Перирадикуларна терапија

Page 1

Специјална болница Филип Втори www.filipvtori.com; Тел: 02 3091- 484

ПРТ (перирадикуларна терапија) под контрола на КТ (компјутерска томографија) Перирадикуларна терапија е минимално инвазивна терапевтска процедура - апликација на лек со помош на многу тенка игла во неурофораменот на вратниот или лумбосакралниот дел од рбетот, кај пациенти со дискус хернија која што причинува радикулопатија (лумбоишиалгија односно цервикобрахија-

лен синдром). Интервенцијата (третманот) се врши кај пациенти кај кои конзервативниот третман не помага. Третманот доведува до моментално обезболување, а го намалува и локалниот оток и ја смирува локалната воспалителна реакција која се појавува кај дискус хернијата.

Понекогаш е потребно повторување на третманот после 2-3 недели, но повторната појава на симптомите вообичаено не е со ист интензитет како претходно. Процедурата се изведува амбулантски, под контрола на КТ, трае околу 20-30 минути, после што пациентот се задржува уште половина до еден час и си оди дома. Опис на интервенцијата: • • • • •

се стерилизира регијата од интерес, се пунктира со многу тенка игла под контрола на КТ, се вбризгува локален анестетик и кортикостероид со долготрајно дејство, се поставува преврска со мала газа, се задржува пациентот околу половина до еден час и се пушта дома истиот ден.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.