Филм +, број 06

Page 1

М ЕС Е Ч Н О С ПИС АНИЕ ЗА ФИЛМ

БРОЈ 006 Септември 2017 излегува секоја последна среда во месецот

3 3

„Браќа Манаки“ да порасне пред да остари

За филмот „Насоки“: „Такси Балкан“

5

Лице со приказни: Хари Дин Стентон ИНТЕРВЈУ: ПЕТАР АРСОВСКИ

6

Во прво лице Никола Поповски

ЖАБАРНИКОТ БРЗО СЕ ШИРИ Сведоци сме на многу валкани корупции, на поткупувања на мои колеги. За разлика од нив, јас не сум добил ништо од мојата партија и ќе гледам да останам некорумпиран во таа насока razgovara: Sun~ica Unevska

6

„Оскарот“ може да почека

7

По патот на македонската филмска музика

ФИЛМ+: Вие сте еден од легендарните актери на овие простори, препознатлив во земјава и во регионов, кој активно работи 45 години, па сепак во последно време сте многу повеќе присутен поради вашата политичка активност отколку актерска. Зошто, дали тоа беше лична амбиција или едноставно политиката станува нешто што кај нас не може да се избегне? Перо Арсовски: Должност на секоја јавна личност, особено во мојата професија, е да не остане индиферентен на она што се случува околу него. Кога гледаш дека во општеството се случуваат работи кои се де-

структивни, опасни, погрешни, не може да останеш мирен, да не реагираш. Прво, како ќе застанеш утре пред своите деца кога ќе те прашаат што направи ти во тоа време за да не дојдеме до ова дереџе, дали кажа, дали презема нешто. За мене би било поразително да кажам дека мене тоа не ме интересира, тоа е недостоен одговор. Второ, и како јавна личност си во центарот на вниманието, актерската професија е привлечна и ако си популарен на публиката и е важно како реагираш, одговорноста е голема. Факт е дека политичкото во нашата земја е толку агресивно присутно, што луѓето не

можат да го одвојат од професионалниот ангажман, па сега најчесто се случува и за вашите актерски креации да се зборува низ призмата на политичкото. Дали ви пречи тоа? Има вистина во ова. Свесен сум дека тоа е неизбежно, бидејќи јас сум се определил за една политичка опција, која ја сметам за помало зло. Видете, не викам дека тоа е идеално, дека тој е патот по кој треба да одиме, не, сметам дека и мојата партија прави големи грешки, подготвен сум да критикувам и уверен сум дека добар член е единствено оној кој ја критикува сопствената партија. Во моментот кога се

зачленив бев огорчен кон владеачката партија и решив да се приклучам на единствената можна сила која е во состојба да и се спротивстави на диктатурата. Она што мене ми е важно е дека не се определувам само за улоги кои говорат добро за мојата политичка опција, туку играм се`. Луѓето сакаат да ме стават во калап, дека сум некој вид пропаганда на оваа партија, но не е така. Сведоци сме на многу валкани корупции, на поткупувања на мои колеги. За разлика од нив, јас не сум добил ништо од мојата партија и ќе гледам да останам некорумпиран во таа насока.


2 ВОВЕДНИК

Наративни и естетски фалинки Н

е е почитуваниот генерален покровител виновен што со видлив напор мораше да го прочита поздравниот текст за отворањето на фестиваПишува: Влатко лот во Битола. Галевски Претседателе, под итно и без одлагање вашите служби да го подготват, а вие да го потпишете отказното решение на авторот на вашиот говор, со образложение дека не ги задоволува основните естетски, наративни и писмени критериуми за јавно читање. Небулозното толкување на мотото на фестивалот „Touch the light“ со малтретирање на светлината и темнината, со Ајнштајновата фестивалска неукост, со блесокот и мракот, и со уште безброј темно/светли алузии и реторички илузии на таа тема, имав впечаток дека најавувате фестивал со нов слоган „Touch the evil“, како парафраза на ремек делото на Орсон Велс, филм-ноарот „Touch of evil“. Значи, претседателе, дајте му „Отказ на злото“. Толку за тоа. А сега за големото платно! И предлог за уште еден отказ... Со ретки исклучоци, секогаш сум сметал дека селекцијата на филмовите во главната програмата на фестивалот „Браќа Манаки“, била грижливо одбрана и дека господинот Благоја Куновски-Доре како долгогодишен селектор на истата, ретко грешел и носел во Битола релевантна и квалитетна филмска програма. Токму затоа, г-не Доре под итно подгответе отказно решение на работникот кој ги одбра и монтираше оние инсерти од филмови на лауреатите, заради кои беше повредено моето (а знам дека и на многу други присутни во салата) професионално филмско его во однос на УБАВОТО на големото платно. Она што моравме да го издржиме беше груб нараз на филмската слика, неетична и жестока шлаканица за филмската уметност и директна навреда за делата на господата Џузепе Ротуно и Пјер Лом.

ЗА „ДО БАЛЧАК“ ИМАМЕ ПРАВОСИЛНИ ПРЕСУДИ, НО ПАРИТЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ ЗЕМЕМЕ Она што е најжално е што партиски се подели и самата ваша фела (се разбира, не само таа), но кога станува збор за улогите, вие морате да работите едни со други. Има ли проблеми меѓу вас? Мислам дека добрите лични релации со колегите имаат голема улога во проектите што ги правиме, дали е тоа филм или претстава, сеедно. Ако сте нетрпеливи еден кон друг неизбежно е тоа да избие некаде. Со колегите кои се покажаа како поддржувачи на диктатурата не може никогаш повеќе да работиме како до сега. Со еден од нив се обидовме на сет да

ВЕЧНИТЕ МЕДИОКРИТЕТИ СЕКОГАШ ПЛИВААТ НА ПОВРШИНА ги изгладиме односите, но не оди, тоа е непоправливо. Колку и да се трудите не можете да ја заборавите сликата кога вашиот колега повикува на војна, кога го гледаш во друштво со тепачи кои напаѓаат жени, кога знаеш дека учествувал во кривично дело со самото влегување во Собрание. Не можеш да заборавиш дека тоа го прави за пари и дека е во ситуација да застане и да напаѓа демократски институции, да те напаѓа тебе, да се заканува на фејсбук. Во вашите коментари очигледна е вербата дека оваа власт може да ги промени нештата. Но, вистинските промени не одат ниту лесно, ниту брзо, особено кога станува збор за културата. Тоа не е егзактна наука, културата бара традиција, континуитет, посветеност, но и луѓе кои не се борат за кариера, бидејќи културата е начин на живеење. Затоа и голема разочараност за некои избори на луѓе. Колку вие верувате во промените? Одлично е прашањето и јас верувам дека промените ќе се случат, но не во толкава мерка колку што очекуваме. 11 години

