Стартап информатор

Page 1

СТАРТАП ИНФОРМАТОР м-р Ана Дајовска

м-р Ивона Вељаноска


СТАРТАП ИНФОРМАТОР м-р Ана Дајовска

м-р Ивона Вељаноска



Почитуван читателу, Оваа публикација ја објавуваме во рамките на проектот „Тех-стартап училиште”. Овој проект беше одлична можност да презентираме еден нов пристап на развој на стартапите во Пелагонискиот регион преку модел кој траеше 9 месеци и обезбеди одлична поддршка за младите луѓе заинтересирани за развој на своите бизнис идеи. Преку менторска програма, проектот “Тех-стартап училиште” ,успеа да резултира со креирање на 7 нови стартап идеи, 2 во фаза а идеја, 4 во фаза на демо верзии и 1 во фаза на прототип. Успехот на проектот се состои примарно во инспирањето на младите и поддршката на нивните идеи. За тимот на ГЕТ ИНОВАЦИЈА Битола, можноста младите да видат дека нивните идеи се поддржани и остварливи е најголемиот придонес на проектот. Беше одлично да се следи процесот на развој на вкупно 36 млади луѓе, вклучени во проектот, и на оние 22 учесници кои го комплетираа целиот проект. Оваа група на млади луѓе не само што беше врвно едуцирана во поглед на стартап светот и развивањето на стартап, туку доби можност за активно вклучување во овој процес и можност за развој на опција на идна професија преку основање на сопствена компанија. „Тех-стартап училиште” продолжува да постои како проект и во иднина, особено преку поддршката и следењето на успехот на младите луѓе и во идниот период, затоа што проектниот тим покрај придонесот во развојот на проектот, е исто така љубопитен да го види и да учествува во идниот развој на статап идеите кои се креираа во рамките на проектот. Со почит, м-р Ана Дајовска, координатот на проектот „Тех-стартап училиште” и претседател на ГЕТ ИНОВАЦИЈА Битола


Методологија на работа „Тех-стартап училиште” е проект од кој успешно произлезе структурирана акцелераторкса програма за развој на стартапи преку вклучување на младите луѓе. Концептот на оваа програма базираше на развивање на програма која ќе ги следи потребите на учесниците. ГЕТ ИНОВАЦИЈА Битола во рамките на овој проект повторно го користеше процесот на дизајнирано размислување, кој што го промовиравме во бизнис заедницата во Р.Северна Македонија во 2018-та година. Овој процес ни дозволи секој од учесниците да има можност да се развие во насоката во која неговите вештини и знаење се најизразени, а со тоа и неговата желба за работа е најголема. Методологијата на проектот „Тех-стартап училиште” ги опфаќаше следните елементи: 1. Дванаесет работилници со експерти изведени во рок од 3 месеци. 2. Тематски прашалници за учесниците кои во времето на изведување на работилниците на проектот ни овозможија успешно да ги детектираме полињата во кои учесниците планираат да ги развиваат своите стартап идеи. Овој процес ни овозможи успешно да ги споиме учесниците со искусни ментори кои им овозможија поддршка во развој на стартап идеите во рамките на проектот.

3. Над 40 менторски сесии имплементирани со 5 експерти – ментори од пет различни области од технилогија и бизнис. Овие сесии имаа за цел да се развијат стартап идеите, да се креираат бизнис моделите, да се создадат бизнис плановите и да се направи финансиска проекција за остварување на идеите. Овие сесии резултираа со создавање на демо верзии за стартап идеите на учесниците.

1


4. „Тех-стартап камп” беше една од завршните активности од проектот. Во текот на четири дена учесниците беа вклучени во интензивна програма, во која секој тим работеше на комплетирање на документацијата, презентацијата и јавното претставување на својата идеја. Со помош на менторите, учесниците беа подготвени и направија презентирање на своите стартап идеи по тимови (процес кој е популарно наречен “pitching” во стартап светот). Со комплетирањето на овие елементи, учесниците во проектот кои во голем процент немаа јасна претстава што во суштина претставува стартап и како функционира стартап светот, успешно креираа стартап идеи спремни за понатамошен развој и унапредување. Со големо задоволство, ГЕТ ИНОВАЦИЈА Битола, го споделува методот на имплементирањето на проектот и исто така реферираме на неверојатниот успех во развојот на бизнисот, кој може да се постигне со користење на процесот на дизајнирано размислување. За да се информирате повеќе за овој процес, ве молиме погледнете ја книгата која ГЕТ ИНОВАЦИЈА ја издаде за промоција на методот на дизајнирано размислување, достапна на овој линк: https://issuu.com/getinnovation/docs/design_think_final_29_10

2


Содржина

04 06 08 09 18

Што е стартап ?

