Slovo2013

Page 1

СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО“ БИТОЛА

СЛОВО

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

ОБУКИ - СЕМИНАРИ - РАБОТИЛНИЦИ

ДЕБАТЕН КЛУБ СТРУЧНИ АКТИВИ

2013


Секоја година на 3 мај СОУ „Таки Даскало“ – Битола го слави својот патрон Димитар Николовски - Таки Даскало. Оваа година, како дел на отворените денови на образование во училиштето, во рамките на проектот ,,Едукација, креативност, перспективност...“ се реализираа низа активности со што беше обележан патрониот празник. Свечeната манифестација се одржа на 30 април 2013 год. во просториите на училиштето и беше посетена од страна на родители, претставници од локална заедница, ученици и наставници. На манифестацијата со свои перформанси настапија 80 ученици кои манифестираа висок степен на креативност, односно ги покажаа своите вештини и способности од областа на литературното творештво, ликовната уметност, драмската иновативност, музичката уметност, модата и дизајнот и спортот. Во рамките на манифестацијата беше реализирана и видео презентација за промовирање на училиштето како ефективно и ефикасно училиште, со јасна мисија и визија, со добри образовни резултати, здрава клима за работа и воспоставена современа култура во општествената средина. Манифестацијата имаше за цел да ги промовира когнитивно- креативните продукти, уметнички, естетски, спортски, како одраз на интересите, потребите, креативноста, талентираноста, очекувањата на партиципиентите на училиштето-учениците, поддржани од наставниците со активна соработка. Приредбата е уште еден показател за постоењето на когнитивно - креативнот потенцијал што го поседуваат партиципиентите на училиштето, мотивирани за понатамошни интелектуални, креативни, уметнички, естетски и спортски предизвици во локалната заедница и пошироката општествена средина.

координатор на проектот Славица Наумовска, психолог

ПРОСЛАВА НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО


СЛОВО Издавач: СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО“ БИТОЛА

Главен и одговорен уредник: Марија Младеновска Димитровска Редакција: Добре Босилковски Даниела Митревска Милица Радевска Весна Милевска Марија Младеновска Димитровска Драган Николовски Валентина Маневска Славица Наумовска Весна Мундишевска Велјановска Марија Гичевска Мирјана Гичевска Наташа Ралевска - Вучкова Зора Русомарова Јазична редакција: Милица Радевска Графички дизајн и компјутерска обработка: Миле Атанасоски Контакт: адреса: ул. Борис Кидрич 37 e-mail: takidaskalo@gmail.com www.takidaskalo.edu.mk Печати: „Графопром“ - Битола

Владимир Трифуновски директор

ОБРАЗОВАНИЕ СПОРЕД ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ

Да се биде во чекор со времето и со современите текови во општеството отсекогаш бил еден од приоритетите на Средното општинско училиште “Таки Даскало“ и мој личен приоритет. Образованието како еден од најкомплексните сегменти во општеството нужно мора да биде не само во тек со времето, туку и пред времето, зашто образованието е основниот генератор на креативниот потенцијал во општеството. Современиот систем на образование е комплексен и исправен пред бројни предизвици да одговори на современите барања за напредок и развој. Поаѓајќи од овие приоритети основната наша определба била и останува да креираме услови и потенцијал кој ќе овозможи стекнување знаења, поттикнување на креативноста, иновативноста, градење на хуманистички вредности и севкупен развој на личноста на нашите ученици, кои утре ќе бидат одговорни граѓани на нашата земја и ќе придонесуваат за нејзиниот просперитет и развој. Токму затоа, СОУ “Таки Даскало“ како приоритетни задачи ги има поставено: унапредување на воспитно-образовниот процес, примена на современата икт-технологија и современи наставни средства, имплементирање на современите наставни планови и програми, кои ќе им овозможат на нашите ученици стекнување компетенции кои се бараат на пазарот на трудот, отворање нови образовни профили кои се според барањата на бизнис секторот, вклученост во проекти кои придонесуваат за осовременување на системот на образование, континуирана стручна едукација на наставниот кадар, подобрување на условите за работа како на учениците, така и на наставниците. Остануваме доследни на заложбата СОУ “Таки Даскало“ да биде регионален образовен центар кој им нуди на учениците модерно образование според европските стандарди, современи услови за учење и личен развој, перспективни занимања и стручни компетенции според барањата на пазарот на трудот.

3


Меѓународна соработка

ПОСЕТА НА УЧИЛИШТЕТО “РАДКО СТОКЛ ШУЛЕ“ ВО МЕЛЗУНГЕН, ГЕРМАНИЈА

Во периодот од 8. до 12. септември претставници од нашето училиште СОУ„Таки Даскало“- Битола, во состав: професорката по германски јазик Македонка Атанасоска, професорката по англиски јазик м-р Весна Милевска и професорот по машински предмети Тони Видевски, заедно со шест ученици од нашето училиште: Андрески Милчо, Андрееска Лина, Ивановска Александра, Магеровска Христина, Темелковска Сара и Трајковска

4

Марија и претставници од Економското училиште од Прилеп, со еден професор и шест нивни ученици, го реализираше проектот насловен како „Уметнички импресии“, заедно со учениците од училиштето „Радко Стокл Шуле“ во Мелзунген, Р. Германија. Групата пристигна во Германија на 8-ми септември и учениците и професорите беа сместени во фамилиите на нивните домаќини. Наредниот ден групата беше во разглед на градот и почетното запознавање на групите преку една социјална игра. Учениците беа оставени меѓусебно да се запознаат и требаше, заедно со нивните домаќини, да ги пронајдат одговорите на прашалниците во врска со градот. Наредниот ден групата го посети и разгледа училиштето, потоа беше поделена и сите учествувавме на различни часови по англиски, германски јазик, математика итн. Учениците се запознаа со начинот на учење на нивните врсници, а исто така го презентираа нашиот град и нашето училиште. Попладнето по состанокот за првичните импресии се подготви и презентација на типични јадења од двете земји. На 11.09. учениците учествуваа во спортскиот ден на училиштето, а веќе од 12-ти групата беше смесетна во Фокчен Хоф, хостел во Гензунген, каде имаше посета на Јунгдентверстад


Меѓународна соработка младинската работилница, а потоа групата замина за Касел да ја посети изложбата „Докумнета“. Од истата учениците по сопствениот избор направија фотографии на кои подоцна ги запишаа своите коментари и беше изработен календар на крајот на проектот. Наредиот ден на 13.09.2012 групата беше во Вилингсхаузен каде го посети Музејот за ќерамика и во работилницата секој имаше можност да си изработи и накит. На 14.09.2012 групата се врати за Македонија. Секој од учесниците доби и сертификат за своето учество. Учениците понесоа огромни искуства и импресии, беа активни и покажаа одлични јазични, комуникативни и социјални вештини. Успешно го претставија нашето училиште и нашата земја со своето културно и достоинствено однесување, споделувајќи ги со нив нашата традиција, образование и вредности. Соработката продолжува до 2014 година. Очекувани придобивки се следните: • размена на искуства на полето на образованието, културата, традицијата, храната, животните стилови • подобрување на јазичните вештини • промовирање на училиштето на меѓународен план

• • • •

учество на часови по англиски, германски јазик,математика и хемија презентации за градот Битола и СОУ „Таки Даскало“ презентација на типични јадења дискусија и споредба на образовните системи м-р Весна Милевска, професор по англиски јазик

СЕМИНАР ВО ПУЛТУСК, ПОЛСКА, ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ По добиениот грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во периодот од 9ти до 12ти октомври, учествував на контакт-семинар во Пултуск, Полска, кој беше насловен како „Европската соработка во полето на земјоделството, околината и екологијата“ . Семинарот беше и подготовка за наредниот повик во програмите на Леонардо да Винчи (кое е за стручното образование) и Комениус ( за основното и гимназиското образование) на кој Македонија може да учествува во акцијата мобилност. На семинарот го претставував нашето училиште и тоа поединечно нашите струки, проектите во кои истото веќе учествувало со посебен акцент на проектот кој се реализира како eко-училиште. Се покажа дека интересот за стручните училишта на ваквите контакт-семинари е огромен и веќе се започнаа преговори за партнерства и склучување проекти преку акцијата мобилност, на кои нашите професори и ученици ќе можат да споделат искуства, да научат нови применети техники и технологии во различните струки и да се приклучат кон европскиот процес на доживотното учење . За моето учество добив и сертификат. м-р Весна Милевска, професор по англиски јазик

5


Проекти РЕФОРМА ВО СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ – ОБРАЗОВАНИЕ ПО МЕРКА НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Современите општествени текови, брзиот техничко-технолошки развој, новите барања и предизвици кои ги поставува пазарот на трудот, неминовно ја наметнуваат потребата од реформа на системот на образование и стекнување компетенции и стручни квалификации кај работната сила која ќе биде во чекор со времето. Токму таа е целта на Твининг проектот “Поддршка за модернизацијата на системот за образование и обука“, кој е финансиски поддржан од Европската унија, а имплементиран од Центарот за стручно образование и обука (ЦСОО) и партнерот од Словенија, а во кој беше вклучено и нашето училиште “Таки Даскало“. Целта на проектот е имплементација на реформираните наставни планови и програми за двегодишно стручно оспособување и тригодишно стручно образование за графичката, рударската и текстилната струка и воведување нови образовни профили за тригодишно образование. Проектот за модернизација на системот за образование се спроведува во соработка со експерти од Словенија, а со финансиска поддршка од Европската унија.

