Творам за Македонија - Моето име, тоа сум јас

Page 1



Tvoram za Makedonija

Moeto ime toa sum jas

Меморијален центар фондација-никола кљусев Skopje, 2012


Моето име тоа сум јас

Проектот “Творам за Македонија” е поддржан од Министерство за Култура на РМ.

Izdava

Fondacija Nikola Kqusev Pe~ati , Skopje

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 821.163.3-1(082) МОЕТО име тоа сум јас. - Скопје : Фондација Никола Кљусев, 2012. - 142 стр. ; 21 см Публикацијата е во рамките на проектот: “Творам за Македонија” ISBN 978-608-4685-01-2 COBISS.MK-ID 92588810


Кон изданието Младите се иднината на Македонија. Нивниот талент и насока треба да се негуваат и поттикнуваат уште од најраната возраст, кога тие сè уште го откриваат патот по кој чекорат впуштајќи се во животот. Преку поттикнување на творештвото кај младите сакаме да им помогнеме да ја откријат дарбата во себе и да ја развиваат креативноста и убавиот збор, а со постигнатиот успех да им послужат за пример на своите соученици. Проектот Творам за Македонија успешно ја оствари својата цел, го поттикна творештвото и креативноста на над 150 ученици од основните и средните училишта во Македонија, кои на темата „Моето име, тоа сум јас“ низ стихови и прозни творби ги изразија своите искрени чувства на припадност и љубов кон татковината. Жирито во состав: Веле Смилевски - писател и претседател на друштвото на писатели на РМ; Надежда Кљусева - професор по македонски јазик во пензија, претставник на Фондацијата Никола Кљусев и Слаѓана Тошиќ - уредник на списанието Комплетна, беше доведено пред сериозен предизвик да ги избере првите меѓу најдобрите. Наградени се следниве ученици: Марија Наумовска, ОУ „Александар Здравковски“, Јегуновце Исидора Димитриевска, ОУ „Христијан Карпош“, Куманово Розета Стојанова, СОУ „Коле Нехнетин“, Штип Дајана Лазаревска, СУГСГ „Раде Јовчевски - Корчагин“, Скопје



Поезија Основни училишта


Ја прашав гората со буен стас, горо ле, зелена која сум јас? Ѝ се обратив на котлината од сончевите зраци гушната, дали ме знае, има ли за мене слушнато? Појдов рано в зори на езерскиот брег да прашам еден син бран дали е моето име она што јас си го знам? И сакав уште да одам крај житни полиња, реки, крај оризови ниви, ритчиња лични накитени со смреки, на моштите на Кирила Пејчиновиќ да се поклонам, пиреј тревка да се обидам да откорнам, на езерата од планински висини да им погледнам во очи, во душата на народот мој да ја видам добрината што се точи, да го сонам Тоше со отворени очи... 6


МоеТо име, Тоа сум јас

,,Но, доста е, не талкај, чедо,“ - го чув милиот глас на дедо ,,во тебе е сето она што го бараш, името твое изговарај го громогласно при сите успеси твои, само така татковината ќе блеска во среќни бои. Не срами се, не плаши се, кажи му на светот со твојот мил детски глас: Моето име - тоа сум јас!” Марија Наумовска VII одд ОУ,, Александар Здравковски, Јегуновце Ментор: Јованка Геговска

7


Долго време во срцево гори пламен, За Македонија нешто големо да сторам, За неа сум спремна и сега да горам! Се трудев, секој ден пишував песни, Но за неа стихови да напишеш, Воопшто не беше лесно! По секој неуспешен обид бев тажна, Но, чекорев цврсто, исправено, гордо, го слушав шепотот на срцето мое Пробај, создади повторно! И сега, желбата во мене сè уште гори, Незапирлива е, знам, ја чувствувам Како да оди, по немирни води! Но, еден таен глас ми вели, ти си Македонка, смогни сили победи го гневот во срцето свое, а, сонцето ќе блеска ќе свети, ќе гори и ќе ти го осветлува патот со спектар бои. Тој пат јас гордо го следам и знам дека никогаш да се откажам нема и сега сакам многу да творам, за славата на моите предци за исконската сила, 8


МоеТо име, Тоа сум јас

за ѕвездата водилка која го испиша патот на небескиот свод, за непокорот на народот мој за вековната неправда за името твое кое е вткаено во срцето мое. А, од грлото се слуша громогласен вик: Македонијо, Македонијо, ти од секогаш си била а, јас, со високо крената глава пред секој ќе се исправам без да се срамам и гордо ќе кажам: Јас сум Македонка Македонијо биди вечна! Твоето име е моето име и без него не можам да живеам јас!

Марија Арсиќ VII 3 одд О.У „Гоце Делчев“, Тетово Ментор: Јованка Геговска

9


Тоа сум јас - Ангел Трифуновски имам име свето и презиме гордо. Ученик сум паметен и чекорам смело Имам коса костенлива и лице бело. За секоја строфа, создавач сум спремен, состав да напишам и за тоа сум вреден. Тоа сум само - лично јас, подготвен и мирен на секој час. Велат дека сум чесен и мудар Незаменлив, одличен и вистински другар. Ангел Трифуновски V-2 одд. ОУ„ Гоце Делчев“, Аеродром, Скопје Ментор: Тања Тренкоска

10


МоеТо име, Тоа сум јас

Ако пројдеш незнајнику Низ Охрид, Дојран и Струга, ќе почувствуваш тоа е МАКЕДОНИЈА Каква што нема друга. Штом минеш низ Широк Сокак Битола, Ресен и Прилеп наш, ќе чуеш незнајнику - ова е МАКЕДОНИЈА извикуваме на сет глас. Кога ќе се искачиш на Водно и старото скопско Кале, повторно ќе ја видиш МАКЕДОНИЈА за неа многумина животот го дале. Ако чуеш за Даме, Питу, Гоце јунак и војвода и тоа е МАКЕДОНИЈА вековен жар и борба за слободата. Таму каде што ќе те пречекаат со насмевка што зрачи домашно лепче и зрно сол, прегратка и ширум отворени врати и тоа е МАКЕДОНИЈА. Секој нека знае за нас МАКЕДОНИЈА тоа е моето име – тоа сум јас. Наталија Петковска VII б ООУ,,Јоаким Крчоски“,Скопје Ментор: Мирјана Славевска 11


Се обидуваат да те откорнат, те газат дури не станеш кал, те палат во лаги, ти ги пијат очите, те ставаат во ковчег влажен, но ти, остана ист. Заборавија дека ти си вљубен во едно сонце, во една тревка од целата ливада. Елена Костовска 7б ООУ „Јоаким Крчоски“ Волково, Скопје Ментор: Мирјана Славевска

12


МоеТо име, Тоа сум јас

Во право да е, гордост на секого да биде, малку бунтовност на дното од срцето крие. Моден креатор да стане, сонува модата на прво место, а, потоа сè останато. За животните живот дава, кутре, маче, зајче, да биде повредено не смее, војна ќе настапи , И ЖИВОТНИТЕ ИМААТ ДУША ! За семејството спремна е, и светот на глава да го урне на оној кој ќе се спротивстави на туѓите желби. Да живее во Сплит, најмогу сака а, ликовното ѝ оди без мака. И да, јас сум едно обично дете, но сепак, МОЕТО ИМЕ, ТОА СУМ ЈАС ! Анастасија Чавдарова VII 1 одд. О.О.У. „Димитар Влахов“, Штип Ментор : професор Вера Наумова

13


Горда Македонка сум јас, Обоена со црвено-жолта боја. Ропско- турска Држава е Македонија, Ама на крајот независна и слободна. Македонија, државо моја, Азбуко-глаголица и кирилица, Кљусев, и тој спаѓа во гордите херои, Ех, горда и независна Држава Македонија. Од се срце те сакам, Нудиш многу убавини и прекрасни погледи, Како тебе нема друга Ах, Македонијо. Нина Стојанова VII1 одд ООУ. „Димитар Влахов“, Штип Ментор: проф.Вера Наумова

14


МоеТо име, Тоа сум јас

Од прадедо за себе првпат слушнав јас за вековна земја со борбен глас парче по парче од неа кинеле сите ненаситни, гладни останале пците. Родена во крв и пепел ти мајко славна на Балканот крстосница главна, од тебе алчно грабал врагот клет крв, месо, не оставил птица в лет. Но, непокор е името твое знај, на црното робје му дојде крај, ти сега во мене растеш и вриеш македонска крв во себе криеш. Оваа моја грутка безимена не е, во неа победа вечно ќе тлее, Македонија е името мое, На братот, синот и поколението твое. Ова име вечно носете го вие Зошто во него „Везилка“ и „Ленка“ се крие, „Тешкото“ пак вистината ја пее, За огниште наше топлина што грее. Ако некогаш незнајник на порта ти тропне ти дај му жарче љубов да го стопли, и спомни му дека тука тече македонска крв силно што пече. Не си ти безимена! Не си ти бескорена! Ти си земја вековна! Моја земја МАКЕДОНИЈА! Моника Лавуровска VIIIб ОУ „Стив Наумов“, Битола Ментор: Магдалена Б.Сајкова 15


Барајќи ги дамките на срните, очите на пчелите, на орлите остриот глас. Планинските стреи ме викаат, да кажам, која сум јас! Крушево, зелено во измаглица. Низ шумите шумоли, на Тоше ангелскиот глас. Битола ме чека, на Сокакот Широк, да се увери: Дали тоа сум јас?! А преку Галичник во Река Охрид брановите ми ги фрла во очи. А Пелистер ми вели: ако треба и своите ќе ги дадам, само приказната да се точи! Приказната е стовечна, наша, Моето име е мое! Јас не можам да останам без глас! Македонка сум Македонка! И ќе бидам Македонка, за сите Нас!!! И горда сум! И јака сум! И сите околу мене се мојот глас! Мојата татковина е Македонија! Тое е моето име! А моето име: Тоа сум јас! Селма Љајиќ VII2 ОУ. „Куман Шапкарев“ Ментор: Венда Трајковска 16


МоеТо име, Тоа сум јас

Некаде каде сонце тивко изгрева, има една држава тајно скриена. Ако некој посегне по татковината наша, ти дете речи му: Македонија е само наша! И кога громови песна редат и разбеснето ветар дува, запомни: -Таа е тука, безусловно те чува! Некаде каде сонце тивко изгрева, има една држава тајно скриена. Тина Божинова, VIа ООУ „Благој Кирков“, Велес Ментор: Горан Грков

17


Секој стих од оваа песна извира од срцето мое за Земјата сјајна и чесна со вековно име свое. Трнлив пат минав мила името твое сјајно во мене буди сила која ќе гори трајно. Од секоја тревка чинам го слушам твојот ѕвонлив глас, тука сум еве минам, Македонија-тоа сум јас. Ивана Мишевска VII одд. ПОУ ,,Христијан Т.Карпош“ с.Псача о.Ранковце Ментор: Јасминка Јакимовска

18


МоеТо име, Тоа сум јас

Моето име е свето моето име е вековито, име завет од дедовците. Тоа сум јас, твојата татковина лична на Балканот ко мене нема слична реки бистри, езера чисти гори и планини вишни. Моето име е Македонија земјата на Александар Македонски, моето име е Македонија земја на Свети Кирил и Методиј кои Азбуката ја создаа и за светот осознаа. Моето име е Македонија земјата на Даме и Гоце кои за слобода копнееја и борбени песни пееја. Моето име, Македонија твоето име, Македонија тоа сме ние, народот македонски сплотени во еден глас името да не го менуваме идентитетот да си го сочуваме. Народ без јазик е народ без култура и литература јазикот да си го негуваме идентитетот да си го сочуваме. Моето име е Македонија име на независна и суверена држава тоа сум јас - на овој свет на Балканот сум најличен цвет. Исидора Димитриевска VIIIв одд. ОУ. „Христијан Карпош” Куманово Ментор: Слаѓан Спасовски 19


Македонија е нашата татковина долг пат за неа чекориме. Таа е огнот на нашата љубов татковина по која копнееме и гориме! Таа е топол дом на летото! Дом, на домот маса, а на неа лебец! Таа е прозорец сред светот со широк и ведар глед! Таа е пред прагот мајка! Или можеби загрижен татко во полето на бел коњ? Македонија е стих од убава историска бајка што лее бисерен и благ ѕвон! Убав и мил збор за неа гаам! Како сребрен дождец врз житата недозреани! Таа е камен сред брег, огледало езерско и моминска песна недоизречена! Таа е крупнозрнест грозд под сонце и убава слатколебна пченица! Таа е сонце златно што ја осветлува земјата довек. А, јас сум таа што сум и спијам под раскриленово нејзино небо онака како што може спокојно да спие само човек! Затоа таа ми е сè на светот! Слобода, правда и вистина! Македонијо земјо најмила! Ти си ти! И јас сум тоа! Сите ние едно огромно срце кое бие од љубов за љубов и спокој кој во душава сраснат ми е! Јована Здравевска VII1 одд ОУ. „Св. Климент Охридски“, Драчево Ментор: Валентина Трајкоска 20


МоеТо име, Тоа сум јас

Со сонце и надеж родена, Низ светли патеки водена Народот ја зеде в прегратка и тивко прошепоти: Македонија! И во новиот ден, под молика ќе порасне во девојка, убава, млада која среќна над потокот се смее. и за славното минато пее. Низ гори таа оди, патот ја води, глас во далечината ќе одекне: Македонија! До златната порта за да стигне. Народот на раце ќе ја дигне, со срце и душа ќе каже: за Македонија! Најпосле, Европа ширум отворена, насмевка лицето ѝ го огрева, сите заедно млади и стари, со песни ја слават и опеваат. Празнува и се радува цел свет Река од солзи радосници тече, и секој со гордост ќе рече: „Името ѝ е Македонија!“ Севдалина Дамева VIIа одд. ОУ„Димитар Миладинов“, Скопје Ментор: Митра Цилевска 21


Во Македонија се родив во неа растам, учам другарувам, за неа творам и сум подготвена сè да сторам. Да се грижам да биде чиста и да се најде меѓу најдобрите на европската листа. Во неа илјадници срца светат и душата и копнежот кон неа летаат. Историјата за неа е како трнлив пат низ сè што поминала таа за да дојде до денешниот резултат. Не е ѕуница за да се прелеваат боите во неа ниту извор кој неуморно тече таа е земјата моја за која секој човек ќе рече: „Денес достоинствено чекорам по земјата своја бидејќи тоа сум јас бидејќи таа е моето име прво Македонија е земја моја и таа го достигнува врвот!! Искра Бојковска VIIIа одд. ОУ „ Димитар Миладинов“, Скопје Ментор: Стојка Даскаловска 22


МоеТо име, Тоа сум јас

Моето име е Матеа. Мојата земја - Македонија се вика. Буквата М нас нè соединува, секогаш, секогаш ќе нè обележува. МАКЕДОНИЈА - црвена како крвта јуначка, пролеана. МАКЕДОНИЈА - портокалова како тутун во низи нанижан. МАКЕДОНИЈА - жолта како сонцето златно што нè грее. МАКЕДОНИЈА - зелена како горите, ливадите, падините. МАКЕДОНИЈА - сина како Дојран, Преспа, Охрид. Боите на виножитото се проткаени низ нашата земја, а вечно ќе бидат и во моето срце. Матеа Ташковска VII б ОУ „Димитар Миладинов“, Скопје Ментор: Лидија Паневска

23


Од Вруток до Егеј Вардар река тече низ своето корито бурно време влече. Минувал тука турскиот паша окупаторски нозе газеле по неа, но секогаш победа народот славел убаво е да се живее сега. Погледни наоколу со нова и убава лика, моето име тоа сум јас мојата татковина Македонија се вика! Анастасија Јакимовска, Vв одд. ОУ„Димитар Миладинов“, Скопје Ментор: Снеже Тодорова

24


МоеТо име, Тоа сум јас

Јас се викам Бисера, но во мене тајна се крие, во моето мало срценце млада Македонија спие. Косата ми е мека трева, гласот, птичји црцор. Фустанот од мајски цвет, најубав на целиот свет. Раце, вредни како пчели, а нежни како роза. Усни, модри како цреши, а слатки како боза. Лице бело како бисер, душа плодна и зрела. Срце полно радост, смеа, солзи, нежна роса- бела. Тоа сум јас- Бисера, што добрина творам и за мојата земја Македонија со љубов се борам. Бисера Петревска VIIв ОУ „Блаже Конески“, Аеродром, Скопје Ментор: Марија Костовска 25


Далеку од океaни, далеку од острови мали далеку од тропски предели сушни, далеку од краеви пусти. На Балканот длабоко таа се скрила, таа е мала земја раскошна и мила. Иако е мала, долга и стара историја има таа Многу борци за нејзина слобода загинале, и многу народи на нејзина територија наминале. Богата традиција и култура има носија, ора и обичаи разни, секој регион по нешто се краси. Денес независна и самостојна држава е денес во неа владее мир и ред. Денес таа има свое знаме, грб и химна и народ горд на нејзиното име. Таа мала чудесна земја со прекрасна слика Македонија се вика. Сања Зафировиќ VIIв одд. ОУ „Димитар Македонски“, Скопје Ментор: Виолета Здравковска

26


МоеТо име, Тоа сум јас

Од колено на колено пренесувано, со години наследувано, од на дедо ми дедо оставено, со гордост сега името мене ми е дадено. Мајка ми ме нарекува злато, за баба ми сум најмило чедо, херој сум на тато, а јунак на дедо. На училиште сум „Мудрец“, во маалото сум познат како „Глумец“. Сите различно ме нарекуваат во секој час, а знаат дека имам име, моето име, тоа сум јас. Возрасни... Нека бидам ваше злато, и херој и јунак на тато и најмило чедо на дедо, нека сум и „Мудрец“ и „Глумец“ за вас, но изјавувам гласно пред сите: Моето име е Александар, моето име, тоа сум јас! Со името ние постоиме, имаме минато, сегашност и иднина во која ќе опстоиме. Името е богатство и традиција на семејството и народот мој. Со моето име, на своето сум свој. Сања Мирчева VIIIб одд. ООУ„Св.Кирил и Методиј“, Велес Ментор: Десанка Николова 27


Името како сонце е драгоцено, од него нема поскапоцено. Со душа љуби го и никогаш не губи го, зарем човек вредност има, кога име нема? Името душата твоја е слика, секој со него тебе те вика. Во твоите уши се слуша како најубав ѕвон, а пак кога го губиш в гради камен имаш кој ти тежи повеќе од еден тон. Тогаш во тишина се слуша само болката на твојата душа. Марија Боцевска VIIб О.О.У „Јоаким Крчоски“, Волково, Скопје Ментор: Мирјана Славевска

28


МоеТо име, Тоа сум јас

Јас се викам Ревека, животот ми тече ко река. Јас се викам Ревека, мојата душа е мека, со радост денот го чекам. Јас се викам Ревека, моето детство е игра мила и во очите мои топлина кон светот се свила. За сите луѓе љубов чиста, како на библиската Ревека душата ми е иста. Го сакам зборот што лечи таги, и моите зборови се благи. Мојата душа копнеж за мир во небесната шир буди и секој ми се чуди зошто сакам луѓе, книги, птици, сонце, цвет со песна, мене мислата ми е лесна и се трудам да сум чесна. Моето име, тоа сум јас, нежна, како пчела во лет, го сакам целиот свет. Јас се викам Ревека, зборот ми тече ко река. Јас се викам Ревека, мојата душа е мека, со радост денот го чекам. Ревека Колевска VI одд. ООУ „Вера Которка“ с. Клечовце, Куманово Ментор: Сунчица Божиновска