Зошто се важни стартапите?

Стартап екосистем во Република С.Македонија

Одговори од експертите во рамките на македонскиот стартап екосистем

Заклучок од праксата на “Тех-стартап училиште”


Што е стартап ?

Терминот „стартап" е често користен и застапен во секојдневието, особено во текот на изминатите години. Се користи за да објасни се од мали и средни претпријатија, големи компании кои се застапени на глобално ниво, па се до технолошки компании, иновациски производи и услуги. Иако нема една универзална дефиниција за поимот стартап многу автори го дефинираат од разни аспекти.

На самите почетоци на претприемачката култура, терминот стартап произлегува од зголемената фрекфенција на постојани вложувања од страна на младите лица во нови иновативни апликации во технолошката индустрија во Сан Франциско. Но, што е всушност стартап!? Стартап е компанија што работи за да реши еден проблем каде што решението не е очигледно и успехот не е загарантиран”, според Неил Блументал, ко-основач и ко-извршен директор на Варби Паркер (Warby Parker). Оние кои имаат претприемнички дух најдобро го разбираат ова тврдење и се дефинираат како една култура и менталитет ,која се стреми кон контиунуирана иновативност на постојните идеи за решавање на критичните точки. Понатаму, терминот стартап е дефиниран и како состојба на умот, според Адора Ченг ко-основач и извршен директор на Хоумџој (Homejoy), еден од најуспешните стартапи за 2013 година во САД. Таа смета дека кога луѓето се приклучуваат на една компанија и прават експлицитна одлука да се откажат од стабилноста што ја нудат другите компании, тоа го прават во замена за ветувањето за огромен раст и возбуда од штотуку започнатиот бизнис и за добивање едно непосредно искуство.

4


Воедно, Американскиот бизнис речник укажува дека стартап е: „бизнис или претпријатие кое неодамна почнало дејност" и самата терминологија го објаснува како бизнис што мора веднаш да се стартува. Понатаму, според серискиот претприемач од Силиконската долина Стив Бланк, стартапот е: „привремена организација дизајнирана да бара повторлив и скалабилен бизнис модел". Како што тврди тој во контекст на технолошката индустрија, стартапот треба да биде „скалабилен” односно стартапот би барал не само да го докаже својот бизнис модел, туку да го направи тоа брзо, на начин што ќе има значително влијание врз тековниот пазар. Врз основа на горенаведените концепти, European Startup Monitor ги дефинира стартапите врз основа на следниве критериуми: 1. Стартап претставува компанија која постои помалку од 10 години ,односно 5 години во зависност од индустријата 2. Стартапите се карактеризираат со високо иновативни технологии и / или бизнис модели 3. Стартапите се карактеристични по тоа што имаат или се залагаат за значителено зголемување на бројот на вработени и/или раст на продажбата.

ГОДИНИ (компанија која постои помалку од 10 години односно 5 години во зависност од индустријата)

5

ИНОВАЦИЈА

РАСТ

(компании со високо иновативни технологии и/или бизнис модели)

(компании кои се залагаат за значителено зголемување на бројот на вработени и/или раст на продажбата)


Зошто се важни стартапите?

Во

општествата

кои

се

базираат

на

знаење,

иновацијата е движечката сила на економијата на сите нивоа и во сите видови на организации.

Поради високите ризици присутни при воведувањето на нови производи и услуги, иновациите обично се комерцијализираат преку изолирани формации, како што се стартапите. Карактеристика на овие компании е дека прво ги тестираат различните можни бизнис модели за да го пронајдат вистинскиот. Но, за ова е потребен соодветно развиен потпорен екосистем за поддршка. Неколку од клучните причини за потикнување на стартап претприемништвото се:

Иновациите

Tие се главната движечка сила за економскиот развој и зголемувањето на продуктивноста во општествата. Стартап компаниите се најсоодветната форма за имплементирање

на

пронајдоци

и

следствено,

најдобриот

механизам

за

комерцијализирање на технолошките и другите новитети. Стартап компаниите придонесуваат за брз развој на новите технологии и локациите од каде што управуваат. Големите компании често купуваат стартап компании поради технологијата која потоа ја интегрираат во нивниот бизнис и на тој начин ја задржуваат својата конкурентска предност.