Професори од Училиштето 14 месеци работеа заедно со експерти од Центарот за стручно образование на Словенија и експерти од Центарот за стручно образование и обука на Македонија. Целта на целиот процес е да се развива стручното образование и тоа да претставува мост на поврзување меѓу образованието и пазарот на трудот. Во рамките на проектот се одржа панел – дискусија на која пред пошироката јавност се

6

презентираа придобивките од новите наставни програми, со посебен акцент на графичката струка, на која присуствуваа градоначалникот на Општината Битола м-р Владимир Талески, директорот на СОУ “Таки Даскало“, Владимир Трифуновски, експертот од Словенија, Ема Перме, советничката од ЦССО, Ардијана Полоши, професорите од графичката струка кои ги презентираа новите наставни планови и програми, Миле Атанасоски и Катерина Маурдева, како и останатите професори кои предаваат во графичката струка, претставници на бизнис

заедницата и други гости. Реформата во стручното образование за графичката струка вклучува и отворање 2 нови профили со тригодишно образование: печатар и графосликар, преку кои учениците ќе стекнат компетенции за најсовремените техники во графичката струка. Новина е и тоа што во измените на наставните планови и програми акцентот е ставен на практичната настава, која опфаќа дури 50%. Од големо значење при воведувањето на овие измени во процесот на модернизација на стручното образование е поврзаноста на воспитно-образовниот процес со стопанството. Новите наставни планови и програми нудат повеќе практична настава, дури до 50%, што е одлична можност учениците добро да се оспособат за работа. Колку повеќе учениците се оспособени повеќе ќе бидат барани на пазарот на трудот. Оттука нашата заложба за отворање нови стручни насоки и образовни профили преку кои учениците ќе си го најдат своето место на пазарот на трудот и ќе се вработуваат. Таа е нашата цел и желба во СОУ “Таки Даскало“. Барањата на стопанствениците ние ги вметнуваме во новите наставни планови и насоки – истакна директорот на СОУ “Таки Даскало“, Владимир Трифуновски. Експертот од Центарот за стручно образование од Словенија, Ема Перме, на панелдискусијата ги сподели словенечките искуства:


Проекти Реформите во стручното образование се од голема важност. Половина година работевме со професори од СОУ “Таки Даскало“ и обработувавме две програми: печатар и графосликар. Овие две програми се флексибилни и фокусирани на компетенцијата, што е новина во Р.Македонија. Овие две нови програми ќе финишираат следната школска година кога ќе се запише и првата генерација ученици – истакна Перме. На панел-дискусијата детално беа презентирани предностите што ги овозможуваат новите наставни планови и програми од страна на професорите по графички стручни предмети во СОУ “Таки Даскало“, Миле Атанасоски и Катерина Маурдева. Марија Младеновска-Димитровска

ОБУКА НА УЧИЛИШНИОТ РАЗВОЕН ТИМ ЗА ГРАФИЧКАТА СТРУКА Во рамките на Твининг проектот за модернизација на системот на образование, беа одржани пет обуки на Училишниот развоен тим за графичката струка, во кои беа вклучени директорот Владимир Трифуновски, пом.-директорот Даниела Митревска, професорите по графички стручни предмети Миле Атанасоски и Катерина Маурдева и стручниот соработникпсихолог Марија Младеновска–Димитровска. Обуките се одржуваа наизменично во СОУ “Таки Даскало“ и во СУГС “Димитар Влахов“ во Скопје. Целта на обуките, кои ги водеа експертот од Словенија, Ема Перме и советничката во ЦССО, Ардијана Полоши, беше членовите на Училишниот развоен тим детално да се запознаат со новите наставни планови и програми, чекорите за планирање и имплементација на новите наставни содржини, стекнување компетенции за креирање и дизајнирање на ситуации на учење и предностите што ги нуди таквиот начин на учење со посебен акцент на практичната настава, преструктуирање на наставата, корелација со другите наставни предмети кои се предаваат во графичката струка, како и со важноста на улогата на наставникот како носител на наставниот процес. За своето учество во обуките, членовите на тимот добија и сертификати. Марија Младеновска-Димитровска

7


Проекти Реформи во образовниот систем – квалитетна работна сила Динамичните промени во општеството и сложеТвининг проект: Реформи во образовниот систем – квалитетна работна сила Динамичните промени во општеството и сложеноста на проблемите со кои се соочуваат вработените предизвикуваат промени во знаењата, вештините и способностите на вработените и професионалците, кои неопходно се рефлектираат и во стручното образование и обука. Развојот на општеството и економијата налагаат систем на

образование и обука што ќе им овозможи на луѓето знаења, вештини и компетенции кои се бараат на пазарот на трудот. Со овие реформи се посветува посебно внимание врз конкретните знаења и вештини со кои се стекнуваат учениците во стручното образование, конкретно учениците во рударско- геолошката и металуршката струка. До сега во стручното образование се работеше по наставни програми стари 20 години кои главно се концентрираа на обучување на наставниците и најголем акцент се ставаше врз начинот како да го пренесат наставниот материјал за учениците да можат да се стекнат со неопходното образование. Во надополнување на тие наставни програми со новите предвидени реформи главен акцент се става на учениците и што тие треба да научат после секој час. Се дефинираат резултатите од учењето кои претставуваат јасен запис на знаењата, вештините и вредностите кои ученикот треба да ги поседува и совлада за успешно завршување на наставната програма за предметот.Ваквите реформи претставуваат трансформација кон посовремен образовен систем и истите се претставени низ неколку главни концепти опфатени во трудот:  се менува концептот на знаење кој се дефинира како сложена структура од теоретски знаења (декларативни и метакогнитивни), вештини, процедурални знаење и човечки ставови;  се менува концептот на учење, каде што се обработува градењето на знаењето кај ученикот, а не преносот на знаењата од наставникот кон ученикот;  се нагласува активната улога на ученикот;

8

 се воведува менторската улога на наставникот;  се вметнуваат задачи со решавање на проблеми, проектна работа итн. Преку користење на фондови од твининг проектот „Поддршка за модернизација на системот за образование и обука“ во соработка со словенечкиот партнер започнати се реформи во средното стручно образование. Опфатени се вкупно 13 струки за втор и трет степен на образование со вкупно 47 профили. Преку реформите се обработени нови наставни планови за профилот ракувач со рударски машини. Од септември 2013 година започнува овој профил по новите наставни планови и програми. Што е ново? Најважно од сè е тоа што учениците имаат 50 % практична настава. Тоа значи дека имаат мал број на теоретски предмети и тоа само оние кои им се потребни за да ги стекнат вештините и знаењата. По завршување со образованието учениците треба да бидат оспособени за работа. Досегашните согледувања се дека во нашето образование излегуваа кадри кои се теоретски подготвени, но немаат никаква практична обука, односно не се спремни за директно вклучување во работниот процес. Работодавачите реагираа дека треба дополнителни обуки за да се прилагодат учениците на работните задачи. Со овие програми треба да се подобри образованието во таа насока.

Друга новина е што плановите и програмите се изработени по европски стандарди и признати дипломи, во кои не стои само профилот на занимање туку и компетенциите кои ги имаат завршените ученици. И како за крај, доколку учениците во текот на школувањето сфатиле дека сакаат да го продолжат образованието во четврт степен и повисоко тоа е овозможено со вертикална проодност. Валентина Маневска, претседател на активот по рударство


Проекти Проект – Меѓуетничка интеграција во образованието

Обука за „Воведување активности за меѓуетничка интеграција во образованието“

На 20.12.2012 и на 21.12.2012 година во просториите на училиштето СОУ„Таки Даскало“Битола, се одржа дисеминација на наставниците и стручните соработници за „Воведување активности за меѓуетничка интеграција во образованието“. Дисеминацијата ја реализираа три тима обучувачи од самото училиште- Даница Поповска и Роберт Трајковски, Марија Гичевска и Рамо Кораќ, и Анита Стефановска и Весна Јовановска. Основна цел на обуката беше наставниците да се запознаат со целите на меѓуетнички интегрираното образование, односно да се прави разлика меѓу активностите од доменот на меѓуетничкото интегрирано образование и оние од доменот на мултикултурното образование, да се стекне увид во понудената стратегија за воведување на активностите за меѓуетничка интеграција во училиштата, особено во еднојазичните, да се стекне увид во активностите на тимовите за училишна интеграција поврзани со планирање, координација и самоевалуација и учеството на другите наставници во реализацијата на активностите за меѓуетничка интеграција во училиштето. Марија Гичевска, координатор на СИТ

