Мојот јазик има словенско потекло со него моите предци говореле, глаголица и кирилица-писма наши Кирил и Климент за нас нив ги твореле. За неправдата кон јазикот низ векови и Методиј заедно со нив се борел, светоста на јазикот мој ја докажале од земните богатства се откажале. Во манастирите свети мојот народ, богослужба слушал за верата своја и писменост на својот јазик таму стекнал и на непријателите не потклекнал. И народниот јазик свое место земал вредни уметнички дела се напишале, тие и народното богато творештво во историјата наша се запишале. Никогаш сето ова нема да го заборавам тоа е запишано и во срцето мое, со мојот јазик живеам и творам и со гордост каде и да сум за него ќе зборам. Марија Китевска VIII1 одд. ООУ ,,Ѓорче Петров”-Скопје Ментор: Иванка Мишевска 62


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Мојот дедо и баба на првите зборови ме научија, мама и тато што ме опкружува со радост ме поучија. Како растев јас пољубопитна станав за сето тоа мојот јазик се грижи, со него мојата душа е полна сè во светот за мене со него се движи. Безброј поговорки и пословици мудрост ми даваат и бројни уметнички дела трајни вредности кај мене создаваат. Мојот јазик е бунар без дно од кој секојдневно црпам вода, тој ми дава живот вечен на моето свето тло. Во училиштето мое секојдневно јазикот мој се негува, од секој негов збор нов предизвик за мене излегува. Мојот јазик - тоа сум јас. Ако него го нема - ќе ме нема и мене затоа никој мојот јазик не дозволувам да го земе. Петрана Крстевска VII2 одд. ООУ ,,Ѓорче Петров“ - Скопје Ментор: Иванка Мишевска 63


Мојот јазик-тоа сум јас Велат дека не е важно на кој јазик зборуваш, туку она што го кажуваш. Да, ама за да го кажуваш токму онака како што мислиш треба да се изразиш правилно - а тоа го можеш само со твојот мајчин јазик. Можеш одлично да зборуваш неколку јазици, ама само еден е само твој. Твојата душа зборува само еден јазик, твоите чувства зборуваат само еден јазик, твојот сон зборува само еден јазик! Мајчиниот, за мене - македонскиот јазик, јазикот на моите предци. Убаво е да зборуваш многу јазици и да градиш нови пријателства, да здобиваш нови искуства, да можеш да прочиташ книга која сé уште не е преведена на твојот јазик... Ама, мајчиниот јазик е првиот мој јазик. Дури и за да ги разберам останатите јазици, ми треба мојот мајчин јазик. Со него размислувам, зборувам, пишувам, тагувам, се радувам, со него сум дел од овој свет. Со него комуницирам и го живеам секој миг од мојот живот. И колку да сме дел од некоја нова генерација која ужива да зборува англиски и употребува кратенки, сепак го сакаме нашиот мајчин јазик. Знаеме дека сме деца на Рацин, Миладиновци, Прличев и горди сме на нив. И знаеме дека нашиот јазик тука не престанува, тој живее преку нас, преку некои нови генерации Рацин, Миладинов, Прличев. Преку новата македонска проза и поезија за која сега слуша целиот свет. Да не беа Кирил и Методиј немаше сега да ги има ни Прличев ни Рацин ни Гане Тодоровски ни новите млади македонски писатели и поети, но ако ги немаме новите генерации залудни ќе беа жртвите на Кирил и Методиј, затоа што јазикот мајчин треба да се создаде, но и да живее. Со 64


МојоТ јазик, Тоа сум јас

секоја нова генерација, со секое ново поколение, со секој од нас. Нашиот мајчин јазик е нашиот корен во минатото и стебло што нé држи исправени за во иднина. И нема ништо поубаво кога можеш мислите и чувствата да ги слееш преку твојот јазик токму онака како што ти ги плете душата. Затоа голема е болката на оние кои го немаат правото да го употребуваат својот мајчин јазик. Тоа е тежок катанец за една човекова душа, грев и срам за целиот свет во едно денешно време. Но гласот против овој грев не треба да биде само на оние на кои им е одземено тоа право, туку и на сите нас кои сме дел од овој свет, затоа што само заеднички може да го направиме светот поубаво место за живеење. Мојот јазик тоа сум јас. Го сакам и почитувам затоа што ми дава моќ да се изразам себеси, да раскажувам за минатото, да ја живеам сегашноста и да мечтаам за иднината. Катја Зенделска VIII a О.О.У. „Владо Тасевски“, Скопје Ментор: Соња Деловска

65


МОЈОТ МАЈЧИН ЈАЗИК Е МОЕТО ПОСТОЕЊЕ, МОЈАТА ИДНИНА Кога бев многу мала сонив еден страшен сон. Како Алиса бев изгубена во една чудна земја во која сите зборуваа на јазик непознат за мене. Зборови, зборови, неразбирливи и нејасни. Беспомошна посакав да слушнам збор, збор македонски кој ќе ми ја осветли темнината околу мене. Проговорив со мојот јазик: ТУКА СУМ. Но, никој не ме разбра. Нема поголема несигурност од онаа кога немаш зборови да го кажеш она што го сакаш… Исплашена од кошмарот се разбудив и ги слушнав познатите зборови од мама. Бев среќна и почнав да размислувам... Мојот македонски јазик е прекрасен. Брод во кој пловам и најсигурно се чувствувам. Мојот почеток - првиот збор од мама. Кога научив да читам на мојот мајчин јазик, зборовите ми станаа најубави, а книгите моите пријатели. Само на мојот јазик ја препознавам душата на писателот, мислата која сака да допре до мене. Со мојот јазик заедно ќе патувам во иднината. Јазикот е неопходен, како врата низ која влегуваме во куќата и почнуваме да разговараме и да се разбираме. Но, од друга страна ако не го знаеме јазикот и говорот на оној што не го познаваме, тој е тешка зандана од која тешко ќе излеземе. Зборовите на мојот мајчин, македонски јазик наликуваат на исконски звуци, што ми останале од моите предци. Кога ми е лошо, офкам и кога сум лута најлесно ги искажувам своите чувства на мојот јазик. Но, кога сакам на мојот мајчин јазик, НАЈСИЛНО сакам, зошто љубовта ја искажувам со свои зборови извадени од срце. И така, после онаа ноќ кога легнав и кога сонив дека ги загубив ТИЕ... мајчините зборови, сфатив: МОЈОТ МАЈЧИН ЈАЗИК Е МОЕТО ПОСТОЕЊЕ И МОЕТО ЈАС. Јована Нецева 7б од Ментор:Васка Николова-Икономова ООУ. „Партенија Зографски“ - Скопје

66


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас 1. Кога би можела да добијам крилја, и високо На небесниот свод да летнам, Преку родните реки и езера, планини Да прелетнам, Високо таму на небото да се вивнам, Мојот народ мил од далеку да го видам. Кога би можела да добијам небесна сила, спокој и мир Да се вивнам ко пеперутка в пролетен шир, Да сретнам и стари и млади и деца и баби, Со насмевка да ги поздравам, на мојот јазик драг, Во срцата радост буен збор да им вплетам. 2. Со неизмерна желба, во гради што тлее, Со љубов што дури сум жива ќе ме грее. Со високо крената глава што сегде низ земјава одам, Со гордост што никогаш не гасне, За јазикот мој роден, до гроб ќе одам, Битки тешки и војни за него ќе водам. Со душманот враг ќе се борам, До последен здив и на Бога ќе се молам... За мојата гордост, за личноста во која се градам За јазикот кој го славам. 3. За мојот јазик - тоа сум јас, Тоа си ти, Тоа е тој, Тоа се тие Тоа сме сите ние Сплотени, стројни на ова парче земја Пулсираме во дамарите на мајчиниот јазик. Јована Витанова ООУ. „Св.Климент Охридски“-Делчево Ментор: Иванова Весна 67


Мојот јазик - тоа сум јас Историјата на немоќта и помислата за болката кон недозволеното богатство, сето она што се случило и се трпело како последица од долгодишно ропство, низ сета таа збрка на илјадници тешкотии, сепак денеска па дури и тогаш ние луѓето, ние победниците сме успеале да го зачуваме она што нè прави горди, нашиот јазик македонски. Горда сум што сум Македонка! Не се двоумам туку извикувам на сиот глас. Се гордеам што зборувам македонски, го љубам мојот мајчин јазик. Ниеден човек не би бил темел на сегашноста без заштитниот оклоп за борбата. Човек без јазик е исто како човек без душа. Живееш, а сепак немаш зад себе нешто за да те истакне дека постоиш. Јазикот не е само потреба за кумуницирање туку едноставно доказ без кој не би биле луѓе во целосна смисла. Мојот јазик покажува всушност која сум јас. Се одликува на сликата за негово продолжување. Огнот полека гори, но не смее да изгасне. Целокупната заштита и лоза која полека продолжува е среќа која насмевнува илјадници насмевки. Мојот јазик - тоа сум јас. Мојот јазик е мојата вистина. Среќата е врз основа на постоењето на реалноста на сето онаа што се одликува на убавината во светлината на кристалите. Моето постоење го зачувувам во корењата заедно со јазикот. Без јазик си никој и ништо. Без таа непочуствувана дарба и изгубена љубов си како тажен галеб без своите благословени крилја. Не згаснувајте ја потребата за среќа. Ние македонците имаме долг спрема нашите предци, долг за да ја оправдаме нивната успешност и покорување за победата и да им ја предадеме на идните генерации на нашите: деца, внуци, ќерки и синови. Да го зачуваме богатството што секој би го посакал. Да го продолжиме гордеењето. Да продолжиме да бидеме онаа што сме! Би ми било мило ако секој еден би сфатил зошто всушност јазикот е онаа непроценливо волшебство. Надица Туриманџова, IX б „Димката Ангелов Габерот“, Кавадарци Ментор:Соња T. Костова 68


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Буква по буква збор, Збор по збор реченица Се лее од секоја уста Убава наша меденица. Се пренесува од колено на колено Го негува секоја генерација, Со тоа ние се гордееме Македонски јазик, македонска нација. -Чувај го чедо јазикот! Ми вели секогаш дедо ми Тоа е смислата на постоењето Тоа си ти – верувај ми. Каде и да талкаш по светот Тој е твојата водилка Те краси, те чува, те одликува Да се гордееш те повикува. Без јазик си нем, Без јазик не постоиш Поситен си од мравка, од зрно Сè пред тебе е безлично, црно. Затоа порасни до небото Чувај го гордо јазикот Нашиот јазик е еден, За секој од нас највреден Мартина Нанева VIIIа одд. ООУ„Димката А. Габерот, Кавадарци Ментор: Соња Т. Костова 69


МОЈОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС Го негуваш ли, го чуваш ли својот мајчин јазик, знаеш ли колку вреди тој? Мајчиниот јазик е оној на кој ги изговараме првите зборови, јазик кој прв го слушаме по нашето раѓање. Јазикот е основно средство за општење и благодарение на него луѓето не само што ги разменуваат своите чуства и мисли туку и ги пренесуваат своите сознанија на идните генерации. За нас Македонците, македонскиот јазик е основно национално обележје по кое се препознаваме во свотот, нешто што нè прави да бидеме поразличи од другите народи. Затоа нашиот мајчин јазик е нашата основа, нашиот корен што достигнува во длабочините на минатото и нè држи исправено за во иднина. Неговата историја е голема. Да се вратиме во минатото, во тие мрачни, студени денови, кога македонскиот народ бил во темнина и при очи слеп. Зандана, мрачна и влажна се слуша само шкрипењето на перото кое ја испишува нашата историја. Кирил наведнат над стариот пергамет со секоја испишана буква го пробива мракот и ја најавува светлината, го осветлува времето на незнаењето, на нас ни го подарува најсилното оружје на светот. Македонската азбука. Го поведе народот напред со книга да врви! Сè дури сонцето грее делото на солунските браќа ќе се слави. А денес ние Македонците сме задоволни што имаме свој јазик, свое, бидејќи нема ништо поубаво да се твори и пишува на својот мајчин јазик. Но тоа не значи дека тука треба да застанеме, јазикот е непресушен извор и треба постојано да се следи, да се негува, да се надоградува и пред сè да се зачува суштината на убавиот македонскиот збор. Да ги читаме, но и да 70


МојоТ јазик, Тоа сум јас

се гордееме со делата на Кочо Рацин, Григор Прличев, Димитар и Константин Миладинови и многу други наши дејци, но и да се обидеме да ги продолжиме нивните дела. Македонскиот јазик е како дијамант, како река која никогаш нема да пресуши, река од која се разлеваат бистри капки - зборови, ковчег со богатство кој никогаш нема да се испразни. Македонскиот јазик е како светло сонце, кое го грее својот македонски народ. Мојот јазик - Македонски е моето семе, спомен од моите предци, тој претставува дел од мене од мојата душа, срце, од моето јас. Горда сум со него јас и тоа ќе го кажам на целиот глас! Мајчиниот јазик чувај го како зеницата во своето око, бидејќи без него, ти си туѓинец биден - никој и ништо. Павлинка Ташева IX б одд ООУ. ,,Димката Ангелов Габерот“ – Кавадарци Ментор: Соња Т. Костова

71


МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Јазикот е основно средство за општење, тој е систем од знаци што служи за комуникација. Благодарение на јазикот и говорот, луЃето не само што ги разменуваат своите мисли и чувства туку ги пренесуваат и своите искуства и сознанија на идните генерации. Преку јазикот се идентификуваат националностите, кои се, од каде доаѓаат. За нас Албанците, албанскиот јазик е основно национално обележје по кое се препознаваме во светот. Затоа нашиот мајчин јазик е нашата основа, нашиот корен што досегнува во длабочините на минатото и нè држи исправени за во иднина. Нашиот јазик не е создаден сега. Голема е неговата историја. Таа нè води низ долги години, векови, до првите просветители. Тие го осветлија времето на незнаењето и на нашиот народ му го подарија најсилното оружје на светот азбуката. Зачувувањето на јазикот е од огромно значење заради тоа што служи да ги обединува луѓето, културно да ги поврзува генерациите, кои една со друга ги прават цивилизациските вредности на човештвото. Младите генерации треба да се запознаат уште од мали нозе со историјата и значењето на албанскиот јазик и со тоа кај нив да се поттикне развивање на свеста за неговото зачувување. Пранвера Бајрами О.У. 25 Мај Ментор: Анета Цаневска

72


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Во секојдневниот живот употребуваме различни зборови со кои комуницираме. Секој збор има свое значење и секоја држава има свој јазик, не се зборува на ист јазик во целиот свет. Секоја држава има свои национални карактеристики, национални обележја по кои се разликува од останатите држави во светот. Такво обележје е јазикот и кога велиме мајчин јазик мислиме на јазикот на нашите родители, на јазикот на нашите баби и дедовци, браЌа и сестри, јазикот на кој сме ги изговориле првите зборови, јазикот кој го учиме со првите чекори, јазикот кој го примаме од минатите генерации и го пренесуваме на идните генерации, односно на нашите деца и внуци. Јазикот не треба да биде пречка за другарување помеЃу деца од различни националности, помеѓу деца од различни држави, затоа што денес најшироко е распространет англискиот јазик, па полесно се комуницира со речиси целиот свет. Секој треба да го чува и негува мајчиниот јазик затоа што тоа е вистинско богатство за секој човек и за секој народ. Мелиса Камбери О.У. 25 Мај Ментор: Анета Цаневска

73


Мојот јазик – тоа сум јас Еден народ не исчезнува додека зборува, мисли, чувствува. Убавината на мајчиниот јазик нè одржува, ни го дава нашиот идентитет. Мајчиниот јазик е нашиот корен. Тој е еден од основните елементи кои го карактеризираат еден народ. Со мислите патувам низ времето. Се враќам во минатото. Ги барам нашите корени. Времето е налик на планинска река која пробивајќи го својот тежок пат остава длабоки траги кои ни ја пресликуваат историјата на Словенскиот народ. Траги кои нè тераат да се вратиме по течението на таа река во минатото каде врежани стојат имињата на словенските творци. Токму во тесните клисури и кањони се наоѓаат имињата Кирил и Методиј. Понтаму, ене го, Крсте Петков Мисирков кој умира оставајќи ни го зад себе неговото животно мото: „Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов“. Сите дејци, сите преродбеници од ова тло секогаш докажувале дека македонскиот народ е јазично различен од другите словенски народи. Го слушале тие во поле додека се жнеело и се пееле жетварските песни, кога се пееле свадбарски песни, тажачки и редења низ кои се искажувале чувствата и болката. Ги запишувале, чувале за идните поколенија. Затоа сè повеќе не ги разбирам желбите и поривите нечии, тие да имаат свој јазик, а да го негираат туѓиот? Како ли опстанал овој народ со векови? Мојот дедо, мојот прадедо, 74


МојоТ јазик, Тоа сум јас

па и прадедото на мојот дедо зборувале на македонски јазик. Тие го пренесувале од колено на колено и ни го оставиле во наследство и ние да зборуваме и ние да се гордееме со него, оти јазикот сме ние, тој е нашата татковина. Зашто мајчиниот јазик е јазикот на кој го кажуваш првиот збор, растеш со него. Тој ти обзема еден дел од срцето – од твојата душа. Мајчиниот јазик е нешто што ни дава сила, нешто кое не милува, нешто кон кое се однесуваме со почит. На кој крај од светот да си, пак ќе зборуваш на мајчиниот јазик. И колку далеку да си во тебе ќе гори желбата да го слушнеш, да го проговориш, да го споделиш. Секогаш го чувствуваш како ангел кој те чува од далеку, зрачи со топлина и љубов. Мајчиниот јазик ни го покажува местото од каде потекнуваме, тој е наше најголемо богатство, тој е нашето културно богатство и ние мораме да го чуваме како нешто најсвето, затоа што нашите предци ни го оставија и се изборија за правото за употреба на мајчиниот јазик и за докажување на неговата посебност. Љубица Павичевиќ VIII-1 одделение ОУ „Круме Кепески“ Скопје Ментор: Валентина Т. Стаматовска

75


Мојот јазик – тоа сум јас Мојот јазик е најубав во светот, А, јас го сакам како птица в летот, Јазикот е мојата душа, моето јас, Чинам, затоа пишувам песна во овој час. И колку далеку да отидам, Никогаш нема да те заборавам И колку далеку да отидам, таму Од срце ќе те зборувам! Ти си ми нешто најзначајно Јазику мој македонски Ангел што ме гледа од далеку си ти Зрачиш со љубов и топлина. И уште нешто знај, како за крај Колку многу те сакам јас! Николивска Ангела VIII-1 одделение ОУ „Круме Кепески“ Скопје Ментор: Валентина Т. Стаматовска

76


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Мојот мајчин јазик македонски се вика, јазикот е мојот идентитет и не го менувам за ништо на овој свет. Првите научени зборови се преку јазикот мој, ме направи да бидам горда и да бидам човек свој. Мојот мајчин јазик е клуч што ни отвора секакви врати, ни овозможува во животот успех и добрина да нè прати. И на крај порака ви праќам на сите, чувајте го и негувајте го јазикот свој, за да биде среќен и вечен народот мој. Јована Николовска,VIIIг одд. ООУ „Христијан Карпош“ Куманово ментор: Весна Алексова

77


Мојот јазик - тоа сум јас Штом сетив здив на овој свет, прво слушнав мајчин збор кој низ моите вени ми потече како мед. И денес баш ми е мило, кога ќе отворам лесно крило, на книга која и да било, баш ми е мило, кога сончев блескав сјај ќе ми ги скокотне очите како во мај, а тоа е сјај на мајчин збор од рај. Зборовите од македонскиот јазик везден се вртат околу тебе, ако се откажеш од нив си се откажал и самиот од себе. Јас ќе бидам чувар вечен, ќе го негувам јазикот мој, како своите ѕвезди во рој, што месечината ги варди од бој. Како скапоцен ѓердан од охридски бисери што се реди, така македонскиот јазик вечно ќе вреди. Глорија Спасовска, VIIIг одд. ООУ ,,Христијан Карпош“ - Куманово Ментор: Весна Алексова 78


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Мојот јазик - тоа сум јас тоа е мојот идентитет, со него ме препознаваат во целиот свет. Македонскиот јазик ако не бил створен, ние денес би биле како дрво без корен. Кирил и Методиј нé прават да сме горди на своите предци, заедно со Климент и Наум се наши најголеми светци. Новите поколенија огромна чест им прават, нивните свети имиња вечно ќе ги слават. Мојот јазик - тоа сме ние гордоста на нашата земја, без него би биле како во длабина темна. Ученик: Софи Јанкоска VIII oдд. ООУ „Лазо Трповски“, Скопје Ментор: Весна Кочовска

79


МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Македонија, мојот роден крај, ни оставила многу наследства знај: убава природа, езера, реки многу земји плодни, меки. Св. Кирил, Методиј и Климент ни го оставиле писмото, за тоа ќе им благодариме вечно. А, Блаже Конески за да зборуваме течно, ги поставил темелите на современото македонско писмо. Македонија ни го оставила и јазикот на нас, треба да сме горди ти и јас, да знаеме ние да кажеме на глас Мојот јазик - тоа сум јас! Александра Исајловска VIIа одд. ООУ „Лазо Трповски“, Скопје Ментор: Соња Јовановска

80


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик - тоа сум јас Со првите мои чекори детски, кога го слушнав мајкиниот глас, срцето мое затрепери силно, дознав мојот јазик тоа сум јас. Во училиштe кога за првпат тргнав, и почна првиот училишен час, почуствував голема радост и среќа, сфатив мојот јазик тоа сум јас. А кога пораснав и станав човек, патував низ светот по сонце и мраз, не ја заборавив мојата мисла, дека мојот јазик тоа сум јас. Затоа сум среќен и секогаш ќе бидам, песната ја пеам со најсилен глас, мојата земја бескрајно ја сакам, зашто мојот јазик тоа сум јас. Веселинов Горјан VIII-1 одделение ОУ „Круме Кепески“ Скопје Ментор: Валентина Т. Стаматовска

81


МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Млечниот пат на соѕвездијата ме води низ минатото... А таму продирам во тајните симболи на моите предци. Ја гледам светлината која го открива моето писмо, писмото на мојот јазик, писмото на мојот народ. Јазикот е мудрец тајни што ни открива, со силата своја светот го разоткрива. Длабоко од дното на душата, јазикот мој, постоење значи, судбина, истрајност, непокор, мојот јазик - вечна топлина зрачи. Со него и сонцето ноќе нè грее, јазикот постои, јазикот се зборува, со јазикот мој македонскиот народ опстојува.

82


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас! Јазикот сме ние, тие што беа и тие што ќе бидат, симбол на вечност на народот мој, на татковината моја, Македонија! Јазикот наш македонски душа ни вдахнува, минатото ни го осветлува, иднината ни ја потврдува. Мојот јазик – тоа сум јас! Го наследив, го зборувам, негувам и љубам... Да го чуваме за да опстои за навек да постои!

Сања Стојанова IX – 2 одд. ООУ „Гоце Делчев“ - Штип Ментор: Марија Ристова

83


МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Непроценето богатство, од предците оставено, во аманет ко закрилник да го штитиме. Претставникот наш, длабоко во душата запечатен, секојдневно со нови поими да го китиме. Оддавање на чест на борците наши кои за традицијата и јазикот гинеле храбро. Јазикот мој, ко на дрво гранка го раскажува нашето болно минато. Во улога на заштитници и преостаната надеж ја продолжуваме традицијата на сите нас. Јазикот ни го раскажува, допишува, го претставува и моето вистинско Јас.

Димитри Ѓоргиев IX-4 oдд. ООУ „Гоце Делчев“ - Штип Ментор: Марија Ристова

84


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Од Кирил и Методиј, Наум и Климент, до ден денешен, се негува и чува јазикот наш. Наша гордост, наша светлост, нашиот јазик – е наш идентитет. Векови поминале, многу ропства одминале. Народот нескршен, народот непокорен, го сочувал јазикот со гордост и љубов. Нашиот јазик – наш идентитет, нашиот јазик – наш белег. Катерина Петрова IX-4 oдд. ООУ„Гоце Делчев“ - Штип Ментор: Марија Ристова

85


Мојот јазик – тоа сум јас Мисла една, јас и мојот мајчин јазик вреден. Одамнина порекнуван, забрануван, но за знаење чеден. Јас сум сето она што го говорам, пишувам и мислам. О, јазику мој, моја мечто блиска! Творам на него секој ден. Ја чувствувам, секоја буква, го сакам секој збор. А во градиве се стега болка пуста, кога некој го потценува неговиот ков. За мене, за тебе, за сите, порачувам во овој час: Имаме само еден јазик, затоа чувајте го како најдрагоценото нешто во сите вас. Кога прогледувате со јазикот, тогаш ја разбирате и темницата во ноќите. Тогаш со леснотија се создаваат стиховите, речениците и строфите. О, јазику мој мил, со тебе чувствувам дека постојам! Ако некој те забрани, во животот нема да опстојам. Со многу љубов и полетен жар, нашите прадедовци за тебе се бореле. Умеејќи со секој да се справат, во ноќите на свеќи твореле. Методиј и Кирил со нивните мисии патот ни го осветлиле. Јас сум само чист сведок дека навистина не просветлиле. Ако некој ме праша што сум јас? ќе одговорам на сиот глас: “Mојот јазик - тоа сме Сите нас” ! Крунислав Дојчиновски IX –a одделениe Ментор – Марија Костовска Оу – Блаже Конески - Скопје 86


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Мојот јазик - тоа сум јас, тоа е мојот народ, убавината на мојата земја. Тој е круната на едно царство за кое ни раскажуваат нашите мајки и татковци, нашите баби и дедовци. Песната испеана на мојот јазик ќе им даде крилја на копнежите и ќе го пренесе срцето до пределот на незнајното. Ќе биде сјајна ѕвезда која ќе се всади во зениците на очите и ќе го понесе погледот кон возвишеното. Мојот јазик ќе ти го покаже патот кон иднината, патот кон среќата и задоволството. Колку подобро го познаваме својот јазик толку сме побогати и толку повеќе се доближуваме кон светот. Нашиот живот ќе проникне како светол пламен, спокоен и чист. Велат „човекот е побогат доколку познава повеќе јазици“. Тоа е точно, но сопствениот јазик треба најдобро да го познаваме. Испишаните страници со моето перо се патоказ кон иднината, а моето незаситно срце копнее да го откине сиот свет како плод од небото и да го стави на мојата малечка розова дланка. Михаела Пауновска VII-4 ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје Ментор: Мирјана Малјановска

87


Мојот јазик – тоа сум јас Македонка сум. Зборувам македонски јазик. Оној на кој ме научиле мајка ми и татко ми, а нив пак нивните мајки и татковци. Оној на кој првпат сум проговорила, нешто сум посакала... оној на кој размислувам. И тоа ми е некако природно, нормално, да го употребувам својот мајчин јазик. Да зборувам, пишувам, да творам, да пеам... А сепак, не било секогаш така. Некогаш, не толку многу одамна во минатото, Македонците не смееле да се кажуваат дека се Македонци, ниту пак да го зборуваат својот јазик. Зборувале туѓи јазици, пишувале на туѓи јазици, издавале книги на туѓи јазици. Но, сепак. Во душата го зачувале, кришум го говореле. Народот го сочувал македонскиот јазик преку песните, разговорите, преданијата, приказните... Им ги прераскажувале на своите деца, а тие пак на своите. Ги учеле на мајчиниот јазик да не се заборави да не се запусти. И кога било најтешко не се одрекле од него го зачувале од пропаст, од заборав. Го пренесувале на следните генерации како ковчег со најголемо богатство, со аманет да го чуваат и натаму сè додека не дојде ден слободно да се зборува, да се пишува, да се твори на мајчиниот македонски јазик. Денес во него како нишки се вткаени маките на Македонците, нивната љубов и пожртвуваност да не се откажат по ниту една цена од јазикот, а со тоа и од себеси. Во народното творештво на македонски јазик е запишана целата историја, страдањата, храброста, тагата, среќата, маката... Во него се вградени минатите генерации, нашите предци... И затоа денес јазикот кој го говорам – тоа сум јас.

88


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Македонка сум. Зборувам македонски благодарение на оние кои за тоа се избориле, на оние кои го негувале, на оние кои не дозволиле да изумре. Мојот јазик, тоа сум јас, потомокот на тие кои на овој јазик твореле, тагувале, се радувале, разговарале... И затоа на нас, на мене, останува да не дозволиме јазикот да го уништиме. Треба да го негуваме онака како што тоа го правеле многу луѓе пред нас... Затоа што јазикот на кој говорам тоа, сум јас. Георгина Стефановска ОУ „Блаже Конески“ VII1 одд Ментор Наташа Кирковска

89


Мојот јазик-тоа сум јас Секој народ има свои обичаи, традиција, но најважно мајчин јазик. Јазикот е идентитет на еден народ, а без идентитет тој нема никаква вредност. Народот без јазик е како слoжувалка во која фали едно парче за да беде целосна. Тој е еден скапоцен дар кој го добиваме од нашата мајка кој треба да го чуваме и да го пренесуваме од генерација на генерација. Со јазикот се рефлектира културата на еден народ. Големата историја на македонскиот јазик нé води низ мрачни времиња кои ги просветлиле браќата Кирил и Методиј со создавањето на македонскиот јазик. Тие ги дале темелите од кои ние сега треба да продолжиме со делата. Голем допринос за македонскиот јазик дале Кочо Рацин, браќата Миладиновци, Григор Прличев, Крсте Петков Мисирков и уште многу останати кои оставиле прекрасни дела, кои ние денес ги читаме и се гордееме со нив. Овие македонски дејци не оставиле во ниеден миг македонскиот народ да се посомнева во своето битие, во своето постоење зашто го имал лекот против сите кризи на идентитетот – својот јазик. Затоа треба и ние да оставаме дела со кои ќе останеме забележани во историјата. Денес македонскиот јазик е целосно оформен, современ литературен јазик. Но сепак, тоа не значи дека тука треба да застанеме. Напротив, јазикот е непресушен извор кој треба постојано да се следи, да се негува, да се надоградува и пред сé да се зачува чистината на убавиот македонски збор. Секој напишан збор на својот мајчин јазик има посебна моќ, и силно влијае врз општествената свест

90


МојоТ јазик, Тоа сум јас

и го соединува националното битие во најубавото значење на тој збор. Овде би сакала да го цитирам Крсте Петков Мисирков кој рекол: „Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже од народниот дух “. Јас би додала само: „и од своето сопствено битие, од својот идентитет. Мојот мајчин јазик, македонскиот, е и ќе биде мојот корен, мојата душа затоа што е дел од мене. Мојот мајчин јазик е моето ЈАС. Емилија Марушкова IX б одд. Ментор: Маргита Котева ООУ-Страшо Пинџур-Неготино

91


Моето име, мојот јазик тоа сум јас Ноќи исполнети со мрак, Искра надеж за слобода, Кобна слобода на македонскиот народ, на нашиот јазик. Омрачена соба со стихови и жалосни творби, кои Лесно шепотат за тешките дни и силни борби. Азбуките, лични на листот стојат со болен труд напишани. Како да не бидам горда на моите предци, за Љубовта и желбата за озаконување на македонскиот јазик. Уникатна борбена историја, која Се оценува со највисока оценка, таа Е богатството на Македонците, Во кое припаѓам јас и моето име.

Нина Стојанова IX1 одд. ООУ. ,,Димитар Влахов’’, Штип Ментор: Вера Наумова

92


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Јазикот претставува многу важно обележје на еден народ по кое тој се издвојува и разликува од другите народи и култури. Тргнувајќи од тој факт треба да сме свесни за неговото значење, секогаш треба да се трудиме да зборуваме на чист литературен јазик без да употребуваме жаргон и зборови од други говорни подрачја. Јазикот го учиме уште од мали нозе, тој претставува средство за меѓусебна комуникација на луѓето, преку него го изразуваме она внатрешното во нас и го споделуваме со другите. Јазикот освен што се учи од мала возраст треба и да настојуваме да го збогатиме, а тоа се прави со постојано читање на книги. На тој начин го збогатуваме говорниот фонд со зборови и изрази и истовремено дознаваме за нивното значење, што многу ни помага во комуникацијата со другите, а исто така и во изразувањето. Родниот јазик го негувале многу писатели и творци уште пред многу стотици години. Тие преку своите песни, раскази грижливо го предавале народното богатство од поколение на поколение. Јазикот за нас е духовна вредност, и ние затоа се трудиме да го зачуваме тоа наше големо богатство оставено во доверба. Надица Петрева 8-а одд. ООУ „Пере Тошев“ - Росоман ментор: Мирјана Јошева

93


Мојот јазик- тоа сум јас Мојата сакана татковина, со сите свои бисери, езера, планини и безброј бели стада кај што свири кавал и високо кај што лета чучулига - тоа е мојот јазик. Древна земја со древна култура која со векови се борела да опстане, да ги сочува своите песни, ора и култура, да го сочува својот јазик од истребување. И сето тоа преку својот јазик да го соопштиш ширум светот на сите братски народи. Со мојот јазик можам на светот да им ја соопштам сета убавина на мојата земја и добрината на мојот народ. Да ги опишам страшните војни што ги претрпе мојата татковина за да ја зачува својата слобода и својот јазик кој душманите сакаа да го сотрат. Да го зборуваш својот јазик треба да го извадиш длабоко од своето срце, од твоето битие и да го пушташ да се вивне високо во небеста и со чучулигите да ја раскажува приказната за твојата земја. Меѓу сите народи ширум светот ќе ја раскаже приказната за тебе, кој си и како се вика твојот народ. Мојот јазик е мојата земја, моите родители и браќа и сестри и моите другарки и другарчиња. Мојот јазик е мојата слобода која мојот народ низ векови во крв ја плаќал. Во мојот јазик можеш да ги видиш сите мои вредности кои ги вградила мојата татковина во мене. Ете тоа е мојот јазик, тоа сум јас. Марија Цветкова 9 -б одд. ООУ „Пере Тошев“- Росоман ментор: Мирјана Јошева, 94


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик - тоа сум јас Јазикот ни служи за да можеме меѓусебно да комуницираме и секако да се разбираме. Во светот постојат јазици разни, но мојот е број еден и секако е највреден. Преку мојот јазик јас кажувам кој сум, од каде доаѓам, колку тој јазик вреди и ќе направам сè за тој да не избледи! Слободанка Ѓорчева,VIII одд. ПООУ „Тошо Арсов“, Штип Ментор: Татјана Гичева-Милева

95


Мојот јазик -тоа сум јас Многу сакам да пишувам, не знам зошто, можеби тоа е во мене, а можеби е само дарба која ја негувам уште од кога сум била мала, па повремено во напливи се разгорува нежно. Ги сакам текстовите кои можат да допрат до мене. Ги сакам текстовите кои зборуваат за животот, оние кои имаат смисла, поука, мудра порака. Неодамна заклучив дека јас всушност сум заљубена во македонската литератра. Најмногу ги сакам и претпочитам македонските текстови. Имам прочитано многу различни стихови и текстови на македонски јазик, но имам прочитано и на бугарски, срски, па дури и на англиски јазик, но најубави ми се оние на мајчиниот јазик. Се запрашав: - Дали македонските писатели се најдобри? И заклучив – македонштината живее во мене. Македонскиот јазик владее со мене и полека, сосема полека, ме вовлекува во неговотио царство. Тоа царство постои за секоја душа. Мајчиникот јазик е наш долг и наше право - рекол К.П.Мисирков. Но научив дека од секое право произлегува и обврска која К.П.Мисирков ни ја остави во аманет. Ние имаме обврска, завет да го чуваме и негуваме, да го пресоздаваме и возвишуваме, да го браниме, да го збогатуваме нашиот јазик. Тоа е нашата света должност. Без својот јазик ти си обезличен. Без својот мачин јазик – не постоиш и ти. Твојот мајчин јазик е твоето огледало. Ако му се насмееш и тоа ќе ти се насмее, ако му го свртиш грбот и ако се намуртиш и тоа ќе ти се намурти. Секој што доволно не го познава сопствениот јазик не се познава и самиот себеси.

96


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Да го негуваш и чуваш својот јазик значи да се чуваш себе си. Неодамна гладајќи телевизија наидов на толку многу грешки во медиумите што просто се зачудив. Станав љубопитна и проследив уште неколку емисии меѓу кои и вестите на македонска нацинална телевизија. Сфатив дека правилата воошшто не се почитуваат. Сфатив дека медиумите го пресоздаваат мајчиниот јазик и воопшто не го познаават. Најтрагична беше употребата на англизцизмите и зборовите од други странски јазици. Од вестите речиси и да не разбрав ништо. Ние не преферираме, ние претпочитаме. Ние не стартуваме емисии, ние започнуваме со емисиите и не ги финишираме туку ги завршуваме. Не кажуваме егземплери туку примери. Со ваквата состојба не треба и не смее да се продолжи. Со ваквата состојба вршиме самоубиство на соптвеното јас. Блаже Конески рекол дека македонскиот јазик треба да се збогатува од сите македонски народни дијалекти, и да прима и странски зборови, но само онолку колку што е потребно. Најверојатно не се познаваме самите себе, а уште помалку мајчиниот јазик, па затоа и не си ги знаеме потребите. Повторувам - онолку колку што е потребно. Таа потреба сметам дека е доволна да се зачува и негува мајчиниот јазик кој ни е оставен од нашите предци. Јас знам и јас препознавам дека мојот јазик е моето огледало и моето лице. Мојот јазик ми кажува која сум и од каде потекнувам. Мојот јазик ме научил како да го чувам. Мојот јазик - тоа сум јас. Дијана Арсова VI-2 ООУ „Тошо Арсов ’’ – Штип Ментор:Магдалена Ангелески

97


МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Чудни времиња, молежливи глетки на соништа. Таму е сонот, таму е смртта и таму е надежта за подобро утро. И еве сеуште го раскажуваме минатото на нашиот мајчин јазик. Задлабочена во убавината на книгата, пред мене се враќа историјата на мојот намачен народ и историјата на македонскиот јазик кој со векови се развивал за да дојде до ова што е сега. Долг и макотрпен пат изодил нашиот македонски јазик за да стигне до ова што е сега со кое се гордееме сите ние. Уште од многу мала знам дека нашиот мајчин јазик е толку моќен и силен што може секој да се воодушеви и да влезе во некоја волшебна бајка во која ги има сите слики, раскази и што ли уште не, напишани со најубавите македонски зборови, разбирливи за секој човек независно дали е стар или млад или пак дете како мене. Јазикот наш македонски ги минел дните во мракот низ викотници, игри, минел и низ препекот на сонцето и низ мразови, низ лоши и добри настани, чмаел во сенка скоро десет века, но конечно го достигнал врвот на своето постоење на 02.08.1944 година на второто заседание на АСНОМ во манастирот „Прохор Пчински“ кога е кодифициран нашиот македонски литературен јазик за официјален во целата Република, да се применува во училиштата и други институции како службен јазик. Да се откажеш од мајчиниот јазик е исто како да се откажеш од народниот дух, од својот род. Горда сум на мојот јазик, затоа што мојот јазик – тоа сум јас.

98


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот мајчин јазик, македонски, е и ќе биде мојот корен, бидејќи на него зборувале и пишувале нашите предци. Тој е мојата душа, затоа што претставува дел од мене. Мојот мајчин јазик е моето ЈАС, моето постоење како личност, како народ, како држава. Без јазикот сум како ранета птица, како дрво без плод, како риба на суво и затоа не дозволувам да живеам без него. Па затоа слободно можам да кажам дека „Мојот јазик-тоа сум јас“. Анастасија Мицева 6-а одд. ООУ „Гоце Делчев“ – Кавадарци ментор: Јованка АнгеловскаЗмејковска

99


МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Од дамнина до сега постоиш гордо, земјо моја, словенска, земјо моја, македонска. Исправена гордо на Балканот високо кон небото сино. Песни се пеат, оро се вие, јазикот твој македонски во срцата наши бие. Од дамнина до денес учители многу мислеле секој по нешто за нас во наследство оставиле. Горди сме на Кирил, Методија, Климент. Горди сме на Блаже Конески за нашиот јазик македонски. Елена Анева 7 –в одд. ООУ „Гоце Делчев“ - Кавадарци Mентор: Јованка Ангеловска Змејковска

100


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС Македонскиот јазик, тоа сум јас Привлечна тема за секој нов час. Македонски јазик учиме ние, тоа нам задоволство ни е! Македонскиот јазик ни нуди богатство цело Во него е собрано секое знаење, секое големо дело. Да го говориме јазикот наш Македонски чисто И во иднина да биде така, исто. Светот на јазикот е вистинска згода, Тој никогаш нема да помине од мода. Мајчиниот јазик го учиме вешто Да бидеме горди Македонци нè потсетува често. Во азбуката нè воведоа браќата Кирил и Методиј Свети Да ја чува кирилицата - секој од нас вети! Богатството на јазикот во писмото се крие Должност ни е да го сакаме, негуваме и чуваме ние. Во душата на секој од нас жариштето да гори до последниот час - азбуката и јазикот да ги чуваме ние Таа единствена желба в срце да ни бие. Анкица Ангеловска 9 одд. - ПОУ Гоце Делчев, с. Горобинци Ментор: Александра Митева

101


Мојот јазик-тоа сум јас Од времето на светите браќа Кирил и Методи јазикот наш македонски во кирилска форма се прероди. На месечева светлина и на мижуркава свеќа, нашите прадедовци го создале јазикот за наша среќа. Како црни бисери на бело платно наредени, буквите немирни во зборови се подредени. Низ векови, години се родија преданија, легенди, сказни за да ги полнат страниците празни. Историјата на родот мој, во книгите запишана од многу автори на јазикот наш напишана. За идни поколенија, генерации оставиле аманет и завет, да го чуваме и негуваме јазикот наш за навек. Да пишуваме и твориме, да создаваме дела иднината наша да биде весела. Стефанија Шамовска 7 г ООУ „Гоце Делчев“, Прилеп Ментор: Мирјана Јованоска 102


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Од мојата мајка првиот збор го чув, не го разбрав иако не бев глув. Мојата мајка мојот прв збор го слушна ме прегрна, страсно ме гушна. Натаму сè течеше како песна в сончев сјај, чувствував како да сум во рај. Го сакам и чувам јазикот свој, кога проговорам сите знаат од кој сум сој. Без својот јазик јас сум никој, ќе ме гази и потсмева секој. Ќе го чувам почитувам и бранам, преку него душата ја хранам. Борјана Конеска 9 в одделение ООУ „Гоце Делчев“, Прилеп Ментор: Билјана Јагуриноска

103


Мојот јазик-тоа сум јас Јазик... јазикот е нешто бесценето, извонредно, нешто кое сите треба да го сакаме, почитуваме и да се гордееме со него. Тоа е нешто што нè прави различни од другите народи, што нè прави посебни. За нас Македонците, македонскиот јазик е основно национално обележје по кое се препознаваме во светот. Затоа нашиот јазик е нашата основа, нашиот корен што достигнува во длабочините на минатото и нè држи исправени за во иднина. Историјата на нашиот јазик е голема и таа нè води низ мрачни векови до првите просветители Кирил и Методиј, кои го осветлија времето на незнаењето и на нашиот народ му го подарија најсилното оружје на светот - Македонската азбука. Нашиот јазик е нашиот идентитет, идентитет кој го сочувале нашите предци, нашите баби и дедовци, нашите преродбеници Рацин, Прличев, Мисирков. Со користењето на својот јазик ние градиме свој, личен идентитет. Тоа сме ние и затоа е потребно да го чуваме бидејќи тој ги обединува луѓето, културно ги поврзува генерациите. Со јазикот ние се изразуваме и го кажуваме своето мислење. Мојот јазик - тоа сум јас... Јазикот е дел од мене затоа што на тој јазик јас зборувам и комуницирам. Мојот јазик е она со што најмногу се гордеам и најголема гордост на еден народ. Без јазик сум никој и ништо. Нема ништо поубаво да се пишува, зборува и твори на мајчин јазик. Треба да твориме за да останеме запаметени и на тој начин го продолжуваме векот на нашиот јазик.

104


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Јазикот е непресушен извор кој треба постојано да се негува, да се надоградува и да се зачува чистината на убавиот македонски збор. Јазикот е предание кое се пренесува од колено на колено, река која постојано тече и никогаш нема да пресуши. Историјата на македонскиот јазик нè потсетува на минатото, а сегашноста нè држи исправени за во иднината. Мојот, твојот, нашиот јазик е дел од сите нас. Ивана Дамјаноска 8б одд ООУ „Гоце Делчев“, Прилеп Ментор: Весна Крстеска

105


Мојот јазик – тоа сум јас Уште од дамнешни времиња јазикот бил орудие за разбирање меѓу луѓето. И старите Римјани луѓето ги вреднувале според бројот на јазици кои ги говорат. Јазиците се вистинско богатство... Сите ние уште од самото раѓање припаѓаме некаде, дел сме на едно семејство, на една заедница, училиште, општина, една држава. Таа наша припадност го одредува и јазикот на кој говориме. Родена сум и живеам овде – во една мала, но неизмерно богата земја со историја, архитектура, уметност и луѓе топли и пријателски како што е сонцето под кое сме збрани. Првите зборови што ги слушнав се зборовите на моите родители, зборови кажани на мојот јазик, јазикот на моите предци, јазикот на Кирил и Методиј. Нашиот јазик е нашето богатство, пренесувано низ вековите, пишано и прераскажувано. Нашите простветители и преродбеници ја започнале борбата за пробивот на македонскиот јазик. Мајчиниот јазик да не се заборави и да не изумре била основната мисла водилка што ги водела нашите дејци низ историјата и покрај сите искушенија и прогонства низ кои минувале. Џинот го подготвил и го напишал првиот буквар за нашите училишта наречен „Таблица прваја“. Ѓорѓија Пулевски ги напишал првата граматика и „Песнарка“ на нашиот македонски јазик. Нашите преродбеници, собирачи на народни умотворби го ширеле македонскиот јазик преку Зборници на народни умотворби. Зборникот на браќата Миладиновци и Зборникот на Кузман Шапкарев се живи сведоштва за тоа. Легендарниот Константин Миладинов со својата неприкосновена „Т*га за југ“ ги отвори вратите на македонската уметничка поезија: 106


МојоТ јазик, Тоа сум јас

“Орелски крилја как да си метнех И в наши стрни да си прелетнех! На наши места ја да си идам, Да видам Стамбол, Кукуш да видам, Да видам дали с’нце и таму Мрачно угревјат, како и вамо. Сето ова се случувало во услови во кои македонскиот јазик бил забрануван за употреба и негиран. Затоа и Крсте П. Мисирков во својата статија „Неколку зборови за македонскиот литературен јазик“ – гласно ќе порача: „...Јазикот на једен народ јет негоо духовно богатство и наследство.“ Инспирирани од своите предци, современите македонски поети меѓу двете светски војни, Кочо Рацин и Коле Неделковски, ќе пејат за страдањата на мекедонскиот народ, на селаните – аргати -, на експоатираните работници: „Денови ли се – денови Аргатски маки големи! Стани си утре порано, Дојди си вечер подоцна. Наутро радост понеси, Навечер тага донеси. Ај пуст да е, пуст да би Останал шивотто кучешки За туѓи бели дворови, Копај си црни гробови“! За да повика на борба и револуција: “Се к’ти ноќта црна! Се руди карпа – мрак! И петли в село пеат 107


И зората се зори – Над карпа в крв се мие И темнината пие СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН! Овие наши поети и борци ги жртвуваа своите животи во името на возвишените идеали. Секако тука се и нашите драмски писатели кои направија незаборавни драмски оставрувања на мајчин јазик. Така борбата за пробивот на македонскиот јазик не застана тука. Таа продолжува и за време на НОБ и по НОБ. Конечно македонскиот јазик е кодифициран и пуштен во употреба како службен јазик на 2-ри август 1944 година. За понатамошното усовршување на македонскиот јазик најголемо значење има нашиот академик Блаже Конески. Но, борбата за негување и опстојување на јазикот нè поттикнува нас – потомците на овие заслужни луѓе да твориме, да го чуваме и негуваме нашиот мајчин јазик. И денес кога ги читам делата на нашите предци, горда сум на тоа што го говорам јазикот на Гоце и Даме, јазикот на Блаже Конески. Во животот можеме да научиме многу јазици, но само еден е вграден во нашите гени и само еден носиме во нашето срце. Мојот јазик – Македонскиот, е јазикот на кој зборувам, пеам и се смеам... Тоа е јазикот на кој читам, размислувам и сонувам. Тоа е мојот мајчин јазик, кој и јас и моите родители ќе им го пренесам на моите деца и внуци. Тоа е јазикот кој ја одредува мојата припадност кон оваа држава и овој народ. Мајчиниот јазик е светлината на денот. Тој е непресушен извор кој ќе нè води да се пробиваме низ сите препреки и премрежја и да останеме она што сме – Македонци! Мојот јазик – тоа сум јас! Теа Аксиќ VII – 2 одд. О.У. Ј.Х.Песталоци – Скопје Ментор: Ана Георгиева 108


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Јазику мој создаден пред многу векови, Ти што потекнуваш од групата на Јужнословенските јазици. Со години народот се борел Јавно да те зборува, чита и пишува. Големата улога за твојата проширеност Дале браќата Кирил и Методија Да се зборуваш со векови и векови. Низ многу години и многу ропства Народот успеал да те задржи, Да продолжи да те зборува, чита и пишува. На тебе горди сме бидејќи, Знаеме кои сме и од каде потекнуваме. Во иднина гордо ќе продолжиме Да те зборуваме, читаме и пишуваме. Јана Рајчин VI - 2 О.У. Живко Брајковски – Скопје Ментор: Славица Нечевска

109


Мојот јазик – тоа сум јас Знамето вишно го веам, Химната со гордост ја пеам, Јазикот мој го зборувам И секогаш ќе го чувам. На македонски јазик говориме И песни многу твориме, Традиција вековна негуваме, Генерации со љубов зближуваме. Со сета верба и моќ Ќе го чуваме јазикот наш, Во душата со радост и сјај Нема да се предадеме до крај. Матеј Стојановски VI - 2 О.У. Живко Брајковски – Скопје Ментор: Славица Нечевска

110


Мојот јазик – тоа сум јас Во друг универзум на букви и зборови, Додека Св.Климент учел од неговите учители, Мачејќи се да го создаде јазикот со кој денес говориме, Си се создал ти јазику мој. Во темнините на ноќта, Додека македонските деца ги повторувале твоите Слова, Додека борците своите животи ги жртвувале за нашата Македонија, За нашиот јазик, за иднината, Постепено словата твои се искачувале на врвот на Писменоста. Ти јазику мој, си ја отворил вратата на описменувањето И учењето наше, Без тебе денес ние, Македонците, Ќе бевме дел од друга држава и друг јазик ќе Говоревме. Нашиот јазик, нашата светла точка водилка, Која нè носи низ времето на описменувањето, Која многу наши предци без размислување и ни малку чувство на колебање, Ги водеше низ тој универзум преку книгата. Да не беше денес ти, јазику мој, Никој од нас тука присутни, немаше да знае да чита и пишува, Што е најважно да говори и да ги брани своите права и Интереси. Мојот јазик е македонскиот, мојот јазик сум јас. Иван Петрова VII -1 одд. О.У. Живко Брајковски – Скопје Ментор: Славица Нечевска


Јазикот - тоа сум јас Јазикот се нашите чувства Јазикот е нашиот глас Јазикот - тоа сум јас! Јазикот наш Македонски се вика Секој од нас од радост блика. Со него се претставувам Со него се изразувам Со него се гордеам. Благорарам бабо и дедо Благодарам предци наши Зборот македонски нас нè краси. Димитра Петрушевска Vб одделение Јохан Хајнрих Песталоци Ментор: Евдокија Петрушевска

112


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик тоа сум јас Мојот јазик мајчин мил, без него никој паметен не би бил. зборови, стихови, слогови, разни, без јазикот не би биле ни детските сказни. Триесет и една буква нашата азбука има, секогаш подготвени да ја направат и најубавата рима. Јазикот мој е симбол македонски, богатство знајно, сакајте го и чувајте го како наследство трајно! Матеа Ристовска V2 одделение ОУ Ј.Х. Песталоци Ментор: Евдокија Петрушевска

113


Мојот јазик – тоа сум јас Мојот мајчин јазик е само еден И за мене е многу вреден. За него многу луѓе се бореле И азбуката наша ја твореле. Нашиот јазик има голема историја Тоа е нашата мила Македонија Ние сме Македоци прави И нашето име се слави. Со својот јазик треба да се гордееме И за својата татковина да спееме. Тоа што СМЕ треба да останеме И своето потекло да не го заборавиме. Меланија Димковска IX-д одделение ООУ „ Кочо Рацина “ Куманово Ментор : Весна Тодоровска

114


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Читајќи ги старите пожолтени книги од древните просветители сè повеќе навлегував и размислував за нашиот мајчин јазик. Секакви мисли ми се вртеа низ главата.Си поставив многу прашања но само на едно не можев да најдам вистински одговор. Што всушност претставува нашиот мајчин јазик? Ова длабоко сеќавање е мостот до нашата иднина.Сонцето кое го осветлува нашиот пат,ѕвездата која постојано ќе нè следи во животот. Мајчиниот јазик е бесценета книга која постојано се надо­ градува, наша духовна храна,наш идентитет.Тој е нашата основа, она што нè држи исправени, патоказ кон животот, библиотека, полна со стари историски книги. Додека читав сè повеќе и повеќе се задлабочував во речениците. Сјајот во моите очи не згаснуваше. Неизвесноста растеше, а со тоа се зголемуваше и љубопитноста кај мене. Си помислив ова безвременско бујно дрво е коренот на нашиот живот кој треба да го негуваме и чуваме. Нашите просветители го посветиле својот живот за да го создадат она што денес го имаме, свој јазик, гордост, македонски збор. Тие ни го подариле ова најсилно и најскапоцено оружје. Го осветлиле времето на незнаењето, ја осветлиле нашата иднина. Тоа е најголемото богатство што еден човек може да го поседува. Столб на кој можеме да се потпреме во секое време. Да се откаже човек од својот мајчин јазик значи да се откаже од својот народен дух - овие зборови на Мисирков се всушност најголемата вистина на постоењето на еден народ. Ние имаме мајчин јазик кој е наш,наша иднина,наша надеж, наше постоење. Ирина Павлова IXa ОУ Рајко Жинзифов – Драчево Скопје Ментор:Мишевска Љуба 115


Мојот јазик - тоа сум јас Таму некаде зад Карпатите во едно далечно време постоело словенското племе. Неуки и слепи долго време „со цртички и рески читаа и гатаа“, веруваа во богови разни, во нив бараа спас од неможноста да кренат глас. Им беше тешко да се разбираат, па затоа едни сакаа да ги елинизираат, а други да ги германизираат. Но, во тој момент клет, се јави кнезот Ростислав, на Велика Моравија владетелот свет. Пронајде мисионери вредни кои христијанството го ширеа, и ден по ден, час по час создадоа света азбука за сите нас.