културата беше во рацете на една група луѓе на кои таа им беше средство за пропаганда. Јас верувам дека да стоевме и сите по страна, еве 80 проценти, сепак и тие 20 проценти дадоа голем придонес да дојде до овие промени. Таа глад кон промени, потреба да има валиден критериум, а не да оценува министерката за култура и некакви скриени совети кои одобруваа проекти само за задоволување лични потреби, крадење пари, подигнување споменици, градење згради, вработување итн. Таа глад доведе до разочараност, бидејќи очекуваа дека сега сите врати ќе се отворат и луѓето ќе се сменат, но ги имате оние вечни медиокритети, кои секогаш пливаат на површина и штом дојде до смена на власт веднаш се во служба на спротивната страна. Промената создаде само основни услови да почнеме со промени, инаку во проценти не е сменето повеќе од 10 посто. Како актер сте постојано присутен, и покрај вашата речиси петдецениска кариера, особено на филмот. За жал, состојбата со филмот иако беа вложени многу пари, воопшто не е розова, ниту пак се направи некаков напредок во македонската кинематографија последниве години. Зошто е тоа така? Последните години работев доста надвор, впечатокот е дека Македонија дава најмногу пари за филм. Но, кај нас парите се нерационално искористени, фрлени на партиски послушници, кои не знаат да направат филм. Бевме сведоци на некои сомнителни проекти од национален интерес, на претстави за кои беа дадени огромни пари за отворање разни објекти, театарски куќи, како на пример, во Велес, каде што беше поставен текст на Братислав Димитров, во режија на Љубиша Георгиевски, претстава која не е изиграна ни четири пати, не може да опстане. Да не ја спомнувам „Вечна куќа“ на Јордан Плевнеш, катастрофа. Публиката од Прилеп на „Војдан Чернодрински“ беше носена со автобуси за да им се покажат техничките можности на куќата, и замислете таа доби

награда за најдобра претстава и за режија. Поголем пример за културна корупција нема. Да не ви говорам дека се наградувани со баснословни хонорари и организирани некакви дочеци на кошаркари, за кревање на пејачки на кранови со фустани долги од 30/40 метри... Со право ни се чудат, ни велат дека се однесуваме како да сме најбогата земја, но тоа ќе ни се удри од глава. Ако овие работи останат неказнети, ако тие не одговараат, тогаш ништо не сме направиле. Исто беше и во филмот, се дадоа огромни пари и за филмот на Столе Попов, но и за „Трето полувреме на Дарко Митревски, за „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски, кои дури и не беа од нивната политичка опција? Не бираа кого ќе корумпираат, а најдраго им е кога ќе успеат да добијат некого од спротивната страна. Александар Поповски со „Балканот не е мртов“ сакаше да направи филм за раѓање на љубовта, текстот на Дуковски беше одличен, но факт е дека во него има малку филмски елементи. Тоа беше безуспешен обид да се направи театарски филм, но Поповски брзо сфати и се повлече. Столе Попов, пак, срамно се доведе во таа ситуација, не ја прочита потребата на Груевски да биде поддржан од голем режисер и да го искористи за своја пропагандна промоција. Му беше дадена огромна сума замижувајќи пред фактот дека тој си ги стави на сметка на својата продукциска куќа и беа трошени неконтролирано. Се почувствуваа комотни дека можат да украдат и украдоа, ги украдоа и моите пари. Имам правосилна судска пресуда, но овој наш закон им овозможи да не одговараат, бидејќи ја ликвидирале фирмата. Во Битола должат 300 илјади евра, ги затворија двата објекта од кои живееја неколку фамилии, па можеби 20/30 фамилии и газдата на „Де Ниро“, исто така, има правосилна пресуда. Но, не може да им ги земе парите, фирмата не постои и според законот не можеш да му земеш ништо од дома. А тоа што останаа луѓе

на улица, никому ништо. Така беше и со тие што работеа во чаршијата, десет дена беа затворени, но и помагаа, за што требаше да добијат по 200/300 евра и тие не им ги дадоа. Кога отидоа да се бунат, им пуштија рекетари да ги тепаат. Тоа е мафија, најдолна. Многумина прашуваат зошто веќе не се прават филмови како „Среќна Нова“ или „Тетовирање“, филмови со кои публиката се поистоветуваше, чии реплики живеат и денес. За жал, публиката која ги гледаше македонските филмови, денеска се` помалку е заинтересирана да ги види. Зошто е тоа така и зошто се исти луѓе добиваат пари за снимање долгометражни филмови? Знаете, тоа беа филмови кои ги правевме во еден здив, имаше поинакви предуслови. Филмот ги заинтересира сите, го вложија најдоброто од себе, и некако се знаеше уште додека работевме дека тоа ќе бидат успешни дела, таква беше атмосферата. Во филмот „Тетовирање“ самите затвореници беа за филмот, уште за време на снимањето беше ставен на некаков пиедестал, како нешто што е наше. Сега не е така. Зошто се исти луѓе, едноставен е одговорот, тие што одлучуваат не се во филмскиот свет, комисиите се проформа, нив ги доделува Владата. Еве, ја имате Теона Митевска која стана поплодна од сите македонски автори. Тоа се други канали, меѓународна врска, подддршка од „Еуроимаж“ за копродукции, се одомаќија луѓе и кај нас и во соседството кои се договараат меѓу себе, има комисии кои треба да изберат се знае точно кој филм. Матна е таа работа, не ги знаеме тие канали, но на тој начин се поврзаа земјите од поранешна Југославија. Важно е да се исполни формата на соработка. Знаете како, жабарникот брзо се шири. Многу сум разочаран со некои кадровски решенија, но еве ќе завршат локалните избори, па ќе се направат конкурси и се

ФЕЛАТА СЕ ПОДЕЛИ И ВЕЌЕ НИКОГАШ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ИСТО надевам ќе се увиди дека имало грешки и ќе се сменат луѓе. Дојдовме до ситуација некои млади режисери кои десет години стојат на врата и чекаат да направат филм, да изгубат трпение, млади се, а осакатени, се изморија од чекање. Неопходна е независна контрола. Кај нас има неконтролиран одлив на средства и можност за крадење. Филмската дејност треба да се реши системски, да има филтри, но чесни. Ние немаме продуцент, тоа е државата, и ако тоа не го решиме ќе продолжат едни исти неспособни луѓе да си ги делат парите меѓу себе.

ФИЛМ+РЕДАКЦИЈА Уредници Сунчица Уневска, Влатко Галевски Соработници Васко Маглешов, Златко Ѓелески, Гордана Блажевска Дизајн Jасмина А. Чашуле Адаптација на дизајн БТС Арт Фактори Издавач „Аквариус“


3

ФИЛМ+РЕПОРТАЖА

„БРАЌА МАНАКИ“ ДА ПОРАСНЕ ПРЕД ДА ОСТАРИ Ова е, пред се` , фестивал на филмската камера и со право организаторите истакнуваат дека ѕвезди се директорите на фотографија и филмската уметност, но отворањата секогаш во преден план ги ставаат споредните ликови и случувањата од нашата политичка реалност Пишува: Елена Димитровска

Г

одинешното отворање на „Браќа Манаки“, покрај вообичаеното (а дали потребно?) дефиле на црвениот килим, започна со четириесетминутното доцнење на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој е покровител на фестивалот. За разлика од некои претходни изданија, делот со говорите на организаторите и на претседателот беа покуси, пред с`, поради отсуството на битолскиот градоначалник, Владимир Талевски, кој го бојкотира фестивалот, иако со текст и фотографија, сепак, се „појавува“ во каталогот. Самата церемо-