Oбука за меѓуетничка интеграција во образованието На ден 09 и 10 ноември 2012 год., во хотелот „Тасино чешмиче“ во Скопје, беше организирана дводневна обука за меѓуетничка интеграција во образованието на тимовите за училишна интеграција, во соработка со Центарот за човекови права и разрешување на конфликти. Главна цел на спроведената обука е запознавање на тимовите за училишна интеграција со концептот на меѓуетничката интеграција во образованието и улогата на училишните тимови во спроведувањето на проектните активности во училиштата. Имено, улогата на тимот е да раководи со активностите на меѓуетничката интеграција во образованието што треба да биде дел од Годишната програма на училиштето. Претставници од СОУ ”Таки Даскало” беа: Марија Гичевска, Рамо Кораќ, Роберт Трајковски, Весна Јовановска, Анита Стефановска и Даница Поповска . Марија Гичевска, координатор на СИТ

9


Проекти Проект – Меѓуетничка интеграција во образованието Работилница: „Планирање на ефикасни интерактивни презентации во контексТ на меѓуетничката интеграција во образованието“ На ден 01.11.2012 год., во просториите на Oпштината Битола, беше организирана еднодневна работилница на тема: „Планирање на ефикасни интерактивни презентации во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието“, во рамките на проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“, во соработка со УСАИД и Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Програмата за меѓуетничка интеграција во образованието има за цел да се постигнат позитивни ефекти кај учениците во насока на нивно оспособување за комуникација, интеракција и соработка со ученици од другите етнички групи. Основна цел на реализираната работилница беше надградба на вештините на презентирање во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието, и начините како најдобро и најразбирливо да ги презентираме нашите знаења пред различните целни групи вклучени во образовниот процес. Претставници од СОУ ”Таки Даскало” беа членовите на училишниот тим за меѓуетничка интеграција во образованието: Славица Трајковска, Марија Гичевска, Роберт Трајковски, Рамо Кораќ и Ристо Грујовски. Марија Гичевска, координатор на СИТ

Студија на случај и видео приказна за ФОД Група ученици од Средното општинско училиште ,„Таки Даскало“ Битола, успешно реализираа активност во рамките на проектот на „УСАИД“ за меѓуетничка интеграција во образованието. Со помош на нивните професори-ментори, Богослав Новески и Марина Стефановска-Јовчева, во изминатите неколку месеци, учениците работеа на изработка на студија на случај и видео приказна за компанијата Фабрика за опрема и делови - ФОД. Студијата на случај има за цел да ја истражи мултиетничката средина во компанијата и влијанието на истата врз продуктивноста на компанијата. Како финализација на оваа активност, училиштето во соработка со проектот на УСАИД организира презентација на ден 07.06.2013 год. во СОУ ,„Таки Даскало“ , каде се презентираа резултатите од студијата на случај и беше прикажано видеото. Од страна на УСАИД на сите учесници во проектот им беа доделени сертификати. Ментори: Богослав Новески Марина С. Јовчева

10


Проекти ПРОЕКТ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА Во текот на 2012 и 2013 година СОУ „Таки Даскало“ беше вклучено во проектот CBCiVET – Подобрување на средното образование и обука преку меѓугранична соработка меѓу соседните области на Р.Албанија и Р. Македонија. Носители на проектот беа невладината организација ЦОНЕ (Центар за одржливост и напредна едукација од Битола) и ЕЦЕ фондацијата од Елбасан (Центар за едукација на Елбасан). Во проектот беа вклучени средни училишта од Битола, Охрид и Струга, од македонска страна, и средни училишта од Елбасан, Корча и Поградец, од албанска страна. ЦОНЕ и ЕЦЕ фондацијата работат на постигнување на овие цели за да се постигне општата цел на подобрување на стручното образование и обука во регионите Елбасан, Корча, Пелагонија и југозападниот регион: 1 – Креирање на активности кои ќе ја стимулираат врските меѓу училиштата и деловните субјекти и договорот меѓу нив; 2 – Спроведување на студии за да се анализира ситуацијата и новите случувања во стручното образование и анализа на потребата на пазарот на трудот; 3 – Реализација на твининг помеѓу училиштата за размена на информации и практиката на добри примери; 4 – Развој на соодветни вештини на целни групи преку стручна обука и курсеви; 5 -. Објавување на нови учебници според потребата на наставната програма. (Албанија) Од ноември 2012 год. до април 2013 год. беа реализирани студиски посети во Елбасан, Корча и Поградец, како и студиски посети на албанските претставници во Битола, Охрид и Струга. На посетите се реализираа обуки и тркалезни маси за директори и наставници на следните теми: • Образовните системи во регионот, размена на искуства, • ­Овластувањата и компетенциите на насоченото образование, • ­Решавање на практични проблеми во училница, • ­Организација на работата во работилница за стручно оспособување, • ­Презентација на учебник за потребите на стручното образование. • Латерални техники – техники за поттикнување и развивање на претприемчивоста кај учениците • Доживотно учење на Европската комисија • Управување со проектен циклус • Управување со училиштата • Училиштето како организација на стручни лица Од нашето училиште на студиските посети учествуваа: директорот Владимир Трифуновски, Мирјана Гичевска - психолог и Миле Атанасоски, наставник по графички стручни предмети.

11


Проекти - ОБУКИ - СЕМИНАРИ

ПРОЕКТ “БЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА“ Проектот „Безбедни училишта“ започна да се реализира од јули 2012 год. во соработка со Советот на Општина Битола, Секторот за образование на Општина Битола, СВР- Битола, ОБСЕ и сите субјекти вклучени во реализацијата на образовниот процес при СОУ „Таки Даскало“ - Битола. Главната цел на проектот е да се подобри безбедноста на учениците во училиштето, да се намали степенот на насилничко и асоцијално однесување на младите, преку подигање на свеста за безбедноста, превенирање и намалување на насилството и вклучување во градење на безбедноста на сите ученици, нивните родители и вработените во училиштата. Реализацијата на проектот започна во јули 2012 год . со учество на училишниот психолог Мирјана Гичевска на состаноци на работната група при Општина Битола, за изработка на стратешки насоки за безбедност во училиштата и во септември 2012 истите се усвоени од Советот на Општина Битола. Во текот на октомври 2012 год. формирани се два училишни тима за безбедност (гимназиско и стручно образование). Тимот го сочинуваат претставници од наставници, ученици, родители, претставник од стручната служба, пом. директор и полициски службеник. Училишниот психолог во соработка со тимот за безбедност спроведе истражување со цел да се испита мислењето на учениците, родителите, граѓаните и вработените за безбедноста на учениците во СОУ „Таки Даскало“ - Битола. Добиените резултати се презентирани пред тимот за безбедност и врз основа на добиените заклучоци тимот изработи Годишна програма за реализација на проектот „Безбедни училишта“ и истата е додадена како анекс кон Годишната програма на Училиштето. Тимот за безбедност изработи Кодекс за безбедно училиште и врз основа на предлозите на тимовите за безбедност од сите средни училишта, а со поддршка на ОБСЕ, изработен е Водич за безбедни училишта и истиот е достапен за учениците, наставниците и родителите. Тимот за безбедност со учениците од прва до четврта година изврши посета на МВР- Битола - за одбележување на Денот на полицијата и запознати се со работата, посебно со Одделот за криминологија. Oрганизирани се работилници:. Насилство и превенција - IV-6, Конфликти и комуникација I-3, (стручна служба), дискусија на тема: Медиумите ја поттикнуваат агресивноста - април 2013 ученици од IV-8, одржани се предавања на тема: Безбеден сообраќај- декември 2012, Безбедна матурска вечер- предавач инспектор Роберт Трајковски-мај 2013. Од реализираните активности на тимот за безбедност можеме да заклучиме дека училиштето води грижа за безбедноста на учениците и успешно се справува во решавањето на проблемите и постои добра соработка помеѓу родителите, учениците, вработените и локалната заедница со раководството околу безбедноста во училиштето. Одговорен наставник Мирјана Гичевска

ПРОЕКТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА НАСИЛСТВОТО ВО УЧИЛИШТАТА На 30 и 31 август 2012 год. во СОУ “Мирче Ацев” - Прилеп беше организиран дводневен семинар на тема: ”Превенција на насилното однесување во средните училишта во Република Македонија”, во соработка со УНИЦЕФ и организацијата Алгоритам центар, на која учествуваа стручните соработници- психолози, Марија МладеновскаДимитровска и Наташа Ралевска-Вучкова. Основната цел на оваа програма е воспоставување на национална политика за превенција и справување со насилството и училиштата, како и реализирање на обука и поддршка во спроведувањето на сеопфатна програма за превенција и спречување на насилството во средните училишта во Република Македонија. Програмата подразбира вклучување на целата училишна заедница во развивање, креирање и спроведување на училишна политика за намалување на насилството, како и реализирање на активности кои ги вклучуваат учениците, родителите и локалната заедница во создавање услови за учење и развој, преку создавање атмосфера на соживот во училиштата, потоа преку ненасилно разрешување на конфликти и преземање соодветни мерки за справување со појавите на насилно однесување. Марија Младеновска – Димитровска Наташа Ралевска – Вучкова психолози