6


Нови работни места и економски раст На долг рок, стартап компаниите создаваат голем дел од нови работни места и придонесуваат за економскиот раст на земјата. Со оглед на тоа што стартап компаниите се базираат на иновации, потенцијалот на стартап компаниите претставува основно јадро на економијата. Според Sandile Shabangu, доколку земјите сакаат долгорочно да ги потикнат новите вработувања, неопходно е да инвестираат во сегментот на компании кои создаваат најмногу работни места на долг рок (по 10 години и повеќе). Стартап компаниите се идеална форма и можност за вработување и активирање на Y-генерацијата.

Спроведување на нова конкурентна динамика во економскиот систем Стартап компаниите се најдинамичните економски организации на пазарот кои обезбедуваат зголемување на конкурентноста на економскиот систем. Ваквите компании потикнуваат економијата да остане конкурентна и вредна, додека од друга страна ги потикнуваат и останатите компании да бидат иновативни за да останат конкурентни на пазарот.

7

Поттикнување на вредностите за проактивност во општеството Стартап претприемништвото ги потикнува и промовира вредностите за проактивност во општествата. Исто така, носи нов начини на размислување базирани на знаења, креативност и иновација.

Промовирање на системот истражување и развој

за

Високотехнолошките компании како и стартап компаниите се многу тесно поврзани со институциите за истражување, наука и развој. Соодветно развиениот претприемнички екосистем на тој начин го промовира развојот и истражувањето, како и пристапот за истражување и иновации на компаниите и институциите за наука и развој. Исто така, придонесува за апликативната ориентација на истражувачката работа на универзитетите и истражувачките институции. Во меѓувреме, исто така, функционира како соодветен модел за поттикнување на студентите и истражувачите да ги имплементираат своите идеи преку стартап компаниите


Стартап екосистем во Република Северна Македонија

Иако македонскиот стартап екосистем има долг пат, неговиот потенцијал не треба да биде потценaт. Кога ги разгледуваме предизвиците што претстојат, важно е да се запамети дека стартапите нудат уникатна вредност на економијата.Преку нивниот капацитет за иновации, тие можат да бидат главна движечка сила зад економскиот развој.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Северна Македонија, во 2018 година, изнесува 72 315 и во однос на 2017 година е зголемен за 1.3 %. Ова зголемување, главно, се должи на зголемувањето на бројот на активните деловни субјекти во секторот Информации и комуникации (9.9 %, односно за 167 субјекти), други услужни дејности (8.5 %, односно за 377 субјекти). Нивото на развојот на стартапите е во корелација со нивото на иновации во Република Северна Македонија, што е потврдено од страна на разни извештаи кои сугерираат токму тоа. На пример, според глобалниот индексот за претприемништво на ГЕДИ од 2017 година, Р.Северна Македонија заостанува зад другите ЕУ земји во однос на перформанси поврзани со стартапи. Слични податоци биле пријавени и од Европската национално истражување за Република Северна Македонија на УНЕСКО. Во ова истражување се наведени предностите и слабостите на целокупната економија, меѓу кои и нивото на домашна иновации во компаниите што е 11,3%, двапати пониско од европскиот просек 28,8%.

8


Кои се 3те најголеми предизвици со кои вашата компанија се соочува за да го подобри својот раст? Финансии

43/66%

2

Експертски и талетиран кадар

36/55%

3

Достапност до нови пазари

28/43%

4

Вработени

20/31%

1

Според податоците од истражувањето на Стартап МК од 2018, 66% од испитаниците (стартап претприемачи) сметаат дека финансирањето на стартапите е наголем предизвик. Понатаму како втор најголем предизвик е регрутирање на експертски и талентиран кадар 55% и достапност до нови пазари 43%.