29


Име најубаво на свет шарен ко цвет Македонија се вика и на Балканот блика. Татковино, како цветна градина ќе те негуваме, со наши раце ќе те изградуваме, со нашата љубов ќе те разубавуваме, завиена во свила вечно си ни Македонијо мила. Македонија цвет што цвета во градина, Македонија птица раскрилена во ширина, Македонија вредна пчела над шарен цвет, Македонија најубава земја на сиот свет. Драгана Ризова, VI одд. ООУ„Св. Климент Охридски“, Миравци, Гевгелија

30


МоеТо име, Тоа сум јас

После многу планини и ридови, една земја со најразлични животински видови, малечка но мила, за душава самовила, најубава во лето и во зима Македонија таа име има, во неа сонцето силно грее и славеј најубава песна пее таа е една и единствена моја земја родена. Дејан Илијоски ОУ „Кочо Рацин“, Охрид Ментор: Фила Вероска

Голема болка низ векови се влече, Македонија - името наше кое во крв ни тече. Поробени, измачени од дамнини подгазени но во срце и душа никогаш непоразени. Прадедовци наши за слобода се бореле, животот го давале никого не молеле Смрт или слобода била нивната химна Македонија на цел глас до сонце вивна. Јована Божиноска ОУ „Кочо Рацин“, Охрид Ментор: Фила Вероска

31


Чекорам напред со безгрижно детство, со весела детска игра. Среќен сум за секоја моја исполнета желба и благодарност за родителската грижа. Љубовта кон татковината и мир во светот. Жалам, жалам за гладните, жалам за страдните, за бездомниците и за сираците. Тоа сум јас! Валентин Ристески ОУ „Кочо Рацин“, Охрид Ментор: Фила Вероска

32


МоеТо име, Тоа сум јас

Земјо наша македонска, со тебе се гордееме сите. Во тебе се чувствуваме сигурно и убаво ни минат дните. Чекориме низ тебе гордо, чекориме со крената глава. Се радуваме на твојата љубов што секојдневно ти ни ја даваш. Нема ништо моќно нема ништо помоќно од нас, за да ја спречипесната македонска наша што во секој Македонец ечи! Таа е Македонија! Земја- каде што сонцето вечно грее, а на секоја гранка птицатанајубава песна пее. Во срце те носиме, земјо една, мала си, а сепак вредна. Секој Македонец во еден час, да викне силно на цел глас: Моето име- да, тоа сум јас! Моника Тосевска, VIIIа одд. ООУ „Благој Кирков“, Велес Ментор: Мирјана Гулевска 33


Македонијо, земјо моја, земјо мила, во историјата своја колку храбра ти си била? А, сега во тебе јас живеам смелонејзината слобода е на јунаците дело. Над тебе високо се вее: црвено- жолто знаме, а сонцето милно нè грее. Со векови си се мачела, но име си зачувала. Македонец- горд сум јас, да, тоа сум- викам на цел глас! Ѓоре Цветков, VIIа одд. ООУ „Благој Кирков“, Велес Ментор: Мирјана Гулевска

34


МоеТо име, Тоа сум јас

Има ли некој смелост да праша која сум јас? - Ако некој ја има таа храброст, тогаш јас ја имам честа да му одговорам. - Јас сум потомок на кралот Пердика I, потомок на големиот Александар Македонски, на царот Самоил. Мојот прадедо бил роб на Османлиите, мојата родна земја била вкусен залак за соседите. Многу душмани стапнале на оваа света земја, но заминале со наведнати глави. Јас сум сонародник на познатиот Делчев војвода, Јане Сандански, Никола Карев. Мојата родна земја ги израснала Солунските гемиџии, познатите струмички студенти.... Пишувам со буквите на Климент и Наум – славните ученици на Кирил и Методиј. Во мене ја имам човечноста на познатата хуманиска – мајка Тереза. Мојата земја освојувала, ја освојувале, но каква таква, сепак опстојувала. Историјата ја пишуваат победниците. А мојата земја ја има во историјата , што значи таа е победник. Колку и да се спори моето постоење, сепак тоа сум јас. Јас и уште два милиони луѓе сме Македонија, а јас сум Анета. Анета Маренкова VIII1 одд. ОУ„Крсте П.Мисирков“, Радовиш Ментор: Димче Здравев

35


Има една земја мила, со векови напатена била. Јунаци за неа се бореле со храброст светлина ѝ донеле. Ако некогаш овде те донесе пат има што да видиш ти човеку драг. Низ срцето нејзино, река Вардар тече, приказните свои, сè до Егејот ги влече. Ете го Водно, на него Милениум крст, а во подножјето негово, Скопје, збрано в грст. Во Скопје музеи, споменици разни, улиците негови никогаш не се празни. На запад, Шар Планина се раширила и во своите пазуви Попова Шапка ја скрила. Малку подолу е живописната Бистра, низ неа тече Радика како солза чиста. Ете ја и Галичица, горда планина, никаде не си видел таква убавина. Преспанското Езеро од едната страна, а од другата, Охридско, без никаква мана. На охридскиот брег лежат Охрид и Струга, но, како Струга нема друга, на Димитар и Константин роден крај, преродбеници наши се тие знај. Да го споменам и Пелистер со неговите Пелистерски очи, ох, каква невидена убавина од нив се точи. 36


МоеТо име, Тоа сум јас

Крушево е херојско место славно, во илинденските денови, тоа било главно. Тука почива Тоше, ангелот наш, кој го сплоти целиот Балкан со својот глас. Кога станува збор за вино и грозја, тоа е Кавадарци со неговите лозја. Кочански ориз, струмички пиперки, валандовски калинки и што ли уште не, во овие неколку реда не можам да опеам сè. Горда сум што се родив во оваа земја мила која со векови напатена била. Моето име, тоа сум јас мојата земја е Македонија ќе викам на цел глас! Сара Лекоска VIII1 одд. ОУ „Кузман Шапкарев“, Драчево, Скопје Ментор: Милка Дескова

37


Се наоѓа на Балканскиот Полуостров. Многу убава земја е. Низ неа тече реката Вардар. Со векови со бисери ронети си тече! Во неа да се собрани сите приказни на Македонија. Приказните за борбите, за заљубените, за среќата. Овие спомени, игри и песни ги носи во Егејските води. Во планините порано се криеле војници. Си пееле песни и играле ора. Мојата татковина е богата и убава. Има афион, памук, цвеќиња, јагниња. Има езера, реки, планини, водопади. Лична е мојата татковина Македонија. Иако е мала земја, во неа се собрани сите убавини. Најубава земја, најлична, најсакана земја е оваа моја Македонија! Драгана Стојковиќ IV одд.. ОУ„ Гоце Делчев“, Долно Лисиче, Скопје Ментор: Тања Тренкоска

38


МоеТо име, Тоа сум јас

Татковината наша Македонија се вика Посебно место во Моето срце има. Љубовта кон неа Никогаш не загинува Македонијо моја! Јас за тебе Сè ќе направам Само мир и љубов да има Друго ништо не ме интересира. Моето име, Тоа сум јас Македонијо моја Имаш цвено жолта боја Што секогаш ќе биде твоја Македонијо земјо моја! Тијана Младеновска VII1 одд. ОУ „Св. Климент Охридски“, Драчево, Скопје Ментор: Валентина Трајкоска

39


Дење и ноќе, на јаве и во сон и во глуво доба тутунарот работи и бдее над тутунот во својата соба. Го сади, го копа, го бере, потоа го калапи го реди токму онака како што требе. Лист по лист кине, а потта низ челото му тече, по лицето му мине. Потоа на кантар го носи својот товар скап за наплата чесно во редот стои, а редарот место прва класа, втора класа брои. Со испотено чело и горчина во душата заминува тивко кон домот свој „маката наплатена чесно не е“ си шепоти тивко тој. Дијана Стојковиќ ОУ,,Гоце Делчев“ VII3 одд. Долно Лисиче, Скопје

40


МоеТо име, Тоа сум јас

Моето име, тоа сум јас, Македонија секогаш ќе се гордее со нас. Државата ни го дава најдоброто нешто, треба да знаеме да го искористиме вешто. Државата ја сакам најмногу од сè, ја сакам, ја љубам, не сакам да ја изгубам. За државата ќе го покажеме нашето јас, за неа не сакаме да чуеме лош глас. Нашата лична Македонија треба да се чува, да се гледа, да се пази, никој да не помисли да нè гази. Дарио Величковски, VII2 одд. ООУ „Славејко Арсов“, Штип Ментор: Даниела Иванова

41


Татковина е наша мила што нè чува и ни дава сила. Жолта и црвена боја, тоа е татковината моја. Татковино мила, колку борби си пребродила, колку крв си пролеала? Но, сепак си наша лична, на тебе нема друга слична. Македонија е единствена во светот, таа е шарена како цветот. Небото горе и сината боја, тоа е татковината моја. Стефанија Златкова, VII2 одд. ООУ„ Славејко Арсов“, Штип Ментор: Милкица Миленковиќ - Стојанова

42


МоеТо име, Тоа сум јас

Снага болна, но со душа ангелска со љубов преполна, секому насмев дарува, секому му се заблагодарува. Со болки везден се бори, но сепак, храбро чекори. Срцето ѝ е широко како немирно море, а штом ќе се смири, кон близок и далечен лик раце шири. Нашата земја е возвишена душа, која може секого да ислуша. Нејзините очи со љубов зрачат, во минатото не знаеле да заплачат. Стефанија Алексовска VIII2 одд. ООУ„ Славејко Арсов“, Штип Ментор: Милкица Миленковиќ - Стојанова

43


Моето ЈАС си е мое, а твоето ЈАС си е твое. Почит за она што сум ЈАС барам и вишам гордо глас! Името од раѓање си го сака секој, не дава да го менува некој. По него се именуваме, распознаваме, по него корените свои ги дознаваме! Надалеку, силно како молња секнува, ЈАС, ти, тој, никој да не клекнува! Коренува длабоко, вековно, силно, Звучи чисто, топлински милно! Го носеле низ минати векови прадедовци наши во ропски окови. Гинеле за него, храбро се бореле, пркоселе на тие што го спореле. Слушнете низ светот цел ние, Македонците од вас сме дел! Сара Спировска VIIв одд. ОУ „Даме Груев“, Битола Ментор: проф. Билјана Герас

44


МоеТо име, Тоа сум јас

Најубаво велат било како ѓерданче најмило, моето име е зраци од сонце што грее, месечина што слатко се смее. Моето име е игра, песна, весел глас како знаме се вее секој час, в срцата радост грее низ мојот роден крај песна пее. Моето име, тоа сум јас еве ви кажувам на сиот глас, насмевки сакам да ви дарам во секое срце љубов и топлина да всадам. Ѓерче Милчов VII4 одд. ОУ „Орце Николов“, с. Ињево, Радовиш Ментор: Даница Постолова

45


Моето име е името наше белег од самото раѓање. Вдахнато во духот, во умот во нашето сеќавање. Моето име е нашето име, идентитетот тоа е наш. Низ бурна историја поминато, сочувано, одгледано, истрајно, во аманет оставено. Со нишките на традицијата ткаено, од ветрометините на судбината дотрено, во пламенот на огништата незгаснато, со крвописите на историјата израснато. Името наше - вечност е... Во боите на виножитото обоено, во афионите и младите жита разлеано, во звукот на зурлите и тапаните опеано, во сјајот на сончевината облеано. Моето име е нашето име. Порекувано - одрекувано, но истрајно! Човек без име не е човек! Народ без име не е народ! Ова правило ќе важи довек! 46


МоеТо име, Тоа сум јас

Затоа: Името НАШЕ да го негуваме, да го сакаме, да го чуваме и да не дозволуваме да го менуваме. Нашето име... е моето име моето богатство, мојот патоказ, мојот глас, моето име е мојот дедо, мојата мајка, иднината моја моето име ТОА СУМ ЈАС. Сања Мирчева VIII одд. ООУ. „Св. Кирил и Методиј“, Велес Ментор: Десанка Николова

47


После толку борби независна Македонија се роди после толку труд и мака Maкедонија го има она што го сака. Солзи полни со болка рони секоја жена за сопругот кој војната ѝ го зема рането детско срце бара слобода да ни дарат. Поетот се теши со творби сите проблеми да ги реши од зборови венец прави за утеха да ни дари. Ванеса Прцуловска VII 2 ОУ ,,Живко Брајковски“, Скопје Ментор: Славица Невчевска

48


МоеТо име, Тоа сум јас

Далеку зад високите планини, далеку зад длабоките мориња, далеку од мене од срце и од душава. Една земја што ме чека еден народ што го знам, едно сонце што таму најсилно грее една птица што за Македонија пее. Македонија моето име тоа сум јас, моето детство во неа мој лек моја радост мој единствен спас. Македонијо само едно знај мојата љубов за тебе нема крај кај и да одам, каде и да сум во срцето секогаш со тебе ќе сум! Ива Пуовиќ VIII одд ОУ ,,Живко Брајковски“, Скопје Ментор: Славица Невчевска

49


Под едно име стоиме маките си ги броиме заедно ги решаваме и рака си подаваме, Македонија е наша единствена наша грижлива мајка која никогаш не ја оставам. Каде и да одам во срцево ќе ја носам и за неа битки ќе водам Македонија е блескава светлина во суровиот темен свет ќе го стопи најстудениот лед. И опустошувањата и ограбувањата од ропството до убиство но конечно спасени во независна држава наша Македонија. Дамјан Иванов VII-2одд ОУ ,,Живко Брајковски“, Скопје Ментор: Славица Невчевска

50


МоеТо име, Тоа сум јас

Моето име се моите предци, Ако не постоеле тие Немаше да постојам ни јас. Моето име е мојата татковина Моето име е мојата родина, Моето име би го извикала на цел глас Затоа што со него се гордеам јас. Рената Мирчевска VIIб одд. ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола Ментор: Жанета Тошеска

51


Секој стих од оваа песна Извира од срцето мое За земјата сјајна и чесна Со вековно име свое. Трнлив пат мина мила Името твое сјајно Во мене буди сила Која ќе гори трајно. Од секоја тревка чиниш Го слушам твојот ѕвонлив глас Тука сум, еве минам, Македонија - тоа сум јас Ивана Мишевска VII одд. ПОУ „Христијан Т. Карпош“, С. Псача, о. Ранковце Ментор: Јасмина Јакимовска

52


МоеТо име, Тоа сум јас

Јована се викам и многу сакам цртежи да сликам. Сакам сите да бидеме среќни, да има другарства вечни. Сакам да има мир во светот, да се весели птиците во летот. Да $ се радуваме на природата, на небото сино, да го гледаме сонцето жолто, сино. Ја сакам и пролетта, сестра мила, Зошто ледините ги покрива со цветна свила. Го сакам и моето Тетово, каде убаво и топло беше летово. На одмор правев кули од песок, а нив имаше сончев, сјаен блесок. Кога низ гранките ќе дувне ветрот бесен, го сакам и годишното време есен. Кога ќе падне првата покривка снежна, бела ја сакам зимата цела. Го сакам и животот вреден, зошто немаме уште еден. Ова е мојата песна ова сум јас!

Јована Ристовска 6-3 одд. О.У. Гоце Делчев - Тетово Ментор: Бранкица Бојаџиевска

53


Августовски убав еден ден, среде се родило мало и убаво бебе, со очиња мали и косичка бела му дале име Ангела. На небо ангелот судба ни крои, на земјата одиме по патишта свои. И мене девојче мало убава судба ми дало! Ангелска тенка става скината мамина глава, со срце широко, волно со љубов за секого полно. За сите љубов се точи од моите топли очи. Ако некој помош бара душава врати му отвара. За мама и тато ангел сум земен, за лоши луѓе облак сум темен. Затоа велам во овој час: моето име тоа сум јас Ангела Шуменковска 7-1 одд. О.У. Гоце Делчев - Тетово Ментор: Милица Трпевска

54


МоеТо име, Тоа сум јас

Отворам очи, пред мене денот. Затварам очи сништа се редат. Се прашувам сега зар животот бега. Бреме ли е тоа на моите плеќи. Чекорам смело, ооо животе мој. Учам да живеам и бидам свој. Гледам замислен старец. Гледам трепетна младост. Гледам поле, планина стројна. Во гради ми блика голема радост. На другата страна, царува тага. Понекогаш жал, понекогаш болка. А јас имам гордост и голема сила. Широко срце и јака планина. Спрега вода во ера тешка. Барам човек во луѓе бедни. И сонце ќе најдам и иднина светла . Е тоа сум јас, и сонце широко планина И душа топла топлина и храброст возвишена Биди и ти човек пријателу драг.... Даниел Веловски VII 1 ОУ “Гоце Делчев “ Teтово Ментор: Милица Трпевска

55


Моето име, тоа сум јас, Македонијо, љубена моја. Химната наша единствена ни е. И песната за соколот што од Вардар вода пие. И крвта од Александар што во вени врие. Традиција наша од памтивек, Небројни сказни, Јунаци и херои разни. Ти си моја татковина една, Една и единствена Како тебе друга нема. Татковино, ти си ми највреден дар Во твоите лулки растел и наш Самуил цар. Тоа сум јас, тоа сме ние Сплотени во едно мало парче земја. Земјо, со гордост и крената глава Кралица си на моето срце права, Балкански бисер бесценет. Нубира Ајдиноска VII4/9 ОУ „Братство Единство“, Охрид Ментор: Јованка Љаткоска

56


МоеТо име, Тоа сум јас

Секој човек има, едно име свое Мила од Македонија е името мое. Сите ние имаме татковина своја, Република Македонија е земјата моја. Името македонско за нас е свето Тој што ќе го менува, го колнеме клето. Од Антика до денес, низ историјата сета, Името македонско го пишува во книгата света. Македонското име нам Бог ни го дал Потомци сме на Филип - македонски крал. И дедо ми, и татко ми, и сестрата моја, Сите сме Македонци во земјата своја. Каде да се наоѓа Македонец прав, Ќе го чува името без никаков страв. Името е минато, сегашност и иднина Тоа е код македонски и не е за заборав. Мила Ложанкоска VII4/9 ОУ „Братство Единство“, Охрид Ментор: Јованка Љаткоска

57


Ниедно сонце не може да собере Толку гордост, јад, храброст, љубов Колку што има оваа земја. Се роди со словенско племе На парче балканска земја Животот ѝ измина низ борба за слобода и признавање. Нејзините соседи од трите страни Гладни за туѓа грутка земја ѝ создадоа болки и крвави рани. Но таа е јака и непокорлива Чекори цврсто напред Ги победува и најтешките препреки. Патриотското чувство постојано врие, Длабоко во нејзината свест Словенската писменост на Кирил и Методиј се крие. Таа е мајка со љубов искрена чесна За децата илинденски што животот го изгубија Но скапоцена слобода ни подарија. Тоа е моето име. Тоа е мојата татковина. Тоа е МАКЕДОНИЈА. Ивана Велјановска VII4/9 ОУ „Братство Единство“, Охрид Ментор: Јованка Љаткоска

58


Проза Основни училишта


Е

дна вечер само што склопив очи, некаква блескава светлина од свеќата избликна нежно и по главата ме погали па тивко ми шепна, не плаши се дете мило, јас сум твојата мила и убава татковина - лична Македонија, имам само една желба, не дозволувај никој да ми го смени моето праисториско име, не дозволувај никој да ме понижува. Мојата територија, крстосница во срцето на Балканот, разорно јаболко стана та нели „За брата сите вијат кој да му глодат сувите му коски “. Јас сум нем сведок на тешкото минато на мојот напатен македонски народ, сведок на многу тешки и историски битки за денешната слобода, но секако најдрага ми е битката добиена пред дваесет и една година без капка крв, кога мојот народ на Референдум се изјасни јасно и гласно за мојата сувереност и независност. Македонија тоа сум јас, го помнам и првиот претседател Киро Глигоров и првиот премиер Никола Кљусев. Во овој миг мислата низ историјата ме враќа и спомените ги навраќа. Еве токму во овој миг и моите синови доаѓаат ... Свети Кирил и Методиј моите синови кои на Азбуката наша се творци, а потоа еве го и нивниот ученик Свети Климент од зад нив се јави па за „Кирилицата“ гласно прозборе – Азбуката да ја чуваме. По него Крсте П. Мисирков тивко ми шепна Јазикот да го негуваме. Неговиот шепот в душа ме чепна. Каде се видело и чуло народ без јазик? Подолу Илинденците храбри оро водеа на чело со Гоце и Јане за денешната слобода копнееја и борбени песни пееја. Самостојна Македонија беше нивниот животен идеал за кој многу млади животи згаснаа. Македонијо моето име свето завет од дедовците, прадедовците да го чуваме како црнка во окото, да го негуваме како бебе во колевка. Македонија древната држава на Филип 60


МоеТо име, Тоа сум јас

и Александар, земја на Цар Самоил тоа сум јас, вековита била, вековита останала. Пет века под Османлиската империја јас горда Македонија стенкав, па потоа Балканските војни се нижат, а Светските веќе се ближат. Во Прохор Пчински како сега чинам да беше на првото заседание на АСНОМ се удри камен темелник на моето име во поновата историја. Иако од памтивек било и останало моето вековно име Македонија. Осми септември 1991 година в срце го носам, независна држава тогаш станав јас. Но, како јас и што можам јас да сторам и како сама против нашите крволочни непријатели да се борам? Македонија сум јас! Македонија си ти!!! - дете драго. Тој глас силно ме трогна, станав, отворив очи па си реков: Македонија тоа сме сите ние – народот наш македонски кој не треба да дозволи името да си го менуваме, само така идентитетот ќе си го сочуваме. Татковино драга ние младите поколенија цврсто ти ветуваме името ќе го чуваме. Македонија вечна, и вечна ќе остане!