12


Проекти - ОБУКИ - СЕМИНАРИ ПОГОЛЕМО УЧЕСТВО НА МЛАДИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА СОУ “Таки Даскало“ зеде учество во проектот “Сеопфатна проценка на процесите на добро управување со фокус на зајакнување на младите во шест општини“, којшто се реализира од страна на Општината Битола, УНДП и консултантската куќа Идеја ОК. Во рамките на активностите на овој проект, беа одржани повеќе работилници и работни состаноци, на кои претставници од нашето училиште беа стручните соработници Марија Младеновска-Димитровска и Наташа Ралевска-Вучкова. Целта на проектот е подобрување на учеството на младите во локалното управување, подобрување на социјалната инклузија на младите и изработка на стратегија за младите во Битола. Марија Младеновска – Димитровска Наташа Ралевска – Вучкова СЕМИНАР ПОТТИКНУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНАТА ИНКЛУЗИЈА И ИНКЛУЗИВЕН ПАЗАР НА ТРУД - МОДУЛ 2 СО ОБУКА ЗА РАНЛИВИ ГРУПИ- КАРАКТЕРИСТИКИ, ПРИСТАПИ И ПРАВНА РАМКА Семинарот е дел од меѓународниот проект на меѓународната организација за труд, финансиран од Европската Унија, PAPILOT Р.Словенија, BIT Р.Австрија и Р. Грција и Министерството за труд и социјална политика на Р.Македонија. Главната цел на проектот е да се подобри ефикасноста, квалитетот и поддршката во интеграцијата на ранливите групи, особено на лицата со посебни потреби на пазарот на трудот, со зголемување на нивната вработливост и нивното задржување на пазарот на трудот, преку задоволување на посебните потреби и потенцијали, примена на добри практики во разбирањето на карактеристиките и спецификите на ранливите групи преку делотворно управување со чувствителни и конфликтни ситуации, управување со стрес и подобрување на комуникациските вештини. Училиштето овозможува континуитет во грижата за учениците со посебни потреби, како ранливи групи и преку инклузијата се развива чувство на прифаќање како рамноправни и еднакви да се развиваат во рамките на нивните потенцијали, без оглед на родовата, социјалната природа, способностите и здравствената состојба. Со примена на добрите практики и пристапи да им се овозможи олеснување во интеграцијата на ранливите групи на пазарот по завршувањето на редовното образование. Славица Наумовска, стручен соработник-психолог

13


ПРИЗНАНИЈА ПРИЗНАНИЕ НАЈУСПЕШЕН ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК ЗА МИРЈАНА ГИЧЕВСКА Здружението на просветни работници на основното и средното образование Битола по повод 24 Мај, Денот на сесловенската писменост и Денот на просветните работници, на свечена академија, што се одржа во Центарот за култура, во присуство на раководителката на Секторот за образование во Општината Битола, Снежана Петровска, д-р Лили Бошевска, претседателка на Здружението и директорка на ОУ “Св. Кирил и Методиј“, директорите на основните и средните училишта од градот, голем број просветни работници и гости, го додели највисокото признание за просветните работници НАЈУСПЕШЕН ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК во 3 категории: во категоријата одделенска настава, предметна настава и најуспешен просветен работник во средното образование. За најуспешен просветен работник во средното образование е прогласена Мирјана Гичевска вработена во СОУ „Таки Даскало“ како наставник по психологија и училишен психолог. Признанието го доби заради нејзиниот вложен труд во изминатите 20 години работно искуство, за нејзиниот ангажман на полето на наставата по психологија, каде несебично се труди да им го пренесе своето знаење на учениците и за нејзините ангажмани како стручен соработникпсихолог. Учествува во планирањето и реализирањето на работата на стручната служба и на Училиштето, континуирано стручно се усовршува преку учество во голем број обуки, семинари,

14

конференции, од областа на образованието, за што говорат и бројните сертификати, наставникментор, наставник-обучувач за интерактивна наставна методологија, обуки за фацилитаторски вештини, обуки за разрешување конфликти, за кариерен развој на учениците и бројни други обуки. Одговорна е за работата на Волонтерскиот клуб „Тереза Фердинанди Литовска“, активностите за Црвениот крст - Битола, учествува во реализација на бројни проекти: Еко-проектот, проектот „Наставниците творат“, проектот за условен паричен надоместок, проектот за интеграција на меѓуетничко образование, проектот за безбедни училишта. Во својата работа несебично го потпомага развојот на учениците кои имаа потешкотии во учењето, адаптацијата во училишната средина, учениците со емоционални потешкотии, како и надарените и талентирани ученици, низ постојана соработка со учениците, родителите и наставниците. Во рамките на манифестацијата, која ја водеше Марија Младеновска-Димитровска, стручен соработник-психолог, се одржа и поетскомултимедијален перформанс по сценарио на професорката по македонски јазик во СОУ “Таки Даскало“, Николина Поповска, во кој учествуваа ученици од нашето училиште, а сценографијата и техничката поддршка беше на професорката по ликовна уметност Љубица Мешкова-Солак. Марија М.Димитровска


ДЕБАТЕН КЛУБ Јавна дебата „Средношколците имаат доволно услови да се вклучат во волонтерскиот процес“ На 23 мај 2013 година, во 12 часот, во библиотеката на СОУ „Таки Даскало“- Битола се одржа јавна дебата, на која дебатираа членовите на Дебатниот клуб на СОУ „Таки Даскало“. Дебатата беше поддржана од Младинскиот образовен форум, и е дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Тезата на која дебатираа учениците беше: „Средношколците имаат доволно услови да се вклучат во волонтерскиот процес“. Модератор на дебатата беше ученичката Светлана Јовановска од III – 14 клас, додека претставници на афирмативниот тим беа учениците: Аријета Саљиу II – 4, Цветанка Смилевска II – 4 и Антонио Абдиев III – 5, а претставници на негативниот тим беа: Николче Ристевски II – 4, Џулиета Ибишоска II – 4 и Јулија Петревска II – 4. Членовите на Дебатниот клуб, веќе неколку месеци имаат редовни неделни предавања за дебата каде што стекнуваат ораторски вештини, ги зголемуваат своите аналитички способности и се дружат со своите врсници, припадници на различни етнички заедници и култури. На дебатата беа присутни наставници и ученици од СОУ „Таки Даскало“, Младинскиот образовен форум и од локалните медиуми.

Психолог Марија Гичевска

Регионален дебатен турнир На 16 и 17 март 2013 год. во просториите на СОУ „Таки Даскало“- Битола се одржа Регионален дебатен турнир за средношколци од Неготино, Кичево, Битола и Велес. Турнирот го организира Младинскиот образовен форум, а е поддржан од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Фондација Отворено општество Македонија. Тезата на која дебатираа средношколците беше: „Употребата на илегални дигитални алатки за постигнување политички цели треба да се декриминализира“. Дебатата се одвиваше на англиски јазик и е дел од квалификациите за годишното Национално дебатно првенство 2013, кое ќе се одржи во Скопје. Претставници од СОУ „Таки Даскало“Битола беа психологот Марија Гичевска, одговорна за Дебатниот клуб во училиштето и ученичката Светлана Јовановска од III – 14 клас, која беше дел од тимот од Битола, кој се пласира на Националното дебатно првенство 2013. Марија Гичевска, психолог

15


трибини - дебати ТРИБИНА СО РОДИТЕЛИ НА ТЕМА: „ПРЕВЕНЦИЈА И РЕДУКЦИЈА НА ЕМОЦИОНАЛНИТЕ ПОТЕШКОТИИ И СТРЕСОТ КАЈ АДОЛЕСЦЕНТНИОТ УЧЕНИК“ Унапредувањето на менталното и емоционалното здравје е едно од главните полиња за развој и делување на училиштето. Поддршката на физичкото, менталното и емоционалното здравје е основен принцип за развој на ученикот. Главен приоритет на Психолошко – педагошката служба преку своето стручно делување и динамика е да им овозможи на учениците да изградат здрав животен стил и правилен развој на сопствената личност. Стручното делување е проследено со соодветни стратегии и активности од едукативен карактер, советодавен карактер, психолошка поддршка и соработка со релевантни институции, предвидени во програмата „Грижа за учениците со емоционални потешкотии“ . Во промовирањето на важноста, значењето и зачувувањето на емоционалното здравје кое е во корелациска врска со физичкото и социјалното здравје, реализирани се бројни активности како: предавања, презентации, работилници за учениците, но и за родителите. Во рамките на Училиштето на 10.05.2013 год. беше организирана трибина на тема: Превенција и редукција на емоционалните потешкотии и стресот кај адолесцентниот ученик“, на која предавачи беа стручните соработници- психолози: Славица Наумовска и Марија Младеновска – Димитровска. На трибината покрај родители, присуствуваа и ученици, класни раководители и професори. На трибината родителите беа запознати со важноста, значењето и зачувувањето на емоционалното здравје кое е од непроценливо значење за развојот на психичкиот живот на ученикот и неговиот личносен развој, со навременото идентификување на емоционалните потешкотии, изворите на стресот, навремената превенција и редукција на истите.

ПРОЕКТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО Во просториите на Општинската организација на Црвениот крст Битола, на 06.12.2012 г. се одржа дебата на тема: “Насилството врз жените и семејното насилство“, во организација на Националната мрежа за спречување на насилство и невладината организација “Семпер“, на која од нашето училиште учествуваа стручните соработници Славица Наумовска и Марија Младеновска-Димитровска. Целта на дебата беше отворено да се разговара за проблемите со семејното насилство во Битола, начините на превенција на насилството, како и за капацитетите на институциите за справување со насилството и на сите останати релевантни субјекти во локалната заедница. Марија МладеновскаДимитровска Славица Наумовска, психолози

16

Славица Наумовска / психолог-психотерапевт Марија М.Димитровска /психолог

ТРИБИНА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА МЛАДИТЕ ОД ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ Во малата сала на Центарот за култура во Битола на 18.10.2012 година се одржа трибина за трговијата луѓе, во организација на невладината организација Граѓанска иницијатива за еднакви можности “Семпер“ – Битола, по повод Светскиот ден за борба против трговијата со луѓе, на која од СОУ “Таки Даскало“ зедоа учество учениците од IV – 4 и од I – 10 паралелка, стручните соработници Марија Младеновска-Димитровска и Славица Наумовска и предметните наставници Владо Јоновски и Виолета Јошевска. Целта на трибината беше запознавање на учениците со трговијата со луѓе како вид организиран криминал, начините на кои се врбуваат лицата кои стануваат жртви на трговијата со луѓе и информирање на младите луѓе како да се заштитат од трговијата со луѓе. Марија Младеновска-Димитровска


АКТИВНОСТИ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ РАЗВИВАЊЕ НА ХУМАНИТЕ ВРЕДНОСТИ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ Во текот на наставната година беа реализирани бројни активности во соработка со Општинската организација на Црвениот крст – Битола. Во рамките на училиштето беа организирани две крводарителски акции во кои учествуваа учениците од IV година, на кои се реализирани вкупно 80 крводарувања. Едната се одржа на 30.10.2012, а другата на 16.04.2013 година. Целта на крводарителските акции е јакнење на алтруизмот, хуманоста и несебичноста помеѓу учениците. Покрај тоа ученици од нашето училиште зедоа учество и во хуманитарни акции на кои

се собрани значителни финансиски средства за помош за школарина за студент на Музичката академија, учество на театарската претстава „Погодете кој доаѓа на вечера“, со цел зголемување на свесноста кај учениците за хуманоста и одбележување на Неделата на хумани вредности, како и посета на театарската претстава „Трач, интрига, љубов и..“ чија цел беше организирање помош за ранливите категории граѓани. Исто така, ученици од I, II, III год. од СОУ “Таки Даскало“ учествуваа на свечената академија по повод 17 Март, Денот на Црвениот крст и крводарителството во Р. Македонија. Одговорен наставник кој ги координира активностите поврзани со Црвениот крст – Битола е училишниот психолог Мирјана Гичевска.

МЕЃУОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР НА ЛИКОВНИ И ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ НА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА На Конкурсот објавен од Центарот за јавно здравство - Битола на тема „Сида“ по повод 1-ви Декември, Светскиот ден за борба против сидата, кој се одржа на 03.12.2012 год. во О.У. „Климент Охридски“ - Битола, во категоријата ликовни творби, беа наградени учениците од СОУ „Таки Даскало“Битола и тоа: Јусуфоски Ерхан од III-3 за освоено I место (ментор Славица Наумовска); Трајковски Мартин од II-15 за освоено II место (ментор Славица Наумовска); Нечовска Александра од II-15 за освоено III место (ментор Славица Наумовска); Во категоријата литературни творби, од СОУ “Таки Даскало” - Битола, беа наградени учениците: Ѓоргиевска Патриција од I-12 , за освоено I место (ментор Милица Радевска); Јовановска Мартина од III-14 за освоено II место (ментор Николина Поповска). Славица Наумовска/ стручен соработник-психолог

17


“ДЕН НА КОМПИРОТ” - волонтерска акција

ВОЛОНТЕРСКИ КЛУБ

Соработката на Волонтерскиот клуб “Тереза Фердинанди Литовска” од нашето училиште, учениците од графичката струка и најмладите од градинката “Коца Василевска”, традиционално продолжува. Така на 06. 12. 2012 година беше одбележан еден несекојдневен празник - Денот на компирот. Помеѓу останатите активности во кои учествуваа децата, наставниците и родителите, учениците од графичката струка и одговорниот наставник Катерина С. Маурдева изработија разни печати од компир и на најмладите им демонстрираа печатење кои по своите карактеристики спаѓа во техниката на висок печат.

“АМА ЦВЕТ НАЈУБАВ НА СВЕТ” - волонтерска акција Учениците волонтери од графичката струка и одговорниот наставник Катерина С. Маурдева, неколку седмици се подготвуваа, рачно изработувајќи најразновидни цветови од хартија. Истите ги финализираа на 27. 02. 2013 година, во заедничка работилница со најмладите од градинката “Коца Василевска”, притоа активно учествувајќи во одбележувањето на Меѓународниот ден на жената - 8. Март.

Волонтерска акција: Пролетта во нас и околу нас Акцијата е реализирана во соработка со учениците со посебни потреби од ОУ „Ѓорги Сугарев“ Битола на ден 22-03-2013 год. и со ученици-волонтери од IV год. , а одговорен наставник е М. Гичевска.

18


ГРАФИЧКА СТРУКА

МЕЃУУЧИЛИШНА СОРАБОТКА „ЕКО-ДЕКОР“

Во периодот ноември-декември 2012 г. графичката секција реализираше меѓуучилишна соработка насловена „Екодекор“. Во нејзината реализација учество зедоа 48 ученици од кои 28 од ОУ „Тодор Ангелевски“ – Битола (од II 1 одд.) и 20 ученици од графичката секција. Одговорни наставници беа: Весна МундишевскаВелјановска и Снежана Паскова, наставници по графички стручни предмети, и Лидија Стерјов, одделенски наставник. Во текот на месец ноември учениците од графичката секција пребаруваа на Интернет заради прибирање на модели и видео записи како идеи за изработка на екопроизводи од делот на преработка на хартија, а потоа изработуваа пробни примероци од истите во графичкиот кабинет. Двете заеднички работилници се реализираа во основното училиште. Првата беше на 10 декември кога учениците од графичката секција им помагаа на учениците од второ одделение при изработката на новогодишни еколошки производи наменети за изложување на штанд на одделението за училишниот панаѓур. Втората беше на 27 декември 2012 г. кога учениците заеднички поставија и декорираа Новогодишен продажен штанд на кој беа изложени изработените производи од првата работилница.

ПРОЕКТ „ГРАФИКАТА ВО ПРАКТИКАТА“ Графичката секција од нашето училиште и ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола и оваа година реализираа заеднички проект, овојпат насловен како „Графиката во практиката“. Проектот се реализираше во периодот ноември 2012 г. – мај 2013 г. Учество зедоа 51 ученик од прво и петто одд. од основното училиште и 20 членови на графичката секција. Одговорни наставници беа: Весна Мундишевска-Велјановска и Снежана Паскова, наставници по графички стручни предмети, и Снежана Стојанова и Гордана Анастасова, одделенски наставници. Проектот се спроведе низ четири активности за кои подготвителните активности се реализираа во графичкиот кабинет, а работилниците во основното училиште. Првата активност се реализираше на 08. 11. 2012 г. кога учениците од графичката секција помагаа при изработката на тефтерчиња (изработка на илустрации за корици, подготовка на книжен блок и комплетирање на тефтерчињата), а потоа во графичкиот кабинет истите ги сошија со жица низ превојот, ги обрежаа во печатница и им ги подарија на учениците од основното училиште. На 06. 12. 2012 г.. учениците од двете училишта изработуваа оригами-птици, доработуваа фигури-дрвја и ги декорираа со додатоци од природни материјали, а на 14. 03. 2013 г., во рамки на третата активност, учениците изработуваа маски од хартија, картон и додатоци, а по повод 1-ви Април – Денот на шегата. По подолги подготвителни активности на графичката секција, четвртата работилница се реализираше на 16. 05. 2013 г. кога сите учесници заеднички изработуваа графички еко-производи кои им беа подарени на учениците од основното училиште.