Одговори од експертите во рамките на македонскиот стартап екосистем Информација и краток опис на работата на Startup Macedonia ? “Стартап Македонија” во моментов најактивно работи на дигитализација на стартап екосистемот. До крај на годинава ќе се изработи data-driven платформа, на која ќе има up-to date информации за стартапите и нивните фази на развој, организациите коишто ги поддржуваат и активните програми, календар со настани, пристап до финансии итн. Во делот на поважните настани коишто ги организираше „Стартап Македонија” е Global entrepreneurship week, на кој присуствуваа речиси сите stakeholders. Минатата година го публикувавме истражувањето за состојбата на стартап екосистемот линк : http://startupmacedonia.mk/wp-content/uploads/2018/06/SM_Ecosystem_Research_2018.pdf

Дејан Алексов

ко-основач на Стартап Македонија

9


Кои се основните предиспозиции за развој на стартапи во една економија и кои од тие услови ги исполнува Р.Северна Македонија како земја ? Предиспозициите се предетерминирани и не можеме да влијаеме на истите. Погрешно е да кажеме дека немаме предиспозиции како држава за развој за стартап екосистем и тука да заврши приказната. Израел, како држава која што е завојувана со соседите, се наоѓа во пустина ги нема предиспозициите за развој на стартап екосистем, а сепак е во топ 3 држави во цел свет во однос на иновации и стартапи.

Како Startup Macedonia се занимава во однос на подобрување на стартап климата во Р.Северна Македонија? Освен дигитализацијата и платформата којашто ќе влијае на целокупниот екосистем, „Стартап Македонија” започнува со иницирање и лобирање во делот на промени во определени законски решенија. Промените треба да донесат полесна законска регулатива во делот на инвестициите од страна на бизнис ангелите како и преносот на уделот при излез на основач или продажба на целата компанија.

Препораки за подобрување на стартап климата во Р.Северна Македонија извлечени од праксата? Постојат многу аспекти и треба симултано да се дејствува во повеќе области од страна на сите “актери” со цел да се промени целиот mindset. Би набројал мал дел од нив: Универзитетите треба да создадат атмосфера која креира самоиницијативност. Да остваруваат поголема соработка со постоечките стартапи и бизнис секторот. Властите треба да интервенираат во делот на законските решенија со цел олеснување на определени постапки. Големите компании треба да соработуваат со малите иновативни стартапи. Подобрен пристап и повеќе финансии за стартап компаниите за развој на нивните идеи. Дијаспората може многу да помогне во делот со излез на нашите компании на странски пазари итн...

10


Кои се најважните предиспозиции за развој на стартапи во една економија и кои од тие ги исполнува Р.Северна Македонија како земја?

Нина Николиќ

Startup & innovation ecosystem leader

Започнување бизнис кај нас, од правен аспект е многу едноставно, потребни се само неколку часа за регистрирање на компанија. Меѓутоа, да се изгради стабилен бизнис, потребна е огромна поддршка. Најпотребни се токму тие практични техники при работењето, потребни се кадри со искуство во продажни вештини, дигитален маркетинг, пласирање на производ/услуга на странски пазар.

Можам да направам разлика од пред 5 години до сега, овој еко-систем е поразвиен и многу повеќе луѓе се одлучуваат да започнат свој бизнис за разлика од порано. Голема улога тука игра и промената на начинот на размислување, неколкуте организации кои што спроведуваат програми за стартапи и ги водат тимовите од момент на идеја, до први продажби, што е одлично. Многу од предусловите се веќе поставени: лесно да се регистрира компанија, да има достапност на информации, поддршка, програми, соработка и финансии.

Краток опис на проектот за дигитализација на еко-системот и кои се вашите очекувања во однос на тоа на каков начин ќе придонесе за зајакнување на старап заедницата? Стартап Македонија и УСАИД работат на дигитализација на еко-системот, нешто што ќе е од корист за сите кои се дел или сакаат да бидат дел од стартап екосистемот. Се ќе биде достапно на една платформа, и со таа дигитална платформа ќе бидеме и пионери во регионот. Со ова ќе добиеме пореална слика и се надевам поструктуирана поддршка за сите претприемачи. Посакуван резултат за мене е барем една супер успешна стартап приказна, која ќе е креирана тука, а ќе го освои светот, нешто на што цела нација ќе се радува и гордее. Нешто по што македонскиот стартап еко-систем ќе биде препознатлив во светски рамки.