116


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Тоа беа луѓе кои од железо полека калеа челик, градинари што грижливо ја обработуваат земјата плодна и стрпливо ја очекуваат годината родна. И успеаја, дејствуваа во името на вистината, на слепите очи ја дарија светлината, создадоа јазик, за мене, за тебе, за сите нас и затоа гордо ќе кажам на сиот глас МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС. Тијана Димитриевска VII a ОУ„Христијан Тодоровски -Карпош“ О.Ранковце Ментор: Марија Јакимовска

117


Мојот јазик-тоа сум јас Уште пред многу години нашите прадедовци го зборувале, тогаш кога нашите народи за ослободување сонувале. Завет е тој наш и треба да го почитуваме и со голема гордост да му се воодушевуваме. Го зборувам и јас уште од првиот глас, бидејќи мајчиниот јазик, тоа сум јас. Марија Тодоровска Одделение: VII a ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ О.Ранковце Ментор: Марија Јакимовска

118


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Mојот јазик - тоа сум јас Од памти век до денес низ најтешко време, јазикот наш славен влечел тешко време. Угнетуван, газен, потчинуван Македонецот трпел голема неправда од непријателот клет, но сега рамноправно и гордо стои пред целиот свет. Мојот мајчин јазик е вечен, значаен е за сите нас, мојот јазик славен е мојата душа, моето Јас. Симона Стојановска Одделение: VI a ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ О.Ранковце Ментор: Марија Јакимовска

119


МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Одамна пред години многу тука предците мои живееле. На ова парче земја македонски јазик зборувале. Просветителите Кирил и Методиј Ѝ подариле светлина на иднината моја, Македонска азбука ми дарија Да бидам сигурна, спокојна, своја. Го учам и негувам , јазикот мој За мојата душа, храна е тој. Од предците наследство е мое Негувај го и ти, тоа е и твое. Сара Тасевска 7а одд. ОУ „Кочо Рацин“, Петровец Ментор: Славица Велковска

120


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот Јазик -Тоа сум јас Првиот мајчински збор на едно дете? Што е тоа? Тоа е најубавиот зрак кое секое дете со најубавата светлина уште мало го просветлува. Зошто понекогаш сме збунети, се прашуваме дали нашиот јазик вреди. Треба да извикаме гласно ДА ВРЕДИ! Се вракам низ мрачни векови, барам во дното, во најдлабоките и најмрачните стари страници од минатото за јазикот. Нашиот мајчин јазик во мракот на минатото го сметеле за голема грутка кал. Но тој минал, поминал и до ден денес раскажува за војните кои се воделе за него. Нашиот јазик тонел во најмрачните и најдлабоките води но сепак испловил на површината. Се среќавал со големи падови. Како што рекол и самиот Мисирков: „Да се откаже човекот од народниот јазик е исто како да се откаже од народниот дух“. Јазикот наш е една од највистинските ѕвезди на тоа небо кое многу пати падна но повторно се издигна до небото. Веќе нема недовршени цели и замисли за иднината. Сега сме уметници кои ја сликаат сами својата иднина, поети со сопствено постоење и што е најважно со сопствен идентитет. Но ако јазикот запре како што сликарот запира пред боите, како што поетот запира пред зборовите, тоа не значи дека јазикот згаснал во нашите очи дека изгубил секакво значење. Неговата убавина, рамнотежата во неговите чекори ја стопија немоќта од јавето. И ФАКТОТ ШТО ПОСТОИМЕ ДЕНЕС Е ГОЛЕМА ЗАСЛУГА НА НИКОЈ ДРУГ ОСВЕН НА ЈАЗИКОТ!!! Зорица Митрова VIII одделение ООУ. Св.Кирил и Методиј с.Дабиље Ментор:Коце Манчев 121


Мојот јазик тоа сум јас Како бисер што се нижи Како алки што се редат Како река од зборови што вредат Со јазикот наш стар приказни се предат. Од дедовци наши стари Од времиња дамни, свети Јазикот го чуваме сите збрани Од душмани, предавници клети. Јас дедо ми го слушнав рече: Та зборот наш да биди вечен, Чувајте го деца наши и никој да не ве плаши! Го чувам јас јазикот свој Мајчин ни е, не е било кој, Зеницата во окото како што сјае Дедовиот завет вечно да трае. И денес тој трае и трае Историја на еден народ ткае Не може никој да го менува Со јазикот наш срцето ни се пленува. Катерина Коруновска - 9-в ОУ„Елпида Караманди“- Битола Ментор: Сузана Петковска 122


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Јазикот е огниште на еден народ. Тој е ѕвезда водилка и завет за сите поколенија и генерации како треба да се чува, сака и негува. Ние имаме свои обичаи, свои преданија кои се пренесуваат од колено на колено и го одразуваат нашето битие, сето тоа благодарение на нашиот мајчин јазик. Низ вековите нашиот народ бил негиран, поробуван, омаловажуван, но никогаш покорен. Ја имал својата духовна храна, лекот против сите кризи на идентитетот. Зачувувањето на јазикот е од огромна важност, затоа што тој ни служи за да ги обедини луѓето, културно да ги поврзе генерациите кои ги градат цивилизациските вредности на човештвото. Младите генерации треба да се запознаат уште од мали нозе со историјата и значењето на македонскиот јазик и со тоа кај нив да се потикне развивањето на свеста на неговото значење. Бидејќи нема ништо поубаво од тоа да се пишува, зборува и твори на својот мајчин јазик. Денес македонскиот јазик претставува целосно оформен, современ литературен јазик, но сепак тоа значи дека тука не треба да застанеме, напротив јазикот е непресушен извор кој постојано треба да се следи, негува, да се надополнува и надоградува и пред сè да се зачува чистината на убавиот македонски збор. Убаво кажа и Крсте Петков Мисирков: „Да се откаже човекот од својот роден јазик значи да се откажеш од народниот дух“, јас би додал и од своето сопствено битие и од својот идентитет. Горазд и Бојан Кузмановски - 9-в ОУ„Елпида Караманди“- Битола Ментор: Сузана Петковска 123


Мојот јазик, тоа сум јас Јазик. Можеби на прв поглед тоа е само збор. Но, кога добро ќе размислиме и ќе се обидеме да почуствуваме, тој навидум обичен збор станува потреба без која нема живот. Јазик. Она прво нешто што го слушаме откако ќе се родиме. Нешто што претставува наша неопходност, што зазема навистина голем дел длабоко во нашите срца. Наша слобода, најголемо богатство. Претставува живот кој треба да го чуваме како црнка во окото. Јазикот е наша историја, историја која како парче дијамант со непроценлива вредност е чувано, чувано и пренесувано со генерации наназад за еден ден да стигне до нас, да заблеска и да нè краси во секој поглед. Јазик... она што го чувствувам во секое вдишување, она што претставува код на мојата срж. Возвишено нешто кое треба да го чуваме и сокриеме од секакви неволји, да се бориме за да го зачуваме и запазиме. Да успееме да го пренесеме на следните генерации онакво какво што стигнало до нас, бидејќи само на тој начин нашата душа ќе живее и понатаму, на тој начин безбедно ќе го предадеме тој скапоцен дијамант, таа капка вода во рацете на нашите идни поколенија. Николина Стојкова 9-в ОУ„Елпида Караманди“- Битола Ментор: Сузана Петковска

124


Мојот јазик Уште од дамнина, век по век, јазокот наш служел ко лек, мајчините зборови се движат ко бисери што се нижат луѓето да ги зближат. И кога окупатори разни пишувале забрани строги и важни, јазикот наш да не се збори, родот мој со омраза јака гори. Со храброст тајна, со шепот гласен тлее македонски збор јасен. Слово по слово на пламен свеќа, непокор се роди за наша среќа. Денес, кога пишувам и творам на мојот јазик сонувам и зборам: „Мојот јазик-тоа сум јас“ -сакам да вриснам на сиот глас Марија Ангеловска. VIIодд. Ментор: Светланка Тодоровска ОУ: „Панајот Гиновски“ - Бутел


Тоа сум јас Бев мала, плачев на глас, мајчиниот јазик за утеха и љубов, го запомнив јас. Првиот македонски збор го слушнав во мојот дом, во мајчините бајки за подобар сон, ме носеа до училишниот ѕвон. Течеа безброј лекции цели, симпатии, љубов и грижи зрели, јазикот мој напред ме води а зборот македонски многу ми годи. Ангела Трајковиќ VII одд. Ментор: Светланка Тодоровска ОУ: „Панајот Гиновски“ - Бутел

126


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мајчин збор Збор по збор - среќа ни роди, Збор по збор –љубовта ми годи, Збор по збор - милост и спас Мајчин збор - за душа глас.

Збор по збор - гордост ни силна, Збор по збор –почит ни милна, Збор по збор - помош и крик, Мајчин збор - за душа вик.

Збор по збор - болка ми прва, Збор по збор - прошка ил мрва, Збор по збор – солза ми полна, Мајчин збор – за утеха болна.

Даниела Нацева VII одд. Ментор: Светланка Тодоровска ОУ: „Панајот Гиновски“- Бутел

127


Мојот јазик – тоа сум јас Долг мрачен пат му претходи на мојот, на нашиот македонски јазик. Долг, крвав, бодликав, тежок. Историските македонски јазични сефови се полни со знаци, цртички, звуци кои подоцна се расветлуваат во букви. Светла и позитивна искра постоела уште одамна кај нашите прадедовци за создавање на писмо. Жарчињата коишто долго време тлееле во нив, немоќни да ги распалат, ги осветлиле и распламтиле браќата Кирил и Методиј. Тие на раздиплени крилја на мудроста успеале да синтетизираат нови импулси, успеале со нивните изострени сетила за писменост во камарите на мозокот на македоснкиот народ да го вградат непроценливиот чип на писменост нагло да пробиваат во небесната шир. Секој човек, тргнувајќи од мене, како поединец во општеството, со самото раѓање, првин слушаме како зборуваат родителите, околината и од мене, од нас, произлегува нашиот говор, нашиот јазик. Со изговарање на мојот македонски јазик јас добивам универзална смисла и значење дека постојам како Македонец како едно мало делче од големиот мозаик на македонскиот народ. Добивам идентитет со генетско значење. И јас како и секој Македонец ги имам предиспозициите кон македоснкиот јазик кои ми помагаат и ми подаваат рака да се качувам нагоре, да осознавам за мојот јазик, да се стремам кон негово збогатување, негување, чување. Широко отворена лепеза од систем на знаци, букви, фрази добивам од родителите, од наставниците по македонски јазик, од литературата, од кадешто исцрпувам сè она што можам и мислем дека ќе ми биде потребно да го збогатувам и надградувам мојот јазик. Македонскиот јазик е отсликан во идентитетот на секој Македонец, врежан и закотвен во душата на секој од нас. Тој 128


МојоТ јазик, Тоа сум јас

ни дава духовна сила, духовна моќ, адекватно нè пласира пред другите народи, ни дава правец на нашата свест кон знаењето, кон мудроста. Традицијата, обичаите, историјата што денес ги имаме, ги знаеме благодарение на нашиот јазик. Секојдневното пулсирање на секој од нас е во ритамот на нашиот јазик. Убавиот македонски збор е како убаво стебло, коренот му е длабоко во историјата, а гранките до небо му се возвишуваат. Јазикот, историјата, литературата се три златни нишки кои ако ги поседува едно општество може да се изваја културен, интелегентен народ кој знае да си ги чува своите права, својот јазик, својот идентитет. Јазикот на мојот народ е духовно богатство и наследство во кои се заклучени отпечатени во зборови сите мисли, чувства, желби, настани со коишто живеел, живее и ќе живее македонскиот народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно на друго поколение. Меѓусебната комуникација на нашиот народ е порабена со златните конци на македонскиот јазик. Јас, Вие, околината, целиот македонски народ претставуваме жива енциклопедија во која има точни и проверени информации за македонскиот јазик, за неговите зачетоци, развој, постоење. Ако го немавме македонскиот јазик, ќе останевме при очи слепи и при уши глуви, при разум прости. Затоа им благодарам на долгогодишното напорно работење, морално и умстевено усовршување на нашите основачи, јазичари. Македонскиот јазик е јазикот на којшто зборувам, пишувам, читам, јазикот којшто го означува моето битие, мојата личност, мојот идентитет. Аница Цветкова VI 3 одд. ООУ „Тошо Велков – Пепето“ Кавадарци ментор: Марина Темкова

129


Мојот јазик - тоа сум јас Зошто, да немаш никакви познавања за својот јазик, значи дека не знаеш ништо за самиот себе, за својот идентитет? - Основното средство за општење, нè разликува нас од останатите. Нашиот јазик има богата и тешка историја, која треба да ја знае секој од нас Македонците. Доколку нашиот јазик, има претрпено и сито и решето, тоа го претрпел и самиот народ. Најпрвен се користел народниот македонски јазик во писмена употребa, наспроти дотогашниот црковнословенски јазик. Сè повеќе се пишувале дела со црковно-религиозна содржина, со цел македонскиот народ да осознае повеќе за својата вера. Важна улога и од големо историско значење е помошта на Крсте Петков Мисирков, основоположникот на македонскиот јазик, односно објавувањето на неговото дело „За македонцките работи“. Во таа книга тој ги искажал своите предлози, мислења, ставови за идниот македонски литературен јазик. По Балканската војна, Македонија била поделена помеѓу соседните држави. Сите раководеле со различни асимилаторски политики, со цел да го преточат македонското население. Но, Македонците не отстапувале од нивните идентитети, нивниот јазик, нивните дотогашни трудови. Во Грција македонскиот јазик бил забранет за домашна употреба, но подоцна, по иницијатива на Друштвото на народите, бил издаден Абецедарот, кој е официјално признание дека македонскиот народ и македонскиот јазик постоеле и постојат. По издавањето на првата драма на македонски јазик, во Србија, имало многу нови творби кои ја поттикнале свеста за поголема инволвираност на македонскиот народ во потпирањето врз историјата на јазикот, да даваат поголеми отпори со цел да се озакони македонскиот литературен јазик. Така, на сам ден Илинден, на Првото заседание на АСНОМ, било донесено решение за воведување на македонски јазик како службен јазик 130


МојоТ јазик, Тоа сум јас

во македонската држава. Подоцна била усвоена и македонската азбука и бил озаконет македонскиот правопис. Судбината на јазикот е и судбина на народот. Сте замислиле ли досега кои би биле ние, кога би немале наша сопствена држава, наш сопствен јазик? - Сега ние не би биле горди Македонци. Не би биле горди на тоа што дури и сега не би го имале нашиот сопствен јазик, не би говореле и твореле врз наша сопственост, не би биле запаметени. Би биле само туѓинци кои немаат дури ни свое писмо. Но, јас, знам која сум. Знам од каде потекнувам, моја родна земја е Македонија, јазикот на кој зборувам е наш, чист македонски. Минатото наше македонско, содржело луѓе кои свесно чекореле во смрт за да се изборат за својот идентитет. Тие знаеле кои се, но никој друг не ги признавал за Македонци. Долга е приказната за нашата историја, но, започнувајќи од деветнаесеттиот век, кога бил означен пробивот на народниот македонски јазик, сè до озаконувањето на македонскиот литературен јазик, јазикот бил овековечуван си значајни македонски дела. Јазикот на кој ние денес општиме, е всушност, длабоко всаден корен кој не се искоренува, се претопува во дела и старее. Колку повеќе е стар, толку поголеми Македонци сме. Со труд и сложност била постигната посакуваната цел, со надеж, за подобро утро во тие мачни времиња. Кога дури ни мразот ни студот, ни бедата и гладот не биле доволна причина за откажувања. Нашиот јазик е непресушен извор кој треба да го негуваме. Исто како и надградувањето на нашите идентитети. Начинот и јазикот на кој зборувам, ме разликува од другите, ме идентификува во заедници, каде се ослободувам од потчинетоста, од угнетувањето, предрасудуите и воопшто од сè што е застарено на општествен и национален план, само затоа што имам свој јазик. Јазикот е нашиот идентитет, тоа е нашиот живот. Мојот јазик е тоа што во суштина сум јас! Тиана Димова, IX одд. „Тошо Велков – Пепето“, Кавадарци Ментор : Марина Темкова 131


Мојот јазик- тоа сум јас Секоја буква од јазикот е најубавата музичка нота. Тие сите заедно ја составуваат најубавата музика, изразена преку говорот на мојот јазик. Тој е основно средство за комуникација меѓу луѓето. Со него не само што ги пренесуваме своите мисли, чувства и емоции, туку и со неговото оддржување и негување го зачувуваме во наследство за сите идни генерации. Мојот јазик е основно обележје кое ја означува мојата историја, сегашност и ја одредува мојата иднина. Тој е најдлабокиот корен, засаден длабоко во историјата. Корен кој претрпел секакви непогоди, но секогаш се оддржувал исправено. Неговата историја започнува со Светите просветители Кирил и Методиј, а продолжила со делата на браќата Миладинови, Вапцаров, подоцна и Коста Солев - Рацин, Славко Јаневски, Блаже Конески и многу други.Токму тие се оние кои преку совладувањето на разни тешки и мрачни патишта, ни овозможија еден светол пат кон нашата иднина преку нивните творби, изразени со нашиот мајчин јазик. Тие ни го оставија за вечност, нивниот и наш јазик, еден и единствен, исконски. Токму преку тој јазик, подоцна низ историјата се создавал мозаикот од најразлични творби, херојски, љубовни, аргатски, воени и повоени, и оние од најновата историја на мојата татковина. Преку него нам ни се пренесени обичаите на нашите предци и целиот нивен живот, тежок, но чесен и праведен. Мојот јазик мене ми овозможува да го почувствувам тука и сега, 132


МојоТ јазик, Тоа сум јас

секој нивен миг, маки, но и животни радости и победи. Така, тој и за мене претставува духовна храна и утеха за сите неправди кои кон него некои во наша близина сè уште ги чинат. Мајчиниот јазик денес е најцврстата алка, која нè поврзува и обединува, сите меѓусебе, а и помладите со постарите генерации. Тоа води кон оддржување на нашата нација и културен идентитет. Заради тоа е убаво што уште како млади сите ние децата ги запознаваме корените, историјата, развојот и сите други особености на нашиот идентитет, токму преку јазикот. Тој е огледало на нашата национална, културна етничка и верска идентификација и припадност. Денес, мојот јазик е еден современ и модерен јазик. Но, тука не престанува потребата од неговата постојана надоградба и усовршување. Заради сето ова, јас го сакам неизмерно, ги сакам сите негови звуци, дијалекти, па некогаш и оние многубројни турцизми кои неретко звучат убаво, наше и малку македонски. Го сакам со сите негови нијанси, со сите надежи кои ги нуди и со неговите отворени зборови кои нудат само нешто убаво, пријатно и ведро. Се наоѓам пред еден мал предизвик и се наоѓам исправена високо и стојам цврсто на земја, а пред мене гледам мноштво од зборови. И, кај мене еден мал, детски страв да не кажеш некој збор од твојот јазик на кого не му е секогаш тука местото, и времето. Сепак, се радуваш на големата магија од зборови со кои можеш да ги кажеш и размениш многуте шеги со другарчињата, да му ги кажеш на твоите родители и најблиски сите новости, не секогаш добри, наставникот да го увериш дека си добро дете и ученик, иако понекогаш си згрешил. Со вистинските зборови тој ќе разбере дека тоа си го сторил ненамерно и заради детски страв, а не заради нешто друго, лошо. 133


Од сите овие и безброј други причини, јас го сакам мојот јазик. Тој е главен културен белег на секое општество, но и наш идентитет. Идентитет кој јас го почитувам и сакам, но кој и самата со неговото користење, а подоцна и со пренесувањето на генерацииите помали и од мене, ќе го оддржувам и постојано надоградувам. Тој е јас и ти и овде во Р. Македонија Ние и Вие, сите заедно. Тој е моето и Ваше име и презиме, со кое сме познати и насекаде во светот. Ружица Ангеловска, IX - 3 одд., ООУ „Тошо Велков – Пепето“ Кавадарци Ментор: Марина Темкова

134


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Помеѓу мимиките, гестовите, знаците и сè друго, јазикот е најсовршено средство за општење меѓу луѓето. Во историјата на македонскиот писмен јазик темелите ги поставиле Св. Кирил и Методиј, со првата азбука наречена глаголица. Таа била многу тешка за учење и се состоела од 38 букви. Но, учениците на Светите браќа, Климент и Наум Охридски, ја упростиле и ја нарекле кирилица во чест на нивниот учител Кирил. Таа се состоела од 44 букви. Истата претрпела промени, била намалена на 31 буква и официјално одобрена со решение од 5 Мај 1945 година од тогашната Влада на Македонија. Денес, ние, благодарение на дејноста на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици Климент и Наум, можеме да учиме, да читаме и да пишуваме на свој јазик затоа што го имаме богатото наследство во јазикот на кој зборуваме. Ви се заблагодаруваме! Трајче Бјадов ООУ „Герас Цунев“ VI одд. с. Просениково, општина Струмица Ментор: Стефанија Мирчева

135


Мојот јазик – тоа сум јас Со помош на јазикот луѓето лесно ја пренесуваат мислата, комуницираат меѓу себе и се разбираат. За мене македонскиот јазик е непроценливо богатство, национално богатство по кое се познаваме по светот. Јазикот е жив процес, кој трае, и затоа се учи цел живот. Мојот јазик - мојот корен, е моето богатство, е моето јас. Треба да го негуваме нашето национално богатство – јазикот, кое е од огромно значење и се чува од генерации за генерации. „Да се зачува сопствениот мајчин јазик значи да се остане верен на духот на своите предци и да се почитува сето она што тие го имаат направено за своето потомство“ - рекол Крсте Петков Мисирков. Мајчиниот јазик е едно од најголемите културни богатства на секој народ. Треба да знаеме дека јазикот не е само главен белег на националната припадност на еден народ, туку и најсило средство за негов културен живот и напредок. „Нашиот македонски јазик е наш долг и наше свето право. Тој треба да се сака, почитува и брани како светиња. Да се чува како никогаш досега. Секој Македонец треба да го негува чувството за љубов кон македонскиот литературен јазик и да го сака неизмерно.“ - оваа мисла на Мисирков треба да биде водилка низ животот на секој Македонец. Трајче Бјадов ООУ „Герас Цунев“ VII одд. с. Просениково, општина Струмица Ментор: Софија Мицева 136


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Здраво, поздрав праќам јас, Здраво, викам на цел глас. Здраво, поздрав до цел свет, да понесе гулаб в лет, да донесе мир во целиот свет. Поздрави да носи на јазик со кој мојата мајка ми ја раскажа првата бајка. Поздрав на мојот јазик кој е и мое јас, во светот праќам на цел глас. Миро Тасевски, VIIа одд. ООУ „Лазо Трповски“, Скопје Ментор: Соња Јовановска

137


Мојот јазик тоа сум јас Ја сакам тревата мека распослана крај убава река. Го сакам сонцето мило што зад планината се скрило. Ја сакам слободата мила, таа ми дава сила. Го сакам пилето што пее и весели звуци лее. Тоа е мојот сон, мојата земја, мојот јазик. Ете тоа сум Јас!

Арсов Леон IV – а одд. ООУ „Ј. Х. К. Џинот“ – Велес Ментор: Даниела Тумбова

138


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС Македонскиот јазик, тоа сум јас Привлечна тема за секој нов час. Македонски јазик учиме ние, тоа нам задоволство ни е! Македонскиот јазик ни нуди богатство цело Во него е собрано секое знаење, секое големо дело. Да го говориме јазикот наш Македонски чисто И во иднина да биде така, исто. Светот на јазикот е вистинска згода, Тој никогаш нема да помине од мода. Мајчиниот јазик го учиме вешто Да бидеме горди Македонци нè потсетува често. Во азбуката нè воведоа браќата Кирил и Методиј Свети Да ја чува кирилицата - секој од нас вети! Богатството на јазикот во писмото се крие Должност ни е да го сакаме, негуваме и чуваме ние. Во душата на секој од нас жариштето да гори до последниот час -азбуката и јазикот да ги чуваме ние Таа единствена желба в срце да ни бие. Анкица Ангеловска 9 одд ПОУ Гоце Делчев, с.Горобинци Ментор: Александра Митева

139


Мојот јазик – тоа сум јас За мојот јазик ќе ти раскажам ти ветувам, нема да те лажам, со него совети ќе ти дадам од науката што ги вадам. Љубовта кон јазикот секогаш ја имам, со убавиот збор и подадената рака, никогаш не сум сама и во најголема мака. Грдиот збор урива сè, но, со убавиот збор никој не ми вели не. Со мојот јазик привлекувам љубов и среќа и трајни пријателства за навека. Не одбивај ги мудрите совети, употребувај ги убавите зборови, ако ги послушаш советите мои и не употебуваш зборови тешки, нема да згрешиш во животот свој, тоа ќе ти помогне во животот твој! Тамара Богоеска ООУ ,,Круме Волнароски“, с. Тополчани – Прилеп Ментор: Мирјана Талеска

140


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Одамна пред години многу тука предците мои живееле. На ова парче земја македонски јазик зборувале. Просветителите Кирил и Методиј Ѝ подариле светлина на иднината моја, Македонска азбука ми дарија Да бидам сигурна, спокојна, своја. Го учам и негувам, јазикот мој За мојата душа, храна е тој. Од предците наследство е мое Негувај го и ти, тоа е и твое. Сара Тасевска 7а одд. ОУ „Кочо Рацин“ Петровец Наставник: Славица Велковска

141


Мојот јазик – тоа сум јас За секој народ, за секој дом – најсветла ѕвезда е јазикот свој. Мојот јазик Македонски се вика, кога него го зборувам, во мене радост блика. Кога бев мал, буква по буква, со јазикот мој си создавав – зборови безброј. По неговото величество ние се распознаваме со него и другаруваме – затоа треба грижливо да го чуваме! Јазикот е извор на светлината – патот на сите нас кон иднината! Димче Мешкоски VI одделение ОУ „Св. Наум Охридски“ – Охрид Ментор: Валентина Рубаноска 142


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – мојата гордост Секој збор содржи букви сјајни. Секоја буква крие далечни тајни. Јазикот е гордост наша, писмото е светост трајна, буквите се низи знаци, од кои се чита историја знајна. Јазикот е наше сонце, кое свети и дење и ноќе, треба да го чуваме, време е веќе! Над коренот на буквите ќе никне плодот ако изумре јазикот, ќе изумре и родот. Теодор Куноски VI одделение ОУ „Св.Наум Охридски“ – Охрид Ментор: Валентина Рубаноска

143


Мојот јазик- тоа сум јас Јазикот е најосновното нешто и секој човек од своето раѓање треба да го поседува. Што сме ние ако не си го знаеме својот јазик за да се потврдиме себеси како народ. Тој, јазикот е основата на вербалната комуникација, но и не само на вербалната туку и на писмената. Без него ние не би можеле да разменуваме информации, да се запознаваме со надворешниот свет итн. Сé се сведува на тоа дека мајчиниот јазик, нашиот јазик е она што сме самите ние. Тој ја одликува нашата личност она што сме ние, но и нé претставува онакви какви што сме пред другите. Морам да кажам дека, навистина, е голем срам ако не ја познаваш историјата на својот народ и сопствениот јазик. За тоа како од непишан јазик, прасловенскиот, дошол старословенскиот и како по делата на нашите предци, а воедно и заложбата на најголемите поддржувачи и сторители за македонскиот јазик да стане она што е денес МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН СТАНДАРДЕН ЈАЗИК. За моја среќа откривав многу за сопствениот јазик. Дознав за старословенскиот и црковнословенскиот јазик од она што се крие во црковните книги за нашата вера, христијанството. Дознав за убавината на народниот јазик од нашите дијалекти кои се основа на македонскиот јазик. Зарем не претставува за нас, бисер на себепостоењето од изворот на народното творештво: ,,Зборникот на Миладиновци”, собирачкото дело на К. Шапкаров, македонските народни приказни на дедо М. Цепенков. Зарем, ние да не бидеме горди на сето тоа? Па, ние сме тие што треба да го користеме нашиот јазик, да 144


МојоТ јазик, Тоа сум јас

го пренесуваме на другите, да го негуваме. Да се потсетам, каков беше патот на К. П. Мисирков, оној научниот кога и сопствениот живот го постави, пред сé, за да докаже и да ги убеди сите околу себе. Дека за него постои тој како Македонец и тој да ја има среќата и сите негови Македонци од сопствен македонски јазик. Неговите ,,За македонцките работи” (1903, Софија) се вечен доказ за себепостоење. И неговото дело, ќе биде светлина, научна вистина и за другите по него да работат на полето на јазикот, за да го докажат македонското во себе. По втората светска војна и македонскиот јазик ќе биде внесен во семемјството на светските јазици. Со неговата кодификација ќе добие почесно место за употреба во сопствената држава, но ќе биде и предизвик да биде изучуван од другите. Почитувајќи го делото на сите што дале придонес за сопствениот, македонски јазик, јас одговорно пред нив докажувам дека ќе го почитувам, ќе го негувам сопствениот јазик, затоа што МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС. Тефова Владанка IX б одд (9) ООУ ,,Страшо Пинџур”Неготино Ментор: Маргита Котева

145


Мојот јазик Со него зборуваме со него учиме со него пееме, се смееме. Не се живее ниту пак живот без него може да има, а нашиот речник пак секојдневно нови зборови прима. Секој на свој начин својот јазик си го сака а да го говори нема мака. Јазикот мајчин е лесен за секого за дете, стар и млад. Комуникација, информација секој ден добиваме така ние впрочем меѓусебно се разбираме. Јазкиот наш богат вечно ќе го чуваме и со делата ќе го негуваме.

Анастасија Ливинска VIII 1 одд. ООУ „Јоаким Крчовски“, Скопје Ментор: Мирјана Славевска

146


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик - тоа сум јас На македонски јазик зборуваме, со лично кирилско писмо пишуваме, минатото и иднината со нив ги запишуваме. Јазикот и писмото ко светот да ги чуваме, за да можеме на нашите просветители, чест да им даруваме. Битки со перото тие воделе, низ морето на љубовта со родот броделе. Нивната цел јасна била, јазикот и писмото да ѝ го остават на нашата татковина мила. Јазикот наш, во срцата ни е всаден, во личноста наша е вграден. Тој поразлични од другите нè прави, свое Јас да имаме, туѓ јазик, за национален да не примаме! Ризова Евгенија , VIII одд. О.О.У. „Јоаким Крчоски“ – Волково, Скопје Ментор: Мирјана Славевска 147


МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС ЕДЕН ГЛАС, ЕДНА БУКВА, БУКВА ПО БУКВА ЗБОР, ЗБОР ПО ЗБОР РЕЧЕНИЦА, РЕЧЕНИЦА ПО РЕЧЕНИЦА ПЕСНА И ПРИКАЗНА. ТИЕ ГЛАСОВИ, ТИЕ БУКВИ, ТИЕ РЕЧЕНИЦИ, ТИЕ ПЕСНИ И ТИЕ ПРИКАЗНИ, СЕ НАПИШАНИ НА МОЈОТ ЈАЗИК, -МАКЕДОНСКИ, ГО ПРЕТСТАВУВААТ МОЈОТ НАРОД, -МАКЕДОНСКИ. ЈАС СУМ ДЕЛ ОД МОЈОТ НАРОД, -ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, МОЈОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС.

Илиевски Марјан VII одд. ОУ „Марко Цепенков“ Зелениково Ментор- Дафинка Јурукова

148


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС Родниот јазик е непресушен извор на зборови. Тој е мост кој го поврзува нашето минато со нашата сегашност. Река која тече кон иднината. Се пренесува од генерација на генерација и го претставува нашиот идентитет. Го зборувале нашите предци, а тој, жилав, опстојувал низ вековите. И јас го научив. Првиот збор го слушнав од моите родители. Беше на мојот мајчин јазик-македонски. Со него ја искажувам љубовта кон најблиските. Благодарноста кон наставниците. Тие несебично го споделуваат со нас – учениците, убавиот мајчин збор. Кога на часот наставникот ми поставува прашање, а јас редам гердан од зборови – научена лекција- чувствувам неизмерна радост. Кога зборувам на јазикот на моите предци, се чувствувам горд и слободен. Мојот јазик е мојата сила, мојот непокор. Коренот што навлегол во длабочините на минатото, ме држи исправен и горд за иднината. Секој збор, секоја реченица, секоја песна и приказна се поубави кога се кажуваат со него. Тој е мој јазик, прадедовски. Оставен во наследство, гордо чекори низ животот, заедно со мене, со сите нас. Да се откаже човек од својот јазик значи да се откаже од народниот дух, од својот идентитет. Јас не се откажувам од него, а Вие? Мартин Мартиновски VII oдд. ОУ „Марко Цепенков“ Зелениково Ментор: Дафинка Јурукова 149


Македонскиот јазик - тоа сум јас. Книги, учебници, песни, раскази… Па што се всушност тие? Многу листови собрани зад една дебела корица цврсто преклопена, а на листовите илјадници букви. Секоја буква со свое значење, секое значење на свој јазик. Но, сепак Македонскиот е најдобар. Се војувале војни, се биеле битки, се палело, измачувало, прогонувало, но и покрај тоа се пишувале книги така од колена на колено. Македонците биле најизмачувани, биле робови иако поседувале големо знење и се издигнале гордо. Македонија била сиромашна држава, но на луѓето во неа тоа не им влијаело за да создадат свој јазик, своја култура, свој идентитет за подобра иднина. Ако немаш свој јазик, своја држава од каде потекнуваш всушност - ти си никој и ништо. Јазикот го гради човекот, ја гради неговата култура, тој е оружје кое може да отвори илјадници златни порти и да им го покаже патот по кој цврсто ќе чекорат кон иднината. Ние сме дел од него и уште од мали нозе учиме како да го негуваме, како да го сакаме и како да го чуваме. Јазикот не е свеќа да се се стопи и да остави мали траги од восок, тој останува вечно во нашите срца, тој е нашиот завет, нашето огниште околу кое сите ние цврсто збрани не дозволуваме да згасне. Бидејќи јазикот сум ЈАС, јазикот си ТИ, јазикот сме сите НИЕ. На човек можеш да му го земеш целото богатство, дури и неговиот живот, но не и јазикот. Македонците се горди на својот јазик, па дури и расфлени низ целиот свет никогаш нема да го заборават.

150


МојоТ јазик, Тоа сум јас

И каде и да е, во срцето на секој Македонец живеат големите зборови на Пратениј Зографски „Учи напред со книга на свој јазик, после ако имаш време учи и на други јазици. Тој што учи книга на туѓ јазик, а не на свој, тој е еднаков со оној кој си ја отфрлил мајка си и на местото незино ставил друга“. Остварен е вечниот идеал на македонскиот народ. Ние имаме свој литературен јазик на којшто учиме, зборуваме и твориме. Горди сме поради тоа. Но, колку што сме горди со него, уште поголема и посвета е нашата обврска да го браниме и чуваме како зеницата во окото, бидејќи МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС! Анастасија Конеска - VIII одд. ООУ „Круме Волнароски“ Тополчани подрачно училиште с. Старо Лагово Ментор: Марија Грижоска

151


Мојот јазик тоа сум јас- АКРОСТИХ Мој јазику, мој ѓердану бел, Од охридски бисери нанижан цел. Јунак мој со чиста душа, Оддалеку за тебе убавина се слуша. Ти си моја зора што се руди, Јас - како дете крај мајка што се буди! Ангел со прекрасни усти, За животите да нè ни бидат пусти. Има ли некој без твоето дело Како храбар воин да застане смело? Ти си најдобар исповедник мој Од грешките ме изведуваш на патот твој. Ај, кажете ми некој јунак со повеќе дела Сигурен сум нема на земјава цела! Умниот со него е кон рајски кат Место нема за злото на пат. Јазик ти си божји меч Ангел со златна реч. Само знај во секој миг и час - Мојот јазик тоа сум јас! Мартин Величковиќ VII2 OУ „Браќа Миладиновци“, с. Миладиновци, Скопје Ментор: Анкица Петрушевска

152


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Мојот мајчин јазик нè води низ минати векови до првите просветители Св. Кирил и Методиј. Тој е наше богатство вредно на нашите предци да се пренесе следно. Мајчиниот јазик за нас е како сонцето на небо да сјае, и додека тоа сјае македонскиот јазик ќе потрае! Мајчиниот јазик за нас е прадедовска завет, го сакаме, го почитуваме и со задоволство го учиме. Јазикот мајчин треба да се негува и чува, бидејќи со пари не се купува!

Анастасија Арсовска VII-2 одд. ОУ „Браќа Миладиновци“ с. Миладиновци, Скопје Ментор: Анкица Петрушевска

153


Мојот јазик - тоа сум јас Мојот јазик - тоа сум јас, Мојот јазик - тоа си и ти, Нашиот јазик е словенски. Јазикот наш не е бугарски, јазикот наш не е ни српски, јазикот наш е личен и течен и се вика македонски. Се бореле луѓе со книги, со бој за нашиот јазичен неспокој. Јазикот наш е течен ко река, и ќе остане уште многу века! Борче Атанасовски VI-2 одд. ОУ „Браќа Миладиновци“ с. Миладиновци, Скопје Ментор: Анкица Петрушевска

154


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик тоа сум јас Патриотизмот е љубов кон сопствената држава кој се изразува на повеќе начини. Еден од тие начини е зачувување, негување и правилна употреба на сопствениот јазик. Македонскиот современ јазик потекнува од т.н. старословенски јазик кога во Македонија живееле браќата Кирил и Методиј. Старословенскиот јазик е најстариот литературен словенски јазик. Да се биде Македонец значи да се биде горд, да бидеш роден како Македонец да проговориш и зборуваш Македонски. Затоа кога го говорам мојот јазик тоа сум јас, јас сум горда Македонка. Дали може да има друг јазик освен Македонскиот. Дали има пошироко поле за работа отколку во Македонија. Токму тоа нè прави горди што го говориме и пишуваме Македонскиот јазик односно мојот јазик, а тоа сум јас. Можат сè да ни земат, но нашата вера е јака, а нашето срце чисто. Чекориме по божјиот пат. Немаме потреба од потврдување, ниту од докажување, ниту од признавање. Ние знаеме кои сме. Нас историјата нè признала! Нас Библијата нè спомнала. Нашето писмо и јазик тоа сме ние. Марија Ќурчиевска - IX2 ОУ „Гоце Делчев“, Битола Ментор: Александар Адамовски

155


МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Јазикот претставува огледало на душата на еден народ, на неговото срце. Тој е знаме на распознавање. Со него се пренесуваат културните богатства на идните генерации. Има ли поубаво од тоа да зборуваш и да твориш на мајчин јазик, да се идентификуваш како човек преку неговото постоење? Мојот јазик – тоа сум јас! Тој е одраз на мојот идентитет и на моето битисување. Со него навлегувам во длабочините на минатото, стојам исправена во сегашноста и се вивнувам во иднината. Сфаќам дека колку повеќе јазици знам, толку сум побогата. Но, само мајчиниот јазик може да ми распламти топлина во душата. Зборот е творец на најубавите нешта. Со него ги искажувам своите мисли, чувства, ги исполнувам желбите, ги допирам ѕвездите кои се толку далечни, но сепак ми го осветлуваат патот. Со јазикот можам да ги отклучам портите на сечие срце, да насмеам сечие лице, да маѓепсам сечија душа. А што ако го немам јазикот? Не би можела вистински да се изразам, да копнеам, не би знаела да си играм со зборовите, да напишам песна, писмо, книга... Јазикот е столбот на ова парче земја, темелот на кој се гради она среќно утре на мојот народ. Ги прелистувам страниците на неколкуте книги пред себе и сфаќам колку жртва е дадена за денес да уживам во плодовите од создавањето на мојот јазик, да чекорам исправено и да речам: - Да, тоа тие го направија и почитта вечна ја заслужија! Тие – вистинските патриоти на татковината!

156


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Јазикот е најмилото и најскапоценото, тој ни е она најдрагоценото – како лебот, водата и воздухот. Јазикот мој - тоа сум јас како човек со своја припадност. Тоа е она што ме прави горда и ме поттикнува да чекорам по патот на светлината, зашто само преку него можам да го допрам небото, да го испливам морето и да ја дофатам ѕвездата. Цврсто ја прегрнувам оваа бесценетост од зборови, маѓепсана од нејзината сила и моќ и радосно чекорам напред, чувствувајќи се толку многу богата, затоа што – МОЈОТ ЈАЗИК ТОА СУМ ЈАС! Тамара Костова – VII 3 ОУ „Гоце Делчев“ – Битола Ментор: Емилија Прчкова

157


МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС На седум континенти, и ваму и таму, Заедно сме јас и ти, Кажуваме таги, радости и болки, Патуваме, другаруваме и љубов подаруваме. Затоа без тебе јазику мој, ни јас, Ни седумте милијарда луѓе на седумте континенти, не би можеле да се Покажеме и да се докажеме. Животот ни го исполнуваш ти, како Сонце што грее и птица што пее, Со тебе грижа и почит чувствуваме, Со дарба златна те изразуваме. Сања Поп Николова – VI 1 ОУ „Гоце Делчев“ – Битола Ментор: Зора Дамјанова

158


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Мојот јазик - тоа сум јас, За секоја буква по еден глас. Секој народ има свој јазик, посебен поздрав за делник и празник. Мојот јазик - тоа сум јас, сите викаме во еден глас. Јазикот ни е е потребен нас, тој ни е единствениот спас. Ученик: Стефан Брсаковски – IX 2 OУ ,,Коле Канински “, Битола Ментор: Марија Недановска

159


МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК Мајчиниот јазик за нас е како сонцето на небото, ко црнка во окото, како зрак во утрото. Мајчиниот јазик е наш прадедовски завет, го сакаме, го почитуваме со задоволство го учиме. со задоволство го зборуваме. Ване Шиковски– IX 4 OУ ,,Коле Канински “, Битола Ментор: Марија Недановска

160


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Јазикот наш македонски Македонскиот јазик е бескрајно вреден без него ти немаш гордост без него ти си туѓинец беден Ние македонците имаме јазик од дамнешно време Ние заедно можеме туѓото влијание да го запреме, Да зборуваме на македонски, а не на лондонски. Вредноста на нашиот јазик е голема Да не дозволиме да умреме ни една лексема. имаме јазик од дамнешно време, имаме свое македонско семе.

Никола Талевски– IX 4 OУ ,,Коле Канински “, Битола Ментор: Марија Недановска

161


Мојот јазик – тоа сум јас Македонскиот јазик е бескрајно вреден, без него ти немаш гордост без него ти си туѓинец беден. Дали ти македонско чедо што го зборуваш јазикот на баба и дедо Го негуваш и чуваш јазикот свој знаеш ли колку вреди тој? Тој е како бисер сјаен на сонце светка и блика, тој е еден исконски јазик јазик македонски се вика. Вредноста негова е голема поголема и од небото ширно, и од паланините, патиштата поголема од езерото мирно. Анѓелина Атанасова VI-5 одд ООУ „Блаже Конески“, Велес Ментор: Каролина Попова

162


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Македонскиот јазик да го зачуваме е аманет од Кирил и Методиј, од Крсте Петков Мисирков од Гоце, од Блаже Конески. Многу млади луѓе го дадоа животот свој, за Ти да го имаш македонскиот јазик твој. Азбуката, културата, јазикот е единственото нешто што нè врзува тебе, мене, нас и праќам порака до сите вас: Словото македонско со крв е испишано и не сме да биде избришано. Давид Темелковски VI-5 одд ООУ „Блаже Конески”, Велес Ментор: Каролина Попова

163


Мојот јазик - тоа сум јас Знаете ли како најлесно се знае кој е кој? Секој се препознава по јазикот свој. А зошто е тоа така? Ќе Ви објаснам, тоа оди вака: Сè што знам научив од мама и тато, од баба и дедо и така сè со ред, збор по збор, со зборови го освоив цел свет. Горда сум на јазикот свој од раѓање, па сè до овој час, со зборот се препознавам со зборот светот го осознавам. Мојот јазик - тоа сум јас! Наталија Купенкова VII-2 ООУ „Блаже Конески“ - Велес Ментор: Стефани Андреевска

164


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик тоа сум јас Убав е мојот јазик од прадедовци знаен, низ векови нитка по нитка ткаен. Јазикот наш македонски како сонце нè огрева, зборовите како бисери се редат, рака до рака како деца седат. Јазикот мој е непресушен извор, тоа сум јас,тоа си ти, сите ние сме една душа, од прадедовци жубор што се слуша. Магдалена Манаскова IX2 ООУ „Блаже Конески“, Велес Ментор: Стефани Андреевска

165


Мојот јазик - тоа сум јас Јазикот со кој ја опишувам убавината на природата цела, на славејот убавиот глас тоа е мојот јазик - тоа сум јас. Со јазикот искажувам чувства споделувам мисли со вас, тоа е мојата култура мојот јазик - тоа сум јас. Со јазикот поздравувам и посакувам добро на секој од вас, со јазикот светот го осознавам јазикот наш Македонски - тоа сум јас. Наталија Купенкова VII-2 ООУ „Блаже Конески“, Велес Ментор: Стефани Андреевска

166


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Мојот јазик - тоа сум јас, тоа сме ние – нашиот глас. Богатство наше единствено, ко во бајка измислено. Го сакаме сите ние, љубовта кон него во сите нас се крие. Една книга шарена, ко од бајка пронајдена! Мојот јазик личен симбол на мирот и слогата со него земјата е побогата. Изработка: Викторија Ангеловска VI В одделение ОУ „Кочо Рацин“ – С.Петровец Ментор: Наташа Здравковска

167


MOJOT ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Јазикот е света мудрост на вистината, највредното богатство за иднината, Низ векови е нашиот пат кон светлината, горди сме на јазикот наш, во тоа е убавината. Одиме своеглаво, одиме успорито... ,,Јазикот македонски е исконски, извикуваме гласовито! Идентитет низ векови, траен ,,печат“ за сите нас, Јазикот наш е наше постоење - нашиот глас. Во нашата земја сонцето и зората бела, се инспирацијата за создавање грандиозни дела. Со јазикот наш чудесни мисли се креираат, богатство на зборови, како бисери од него извираат. Јазикот македонски е извор во кој се збрани мудрости од македонскиот народ од сите страни. Опстојувал како пиреј низ крвово време, останувал и ќе остане наш до недоследно бреме. Нашите соседи како да не нè разбираат, нашиот јазик и потекло низа години ни го негираат! Ова се недоразбирања што силно не претискаат, нивните ставови сите Македонци ги нервираат.

168


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Поминаа години, дваесетина се сторија, илјадници прашања во нашите глави се отворија. Но сепак ние сме Македонци тоа е вистината македонскиот јазик за идните генерации е иднината! Јазикот е наследство од нашите предци, со него твореле многумина македонски дејци, корен што цврсто стои на ова македонско тло, нема да дазволиме да го откорне, ниту едно зло. Со јазикот наш ние се гордееме, во оваа мала библиска земја среќно живееме, со нашиот јазик ќе пишуваме, гордо македонски ќе си зборуваме! Јазикот наш - тоа сум Јас... тој ќе остане вечен идентитет за Нас... Македонскиот јазик е мој, твој, на сите Вас Гордо извикувам на сиот глас!!! Татјана Стојанова IX5 одд. О.О.У. „Гоце Делчев“ С. Василево - Струмица Ментор: Јулијана Малинова

169


Мојот јазик - тоа сум јас Дамнешно време, хартија недопрена, бела на маса, мастило в рака и едно перо, да се исполни празнината, да се допре белината, мошне хумано, мошне смело. Товар на плеќите на македонскиот народ, товар тежок, но подеднакво и вреден, да се создаде темелот на нашата ни писменост, мрачната ноќ да помине во ден. Предците Македонци со неуморна заедничка волја го соединија сечиј нивни ум, на желбата за писменост несебично Ѝ помогна да се оствари целиот универзум. Наспроти исцрпувачката борба, мака и пот наметната од германски свештеници, светите браќа Кирил и Методиј се основачи на патот по кој чекорат сите ученици. Волјата за писменост во татковината ја прифатија со восхит нивните следбеници и се погрижија патот на успехот да го изодат докрај, па макар биле и маченици. Затоа за нас денес, не постои поголема вредност од онаа на трудот нивни свет, бескрајно сме им благодарни на писмото свое и ќе ги славиме секогаш и за век. Денешно време, хартија недопрена бела, пенкало в рака и желба во моето тело, да победи исконското, крвта да струи во правец на македонското, хумано и смело. 170


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Децата вредни на оваа генерација, децата наши писменоста вечно да ја слават, со своите вешто создадени дела, трага во книгата на македонски дела да остават. Јас - една од нив, гордо да стојам и рецитирам сè дур знамето зад мене се вее, да собирам гласни аплаузи како награда вредна за трудот што постојано се сее. Знамето на вечниот труд со сонце како симбол на единствениот јазик македонски, кој ќе остане засекогаш да ги исполнува литературните книги и книгите историски. Ќе остане да ги исполнува срцата наши за сите во ритамот на писменоста да бијат и да создава единство меѓу нас, како на пеперутка кога двете крилја ќе ѝ се свијат. Како основа на нашата едукација, тој ни дава свои крилја да одлетаме каде сакаме, но патриотизмот во нас ќе нè натера од кадешто сме тргнале, таму и да се вратиме. Секогаш да стоиме под ова сонце на нашето небо, да не осветлува полна месечина дури и кога сме далеку, јазикот е оној што успева да ја поврзe секоја далечина. Нè обединува, сплотува и мотивира заедно да продолжиме богатства да создаваме, затоа што нашиот јазик не е дел од нас, туку јазикот сме ние и никому не го даваме. Ана Младеноска, IX одд. OОУ „Владо Тасевски“ – Скопје Ментор: Олгица Мешкова 171


„Мојот јазик-тоа сум јас“ На нашиот јазик горда сум јас, тоа го кажувам на целиот глас! Мајчиниот јазик колку ќе трае? Сè додека сонцето светло сјае! Во животот најдраго што е? -Јазикот мајчин, мил. Јазик е тој најубав, во срце ми се свил. Убав е мајчиниот јазик наш, него хармонија го краси, го сакаме, го почитуваме, со задоволство го зборуваме. Таму каде што си ти, македонски зборувај си, со мајчин јазик чист гладно срце нарани си. Натали Манева 9б одд. ООУ „Благој Кирков“- Велес Ментор: Горан Грков

172


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – Тоа сум Јас Познавањето на повеќе светски јазици претставува огромна придобивка за секој човек. Една стара поговорка вели: „Колку јазици – толку факултети“. Меѓутоа основата за сето тоа е пред сè да го познаваш својот мајчин јазик. Главен елемент на секој човек и на секоја нација покрај културата и обичаите е токму јазикот на кој говори. Јазикот како насушна потреба за меѓусебна комуникација меѓу луѓето претставува вистински идентитет за секоја личност. Воопшто нема да звучи како парола ако кажам дека мојот јазик – всушност тоа сум јас, бидејќи преку јазикот можам да ги осознавам сите знаења и мудрости кои ги носи животот. Јазикот треба да се чува, негува и да се усовршува пред сè како една благодарност кон плејада предходни генерации кои за зачувување на нашиот јазик од асимилации и негирање платиле со живот. Мрачните сеништа од минатото и денес се обидуваат да го негираат и омаловажуваат нашиот јазик со разни пропаганди. Затоа сите ние заедно треба да дадеме свој придонес за зачувување на нашиот јазик, бидејќи нешиот јазик сме сите ние. Александар Анастасовски VIII-2 ОУ „Дане Крапчев“ - Скопје Ментор: Елена Малинова

173


„Мојот јазик- тоа сум јас“ „...ЈАЗИКОТ НА ЈЕДЕН НАРОД ЈЕТ НЕГОО ДУХОВНО БОГАТСТВО И НАСЛЕДСТВО ВО КОЈЕ СЕ ЗАКЛУЧУВААТ ОТПЕЧАТЕНИ ВО ГЛАСОВНИ ЗНАКОНИ И ЗБОРОИ СИТЕ НАРОДНИ МИСЛИ, ОСЕКАЈН’А И САКАЈН’А СО КОЈИ ИМАТ ЖИВЕНО И ЖИВИТ ЈЕДЕН НАРОД И КОЈИ СЕ ПРЕДАВААТ КАКО НЕШЧО СВЕТО ОД ЕДНО ПОКОЛЕНЈ’Е НА ДРУГО.“ К.П.Мисирков Јазикот е аманет од предците кој во срце го чуваме, како приказна што со години и години ја раскажуваме. Еден убав мил, тивко кажан збор грее ко сончев зрак, знае да растопи камено срце да осветли каде што е мрак. Убавите зборови -ко сонце зрачат, зборови што на секое срце многу му значат. Убавината на Македонија во македонскиот јазик се крие, јазикот наш - тоа е гордост што во македонско срце спие.

174


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Родниот јазик убав со своето постоење плени, богатство наше е то што треба да се цени. Мојот јазик е оружје што најсилно сече, мојот јазик е вруток што жубори и тече. Јазикот - тоа е нашиот идентитет, од родниот јазик македонски поубав нема на овој свет. Радица Георѓиева 9б одд. ООУ „Благој Кирков“- Велес Ментор: Горан Грков

175


МОЈОТ ЈАЗИК- ТОА СУМ ЈАС Со мене е од кога сум родена. Со мене ќе биде додека сум жива. Каде и да одам тој мене ме следи. Без него не можам. Тој е дел од мене. Мојот јазик - тоа сум јас. Еднаш еден човек ми кажа: ,,Јас зборувам само македонски. Да ме пратат да живеам во Америка јас повторно ќе зборувам само Македонски. Од мојот јазик не се одрекувам.“ Човекот беше во право. И да сакам не можам да зборувам друг јазик без да се присетам на македонскиот. Ако сакам нешто да кажам јас го користам мојот јазик. Моето мислење искажано на друг јазик нема значење. Прво децата ги учат на мајчиниот јазик, а потоа на друг. Има многу деца кои од кога се родени патуваат низ светот со своите родители во потрага по постојан дом. За време на тоа патување тие учат многу различни јазици, но никогаш ниту еден не го сметаат за свој, мајчин јазик. Зарем тоа не е толку тажно? Знаеш толку многу јазици, но ниеден не е твој. Како ниеден да не знаеш. За среќа, јас го имам македонскиот, мојот единствен јазик. И се гордеам со тоа. Треба да се почитува мајчиниот јазик. Тој ни е оставен во потомство од нашите предци. Тие за да се разликуваат од другите народи создале нешто прекрасно – нашиот мајчин јазик. Тој нè одвојува од сите, од светот. Им благодариме на нашите предци кои ни оставиле нешто толку свето. Секаде во светот јас ќе го претставувам мојот јазик, бидејќи тој е дел од мене. Не може да се замисли животот без него. Ќе го носиме во нашите души. Тој секогаш ќе биде дел од нас. Немојте да го потценувате. Верувајте. Тоа е нешто свето. Не заборавајте: имате само еден јазик – мајчиниот јазик. Никогаш нема ни да имате друг јазик, бидејќи вашиот мајчин јазик го носите во душата. Ако успеав да ве убедам со ова, тогаш сум сигурна дека никогаш нема да се откажет од него. Тој е дел од сите нас. Тој е дел од мене. Мојот јазик – тоа сум јас. Тамара Велковска 7-4одд. ОУ ,,Дане Крапчев“ – Скопје Ментор: Катица Стојчевска 176


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС “Тој ни е завет од дедовците Како тланикот на огништето. Чувај го како црнка во окото, Без јазик си никој и ништо.” В. Подгорец Јас не сум како повеќето деца од моето училиште. Говорам и македонски и турски. Мајка ми е Македонка, а татко ми Турчин. Кога бев мала моите први зборови беа на македонски. Како што растев го учев и јазикот на татко ми. Јас ги засакав и двата јазика. Двата јазика ме направија среќна и тогаш сфатив дека колку јазици повеќе знам толку сум побогата. Кога почнав да одам во училиште моите дригарчиња кога ќе ме слушнеа како зборувам турски се чудеа. Ме прашуваа на кој јазик зборувам и мислеа дека сум поразлична од сите нив. За различностите зборувавме и на часовите со нашата наставничка. Таа ни објаснуваше дека сите луѓе во светот се разликуваат по нешто: по јазикот, по изгледот, културата, традициите, обичаите. Светот е како виножито во најразлични бои. Убавината е во различноста. Мојата различност за мене е предност. Богатството да говорам два јазика - македонскиот и турскиот е непроценливо. Заради сето ова наместо ,,Мојот јазик - тоа сум јас” би рекла ,,Моите јазици - тоа сум јас”!

Дарија Дамевска – Идриз V2 О.У. „Ј.Х. Песталоци“ - Скопје Ментор: Евдокија Јанчева Петрушевска 177


Мојот јазик,тоа сум јас Се родив во Македонија ми мила земја прекрасна, волшебна ми била земја една и единствена на свет, земја преубава како најубав цвет. Земја со чист јазик мил од групата на словенски јазици бил во семејството на јужнословенски јазици е член од памтивека до денешен ден. Мојот јазик, тоа сум јас македонскиот јазик, тоа сме ние, од Гевгелија по Вардар фин од Пустец, Пирин, Егејот ни син. Тој е мојот идентитет во светот како слободна птица во летот без него сум, безумена, боса како цвеќе без утринска роса. Мојот јазик тоа сум јас го сакам од срце, викам на цел глас. Богат со дијалекти разни како разнобојни цвеќиња во шарени вазни.

