РЕГИОНОТ ШАРА-КОРАБ-КОРИТНИК

Page 1

РЕГИОНОТ ШАРА-КОРАБ-КОРИТНИК Откривање на природното и на културното наследство долж Балканскиот зелен појас

1

© Тони Стојановски


2


Оваа брошура е подготвена со цел да ги истакне различните туристички можности во регионот Шара-Кораб-Коритник во Западен Балкан. Придружете ни се во откривањето на едно скриено ќоше во Европа, познато по својата прекрасна природа, богата историја и гостопримство. Освежете се со планинарење, велосипедизам и доживејте ја локалната архитектура. Пробајте ги традиционалните рецепти, зимските спортови или останатите активности за да ги откриете природната убавина и разновидност на овој регион. Оваа публикација е подготвена во рамки на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник“, кој финансиски е поддржан од Германската федерална фондација за животна средина (DBU) и од добротворната фондација „Оге В. Јенсен“ (Aage V. Jensen).

Автор: Стефани Гентл, проектен координатор на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник“, Друштво за заштита и зачувување на животната средина во Албанија (ППНЕА) Соработници: Арбен Мехмети, Ардита Динај, Арта Старова, Блерта Авдија, Букурош Онузи, Фросина Пандурска-Драмиќанин, Хајруш Куртај, Организацијата „High Scardus Trail/Trail Angels”, Контура ЛТД, Неби Бардоши, Сандра Вигер, Спасе Шумка и Џевахир Дочај Дизајн: Министерство за комуникации Насловна страница: врв Љуботен, Шар Планина, фотографија на Тони Стојановски Задна страница: врв Мурга, Шиштавец, фотографија Pedaling Pictures септември 2023 година

3


Ливадичко Езеро, ледничко езеро на Шар Планина

4


Во 1908 година кога Мери Едит Дурхам, англиска писателка, патеписец и антрополог, го посетила регионот запишала:

"

Мислам дека не постои место каде што луѓето ми оставиле толкав впечаток на магична изолираност од целиот свет. Тоа е место каде што вековите се топат, реката може да биде извор на светот, а нејзините брегови дом на основни инстинкти – страсти кои се црвени и брзи

5

-

" © Тони Стојановски


Winter view Зимски поглед of Tito’s кон Титов Peak, the Врв,highest највисокиот summitврв in the на Шарпланинскиот Shar Mountain Range Масив alongдолж the border границата between со Македонија North Macedonia и Косово. and Kosovo.

6


С ОД Р Ж И Н А ЗАПОЗНАВАЊЕ GETTING FAMILIAR СО РЕГИОНОТ WITH THE REGION

08 - 09

ПРИРОДЕН NATURE TOURISM ТУРИЗАМ

10 - 17

ПЛАНИНСКИ MOUNTAIN И СПОРТСКИ & SPORTS ТУРИЗАМ TOURISM

18 - 25

КУЛТУРЕН ИCULTURAL РЕЛИГИОЗЕН & RELIGIOUS ТУРИЗАМ TOURISM 26 - 29

РУРАЛЕН ТУРИЗАМ

RURAL TOURISM

ВКУСОВИ И FOOD ЛОКАЛНА ХРАНА EXPERIENCES

7

30 - 33

34 - 37

© Тони Стојановски


ЗАПОЗНАВАЊЕ СО РЕГИОНОТ Регионот Шара-Кораб-Коритник се наоѓа во центарот на Балканскиот Полуостров. Се протега меѓу северозападниот дел на Северна Македонија, Јужно Косово и североисточниот дел на Албанија. Ова прекугранично заштитено подрачје покрива вкупно 2.400 km2 и се протега во три национални парка и во еден парк на природата: националниот парк Шари во Косово (од 1986 год.), паркот на природата Кораб -Коритник во Албанија (од 2011 год.) и националниот парк Шар Планина во Северна Македонија (од 2021 год.), вклучувајќи го и националниот парк Маврово кој ги поврзува подрачјата со еколошка важност. И покрај неговата големина, овој регион останува непознат за посетителите. Тој нуди неверојатен диверзитет на видови и на живеалишта. Посетителите можат да уживаат во различни активности на отворено, како и во богато културно наследство. Иако локалното население ги вреднува природните вредности на планинските предели, регионот не се препознава по туризам, којшто може да ги подобри условите за живот на често изолираното население. Оваа брошура се обидува да ги истакне природните, културните и туристичките вредности на регионот Шара-Кораб-Коритник, еден од бисерите на Европскиот зелен појас.