11


Kако иницијатива започнавме со Womenpreneurs Stories во 2017-та година, со цел да ги прикажеме успешните приказни на жените претприемачи и на лидерски позиции од Р.Северна Македонија и од странство. Започнавме со споделување на инспиративни приказни на жени на лидерски позиции и се уште тоа е дел од концептот, меѓутоа со многу од гостинките од странство работиме и на теми како дигитален маркетинг, бизнис модел канвас, иновации на работно место, crowdfunding... Најголема придобивка за нас е тоа што креиравме платформа за многу жени да имаат можност да зборуваат во јавност на англиски јазик, нешто што ќе им отвори врати за регионални/интернационални настани и конференции, од друга страна за учесниците најголема придобивка е тоа што многу од нив на овие настани си имаат пронајдено ко-основач, нова работа, нови контакти, познанства и голема доза на инспирација и мотивација. Како следен чекор е да се креира програма за потенцијалните иновативни жени претприемачи, на којашто работиме.

Краток опис на Womenpreneurs Stories и колку жените се охрабруваат да започнат свој стартап?

Препораки за подобрување на стартап климата во Р.Северна Македонија извлечени од праксата? Што побрзо се дигитализираат сите процеси и се инвестира во дигитални вештини, толку побрзо ќе напредуваме како заедница, како екосистем, како држава. Доколку се воведе стартап виза каде основачи на стартапи ќе можат да престојуваат тука барем 12 месеци, ќе видиме многу голем прогрес бидејќи само со диверзификација и размена на искуства и знаења и соработка ќе може да одиме напред, да сме конкурентни и да си направиме супер услови за живот. Стартап виза по примерот на многу земји, ќе е нешто од огромно значење за целокупната економска состојба во државата како и за поголема иновативност и конкурентност. Олеснување на регулативата во делот на влез на нов паричен инвестициски капитал во стартап компаниите, моменталното законодавство е круто во постапките за влез и излез на инвеститори како бизнис ангели. Да ја поддржиме секоја иницијатива, секоја покана за состанок и совет, поврзување и повеќе соработка. Малку е потребно за да се почне со голема промена.

12 3


Краток опис на Вашaтa организацијата која работи во делот на развој на стартап екосистемот.

Лидија Ангелкова Проектен коорднитар (Employouth акцелраторска програма, поддржана од Interreg програмата за прекугранична соработка со Грција на ЕУ)

Фондација за одржлив економски развој - ПРЕДА плус е правен субјект регистриран според македонскиот закон за фондации и здруженија на граѓани. Како правен субјект регистриран во 2010 година, но тимот има големо искуство во повеќе од 18 години заедничка работа на проекти поврзани со поддршка на МСП, локален економски развој и регионален развој, во Р.Северна Македонија и на Западен Балкан.

Од 2010 година ПРЕДА Плус обезбедува услуги за приватниот и јавниот сектор во Пелагонискиот, Вардарскиот, Полошкиот, Југозападниот и Североисточниот плански регион, во Република Северна Македонија, Косово, Јужна Србија и Албанија.

Со какви предизвици се соочивте при креирањето и во текот на работењето со вашиот организацијата која работи во делот на развој на стартап екосистемот? Постои голема летаргичност, демотивираност, недоверба кај луѓето за реализација на бизнис идеи и креирање и водење на сопствен бизнис. Потребно е да се креира поддржувачка атмосфера за потикнивање и развој на претприемничко размислување. Да се помогне во креирањето на подинамичен и претприемачки начин на размислување кај луѓето, со што би се охрабриле да се впуштаат во предизвици и поуспешно да го реализираат својот потенцијал. Потребно е да се развива самоиницијативноста.

13


Клучни елементи и вештини потребни за да еден стартап е успешен во Република Северна Македонија? Прoмoвирaње и грaдење нa стaртaп духoт. Недостига агресивноист и храброаст да се грабнат можностите ; Поконкуретна претприемачка култура; Созадавање на култура на соработка (спoделувaње знaење, искуства, кoнтaкти) Изолираноста е клучен проблем за недостаток на развој; Информации и достапност до локални ментори/ експерти кои ќе помогната во градење на компаниите во сите сегменти од маркетинг до продажба и инвестиции; Место каде стартапите ќе можат да разговараат за equity и други клучни работи што му се потребни на еден претприемач да се развива стартап.