178


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Горда сум на нашите татковци мили Св. Кирил и Методиј нашите просветители. Тие се столбот на јазикот мој тие се апостоли, мисионери, борци без бој. Мојот јазик, тоа сум јас Нашиот јазик, тоа сме ние, без него сме никој и ништо Затоа повторно викам на сиот глас: „Мојот јазик, тоа сум јас“

Сара Ѓорѓиоска VIII-2одд. ОУ „Дане Крапчев“ - Скопје Ментор: Елена Малинова

179


Македонскиот јазик-тоа сум јас Животот на македонците Многу им тежел, Секој кој за своето се борел Мртов лежел. Секој агол за македонецот бил тесен, А непријателот постојано бил бесен! Можеби бил мал, Но за својата земја, слобода Култура и јазик, Секој животот би го дал. Оној кој своето го барал, Скапо го праќал, Непријателот, да го погази сакал. Јазикот, културата, Обичаите, традицијата и слободата На секоја земја сè и значат. МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ТОА СУМ ЈАС, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е СЕ ЗА НАС!!! Рената Јосифовска 9-2 ООУ ,,Св.Климент Охридски“ Делчево Ментор: Валентина Даневска

180


МојоТ јазик, Тоа сум јас

,,Македонскиот јазик“ – тоа сум јас Сонце грее, ветер вее во секоја држава секој на свој јазик пее. Предците наши дење и ноќе, со перо во рака, создале јазик за нас - без мака. Со јазикот наш се гордееме ние што нас ни го оставиле. Јазик, како ниту еден, во нашата Македонија - вреден. Сонце кога грее, дете кога пее секој е среќен и се смее. Секој има јазик свој, а и јас имам мој. Македонско чедо сум јас И ќе го славам јазикот на цел глас. Додека сонцето надвор сјае, Македонскиот јазик ќе трае. Ивона Видановска IXв Оу „Гоце Делчев“ Демир Хисар Ментор: Маја Чорбевска

181


Македонскиот јазик - тоа сум јас Денешната тема е негувањето на нашиот македонски мајчин јазик. Тој е како вечен сопатник на нашиот народ низ вековите кои изминале во Минатото, делејќи го со нас доброто и злото, солзите и смеата. Нашиот народ имал безброј окупатори, како што биле Турците, Германците, Бугарите, Србите и Грците кои пробувале да го поништат и изменат. Иако секој окупатор имал свој службен јазик нашиот народ го негувал, чувал и употребувал мајчиниот македонски јазик, иако имало многу строги казни. Како на пример во времето на странските пропаганди ако зборувале или употребувале и еден збор на македонски, ги следувале казни како физичко насилство, одземње на имот па дури и смрт. Покрај тоа што сме имале разни окупатори, ние сме имале и доста познати писатели и дејци како Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, Браќата Димитар и Константин Миладинов, Глигор Прличев, Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин, Марко Цепенков, Војдан Чернодрински и други кои се грижеле да Македонскиот јазик се пренесе и зачува на идните поколенија. Тоа го превеле со пишување на песни, романи, запишување на разни македонски народни умотворби и слично. Ние, младите треба да го чуваме и негуваме нашиот македонски јазик, Бидејќи по него се препознаваме и разликуваме од другите народи во светот. А без него сме како дрво без корен, не се знае кога ќе падне. Симеон Наловски VII/в одд, ОУ „Гоце Делчев“- Демир Хисар Ментор: Трајанка Џамбаз 182


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК Првиот глас, првиот кажан збор ме води кон мојот мајчин јазик кон моето потекло. Букви редат птички рој, мисловни приказни и ѕвездички број. Една по една приказна се реди, за јазикот мој. Мисли ме печат, зборови ме болат, го слушам народот како светот го моли. Оставете ни го јазикот наш, татковината ни мила зашто тие се нашата моќ, нашата сила. Анастасија Божиновска VII 3 одд. ОУ„Св. Климент Охридски“, с.Драчево, Скопје Ментор: Розица Трајковска

183


Мојот јазик, тоа сум јас Македонската азбука наша, тресет и една буква брои и насекаде во нашите учебници си стои. Со нашите букви, убави и разни, пишуваме ние песнички и сказни. На училиште заедно, со другарчињата мои, научив како се чита и како се брои. Секој ден така, буква по буква, ред по ред, колку би било убаво македонскиот јазик да се зборува во целиот свет !!!

Ема Трпчевска IIIа ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ Ментори: Тања Калинска и Зорица Димова

184


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик тоа сум јас Од мојот прв збор, од мојот прв глас, македонски е јазикот што го зборувам јас. Оттогаш па наваму буквите се редат, зборови и творби цели се нижат на страници бели. Буквите А, Б, В... азбука се наша со нив зборуваме и песнички пишуваме. Ања Забазновски IIIa ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ Ментори: Тања Калинска и Зорица Димова

185


Мојот јазик тоа сум јас Треиесет и една буква летаат во рој, буква по буква од А до Ш се редат во строј. Буква, име, збор за правилен изговор, приказни и бајки за нашите мајки. Мисли, твори, говори, само не заборави еден јазик говориме на македонски твориме. Мартин Љубен IIIa ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ Ментори: Тања Калинска и Зорица Димова

186


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК Македонскиот јазик убав е, прадедовски јазик наш, горда сум на него јас, слушнете ме! - го кажувам тоа на цел глас. Мајчиниот јазик е како бисер сјаен, како сонце светка и блика, тој е за мене најсветол јазик, јазик МАКЕДОНСКИ се вика. Ми велат баба и дедо: -Дали ти, наше чедо, го негуваш и чуваш јазикот свој, дали знаеш колку вреди тој? Неговата вредност е голема, поголема од небото ширно, и од планините, патиштата, поголема од езеро мирно. Треба да се знае како прво: НИЕ НЕ СМЕ БЕЗ КОРЕН ДРВО, имаме свое, МАКЕДОНСКО СЕМЕ, имаме јазик од дамнешно време. Ивона Антова, 6-1 одд. ОУ „Никола Карев“ –Кочани Ментор: Љупка Стојменова

187


МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Пред многу и многу години човекот разбра дека нешто мора да направи. И така со слики и цртежи во древното доба да комуницира меѓусебно проба. Потоа се родила желба за творба, се родила мисла за писмо и слово. Во тоа дамнешно време се посеало сончевото семе на старомакедонскиот говор. Аз, буки, веди глаголи - првото македонско писмо започнало со старата Глаголица, подоцна истото било заменето со азбуката Кирилица. Се развија многу зборови вредни во тие дамнешни времиња древни. Првите зборови тогаш се создадоа и оттогаш уште многу се додадоа. Идентитетот го градиме и историја создаваме, преку јазикот сите се препознаваме, од каде сме, кои сме, кому му припаѓаме, од која земја и од која народност доаѓаме.

188


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Во македонскиот јазик се огледува македонската душа, мудростите на мојот народ, преку него ги осознавам и слушам, народните, духовни вредности во јазикот се кријат, мојот национален белег во него спие. Јазикот мој македонски е древен, дамнешен, но ете, опстанал и до ден-денешен, горд сум Македонец, ви кажувам на вас македонскиот јазик – тоа сум јас.

Андреја Поповиќ VI одд. ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје Ментор: Катерина Аницин

189


МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Како бисер што блескаат буквите нанижени сјаат, така тие збор по збор нашиот јазик го ткаат. На Кирил и на Методиј бескрајно благодарен сум јас, темелите на нашата писменост ги поставиле тие за нас. Мојот мајчин јазик за мене е најголем дар, го чувам јас во срцето со силна љубов и жар. Колку што има на небото безбројни ѕвезди рој, толку многу јас го сакам македонскиот јазик, свој. Чувај си го јазикот тоа да се твоите сни, секогаш сакај го бидејќи тоа си ти. Стеван Богданов, VIII одд., ОУ ,,Никола Карев“, Кочани Ментор: Сања Атанасовска

190


МојоТ јазик, Тоа сум јас

ЗАСЛУЖЕНИОТ АПЛАУЗ Пред една седмица добив одговор од редакцијата на списанието за млади „Училиште“. Одговорот гласеше: „Почитувана читателке, Сандра Наумова! Ви благодариме што се пријавивте на нашиот конкурс и посебна чест ни претставува да Ве поканиме јавно пред публика од наши стручни соработници како од нашата држава, така и од странство, да го презентирате Вашето дело.“ Дојде долгоочекуваниот ден. Едвај го чекав времето за презентација. Возбудата во мене растеше, извесна доза на страв се испреплетуваше со радост и неспокојство. Првпат бев на ваква манифестација. Мешавина од чувства, среќа, возбуда, неизвесност... Го слушав шепотот на мама како ми вели да бидам храбра, да верувам во себе. Одеднаш се крена завесата, светла од сите страни, а напред пред бината имаше толпа од народ. Ги гледав интелектуалците кои зрачат со знаење, учтивост, сериозност. Замижав и сама во себе си реков: „Јас го можам тоа“. А наредниот миг, гласно изустив: „Мојата татковина, Македонија, можеби за повеќе од вас е позната, а за останатите што не ја знаат, ќе се потрудам да ја запознаат. Ние Македонците сме народ со низок раст (покажувам со мимика), ама со големо и топло срце (пак со мимика, со рацете го допирам моето срце).“ Погледнав кон публиката пред мене, нивните очи веќе вџашено очекуваа што ќе кажам. Тоа ми даде поттик и сила, разбрав дека можам да зборувам и понатаму да покажувам. Тремата исчезна и јас продолжив.

191


„Плодна земја, чисти реки, зелени ливади, високи планини, чист воздух, нови патишта... На една страна житни полиња, а на друга страна распослани пасишта со стада овци. На исток вкусен ориз се прави и готви, а на југозапад ресенско јаболко се одгледува и бере. Секој октомври нашиот домакин гроздобер прави, за природна ракија и вино да послужи на своите слави. Нашето здравство има задача настинката да ја спречи и сите болни глави да ги излечи. Здраво бебе секое семејство го радува, па дури и за стар дедо од 90 години се тагува. Нашата должност е традицијата да ја продолжиме, со широки насмевки и срдечно добредојде да ве угостиме. Сето тоа нашата татковина Македонија ви го нуди, верувајте, кај секој странец, љубов ќе пробуди. Научници, јазичари, лекари, инженери, музичари... и разни таленти, железни врати отвораат и во другите континенти.“ Мртва тишина. Запрев со говорењето и со гестикулирањето и длабоко се поклонив. Кога требаше да направам чекор назад и да се исправам, луѓето кои седеа пред мене почнаа да стануваат од своите столови и громогласно аплаудираа. Петнаесет минути траеше силната овација. На бината дојде претставник од странските посетители. Ми честита стегајќи ми ја раката, па со тежок изговор, мешајќи зборови на англиски и на македонски, го пофали мојот говор. Беше воодушевен од начинот на кој сум ја претставила мојата земја. Разбрав дека човекот беше презадоволен од мојата интерпретација: „Ако песната ја пееш со чувства, секој ќе ја разбере... Ако цртежот го сликаш со љубов, на секој ќе му се допадне...Така и ти, драга Сандра, го стори токму тоа. Имено, со ширењето на рацете покажа колку е голема Македонија, со држењето на срцето покажа колку се добри Македонците, а со кревањето на рацете кон сонцето и подигањето на прсти покажа колку си ја сакате својата татковина. Големи честитки за тебе! Ова нека биде еден убав пример како еден горд Македонец треба да се претставува пред светот со свој јазик и своја култура.“ 192


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Погледнав во публиката и ја видов мама. Кутрата таа, трепереше како есенски лист. Сфатив дека мојата мајка имала поголема трема од мене. Сега, таа бликаше од радост и задоволство, беше горда на сопствената ќерка. Завесата се спушти, а јас останав со насолзени очи, исполнета со некое необично чувство на среќа, задоволство и восхит. Сандра Наумова 7/1 одд. ОУ „Никола Карев“ – Кочани ментор: Гордана Јефтимова

193


МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК Мајчиниот јазик е мајка и татко и светла мисла со глас. Мајчиниот јазик буди чувства и восхит длабоко во нас.

Мајчиниот јазик и сестра и брат кои нè водат по правиот пат. Мајчиниот јазик е читанка цела исполнета со прекрасни дела.

Мајчиниот јазик е учител стар на кој му се поклонуваме. Мајчиниот јазик е милион нешта на кои им се радуваме. Мајчиниот јазик е сè на светот и за нас е нешто свето. Мајчиниот јазик е нашата душа и радост што гласно се слуша. Кристина Грнчаровска VIII Б ОУ „Св. Климент Охридски“, с.Драчево, Скопје Ментор: Розица Трајковска

194


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Јазикот наш од дамнини-тоа сме ние Јазикот наш литературен македонски се вика. Од ден на ден добива се почудна лика! Маус, тастатура, демократија, малку мејкап, па и стајлинг станаа наш говор, наш редовен порок. Говорете македонски!наставничката секој ден вели. Бидете потомци дедови, во борбата за јазикот бидете смели. Слово денес, утре две, научете, истрајте! Па, јас денес со книгата дедова се дружам, со говор од дамнини зачуван, вековен, во борбата за јазикот мајчин се служам! Мојот јазик-тоа сум јас! Слово денес, утре две, научете, истрајте! Ивона Тракоска 8 -2 одд. ОУ Св. Климент Охридски-Драчево Ментор: Валентина Трајкоска 195


МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК-БЕЗВРЕМЕНСКА КНИГА НА СЕКОЈ НАРОД Сте се запрашале ли некогаш, што би било кога би немале свој сопствен, мајчин јазик? Како ли би било кога секое утро би се буделе како Македонци, а секој миг би го живееле во неспокој и секој изустен збор би ни отежнувал сè повеќе? Да се биде без мајчин јазик, не би можела да најдам зборови кои би го опишале тоа чувство, таа празнина во душата. Ни еден збор не може да искаже колкава е болката без сопствениот идентитет, без најголемото обележје на секој народ, без најскапоцениот животен дар - без својот единствен мајчин јазик. Но за среќа, сето тоа е за нас непознато, во нас нема болка туку во нашите души вирее слобода, а во нашите срца владее безгрижноста. Говориме со спокој, пишуваме во мир и среќни сме со тоа што го имаме. Среќни сме за бесценетиот златник и најблескавиот дијамант, среќни сме што го имаме највредното нешто - што го имаме нашиот единствен мајчин, македонски јазик. И сето тоа не е залудно, бидејќи нашиот јазик е една голема книга во која е запишано минатото, се чита сегашноста и се твори за иднината. Во секоја македонска буква се огледува делото на нашите најголеми просветители - Кирил и Методиј и нивниот најпознат ученик Климент Охридски, кои со моќта на нивното перо и со силата на нивното знаење, цврсто ги поставиле темелите на овој јазик.

196


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Во секој македонски збор е запишана секоја капка пот и секоја капка крв за овој народ. Запишан е борбениот дух на нашите предци кои храбро и решително се избориле до последен здив, за да ни овозможат нас, сите ние Македонци слободно да се изразуваме на нашиот мајчин јазик. Секоја македонска реченица е дел од таа голема слика на бурното минато на нашиот јазик. Таму се насликани сите темни и црни денови, сите битки и сите маки кои македонскиот народ ги поминал, за да ни обезбеди светла и безгрижна иднина на секој нов македонски поредок. Денес таа слика е скришно запишана во буквите на секоја македонска книга од која ги читаме првите наши зборови, ги учиме најважните лекции и постојано се стекнуваме со нови знаења. Се изразуваме, пишуваме и твориме благодарение на неа. Читајќи ја таа книга постојано го зацврстувам мојот идентитет и ги проширувам моите знаења за подоцна и јас да можам тоа да го пренесам на идните поколенија и гордо да се претставам како Македонка ширум светот. Бојана Станковска VIII Б Училиште: ОУ„Св. Климент Охридски“, с. Драчево, Скопје Ментор: Розица Трајковска

197


МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК - МОЕТО ПОСТОЕЊЕ, МОЈАТА ИДНИНА, МОЕТО ЈАС Не е лесно да се напише едноставен, а сепак толку моќен збор за мајчиниот јазик, не е лесно да се долови суштината на љубовта кон јазикот на кој за првпат сте проговориле, не е лесно да се пишува за писменоста. Што и да кажам, колку и да напишам ќе биде малку за да ги изразам почитта и љубовта кон мојот мајчин, македонски јазик, но ќе се обидам: Кирилометодиевското дело зачнато уште во далечниот деветти век ги поставило темелите на нашиот мајчин јазик, некогашната глаголица ја отпочнала писменоста на многу словенски народи, но пред сè писменоста на мојот македонски народ, да не биле славните браќа Кирил и Методиј, можеби денес би останале неписмени, можеби денес не би настанал овој текст во нивна чест или пак би се изразувале на сосема друг начин, којзнае...? Да не биле пак нивните ученици Климент, Наум, Ангелариј и уште многу други индиректни учесници, нивото дело немало да биде пренесувано од генерација на генерација. Како Бог да сакал да ги благослови овие пресвети браќа и да им ја даде моќта да ја создадат писменоста на многу Словени, и тоа токму на тлото од некогашната македонска грутка. Во околината на Солун како да било судено да се зачне словенската, па и македонската писменост. Како да било судено, токму тој, Солун да биде судбоносен за македонскиот идентитет, за македонскиот јазик и македонскиот народ. Од некогашните „аз, буки, веди, глаголи“ се создале нови зборови, се нижеле венци од слогови и се создал македонскиот јазик, јазик на многу Македонци и други народи кои живеат на територијата на Македонија. Кој го чул македонскиот јазик, кој изговорил еден збор на македонски, останал вечно заљубен во овој милозвучен 198


МојоТ јазик, Тоа сум јас

јазик. Никој не останал рамнодушен на македонското „те сакам“, никој не почувствувал тешкотија да каже „добар ден“, сите наоѓаат забава кога треба да кажат „благодарам“. А, кога ќе се сетам на своите први детски обиди да зборувам чисто и течно на мојот мајчин јазик, се присетувам на мојата детска наивност и обидот да се обликува правилна граматичка реченица. Учењето на кирилското писмо е посебен предизвик за секој кој првпат ќе фати молив в рака и ќе се обиде да ги напише првите кирилски букви, па од нив да наниже ѓердан од слогови, да сплете венец од зборови. И кога ќе помислиме дека совршено го владееме мајчиниот јазик, ќе наидеме на нови зборови, на нови тајни скриени во значењето и суштината на кажаниот збор, на нови народни мудрости, поговорки и гатанки кои ја носат сржта на македонскиот јазик. Не е лесно да се пишува за мајчиниот јазик, да се искаже значењето на македонскиот пишан и изговорен збор, а притоа да се долови мислата. Зборовите се нижат, мислите се редат, но не можат докрај да ја доискажат величенственоста на мајчиниот јазик. Знам дека секој збор ја носи тежината, ја крие тајната на древната култура, ја чува традицијата и како вечен спомен стои во срцето на секој Македонец без разлика каде и да е, на кој континент и да се наоѓа, ,,македонштината” и „македонското” вечно ги носи со себе и во себе. Мајчиниот јазик како вечна сенка го следи човекот каде и да оди за да го потсети дека неговите корени се тука, во секој крај од оваа наша мила Македонија, тие се длабоко врежани во неговата душа како аманет од неговите предци да се чува она што некогаш го создале словенските браќа. МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК Е МОЕТО ПОСТОЕЊЕ, МОЈАТА ИДНИНА, МОЕТО ЈАС! Христина Пецевска IX-2 одд. ОУ ,,Св. Климент Охридски“ - Драчево Ментор: Валентина Трајкоска

199


МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС Уште многу одамна во дамнешно време нашите предци, создавале и твореле да ни остават нешто вечно, нешто свето, а ние сега треба да го чуваме и почитуваме. Кирил и Методиј словенските браќа и Климент Охридски пораки ни праќа ние создадовме, вие продолжете, секоја напишана книга ваша, гордост ќе е наша. Јас, ти, тој,таа, сите ние сега македонскиот јазик, треба да го чуваме и секоја триесет и една буква од азбуката ние заедно да ја почитуваме и негуваме. Секогаш со гордост и без срам македонски да пишуваме и зборуваме за нашиот јазик со чест и перо да се бориме барем тоа ние, можеме да го сториме.

Михаил Димитровски, ОУ „Климент Охридски“ Делчево VII-1 одделение с. Звегор, Делчево ментор: Милка Стоилкова

200


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Зборови. Милион зборови кои нашиот јазик ни ги дал да ги чуваме и негуваме. Тие ни се пријатели, утеха, вечен копнеж... Јазикот е извор на сите мудрости. Составен е од бисери кои ги разубавуваат речениците, текстовите, целите книги. Бисерите создаваат ѓердан, но не ѓердан кој оди на вратот, овој ѓердан оди во срцето. Ѓерданот – јазик го чистиме, милуваме, го љубиме секој час. Секој посебен бисер во ѓерданот немо стои, а громогласно бие со своја порака. Порака за страдања, за борба, за изгубени животи, кои биле жртва за ние денес да го имаме нашиот јазик. Јазикот на еден народ е нешто посебно и скапоцено, богатство кое се чува со голема љубов и внимание. Доколку не постоел јазикот, ќе имало безброј неискажани љубови, моменти, порази и победи. Победа е и самиот јазик, победа на народот, кој со години се борел за сега, во наши раце да го имаме најскапоценото богатство – јазикот. Изворот на мудроста порасна. Создаде река, езеро, море, океан, а во тој океан гордо плови мојот мајчин јазик, моето јас. Бобан Николов, lX - 2 одд. ООУ „Славејко Арсов“ Штип Ментор: Милкица МиленковиќСтојанова

201


Мојот јазик- тоа сум јас Јас имам убав говор свој, македонски, тоа е јазикот мој. Во него наоѓам среќна тема, во која ништо лошо нема. Мојот јазик - тоа сум јас, верувам чувството е исто и кај вас. Ќе го негувам јазикот свој, ќе го негувам говорот мој. Зар има подобро од ваква слика, од јазикот мој радост да блика. Го сакам исто како вас мојот јазик - тоа сум јас. Викторија Панева VIII-2 ООУ „Славејко Арсов“ – Штип Ментор: Даниела Иванова

202


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик- тоа сум јас Мојот јазик е македонски, тоа е јазикот прадедовски. Мајчиниот јазик си го сакам јас тоа го кажувам на сиот глас. Македонците се бореле, за слобода се избориле, јазикот го сочувале тие за денес да се гордееме ние. Македонски учам јас, македонски зборувам на глас, македонски творам, за јазикот се борам. Мојот јазик – тоа сум јас, ви го кажувам ова на цел глас, учам, пишувам, зборувам, творам за јазикот се борам. Мартина Митева - VIII-1 ООУ „Славејко Арсов“ – Штип Ментор: Даниела Иванова

203


Мојот јазик - тоа сум јас Како што на небото светкаат многубројни ѕвезди, така во светот постојат голем број јазици. Меѓу нив, како ѕвезда Деница, за мене светлозрачно сјае мојот јазик. Јазикот е нишката што го сплотува народот во едно. Тој е наша единствена љубов, љубов што ги разигрува нашите срца и ги топли со сите мудрости на нашите предци. Без јазик сме никој и ништо, а со него, тоа сме ние. Мајчиниот јазик не е само средство за комуникација, тој за мене е душата на народот, национално обележје, коренот на нашето постоење. А, тој корен е длабок, засаден од нашите прадедовци, одгледуван со љубов и грижа во време и невреме за да порасне во стебло со разлистени гранки, накитени со плодови, кои ние секојдневно со сласт ги вкусуваме. Тие плодови – зборовите на мојот јазик, навезени со најскапоцениот вез – азбуката, се симболот на моето постоење, моја гордост, наша македонска гордост. Создаден во минатото, прониклив како троскот низ бурните времиња на нашата историја, македонскиот јазик се изборил за своето постоење меѓу јазиците во светот. А, тој јазик, за мене е најмилозвучен, ѕуни со најнежна мелодија во срцето и душата, буди гордост, неизмерна радост кога се лее во говорот и пишувањето. Мојот јазик е патоказ кон вечното постоење на мојот народ. Мојот јазик е клуч што ги отвора вратите на знаењето. Мојот јазик ми дава крилја кои ме водат во вечноста. Мојот јазик, да, тоа сум јас. Сара Денкова lX - 2 одд. ООУ „Славејко Арсов“ Штип Ментор: Милкица МиленковиќСтојанова 204


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик, тоа сум јас Македонската азбука наша, тресет и една буква брои и насекаде во нашите учебници си стои. Со нашите букви, убави и разни, пишуваме ние песнички и сказни. На училиште заедно, со другарчињата мои, научив како се чита и како се брои. Секој ден така, буква по буква, ред по ред, колку би било убаво македонскиот јазик да се зборува во целиот свет !!! ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ Ученик: Ема Трпчевска IIIа Ментори: Тања Калинска и Зорица Димова

205


Мојот јазик – тоа сум јас Јазикот е најголемото културно и духовно богатство на еден народ. Тој ни овозможува сето она што сме го научиле, слушнале, виделе или искусиле да го пренесеме на останатите. Ни помага да комуницираме едни со други и да ги опишеме сите убавини на нашата татковина и нашиот народ. Нашиот јазик е толку моќен, што воодушевува самата помисла на него. Мојот јазик е јазикот на кој зборувале моите прадедовци и сите оние борци и херои кои без размислување го дале својот живот за наша слобода, оние кои собирале народни песни и умотворби на овој јазик, со тешки маки печателе книги, стихозбирки и весници, со една единствена цел - никогаш да не се заборави, да остане вечно заклучен во срцето на секој македонец. Најважно од сè е од најраните години да се знае историјата на јазикот, како тој настанал и како македонските писатели и покрај забраните и заканите сепак пишувале и твореле. Не треба да се заборави дејноста на Кирил и Методиј кои ги поставиле темелите на нашето писмо. Нашиот јазик е корен кој достигнува до длабочините на минатото и нè држи исправени за во иднината. Јазикот е наше огледало, според него останатите нè препознавааат и проценуваат. Со него се претставуваме низ целиот свет. Да не би постоел јазикот, не би знаеле ништо за нашата историја, како живееле нашите предци и кои сме ние. Тој овозможил сите приказни, легенди, преданија уште од најраните почетоци да се пренесуваат од колено на колено и да останат сè до денес. И покрај тоа што нашиот македонски литературен јазик веќе е оформен и целосен наша обврска е да ја продолжиме неговата употреба. 206


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Кочо Рацин, Григор Прличев, Коле Неделковски, браќата Миладиновци, Блаже Конески и многу други македонски автори создале извонредни дела кои и ден денес се огромна светлина во македонската литературна историја. Но, и покрај сè ние не треба да се потпреме само на тоа, туку мораме да го продолжиме нивното дело, постојано да создаваме и твориме, да ја збогатуваме нашата литература и да се претставиме со нови дела, по кои ќе останеме запаметени и ќе ги оставиме на нашите поколенија. Јазикот треба со огромна љубов да го чуваме и негуваме, треба да се стремиме да напредуваме на тоа поле. Тој е всушност нашата лична карта. Нешто со што сме се гордееле, се гордееме и ќе се гордееме. Мојот јазик е ѕвезда на небото која многупати паднала од небото, меѓутоа секогаш успевала повторно да се искачи до небесните височини. Јована Михајлоска IXа одд. Ментор: Вера Петровска ОУ. „Димитар Поп Георгиев Беровски“

207


Мојот јазик – тоа сум јас Еден народ не исчезнува додека зборува, мисли, чувствува. Убавината на мајчиниот јазик нè одржува, ни го дава нашиот идентитет. Мајчиниот јазик е нашиот корен. Тој е еден од основните елементи кои го карактеризираат еден народ. Со мислите патувам низ времето. Се враќам во минатото. Ги барам нашите корени. Времето е налик на планинска река која пробивајќи го својот тежок пат остава длабоки траги кои ни ја пресликуваат историјата на Словенскиот народ. Траги кои нè тераат да се вратиме по течението на таа река во минатото каде врежани стојат имињата на словенските творци. Токму во тесните клисури и кањони се наоѓаат имињата Кирил и Методиј. Понтаму, ене го, Крсте Петков Мисирков кој умира оставајки ни го зад себе неговото животно мото: „Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов“. Сите дејци, сите преродбеници од ова тло секогаш докажувале дека македонскиот народ е јазично различен од другите словенски народи. Го слушале тие во поле додека се жнеело и се пееле жетварските песни, кога се пееле свадбарски песни, тажачки и редења низ кои се искажувале чувствата и болката. Ги запишувале, чувале за идните поколенија. Затоа сè повеќе не ги разбирам желбите и поривите нечии, тие да имаат свој јазик, а да го негираат туѓиот? Како ли опстанал овој народ со векови? Мојот дедо, мојот прадедо, па и прадедото на мојот дедо зборувале на македонски јазик. Тие го пренесувале од колено на колено и ни го оставиле во наследство и ние да зборуваме и ние да се гордееме со него, оти јазикот сме ние, тој е нашата татковина. Зашто мајчиниот 208


МојоТ јазик, Тоа сум јас

јазик е јазикот на кој го кажуваш првиот збор, растеш со него. Тој ти обзема еден дел од срцето – од твојата душа. Мајчиниот јазик е нешто што ни дава сила, нешто кое нè милува, нешто кон кое се однесуваме со почит. На кој крај од светот да си, пак ќе зборуваш на мајчиниот јазик. И колку далеку да си во тебе ќе гори желбата да го слушнеш, да го проговориш, да го споделиш. Секогаш го чувствуваш како ангел кој те чува од далеку, зрачи со топлина и љубов. Мајчиниот јазик ни го покажува местото од каде потекнуваме, тој е наше најголемо богатство, тој е нашето културно богатство и ние мораме да го чуваме како нешто најсвето, затоа што нашите предци ни го оставија и се изборија за правото за употреба на мајчиниот јазик и за докажување на неговата посебност. Љубица Павичевиќ VIII-1 одделение ОУ „Круме Кепески“ Скопје Ментор: Валентина Т. Стаматовска

209


Мојот јазик – тоа сум јас Тоа бев јас кога за првпат реков „мамо“, трудејќи се со голем напор да изговорам четири букви само. Само четири букви но, за мене тие многу значат, раскажуваат дамнешни приказни, посветени на луѓе, кои за мене се мачат. Да, тоа бев јас, уште првиот обид кога научив да зборам, јас сум тоа, уште од првиот пат кога почнав да творам. Кога напишав песничка мала, радувајќи се што навлегов едно ниво подлабоко, се качив погоре една скала. Тогаш почнав да го учам јазикот мајчин, и со него да мислам и искажувам идеи на посебен начин.

210


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Да, имам потреба и од јазик странски, но тоа е само нужно, било да е англиски или шпански. Јазикот свој нека во тебе царее, не дозволувај ниеден друг со тебе да владее. Јазикот свој треба да се сака, да се внимава на него, како вода на дланка. Тоа докажува колку си ти верен и зошто тој одамна тебе ти е доверен. Да, тој јазик од зборови китен, тој јазик што посебно е најбитен. Јас сум тоа и тоа треба да го чувам, ме претставува мене и тоа како го негувам. Тоа сум јас-мојот јазик. Милена Тасевска 9- б одделение ООУ„Јонче Смугрески“ – Обршани, општина Кривогаштани Ментор – Ѓоргоска Моника 211


Мојот јазик – тоа сум јас ! Од малечка уште од лулка ме води ко црвена булка, од мал го учи човек и го следи довек. Јазикот кој првпат го слушнав штом мајка ми ме гушна, го научив многу лесно во моето семејство чесно. Тој е јазик на народот мој на луѓе во голем број, на прво место го ставам реченици со него правам. Со него сè има смисла ја кажуваш секоја мисла, што сакате ќе кажете, но немојте да лажете. На јазикот мој Македонски, твој, секогаш ќе знаеш реченици да ткаеш.

212


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Уште од дамнина, ја чуваме таа старина. Јазикот- тоа сум јас, идентитет ни чува на сите нас. На овој европски дел за народот да е цел, јазикот да го чуваме, треба да го негуваме. Јазик од мајчин глас секогаш ќе го користам јас!

Михаела Аџиоска VI б одд. ООУ„Јонче Смугрески“Обршани Ментор: Марија Рајчиноска

213


МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Ќе отворам срце ширум пред светот, со гордост ќе викнам на глас: -Мојот мајчин јазик е македонски и тоа сум јас, Македонка сум јас! Нашето писмо е кирилско, најубаво, нашето писмо одамна е свето, светци се и творците негови уште од едно дамнешно лето. Во аманет азбука ни оставиле Кирил и Методиј, Наум и Климент, со неа го чуваме јазикот македонски и нашето најмило македонско име. Нашиот јазик, негиран и забрануван сè уште се збори и со него се твори, Мисирков, Кепески, Конески го бранеле душман да не го избрише и изгори. Македонскиот јазик, обележје е прво на сите Македонци во светот, да го говориме и да го чуваме нашиот јазик, македонски, светол.

214


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Тој јазик е жив и вечно ќе биде, го надживеал секој душман клет, од нашите предци е наследство, нашиот јазик е наш идентитет. Тој јазик е жив и вечно ќе биде, тој не се продава, се чува ко роса, без него кои, што би биле ние со скршена душа, соголена, боса? Ќе отворам срце ширум пред светот, со гордост ќе викнам на глас: -Мојот мајчин јазик е македонски и тоа сум јас, Македонка сум јас! Ивана Мерџаноска VII – 2, ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар Ментор: Анѓелко Јанкоски

215


МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Убавина на времето пред очи се раѓа Ко весел танец – зборови нанижани Зрак топлина – Грутка света Се редат на врат ѓердани... Јазикот наш македонски За нас, единствен, најсветол Жар што никогаш не гасне Верувај, верувај... И од глува тишина ќе се слушнат песни Ќе се редат зборови македонски Ќе се пеат песни светосјајни... Мојот јазик, народе... Никогаш не ќе молкне Не ќе се стопи со тишината! Не ќе згаснат песни македонски Тие се гласот балкански... Да Ве потсетат Македонци На непокорот, на судбината На светлата нишка наша Вплетена во вечноста... На родниот ни јазик - ѕвезда најсјајна Перо во коренот на вдахот Песна изртена од судбината на народот. 216


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Наше бесценето наследство! Имаме писмо светло имаме вера света Имаме една цел Македонија да е Вечна! Бојана ЃОРЃИЕВА 8-1 одд. ОУ ,,Синиша Стоилов“ - Зрновци Ментор: Далиборка МИЛОСЈОВА

217


МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Јазик... Збор што на песна дарува душа На чувство – чувство и красна мисла Збор што од радост се шири Сé дури ткае песни запишани Песни од срца македонски родени. Мајчиниот ни јазик пее песна Песна што никогаш не умира Песна... Над непокорот и тишината Песна... Над бездната... на молкот и болката. Мојот мајчин јазик – Тоа сум јас И пеам песна ете За жарот што никогаш не гасне Пеам за коренот на земјата вечна Што ко семе светло рти Во душите ни... во душите ни... Во сјајот на солзата Во срцето на Македонија Во духот на старите предци Во идеалите на идните поколенија Јазикот наш е нашето име Нашиот симбол 218


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Тој е... Стебло старо непресушно Молња нескротена Мајчина прегратка Ѕвезда вечна - Светлина! Мартина САВЕВА 6-1 одд. ОУ ,,Синиша Стоилов“ - Зрновци Ментор: Билјана ЃОРЃИЕВА ГАВРИЛОВА

219


Мојот јазик тоа сум јас Македонец е збор, Поголем од било кој. Малечка сум ама знам За Климент и Наум јас. Од век и векови Од прабаби и дедовци Македонскиот народ и јазик Вечно ќе си остане. Мојот јазик тоа сум јас. И мојата таковина Тоа сме сите ние. Ангела Стојкова IV-1 ОУ „Св.Климент Охридски“ с. Драчево-Скопје Ментор: Елена Трајковска

220


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик тоа сум јас Горда сум, горда на македонскиот јазик, на македонската литература и дела кои ги пишувале со маки на срце, а најгорда сум на македонските писатели Блаже Конески, Марко Цепенков, Видео Подгорец, Глигор Прличев и сите други писатели биле злато на векот. Тој што ја создал нашата граматика нашиот јазик да биде разбирлив, тој бил еден важен писател на современата македонска литература. Марко Цепенков е најголем собирач на македонските народни умотворби. Видеое Подгорец е исто така вреден и заслужен за македонската литература, посебно за мене е затоа шо го опишува мојот роден крај. Кочо Рацин е еден посебен писател и соновоположник на македонската литература. Тој бил политичар, а во своите дела не ги заборавал и обичните луге и нивните страдања. А јас сум најгорда на основоположниците и мислителите на нашето слово браката Миладинови. Без нив овие наши писатели ништо не би можеле да творат. Има уште многу писатели на кои се гордееме, се гордееле нашите предци и ќе се гордеат нашите поколенија. Можеби сме мала земја, но со многу луѓе за кои се слуша низ светот. Кристина Гаштарска 9 одделение Ментор: Коце Манчев ООУ ,,Св.Кирил и Методиј“ с. Дабиље

221


Мојот јазик – тоа сум јас Јазикот е најголемото културно и духовно богатство на еден народ. Тој ни овозможува сето она што сме го научиле, слушнале, виделе или искусиле да го пренесеме на останатите. Ни помага да комуницираме едни со други и да ги опишеме сите убавини на нашата татковина и нашиот народ. Нашиот јазик е толку моќен, што воодушевува самата помисла на него. Мојот јазик е јазикот на кој зборувале моите прадедовци и сите оние борци и херои кои без размислување го дале својот живот за наша слобода, оние кои собирале народни песни и умотворби на овој јазик, со тешки маки печателе книги, стихозбирки и весници, со една единствена цел - никогаш да не се заборави, да остане вечно заклучен во срцето на секој Македонец. Најважно од сè е од најраните години да се знае историјата на јазикот, како тој настанал и како македонските писатели и покрај забраните и заканите сепак пишувале и твореле. Не треба да се заборави дејноста на Кирил и Методиј кои ги поставиле темелите на нашето писмо. Нашиот јазик е корен кој достигнува до длабочините на минатото и нè држи исправени за во иднината. Јазикот е наше огледало, според него останатите нè препознавааат и проценуваат. Со него се претставуваме низ целиот свет. Да не би постоел јазикот, не би знаеле ништо за нашата историја, како живееле нашите предци и кои сме ние. Тој овозможил сите приказни, легенди, преданија уште од најраните почетоци да се пренесуваат од колено на колено и да останат сè до денес. И покрај тоа што нашиот македонски литературен јазик веќе е оформен и целосен наша обврска е да ја продолжиме неговата употрба. Кочо Рацин, Григор Прличев, 222


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Коле Неделковски, браќата Миладиновци, Блаже Конески и многу други македонски автори создале извонредни дела кои и ден денес се огромна светлина во македонската литературна историја. Но, и покрај сè ние не треба да се потпреме само на тоа, туку мораме да го продолжиме нивното дело, постојано да создаваме и твориме, да ја збогатуваме нашата литература и да се претставиме со нови дела, по кои ќе останеме запаметени и ќе ги оставиме на нашите поколенија. Јазикот треба со огромна љубов да го чуваме и негуваме, треба да се стремиме да напредуваме на тоа поле. Тој е всушност нашата лична карта. Нешто со што сме се гордееле, се гордееме и ќе се гордееме. Мојот јазик е ѕвезда на небото која многупати паднала од небото, меѓутоа секгаш успевала повторно да се искачи до небесните височини. Јована Михајлоска IXа одд. Ментор: Вера Петровска ОУ. „Димитар Поп Георгиев Беровски“

223


Мојот јазик – тоа сум јас Дамнешно време 19 –ти век, народот барал за јазикот лек. Две гледишта кое да биде? Мисирков пиша „За македонските работи“, и за оформување на јазикот тој добро сработи. Централното наречје го посочи тој, бидејќи сакаше јазик свој. Фолклорни драми на народен јазик, Кочо Рацин со „Бели мугри“, „Парите се oтепувачка“ со крај тажен, Миладиновци со „Зборник“ важен. Заслужни се тие, заслужни за македонскиот јазик, со кој денес зборуваме и за нив творби пишуваме. Давид Велковски IX-б ООУ „Никола Карев“ – Пробиштип Ментор: Славица Тасевска

224


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас „Јазикот коски нема - коски крши“ - народна поговорка. Panta rei - Сè тече, сè се менува. Животот е како тркало. Се врти и одминува. Зад нас остануваат делата, историјата, јазикот. Занесен од секојдневните обврски, современиот човек не забележува дека низ времето и просторот чекорат историјата и јазикот. Понесена од незгасливата жед за нови осознавања, поттикната од темата, творењето на тема за јазикот, за мене претставува вистинско искушение, но и задоволство. Јазикот е основното и најсовремено средство за општење, комуникација. Без него, незамислив е современиот свет. Велат, од јазикот доаѓа сè. И добро и зло. Не случајно и апостолот Павле во своето Послание до Коринтјаните, рекол: „...Да зборувам на илјадници јазици, па дури и на ангелски, но штом љубов немам, ќе бидам кимвал што ѕвони и бакар што ѕвечи...“ Јазикот и љубовта се двете нишки, двете суштински нешта за човекот, кои заедно со верата, ја сочинуваат целината! Залудно е сè кога човекот не си го почитува својот јазик, својот народ, своето минато. Мојот мајчин јазик е македонскиот јазик. Тој е срж на моето постоење, себеспознавање. Која е смислата на моето „јас“ без мојот јазик? Тој е мој идентитет. Мое второ „јас“, мојата душа, историја... Ако го немам јазикот немам ништо. Јас ќе бидам никој и ништо. Слеп човек е оној без јазик. Човекот што се откажува од својот јазик, се откажува од себе си. Ако го немаме јазикот, не можеме да се образуваме, не можеме нашите знаења да ги пренесуваме од генерација на генерација. Со јазикот го обележуваме нашето постоење, битисување. Тој е нашето духовно богатство.Тој систем од знаци, зборови – „плодови 225


сочни“ -создаден од човекот, претставува стожер на човековата егзистенција. Јазикот е есенцијалност во живописот на човекот! И Библијата сведочи за моќта на зборот: „...На почетокот беше зборот и Бог беше словото…“ Јазикот, навистина, е обележје на секој човек, на секој народ. Македонскиот јазик е мојот идентитет и главно обележје на мојот народ - македонскиот! Иако низ вековите, па и денес, сеуште, се воделе макотрпни борби за неговото постоење, признавање, сепак како пиреј - тој е неуништлив, неискоренлив. Пркоси на времето и историјата! Низ минатото предците се бореле, гинеле, со цел идните поколенија да бидат со посветла иднина, со перспектива, јасна визија - иднината на Македонија лежи во јазикот, сржта на секој Македонец. Вистинскот пат по кој треба да чекориме, да одиме кон успехот, е патот на самостојност! Ана Манева 8/4 одд ООУ „Димитар Влахов“ - Штип Ментор: Марија Иванова

226


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик - тоа сум јас Нашиот словенски, македонски јазик Кирил и Методиј го составиле, за ние да го говориме ни го оставиле. Свети Наум ја основоположи нашата писменост, затоа до ден денес слава да му правиме, да наздравуваме, да славиме. Од век до век, македонскиот јазик за нашиот народ е како бесценет лек. Мојот јазик, тоа сме ние, сите ние што го говориме, и за да остане вековит се бориме! Андреј Грашкоски 5 одд. ООУ „Јонче Смугрески“ – Обршани, општина Кривогаштани Ментор – Златка Стефаноска

227


Мојот јазик-тоа сум јас Мајчин јазик - тоа не е само именка, тоа е она што нè опишува самите нас - огледало на нашата душа, традиција, култура, интегритет. Јазикот е бесценет камен, нешто со кое треба да се гордееме, бидејќи нè прави единствени и препознатливи ширум светот меѓу богатството на различности. Значењето на јазикот е нешто кое не можеме лесно да го опишеме со зборови. Јазикот е огледало на душата на еден народ. Оној народ кој нема свој јазик е народ кој се изгубил во еден лавиринт и не може да го пронајде патот. Јазикот - тоа сме самите ние. Човекот кој не го знае мајчиниот јазик наликува на птица на која Ѝ се отсечени крилата. Богат народ е народот кој го зачувал и ќе го чува својот јазик како капка вода на дланка. Мислам дека мајчиниот јазик треба да е највреден. Значењето на мајчиниот јазик е непроценливо за било кого и било каде. Македонскиот јазик како наш мајчин јазик, низ вековите бил многупати напаѓан, понижуван и навредуван, но денес сите ние сме горди што го имаме и непроценливо благодарни на оние кои ги дале своите животи само за да го зачуваат. Мајчиниот јазик треба да се чува како црнката во очите. Делата кои се напишани на мајчиниот јазик се нашето најголемо богатство, богатство кое не треба да дозволиме да го изгубиме. Замислете како би било да го немаме мајчиниот јазик, како би било доколку некој странец ни наметнува нешто ново на туѓ јазик, јазик кој е сосема непознат за нас? Како тогаш ќе ги изразиме нашите мисли, чувства, погледи, идеи? Нема ништо поубаво од тоа да мислиш, да зборуваш, да чувствуваш на својот мајчин јазик.

228


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Јазикот е духовна храна за еден човек и лек против сите кризи на идентитетот. Јазикот е најсилното оружје во борбата за зачувување на колективниот и националниот идентитет. Јазикот е мост кој ги поврзува минатите, сегашните и идните генерации, мост преку кој се пренесува сето духовно богатство и наследство на еден народ, мост преку кој се обединуваат луѓето од најразлична возраст, најмладите со најстарите и си ги предаваат културните и цивилизациските вредности едни на други. Денес имаме навистина големи можности за да изучуваме многу странски јазици. Од една страна тоа е добро поради тоа што така ние можеме да комуницираме полесно со другите народи, но тоа не треба да значи потценување и омаловажување на мајчиниот јазик. Поради тоа што мајчиниот јазик - тоа сме самите ние, тој нè отсликува нас. Сè додека го чуваме и негуваме ние ја негуваме и нашата татковина. Јазикот за еден народ е битен и значаен како родителот за детето, како гнездото за птицата. Секој што ќе го прегази него се прегазува самиот себе, го прегазува својот идентитет, своето родно место и татковина. Навистина, без мајчиниот јазик ние сме никој и ништо. Елена Здравковска VIII a одд. ОУ „Стив Наумов“ - Битола ментор: Ана ДинковскаБожиновска

229


Мојот јазик-тоа сум јас Мојот јазик-тоа сум јас, во срце го носам, низ вени ми тече, секогаш и во секој час на мојот јазик горд сум јас. Во дамнешно време, пред многу века, во услови тешки, мачни и клети, под закани, измачувања и прогони бедни имало луѓе за знаење жедни. Не, на друг јазик да зборуваат! Не, на друг јазик да пишуваат! Затоа нашите предци создале јазик и азбука своја што денес е гордост моја и твоја. Со перо во рака, со свеќа на маса во Моравската мисија тајната лежи, горд сум на моите и наши учители, Кирил и Методиј наши просветители. Горд сум на Климент и Наум, на Димитар и Константин Миладинов, на Блаже Конески, Кочо Рацин на сите македонски учители што јазикот на нас ни го оставија да се гордееме, да го негуваме и со гордост да го зборуваме. 230


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Македонски јазик, македонско писмо создадено било во услови тешки полека, полека глас по глас затоа гордо ќе кажам: МОЈОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС! Кристијан Јованов VII-2 одд. ОУ. „Блаже Конески“ - Скопје Ментор: Наташа Кирковска

231


МОЈОТ ЈАЗИК- ТОА СУМ ЈАС Чедо сум на оваа Балканска земја Македонија што се вика, и на сон и на јаве, пред очи ја имам прекрасната слика на земјата родена во пламен, земја задоена со љубов и со желба за живот убав. Во мене како незапирлив оган пулсира ритамот на новото време, време без глад и беда и среќа за сите чеда. Ѕвезденото небо над земјата моја, го сочинувам јас, Бајрам, Неџат, Игор, Мартина и многу, многу цветови на иднината. Сите ја љубат татковината и јазикот свој пред сè, а јас со срце го огрејувам, во песни го опејувам, јазикот наш македонски, како аманет оставен од прадедовците како нешто свето - што би рекол Мисирков.

232


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Тој јазик сум јас, ќе го згазите и понижите, откако падната ќе ме видите, но во очите и душата моја ќе прочитате: „Јазикот тоа сум јас“ тоа е единствениот глас во светот што се разнесува. Тој јазик е честа на Татковината и за нас еден единствен спас! ИВАНА БОЈКОВСКА VIII г. одд. ОУ „Гоце Делчев“ - Илинден Ментор: Вера Влаховиќ

233


МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС СТАР ЗАВЕТ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ДРЕВНИ, МАЈЧИН ЈАЗИК КАКО СОЛЗА ЈАСЕН, ВЕЧЕН ДА ОСТАНЕ ВО СРЦАТА НАШИ, НАСЕКАДЕ ПРОЧУЕН КАКО ИЗВОР ГЛАСЕН. МОЈОТ ЈАЗИК КАКО СОНЧЕВ БЛЕСОК, ТОА СУМ ЈАС, ТИ, СИТЕ НИЕ, СО АЗБУКАТА ЕДИНСТВЕНА СИТЕ МОЖЕ КАКО В ГНЕЗДО ДА НЕ СВИЕ. ЌЕ ГО ЧУВАМ, ЌЕ ГО САКАМ, ВО СРЦЕТО МОЕ, ЌЕ ОСТАНЕ ТОЈ ВЕЧЕН, КАКО СЈАЈНА ЅВЕЗДА ТОЈ НЕМА ДА ЗГАСНЕ. МОЈОТ ЈАЗИК - ДЕЛ ОД СИТЕ МОИ УТРА, МИ ДАВА СПОКОЈ, ЖЕЛБА И СИЛА ДА ПИШУВАМ, ТВОРАМ, НА НЕГО ДА ГОВОРАМ. МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК - НАША ГОРДОСТ КАКО БИСЕР НА ГРАДИТЕ СТОИ, НЕ ПРАВИ УСПЕШНИ И УЧЕНИ, ВО НАЈДОБРИТЕ МОЖЕ ДА НЕ ВБРОИ. МОЈОТ ЈАЗИК- ВЕЧЕН СПОМЕН, КАКО ИСКРА ВО ОЧИ СЈАЕ, НА ПРВО МЕСТО ДА ГО СТАВИМЕ СИТЕ ЕДИНСТВЕН МЕЃУ ЈАЗИЦИТЕ ДА Е! МАГДАЛЕНА ЈАКИМОВСКА 8Б ОДД. ОУ„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - Н. ИЛИНДЕН, СКОПЈЕ МЕНТОР: ВЕРА ВЛАХОВИЌ 234


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Мајчиниот јазик - бесценето богатство кое го наследувам, непресушен извор кој жубори, се лее, низ мојата Татковина. Богатсто кое треба да го чувам и негувам, на идните генерации да им го пренесам. Светлина од моите предци која ме осветли, ме научи да пишувам, творам, да се гордеам со него и слободно да говорам. Ангела Петровска 8 г. одд. ОУ „Гоце Делчев“ - Илинден Ментор: Вера Влаховиќ

235


НАШИОТ ЈАЗИК Тој е како ѕвезди што светат, тој е цвеќе што цвета, тој е јазикот наш. Неговата вредност е голема, голема колку небото ширно, и езерото мирно. Да го чуваме и негуваме јазикот свој, бидејќи многу вреди тој, без јазикот сме бедни, а со него како пчелите вредни. Софија Карчевска, VIб „Гоце Делчев“ Демир Хисар Ментор: Вера Ристевска

236


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Години. Векови. Сведоци. Јас и ти. Душа и тело. Бисер и школка. Изгрејсонце и зајдисонце. Години. Векови. Сведоци. Јас и ти. Раѓање и умирање. Совршенство од единство. Јас и ти. Ти и јас. Засекогаш едно! Гордана Тодорова VI-3 Ментор: Ирена Сандевски ООУ „Кирил и Методиј“ Свети Николе

237


Мојот јазик-Тоа сум јас! Мајчиниот јазик е ко сонцето што постојано свети, Тој низ вековите долги тешките порти нам ни ги отвори. Нашиот мајчин јазик од дамнина постои, Тој гордо исправен, со векови пред страшни бури стои. Нашиот народ низ магли со остар бич го биеме, во тешки црни одори со векови го виеме. Но мојот јазик сила на народот свој му дава, во најтешките времиња раката своја ни ја подава. Ако некој ја слушне оваа песна, еве една порака лесна: Не е потребно многу мака, Треба само мајчиниот јазик да се сака! Исидора Недеска VIIIa одд. ООУ „Кочо Рацин“ - Прилеп Ментор: Благојче Ристески 238


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Мојот јазик е мојата гордост. Македонски е мојот роден и мајчин јазик и многу сум горда секогаш кога ќе помислам на тоа или ќе се искажам. Кога и да слушнам дека неговото име се споменува, нешто се расклокотува во мојата душа и ме прави посреќна од кога било. На тој јазик и првите зборови сум ги проговорила, првата реченица, молба во раниот детски час. На тој јазик и првите песни сум ги пропеала и првиот збор сум го напишала - најгорда сум поради тоа. На тој јазик ги научив најубавите зборови и најчовечките изрази: те сакам, те љубам, те почитувам, те молам, извини, благодарам, ти простувам, ќе ти помогнам. Не треба да дозволиме никој да го омаловажува и навредува бидејќи македонскиот јазик е непресушлив извор на братска љубов и слога. Од тој извор извираат зборови со најблескава светлина, со благородна сила, зборови моќни и хумани, реченици нежни, распеани. Секојдневно зборуваме и се разбираме, си помагаме благодарение на него. И кога би останал без ништо, јазикот секогаш ќе векува во твоето срце, во твоето сеќавање и во твоето живеење. Него никогаш не можеме да го заборавиме, тој е запишан во сите нас, врежан е во нашата душа, во крвта што врие низ нашите вени. На него зборувале и со него се гордееле и нашите дедовци и прадедовци. Тие го чувале и го сочувале, а сега и нам ни е редот. Потоа, кога ние ќе пораснеме и ќе остариме, ќе треба да го предадеме како најскапоцен бисер на новите и следните нови генерации. Само така ќе е вечен. Ако го запоставиме, тој како брза птица може да одлета, па и ние ќе се чувствуваме сами и запоставени. Но, тоа 239


нема да се случи. Јазикот секогаш ќе остане во нашите срца и ќе нè потсетува дека треба уште повеќе да го сакаме и дека тој е секогаш тука со нас, за нас. Јазикот, тоа сме ние. Да го негуваме и сакаме, на најмалите дечиња да им ја подариме таа радост и чест првпат да проговорат на македонски и истата гордост и светлина да ја почувствуваат. Без него, не би биле она што сме, не би сме биле горди Македонци. За крај, моето име е Галена, а ова име најгаловно звучи и има свое посебно значење само на мојот македонски јазик. Токму македонскиот јазик е тој што прозвучува милозвучно низ секоја буква на моето име и ми ја разгалува душава невина, детска, полна со најискрена топла патриотска љубов. Мојот јазик е живо суштество, мојот јазик е од крв и месо, мојот јазик има дух, тој е моето битие. Мојот јазик - тоа сум јас. Галена Чавкоска 7 г. одд. О.О.У „Кочо Рацин“, Прилеп ментор: Габриела СтојаноскаСтаноеска

240


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Јазикот е основното средство за општење, тоа е систем на знаци што служи за комуникација. Благодарение на јазикот и говорот луѓето не само што ги разменуваат своите мисли и чувства туку ги пренесуваат и своите сознанија на идните генерации. Преку јазикот се идентификува националноста, кои сме, од каде сме. За нас Македонците, македонскиот јазик е нашата основа, нашиот корен што досегнува во длабочините на минатото и нè држи исправени за во иднина. Нашиот јазик не е создаден сега, голема е неговата историја. Таа нè води низ мрачни векови, до првите просветители Кирил и Методиј. Тие го осветлиле времето на незнаењето и на нашиот народ му го подариле најсилното оружје на светот - Македонската азбука. Ние имаме јазик кој е наш, исконски, прадедовски. Преку тој јазик е испеана разноликата херојска и љубовна поезија. Ние имаме свои обичаи, свои преданија кои се пренесуваат од колено на колено и го одразуваат нашето битие, сето тоа благодарение на нашиот мајчин јазик. Во ниеден миг македонскиот народ не се посомневал во своето битие, во своето постоење, зашто ја имал својата духовна храна, лекот против сите кризи на идентитетот - својот јазик. Зачувувањето на јазикот е од огромно значење заради тоа што служи да ги обединува луѓето, да ги поврзува генерациите. Младите генерации треба да се запознаат уште од мали нозе со историјата и значењето на македонскиот јазик и со тоа, кај нив да се поттикне развивање на свеста за негово зачувување.

