Што е компјутерска томографија?

Page 1

НАЈНОВИОТ КОМПЈУТЕРСКИ ТОМОГРАФ LIGHT SPEED 64-Slice VCT Scanner НОВА ДИМЕНЗИЈА ВО МЕДИЦИНСКАТА ДИЈАГНОСТИКА

Специјална болница по хируршки болести

“ФИЛИП ВТОРИ“

Redizajn CT.indd 1

03.06.2009 10:43:39


Redizajn CT.indd 2

03.06.2009 10:43:44


Што е компјутерска томографија?

К

омпјутерската томографија (КТ) претставува современ начин на визуелно навлегување во длабочината на човековите органи, прикажување на нивната функција во тродимензионална слика со употреба на рентгенски зраци. Со системот на компјутерската томографија се добива прецизна медицинска дијагностика на човековото тело по системи

ВИДОВИ НА КОМПЈУТЕРСКИ ТОМОГРАФИ:

КТ со еден ред детектори се нарекува еднослоен или монослоен компјутерски томограф. КТ со повеќе редови на детектори се нарекува мултислоен компјутерски томограф. За секоја активирана слика, рентген цевката ротира околу пациентот и рентген зраците се движат во означената област, при што се прават илјадници рентген мерења. Компјутерот потоа ги процесира податоците, давајќи соодветни пресеци на екранот. Овој апарат го надминува преклопувањето на слики при снимање на одделните органи на пациентот. Добиените слики во компјутерот даваат финалната слика која му овозможува на дијагностичарот јасно да ги види и разграничи здравите од заболените ткива.

КАКО СЕ ДОБИВААТ СЛИКИТЕ? При рутинска KT процедура пациентот е сместен на таканаречена маса. Изворот на x-зраците е РТГ цевката која ротира околу телото на пациентот кој е удобно сместен на масата Спротивно од x-зраците, се наоѓаат повеќе детектори кои го апсорбираат зракот што минува низ телото и со помош на компјутер го претвораат во слика. Масата го движи пациентот континуирано во главата на апаратот, каде се наоѓа рентген цевката и детекторот при што траекторијата на РТГ снопот околу пациентот е со замислена спирална линија.

Redizajn CT.indd 3

03.06.2009 10:43:45


KT скенот користи разни програми за анализа на добиените слики. Квалитетот на сликата зависи од:  природата на рентген зраците,  брзината со која мерењата се направени,  деталите на реконструктивната техника (алгоритам),  карактеристиките на машината,  методологијата на интерпретацијата на складираните податоци. Компјутерот овозможува засенчување, ротирање, корелација на анатомските мерки на сликата. Овие податоци можат да бидат манипулирани за попрецизна клиничка информација.

некогаш 

Разлика: Конвенционалната рентген снимка за 5% ја потценува ткивната густина, додека пак компјутерскиот томограф ја зема во предвид ткивната густина до 1% или помалку, намалувајќи ја при тоа можната грешка во процената на анатомијата на органите.

денес 

LIGHT SPEED 64-Slice VCT Scanner Во 21-от век во медицината особено важно е да се предвидат идните здравствени проблеми кај секој пациент на начин кој е безболен и кој трае само неколку секунди. Токму тоа го овозможува најновата генерација на 64 слојниот LIGHT SPEED VCT Scanner (волуменски компјутерски томографски скен). Деталната слика што ја дава 64 слојниот томограф LIGHT SPEED VCT Scanner овозможува да се види што се случува внатре во организмот на пациентите давајќи тродимензионална слика на сите органи (срце, бели дробови, органите во стомачната празнина итн). Со оваа технологија на пример срцето на пациентот може да биде испитано за коронарна болест, вклучувајќи го и срцевиот удар, како и заболувањата на останатите крвни садови. Light speed VCT дава добри слики и на пулсирачко срце (во тек на 3 срцеви циклуси) или на било кој друг орган. Детектира политраума за два пати пократко време од другите KT скенери. За лекарите ова значи ново моќно дијагностичко оружје, кое овозможува дури и рутинска ангиографија, брз тест при удар, градна болка или при политраума.

Redizajn CT.indd 4

03.06.2009 10:44:18


е -

тоална

КАКО ФУНКЦИОНИРА 64 СЛОЈНИОТ VCT SCANNER Тестот комбинира, брзо скенирање со рентген зраци со мултиплицирана компјутеризирана томографија со цел добивање детални слики на органите без хируршка интервенција. Во ретки случаи во зависнот од органот или областа што се скенира, пациентот може да добие контрасно средство. Тоа обично е практика кај испитувањата на крвни садови, со тоа што со помош на контрасното средство се осветлуваат крвните садови и се добива јасна слика на нивната внатрешност. Компјутерот ги обработува рентген пресеците во слика на органот што се скенира прикажувајќи ја неговата комплетна и детална внатрешна структура. Разликата меѓу еднослојната (монослојна) и 64 слојната компјутерска томографија е во тоа

што кај еднослојниот КТ апарат со една ротација (вртење на рентгенската цевка околу пациентот) се прави еден пресек со дебелина од 1mm за време од три секунди, a кај 64 слојниот КТ за помалку од една секунда (поточно за само 350 ms), со една ротација се прават 64 пресеци со дебелина на пресек oд 0.625 mm. За преглед на глава со еднослоен конвенционален компјутерски томограф се прават 40 ротации (пресеци) за 120 секунди. За разлика од него, 64 слојниот КТ за да добие една слика прави 40 прецеси за неколку секунди. За преглед на крвните садови на срцето на класичен начин потребно е да се направи ангиографија за време од 1,5-2 часа, додека пак со 64 слојниот КТ прегледот се завршува за неколку секунди и тоа на неинвазивен начин. денес

некогаш За преглед на глава со еднослоен конвенционален компјутерски томограф се прават 40 ротации или пресеци за 120 секунди, додека 64 слојниот КТ прави 40 прецеси со една ротација за помалку од ½ секунда.

