Freestanding catalogue Macedonia

Page 4

вовед

ДОКАЗ ЗА ИЗВОНРЕДНОСТА Квалитетот е нашиот водич. Ние тоа го гарантираме. Над половина век традиција во производство на апарати за домаќинство, со посебно внимание за барањата и перформансите од страна на купувачите, и примена на модерна технологија, сведочат за квалитетот кој веќе увери милиони купувачи од целиот свет. Како дополнување на ефикасноста на услугите после продажба (after-sale services), примената на 6 Sigma раководните вештини за квалитет, кои се применуваат за функционалност, безбедност и естетика на производот, како и стандардот за гаранција на квалитет ISO 9001, гарантираат највисок квалитет.

Едноставноста е удобна. Ние го овозможуваме тоа. При развивање на нов производ, секогаш се бараат погодни решенија за олеснување на домашните задачи со што им се остава на корисниците да трошат повеќе слободно време на квалитетни работи. Интелигентната технологија »UseLogic®« користи сензори за надгледување на постапките и состојбите, значајно поедноставувајќи ја работата на производот. Удобните поволности на принципот »Easy to use« сведочат за најефективната употреба на понудената функционалност, во исто време донесувајќи одлични резултати и највисоко ниво на безбедност.

Функционалноста е прекрасна. Ние ја збогатуваме. Светскиот дизајн е најмногу поврзан со привлечната форма на изглед; сепак, Gorenje размислува за тоа на посестран начин. »Формата ја следи функцијата« е нашата водечка насока при развивање на новите решенија. Комбинацијата на ергономично дизајнирани погодни предности, природните материјали, и естетскиот изглед се сигурност за добивање одличен дизајн кој е интернационално препознатлив и награден со неколку престижни награди за дизајн.

Околината е темел на иднината. Ние ја чуваме. Денес, квалитетот на живеење е блиску поврзан со грижата за околината. Придржувајќи се кон најстрогите стандарди за заштита на околината (ISO 14001 и EMAS), нашата компанија со одговорност ја развива околината со пријателски технологии и постапки. Со понуда на производи изработени од материјали пријателски наклонети кон околината и со вклучување на функции кои даваат значајна моќ и заштеда на вода преку рокот на траење на апаратите, ви се придружуваме во заедничкиот напор да ја заштитиме околината за генерациите што доаѓаат.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.