нија се чинеше без некаков ред, со прекини и техничка пауза пред почетокот на филмските проекции. Посебен проблем, пак, е отсуството на новинарите бидејќи веќе и не постојат медиуми, особено од сферата на културата. Доделувањето на двете награди за животно дело „Златна камера 300“ на директорите на фотографија, Џузепе Ротуно и Пјер Лом, беше и највеселиот дел од необично тмурната атмосфера и говори од страна на организаторите, веројатно поради многуте проблеми кои му претходеа на одржувањето на фестивалот. Џузепе Ротуно ~ се обрати на публиката преку видеопорака, а во негово име наградата ја по-

дигна неговиот некогашен студент, а сега и самиот снимател и член на жирито, Лука Коасин, кој видно расположен направи цел сет селфиња од публиката. Пјер Лом, пак, се заблагодари на фестивалот и градот од каде доаѓаат првите сниматели на Балканот и на сите оние со кои имал можност да соработува. Беше доделена и наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ која ја дава Друштвото на филмски работници на Македонија, а која за првпат и беше доделена на институција, на „Вардар филм“, која одбележува 70 години од формирањето и барем дваесеттина од згаснувањето. Самиот чин на доделувањето на наградата изгледаше и звучеше како „честито парастос“, бидејќи од говорот на претседателот на ДФРМ, Роберт Насков, а и поради тоа што немаше кој да ја прими, може да се заклучи дека ова значи дефинитивен крај на најстарата продуцентска куќа во Македонија и покрај најавите за нејзино рестартирање?! Уметничкиот преформанс на отворањето во режија на Нела Витошевиќ и кореографија на Искра Шукарова, беше на ниво и ефектен. Преку играта на актерите: Сашко Коцев, Драгана Костадиновска, Дениз Абдула, танчарот Агим Бафти и студентите од одделот за современ танц при Факултетот за музичка уметност од Скопје, беше изведен колаж од сцени од „Сирано де Бержерак“, „Казанова“ и „Амаркорд“, филмовите кои ја одбележаа кариерата на двајцата лауреати.

„Браќа Манаки“ е фестивал на филмската камера и со право организаторите и директорот Благоја Куновски постојано истакнуваат дека ѕвезди се токму директорите на фотографија и филмската уметност, но отворањата секојпат во преден план ги ставаат оние споредни ликови и случувања од нашата политичка реалност. Филмските програми, колку и да се исклучителни, пак, не допираат до поширокиот аудиториум во Битола и проекциите на филмовите по отворањето не се доволно посетени, а тоа е проблем за кој се пишува секоја година. Недостасува присуството на поголем број млади битолчани, основците и средношколците и веројатно фестивалот во иднина преку целата година треба да се фокусира на едукацијата на овие групи и на создавањето нова публика.

ФИЛМ+РЕЦЕНЗИЈА+БРАЌА МАНАКИ

ТАКСИ БАЛКАН „Насоки“, режија: Стефан Командарев, улоги: Васил Банов, Иван Барнев, Асен Блатечки, Ана Командарева, Борислава Стратиева, продуценти: Владимир Анастасов, Ангела Несторовска, директор на фотографија: Веселин Христов, Бугарија/Македонија/Германија 2017 Пишува: Влатко Галевски

В

елат, ако сакаш да дознаеш што е ново, прашај таксист или бербер. Отворањето на „Манаки“ 2017, како што доликува, ако не со македонски филм, беше барем со филм во кој Македонија е копродуцент. Како прв заклучок е дека со малку пари (600 илјади евра е целиот буџет) е снимен повеќезначен и повеќе од пристоен филм. Иако првите асоција-

ции влечат кон Џармуш и Панахи, барем што се однесува до сценографскиот аспект (90 проценти од филмот е снимен во кабини на такси возила), „Насоки“ сепак оди во сосема друга насока. Овој интелигентно направен омнибус филм од шест кратки приказни, кои се успешно врзани во балканското транзициско милје, открива една „банална“ страна од бугарското (и нашето) секојдневие:

самоубиство, лошо здравје, економски пустош, политичко разочарување, корупција, одмазда, социјална стратификација, и сето тоа со фино дозиран и прецизен црн хумор. „Бугарија е земја на оптимисти. Сите песимисти и реалисти одамна ја напуштија.“ Авторите на овој филм се токму оние оптимисти кои за само 20 дена го снимија профилот и анфасот на балканскиот дезориентиран хомо-баксузикус. Ако ја бараме основната вредност на „Насоки“ нема потреба да одиме во негова длабока вивисекција зашто таму ќе откриеме извесна реализаторска неконзистентност. Но, филмот не се занимава со анализа туку со портретирање на оние кои се жртви на еден нехуман и коруптивен систем, со трагиката на урнисаните достоинства, со мрачните разочарувања, со предавството и очајот заради нереализираните соништа... и сето тоа природно преточено во колективна траума и фрустрација. Сликата што филмот ни ја открива е со сложена структура, бидејќи покажува болка и бес, надеж и издржливост и потреба од фундаментални промени во нацијата.

Сепак, ставот за спомнатата неконзистентност ќе ја поткрепиме со присуството на делумниот дисбаланс помеѓу самостојните приказни во филмот, како од аспект на естетското, така во однос на актерските перформанси. Со поригорозна селекција на филмскиот материјал веројатно би добиле покохерентна финална верзија што значи- подобар филм. А како исклучителен квалитет би го акцентирале почетокот на филмот особено од актерски агол; потоа, сегментот за самоубиецот на мост и сегментот за попот/ таксист – обата со извонредни дијалози и супериорна глума; како и некои други детали кои на филмот му додаваат свежина, нежност и заводливост. Особено снимателската работа на Веселин Христов. И не случајно „Насоки“ по проекцијата на канскиот „Извесен поглед“ бележи завиден и успешен од на бројни филмски фестивали.

Ф И Л М ++++


4

ФИЛМ+РЕЦЕНЗИЈА+РЕПЕРТОАР

СЕКОЈ СО СВОЈОТ СТРАВ „Тоа“, режија: Енди Мускиети, сценарио: Кари Фукунага, Чејс Палмер, Гери Дауберман, улоги: Софија Лилис, Фин Волфхард, Бил Скарсгард, Џејден Либерер, директор на фотографија: Чунг Хун Чунг, музика: Бенџамин Валфиш, САД/Канада Пишува: Златко Ѓелески

Г

ледачите сакаат да бидат уплашени во контролирана средина, каква што е мрачната киносала, но што доколку стравот не можеме да го победиме? На ова прашање одговор нуди режисерот Енди Мускиети, кој го екранизираше култниот роман „Тоа“ на Стивен Кинг на големото платно, враќајќи ги гледачите на работ на столчињата во салите ширум светот. Дваесет и седум години по застарената ТВ адаптација (режирана од страна на Томи Ли Волас), можеме со сигурност да тврдиме дека е создадена достојна филмувана верзија на Кинговото дело. Имено, во фикциониот град Дери (во Мејн), седум деца се тероризирани од страна на натприродно битие, кое ги искористува нивните фобии против нив. Чудовиштето ја менува својата форма, во зависност кого се обидува да го преплаши, најчесто отелотворувајќи се како