19


ГРАФИЧКА СТРУКА ПРОЕКТ „ПРАВА, БЕЗБЕДНОСТ И ОБВРСКИ ПРИ РАБОТА“ Во втората фаза од меѓуучилишниот проект „Права, безбедност и обврски при работа“ кој започна во март 2012 г., учениците од СОУ „Таки Даскало“ и СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, на 07 јуни 2012 г. во Кариерниот центар на нашето училиште, реализираа заедничка работилница за препознавање на знаци за предупредување од потенцијална опасност во заедницата и на работното место. Во текот на втората и третата седмица од месец јуни во графичкиот кабинет на нашето училиште се изведуваа активности за изработка на шаблони за знаци за опасности. Овие шаблони беа искористени во текот на октомври и ноември 2012 г. за печатење на соодветните знаци. Во периодот септември 2012 – јануари 2013 г., под менторство на одговорните наставници од нашето училиште Весна Мундишевска-Велјановска и Снежана Паскова, учениците од графичката секција осмислија едукативна игра со прашања и одговори од областа на правата, обврските и безбедноста при работа која ќе се користи како дидактичко помагало во редовната настава во графичката струка. Дизајнот на играта го адаптираа на карактеристиките на процесите на графичка подготовка, печатење и доработка карактеристични за графичката индустрија, а неговата изведба, збогатена со маскотата и логото на графичката струка, е дело на ученикот Мартин Димитриевски од IV 5.

ВЕБ-СТРАНА НА ГРАФИЧКАТА СТРУКА Заради промовирање на графичката струка преку Интернет во функција на овозможување пристап до подобри информации за струката за сите заинтересирани, особено за учениците од основните училишта, но и за редовните ученици, нивните родители, наставниците и пошироката заедница, графичката секција во текот на учебната 2012 / 2013 г. постојано ја одржуваше и надградуваше веб-страната на графичката струка www.gaktiv.webs.com. За таа цел учениците и одговорните наставници пишуваа прилози, подготвуваа фотографии и изработуваа видео-записи за рубриките Графичка струка – инфо, Фото галерија, Видео галерија, Активности, Секции, Издаваштво, Огласна табла, Написи, Проекти и Практична настава. Сите овие активности се реализираа под менторство на одговорните наставници за секцијата Снежана Паскова и Весна МундишевскаВелјановска. Учество на Образовното рандеву 2013 Дел од учениците кои учествуваат во работата на Кариерниот центар и оваа година учествуваа на Образовното рандеву во организација на МАССУМ и УСАИД кое се одржа во Тетово на 19 и 20 април. На овој натпревар во категоријата за електронско кариерно портфолио ученикот Мартин Димитриевски IV 5, кој работеше под менторство на наставникот Весна Мундишевска-Велјановска, освои пофалница за посебни постигнувања. Линкот до неговото кариерно портфолио е

http://cvmartin.wix.com/dimitrievski . 20


ГРАФИЧКА СТРУКА

ОБУКА ЗА КНИГОВРЗУВАЧКА ДОРАБОТКА На 23 и 28 мај 2013 г. во графичкиот кабинет на нашето училиште, графичката секција спроведе обука насловена како „Книговрзувачка доработка“. Цел на обуката беше промовирање на графичката струка во основните училишта и проширување на знаењата на учениците од графичка доработка – книговрзувачка доработка. Во оваа активност учествуваа ученици од осмо одделение од основните училишта ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Бистрица, ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола, ОУ „Тодор Ангелевски“ – Битола, ОУ „Коле Канински“ – Битола и ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, како и ученици од трета и четврта година графичка струка. Обуката се одвиваше под менторство на наставниците по графички стручни предмети Весна Мундишевска-Велјановска и Снежана Паскова, и асистенција на ученици од графичката секција. Во текот на обуката се работеше на доработка и обновување на шеесетина оштетени книги од библиотеката на нашето училиште низ активности за доработка на книжни блокови со техника на лепење и техника на шиење (и тоа шиење со жица и шиење со конец), изработка на корици (делови од мека корица и тврди корици т.е. лепенки, рикн и материјал за пресвлекување), комплетирање на книжни блокови со корици, декоративни техники за украсување на корици, тврдо и меко поврзување на книжни блокови, изработка на книжни блокови и корици за тефтерчиња, нивно шиење со жица низ превојот, како и украсување на кориците со печатење во техниката сито печат. На сите учесници на обуката им беа доделени сертификати за учеството во истата и соодветни подароци кои ги подготви графичката секција.

21


РУДАРСКА СТРУКА ПРАКТИЧНАТА НАСТАВА - СУШТИНСКА ЗА СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ Рударството е една од најстарите индустриски гранки, а се карактеризира со процес на откопување на рудата и нејзина подготовка. Типични работи кои ги работат рударите се: управување со машини за ископ, транспортирање на рудата со најразлични системи, земање примерок за проверка на квалитетот, класирање на материјалот, одржување на машините и уредите, водење на документација за сите процеси. Во денешно време работата на рударите им е доста олесната. Сè помалку работат физички работи затоа што речиси на секоја работна позиција се работи машински и тоа со: рударска механизација, хидраулични и класични машини, постројки кои се користат во рудниците како багери, булдожери итн. Нашите ученици при посета на “РЕК – Суводол” – Битола, ФОД - Битола и други организации и претпријатија имаа можност да се запознаат со нивните дејности кои се поврзани со рударско – геолошката и металуршката струка.При реализацијата на практичната настава имаа можност директно да учествуваат во процесот на производство. Одговорен наставник Жанета Шишкин

22

Виткање лим - АД Металец

Струг – АД Металец

Ремонт на заби за багер - ФОД

ФОД

Виткање лим - АД Металец

Изработка на запчаник - ФОД


РУДАРСКА СТРУКА

Изработка на запчаник - ФОД

Сечење камен – ЈП Комуналец

Фарбање – ФОД

Депонија – РЕК

ТВ ПРОМОВИРАЊЕ НА РУДАРСКО- ГЕОЛОШКО И МЕТАЛУРШКАТА СТРУКА ВО УЧИЛИШТЕТО СОУ “ТАКИ ДАСКАЛО“ – БИТОЛА Пред започнување на уписот на нови ученици за новата учебна 2013/14 год., како наставници имавме задача да учествуваме со наши идеи и секој на свој начин во промовирањето на нашето училиште СОУ “Таки Даскало“, со единствена цел- привлекување на што поголем број новозапишани ученици. Како наставници кои предаваме рударски стручни предмети се вклучивме во овој проект со најразлични активности. Една од предложените и реализирани идеи беше наше учество во емисијата “Имај време за“ на Тера телевизија. Оваа емисија ја снимивме на ден 14.05.2013 г. во нашето училиште во Кариерниот центар. Во емисијата покрај наставникот Жанета Шишкин учествуваа и група ученици од II и III година и тоа: Цветанка Христова, Дарио Ристевски, Марија Тасевска, Џулијана Чагорска и Андријана Талевска од рударско – геолошко и металуршката струка. Интервјуто беше спроведено на високо ниво, а учениците беа одлични и доста добро си ја промовираа својата струка. Снименото интервју можете да го погледнете на следната веб-адреса: http://www.tera.mk Жанета Шишкин, професор во рударската струка

23


ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА СТРУКА Во рамките на градежно-геодетската струка при СОУ “Таки Даскало” – Битола, веќе три години се реализира теоретска и практична настава. Учениците преку примена на повеќе современи форми и методи на настава како што е индивидуалната работа, работа во групи и тимската работа, демонстрација, дискусија по најразлични теми, учење преку сопствено откривање и истражување, покрај што стекнуваат знаења од геодетската дејност, развиваат и навики за редовност, уредност и систематичност. Развиваат чувства за естетика и се оспособуваат за флексибилност и подготвеност за соработка. Преку практичната настава тие се запознаваат со организацијата на геодетската дејност во институции во кои се имплементирани геодетски дејности.Учениците изработуваат и реализираат практични задачи, решаваат проблемски задачи и следат процеси. Тие самостојно набљудуваат, мерат, прават анализа, учат да дистрибуираат податоци, цртаат и испишуваат, користејќи прописи и стандарди кои ги бара геодезијата. Наставниците на оваа струка играат улога на менаџери во училница, кабинет, училишен двор и институции со геодетска дејност. Тие им даваат на учениците разни насоки и инструкции, ги мотивираат учениците, ја следат и вреднуваат нивната работа. Тоа претставува висок степен на соработка на релација наставник – ученик. СОУ “Таки Даскало” е училиште со отворени врати, достапно за секого, тоа е иницијатор, предводник и аниматор на културниот, социјалниот и интелектуалниот развој на личноста на ученикот. Жанета Сиваков Оливера Георгиевска

24


ТЕКСТИЛНА СТРУКА

Модна ревија

Во рамките на проектот ,,Едукација, креативност, перспективност..” организиран од СОУ,,Таки Даскало“ по повод прославата на патрониот празник на училиштето, се одржа модна ревија организирана од текстилниот актив. Учениците од текстилната насока презентираа неколку модели кои ги работеа на часовите по практична настава во претходните два месеци од наставата. Учениците ги работеа и презентираа моделите под менторство на наставникот Драган Николовски. Драган Николовски, професор по текстилни стручни предмети

ЕКСКУРЗИИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ

Оваа учебна година текстилната насока изведе две екскурзии. На ден 29.10.2012 (понеделник) се изведе еднодневна екскурзија со име ,,Охрид 2012 г“, која беше испланирана во годишната програма за екскурзии за оваа година, во текстилната струка. На екскурзијата учествуваа ученици од класовите: IV6, III8, II7, II8., под менторство на професорот Драган Николовски. Патувањето започна во 7 ч. од пред нашето училиште, а во Охрид пристигнавме околу 8 ч и 30 м. Учениците имаа можност да ги посетат бројните историски знаменитости на Охрид: црквата “Св.Софија“, Самоиловата тврдина, црквата “Св.Јован Канео“, Плаошник и црквата “Св. Климент и Пантелејмон“, Теќето и целиот комплекс, Музејот на Робеви и др. знаменитости. Исто така го посетиме и ,,Музејот на вода“. Потоа учениците имаа слободно време за ручек и пазарење. За Битола тргнавме во 16 ч. На ден 30.04.2013 (вторник) се реализира уште една еднодневна екскурзија со име ,,Скопје 2013 г.“, која исто така беше испланирана во годишната програма за екскурзии за оваа година, во текстилната струка. На екскурзијата, под раководство на професор Драган Николовски, учествуваа ученици од класовите: IV6, III8, II7, II8, I7 , I5 . По пристигнувањето во Скопје околу во 10 ч и 30 м. учениците го посетија ,,Милениумскиот крст“ на Водно, а подоцна заминаа во посета на знаменитости во Скопје, каде ги посетија: Зоолошката градина, Градскиот парк, Музејот на револуционерната борба на македонскиот народ, сите споменици во центарот на градот и др. знаменитости, по што имаа слободно време за ручек и пазарење. Целта на екскурзиите беше учениците да се запознаат со убавините на нашата земја, со културно-историското наследство на Македонија и секако да стекнат нови сознанија за нашето минато. Одговорен наставник за екскурзии

Драган Николовски

25


ТЕКСТИЛНА СТРУКА ИЗЛОЖБА НА КОЛАЖИ ОД ТЕКСТИЛНИ МАТЕРИЈАЛИ На 25 декември, во Кариерниот центар во СОУ”Таки Даскало“ беше одржана изложба на учениците од текстилната струка, II7 паралелка, под менторство на професорката по дизајн на облека Лиле Кадинска. Изложбата се состоеше од колажи изработени од текстилни материјали и списанија. Разработени беа периодите на Стара Грција, Древен Египет, Стар Рим, Византија и средновековието. Задачата на учениците беше да создадат скици со современи парчиња облека инспирирани од овие периоди кои беа претходно изучени како дел од наставната програма по предметот дизајн на облека. Изложбата беше посетена и медиумски проследена, а учениците научија нешто повеќе пред се за сопствените способности и креативноста која ја поседуваат. Лиле Кадинска, професор по дизајн на облека

АКТИВНОСТИ НА МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2012/2013 ГОДИНА Во учебната 2012/2013 год. Младинската организација реализира голем број од планираните активности. На почетокот на учебната година во октомври, Младинската организација зеде учество во анкетирање на учениците за реализација на научна екскурзија во Италија за III година и научна екскурзија во Истанбул за II година и обезбедување согласност на учениците и родителите за реализација на ваква научна екскурзија. На 05.10.2011 – Светскиот ден на учителот беше прогласен првенец на генерацијата ученикот Владимир Ѓоргиевски. Во ноември беше организиран проект на тема: „БОРБА ПРОТИВ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ОН-ЛАЈН - нека зборовите бидат прозорци, а не ѕидови“, поддржан од Европската младинска фондација, Советот на Европа, како дел од програмата на Центарот за човекови права “АМОС“ – Битола, при што двајца ученици се стекнаа со сертификати за учество во проектот: Екрем Јашаровски и Антонио Абдиев. Во текот на јануари се реализира и хуманитарна акција од страна на Планинарскиот спортски клуб “Пелистер“ со цел да се изгради нов планинарски дом „Копанки“, при што собраните средства од учениците беа уплатени на жиро-сметка од претседателот на Младинската организација Александра Ивановска. Во текот на годината во два наврати беа организирани две крводарителски акции во октомври и април каде учествуваа учениците од нашето училиште. На традиционалното „Образовно рандеву“ во организација на МАССУМ, кое се одржа во Тетово, на 19 и 20 април оваа година, зедоа учество повеќе ученици, меѓу кои во категоријата електронско кариерно портфолио учествуваше ученикот Мартин Димитриевски, под менторство на професорката Весна Мундишевска – Велјановска и освои пофалница за посебни постигнувања, додека во категоријата интервју за работа учествуваше ученичката Лина Андреевска, под менторство на професорката Мирјана Гичевска, која освои трето место. Целта на ова рандеву беше да им се даде можност на сите заинтересирани ученици од средните стручни училишта да учествуваат во најразлични активности кои директно влијаат на подобрување на нивните знаења и вештини. Младинската организација за IV година и завршните класови од III година избраa Матурски одбор кој беше одговорен за подготовката и организацијата на матурската вечер за учениците од СОУ „Таки Даскало“ – Битола. Одговорни наставници Наташа Ралевска Вучкова Томе Андоновски

26


СООБРАЌАЈНА СТРУКА Како една од најатрактивните струки во СОУ “Таки Даскало”, сообраќајната струка им нуди на учениците можности за стекнување знаења во современи услови. Во рамките на сообраќајната струка функционираат две насоки со четиригодишно образование: техничар за патен транспорт и техничар за транспорт и шпедиција. Покрај овие две насоки, се нуди и специјалистичко образование, односно образование за возрасни за возач-инструктор од сите категории. По полагањето на сите испити, кандидатите се стекнуваат со компетенции и уверенија за завршен повисок степен на образование – специјалистичко образование. Еден од приоритетите на сообраќајната струка е да им се понуди на учениците да

стекнат квалитетни знаења, унапредување и осовременување на наставните методи и форми, нови активности и содржини, квалитетна практична настава која на учениците ќе им овозможи стекнување компетенции и знаења кои ќе можат практично да ги применат по завршувањето на средното образование, како и стекнување солидна основа за високото образование на учениците кои ќе го продолжат своето школување. Учениците од сообраќајната струка во рамките на практичната настава, во соработка со МВР, учествуваа во увид во импровизирана (симулирана) сообраќајна незгода. Исто така, активно учество имаа и учениците од УСЕ училишна сообраќајна единица од сообраќајната струка.

Учениците од сообраќајната струка заедно со Драгица Здравковска, наставник по сообраќајни стручни предмети, зедоа учество на јавната дебата која се одржа во СОУ “Таки Даскало“, во рамките на активностите на Дебатниот клуб, а која беше поддржана од УСАИД и Младинскиот образовен форум, во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Стручното усовршување на наставниот кадар е, исто така, еден од приоритетите, преку учество во обуки, семинари, проекти, конференции. Оваа година наставникот по сообраќајни стручни предмети, м-р Гордана Кожуваровска, учествуваше на меѓународен стручен и научен симпозиум “Интерисциплинарноста на логистиката и сообраќајот”, кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, од 04 до 05.10.2012 година. На симпозиумот Кожуваровска учествуваше со свој научен труд на тема: “Сообраќајната политика во функција на образување на сообраќаен кадар”.

27


АКТИВ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ Активот по странски јазици во изминатата учебна година реализира бројни активности, учество на семинари, обуки, работилници. Се реализираа неколку работилници во соработка со Американското катче. Од месец јануари до април 2013 во организација на Американското катче – Битола предметните наставници: Наташа Котевска, Анета Темелковска, Маријана Талевска, Јасмина Василевска и Кики Младенова присуствуваа на семинарот насловен: “Shaping the way we teach English”, кој се состоеше од седум работилници .

На ден 09-01-2013, 13-02-2013 и 26-03-2013 год., во организација на Американското катче – Битола, предметните наставници: Наташа Котевска, Анета Темелковска, Валентина Богојовска и Маријана Талевска присуствуваа на семинар, кој се состоеше од три работилници на тема: “Компјутерски вештини за наставници” или “Computing for Teachers”. Наставниците успешно ги завршија трите работилници под наслов:  Introduction to Prezi presentation software  Blogs and Blogging Community  Using Cloud Computing in the Classroom Освоени награди на натпревари Покрај учеството во обуки и семинари, ученици и професори – ментори учествуваа на регионални и државни натпревари, каде постигнаа и значајни резулати. Конкурсот за најдобар есеј „National Essay Contest“ беше објавен во декември 2012, на тема: „If I could travel back in the past I...“, во организација на волoнтери на Мировните сили на САД, Јужно-источниот европски универзитет и Елтам – Македонија. На регионалниот натпревар за Пелагонискиот регион во категорија Б за I и II година на седмиот Национален натпревар за есеј по англиски јазик во Македонија, ученичката Јовановска Симона од I12 , под менторство на проф. Наташа Котевска, го освои првото место. Учество како ментор на Државниот натпревар за најдобар есеј на англиски јазик, “National Essay Contest“ зеде и професорката по англиски јазик Анета Темелковска. Регионалниот натпревар во спелување по англиски јазик во Битола „National Spelling Bee 2013“ беше одржан на 23 март 2013 во организација на Американското катче – Битола, а Државниот натпревар за спелување беше одржан на 13 април 2013 во Скопје. На Регионалниот натпревар во категорија за I и II година на Националниот натпревар во спелување по англиски јазик во Македонија, ученичката Најденовска Ангела од I12 , со ментор проф. Наташа Котевска беше прва, а со тоа се пласира на Државниот натпревар во Скопје. На 13.04. 2013 год. во Скопје на Државниот натпревар (National Spelling Bee) ученичката Најденовска Ангела освои второ место. Учество на Регионалниот натпревар во спелување, Spelling Bee Contest зеде и професорката Анета Темелковска.