Исидора Димитриевска VIIIв одд. ОУ. „Христијан Карпош“, Куманово Ментор: Слаѓан Спасовски

61


М

ојата Македонија, мојата чудесна земја со векови поробувана, делена, полевана со крв сега стои цврсто и храбро со крената глава. Сега е рај од небото, а овде е да го разубави светот и за да нè направи независни, заштитени, храбри, сакани, смели... Овде небото е со најубава боја, ѕвездите најсилно сјаат, цвеќињата најубаво мирисаат, виното ти го продолжува животот, сонот станува јаве. Кога ќе го слушнам името на мојата земја и зачекорувам врз нејзиното тло се чувствувам цела и жива. Да, Македонија- тоа сум јас, тоа е мојот корен кој го потврдува и докажува моето минато, нашата историја која никој и ништо не може да ја избрише. Секогаш кога ќе се рече Македонија гордо ја кревам главата, го допирам срцето и ги затворам очите за да ѝ пратам порака на мојата татковина: моето име е Македонија, јас сум Македонија. Овде сум се родила, овде живеам, овде и ќе останам... без неа сум како изгубенo јагне, талкач кој нема каде да се засолни и вдоми. А кога сум тука го бакнувам секое парче земја, дома сум во грутката која ме оживува во срцето на Балканот. Само овде можам широко да ги раширам крилјата и слободно да летам знаејќи: Да, тоа сум јас... мојата судбина е наречена Македонија!

Котева Моника VII-а одд. ОУ. „Видое Подгорец“,Колешино, Ново Село Ментор: Катица Мицева

62


МоеТо име, Тоа сум јас

...С

о самото споменување на моето име, ако некој ме познава, знае дека станува збор за едно трудољубиво, великодушно, бунтовно и зборливо девојче. Јас сум всушност едно девојче со немирен дух и везден насмеано. Зад моето име се крие моето однесување и начинот на облекување. Јас сум девојче со добро срце и љубов кон помладите и постарите. Во моето срце има хуманост за сите. Зборувајќи за моето име, да споменам дека моето име е Викторија. Моето име многу си го сакам и тоа има посебно значење за мене. Моето име во училиштето е познато како име на една одлична ученичка со неколку освоени места и ученичка заинтересирана за фудбалот. Со текот на годините го надоградувам моето име. Зад моето име се кријат сите мои однесувања и постапки. Постапки често исправни, но понекогаш и погрешни. Зад моето име се крие едно храбро девојче подготвено со сѐ да се соочи. Длабоко во мене е скриена мојата бујна фантазија. Мојот карактер е најважен од сѐ. Тој е скриен зад моето име, во мојата душа и срце. Уште од мали нозе сум учена на општа култура и добро да се однесувам кон сите. Со почит да гледам кон повозрасните и постојано да се однесувам, како што му доликува на едно воспитано девпјче. За моето име, однесување и постапки би можела да зборувам уште многу, но на оваа хартија јас толку би напишала. Викторија е моето име, ете тоа сум вистинската јас.

Викторија Ѓорѓиева VIII1 одд. ОУ „Орце Николов“ с. Ињево, Радовиш Ментор: Илија Попов 63


М

акедонија! Звук од далечината. Се прашувам каде сум. Околина од зрело жито. Високи, богати планини околу мене. Сончогледот сјае кон сонцето. Од некаде остар жубор на бистра река. Изгледа беше како солза на чесен војник кој своето срце го дава за татковината. Близу мене пат по кој минуваат автомобили. Звукот им е како рој пчели летајќи кон поленот. Шарени пеперутки летаат околу мене. Мислите стануваат сè подлабоки. Чувството е бесмислено. Македонци! Повторно глас од некаде. Ми го одзема целото внимание. Љубопитноста сокри мало парче од неа во моите мисли . Ја разгледав целата околина, но немаше никој кој би можел ова да го додаде во моите разлетани мисли. Пред мене од некаде се појави крупен, но по ликот мудар човек. Косата како да му беше покриена со бели ситни снегулки. Долга брада. Збрчкано чело облеано од пот. Усни кои кажуваат многу. Очи како небесното синило над нас во кое пловеа милионски мисли што ќе се случи понатаму. Останав замислена. Проговори: - Не чуди се, таква е Македонија. Македонец! Тоа сум јас. Деновите со работа, мака, труд и ропство ни минуваат. Не голема земја ниту пак слободна. Секој непријател вирее во неа. Можеби е некаде тука скриен и го слуша нашиот разговор. Нашиот труд тие го заработуваат. Сиот народ го заробија. Многу крв се разлеа во неа. Течеше како река која ништо не знае, не умее, која мисли само на својот речен тек. Е, пријателе тоа е Македонија, но не ја оставаме и не ја препуштаме лесно во рацете на непријателите, срцето за неа ќе го дадеме. Низ нос промрмори: -Моето име – тоа сум јас. Гласот на мајка ми ја прекина средбата со еден од многубројните

64


МоеТо име, Тоа сум јас

зраци на Македонија. Сè беше само сон. Сон во кој го проследив мачното минато на нашите предци. Нивната крв кои ја оставија во наше наследство. Денес ја прославуваме гордоста на слободата на нашата татковина Македонија. Погледнав низ прозорецот. Птиците знаејќи дека сè беше сон кој сега гние во срцата на непријателите, силно пееја. Жуборите на реките велеа: „Moeто име – тоа сум јас“. Птиците летаа кон бескрајот на љубовта, мирот, братството и слободата. Зрелите класја жито танцуваа на тивката птичја музика. Македонци, Срби, Албанци, Роми, Власи... го започнаа танцот на другарството во Македонија. Некаде во далечината Охрид, Струга, Дојран... на сиот глас извикаа „Моето име - тоа сум јас“, горд македонски бисер. Оружјето со кое станавме слободни и горди Македонци ги краси музеите и воодушевува многубројни туристи. Мала по површина, но богата со многу природни убавини. Шара белее во зимскиот период Нема некој кој не ги пробал нашите специјалитети. Сонцето со своите зраци го грее народот. Секојдневно се ниже македонскиот ѓердан од милионски бисери. Секое срце слободно вели „Моето име – тоа сум јас“. Приказна која има почеток, но без крај. Можеби и крајот нема да се види. Ќе згние во мирот и слободата како неслогата и аргатскиот живот во минатото кој сега ние преку нашиот поетски свет ги опејуваме.

Марина Димиќ VII б ОOУ,,Јоаким Крчоски“, Волково, Скопје Ментор: Мирјана Славевска

65


Е

дно име, една мисла, една именка, Македонија. Име кое им дава сила и гордост на борците. Мисла која ги успокојува мајките. Именка која ги окрепува народите. Таа претставува закрила, поткрепа и живот за македонскиот народ. Татковината е место во кое се чувствуваме сигурни, спокојни и среќни. За среќа и денеска ја имаме. За тоа се заслужни борците, јунаците и хероите кои вечно ќе ги опејуваме и споменуваме во песните и приказните. Луѓето кои се бореле со целото срце и го дале животот за нашата татковина - Македонија. Личностите кои долго биле оплакувани од мајките, сопругите и народот кои со солзи го славеле нивниот живот, нивното јунаштво. Затоа треба да бидеме среќни поради тоа што Македонија израснала такви борци поради кои сè уште ја имаме нашата татковина и живееме во мир. Треба да бидеме благодарни и на оние творци кои го развиле нашиот јазик, нашата култура и нашата азбука. Оние луѓе чии испишани зборови вределе повеќе од кажаните реченици. Тие чии поеми и раскази се останати и до денешните денови и сведочат за македонската култура и нејзиното постоење. Ние денес треба да го продолжиме она што македонските јунаци го започнале. Да го славиме нашето име - постоењето на Македонија. Со секое вдишување треба да го примиме мирот и спокојството на нашата татковина, со секој допир да ја осознаеме и проучиме, со секое кажување на нашето име во секој од нас да се разбуди копнеж и стремеж кон Македонија, а со секое затворање на очите пред нас да го оживееме минатото на македонскиот народ. Со тоа ќе се потсетиме кои сме, колку претрпеле нашите предци и татковината за да можеме денес да бидеме горди на нашата држава, име и националност. Накратко, да бидеме горди на тоа кои сме.

66

Мила Ѓорѓиева VIIIб одд. ОУ „Браќа Миладиновци“, Скопје Ментор: Мирјана Дунимагловска


МоеТо име, Тоа сум јас

П

ланини, езера, реки, котлини... Градови, села, населби. Сè во една мала земја. Можеби мала, но со толку многу големо богатство и толку многу убавини што ги немаат ниту најголемите држави во светот. Тоа е Македонија. Можеби и нè нема многу, но сите ние Македонци сме пријатни и љубезни. Сонце со осум краци. Црвена и жолта боја. Тоа сонце грее низ целата држава. Допира дури и до најмалите населби. Тоа сонце долги години свети над Македонија. Тоа е македонското знаме. Тоа што се вее на секој празник, што го цртаат учениците. МАКЕДОНИЈА. Мала, но со многу тајни за откривање. Секој крај од Македонијапрекрасен, волшебно убав. Дали во северните делови, јужните, источните или западните, секаде во мојата татковина, Македонија, има што да се види. Дури и ние што живееме во неа не сме ги откриле волшепствата на таа мала, но голема земја. Јас ја сакам Македонија. Таа е моја татковина. Земја каде што сум се родила, каде што сум израснала, каде што живеам. Тоа име, МАКЕДОНИЈА. Тоа име е мое, наше име, име на сите Македонци, тоа сум јас, тоа сме сите ние.

Стефани Петреска VIIв одд. ОУ „Димитар Македонски“, Скопје Ментор: Виолета Здравковска-Ташевски

67


Ј

ас сум Александар. Не мора да ме сакаш, не мора ниту да ме почитуваш, но не можеш да се правиш дека не ме гледаш, не ме забелжуваш, додека зборуваш со мене, одиш со мене по истиот пат. И знај, ќе ти се огласам само ако ме повикаш со моето име. Александар, мило ми е, тоа сум јас. Роден сум, живеам, растам и созревам во Македонија. Земјата на Киро Глигоров, Никола Кљусев, Методија Андонов Ченто, Даме Груев, Гоце Делчев, Цар Самоил, Александар Македонски, Филип Втори. Земјата на македонската фаланга. Земјата на Глигор Прличев, Крстев Петков Мисирков, Браќата Миладиновци, Кочо Рацин. Земјата на Тоше Проески, Симон Трпчески, Кире Лазаров, Горан Пандев. Да признаам со гордост и голема почит го испишав името на секој од нив. Гледајќи ги нив, нивните постапки, на пример излегувањето на Кире Лазаров да ја прими наградата за најдобар стрелец со македонско знаме на себе, дознав што значи да си патриот и родољуб. Се сеќавам кога татко ми ме однесе во Скопје да го гледам натпреварот на македонската репрезентација. Сега знам, ме однесе со цел да развијам љубов кон спортот и здравиот начин на живот, но пред сè ме однесе да почувствувам што значи да навиваш за својата земја. Што значи во еден глас да одекнува името Македонија. Колку се силни емоциите кога стоиш пред црвено-жолтото знаме и ја слушаш химната „Денес над Македонија се раѓа“. Какво е чувството кога ја гледаш пожртвуваната борба на нашата репрезентација, црвено-жолтите момчиња. Годинава во тоа нè уверија и момчињата од кошаркарската и ракометната репрезентација. Нè уверија дека кога играш за својата земја, под своето знаме, со името Македонија на градите, кога го оставаш срцето на теренот се остваруваат и најнеочекуваните соништа. Нè уверија нас, а на другите им покажаа кои сме и каде се наоѓаме. Покажаа дека ние сме Македонија, дел од Европа. На 68


МоеТо име, Тоа сум јас

мојата генерација ѝ овозможија да го сфатиме и почувствуваме значењето на секој збор од текстот на песната „Едно име имаме“. И благодарам за тоа. Сега знам што значи да си Македонец, да си дел од македонскиот народ, да пееш и навиваш на македонски јазик, да се гордееш со својата татковина. Искрено се надевам дека еден ден со својот труд и залагање ќе заслужам од моето име со големи букви да стои името на мојата татковина. А, да... и не заборавај, моето име е Александар, јас сум Македонија. Сè она за кое знам! Минатото за кое учам, сегашноста која ја живеам, иднината за која сонувам.

Александар Ќировки VII одд. ОУ „ Александар Здравковски“, Јегуновце Ментор: Јованка Геговска

69


Л

емпа е моето име. Нешто што ме разликува од другите и ме прави посебна. Си го сакам моето име и не би го заменила за друго. Среќна сум што го имам, бидејќи тоа е мојот идентитет.

За жал, постојат деца кои не си го знаат своето име, или пак воопшто немаат, немаат свој идентитет. Тоа се децата кои израснале на улица, оние кои немаат родители. Затоа во тој поглед се сметам за среќно дете и треба да го цениме она што го имаме. Моето име го наследив од мојата баба, така сакале моите родители, и јас го почитувам тоа. Мое мислење е дека треба имињата да ги наследуваме од прадедовците и прабабите, со тоа ќе си ги зачуваме нашиот корен, нашето минато, а ќе ја зацврстиме нашата иднина. Оттуѓувањето во имињата е оттуѓување од нашиот македонски идентитет. Моето име е многу ретко, всушност досега не сум сретнала девојче со истото име. Многу луѓе се чудат на моето име, ме прашуваат од каде е, какво е, што означува, на што многу често јас знам и да се налутам. Моите родители секогаш знаат да ме утешат со зборовите дека моето име е единствено и никој нема да го заборави. Но, сепак мислењето на другите и не ми е толку важно, бидејќи знам дека името можеби и ќе се заборави, но личноста не. Сметам дека уште од мали нозе треба да почнеме да си градиме свое ЈАС, да изградиме добра личност од нас, личност чие име ќе биде гордост не само за родителите, туку и за татковината. Да бидеме препознатливи по нашите дела и карактер. Секој човек има срце, но прашање е со што е исполнето тоа срце, што се крие во него. Нашите срца не треба да знаат за зло, омраза, љубомора, мораме да го научиме да сака. Јас сум со добронамерно срце, емотивна, која не сака неправди и сочувствувам со болката на другите луѓе и секогаш кога ќе се 70


МоеТо име, Тоа сум јас

најдам во ситуација на неправедност, длабоко во мојата душа одѕвонува еден глас кој ме тера да издржам и ми вели: „Ти не си друга, твоето име е ЛЕМПА, тоа си ти!“

Лемпа Атанасова, VIII3 одд. ОУ„Никола Карев“, Кочани ментор: Љупка Стојменова

М

ногумина од нас барем еднаш во животот се запрашале: Кој сум јас? Дали да се родев на друго место, во друго време и под друго име повторно ќе бев тоа што сум денес? Верувам дека никој не е случајно овде ниту пак е во прашање неговиот идентитет. Идентитетот на еден човек е неговата суштина, тоа што тој претставува. Никој и ништо не може да го промени ниту уништи. Идентитетот, пак, на една држава е уште посуштинско прашање. Тој го опфаќа нејзиното име, уредување, јазикот, обичаите, фолклорот. Зарем е лесно да се заборави сè она за што се бореле нашите предци, пролевајќи ја дури и сопствената крв за оваа наша земја, за ова наше име Македонија? Ние сме Македонци и тоа не мораме да го докажуваме. Зборуваме македонски јазик, пишуваме користејќи ги буквите од македонската азбука. Не ни треба ништо повеќе од тоа. Минатото и историските докази се непобитни, сè е на наша страна. И затоа нема да менуваме ништо, ни името, ни обичаите, ни ставот. Не ни требаат нам „пријатели“ кои ќе не истераат од својата куќа. Ако го смениме името, ќе ни бидат пријатели оние кои нè крадат. Името тоа сме ние - без него не постоиме!

Изабела Ангелова VI-а ОУ. „Видое Подгорец“, с. Колешино, Ново Село Ментор: Катица Мицева 71


М

акедонија е прекрасна земја, во неа јас го живеам своето безгрижно детство. Среќна сум и горда, зошто мојата земја има мирољубив народ. Сè на светот има име. Со тоа сме пораснале. На тој начин сме ги сфатиле сите поими и имиња на светот и она што нè окружува. Името на мојата земја е прекрасно. Тоа ја отсликува нејзината убавина, а секое дете е среќно кога има таква прекрасна земја. Кога ќе го изговорам името Македонија во мене се буди прекрасно чувство. Во првата буква го наоѓам моето презиме Мишевскa, кое е од памтивек. Се радувам што истото можам да го кажaм за својата земја. И таа своето име Македонија го носи на своите стари плеќи отсекогаш. Засекогаш овие прекрасни простори живееле под тоа име - Македонија. Буквата А ме асоцира на aлбанскиот народ. И тој е дел од оваа наша заедница. И тој е државотворен народ со свој јазик и обичаи. Тие ја збогатуваат македонската култура на многу начини. Мојата најдобра другарка се вика Ангела. Таа е како моја сестра. Ние двете секогаш во срце ја носиме својата земја. К е дел од твоето име татковино, К е дел од мојот роден град. Јас учам, живеам и дишам под македонското небо. Една мисла имаме, за буквата А. Таа е една и единствена, моја татковино секогаш да живееш во слобода. Една и единствена ќерка сум им јас на моите родители. И како што тие се грижат за мене, така јас се грижам за убавините на мојата Македонија. Долините се прекрасниот пејзаж за мојата зејма. Тие со своите четири годишни времиња приредуваат вистинска забава и експлозија од бои. Затоа, јас длабоко во себе верувам дека мојата земја е сонот на секое дете. Таа се спојува со уште една прекрасна глетка, а тоа е Охридското Езеро. Но, и пак тоа сум јас, зошто секоја година летуваме на брегот на Охридското Езеро. Нивите се на Н, зошто тие нè хранат со својата земја и даваат плодови во кои уживаме се 72


МоеТо име, Тоа сум јас

детската радост. И ние имаме нива, засадена со лозје, и пак тоа сме јас и мојата земја. Споени во едно. Историјата за И за да раскаже како со крв била платена оваа вековна слобода и за Илинденското Востание кое секоја година се слави со најголеми почести. И за дедо ми Илија кој бил првоборец и засекогаш раскажува живи приказни. Потоа јадењата мадеконски за Ј, како земја во која нивниот вкус има опоен мирис. Овде се приготвуваат највкусните јадења. И Ј за баба ми Јана која ми шие најубави фустанчиња и плете најтопли џемпери. И на крај остана уште буквата А, таа ќе биде аплауз за сите постигнувања мои, но и јубилеи и знамености на мојата земја Македонија. Нејзиното име, тоа сум јас. Таа ми припаѓа мене, а јас нејзе и овој завет ќе трае засекогаш, па се знае склопен е од срце за срце.