морничавиот кловн „Пенивајс“, чиј облик го злоупотребува секои дваесет и седум години за да се прехрани со преплашените деца. За разлика од нефилмливата контроверзна книга (во која дејствието е во спрега меѓу настаните од детството и оние како возрасни), а благодарение на идејата на Кери Фукунага, случувањето во првото поглавје е фокусирано на детството, кое наместо во педесеттите се случува во осумдесеттите години, со тоа што неговите реперкусии се рефлектираат во денешницата. Во сите аспекти каде што потфрли ТВ адаптацијата, таму сјае филмската. Најсилниот адут на филмот е темната фотографија на Чунг Хун Чунг, постојаниот соработник на Парк Чан Вук, кој со своите мрачни тонови ја прикажува трулоста на Дери, при тоа истакнувајќи го контрастот со кловновските балони или колоритната детска облека, слично на „Олдбој“. Бенџамин Валфиш се погрижи дувачките инструменти да ја акцентираат напаста што ја шири вонземјанинот, а из-

борот на музичките композиции делува како дозирана референца на деценијата, наместо да биде прејудициран носталгичниот фактор. Интересен е феноменот како авторите на „Стрејнџер тингс“ врз основа на тоа што не ги добија правата за Кинговото дело, создадоа свое, чијшто ретро аспекти денес ги експлоатира оваа филмска екранизација на „Тоа“, за магичниот круг да се затвори. Првиот дел од филмот делува како „coming-of-age“ приказна, за губење на невиноста и влегувањето во адолесцентните години, што на својот грб ја носеа професионалните детски актери, кои беа толку убедливи со нивниот хумор, кој се чини може да го наслушнете во најблиската улица. Иако театралната изведба на Тим Кури како кловнот „Пенивајс“ е синоним за делото, сепак, ни изведбата на Бил Скарсгард на овој лик не е за потценување, затоа што неговата поставеност на работ на кадрите, засилена со морничавиот глас, знае да ги уплаши и возрасните.

Применети се визуелни решенија со кои впечатливите стравични сцени се доведени до екстреми и со тоа го добиваат модерниот култен статус што го заслужуваат. Факт е дека филмот понуди нови сетови во кои се развлекува дејствието и каде што во неколку наивни бајковидни контексти беше впрегнат овој модерен ловкрафтовски Фреди Кругер, но тоа не значи дека филмот е имун од болестите на модерната холивудска хорор-кинематографија, односно од натрупувањето со непотребни генерички аудио-визуелни шокирања, изземени од секаква естетска вредност. Може да се каже дека сум првиот кој беше спремен да фрли вербален камен врз Мускиети по фаталното остварување „Мама“, но иако Аргентинецот не е излекуван од детските болести при поигрувањето со визуелните ефекти, тие не беа на одмет во „Тоа“, освен во неколку минорни инстанци. Хорор жанрот поседува сопствен јазик и овој филм докажува дека може да се изгради адолесцентна драма, да се истражува коренот на стравовите и да се даде коментар врз маалската хипокризија, докажувајќи дека за страшен филм не е потребен само маскиран убиец кој ќе трча наоколу по неговите жртви. „Тоа“ се претвори во светски феномен, кој верувам дека ќе го издржи тестот на времето и за две години ќе погледнеме какви траги оставиле непобедените демони од минатото во животот на возрасните ликови, кои знаат каква трулост лебди во подземјето, под идиличната фасада на гратчето Дери.

Ф И Л М +++

ФИЛМ+РЕЦЕНЗИЈА+САРАЕВСКИ ФЕСТИВАЛ

КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ ОД СТЕРЕОТИПИТЕ

„Не гледај ми у пијат“, режија и сценарио: Хана Јушиќ, улоги: Миа Петричевиќ, Никша Бутијер, Аријана Чулина, Златко Буриќ, фотографија: Јана Плечаш, сценографија: Матилда Риден-Нилсен, Хрватска

Х

Пишува: Сунчица Уневска рватскиот филм „Не гледај ми у пијат“ или „Не гледај во мојата чинија“ на Филмскиот фестивал во Сараево предизвика стоечки аплаузи и овации, најмногу упатени на главната актерка Миа Петричевиќ, која извонредно ја игра Маријана, насловниот лик во оваа необична, но исклучително точна приказна за светот во кој денес живееме. Интересно е дека многу помал аплауз доби режисерката Хана Јушиќ, која секако е најзаслужна за овој фасцинантен филм, но таа ова го прими сосем нормално и самата давајќи и огромен аплауз на својата протагонистка за начинот на кој ја оживеа и донесе Маријана, една глобална метафора за осаменоста и клаустрофобијата,

за социјалното дно, за испреплетеноста на старото и новото, стереотипите и обидите за ослободување од нив, за борбата да не се биде дел од „модерното сеирџиство“, кое под превезот на човечки права останува немо на целата онаа лична и човечка несреќа. Светот кој го замислува Хана Јушиќ делува дури нестварно, како нешто што се случува во друго време, не денес, не во дигиталната ера, не во еден од можеби најубавите градови на Јадранот, Шибеник. Не, во нејзиниот филм не ги гледаме велелепните убавини на овој град, напротив, дејствието е сместено некаде на маргините, во некои станови и населби во предградието за кои не знаете ни дека постојат, во некое сиво окружение кое со ништо не ја навестува возбудливоста на овој приморски град, исто како што и

во светот имате светови кои егзистираат едни покрај други, но не се допираат. Животот на Маријана се одвива помеѓу болницата, во која работи како лабораториски техничар и домот, во кој владее некој чуден патријархат, каде што таа, како и сите други, е третирана како дете. А така и се однесуваат, особено нејзината неодговорна и ограничена мајка, како и нејзиниот брат, кој делува како да има блага ретардација, иако тој всушност итро го користи тоа. Маријана е единствената која бара повеќе, која се обидува на свој начин да излезе од тој круг и да го доживее животот, и покрај сите ограничувања, стереотипи и наметнати крути правила. Се додека нејзиниот татко не доживее мозочен удар... Наеднаш работите стануваат сосем поинакви, иако, она што е интересно, само навидум. Маријана наеднаш се ослободува, се менува бојата во филмот, се менуваат пејзажите и аглите на снимање, маргините како да исчезнуваат. Тоа е еден нов свет, во кој може да биде своја, но не заборавајќи ја одговорноста за своето семејство, не заборавајќи го она што го носи во себе, оној клаустрофобичен свет, во кој можеби се беше наопаку, но имаше некоја чудна топлина и поврзаност. Сега Маријана е одговорна, но за што? Нејзината мајка е убедена дека тие продолжуваат со нивниот „добар“ живот и таа продолжува да се однесува како и претходно, барајќи го истото на нејзиниот инфантилен начин и од Маријана.

