Студија за политиките 5

Page 1

fiancethink.mk

септември 2016

Активни мерки и политики за вработување: Предизвик за македонскиот пазар на труд


fiancethink.mk

Пазар на труд

Македонскиот пазар на труд забележа одредено подобрување во последните неколку години, но стапките на невработеност и неактивност на населението и понатаму се далеку повисоки од оние во развиените земји. Претходната 2015 година заврши со историски најниска стапка на невработеност од 26.1%, која во споредба со онаа на земјите од ЕУ од 9.6%, е сеуште многу

висока. Стапката на вработеност пак, порасна од 36.2% во 2007, на 42.1% во 2015 година, а активноста на населението останува еден од најголемите предизвици со оглед на тоа што во последните 8 години, стапката на активност забележа многу мало раздвижување, од 55.7% во 2007 на 57% во 2015 година.

Состојба на пазарот на трудот (во %)

36.2

1

34.9

2007

56.9

56.7

56.3

55.7

38.7

38.4

37.3 33.8

2008

Стапка на активност

56.8

32.2

32.0

2009

2010

38.9 31.4

2011

Стапка на вработеност

57.3

57.2

56.5

40.6

39.0 31.0

2012

29.0

2013

57.0

41.2 28.0

2014

42.1

26.1

2015

Стапка на невработеност

фото: pexels.com

Активни мерки и политики за вработување: Предизвик за македонскиот пазар на труд

Извор: Државен завод за статистика


fiancethink.mk

Активни мерки и политики за вработување

Во борбата со високите стапки на невработеност и акитвност, Владата на РМ, во 2007 година воведе Активните мерки и политики за вработување чии основни цели се а) социјална инклузија на ранливите лица на пазарот на труд; б) намалување на невработеноста; в) зголемување на вработливоста на долгорочно невработените лица и г) зголемување на конкурентноста на економијата. Активните мерки се поделени во четири категории и тоа: • Директно отворање на работни места преку мерки и програми за само-вработување; • Поттикнување на вработувањето преку субвенционирање на вработувањето на млади, лица под социјален ризик и тешко вработливи лица;

• Обуки на и надвор од работното место наменети за зголемување на вработливоста на невработените лица; • Општествено корисна работа преку вработување на долгорочно невработени лица во владините институции. . Во 2016 година, предвидено е да се потрошат 700 милиони денари за спроведување на активните мерки и политики, што во апсолутна вредност е повеќе од двојно од износот потрошен во 2007 година, 300 милиони денари. Но, како процент од БДП, оваа сума е само 0.2%, далеку помала од 0,6% што се издвојува од БДП на земјите на ЕУ.

Средства наменети за финансирање на активните мерки

2

1000000

0.20

0.15

600000 400000

% од БДП

во МКД 000

Активни мерки и политики за вработување: Предизвик за македонскиот пазар на труд

800000

0.10 200000

0

2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 Апсолутни трошоци

0.05

Релативни трошоци

Извор: Годишни оперативни планови за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на труд; Државен завод за статистика


fiancethink.mk

Половина од средствата за финансирање на АМПВ доаѓаат од буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, 36% од Министерството за труд и

социјална политика, а останатите 16% ги финансираат други донатори како ИПА, УСАИД, Светска Банка и УНДП.

Извори на финансирање на активните мерки

16% Други донатори (Светска Банка, УНДП, ИПА)

48% 36%

Министерство за труд и социјална политика Агенција за вработување

Извор: Оперативен план за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на труд, 2015

Активни мерки и политики за вработување: Предизвик за македонскиот пазар на труд

3

Право на користење на активните мерки имаат сите невработени лица регистрирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување. Во 2016 година, повеќе од 12.000 лица се таргетирани да ги искористат АМПВ. Речиси половина од нив, 6058 лица, ќе можат да посетат некоја обука, а 5716 работни места ќе бидат субвенционирани со буџетски средства. Бројот на таргетирани лица за субвенционирано вработување забележа рапиден раст во последните 5 години, од 900 лица во 2011, на повеќе од 5000 во 2016 година. Со мерките за

само-вработување е предвидено да се отворат 1470 работни места во 2016 година, а само 200 долгорочно невработени лица ќе може да извршуваат општествено корисна работа и да примаат месечен надоместок од 6200 денари. Вака конструирани, активните мерки покриваат само 6.9% од сите невработени лица во земјава, односно 14.1% од активните баратели на работа.