Јасминка Јакимовска VII одд. ПОУ ,,Христијан Т.Карпош“, с.Псача, о.Ранковце Ментор: Ивана Мишевска

73


С

едам и размислувам прашувајќи се себеси која сум, a која би била да не сум она што сум - ИВА. Три букви! Да, замислете само три букви кои сочинуваат еден збор! Но моето име е полно со емоции, љубов, почит и разбирање за секој оној кој ќе го изговори, затоа што моето име е само мое, а тоа сум јас, ИВА. Името не е само обичен збир од букви кои сочинуваат еден збор, збор со кој другите луѓе ни се обраќаат. Името е израз на нашиот идентитет и постоење со сите наши вредности и мани. Моето име го носам достоинствено со гордо крената глава, бидејќи тоа ме именува мене. Од најрани години се трудам за да го направам овој збор значаен и вреден. Упорна сум и знам дека ќе успеам. Се обидувам да не грешам, но никој не е совршен и не може да биде. Грешките се дел од нашите животи, тие се учители кои можат да ни ги одржат најдобрите лекции. Тие се тука за да ни помогнат или да ни одмогнат да стасаме до своето посакувано„Јас“.„Јас“ кое ќе значи личност исполнета на сите полиња. Првенствено да се биде човек, значи да се биде вреден и чесен, човек кој ќе подаде рака на секој оној кому е потребна помош. Се трудам моето „Jaс“ да биде духовно богато, исполнето од љубовта кон мајчиниот јазик и прочитаниот збор. Сакам моето име да биде слика на ведра личност исполнета со љубов, која секогаш плени со насмевка на лицето и тогаш кога можеби животот нема да нуди радости. Сето ова ќе ми овозможи во иднина да ги остварам своите цели, да станам човек корисен за себе, со успешна кариера, кој ќе успее да се дари себеси на своето општество. Потајно искрено посакувам моето име да стане славно и секако еден ден да се замени со именката мама, што би било остварување на сите соништа што може да ги посака едно мало девојче.

74


МоеТо име, Тоа сум јас

Се надевам, дека ако сите ние се потрудиме за доброто на нашето име ќе бидеме почестени и ќе се чувствуваме горди кога некој ќе ни се обрати или кога некој после нашето име ќе додаде „добро воспитана личност“, професионална и успешна. Мислам дека не постои човек кој не сака своето ценето име да го предаде на следните генерации. И дури тогаш секој од нас ќе може да каже: „Да, тоа сум јас !“. Ива Колевска VIII-1 ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје Ментор: Добрица Трајковска

75


М

акедонија. Земја која може да се пофали со богата историја, нација која претрпела толку многу, но го задржала својот идентитет, култура и јазик. Држава која успеала да се издигне над многубројните окупатори и да остане непокорена. Таа е библиска земја, стара колку времето само, дом на војсководци, писатели, поети, голема култура која го одзема здивот. Имало и тешки времиња, но нејзините чеда никогаш не ја загубиле вербата во нивната татковина Македонија. За македонското име се пишувало од дамнешни времиња, а се пишува и денес. Македонија значи висока, планинска земја и навистина достојна на своето име. Големи, зелени планини ги косат низините и воодушевуваат не само со својата убавина, така и со приказните што ги кријат. Тие претставувале засолништа за бројни јуници, херои кои црпеле сила од својата љубов кон татковината за да се борат со освојувачите кои сакале да владеат со овие простори. Македонското население отсекогаш ги ценело богатствата што ги нуди оваа земја. Кристално бистрата вода на реките, изворите е како мелем за секоја рана. Тревките и билките кои особено виреат во овие области се собирани од многу луѓе низ вековите. Плодната почва е совршена за сеидба. Црцорот на птиците е секогаш присутен и претставува мелодија која ги топи и најладните срца. Во топлите лета тука се трите езера, а во ладните зими Сонцето секогаш си го наоѓа својот пат низ облаците. Но, освен природните богатства, Македонија има голема култура, традиција и историја. Народните песни со својата уникатна убавина се сочувани и ден денес, поемите за големите јунаци се пишуваат и сега, а без народните танци и ора не поминува ниту една веселба. Македонската држава има неверојатна историја. На територијата на Македонија бил роден Александар Македонски кој го проширил македонското царство и претставува најголем 76


МоеТо име, Тоа сум јас

освојувач на сите времиња. Многу пати различни држави се обиделе да ја заземат Македонија, вршеле терор и угнетување на народот, сепак македонското население се изборило за нивната и слободата на идните генерации. Тешкотиите со кои народот се соочувал биле инспирација за многу поети и писатели кои своите чувства и мисли ги искажале преку литературата. Јас сум горда што живеам во Македонија. Името на мојата татковина не е само обично име, тоа е приказна самото за себе. Раскажува за оваа прекрасна земја искалена во маки, која секој пат успевала да се издигне и да биде посилна од порано.

Јулија Илиевска VIIIб одд. ОУ „Браќа Миладиновци“, Скопје Ментор: Мирјана Дунимагловска

Т

воето име татковино отсекогаш постоело и ќе постои. Oтсекогаш те красело како цвет што расне, како цвет што цвета. Јас и Ти сме цветови. Ти цветаш, а јас како дел од тебе, растам во тебе. Моето име тоа сум јас. Пријатели мои не викајте ме поинаку, затоа што ќе ме повредите многу, а јас, јас имам достоинство. Во мојата драга татковина изгревот се капе во сјај, полињата се плодни, шумите немаат крај. Твојата слобода се роди во крв, затоа татковино моја, твоето име е песна што секој ја пее со радост. Таа песна треба да ја научиме сите за погорди да ги дочекуваме дните. Безгрижно ми минува детството во тебе, затоа треба вечно да цветаш под сонцето што никогаш нема да згасне.

Кристијан Митров, VI одд. ООУ„Климент Охридски“, Миравци, Гевгелија Ментор: Маја Танова 77


Л

етам над мојата татковина Македонија. Летам како птица раскрилена и ги гледам многуте убавини. Спуштајќи се од север кон југ го гледам скопското Кале, лавовите, фонтаната и мостовите низ кои поминува најголемата река Вардар. Поминувам низ градот Велес - родното место на Коста Рацин. Потоа птицата оди низ Демиркаписката клисура и заминува на југ. Ја минува границата кај Гевгелија и ја здогледува Грција. Кога летам од исток кон запад ги гледам Смоларските Водопади и богатата струмичка котлина. Потоа доаѓа тиквешката котлина со своите богати лозови насади, со големите винарски визби. Поминувајки ја Црна Река летам накај Прилеп, градот на Марковите Кули. Потоа доаѓа многу познатиот град Битола со убавата Саат Кула. Но, кога летав над овие градови не можев да не ја надлетам и Пелагонија, нашата најголема житница. Одејќи на запад доаѓам до најубавите бисери на мојата татковина: Охридското и Преспанското Езеро. Тука се многуте убавини што ги пленат срцата на секој посетител: Св. Јован Бигорски, Самоиловата Тврдина, Св. Наум и Климент Охридски и Плаошник. Потоа доаѓа реката Црн Дрим и градот Струга, градот каде што се одржуваат надалеку познатите Струшки вечери на поезијата. Летајќи со раширени крилја се трудам да ги достигнам високите врвови на убавата Шара, нејзиното чедо - изворот Вруток на реката Вардар. Потоа доаѓа Шарената џамија во Тетово. Убава татковино Македонијо, мајка си на нашата славна ѕвезда Тоше, кој твореше во тебе. Во тебе се родив, во тебе растам, учам и се развивам. Македонијо татковино моја најмила!

Драгана Ризова VI одд. ООУ. “Св. Климент Охридски “, Миравци, Гевгелија Ментор: Маја Танова 78


МоеТо име, Тоа сум јас

(ГОВОР) ас сум само еден мал дел кој се крие во закрилата на мојата татковина. А, дали знаете која е таа? Јас мислам дека повеќето од вас знаат, но за оние кои не знаат, тоа е Република Македонија.

Ј

Во моето срце гори една мала искра надеж. Но, таа не гори само во моето срце туку и во срцето на илјадници луѓе кои се надеваат дека злото никогаш нема да навлезе меѓу нас. Но, ако тие искри се здружат, ќе се претворат во еден огнен штит кој со сигурност ќе нè штити. Јас сум сигурна дека злото никогаш нема да навлезе во мене и дека сум една горда и независна Македонка, како што е своја и самостојна мојата Република Македонија! Таа земја, таа грутка земја, која нè сплотува сите нас која е подготвена на сè со нејзините убавини, нè заслепува и нè маѓепсува. Секогаш се борела да биде самостојна, независна и горда. Поради тоа го дочека тој ден. Денес кога го славам денот на нејзината самостoјност, во мене се буди чувството на радост. Знам дека сум горда и независна, самостoјна личност која никој не може да ја порази ниту урне. Штитот сè повеќе се зацврстува во мене и ме прави сè посилна. Злото не ми може ништо, нека пројде покрај мене како залутан скитник кој не може да си го најде својот пат. Ете тоа сум јас, тоа е мојата личност: цврста, горда и полна со радост и надеж која вечно ќе живее во мене и ќе ми дава сила да продолжам понатаму и да се надевам дека во животот сè ќе ми оди на подобро. Сето тоа за мојата татковина која ме следи во секој мој чекор, и кога јас сум среќна и таа е среќна и горда со мене и И ТАА Е ТОА ШТО СУМ ЈАС. Симона Зенделовиќ VII3 ОУ „Св. Климент Охридски“, Драчево, Скопје Ментор: Валентина Трајкоска 79


С

ите ние сме луѓе! Суштества од месо и крв! Се раѓаме, растеме, се развиваме, избираме по кој пат ќе чекориме и умираме! Даваме сè од себе да бидеме запаметени по делата кои ги правиме. Сите ние сакаме да оставиме трага за тоа што и кои сме биле... Луѓе сме, не сме безгрешни! Грешките ги правиме секојдневно, но како без нив би извлекле поука? Како би ја научиле лекцијата од едно лошо сторено дело? И јас сум човек! Но пред сè, сè уште сум дете! Сè уште учам за животот, сè уште не разбирам некои работи! Но се надевам дека ќе имам доволно време да го разберам значењето на животот бидејќи времето изминува! Брзо, дури и премногу брзо за да држиме чекор со него. Иако сум сè уште дете знам што сакам да бидам, знам што сакам да постигнам. Сакам да творам, да пишувам песни и состави! Сакам дури и да издадам книга! Книга во која ќе пишувам за сè што се случува во опшеството во кое живееме. Но не за добрите работи туку за сите оние не-фер нешта за кои секојдневно сведочам. А кои се тие? Тоа се навредите, раните, едноставно лошите зборови упатени на туѓа сметка за изгледот, верата и националноста, кои се вгнездуваат во детските срца, а и во срцата на возрасните! Но без разлика кон кого се упатени тие исто болат, исто печат, исто горат.... И кога ќе го нападнат туѓото срце, тоа веќе нема сила да избори уште една победа. И тогаш губи... Веројатно јас сум уште едно девојче во редиците творци или писатели кои сакаат да успеат. Но се надевам дека имам нешто кое ме разликува од толпата, а за кое јас сè уште не знам и сè уште не сум го открила! Се надевам дека има нешто толку посебно во мене кое им дава сигурност на луѓето дека токму јас ќе успеам и дека токму моите дела и изработки ќе бидат познати низ целиот свет! Имам надеж! Надеж која не згаснува! 80


МоеТо име, Тоа сум јас

Но и покрај желбата да бидам познат писател сакам да сум и хуманитарец! Сакам со едно добро дело да извлечам една насмевка од болните деца кои ја изгубиле надежта или, пак, од сирачињата кои немаат никого на овој свет. А знаете ли зошто бидејќи таа насмевка е најтоплата насмевката на целиот свет! Бидејќи помислата дека сум со нив ми го топли срцето, а веројатно и на нив им исполнувам едно мало делче од празнината која ја имаат. Наједнoставно кажано сакам да им помогнам и да им дадам до знаење дека не се сами! Дека ме имаат мене! Сакам моите дела да бидат ВЕЧНИ! Сакам да не паднат во НЕЗАБОРАВ! Сакам да ме ПАМЕТАТ! Сакам кога ќе го споменат името МАРТИНА СТОЈАНОСКА да знаат која сум била јас! Бидејќи тоа сум јас!

Мартина Стојаноска VII3 одд. ОУ „Гоце Делчев“ Тетово Ментор: Јованка Геговска

81


Ж

ивко – моето име, од минатото, име што значи жив, живост – старо, многу старо име, кое го наследив од мојот дедо, кој беше исклучително талентиран музичар што прекрасно свиреше на бузуки и гитара. Јас од него сум ја наследил музикалноста и желбата за свирење голем број инструменти: клавир, гитара, тапани и друго. Исто така ја сакам природата, таа е дел од моето срце и колку што можам се грижам и внимавам на неа и уживам гледајќи ја. Затоа би сакал да студирам некоја природна наука. Јас во мојот живот сум сретнал лажни пријатели, но и искрени непријатели, секако и вистински пријатели со кои го поминувам најголемиот дел од денот. Поголемиот дел од времето го минувам со книгата, бидејќи сакам, морам, можам и смеам да ги остварам своите цели. Мојата желба, како и секое дете, е да имам нов телефон од познатите марки, исто и личен сметач, но имам една друга ѕвезда водилка да бидам нуркач и таа е онаа желба која ме мотивира да учам. Инаку јас не сум дете кое сака да учи или, пак, да оди постојано на училиште. Јас се разликувам од другите по тоа што сакам да нуркам во длабочините на морињата и океаните, да ги проучувам и набљудувам потонатите бродови и водните животни. Поради преголемата желба да запловам во морските длабочини се плашам да не се почуствувам осамено и далеку од моите блиски како потонатите бродови. Тоа е само една од моите најголеми желби што ќе настојувам да си ја остварам. А сега за сега не ми преостанува ништо друго освен да учам премногу, да вложувам многу труд, да другарувам со моите врсници, да си играм на улица со нив, да спортувам, да си го живеам безгрижно детскиот живот.

82


МоеТо име, Тоа сум јас

Исто така ќе треба да продолжам да вложувам во искреното другарство, да бидам хуман и да им помагам на постарите лица, да се грижам и да го чувам моето помало братче и да ги почитувам моите родители, кои се надевам дека искрено ќе ми помогнат во остварувањата на моите желби. Ете затоа сметам дека моето име е слика на мојот карактер т.е моето име тоа сум јас.

Живко Дуев VII 8 одд. О.У. „Ѓорѓија Пулески“, Скопје Ментор: Ана Стамболиска

И

ме, го добиваме кога ќе дојдеме на овој свет, го имаме кога ќе го напишеме. Кога со некој се запознаваме, најпрво го дознаваме неговото име, а со тоа што го знаеме неговиот изглед и името, не можеме да заклучиме каква личност е. Името не е само едноставен збор составен од неколку букви, името не е нешто за потценување, името не е нешто по кое би можеле да го процениме човекот, името не е само назив, името е нешто што ја претставува суштината на сè што постои. Со тоа што ќе дознаете како се викам, вие не можете ништо да заклучите за мене, но веќе сте ме запознале и веќе го знаете најважниот дел од мојот живот. Знаете како да ми се обратите, да ме споменете во разговор.

83


Затоа кога би му се наметнале некому и би посакале да влијаете во неговата сопственост, да влијаете со лоши намери кои би му штетеле на сопственикот, а би ви одговарало вам. Сопственикот би војувал со сите свои сили за да ги одбрани своите интереси, да ја одбрани својата сопственост и својата личност, да го одбрани името чија чесност и чистост ја градел со години. Така е и со еден народ. Кога некој ќе посака да наштети на основната работа која го карактеризира еден народ, кога ќе се обиде да го измени името на еден народ, името кое кога ќе е споменато, секој би се сетил дека со тоа име се карактеризира најневиниот, најизмачуваниот и најнепокорливиот народ кој некогаш постоел. Кога некој би се обидел да го измени тоа, народот секако дека со сите свои сили ќе се бори за да го одбрани тоа што предците се бореле со векови и децении да го изградат во националност со значајно име кое на ниеден начин не е за потценување. Македонскиот народ е најдобар пример за народ на кој му било одземано најскапоценото со векови. Македонскиот народ кога успеал на најтешкиот начин да го обезбеди своето постоење, тогаш веќе се нашол на место на кое с# што било направено од сите страни го присилувале да го уништи направеното. Но македонските потомци биле, се и ќе бидат решителни во своите цели за зачувување на оригиналната националност и вистината која ја карактеризира истата. Нема кој не се обидел низ измачување да го измени фактот дека Македонците постојат, го зборуваат македонскиот јазик и живеат насекаде во светот, трудејќи се со целата големина на „Александровото срце“ да се изборат за своите сонародници. Очигледно е дека никој од нив не може да сфати дека патриотизмот и непокорливоста на Македонците се вечни и дека колку и да се трудат, тоа е непроменлива вистина. Низ далечното минато Македонецот се борел со сите свои сили не ставајќи го на памет тоа дека има некој кој ги чека во родниот крај, дека има семејство кое го чека, но со својата борба тој ни оставил аманет дека има за што се борел, дека како што тој го продолжил 84


МоеТо име, Тоа сум јас

аманетот оставен од неговите предци за сочувување на својата татковина, ние треба да се бориме повеќе и од нив и похрабро доколку сакаме во ова пресудно време да ја зачуваме нашата националност. Македонците имаат доволно големи срца во кои се зачувани сите спомени од битките на ова парче стопати прекопувана земја, земјата на која заезерувала крвта на најневиниот народ. Секој кој постои нека знае дека колку и да е големо влијанието на несовесните и себични луѓе, петпати повеќе ќе направиме ние за да ја зачуваме нашата сопственост. Секој Македонец ќе направи сè што е во негова моќ и јас би го направил истото за да го сочувам моето име кое ме претставува мене и мојот народ, да го зачувам името кое ја претставува сопственоста на мојот народ и ќе ги пренесувам аманетите кои ми беа мене пренесени, за да останам горд Македонец по примерот на Гоце, Даме, Прличев и сите Македонци кои ја чуваат совеста длабоко во своите души. Моето име е Македонец. Едно име имаме- Македонија. Македонец бев, сум и ќе останам, ќе направам сè како секој Македонец кој го чува духот на Македонија... Круме Богевски од VIII в одд. ООУ „Гоце Делчев“, Кавадарци Ментор: Јованка Змејковска

85


Ј

ас?! Која сум всушност јас? Прашање кое многу често поставувајќи си го самата на себе, доаѓам до тешка дилема. Дилема која моите мисли и размислувања сė повеќе ги продлабочува. Можеби разумот доаѓа до одредени одговори, но можеби и не. Свет. Поим кој што изобилува со различни народи, култури, географски термини, традиции. Поим кој што често го употребуваме искажувајќи ја убавината на странските земји, нивната култура. Во тој огромен свет постои земја наречена Македонија, земја која има чудесна историја, настанок. Земја чиишто предци имаат поминато низ мачни и крвави периоди за да биде создадена денешната држава. Ах, таа Македонија, мила наша и единствена! Некогашна голема, етничка, денешна пак со помали географски граници, но сепак земја со голема душа. Шетајќи ги нејзините улици, градови, во душата чувствуваме длабока дика и гордост. Неизмерно чувство на благодарност што тука сме се родиле, израснале, живееме. Самата помисла дека на моето место имаат поминато едни од најголемите револуционери, писатели, преродбеници, ме прави уште погорда Македонка. Јазикот, традицијата, сè она што нè оддржува, нè прави посилни и погорди отколку што сме. „Кога кавал ќе ни распара душа, зурла ќе ни распара срце, кога секое влакно на кожата ќе ни се наежи кога ќе видиме 16 крако сонце...“ Тогаш знаеме кои сме ние! Знаеме дека од некаде потекнуваме, зад нас постојат децении, децении истрајна борба за нашето богатство, за нашата Македонија! Зад името се крие една висока и планинска земја, всушност оваа е причината зошто непријателите сакаат да ни го сменат името, плашејќи се дека Македонија повторно ќе се обедини. Јас, вие и сите горди Македонци веруваме во тоа. 86


МоеТо име, Тоа сум јас

Низ векови Македонија беше распарчувана и разделувана, но знам дека свеста сė повеќе расте и дека Македонија заедно со Пирин, Егеј, Вардар ќе слави со Македонците! Да живее Македонија!