Приштина

Косово

Национален парк Шари Призрен

Кукс Тетово

Парк на природа Кораб-Коритник

Скопје

Национален парк Шар Планина Гостивар

Пешкопија

Национален парк Маврово

Албанија

Северна Македонија

© OpenStreetMap

8


ОД ЖЕЛЕЗНА ЗАВЕСА ДО ЕВРОПСКИ ЗЕЛЕН ПОЈАС Железната завеса ја делеше Европа на два дела ce до 1990 година. Албанија, Македонија и Косово беа поделени на два посебни фронта, простор со намалена комуникација во регионот Шара-Кораб-Коритник. Европа била поделена со бодликава жица, имало кули-набљудувачници и владеел страв од напади. Војниците и локалното население ce уште имаат спомени поврзани со страв за евентуален напад од соседната страна. Со крајот на Студената војна, голем дел од подрачјата долж Железната завеса се прогласени за заштитени и тој простор сега е познат како Европски зелен појас. Мрежата на заштитени подрачја се протега во појас долг 12.500 km и поврзува предели со висока природна и културна вредност на 24 земји. Балканскиот зелен појас го формира најјужниот дел на Европскиот зелен појас. Денес Европскиот зелен појас е богат со живеалишта коишто останале зачувани поради нивната изолираност и неможноста за човечки интервенции. Иницијативата Европски зелен појас се фокусира на промовирање одржлив развој преку баланс меѓу човековите активности и природата, како и креирање социо-економски можности за локалните заедници. Таа е симбол за обединета и паневропска соработка.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА: WWW.EUROPEANGREENBELT.ORG http://www.europeangreenbelt.org/

© Азем Рамадани 9


ПРИРОДЕН ТУРИЗАМ Регионот Шара-Кораб-Коритник е дом на два планински масива: Шар Планина и планината Кораб. Карактеристично за овие планински предели е тоа што имаат стрмни каменести врвови на северната страна и благи предели на јужните падини. Нивните предели се дом на пространи ливади, пасишта и шуми, вклучувајќи ги и ендемичниот македонски бор (Pinus peuce) и босанскиот бор (Pinus heldreichii). Алпските предели на овие планини се сметаат за најважни во Југоисточна Европа и се познати по неверојатниот диверзитет на хабитати.

©Са

ндра В игер

Има голем број врвови над 2.000 метри надморска висина, вклучувајќи и 22 врва со над 2.500 метри. Со 2.764 метри надморска висина, планината Кораб е највисока планина во регионот. Врвот Кораб се наоѓа на границата меѓу Албанија и Северна Македонија и претставува највисок врв во двете земји. Титов Врв е највисокиот врв на Шар Планина со висина од 2.747 метри.

ВРВ КОРАБ

ТИТОВ ВРВ

© Pedaling Pictures

© Тони Стојановски 10


Богатата мрежа на реки и извори, коишто се дел од Дримскиот Басен, претставува крвоток на регионот. Поголеми реки се Дрим, Лепенец, Бистрица и нивните притоки Љума, Буштрица, Манастирица, Кориша, Љубиша, Јагленц, Топлуга, Кепуза и Врмица. Планините Шара, Кораб и Коритник се посебно познати по ледничките езера, од нив 39 се сместени на висина меѓу 1.936 и 2.340 метри. Скакаличко (2340 m), Доброшко (2.340 и 2.300 m), Бело (2.280 m), Кривошиско (2.250 m) и Ливадичко Езеро (2.173 m) се меѓу попознатите леднички езера коишто се атрактивни и за планинари и за туристи.