241


Денес македонскиот јазик претставува целосно оформен, современ литературен јазик. Но сепак треба постојано да се следи, да се негува, да се надоградува и пред сè да се зачува чистината на убавиот македонски збор.

Затоа што македонскиот јазик - тоа сме ние - тоа сум јас. Мимица Дучева IX в одд. ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија Ментор: Зорица Петрова

242


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК ТОА СУМ ЈАС Сите знаеме дека постоњето на еден јазик е клучно за еден народ да биде запаметен. Јазикот е богатството, уникатноста на еден народ, тоа е тоа по што секој народ е различен еден од друг. Ние треба да бидеме благодерни на нашите предци кои се залагале за создавање нашиот јазик. Крсте Петков Мисирков, Блаже Конески и ред други како нив ја оставле својата пот на лист хартија, се залагале сè до последниот здив од својот живот, само и само македонскиот јазик да биде меѓународно признаен и да биде обележје на самите нас. Многу луѓе сакале да го спречат создавањето на македонскиот јазик, но борците како горенаведените не дозволиле, не потпаднале на притисокот кој бил вршен врз нив. Сите наши обичаи кои нè обележуваат како посебен народ, кои се пренесуваат од колено на колено и го обележуваат нашето постоење сето тоа благодарение на нашиот јазик кој сме го негувале години наназад. Јазикот на еден народ. Сите млади треба уште од млади нозе да ги научат убавините на својот јазик. За мене мојот јазик е нешто посебно, нешто што не може да се објасни со два три збора, ниту пак во две или три реченици. Колку и зборови да бидат кажани сепак не ќе може да се објасни убавината на мојот јазик и љубовта кон мојот јазик. Луѓето кои се залагале за нашиот јазик, знаеле дека нивните маки ќе се исплатат бидејќи знаеле дека нашиот народ има срце и душа да го продолжи негувањето на мајчиниот јазик. Ако, се прекине негувањето на еден јазик, тогаш ќе се прекине и постоењето на еден народ бидејќи јазикот е она што нè прави уникатни. Затоа мора да продолжиме со негувањето на нашиот јазик. 243


Јазикот е како извор, извор на убавини кои никогаш нема да престанат да течат, никогаш нема да пресушат. Зар има нешто поубаво за еден народ да се твори, пишува, чита на мајчин јазик. И уште ова и ставам крај на мојот есеј, ако се прекине негувањето на мајчиниот јазик, ќе престане и постоењето и уникатноста на еден народ. Александар Стефанов IX a ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија Ментор : Зорица Петрова

244


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик, тоа сум јас Мојот јазик, неискажана реченица, недопеана песна, недочитана книга. Мојот јазик, тоа сум јас. Мојот корен, мојата основа, мојата душа, моето јас. Постојат многу јазици во светот, но никој не може да го спореди својот мајчин јазик со некој друг јазик. Но, дали ти знаеш да го цениш својот јазик? Убаво вели познатата изрека на Мисирков „Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже од народниот дух“ Па да, ние имаме свој јазик, своја култура, своја азбука. Зошто да бараме други кога веќе имаме свои? Зошто да не го цениме споствениот јазик? Тоа е наше богатство, огледало на нашата личност, наше духовно наследство, обележје на идентитетот на еден народ... Без јазик сме никој и ништо и како што вели Крсте П. Мисирков „Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зошто е наш, исто како што е наша татковината. Еден народ што го изгубил својот јазик, личи на човек кој го изгубил патот и не знае ни каде оди, ни кој е!“ Ова мисла на Мисирков треба да биде водилка на секој човек бидејќи еден народ не исчезнува сè додека зборува, мисли и чуствува на својот мајчин јазик. Мисирков со своите мисли и со издавањето на неговата книга „За македонцкиот литературен јазик“ сака да ни покаже колку јазикот е важен за еден народ. Па зошто ние да бидеме тие кои нема да го цениме нашиот јазик, зошто да бидеме тие кои нема да ги цениме делата на луѓето кои се бореле за нашиот јазик. Да, се бореле, и ние имаме долг да го сочуваме она за што се бореле луѓето како Миладинов, Прличев, Жинзифов, браќата Миладиновци... Интерцинализмите треба да бидат минимални. Спомнав и претходно кога имаме свои зошто би барале туѓи? Можам да кажам дека сме богати, но не дека имаме многу пари, туку дека ние сме богати бидејќи имаме свој јазик, своја култура. Ана Дучкова IX а, ООУ ,,Крсте Мисирков’’Гевгелија Ментор: Зорица Петрова 245


Мојот јазик - тоа сум јас Мојата мила, прекрасна и топла бабичка која си ја сакав најмногу од сите, беше една од највредните и најмудрите луѓе кои сум ги сретнала и до ден денешен. Таа цел ден нешто работеше. Кога ќе ја завршеше работата во куќата, во дворот го мелеше бунгурот на два големи камења за да го направи ручекот и сите да бидеме сити, а потоа седнуваше на разбојот да ткае. Тогаш јас седнував до неа и ја слушав како ми раскажува, а таа иако имаше школо од една неполна година, раскажуваше толку убаво што постојано ја молев одново и одново да ми раскаже. Така баба Марија, или Мара како што ја викаа сосетките, ткаеше на разбојот и ми раскажуваше интересни и вистинити случки од нејзиниот живот. Честопати сакаше да ми опишува како живеела во богато семејство, како татко и бил трговец, носел роба да продава на пазарот во Прилеп, но ја омажил во сиромашно семејство во кое дедо ми биле девет деца и одвај врзувале крај со крај. Интересни беа овие приказни од нејзиниот живот, но за мене најинтересни беа случките од нејзиното школување. Баба Мара со големо задоволство ми раскажуваше за нејзиното училиште, за селскиот учител и за тоа како ги учел да читаат и да пишуваат. „Лесно ви е вас денес деца, да учите од убави шарени книги, напишани на македонски јазик, со наше македонско писмо.“ - рече еден ден таа. „Какви беа вашите книги бабо?“-ја прашав. „Е, чедо мое, ние немавме книги, ќе ни купеа по една тетратка и по еден молив, а за учебник не стануваше ни збор, такво беше тешко времето, затоа запомни засекогаш: Јазикот е чедо мое, нашето немерено богатство, нашата светла ѕвезда која нè води по патот на иднината. Нашиот јазик македонски ни е оставен од дамнина, од нашите предци, мене од мојот дедо Димко, а тебе ти 246


МојоТ јазик, Тоа сум јас

го оставам јас, да го чуваш и да го сакаш како што го чував јас низ тешките години.“ - ме учеше баба ми, а јас и понатаму прашував. „Бабо како го чуваше ти јазикот, тој не е предмет, не можеш да го фатиш, па да го заклучиш во дрвено кофчеже и така со години да го чуваш?“ - реков јас збунето. „Да ќерко, јазикот не може да се фати и да се заклучи, но ќе го чуваш така што ќе го говориш правилно и нема да дозволиш никој да ти наметне туѓ јазик“ - објаснуваше баба ми. Јас многу сакав да читам, а татко ми знаеше дека најмногу од сè на светот ги сакам книгите, посебно оние напишани на македонски јазик, па затоа, понекогаш ми носеше книги од Џинот, Мисирков и Пејчиновиќ, а јас со задоволство им читав навечер додека седевме собрани крај огнот.“ „Ех, бабичке моја, колку си била паметна и мудра“ - и реков и ја гушнав силно окулу вратот. Тогаш се сетив да го земам мојот учебник по македонски јазик и да и прочитам некој расказ или песна. „Што сакаш да ти прочитам бабо?“- ја прашав. „Не е важно што ќе ми прочиташ, штом е напишано на нашиов преубав јазик, мене сè ми е убаво и на срцево ми е драго!“ одговори таа и продолжи да ткае. Денес, баба Мара не е повеќе со нас, таа ми беше прабаба и почина пред неколку години. Случките од нејзиното школување кои ми ги раскажување, нема никогаш да ги заборавам, а љубовта кон јазикот која ми ја пренесе таа сеуште си ја носам во срцево и ќе ја чувам додека сум жива. Денес, благодарение на неа, знам дека мојот јазик - тоа сум јас, тоа е баба ми, тоа е нејзината баба и со векови наназад тоа сме ние, а ако го чуваме јазикот ќе бидеме и со векови во иднина сеуште ние. Сара Андреева VI / в одд. ООУ „Св.Кирил и Методиј“ - Велес Ментор: Менка Андреева 247


Мојот јазик – тоа сум јас Секој збор што ќе го слушнам, на пофaлби и прекорување, на совет и одобрување, тоа е мојот јазик. Секој збор што ќе го прочитам, и приказна и песна што ќе ја слушнам, тоа е мојот јазик. Секој збор на љубовта прва, секоја мисла што ме води и секое чувство што го искажувам, тоа е мојот јазик. Сè она што ме следи во училиште и дома, сè она со кое патувам во мислите и со книгите, тоа е мојот јазик. Тоа е мојот јазик тоа е мајчиниот јазик, тоа е јазикот во мојот живот, а мојот јазик... Тоа сум јас. Анастасија Јаќимовиќ , VII-1 одд. ООУ „Вук Караџиќ “ – Куманово Ментор: Николче Јакимовски 248


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Мојот јазик, тоа сум јас тоа го кажувам на целиот глас. Мојот јазик, мајчин јазик, јазикот што го зборува мојата мајка, македонскиот јазик е вистинска бајка. На мојот јазик јас зборувам, читам, пишувам и творам. Да не би го знаела мојот јазик, не би можела да комуницирам, и никако за ништо да се информирам. Со мојот јазик можам сè, едноставно без него не се може, не! Мартина Хасиќ, VI-1 одд. ООУ „Вук Караџиќ“ – Куманово Ментор: Николче Јакимовски

249


Мојот јазик- тоа сум јас Родниот јазик е бисерен ѓердан, расцутен цвет, најубав на цел свет. Тоа јазик на нашите татковци и мајки, со него се раскажуваат најубавите бајки. Тоа е јазик стандарден, Со него се служиме, треба да го чуваме! Ива Андоновска, VI-1 одд. ООУ „Вук Караџиќ“ – Куманово Ментор: Николче Јакимовски

250


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК -ТОА СУМ ЈАС ДЕЦА ДРАГИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ СЛУШНЕТЕ ГО МОЈОТ СОВЕТ ВИСОКО ГО КРЕВАМ СВОЈОТ ГЛАС ЈАЗИКОТ ЧУВАЈТЕ ГО - ТОЈ ВЕ ЧУВА ВАС. МАКЕДОНСКИ, ВЛАШКИ,ТУРСКИ, АЛБАНСКИ, РОМСКИ, СРПСКИ СИТЕ КО ЕДЕН, СИТЕ ПОД ЕДЕН КРОВ СИЛНО НЕКА НЕ ЧУВА ТОЈ НАУБАВ ЗБОР. ДУРИ ДА СТЕ ДАЛЕКУ, НА ДРУГ КОНТИНЕНТ, НЕ ЗАБОРАВЈТЕ КОЈ И ОД КАДЕ СТЕ ЈАЗИКОТ Е НАЈУБАВО НЕШТО БЕЗ НЕГО ЏАБЕ Е СЕШТО. САКАМ ДА ВИ КАЖАМ НЕШТО НА ВАС МОЈОТ ЈАЗИК ТОА СУМ ЈАС. ЈОРДАН СТОЈАНОСКИ IV одд. ООУ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ВАЛАНДОВО Ментор: Жабокова Жаклина

251


Мојот јазик-тоа сум јас Мојата татковина Македонија се вика со јазикот Македонски блика. Македонскиот јазик најубав на свет Тој е најубав и најсладок ко мед. Кирил и Методиј вие азбука создадовте И вие за народот не се предадовте. Мојот јазик тоа сум јас. Ученик:Марија Чочкова Ментор:Станка Петрушева ООУ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО ВАЛАНДОВО

252


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Нашиот јазик е најголемо богатсво за сите Македонци. Единствено писмо на македонскиот јазик е македонската азбука кирилица. Развојот на денешната македонската азбука датира уште од појавата на глаголица па со замената на кирилица и со постепено развивање и усовршување. Св. Кирил и Св. Методиј се наши најголеми учители. Заедно направија писмо, а со тоа ги описменија Македонците. Гордоста на учителите, среќата на мама и тато, насмевката на баба и дедо е тоа сум јас со мојот мајчин јазик. Изговарам букви, нижам зборови,плетам реченици погалена сум со насмевки. Мојот мајчин јазик мојата сила моето знаење, мојата моќ тоа сум јас. Изработила: Марија Бачева Ментор: Станка Петрушева ООУ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО ВАЛАНДОВО

253


Мојот јазик – тоа сум јас Претставуваш огромно богатство, огромно за оној кој знае да го добие и да го искористи. Нешто неминовно, нешто најубаво. Ти се восхитувам. Ти си едно чудо од кое зрачи светлина, ретка светлина. Успеав ја да зграпчам светлината која зрачи од тебе, да ја сфатам нејзината реткост. Веќе долго време ти си тлото по кое чекорам, сега мене ми припаѓаш. Ти си зеницата во моето око, крвта во моите вени. Ти си моето ЈАС. Како растам сè повеќе те сакам. Сè повеќе ми значиш. Ти си мојот јазик, јазикот на кој говорам. Знаете ли колку ми значи јазикот? За мене јазикот е на прво место. Без него животот не можам да си го замислам. Кај и да сум со мене е. Тој е водилката на моето јас. Мојот јазик ништо не може да го замени. Го ценам најмногу. Неговото ехо се слуша насекаде. Неговата песна е славеј ко да пее и топли зборови да лее. Секогаш за него ќе има посебно место во моето срце. Јазику мој, единствен на овој свет ти испраќам едно огромно БЛАГОДАРАМ. Сакај го својот јазик, чувај го и цени го. Тој нека претставува гордост за тебе. Возвишувај го, и секогаш истакнувај го. Јазикот е нешто свето. Ана Стојкова VIII-3одд. ОУ „Гoце Делчев“-Виница Ментор: Бранка Стаменкова

254


МојоТ јазик, Тоа сум јас

MOJOT JAЗИК -ТОА СУМ ЈАС Нашиот јазик македонски со векови словенски. Треба да го сакаме да го чуваме и да му се восхитуваме ! Благодарение на нашиот јазик се описменивме! Животот и знаењаето на подобро ги променивме! Затоа со сето срце да го сакаме ! Затоа што: мојот јазик – тоа сум јас, тоа сте вие, тоа сме ние. МАРТИНА АНГЕЛОВА VI-1 OДД. ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ВИНИЦА МЕНТОР: БРАНКА СТАМЕНКОВА

255


МОЈОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС Исти сме, а сепак различни. Деца сме, имаме исти желби, исти идеи, играме исти игри, а далечни сме како што е далечно и недопирливо сонцето. Имаме исти корни, имаме заеднички учители, но јас имам мој јазик и тоа ме прави толку далечна од тебе. Ќе ме препознаеш по азбуката. Неа ми ја оставија во наследство да биде мој идентитет. Ме научија како да го пишувам моето име и со кои зборови да ги опишам убавините на мојата татковина. Ми раскажуваше баба ми приказни кога бев малечка, а јас ја слушав воодушевено прашувајќи се како ли знае толку многу зборови. Колку ли беше богата мојата баба. Да имаш јазик значи да си богат. Да си најбогат. Да имаш јазик значи да имаш место под сонцето, да имаш љубов за своите најблиски. Да имаш јазик значи вечно да им благодариш на оние што ти го подарија и да го браниш и чуваш како нешто најсвето на овој свет. Така ќе им кажеш БЛАГОДАРАМ. Јас имам јазик. Мојот јазик-тоа сум јас. Ете тоа ме прави толку различна од тебе, од сите други. Василка Алексова IX-2 OУ„Гоце Делчев“-Виница Ментор: Мара Јованова

256


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Крај огниште старо, една тивка вечер, дедо в скут ме седна и тивко ми рече: - Ќе ти кажам, синко, вистина една, за нашиот јазик, од злато повредна! Од дамнина вели, со писмо сме в рака со живот го платиле светителите наши, патоказ во ноќта, за слепиот во мака, облека вечна, за душите ваши. Зарем може дрвото без корен да се вее, исечената гранка со плод да роди, народот без јазик песни да пее, и молитва да каже, кога детето ќе се роди? Нашиот јазик е потежок од челик, повеќе сјае од небесната шир, со подлабок корен од староста - ми вели, повеќе вреди од рајскиот мир. - Да го чуваш, чедо, со животот свој, без сомнеж и трепет, да тргнеш во бој, зачувај го јазикот, заштити го смело за приказ да служиш со своето дело. Со широка насмевка и насолзени очи, цврсто го гушнав, со восхит и почит. - Не грижи се, дедо, - прошепотив на глас: - Мојот јазик – тоа сум јас! Ангел Ѓуровски, IX-5 одделение ОУ „Круме Кепески“ – Кисела Вода, Скопје ментор: Татјана Пеливанова 257


Мојот јазик- тоа сум јас Каде и да одиш Каде и да си, Не заборавај што значи Македонец да си. Негувај го јазикот, Пренеси го на ближниот, Да се знае коренот На народот, силниот. Мојот јазик-тоа сум јас, Ќе викнам на сиот глас. Горди сме на предците, Одговорни кон децата! Македонскиот јазик да се негува, Во сите срца мислава да влегува. Македонијо земјо мила, Македонскиот јазик ми Создава крилја, да летнам И да знам дека како тебе Никаде нема да сретнам. Затоа што ја нема Секаде оваа среќа Својот убав јазик Да се зборува, Дел од тебе да биде, Колку мил е Цел македонски народ виде. Да владее јазикот македонски!!! Мелани Јанкоска VII-3 одделение О.У. Гоце Делчев Гостивар Ментор: Анѓелко Јанкоски 258


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Ах, тој чудесен јазик, кој го прави животот полесен, кој ни кажува многу нови чуда и ни раскажува многу нови приказни. Јазикот го прави човекот семоќен, му овозможува да зборува, комуницира, пишува. И да живее во странство, мајчиниот јазик мора да го знае бидејки ако не го знае, тоа ќе биде најголемот пораз за него. Мајчиниот јазик е сведоштво за традицијата, за нашето минато, за нашата историја. Тоа е она што сведочи за нас, што е втакаено длабоко во нас, што нè потсеќа на нашата земја каде и да сме. Не потсеќа на нашиот прв збор, на нашата прва домашна. Нè издвојува од другите, нè поврзува со нашите, ни дава идентитет и корени. Човекот без мајчиниот јазик е никој и ништо, како ноктот без месото, како дрвото без коренот, како винаријата без вината. Нашиот јазик е она што нè прави помоќни, што нè обединува и за што вреди да се бориме и да го зачуваме. Затоа, сакајте го сопствениот јазик, вреднувајте го и почитувајте го! Нашиот јазик е нашето богатство! Јана Бужаровска, V2 О.У. „Јохан Хајнрих - Песталоци“ Скопје Ментор: Евдокија Јанчева Петрушевска

259


Мојот јазик – тоа сум јас Сон Оваа ноќ сонував нешто многу чудно, нешто многу необично. Но, чекајте! Ова е среднината на мојот расказ, па ако започнам од неа, ќе биде многу неразбирливо. Ако започнам од крајот ќе биде здодевно, бидејќи брзо откриените тајни веќе не се интересни. И што уште ми останува – да започнам од стариот добар почеток! Еве како се започна. Беше понеделник, не многу поразличен од другите. Здодевен и безбоен. Но, една случка ми го промени мислењето за него засекогаш! Прв час на училиште имавме час по мајчин јазик. Наставничката ни кажа дека ќе сме учеле за историскиот развој на македонскиот јазик. Најпрво, темата ми звучеше неинтересна. Но, откако таа започна да ни објаснува какви се случки се случиле во текот на развојот на македонскиот јазик, и какви се промени претрпел истиот, си признав дека многу сум згрешила! Подоцна оваа тема во мене побуди големо чувство на љубопитност! И не само тоа! Сигурно ме облеа голема возбуда штом истата ноќ сонував како со себе ме зел некој таинствен дух кој со своите патници волшебно патувал низ историјата. Тој ме запраша каде сакам да одиме, а јас без двоумење му одговорив да ме однесе во времето кога Св. Кирил и Методиј ја создавале глаголицата.

260


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Пред да довршам веќе бевме таму! И дури тогаш ја сфатив нивната неизмерна желба и вложен труд за создавање на словенско писмо со кое ќе го ослободат словенскиот народ од вечниот мрак и конечно ќе го описменат! Кога утрото се разбудив во мене остана благодарноста за нивното дело! Евгенија Сојаноска VII-3 одд. ООУ„ Блаже Конески“ Прилеп Ментор: Виолета Христоска

261


МОЈОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС Јазикот-жива материја која нè одликува со посебност нас луѓето. Со негова помош комуницираме, се дружиме, се изразуваме... Мајчиниот јазик е како богатство со непроценлива вредност кое сме го наследиле и имаме должност да го чуваме. Нашиот мајчин јазик е наша гордост, тој е доказот дека навистина постојат Македонци... Се прашувам, дали би постоела без него? Одговорот е најверојатно не. Бидејќи за мене јазикот е нешто свето, нешто што ме прави поразлична, всушност тој за мене е основен материјал за истакнување на моите стремежи, причината поради која успевам. Како да е тајната состојка, основната супстанција за изградбата на мојот карактер, нешто што ме прави да се чувствувам своја и ме исполнува со самодоверба. За ние денес да кажеме дека сме Македонци, дека живееме во Македонија, со крената глава изгинале многу луѓе. За сето ова сведочат фактите во историјата, но дали сето ова би го знаеле ако не беше јазикот? Поточно, ќе успеевме ли тоа да го откриеме и разбереме? Ако не беше јазикот, ако не беше говорот, како ќе се разбиравме меѓу себе? Ќе постоеше ли разлика меѓу растенијата, животните и луѓето? Ќе постоеа ли писателите и книгите? Ќе постоеше ли денес просветата? Ќе постоевме ли воопшто?

262


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Одговорот на сите овие прашања кои ни се вртат во главата е не. Затоа што јазикот е причината поради која доминираме, се издвојуваме, размислуваме, ги изнесуваме желбите и потребите. Мајчиниот јазик е како златен трофеј кој го поседуваме и одговорни сме да го штитиме и зачуваме. Тој е аманет кој ни го оставиле нашите предци, моја должност и обврска е да го чувам и негувам. А за Вас? Што претставува мајчиниот јазик за Вас? Како Вие го доживувате? За што и како го користите? Го сакате или пак го потценувате? Ацеска Теона 8-1 О.О.У. „Блаже Конески“ - Прилеп Ментор: Виолета Христоска

263


Мојот јазик - тоа сум јас Секој народ се одликува на свој уникатен јазик, преку кој ние го препознаваме. Доколку не го цениме јазикот, ние не го ниту заслужуваме. Народот кој не го цени јазикот е како човек што го загубил патот и не знае каде тргнал, ниту каде оди. Народот кој не го цени јазикот е исто како сложувалка во која фрлил парче за да биде целосна. Точно, јазикот е парче кое го прави човекот целосен. Тој е дар од нашите предци кои со големи маки го створиле. Треба да го чуваме и негуваме, а исто така и да го пренесуваме на нашите идни генерации. Минатото лесно не се заборава, браќата Миладиновци, и нивниот труд. Тоа биле луѓе за кои денес вреди да се зборува, и знае. Да, вреди да се спомне за народот кој иако имал забрана да пишува творби на македонски јазик, настојувал да напише што повеќе творби. Тој период Македонија била поделена помеѓу соседните држави и се наоѓала во тешка положба. Исто така во тоа време многу авотри создавале фолклорни драми на народен јазик кои биле изведувани на сцена. Што и да направиле тие го правеле за доброто на денешниот народ, а на нас ни преостанува само да се гордееме со тоа што го носи нашиот јазик, дел од минатото што сега е наша надалеку позната гордост. Адријана Савевска (9)б ООУ „Никола Карев“ Пробиштип Ментор: Славица Тасевска

264


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик Мојот јазик е мојата мајка, од неа ја слушнав првата бајка. Мојот јазик е мојата учителка мила која нè учеше дека со јазикот добиваме волшебна сила. Мојот јазик е мојата сосетка Сава, кога Ѝ помагам, таа ми вели фала. Мојот јазик е моја песна, затоа е певлива и лесна. Мојот јазик- тоа сум јас, со него пеам на сиот глас. Ема Божиновска VI оддел. ООУ ,,Аврам Писевски‘‘ Ментор: Марија Ракиќ

265


Мојот јазик е моја слика Мојот јазик од радост блика кога со него ќе насликам најубава слика. Како дете знае да се радува, но од погрдни зборови тагува. Тој е убав и мек, за уморната душа вистински лек. Мојот јазик македонски се вика, тој е мој, а јас негова сликака. Ема Василевска VI одделение ООУ ,,Аврам Писевски‘‘ Ментор: Марија Ракиќ

266


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Јазик Има едно нешто што многу ми значи. Има едно нешто што како светлина ни зрачи. Една рака низ хартија некакови знаци влече, а мастилото од перото како вода тече. Знаците на хартијата тие букви мали не се купуваат со богатство, ниту пак со пари. Македонска буква, македонски глас, тоа е нашиот јазик, тоа си ти, тоа сум јас! И цел свет да го поминам јазикот свој ќе го чувам како мајка бебе в лулка, како пролетна булка. Изработил: Сања Стефаноска - V одд. ООУ Круме Волнароски -Тополчани подрачно училиште с. Галичани Ментор: Каролина Подигачоска 267


Со мојот јазик постојам Тој час беше посебен. Поразличен од сите. Го паметам и денес. Зошто го паметам? Се случи чудо. Да навистина се случи чудо. Ја научив најголемата лекција во животот. Се претстави, а потоа ни рече да ја ставиме раката на уста и да го кажеме своето име. Можете да замислите колку бевме збунети. Следеа прашања и одговори, но заклучокот го кажа таа: - Мислам дека за момент почуствувавте како изгледа да не можете да го изговорите своето им. - Што направив јас? Сите молчевме уште позбунети. Рака крена само Мите. - Го кажавте гласот А. Не знам зошто, но знаевме дека одговорот е точен - Со овој глас ќе започнеме, бидејќи од гласот започнува сè. Гласот е нашиот воздух, а воздухот е живот. Научивме правилно да ги изговараме сите гласови. Од гласовите правевме зборови од зборовите најубави реченици. Го учевме богатството и убавината на нашата лексика. Се нижеа часови бројни. Историјата на мојот јазик ја имав на дланка. Временската капсула нè враќаше векови назад кога нашите предци немале писмо, па до големата Моравска мисија на светите браќа Кирил и Методиј. Ги читавме Поучителните слова на првите наши учители и просветители, Крчовски, Пејчиновиќ, Пулевски, и ја сфаќавме улогата на народниот јазик. Кога стигнавме до нашиот, Хомер ни рече: ,,Тоа што е Шекспир за Англичаните за нас е Прличев‘‘. Тоа што е ,,Горски венец‘‘ за Црногорците - тоа е ,,Сердарот‘‘ за Македонците.

268


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Нашите души се напојуваа со поетската реч на Константин, Рацин, Неделковски, Конески, Подгорец. Преродбеници и современици кои за докажување на самобитноста на македонскиот јазик биле затварани во туѓи зандани, прогонувани. Мојата временска капсула талка обидувајќи се да го следи континуитетот на развојот на нашиот јазик. Сфаќа дека тој е долг до недоглед, но мора да се стигне, да се забележи сè, да не се пропушти ништо и никој. Од Мисирков научивме дека ,,јазикот ни е завет од дедовците‘‘, дека тој е ,,наше најсвето наследство‘‘. Ги врежавме светлите датуми од св. Прохор Пчински од вистинското кодифицирање на нашиот литературен јазик. Како што Прличев бил горд и среќен кога за учител дошол Димитар Миладинов, така и ние бевме среќни што љубовта кон нашиот јазик ни ја всади во нашите срца. Нè научи дека нашиот јазик си ти, тој, сите ние. Ме научи дека мојот јазик – тоа сум јас. Со него постојам. Јован Секулоски VIII одделение Ооу ,,Аврам Писевски‘‘ Скопје Ментор: Марија Ракиќ

269


Македонскиот јазик богатство на нашата нација Човекот е благословено суштество кој се разликува од сè друго во природата. Тоа е така заради исправениот ôд, интелигенцијата, а пред сè заради говорот (јазикот). Со јазикот човекот ја добива привилегијата да стане човек во вистинска смисла на зборот. Борбата на нашиот народ била тешка и неизвесна, а желбата да се зборува, пишува и твори на мајчин, Македонски јазик, била поголема од упорноста на освојувањето да бидеме претопени. Нашиот јазик, убавиот македонски збор ја испишува вековитата песна на маченичкиот народ. Тој (јазикот) е нејзин глас преку кој е високо издигната и осознаена свеста, традицијата и препознавањето, битноста и непокорот, чекорот Напред. За Македонија и за нас Македонците, нашиот јазик е непроценливо богатство, основно национално обележје по кое се препознаваме низ светот. Голготата низ кој поминал Македонецот, не само во родната земја, туку и во туѓина, поради употребата на својот мајчин јазик, била голема. Не само што Македонците морале тајно да зборуваат на родниот јазик, туку биле палени и нашите училишта, архиви и книги, за кои се залагале и во таа борба успеале да излезат како победници. Токму поради тоа, денес македонскиот јазик претставува целосно оформен, современ литературен јазик. Наша должност е да не застанеме тука, бидејки нашиот јазик е непресушен извор, кој треба постојано да се следи, да се негува и пред сè да се зачува на убавиот македонски збор, збор кој нè обединува и културно нè поврзува се генерациите кои допрва доааѓат.

270


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Во време кога најблиските соседи не нè познаваат нас и нашиот јазик, уште повеќе треба да си ги научиме корените и неговото значење затоа што ниедна сила не е доволна да го згасне во неповрат. Тој е нашиот клуч кон иднината, наша гордост и аманет за поколенијата. Дамјан Стојчевски, VI-1 ОУ „СВ КЛИМЕНT ОХРИДСКИ“ БИТОЛА Ментор: Соња Петровска

271


Мојот јазик – тоа сум јас Ние сме првачиња мали сите со умни глави, зборуваме на јазикот ваш што ќе биде наш. Мајчиниот јазик лесен отсекогаш бил весел, збор по збор да си среќен секогаш да биде вечен. Нашиот јазик - тоа сме ние продолжуваме каде што застанавте вие. Збор по збор многу среќа реченици полни една вреќа. Првачиња- Ѕвездички ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково Ментор: Марика Кајтазова

272


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Мојот јазик е другар најдобар на целиот свет, посладок е дури и од мед. Мојот јазик е сонце што нè грее и што на сите деца ни се смее. Мојот јазик е ѕвезда на небесна шир што нè сака и дарува мир. Ученик: Стефан Богдановиќ VI одд. ООУ ,,Кирил и Методиј” Стојаково Ментор: Тодорка Џалева

273


Мојот јазик – тоа сум јас Една буква, еден збор. Една огромна бисерна низа ко пресно нанижан млад тутун. Недопрен каранфил, росен, миризлив и опивлив. Еден синџир оков за плеќи тежок, со мака кован од чекан жежок. Јазикот наш сите нè возвишува, дури и аргат мачен кој тешко издишува. Триесет и една ластовица мила непрестојно летаат, шират свилени крилја. И мугрите бели, штом пукнат зори, Ги слават нив во длабоките татковински гори. Белег силен, на срце врежан ко со тенка игла вез навезан. И тапан чука и зурли пиштат дури и чучилигите и славеите од среќа вриштат. Тоа е мојот мил јазик белег силен што душата ми гали. Со векови мака, крв и беда ко најубава момина коса седа.

274


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Јазикот мој – тоа сум јас, моминска солза, в утрини на извори лице што мие. И ми помина момче русокосо, русокосо момче синооко, та ми грабна мома убава, та ми грабна и одведе, а јазикот – синџир кован остана. Остана јазик в изворни води чисти да пени бистри утрински води, додека зурлата мачно ,,Тешкото” го пишти. Ученик: Урош Стамков VII одд. ООУ ,,Кирил и Методиј” Стојаково Ментор: Тодорка Џалева

275


Мојот јазик-тоа сум јас Буква по буква во најголем лет го составуваат зборот како цвет. Јазикот за секој е мајка, бидејќи со него си во најубава бајка. Секој збор како сонце грее и најубави македонски песни пее. Убавина и топлина насекаде зрачи и не дозволува никој со букви да се мачи. Мојот јазик ми дава чудесна сила. Да- и најмалата буква е мила. Од нашите предци одамна стигна и целиот народ на нога го дигна. Со нашиот јазик сонцето нè огреа и славејот најубава песна ни запеа. И најмалото дете подава рака до богатството на знаења да дојде сака. Милена Јанкова ООУ„Ванчо Прке“, Штип 8-5 одделение ментор:Бети Огнанова

276


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Македонскиот јазик е богатството наше чувајте го и ценете го како окото ваше Мојот јазик ми дава сила и понатаму со него да бидам мила. Тој сите нè опејува и секое утро птицата со него запејува. Сара Лазарова 8-5 одделение ООУ „Ванчо Прке“, Штип Ментор: Бети Огнанова

277


Мојот јазик – тоа сум јас Македонскиот јазик, мојот мајчин јазик, моето минато мојата дегашност и моја инднина. Мојот јазик, мојата нација, мојот народ -тоа сум јас. Постои ли растение без корен, личност без потекло, држава без свое минато, народ без свој јазик? Македонскиот јазик, јазикот на кој зборувам, учам, читам, творам: Мојот јазик- тоа сум јас! Пале Кротева VII-1 одд. ООУ „Ванчо Прке“-Штип Ментор: Загорка Донска

278


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Мајчиниот јазик е оној јазик на кој говориме и пишуваме. Тој претставува наш идентитет. Темелите на нашата писменост ги поставиле Кирил и Методиј. А ние денес сме задоволни затоа што имаме свое писмо со кое можеме да ги опишеме убавините на нашата средина. Секој човек треба да се запознае со историјата на нашиот јазик и неговото значење за да твори на него, бидејќи нема нешто поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик. Македонскиот јазик денес е целосно оформен, литературен јазик. Но, тоа не значи дека веќе не треба да пишуваме и да твориме, напротив, јазикот е непресушен извор, кој треба да се негува. Сите ние треба да ги продолжиме делата на Кочо Рацин, браќата Миладиновци, Григор Прличев. Тие ни оставиле прекрасни дела, кои ние денес ги читаме и се гордееме со нив. Затоа треба и ние да оставаме дела со кои ќе останеме забележани во историјата. Убаво кажал Крсте Петков Мисирков: „Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже од народниот дух“. Јас само ова би го дополнила „и од својот идентитет“. Нашиот јазик има големо значење, вреди да се почитува и да се сака, како што се сакаме себеси. Благодарение на него си го збогатуваме нашиот речник, стануваме надоградени комплетни личности .Делата што ни ги оставиле просветителите треба да ги читаме, уживајќи да откриваме нешто ново, да стекнуваме нови знаења. Мојот мајчин јазик, македонскиот, е и ќе биде мојот корен, бидејќи на него пишувале и зборувале моите предци. Тој е мојата душа затоа што претставува дел од мене. Мојот мајчин јазик е моето ЈАС. Нушкова Вероника VIII-2 ООУ „Димитар Влахов“, Штип Ментор: Марија Иванова 279


Мојот јазик, тоа сум Јас Во светот има многу народи кои што живеат во најразлични држави ширум светот и зборуваат на својот мајчин јазик. Мојот мајчин јазик е Македонскиот јазик кој што потекнува од словенската култура, која ја создале основоположниците Св. Кирил и Методиј. Св. Кирил и Методиј преку ширењето на христијанската религија ги удриле темелите и на македонската култура. Македонскиот јазик има богат речник поради што ме радува и јас се гордеам што припаѓам и го користам Македонскиот јазик. Во поново време како што ние ги изучуваме и другите јазици посебно се радувам дека и мојот мајчин јазик го користат и другите народи кои што имале прилика да престојуваат во Македонија. Јас се радувам што живеам во Македонија и зборувам македонски јазик кој што постои со векови. Мојот мајчин јазик со гордост ќе го зачуваме во иднината и во нашите срца. Ментор: Вера Петровска Изработила: Симеона Михајловска VII б ОУ Димитар Поп Ѓеоргиев Беровски

280


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Ако погледнеме во огледалото на времето Во минатото со векови знајно Ќе дознаеме многу, за јазикот, за нашето богатство трајно

Нашето битие, нашиот дух од предците наши го наследивме, и јазикот наш, кој низ вени ни тече, а со него и тешки премрежја влече. Горда сум јас Македонка, со земја своја, со јазик свој. Прадедовци се жртвувале со векови в бој, имам и јас долг, да се борам за јазикот мој. Ќе го чувам, ќе го негувам, надоградувам со вредно изучување ќе го совладувам. Мојот јазик-тоа сум јас, најгласно на македонски ќе изговорам јас! Стефани Стојковска VIII- В ООУ ,,Страшо Пинџур“ – Ѓорче Петров - Скопје Ментор: Розета Дулевска

281


Мојот јазик -тоа сум јас Земјо моја македонска земјо на срцето моја блиска, за тебе секој напишан, со мојот јазик - збор ме прави Македонец горд. Нашите предци каде и да оделе сончевата светлина-јазикот за нас го носеле. За секој момент од историјата твоја се крие почит од душата моја. За мене ти си древна и света за тоа сведочи „Kaменот од Розета“. За оние што постојано јазикот ни го бранеле се колнам Македонијо, нема ни денес да го дадеме! Зорица Самарџиска 8-мо В ООУ ,,Страшо Пинџур“ Ѓорче Петров - Скопје Ментор: Розета Дулевска 282


МојоТ јазик, Тоа сум јас

,,Мојот јазик -тоа сум јас“ Горда сум, среќна сум Родена сум во земја света Постои уште пред Христа Тоа е Македонија иста. Мојот јазик е македонски Тоа е мојата личност На тоа има секој право Што размислува здраво. Горда Македонка сум јас И ветување давам пред вас Јазикот ќе го чувам силно Како нешто многу милно. Кој сака јазикот да ни го смени Тој знае само за злоба Тој лицето свое го гребе И самиот не знае за себе. Затоа: Секој македонски збор треба да блиста Со достоинство и добра мисла! Ана Илиевска 7-мо А, ООУ ,,Страшо Пинџур“ Ѓорче Петров - Скопје Ментор: Розета Дулевска 283


Мојот јазик – тоа сум јас Љубов кога велам, топлина ме обзема, сонце кога гледам, светлина ме облева. Кога велам мама, тато, дада, бато, како од устава ми извира злато. Кога слушам сонце, дожд, плод и цвет, се чувствувам како птица во лет. Кога пеам среќа, тага, желба, радост, љубов, детство, убавина и младост, само на мојот јазик ги чувствувам силно, само на мојот јазик, ги кажувам милно. Инес Мусли VIIб ООУ Димитар Поп ГеоргиевБеровски Скопје Ментор: Вера Петровска

284


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик - тоа сум јас Живеам во земја во која сонцето изгрева и дарува секому светлина и топлина. Мојата татковина е земја во која секој може да најде природна убавина, убав збор, топлина во душата. Само еден поглед и срцето ти се исполнува со милина и лицето со насмевка. Мојата земја – Македонија е света земја на дедовци и прадедовци. Тие пораснале храбри синови за нашата иднина и слобода во која живееме. Од кога знам за себе, ги паметам првите букви: А, Б, В... М, О, Т, И... така ги научив од мојот дедо. Тој ме научи на првите зборови: МАМА... ТАТО... Тој ме научи на првиот буквар и од него почнав да читам и пишувам. Мојот јазик – македонски го знам од првите мои зборчиња, првите желби, првите солзи со довикување по мама за нејзината прегратка. Јазикот е нашиот извор на нашето постоење. Го знаеме сите, го учиме од нашите дедовци и прадедовци. Тие ни го пренесуваат и ни кажуваат аманет тој да не се заборави и уништи. Да знаеме: јазикот наш и како светлина треба да го чуваме. Треба да го знаеме и пренесуваме во иднина зошто само така ќе опстојуваме. Јас не знам на кој друг начин, со друг збор да искажам: желба, љубов, среќа и тага. Знам тоа најдобро да го изразам на мојот јазик – македонски. Мислам дека ако тоа го кажам на друг јазик ќе биде како река без вода, како оган без пламен. Македонија е мојата татковина, јас сум дел од мојот народ и јазикот мој на кој зборувам – тоа сум јас. Затоа знам дека јазикот треба да се чува, сака и негува. Треба да се сочува за да се пренесува на идните генерации и тие да знаат кои се и како да се сака земјата и јазикот. Анастасија Малеска 5-то одделение Подрачно училиште „Свети Климент Охридски“- с. Мороишта Општина Струга Ментор: Павлина Божиновска 285


Мојот јазик – тоа сум јас Јазикот е нешто свето, одлика на сите народи, одраз на сите култури. Од праисторијата, кога изразувањето било со мимики, а пишувањето на плочи и хиероглифи, па сè до првите јазици, одејќи по временскиот период сè до денес јазикот наишол на многу промени. Сепак, народ без јазик и култура не може да биде народ. Тој народ всушност, ако нема јазик нема ништо. Благодарејќи на Кирил и Методиј и нивните ученици Климент и Наум денес имаме богатство за пишување и своја азбука, а благодарејќи на Крсте Петков Мисирков, кодификаторот на македонскиот литературен јазик и правопис, денес имаме свој јазик и идентификација. Македонскиот јазик во минатото како дел од словенските јазици и јужнословенската група бил дел од јазичното семејство на индоевропските јазици. Македонскиот јазик денес го зборуваат 2,5 до 3 милиони луѓе и распространет е во Македонија, како и во дел од Србија, Албанија, Бугарија, Грција и дијаспората. Кодификацијата на македонскиот јазик се засновала на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 г. како и со официјалното усвојување на македонската азбука и правопис. Барем поради трудот на нашите предци во минатото, треба да го сакаме, негуваме и почитуваме јазикот, бидејќи тој е една од ретките работи, но воедно и највреднaта, што ни е оставена во наследство. И денес, македонскиот јазик претставува гордост за сите македонци. Постојат различни дијалекти што ги истражувале значајни дијалектолози како:

286


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Ватрослав Јагиќ, Виктор Ивановиќ Григориевиќ, Сузана Тополињска, Божидар Видоески и др. Благодарејќи на нивните истражувања денес постојат околу 27 дијалекти поделени во 3 главни групи: западномакедонска група, источномакедонска група и група по течението на реката Вардар. Од овие три групи, групата по течението на Вардар е земена за најлитературна во Македонија. Со својата извонредна историја, македонскиот јазик зафаќа големо место во нашите срца и ќе продолжи да расте и да грее како најсилно сонце во нас, зашто без нашиот јазик, не постои ниту нашето „јас“. Александра Настоска 7-б одделение ООУ „Свети Климент Охридски“ с. Драслајца општина Струга Ментор: Весна Крстиновска

287


Мојот јазик-тоа сум јас Слава им на Миладиновци, Слава им на Конески, на Климента, на Мисирков, Што знам кој сум и што сум, Што гордо ќе си го врвам веков. Јазикот мој, поубав е, помил е И од птичјата песна, Тој е поток бистар, најсветла е sвезда. Им благодарам на прадедовците, Што нè избавија од зандани, од мрак, Што ни оставија завет, Нашиот јазик – најсветлиот сончев зрак. Не нè оставија да тонеме во црнила, Мориња без дно, неписменоста остана само страв, Тие болки повеќе не нè мачат, Имаме јазик, нашите букви најсјајно зрачат. Македонци со лавовско срце, Со јазик – пиреј, Горди луѓе, Тоа сме ние!

288


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Јазикот мој – силен е ко јазична комета, Со љубовта кон него, ќе изградам нова планета! Македонка сум горда, имам житносјаен јазик, Среќата ја имам во моите мрежи Ех, ти јазику најдраг, на срце што ми лежиш! Мојот јазик е мој билет За во иднина бела, Благословена сум, што во мене струи и жари Македонска крв врела. Каде и да одам, каде и да шетам, Со мојот јазик в срце, По небесни полиња јас ќе светам. Со највредното нешто македонско, Најбогат јазик кој нè краси, Најубаво е македонец да си! Божествениот белег што нè кити нас, Секој македонец го претставува него, И јас в душа го носам, Мојот јазик – тоа сум јас! Вероника Димоска 8-мо б одделение ООУ „Свети Климент Охридски“ с. Драслајца општина Струга Ментор: Весна Крстиновска

289


„Мојот јазик – тоа сум јас“ Кога би имале временска машина која барем за миг ќе нè наврати назад низ годините кои поминале, тогаш би го согледале многувековниот пат на создавањето и развојот на македонскиот литературен јазик. Враќајќи се во дамнешното време ќе ги видиме нашите предци, кои носејќи го своето бреме на плеќите оставале неизбришлива трага која ние денес ја живееме. И не мора да патуваме толку далеку низ времето. Доволно е секој од нас да се потсети на сопственото детство, на детството на нашите помали браќа и сестри. Низ тие спомени, ќе ги слушнеме првите изговорени зборови на мајчин јазик, ќе ги оживееме приказните кои бабите и дедовците ни ги раскажуваа. И со самото тоа стануваме алка во синџирот на пренесување легенди и преданија од колено на колено на идните генерации. Со тој чин го пренесуваме генетскиот код на нашата националност и нашето постоење. Секој народ има свој јазик кој што треба да го чува, негува и употребува во секојдневната комуникација. Јазикот е клучен белег по кој една група се разликува од останатите народи. Тој е препознатлив и автентичен во однос на другите јазици. Нашиот македонски јазик спаѓа во индоевропско семејство на словенските јазици - јужнословенска група и е мајчин јазик на сите Македонци. Јазикот е непресушен извор, кој треба постојано да се следи, да се надоградува и пред сè да се зачува чистината на македонскиот збор. Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже од својот народен дух. На

290


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Првото заседание на АСНОМ, на втори август 1944 година е донесено решение за воведување на македонскиот јазик како официјален и службен јазик во македонската држава. Запишан е со кирилично писмо коешто брои 31 буква. Македонскиот јазик го дефинира нашиот културен идентитет и нè претставува во целиот свет. Младите генерации треба да се запознаат уште од мали нозе за историјата и значењето на македонскиот јазик и со тоа кај нив да се поттикне развивање на свеста за неговото зачувување, бидејќи нема ништо поубаво од тоа да се пишува, зборува и твори на свој мајчин јазик. Без јазик сум никој и ништо, бидејќи мојот јазик - тоа сум јас!

Ангела Величковска, 7-2 одд. ООУ „Толи Зордумис“, Куманово Ментор: Наташа Пешевска

291


Мојот јазик - тоа сум јас Секој народ свој јазик си има, без јазик постоење нема, од раѓање оваа порака се прима, и како животно правило се зема. Мој и твој прв збор бил „мама“, а со годините сме собрале зборови рој, со книгите никогаш не сум била сама, а и баба и дедо ми кажувале сказни безброј. Македонски е јазикот е мој, jазикот на кој зборам и песнички творам. Во зимските ноќи раскази читам, а во летата топли во детски романи скитам. На јазикот македонски мој ми има смисла секое нешто, како на тебе на јазикот твој, на него се изразувам навистина вешто. Евица Милошевска, 7-1 одд ООУ „Толи Зордумис“, Куманово Ментор: Наташа Пешевска

292


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Го сакам мојот јазик многу јас, македонски е мајчин јазик на сите нас, создаден од св. Кирил и Методиј во деветти век, пренесуван од татко на син, дедо на внук за навек. Македонецот немал литературен јазик свој, низ историјата творел на говори безброј, сè до Мисирков и Конески, дејци важни, кои литературни основи поставиле снажни. Денес ние на литературен јазик твориме, во училишта на мил македонски говориме, книги наши и странски на него читаме, кон поголеми знаења со него итаме. Убаво е да си дете во 21 век, со сите детски права за слобода и мајчин јазик, да се радуваш на лесниот животен тек, и секогаш јазикот да го чуваш како својот лик. Зорана Младеновиќ, 7-1 одд. ООУ „Толи Зордумис“, Куманово Ментор: Наташа Пешевска

293


Мојот јазик – тоа сум јас Барам начин да допрам до моите соговорници, да им ги соопштам моите чуства, мисли, да им пренесам порака, да оставам трага за себе. Изведувам гестови, мимики, – но, не ме разбираат! Пуштам извици – ги засмевам! Барам начин, барам решение! Им раскажувам и допирам до нивниот ум, ме забележуваат, ме слушаат, сочуствуваат со мене, ме советуваат. Сфаќам дека зборот, јазикот кој им е разбирлив, е најсовршеното средство со кое луѓето остваруваат комуникација со околината. Тој е нивната најголема моќ, нивното највредно и најпосакувано богатство. Размислувам... Колку ли време било потребно да се состави тој систем, низ што ли сè не поминал човекот за да се сокрие во сопствен оклоп и да сфати дека мајчинот јазик е коренот на неговото постоење. Му биле потебни сите сончеви зраци, сета светлина, за да може во нејзината светост да остави трага за себе, за едно минато време, кое ќе сведочи за неговото постоење низ вековите. Благодарение на јазикот и говорот луѓето не само што ги разменуваат своите мисли и чуства, туку ги пренесуваат и своите сознанија на идните генерации. Највредното нешто кое го наследуваме од родителите е мајчиниот јазик како темел врз кој треба да го градиме своето постоење, да го зацврстиме и како таков да го оставиме во наследство на своите деца. Зашто нашиот мајчин јазик е нашата основа, нашиот корен што досегнува во длабочините на минатото и нè држи исправени за во иднина. 294


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Да бидеме истрајни во нашите намери, да го чуваме од надворешни влијанија, како што мајчиниот јазик нас нè чува, како посебност, како целина која јазикот ја сплотува. Кога сите заедно би биле свесни дека нашето постоење е всушност нашиот јазик, тогаш гордо би застанале да го одбраниме од секаква неправда, да го сочуваме од виорот на заборавот и вистински да покажеме дека знаеме да го цениме и почитуваме нашиот јазик, нашето постоење, дека го исполнуваме аманетот на нашите дедовци кои го втемелиле јазикот врз неуништливи темели, сведок за нивното постоење и тешкото човечко минато. А тоа значи дека го продолжуваме заораниот Мисирков пат и се согласуваме: ,,...Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите прадедовци и да почитува сè што имаат тие направено за своето потомство...“ Затоа даго чуваме својот јазик и да се надеваме дека никогаш нема да згасне, зашто неговото опстојување значи живот. Ученик: Панче Василевски – 6-б одд. ООУ ,,Маршал Тито“ - Муртино Струмица Ментор: Сашка Василевска

295


Мojот јазик – тоа сум јас Уште од дамнешни времиња човекот сакал да ја победи смртта, сакал да живее вечно, да остава траги зад себе и за себе. Создавањето на свој јазик било од огромно значење, тоа за него значело поплочен пат по кој треба да продолжат идните генерации. Да се има татковина и сопствен јазик е сè што ни е потребно, тоа е љубовта што не грее, тоа е среќата што нè следи... Секој човек има своја татковина, свое катче во кое се чуствува убаво, во кое твори... Татковината во која слободно твориме на мајчин јазик е пеперутка со шарени крилја која слободно лета во небесната шир, цвет на кој секој се восхитува... Таа е наша и ние сме нејзини. А во неа луѓето ги сплотува една нишка, еден јазик – мајчиниот, македонскиот, тоа е наше непроценливо богатство. Мајчиниот јазик е наше огледало, огледало во кое се гледаме себе си и знаеме дека мајчиниот јазик тоа сме ние. Тој непресушен вруток, постоел отсекогаш, постои и денес и ќе опстојува и утре, бидејќи без јазикот човекот не би бил човек, без него тој би бил како извор без вода, дрво без корен, странец во сопствениот дом.... Македонскиот јазик е моето„јас“ бидејќи е дел од мене и од тебе, дел од сите нас, бидејќи ГОРДОСТ е да се зборува на мајчин јазик. Ученик: Меланија Спасова- 7б ООУ „Маршал Тито“ - Муртино Струмица Ментор: Сашка Василевска 296


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик - тоа сум јас Јазикот е сонцето во нас, почитувајте го ви препорачувам јас. Јазикот е подадена рака, која те извлекува кога си во мака. Јазикот е врвот на животот мој, кој го сака најсреќен е тој. Јазикот е син на Татковината, јазикот е внук на судбината. Јазикот е брат на мирот, јазикот му припаѓа на широт. Јазикот е нашата душа, музика која срцето ја слуша. Јазикот тоа сум јас, јазикот е мојот спас. Јазикот е мојата дланка, јазикот е мојата животна гранка. Јазикот е мојот сон, непрекинлив школски ѕвон. Јазикот тоа сум јас, тоа е мојата песна на цел глас. Јазикот е мојот змај, што лета во височините без крај. Јазикот е нашата река, со безброј речни тека. Јазикот е цвеќе бело, со пеперутки покриено цело. Јазикот сме ти и јас, кажи го тоа на цел глас. Сања Стојановска VIII 3 О.У. „Тодор Ангелевски“ - Битола Ментор: Дијана Лозанова 297


Мојот јазик – тоа сум јас Секој човек, секое животно и сите живи суштества на оваа планета имаат свој јазик.Некои зборуваат, некои со мимики и гестови го искажуваат тоа, но битното е тоа дека секој си има свој јазик , и тоа го искажува на различен начин.Јас по националност сум Македонка, што значи дека мојот мајчин јазик е македонскиот јазик. За мене тоа е едно преубаво нешто, и горда сум на тоа бидејќи сум Македонка и се разбира си го почитувам својот јазик. Всушност секој од нас е различен по националност, и зборува на друг јазик, но сите ние сме еднакви и рамноправни. Јас имав една прилика да се запознаам со едно девојче од Англија, кое секако зборуваше англиски. Јас тогаш зборував англиски, за да може да се разбереме, но никако не го потценувам својот мајчин јазик, бидејќи мајчиниот јазик за мене е многу битен и многу драгоцен. Во многу случаи јас зборувам англиски, како на пример на часот по англиски јазик, или германски јазик , не е битно кој јазик, но секогаш во себе си мислам дека мајчиниот јазик е најдобар за комуникација, бидејќи учејќи го мојот јазик јас сум пораснала и дури сеуште го учам. Тој јазик е моја гордост, моја пофалба, мое се. Со јазикот се гордеам, со него зборувам , тоа е најдрагоценото нешто според мене. Тоа не е нешто кое со пари се купува, не е некоја теорема, едноставно јазикот сме ние самите. Како на пример мојот јазик е македонски јазик, и јас самата си го градам својот јазик, секој ден се надоврзувам со нешто кое не сум го знаела, што нешто ново. Тука јас се препознавам себе си , тука откривам дека мојот јазик-всушност тоа сум јас.

298


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Јас личност која во моментов пишува еден состав кој е на темата:”Мојот јазик- тоа сум јас”, јас сум личност која се гордее со својот јазик, и овој состав секако е напишан на мојот јазик , на македонскиот јазик. Не е битно дали мојот состав ке се избере или нема на натпреварот, но мене многу ми е битно тоа што тука можам да искажам се што мислам за мојот јазик, и горда сум што мојот состав, за мојот јазик, односно тоа сум јас, ќе се натпреварува меѓу илјада. Моја препорака до сите е: ПОЧИТУВАЈТЕ ГО СВОЈОТ ЈАЗИК, ГОРДЕЈТЕ СЕ СО НЕГО, БИДЕЈЌИ СО ТОА СЕ ПОЧИТУВАТЕ САМИТЕ СЕБЕ И СЕ ГОРДЕЕТЕ САМИ СО СЕБЕ БИДЕЈЌИ ЈАЗИКОТ-ТОА ВСУШНОСТ СТЕ ВИЕ! Мартина Бојковска VII-2 одд ментор: Олга Цветковска ОУ “Браќа Миладиновци” с.Миладиновци,Скопје.