Митевска Тамара VIII5 одд. ОУ „Кочо Рацин“, Куманово ментор: Маја Стојановска

И

мето е белег. Името е знак. Името понекогаш ти ја одбира судбината. Мој пријателе, знаеш ли што покажува името?

Си помислил ли како ти си водачот на една голема армија која се бори со злите сили кои само наштетуваат. Си помислил ли како сиот свет е под твоја контрола и можеш да правиш што сакаш? Си помислил ли како ти си оној херој којшто сите ќе ги спаси? Со моќи поголеми од некакви, какви што не си можел ниту да замислиш? Но, на крајот само ќе разбереш дека сето тоа се наоѓа во твојата фантазија, во твојот ум. А, кога ќе се вратиш во реалноста, сè ти станува јасно, ти си само еден обичен човек со своe семејство, пријатели, секојдневни обврски. Никој не те прашува за некои замислени борби, битки во бујната фантазија која ја имаш, а сепак сите ти се смешкаат. 87


Дали знаеш дека сето тоа кое што го нарекуваш невозможно е всушност веднаш до тебе, чекајќи те да го зграпчиш силно и никогаш да не го испуштиш да ти избега. Сè зависи од тебе. Можеш да го имаш името на најголемиот војсководец, херој или пак предавник, губитник, плашливец, но она што те прави поразличен од другите, е тоа што си го сторил самиот. Твоите дела, твоите ракописи, бескрајните приказни напишани од твојата рака, сето тоа е она што те прави навистина посебен. Не можеш туку така лесно да го носиш името на некој крал, цар, принц и да ти служат и почитуваат како прв и единствен. Сето тоа се постигнува со многу труд, пот, откажување од многу нешта за да добиеш нешто што ќе те прослави насекаде. Едно име само ја опишува твојата појава пред другите. Едно дело те става на врвот каде што сите ќе те познаваат и завидуваат. Па, сега ти само замисли, по сиот тој труд и напор, од една страна ќе го носиш името на некој човек кој се срамел да го покаже своето лице пред другите, а од друга страна тоа лице ќе го покажеш пред сите и ќе се гордееш бидејќи тоа што си го постигнал е успех кој ќе ти донесе голема слава. Не е важно како ќе се покажеш со своето име, туку единствено важно е тоа што си го напишал, направил, твоите дела, да ја покажеш личноста во себе која што е поразлична од секој друг човек кој живеел или живее. Не грижи се ако некој те исмејува бидејќи носиш име на губитник од историјата, покажи му го тоа што ти дошло од срцето, она што те направило специјален, посебен, искажи се, па провери дали овие луѓе ќе те исмејуваат или ќе ти завидуваат. Никогаш не си сам кога сакаш да се потрудиш да постигнеш нешто што доаѓа од срцето, да им покажеш на останатите како ти не си како нив или кој било друг човек. Името сепак не ја носи во потполност судбината која ќе те следи во животот, името не ја држи суштината настрана од тебе. Сето тоа го прави трудот, потта, напорот да се искажеш пред сите. Пријателе мој, никогаш, никогаш нема да останеш сам во светов сè додека даваш сè од себе за да ги поминеш другите и да не останеш 88


МоеТо име, Тоа сум јас

на местото на тој што се вика исто како тебе. Нив ги има многу, но никој не е ист како следниот, бидејќи секој го создава својот живот од почеток преку начинот на кој се однесува и се прикажува. Да претпоставиме дека еден човек се подготвува да биде фудбалер, друг доктор, трет претседател! Тука си и ти. Сакаш да бидеш писател? Доктор? Фудбалер? Потруди се убаво и тоа што го сакаш еден скорешен ден ќе пристигне. Твоите дела и успеси ќе излезат на виделина. Мачните часови од труд и замор, ќе станат возбуда и среќа. Сепак, има и случаи каде што човек добил токму такво име по својот татко, мајка, дедо, баба или некој друг. Сакале да го продолжиш она што го правеле тие. Всушност и тука ако нешто не сакаш да направиш, а си приморан тоа да го сториш, не треба веднаш да послушаш. Треба да започнеш разговор околу таа тема бидејќи тоа ќе го опфати сиот твој живот. Тука името нема многу да промени. Тука обидот и борбата се најважни и сè ќе се среди со тоа! Пријателе, само замисли - или ќе бидеш човек кој што можеби ќе го познаваат како друг или ќе бидеш човек поразличен од другите, со свое значење и мислење. Со секој збор којшто ќе го кажеш, со секој чекор кој што ќе го направиш, со секој потег кој што ќе го разгласиш и стоиш зад него, треба да знаеш едно нешто не си сам и никој не може да те спречи, без разлика на твоето име на принц или просјак, на херој или губитник, на добар или лош, на мудар или прост. Секогаш ќе бидеш еден, единствен и никој не може да ја одземе твојата личност. Затоа, гордеј се со своето име, со тоа што си, со делата што ги правиш, со она што го даваш и го оставаш зад себе.

Драгиша Тодороски VIII2 одд. ОУ.„Ѓорѓија Пулески“, Скопје Ментор: Добрица Трајковска 89


М

оето име е Невена. Имам тринаесет години, ученичка сум во седмо одделение во ОУ „Орце Николов“, с. Ињево, Радовишко. Во училиштето има многу одлични ученици. Една од нив сум јас. Благодарна сум на моите родители и наставниците од нашето училиште кои ми предаваат. Тие ме поттикнуваат да учам. Јас сум дружељубива, имам многу другарки и другари. Сакам да запознавам други луѓе од други места и да го проширам мојот круг на пријатели. Јас сум личност која не трпи навреда и не ја толерирам невистината. Исто така, сум и љубопитно дете, кое сака сѐ да знае. Во некои случаи љубопитноста не е добра особина, го знам тоа. Затоа во иднина практикувам да не бидам љубопитна, бидејќи свесно правам нешто што не е многу добро. Исто сум и трудољубива, се трудам да помогнам најмногу на најблиските, а потоа и на другите луѓе. Знам понекогаш и да се откажам од нешто. Но, тоа го правам бидејќи не сум задоволна и не се чувствувам среќно. Јас сум една личност што ќе науми и помисли, мора да го направи и оствари тоа. Во животот сакам да станам образована и ценета личност. Сакам да станам професорка и да научам повеќе јазици. Исто така, сакам да прошетам низ светот и да ги запознаам животот и традицијата и обичаите на другите луѓе. Јас сум и хумана личност која сака да помага на луѓе кои имаат потреба од тоа. Се надевам во иднина ќе можам да си го дозволам тоа и да ги остварам моите соништа.

Невена Илиева VII одд. ОУ „Орце Николов“ с. Ињево, Радовиш Ментор: Илија Попов

90


МоеТо име, Тоа сум јас

С

екој има свое име, свој идентитет, свое потекло. Име, кое стои како позадина на секоја личност, слика на таа личност.

Зад моето име стојат успеси и неуспеси. Успесите беа оние кои за мене претставуваа нешто скапоцено, она на што се гордеев самата на себе. Можеби тоа беа мали, ситни нешта, но за мене претставуваа нешто големо. Понекогаш малите, посебни нешта ја имаат истата вредност како големите. Јас се радувам и на најмалото нешто кое сум го постигнала со труд и со учење. Па дури и некоја пофалба на училиште за мене претставува нешто големо, нешто за кое сум задоволна и среќна. Во секој живот има и неуспеси. За мене неуспесите се поттик да направам нешто повеќе. Нешто со кое ќе се докажам. Поттик за да постигнам повеќе во животот, да ја исполнам својата цел. Да докажам дека и јас можам. Зад моето име се крие весело и позитивно девојче. Затоа што среќата нѐ води во животот и ни го разубавува. Ете, тоа сум јас.

Добрица Трајкова VIII2 одд. ОУ „Орце Николов“ с. Ињево, Радовиш Ментор: Илија Попов

91


Мислам дека за ова вреди да се пишува „Стиснете ги тревките Неа ќе ја исцедите. Наслонете се врз каменот Името ќе ѝ го чуете“. Така напишал Анте Поповски за родната грутка моја, за Македонија. За неа ќе пишувам и јас. Можеби за неа не слушнале многумина во овој голем свет, можеби за некого е мала и безначајна, за некого непризнаена и непостоечка, но за мене и мојот народ земјата во која сум се родил и растам е татковината, родната моја - Македонија. Големи синови имала и има Македонија. Во песни ја опеале, низ генерации ја пренесувале и негувале историјата на овој малуброен и страдалнички народ, кој сѐ уште се бори за своето минато, сегашност и иднина. Природата не ги штедела своите дарови и ја облогородила со убавини кои предизвикуваат восхит. Плодната земја, полињата, планините, реките, езерата, ендемските видови на флора и фауна ја прават татковината богато парче земја. Црквите, манастирите, џамиите, археолошките локалитети, фолклорот, традицијата говорат за тоа дека постоиме и опстојуваме со векови наназад како Македонци. Народот - мултиетнички, ја прави уште поинтересна, богата со различни обичаи, навики, јазик, култура... Живееме во слобода. Учиме и зборуваме на сопствен јазик. Тешка и мачна е приказната за мојата татковина и за македонскиот народ. Со векови поробувана, осиромашувана, 92


МоеТо име, Тоа сум јас

делена, распарчувана... Мајка е таа на големи јунаци и херои. На Александар, Самоил, Климент, Наум, Гоце, Јане, Даме, Мисирков, Рацин... И не само на нив, туку и на печалбари и земјоделци, на нивните синови, ќерки, внуци кои ја чувале и ја чуваат, ја бранеле и ја бранат. И ако порано борбата беше со оружје, сега таа е уште потешка и пострашна - да докажеш дека имаш корени, историја, јазик, култура. Но, јас и сите Македонци знаеме кои сме. Знаеме дека првите гласови што ги имаме чуено се гласовите на нашите мајки и татковци, зборовите на прадедовците. Знаеме колку крв е пролеано за да можеме ние во слобода да живееме. И затоа пролеаната крв за нашата татковина ќе послужи како завет меѓу живите поколенија како должност за чување на она што ни е најдрагоцено - татковината. Чувањето на татковината значи да станеме верни на духот на своите прадедовци и на сѐ она што направиле за своето потомство.

Дамјан Павлов VIII2 одд. ОУ „Гоце Делчев“ Виница Ментор: Мара Јованова

93


С

акав да се оддалечам од сѐ. Од мојот живот и мојата околина. Сакав за миг да заборавам која сум и што сум. Не понесов многу работи. Доволно пари и облека. Ја напуштив родната куќа, родното место. Ја напуштив родната земја, ја напуштив Македонија. Поминував ридови, планини, реки, долини и езера. Одев пеш, пеш низ светов. Изминав многу земји. Кратко престојував во многу градови. Ме нарекуваа со секакви имиња. За некого бев пијанистка која извонредно ги свири композициите на Бетовен, за некого бев врвна спортистка, за некого бев обожавателка на рапот, а некои пак, едноставно, ме викаа по името што ми го дале кумовите, но јас никаде не се гледав како вистинска. Кога луѓето ме прашуваа за моето име, постојано им велев дека моето име е Македонија. Се чувствував среќно кога го спомнував тој мил збор кој зрачи од топлина. Гратчето во кое подолго време престојував беше мало и мирно. Луѓето беа гостопримливи и постојано ме тераа да им раскажувам за тебе - земјата од која доаѓам. Им раскажував за нас. Им раскажував за Македонија. Ги опишував твоите бесконечни житни полиња и твоите најтопли зраци. Раскажував за сето она што те прави Македонија! Со задоволство раскажував и опишував, а луѓето со задоволство ме слушаа. Се обидував да ја доловам целата убавина, целата раскош со која блескаш, Македонијо! Немав такви зборови, не умеев да се доискажам затоа што самата помисла на тебе ме оставаше без зборови. Кон крајот на третиот месец на моето присуство во новиот град, почувствував силна тага за дома. Тага за Македонија. Се вратив. Воздухот повторно беше чист. Сонцето светеше посветло, се чувствував среќно. Во Македонија се чувствував дома. Македонија е местото каде припаѓам. Тоа сум јас, тоа си ти, тоа сте вие! Тоа сме сите ние! Ние сме Македонија. Викторија Ристоива VIII1 одд. ОУ „Гоце Делчев“ Виница Ментор: Мара Јованова 94


МоеТо име, Тоа сум јас

З

наете ли дека секој предмет, секое суштество на овој свет има свое име?! Така и ние луѓето.

-Јас сум Ана, мило ми е! Да, можеби ако познаваш некое друо девојче Ана, сигурно го замислуваш нејзиниот лик и во моментов неговата слика ти се појавува пред очите, но знај дека јас воопшто не наликувам на неа. Мене луѓето тука ме познаваат како добро девојче или, пак, ќерката на Андреа. Ана Секуловска - ете, тоа е моето име. Сум го добила случајно и многу ми е мило за тоа. Знам дека има девојчиња што го носат моето име, но сигурна сум дека сите се различни, секоја посебна на свој начин, а јас не наликувам на ниедна од нив. Најинтересно од сѐ е тоа што не сме сите исти, сите имаме различни насмевки, коси, карактери... -Јас можам да те насмеам, можам да те налутам, да донесам одлука, да имам одредено мислење и да го променам истото. Можам и да те сакам, но не и да те мразам. Едноставно, тоа сум јас, па ако сум ти мила ќе ме прифатиш онаква каква што сум. Мојот карактер не е совршен, јас не сум совршена. Знам дека не сум најубава, но исто така знам дека секој е убав на свој начин - затоа што убавината е релативна работа. Она што некому е убаво, на друг не му е, и обратно. Можеби живеам во село за кое никогаш не сте слушнале, но тоа е најубавото место на овој свет. Тоа е моето место, мојот омилен дел под ова парче небо - откинат дел од рајот. Можеби и малку сум субјективна во тој поглед, меѓутоа тоа сум јас. Јас сум само една Ана која се гордее со своето име. Ана која се гордее со своето потекло, се гордее со својата земја, со своите предци, се гордее со тоа што е. Ане Секуловска ОУ „Димитар Влахов“ - с. Љубојно, Ресен Ментор: Маријана Колеска 95


Ч

овек без име, без минато и иднина не е ништо друго, туку е како дрво без корен, ќе се исуши и ќе го снема, а тоа не смееме да го дозволиме. Но, што всушност претставува името на еден човек или народ и зошто е толку голем отпорот за неговото зачувување? Еден грст народ, а сепак една огромна нација. Сето она што го поврзува и обединува, сето она што е заедничко кај еден народ е името. Името на еден човек, на еден народ претставува негов идентитет, објаснува кој си, од каде си, каков си во очите на другите. Преку сопственото име се идентификуваме, но и разликуваме од останатите луѓе, од останатите народи. Различните именувања на луѓето го прават современиот свет побогат, поинтересен, поразновиден. Гоце Делчев еднаш рекол „Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија...“ Името на мојата татковина е Македонија, а јас сум горда Македонка. Тоа е она што ме прави да се чувствувам посебна, што ме издвојува од другите народи. Иако во минатото многу пати го оспорувале името на мојата татковина, нашите предци успеале да се изборат и да го зачуваат името, да го зачуваат идентитетот, па затоа денеска името на мојата татковина е Македонија. Така било, така треба и да остане. На грб го носиме времето на една историја, на една цивилизација, на култура која уште од самото постоење е достојна за почит. Да се биде Македонец значи да се биде горд не само на привилегијата, туку и на земјата која секојдневно ја газиме. Името е основниот белег на еден човек и еден народ. Затоа го почитувам правото на секој да се нарекува како што сака, но барам да се почитува и моето име, бидејќи со губењето на името се губи смислата на животот. Тамара Илиевска, VIII одд. ОУ „Гоце Делчев“ Виница Ментор: Мара Јованова 96


МоеТо име, Тоа сум јас

М

ојата татковина е малечка и мила со сребрени ѕвезди како јата.

Јас ја сакам мојата татковина, не затоа што е голема, туку затоа што е моја! В утра рани срцето ми пее со секое славејче сладок пој што лее. Голема си, но во срце те збирам. Малечка си, но те љубам лудо. Јас не знам колку сме, но сите толку сме колку што треба да кренеме знаме до небо! И на знамето со сончева свила да извеземе „Македонијо мила“! Се протегаш низ цел свет ко далга, а сѐ што имам, за тебе би дала. И сонцето некој да го смрачи, јас повторно ќе верувам дека во мојата татковина светлина се лее, зашто името твое како факел, кај и да сум, в срце ќе ме грее. Затоа, кога името на мојата татковина ќе се спомне, во срцето чувствувам како пламен од љубов кон неа да гори и очите мои од радост светат, бидејќи знам дека јас сум дел од оваа земја, од овие убавини... Името наше со гордост го носиш, ко слободна птица в лет безгрижно леташ и како црвена роза в градина, вечно во нашите срца ќе цветаш. Драгана Николовска, VII одд ПОУ „Христијан Т. Карпош“, С. Псача, о. Ранковце Ментор: Јасмина Јакимовска

97


С

е ближеше почетокот на новата учебна година. Ги средував книгите во моето шкафче и меѓу нив го најдов изводот од матичната книга на родените. Погледнав и длабоко воздивнав. Се прашував која е Марија, а всушност, тоа сум јас, второто девојче на моите сакани родители. Окружена сум со радост, игра, смеа, убави зборови и топлина од нив. Имам прекрасни другарчиња со кои ги делам моите тајни, мојата радост, а некогаш и мојата загриженост. Јас искрено сакам и простувам. Затоа се вели „Кога подобро би знеле за себе, подобро би суделе за другите“. Моето име започнува на буквата М, Марија, слично како мојата земја Македонија, мојата татковина, мојот роден град Битола, тоа многу ми значи. Во мојата татковина и во мојот роден град Битола има многу убави работи кои може да се видат и да остават впечатоци. Тоа сум јас, Марија, со прекрасно име, име кое зрачи со љубов, среќа и надеж. Затоа решив да напишам песна во која е врежано моето име. М-есечината светла по небото плови А-в кошничка знатни ѕвезди бери Р-ашири птицо крилја И-високо летај зашто Ј-ас сум воздух, јас сум цвет А-х, дали некогаш ќе станам поет.

Марија Мојсова, VIа одд. ОУ „Св. Кирил и Методиј“, Битола Ментор: Мирјана Цветковска

98


МоеТо име, Тоа сум јас

С

екој човек уште од првото вдишување воздух се раѓа со некаков идентитет. Така и јас се родив заедно со моето име. Го наследив од мојот сакан дедо Иван. Ме крстија Ивана.