Сето она што Маријана го посакува е да побегне од тука, да оди што подалеку, да се најде себеси, да го доживее светот. Но, што може да понуди светот, колку вистинската слобода може да ја исполни, како да затвори врата зад себе на оној свет од кој таа е дел, како понатаму? Впрочем, можеме ли да бидеме среќни и свои со самото физичко преместување или со пресекување на оние врски, кои какви и да се, сепак, го носат коренот, грижата, емоцијата. Светот не се менува ако го промениме местото, ако избегаме или едноставно заминеме, не, се додека не се промени оној свет во нас. Задоволството не го носи слободата туку ослободувањето, а пред се, прифаќањето. И тоа можеби би било вистинското, бидејќи што е светот со сите свои завеси и паравани, што е светот, она големо, слободно и прекрасно пространство ако во себе го немате мирот и поврзаноста. Што е светот (денеска) со целата своја испразност, стерилност и самотија, се додека вербата и задоволството не ги најдете во себе. Хана Јушиќ успева да направи една многу смела, многу реална, но и современа приказна, некако поместена во минатото, но и во сегашноста, а уште почудно и во иднината, на еден многу необичен начин. Зборувајќи за неубавото, сивото и ограниченото, иако неверојатно стилизирано (со одлична и многу ефективна фотографија и сценографија), таа всушност го открива светот во сета своја емоционална и страствена раскошност, потврдувајќи дека само тогаш и можете да го доживеете и да бидете дел од него. Кога светот ќе го најдете во, а не надвор од себе.

Ф И Л М +++++


5

ФИЛМ+РЕЦЕНЗИЈА+ РЕПЕРТОАР

СЛАВА ЗА’РЃАНА ОД МАНИПУЛАЦИЈАТА НА КОРУМПИРАНОТО ОПШТЕСТВО „Слава“, режија: Кристина Грозева и Петар Валчанов, улоги: Стефан Денољубов, Маргита Гошева, Ана Братоева, Никола Додов, директор на фотографија: Крум Родригес, музика: Христо Намлиев, Бугарија/Грција 2016 Пишува: Васко Маглешов

П

ријатно изненадување е да се види филм од бугарската кинематографија на репертоар во нашите кина, особено поради докажаниот тандем Грозева и Валчанов, познати по многукратно наградуваниот првенец од 2014, „Лекција“, како и поради фактот што токму лани на фести-

вал во Македонија, овој современ и реалистичен филмски исказ, доби прво место од критиката. Фокусот на нивната втора филмска вивисекција е приказот на гнилото бугарско општество, кое е за’рѓано од бирократија, неправда и корупција, каде личното по дефиниција мора да се претопи во системското.

Ликот-херој, кој е работник на железничка пруга, Цанко Петров, пронаоѓа огромна сума пари и пријавува во полиција. За Министерството за транспорт, тоа е одличен потег за да ја покријат внатрешната афера со исплата на плати, па за гестот јавно го наградуваат со рачен часовник. За иронијата да биде

поголема, часовникот-награда престанува да работи, а службениците го губат неговиот личен часовник, кој е подарок од татко му. Овој наратив е воведник во приказната за потрагата по правда во и од државата, која иако изгледа комично, во својата суштина е трагична. Обидите на Цанко да си го поврати сопствениот часовник од државните службеници, течат паралелно со очајниот порив да ги зачува сопствениот интегритет и достоинство. Малиот предмет едноставно е неважен за бирократските чувари на општествениот ред, особено откако неговата искреност останува искористена само за сурова манипулација и медиумска пропаганда. Ликот на чесниот и искрен Цанко впечатливо го доловува Стефан Денољубов како скромен човек со говорна мана, кој несомнено е алузија на обезгласената работничка класа. Во исто време, бескомпромисната и сурова службеничка за односи со јавност, Јулија Стајкова, која ја глуми Маргита Гошева, е илустрација за државата, која прави с`, за да го поправи нарушениот углед на Министерството, искористувајќи го добронамерниот гест на Петров. „Слава“ е визуализација на Бугарија денес, како системски опресор на загубениот личен интегритет и достоинство, но и како критика за невидливоста на работниците и нивната нечујност за државата. Сценаристите, паралелно со наративот

за Цанко, алтернираат и споредна приказна за службеничката Стајкова, која меѓу мноштвото бесмислени телефонски разговори и состаноци, се обидува да украде време за вештачкото оплодување, иако нејзиното мајчинство е неизвесно. Со суптилна филмска иронија, Грозева и Валчанов одлучуваат краткиот медиумски проблесок на железничкиот работник кој влегува во центрифугата на владината пи-ар служба, да биде идентичен со истоимениот руски производител на часовници. Сугестивната фотографија на снимателот Крум Родригес и кадрите кои говорат контрастен филмски јазик, несомнено ја доловуваат желбата за правда и корумпираниот општествен апарат кој го загубил моралниот компас. Дополнително, музиката на Христо Намлиев ненаметливо им дава драматичност на ситуациите во личната борба со општествената бирократија. Натуралистичката филмска граматика со која успешно оперираат режисерите, го прави „Слава“ едноставен, реален, визуелно-дигестивен, во обидот да долови два света кои живеат едни покрај други иако се на иста територија. Приказната на Грозева и Валчанов иако е локална, нема географски граници: таа е суров и сеприсутен филмски реализам, кој ја разобличува лагата што сака да се допадне.

Ф И Л М +++++

ФИЛМ+ОМАЖ

ЛИЦЕ СО ПРИКАЗНИ „Хари Дин Стентон: Делумна фикција“ (Harry Dean Stanton: Partly Fiction), режија: Софи Хубер, Данска 2012, документарен, биографски Пишува: Илинка Делчева

В

мрежувањето на фејсбук ни донесе една нова „мода“ - заедно да одбележуваме родендени на актери и пејачи и да тагуваме по нив кога заминуваат во вечноста. Така беше и на 15 септември, кога на деведесет и една година почина „актерот од Париз, Тексас“. Можеби многумина и не му го знаат името, Хари Дин Стентон, но не верувам дека има филмофил кој не го врзува неговиот лик токму со овој филм. Токму во постовите и коментарите на фејсбук прочитав дека за него е снимен документарен филм, „Хари Дин Стентон: Делумна фикција“ („Harry Dean Stanton: Partly Fiction“) во 2012 година во режија на Софи Хубер. Не знаејќи многу за овој филм, го побарав на интернет и со задоволство го изгледав. Филмот ме изненадуваше пријатно од минута во минута. Тоа не е документарен филм во кој ќе откриеме многу за неговиот живот, туку филм во кој Дејвид Линч симпатично го „интервјуира“, со напишани прашања и ливче на кое си ги забележал сите филмови што ги работеле заедно. Вим Вендерс зборува за него со почит и восхит и го опишува како човек затворен во себе, но полн со животно искуство, болки, стравови и грешки, кои со леснотија ги пренесува на филм. За Сем Шепард доволно раскажува самото лице на Хари. На него тој прочитал многу приказни. Дебора Хари по телефон му ја пее песната напишана за него. Џек Николсон му бил неколку години цимер и многу лојален пријател. Хари Дин Стентон не сака да зборува за своето детство и за своите родители. Вешто ги одбегнува пра-

шањата кои не му се по мерак. Разговорот го води низ песни. Се добива впечаток дека поголемо задоволство му е пеењето отколку глумата. Секоја изведба на песните е со потполно предавање и уживање, кое се пренесува и на гледачот. Пее и песна која била омилена на неговата (можеби) најголема љубов, Ребека, актерка која го оставила кога снимала филм со Том Круз. Никогаш не бил женет, но признава дека многу ги сакал жените. Можеби тоа била и причината заради која станал актер, раскажува смеејќи се. На прашањето (во барот во кој оди повеќе од 40 години): „Зошто не се ожениш и седиш дома“, одговара со прашање, „а може само да седам дома?“ Одлично одбраните инсерти од филмовите во кои играл (тој самиот мисли дека се повеќе од двестотини) ве мамат повторно да ги изгледате сите. Некои гледани, некои не. Да се потсетиме на „Париз, Тексас“, „Осми патник“, „Конфискатор“, „Диви во срцето“, „Приказната за Стрејт“, „Двобој на Мисури“...

