Кт ангиографија компјутерско снимање на крвни садови

Page 1

С ПЕ ЦИЈАЛ НА БОЛ НИЦА Тел: +389 2 3091- 484 www.cardiosurgery.com.mk

КТ АНГИОГРАФИЈА- КОМПЈУТЕРСКО СНИМАЊЕ НА КРВНИ САДОВИ

КТ ангиографија- компјутерско снимање на крвни садови.indd 1

19.10.2009 10:22:30


ИНФОРМАЦИЈА ЗА ТЕКОТ НА ПРЕГЛЕДОТ СО КОМПЈУТЕРСКИ ТОМОГРАФ:

Компјутерското снимање на крвните садови претставува современа дијагностичка процедура со КТ скенер која ги открива заболувањата на крвните садови. Со КТ скенерот може да се прегледаат крвните садови на следните органи: мозокот, вратот, градниот кош, срцето, белите дробови, стомакот, бубрезите и нозете.

локална болка, лесна топлина, слабост, потење, метален вкус во устата (како резултат на добиеното контрастно средство) но тоа брзо минува o во тек на прегледот ќе ви биде кажано да го задржите воздухот и да не дишете на кратко o целата процедура (припремата за преглед и снимањето) трае 10 до 20 мин o доколку пријавите дека имате алергија на храна, лекови или јодно контрастно средство кое се користи за оваа метода, ќе добиете соодветна премедикација или ќе биде побарано од вас да направите алерго тест на контрастното средство o при снимање на срцевите крвни садови доктор - кардиолог ќе ви даде соодветна терапија за смирување на срцевата работа

Информации за текот на прегледот: o РТГ техничар ве поставува на апаратот во потребната лежечка положба o медицинска сестра ви поставува венска линија и ве приклучува на автоматски инјектор преку кој добивате јодно контрастно средство кое тече за времетраењето на прегледот o во тек на прегледот може да почувствувате

КТ ангиографија- компјутерско снимање на крвни садови.indd 2

19.10.2009 10:22:32


o по направениот преглед доктор радиолог ги обработува податоците од снимената регија, и добивате писмен резултат o по прегледот доколку се установи заболување на крвните садови, ќе бидете упатени за понатамошен третман o доколку имате заболување на срце, бубрези, астма, шеќерна болест и проблеми со штитната жлезда, ќе ви биде објаснето кои дополнителни испитувања се потребни пред самиот преглед o Од добиеното контрастно средство може да се јават реакции на преосетливост со различна манифестација и различен интензитет и тоа: Срцево-васкуларни промени: болка во градите, аритмија,убрзана или успорена срцева работа... Респираторни промени: кивање,кашлање, отежнато дишење, едем на ларингс...

КТ ангиографија- компјутерско снимање на крвни садови.indd 3

Промени од дигестивниот систем: гадење, повраќање, отежнато голтање..... Кожни манифестации: осип, чешање, црвенило.... Појава на најтежок облик на реакција на преосетливост – анафилакса Забелешка: Ризикот за појава на претходно опишаните промени е поголем, кај пациенти со веќе постоечка алергија на јодни контрастни средства, и истите добиваат посебен третман со соодветна премедикација, или се упатуваат на друга дијагностичка метода. Претходно опишаните манифестации од контрастното средство се ретки, но доколку се појаватт, тим од доктори ги превзема сите соодветните мерки.

19.10.2009 10:22:33


Пoдготовка на пациентот пред да дојде на закажаниот преглед: Драг пациенту, Пред да дојдете на закажаниот термин за компјутерско снимање потребно е да: o 3-4 часа пред прегледот нејадете, внес на течности е дозволен (вода, чај…) o бидете удобно и лесно облечени o ги оставите сите метални предмети (накит, наочари, мобилни забни протези, мобилен телефон итн.) o не ја прекинувате секојдневната терапија o да пријавите – клаустрофобија ( доколку ја имате) o да пријавете алергии (особено на контрастно средство кое се користи за овој вид преглед) o го известите докторот доколку имате заболување на срце, бубрези, астма, шеќерна болест и проблеми со штитната жлезда o носите со себе медицинска документација од претходни испитувања o жените да пријават бременост

КТ ангиографија- компјутерско снимање на крвни садови.indd 4

19.10.2009 10:22:36


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.