Откако се запознав самата себеси почнав да го чувствувам, слушам и прифаќам како име својствено за мене. Бев горда што го имам и среќна затоа што го наследив. Со самото растење името сѐ повеќе личеше на мене. Тоа е: И - идентитет В - внатрешна карактеристика А - анализа на личноста Н - надворешни црти и изглед на еден човек А - автобиографски црти на едно девојче Ете така се здобив со едно од најубавите имиња на овие простори. Носам име на празник, Иванден. Чисто македонско православно име. Кога ќе се спомне моето име мислам дека потсетува на девојче со пристојно однесување, девојче кое гледа со почит кон постарите луѓе, добро воспитано, со одлични оценки. Јас сум девојче со силен темперамент и цврст став кон многу нешта. Мислам дека сето ова е позитивно за мене, Ивана, девојче од 10 години кое и понатаму ќе се изградува како личност, корисно во сите сфери на ова општество. Ете така, моето име, тоа сум јас.

Ивана Петровска VIа одд. ОУ „Св. Кирил и Методиј“, Битола Ментор: Мирјана Цветковска 99


Д

енес, во нашето општество, самиот поим „име“ произведува бесконечен број значења. Се употребува во разни контексти, многу пошироко од оној кој се однесува на личниот идентитет на поединецот. Така, овој навидум едноставен збор, за жал, денес е особено актуелен во политиката и се сретнува често покрај многу други зборови како придавките „признава“, „оспорува“ итн... Дали ние се губиме негде помеѓу сите тие зборови и значења? Јас не мислам така. Моето име е Андреја. Затоа што отсекогаш ме викале така и затоа што името добива свој звук, свое значење и своја вистина кога ќе биде изговорено од некој друг. Тогаш стапува во контакт со бесконечно многу други имиња и сите тие живеат во множества со заеднички пресеци и довикувања. Тогаш, сите тие постојат, во вистинска смисла. Во молкот престанува да биде име, сечие име што става нечие. Но, јас не сум само тоа. Јас сум и името на мојата татковина. Затоа што тука живеам и тука ја наоѓам смислата... на животот, на постоењето. Затоа што кога некој друг го изговара нејзиното име, тој истовремено и мене ме довикува. Јас сум и светот. Затоа што сум делче од него, а сепак носам цел свет во себе. Јас сум и ти, го носам и твоето име, затоа што ти „ме читаш“ и ме носиш во себе, јас во овој миг постојам во тебе исто како што и ти постоиш во мене. Затоа што името треба да го носиме во себе и секаде со себе. Тоа треба нѐ претставува, но не да нѐ разединува. Цели светови да отвора, да ги сплотува и мостови да премостува. Името да е звук, да е збор, магична светлина, а никако мрак, тишина и заборавена светлина, мојата вистина, доколку ти ја изговорам, секој пат овозможуваш одново да постојам.

Андреја Костовска, VIIIа одд. ОУ „Св. Кирил и Методиј“, Битола Ментор: Жанета Тошеска 100


МоеТо име, Тоа сум јас

Ј

ас сум безвременски патник со куфери празни, но со голема желба и надеж, обична нота во сета предолга композиција наречена „живот“ која завршува секогаш кај најубавата мелодија. Моето име е само насловот на прозен портрет што секојдневно го цртам. Јас, зрно песок во сурова пустина и пресилни ветришта кои не знаеш каде ќе те однесат. Жива материја во облик на човечко тело и склопен мозаик од мои мисли, сфаќања, ставови. Сосема несигурен дали се само мои или некој може да го присвои она што го имам јас, моите соништа - единственото мое богатство. Околу мене има многу ловци и очи со желба за сурово месо. Тешко е да зборувам самиот за себе, но сепак јас се познавам најмногу, знам за секое мое ранливо место, за сите мои слабости, за сите мои порази и скриени вистини. А што сум јас? Се чувствувам како неважна фигура која стои на многу опасно поле. Пион, обичен пион кој е само жртвено јагне во животниот шах. Јас, огледало без одраз или бледо лице кое не се препознава во секое мамурно утро. Кротка срна окружена со волци кои наводно ја чуваат додека им е мета и корист. А подоцна почнуваат да ме гушкаат, сепак, волците околу мене ме гризат, ми ја пијат крвта како жедни вампири разбудени од вечноста. Нивниот бакнеж е безмилосна игра која ме остава на бесилка. Кога ќе се свртам зад мене, гледам дека сѐ оди како што не треба. Ако го погледнеш жвотот без мене, ме гледаш мене без живот. Лично јас го плетам концептот на мојот живот, но најтажно е тоа што некој друг го контролира сето тоа. И што сум сега јас?! Марионета, кукла или фрлена играчка на дете кое повеќе не е во својот свет на фантазии. Моето име, мојата покривка на една човечка фигура која е толку вистинска и не замижува пред вистината. Дури и кога спијам, таа ги чита мислите на ситните проѕирни души, ги 101


чувствува постапките и ги насетува зборовите кои не се кажани. Со несигурност влегувам во секоја новоотворена врата. Веќе се навикнав. Го чувствувам бетонот кој голта, суров и студен, но е потопол од сите луѓе. Мојата кожа, мојата најскапоцена облека е само покривка на едно кревко тело, веќе отпорно на луѓето кои премногу буквално ја сфатија реченицата дека треба да гледаме внатре во луѓето. Така, сега ги прободуваат моите гради и прават прозорец во моето срце, а кожата ја тргаат дрско како завеса. А внатре? Внатре, срце кое едвај опстојува исто како на апарати кои секој ден се обидуваат да ги исклучат, ме покриваат со болка, ме гушкаат со омраза, го мијат моето лице со солзи, солени и отровни, ме прават поцврст, ме прават студен и суров - единственото нешто добро во сето тоа зло. Овие луѓе ме натераа да престанам да верувам во сѐ. Најпосле, го гушнав листот хартија, мојот единствен спас, се потпрев на моливот, единственото нешто кое ми верува и ме разбира кога силно го стегам со раката. Стопати сум пропаднал во длабока дупка ископана од луѓе кои никогаш не можеш да ги обвиниш и да се посомневаш во нив. Па сега гледам преку маска и шминка. Така се крие моето лице кое е толку спротивно на самата камуфлажа. А мојата маска е еден обичен штит за сокривање на вистинското лице пред лажните луѓе кои не се достојни да го видат мојот лик и да ги слушнат моите зборови. Токму затоа ја проголтувам вистината и потонувам во тишината... Сега кренав раце од многу работи кои некогаш пресилно ги стегав. Престанав да верувам во сите, па и во самиот себе. Верував и очајно се надевав, па се скршив многупати и сега се плашам за секоја следна постапка. Сега ме милува само студениот ветер, единствениот мој сопатник. Ме покрива месечината и ме бакнува за добра ноќ. Свеќата ми станува искрен пријател во долгите зори. А јас ја ставам главата врз перницата, местото каде лежат моите најдлабоки тајни. Не сакам да го вратам времето назад, не сакам да ги повторувам грешките од минатото, не сакам два пати да се убивам на ист начин. 102


МоеТо име, Тоа сум јас

Ја ставам само мојата маска на силното лице кое од другата страна се плаши од секој поглед. Застанувам цврсто и сигурно, но мојата сенка ме издава, наведната и преслаба го отсликува мојот израз. Дали е ова лицемерие или подла игра, се прашувам, но немам одговор. Сепак, ова е ѕидот кој ме држи да се претворам во пламен на свеќа, да не потонам во дното на длабокиот океан. Толку бунт скриен во мене... Сум научен да чекам, да го чекам последниот воз. Но, предолго време чекам, па уморен заспивам и се будам од последниот звук во знак на поаѓање. Тогаш почнувам да трчам дури не откажат нозете и запирам да дишам тешко чувствувајќи го заморот. Возот се губи од погледот, го голта далечината. Така цело време ми останува само копнеж и желба. Но, сѐ се сведува на неисполнета желба, па затоа се наежувам секогаш кога го слушам моето име и кога откривам кој сум јас.

Мартин Милев, VIII1 одд. ОУ „Никола Карев“, Кочани Ментор: Гордана Попова - Јефтимова

103


В

о низата имиња во светот, се наоѓа и моето име - Тамара. Еве што сум јас:

Т - талентирана, темпераментна, трудољубива, но понекогаш и тврдоглава; А - амбициозна, авторитативна; М - мудра, музикална, честопати мрзелива; А - авантуристка; Р - радосна, реална, разбрана, рационална; А - повторно амбициозна. Уште во раното детство, мајка ми често ми зборуваше дека клучот на животрот лежи во срцето. Кога тргнав на училиште, имавме писмена работа на тема: „Што сакам да бидам кога ќе пораснам“. Напишав: „среќна“. Тогаш ми рекоа дека не сум ја сфатила поентата на задачата, но јас им одговорив дека тие не ја сфатиле поентата на животот. За мене животот претставува голем пат со многу знаци. Кога одам низ него избегнувам компликации. Бегам од омраза, зло, љубомора. Не си ги оптоварувам мислите, туку ја насочувам визијата кон реалноста. Секој миг го живеам најдобро што можам со сите мои добри и лоши страни. Понекогаш знам да бидам откачена, гласна, бесмислена, здодевна... Но и тоа сум јас - Тамара. Јас сум личност која не верува во фразата „не можам“. За мене тоа се зборови на човек кој чека работите сами по себе да се случат, наместо да ги предизвика да се случат. Јас не го чекам прекрасниот, вистинскиот момент, туку моментот го правам да биде прекрасен, вистински. 104


МоеТо име, Тоа сум јас

Големината на човекот не е во тоа колкаво е неговото богатство, туку во неговиот интегритет и во способноста да влијае позитивно на оние околу него. Понекогаш мислиме дека сиромаштијата значи само да се биде гладен, гол и без покрив над главата. Но, да се биде непосакуван, без волја и да немате никој кој се грижи за вас - тоа е најголемата сиромаштија. Јас не судам за грешките за другите, туку ги признавам своите. Славам победа, но признавам и пораз. Лесно примам, а уште полесно давам. Правам грешки, но знам и да учам од нив. Ветувам, но и го исполнувам ветувањето. Понекогаш знам да бидам сонувач и да го поминам времето со главата во облаци. Но, сепак верувам во „си живееја среќно до крајот на животот“, во таа совршена „Ромео и Јулија“ љубов. Според мене, единствен начин за наоѓање на границите на возможното е одење преку нив до невозможното. Мене не ме интересира бојата на кожата, полот, верата, сексуалната определеност. Не ме интересира длабочината на џебот, туку длабочината на срцето. Не ги бројам парите за да видам колку сум богата, туку ги бројам работите кои ме усреќуваат и развеселуваат, работите кои не можат да се купат со пари. Така знам дека сум многу побогата од сите луѓе. Јас сум дете кое со сета своја енергија и сила се бори желбите да му станат реалност. И вреди да се борам. Затоа повеќе не ги затворам очите за да го видам она што го сакам. Сѐ што ми е потребно, сето она што го сакам, се наоѓа тука пред мене. Кога ќе погледнам наоколу, јас сум задоволна од животот што го живеам. Моето име е Тамара, тоа сум јас.

Тамара Лазарова VIII1 одд. ОУ „Никола Карев“, Кочани Ментор: Гордана Попова Јефтимова

105


М

оето име е Ирина. Несекојдневно, но звучи воодушевувачки. Име кое има грчко потекло и означува мир. Јас сум амби­ци­ озна, самоуврена, емотивна, хумана и повлечена девојка.

Амбициозна затоа што никогаш не се откажувам и секогаш одам до крај. Самоуверена затоа што верувам во себе, во моите способности, во мојот квалитет и во мојот капацитет. Емотивна сум затоа што и при најмала ситница моите чувства почнуваат да работат длабоко во мене. Хумана затоа што секогаш помагам и подавам рака на оној на кого му е потребна. Повлечена затоа што никогаш не ги искажувам моите чувства, ставови, мислења, туку ги задржувам во себе. Амбициозноста е карактеристика без која не влегувам во борба. Карактеристика која за мене претставува оклоп без кој никаде не одам. Оклоп со кој ги рушам најсилните, најмоќните, најголемите. Но, јас не би била тоа што сум сега, доколку не сум самоуверена. Верувам во себе и секогаш верувам дека ќе успеам, дека ќе победам. За мене нема порази, има само победи. Секој пораз за мене претставува победа која ме учи на грешките. Честопати се служам со мотото: „Една борба не значи и изгубена војна“. Никогаш не потклекнувам на поразите. Научив дека доколку се чувствувам поразена има некој што со нетрпение го очекува тоа. Има зли луѓе кои се хранат од мојот пораз. Одлучив да ги оставам душманите да гладуваат и да не се чувствувам поразена. Емотивноста е моја карактеристика која сакам да ја отстранам, но не можам. Дури и при најмала ситница во мене се будат емоциите. Во моментите на слабост се затворам самата и со плачење си ја измивам душава. Во миговите на тага и осаменост знам да побарам помош и од мојата најдобра другарка, мојата мајка. Таа знае да ме утеши со фактот дека секоја личност има проблеми во животот. А не постои ништо поубаво од тоа кога знеш дека имаш некој покрај себе, личност која ќе ти подаде рака, ќе те помилува, ќе ти даде добар совет. 106


МоеТо име, Тоа сум јас

Но, понекогаш се наоѓам на спротивната страна во тешките ситуации. Имено, јас сум оној другар кој знае да подаде рака, да сослуша. Морам да признаам дека е прекрасно чувството кога некој ќе ги сподели со тебе своите тајни и маки, кога некој ќе ја прифати твојата рака и ќе се заблагодари со зборовите: „Што ли би правел јас без тебе!“ Најубаво се чувствуваш во таквите ситуации кога знаеш дека си сторил добро дело. Се гордеам на хуманоста што ја поседувам. Оваа карактеристика е доблест само на малкумина. Голем проблем кој ме втурна во тешкотии е тоа што не можам да се ослободам и да си ги искажам чувствата. Ми се случува да не можам да ја искажам мојата радост, среќа, тага. Но, вистински мајстор сум кога е во прашање нервозата. Способна сум да навредам луѓе кои воопшто не се виновни, најчесто тоа се моите најблиски и најсакани. За кратко сфаќам дека тие луѓе ми се најголемото богатство, па знам да се покајам за изречените зборови. За среќа, тие одлично ме разбираат. Знаат дека сум на возраст кога ми работат хормоните, во период исполнет со бунт. Моја препознатлива одлика е моето хоби - пишување поетски и прозни творби. Како голем љубител на пишаниот збор, со задоволство пишувам творби. Сосема се посветувам на творештвото и мечтеам некој ден да напишам книга. Се надевам дека доколку продолжам со ова темпо, ќе се оствари мојот сон. Не се срамам од тоа што сум. Се гордеам на сето тоа што го постигнувам и со голем елан тргнувам кон нови победи кои ќе ме издигнат за степен погоре од многуте скалила кои треба да ги поминам во животот. Едноставно - тоа сум јас, девојка која секогаш оди напред и никогаш не се откажува.

Ирина Дроздовска, VIII1 одд. ОУ „Никола Карев“, Кочани Ментор: Гордана Попова - Јефтимова

107


К

ога длабоко ќе се подзамислам за мојата индивидуа, за моето постоење сфаќам дека всушност сум една мала единка во овој голем бескраен универзум. Да постоиш тоа всушност значи дека дишеш, живееш и чуствуваш сé она што се случува околу тебе. Моето име е Сара, кое што во денешно време е доста често застапено во светот. Честопати размислувам за себе, за мојата личност и околина во која сум се родила. Размислувам за животот на другите деца низ целиот свет и за тоа каква личност би била кога би се родила во поинаква средина, со поинаква култура и начин на живеење. Тоа честопати ме збунува и сфаќам дека мене ми било предодредено да се родам во овој мал рај наречен Македонија. Сфаќам дека животот е убав било каде да се наоѓаш низ светот само и само доколку го најдеш вистинскиот пат по кој цврсто ќе чекориш знаејќи дека тој пат ќе те одведе до среќата. Јас сум сè уште мало девојче чија што глава е полна со измешани чувства и прашања за моето постоење. Јас сум една ведра, позитивна, весела и бунтовна личност пред која е животот. Оној живот низ којшто ќе чекорам гордо, бидејќи јас сум животот, животот сум јас.

Сара Тасевска VII одделение ОУ ,, Александар Здравковски“, с. Јегуновце Ментор: Јованка Геговска

108


Поезија Средни училишта


Таа стои таму, срамежливо и кревко, во темниот ќош. Со зелениот шал околу нејзиниот врат, се смешка кон нејзините сестра и брат. Ја знаат сите, но ја одбегнуваат. Невина, со бледо лице, набљудува и учи. Како ѕвезди, нејзините сини очи, светкаат и чекаат за својот момент. Атрактивна и активна, тивко, но силно, се бори за своето јас. Долгите руси коси, убаво изгледаат во Охридското Езеро. Сиот живот е сама, секогаш премногу мала да си игра со „големите“ деца.

110


МоеТо име, Тоа сум јас

Два милиона причини за опстанок. Два милиона приказни за раскажување. Два милиона животи во исчекување... Стојанова Розета СОУ: „Коле Нехтенин“, Штип ментор: Гордана Коцева

111


Едно парче земја, мало, ама рај на вечности, спомени, истории на векови. Едно парче земја, мало, ама татково огниште Македонијо - тоа сме ние. Вардар котлини прегрнал, а Шара гордо крилја распослала Тоа сме ние - топонимија на традиции, синоним за крвави битки, стремеж за слобода, непокор и борбеност. Македонија - родно гнездо на достоинствен народ, народ со дух, култура, јазик, народ со име! И душата сега да ни ја земете И крвта да ни ја смрзнете, во нив пак ќе тлее и вкоренето ќе тече патриотска крв и бесценета љубов, затоа што Македонија- тоа сме ние ! Петковска Катерина IV клас СОУ„Коле Нехтенин“, Штип Ментор: Арсова Сузана

112


МоеТо име, Тоа сум јас

Помалку е повеќе велат. Така велам и за мојата татковина. Мала земјичка со огромни богатства. Со богат фолклор, богата историја, зеленила. Со три природни езера распослани, со неколку вештачки потскриени. Со многу планини и котлини врз кои гордо битки се водени. Со многу реки разлеани, со многу полиња ижнеани. Многу маки истрпевме, многу борби изводевме но, сето тоа вредеше, Македонија ја ослободивме. Со секој чекор направен со секој споменик одминат сеќавања се будат, морници ме лазат, за жртвите на младите за нашите воини, војводи изгинати. Горда сум што сум Македонка. Гордо припаѓам на нација со достоинство, народ со култура и јазик. Народ со име, име значајно, име за гордост. Моето име Македонија. Македонија тоа сум јас. Љиљана Марија Дурдубакова, IV клас СОУ „Коле Нехтенин“, Штип Ментор: Арсова Сузана

113


Стојам на брегот од реката. Ноќ е. Пред мене две месечини, едната високо на небото ги досега моите сонови, другата на површината од реката фрла прекршени зраци врз моите стремежи. Ноќ е. Стојам сама на брегот од реката, со сонце во градите. Сонце кое во светлоста на својата светлина крие сплет од букви, осветлува реченица без зборови, возвишува едно име, моето име, Македонија. Тоа не е збор прочитан во книга, тоа е поим создаден пред времето, поим пред кого вековите паѓаат на колена, тоа е крвта на воините и војводите, водата во реките и мостовите над реките, тоа е животот пред мене и животот после мене, тоа сум јас.