299


Мојот јазик тоа сум јас Мајчиниот јазик е гордост најголемо богатство за секој народ, корените и јазикот на баба и дедо, вредно за секое македонско чедо. Азбуката наша е споменик вечен, а буквите светли како свеќа, неисцрпен бунар, знаење и очи не полни со топла неизмерна среќа. на училиште и дома со мене си ти, напишаните песни во секој мој стих. Јзику мој со душа и идентитет биди мост за целиот свет.

Елена Бојаџиева VI1 О. У. „Тодор Ангелевски”- Битола Ментор: Ана Јовановска

300


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик- тоа сум јас Кога некој човек убав збор за македонскиот јазик ќе каже, знам дека не може да ме излаже. Поезија,проза, лирика, епика... Учи дете, литературата те вика. Народот рекол: ,,Збирај на младост, за да имаш на старост’’ А и многу други вакви мудрости и бисери произлегле од нашите македонски писари. Тијана Ристовска, VI г одд. ООУ ,,Крсте Мисирков,, Гевгелија Ментор: Мери Олумчева

301


Мојот јазик – тоа сум јас Јазик. Македонски, Англиски, Српски, Италијански..... Различни, а сепак........ Зборуваме, комуницираме, се разбираме. Зборувам, љубов, монамур, љубави и продолжувам да зборувам, кога зборувам мислам на зборот, мислам на јазикот. Ветрот го изговара зборот, цветот мириса на мојот јазик, сонцето ја милува мојата дланка со мојот јазик, ѕвездите сјаат со најубавиот збор, тогаш јазикот сегде е околу мене. Ќе пуштам по ветрот благ збор, да Ви каже за нашето постоење, кога ќе го почуствуваш, неговиот допир, знај тој постои, мисли на тебе, ќе Ви раскаже, послушајте го. Нашиот мајчин јазик, тој е прекрасен, за секого е најсигурен, најубавиот почеток, најубавиот миг, најубавиот ден, најубавиот сон. Каде и да било и каде да се наоѓам, јас мислам на моето мило, мислам на мојот мајчин јазик. Јазикот, да тоа сум јас. Подпораснав, учам, играм, пеам, творам, се радувам, плачам, сонувам на мојот мајчин јазик. Благодарение на него, преданијата се пренесуваат, легендите остануваат, генерациите другаруваат. Сите со зборот орото го шириме, со зборот светот го зближуваме. Без јазикот тешко ќе се гушнеме, тешко ќе споделиме убав збор, тешко ќе си допреме рака, тешко ќе ја избришеме првата солза. Кога ти е тешко, кога срцето посакува, јас мислам на зборот, мислам на него и тогаш, поминува се.

302


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Јазикот, тоа е светло на сечиј живот. Јазикот е снага која ни треба да појдеме и повторно да си дојдеме. Еден збор малку е, иљада зборови многу се, јазикот божество е. Чувај го зборот, чувај го јазикот, негувај го, внимавај да не венее, чувај го за мене, за тебе за сите нас. Вознеси го високо во далечините, сите да го слушнат, сите да го гушнат. Треба да го негуваме зборот, треба да го негуваме јазикот, треба да се сакаме силно, силно најсилно на сопствениот мајчин јазик. Андреј Крстевски VI б ООУ Христијан Тодоровски Карпош - Скопје Ментор: Ана Страшевска

303


Мојот јазик – тоа сум јас Зборуваме ил думаме, мислиме ил пишуваме и грст да сме, на нашиот Македонски ќе си зборуваме. Љубовта и страдањата, радоста и тагата, на мајчиниот јазик ги споделуваме. Од далечно минато , од Кирил и Методиј, Климент и Мисирков, па се до денес, јазикот е нишка која спојува безвреме. Јас постојам и творам, на мајчин Македонски говорам. И би сакал сите во еден глас да се чујат, Да викнам гласно на сет глас Мајчиниот јазик – тоа сум јас. Филип Томашевски 8б одд. ООУ ,,Партенија Зографски “ Скопје Ментор: Васка Николова Икономова

304


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мајчин јазик – тоа сум јас Понежен од песна на славеј во гора, од прв зрак сончев во пролетна зора. Од плисок на далга по езерска чир, мајчиниот јазик е секому најмил. На тој јазик го кажавме првиот збор, и песничка првпат запеавме ние. На тој јазик првпат не повика мама, цврсто да не гушне, да не бакне сама. Денес го славиме празникот, за копнежи наши, за радост и мака. Каде и да сме во Светот ние Мајчиниот јазик е бескрајно сакан.

Тодор Соколов 8б одд. ООУ,,Партенија Зографски” – Скопје Ментор: Васка Николова – Икономова

305


Мојот јазик – тоа сум јас Тој е гласникот на мојата душа тој е песна што извира од мојата усна. Зборови, зборови македонски запипишани во генот на дедо, баба и мама зборови свети, зборови исконски. Мама со првиот допир со срце ми кажа ме учеше таа со приспивна песна, кога сонот на трепките нежно ќе чукне за денес да можам да извикам гласно: ГОВОРАМ МАКЕДОНСКИ – секому нека му е јасно. Дете сум, но со радост го кажувам ова: Мојот јазик е моето јас. Мојот јазик е коренот мој. Мојот јазик е мојата душа. тој е шепот кој од Господ се слуша. Јована Нецева 8б одд. Ментор: Васка Николова Икономова ООУ ,,Партенија Зографски”Скопје

306


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Јазикот Јужнословенски, Македонски, јазикот на нашиот израз, на нашето битие, на нашата култура. Со посебна фонетика, со звучна поетика, со сопствена граматика, со посебна дикција, со многу дијалекти и гласовни ефекти. Мојот јазик има идентитет, различен од јазиците во целиот свет. Мојот јазик, тоа си ти, тоа сум јас, секој изречен збор, секој изговорен глас. Евдокија Стаменковска ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево ментор: Милка Стоилкова

307


Мојот јазик – Тоа сум јас Луѓето имаат високо развиени способности да комуницираат вербално. Без нашиот голем речник ние не би биле тоа што сме сега, јазикот е наша карактеристика што нè издвојува од другите животни, една од најмоќните човечки припадности. Јазикот информира, убедува, изразува емоции, мисли, чуства и ни овозможува пренос на сознанија на идните генерации. Преку јазикот можеме да ги индентификуваме националностите – кои се, од каде доаѓаат? Со тоа заклучуваме дека јазикот и културата се комплексно поврзани и зависни едни од други. Јазикот е формиран од страна на културата, а културата е под влијание од страна на јазикот. Нашиот јазик е основа, корен кој пробива во длабочините на минатото и нè држи исправено во иднината. Македонскиот народ сега има слобода да го развиваи негува својот јазик, затоа што е нешто најсвето и највредно, нешто за кои нашите светци го дале животот и го зачувале дури и низ најмрачните векови. Зачувувањето на јазикот е од едно огромно значење заради тоа што служи да ги обидиненува луѓето и културно ги поврзува генерациите кои една на друга ги прават цивилизациските вредности на човекот. Младите треба уште од мали нозе да се запознаат со значењето на македонскиот јаик и кај нив да се поттикне развивање на свест за неговото зачувување. Денес македонскиот јазик е веќе оформен, современ, литературен јазик, но не значи дека тука треба да застанеме, туку тој треба постојано да се следи негува, надоградува и зачува чистината на македонскиот збор, бидејќи ако еден народ го изгуби својот јазик, наликува на човек кој го изгубил својот пат и незнае каде оди. Затоа јас сум буква, глас кој треба да се слушне, а јазикот е нашиот идентитет, тоа сме ние. Линела Пандева О.О.У. Сандо Масев- Струмица Ментор: Љупка Кљанкова 308


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик тоа сум јас Поврзаноста, учењето, животот, е мојот јазик, мајчиниот јазик. Се сеќавате ли кога бевте мали како почнувавте да учите да зборувате? Велевте ма-ма, па со текот на времето и другите бисерчиња на македонскиот јазик ги учевте онака безгрижно и лесно. Потоа, кога одевте на училиште, ги учевте граматиката и литературата, учевте правилно да ги пишувате буквите и азбуката. Не се ли сеќавате кога наставничката ќе ве пофалеше дека имате убави состави? Или пак дека имате убав ракопис? Убаво ми е на душата кога читам и пишувам поезија, срцето ми се полни кога читам некои мудри пораки и бисери на македонскиот јазик. Крсте Петков Мисирков, браќата Миладиновци, како и сите други собирачи на народни умотворби. На сите треба да им се каже едно Б-Р-А-В-О ! Се прашувате ли зошто? Затоа што и ден денес ни го збогатуваат речникот со убави зборови. Ни го полнат срцето со убавини. Постои нешто подобро? Доказ за тоа? Имам напишано милион состави, со убава изразеност и опис на настаните. Описот ми е збогатен од бисерите кои се вметнати во мојата глава. Вметнати благодарение на народните умотворби, состави, раскази и слично чии собирачи се токму тие. Луѓето кои немаат читано книги, приказни како и умотворби, како да немаат јазик. Никогаш, кога ќе се изразуваат, нема да имаат богат речник а тоа е лошо. Нели сум во право? Јазикот е нешто неопишливо. Нешто што многу го сакам и никогаш нема да се откажам од него! НИКОГАШ ! Зошто? Затоа што тоа е мојот јазик, мојот мајчин јазик. Мартина Божиновска, VII5 одделение ПОУ Гоце Делчев Долно Лисиче Скопје Ментор: Марија Тодоровска 309


Мајчиниот јазик за секого е слика мојот, на кој говорам јас македонски се вика. Создавачите негови тешка битка воделе, за негово постоење претежoк пат изоделе. Колку само книги стихови и песни со него се пишани? Колку само дела со него се творат? Колку само луѓе него го зборат? Горда сум на мојот македонски јазик јас Нека се слушне далеку, далеку овој глас. Мајчиниот јазик за мене е многу вреден без него би била човек беден.

310


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Тебе јазику биcери те краcат, птиците затоа пеcни глаcат. Ти јазику cи наша мајка cо тебе животот ни е ко бајка, Тебе те почитуваме и cакаме до тебе многу пеcни праќаме. Стефанија Милеска VIII-1 одделение ОУ Гоце Делчев- Горно Лисиче Аеродром Ментор: Слаѓана Јовановиќ

311


Мојот јазик - тоа сум јас Со нивните маки се роди надеж, наш јазик создадоа и нам ни го предадоа. Со нивниот труд се роди јазик. За нивната жртва до денес се раскажува, за нивното дело секој кажува. Да, тоа се нашите борци, да, тие се македонските творци! Македонските просветители се бореле, за на македонски јазик да зборуваме, на другите да не им робуваме. За денеска на македонски да твориме,

312


МојоТ јазик, Тоа сум јас

за денеска на македонски да говориме. Нашиот јазик тоа сме ние, мојот јазиктоа сум јас. Моето срце забрзано бие, здружени сите ни се слуша глас. Каде и да оди секој дома се враќа, кај својот роден јазик, кај својте родни браќа. Со години се пренесува од генерација, на генерација, од дедо, прадедо на нашата нација. Јазикот нас сите нè збрал, идентитет, знаење на сите ни дал. Ангела Блажевска VIII-1 ОУ „Гоце Делчев“ -Горно Лисиче Аеродром Ментор: Слаѓана Јовановиќ

313


314


Проза и Поезија Средни училишта


ЗАЗБОРОТ НА МОЈОТ ЈАЗИК Силно трескоти татнеж лут Аз, буки, веди. Шепоти чудна сила со нежен глас. А, б, в, г – низа се нанижува, Д, ѓ, е, ж – продолжува И така редум и така полека Се реди песна на жар птица појница. Ш, ш, ш, шумоли шепот вековен И сништа ми прогонува. Кој ли мојот сон го буди? Кој ли чудни слики реди? Дали в гради лудост чемрее? Дали неканет призрак ме следи? Или болка ми разум обеспокојува? Ни в гради лудост чемрее, Ни призрак неканет ме следи. А, ни болка ми разум обеспокојува. Тоа јазикот мој зазборел, Јазикот со збор наш македонски. Тој во игра сонот ми го буди И слики чудни во главата реди Ѓердан од низи низ денови тешки Од далечина глас ме довикува Низ сонот со трепет се отсликува Низ сонот низа нанижува В срце светилник блеснува Блажена ѕуница маѓепсува Мисла ми гради исполнува ВЕЧЕН И НЕУНИШТЛИВ Е ЗАЗБОРОТ НА МОЈОТ ЈАЗИК. Ангела Јончиќ СОУ „Таки Даскало“ – Битола II 12 – гиманазиско образование Ментор: Весна Јовановска 316


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Збор Допирот на силниот збор што се глаголи со Кирилица, што е изустен на македонски, што се мери со вековите, што се врзува со воздржаност, што се потпира на животот, тоа е зборот на мојата младост. Бакнежот на нежниот збор, што има болка место значење, што дарува лирска милостина, што јуриша со јуначка епика, што ги спојува народите, што ги осветлува мечтите, тоа е естетиката на љубовта. Сонцето на исконскиот збор што осветлува во мугрите, што ги раѓа новите зборови, што ги мотивира постојано нескромните препишувачи, што се преродува од пепелта, тоа е крвта на вистината. Елена Костовска, I – 9, СУГС „Никола Карев“ – Скопје Ментор: Еленица Илиевска 317


Мојот јазик – тоа сум јас За таа ѕвезда што сјае во ноќите за сиот труд и калта под ноктите, за сите ноќи – без сон поминати, за сите книги - без милост искинати. За сите воздишки под ламба газиена, за сета љубов од народот збиена, за сите сите солзи над свеќата пуста, за сите зборој низ маглата густа. За она што ние денес се бориме, за она што нашите и ние денес твориме, за она што низ животот нас нè води, за она што некој умирал, а денес вреди да се родиш! И... Жими сета срма во ковџежето на баба, жими крвта дедова и двата златни заба - вечна му слава! Жими книгите на таванот – натежнати од прав, жими човекот во мене – жив и здрав. Вечна му слава на сиот погубен народ, вечна му слава и на татка, мајко!

318


МојоТ јазик, Тоа сум јас

А како ли ова јас сега ќе го кажев? Ти благодарам тебе, еј дедо Блаже! И прости ми, те молам, што титула пред име не ти ставам, јас неа ја ценам, воздигнувам, славам! И нека Битола и Охрид пружат раце кон исток, И со Прилеп и Велес станат пријател близок. И заедно тие нека дадат сè, па нека ни земат сè, но јазикот не! Тоа е наше вечно и свето, наше недоречено и светло, наш почеток и крај, наша тишина и сјај. И се колнам и поклонувам на овој празник, ко црнка во око ќе го чувам нашиот јазик! Надица Николовска III-4 СОУ „Љупчо Сантов“- Кочани Ментор: Александар Димитров

319


Мојот јазик- Тоа сум јас Динамиката забрзува, ова темпо на суштина се шири, ретко се раѓаат мотиви и желба... некогаш кога ноќ ќе падне, месечината тајна скрила, ... една светлинка на вечерното небо, една оаза на стихови преточени во устељубие, една нагласка на поетот, на егото свое, еден гулаб заглавен во убавината на својата песна, во убавината на своето треперење, во нашата убавина. Кога словата на томска книга се распослани по подот тајниот исчук на гласот допира од стапките на историјата, од сонот на една ведрост, на една воздишка, на една Везилка, без два конца, со два збора на сè во својот дух. „Ех, книго моја, збору преточен во траг, - Дали ќе се родат толку - колку што животи згаснаа за тебе? - Дали секоја буква не заслужува спомен еден? - Дали човек еден способен е да запише? - Дали.... ? Ех, кога со секое дали би се залепило и по една да, нација на безизбришје ќе бевме, и ќе сме ако не застанеме....!“ И духот, и јазикот, 320


МојоТ јазик, Тоа сум јас

и сонот нечиј и мој, и мирот, и гласот во тресок, и книгата за добра ноќ, и насмевката, и шармот, и модата, и тонот на нотата... и сè! Бараш ли нешто? Што бараш - тоа си! што ќе најдеш не си! Марија Бојкова III година СОУ „Богданци“- Богданци Ментор: Соња Србова

321


Мојот јазик – тоа сум јас Секој си е свој на своето. Секој си има своја различна култура на којашто ѝ припаѓа, ја почитува, претставува и се гордее со неа. Си има своја лоза, свое прибежиште, свој културен идентитет, а во него се крие најзначајниот елемент – јазикот. Јазикот како билка, како „лековит зачин“ овозможува да се оформи личноста на поединецот како единствен показател за тоа кој е и што е, каде припаѓа и кои се корените на потеклото. „Секој кружи по своите животни врвици до определен рок, додека не згасне... во својот простор на живеење, низ својот животен пат“.1* Јазикот - тоа сум јас, тој е симболот на нашата националност, религија, уметност. Како знак и збор, преку него ги искажуваме нашите чувства, желби и амбиции, како и нашите стереотипи и предрасуди наспроти одредени култури или поединци. Јазиците не се само различни во начинот на говорење и значењето на зборовите, туку тие ги преставуваат погледите на светот на припадниците на соодветната културна и општествената околина.1+ Мојот јазик е мојот идентитет. Ја гради мојата личност, човекот во мене и ме одделува од останатите. Без него би бил загубен, со чувство како оние кои талкаат низ патеките на животот, минувајќи ги препреките лесно или со тешкотија, и не знаејќи каде одат, не знаејќи која е нивната цел. „Како измамени страдалници, во потрага по засолниште под туѓа стреа или гнездо“, заборавајќи на аманетот од предците како проклетие за заборав на своите национални корени.2* Мојот јазик, моето духовно богаство, моето наследство и мојата иднина, тој ме прави она што сум. Да си го зачувам 1+Герм. соц. В.Ф.Х. 322


МојоТ јазик, Тоа сум јас

сопствениот идентитет, значи да останам верен на својот јазик, значи да го зачувам како нешто свето, бидејќи со тоа останувам верен на духот на своите прадедовци и го почитувам тоа што тие го имаат направено за своите наследници. Запишано е, ако коренот на јазикот се промени, ќе се смени и името на Постоењето, нови кумови ќе го крстат веќе создаденото. Тој што не го почитува и не го прифаќа – ме отфрла и Мене, не Ме признава, како личност, не ме прифаќа како Човек. Како сведок на негацијата на оваа Ораница и нејзиниот јазик, кој го говорам, моите Непризнавачи ме прават тажен и имаат намера да ме фрлат во длабоката бездна, оставајќи ме без културен идентитет, исполнет со тегобност - „бришејќи го она што сме го научиле како поука од допирот со болката, страдањата и маките“, на сите кои претходно го искусиле одот по патеката на нашето Говорење. 2* Човештвото укажува за меѓусебно почитување и толеранција. А, кога се нарушува личниот интерес и не се признава Постоењето, повеќе нема мир и соживот, се добива антрополошка карактеристика на саможртвување, бранејќи го сопственото – оставен Завет од нашите предци носејќи го од внук на внука. „Секој човек лично е градител, носител и уривач на својата среќа, на своите радости и задоволства на своите небиднини и страдања, на својата судбина... Секој ја носи до крајот на животот папочната врвца на своето раѓање, со сите свои белези“ – запишано од еден наш предок, кој нè задолжува и појаснува дека „нашето потекло е од истиот вруток, од истата утроба, но секој треба да се бори и стреми кон постигнување на сопствената цел“.3* Само оној кој што ќе го почувствува товарот и маката на „неизораната бразда“, ќе разбере каква е таа болка и тага, какво е тоа разочарување и тешка битка за која сигурно вреди, 2*Хроника на една младост - Н.К. 323


човекот достоинствено да се избори и да најде излез во долгиот и мрачен тунел за да може конечно, здогледувајќи ја светлината, го најде патот на победата и вистината. Ниту еден, нема да остане мирен и нема лесно да се предаде. Оваа игра продолжува. Нека каже секој како си мисли и си разбира. Застанувам простум, одлучен – не дозволувајќи никој да ја истисне срцевината полна со вредности која ме карактеризира како епигон. Мојот јазик е моето постоење. Најдобрата одбрана не се состои во никакво навредување кон непризнавачите и враќање со иста мера, туку продолжување по патот по кој сме тргнати. „Милоста на нашиот јазик е наш долг и наше право“...тоа се „гласовите на нашите татковци и мајки, гласовите и зборовите на нивниот мајчин јазик“ - наша духовна храна.3* Доволна е разумноста, моралот и сполотеноста – тоа е стремежот по кој се чекори и само тој ќе успее да ја докаже голата вистина дека секој има свој јазик, кој го носи длабоко врежан во срцата и душите како нераскинлив плод создаден од нашите древни татковци. „Да испратиме една порака како зрак, на тие, чии заборав легнал во темните агли на умот, им испраќам пробуден сончев зрак да го пронајдат патот до својата мисла да се пронајдат самите себе...“ и да го сочуваат мојот јазик затоа што тој е нашата светиња.4* Ѓорѓи Димитровски II-1 СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ Ментор: Роска Јовановиќ

3* До мојот читател, Хроника на една младост - Н.К. 4* До мојот читател, Хроника на една младост - Никола Кљусев 324


МојоТ јазик, Тоа сум јас

ЈАЗИКОТ НАШ МАКЕДОНСКИ Јалдазлив глас мирски Аз буки веди од дамнина, Заветот свет Исконски од Кирил и Методиј, од учителите, Од просветителите. Траен извор од срце што извира. На народот наш вечен благослов. Ангелски вдах на словенска душа. Шумоли за коренот да не се сотре. Милина ме облева кога зборувам, А, б, в, ф - глас по глас кога нанижувам, Кога со свои букви на свој јазик се изразувам. Евангелие од светлина, Доаѓа, нè опсипува. Очи и душа да отвориме. Нашето богатство да го сочуваме. Со почит и достоинство да го уживаме. Како што ние сме дел од него И тој е нашето постоење. Ангела Јончиќ СОУ „Таки Даскало“ – Битола II 12 – гиманзиско образование Ментор: Весна Јовановска

325


Мојот јазик – тоа сум јас Уште во првиот миг на нашето раѓање, уште по првиот здив на нашето постоење, го слушаме говорот на нашите мајки, на дедовци, прадедовци... ...И додека чекорам кон изгрејсонцето на животот, -јазикот е мојата светлина, моќна сила што ме движи напред, најсилно оружје, чувар на моето јас. на мојата самобитност. Мојот Јазик, е корен на стеблото што народот мој го држи цврсто, исправено. Без мојот јазик, јас сум празна душа што талка во темнина.

326


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Без мојот јазик, јас духовно не постојам, вистински не живеам, но само, замислена проекција. Мојот јазик – ми дава припадност, ме прави целосен, ме прави различен од светот надворешен. Мојот јазик - е мојот завет! Мојот долг! Мојата вистина! Моето – Јас! Мојот јазик – тоа сум јас Валентино Димитров, 4-4 Средно Електротехничко Училиште „Михајло Пупин“ – Скопје Ментор : Елизабета Б. Стамевска

327


Свет е овој јазик Мој е овој јазик, непресушен и недогорен, моќен и благороден почеток без крај на збор недозборен. Славопејски е и многугласен мирен, тих и богозвучен, ама в срце го носам како завет, за секој пат и за на век! Словенски е и антички нека биде, македонски е јазик тој, со моќен збор се прогласи, низ Европа глас мој – јазичен спокој. Македонијо богодарна, јас за тебе пеам, на јазикот што свети луѓе го надградиле, Свети Кирил и Методиј писмо ни дариле.

328


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Се радувам, пеам и тагувам, со зборови сочни на јазиков, што изникнал како цвеќе, од памтивек па до наше време. Не ме бркајте и мачете, јас си имам свој родослов – -јазик стар и вековечен, Како божјо слово изнаречен. Не е грчки, српски ни бугарски. Не е туѓ ни просторечен, туку звучен прв и најзначаен, на македонски народ изнамачен. Македонски е овој јазик, од Библија крстен и осветен, со сонце светло и бендисано како момче пред мома армасано. Сега имам душа полна И срце среќно и радосно, се радувам и ликувам на цел глас, дека мојот јазик – тоа сум јас. Стојче Речаноски II година СОУ„Коле Нехтенин“- Штип Ментор: Сузана Арсова

329


Мојот јазик – тоа сум јас Ѕвезда си моја најсјајна, најкроток спокој мој си ти, душевен мир за среќа, завет од прастари дни. Доверба секому врежуваш, чуваш вековни сни, те чувам и јас од незаборав, причина си ни за постоење од дамнини. Вредноста твоја е голема, живот носиш со нови дни, отвараш врати, светови нови, белина даваш во младешки сни. Патот кој ни го осветли, до недоглед, на далеку нè води, блескав си сончев зрак, Деница сјајна, светлина наша што нè препороди. Имам храброст сè да кажам со тебе, можам и збор убав да речам, буква да напишам, срце да отворам, слепило на очи да спречам.

330


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Како најскап дар од раѓање, јазикот мој е со мене, тој е тука, срцето негово без сомнеж за овој мој народ без престан чука. Го милувам јазикот бесценет свој, со гордост кажувам која сум, кажи и ти, гордо застани, стој, потпора цврста имаш - јазикот свој.

Мартина Ангелова III-5клас, СОУ„Ванчо Прке“, Виница Ментор: Тања АнакиеваДавитковска

331


Мојот јазик- тоа сум јас Имаше нешто исконско во секој вокал и секој консонант од нашево мајчино писмо. Во секој глас како да се слушаше она нашето, седум осминското. Врз секоја буква како да капеше восокот на Кириловата свеќа од затворската ќелија. За секоја нишка светлина додека читам и пишувам се чувствувам благодарно ко Рацин за неговата Месечина. Мојот јазик секогаш кај мене буди стравопочит и раѓа нежен поклон кон тајната која е смисла на животот. Кон тајната која со секоја буква се открива и повторно се препокрива и станува уште потаинствена. А знаеме за што зборувам, нели? За тајната што уште од деветти се пренесува од солза на крв, од крв на солза и така со генерации и генерации. За тајната која ни даде штит во раце во моменти кога од сите страни нé пречекуваа со пушки и ножеви. За тајната која со храброст ја крепеше нашата слабост. Која им даваше сила на Тутуноберачите секое утро носејќи ги на нива. Која имаше сила да ги издржи сите наши колнења на судбината, зашто нé раѓа ко луѓе, а нé погребува - робови! Истата тајна која плачеше заедно со Месечината на гробот на Ленка, а ги бришеше солзите од првата љубов кон Бисера. Народе мој, татковино моја, тајно моја од прадедовци... „Сино парче небо во два прозора, и мојата душа рефлектирана во него... Конгломерат од болка, патила, восклици, соништа, занеси, визии и болка... болка... и рана... “

332


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мили мои души страдални... Напатени. Тајната слушнете ја преку смислата на моите зборови, или барем нивната трага со мастило, па слушнете го и грмежот на тапаните и писокот на зурлите како извира некаде од длабочината на вашето срце. Како ве поведува со востаничка гордост, почувствувајте! Како и вие дознавате, се сеќавате дека секогаш сте знаеле, па се фаќате до вашите дедовци, татковци и прадедовци и заедно го виете Тешкото. Одеднаш сé е толку просто и едноставно, нели? Сега сé ви е јасно...

Не ќе постои народ побогат од МОЈОТ, Не со златници ил’ имоти, туку со речитост, зборови и ЈАЗИК Капка крв од моето тело и душа, мене мастило ми е ТОА Гордост што Македонка СУМ Засекогаш в срце ќе носам ЈАС

ПС: Тајната се крие во клаузулите! И во мене и во тебе и во сите нас. Изработи: Драгана Крстевска II5 СОУ„Гим. Добри Даскалов“ Кавадарци Ментор: Кочо Кочов

333


Мојот јазик - тоа сум јас Ќе биде ли доволно да ги прегрнам овие планини кои ме заштитуваат, да се заробам во себеси и да не испуштам крик под засолништето од сенките на големите бујни дрвја? Ќе биде ли подобро да молчам кога сите други се обидуваат да ме направат она што не сум и никогаш не сум била? Најтешката работа што можам да ја правам е да се однесувам како странец во она исто катче во кое сум се родила, да се чувствувам како туѓинец во сопствениот дом. А доволно ли ќе биде да направам било што? Ми доаѓа понекогаш да врескам, да говорам колку што ме држат гласните жици, да се испразнам. И од сон се случува да ме разбудат темни мисли кои во реалноста се позастрашувачки, па мојата психа избрзува. Посакувам да излезам и над ова небо да напишам дека сум опкружена со луѓе кои се слични на мене, да објаснам, да изрецитирам дека ние имаме нешто заедничко што нè поврзува - еден заеднички јазик од кој почнува сè останато. Јазик кој не смее да биде засенет од морничавите слики на туѓинците кои несвесно ги тераме да се будат во нас. Се прашувам, а одговор нема. Размислувам, но мојата мисла не е доволна. Се погледнувам и повеќе како да не личам на себе. Сè е некако наметнато, различно. Некои делови се стремат да се сменат, а јас само пробувам да ги спречам. Чудно е можеби, да. Но само еден збор е доволен да нè спаси, мене и уште две милиони усни кои низ дваесет и седумте дијалекти ќе го доловат истото значење. Потребно е тоа за да се разгори тој огромен пламен кој најверојатно ќе нè направи најсилни, вакви какви што сме, мала група добродушни наивни луѓе. Ретко се случува да имаш услов да бидеш тоа што си. Лично по мене знам 334


МојоТ јазик, Тоа сум јас

дека само кога го испуштам воздухот на топлиот македонски збор, конечно се чувствувам како силно суштество покорно до крај. Во истиот дел од секундата сфаќам дека смеам да се наречам ЈАС. Можам да се пофалам или искритикувам, а сепак да ја разберам целата суштина на она што се крие во мене. А во моментите кога дождот паѓа од небото, а покрај мене сите се странци без никакви спомени, јас ќе тргнам да те барам тебе, драг пријателе. Ќе верувам дека сеуште постоиме таму некаде каде можеме да се сплотиме дури и на крајот од светот и да бидеме препознатливи по нешто единствено. Тогаш кога ќе знаеме кои сме, од каде доаѓаме и каде цел живот ќе се враќаме. Залудно е. Да се живее животот во еден број поголема кожа од сопствената величина или во претесна за да ја собере целата твоја вредност и култура, излишно е. Обои се и облечи се во она што најмногу ти прилега, додавај детали, надградувај го, направи го совршено - но нека е твое. Нека биде она по кое ќе те паметат другите, нека биде твој здив, твоја совест и мирна постела. За да слободно кажеш ТОА СУМ ЈАС. Мојот јазик, да. Тоа сум јас. Кристина Цонкинска IV-1 клас СОУ „Св. Наум Охридски“ Македонски Брод Ментор: Рате Савев

335


мојот јазик-тоа сум јас Слушам глас... гласот на мојата земја, на мојот род, мојот глас. Значи, живее мојата земја, мојот народ, живеам и јас. Со поглед кон иднина, кон вечност, кон постоење, кон траење - некогаш, сега, засекогаш. Мојот јазик-тоа сум јас. Сведочи тој за мојот корен, за моето потекло. Сведочи за Кирил и Методиј, за Климент и Наум, за Шапкарев, за Пулевски, за Мисирков, за Конески... за сите што се вградиле во него, за сите што го трасирале патот од кој нема враќање. Зашто, тука сме ние, да го чуваме, да го негуваме - тој е нашето оружје во борбата за зачувување на нашиот идентитет. Несомнено, секој поединец си го сака својот јазик како што го сакам јас: „милоста кон нашиот јазик е наш долг и наше право“ (Мисирков). Со полна душа гледам кон изгрејсонцето, кон знаменитостите што сведочат за нас, за нашиот карактер, за нашата борба да го зачуваме и градиме нашиот јазик. Секој јазик е вреден за себе, за народот на кој му припаѓа. Но, кога некој повеќепати посегнувал по него, го негирал (како кон мојот јазик многумина), тој добива во вредност во очите на народот на кој му припаѓа. Мојот јазик е најскапоцениот камен. Дури и кога бил забрануван во домашни услови на користење, кога не смеело да се создава литература на милиот јазик, нашите предци не се плашеле. Ја орале браздата што ја започнале храбрите дејци, го сееле семето за плодот да расте, да се множи, да зборува... да твори... на македонски... на мојот јазик. И родот мој не е мртов. Гласот и зборот македонски се слушаат. Детето се раѓа и го слуша првиот збор на македонски, 336


МојоТ јазик, Тоа сум јас

го изговара првиот збор на македонски. На мојот јазик. Се образувам на мојот јазик. Ги читам делата на безбројните наши литературни дејци кои го оживуваат словото наше и ја афирмираат нашата литературна традиција во светот. Јас не сум писател. Јас сум еден мал дел од мојата сакана земја. Една личност која го сака својот јазик и не дозволува да го негираат и уништуваат поединци. Свесна сум дека без јазикот сум никој и ништо, а така треба да се однесуваме сите: „Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш, исто така, како што ни е наша татковината ...“ (Мисирков) Стефани Божиновска III-с клас, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, Охрид Ментор: Татјана Дурнева

337


МОЈОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС Зошто го негираме својот идентитет? Зошто го подгазуваме сопствениот квалитет? Зошто забораваме на вистинските вредности, зошто не ги користиме нашите предности? Зошто образованието не ни биде приоритет, зошто не се стремиме кон национален идентитет? И дома странци се правиме и почнуваме туѓи зборови да славиме. Дозволуваме долговековната борба да згасне и новата генерација во непознато да порасне. Залудна е на предците секоја жртва, ако нашата свест е мртва. Да ја зачуваме нашата историја, но и да создадеме наша иднина. Да се гордееме со тоа што сме и со државата во која живееме. Културата и традицијата да ги негуваме, но и со задоволство во нови предизвици да влегуваме. Потеклото да си го знаеме и никогаш да не се каеме.

338


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Сите без страв или срам македонски да зборуваме, кога сме сложни никој не може против нас, самите ние сме нашиот спас. Секогаш гордо на сиот глас насекаде ќе кажувам: „Македонка сум јас“! Македонскиот јазик е мојот јазик, тоа сум јас. Тиана Лазаревска II год. ДУФК „Методи МитевскиБрицо“-Скопје Ментор: Анета Трајковска

339


“Мојот јазик – тоа сум јас” Сиот живот, мојата сила, најчудниот од сите светови, мојот копнеж, сета светлина, најубавиот од сите цветови. Најбучниот рај по векови во безгласни проклетства, мојот спас, најценетото од сите божества. Јазикот мој, тоа ми се корените, она што го имам, што го чувам во чест на заборавените. Плодната оаза во срцето на најтоплите пустини, во светот на измама, најмилата од сите вистини. Јазикот, тоа е нашиот универзален печат, дека не е наш, тоа мора сите да го одречат. Опстојал низ годините, го носеле во гените, ги радувал тој растажените, ги фокусирал замислените. Како сведок на едно време, го зачувал нашиот народ, нè обединил како едно, нè споил под небесниот свод. Со него комуницираме, желбите си ги разбираме, постојано го унапредуваме, и никогаш не запираме. Го имаме како наше најголемо богатство, она што ме исполнува, го задоволува моето љубопитство. Благодарение на него си ја откривам својата душа, но, учам и да разбирам, некого да сослушам. Не поставува прашања, кога, знам, не е лесно, има моќ да нè опорави, да нè излекува чудесно. Ни овозможува бегство од бесконечната изгубеност, ни дарува нешто за радост, ни покажува што е возбуденост. Јазикот мој – па тоа е она што сум јас, она што е моето срце – кога ќе го најде својот долгоочекуван спас. 340


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Тоа е она што во вистинска смисла ме прави човек, она што преживеало, што ќе остане довек. Најсовршениот од сите идеали, најблескавиот од сите дијаманти, тој нè воздигнува, им дава значење на идеите брилијантни. Она што се важи е дека со него ја менуваме историјата, да го штитиме од зла, тоа ни е зацртано во меморијата. Јазикот свој јас го сакам повеќе од сè, го имам како аманет, наједноставна вистина тоа е. Да го чувам треба како светост, за да постои, за засекогаш да нè весели, да може да нè успокои. Данилова Кристина, II-1клас ; СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово Ментор: Ана Димитровска

341


“Мојот јазик-тоа сум јас” Говорам, читам, пишувам на јазик кој почнал да се создава многу години наназад. Благодарение на нечиј труд, денес имаме свој јазик – македонски јазик. Јазик со кој се претставуваме пред светот, пред другите, комуницираме и споделуваме. Секој кажан, секој пишан збор е сведоштво, дека имаме свој јазик и тој јазик сме ние, тој јазик сум јас. Зарем немаме сите право на свој јазик? Да, имаме и го користиме како дел од себе, дел кој живее со нас бидејќи без јазик сме никој и ништо. Овој јазик со својата литература воспитно нè крева кон светот, кон нешто ново. Навистина многумина не го разбираат мојот јазик, но оние кои го разбираат, знам дека мојот јазик е и нивни јазик Викторија Лампевска II – 1 клас СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово Ментор: Ана Димитровска

342


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик тоа сум јас Мојот јазик е ѓердан исплетен од зборови. Претставува јазик чист, за секој граѓанин ист. Години пред мене предци наши во Македонија живееле, Македонци ги викале и македонски јазик зборувале. Мојот јазик тоа сум јас. Претставува извор на зборови кои ќе ги сретнеш во секои дворови. Насекаде се лее и од секој македонски збор по еден топол зрак се грее. Јазикот најсилно оружје, без него си никој и ништо. Горда сум со него јас и го кажувам тоа на целиот глас. Јазикот сила од зборови мојот јазик еден и единствен. Но сепак вреден, мојот јазик тоа сум јас! Цветанка Костовска IV- 2 СОУ „Ѓорче Петров” - Прилеп Ментор: Лидија Ристеска 343


Мојот јазик-тоа сум јас Колку само Mакедонци се обиделе, Колку само од нив загинале, Со многу пот и труд вековно течен Да го создадат нашиот македонски јазик вечен. Со безброј солзи, крв и мака Денес ние со гордост го зборуваме и пишуваме со пенкало во рака. Мојот јазик е мојата душа затоа што е од мене дел, најскапоцено богатство што ќе го имам во текот на животот цел. Со јазикот мој ќе ја поминам младоста, А со него ќе ја започнам и староста. Секоја нова капка дожд што ќе капне Ќе биде доказ дека македонскиот јазик никогаш нема да згасне. Со раѓањето на секоја нова зора, со првиот зрак Сè до надоаѓањето на самиот мрак, Јазикот мој македонски ќе го љубам до самиот крај Бидејќи тој е мојата гордост, моето срце, мојот рај. Зорица Балова IV3, СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци Ментор: Катица Манева

344


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Историјата ја ткаат емоции, страсти, верби и желби за да се создаде нешто ново, нешто што ќе го промени животот во позитивна смисла, нешто што ќе направи пресврт, што ќе го осветли темниот пат, црнината, едноставно нешто подобро за сите, а тоа всушност е јазикот. Постоел многу долг пат со слепи улици, со темнина, со казни, со заробена надеж и борба за она што ние, го имаме денес. Постојат многу преродбеници на кои треба да им се заблагодариме сто победиле во таа теска борба за да се создаде еден јазик и една нација со едно име: Македонија и македонски јазик. Младоста, не секогаш се согласува со животните вистини, не секогаш го прифаќа тоа нешто како што е. И тоа е нејзината сила. Таа им дава сила и верба на поетите за инспирација, за полет, за верба во иднината, токму младоста им овозможила на овие преродбеници да се ослободат од црните мисли кои, им тежеле на рамениците, кои ги мачеле дури и понекогаш ја затемнувале светлината на нивниот живот. Тие имале верба во себе дека можат да го сменат својот и животот на другите кон подобро, па затоа, тие почнуваат да творат, да создаваат нов прозорец кон светот. Поетите и писателите за жал, инспирацијата ја земале од своите тешки животи и состојби во кои се наоѓале, од тагата која ги обземала. Иако немале свој јазик, тие пишуваат и творат на народните говори каде што тие живееле, така ние и денес, можеме да видиме каков бил дијалектот во тоа време во некое подраче, со цел да се создаде една самостојна држава и еден јазик. Преродбениците и просветителите ги измачувале заради 345


тоа што твореле и им ги отворале очите на другите за тоа во каква лоша положба се наоѓа народот и неговиот мајчин јазик. Поетите во тоа време твореле за тешкиот живот, ропството, за јунаците, за опстанокот, за правдата која не постоела, всушност, тие разработувале разни теми на кои можело да се пишува. И сè повеќе луѓе оваа борба ја разбирале сериозно и почнувале да размислуваат за тоа како да дојдат до правдата. Листот и мастилото станале нешто најдрагоцено и единствен пат за конечно ослободување и осамостојување на својата татковина. Поетите скоро во сите творби ја опишувале Македонија и тешката судбина на овој народ, кој несомнено, се бори за правдина, тоа го потврдуваат творбите на Константин Миладинов, Кирил Пејчиновиќ, Марко Цепенков, на Крсте Петков Мисирков, Коста Солев Рацин, Блаже Конески и многу други... Имало понуди на образование кои биле привлечни, но сепак понизувачки. Така тие настојувале да го употребуваат народниот јазик по секоја цена. Несомнено овие творби на писателите од тоа време се важна алка во синџирот на писменоста и македонскиот јазик. Денес, имаме своја држава, свој јазик, токму благодарение на нашите предци кои се труделе да ги избават следните генерации од такви маки кои што тие тогаш ги имале. Денешната наша азбука е основана на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, кој барем по мое мислење најмногу се залагал за македонскиот литературен јазик. И така полека, со макотрпни измачувања, се создал нашиот македонски јазик. Јазикот за секоја нација е обележје, нешто највредно, па така и за нас. Една нација Македонија, еден јазик македонски... тоа сме ние... тоа сум јас. Кристина Атова I-1 С.О.С.У. Илинден Ментор: Валентина Милчевска 346


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Еве, денес решив да го пишувам ова дека јазикот идентитетот ми го кова. Знаете, мојот збор, сега, овде напишан Уште од дамнешни дни бил запишан. Окован во лист хартија, Врежан со избледени букви, црни, мали, Гордост е јазик да имаш свој И ништо да немаш, Од минатото во иднината За тебе дар е тој. Јас сум буква, јас сум глас, Фонема, збор, име Ме читаш без звук, Ме разбираш на лист Зашто јазикот е свет, Безгришен и чист. Дајте да ви зборувам, на мој јазик да ви пејам Сакам лист и пенкало за букви да жнејам. Нива јазична богата ќе ископам вредно, Нека плодот остане повторно тука, За иднината од предците богатство едно. Катерина Иванџикова II4 СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија Ментор: Жаклина Атанасова 347


Мојот јазик - тоа сум јас Некогаш Крсте Петков Мисирков рекол: ,,Долгот кон татковината и народот, до неговото исполнување се вика народен идеал и кон неговото исполнување треба да се стреми секој човек.” Во животот на човекот има многу вредности кои тој ги почитува, ги цени и се стреми да ги сочува или оствари. Сите луѓе без разлика на кој јазик зборуваат и од која земја доаѓаат имаат слични идеали: традиција, култура, религија, пријатели, семејство и сл. Сите луѓе имаат исти мисли и чувства, исти копнежи и стремежи, исти желби и мечти. Единственото нешто по коешто се разликуваме едни од други е јазикот. Јазикот од нашите предци, нешто што ни останало и за кое треба се бориме сите заедно сплотени како едно. Важиме за народ кој умее да почитува и да помага, но не и да биде наивен. Знаеме дека сите луѓе се исти, не правиме разлика меѓу различни националности или религиозни определби, немаме предрасуди кон другиот, сметаме дека е убаво да се знаат јазиците на другите земји, да се посетуваат другите држави и да се запознаваат нови обичаи, нови култури. Но, знаеме и дека нашиот јазик е единственото нешто кое нè прави посебни, кое нè обележува како единствен, автентичен и неповторлив идентитет, народ, култура, традиција. Затоа кога ќе се спомене нашиот јазик, внатре во нас се разгорува огнено патриотско чувство и национална свест. Ние сме луѓе со топло срце и мека душа, подготвени сме за помагање, советување, гостопримство, па затоа и нашата мала, мила татковина, Македонија, е прочуена надалеку и често е посетувана. Бидејќи сме мирен и тивок народ, нашите први соседи мислат дека можат да прават што сакаат со нас. Од сите страни сме обиколени со соседи кои на секој начин се обидуваат да ни ја наметнат нивната волја. Ја поседуваме најубавата географска положба - срцето на Балканот и сме честа 348


МојоТ јазик, Тоа сум јас

мета на соседните пропаганди. Постојано слушаме на вестите како соседните земји се борат едни за промена на името на Македонија, други се огласуваат против нашата црква, едни го негираат нашиот јазик, други се борат за нашата територија. Целта на сите е иста: уништување на македонскиот јазик и култура, а преку нив истребување на македонскиот народ и исчезнување на македонската држава затоа што јазикот – тоа е душата на еден народ, а еден народ најлесно се претопува и брише од географската карта ако му се одземе душата. Одземи му го јазикот на еден народ и тој повеќе не е свој. Ние сме сиромашен народ, потекнуваме од аграрна земја, каде што отсекогаш многу се работело за да се заработи за корка леб. Се раѓаме, ги слушаме првите зборови на нашиот мајчин јазик кој со топлина ни го грее срцето и ни ја скротува душата. Растеме на ова мало парче земја каде се има пролеано многу крв, многу жртви и многу горчливи солзи. Учиме за историјата, учиме за нашата богата и мачна историја, во која иако сме биле петстотини години под турско ропство, сме успеале да се избориме за слобода и да покажеме дека сме храбри и истрајни во тоа што ќе го замислиме. Ја осознаваме сегашната реалност, ја планираме иднината. Мислиме, чувствуваме, говориме, се градиме како личности со помош на нашиот мајчин јазик. Јазикот – тоа е личноста и карактерот на македонскиот народ. Македонскиот јазик – тоа сум јас. Како детето што не може без мајката, така и јас не можам без мојот јазик. Затоа треба да се бориме и да го штитиме ова богатство што ни е оставено во наследство. Треба да ги изгониме неканетите гости на секој начин од нашиот дом и да ја испратиме оваа порака до сите Македонци: Чувај го јазикот, чувај се себе си! Без него не си свој, без него си никој и ништо! Марија Лазаревска, IV година СОУ „ПЕРО НАКОВ“ – КУМАНОВО Ментор: Елена Георгиевска

349


Мојот јазик – тоа сум јас Потомок на Наум и Климент Живеам во овој амбиент Во светот ме препознаваат Љубов и почит ми оддаваат. Некои не ме познаваат Други не ме признаваат, Но јас упорно ќе опстојам Да разберат дека постојам. Мојата иднина и среќа се тука Во оклината и целиот свет Македонка сум и ќе останам тоа Само така останувам своја. Стефани Кузманоска – I – 1, СЕОУ Гостивар од Гостивар, Ментор: Габриела Петроска

350


МојоТ јазик, Тоа сум јас

,,Мојот јазик- тоа сум јас” Bo животот секој се радува на зрак од светлина која му ја стоплува душата и му го разнежува срцето. Ако во нашето срце пуштиме по неколку раце тие ќе направат да изгрее сонце кое ќе биде најблескаво и најсветло. За мене најсветлото и најблескавото сонце кое ми го грее срцето е мојот јазик. Јас почнав да го изучувам мојот мајчин јазик од мојата седма година. На почетокот ми беше тешко, но подоцна, како што поминуваше времето ми стана полесен и сега тој за мене претставува прозорец кон светот. Знам дека колку повеќе учам за својот јазик, толку повеќе прозорци се отвораат и толку повеќе светлина влегува. Колку повеќе учам за својот јазик, толку повеќе го запознавам светот и сè повеќе светот ме запознава мене, зашто токму јас сум претставник на мојот јазик низ светот. Јазикот за една нација претставува едно од најважните обележја и токму тој нè прави различни од другите, нè прави свои. Еден ден сите ќе остариме и ќе се измениме, но јазикот е оној кој останува и после нас. Можеби развиен, изменет, но македонски. Затоа, наша прва должност е да го чуваме и негуваме. Можеби некој некогаш ќе се обиде да го смени нашиот јазик, но наша должност е да го спречиме тоа и да им го пренесеме на нашите деца и внуци онаков каков што нашите родители, баби и дедовци ни го пренеле. Нашиот јазик претставува аманет за идните генерации кој мора да го сочуваат ако сакаат да не се заборави јазикот на нивните предци. Она што јас им го порачувам на сите сегашни и идни генерации е да го чуваат и негуваат јазикот, зашто ние го претставуваме него, а тој нè претставува нас и нашата земја. Едно сме, отсекогаш, сега и засекогаш. Томина Стојаноска - I 2 клас СЕОУ Гостивар од Гостивар Ментор: Габриела Петроска 351


Мојот јазик – тоа сум јас Кога за прв пат стравот би се рабудил во мене, би ме мачел ден и ноќ, но зошто да се случи тоа? Тука произлегуваат многу причини, многу двоумења, предизвици... Како би се случило тоа? Без мојот јазик, јас сум нула, навистина е така, како јас да ја покажам мојата љубов, како да го раскажам гневот, болката, како да го надминам стравот, а како да ја пренесам радоста, кога би немало збор и свој јазик. Би била слепа при очи, нема при уста, градов за мене ќе биде темна улица, а целиот свет како една нејасна слика. Нешто што нè гради сите нас, е нашиот јазик. Богатството не го барам во ништо друго, не го споредувам мојот јазик ниту со најскапоценото парче кое за миг може да ја изгуби својата вредност. Мојот јазик е печат, кој во мене стоел, стои и ќе стои засекогаш. Ќе ме прави посебна, и насекаде ќе покаже дека тоа сум јас, тоа е нашиот јазик и преставува најголема гордост која живее во мене, во сите нас... Без нашиот јазик ќе чекориме во нејасни правци, нема да се сретнеме бидејќи нема да знаеме како да го направиме тоа, ќе пловиме, но нема да сретнеме крај, ќе живееме без никаква цел. Кога би погледнала што имам би рекла дека имам сè. Го имаме најдрагоценото кое треба да го чуваме и негуваме сите заедно, бидејќи тогаш сме најсилни. Нашиот јазик за кој се бореле пред нас, да го имаме ние сега, нè штити и нè носи до врвот, а нас си преостанува да бидеме достоинствени и со гордост да кажеме дека сме Македонци, а всушност тоа сме ние! Шареска Росана IV2 клас СЕОУ – Гостивар Ментор: Габриела Петроска 352


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Мојот јазик, моето возвишение. Мојата сила и моето постоење. Сè додека сонцето грее зад него сенката ќе се лелее. Само во родниот крај јазикот развеселено поскокнува од камен на камен. Во срцето среќа, а во душата спокојство. Мојот јазик, искра надеж и светлина во густиот и темен мрак. Капка вода од бистро езеро. Ти благодарам боже! За јазикот мојата единствена татковина, моето царство. Без јазикот сме никој и ништо! Војник без своето најмоќно оружје. Лудите реки нека го однесат заборавот на јазикот. И нека биде вечно неговото постоење. Луѓе покажете ја својата човечност! Да го зачуваме нашето најголемо богатство, затоа што тоа сме ние. Ништо не е посветло и повозвишено од чуството да зборуваш на својот јазик. Зборовите како златни гулаби излетуваат и го красат јазикот. Јадранка Софијанова III-1 ССОУ,, ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ”ВЕЛЕС Ментор : Слободанка Илиевска

353


МОЈОТ ЈАЗИК, ТОА СУМ ЈАС Мојата земја Македонска татковинско огниште за сите нас! Живеам во земја, која ми е аманет од моите предци, Зборувам јазик, кој ми е завет од моите прадедовци! Живеам во Македонија, земја родина! Зборувам македонски, вечност непобедлива! Мојот јазик е сведоштво за земјата македонска... Распарчувана и разорувана, Разграбувана и отуѓувана! Мојот јазик е непресушен сведок за народот Македонски... Угнетуван и понижуван, откорнат од своето огниште, протеран од родното двориште! Мојот јазик македонски, со векови низ темнини броди! Светла искра во темни видици води, Како пламен живот разгорува, За чеда македонски зборува! Мојот јазик македонски говори за Македонија, земја прадедовска.... Длабоко на дното на оваа земја македонска, 354


МојоТ јазик, Тоа сум јас

срце македонско непрекинато бие, сета тага и болка во неа се испреплетени, сите солзи во неа се впиени, од очи македонски излиени! Кавал што душа распарува, осумкрако сонце земја македонска грее, песна македонска болка в гради намалува, земја македонска засјајува! Мојот јазик македонски е како сонце на небо што сјае, тој е вечност и ќе трае! Нека ни е вечна земјата Македонска, за која Македонец солза лее! Нека ни е вечен јазикот прадедовски, со кој Македонец таговна песна пее! Нека ни е вечен јазкот Македонски, кој сведочи за нашето живеење, за нашето постоење!!! ИРЕНА ХРИСТОВА IV-6 СОУ,, Гимназија Кочо Рацин’’ Велес, Македонија ментор: Драган Тушев

355


МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Повеќе сме од суштества, повеќе сме од животни, повеќе сме од пралуѓе. Да! Ние сме луѓе. Подобри во сé, најсупериорни во видот. Реални, креативни, опевливи во поезијата. Со прекрасни одлики, ние, луѓето, сме најблиски до совршеноста. Цениме љубов, чест, слобода, некои нешто повеќе од друго, но скоро сите сме благодарни за тоа што можеме да мислиме, кога некои не можат. Мислата, слободата на умот, таа ни ги дава логиката и креативноста. Мудрите ја користат за создавање, таа е тоа што нé ближи до Бог, а со тоа и до совршеноста. Уметноста, ја забележуваме, ја почитуваме, ја цениме, искрената и апсолутната уметност, како што е самата природа, нашата мајка. Со мисла, со уметност, со слобода главно, тоа нè прави различни меѓу нас, луѓето. Култури, лица, тела, форми, изуми, конфликти, спротивни мисли, желби, сонови, страсти, депресии. Тоа е сé што нé прави индивидуални. Но, што сум јас, па дури што сме ние, ако не само едноставни заробеници на мал камен, нормално кога ќе ја споредиме со туѓата големина. Самите затворени, заробени, па и покорени на средината, тежнеејќи кон поголемото, постојано обидувајќи се. Кога еден ќе забележи дека сам е мал и нистожен, кога сам ќе забележи дека е лесно занемарен од драстичната и грациозна големина на универзумот. Тогаш! Тогаш тој ќе размисли и на крај ќе разбере дека со информацијата и со човековиот контакт, тој може да ги отствари сите свои желби, а ако не може, барем ќе се доближи до нив вака, повеќе одколку што би можел сам. Контакт, пренесување на нашето ценото, на нашето самовреднато злато со друг. Имаме потреба, неопходна 356


МојоТ јазик, Тоа сум јас

потреба од социјализација, тоа ни е вродено, тоа е во нас, затоа ние комуницираме. Како? Со системи, модерни и софистицирани, кои континуарно растат и се шират. Симболи, сигнали, сите тие знаци, сите тие значења, сите тие алати со коишто се користиме во секојдневието. Јазиците исто така се и различни, нормално поради нашата потреба од индивудуалноста, од потребата да се докажеме, какви сме ние, што не само што сме заробени во непознато место, но и во нашите умови, со мисли трогателни, со својства кои нé дефинираат. Ова значи дека ние луѓето, не сме целосно слободни. Да погледнеме што ни значи јазикот. Тој да, е систем од знаци, тој да, го користиме за општење, но што создава тој кога е различен од друг туѓ јазик. Тој нормално ја дефинира нашата култура, а туѓиот туѓата. Тој вака има можност да створи конфликт, барем некаков проблем од некаква големина. Конфликтот, знаеме дека е нешто негативно, дека создава проблеми и го отежнува краткиот живот кој што го имаме. Борби, битки, војни, сите овие се зборови од нашиот и мојот македонски јазик за пролеана крв, за зачната болка, за одземени деца, одземени родители, одземена љубов и заменета со омраза. Со ова, па и дознавме дека ние луѓето покрај тоа што сме заробеници на светот, и на мислите, но и во природната анархија која што сама нé дефинира. Можноста да се отстапи, да се даде, да се подели, да се сложи, да се милува и грижи, чесно да се постапи, е ваквите нешта не ни се подадени од природата, туку тие ни се од нашата страст, нашиот мотив и детерминираност за поголемото, подоброто, посовршеното. Личен поглед да дадам, би посочил дека, со мојот личен мајчин и литературен јазик, а тоа е македонскиот, личен за Македонија, за нашата република која содржи Македонци како мене, нормално меѓу мнозинството од народот, односно жителите на оваа територија. Со никаквна намера да навредам, ниту да стапам во забуна, јас искажувам кротка и рамнодушна 357


патриотска мисла, дека мојот јазик, мојот првонаучен, мајчин јазик е искрено нешто што ме дефинира. Па, да заклучиме, да реализираме, ние луѓето, барем на прв поглед, дури и со подзатворено око сме интересни, а тоа со сигурност го кажувам. Заробеници од различен тип и калибар, да, дури и со самиот крај на овој текст, мислењата лесно се граничат, сите сме различни. Јазикот како едно од тие. Тој е наше богатство, и нормално како и со секое богатство тој треба да се цени и да му се посочи благодарност и почит. Затоа, наредниот збор, наредната мисла, нека ви биде промислена, само така сте специјални, така се одделувате од другите и се возвишувата себеси како индивидуа. Како човек. Филип Маркоски III-1 СУГС „Панче Арсовски” Скопје Ментор: Јован Петрески

358


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас “Таму кај што одѕвонува и како стар златник се врти нашиот збор, знај чедо мое дека тоа е нашата држава, нашата татковина.” Славјански аманет Јазикот е идентитет на секој народ, тоа е онаа тиха и моќна сила која брегови рони и го спојува народот на едно место, во една држава. За еден народ јазикот е најубава роза во градина, најсјајна ѕвезда на небото. Народ без јазик е како долга песна на која и недостигаат ноти за да биде отпеана. Народ без јазик е како човек што талка сам и исплашен во темнината, кој не знае кај тргнал и кај ќе дојде. Јазикот е нешто драгоцено, нешто што треба да го чуваме, нешто непроценливо. Тој е печат на еден народ, книга испишана со спомени кои сведочат за нашето минато... Ковчег од богатство носен и предаван од колено на колено, преку долината на времето. Мајчиниот јазик е долг, нешто свето, кое треба да го чуваме, неговаме и пренесуваме на идните генерации.Тој е ведрина која вдахнува живот на мислите и чувствата. Јазикот е скапоцен дар, оставен како аманет од нашите предци. Ние сме должни да го чуваме тој дар, бидејќи е наш, како што е наша татковината. “Да се откаже човек од свој јазик, е како да се откаже од себе си, од своите корени и интереси” -рекол Крсте Мисирков Ние како македонци, ќе останеме верни на духот на нашите предци и ќе го почитуваме трнливиот пат, кој тие го поминале за да ние денес зборуваме на мај­чин јазик. Јазикот е наша срж, битие, наша иднина. Јазикот е моја духовна татковина. Мојот јазик е мојот белег, моја гордост. Мојот јазик - мојот корен, мојата душа и моето јас. Леона Лазаревска I-4 СОУ Гимназија „Гоце Делчев” Куманово Ментор: Анита Павловска 359


МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Сонуваат ѕвездите небото сребрено , со сета убавина месечината заспала оваа убавина здив зема во ноќта, осамена тиха едно дете на јазик мајчин пишува најубава поема. Македонијо, земјо исконска прадедова со златен клуч ја отворам маѓијата на твојата вечност на твоето исконско постоење. Земјо на словенската писменост, јазик и култура. Во древен Охрид кај чинарот стар во ѕидините на Охридската школа се родија азбука и јазик. Земјо, Климентова, Прличева летна песна над твојте ридови и гори ехото на историјата спомени ми враќа, див ветер ја гали душата моја и вечно нека живеат нашите добродетели. Македонијо, јас и ти сме едно еден копнеж и една мака. Со првата капка од мајчиното млеко, со првиот чекор 360


МојоТ јазик, Тоа сум јас

и првиот збор Јас го учев јазикот најмил мој. И долг е тој пат тежок и трнлив годините минуваат Вековите се сплотуваат. Круме и Блаже Горди чеда твои напишаа Граматики за генерациите нови. а Прохор Пчињски Тој паметник вечен, на Илинден славен четириесет и четврта се донесе историска Одлука за првпат мојот народ доби јазик свој. И долго во ноќта се славеше овој ден, Звукот на зурлите и тапаните ги сплотуваа хоризонтите. И потече река надојдена брза, Седумдесет години мојот народ на мајчин јазик создава и твори. Сонуваат ѕвездите небото сребрено, со сета убавина Месечината заспала оваа убавина здив зема едно дете на својот народ му подарува најубава поема. ТРАЈКОВСКА ГОРДАНА I-3 клас СУГС ,,ДИМИТАР ВЛАХОВ“ - СКОПЈЕ Ментор: МИЛЕ ВЕЛИЧКОВСКИ 361


ЈАЗИКОТ НАШ-ТОА СУМ ЈАС Ни даде Господ небо сино, Ни даде Господ јазик наш македонски, Јазик на кој зборувале дедовците, прадедовците... Го говорам овој јазик Со љубов што извира од дното на мојата душа Затоа е толку милозвучен, убав Зарем тој не постои, Зарем јас не постојам, Ја барам вистината! Го ѕидале во далечното минато нашите предци Преку Кирил и Методиј кои на Азбуката наша се творци И нивните ученици Климент и Наум Па плејада на народни творци За македонштината наша најголеми борци. Клето турско ропство тежи, Балканските војни се нижат Светските веќе се ближат... Народот наш напатен вера и јазик не менува... И сега по толку века Кога се искачив на вишната Шара Погледнав во висините За јазикот наш прашав. Слегов кон Вруток кај Вардар тихо тече, шуми за јазикот наш прашав. Прошетав и до Охрид древен...