fiancethink.mk

Број на таргетирани лица 20,000 18,000 16,000 14,000 12,000 10,000 8,000 6,000 4,000 2,000 2010

2011

2012

2013

2014

2015

2016

Креирање работни места

Обука

Поттикнување на вработувањето

Општестевно-корисна работа

Извор: Годишни оперативни планови за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на труд

фото: pexels.com

Активни мерки и политики за вработување: Предизвик за македонскиот пазар на труд

4


fiancethink.mk

Активни мерки за лица под социјален ризик и млади Само 2.1% од активните мерки за вработување се наменети за лица под социјален ризик. Во последниот оперативен план се предвидени три мерки за лица под социјален ризик кои таргетираат само 800 ранливи лица и тоа: а) условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на социјално ранливо лице; б) мерка за само-вработување на инвалидни лица и в) субвенционирано вработување на инвалидни лица. Покрај ова, дел од мерките имаат и социјална компонента,

Категорија

Трошоци во МКД

Број на активни мерки

2015

2016

2015

2016

2015

2016

Креирање работни места

398

389

66,764,990

81,086,351

1

3

Поттикнување на вработувањето

5041

160

5,400,000

15,302,000

4

7

Обука

6348

3968

62,534,578

75,969,046

13

14

Општествена работа

90

60

3,348,000

2,682,000

1

1

Услуги за вработување

9206

9266

4,039,840

4,039,840

7

7

Извор: Оперативен план за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на труд, 2015

фото: pexels.com

Активни мерки и политики за вработување: Предизвик за македонскиот пазар на труд

5

Број на таргетирани млади лица

овозможувајќи им на примателите на социјална парична помош да користат некоја активна мерка, без да го изгубат правото на социјална помош од државата. Од друга страна пак, оперативниот план става посебен акцент на невработените млади лица до 29 години и истиот таргетира околу 5000 млади лица. Во 2016 година е планирано да се издвојат 180 милиони денари за спроведување на активните мерки за вработување на оваа категорија лица, преку 25 активни мерки.


fiancethink.mk

(Не)успех на активните мерки за вработување

Несомнено е дека еден дел од намалувањето на стапката на невработеност во земјава се должи на активните мерки и политики за вработување. Позитивната врска помеѓу стапката на вработеност и бројот на корисници на АМПВ го потврдува тоа. Директното

отворање работни места, зголемените можности за вработување и трансформацијата на неформалните во формални работни места, пред се преку мерката за субвенционирано вработување, се каналите преку кои активните мерки влијаат врз пазарот на труд.

Раст на бројот на таргетирани лица и стапката на вработеност

Активни мерки и политики за вработување: Предизвик за македонскиот пазар на труд

6

100

4.0

80

3.5

60

3.0

40

2.5

20

2.0

0

1.5

-20

1.0

-40

0.5

-60 2008

2009

2010

Раст на учество - лева оска

2011

2012

2013

2014

2015

Таргетирани лица, годишен раст (%)

Стапка на вработеност, годишен раст (%)

4.5

0.0

-0.5 Раст на вработеност - десна оска

Извор: Годишни оперативни планови за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на труд; Државен завод за статистика

За успешноста на активните мерки може малку да се зборува, заради ограничениот и недоволен пристап до податоци. Единствени достапни податоци поврзани со АМПВ се бројот на таргетирани лица, издвоени средства, успешни апликации; бројки кои сами по себе не значат ништо.

Недостигаат важни податоци кои ќе одговорат на уште поважни прашања: • Колку лица што посетиле некоја обука се вработиле благодарение на зголемените вештини? • Колку од бизнисите што се отвориле со помош на грант за само-вработување сеуште постојат? Колку од нив отвориле нови работни места? • Дали по завршување на


fiancethink.mk

мерката за субвенционирано вработување, фирмата го задржува субвенционираниот работник? • Колку од лицата корисници на мерката Практиканство останале да работата во фирмата каде што извршувале пракса?

фото: pexels.com

И многу други неодговорени прашања.

Активни мерки и политики за вработување: Предизвик за македонскиот пазар на труд

7

Овој документ за политиките е подготвен во рамки на проектот „Да ја предизвикаме невработеноста во Западен Балкан: Поттикнување на активните политики на пазарот на труд во Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија“ поддржан од European Fund for the Balkans, во партнерство со Analitika – Center for social research од Босна и Херцеговина и Agenda Institute од Албанија.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.