28


АКТИВ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

Зора Русомарова, како ментор, учествуваше на Државниот натпревар по француски јазик Олимпијади 2013 година и го освои првото место со ученичката Драгана Ѓорѓевиќ од III година. Исто така учество зеде и на прославата по повод Патрониот празник на училиштето со Драгана Ѓорѓевиќ која прочита извадок од нејзината лична творба на француски јазик “Мирисот на јоргованите“.

Жанета Наумовска, професор по француски јазик, беше ментор, на учениците кои учествуваа на натпреварот на француска шансона и натпреварот во петанк по повод Деновите на Франкофонијата. Во петанк учество зедоа ученици од I10 и I11, а во шансона IV7 Балтов Стефан.

Актив по македонски јазик Секое дете е единствено и својата уникатност ја искажува на единствен начин. Затоа Стручниот актив по македонски јазик и литература пред себе има јасна цел. Ние ја негуваме индивидуалноста, овозможуваме вистински предизвици (разновидни), ги охрабруваме во учењето, осигуруваме адекватни материјали за креативно работење, овозможуваме осознавање преку искуства. Ја исполнуваме нашата задача со тоа што теоретски и практично го подготвуваме теренот училиштето да не заостанува, туку да биде генератор на напредокот. Од традиционалната настава задржуваме се што издржало практична проверка и истовремено бараме начин училиштето да биде институција за успешно учење, престижни резултати и успех за сите, со употрeба на современи и иновативни форми на работа, со соодветни наставни методи, а особено со примена на современа наставна технологија и современите научни достигнувања. На учениците им овозможуваме настава која ја поттикнува креативноста во сите етапи на воспитно-образовниот процес. Учениците полесно учат бидејќи имаат ефективен модел, чувствуваат повеќе грижа за задачите кои треба да ги завршат, развиваат самосвест преку справување со конкуренцијата и јасно го согледуваат односот меѓу процесот на учење и резултатот од него. За тоа најдобро зборуваат освоените награди и посетените семинари и обуки оваа учебна година: 1. Освоено второ место на Државниот конкурс за најкреативен есеј „Херојот на мојата генерација“, во организација на Здружението на млади Креактив и PTPI Skopje creACTive Student Chapter, 27. 04. 2013, Скопје. Весна Јовановска наставник по македонски јазик и литература

29


АКТИВ ПО МАТЕМАТИКА Активот по математика континуирано работи на продлабочување на знаењата кај талентираните ученици и нивно подготвување и поттикнување на учествуваат на регионални, републички и меѓународни натпревари. Учениците од I до IV година, на годинашниот меѓународен натпревар по математика “Кенгур 2013“, кој се одржа на 21.03.2013 год., во СОУ “Таки Даскало“, освоија 30 награди и пофалници. 1. Сара Талевска - I година, 3. место, ментор Снежана Цветковска 2. Димитра Лазаревска - I година, 3. место, ментор Снежана Цветковска 3. Елена Невеновска - I година, 3. место , ментор Снежана Цветковска 4. Мартина Јошевска - II година, 2. место, ментор Валентина Ацевска 5. Кристина Христовска - II година, 2. место , Валентина Ацевска 6. Моника Кузевска - II година 2. Место, ментор Валентина Ацевска 7. Емилија Мицевска - II година, 2. место , ментор Валентина Ацевска 8. Сандра Христовска - II година, 2. Место, ментор Валентина Ацевска 9. Александра Нечевска - II година, 3. место, ментор Валентина Ацевска 10.Евгениј Литовски - II година, 3 место, ментор Валентина Ацевска 11.Петар Ивановски - II година, 3 место, ментор Валентина Ацевска 12.Марија Јорданова - II година, 2 место, ментор Зорка Христовска 13.Анѓела Момоковска - II година,2 место, ментор Зорка Христовска 14.Петар Кузмановски - II година, 2 место, ментор Зорка Христовска

ЛИКОВНА СЕКЦИЈА Во текот на учебната 20122013 година ликовната секција, предводена од ликовниот педагог Љубица Мешкова-Солак и неколку таленти од II и III година гимназија, учестуваа во повеќе активности како: посета на изложби на еминентни автори, соработка со Ротари клубот на работилница за помош на децата, изработка на фотографии, печатење графики и изложба по повод Патрониот празник на Таки Даскало... Посебно внимание во целата активност и работа заслужува ученичката Александра Бошевска, која е исклучителен талент и многу креативна личност, на која како ментор сум особено горда. Ликовен педагог Љубица М.Солак

30

АКТИВИ

15. Ѓоргије Фемиќ - II година, 3 место, ментор Зорка Христовска 16. Ана Ивановска – III година, 2 место, ментор Оливера Талевска 17. Владимир Видановски - III година,3 место, ментор Оливера Талевска 18. Никола Дојчиновски – III година,2 место, ментор Оливера Талевска 19. Филип Василевски – III година,3 место , ментор Оливера Талевска 20. Арманд Кадри - III година,2 место, ментор Оливера Талевска 21. Томислав Лазаревски – III година, 2 место, ментор Оливера Талевска 22. Стефан Балтов - IV година,3 место, ментор Анета Димовска 23. Емилија Ивановска - IV година, 3 место, ментор Анета Димовска 24. Мартина Гошевска - IV година, пофалница, ментор Анета Димовска 25. Томе Димитриевски - IV година, 3 место, ментор Анета Димовска 26. Тино Цилевски - IV година, 3 место, ментор Васка Шалевска 27. Игор Мирковски - IV година, 3 место, ментор Васка Шалевска 28. Бојан Илиевски - IV година, пофалница, ментор Васка Шалевска 29. Дарко Диманоски - IV година, 3 место, ментор Васка Шалевска 30. Елена Маџевска - IV година, пофалница, ментор Васка Шалевска 31. Благоја Христовски - IV година, пофалница, ментор Васка Шалевска Валентина Ацевска наставник по математика


АКТИВИ

Актив по спорт и спортски активности

ОСВОЕНИ БРОЈНИ НАГРАДИ НА ОПШТИНСКИ И РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАРИ Учениците од СОУ „Таки Даскало“ – Битола во текот на учебната година учествуваа во бројни натпревари општински, регионални и државни натпревари, на кои постигнаа значајни резултати, што е уште една потврда не само за залагањето и ангажманот на учениците и на наставниот кадар по предметот спорт и спортски активности, туку и на значењето што му се придава на спортот и градење на спотскиот дух кај учениците во нашето училиште. На општинските натпревари постигнати се следните резултати: - Ракомет - во машка конкуренција е освоено II место, додека во женска конкуренција I место; - Одбојка - во машка конкуренција е освоено III место, во женска конкуренција II место; - Фудбал – машка конкуренција освоено II место, во женска конкуренција III место; - Пинг-понг – освоено I место екипно; - Атлетика – на есенскиот крос освоени се четири први места и едно второ место, - на ноќна трка освоени се четири први места и едно второ место. Покрај на општинските натпревари, наши ученици зедоа учество и на републички натпревари на кои ги постигнаа следните резултати: -Велигденски маратон – освоени се II и III место за III и IV година. -Државен натпревар во Куманово освоени се следните награди: - II место на 400 м. – Ѓорги Кузмановски; - II место во скок во височина - Ана Јанкуловска - IV место во фрлање ѓуле - Богоја Велјановски Ученикот Горјан Србиновски од III 2 паралелка учествуваше на повеќе државни и меѓународни првенства во кик-бокс, во државата и странство, каде освои повеќе награди: • III место во категорија до 70кг. на поединечното првенство во бокс на Македонија за кадети, кое се одржа на 31.03-01.04.2012 во Штип; • III место во категоријата до 64кг. на Интернационалниот турнир за млади “Mостар 2012”, кој се одржа во организација на Европската боксерска конфедерација; • I место на 23. интернационален турнир “Јадрански бисер“ – Будва, Црна Гора, во категоријата до 69 кг; • I место на 23. интернационален турнир “Јадрански бисер“ – Будва, Црна Гора, во категоријата до 69 кг;

31



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.