За преглед на крвните садови на срцетона класичен начин потребно е да се направи ангиографија која трае од 1,5-2 часа, додека пак со 64 слојниот КТ прегледот се прави само за неколку секунди и тоа на неинвазивен начин.

Redizajn CT.indd 5

03.06.2009 10:44:54


За преглед на крвните садови на мозокот со класична церебрална ангиографија задолжително се употребува контраст, се зрачи пациентот и самото снимање е инвазивно, со поголем ризик и подолго трае, додека пак со новиот 64 слоен КТ, тридимензионална слика на крвните садови на мозокот се прави само за 5 секунди со употреба на минимална доза контраст. Но, најважно од се е тоа што на пациентот му е удобно самото снимање и ризикот е сведен на нула.

Единствен начин да се направи преглед на крвните садови на целото тело, абдоминалните органи, белите дробови, виртуелна колоноскопија, да се сними ‘рбетот (дијагностицира спондилоза, дископатии итн) можно е само со најновиот 64 слоен LIGHT SPEED VCT томограф. Сите претходно наведени прегледи се извршуваат за период од 3-15 секунди, при максимална удобност и брзина во добивањето на крајната дијагноза.

Кај најмладите пациенти - децата постојат посебни детски протоколи за преглед со помала доза на зрачење и кратко времетраење и само во одредени случаи е неопходна краткотрајна анестезија.

Redizajn CT.indd 6

03.06.2009 10:45:23


Што добива пациентот со 64 слојната компјутерска томографија?  Прецизност при испитувањето: висока резолуција, детали на внатрешните делови од човековото тело и тродимензионална слика, дијагностика на тешко - детектибилни состојби и заболувања;  Брза и точна дијагностика - брзо добивање на слики, редуцирање на стресот, благовремен и правилен третман на пациентот;  Удобност - соодветна нега на пациентите, удобно испитување, највисоки стандарди за здравствена заштита.

Redizajn CT.indd 7

03.06.2009 10:45:54


Придобивки за пациентите:  Брза дијагностика на срцево болни пациенти;  Единечна орган дијагностика и брза дијагностика при траума;  Помалку стрес за пациентот со кратко време на задршка на воздух;  Полесен пристап и акомодација на пациентот на масата за снимање.

Придобивки за лекарите:  Комплетна дијагностика на глава, абдомен, ‘рбетен мозок, граден кош и други органи;  Работната платформа која овозможува дијагноза за 5-10 минути;  Лекарот работи со пациентот во тек на испитувањето, а техничарот го спроведува испитувањето;  Брза дијагностика со автоматско реформирање на клиничките пресеци;  Добивање на квалитетни слики за само 0,35 секунди.

Приодбивки од КТ технологијата:  Со КТ технологијата се овозможува високо автоматизирана операција, дизајнирана за работа од еден техничар;  Овозможува лесно и едноставно ракување со апаратот.  Системот автоматски ги реконструира и ги архивира филмовите;  Радилогот внимателно ги обработува сите информации и дава прецизен одговор

Light speed VCT дијагностички процедури Beat Cardiac - Дава приказ на срцето и коронарните крвни садови во субмилиметарска резолуција во тек на 3 последователни циклуси. Light speed VCT ги редуцира артефактите од еден до друг срцев удар, и дава добра визуализација на коронарните крвни садови со пократок интервал на задршка на воздухот, што е особено важно кај повозрасните пациенти.

Redizajn CT.indd 8

Triple Rule Out - помага на клиничарите за итна дијагностика при витално загрозени пациенти при градна болка, со само еден единствен скен. Тоа се состојби како што се: аортната дискеција, белодробен емболизам и акутен коронарен синдром. Stroke WorkUp – при удар, често се претпоставува дека третманот треба да се примени за помалку од еден час за да пациентот има максимална корист.

03.06.2009 10:46:14


Други типични Light speed VCT процедури:

КТ колонографија Испитувања на црниот дроб

ех-

Процена на удар

Скор на калцификатите на коронарните крвни садови

Испитувања на белите дробови

Кардијална анализа и анализа на коронарните крвни садови (5-Beat Cardiac) Педијатријски испитувања

Redizajn CT.indd 9

03.06.2009 10:46:58


Други типични Light speed VCT процедури:

Пулмонален емболизам

Абдоминални заболувања и поврeда на абдоминални органи

Повреда на кичмен столб Испитувања на бубрезите

Онкологија/дијагностика на малигните заболувања

Ангиографски студии

Ортопедија

Дијагностика на уво

Redizajn CT.indd 10

03.06.2009 10:47:41


Релевантна статистика Во светот на годишно ниво се прават по 100 милиони КТ скенови со 64 слоен компјутерски томограф, од кои 50 милиони во Америка. Во Македонија за прв пат 64 слојни скенирања се изведуваат во ургентниот дијагностички центар „Филип Втори“. Според американското здружение на кардиолози, близу 2600 американци умираат од кардиоваскуларни заболувања секој ден, во просек еден смртен исход за 34 секунди. Во периодот 1979-2002 бројот на катетеризациите е зголемен за 389% со просечен болнички престој на пациентите од 3,6 дена.

Redizajn CT.indd 11

03.06.2009 10:48:09


С п е ц и ја лна болница по хируршки боле сти

„ Ф И Л И П ВТО Р И “ Тел: (02) 3091-500 www.cardiosurgery.com.mk

Redizajn CT.indd 12

03.06.2009 10:48:12


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.