114


МоеТо име, Тоа сум јас

Ја слушам месечината, нешто шепоти, да, шепоти, го шепоти моето име, ме довикува, ме води некаде, каде?! Некаде, во некој волшебен свет, некаде каде сите го знаат моето име, некаде, каде Недојдија не е најубавата земја, некаде... А сега одам, одам таму каде сонцето грее над сите знамиња, каде моето име се слуша во шумолењето на горите и бранувањето на морето. Одам во реалноста на моите соништа. Симона Ристеска СОУ „Ѓорче Петров“, Прилеп

115


Македонија, парче земја кое ни припаѓа нас со кое толку храбро и самоуверено се гордееме во еден глас. Кога го изговараш нејзиното име Помислуваш на самиот себе Замена за татковината нема, Ти ѝ припаѓаш нејзе, а таа ти припаѓа тебе. Моето име тоа сум јас времето одлетува за час, но не и нашите дела како и делата на сите вас Заедно како во една бајка правиме сè за достоинството на нашата мајка. Нашето име, своето јас е богатство свето Единствено брането дело толку достоинствено и зрело. Костоска Ивона, клас II -1 СОУ „Ѓорче Петров“, Прилеп

116


МоеТо име, Тоа сум јас

Моето име, тоа сум јас, Мојата среќа се шири за вас. Моето срце, од гордост не бара спас, Моето грло пее на глас. Моите години кажуваат за мене, Мојот ум мисли за едно мало дете. Мојата почит блеска за секој, За мојата татковина - за век и векој! Моите чекори оставаат траги, Низ овие наши полиња благи. И штом гордо ќе ги погледнам, Тогаш се присетувам, во каква убавина живеам. Мојата слика, за нашата земја мала, Насликана на платно, во една рамка стара, Стои гордо и високо, за ничија рака дофатлива. Мојата строфа за вредноста мала, Моите зборови за мојот вечен дом, Мојата среќа, за мојата гордост... Овие стихови стојат до моето име, А моето име, тоа сум јас! Дарко Трајановски клас: II-10 СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“ ментор: Каролина Јанчевска

117


Во срцето на Балканот, на градите на Шара, во прегратката на Сонцето, и амбицијата на тиранот.... таму сум јас... Јас сум робинка на својата судбина, тивко да живеам, а да не постојам, да страдам, а да не се откажувам. Јас сум раскрсница, буре барут, јаболко на раздорот. Мојата позиција, стратешка територија, неправдата кон мене, изоставена вистина. Моето минато е крвава болка, расплакана мајка, пролеана крв. Моето постоење е вечна закана, повторувана лага прифатена како едноставна вистина. Мојата верба е Сонцето светло, орлите не можат да го надлетаат него. Мојот симбол е разгневениот лав, камата и револверот. Мојот звук одекнува до таму, до каде тешкото буди спомени болни. Моето срце пее во седум осмини. Мојата душа живее во мојот народ. Сè додека ѕвездите слушаат македонски збор, длабоката тишина ќе го довикува моето име. Македонија е моето име... Македонија, тоа сум јас! Анастасија Анчевска III - 6 С.У.Г.С. „Раде Јовчевски - Корчагин“ Ментор: Екатерина Плескоњиќ 118


МоеТо име, Тоа сум јас

Во белите мугри се раѓаш сонцето во прегратки го носиш. Во блесокот на бистрите води и зелените листови на твоите гори. Во златното класје на житните полиња родни, во кавалот на овчарот на стадата твои плодни. Во песните вечно опеана на поетите твои славни. Во битките создадена од борците твои храбри. Во нашите срца носена татковина прекрасна убава. Во чест на оваа земја и името твое свето, една си и единствена МАКЕДОНИЈА. Елена Дамчевска III год. ПСУ. „САБА“, Скопје Ментор: Наташа Николова

119


Името на мојата татковина е Македонија, гордост е на многу Македонци, таа за чии букви од Кирил и Методиј гордо се слави и пее. Грбот и знамето се знаци за почит и восхит и тие многу значат за граѓаните на кои оваа земја е нивна татковина и дом на многу генерации. Вишни планини и зелени гори, полиња рамни, езера и реки, ја красат оваа чудесна земја што е како створен рај за народот македонски. Славејче весело си пее, едно дете слатко се смее, сите нас-стари и млади, од село до град сонцето македонско со своите зраци нè грее. Во Македонија, благодарение на Гоце Делчев животот мирно и спокојно тече што дури и печалбарите од странство љубовта кон оваа земја за назад ги влече. Ниедна земја не е на тебе, ни приближно слична, а ни помалку иста, во тебе Македонијо моја мила, јас живеам во твоите крилја. 120


МоеТо име, Тоа сум јас

Македонија е вечна и за нас вечно ќе живее, таа од дамнина значајна била и така ќе остане. Марија Миткова II година ПСУ САБА, Скопје Ментор: Наташа Николова

121


Кај што има убавина, зелен рај и светлина, кај што вечно сонце сјае, таму е Македонија! Кај што Вардар минува, шумоли, извира, таму се крие само едно име, моето име Македонија Кога си сам и тажно е сè, на тоа име сети се Македонија ти нуди се: љубов и рајски свет! Тоа е мое име, тоа сум јас, име на херои, чујте сите во овој час житно поле и планина - тоа е Македонија. Сара Стомнарска СОУ „Ѓорче Петров“, Прилеп

122


Проза Средни училишта


К

ога блескавиот трофеј наоѓа прибежиште во дланката, срцето бие во тактот на челична гордост. На шаховската фигура исчезнува противникот - нема пречка - „никогаш“ немало, нема сила што ќе го урне задоволството артурово заковано на врвот на сопственото постоење. Врелата крв го заматува погледот, ги заслепува мислите: Најдобар сум, најдобар ќе бидам.... Успехот го завртува човека оставајќи го како беспомошна срна со вечен копнеж по нов предатор - егоцентрично поставувајќи се себеси во центар чија орбита е сјајот на победата, а гравитација целта. Ветрот на заборавот ќе ја исчисти правта од грешките над спомените, заборавајќи дека калта од таа прав натопена од влажноста и вечната свежина на неуспехот, го прави патот до целта. Ако нема пат по кој чекори гласот од надворешниот свет, човек станува место отсечено од чувства, нечујно место каде се раѓа навидум нескршлива, но суштински кревка замисла која не подлежи на објективна критика. Јас цврсто стојам зад сивите тонови на своето име, зашто јас - Крштеницата, сум коренот на идејата, блескавоста на победата, темелот на целта, но јас сум и големината на поразот, уривач на сопственото тло. Животот го диктира темпото, ме качува на изрежана сцена, ме фрла во оган, но јас сум актерот што се брани со напад - се спротивставувам на судбината да ги истрада порано трпилата на секојдневието за потоа гордо името да ги задржи радоста и задоволството како свои придружници. Мое гориво се падовите, тежината, теговите - неуспехот кога било најпотребно да се биде на врвот. Моја сила се спомените, болката и грешките

124


МоеТо име, Тоа сум јас

- мои најценети лекции, неочекувани нокаути кои исфрлајќи ме од рингот ја пробудуваат желбата повторно гордо да застанам на него. Целта веќе не е посакувана желба, вечен идеал, целта е обврска кон себе/Јас. Целта не е блескава точка на успех, целта е линија - пат, задолжителна траекторија, напорна работа - труд. Животот ја креира патеката со брзи правци, но и опасни тесни свиоци, патека чиј асфалт никогаш не е беспрекорно израмнет исполнет со пречки и длабоки бездни. Но јас го возам својот круг - уживам во брзината, живеам за возбудата, но и произлегувам - излегувам од шиканите. Излетувам за да повторно се вратам посилна, поискусна и побрза, за да тежнеам кон невозможното, за да покажам и докажам дека тоа сум јас - склоп на остварени замисли и пропаднати шанси, предадени битки - кукавички потези, неправедни осуди, но и најголем ученик на искуството, бескраен талкач по идеалното, господар на своите постапки, зашто тоа сум јас - креаторот на сопствената судбина.

Дајана Лазаревска IV4 клас СУГСГ „Раде Јовчевски - Корчагин“, Скопје ментор: Роска Јовановиќ

125


С

е викам Алиса. Паднав во дупката на белиот зајак. Изгубена сум. Во Земјата на чудата сум. Исплашена сум од ова место. Сакам да се пронајдам, не сакам повеќе да талкам. А времето истекува. Се викам Ирина. Одлична ученичка сум. Секогаш ги слушам родителите, и никогаш не се карам со сестра ми. Примерна сум, не им мислам зло на луѓето, и секој викенд се враќам дома на време. Ги сакам и ги почитувам родителите и семејството, правилно постапувам во секоја ситуација. Се дружам со многу луѓе, и ги сакам сите подеднакво. Се викам Ирина. Секогаш пеам, и сум многу гласна. Добивам и тројки, и по некоја единица. Не ми се сите луѓе омилени, и некогаш не го кријам тоа. Се карам со сестра ми. Им водам инает на родителите. И скоро никогаш не постапувам правилно во секоја ситуација. Грешам многу често, и преплашена сум од промени. Се викам Ирина. Нестрплива сум, и секогаш избрзувам со секоја одлука. Неодлучна сум, и сакам сè да постигнам, иако немам време за тоа. Одговорна сум, и исполнителна. Не сум секогаш во право, и премногу им попуштам на луѓето. Се викам Ирина. Чувствителна сум. Туѓите мислења и зборови лесно ме погодуваат. Сфаќам скоро сè многу лично, и често сум тажна поради тоа. Премногу се приврзувам за луѓето. Имам премногу доверба во сите, и скоро секогаш завршувам разочарана од нив. Се викам Ирина. Полна сум со љубов. Имам многу луѓе околу мене што ги сакам неизмерно, и за тоа сум премногу благодарна. Сакам да гушкам луѓе, и сакам да ја покажам сета љубов која ја имам во себе. 126


МоеТо име, Тоа сум јас

Се викам Ирина. Сакам дожд, чај, добра музика и книги. Сакам магла, и го сакам градот празен. Сакам шумски длабочини и прошетки во природа. Сакам измислени магични светови, сакам кога потонувам во фантазија, и кога сонувам преку ден. Живеам во замислен свет, во своја бајка. Се викам Ирина. Сакам снег и новогодишни светилки. Сакам топло чоколадо во топло кафуле во зима. Сакам плетени џемпери, и шалови. Сакам кога зимата, колку и да е студена и тивка, ме грее, ја слушам и ме исполнува. Се викам Ирина. Сакам долги песочни плажи, кои ме потсетуваат на бајка без крај. Сакам песок на моите мокри стапала. Сакам сонце и го сакам морето, кое ме прави да посакам да сум сирена. Сакам да сум сирена. Сакам да можам да дишам под вода. Ја сакам тишината што ја има во длабочините на морето. Ми го испразнува мозокот од секоја мисла и ме прави да се чувствувам слободна. Се викам Ирина. Сакам пролет, и сакам зелена трева. Ги сакам сите седенки во паркот, и звуците на громогласна смеа и акустична гитара. Не сакам пролет и зелена трева. Алергична сум и почнувам да кивам. Се викам Ирина, живеам во Скопје. Мал град, во малечката Македонија. Го сакам Скопје дење и ноќе, во лето и во зима. Го сакам кога врне, го сакам и кога грее сонце. Сакам кога луѓето во Скопје се среќни. Сакам кога луѓето го сакаат Скопје. Сакам како повеќето, не го ценат тоа што го имаат, и сонуваат за светски метрополи. Но сепак, едно си е Скопје, и Скопје си е наше. Се викам Ирина. Ги сакам луѓето. Ја сакам секоја маана и неправилност кај нив. Сакам луѓе кои постојано се смеат. Сакам луѓе кои никогаш не се смеат. Сакам како ги сакам кога се ненаспани и намуртени. Ги сакам кога плачат, кога се тажни, и кога крварат. Ги сакам кога не се расположени, кога се најлошо облечени. Ги сакам кога косата не им е перфектно наместена и средена, ги сакам

127


кога шминката им е разлеана, а ранецот и патиките се стари и искинати. Сакам кога мирисаат на колонска вода и чад од цигара истовремено. Ги сакам кога грицкаат нокти, и кога го гребат лакот од нив. Ги сакам кога се уморни, и кога им се спие. Го сакам моментот кога се будат, моментот кога лежат на кревет поднапиени. Ги сакам кога се искрени. Се викам Ирина. Ја сакам љубовта. Сакам кога таа прави да се чувствувам себе, кога ја влече секоја последна насмевка и солза од мене. Сакам кога е мила и нежна, сакам кога е сурова и себична. Сакам како го вади она магичното од мене. Се викам Ирина. Треба да сум цврста, а јас се топам како сладолед на летното сонце. Треба да сум самостојна, а јас секогаш ги слушам другите. Треба да сум силна, а секогаш ме повредуваат туѓите мислења. Треба да останам смирена, а јас се тресам и плачам. Треба да сум соврешна, а не сум. Се викам Ирина, и никогаш не сум тоа што некој очекува од мене да бидам. Се викам Ирина, и своја сум, една единствена и сама меѓу седум милијарди луѓе.

Ирина Банишка II-6 СУГС Гимнзија „Орце Николов“, Скопје Ментор: Љупка Боцевска

128


МоеТо име, Тоа сум јас

О

ва наше мало парче земја отсекогаш било мета на туѓи поро­ бувања и владеења. Одамна претставувало поле за натпревар меѓу поробувачите, кои по секоја цена сакале да присвојат сè што било и е наше - нашето име, културно наследство, традиција и јазик, но не успеале заради силната волја и одлучност на сите оние на кои истото ова парче земја им е сè за што знаат и сè што имаат. Нашето име е наш идентитет, наше право и обврска. Наследство од нашите прадедовци кое ни е оставено како аманет, национално обележје и знак за распознавање меѓу другите. Нешто што не прави уникатни, единствени... Еве, на пример, како би се чувствувале ако некој дојде и ви каже дека од денес, вашето име не е веќе ваше и дека од денес, вие ќе бидете поинаку именувани? Да ви каже дека сето она што сте сметале дека сте, од денес не постои и дека сето она што ве обележувало во текот на целокупното ваше постоење, едноставно ќе биде заменето, или избришано и заборавено? Апсурдно, нели? Зошто да биде така? Не треба да го дозволиме ова! Нашето име е наш пасош кон светот и како таков, истиот е наше загарантирано право, идентитет - нешто што никој не треба и не смее да ни го одземе. Едноставно, тоа е наше исто колку што се наши и татковината и јазикот! Тоа е она што сме! Тоа што сум ЈАС, тоа што си ТИ! Токму затоа, не дозволувајте некои нови „кумови“ да го сменат она што го знаеме за вистинско. Не дозволувајте татковината да го изгуби своето достоинство во очите на светот и борете се! Со заеднички сили, да го сочуваме она што ни е оставено во аманет - она за кое многу луѓе без ни малку двоумење ги положиле своите животи, едно од нашите најголеми богатства, она што сме биле, сме и ќе бидеме!

Eлена Шалевска III година ПСУ „САБА“, Битола ментор: Бисера Бјелиќ 129


ЗБОР-ДВА ЗА МОЕТО ИМЕ

Ј

ас се викам Исток. Моето име на старословенски означува „извор“, а во македонскиот јазик е сè уште останат како ретко користен збор кој означува „изгрев“, „изгрејсонце“... Да бев љубител на покласичен стил на пишување, тука ќе следеа суптилни алузии на тоа дека јас сум изгрев кој зрачи позитивна енергија, дека сум извор на знаење и сл. Но, во името на темата, покрај „Моето име“, стои и „тоа сум јас“, а јас не сум љубител на саморекламирање. Треба да се остави на другите нас да нè фалат. Кога го кажувам моето име во јавност, добивам најразлични реакции. Поповите се восхитени, зашто единствено тие го знаат значењето на моето име, некои ме поврзуваат со Исток Пуц, некои, пак, со машкиот главен лик од романот „Победа под Сонцето“, некои на шега ме викаат Исак... Но, најчестата реакција која се провлекува низ сето мое детство, ќе ви ја опишам преку еден виц: Стар брачен пар добиле дете. Позитивно изненадени, на своето дете му го дале името Фантастично. Ненамерно, тие направиле нивниот син да биде мета на потсмев околу неговото име низ целиот негов живот, почнувајќи од градинка, па сè до неговото работно место. Кога бил на смртна постела, г. Фантастично на својата сопруга ѝ рекол: „Напиши што сакаш на надгробната плоча, но само не го ставај тоа мое проклето име!“ Таа го послушала, и на надгробната плоча напишала: „Совршен татко, прекрасен сопруг; Никогаш не ме удрил, не ми кажал грд збор, не беше зависен од никакви пороци, не гледаше фудбал“. А кога луѓето поминувале покрај неговиот гроб, само изговарале: „Фантастично!“ Не велам јас дека ако некој го прочита ова на мојата надгробна плоча, ќе рече: „Исток!“, но и моето и неговото име имаат слична историја околу потсмевањето. Јас мислам дека онаа фраза: „Исток, 130


МоеТо име, Тоа сум јас

запад, север, југ - чичко Панче јаде лук“, е за мене измислена. Не проаѓаше ден без да не ја слушнам таа реченица. Сега сe сведе на: „Кај си, бе, Запад?“. Предолго им е ова првото, можеби... Затоа се сочувствувам со сите Тракторки, Болдожерки и Фантастични. Верувајте ми, знам како ви е! Понекогаш, знам да се шегувам на моја сметка околу тоа како сè што е десно од Гриничкиот меридијан е мое, како во учебниците по географија многу се зборува за мене... Вистинска случка! Дејството се случува кога сум бил мал, 4-5 години. Сум ѝ кажал на мајка ми дека за мене се дава нешто на телевизија. Таа си помислила дека нè снимале во градинката, па побрзала да види што е тоа. Но, таа начекала вести, на кои се зборува за Блискиот Исток. Тогаш сум настапил јас со: „Еве, даваат за Блискиот мене!“ Некои личности кои добро ме познаваат, би се согласиле дека игрите на зборови како „анарх-Исток“ и „антихр-Исток“ се соодветствуваат со некои мои ставови. Но, ако подобро се размисли, од доста општи именки кои претставуваат некаков следбеник може да се направи таква игра на зборови: „комунИсток“, „лингв-Исток“, „ате-Исток“... Како заклучок, можам да кажам дека моето име се наоѓа во слична ситуација со името на нашата држава. Не станува збор за тоа дека некој сака да ми го смени името, туку за тоа дека јас сум горд на него, но би бил посреќен кога би се викал поинаку. За крај, сакам да упатам порака до сите оние кои ме нарекуваат Запад. Ве оставам да си продолжите со таа навика, но, барем, обидете се изговарањето на буквата „д“ да не се слуша најдобро! Ве молам, многу ќе ми значи! Благодарам однапред!

Исток Улчар, II-10 СУГС гиманзија „Јосип Броз-Тито“ ментор: Каролина Јанчева 131


Е

ден дождлив априлски ден, на овој свет пристигна уште едно мало девојче, кое со своето раѓање го доби и своето име, кое тогаш ѝ беше само одлика на распознавање.