©Олсон Лама

©ППНЕА/ШКК

ЦРНО ЕЗЕРО, ШАР ПЛАНИНА

©Тони Стојановски

ЦРНО ЕЗЕРО, РАДОМИР

© Pedaling Pictures

БОГОВИЊНСКО ЕЗЕРО, ШАР ПЛАНИНА

©Тони Стојановски 11


Планината Кораб формира граница меѓу Северна Македонија (лево) и Албанија (десно). Патеката на гребенот на фотографијата води до врвот на планината Кораб, највисокиот врв во двете земји.

12


13

© Pedaling Pictures


ФАУНА Подрачјето на масивот Шара-Кораб-Коритник е жариште на биолошка разновидност. Оваа група на планини нуди одлична средина за разновиден див свет поради огромните терени и предели коишто вклучуваат нефрагментирани шумски појаси, леднички езера, алпски падини, пасишта и бројни планински извори. Имено, околу 150 ретки и ендемични видови се пронајдени токму тука. Овие предели се дом за повеќе од 50 видови цицачи, вклучувајќи ја и динарско-пиндската кафеава мечка, балканската дивокоза, евроазискиот волк и критично загрозениот балкански рис. На овие големи цицачи им требаат огромни живеалишта за да преживеат и тие имаат корист од заштитата и од природните коридори што им ги обезбедуваат планините. Други присутни видови се европската дива мачка, евроазискиот јазовец, евроазиската видра, европската борова куна, црвената лисица, срната и дивата свиња, кои се многу ретки и загрозени видови со глобално значење. Ursu s ar cto s

Can is l up us

Lynx lyn x

s icu an

ba lc

©P PNEA/BLRP

©P PNEA/BLRP

©P PNEA/BLRP

НАЈМАЛКУ 50 КРУПНИ ЦИЦАЧИ ЖИВЕАТ ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН ШАРА-КОРАБ-КОРИТНИК И МАВРОВО.

Присутни се значајни видови птици, како, на пример, сив сокол, сокол ластовичар, еребица камењарка, голем був, алпско попче, карполазач, жолтоклуна галка, црвеноклуна галка, снежна ѕвингалка. Некои од овие видови се присутни постојано во регионот, додека, пак, други мигрираат. Оваа област е дом и на седумнаесет видови влечуги и на дванаесет видови водоземци, како што се ријачка, шарка, поточна жаба.

ПОВЕЌЕ ОД 125 ПТИЦИ ГНЕЗДИЛКИ

ро ©Ф

©А зем Рамадани

ќа ни н

Регистрирани се повеќе од 25 вида риби, при што охридската гомнушка и скадарскиот гумен (Skadar gudgeon) се од посебен интерес за заштита. Постојат голем број видови безʾрбетници. Многу од нив може да се сретнат покрај потоци, во варовнички карпи како и во плитки подземни живеалишта и пештери.

си на ми Панд ка-Дра урс

©

17 ВИДОВИ ВЛЕЧУГИ

Тон ки и Стојановс

©А зем Рамадани

12 ВИДОВИ ВОДОЗЕМЦИ

МНОГУ ВИДОВИ БЕЗʾРБЕТНИЦИ © Тони Стојановски

14


ФЛОРА

L

a dul en av

©

ПП

Н ЕА/ Ш К

К

Ca len

rvensis la a du

БОРОВА ШУМА НА ЛОКАЛИТЕТОТ ЛЕШНИЦА, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

©

Аз

н

и

Мешањето на континенталната и на медитеранската клима долж басенот на реката Дрим обезбедува идеални услови за многу видови, особено за васкуларни растенија. Планинскиот венец Шара-Кораб-Коритник е дом на повеќе од 2.000 видови васкуларни растенија, од кои голем број ендемични, ретки или загрозени видови. Планинските извори и потоците се особено важни бидејќи тие се дом на многу локални ендемични видови. Повеќе од 150 растителни видови се единствени за овој мал планински регион.