На 29 септември е премиерата на последниот филм кој го снимил, „Лаки“ на режисерот Џон Керол Линч. Немаше среќа да биде на премиерата. „Делумна фикција“ е меланхоличен и непретенциозен филм. Поголем дел од филмот е црно-бел, кој блика со боја. Хари Дин Стентон воодушевува со својата природност и скромност. Кога е снимен филмот имал 85 години, зборува без многу возбуда, смирено, како да не може ништо да му го наруши спокојот. Најмногу сака да не прави ништо и да ја слуша тишината. Не му е важно како ќе го паметат. Секако ќе биде запаметен по филмот „Париз, Тексас“. Заедно со музиката на Реј Кудер, музика на една младост која има многу животи.

Ф И Л М ++++


6 ФИЛМ+КОМЕНТАР

ВО ПРВО ЛИЦЕ+НИКОЛА ПОПОВСКИ+РЕЖИСЕР

„ОСКАРОТ“ ЌЕ ПОЧЕКА Зошто во Македонија постојано исти луѓе добиваат пари од Филмскиот фонд и исти луѓе прават филмови? Тоа е прашањето кое многу често го добивам во инбокс. Пишува: Голем број млади Сунчица режисери ме праУневска шуваат зошто не можат да добијат пари од Фондот иако нивните кратки филмови се селектирани на фестивали и добивале награди. Многумина од нив имаат завршено на некои школи во соседството, каде што професори им биле познати авторски имиња од кои го научиле занаетот, па сепак, во Македонија не можат да добијат поддршка. Тие прашања ги добивам од оние кои се` уште се обидуваат и се надеваат да работат во Македонија, бидејќи другите, нивни колеги, веќе си заминале или си заминуваат. Ова прашање веќе и го заборавивме, бидејќи беше навистина здодевно постојано да се пишува за истите проблеми, а тоа ни малку да не допира онаму каде што треба. Едноставно, во Агенцијата за филм си беа направени едно чудо паравани, дали читачи на сценарија, дали Совети или Управни одбори, за на крајот, се разбира, да го добиете истото. Она што на претходната власт и на нејзините партиски војници во Агенцијата за филм им одговараше. Затоа истите луѓе добиваа финансиска поддршка, затоа истите луѓе, без оглед што направиле, имаа можност повторно да прават филмови и затоа дојдовме до такви апсурди, што и покрај силните пари вложени во филмот си стоиме во место. За жал, во земјава се создадоа такви кланови кои не само што добиваат, туку мислат дека само они и треба да добијат. Се направија такви шеми од кои навистина не знам колку лесно и колку брзо ќе можеме да се ослободиме. А што е најсмешно и се` уште се гласни партиските војници, па дури мислат дека работеле професионално и земаат како пример фестивали и награди за тоа колку се успешни и какви биле нивните избори. Навистина, и не треба многу да се пишува, резултатите и „успехот“ се гледаат со голо око... Добро е конечно што се одважија самите филмски работници, па годинава навистина се потрудија да бидат објективни и да кажат дека немаме филм кој треба да биде предложен за кандидат во трката за номинации за „Оскар“. Имавме доволно небулози изминатите години, па можеби нешто и ќе тргне на подобро кога веќе сфативме дека „Оскарот“ може и да почека.

ПОСЛЕДНИТЕ ЗВУЦИ ВО ЗАПУСТЕНИТЕ СЕЛА Краткометражниот филм „Последните камбани“ говори за распадот на една стара и односот на некоја нова генерација кон она што било некогаш. Првата награда на 41. Филмски фестивал во Монтреал дојде неочекувано, но подобар фестивалски почеток веројатно не можев ни да посакам

В

еројатно се работи за некои лични доживувања кои ја поттикнаа идејата за „Последните камбани“. Моето семејство потекнува од рурална средина, а и мојот професионален ангажман минатите години ме носеше на места каде остатоците од распадот на некогаш просперитетните заедници беа секојдневие. По долго размислување се роди идејата за осамениот старец, единствениот жител на едно запустено село, кој преку камбаната комуницира со неговиот пријател од соседното село. Таа приказна, всушност, говори за распадот на една стара и односот на некоја нова генерација кон она што било некогаш. Една од најголемите естетски дилеми беше онаа околу одлуката приказната да нема говор. Не дека не бев сигурен дека филмот без говор може совршено да функционира, туку едноставно бев претпазлив, бидејќи знам многу филмови без говор каде таа намера да се остане нем е непотребно

форсирана. Но, бев убеден дека тоа е најдобриот начин за да се конструира осамената пустелија. Од денешна дистанца, верувам дека во таа насока не погрешив и дека филмот, иако без говор, може да биде одгледан во еден здив. Друг предизвик во насока на реализацијата на идејата, беше пронаоѓањето на соодветен про-

што ја замислував. А за естетиката на пејзажите и езерото во длабочината и да не зборуваме. Ако за нешто бев потполно сигурен, тоа беше одлуката улогата да му се додели на актерот Мето Јовановски. Тој веднаш ми стави до знаење, дека препознал голем потенцијал за тој филм да биде општо прифатен и препозна-

стор каде што таа приказна ќе се одвива. Направивме голема потрага, по која донесовме одлука да снимаме во Преспа, или поточно во селата Љубојно и Брајчино поради тоа што, тоа беа единствените места каде приказната би можела да се одвива онака како

ен. Конечно, летото 2016 година се случи и снимањето. Филмот е направен во продукција на ДНФ филмс, а поддржан е од Агенцијата за филм на Македонија. Продуцент и монтажер е Гоце Кралевски, директор на фотографија е Фејми Даут, а дизајнот на звукот

и музиката се дело на Дарко Спасовски и Горан Керкез. Многу сум им благодарен на сите членови на екипата. Во март годинава филмот ја имаше неговата македонска премиера, а во август доживеа и светска премиера на 41. Интернационален филмски фестивал во Монтреал. Таму пак, за мене сосема неочекувано, се случи филмот да ја добие првата награда во категоријата за кратки филмови, и тоа на неговото прво меѓународно фестивалско учество. Подобар почеток веројатно и не можев да посакам. Деновиве се случи и европската премиера на филмот на Фестивалот на краток филм во Драма, Грција. Импресиите кои публиката ги сподели со нас беа навистина охрабрувачки. Се надевам дека и наградата во Монтреал, и фестивалот во Драма ќе отворат нови перспективи за фестивалски учества, бидејќи кратките филмови веројатно и немаат друга алтернатива.