Да, на овој свет дојдов јас, која од мали нозе почнав да учам и да разликувам добро од лошо. Годините поминуваа, а јас растев, видов секакви луѓе, добро кажав луѓе, но ретко кој човек! На моја среќа имав од кого да научам многу убави работи, имав добар авторитет на кој денес се гордеам. Многумина ми имаа кажано дека ако сакам да успеам во овој суров живот, и јас самата треба да бидам таква , за да успеам, но за нивна жал, моите очи не ги гледаат работите толку црни, бидејќи секогаш гледам оптимистички кон животот. И да, на сите ќе им се спротивставам кои ќе се обидат да ми ја одземат вербата во себе, во луѓето. Кога само би знаеле дека ни денар не треба да дадете, со малку верба, насмевката може да засјае. Секој од нас треба почесто да се погледне во огледалото, и убаво да се види себеси, да се соочи со своите маани и да ги прифати. Знам дека е тешко да се прифатиме такви какви што сме бидејќи тоа е вистината, а таа најмногу боли. Јас го направив тоа, застанав пред огледалото и почнав да одговарам на прашањето кое самата себе го поставив. Се запрашав: - Која сум јас? Тоа никогаш порано се немав запрашано, си мислев, јас сум само уште една тинејџерка повеќе на овој свет. Мислев дека не се разликувам од другите врсници, но потоа се случи ова... Застанав и почнав самата на себе да си раскажувам која сум всушност јас! Јас сум една од трите ќерки на мама и тато. Јас сум ученичка која што многу пати седела во последната клупа, поради ненаучената лекција, која што многу пати се молела професорот тој час да го скокне нејзинното име, која што редела единици и петки, оправдани и неоправдани 132


МоеТо име, Тоа сум јас

изостаноци, подготвена да плаче кога ѝ е тешко на другарка ѝ, да се смее од дното на душата, да јаде по половина ѓеврек со другарките. Јас сум сестра на едно мало палаво братче и секој ден се молам за неговата среќа. Јас сум сама свој херој, сама свој губитник, своја среќа и своја тага. Но знаете ли што? Јас сум дел од зраците на сонцето, капките на дождот, насмевките на децата, солзите на осамената старица. Јас сум еден човек, мал за да биде забележан од сите, но доволно голем за да донесе насмевки на лицата на многу луѓе. Така го открив моето име, моето вистинско јас, кое со гордост можам гласно пред сите да го кажам. Ахметовиќ Амина II-12 СЕПУГС„Васил Антевски-Дрен“ Ментор: проф. м-р Соња Панева

133


С

екое живо суштество на оваа наша планета Земја, секој човек, секоја држава, секој народ има нешто по што се разликува од другите. Има нешто што го прави посебен од другите, има нешто по што го препознаваат другите. Едно од тие работи што гордо ги носи секој од нас и по кој другите нè препознаваат е нашето име, како препознатлив код по кој се разликуваме од останатите. А името не е само зборче од неколку букви туку тоа е нешто многу големо, многу значајно и нешто што нè следи целиот живот, од раѓање до смрт и понатаму. Но, луѓето некогаш знаат да бидат лицемерни и да се кријат под туѓи имиња како во драмата „Тартиф“. Дали немаат храброст да се претстават такви какви што се? Или сакаат да бидат некој друг? На овие прашања немам одговор. За секој од нас неговото име му е најубаво. Ретки се тие што се помалку задоволни од него. А тоа, името, дадено од кумот, во себе ја носи симболиката на многу нешта. А, пак, таа симболика во многу случаи е поврзана со верата, со верските празници, со нешто значајно за нашата христијанска вера.Таков е случајот и со моето име Крсте. Крстот е нешто свето, нешто многу големо, бесценето значајно за секој вистински христијанин. Крстот е она на кое што го дал својот живот за наше спасение, нашиот спасител, Господ Исус Христос. Крстот е како важна симболика на една голема светска религија, тоа е нешто што секој верник го чувствува како свој, близок и незаменлив предмет. Под него и за него се раѓало и умирало, се борело и гинело. Нема човек или куќа која не се наоѓа некоја икона од Господ Исус Христос. А низ другите тие икони има една иста нишка шир што ги врзува. Тоа е крстот. Ете од таму потекнува моето име. И име кое го отсликува сето она што мислам дека сум во најдобро светло. Горд сум на моето уникатно име како што сум горд на мојата христијанска вера, на самиот себе, на моите родители, мојата држава. Едноставно, моето име тоа сум јас.

Крсте Григорјадис, II-13 клас СЕПУГС„Васил Антевски-Дрен“ Ментор: проф. м-р Соња Панева 134


МоеТо име, Тоа сум јас

С

е викам Теодора и сум втора година во гимназијата „Орце Николов“. Се одзивам на Теодора, Теа, Теди. Во мојот клас има уште две девојчиња што се одзиваат на истите имиња, во мојата генерација сме 10 сигурно, а во целата гимназија многу повеќе. Секоја од нас има свое јас, еден свој дел од светот, и секогаш се чувствуваме посебно кога некој ќе го изговори нашето име обраќајќи ни се нам, допирајќи го нашето „јас“. Тој збор е толку чуден, толку двосмислен, но кога ќе го изговорите вие, претставува цел свет. Kога ќе го чуете од некој друг, тогаш е само една точка, и тогаш сфаќате дека моќта на вашето „јас“ ја препознавате само вие лично и никој друг, затоа што таа се губи во маглата од лебдечки идентитети кои нè следат сите нас. Нашето „јас“ е како детелината со четири листа што ќе ја здогледате меѓу тревата кај „Мече“, само вие знаете дека е таму и таа ви значи сè, но само вам и на никој друг. Нашето „јас“ е како мастиката што ќе ја залепите под клупата кога имате час со некој од оние професори што забележуваат сè, и тогаш само ваша е грижата на совест за мастиката која, патем, не е осамена во мрачниот дел под клупата, ѝ прават друштво уште 10 такви грижи на совест, но само една е ваша, само таа е битна. Нашето „јас“ е како формулата што ќе ја напишете на столбот во читалната во „Орце“, која, за тие што не знаат е просторијата каде што на сите ни се одредува судбината, и само вие знаете дека формулата е таму, само вие се надевате дека ќе ви помогне во наредните 45 минути, никој друг не е свесен за нејзиното постоење, а вам целата надеж ви е во неколкуте букви и цртички склопени во една целина, кои се сепак само една дамка плус на исцртаниот столб.

135


Па толку е прекрасно кога некој ќе ви се обрати, ќе стане дел од вашата мала тајна наречена „јас“ и тогаш знаете дека не сте само точка незабележлива за никого. Но, ваквите моменти се ретки. Да, луѓето секојдневно ни се обраќаат, но како? Зарем не е тоа само едно формално, безлично обраќање, незаинтересирано за она што сте вие, што сум јас? Кога ќе си го слушнам името се чувствувам толку безначајно, изветвено, како онаа детелина веќе да не е детелина туку само една тревка повеќе во изгазената трева кај „Мече“, како онаа леплива грижа под клупата да е само еден дел од маките на хигиеничарката, како формулата, грижливо напишана и сочувана, да не е веќе формула, туку само дел од црнилото на стариот бел столб во читалната. Па зарем името не е само една културна форма на она „Еј!“? Па зарем само едно девојче на светов се вика Теодора? Името, тоа е само низа букви кои ги делиме со останатиот свет. Зарем не би било исто и да се низа бројки? Тоа, името, е само фраза, наш формален печат и толку, ништо повеќе. Затоа веќе одамна престанав да се одѕивам на моето име, кое всушност не е ни мое туку е на илјадници девојчиња во светот. Па зарем може едно име да нè опишува нас, да нè прави тоа што сме, кога ни го дале кога уште не сме биле ништо, кога уште сме биле исти како и илјадници такви како нас, само бели листови хартија на кои првите дамки ги прават буквите од нашето име. И повторно остануваме исти како другите, сите бели листови хартија, некои со покуса, некои со подолга дамка, низа од знаци што ништо не значат. Помислете само на тоа дека толку кратко време пред да дојде таа дамка на вашиот лист хартија, сте биле само едно ново суштество кое за некого било Мила, за некого Јана, за некого Милан, само затоа што секој сакал да ве вика онака како што му се допаѓало. Тоа што ви дале име само им го скратило задоволството на останатите окулу вас, приврзувајќи ги да се придржуваат до онаа специфична низа на безгласни букви, онаа прва дамка на хартијата.

136


МоеТо име, Тоа сум јас

И потоа растеме, созреваме и правиме тревката во парк да стане детелинка со четири листа, грижата на хигиеничарката да стане гумата за џвакање залепена на некој час, на која ќе си спомнувате разјадувајќи си ја душата, формулата да не е црнило на ѕидот туку низа од знаци кои ќе ви ја донесат повисоката оценка. И кога веќе ќе се формирате како личност поразлична од другите, зарем може, сè уште онаа дамка на лист хартија да ве опишува, па зарем вие сте исти со уште стотици други што го носат вашето име? Моето име не е Теодора, моето име е девојчето што учи во „Орце Николов“, сака да црта и да шие, и сака да оди во Лондон. Тоа е моето име, затоа што тоа ме прави посебна, поразлична од останатите, тоа е нешто што јас сум го создала, тоа сум јас. А оние седум букви? Тоа е само фраза, тоа е мојата регистерска табличка, мојот баркод. И затоа е толку прекрасно кога некој навистина ќе ви се обрати, кога ќе го извика вашето вистинско име, затоа што тогаш знаете дека ве бара вас и само вас, затоа што само вие можете да бидете она што ќе направите да бидете, а вашите црни дамки на листовите ќе останат само црни дамки, затоа што тоа не сте вие, тоа е нешто што некој друг ви го дал, го прилепил за вас како што ги прилепуваат цените за производите, како што ги удираат печатите на документите. А вие сте нешто повеќе, вашето име е вашето ЈАС!

Теодора Митровска II-6 СУГС Гимназија „Орце Николов“, Скопје Ментор: Љупка Боцевска

137


П

ремногу лица – различни карактери, премногу очи – различни солзи, премногу емоции – различни чувства, премногу личности – различни имиња... премногу особини, но ЕДЕН ЧОВЕК! Сите копнееме по совршенство иако не постои, но доброто и злото се само придружници на мисот наречен совршенство. Постојано во околината сме окружени со најразлични луѓе, и за тие што мислиме дека најмногу ги познаваме можеме да погрешиме и да се прелажеме. Всушност... човекот не е човек однадвор. Неговата внатрешност, искреноста и честа се богатството на неговата душа. Доколку ништо не се зборува – не значи дека сè е кажано, доколку ништо не се слуша – не значи дека е тишина... едноставно секој на поинаков начин размислува кон нештата. Кога ќе останеме сами, тишината прави да се чувствуваме уморно и веќе во следниот миг да заиграме танц со сопствениот спокој и мир. Всушност, сето она што се случува потекнува од нас самите. Моето име, тоа сум јас. Да, точно е... секој има свое јас, но најважното од сè е тоа ЈАС да биде вистинското. Карактерот е наша ѕвезда водилка во напредокот на животот. Сè зависи од тоа како ќе се претставиме. Убавото изразување, пристојното однесување, искреноста и со убавиот кажан збор за нас ни се отвораат сите врати, без разлика за што станува збор. И да... не е бесмислено кажана поговорката „Убавиот збор – железни врати отвара“. 138


МоеТо име, Тоа сум јас

Ќе ја заборавев трпеливоста како позитивна страна, најважниот атрибут кој во денешно време малкумина го имаат. Спротивното од ова не би сакала да го помислам, но тоа е реалноста а понекогаш и суровоста на животот. Сепак тоа е животот и самите кажавме дека ништо не е совршено, колку и да се трудиме да биде така. Мислам дека упорноста е она што ни треба и сè ќе изгледа поинаку. Можеби не се живее од неа, но дефинитивно помага да се надминеме себеси. И да... главно и накратко тоа сме сите, а ова сум јас. Мирна, примерна средношколка, авантуристка, трпелива, упорна за да ги оствари своите цели врежани во главата, толерантна, искрена... но се разбира дека трпеливоста и толеранцијата имаат свои граници, и желна сум што побрзо да ги остварам своите цели. Е тука сум нетрпелива. Велам нетрпелива (што побрзо)... бидејќи мојата љубов е толку голема кон професијата што сакам да ја работам. За сето останато не брзам бидејќи животот е еден и треба да го живееме пополека и онака како што нам ни одговара. Едноставно... животот е интересен, но за оние кои знаат да го живеат. Ете така сите – јас, јас – сите... всушност тоа сме сите ние. Човечки суштества кои трчаат маратон иако немаат доволно кондиција. Запознавајќи се себеси – го запознаваме и својот живот. Стравот и откажувањето се само микрони во телото со светли идеи...

Ивана Цековска II-12 СЕПУГС„Васил Антевски-Дрен“ Ментор: проф. м-р Соња Панева

139


Н

ајпрвин, благодарам за името што ми го дадоа. Ме накитија со букет од разнобојни цветови, со пријатните мириси и милите звуци. Ме направија да се чувствувам некој за да станам нешто. Со името ме накитија, го носам и го градам како што куќа се гради. Со цврсти темели и пријатна внатрешност и убава надворешност. Моето име, тоа сум јас. Бидејќи знам кога ме довикуваат со него мислат и на моите очи и на мојата става и на мојот глас, насмевка, солза. Секој што ме познава моето име го поистоветува со моите дела. Се трудам да бидам позитивен пример за да и името мое добие позитивен призвук. Тоа ќе ме надживее ќе постои и со идните генерации. За да го сакаат и почитуваат го вложувам мојот дух, знаење, способности. Сакам по убави работи да го помнат, чуваат и употребуваат. Затоа ја разбирам големата пријателка, мојата и вашата татковина, во нејзините намери да си го сочува името. Таа знае дека пред сè историјата го има забележано длабоко во корените на родната грутка. Соковите кои ги впиваат тие корени, ги хранат и денешните генерации. Името ја обликува мислата и со гордост се живеаат годините на искушението и премрежјата. Таквата мисла ги чува традиционалните вредности и создава модерни сфаќања. Им кажува и на младите и на старите што значи да бидеш дел од почитуваните во светот. Тоа не станува случајно. Душите на луѓето се ставени во македонскиот завет. Со крвта на предците е полевано името на татковината. Тоа се нештата кои никогаш не можат да се изменат. И зарем сега, сега во време цутот, кога се покажува целата убавина на потенцијалот на семето, случајно да се изгуби името? Како тогаш ќе ги сочуваме планините, реките, нивите, езерата, градовите, децата? Ќе се изгубиме во морето од преписки и дописки, во морето на лаги и невистини. Затоа не дозволувајте неповолните прилики да го уништат родот вековен. 140


МоеТо име, Тоа сум јас

Така велам за името на мојата татковина. Така се однесувам и кон туѓите татковини. Тие се дел од нив и ги употребувам како што посакуваат. Но зарем може да се заборави значењето на зборот што се добива со раѓањето. Тоа е величествено нешто што дава неизбришлив белег на живеењето. Затоа да ги почитуваме имињата и да ги величиме за и тие да нè величат нас. Во нашата свест да градиме сознание дека сме единствени и неповторливи. Со нашите предиспозиции да докажеме дека можеме многу и дека сме алката којашто не треба да недостасува. Ние сме тие како и сите други кои допринесуваме за рамнотежата во универзумот, самоуверени и храбри да го дадеме својот придонес и да не бегаме од судбината која ни е запишана со името.

Ристовска Мирјана клас IV4 СОУ „Гоце Делчев“, Куманово Ментор: проф. Цветковиќ Јадранка

141


Ч

естопати се среќаваме со некакви нецелосни податоци за народи кои некогаш постоеле, а кои виорот на времето го избришал засекогаш. Зошто? Одговорот е едноставен, тие, подложувајќи се на репресиите од другите не оставиле трага на земјиното тло, нешто по кое ќе останат запаметени, врежани во сеќавањата на луѓето, во старите архиви, во запрашените книги на полиците од библиотеките. Она нешто кое секој народ треба да го поседува за да знае дека потекнува од некаде е историја, духовно богатство, писмо, културен идентитет, државен јазик. Јас знам од каде доаѓам и знам која е мојата историја. Моите корени датираат уште од седмиот век, мои прапрадедовци биле антички Македонци, дел од словенските племиња. Моето име е Македонија. Се прашувам што би била јас без моето име? Обичен талкач? Странец кој бара да се пронајде некаде, да стане дел од нечиј круг, од нечиј туѓ круг? Осамен патник, излишен човек? Сигурно тоа. Чувството дека не припаѓа некаде е можеби најострото, најпонижувачкото чувство кое човека може да го прониже како острица низ душата, да го раскине на два дела. Ништо не боли повеќе од помислата дека човек не припаѓа на ниту едно парче земја, на ниту еден народ. Луѓето да те гледаат потсмешливо и прашално со мислата: „Кажи ми кој си и што си? Од каде доаѓаш? Зар немаш свое писмо и јазик, своја држава? Одговори ни го ова, па подоцна ќе зборуваме за други работи“. Зачувувањето на културниот идентитет е една од потешките работи денес. Ако не им се придава голема важност на туѓите ставови, негирањата од другите народи и зборовите на странските фактори кои вршат влијанија за уништување на една целина, еден 142


МоеТо име, Тоа сум јас

народ, тие полека ќе го уништат народот и културната многувековна историја може да исчезне за миг. Толку болка, толку труд вложен да се создаде нешто, а потоа туку-така чиниш за миг сè исчезнува. Тешко е да се преживее и да се успее над сите зли јазици, да се остане цврсто на земја без разлика на зборовите на сите патници без компас на светов кои сакаат да ја земат туѓата традиција и историја за свои цели и желби и со неа да се воздигнуваат во општеството. Моето име е Македонија. Гледајќи се себеси како битие на оваа планета, како човек со свој идентитет со гордост зборувам за чувството на припадност, носталгија кон македонската почва кога сум далеку од неа, мирисите во воздухот, спојот на старите и новите генерации, на минатото и сегашноста. Кога зборувам за НЕА, говори и еден дел од мене, од мојата душа. Недозволиво е нешто што постоело со векови наназад да се стави во тивок заборав и поради немарливоста на поединците засекогаш да биде избришано од колективната меморија на голем хард диск. Предците иако минувале низ различни препреки, подеми, а и падови често, војувајќи се избориле за она на што се горди луѓето денес. Горди се сите на фактот што зафаќаат делче од една целина, од една маса, од една држава. Горди сме и ние што и покрај сите влијанија сме останале тие што сме, народ кој живее под зраците на едно златно сонце.

Елена Давидовска III2 СУГСГ „Раде Јовчевски - Корчагин“, Скопје Ментор: Роза Никодиновска

143


О

дамна сум слушала за неа, од нашите предци, прадедовци, татковци, и јас денес гордо и со крената глава зборувам за неа, земја со едно и единствено име, за мојата втора мајка, за мојата татковина, Македонија. Со векови сме играле и низ вековите сме пееле, и со песна и со оро маки сме заборавале. Ајде свирачи, една народна дајте, тешко оро да заиграме и на тешки маки македонски да заборавиме. Под ова небо убаво, во оваа земја наша, песнопојци, играорци, херои и партизани отсекогаш се раѓале. Еве уште многу години поминаа од најтешките моменти на Македонија, со добри, но и со лоши сеќавања, по кои ќе ја паметиме и запишеме во книгата на животот. Насекаде се слушаше плачот, солзите и оваа земја со крв беше потопена. Но, хероите беа со нас и како ангели од небото слегоа, и над оваа земја мир и љубов посеаја, та да денес и ние имаме мирна држава. Од денес па натаму ти боже кој си над нас, дај на секого радост и љубов, дај на секого среќа и надеж, благослови ја земјава библиска, отсекогаш измачувана, благослови го овој народ, благослови ја Македонија. Народе македонски, крени глава високо, високо кон небото, светот ја знае правата вистина. Северна, јужна и источна древна земја е Македонија, северна, јужна и западна една е Македонија. Овие граници, што од божјата рака се сочувани, и треба да остане Македонија. Ние Македонците сè и сешто имавме, секогаш молчевме, над сите глава ведневме, но доста беа лагите и искривената вистина. Од Вардар па до Триглав, од Ѓердап па сè до синиот Јадран, плисната со сончевина ти гордо стоиш среде Балканот. Ги сакам твоите луѓе, полињата, горите и езерата. Биди среќна во слободата, а љубовта наша нека те води. Го шириме братството и единството, а еден ден ако затреба повторно, сите ќе станеме моќна непобедлива армија, која ќе ги штити и ќе ги брани границите на нашата татковина.

Александра Томевска III3 СОУ „Коле Нехтенин“, Штип Ментор: Гордана Коцева 144




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.