ем Рамада

Ge n lutea na tia

© © Тони Стојановски

ПП

Н ЕА/ Ш К

К

Чинарот е еден од најважните природни и историски споменици во Призрен. Сместен на работ на реката Бистрица и датира од 14 век.

© Стефани Гентл

© Pedaling Pictures 15


ЛЕКОВИТИ И АРОМАТИЧНИ РАСТЕНИЈА Луѓето што живеат во Косово, Северна Македонија и во Албанија имаат долга традиција за собирање и култивирање диворастечки растенија. Овој регион е познат по производство на висококвалитетни чаеви и билки, кои се економски профитни за локалните рурални заедници. Некои од најпопуларните продукти се боровница, линцура, смрека, коприва, шипка, глог, диви јаболка, диви јаготки, мајчина душица, јаглика, бозел, камилица, нане, бел слез, див лук, синчец, невен, жалфија, кантарион, ајдучка трева, планински чај и мечкино грозје. Во овој регион, луѓето обично ги користат плодовите, листовите, кората, корењата, семињата или цветовите на растението за нивните терапевтски придобивки и специфични лековити својства. Оваа практика е стара со векови и постои за исполнување на потребите за храна и за лекување. Собирањето и одгледувањето лековити растенија има важна улога во руралниот начин на живот.

© ППНЕА/ШКК

© ППНЕА/ШКК

© Pedaling Pictures

16

© Pedaling Pictures


"

Собирањето шумски плодови и одгледувањето лековити и ароматични растенија имаат посебно економско значење бидејќи обезбедуваат приход за локалното население во изолираните рурални средини. Ова е важна дејност којашто може да ја спречи миграцијата на младите од регионот. За да се зачува биодиверзитетот и за да се обезбеди одржлив развој, и во регионот Шара-Кораб-Коритник започна одгледувањето лековити и ароматични растенија – Арбен Мехмети, професор на Универзитетот во Приштина.

"

© Хајруш Куртај

ДИВИ БОРОВИНКИ Регионот Шара-Кораб-Коритник е познат по боровинки. Дивите боровинки се помали, но побогати со некои антиоксиданси. Ги има во изобилство на пасиштата и долините на овој планински регион. Тие се собираат за локална употреба и за извоз, а особено се важни за зајакнување на имунитетот. Бербата на боровинки е од корист за регионалната економија. Сепак, нерегулираното собирање предизвикува намалување на бројот на растенија. При собирањето на овие вкусни плодови важно е да се избегне оштетување на гранките и да се контролира нивната распространетост со цел да се зачува нивното природно живеалиште.

© ППНЕА/ШКК

© Pedaling Pictures 17


ПЛАНИНСКИ И СПОРТСКИ ТУРИЗАМ

Планинските венци Шара и Кораб-Коритник нудат спој на зачудувачки пејзажи и возбудливи активности, совршени за релаксирачки или за авантуристички одмор. Националните паркови нудат многу повеќе од извонредна дивина. Тие се погодни и за голем број активности на отворено. Низ целиот регион има пешачки и велосипедски патеки кои нудат разновидност за сечија потреба. Пешачењето може да биде кратко низ прекрасните села или повеќедневно за искусни планинари. Посетителите може да уживаат и во набљудување птици, планинско трчање, кампување, кајакарење, скијање, зимско пешачење или, пак, во адреналински активности како планински велосипедизам, параглајдерство и качување по карпи. Без разлика дали сакате да истражувате сами, да ангажирате водич за лична тура или, пак, да се придружите на голема планинарска група, регионот служи како основа за незаборавна авантура на отворено и тоа во сите сезони.