Препораки за промени кои на национално ниво би помогнале за развој на еден стартап во Р.Северна Македонија? Дигитализација. Многу од процедурите, особено оние што се за регистрација на бизнис можат да се дигитализираат, но и услугите за понатамошното водење на бизнис како и на ликвидација на истиот.

Дали сметате дека има потреба за промена на дел од правната легислатива за да се подобри функционирањето на македонските стартапи? Кои би биле ваши препораки за тоа? Олеснување на регулативата во делот на влез на нов паричен инвестициски капитал во стартап компаниите, моменталното законодавство е круто во постапките за влез и излез на инвеститори како бизнис ангели.

14


Краток опис на Вашата организацијата која работи во делот на развој на стартап екосистемот? Фондација Сизигија – невладина организација за развој и поддршка на мали фирми, развивање на вештини за вработување и личен развој. Сузана Трајковска Кочанковска Извршен директор Фондација Сизигија

Со какви предизвици се соочивте при креирањето и во текот на работењето со Вашата организација ? Квалитетна услуга, адаптибилна сервилност на клиентот

цена,

Клучни елементи и вештини потребни за еден стартап е успешен во Р.Северна Македонија? Креирање на соодветно портфолио за аплицирање на проекти, соработка како контрактори на други организации, партнерства со други организации, неможност за аплицирање во првите 2 години и јакнење на финансискиот потенцијал на фондацијата.

Препораки за промени кои на национално ниво би помогнале за развој на еден стартап во Република Северна Македонија? Критериуми за повеќе нивоа за стартапи и сегментирање на грантовите на повеќе нивоа, фокус на иновативни и одржливи идеи .

Дали сметате дека има потреба за промена на дел од правната легислатива за да се подобри функционирањето на македонските стартапи? Кои би биле Ваши препораки за тоа? Да, флексибилност во администрацијата, правна регулатива за фирми кои не ги плакаат своите обврски кон другите фирми, отвореност на институциите кон малите фирми, фондови за истражување

15


Клучни елементи и вештини потребни за еден стартап да е успешен во Македонија? За успешност на еден стартап пред се’ е важно да се има оригинална и иновативна идеја, да се нуди производ/услуга различна од конкурентите, или, во најдобар случај, да се понуди производ/услуга којшто ќе нема конкуренти, барем на извесно време. Стручноста и креативноста на основачите на стартап –от е исто така многу важна, зашто на почетокот овие фирми се мали, и менаџерските и сопственичките улоги се сконцентрирани во мал број на луѓе, ако не и во една личност. извршување секоја од нив.

Д-р Снежана Мојсовска Саламовска Универзитетски професор Универзитет “Св.Климент Охридски“ Битола, Економски факултет

Затоа, освен што е потребна креативност, потребни се и менаџерски способности за рационално донесување одлуки, а овие улоги никако не може да ги реализира една личност, пред се’ заради нивната природа, а и заради различниот ментален сет којшто е потребен за извршување секоја од нив. Значи, добриот тим е исто така многу важен, и тоа не само моментално, туку и перспективно, затоа клучните луѓе во стартапот треба да се силно и постојано мотивирани за да останат заедно на подолг рок, а не само во моментите на почетен ентузијазам.

Препораки за промени кои на национално ниво би помогнале за развој на еден стартап во Македонија? Поголема поддршка на институциите во поглед на олеснување на процедурите за основање, финансиската поддршка при основањето, и, многу важно, обезбедување на постојана советодавна поддршка од експерти во почетните години од основањето. Во овој контекст и инспекциските служби во првите години од основањето на фирмите би требало да имаат нагласено советодавна улога, наместо доминантно контролна и

16


казнена улога, со цел да се охрабрат младите претприемачи и да се фокусираат на унапредувањето на работењето и креативноста, наместо да ги ограничува постојаниот страв да не згрешат во пополнувањето и доставувањето на некој формулар.