362


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Битола, Стара Чаршија Сегде јазик ист, јазик наш македонски. И наеднаш пред мене, ко на јаве да беше гордо исправен првиот премиер Никола Кљусев стои в очи плам му блика од љубов кон нас гори па тихо проговори ЈАЗИКОТ ДА СИ ГО ЧУВАМЕ ЈАЗИКОТ ДА СИ ГО НЕГУВАМЕ САМО ТАКА ИДЕНТИТЕТОТ ЌЕ СИ ГО СОЧУВАМЕ! Јазикот наш-тоа си ти Јазикот наш-тоа сум јас Јазикот наш-народот македонски собран во еден глас. Исидора Димитриевска II5 Ментор: Татјана Мартиновиќ, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово

363


Моето име-тоа сум јас Јас, бескрајниот талкач на идеалното, вљубеник во музиката постојано ги слушам сивиите тонови кои допираат од дворот на моите соседи па срцето ми го параат ко во него нешто да бараат. Да, во него ќе ја најдат вистината, јас сум македонка и го говорам својот македонски јазик, јазикот на кој зборувале и моите предци. Цврстата верба во сопственото постоење и артуровата желба да опстоимена овие балкански простори кога: „Сите за брата вијат, кој да го дели, кој да му глодат сувите му коски“ ми дава храброст да ги засвирам нежните милозвучни тонови на мојата виолина па сите да ги слушнат, мојот јазик - тоа сум јас. Го изговарам секој збор со љубов што извира од исконскиот нагон да покажам дека постојам, дека живејам. На оваа мало парче земја постои Македонија и мојот напатен македонски народ кој од колено на колено си го негува култот на убавината на својот јазик. Секој изговорен збор на срце милината, ме разгалува, ме разнежнува, срцето ми го исполнува со несекојдневна топлина. И веднаш помисла и констатација мојот јазик е најубав! Не се спротивставувам на новите ветрови кои доаѓаат од сите страни и го нишаат моето кајче наречено јазик. Но, јас цврсто стојам веслајќи го веслото кон вистинскиот правец, правец на зачувување на мојот јазик, а впрочем тоа е и коренот на моето постоење. Нека свежината на ветрот донесе нов бран освежување, нови зборови кои ќе го освежат мојот

364


МојоТ јазик, Тоа сум јас

јазик, со нови неологизми, нови интернационализми, но да не дозволиме ветрот на заборавот да ги одува нашите стари македонски зборови кои натопени со крвта црвена на нашите дедовци, прадедовци стануваат уште погласни поборници за зачувување на нашите корени. Јазикот е огледало на еден народ, а неговата култура и традиција слика во тоа огледало. Ајде сите да погледнеме во него, да се пронајдеме себе си, каде се наоѓаме на крстосницата која за јазикот живот значи, јазикот да си го негуваме само така ќе може идентитетот да си го сочуваме. Секој сочуван збор од правта на заборавот за мене е блескав златен трофеј цврсто згрнат во мојот преграб кој ме исполнува и искачува до висините, а срцето почнува силно да бие од задоволство. Огнот во мене силно блика, гори, фрла пламени јазици кон негаторите на мојот јазик и моето постоење. Моја сила и моја храна да истраам на тој пат се грешките од минатото кои како верна сенка ме прогонуваат. Логично прашање кое следи, од каде толку турцизми, толку србизми...? Влијанието на општественото живеење, опкружувањето од соседството, петвековното турско ропство се одразиле негативно врз ведрите тонови на мојот јазик. Тоа пак ни дава за право уште поцврсто да застанеме на браникот на одбрана на својот мајчин македонски јазик и култура. Мојот јазик-мојот единствен спас да покажеме пред светот дека постоиме, дека може во оваа бурно време-невреме да опстоиме. Сиот македонски народ собран во еден глас мојот јазик-тоа сум јас. Исидора Димитриевска II5 СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово Ментор: Татјана Мартиновиќ

365


МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Каде го бараме почетокот? Јас го изгубив. Застанав некаде во некоја темнина. Го изгубив почетокот или себе си, не знам. Почнав да ги собирам сите чувства во себе, сите солзи на едно место, во душата, сè дури и таа не прозборе. Некогаш е премногу тешко да се зборува, ама да не беше јазикот, зарем некој ќе ме разбереше? Да елаборирам на темата за јазикот и нема да е безвредно. Тој ме опишува мене, мојот народ, мојата држава, нашето постоење. Не постои од вчера, ниту од денес. Туку со векови наназад испишува историја самиот со себе и самиот за себе. Замислете како било кога сме немале свој јазик. Луѓето зборувале, ги кажувале мислите, случувањата, ама не ги чувствувале како свои, затоа што ја немале индивидуалноста, слободата во себе. Но одеднаш се појавува јазикот, и со негова помош се подобрува разбирањето помеѓу луѓето. Сите цивилизациски вредности се пренесуваат на генерациите што доаѓаат. За да се искачиме некаде, првин треба да чекориме. На врвното скалило се почетните и воедно најважните чекори на браќата Кирил и Методиј, од каде што се открива и осветлување од уште еден светлосен зрак во нашата историја. Да не биле тие луѓе пратени од Бога, би постоела ли глаголицата? А пак, кој би го пренел нивното знаење и учтивост за ние денес да ја имаме кирилицата? Не постои човек кој не слушнал за нив, кој не се израдувал кога ги опишувал своите чувства на свој јазик, и затоа благодарност кон нив, кон нашите први учители. Секој следен чекор бил позначаен од претходниот. Се 366


МојоТ јазик, Тоа сум јас

оформил македонскиот јазик, се појавила граматиката, функциите на јазикот, се создал и македонскиот вокабулар. Тоа веќе претставувало ново време за луѓето, нов поглед кон светот. Секој почувствувал колку е убаво целосно да можеш да живееш со сопствениот јазик, да не се плашиш да твориш на свој јазик. Потоа се раѓаат и првите македонски дела, првите писатели коишто за прв пат на свој јазик можеле на лист хартија да пренесат дел од себе. Сега, од нашето раѓање го имаме допирот со јазикот. Со учењето на нашата историја и значењето на македонскиот јазик, ја развиваме и нашата свест кон националното богатство. Денеска, македонскиот јазик е оформен, и иако го содржи најпотребното сепак продолжуваме да го усовршуваме. Секоја следна генерација го негува јазикот на свој начин. Кога човекот го почитува својот јазик, се почитува и себе си. Колку што било потребно време да се создаде јазик, многу повеќе време е потребно да се објасни неговото значење. Кога би го напишала сето ова на туѓ јазик, не би го чувствувала како дел од себе. Затоа што мојот јазик, да, тоа сум јас. Мартина Додевска II-10 СОУ „Гоце Делчев” – Куманово Ментор: Анита Павловска

367


Мојот јазик – тоа сум јас Што е тоа што го прави секој човек различен од другите, а во исто време и дел од една заедница. Како да се оформи една личност и врз основа на кои вредности да го гради својот карактер и да бара свое место под Сонцето. Секако најсигурен пат за тоа е добро да го познава својот јазик. Тоа е темел на секој поединец кој во себе го содржи целото историско наследство на минатите генерации кои останале верни на своите традиции. Македонскиот јазик со својата богата лексика, и убавината на литературните форми низ приказни, песни, раскази постојано раскажува за длабочината на македонската душа исполнета со љубов кон секого, но и за болката, која раѓа копнеж за слобода и ја зголемува храброста во секојдневните предизвици од надвор, но и не помалку важните лични внатрешни борби. Најпознатите македонски творци Цепенков, Шапкарев, Миладинов, Мисирков пишувајќи за македонското секојдневие воделе тешка борба да се остане свој меѓу туѓинци и да се сведочи за македонската вистина. Навистината е чудно како денес кога имаме слободна земја и голема можност на светот да му подариме убавина преку зборот, светот е глув за вистината. Сигурно дека самите сме придонеле за така да нè разберат кога и самите сме разбрале што е суштински важно за нас. Нашата одговорност кон преродбениците најубаво ја искажува Мисирков кога вели „Долгот кон јазикот е тесно поврзан со долгот кон татковината ”. Значи секој од нас трага во вечноста преку делата што секој ден ги прави и на начинот на кој се однесува кон она што треба да го „брани како светиња“. Никој не е ослободен од одговорноста совесно и во секоја прилика да внимава како го користи јазикот. 368


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Света должност на учениците и наставниците во училиште, на медиумите им е да го негуваат мајчиниот јазик како светиња. Вистинското богатство се нашите дијалекти кои ја изразуваат нашата посебност и локален идентитет, зашто тие се основи за стандарниот јазик, а не како што некои мислат дека се одраз на пониска вредност. Денес кога сите зборуваме и по неколку светски јазици мораме да осознаеме дека тоа знаење има вистинска вредност само ако со почит и љубов го градиме нашиот сопствен идентитет, нашиот јазик, нашето вистинско Јас . Нека идеалот за слободата која го одржал Македонецот биде основа вредно да работиме за подобро утре на сите нас. Зашто после сè едно е сигурно, додека постои нашиот јазик ќе постоиме и ние како Македонци. Тоше Алексов III-2 СОУ„Ванчо Прке“-Виница Ментор: Тања АнакиеваДавитковска

369


Mојот јазик- тоа сум јас Идентитетот и посебноста на еден народ, и на секоја индивидуа воопшто, го градат низа специфики и карактеристики по кои се разликува по останатото и според кои го идентификува и изразува сопственото „јас“. Јазикот во таа смисла, има свое значајно место и улога, и тоа не само како средство за комуникација и разбирање туку и како препознатлив сегмент на идентитетот и самобитноста на народите. Македонскиот јазик е неминовно дел од моето битие и израз на моето јас. Поинаку и не може да биде. Првиот глас, првиот збор, соочувањето со животот и надворешниот свет се на мојот македонски јазик. Толку оспоруван, негиран и непризнат од страна на различни непријатели во далечното минато па сè до денес. Сепак, успеал да опстои и да ги надмине сите искушенија, бариери, и непријателски пропаганди што претставува уште поголемо задоволство и предизвик да се говори, твори и негува македонскиот јазик. Не попусто тие биле мачени и поробувани за да придонесат денес ние да бидеме тоа што сме. Големо задоволство е кога постои изобилство на зборови и наречја, преку кои секој Македонец може да ги изрази своите емоции, своите размислувања, својот уметнички и креативен потенцијал. Мојот јазик е гласник на мојата душа преку кој можам да ја искажам својата емоционална состојба. Ги пренесувам моите мислења, ставови и чувства. Секој збор изговорен на нашиот мајчин јазик допира до нашето срце и побудува длабоки емоции. Секој друг јазик е туѓ и неприроден. Со неговорење на мајчиниот јазик ти не се откажуваш само од потеклото, туку и од својот идентитет. Кои ќе бевме ние денес да 370


МојоТ јазик, Тоа сум јас

не нè поврзуваше и обединуваше овој наш јазик? Слободниот дух и можноста да бидеш „јас“ во согласност со своето потекло и припадност, вклучувајќи го и говорењето на мајчиниот јазик е основа за постоењето на секое човечко битие. Тогаш постоиш вистински, тогаш веруваш, размислуваш за својата иднина и се трудиш достоинствено да чекориш низ животот. Јазикот ни дава една вечност и иднината ја поврзува со минатото. Знаеме кои сме, кои се нашите корени, имаме поттик да продолжиме понатаму. Зборовите – напишани или кажани оставаат печат и сведочат за времињата кои остануваат зад нас, за сегашноста и за оние кои доаѓаат. Тоа сме ние. Тоа сум јас. Да го негуваме, збогатуваме и љубоморно да го чуваме како и досега. Така ќе го зачуваме својот идентитет и вистинските вредности. Идните генерации го очекуваат и заслужуваат тоа, како и нашите предци кои несебично и храбро се спротиставиле и бореле против сите непријатели и асимилатори. Кети Јованова 4-11 СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ Скопје МЕНТОР: Соња Панева

371


Мојот jазик тоа сум јас Низ векови, од генерација во генерација се повеќе се развива значењето и верувањето во јазикот. „Без јазик сме никој и ништо“ - рекол Блаже Конески. Јазикот е свето предание пренесувано од колено на колено. Тој претставува нашиот идентитет. Темелите на нашата писменост ги поставиле Кирил и Методиј. А ние денес сме среќни што имаме свое писмо со кое се гордееме. Нема нешто поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик. Сите ние треба да ги продолжиме делата на Пулевски, Мисирков, Koневски. Тие ни оставиле богата историја од развојот на нашиот јазик, прекрасни дела, кои ние треба да ги почитуваме и да им се восхитуваме. Затоа треба и ние да оставаме наши дела со кои ќе ја продолжиме историја та на нашите предци. Убаво кажал Крсте Петков Мисирков: „Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже од народниот дух“. Јас само ова би го дополнил „и од својот идентитет“. Мојот мајчин јазик, македонскиот, е и ќе биде мојот корен, бидејќи на него пишувале и зборувале нашите предци. Тој е мојата душа затоа што претставува дел од мене. Мојот јазик тоа сум ЈАС.

Бајрам Ибески II-2 СОУ „Св.Наум Охридски“ Македонски Брод Ментор: Цветанка Н.Митаноска

372


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Мисла во сонот ил јаве е тоа што во мене навира, Од нашите усти кога непознат и чуден збор извира? Јако и остро и премногу болно ги крвави моите уши, Од секоја страна, на секаков начин бара да ги сруши. Тој татнеж страшен и моето тело и мојата душа ги гуши. Јасно е сега, тоа е кошмар кој од морничав сон ме буди, Авет страшен пред мене излегува во утрото сјајно што руди, Зол дух што само страв и ужас и болка знае да нуди. И одеднаш извира сонце сјајно ко волшебно цвеќе. Кошмар и авет страшен и дух зол не постои веќе. Тогаш, на сцена пред сите нас, настапува миленикот мој. Од сè на светот најдрагоцен и најмудар за мене е тој, А тоа не е било кој, туку токму тој, јазикот благороден мој. Се прашувам јас, без јазикот наш, би постоеле ли песни ил романи вредни Уште од предци древни за поколенија идни испишани од усти медни, Мечти за љубов, за смеа, за тага, за наука жедни? Јама длабока и темница црна се појавува ко аждаја пред мене, Ако за миг помислам дека јазикот го нема, дека секое цвеќе вене, Само празна празнина и огромна црна црнина, а нема кој да ја крене. Автор: Павлоска Благородна, IVБ клас СОУ „Наум Наумовски - Борче“ – Крушево Ментор: Папалазоска Зорица

373


Мојот јазик -тоа сум јас Чувајте го јазикот како што ја чувате земјата , Зборот може да се изгуби како град , Како земја, како душа ... А што е народот ако го изгуби јазикот, земјата, традицијата, душата? Знајте дека е подобро да ги загубите сите војни отколку да го загубите јазикот. По поразените војни, останува народ, а народ без својот јазик, не постои. таму каде што одѕвонува нашиот збор, каде сеуште се глаголува и како златна лира, се вреднее нашиот јазик, знајте дека таму е нашата држава,тоа сме ние. Да твориме, пишуваме , да ги искажуваме, нашите чувства да подаруваме песни . Сакам да напишам песна, вистинска, искрена, без копнеж и патетичност, без ниски страсти и скриени намери. Сакам да напишам песна на мојот јазик. Нема да ја спомнувам ниту љубовта, ниту солзите, ниту пак тагата... Нема да го спомнувам минатото, ниту пак иднината не знам кому да се заблагодарам за мојот јазик, за тоа што постои нешто што е само мое Затоа што мојот јазик, тоа сум јас 374


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мој е патоказ во темницата, тој е око во долина на слепите, тој е зрнце надеж во долина на глувите, Тој е нешто во ова немирно море од ништо... Ќе се заблагодарам како што небото ѝ се заблагодарува на птицата, како сонувач на ѕвездите, како жедната земја на дождот, како војник на првите денови од мир... Ќе ти се заблагодарам, затоа што можам да ги искажам сите мои шепоти и копнежи. Сите мои слабости а единствена слабост е јазикот. Ќе се заблагодарам на мој начин, сосема тивко и јасно, ќе зборувам на мојот јазик. Кај кого оди оваа песна? Што да правам со неа? Нам тогаш нема да ни треба, а сега ми значи повеќе од сè. Можеби е ова е таа ненапишаната песна на мојот јазик , со која цело време се обидувам да кажам, Дека мојот јазик - тоа сум јас. Аделиса Хусковиќ 3-1 ССОУ„Димитрија Чуповски“ – Велес Ментор: Слободанка Илиевска

375


Мојот јазик-тоа сум јас Уште од најраните векови на историјата луѓето барале начин како што полесно да се разберат меѓу себе, како што појасно да ги изразат своите мисли и чувства. По цртежите и мимиките започнале да се раѓаат зборовите, поимите за предметите и појавите. Времето незапирливо течело, се развивала цивилизацијата, науката и техниката оделе со џиновски чекори. Описменувањето на луѓето морало да се случи. А, се разбира, на мајчиниот јазик тоа било најлесно и најбрзо. Живеам во Македонија, лулката на словенската писменост бидејќи од неа, од чедата изнедрени од нејзините недра, Светите солунски браќа Кирил и Методиј потекна словенското писмо, се развија словенските јазици од кои секако е и мојот мајчин јазик - македонскиот јазик. Секој човек треба да биде слободен и она што го мисли и сака да го каже на својот јазик. Требало да минат векови мојот мајчин јазик да може да се зборува слободно без страв од затварања, прогони и малтретирања. Многу наши интелектуалци, борци за наш сопствен македонски јазик својата небиднина ја нашле по затворите во земјите со магла и студ, со тага во срцето и печал во душата, далеку од дома, од својата топла земја каде сонцето силно ја грее душата. Тие ни оставиле аманет јазикот да го чуваме како нешто најсвето. Горд сум на македонскиот јазик кој е мој мајчин јазик, мој идентитет. Горд сум на илјадниците испишани страници со народното и уметничкото творештво, со дела од науката и техниката. Горд сум што на него се преведени дела од 376


МојоТ јазик, Тоа сум јас

најзначајните автори во светот. Не го кријам задоволството што тој се зборува и изучува во многу земји во светот. Особено сум горд што тој е во регистерот на ООН рамноправно со други постари светски јазици. Го сакам мојот убав, богат и милизвучен јазик и затоа ме боли кога некој го нагрдува. Тој е наш бренд, дел од нас. Да го почитуваме и негуваме нашиот јазик бидејќи по него ние се разликуваме од другите народи на светот. Јорданче Донев III С, СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани Ментор: Славица Цветкова

377


Мојот јазик Се потпирам на плеќите на напишаните песни, се радувам на делата. Цврсто го држам моливот и гордо повлекувам. Извикувам и знам дека тоа сум јас, дека ова е мојот јазик и умеам да го негувам. Се навалувам кон мислите, се сеќавам на предците. Климент, Кирил белег оставиле за ние да го сочуваме и надоградиме. Мојот јазик е тоа што сум јас, тоа е мојата земја и иднина моја. Јас ветувам дека овде ќе останам и со вас до крај ќе се борам, на нашиот македонски јазик гордо ќе творам. Ивана Карова III Е3 СОУ „Гошо Викентиев" Кочани Ментор: Славица Цветкова

378


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас „Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник“, вели К. П. Мисирков во своето дело „За македонцките работи“. Но јазикот на еден народ и една држава е неговото срце кое му овозможува живот и опстанок. Тоа срце чука во дамарите на секоја сфера на живот во мојата татковина. Јазикот има лице на секој Македонец кој живее тука, но и на оние кои се надвор и кои сепак го негуваат и гордо го претставуваат ова историско парче земја. Мојот јазик е олицетворение на мојот живот тука. Мојот јазик е мојот идентитет на Македонка . Тој е дел од славната историја. Од дамнина... кога Македонецот се борел за опстанок и самостојност. Јазикот бил и ќе остане најсилното оружје во борбата против претопувањето . Симболиката на секоја буква ме прави поразлична од било кој народ во светот. Кога ја носиме татковината во срце , а со тоа секој нејзин белег - јазикот, знамето, грбот, ние ѝ подаруваме вечен живот. А таа треба да се храни од нашата љубов кон сè што е македонско. Мојот јазик е мојот лик во огледалото на светот. Секој кој ме гледа мене во тоа европско и светско огледало, го препознава македонсиот јазик и идентитетот на мојата држава. Но, таа слика денес можеби не е сè уште толку јасна, затоа што сите народи треба да сфатат дека сме еднакви на тоа поле. Ако белегот на една држава е нејзиниот јазик и нејзината историја низ вековите, можам со гордост да кажам дека македонската е со големо минато од кое зборуваат аз, буки и веди на Кирил и Методиј. Тие први словенски букви кои 379


ги напишале словенските просветители станале основа за развивањето на културата на еден народ кој ќе влезе во чекор со останатите цивилизации. Мракот преку јазикот и писменоста ќе го смена, а патот до нашата националност и до ова што сме денес ќе биде осветлен засекогаш. Затоа велиме дека за еден народ и за една нација писменоста, јазикот и културата се основното обележје. Само преку нив народот ќе си ја задржи својата самобитност и ќе се разликува од сите други народи во светот. Затоа јас ја сакам мојата Македонија и македонскиот јазик. Само преку него, тоа сум јас... Македонка. Ива Станкова 1-5 СУГС „Никола Карев“ Скопје Ментор: Билјана Костова

380


МојоТ јазик, Тоа сум јас

,,Мојот јазик тоа сум јас” Некој би прашал како, некој зошто, а некој ќе си рече што ако. Јас не прашувам, ниту пак одрекувам, јас се гордеам. Јазикот не е само средство направено за ние да се служиме со него при говорењето, без разлика дали знаеме правилно или не правилно да се изразуваме. Прашањето е дали ние го цениме она што го имаме, дали го цениме јазикот? Да се има свој јазик, свое писмо, една основа на изразување е процес за кој многумина од нас се свесни, но малкумина совесни. Не само обележје, јазикот е идентитет, гордост на еден човек, апстрактна перспектива на едно творештво. Во минатото луѓето сонувале да имаат свој јазик, како што ние денес сонуваме за други неостварени желби. Во една работа е суштинската разлика меѓу овој сон и нашите соништа. Додека ние замижуваме пред напорот кој треба да го направиме за да ги оствариме нашите желби, нашите предци сонувале со отворени очи и располагале со отворен ум, бестрашна мисла, искористувајќи ја секоја можност и прифаќајќи ја без страв секоја препрека. Замислете да се оствари она по кое што мечтаете, да го добиете она што долго време ве прави очајни, нешто за кое што сте посветиле многу време, енергија и труд и одеднаш . . . сè почнува да тоне, останува недоволно проценето, исмевано, менувано. Дали тогаш би ви било сеедно ? Дали тогаш ќе размислите како им било на луѓето кои целиот живот го посветиле за да добијат нештно базично, основно, бесценето. А како гледаме ние на делото на тие луѓе? Што правиме ние со нашиот јазик? Знаеме ли да го користиме правилно она што сме го наследиле и да го негуваме она што треба некој после нас да го наследи? Знаете ли што направивме... Заборавивме сè , целиот процес и историјата на создавање на писмото од Глаголица до Македонска 381


абецедарска азбука и Кирилица, ветувањата ги оставивме во училишните клупи од прво и второ одделение каде бевме цврсто решени да пишуваме на единственото наше кирилично писмо и бевме горди кога научивме да читаме и пишуваме, но што навистина се случи? Вистината е дека заборавивме на сè, сите наши ветувања дека ќе бидеме горди Македонци и храбра младина исчезнаа. Што направивме? Ги вметнавме сите улични жаргони во нашиот речник, ги прифативме сите србизми, турцизми и други наметнати јазични зборови и изрази, плукавме по секоја македонска лектира и книга со изговор дека е здодевна и бескорисна и најлошото од сè, дозволивме да бидеме нарекувани Бугари, Грци, Словени без да го кажеме она на што нè учеа, без да кажеме гласно дека сме Македонци. Време е да прекинеме да ги обвинуваме другите за нашите грешки, вината е во мене, во тебе, во сите нас. Да застанеме и заедно да го заштитиме она што ни припаѓа, да го заштитиме нашето писмо, името и јазикот, да се обединиме заедно со сите Македонци од секој континент и да кажеме гласно кои навистина сме и каде припаѓаме. Време е на оние кои не знаат да им го објасниме развојот на нашиот јазик и писмо, да ги убедиме дека сме моќни и да покажеме дека успешно во десеттиот век го отфрливме грчкото писмо и го заменивме со нашата глаголица. Нека дознаат сите како напредувавме, нека слушнат за Кирил и Методиј, Ѓорѓија Пулевски, Крсте Петков Мисирков, Партенија Зографски, Марко Цепенков и многу други. Да објасниме какви се нашите ставови, да го осознаат делото на Лозарите и да ја увидат суштината на книгата „За македонцките работи“. Тоа е процес кој може да започне денес, од мене, од тебе, од сите нас, бидејќи едно е да кажеш дека си од Македонија, а друго е да знаеш зошто си Македонец. Силвана Колева IV 4 СУГС ,,Никола Карев” - Скопје Ментор: Татјана Лалјек

382


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас ,,... Честопати сме се запрашале која е нашата основа, што е она што нас како Македонци нè прави посебни и горди? Одговорот на ова прашање е многу едноставен - тоа е нашиот јазик, кој низ вековите нашите дедовци и прадедовци со крв го бранеле од секој еден што стапнал на ова парче земја и сакал да ни наметне друг „туѓ јазик“. Тоа е нашиот јазик на кој се испеани најубавите љубовни песни и опеани нашите најголеми јунаци низ историјата. Тоа е јазикот за кој нашите преродбеници биле прогонувани и измачувани. Тоа е аманет што ние доследно треба да го чуваме и да им се оддолжиме на нашите предци за сите жртви што ги направиле, па и денес Македонецот да зборува на македонски и само на македонски. Зарем има поголем благодет од тоа да имаме сопствен јазик кој што ќе го негуваме и ќе го пренесеме како завет од нас на нашите деца како што и ние го имаме земено тој завет од нашите родители? Тоа треба да биде запален факел што ќе пламти помеѓу останатите такви во светот сè додека овој свет постои и додека нешто не ги згасне сите тие заедно. Но, ако порано опасностите кон уништување на нашиот јазик доаѓале однадвор и со насилства, сега тоа се случува внатре помеѓу самите нас. Помалку свесно или несвесно ние ќе бидеме единствените виновни доколку овој завет биде прекршен, доколку овој аманет биде прегазен. Да не дозволиме овој факел да згасне и да се оствари она што векови порано оние народи, оние душмани не успеале ниту со меч и насилство да го сторат. Да не бидеме ние тие што сами си забодуваат нож во грбот и прифаќајќи ги туѓите јазици да го изгубиме она нешто кое ни едно скапоценство не може да го купи и врати!“ 383


Со овие зборови средношколката Ана го заврши својот говор пред публиката во салата на АРМ. Ракоплескањата одекнуваа, додека едно мало девојче се качуваше по скалите од бината за да ѝ подари букет направен од крваво-црвени и златно-жолти цвеќиња. Таа го зема букетот и задоволна од себе, се упати зад сцената каде што ја чекаа нејзините најблиски роднини. На нејзините усни се развлече една мала и срамежлива насмевка на задоволство и на олеснување. Пред неа истрча нејзиниот помал брат кој беше очигледно возбуден гледајќи ја својата поголема сестра за време на говорот. Тој сакаше прв да ѝ честита и ги префрли своите детски рачиња околу нејзиниот врат на кој што висеше убаво златно синџирче. Таа го погали и нежно му шепна на увото: Хеи малечок, океј ли ми беше настапот? Ти се свиѓаше ли мојот говор? Тој климна со главата и побрза да ѝ каже за пропуштениот повик од нејзината соученичка: - Те бараше Симона, спомна дека сака да се видите вечер. - Шо да правам сеа... ? Неам доволно време за да се видам со сите, а баш ми ќе ми беше ќеиф за тоа, ама не можам да искачам сеа у град... - Не грижи се мила, утре во училиште сигурно ќе се видиш со другарките. Ѝ одговори мајка ѝ. - Хмм добро, ама барем да ѝ се јавам, да ѝ кажам као си поминав. Таа го зема својот телефон во раце и набрзина го напиша бројот на Симона. - Еј кај си? Слушнав си ме барала... Да, сè помина фино... Па не знам, ај утре ќе искочиме ако не па ќе се видиме. Океееј ајде чаосче. Целиот овој настан го набљудуваше баба Марија, стоејќи малку понастрана и слушајќи ја својата внука. Во нејзините 384


МојоТ јазик, Тоа сум јас

очи се наѕираше некаков немир, нешто што за разлика од другите, кои беа радосни за настапот на нивната најмила Ана, ја правеше да се чувствува вознемирено. Кога Ана и пристапи за да се поздрави наместо очекуваните пофалби, како што сите останати блиски претходно сторија, таа доби прекор од својата баба: - Зарем може еден човек да си ги погази своите зборови за толку краток временски период? Рече баба Марија, а на лицето ѝ се препознаваше блага доза на лутина. - Во животот ми недостигаше и ова за да сфатам дека понекогаш она што ние луѓето го зборуваме се само празни зборови. Потоа воздивна и додаде: - Зарем има поголем благодет од тоа да имаме сопствен јазик кој што ќе го негуваме и ќе го пренесеме како завет од нас на нашите деца како што и ние го имаме земено тој завет од нашите родители? Тогаш Ана се сети на нејзините зборови од предмалку како и на нејзиниот говор. Мислите дека треба да го негува и одржува својот јазик, не само што таа не ги испочитува туку и не беше свесна за тоа. Тогаш баба Марија ја прегрна внука си и со солзи во очите и растреперен глас ги изговори следниве зборови на увото на Ана: - Никогаш не заборавај дека твојот јазик - тоа си ти. Ванеса Лазарева 3 година СУГС „Никола Карев“ Скопје, Ментор : Татјана Лалјек

385


О, убава девојко, ти реков Ж’тем... Ме погледна, ме гледаше, но не ме разбра. О, прекрасна девојко, се обидов и со Ај лав ју... Повторно ме погледна, повторно ме гледаше и повторно не ме разбра. О, моја девојко, длабоко од душата изустив ТЕ САКАМ... Тогаш ме погледна, и оттогаш сè уште ме гледаш, зошто само тогаш ме разбра. Ѓорѓи Илиев II-5 СУГС „Никола Карев“- Скопје Ментор: Татјана Лаљек Кулишевска

386


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС! Велат дека човекот е најсофистицираната творба на универзумот. Покрај емоциите, коишто се карактеристични за него и за останатиот животински свет, човекот го красат и чувства, врз чијашто основа ги гради своите односи со останатите луѓе. Со тие луѓе воспоставува комуникациски врски од секаков тип, врски што во најголема мера зависат од „неговото височество“ - јазикот. Како главно средство за комуникација, јазикот претставува најолеснителната „алатка“ што му е дадена на човекот, за со неа да се служи и да ужива во нејзината добродетел. Можеби затоа, погледнато од овој агол, човековиот јазик добива едно од главните места на вредносната скала кај човекот, нешто што може да се препише на природата, како дар, но и на културата, доколку јазикот го сфатиме како цивилизациска придобивка со чијашто континуирана надградба се стигнало до нивото на олеснато комуницирање какво што уживаме ние денес. „Колку можам да кажам, толкав е мојот свет“ - рекол некогаш еден филозоф, во време што можеби од комуникациски аспект имало далеку помалку да даде, споредено со она што ние како современици го уживаме. Но, дури и сега, кога можностите за комуницирање меѓу луѓето се издигнати на далеку пософистицирано ниво, мислам дека оваа мудрост не губи многу на својата вистинитост... Луѓето денес многу зборуваат, но тоа што ќе го речат најчесто нема никаква вредност. Проста емисија на звуци расфрлани низ етерот - бесконична низа од демек милозвучни шумови, што неретко вредат далеку помалку од најнепријатниот молк во којшто може да биде затекнато едно човечко битие. Толку вредат зборовните низи што така невешто или безгрижно ги расфрламе насекаде околу нас. 387


Некогаш, особено во вакви ситуации, зборот добива димензија на тужител и судија (за умствениот капацитет, на пример) за оној што го изговора, затоа што самиот и не знаел како правилно да го употреби... Додека поминуваме по улица, често слушаме само празни зборови, изговорени несвесно, како милион непотребни информации што секојдневно го бомбардираат нашиот ум. Телевизија, радио, весници, интернет, улицата... Во автобус, во кафуле, на фудбалското игралиште, па дури и во храмовите што треба да ја чуваат и издигнуваат светоста на зборот - образовните институции: од секаде само голо расфрлање со излитени фрази што повеќе зборуваат за нивните создавачи, отколку за нешто конкретно или да послужат во духот на основата на постоењето на зборот - да се разбереме! И, да, точно е: начин на којшто одлучуваме да ги употребиме јазикот и зборовите многу зборува за нас! Изборот на изразите е условен од нашите ставови, погледите кон светот, соништата, она што ни значи, она што нè определува како едно, а не како некоја друга личност. Ново нешто досега речиси и да не сум рекол, ама занемувачки делува споделувањето на свесноста за овие аспекти со чиишто координати го отсликуваме сопственото постоење низ денешницава што ја живееме... Малагрида рекол дека: „Зборот е даден на човекот за да може да ги сокрие своите мисли.“ Вистина или не - за кого-како, но не можеме да останеме неми пред фактот дека зборовите знаат силно да повредат, но и да нè уверат во некои убави работи. Зборот има своја автономна моќ, речиси секогаш многу поголема од онаа што ние му ја придаваме. За мене моќта на зборот доаѓа кога „протекува“ од усните на оној што ми е важен, чиешто мислење го ценам и почитувам. Можеби затоа е логично да се заклучи дека моќта на зборот не доаѓа од она за што се зборува, туку кој е оној што зборува... На оваа релација може да се надоврзе и нашата народна мудрост, којашто вели дека јазикот коски нема, ама коски крши. Не треба да бидеш толку паметен и мудар да продреш 388


МојоТ јазик, Тоа сум јас

во значенското на оваа паметна реченица. Ако барем малку се познава анатомската градба на човековото тело, јасно станува дека јазикот како орган во човековото тело нема коски, но дали сите ќе го разберат и другото тврдење?! Не верувам! Не верувам, затоа што сите ја немаат доживеано таа болка, раната на душата предизвикана од само еден збор што не може да се повлече. Некогаш самите повредуваме некоја личност, свесно или несвесно, друг пат, пак, лично ние сме метата на нечија рафална стрелба со зборови. Но, како и да е, ретко кога ни се укажала можност да ја разбереме разорната сила на зборот, ако притоа не сме биле во епицентарот на земјотресот предизвикан од зборовна лава. Токму тоа е таа моќ што ја има јазикот: преку нижењето зборовни низи, да се отсликува мозаик чијшто одраз сме самите ние! Ние, преку секојдневното изговарање зборови, реченици или озвучени мисловни целини што го сочинуваат нашиот вербален кодекс, стануваме токму јазикот што го зборуваме. Оттука, лесно разбирлива станува и мислата што вели дека зборовите убиле повеќе души, отколку што сите војни убиле луѓе! Од ова треба да се разбере и да се прифати моќта што излегува од нашата уста. Затоа што не случајно се вели: „Она што влегува во телото преку устата, излегува од телото, но она што излегува од устата, допира до срцето“. Ти си тој што ќе одлучи што ќе излезе од твојата уста и што ќе допре до срцето на оној кому му го упатуваш твојот вербален истрел, твојата слика и прилика, твојот збор!

Ѓорги Георгиев I-7 СОУ „Јане Сандански“ – Струмица ментор: Гојкова Сузана

389


Јазикот на кој сите Македонци зборуваме, писмото со кое пишуваме, зборовите кои ги редиме додека твориме и чувства искажуваме, тоа е богатството наше, тоа е македонскиот јазик наш. Мојот јазик, чиј гласови ги изговарам уште од мала, уште од раѓањето мое, тоа ме претставува мене, тоа сум всушност јас. Колку и да изучуваме други јазици, колку и да се интересни и истовремено лесни, сепак мајчиниот јазик, не може да го замени никој. Останат уште пред многу години, од нашите предци, од нашите свети просветители кои го составиле нашиот јазик, уште во минатото се зборувал и сега ни е оставен во аманет да го чуваме, да се грижиме за него, да го негуваме и почитуваме. Гушева Ивана Ментор: Сузана Гојкова С.О.У „Јане Сандански“ Струмица 390


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик - тоа сум јас Далеку, далеку во минатото на иднината на мојот јазик, во црна зандана со ретка светлина низ густиот мрак. Наведната глава со збрчкано чело, вдлабнати очи со напрегнати зеници, над лист хартија и неколку капки мастило пишува и тивко шепоти : Аз, Буки, Веди ... Подножјето на Огражден, далечен хоризонт на прекрасното Охридско езеро, бисерот Македонски, со воздух кој ја полни празната душа и создава спокој и инспирација за возобновување на тоа што одамна е започнато во темните зандани, а усовршено во посовршено. Создадено нешто наше, мое и твое, нешто македонско кое претходоно само се зборувало, а сега се и пишува и твори на него, македонскиот јазик, македонското писмо. Создаден, зборуван, напишан македонскиот јазик, но со години на работ на асимилација и денационализација на него и на мојот народ во нешто далечно и туѓо. Крв пролеана, солза исплакана, радост недопеана, желба недоживеана претворена во стих и проза. Македонскиот јазик создаден за да се твори, да се твори и маката, радоста, жалењето, борбата, и храброста на македонскиот народ да се преточат во песна, кој ќе допре до нас и ќе го разбуди она македонското во нашата душа, кое тлее во тебе уште откако те родиле, а се разгорува и пламнува секогаш кога ќе почувствуваш дека твојот јазик, твојот народ се омаловажува. Но, не! Ние сме Македонци, ние сме душата на Македонија, ние ќе го воздигнеме нашиот јазик со нашата култура и со нашата песна. Мојот јазик е мојот корен, мојот јазик е мојот загарантиран идентитет, мојот јазик е отворената врата на мојата душа. Мојот јазик, е тоа сум Јас. Весна Христовска, I година СОУ„Коле Нехтенин“- Штип Ментор: Сузана Арсова 391


Мојот јазик – Тоа сум јас Јазикот е нешто што за нас збори јазикот е совршенство со кое се твори. Веднаш штом се родиш штом животот започне твој веднаш слушаш за јазикот, мајчин, свој. Штом првото ти излезе запче и го кажеш зборот прв мајчиниот јазик е тука да те води до самиот врв. Ќе дојде и денот тој на училиште ко прваче ќе тргнеш со дечиња ко пчели рој. Многу ќе учиш за јазикот свој и ќе сфатиш дека тој е најважен во животот твој. Песни, стихови, книги и дела, ќе прочиташ и научиш за час, да тоа е задоволство за сите нас. Понатаму во животот продолжуваш, работиш, сонуваш, врвот го достигнуваш дното го допираш, 392


МојоТ јазик, Тоа сум јас

но ти пак мајчиниот јазик го зборуваш. И сè ќе помине и крајот ќе дојде и ќе помислиш кога ли овој живот пројде? Но тогаш насмевни се барем за миг, за час помисли на својот јазик, помисли тоа сум јас. Помисли низ што сè помина, а тој никогаш не те одмина, до крајот со тебе остана. Приказните што ги слушаше од предците твои оние за борците, самовилите, чудата, но и за јазикот свој е од нив извлечи поука за животот твој. Јазикот за нас збори јазикот животот ни го твори Мојот јазик – тоа сум јас со него зборам, со него творам, да го зачувам сè ќе сторам. Александра Мечкаровска I2 Гимназија „Кочо Рацин“ - Велес Ментор: Александра Стојановска

393


Мојот јазик – тоа сум јас О, мој јазику, исконски, македонски! Ти, што низ вековите гордо опстојуваш, како столетен даб низ годините гордо исправено стоиш и будно ги следиш настаните наши. О, мој јазику словенски, македонски! За тебе постојам и живеам со тебе се будам и размислувам, за тебе ако треба и ќе умрам. Мој, јазику исконски, македонски! Ти си гордост на мојава душа, без тебе сум како риба без вода, како птица без небесна шир. Нема да дозволувам да ги скршат твоите гранки, бидејќи знам дека секоја од нив е скапоцена како бисер во школка. Тој што ќе крене рака кон тебе да ти наштети и да те уништи, ќе биде казнет од природата наша. Сакајте го мајчиниот јазик! за да си кажете јасно и чисто, сè што во срце ви лежи, зашто на туѓиот јазик не е исто. 394


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Сакајте го мајчиниот јазик! зборовите нека течат лесни, побарајте го својот јазик во убавите народни песни. Учете го мајчиниот јазик! во него се огништата родни. Сакајте ја татковината своја, со полињата нејзини родни. Јазику македонски, прадедовски! Додека сонцето на небото сјае ти вечно ќе ги грееш нашите срца! Мишковска Славица 2-4 ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес Ментор: Николова Верица

395


Мојот јазик- тоа сум јас Гордост и убавина. Духовна храна. Наследство и најскап дар за опстојување низ вековите. Клуч што ги отвора тајните на вистината! Факел што го покажува патот до вечноста! Бисерен гердан. Изразен со букви и знаци. Најсилното оружје во човековите раце! Најсветлото сонце што секој од нас го грее Најсветла деница во најтемната ноќ Што дава сила, вечност и моќ! Завет од дедовците Традиција, богатство аманет свет! Дар кој не дозволува при очи да останеш слеп, а при уши глув. Забрануват, исфрлан, но никогаш заборавен. Трн во око на многу народи. Едукација, надградување, изразување, споделување на емоција. Нашето име. Првиот изговорен збор. Првата напишана песничка. Моето творештво. Мојот јазик. Сања Мирчева II-6 клас СОУ „Гимназија Кочо Рацин” - Велес Ментор: Александра Стојановска 396


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Јазикот за кој се борам е истиот јазик кој со огромна љубов го говорам за кој би започнал и најтешка борба, ама не на бојно поле со берданка и бомба. Борба со пенкало или молив на лист голем, па да го искажам мојот став, дека сум Македонец прав, на јазикот чиј е мој, твој, наш, македонски спас. Јазикот кој со векови наназад се зборувал, иако бил забранет, некој на лист упорно го повторувал... Да не се заборави, да не загине!! Туѓо не сакаме, свое не даваме ниту пак продаваме. Нашиот јазик, нема цена, а сепак вреди како една огромна златна стена... И нема никој на неа да плука, а секој по неа ќе кука, затоа што нашиот јазик е доказ дека постоиме, сè дури го говориме, сè дури секој наш златен збор го броиме ќе постоиме, затоа секогаш непрестано да броиме.. Кристијан Јорданов II-6 клас СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес Ментор: Александра Стојановска

397


Мојот јазик – тоа сум јас Сопствениот идентитет има налик на слoжувалка, во слoжувалка, во слoжувалка... Сè во нашиот живот претставува едно мало делче од таа сложувалка, а пак во секое делче се наоѓа сосема нова сложувалка која допрва треба да се пополни. Во нашата свест како фокално подрачје на животот се јавуваат повеќе гранки, сите носејќи карактеристични особини кои всушност го оформуваат нашето битие. Гранката која е најголем вајар меѓу сите се одликува со античност, бесмртност и бесконечност. Гранката на јазикот, всушност, претставува коридор со две врати – една врата кон бесконечната ширина во царството на пишаниот збор, додека другата води кон нашиот внатрешен свет. Изградбата на овој внатрешен свет, како и почетокот на истражувањето на оној домен на пишаниот збор, започнува во најраните мигови на нашата свест. Нашиот прв збор, воедно, претставува создавање на првиот градбен блок во нашиот засебен свет како и прв чекор во царството на пишаниот збор. Нашиот идентитет – желбите, целите, делата... сето тоа е започнато со помош на зборот и понатаму оформувано од рацете на јазикот, па сè до одреден степен кој претставува моментално, засебно совршенство. Суштината на моето битие е основана со јазикот како водич. Секој мој чекор во доменот на зборот и секој лист во мојот внатрешен свет се направени користејќи го јазикот, тоа е мојот идентитет. Всушност, мојот јазик, тоа сум ЈАС. Александар Насев II година СОУ „Коле Нехтенин“ - Штип Ментор Сузана Арсова 398


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик- тоа сум јас Мојот јазик, мојот народ мојот корен, моето јас, дел од мене, дел од сите нас. Писмото наше за нас свето е, драгоцено и незаменливо е. Еден е македонскиот јазик, едно е писмото, Македонци сме - нè означува истото. Секој празник за нас веселба е, денови во чест на нашите бранители, за нашите просветители. Горда на она што го имаме сум јас, еве, кажувам на цел глас! Каде и да си, ти Македонец да си! Јазикот наш да трае, сè додека сонцето на небото не престане да сјае. Татковина е моја и твоја, не срами се бидејќи е мала Македонија! Македонски јазик- свет за сите нас, мојот јазик- тоа сум јас! Матеа Горевска I-3 СОУ „Гимназија Кочо Рацин“-Велес Ментор: Александра Стојановска

399


Мојот јазик-тоа сум јас Пишувам за мојот јазик, на мојот јазик. Пишувам за минатото, за мене, пишувам за иднината. Знам дека знаете колку убав јазик имаме. Се разбира, тоа е јазик кој преживеал многу окупации. Поминал низ многу искушенија за да денес стане тоа што е. Нашиот мајчин јазик! Замислете која е таа посветеност, колкава желба и борбеност за да се сочува еден јазик. Ќе си речете, тоа е само јазик но, не е така. Не е само јазик. Тоа е идентитет. Обележје на нашиот народ. Ние не сме свесни колкава среќа имаме што денес слободно го користиме сопствениот јазик. Да, замисли да не смееш да заборуваш на својот јазик. Во ред, тоа е историјата. Но, денес не се залагаме за јазикот како тие што некогаш можеле да го изгубат. Не сфаќаме дека малку по малку го губиме јазикот. Се губиме себеси. Ја намалуваме вредноста на својот јазик. Сè почесто, сите ние користиме туѓи зборови, а ги забораваме нашите. Но, зошто го правиме тоа? Зошто едноставно не трагаме подлабоко во богатството на нашиот јазик. Ќе откриеме многу, убави зборови, многу убави зборови... цела ризница на зборови! Така ќе го зачуваме јазикот. Нема да ја изгубиме нашата посебност. Ќе останеме Македонци, ќе останеме свои. Сè си правиме сами на себе. Не го цениме тоа што го имаме. Најлошо е што не сфаќаме дека можеме да изгубиме нешто многу вредно. И кога сè помалку ќе ги користиме нашите зборови, некој ќе праша „Што се случи?“ Некој ќе се разбуди, но веќе ќе биде доцна. Патот за назад може да биде тежок. Затоа јас го сакам овој јазик повеќе од сè. Ние што можеме да видиме што се случува, ние ќе се бориме. Јас ќе се борам, за јазикот и за себеси. Затоа што тоа, е мојот јазик-тоа сум јас. Симона Симоновска II1 Ментор: Валентина Милчевска СОСУ „Илинден“ општина Илинден 400


МојоТ јазик, Тоа сум јас

„Мојот јазик – тоа сум јас“ Јазик – толку мал и навидум безначаен збор, збор со толку голема душа, корен на целото знаење и писменост. За нас највреден е нашиот, македонскиот јазик. Многу луѓе не ја забележуваат или намерно сакаат да ја намалат неговата вредност, но историјата ни кажува поинаку. Ни кажува низ какви маки поминал тој и колку големи биле жртвите за да се зачува и да биде тоа што е денес. Иако денес сме слободни да се изразуваме на нашиот мајчин јазик порано имало многу црни години во кои тоа било забранувано. Тешка судбина ги чекала оние кои и во своите домови се обидувале да зборуваат македонски. Тие патриоти биле мачени и убивани, но нивните маки не биле бесцелни и не се заборавени. Јазикот и покрај сè наоѓал некоја мала пукнатина и излегувал исто како што и жешката магма излегува на површината и соборува сè што ќе ѝ се најде на патот. Денес судбината е во наши раце. Ако ние не го негуваме нашиот јазик тој ќе исчезне. Сите страдања на луѓето ќе бидат беззначајни, безвредни. Но, иако денес не ни е забранет јазикот, тој е сега во уште поголема опасност. Оваа опасност не е како порано. Сега никој не ни наметнува туѓи јазици, сега ние тоа самите си го правиме. Ние со помош на технологијата и интернетот забораваме за важноста на нашиот јазик, забораваме низ што се поминал, ги забораваме наките на луѓето. Но, тоа не смее да се случи! Како што не постои човек без срце, така не постои и народ без јазик. Тоа никогаш не смееме да го заворавиме, бидејќи без јазик и ние нема да постоиме, ниту како народ, ниту како единка. Ние сме јазикот и тој е нашата душа! Александра Димитровска II4, СОУ ГИМНАЗИЈА „Јосип Броз-Тито“ Битола Ментор: Соња Живковиќ- Ѓоргиевска 401


МОЈОТ ЈАЗИК И ЈАС Ако немав чувства, не ќе почувствував болка и дека сум повредена. Ако немав сеќавања, не ќе се сеќавав на минатото. Ако немав јазик и глас, не ќе го докажев моето постоење. Со трепетот на ѕвездите се раѓа и мојата надеж, со скромност и срамежливост на овие лирски воздишки нема живот да им дадеш. Мојот јазик е глас кој излегува од суво грло, никој нема право да го осудува на немост, молкот го намалува жуборењето на постоењето, но јазикот со тебе ја доживува својата светлост. Неправдата на овој свет се реалност тешка, перото во рака, животот го вика, го трансформира и дефинира човековото постоење, штом ја сфатиш суштината на јазикот, муграта блика. Јазикот е нашата вистина и не можете да ја криете само тој е патоказ на иднината, а не во неуспех да гниете. Од јадрото на душата со светлината издишува знаењето што го стекнуваш, на јазикот му го препишуваш.