© Тони Стојановски

© Бесмир Била 18


© Бесарт Халилај

Без разлика дали сте за динамично патување или за мирен одмор на планина - природата, планините, пасиштата, широкоотворените простори и живописните пејзажи нудат простор за престој на секој љубител на природата.

© Pedaling Pictures

© ППНЕА/ШКК

© Pedaling Pictures

© Букурош Онузи

© Тони Стојановски

© Азем Рамадани

19


ПАТЕКА HIGH SCARDUS Патеката High Scardus поминува низ седум национални парка, од кои три во Албанија, три во Македонија и еден во Косово. Во моментов услугите се нудат преку букинг-центар којшто е финансиран во рамки на проект поддржан од ГИЗ и од австриски експерти за туризам Trail Angels, коишто во соработка со локални експерти нудат услуги на меѓународната планинарска заедница. – High Scardus Trail Organization/Trail Angels Голем дел од патеката се наоѓа меѓу Шар Планина, Кораб и Коритник. Некои делови од патеката се многу изолирани, а во минатото се користеле од локалното население и, главно, од сточарите во регионот. Станува збор за сè уште непозната и една од најмалку посетените патеки во Европа. Долж патеката планинарите може да ги искачат највисоките врвови во Албанија и во Северна Македонија, како и да уживаат во прекрасните леднички езера, планински потоци, стари бачила и рустикални села.

©O penStreetMap

© Pedaling Pictures

Убавината на патеката High Scardus, по преминувањето на планината Кораб од Северна Македонија кон Албанија, е магична. Алпската патека поминува долж различни предели, меѓу кои пространи планински предели, карпести делови, ливади и пасишта со бачила. По симнувањето ќе бидете пречекани од шармантното планинско село Радомир во Албанија. Патеката High Scardus поминува низ седум национални парка, од кои три во Северна Македонија, еден во Косово и три во Албанија. Моментално се работи на софистицирани услуги и на букинг-центар којшто е подготвен во рамки на заеднички германско-австриски проект поддржан од ГИЗ и од австриски експерти за одржлив туризам. - Trail Angels во соработка со локалните експерти им овозможуваат пристап на меѓународните туристи (High Scardus Trail Organization/Trail Angels) © Метју Нелсон 20


"

Кога туристите првпат планинарат во регионот и неговите периферии, често имаат чувство дека се движат низ далечен свет создаден од легенди, место каде што сегашноста и минатото се претопуваат во предели, пасишта и доминантни врвови кои го одземаат здивот. Доколку сакате да видите поинаква слика од Албанија, Косово и од Македонија којашто е далеку од бучните градови и којашто знае да си ги зачува своите традиции и обичаи - тогаш овој регион е правиот избор за вас - Букурош Онузи, експерт за туризам

"

© Азем Рамадани

Поглед од планината Кораб кон Мавровското Езеро во Националниот парк Маврово

"

Пешачејќи по патеката High Scardus разбрав дека географијата, историјата и културата на овој регион се поврзани. Најинтересните искуства ми се поврзани со овчарите коишто сè уште водат традиционален и автентичен начин на живот - Стефани Гентл, ППНЕА

© Pedaling Pictures

21

"


Радомир и Црно Езеро, Албанија

"

22


23

© Pedaling Pictures


Церипашина, Попова Шапка, Северна Македонија

24

© Тони Стојановски


ЗИМСКИ АКТИВНОСТИ Иако привлекува посетители и во пролет и во лето, регионот Шара-Кораб-Коритник нуди голем потенцијал и за зимски туризам. Кога снегот ќе го покрие регионот, тој станува вистинска уникатна дестинација. Долгите планинарски патеки, смрзнатите езера и скијачката сезона траат околу 120 дена и нудат огромна можност за авантура на отворено и за релаксиран одмор на планина. Шумските патеки и искачувањето до највисоките врвови овозможуваат за планинарските ентузијасти смирувачка атмосфера и видици од кои се останува без здив. Ваквите тури се одличен избор за повторно поврзување со природата. Малите градови и села стануваат волшебни дестинации кои нудат убавина и топло гостопримство, како и авантура за време на зимската сезона. Доброразвиени центри се Брезовица во Косово, Попова Шапка во Северна Македонија и Шиштавец во Албанија. Постојат голем број хотели, автентични ресторани, сместувачки капацитети и планинарски домови за сечиј вкус.