Дали сметате дека има потреба за промена на дел од правната легислатива за да се подобри функционирањето на македонските стартапи? Кои би биле ваши препораки за тоа? Во секој случај е потребно постојано прилагодување на релевантната легислатива во однос на основањето и функционирањето на стартап – ите, во насока на доближување на функционирањето на институциите кон развиените економии со поволен бизнис амбиент за основање стартапи. Измените кои би биле потребни се однесуваат пред се’ на одговорите од претходното прашање. Легислативата треба да го следи и потикнува развојот на фирмите и да се прилагодува за да има развојна улога, а не да биде ограничувачка рамка.

17


Заклучок од праксата на “Тех-стартап училиште” Чекањето “сигурна работа”, како што би рекла Нина Николиќ од Womenpreneurs Stories, е една од одликите на овој регион која значитело започнува да се променува во минатите неколку години. Во Пелагонискиот регион, како и на подрачјето на Република Македонија охрабрувањето на младите да започнат свој бизнис и да веруваат во остварувањето на нивните идеи е есенцијално. Во текот на проектот “Тех-стартап училиште” откривме неколку елементи кои ги сметаме за особено значајни за развојот на стартап екосистемот во Пелагонискиот регион:

Интервенција во образовните програми во средните училишта и факултетите во поглед на развој на претприемачките способности на младите луѓе и поддршка на нивната креативност.

Обезбедување на долготрајна поддршка во развојот на стартап идеите и младите луѓе со помош на експерти. Бидејќи младите луѓе прв пат се соочуваат со старап светот, како и со основањето на сопствен бизнис, поддршката од искусни експерти во различни области е неминовна.

18


Вклучување на компаниите во развој на стартап заедницата. Во овој сегмент, особено значајно имплементирањето на програми во рамките на компаниите каде младите луѓе може да се стекнат со практично искуство во областа во која сакаат да се развиваат. Отвореноста на компаниите е од особено значење за процесот на стекнување на практични знаења од страна на младите луѓе. Тоа е еден од постулатите овие млади луѓе да се охрабрат и да развијат свои стартап идеи, затоа што преку докажувањето во праксата ќе се стекнат и со самодоверба да продолжат да иновираат. Според нас, компаниите се единствените фактори кои на младите можат да им дадат пристап до најновите технологии и најновите трендови во бизнисот. Ова особено се однесува на мултинационалните компании. Познавањето на трендовите и можноста да се увидат потребите за подобрување го даваат есенцијалниот елемент за развој на иновациите во светот.

Креирање на култура во која се охрабруваат младите да развиваат стартапи и генерално, да ги искажуваат и развиваат своите идеи. Преку проектот “Тех-стартап училиште” имавме можност да забележиме дека младите луѓе немаат поддршка во развивањето на нивните идеи. Овој предизвик прв пат го детектиравме во рамките на семејството, кога младите наоѓаат на неверување и недостаток на поддршка. Понатаму, образовниот систем и целокупната општествена структура во моментов не им обезбедуваат на младите доволно поддршка за развој на своите стартап идеи. Во овој дел, како проблем го детектираме процесот каде младите луѓе немаат можност да добијат советување за сите прашања поврзани со развој на нивниот бизнис, но тоа советување да биде бесплатно. Во 2019-та година во Пелагонискиот регион се направи значајно унапредување на стартап екосистемот преку спроведувањето на неколку проекти поврзани со стартапи, и креирање на едукативни центри кои обезбедувааат поддршка на младите во развој на нивните бизнис идеи. Сепак, оваа поддршка, според нашите видувања, е потребно да се воспостави на долг рок, затоа што во овој момент истата се обезбедува преку краткотрајни проекти.

19


Според тековните согледување, развојот на стартап екосистемот во Пелагонискиот регион е процес во кој истрајно треба да придонесуваат три клучни фактори: формалното образование, неформалниот сектор и компаниите, сите во насока на обезбедување на поголеми практични знаења и вештини на младите луѓе, нивна поддршка во процесот на развој на стартап. Како особено значаен елемент го наоѓаме влијанието на културата и традицијата врз создавањето на здрава стартап клима. Искоренувањето на одредени стереотипни сфаќања во поглед на работата и професиноналниот развој го гледаме како една особено значајна алка во целокупниот процес на развој на Пелагонискиот стартап екосистем.

20


Публикацијата "Стартап информатор” е креирана во рамките на проектот "Тех- стартап училиште". Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата, и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.