402


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Пред нови патеки на светла судбина да мислиме, јазикот што го имаме, правилно да го користиме. Белег ни е од самото наше раѓање, со него се што вреди во животот останува во сеќавање. Рушевини преуредува, од семе мудро се наследува, облагородувачки свети, твоето знаење го вреднува. Светлина на овој ден ќе биде говорот и мој глас, мојот мајчин јазик, тоа сум јас. Неговите корени во севкупниот живот допираат, со негова помош генерации комуницираат. Духот и говорот се неповторлива вредност, затоа ти со јазикот си во неизбежна предност. На брчките времето им пркоси пред нови патеки забрзано те носи, јазикот моето постоење го краси, само така мастилото оваа хартија ќе ја кваси. Славева Тања IV – 6 СОУ„Гимназија Кочо Рацин,” Велес Ментор: Весна Павлова

403


Мојот јазик – тоа сум јас Секој миг, секој час на свет доаѓаат нови генерации. Тоа сум јас, тоа си ти и сите ние кои се раѓаме еднакви под ова небо. Црни, бели или жолти, сите подеднакво ја вкусуваме блажината и горчината на животот. Подеднакво уживаме и растеме со слатките зборови и приспивните песни на нашите мајки, на кој и да е јазик. Сите еднакво ја доживуваме љубовта. Сепак, има нешто многу важно по што се разликуваме. Иако нашите мајки се тие кои ни го даруваат животот, нашата татковина го одредува јазикот на кој ќе го искусиме тој живот. Тој нè прави единствени и препознатливи во светот. Тој нè прави горди Македонци. Иако се вели дека богат е оној човек кој знае многу јазици, сепак мајчиниот јазик е тој кој треба да го чуваме, негуваме и никогаш да не го заборавиме. Без него ќе нè нема и нас. Македонскиот јазик низ вековите минал низ многу тешкотии за да се избори за рамноправност и признание од другите. И покрај тешките услови во кои живеел нашиот народ, успеал да го сочува јазикот како едно од нашите најголеми национални богатства. Тој го одредува нашиот идентитет и му покажува на светот кои сме всушност ние. Бојата на нашиот живот, изворот на нашите чувства, ете тоа е нашиот мајчин јазик. Колку убаво звучи зборот љубов на мајчин јазик, дури и розата е поцрвена и помиризлива опишана на нашиот јазик. Негувањето на сопствениот јазик значи постоење на својот народ слободно да мисли и чувствува.

404


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Денес македонскиот јазик е целосно оформен литературен јазик. Тоа не значи дека тука треба да застанеме. Јазикот е непресушен извор што треба постојано да се негува и да се зачува чистината на убавиот македонски збор, бидејќи во него лежат уште многу недоживеани и неискажани емоции и нераскажани приказни. Секој народ живее преку својот јазик, а од нас зависи колку ќе живееме, бидејќи најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме. Ана Јакимовска II2 – СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје Ментор – Силвана Новеска

405


Мојот јазик – тоа сум јас Гордо и смело чекорам јас. По патот, по кој одеа предците мои! Низ светлина и бисерен сјај, ги спроведувам идеалите свои. Огледало на мојата душа е , мојот јазик, мојата иднина е. Возвишена е и радост моја е, мое богатство и мое достоинство. Да се биде свој значи: да го гаиш и негуваш јазикот свој, да ги почитуваш и сакаш, родот свој и земјата своја. Еј, патнику ! Кога ќе поминиш низ земјата моја, ќе ја почуствуваш радоста своја, ќе бидеш среќен, топол и исполнет, со народот мој, со говорот свој.

406


МојоТ јазик, Тоа сум јас

За секој народ јазикот свој е како ковчег со богатство скриен, во длабочината на дивите води. Недостижен, но посакуван. За мене, мојот јазик е како бисер длабоко во дното, но во дното на душата моја и како песна во срцето мое.

Анета Трајковска II-6 СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ Битола Ментор: Соња Живковиќ-Ѓоргиевска

407


МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Нечујно, тихо, во нас говори глас, мојот јазик, тоа сум јас. Од дамнина, пред векови, со нас патува, со нас се радува, и со нас тагува. И кога душманот, нас нè не сака, мојот јазик, нè води напред без мака. Додека се радуваме, дури и кога тагуваме, мојот јазик е тука, сè додека срцето чука. Како може да нe се сака тој, зашто јазикот е мој, зарем некој може да порекнува, исконското да го одрекува.

408


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Секој поинаку што ќе каже, самиот себе си се лаже, но, јазикот не може, да не лаже тебе и мене. Додека невини гинеле, за јазикот крвавеле, душманите се сителе, и подло се смееле. Денес со јазикот се гордееме, гордо глава креваме, смело рака подаваме, и не се предаваме. Јазикот мој, тоа сум јас, вечно напред ќе нè води, додека се слуша нашиот глас. Јазикот мој, нека биде и твој, заедно да се дружиме, рака да си пружиме. Дамјан Тасевски I-3 СУГС ГИМНАЗИЈА „ПАНЧЕ АРСОВСКИ“, СКОПЈЕ Ментор: Валентина Јорданова

409


Mојот јазик - тоа сум јас Mојот јазик е мојата сила, со него се комуницира. Mеѓу роднини, пријатели, другари и другарки, за да се разбере се говори свесно, но, и за да се сфати лесно. Секоја буква си има свој глас, што го изговарам јас. Да не се тие букви, да не е тој јазик, би немало зборовни теми, и во секое зборување не би отворале разни дилеми. Mојот јазик има зборови - широка лепеза Секој збор, реченица, си имаат своја теза. Не би читале книги, не би имале знаење, би биле неуки, прости, и на овој свет би биле само гости. Затоа, говорете литературно течно, за нашиот јазик да остане вечно. Јована Атанасовска l - 3 СУГС Гимназија „Панче Арсовски“, Скопје Ментор: Валентина Јорданова 410


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Уште во длабочината на старосните векови, кога уште се потиснувале правата човекови, кога сите се сметале за посилни од Македонија, која што во тоа време личела на пустина и депонија. Кога зборовите не биле запишани, заведени, туѓите писма не биле штедени, угнетувани сме морале туѓ јазик да говориме, во своите домови турски, грчи и бугарски да збориме. На браќата Миладиновци им должиме повеќе од злато, да не беа тие, сеуште ќе скапувавме крај патот, бунтот што се крена беше благодарение на нив, иако тие храбро загинаа, јазикот уште ни е жив. Тежок, ваков или онаков, денес Македонија македонска азбука и јазик има, горда сум и ви велам на цел глас, мојот јазик-тоа сум јас. Александра Димитровска I-9 СУГС „Никола Крев“ - Скопје Ментор: Еленица Илиевска

411


„МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС“ Првите гласови што ги имаме чуено се гласовите на нашите родители на нивниот мајчин јазик. Преку нив, ние ја добиваме нашата прва духовна храна, затоа со нив се осмислуваше сè што гледавме со нашите очи и сè што слушавме со нашите уши. Преку мајчиниот јазик ние ја усвојуваме психологијата на нашите предци, а со тоа стануваме нивни духовни наследници и телесни продолжувачи. Затоа јазикот е корен што досегнува до длабочините на минатото и нè држи исправени денес. Нашиот јазик не е создаден денес, голема е неговата историја, која нè води низ мрачни векови до првите просветители Св.Кирил и Методиј, кои како светилник во мракот, како глас во тишината, дојдоа да ни дарат живот. Бевме изгубени во туѓото, непознатото, баравме излез низ вратата што тие ни ја отворија. Давајќи ни писменост ни го дадоа најсилното оружје во борбата против непријателот. Вие Кириле бевте идејата, визијата, мислата и талентот што твори, а Вие, Методиј - реалноста, секојдневието, борбата, истрајноста, ожитворувањето на замислата. Бевте луѓе кои од железо пополека калевте челик. Делото што остана зад вас, како неизбришлив паметник на христијанството. Кирил – гласот, а Методиј одгласот. Станавте една личност, една содржина, едно дело, две битија кои тешко се оделуваат еден од друг. Вие сте едно, Светите Браќа, дејци и творци на едно величествено дело што вечно ќе трае, на мисијата што ќе продолжи да се остварува додека трае векот и светот. Затоа ние денес имаме јазик кој е наш, исконски, прадедовски. Преку тој јазик е испеана разноликата народна поезија, на тој јазик се пренесувале и пренесуваат обичаите од колено на 412


МојоТ јазик, Тоа сум јас

колено. Во ниеден момент македонскиот јазик не се посомневал во своето битие, во своето постоење бидејќи ја имал својата духовна храна, лекот против сите кризи на идентитетот - својот јазик. Зачувувањето на јазикот е од огромно значење за бранење на нашите национални интереси. Да се откаже еден народ од својот јазик значи да престане да гледа со свои очи и да суди со својот ум и разум за себе и за другите. Да се зачува мајчиниот јазик и да го брани своето, значи да му остане верен на духот на нашите предци. Да се откаже човек од својот јазик е исто како да се откаже од својот дух. Еден народ што го изгубил својот јазик личи на човек кој го изгубил патот и не знае кај да оди. Убаво кажал Мисирков „Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже од народниот дух ”, а јас би додала „Од своето сопствено битие, од своето ЈАС“. Елена Љушева I6 ментор: Екатерина Плескоњиќ СУГС Гиманзија Раде Ј-Корчагин - Скопје

413


„Мојот јазик – тоа сум јас“ Весел џагор ме буди од сон. Погледнувам низ прозорецот и сфаќам дека се приближуваме до една од многуте станици од мојата рута. Повторно ги затворам очите и се обидувам да го продолжам сонот, но некој телефон ѕвони до мене и слушам еден краток разговор: „Ало? Да, еве стигнав. Сега че дом до кај тебе.“ Препознавајќи го прилепскиот дијалект се насмевнувам во себе и си мислам: „че ‘ом, че ‘ам, че д‘ом...“. Никогаш не разбрав зошто прилепчани би ја користеле толку многу „ч“ или зошто на охриѓани секој трет збор им завршува со „т“. И така, додека мислите бесцелно ми лутаат, се запрашувам: Која сум јас? Што јазик зборувам? Според Французите „Зборовите се лисјата на дрвото на јазикот, од кое, ако некои пожолтат и паднат, нови наследници ќе го заземат нивното место“. И без сомнеж, такви пожолтени, но и нови, зелени „лисја“ во нашиот јазик ги имаме многу. Од деветти век, кога светите браќа Кирил и Методиј ја запишаа првата словенска азбука на пожолтена стара хартија, до ден денес, јазикот на Македонците се шири, но и менува непрестајно. Ама, ете војните си го прават своето, народите и верите се преплетуваат сè додека некој не достигне доминација. Во манастирите, калуѓерите стануваат заштитници на христијанството и писменоста. Додека тие со крстот на вратот и перото во рака ја запишуваат историјата, во полето, обичниот човек си пее тажаленки и си го оплакува животот. Децении минуваат пред манстирот да собере сила и да слезе во полето за да го поврати христијанството. Дури тогаш, тој сфаќа дека полето не зборува како порано. Јазикот е сменет, 414


МојоТ јазик, Тоа сум јас

поедноставен и обичните луѓе не го разбираат високиот стил на Црквата. Како сега да се шири христијанството? И некој добива идеја: религијата ќе ја шириме на јазикот што тие го разбираат! Но, зарем некој би претпоставил дека народниот јазик ќе стане толку цврст, моќен, па да го замени црковниот? Не секој се согласувал со овој предлог за „низок“ стил, но успехот на дамаскините зборува сам за себе. Па, не залудно некој рекол: „Ако му зборуваш на човек на јазик што го разбира, тоа оди во неговата глава. Ако му зборуваш на неговиот јазик, тоа оди во неговото срце“. Некогаш си го замислувам животот во Македонија низ вековите, но не знам дали би можела да живеам во тие времиња на болка и пот, страв и маки. Восхитувајќи се на јазикот, на таа негова упорност и неуморност што го отсликува Македонецот во целиот негов дух, ми се полни душата што знам дека јас сум една од нив, нивна крв, нивно потомство и со задоволство ја земам одговорноста да го чувам и негувам нашиот јазик. Зошто? Па, тој е истовремено нашата срж, но и нашата преродба. Како е тоа можно? Ако не сфативте, јас повторно би ви кажала, но дремката конечно ми се враќа. Можеби на следната станица. Ирина Шафкуловска II-5 Ментор: Соња Живковиќ-Ѓоргиевска СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ Битола

415


Мојот јазик Се потпирам на плеќите на напишаните песни, се радувам на делата. Цврсто го држам моливот и гордо повлекувам. Извикувам и знам дека тоа сум јас, дека ова е мојот јазик и умеам да го негувам. Се навалувам кон мислите, се сеќавам на предците. Климент, Кирил белег оставиле за ние да го сочуваме и надоградиме. Мојот јазик е тоа што сум јас, тоа е мојата земја и иднина моја. Јас ветувам дека овде ќе останам и со вас до крај ќе се борам, на нашиот македонски јазик гордо ќе творам. Ивана Карова III Е3 СОУ „Гошо Викентиев" Кочани Ментор: Славица Цветкова

416


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Мојата татковина е мојот дом, моето огниште, мојот спокој. На нејзината почва веќе 18 години го одржувам највредното и најскапоценото дрво – животот. Моите корени, засадени во оваа македонска земја се само уште еден сведок за тоа дека мојата Мајка е Македонија – таа е сé од кое што добивам и го одржувам ова дрво 18 години и ќе продолжам да го одржувам се до мојата смрт. Од неа ја црпам вредноста на водата, ја чувствувам топлината од сонцето, во неа заштитата е исто како најголемиот спокој и мир што може еден човек да ја добие и посака. Таа не би била тоа што е ако никогаш не се создадеше и не постоеше највредниот идентитет за еден народ, за една нација – ЈАЗИКОТ. Денес мојот јазик е мојот најцврст темел на кој се заснова целото мое постоење. Тој е столбот, потпората и силата на ова мое дрво кое длабоко е засадено на македонски почви, тој е мојата втора мајка од која сè додека сум жива ќе учам и дознавам, со него ќе го разбирам светот, тој е мојот втор татко за кој со сигурност тврдам дека сè до крајот на моето живеење ќе стои зад мене како планина и ќе ме заштитува од силните ветришта, дождови и бури, односно ќе го чува тоа дрво, т.е. ќе ме чува мене за никогаш да не се искоренам од оваа света земја. Да знаеш кој си и од каде се твоите корени т.е. да знаеш од која мајка потекнуваш и на чија земја се пуштени првите корени е многу убаво, но да знаеш дека имаш свој јазик – јазик кој те прави различен од сите другите во овој свет, те прави единствен, те прави горд на своите храбри предци е најголемиот благослов од Бога – благослов кој секој ден треба да се почитува, бидејќи 417


да не беше сега мојот мајчин јазик јас немаше да знам која сум, од каде сум и што сум. Мојот јазик е она што ме гради како личност, мојот јазик е она што ме гордее, тој е силата на мојот живот, тој е здивот на моето вдишување и издишување, тој е радоста на секој мој среќен настан, тој е жалоста на секој мој несреќен доживеан ден, тој е поезијата во мојата душа, ракопис вечно изрежан на моето срце, меморија впишана во мојата глава, тој е крвта која тече низ моите вени, тој е благословот што е секогаш со мене. Мојот јазик е она во кое што јас најмногу верувам, бидејќи знам дека тој никогаш нема да ме изневери, затоа што тој е единствената сенка која каде и да одам во светов ќе ме следи за да ме потсетува дека еден е мојот мајчин јазик, еден е македонскиот јазик. Благодарение на него јас имам идентитет кој е заснован на неговите темели. – ДА! Мојот јазик!, мојот мајчин јазик! заветот на нашите прадедовци, целта на нашите борци, сонот на поробените – сон кој сега го живееме со отворени очи, но за жал премногу слепи за да видеме дека полека тој жар згаснува. Време е да ги отвореме очите за да видеме, да ги отвориме ушите и слушнеме што викаа нашите прадедовци и каков аманет ни оставија. Тој глас од минатото едно вика и моли: Чувајте ја деца наши земјата своја Чувајте го јазикот наш македонски Вие доволно дадовте, вие доволно страдавте Воздигнете се сега одново, од вистината никој нема да избега НЕ! Ние не сме сами! Ти постоиш! ние постоиме ! Ти овде си, ти земја си ТИ МАЈКА СИ! Твоето дете – ЈАЗИКОТ вечно ќе го заштитуваме и чуваме! Бидејќи без него ниту ден не можеме! Македонијо! Не стравувај! Со перо и лист, траг ќе оставаме, 418


МојоТ јазик, Тоа сум јас

со глас борба ќе водиме за твоето дете никогаш да не го изгубиме. Јас ти ветувам дека ќе бидам една од нив што твојот најголем и прв син ќе ми биде мојот најверен пријател пријател што и по мојата смрт тој ќе продолжи вечно да живее и опстојува во твојата колевка, во делата и во книгите т.е. вечно ќе биде во здивот на секој Македонец бидејќи јас,ние, вие сите сме нашиот јазик, сме нашиот идентитет односно нашето постоење. ДА тоа сме ние, тоа е нашето најголемо богатство чија вредност е непроценлива, тоа е Македонија, тоа е тој, нашиот мајчин македонски јазик МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС. Емилија Димоска – IV- 2 клас СОУ „Св Наум Охридски”, Македонски Брод, Ментор: Рате Савев

419


МОЈОТ ЈАЗИК ТОА СУМ ЈАС Низ векови, од генерација во генерација сè повеќе се развива значењето и верувањето во јазикот... Без јазик сме никој и ништо – рекол Блаже Конески. Јазикот е свето предание пренесувано од колено на колено. Тој претставува нашиот идентитет. Темелите на нашата писменост ги поставиле Кирил и Методиј. А ние денес сме среќни што имаме свое писмо со кое се гордееме. Нема нешто поубаво од тоа да се пишува. Твори и зборува на својот мајчин јазик. Сите ние треба да ги продолжиме делата на Пулевски, Мисирков, Коневски. Тие ни оставиле богата историја од развојот на нашиот јазик, прекрасни дела, кои ние треба да ги почитуваме и да им се восхитуваме. Затоа треба и ние да оставиме наши дела со кои ќе ја продолжиме историјата на нашите предци. Убаво кажал Крсте Петков Мисирков: „Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже од народниот дух“. Јас само ова би го дополнил „и од својот идентитет“. Мојот мајчин јазик, македонскиот, е и ќе биде мојот корен, бидејќи на него пишувале и зборувале нашите предци. Тој е мојата душа затоа што претставува дел од мене. Мојот јазик тоа сум ЈАС. Бајрам Ибески II 2 СОУ „Св. Наум Охридски“ – Македонски Брод Ментор: Цветанка Митаноска

420


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик- тоа сум јас Тука сум! Тоа сум јас, повторно со бисерниот ѓердан. Најголемото богатство кое го имам наследено од моите дедовци, прадедовци, мојата иднина всушност нивното минато и нашата татковина, звучна убавина. Тоа е нашиот јазик, тоа сме ние Македонците... Со самото слетување на оваа гранка, мало место од големото дрво, нашиот свет... Не распознаваш ништо друго освен мајчиниот глас... Живееме во татковината и додека сме мали слушаме за неа и ја бараме. Отпосле стануваме свесни дека е насекаде околу нас, а најмалку во нас. Таа нè топли, штити и зборува. Во потполност ја разбираме, таа е во јазикот, а тој во неа. Сега знаеме дека сме Македонци кои живеат во својата Македонија. Историјата, традицијата, културата и нормално јазикот и неговото потекло, утробата на старословенскиот јазик кој го зборувале Словените од околината на Солун. Не може да се спречи создавањето на народното творештво, овој правец на создавање кој пораснал во гигант низ векови. Фолклорната звучна убавина, уметничката душа и духовното богатство... Нашите писатели и јазикот низ македонската литература. А, да не беше овој ѓердан, да немај свој јазик да не знаев за Мисирков? ,,Јазикот е наше духовно богатство и наследство”. Што ќе беше да не бев јас, да немав свое јас, да не можев да го кажам името свое? Ах, дедовци, прадедовци, борбени, но мудро го сплеткавте овој ѓердан, ние да не го расплетиме и доплетиме воедно да го зачуваме и надоградиме нашиот јазик, македонски јазик, еден и единствен. Стефанија Нојкова СУГС „Димитар Влахов“ Скопје Ментор: Дарко Николовски 421


Мојот јазик – тоа сум јас Секоја земја, секој народ, секоја нација и секој човек, па и ние македонците имаме едно големо ковчеже богатство, едно големо богатство кое сведочи за големите вредности на својот народ, македонскиот народ. Тоа е едно ковчеже, кое ако го отвориш има што да видиш, најпрво ќе почувствуваш прашина на своите раце, ќе сфатиш дека е старо, од многу одамна, потоа ќе почуствуваш една поинаква, чудна миризба, миризба на минато, миризба на листови, книги ќе задлабиш низ векови назад, низ хартиени документи, искинати корици, исушено мастило и што не друго, такви милиони примероци кои кажуваат дека имаме бесценето богатство, богатство за кое некој го жртвувал и животот свој, се мачел и трудел за да ни го подари нам, за денес да сме среќни што го имаме и да сме богати и горди во душа, тоа е богатсво кое има свое име – јазик. Нашиот јазик не е создаден сега, голема е неговата историја, таа нè води низ доста темни и мрачни векови до првите просветители Кирил и Методиј кои ни го осветлија времето на незнаењето и на нашиот народ му го подарија најсилното оружје на светот – Македонската азбука. Тој е основното средство за општење на луѓето, тој е систем на знаци и служи за комуникација. Благодарение на него и говорот луѓето не само што ги разменуваат своите мисли и чувства туку ги пренесуваат и своите сознанија на идните генерации, како би се рекло „од колено на колено“. За нас Македонците, македонскиот јазик е основно национално обележје по кое се препознаваме во светот. Затоа нашиот мајчин јазик е нашата основа, нашиот корен што досегнува 422


МојоТ јазик, Тоа сум јас

во длабочините на минатото и нè држи исправени за во иднина. А за мене лично македонскиот јазик претставува сè, најголема гордост, водилка, компас кон правиот пат, жртвуваност, желба, труд, борба, надеж, љубов и среќа, едноставно ме претставува мене, мојата личност, затоа наједноставно би кажала мојот јазик – тоа сум јас. За мене секој напишан збор на свој мајчин јазик има посебна моќ, и силно влијае врз мене, и општествената свест, го соединува националното битие во најубавото значење на тој збор. Ние имаме свои обичаи, свои преданија кои се пренесуваат од колено на колено и го одразуваат нашето битие, сето тоа е благодарение на постоењето на нашиот мајчин јазик. Во ниеден миг македонскиот народ не се посомневал во своето битие, во своето постоење зашто ја имал својата духовна храна, лекот, оружјето против сите кризи – својот јазик. Но денес ова богатсво од многу луѓе е отфрлано на страна, неупотребувано и ненегувано. А, јазикот е непресушен извор кој треба постојано да се следи, да се негува, да се надоградува и пред сè да се зачува чистината на убавиот македонски збор. Но, убаво кажал големиот Крсте Петков Мисирков: „Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже од народниот дух“. Јас би додала само: „и од своето сопствено битие, од својот идентитет, од самата јас“. Мартина Трпковска II-4 СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ Битола Ментор: Соња ЖивковиќЃоргиевска

423


Мојот јазик - тоа сум јас Како што е променливо времето, така се менуваат и луѓето. Нивниот лик, нивната висина, тежина, сила... сè се менува. Ништо не останува вечно, само едно - неговиот карактер. Карактеристика по која сите се препознаваме. Ликот е само маска, само една скоравена кожа која со текот на времето се менува на поблага, понежна и почувствителна. Сè е карактеристика, па дури и јазикот кој го говориме. Дијалекти, дофрлени зборови, говорење други јазици... Но, прашањето е: Каде исчезнува нашиот јазик? Кои сме ние сега? Се озбразуваме ли доволно? Знаеме ли доволно за нашиот мајчин јазик? Премногу прашања, премногу одговори. Луѓето честопати и не се свесни какви зборови изговараат од нивната уста. Но тоа сме ние, тоа е нашето јас кое се крие во нас. Она вистинското. Без маска, без лажење, без измами. Како се разбираме ние сега, а како се разбирале во минатото? Кој јазик го користиме? Се изразуваме ли правилно? Премногу е комплицирано, но само едно едноставно. Јазикот нè поврзува сите нас. Без разлика на пол, вера, раса, националност. Сите мора да се изразуваме некако за да се разбереме. За да се сфатиме самите себе си и да не прифати општеството. Но, неретко образованието се дели од вистинската личност. Самата околина, тој пристап на луѓето, нивната критичност не менува. Некогаш на подобро, некогаш на полошо. Каде ли отиде она време каде со еден збор ќе се разбереше сè? Кој е виновникот за тоа? Сега... сè е поинаку. Чувствувам како и нашиот јазик пропаѓа во вода. Тоне сè подлабоко и подлабоко. Безизлезно. Мојот јазик е всушност мојата држава, мојата татковина, моето 424


МојоТ јазик, Тоа сум јас

родно место. Тој ме претставува мене на секое место. Секаде има најразлични обичаи, традиции кои уште од минатото се практикуваат. Но, јазикот е најстаро средство по кое ние се разликуваме и со кое се разбираме сè до ден денес, а и понатаму. Технологијата напредува, а така и сè останато со неа. Сакам да верувам и дека идните генерации ќе бидат заинтересирани за работите од минатото. За потеклото на нашиот јазик, за неговата историја па и да се дојде до некое ново сознание. Искрено, и самата би се впуштила во таква авантура - да дознаам нешто ново, нешто што досега сеуште не е откриено, нешто што би ми помогнало да дознаам што повеќе за мојот мајчин јазик. Многумина се исмејуваат кога некој зборува културно и литературно мислејќи дека е паметно од негова страна негледајќи од другата страна колку банално изгледа тоа. Мојот мајчин јазик, мојот македонски јазик е мојот корен од моите предци. Би пишувала и би зборувала за него со денови и денови. Тој е дел од мене, дел од мојата душа и секојдневен говор. Мојот мајчин, мојот македонски јазик е тоа сум јас. Тоа е моето вистинско ЈАС. ЈАС кое никогаш нема за изумре. И по мене ќе остане во сеќавање, ќе останат зборовите изговорени од нашите усти, од нашиот мајчин јазик. Ќе остане почитта кон него. Ивана Цековска 4/12, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, Скопје Ментор: Соња Панева

425


Мојот јазик, тоа сум јас Велат дека мачен бил нашиов народ. Со векови многу труд, пот, многу луѓе ја губеле својата сила за да блесне денес и се покаже на виделина она што е највредно, она што го отсликува човекот како поединец, а и целосно, како народ. Сум се родил пред осумнаесет години, мојот пат започна токму тогаш. Како од позлатена уста да ми бил фрлен благослов, засекогаш да ме врзе синџирот, да останам со ум приврзан на тие синџир алки ковани. Сè додека умот ми вели да останам горд на мојот идентитет, во мене нема да избледи значењето на таа именка. Иако е еден збор, секоја буква, секој збор кој го слушаме додека некој ги изговара тие зборови, веднаш е препознатлив. Тој звучен мелос кога допира до внатрешноста јасна порака стигнува. Еден глас ни вели: - Еј, тоа сте вие!?, прашувајќи нè дали се препознаваме себеси. Дали барем низ бледа слика им ги гледаме лицата, или барем малку ги чувствуваме некаде во нас тие кои се заслужни за целава оваа приказна, почнувајќи од создавањето на најмалото гласче, па сè до ден денешен. Велат дека идентитетот се докажува со лична карта. На секое битие кое е создадено овде, на кое за навек му е врежан овој белег, доживотна лична карта му е јазикот по кој го препознаваат сите. Во еден човек се препознаваат сите други, кои чекорат по ѕвездениот пат. Другите кои се обидуваат чесно, но лажно да влезат во кожата на народот, се само лажна копија на оригиналот, нема карта на Македонскиот народ.„Македонско име нема да загине“ гласи една македонска народна песна, која често се наоѓа во репертоарот на нашите музичари, кои се трудат насекаде во светот да ја пренесат македонската песна. И јас се 426


МојоТ јазик, Тоа сум јас

сметам за музичар, хармониката ми ги свири само песните на Македонски јазик, и никој друг. Со тоа се вклучувам во таа група на луѓе, кои едногласно, иако се многу, како еден ќе кажат: „Оган да го гори тој што ќе ни збори“, да ја оставиме Македонија. Само со крената глава, јасно и гласно да се искажам, дека припаѓам на едно мало парче земја-мајка Македонија, и нејзиното чедојазикот. Па нели и ние сме деца на Македонија? Нели и јас сум нејзино чедо, кое е во закрила сокриено, во пазувите стегнато, држејќи го во себе Македонскиот јазик? И навистина мачен е овој народ. Со векови пот, мачнина... но зарем има нешто поубаво од борбата за да го зачувам она што тлее во мене со години? Не! Па тоа е јазикот, исто како да се газам себе си, тоа сум јас. Душко Трифуновски СЕПУГС: „Васил Антевски-Дрен“ Ментор: Соња Панева

427


Мојот јазик-тоа сум јас Понекогаш седнувам покрај компјутерот и длабоко се внесувам читајќи разни новости, вести, приказни кои доаѓаат од различни страни на светот. Величествени статии кои го опишуваат овој мистичен свет во кој живееме, нè доближува едни до други, иако потекнуваме од различни култури и народи. Многу генерации пред нас се бореле за да имаат свое нешто, нешто по што ќе се разликуваат едни од други, нешто по кое ќе бидат препознатливи и што е најбитно ќе се разбираат и комуницираат меѓу себе. Човекот се разликува од другите живи суштества по говорот. Тој секојдневно комуницира со другите луѓе преку јазикот кој го учи од своето раѓање, мајчин јазик е оној кој го учиме од нашите мајки, првото богатство со кое се стекнуваме од најмали. Што би биле луѓето доколку забораваат да го користат својот јазик, како би се разбрале меѓусебно, највероватно би настанал хаос кој дури и најхрабрите и најсилните не би имале решение. Во ова брзо време на живеење, барање на успехот и безвременото трагање по среќата и патот кој води до материјално богатство, полека забораваме на нашето духовно исполнување и највредниот скапоцен камен што го имамемакедонскиот јазик. Времето во кое живееме налага да тргнеме по нови нешта, вклучувајќи и странски јазици. Зборувањето на странски јазик нè доближува до нова култура, народ, тоа е потребно за да постигнеме поголем успех на училиште, работа и др. Сегашноста се отсликува во иднината, а иднината ќе сведочи за минатото како што секој глас и секоја буква е сведок за борбата и храброста на еден народ. Јас сум истовремена иста, 428


МојоТ јазик, Тоа сум јас

но и различна од другите. Ги имам сите економски, социјални и политички права како и сите други нации и народи во светот. Но јас се разликувам од сите нив по една луцидна ѕвезда која секогаш грее во моето срце. Мојот јазик е мојот дух. Методиј, Кирил, Климент, Конески, Мисирков, долга е низата на оние кои го потврдуваат мојот став. Едно писмо, една мисла, јазикот мора да се чува и негува. Музеите сведочат за историски настани, традиции, изгубени и победени војни, но јазикот сведочи за големината на еден народ. Еден човек го красат карактерот, добродушноста, вербата и идентитетот. Цело е кога има сè – се вели во песните. Мојата лична карта е потполна само кога знам дека имам нешто боженствено што ме одликува. Го сакам мојот јазик, мојот народ и мојата држава. Како потоците во планините, како детската насмевка-јазикот е бисер во морска школка. Јас се родив, пораснав и со надеж и храброст ќе чекорам кон староста, но секогаш во себе ќе го чувам, несебично, ќе го негувам со љубов и споделувам од срце. Македонскиот јазик е моето богатство, а јас неговата заштитничка. Тој е стреа под која секогаш се чуствувам сигурна, тој е моето оружје со кое се борам за мојот глас на овој свет. И ако сеуште се прашувам која сум јас и што сум. Со гордост и храброст велам: МОЈОТ ЈАЗИКОТ –ТОА СУМ ЈАС!!! Маја Ристеска 4/1 СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп Ментор: Лидија Ристеска

429


МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС Колку јазици знаеш – за толку луѓе вредиш, велат. Јазикот и зборот претставуваат моќ, затоа што преку говорот ја осознаваме стварноста но и самите себе. Индивидуалниот начин на употреба на јазикот зборува многу за самите нас. Размислувајќи за мудроста: „Еден народ не исчезнува додека мисли, чувствува и зборува на свој јазик“- во време кога навистина мислиме, чувствуваме и зборуваме на свој јазик е малку чудно. Чудно и тешко е да се разбере дека постоело време кога се мислело на еден јазик, а морало да се зборува на друг. Под присила и закана, со страв! Како ли опстанал овој народ со векови? „Македонска самобитна култура имало, има и ќе има, и таа е најсилно оружје Македонците да си го зачуваат денешниот културен облик и да ги преживеат сите пресврти во историјата на нивното постоење“- напишал Мисирков. Прашањето за самобитноста на македонската култура и постоењето на македонскиот јазик се протегало од памтивек. Сите дејци, сите преродбеници од ова парче земја секогаш докажувале дека македонскиот народ е јазично различен од другите словенски народи. Богатото народно творештво е веродостоен сведок за тоа: жетварските песни, свадбарските песни, обредните песни, тажачките и редењата низ кои се искажувале чувствата и болката на народот. Ги запишувале, ги чувале за идните поколенија. Во ниеден момент македонскиот народ не се посомневал во своето битие, во исконското, во своето постоење затоа што ја имал својата духовна храна, лекот против сите

430


МојоТ јазик, Тоа сум јас

кризи на идентитетот – својот јазик. Зачувувањето на јазикот е од огромно значење заради тоа што служи да ги обединува луѓето, културно да ги поврзува генерациите кои ги прават цивилизациските вредности на човештвото. Мојот мајчин јазик, македонскиот, е и ќе биде мојот корен, бидејќи на него пишувале и зборувале моите предци. Тој е мојата душа затоа што претставува дел од мене. Мојот мајчин јазик е моето ЈАС. Како што напишал еден наш поет: Јазикот ни е завет од дедовците, како тламникот во огништето. Чувај го како црнката во окото-без јазик си никој и ништо! Ангела Панева – 4/10 СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, Скопје Ментор: Рајна Шопова

431


Мојот јазик-тоа сум јас Јазикот е основното средство за општење, систем од знаци што служи за комуницирање и благодарение на него, луѓето си разменуваат информации и мисли. Секој народ има своја традиција, свои обичаи и јазик. Темелите на нашиот јазик ги поставиле браќата Кирил и Методиј, кои го осветлиле патот кон писменоста. Но, од година на година јазикот сè повеќе се усовршувал, за да биде денес ова што е. Нашата обврска кон јазикот е да го негуваме и чуваме. Треба да ја довршиме работата што ја започнале македонските писатели, како што се браќата Константин и Димитар Миладинови, Григор Прличев, Кочо Рацин, Коле Неделковски и многу други кои се овековечиле со своите дела.Тие минале низ мрачен живот, несебично залагајќи се да ја збогатат македонската литература. Делата напишани на дијалект за нас се бесценети, бидејќи дијалектите се темел на стандардниот јазик.Треба да им бидеме благодарни на македонските великани, кои треба да ни бидат пример за тоа како се сака еден јазик. Денес имаме современ литературен јазик без „мана“, но тоа не значи дека треба да се откажеме од негово подобрување и усовршување, бидејќи јазикот е непресушен извор кој треба да се негува. Доколку немаме свој јазик, ние би биле празни и сиромашни. Не мислам на материјална сиромаштија, туку на духовна празнина. Татковината и јазикот го исполнуваат човека, го прават да се чувствува сигурен во себе. Не треба да дозволиме да нè газат како нација и да го газат нашиот јазик, затоа што нашиот јазик всушност го преставува нашиот идентитет. Колку повеќе читаме за нашиот јазик, толку 432


МојоТ јазик, Тоа сум јас

повеќе се развива свеста во нас за негово чување и негување. Јас за мојот јазик велам дека е волшебен, милозвучен и бесценет. Нема збор со кој ќе се опише вредноста на еден јазик. Многупати се имам запрашано дали има нешто поубаво на светот од тоа да читаш и твориш на твојот мајчин јазик. Можеби со твојот труд ќе оставиш дела со кои ќе те возвишуваат идните генерации. Сите велат дека зборот е пренесувач на информации, а јазикот средство за комуникација. Ние луѓето го разбираме светот онака како што ни го претставува нашиот јазик.Меѓутоа јазикот претставува многу повеќе од тоа. Јазикот е всушност духовна татковина. Каролина Младеновска III-3 ментор: проф. Билјана Ристова СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје

433


Мојот јазик – тоа сум јас Јазикот, тоа сум јас. Јазикот е дел од мојот идентитет и дел од мојот живот. Јас, а и сите ние, се раѓаме во земја – татковина, од каде започнува сè и каде завршува сè. Јазикот е најсовршеното средство за комуницирање и за искажување на сопствените мисли и чувства. Тој е дел од нашето постоење и нашата душа. Се раѓаме во семејство опкружени со неизмерната љубов од нашите родители. Уште од најмала возраст секојдневно го употребуваме мајчиниот јазик. Тогаш почнуваме да ги изговараме првите зборови, почнуваме да го запознаваме светот околу нас и да учиме дека секој предмет, суштество и појава си има свое име. Го допираме, го обликуваме нашиот мал универзум онака како што сакаме и умееме, а јазикот ни помага да навлеземе сè подлабоко во него. Како што растеме, го осознаваме нашето право за слобода и идентитет. Почнуваме да разбираме дека нашите срца се синхронизирани со срцата на уште многу луѓе во една мала нација. Се чувствуваме исполнето и среќно, бидејќи сите го зборуваме јазикот на нашите татковци, кои го зборуваат јазикот на нивните татковци, кои пак го зборувале јазикот на нивните татковци и сè понатаму до степен кога сфаќаме дека постоеле, а и ќе постојат, уште многу други генерации кои ќе го зборуваат истиот - нашиот мајчин јазик. Така мајчиниот јазик опстојува, живее длабоко во секој човек. Со користење на нашиот мајчин јазик, ја негуваме традицијата на нашите прадедовци, го зборуваме јазикот кој го зборувале и тие. Преку мајчиниот јазик се поврзуваме со историјата на нашиот народ. Затоа јазикот е врска помеѓу минатото, 434


МојоТ јазик, Тоа сум јас

сегашноста и иднината. Нашиот мајчин јазик е материјализација на нашиот идентитет, на нашето битие. Македонскиот народ претрпел многу маки и страдања борејќи се за слободна држава, за својот идентитет и своето име. Трагичната судбина на Македонците сведочи за тоа дека во минатото во сопствената земја, во сопствените домови не смеел да се употребува мајчиниот јазик. Сепак, како што големиот Петре М. Андреевски ќе рече ние, Македонците, сме пиреј кој е неуништлив. А, она што тој пиреј го хранел низ времето - невреме е секако јазикот. Нашиот јазик постоел, постои, и ќе постои. Со него, ние твориме. Користејќи соодветни зборови, креираме богати, впечатливи слики кои ги будат и најскриените чувства во нас. Со творењето создаваме уникатни случки и настани, создаваме друг универзум во нашите мисли. Преку зборовите, се оттргнуваме од реалноста во која се наоѓаме и се внесуваме во сосема друг свет кој постепено го запознаваме. Моќта која јазикот ја поседува да го сплоти семејството, да ни овозможи да ги искажеме своите лични ставови, да твориме и да го сочуваме нашето творештво, да говориме и да го спознаеме своето потекло, е неспоредлива. Јазикот е нашата душа, дел од нашето срце. Затоа - јазикот, тоа сум јас. Михаела Велковска I1 СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ Ментор: Роза Никодиноска Мајсторовиќ

435


Мојот јазик- тоа сум јас Седам во домот изморена, но среќна, и читам нешто обично, но за мене важно и читам сè додека волјата в срце стои, во мојата глава некој чуден спој постои. Се мислам и чудам за јазикот сопствен, испечатен во весници, брошури, книги разни... и искажан од секој човек, припадник на мојот народ, мојот јазик е мојата душа. Прекрасен е нели? - Се мислам за час. Тоа што е јазикот, тоа сум и јас. Тоа е мој јазик, непроменлив, вечен јазикот на мојте прадедовци, предци создаден од буквите на Кирил и Методиј, најзначајни просветители, прогласени светци. Штом во други држави патувам, шетам, зборувам на сопствен јазик, единствено мој, горда сум на мојата земја, моето име и народ горда кога говорам на јазикот свој. Прекрасен е нели? - Си мислам за час. Тоа што е јазикот, тоа сум и јас. Сара Стомнароска 4-2 клас СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп Ментор: Лидија Ристеска 436


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик – тоа сум јас Мојот пат неизбежно оди напред, минатото само ми помага, патот да го изградам трасирајќи го врз длабоките корени на нашето национално докажување и опстојување. Животот на македонскиот народ низ вековите течел во тешки и сложени услови. Ослободените соседни народи, ги покажуваат своите аспирации да вршат засилена пропаганда. Во вакви опшествено-политички услови македонскиот народ е присилен да води жилава борба на разни страни, особено забележителна е нејзината борба на културно-просветно поле, за зачувување на мајчиниот јазик кој ќе свети низ вековите идни. Таа непрекината борба на македонските писатели, поети, преродбеници дава резултат: во втората половина на XIX век се појавуваат првите печатени книги на македонски јазик, преводи на познати трудови од литературата на словенските и други народи како и засилено запишување и објавување на македонското народно творештво. XIX век е време кога настануваат значајни промени во писмениот јазик на Македонците. Во овој период се појавува нов период на нашиот јазик-новомакедонскиот, наспроти претходниотцрковнословенскиот, кој се појавил како продолжение на старословенскиот јазик, односно на кирилометодиевската традиција. Нашиот мајчин македонски јазик е како синџир од алки ковани од народот што ги поврзува сите генерации на нашата држава, ги прави соединети и толку блиски, барем оние кои се заслужни за опстојувањето на македонскиот јазик, а со тоа и сопствениот идентитет. Најголема заслуга на тоа поле има нашиот истакнат деец Крсте Петков Мисирков кој во 1903 година ја даде предлошката кодификација на македонскиот литературен јазик, пред сè, преку фундаменталното дело „За македонцките работи“. Со оваа книга Мисирков ги постави принципите според кои треба да се создаде официјалниот македонски јазик. Тие 437


принципи со предложениот јазичен израз, Мисирков, своето дело им го подари на своите современици, но и на нас како негови поколенија. Денес ние сите потомци на плејадата историски личности за македонскиот јазик обврска ни е да ги почитуваме сите личности и да ја продолжиме нивната заложба за зачувување на нашиот јазик како нешто најсветло во животот на еден човек, за нашето опстојување и докажување на сопствениот идентитет. Во врска со ова прашање многу лингвисти обрнуваат внимание на прашањата: Што претставува идентитетот? Која е улогата на јазикот за докажување на идентитетот? Каква е јазичната врска меѓу јазичната норма и идентитетот? Посебно е интересно прашањето за личниот идентитет на единката во современата македонска научна книжевност за деца и млади. За нас како млади генерации од посебна важност е да го употребуваме мајчиниот јазик во секојдневната комуникација, во домовите, училиштата, средствата за јавно информирање, бидејќи тоа е нашето најголемо богатство, наша ѕвезда водилка на небото и фенер на земјата што светат како непрекинат факел. Како најмило чедо треба да го милуваме мајчиниот јазик, да го чуваме како зеницата во окото, затоа што ако успееме во тоа, тогаш со сигурност можеме да кажеме дека МОЈОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС, односно дека непрекинато ќе опстои македонскиот народ во иднина со сопствен јазик и идентитет. Не смееме да дозволиме да ни се одземе јазикот. Tреба нашиот народ да го научиме да го чувствува и сака својот јазик, никогаш да не се искорени, и постојано да постои, да се надградува и усовршува мајчиниот јазик како нешто најсвето. Мојот јазик е непресушен извор на моите желби, мое духовно богатство кое ме храни и ќе го чувам како сончевите зраци што го прегрнуваат светот. Нераскинливата сплотеност со мојот јазик го докажува моето постоење, односно МОЈОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС. Сиљаноска Константина IV-2 клас СОУ „Св. Наум Охридски,“ Македонски Брод Ментор: Рате Савев 438


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик - тоа сум јас Јазикот е гулаб што низ светов лета, јазикот е пердув лесен, што од усна до усна шета. Мајчиниот јазик, највредното нешто, мојот македонски јазик создаден многу вешто. Постарите велат: еден јазик - народ еден, цени го јазикот свој, тој е многу вреден! Мојот јазик - една буква, еден глас, мојот јазик – да, тоа сум јас! Негувајќи го јазикот свој, не дозволуваш тој да згасне, напротив му даваш сила сè повеќе да расте. Македонскиот јазик денес ко ѕвезда силно сјае, како минал низ тешкото минато само тој знае. Секој јазик со себе носи убавини разни, секој јазик има своја историја, легенди, бајки и приказни. Твојот јазик те одликува тебе, не дозволувај тој ко цвет да oвене. Македонскиот јазик вечно ќе трае, ќе останат поезија и проза, ќе остане јазикот засекогаш да цвета како црвена роза. Емилија Тасева I8 СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани Ментор: Александар Димитров

439


МОЈОТ ЈАЗИК-ТОА СУМ ЈАС „ЕВЕ КЉУЧ ШТО ОТВОРУЕТ СЕРДЦЕТО ВАШЕ,НЕ КЉУЧ ОТ ЗЛАТО ИЛИ СРЕБРО,НО КЉУЧ ОД ЖЕЛЕЗО И ЧИЛИК;ЧТО ДА НЕ СЕ ВИИ;ОТИ СРЕБРОТО И ЗЛАТОТО ЕСТ МЕКО И СЕ ВИЕ СКОРО,НО ЖЕЛЕЗОТО СО ЧИЛИК НЕ СЕ ВИЕ“ („ПРЕДИСЛОВИЕ“-Т. СИНАИТСКИ) ДА,ТОА Е МОЈОТ ЈАЗИК.ЈАЗИК ЦВРСТ КАКО ЖЕЛЕЗОТО И ЧЕЛИКОТ,ЈАЗИК КОЈ МНОГУМИНА СЕ ОБИДУВАЛЕ ДА ГО НЕГИРААТ,ПА И ДА ГО УНИШТАТ.НО НАШИТЕ ПРЕДЦИ ГО ЗАЧУВАЛЕ, ГО ПРЕНЕСУВАЛЕ ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО И НА НЕГО ГОВОРИМЕ ,ПИ-ШУВАМЕ,СЕ ОБРАЗУВАМЕ. И ЗАТОА СМЕ ТУКА,НА ОВА ПАРЧЕ БАЛКАНСКА ЗЕМЈА ГОРДИ НА НАШЕТО НАЦИОНАЛНО И КУЛТУРНО РАЗВИВАЊЕ ПРЕКУ ЈАЗИКОТ-ЕДЕН ОД БИТНИТЕ ПРЕДУСЛОВИ ЗА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ. МОЈОТ ЈАЗИК-МОЈА ИСТОРИЈА.НИЗ МРАЧНИТЕ ВРЕМИЊА ПРЕКУ БИТКАТА ЗА НЕГО СЕ ОСВЕТЛУВАЛО ВРЕМЕТО,СЕ ГРАДЕЛА ТРАДИЦИЈАТА, СЕ НЕГУВАЛЕ ОБИЧАИТЕ,СЕ ОДРАЗУВАЛО НАШЕТО БИТИЕ. ПРЕКУ НЕГО ЈАС СЕ ИДЕНТИФИКУВАМ ВО ЗАЕДНИЦАТА, ВО ОПШТЕСТВОТО, ВО СВЕТОТ. МОЈОТ ЈАЗИК Е МОЈОТ КОРЕН ВО КОЈ СЕ ЗАЦВРСТИЛЕ БРОЈНИ ЛИЧНОСТИ ВО БОРБАТА ЗА НЕГОВОТО СОЗДАВАЊЕ И НАДГРАДУВАЊЕ.ТИЕ ЖИВЕАТ ПРЕКУ СВОЕТО ДЕЛО И НАШИТЕ МИСЛИ БИДЕЈЌИ ЈАС,ТИ ,ТОЈ,ТИЕ...СИТЕ НИЕ СМЕ ПЛОДОВИ НА НИВНОТО СЕМЕ , НА НИВНАТА НЕУМОРНА АКТИВНОСТ. ИМА И ДЕНЕС ТАКВИ КОИ НЕ МУ ГО СПОМНУВААТ ИМЕТО. НО, ЈАС ВЕЛАМ : „МОЈОТ ЈАЗИК Е МАКЕДОНСКИ .ТОЈ Е МОЈ ЗАВЕТ, МОЈ СВЕТ ДОЛГ , ДЕЛ ОД МЕНЕ . КАКО НЕПРЕСУШЕН ИЗВОР ТРЕБА ПОСТОЈАНО ДА СЕ СЛЕДИ,ДА СЕ НЕГУВА,ДА СЕ 440


МојоТ јазик, Тоа сум јас

РАЗВИВА ,НО И ДА СЕ ЗАЧУВА ЧИСТОТАТА И ПРИРОДНОСТА НА УБАВИОТ МАКЕДОНСКИ ЗБОР. ЗАТОА,НЕГОВИТЕ НЕГАТОРИ НЕКА НЕ СЕ НАДЕВААТ ДЕКА ЌЕ ИЗМЕНАТ НЕШТО ВО МОЈОТ СТАВ КОН МОЈОТ ЈАЗИК. ПРЕД МЕНЕ СЕ СЕКОГАШ МИСИРКОВИТЕ ПОРАКИОТКАЖУВАЊЕТО ОД СВОЈОТ ЈАЗИК ЗНАЧИ ОТКАЖУВАЊЕ ОД НАРОДНИОТ ДУХ,ОД СОПСТВЕНОТО БИТИЕ,ОД СОПСТВЕНИОТ ИДЕНТИТЕТ. АКО ВО МНОГУ ПОТЕШКИ УСЛОВИ НИЗ ВРЕМИЊАТА МРАЧНИ,НАШИТЕ КУЛТУРНИ БОРЦИ ЈА ПРОКЛАМИРАЛЕ ИДЕЈАТА ЗА МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК КАКО ПОКАЗ ЗА НАШАТА САМОБИТНОСТ И СО ТОА ГО ИСТАКНАЛЕ НАЧЕЛОТО ЗА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА САМОБИТНОСТ И ИНДИВИДУАЛНОСТ, ЖРТВУВАЈЌИ СЕ СЕБЕСИ ,ЗАРЕМ ЈАС ДА НЕ ГО ЧУВАМ ТОА? МУ ГО ДОЛЖАМ ТОА НА СЕКОЈ МОЈ ПРЕДОК,НА СЕКОЈ ОНОЈ ШТО ПРЕКУ ЈАЗИКОТ НИ ГО ПОКАЖАЛ ПАТОТ КОН СВЕТЛИНАТА И ИДНИНАТА. НАТАША НЕСТОРОСКА III –С КЛАС ПРОФ.ТАТЈАНА ДУРНЕВА ОЕМУЦ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ “ ОХРИД

441


Мојот јазик – тоа сум јас Што е тоа што го прави секој човек различен од другите, а во исто време и дел од една заедница. Како да се оформи една личност и врз основа на кои вредности да го гради својот карактер и да бара свое место под Сонцето. Секако, најсигурен пат за тоа е добро да го познава својот јазик. Тоа е темел на секој поединец кој во себе го содржи целото историско наследство на минатите генерации кои останале верни на своите традиции. Македонскиот јазик со својата богата лексика, и убавината на литературните форми низ приказни, песни, раскази постојано раскажува за длабочината на македонската душа исполнета со љубов кон секого, но и за болката, која раѓа копнеж за слобода и ја зголемува храброста во секојдневните предизвици од надвор, но и не помалку важните лични внатрешни борби. Најпознатите македонски творци Цепенков, Шапкарев, Миладинов, Мисирков пишувајќи за македонското секојдневие воделе тешка борба да се остане свој меѓу туѓинци и да се сведочи за македонската вистина. Навистината е чудно како денес кога имаме слободна земја и голема можност на свотот да му подариме убавина преку зборот, светот е глув за вистината. Сигурно дека самите сме придонеле за така да нè разберат кога и самите сме разбрале што е суштински важно за нас. Нашата одговорност кон преродбениците најубаво ја искажува Мисирков кога вели „Долгот кон јазикот е тесно поврзан со долгот кон татковината“. Значи секој од нас трага во вечноста преку делата што секој ден ги прави и на начинот на кој се однесува кон она што треба да го „брани како светиња“. Никој не е ослободен од одговорноста совесно и во секоја прилика да внимава како го користи јазикот. 442


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Света должност на учениците и наставниците во училиште, на медиумите им е да го негуваат мајчиниот јазик како светиња. Вистинското богатство се нашите дијалекти кои ја изразуваат нашата посебност и локален идентитет, зашто тие се основи за стандарниот јазик, а не како што некои мислат дека се одраз на пониска вредност. Денес кога сите зборуваме и по неколку светски јазици мораме да осознаеме дека тоа знаење има вистинска вредност само ако со почит и љубов го градиме нашиот сопствен идентитет, нашиот јазик, нашето вистинско Јас. Нека идеалот за слободата која го одржал Македонецот биде основа вредно да работиме за подобро утре на сите нас. Зашто после сè едно е сигурно, додека постои нашиот јазик ќе постоиме и ние како Македонци. Тоше Алексов III-2клас во СОУ„Ванчо Прке“Виница Ментор: Тања АнакиеваДавитковска

443


Мојот јазик-тоа сум јас! Јазикот е врел оган по телото, донесен виор од среќа, трепет во свежината, воздишка во школката, тој е вдахновение од љубовта. Тој наликува на траги од бесмртна сенка и замаглена бесконечност донесена од дамарите на предците. Тивко навлегува под порите на времето и како скапоцен бисер свети на дното во немирната вода од тиркизното море. Јазикот понекогаш ни ја разгалува душата, понекогаш ни ја разгорува со некои неверни зборови, понекогаш нè носи до рајот и нè враќа стопати назад. Од тие некогашни мигови создава издан од врели емоции, замрсени мисли, исчкртани сеќавања во нашиот ум. Создава волшебна мешавина од која потоа се раѓаат нови зборови кои потоа се преродуваат во нашата матка. Така се везат зборовите и јазикот станува најдрагоценото сино око од кое се гледа и разбира целиот свет. Јазикот станува наше чедо кое се сака и милува со усните и ќе остане да се сака и во идните генерации. Затоа што јазикот е часовник кој го поврзува нашето време со краевите на другото време. Македонскиот јазик е блаженство создадено од убавината на сончевото јадро. Нашиот јазик е древно семе изникнато од набабрена љубов и возвишена верба. Книгите напишани на македонски јазик се соединение за макотрпноста на народот и борбената историја. Во македонските зборови, реченици скришно се провлекува античката срж на народот кој кревко допира до пукнатините на срцето. Човекот е доживотен заробеник на јазикот, тој е вечен прогонител на зборовите. Јазикот не се чува како мрежеста пајажина во дланките, како прашинка на плеќите, како поглед во очите, како гравиран потпис на кожата, како закопано минато во земјата. Тој се чува во срцето затоа што 444


МојоТ јазик, Тоа сум јас

тој е единствен сопственик на иднината. Народот кој живее во границите на Македонија е во привлечна сила со македонскиот јазик. Јазикот е верно враќање кон историјата на народот. Секоја здробена, ситна мисла која ни патува во разумот, патува во лулката на јазикот. Емоциите и чувствата летаат во срцето затоа што го разбираат еликсирот на јазикот. Со сончевината и топлината на јазикот се стоплува и најстуденото срце. Претстапникот на македонскиот јазик е споменот кој се крие во пурпурниот оган на сонцето. Некој гласник на постоењето или пак некој затвореник на сопствената солза, некој застапник на мирот, некој непознаник, туѓинец, патник во неопределено време, пешак по улица кој го разбира мајчиниот јазик ја разбира реалноста. Универзумот на вистината се движи само ако се зборува македонскиот јазик. Македонскиот јазик ги оживува неисчезнатите клетки на историјата и со раширените крилја нè понесува до трепетните ѕвезди. Никогаш не дозволувајте од срцето да излезе љубовта кон јазикот затоа што тогаш ќе имате искршени весла и искинати едра и не ќе можете да пловите по морските струи. Ќе го имате изгревот на сонцето во вашиот дом, но секогаш кога ќе сакате да го почувствувате тој ќе се гаси како што се гаси и огнот од водата. Почвата на душата се храни со хранливите зборови од јазикот, плачливите очи се избиструваат со умната поука и книгите се читаат со знаењето за јазикот. Не дозволувајте јазикот да се заборави и да отиде во некои прогонето бегство, во некој мрачен фокус или пак во некоја веќе урната рамнотежа. Чувајте го јазикот како непобедлива семка, како кристална солза на дланка, како огледало на денешницата. Не ги закопчувајте отворите на јазикот дозволете му да диши и во здивот на невремето. Шупливите коски на јазикот исполнете ги со оптимизам, а жедните усни со капки чиста, студена вода. Македонскиот јазик нека продолжи да шумоли во ветровите, во житното класје, во 445


