Убавата музика и убавото однесување

Page 1

Проект „Убавата музика и убавото однесување“

Издавањето на делото е поддржано од Министерство за култура на Република Македонија Печати: Нампрес, Скопје Илустрации: Ана Јаневска Текст: Нена Ѓорѓиевска Тираж: 2000


Убавото однесување и музиката


Одиме на концерт Петар и Ана ќе одат на концерт. Петар купи карти и ја покани Ана да одат во театар на музичка претстава. Ана го праша Петар: „Петар на која претстава ќе одиме?“ „Ќе одиме на концерт на Детски волшепства“, ѝ одговори Петар. Ана многу се израдува, затоа што никогаш досега не била во театар. Во тетарот ќе бидат и нивните другарчиња од повеќе градинки во градот.

МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ


4 3

2

1

Концертот е во сабота во 12 часот. Петар и Ана влегуваат во театарот. Кога се оди на театар на влезот прво се покажуваат билетите. Петар ѝ рече на Ана: „Ајде Ана, првин да ги оставиме нашите палтенца во гардеробата“. Ана го праша Петар, „А зошто да ги оставиме? Кој ќе ги чува таму? А после како ќе си ги најдеме?“ „Не грижи се, Ана. Сега ќе ни дадат бројче за секое палтенце посебно за да не ни се измешаат. Ќе си ги земеме кога ќе заврши претставата.“


Петар и Ана влегоа во салата. Ана многу се изненади и извика, „Леле, колку многу седишта има овде. А ние каде да седнеме сега?“ Петар ѝ рече: „Еве Ана, погледни на билетот, овде пишува во кој ред и на кое седиште треба да седнеме.“ Ана и Петар седнаа на своите седишта.


Додека трае претставата не се разговара помеѓу себе, ниту се зборува на телефон. Не се џвака мастика и не се јаде ни пие. Внимателно се слуша и гледа претставата. На крајот музичарите и другите уметници што учествуваат во претставата се наградуваат со аплауз. Исто така може да му се подари букет цвеќе на некој од учесниците.


Ана беше многу среќна затоа што првпат отиде на театар и си помина многу убаво. „Ти благодарам Петар што ме покани на концерт. Другата недела јас ќе купам билети за балетска претстава. Сакаш ли да одиме заедно?“ „Секако“, ѝ одговори Петар.


На концерт свират музичари. На театарска претстава глумат актери. На оперска претстава пеат оперски пејачи. На балетска претстава играат балерини и балетани.


Музички инструменти

Клавир


Харфа

Чинели


Виолина

Гитара


Блок флејта

Саксофон

Труба


Хармоника

Тапан


Синтисајзер

Ксилофон


Петар свири на гитара.


Ана учи да свири на виолина.


Петар учи да свири на голем тапан.


Ана има нови удиралки.


Петар доби за роденден мало тапанче.


Ана свири на чинели.


Петар свири на труба.


Проект „Убавата музика и убавото однесување“

Издавањето на делото е поддржано од Министерство за култура на Република Македонија Печати: Нампрес, Скопје Илустрации: Ана Јаневска Текст: Нена Ѓорѓиевска Тираж: 2000


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.