Slovo2013

Page 2

Секоја година на 3 мај СОУ „Таки Даскало“ – Битола го слави својот патрон Димитар Николовски - Таки Даскало. Оваа година, како дел на отворените денови на образование во училиштето, во рамките на проектот ,,Едукација, креативност, перспективност...“ се реализираа низа активности со што беше обележан патрониот празник. Свечeната манифестација се одржа на 30 април 2013 год. во просториите на училиштето и беше посетена од страна на родители, претставници од локална заедница, ученици и наставници. На манифестацијата со свои перформанси настапија 80 ученици кои манифестираа висок степен на креативност, односно ги покажаа своите вештини и способности од областа на литературното творештво, ликовната уметност, драмската иновативност, музичката уметност, модата и дизајнот и спортот. Во рамките на манифестацијата беше реализирана и видео презентација за промовирање на училиштето како ефективно и ефикасно училиште, со јасна мисија и визија, со добри образовни резултати, здрава клима за работа и воспоставена современа култура во општествената средина. Манифестацијата имаше за цел да ги промовира когнитивно- креативните продукти, уметнички, естетски, спортски, како одраз на интересите, потребите, креативноста, талентираноста, очекувањата на партиципиентите на училиштето-учениците, поддржани од наставниците со активна соработка. Приредбата е уште еден показател за постоењето на когнитивно - креативнот потенцијал што го поседуваат партиципиентите на училиштето, мотивирани за понатамошни интелектуални, креативни, уметнички, естетски и спортски предизвици во локалната заедница и пошироката општествена средина.

координатор на проектот Славица Наумовска, психолог

ПРОСЛАВА НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.