есенските брези, нека шумоли и меѓу голите гранки на зимските дрвја. Испреплетените нишки на македонските зборови можат да бидат лек за секоја неисцелувана рана. Македонскиот јазик е потврд од металот, а помек од памукот, тој е неочекувана утеха во борбата за опстанок. Не дозволувајте опсадата од непријателот да ги запре сите брзи врутоци од јазикот затоа што нашите деца ќе останат жедни и бедни. Македонскиот јазик не може да се уништи ниту со копје или нож, меч или јаже, куршум или отров. Тој е непобедлив бидејќи е покрстен со световна вода и има исконска сила. Не ги одврзувајте белите конци од шарените од венците на јазикот затоа што ќе се заборави мирисот на вечна пролет. Македонскиот јазик е нашиот белег на постоење, тоа сме ние Македонците. Рената Пенчова II-1 СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“, Штип Ментор: Васка Димитровска

446


МојоТ јазик, Тоа сум јас

„Мојот јазик – тоа сум јас“ Со предци наши, со мака нивна ти си роден за среќа наша, од мрачност нивна, уште непокорен. Места во срце најде ти, јазику наш, народ верен ти остана, корен од дамнина сочува. Гледам со нас историја пишуваш клета прифаќаш сé што ќе слета, сегашноста ни сета, нé тераш да те чуваме, за иднина да се бориме знаеш ли, не знаејќи го тоа што ќе ти сториме. Се прашуваш зашто мора тоа да го знаеш, па нели ти си оној што напред гледа сега, нели треба да тргнеш за да продолжиш, но како без минато од кое не се бега. Од буква, збор, реченица гради спречува човечноста да се лади. Отсликува душа и големина на човека јазикот верен ни е пријател довека. И дедо ми аманет ми остави зборувај ти синко македонски, тоа е светост заедно што нé дружи, тоа е нешто што секогаш ќе нé служи. Го имаме ние денес – го зборуваме, да го имаат и нашите поколенија утре, да го зачуваме. Име, јазик да не менуваме, нација, народ да милуваме. Зорица Младеновска IV-4 клас С.О.У. „Јане Сандански“ – Струмица ментор: Боркица Трајковска 447


„Мојот јазик –тоа сум јас“ Како да кажам нешто, а да остане не кажано? Како да творам, а да бидам доброделно наградена? Како да зборувам, секој да може да ме разбере? Како да бидам своја на своето, ако не со јазикот? Без да размислувам колку и каде, нижам везам зборови и врзувам стихови. Не можам да се начудам на тоа што го имам безрезервно непресушен извор од кого можам да црпам неизмерно. Средство со кое можам слободно да се изразам, убавините околу мене и вредностите да ги пренесам, да го оживеам и она што одамна е заборавено, за да постои и по мене – да остане почитувано. Бидејќи го имам денес, бидејќи постои, преврти го, касапи го, пак ќе се обнови. Чувствувам задоволство и гордост што е мој, аманет на моето постоење, аманет да се биде свој. Сé уште во мојата потсвест мајчините зборови ѕунат моите први зборови успееја сите да ги збунат, зборовите на мајчиниот јазик се учеа интересно, не постоеше друг јазик на кој би учела полесно. Кога ќе ме видиш не ме прашувај која сум, застани и слушни ме што зборувам. Ако отпрвин не ме разбереш, стрпи се, јазикот да ми го научиш одново обиди се. Ивана Зеленкова IV-3 клас С.О.У. „Јане Сандански“ – Струмица ментор: Боркица Трајковска 448


МојоТ јазик, Тоа сум јас

„Мојот јазик – тоа сум јас“ ...Каде и да одиме во светот, во себе носиме мисла една, македонскиот јазик да ни биде реч последна. Туѓиот јазик в мрак нè завива сите и со пусти копнеж под македонското сонце со нашиот јазик да ни минат дните. Желба пуста, твоето, моето и своето срца да ни згрее, македонското во нас вечно ќе тлее. Јазикот на нашите предци... Ко пиреј се вплела речта македонска света, ќе остане таа ѕвезда светла за безброј Господови лета. Султана Јовановска IV-4 клас С.О.У. „Јане Сандански“ – Струмица ментор: Боркица Трајковска

449


„Мојот јазик – тоа сум јас“ Што сум јас, ако немам што да кажам, ако не прозборам, ако не раскажам... Мојот јазик, мојата воздишка, мојот глас, мојот извик, мојот плач, моите надежи и соништа - со него постојам јас. Звукот негов трепет в срце ми става, писмото негово гордост ми дава, најубавиот дар под македонсково небо секому рака подава. Мојот јазик е најубавата песна која ја знаеме, најубавата книга која заедно ја ткаеме, најсилниот печат дека тука сме биле стои за траг и шепоти за татковината, за народот македонски драг. Мојот јазик... искрата во мене, во тебе, во сите тлее, знамето македонско гордо нека се вее, песна македонска нека се пее... Мојот јазик... мојот белег, мојот вик, мојата слобода и најмоќен крик. 450


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Ќе го чувам, и сакам, и славам, мојот јазик од исчезнување ќе го избавам. Ќе го дарам на моите деца јазикот свет и ќе го оставам ко аманет да го чуваат до недоглед. Ќе му го дадам својот благослов песнатa негова вечно да се пее, писмото негово засекогаш да тлее. Зошто со него имам сила, имам глас, со него знам од каде сум, со него знам која сум – ЈАС. Вања Китанова IV-3 клас С.О.У. „Јане Сандански“ – Струмица Ментор: Боркица Трајковска

451


Мојот јазик – тоа сум јас „Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш, исто така како што е наша татковината”. Крсте Петков Мисирков Да, еднаш, многу одамна, зборувајќи за значењето и улогата на мајчиниот јазик Крсте Петков Мисирков ставил знак еднакво меѓу јазикот и татковината. Размислував за тоа дали можеби претерал, дали има нешто што според своето значење може да се изедначи со татковината. Дали јазикот, името, знамето и сите други национални симболи на еден народ се подеднакво важни како татковината? Ако подобро размислам, јазикот е првото нешто во животот што нè врзува со нашето опкружување, алатката без која не би можеле да ги откриеме малите тајни на големите умови, да пораснеме, да станеме свесни за тоа кои сме и што сме. А кога ќе го постигнеме сето тоа, јазикот ни е единственото и најмоќно оружје за да се одбраниме од оние кои ни ги оспоруваат основните права, оние кои нè негираат и нè тераат доброволно да се откажеме од себеси, од своите корени, својата историја, од својата иднина... На човекот му е својствено да се грижи и да се труди да го заштити она што е негово и да му се спротистави на секој што ќе посегне по неговата чест и гордост. Важи ли ова и тогаш кога некој (не)намерно го разјадува јазикот на кој си го изговорил првиот збор, јазикот на кој си се воспитувал и образувал, јазикот на кој секојдневно комуницираш со своето опкружување, ги браниш своите ставови, ги реализираш своите соништа... 452


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Одговорот не е тежок. Доволно е да прочитате некој весник, да гледате телевизија или за миг да ѕирнете на социјалните мрежи и ќе видите дека младите повеќе милуваат да зборуваат на кој било друг јазик освен на мајчиниот. Зошто лабавиме, дринкаме, филингуваме вака и онака, се фоткаме „увек и секад“ , се хејтаме, се ставаме на фејс, лајкуваме, правиме селфи и кулираме додека старите напињаат и смараат? Што е во оваа приказна наше, изворно, македонско? И за кој јазик овде велиме „мојот јазик“? Подолг период трагам по одговор, но не затоа што немам најдено, туку затоа што не сакам да се соочам со реалноста. Дали сме свесни за промените коишто секојдневно настануваат и сфаќаме ли што ќе ни се случи ако молчиме и не реагираме навреме? За Македонија, македонскиот јазик е непроценливо богатство, основно национално обележје по кое се препознаваме во светот. Доколку постои барем малку свест, нашиот однос кон јазикот нема да биде таков каков што е. Јазикот е богатство што треба грижливо да се чува и да се сочува за генерациите што доаѓаат. Тој треба да се негува, гради, надградува, но не по цена на тоа да ја изгуби својата оригиналност, специфичност и посебност. Ќе завршам со една мисла на Петре М. Андреевски: „Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме“. Никола Радулов IV2 СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје ментор: Гордана Илиева

453


Мојот јазик-тоа сум јас Јазик-што всушност е јазикот? Во биолошка смисла на зборот, потребен орган без кој ниту едно живо суштество не би опстојало, а особено не човекот. Но од друга страна сета таа анатомија, гласни жици и воздух, прегради во усната шуплина и одеднаш прекрасни звуци на „јазикот“ кој те заспива и буди, на кој ја искажуваш љубовта, тагата, лутината, восхитот. Јазик по кој те препознаваат од каде си, „јазик“ по чија особеност се разликуваат сите народи и нации на овој свет. Богатството на еден народ е всушност неговиот јазик. Тоа е печатот на секое ново родено дете во земјата моја, во секоја земја. Трага која се врежува уште во зачетокот на неговото постоење , а ќе го следи каде и да е... сè до неговото заминување од овој свет. Секој човек на својот наследник како аманет му го подарува „јазикот“, да го чува како нешто бесценето, да го предаде на наредните поколенија, за да не се витоса она што не прави да сме посебни. Иако сличен со соседните, јазикот на мојот народ е посебен. Тој има своја мелодичност од кои се разлева топлина, зборови кои ги нема никаде на светот. На мојот јазик се излеани волшебни текстови кои оставале свој печат и особено богатство низ историјата на македонското постоење. Ризница, која низ мака се полнела со години, но со гордост и смелост опстојала до денешни дни, и сега царува слободно. Мисли и чувства, преточени во збор, напишани, изговорени на јазикот на мојот народ, имаат особена моќ. Само на мојот јазик „бистро езеро гледаш белеит, и си од ветер сино темнеит“, само на мојот јазик може да се роди „проста и строга македонска песна“. Само кога го слушам зборот на мојот јазик 454


МојоТ јазик, Тоа сум јас

ја чуствувам моќта која ја тој ја има. Најмоќно оружје на еден народ е неговиот јазик, преточен во збор. Тој воздигнува, тој уништува, те прави слободен или те покорува. Ти ја олеснува душата кога си тажен, со него ја споделуваш среќата, чувствата. А тие пак, преточени на парче хартија оставаат печат на едно време, спомен за еден народ кој е свој на своето додека го има својот јазик. И кога ќе речам „мојот јазик“, не мислам само на мускул затворен во ќелија која се отвора по потреба, туку мислам на мојот прекрасен, македонски јазик. Мислам на неговата сила и моќ, волшебност и убавина. Мислам на мојот јазик на кој е сочувано нашето минато, а со сигурност ќе ја чува и нашата иднината. Зошто мојот јазик, тоа сум јас, тоа си ти, тоа сме сите ние. Да не залутаме на сопствениот пат, да го чуваме нашето богатство. Мојот јазик-тоа сум јас, тоа е мојот белег... И каде и да одам, и со кого и да зборувам, одам и зборувам на мојот јазик со крената глава. Тоа е од таа „пуста“ гордост која се вгнездила во моето чисто срце-македонско. Јована Рајковиќ II година СЕТУГС „Михајло Пупин“ Ментор: Маја Миневска

455


Мојот јазик, тоа сум јас Мајчин јазик. Мојот јазик. Тој е толку посебен, мелодичен јазик. Еден народ нема поголемо богатство од својот јазик. Бидејќи, токму јазикот е карактерот на еден народ, неговата меморија, историја и духовна сила. Во него се отсликуваат обичаите, традицијата, верувањата. Во него се отсликува живот на луѓето, убавината и силата на душата. Мојот јазик, тоа сме ние, тоа сум јас. Со мајчинијот јазик детето истражува, откривајќи за себе голем и волшебен свет на живеење. Јазикот го движи општеството. Им помага на луѓето да ги споделат своите мисли, да ги искажат своите чувства, да се разберат меѓу себе, да создаваат вредности за себе, сега и за поколенијата. Зборот што го разбираш значи многу во животот. Тој може да влијае врз судбината, тој во миг го менува расположението, те прави среќен, те прави збунет. Денес кога слушам како луѓето го уништуваат својот, мојот јазик, имам чувство, како да вадат дел по дел од она што со векови се чувало и пренесувало до денес. Една монистра од алката го уништува нејзиниот сјај, така и јазикот губи од својот сјај кога во низата на сопствената бесценетост ќе вметнеме нешто туѓо на кое местото не му е тука до нас, со нас. Зарем не се разбираме кога ќе си речеме „ми се допаѓа“ толку ли е потребно „лајк“, зошто се почесто „штампаме на штампач“, зарем нашите печатари не можат да го отпечатат тоа што ни треба. Дали ова се случува само од незнаење? Престанете да нè повредувате нас, тие што го сакаме мајчиниот јазик. На мојот јазик со искрени зборови сакам да создадам пријателство, со нежни зборови сакам да го освојам срцето 456


МојоТ јазик, Тоа сум јас

на саканиот, а со зборови остри и тешки, да му дадам отпор на непријателот. Не смееме да одиме по родната земја, незнаејќи го мајчиниот јазик, и несакајќи да го запознаеме. Мојот јазик е како вечно цвеќе, миризливо, кој како коприна се прелева низ вековите да денес. Македонскиот јазик е национално духовно богатство , со кој народот живее, предавајќи ги од колено на колено мудроста, зборовите, културата и традицијата. Нашиот, македонски збор, иако се умирало од глад и сиромаштија, се забранувало, заради него се прогонувало и убивало, преживеал и продолжува да ги возбудува срцата на многумина. Нашиот јазик, мојот јазик ни треба сега, оган на љубовта и духовна сила. Ајде да го чуваме мајчиниот јазик, да го почитуваме и развиваме, грижејќи се за неговата убавина, да се трудиме еден со друг да си кажуваме само убави зборови, на својот јазик. Тогаш и светот околу нас ќе стане подобар. Марјана Велковска СЕТУГС „Михајло Пупин“ Ментор: Маја Миневска

457


Мојот јазик – тоа сум јас Јазикот е основно средство за општење, тој е систем од знаци што служи за комуникација. Благодарение на јазикот и говорот луѓето не само што ги разменуваат своите мисли и чувства,туку ги пренесуваат и своите сознанија на идните генерации. Преку јазикот се идентификуваат националностите кои се,од каде доаѓаат... За нас Македонците, македонскиот јазик е основното национално обележје по кое се препознаваме во светот. Затоа нашиот мајчин јазик е нашата основа, нашиот корен што досегнува во длабочините на минатото и не држи исправени за во иднина. Нашиот јазик не е создаден сега. Голема е неговата историја. Таа не води низ мрачни векови до првите просветители Кирил и Методиј. Тие го осветлија времето на незнаењето и на нашиот народ му го подарија најсилното оружје на светот – македонската азбука. Ние имаме јазик кој е наш, исконски, прадедовски. Преку тој јазик е испеана разноликата херојска и љубовна народна поезија. Ние имаме свои обичаи, свои преданија кои се пренесуваат од колено на колено и го одразуваат нашето битие, во своето постоење зашто ја имал својата духовна храна, лекот против сите кризи на идентитетот – својот јазик. Зачувувањето на јазикот е од огромно значење заради тоа што служи да ги обединува луѓето, културно да ги поврзува генерациите кои, едни со други ги создаваат цивилизациските вредности на човештвото. Јазикот е значаен за меѓусебно идентификување на луѓето во заедница каде тие ја остваруваат својата еманципација на општествен и национален план. Младите генерации треба да се запознаат уште од мали нозе со историјата и значењето на македонскиот јазик и со тоа кај нив да се поттикне развивање 458


МојоТ јазик, Тоа сум јас

на свеста за неговото зачувување. Бидејќи нема ништо поубаво од тоа да се пишува, зборува и твори на својот мајчин јазик. Денес македонскиот јазик претставува целосно оформен, современ литературен јазик. Јазикот е непресушен извор кој треба постојано да се следи, да се негува, да се надоградува и пред се, да се зачува чистината на убавиот македонски збор. Убаво рекол големиот Крсте Петков Мисирков: „Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже од народниот дух.“ Мајчиниот јазик е оној јазик на кој зборуваме и пишуваме. Благодарение на него преданијата се пренесуваат од колено на колено. Тој го претставува нашиот идентитет. Нашите предци оставиле прекрасни дела кои ние денес ги читаме и се гордееме со нив. Мојот мајчин јазик, македонскиот, е и ќе биде мојот корен, бидејќи на него пишувале и зборувале моите предци. Тој е мојата душа затоа што претставува дел од мене.Мојот мајчин јазик е моето ЈАС. Книгата е долг тунел на знаења во кој се подлабоко навлегуваме и се повеќе го буди нашето љубопитство. Книгата има моќ да не пресели во својот свет. Книгата е цвет кој постојано сјае и не згаснува. Огромно богатство кое не прави личност. Тоа е како сјајно, жолто сонце што грее над сите врели полиња, како пеперутка што ги буди росните цвеќиња, како пламен кој гори секогаш во нашите срца, едноставно, книгата е патоказ за среќен и удобен живот. Таа претставува втор вид на дружељубив човек на земјата, единствено нешто што треба да направиме е да ја запознаеме и да го откриеме богатството скриено меѓу таинствените корици. Книгата ни носи скапи знаења кои се доволни со вистински труд да не напрвата културен и паметен човек.Книгата е најдобриот другар кој никогаш нема да те издаде, туку во душата ќе ти влее многу мудрости со кои ќе се гордееш и кои ќе ти бидат полезни во животот. 459


Убав е мајчиниот јазик Од прадедовци наши, Хармонија го краси. Свет е јазикот наш, Го учам од се срце, Мајчин јазик тоа е. Македонскиот јазик е убав, прадедовски јазик наш, горда сум со него јас и го кажувам тоа на цел глас. Би сакала да го знам, добро да го зборувам во земјата моја и твоја, прекрасната Македонија. Мајчиниот јазик за нас е ко сонцето на небото, додека сонцето сјае македонскиот јазик ќе трае. Мајчин јазик за нас е, прадедовски завет, го сакаме, го почитуваме и со задоволство го учиме. Пишуваме и зборуваме на јазик кој го сакаме, таму каде што си на македонски јазик зборувај си. Години пред нас овде предци живееле. Македонци ги викале. „Јазикот е единствената наша татковина“, како што многу одамна кажал македонскиот преродбеник Блаже Конески. Љубинка Контурска II-2 СУГС „Димитар Влахов“ - Скопје Ментор- Бранка Стојческа

460


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ АКО ПОЧНЕМЕ ДА ГО ЗАБОРАВАМЕ НАШИОТ МАЈЧИН ЈАЗИК? АКО НЕ ГОВОРИМЕ, АКО ЈА ЗАБОРАВИМЕ ОСНОВАТА? СО ТОА БИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ НАШЕТО ПОПСТОЕЊЕ КАКО ИНДИВИДУА, КАКО НАРОД, КАКО ТАТКОВИНА. НО НАЈВАЖНО ОД СЕ’ – БИ ЈА ИЗГУБИЛЕ НАШАТА ДОРДОСТ, НАШАТА ДУША, НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ. ЈАЗИКОТ ПРЕД СЕ’ МУ ПРИПАЃА НА НАРОДОТ, КОЈ СЕ СЛУЖИ СО НЕГО ЗАТОА ШТО САМИОТ Е ОДГОВОРЕН ЗА ПАТОТ ПО КОЈШТО ЌЕ ОДИ. ИСТО КАКО И НАРОДОТ, И ЈАЗИКОТ Е ТОЈ КОЈШТО ОПСТОЈУВАЛ НИЗ ВЕКОВИТЕ БЛАГОДАРЕНИЕ НА НАШИТЕ ПРЕДЦИ КОИ ГО ГРАДЕЛЕ СО ВЕКОВИ СО ЦЕЛ ДА ГО ЗАЧУВААТ СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ. ВСУШНОСТ, ТАКА СЕ ИЗБОРИЛЕ ЗА НАЦИОНАЛНОСТА, ЗА СОПСТВЕН МАЈЧИН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И СОПСТВЕНА КУЛТУРА. НЕТРЕБА ДА ГО ЗАБОРАВИМЕ И ТРЕБА ДА ГО ЦЕНИМЕ ЗБОРОТ НА БРАЌАТА МИЛАДИНОВИ, НА РАЦИН, НА МИСИРКОВ И БЕЗБРОЈ ДРУГИ КОИ ГОРДО ТВОРЕЛЕ НА МАЈЧИН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И СО ТОА ГО ОВОЗМОЖИЛЕ НЕГОВОТО ПОСТОЕЊЕ И ДЕНЕС. ЗАТОА, БИ НАПРАВИЛА СЕ ШТО Е ВО МОЈА МОЖНОСТ ДА ГО ЗАЧУВАМ МОЈОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, КОЈ МЕ ПРЕТСТАВУВА МЕНЕ И МОЈОТ НАРОД И ЌЕ ГО ПРЕНЕСУВАМ НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ СО ЦЕЛ ДА ГО ЗАЧУВАМЕ БИТИЕТО И ДУХОТ НА НАШАТА ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА. ТВОРБИТЕ, КНИГИТЕ, БИБЛИОТЕКИТЕ СЕ НАЈВРЕДНИТЕ СПОМЕНИЦИ ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА ЕДЕН ЈАЗИК И ПРЕКУ НИВНО ЗАЧУВУВАЊЕ И СОЗДАВАЊЕ НОВИ ДЕЛА ЌЕ ГО ПРОДОЛЖИМЕ НЕГОВИОТ ОПСТАНОК ВО ДЕЦЕНИИТЕ ШТО ДОАЃААТ. ЈАЗИКОТЕ НАЈГОЛЕМАТА ВРЕДНОСТ, ДУШАТА НА ЕДЕН НАРОД. НО ДОКОЛКУ НЕ СЕ ЧУВА, МОЖЕ ДА СЕ ЗАГУБИ КАКО ДУШАТА, КАКО ЗЕМЈАТА. А ШТО Е НАРОДОТ АКО ГИ ЗАГУБИ ЈАЗИКОТ, ДУШАТА , ИДЕНТИТЕТОТ? СУГС „Димитар Влахов“ - Скопје ЕЛЕОНОРА ПЕШОВСКА III 7 МЕНТОР- СИЛВАНА АЦЕВА 461


Мојот јазик - тоа сум јас „Јазикот е единствената наша татковина. Сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски, ќе можеме да сметаме дека ја имаме татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“ Блаже Конески Долга е историјата на нашиот јазик. Сведок е на безброј падови и подеми, минал низ врева која вековно ја играла својата секојдневна улога, а минал и низ препекот на сонцето. Затоа, неговата историја треба да остане наша основа, да нè држи исправени и горди во пресрет на времето што доаѓа. За нас, македонскиот јазик е основно национално обележје по кое нè препознаваат во светот. Ние, толку мали, а толку големи и толку значајни како „пиреј“ мачени, толчени, но сепак, исправени и сè уште многу живи. Оваа земја има многу што да им покаже на своите поколенија. Нашиот прекрасен јазик е нашиот корен што досегнува во длабочините на минатото и нè држи исправени во времето што доаѓа. Овој јазик не е создаден сега. Величествена и тешка е неговата историја. Таа води низ мачни и мрачни лавиринти сè до првите сончеви зраци на надеж, до нашите први просветители, солунските браќа, светите Кирил и Методиј. Тие го осветлија патот, го избистрија видокругот, ги отворија портите, а зад себе го оставија незнаењето и му подарија „очи“ на нашиот измачен македонски народ. Му го подариија најсветлото оружје - македонската азбука. Ние го имаме јазикот наш исконски, прадедовски. Каде и да се наоѓаш, штом го 462


МојоТ јазик, Тоа сум јас

слушнеш - срцето ќе ти заигра... Без него јас ќе бев ништо, не ќе знаев за себе. На мојот јазик е испеана разноликата херојска (епска), љубовна (лирска) и народна поезија. Ние имаме свои обичаи, свои преданија, имаме песни што го „кинат“ срцето наше јуначко, песни создадени од маката на овој горд библиски народ преполн со животни мудрости. Во ниту еден момент не се посомневавме во своето битие, во своето постоење, само затоа што ја имаме својата „духовна“ храна, лекот против сите кризи на идентитетот. Тој е мојата душа, дел е од мене. Мојот мајчин јазик е моето ЈАС. Непресушен извор кој треба постојано да се следи, да се негува, да се надоградува и пред сè, да се сочува чистината на убавиот македонски збор. Како што кажал и нашиот великан Крсте Петков Мисирков: „... Да се откаже човек од својот народен јазик, значи да се откаже од народниот дух...“ Не можам, а да не ги споменам големите борци за македонскиот јазик - вредните собирачи на народни умотворби Марко Цепенков, Кузман Шапкарев; струшките браќа Константин и Димитар Миладинови кои страдаа во цариградските зандани за сочувувањето на нашиот јазик; реформаторот Јордан Константинов-Џинот и можеби најголемиот од сите нив, вториот Хомер-Григор Прличев-безвременскиот поет на оваа наша плодна јазична почва. Колку и да се трудат да нè избришат, да нè уништат, да ги сокријат трагите од нашето постоење, а ние, како Феникс, повторно ќе се издигнеме од пепелта, ќе блеснеме и ќе постоиме, ќе бидеме големи како што отсекогаш и сме биле. Христијан Симоновски II-1 СУГС „Лазар Танев“-Скопје Ментор: Сања Јанковиќ

463


МОЈОТ ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС На почетокот бил ГЛАСОТ... Извикот! Од радост, од болка, од тага... Гласовите, еден по еден, еден до еден, еден со еден, се нагроздиле, се наредиле и – се родил ЗБОРОТ! А тој, збор до збор, збор по збор, еден пред друг, еден зад друг - ја родил РЕЧЕНИЦАТА! Оттогаш поминале милениуми... Вселената се ширела... Ѕвезди се раѓале и умирале... Низ времето што минувало, човештвото се делело по територии, по раси, по нации, по држави... И – се родиле ЈАЗИЦИТЕ! А во ЈАЗИЦИТЕ е сé: и чувствата, и емоциите, и пороците, и страстите, и мудроста и знаењето од дамнина, до денес. Та затоа пресекот на високата пирамида – ЈАЗИК, всушност е пресек на човечката цивилизација градена долго и трпеливо... Тука се неизбришливите траги од древните народи, на папирус или на пергамент, на глинена плочка или на фреска, на мермерен обелиск или на кора од дрво... Тука е умот и разумот, тука е знаењето и креативноста во создавањето богатство за потомствата што доаѓале... Затоа се родила БУКВАТА! Некаде клинест знак, некаде хиероглиф, некаде идеограм, некаде, пак, само точка, поголема, помала, пооддалечена, подоближана... Колку јазици, толку АЗБУКИ! Чудо на човечкиот ум! Чудо и загатка за тие што доаѓале... Да прочитаат, да разберат колку жито се собрало во Египет во годината... додека владеел Кеопс, каде и колку долго војувал Агамемнон, но и зошто(!)... што забранувале и какви казни пропишувале законите на Хамураби... што користеле за 464


МојоТ јазик, Тоа сум јас

лечење во древна Кина пред улјадници години, каква ќе била летината, според читањето на небото од старите Маи, Инки, Ацтеки... Загатки низ знаци... И светлина низ аз бу ки... Азбуки... Аз, Буки, Веди... Нашите големи учители тргнале на далечен пат и го пронеле говорот солунски кај Хазарите, кај кнезот Моравски, а него самиот и го покрстиле... сé до широките пространства до каде живееле словенски народи. И – ги описмениле! Им ги отвориле очите, ги избавиле од мракот на незнаењето... Кирил, на смртната постела, среде вечниот град Рим, на солунско наречје си ја велел молитвата... И Методиј, во солунските зандани, полн љубов и прошка за грешните кон него, си молитвел на јазикот на мајка му Марија, на јазикот на кој и ние говориме... Браќата згаснале, но не згаснал огнот што им горел во душите. По нив дошле нивните ученици. И тие, како апостолите Христови, се рашириле низ пространствата со Славјани, да ги просветлат и да ги просветат. Пред дванаесет века Св. Климент отпочнал капитално дело, дело во живи ресурси, со трите илјади ученици на неговиот универзитет... Се учело на мојот јазик. Постар, поархаичен, но корен и темел на овој што јас денес го знаам и го говорам. И многу дела, а и житието на својот учител Методиј го напишал, со азбуката со која јас денес пишувам, на која читам, со која црпам знаења од книгите... Векови подоцна доаѓаат просветителите, пламен од пепелта вивнат, чии дела говорат за зрелоста народот да прерасне во нација, а нацијата - во држава. Шапкарев, Џинот, Цепенков, Миладиновци, Мисирков... плејада горди носители на древната вистина – еден народ сме, еден јазик имаме, а ЈАЗИКОТ НИ Е ЕДИНСТВЕНАТА ТАТКОВИНА, зашто каде и да е, Македонецот говори македонски. Тој доаѓа од една мала земја што им простуми на сите историски ветришта и бури и - опстојува. Со обичаите, со ората, со песните и приказните, со народните 465


преданија, легенди, шеги, загатки и поговорки... се на јазикот што јас и ти и сите ние го зборуваме... Денес имаме државен јазик. Јазик на една самостојна, суверена држава. Јазик на еден народ. Но и народ на еден јазик. МАКЕДОНСКИ. А сепак, на почетокот на животот, секое новороденче е како мене, кај и да е на нашава планета: кога сум се родил, сум почнал од најстариот човечки сигнал – ГЛАСОТ. Гласот на мајка ми, на татко ми, на најблиските, за сите да ги спојам во мојот извик на радост или во мојот плач, па да го преточам во саканиот прв ЗБОР – мама, па во моите први детски РЕЧЕНИЦИ и – еве ме: тој мал човек растел, растел и неговиот начин и квалитет на комуницирање... Јас изградив свој ГОВОР, но тоа е всушност говорот и ЈАЗИКОТ на моите родители, на моите дедо и баба, на моите предци... На народот на кој му припаѓам. Јазикот е мојата единствена татковина. Затоа, мојот јазик е мојот личен идентитет. Мојот јазик – тоа сум јас: тој е точен генетски запис пренесен во мене од минатото, сé до овој јазик што го знаам од приказните на моите најблиски, од предавањата на моите учители, од препирките и договарањата во детските игри, од советите дадени од постарите, од Молитвата пред Севишниот, од пораките и поплаките, од укорите и упатствата, од скришниот разговор понекогаш со самиот себе, од информациите примени и предадени понатаму... Да го немаше ГЛАСОТ, ќе немаше ЗБОР. Да го немаше ЗБОРОТ, ќе немаше РЕЧЕНИЦА. Да ја немаше реченицата, ќе немаше ЈАЗИК. Да го немаше ЈАЗИКОТ, ќе ме немаше и мене. Зашто МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС! Џансун Буковец IV6 клас СОУ „Цар Самоил“ Ресен Ментор: Даниела Штерјовска 466


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик, тоа сум јас Молчам ... Усните се обидуваат, но не умеат. Не умеат да презборат. Гушење... Бели дробови, а во нив ниту грам кислород. Ниту грам воздишка. Солзи... Се леат по тоа нежно лице. Нежно лице на младоста. Јазик... Придушени зборови, изрази на болка. Болка која вели: - Немој, не зборувај ! Грев ... Уште една забрана да зборувам. Уште една забрана да се истакнам – јас. Молитва... Мојот јазик – тоа сум јас. Онаа јас која умее да биде своја. Македонка... Македонски литературен јазик. Јазикот од чија душа постојам ! Елена Филева II 5 СОУ Св.Кирил и Методиј – Неготино Ментор: Снежана Ристова 467


Мојот јазик, тоа сум јас ! Најсовршено сретство за комуникација. Прирачник кој ме води по патот на сигурност, патот на моето живеење. Би сакала да излажам, но не можам, она што моите усни го изговараа беше вистина. Она што ме прави поразлична, а воедно и сосема иста со останатите. Еднакви пред бога и себе, а сосема различни. Некое не доопишано и проформулирано дело на совршенството. Уште една точка на кулминација која вели дека секоја промена е сосема добредојдена. Но, не би рекла дека умеам. Не умеам да се променам и да го доживеам она што никогаш не би можела да го направам. Зборувам, викам, а воедно и толку многу нешта премолчувам. Она што мене и само мене ме опишува. Збор кој вели дека јас, да тоа сум јас, сеуште јас. Старото битие во сосема нова слика, а сепак тоа битие никако не премолчува. Македонка... Говорител и почесен почитувач на што сум – јас. Јазик од кој умеам и сеуште живеам. Средство кое комуникацијата ја води во правец на совршенство. Глас предводен од самата перфекционалност и почесна благодарност. Уште една потврда за минатото која вели дека сегашноста е повозбудлива и сè повозможна. Затоа и луѓето на векот ја носат почесната награда и благодарност како учители, а воедно и просветители на едно ново време кое никако не престанува. Па без сомнеж секој еден би се согласил со она што ќе го речам: Gloria discipuli, Gloria magistri . – Славата на ученикот е слава на учителот .

468


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Ете затоа мојата душа е сеуште спокојна. Денес јас сеуште зборувам и прославувам за она што го умеам. Викам, луѓе мои, а воедно и молчам, но тоа сум јас мили мои. Општам во името на просветителите, заземам место во групата патриоти и гордо велам на јазикот кој ме создал. Тоа што се родив вдахна душа во мојата душа, тоа што чекорам ме прави посигурна, а тоа што зборувам луѓе мои, е тоа сум вистинската јас ! Елена Филева II 5 СОУ Св. Кирил и Методиј – Неготино Ментор: Снежана Ристова

469


Мојот јазик – тоа сум јас! Убаво е кога ќе заминеш и имаш каде да се вратиш. Убаво е, кога пишуваш и имаш некој кој може да ги пофали убавите зборови. Убаво е, кога спиеш во топлата соба, очекувајќи топло црно кафе од твоите најблиски. И убаво звучи тоа „Благодарам“, кое нè спојува, нè засакува и нè зближува. Топлото чувство, кога во туѓина некој ќе ти прозбори на твојот мајчин јазик. Кога знаеш дека си еден во толпата и дека постои некој како тебе. Кога знаеш дека можеш да зборуваш повеќе странски јазици, но, сепак, твоето е најубаво. Македонското е најслатко. Така размислувам, си ја поттикнувам интелегенцијата и си ги опишувам сништата и желбите. Можам да зборувам илјадници јазици, но мојата поезија секогаш ќе биде најчитана на мојот јазик. Мојата слобода секогаш ќе се темели на 31 буква, на душевното богатство и цутот на нашите зборови. И кога ќе ги затвориш очите, кога ќе заборавиш на сè, тука ќе останете само ти и твојот јазик. Да зборувате за она што го сакате, да зборувате за себе, за сите други, за драгоцените чувства што нè прават луѓе и за нашата историја. За нашите корени, за нашите потекла. И ќе се вратиш длабоко во животната книга, ќе се сетиш на твојата прва учителка, на среќата која ја чувствуваше кога научи да читаш и тагата, кога случајно ќе ја погрешеше местоположбата на некоја буква во правописот. Кога ќе знаеш каде живееш, каде постоиш и каде се оние кои те сакаат, оние кои ги сакаш и оние со кои делиш сè! Таму е најубаво. Со топло кафе и неколку сосетки, зборувајќи

470


МојоТ јазик, Тоа сум јас

брзо, непромислено, на дијалект. Со ручек и чаша вино во опкружувањето на семејството. Смеејќи се, живеејќи како никогаш порано. Вдишувајќи љубов и чувствувајќи носталгија. Слушајќи ги најубавите зборови, на твој, мајчин јазик. Патувајќи низ времето со аманет и амајлија за среќа, со твојот јазик, она најважното, твоето воспитување, твоето образование, твојата слабост! Сања Срњакова II 5 СОУ Св.Кирил и Методиј – Неготино Ментор: Снежана Ристова

471


Мојот јазик-тоа сум јас Мојот јазик македонски мил, Од дамнина за македонците важен бил. Јазикот со векови тажна песна пее, Од тиранинот горки солзи лее. Тешка судба, копнеж мал, Јадови, битки и надеж сал. Аманет за мене исконски свет За пишување поезија, билет за европски лет. Идолите Методија и Кирил наши, Кренете глас за правата ваши. Тргнете по патот со трње и кал Однесете победа за оној што живот дал. Азно не броено, букви по ред Сакам да собирам творечки мед. Учам, пишувам, се трудам со мака Може секој да постигне само ако сака. Јас беседа давам, збор чесен Ама пишувам на мајчин јазик лесен. Сонувам, патувам, заминувам од мојот роден град Ресен. Маја Темелковска II3 СОУ ЦАР САМОИЛ – РЕСЕН Ментор: Даниела Штерјовска 472


МојоТ јазик, Тоа сум јас

МОЈОТ ЈАЗИК - ТОА СУМ ЈАС Од очи капат бисери Од грло-ѓердан зборови, Песна се ори весела Од момините дворови. Песна од грло бисерно На мајчин јазик испеана, Капка солза радосница Од око сјајно излеана. Јас имам сила исконска Да пеам цел свет да слуша, На мојот јазик, мајчински, Со силата на целата душа. За родна земја таткова, За висока Шар планина, За Охридското езеро И Пелагониската рамнина. За силата Карпошова За мудроста Кирилова, За храброста на Гоцета, За болката Самоилова.

473


За млади моми убави Кршно оро што вијат За вредните жетвари жолто класје што жнијат. Со мене и вие запејте, Здружено на цел глас, Да запееме да слушне цел свет, мојот јазик-тоа сум јас. Традицијата -наше минато Знаењето наша сила, Горди сме што сме синови На земјава наша мила. Додека под ова небо Народ македонски живее На мојот јазик, мајчински ќе се пишува и ќе се пее.

Радмила Јовановска II-3 СОУ ЦАР САМОИЛ – РЕСЕН Ментор: Даниела Штерјовска

474


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик - тоа сум јас Секој народ има свои обичаи, своја традиција и култура, но најважно од сè е мајчиниот јазик. Наутро кога се будам ги слушам гласовите на моите најблиски и таа симфонија од прекрасни зборови ми дава сила да зачекорам храбро во денот кој доаѓа. Богатството на мојот народ, скриено во силата на гласовите со кои секојдневно комуницираме нè прави горди што преку нив сме ја зачувале неговата богата традиција. Јазикот на кој зборуваме е едно од нашите најголеми духовни богатства. Тој е срцето на мојот народ, а гласовите се крвотокот кој го одржува неговото постоење. Уште од мали нозе, со учење на мајчиниот јазик го запознаваме нашето минато, богатата историја на нашиот народ, начинот на неговиот културен развој низ вековите, настаните кои ја обележале историјата на нашата нација, нејзините подеми и падови, победи и порази. Се гордееме со нашите просветители Кирил и Методиј, кои им ја подарија светлината на нашите очи како ние би можеле на свој мајчин јазик ,со свои букви и знаци да ја пишуваме книгата на историјата на својот народ. Зошто овој мој напатен народ преку мајчиниот јазик продира длабоко во корените на минатото, ги спознава обичаите, ритуалните обреди кои се негова карактеристика и не дозволува да се заборават хероите, ниту пак настаните кои се вткаени во нишките на неговото постоење. Мојот мајчин јазик е еден од основните белези по кој се идентификуваме и разликуваме од народите кои нè опкружуваат. Тој е доказот дека постоиме, тој е нашиот пасош со кој патуваме низ времето, виза која ќе нè однесе во иднината, 475


зашто без свој мајчин јазик народот би бил духовно мртов, а неговата историја бедна и сиромашна. Горда сум што го зборувам мојот мајчин јазик - најубавиот, најмилозвучниот, најпрекрасниот јазик во светот. Тој е доказ дека постојам, дека постоиш, дека постоиме. Додека околу нас гори силен оган за превласт и негирања - Дали сме? Колку сме? Каде сме? ајде сите заедно од сите страни на светот до каде што стигнале нашите браќа и сестри, да се здружиме и силно да извикнеме: -Мојот јазик - тоа сум јас,... Македонскиот јазик - тоа сме сите ние. Мојот јазик, мајчиниот јазик си и ти и сите оние кои неможеме да ги наброим, но со кои се гордееме и ги славиме. Зашто стварноста нè обврзува кон минатото, но горди сме што живееме во сегашноста, што сме носители на светлата иднина и што имаме свое писмо на кое можеме да пишуваме. Како што ја чуваме зеницата во окото, така да го зачуваме и нашиот мајчин јазик-македонсиот, за да нашите поколенија дознаат за ризницата на Мисирков, записите на Марко, поемата на Прличев, песните на Жинзифов, Рацин, Ацо, романите на Стале Попов, драмите на Ристо Крле и делата на многуте други автори кои ја обележале нашата историја. Нема на светот поубава ода на радоста од песните испеани на мојот јазик. Кому не му затреперила душата од песната за Билјана, за Деспина, за Гоце, за Даме, за Карев, за Питу. Кому не му зачукало посилно срцето од ,,Денес над Македонија се раѓа” Кој на светот е посреќен од мене и кој од мене може посилно да викне;-Мојот јазик-тоа сум јас !

Радмила Јовановска II-3 СОУ ЦАР САМОИЛ – РЕСЕН Ментор: Даниела Штерјовска

476


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик, тоа сум јас „А, Б, В... Ах, која беше наредната?“- вознемирено праша Викторија, мојата помала сестра. „Навистина не ми оди добро.“ Викторија сега е прваче, штотуку ја учи азбуката, се запознава со буквите и гласовите. Штотуку се запознава со нашиот јазик. „Сигурна сум дека знаеш, ајде размисли убаво!“- ѝ рече мајка ми. Овој разговор навистина ме врати назад низ годините, низ времето. Мелахолично погледнав кон еден лист кој стоеше на масата. На него пишуваше „Мојата прва песна“. Помина многу време од тогаш, но сеуште го паметам секој збор. Од таму почна сè. Мојата љубов кон мојот јазик од тој ден сè повеќе растеше. Паметам, како тогаш да го осознав јазикот, да се нурнав во светот на литературата. Почнав да истражувам како нашиот јазик преку годините се развивал до тоа ниво, до кое сега ние уште од најмала возраст сме способни да ги распознаваме буквите. Навистина, уште тогаш се обидував себеси да си го објаснам потеклото на нашиот јазик, причината поради која ние сега имаме способност да пишуваме и читаме. Веројатно е нешто со огромна моќ, штом во очите на едно шестгодишно дете се буди љубопитност и желба да открие што се крие зад оние години поминати од создавањето до денес, и кој стоел зад сета таа вековна историја. Чија е онаа толку искрена и силна желба за создавање на јазикот, на писмото? Чии биле напорите сиве овие векови наназад? Кој ја носи заслугата за нашата писменост? Сигурно тоа не била краткотрајна желба и потреба. Сигурно потребата за свое писмо, своја азбука, сопствен афирмиран јазик влече длабоки корени во историјата на нашиот народ. 477


Во историските книги сретнуваме факти дека Светите Кирил и Методиј биле едни од првите во низата преродбеници кои почнале да ги градат темелите, кои почнале да го откопуваат оној длабоко закопан сандак до кој се доаѓа по пат од трње. Кои создале словенски јазик, кој сите словени го користеле. Но јазикот и азбуката кој тие ги создале биле само предци на нашиот јазик и нашата азбука. По нивната смрт, нивниот ученик, Свети Климент Охридски ја создал првобитната форма на нашата азбука, нарекувајќи ја кирилица во чест на својот учител, Свети Кирил. Во вековите кои следат, историјата ги пишува најтешките времиња за нашата земја. Поробувана, поделена, нерамноправна, и без афирмиран јазик, нашите предци биле строго казнувани за користење на сопствениот јазик. Но, помеѓу најгрубите карпи никнуваат најубавите цвеќиња. Да немаше мотив од маките на народот, ќе изгрееа ли Рациновите „Бели мугри“? Да не беше копнежот по татковината, ќе можеше ли Константин Миладинов да ја напише „Т’га за југ“? Ќе ја уживавме ли денес прилегијата да ја имаме „Тешкото“ како една од најдрагоцените песни во нашиот јазик, доколку само на миг, на Блаже Конески не му пролета целата македонска историја низ очи? И, уште колку ли има вакви дела кои човека го оставаат без здив? Сме одвоиле ли момент некогаш да допреме длабоко до суштината на зборовите и да почувствуваме силата ? Да го почувствуваме духот на нашиот јазик, да сфатиме колку сме богати, што имаме ние в раце, градено и создавано од дамнешни векови! Да се восхитиме на нашето творештво оставено во аманет! Сме одвоиле ли бар еден миг да се заблагодариме на сите оние великани, дејци, поети, филозофи кои од трње, нашиот јазик го вивнааа во ѕвездите? Сме одвоиле ли момент да им заблагодариме за писменоста, за дарот кој го имаме, за нашето писмо, за нашата азбука? Да им заблагодариме

478


МојоТ јазик, Тоа сум јас

за вредноста која ни ја подарија, поради која можеме да читаме, да пишуваме, поради која и нивното дело нема да изумре и ќе се прошири. И ќе биде вечно, како и нашиот јазик. Затоа што, како што многуумниот Крсте Мисирков еднаш рекол „Ние сме должни да го негуваме нашиот јазик, затоа што тој е наш исто како што е наша татковината“. Затоа што, нашиот јазик, тоа сме ние. Марија Степаноска Iа ДМБУЦ “Илија Николовски- Луј” Ментор: Драгана Бенедети.

479


Мојот јазик тоа сум јас Идентитетот, тлото душата на еден народ, јазикот е токму тоа што ме прави посилна, ме одржува во живот. Секој човек треба да се запознае со историјата на нашиот јазик и неговото значење да твори за него. Мојот јазик е мојата душа, дел од мене, е и ќе биде мојот корен. На него пишувале моите предци ќе пишувам и јас. Да се разбудам не сеќавајќи се на својот јазик е исто како да сум човек во пустина кој живее живот без светлина. Наспроти мојата храброст, независност ужасно ме плашат туѓите за мене тајни букви кои не сакам да ја разграничат оваа моја територија, јазикот е симбол на својата татковина. Јазикот секогаш ќе остане меѓу нас како сведок дека без него тешко ќе допреме еден со друг. Јазикот е светла лулка која дава закрила за неписменоста како лек таа им отвора врати кои иднината. За Македонија, македонскиот јазик е непроценливо богатство основно национално обележје по кое го препознаваме светот, иако е вродена биолошка способност јазикот е процес кој трае и затоа се негува во текот на целиот свој живот. Со познавањето на еден јазик луѓето лесно ја пренесуваат мислата, комуницираат меѓу себе и се разбираат. Низ вековите нашиот јазик поминал низ многу фази на своето формирање. Големо влијание на развојот на македонскиот јазик имаа туѓите ропства под кои Македонија потпадна, погледнувајќи години и години наназад како да ги гледам нашите предци како се бореле да го зачуваат и негуваат и покрај тешките услови успеале да го зачуваат. Денес македонскиот јазик претставува целосно оформен, современ литературен јазик. Но сепак, тоа не значи дека тука треба да застанеме. Напротив, јазикот е непресушен извор, кој 480


МојоТ јазик, Тоа сум јас

треба постојано да се следи, да се негува, да се надоградува и пред се да се зачува чистината на убавиот македонски збор. Зачувувањето на јазикот е од огромно значење, заради тоа што служи да ги обединува луѓето, културно ги поврзува генерациите кои една на друга ги предаваат цивилизациските вредности на општеството. Негувањето на сопствениот јазик значи постоење на еден народ кој може слободно да ги изразува своите мисли, чувства и дејствувања. Запознавајќи се уште од мали нозе со историјата и негово значење ние ја развиваме свеста. Убаво кажал Крсте Петков Мисирков: „Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже од народниот дух“. Јас само ова би го дополнила „и од својот идентитет“. Зборовите изговорени на јазик што човекот го разбира, допираат до неговиот ум. Зборовите изговорени на неговиот мајчин јазик допираат до неговото срце. Луѓето кои го познаваат сопствениот јазик, се познаваат и самите себе нивното срце е изорана нива која ќе вроди со плод. Нашата татковина е убава, света земја, земја прадедовска која едноставно кога ќе ја видам ме благословува, тоа што живеам во неа јас се гордеам за на век останува непроменета, во неа луѓето се чесни и пред се вистински. Македонскиот јазик треба да биде строен и изразит, да биде вистински белег на македонската нација, зашто преку литературниот јазик се закрепнува најздраво свеста за припадност кон нацијата. Македонскиот литературниот јазик треба да биде навистина македонски.“ Кога ја читам оваа мисла на Блаже Конески како да ми прелетува искра во окото, тоа е искра на надежта искра на иднината за самостоноста, зеница во окото. Навистина, колку јазици знаеш си побогат, но не по цена на сопствениот. Ниту еден туѓ јазик не може да го замени мајчиниот јазик. Мајчиниот јазик е потврда за сопствениот идентитет, за припадноста кон едно парче земја, за долгот што го имаме кон 481


нашите прадедовци. Како што би рекол Мисирков, јазикот на еден народ е негово духовно богатство во кое се заклучуваат отпечатени во знакови сите гласовни знакови или зборови, сите народни мисли чувства и желби со кои што има живеено и ќе живее еден народ. Во овој свет на различности чувањето и негувањето на мајчиниот јазик е долг на сите нас. Да го зачува некој својот јазик, негува и чува, е знак дека го исполнува аманетот оставен од нашите прадедовци, односно да се потенцира се она што тие имаат направено за своето потомство. Преку јазикот е отпеана разчината херојска и духовна поезија никој не би се посомневал во неговото битие, бидејќи тој самиот посебе претставува лек кој ја храни душата на еден народ. Неговата историја е голема, таа води низ векови на просветителите Кирил и Методиј кои го осветлија времето на незнаењето и на народот му поклонија очи, со тие очи македонскиот народ може да ја прогледа иднината, да ја осветли душата и да го нахрани срцето. Во овие светли порти кон иднината ние треба непрестајно да го следиме, негуваме и надогардуваме, бидејќи само така можеме да ја сочуваме чистината на убавиот македоснки збор. Ивона Костоска 4/ 1 клас СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп Ментор: Лидија Ристеска

482


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик тоа сум јас Јазикот е основното средство за општење, тој е систем на знаци што служи за комуникација. Благодарение на јазикот и говорот луѓето не само што ги разменуваат своите мисли и чувства туку ги пренесуваат и своите сознанија на идните генерации. Преку јазикот се идентификуваат националностите кои се, од каде доаѓаат. За нас Македонците, македонскиот јазик е основно национално обележје по кое се препознаваме во светот. Затоа нашиот мајчин јазик е нашата основа, нашиот корен што досегнува во длабочините на минатото и не држи исправени за во иднина. Нашиот јазик не е создаден сега. Голема е неговата историја.Таа не води низ мрачни векови до првите просветители Кирил и Методиј. Тие го осветлија времето на незнаењето и на нашиот народ му го подарија најсилното оружје на светот – Македонската азбука. Ние имаме јазик кој е наш, исконски, прадедовски. Преку тој јазик е испеана разноликата херојска и љубовна народна поезија. Ние имаме свои обичаи, свои преданија кои се пренесуваат од колено на колено и го одразуваат нашето битие, сето тоа благодарение на постоењето на нашиот мајчин јазик. Во ниеден миг македонскиот народ не се посомневал во своето битие, во своето постоење зашто ја имал својата духовна храна, лекот против сите кризи на идентитетот – својот јазик. Зачувувањето на јазикот е од огромно значење заради тоа што служи да ги обединува луѓето, културно да ги поврзува генерациите кои една на друга ги прават цивилизациските вредности на човештвото. Јазикот е значаен за меѓусебно идентификување на луѓето во заедница каде тие ја остваруваат својата еманципација на општествен и национален 483


план. Младите генерации треба да се запознаат уште од мали нозе со историјата и значењето на македонскиот јазик и со тоа кај нив да се поттикне развивање на свеста на неговото зачувување. Бидејќи нема што поубаво од тоа да се пишува, зборуба и твори на свој мајчин јазик. Денес македонскиот јазик претставува целосно оформен, современ литературен јазик. Но сепак, тоа значи дека тука треба да застанеме. Напротив, јазико0т е непресушен извор кој треба постојано да се следи, да се негува, да се надоградува и пред се да се зачува чистината на убавиот македонски збор. Убаво кажал големиот Крсте Петков Мисирков: “ Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже од народниот дух “. Јас би додала само: “ и од своето сопствено битие, од својот идентитет “. Маја Дејаноска 3/1 клас СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп Ментор: Лидија Ристеска

484


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Moјот јазик-тоа сум јас Како рожба од твоја срж, крв и кожа што се раѓа и цути. Цути и зрее под преграт твој и закрила додека од бурите го криеш таму некаде блиску до градите срцето да ти го слуша како бие, зошто и тоа парче од срцето твое е и сите негови биења за него ти се. Како родител кој од првото твое видување на светот те учи, како човек да станеш и срцето ти го наводнува и одгледува, големо и широко да порасне и границите на светов да ги помине. Тој што те учи низ животот достоинствено да минуваш и своината да си ја браниш, тој што те научи “Добар ден” на повозразни да кажуваш и на случајните минувачи по улица топло да им се насмееш и ладните души да им ги згрееш. Јазикот е тоа. И чедо и родител што ти е едновремено. Родител, зошто си го наследил од прапостоењето, зошто и арно и лошо со очите свои видел, и со кожата своја почувствувал. И пријател и душман имал и отуѓен бил од своината и прегазен и одбиен. И сега те учи тебе кој си и каде припаѓаш, те учи горд на своето да бидеш, и достоен да му останеш. Чедо, зошто во рацете твои сега тој е. Да го чуваш ко капка роса на лист во некоја летна зора, која може во секој миг да исчезне. Да го чуваш и негуваш како дете свое, и со него децата да си ги учиш “Добар ден” на повозразни да кажуваат 485


и на случајните минувачи по улица топло да им се насмевнат и ладните души да им ги згреат. И своето да го чуваат да ги научиш со јазикот, и ним и татко и рожба да им биде, за да опстане. А меѓу родителот и чедото твое, се наоѓаш ти. Кој сега битисуваш, кој мислиш и зборуваш на еден јазик. Со кој си непрекинато поврзан. Ти во него и тој во тебе по еден дел секогаш заеднички имате, делот кој свеста за своина секогаш ќе ти ја буди и бранува, делот кој секогаш пламен во срцето ќе ти пали. Тој е налик глас татковски кој во главата суд ти дава, за добро и зло да делиш да знаеш, и кој те чува од бурата во закрила кога најсилно ќе зататнат, сите зла во животот. А едновремено и детски глас е, кој самиот бара заштита, и името ти го извикува кога најсилно ќе зататнат сите зла во животов. За да го чуваш, за секогаш да го чуваш. За родителот и чедото да си ги зачуваш, За самиот себе да се заштитиш. Марија Танеска III-4 OСУ „Св Климент Охридски“ –Охрид Ментор: Грета Пипиле

486


МојоТ јазик, Тоа сум јас

Мојот јазик-тоа сум јас Мојот јазик-тоа сум јас, јазикот кој му дава сила на секој од нас, и светлина мy дава, и огромна моќ среде мрачната ноќ. Неуморните просветители наши со напорен труд и мака во светот на темнина и незнаење, во ноќите осветлени со газијена ламба, во деновите криејќи се од лошиот, го создадоа со својата рака. Му дадоа белег на народот наш и на македонски прозборија, со кирилското писмо и јазикот македонски, ја запишаа нашата историја. Сега сме горди Mакедонци, со високо кренатa главa, народот македонски никому јазикот свој не го дава. Ристовска Сандра СОУ,,М.М.Брицо” Делчево Ментор: Галина Иванова

487


488



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.