НАСКОРО ВО КИНО МРАЧНИ ВРЕМИЊА/Super Dark Times

ЛАКИ/Lucky

Духовно патување на деведесетгодишниот атеист. Филмот е еден вид епитаф на Хари Дин Стентон, кој учествуваше во над 100 филма и 50 ТВ епизоди. Карл Род од „Твин Пикс“, човекот со шапка од „Седум психопати“, Тревис Хендерсон од „Париз Тексас“... „Лаки“е дебитантска режија на актерот Џон Керол Линч, во кој се пујавуваат и Дејвид Линч и Том Скерит. Едноставна и топла човечка приказна за 90-годишен ерген, кој е свесен за своето скоро заминување, но не менува ништо во својот живот, пушењето, утринското вежбање, редовно седнување во омилениот бар со чашка алкохол, решавањето крстозбори... Слично како и Ричард Фарнсворт во „Приказната за Стрејт“ (каде и Стентон се појавува), Стентон во својот последен филм ја игра својата најзначајна улога.

Автентично третирање на тинејџерството, ефектен трилер/хорор со доза на црн хумор, кој предизвикува чудни емоции. Можеби изгледа дека за режисерот, дебитант, Кевин Филипс ова е преголем залак, сепак, крајниот резултат е остроумен и зрел филм. Младите актери, Овен Кемпбел и Чарли Тахан своето филмско пријателство сугестивно го трансформираат во параноја и насилство. Филмот изобилува со сцени на неизвесност и ненајавени возбудувања.

ПРОЕКТОТ ФЛОРИДА/The Florida Project

Прекрасен поглед врз невиноста на детството. Шон Бејкер е еден од најиновативните американски режисери. Неговиот претходен успех со филмовите „Tangerine“, „Prince of Broadway“ и „Take Out“, само навести сериозен режисерски пат на сосема оригинален автор, чијшто ракопис веќе се препознава и почитува. Бејкер е мошне успешен и како сценарист. Како режисер, Бејкер е грациозен неореалистички воајер кој успешно импровизира, а неговото раскажување приказни, во „Проектот Флорида“, главно е само серија анегдоти. Но, и тоа се покажува како доволно. Во главните улоги: малата Бруклин Принс и Вилијам Дефо.


7

ФИЛМ+МУЗИКА

ПО ПАТОТ НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛМСКА МУЗИКА Пишува: Александар Трајковски

Г

одинава, во која се одбележуваат 65 години од појавата на првиот македонски игран филм, претставува повод за реминисценција на еден многу битен и суштински елемент од филмскиот призвод. Елемент, кој заедно со останатите авторски креации (режија, сценарио, монтажа и др.), е дел од сложената целина на филмската уметност, а кој сиве овие години е многу малку, речиси минимално разгледуван

соките водат до композиторот Трајко Прокопиев, кој како еден од претставниците на првата генерација македонски повоени композитори, учествува во пишувањето на првите страници од современата македонска музичка уметност, започнувајќи го, меѓу другото, и новото поглавје - македонска филмска музика. Во тие пионерски години, Прокопиев ја напишал музиката за првите два филма, „Фросина“, за кој конструира оригинални музички фрагменти со фолклорен

то реемитување, во „Републиката во пламен“, или пак, интензивната и доминантна музика на Кирил Македонски во „Македонска крвава свадба“.

призвук и „Волча ноќ“, каде целосно се доближува до естетските црти на западно-европскиот романтизам, со што го трасира патот за творење во овој жанр. Веќе 60-те години од минатиот век, срамежливо, но се посигурно и го отвораат патот на домашната музика, диференцирајќи ги композторите Томислав Зографски, Тома Прошев и Кирил Македонски и како автори на филмска музика, под чии пера настануваат мошне изразити музички творби, функционално сместени во контекстот на тонско сликање на повеќе знаменити филмови. Постарите генерации, секако, се сеќаваат на емотивниот интензитет на музиката на Зографски во „Денови на искушение“, бавните и „тешки“ мелодиски решенија во „Најдолгиот пат“, една деценија подоцна, но и на карактеристичното обединување на македонскиот музички фолклор и современиот начин на размислување во „Татко“, кој му ја „носи“ и „Златната арена“ на Пулскиот филмски фестивал во 1973 година. Сигурно не се малку и оние кои ја помнат рефлексијата на афинитетите на Тома Прошев кои се движат во духот на актуелната европска музика од 20 век во филмовите „Планината на гневот“, „Време без војна“ и можеби најмногу, заради често-

својата креативност и инвентивност, се одлучува за смел чекор - инкорпорирање на прогресивниот рок, во кој се чувствуваат влијанија на психоделичниот рок и симфониската рок-музика на Корнелие Ковач и „Корни групата”. Неколку години подоцна се појавува и „Исправи се Делфина“, чиј музички печат, дефинитивно е еден од најзабележителните во текот на целиот кинематографски период. За тоа, секако, придонесуваат музичките нумери на Славе Димитров, инспирирани од француската шансона, „Делфина” и „Каде песно моја”, оригинално напишани за филмот, а денес веќе вброени во редот на најпопуларните македонски евергини. Како одминува времето, така, на полето на македонскиот игран филм се забележуваат нови музички правци, нови размислувања и нови изрази. Во тој контекст, неодминливо треба да се спомене појавата на Илија Пејовски, кој во „Оловна бригада” и „Јазол” го користи хармонскиот јазик на џезот, прикажувајќи друга димензија на филмската музика, како и на Љупчо Константинов, кој се појавува во истиот период со Пејовски, и кој во текот на една цела деценија ќе го држи приматот во областа на македонската филмска музика, почнувајќи со „Црвениот коњ“, па преку „Јуж-

НОВИ МУЗИЧКИ ВИЗИИ ГО ОДБЕЛЕЖУВААТ КРАЈОТ НА 20 ВЕК Во почетокот на 1970 како освежување на музички план во македонската кинематографија се јавува „Истрел“ на Бранко Гапо. Имено, Гапо, познат по

ФРОСИНА и третиран. Музиката! Да, токму таа, музиката во филмот, која неретко е нарекувана и негова „душа“ и за која честопати се зборува дека му ја дава неговата неопходна живост. Во целото тоа време таа растела, се развивала, за денес да претставува база од преку 70 остварувања. И, секогаш, за едно помалку од снимените филмови. Интересно и можеби чудно, но тоа е така. А, така е заради тоа што еден од најпознатите македонски филмови, „Црно семе“, не содржи воопшто музика, туку истата, според режисерското видување на Кирил Ценевски, а врз основа на сугестиите на композиротот Илија Пејовски, е заменета со молк, со тишина, единствено со гласовите на актерите. Но, во другите таа е богато искористена, а благодарејќи на нејзината функционална осмисленост во голем број случаи е блиску до тоа да ја претстави метафизичката димензија на сликата во движење, која од своја страна и самата ја поседува, но музиката ја прави повидлива, поманифестна.

СЕ ЗАПОЧНА ОД „ФРОСИНА“ И ТРАЈКО ПРОКОПИЕВ Во текот на едно ретроспективно патување, навраќајќи се кон самите почетоци од нејзиниот развој во нашата земја, на-

на патека“, „Нели ти реков“, „Хај-фај“, нешто подоцна и „Тетовирање“, но најмногу, највпечатливо и најсугестивно во „Среќна нова ’49“, со лирски оркестрираната партитура наградена со „Златна арена“ во Пула во 1987 година, која со своето суптилно и ненаметливо движење, паралелно го следи одот на драмското дејствие, и успева да се слее во неискажаните чувства на главните протагонисти, со што станува неделив елемент од самиот филм.

СТИЛИСТИЧКО ОСВЕЖУВАЊЕ ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО ДО ДЕНЕС Почетокот на 1990, покрај политичките и економски промени на ниво на целата држава, донесе и своевиден нов, културолошки бран кој не ја одмина ниту филмската уметност, а се одрази и во изборот на темите, квалитетот на продукцијата, новата понуда на режисерски и актерски имиња, а секако и во музиката. Без никакво размислување, сомнеж или дилема, овој период го окарактеризира музиката во „Пред дождот“ на групата „Анастасија”, кои артикулираат своевидно стилистичко освежување на полето на македонската филмска музика. Имено, градејќи го истовремено и својот сопствен авторски стилски израз, пред се фузионирајќи ги традиционалниот и современиот звук, тие обликуваат специфичен етно-модерен стил кој успева да се наметне како еден од заштитните и најпрепознатливи обележја на самиот филм, воопшто. Покрај него, голем впечаток остава и музиката во „Џипси меџик”, која е мошне вешто и

претставува лајт-мотив на самата филмска приказна. Филмската музика во новиот милениум во преден план го става името на Кирил Џајковски, чија доминација е мошне забележителна. Неговата музика фузионира оркестарски аранжирани теми во комбинација со разни модерни аспекти, збогатени со силни перкусивни елементи, како и етно влијанија и употреба на традиционални инструменти. Таа е посебно изразита во „Прашина”, „Балкан-кан”, па, донекаде и во „Трето полувреме“, претставувајќи едно од главните облежја на овие филмови, воопшто. Исто така, мошне впечатлива е и употребата на неговата нумера „Jungle Shadow” во филмот „Сенки“, која има модерен, динамичен звук, а во исто време и одреден локален „вкус“ и која претставува прва музичка асоцијација за ова филмско дело. Од последните остварувања, може да се издвојат „Панкот не е мртов” на Александар Пејовски, кој создава оригинална панк-музика, а која претходно осмислено, заради потребите на филмот не звучи во целост во духот на британската панк-сцена од осумдесеттите години, туку аматерски, локално и маалски, без никакви додатни продукциски интервенции; „Скопје ремикс“, чија филмска форма му овозможува презентирање на еден шаренолик, современ музички колаж; како и „До балчак“, за кој Дуке Бојаџиев направи карактеристично „обоена“ и лесно приемлива музичка поддршка. Во зависност од временските периоди на нејзиното создавање и стилската определба на композиторите, може да се забе-

ДО БАЛЧАК

СРЕЌНА НОВА ’49 суптилно вградена во филмот, формирајќи на тој начин една хомогена аудиовизуелна целина. Нејзиниот автор, Влатко Стефановски за овој филм создава една од најпопуларните музички нумери во историјата на македонската кинематографија, „Gipsy song“, која всушност,

лежи доминантна инспирација од македонскиот фолклор, но и приклонување кон модерните тонски решенија. При тоа, мора да се каже дека поголемиот дел од музичките филмски дела забележуваат позитивен одглас во стручната, но и пошироката јавност.


8

ФИЛМ+MOVIEBOOKS

ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ ВО СФЕРАТА НА ВОЗМОЖНОТО И ВЕРОЈАТНОТО Кон „Социјалниот архетип во документарниот филм“ од Маријана Котевска-Георгиева, „Арс Ламина“, 2017 Пишува:Елена Димитровска

У

ште од првиот број на ФИЛМ+ започнавме со препораки на дела од подрачјето на науката за филмот, критиката, музиката, естетиката, филозофијата и укажувавме на недостатокот на вакви дела преведени на македонски, но и објавени од македонски автори, потсетувајќи дека секоја домашна публикација е збогатување на скудниот фонд на филмска литература кај нас. Во рамките на годинешното издание на „Македокс“ беше промовирана една исклучително значајна книга со наслов „Социјалниот архетип во документарниот филм“ од Маријана Котевска-Георгиева, инаку, интердисциплинарна студија која ги обединува книжевната теорија, есеистиката, теоријата на филмот и историјата на документарниот филм. Книгата опфаќа хронолошки преглед на развојот на документарниот филм, од класичната

документаристика, моделите на проучување и типовите на документарен филм според Бил Николс во „Representing Reality“ (прикажувачки, опсервациски, партиципациски, рефлексивен), и тоа преку браќата Лимиер како пионери на реализмот и наративната тенденција, Жорж Мелиес како зачетник на фиктивниот документарец, потоа британската документаристичка школа на Гриерсон, Роберт Флаерти од триесеттите години на 20 век, советската школа на Ѕига Вертов, па се до современата продукција и перформативните документарци. Исто така, авторката го проучува и развојот на македонската документарна продукција и киноприкажувачка дејност од почетокот на 20 век (браќата Манаки, Арсениј Јовков, едукативните филмови на Стеван Мишковиќ, Благој Дрнков, пропагандните по ослободувањето) и дел од македонските документарни филмови и режисери од шеесеттите години на минатиот век до денес: Мето Петровски и

„Голгота“, Трајче Попов „Ликвидатор“, Столе Попов „Австралија, Австралија“ и „Дае“, Димитрие Османли „Дванаесетте од Папрадник“ и Атанас Георгиев „Плати и жени“. Преку филозофијата на Хегел и Едмунд Хусерл и преку книжевноста, авторката се фокусира на јазикот на документарниот филм, односот автор-дело, дело-публика, и на крајот вистина-публика. Документарниот филм постои во сферата на возможното и веројатното и кај него се бара ангажман, односно гледачот создава привид дека може да учествува. Кога станува збор за поделба на фикција и нефикција не се зема во обзир само текстот, туку и контекстот (и тоа не само културолошкиот) и реципиентот. Документарниот филм креира модел на стварноста.Најважниот аспект на кој е посветена оваа студија е социјалниот контекст на документарецот, односно нефикционалниот филмски наратив; прикажувањето на кон-

кретен факт и културолошката оправданост на прикажувањето на тој факт. Документарците со социјален или политички карактер кои ја менуваат свеста на индивидуата или заедницата (опфатени се филмовите „Чин на убивање“ на Џошуа Опенхајмер, „Burma VJ: Reporting

ВИНОТО 29 СЕП - 01 ОКТ

from a Closed Country“ на Андреас Остергард и други). Преку постколонијалната критика и психологија, всушност, се објаснува архетипот во толкувањето и разбирањето на историјата на документарниот филм, а со тоа и на стварноста.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.