© Тони Стојановски

Долж патеката High Scardus во Македонија се наоѓа првиот планинарски дом „Љуботен“, којшто е најстар планинарски дом во земјата. Тој служи како традиционално сместување и совршено одморалиште за искусување на планинарската култура во Македонија или едноставно за уживање во погледот кон Тетовската Долина. Локалитетот е идеално место за обновување на батериите пред искачување на подолгите патеки од патеката High Scardus.

"

© Тони Стојановски

25


КУЛТУРЕН И РЕЛИГИОЗЕН ТУРИЗАМ Регионот Шара-Кораб-Коритник е поплочен со вековна култура и историја. Низ вековите, кога долините и урбаните подрачја биле окупирани од империите како Римската, Византиската и Отоманската, овие изолирани подрачја имале релативна слобода и политичка автономија. Пазарите во градовите и во селата на падините на планините - како Тетово, Призрен и Шиштавец – долго време биле познати центри за размена меѓу планините, долините, градовите и империите. Католицизмот, православието и исламот се поврзани со различните традиции во регионот. Комуникацијата меѓу различните етнички групи и народи, меѓу кои Албанци, Македонци, Срби, Турци и Горанци, ја збогатуваат различните традиции и обичаи. Џамии и хамами од отоманскиот период се дел од овој предел, но и православни цркви со висока архитектонска и уметничка вредност. Многу религиозни споменици се национални културни споменици. Во овој регион, исто така, се присутни елементи од ранохристијанскиот календар. Фестивали, обичаи и ритуали што ги празнуваат сонцето, планината, водата и огнот ce уште се присутни во некои села, со што ја штитат вековната култура.

ПАНОРАМА НА ПРИЗРЕН

© ППНЕА/ШКК © Pedaling Pictures

© Бесарт Халилај

26

© ППНЕА/ШКК


Во регионот Шара-Кораб-Коритник туризмот расте на културната туристичка мапа. Жителите имаат интерес да ги зачуваат локалната храна и култура, кои се дел од туристичкото доживување. Иницијативата на Владата на Албанија „100 туристички села“, во којашто се вклучени и неколку села од паркот Кораб-Коритник кои се наоѓаат долж патеката High Scardus, само придонесува за зголемување на овој тренд.

© Азем Рамадани

" © Pedaling Pictures

Во овој регион постои посебна културолошка поврзаност меѓу жителите коишто, главно, се занимаваат со чување стока или со полјоделство. Нивните животи се поврзани со економски и со социјални циклуси кои се базираат на стар календар со паганско потекло. Претхристијанскиот календар е основа за нивните активности поврзани со полјоделството и сточарството и тој длабоко ги поврзува нивните животи со природата. - Неби Бардош, експерт по културно наследство

Во прилог неколку фестивали и празници коишто нудат единствена можност да се запознаат традициите кои се длабоко вкоренети во регионот и кои ја прикажуваат поврзаноста меѓу луѓето и природата.

ЛЕТНИК: Се поврзува со ритуали на потстрижување на косата кај малите деца во некои села коешто се прави на симболичен начин. Праменчињата коса се фрлаат во река, а блиските се молат за здравје и за прочистување. Други ритуали како боење на дрвјата и украсување на алките со симболични подароци.

ЃУРЃОВДЕН (СВ. ЃОРЃИЈА): Се одржува на 5 и 6 мај и со овој празник се слави завршувањето на зимата. Ги означува пренесувањето на стоката кон летните пасишта во планините и почетокот на полјоделските работи. Обичаите, коишто ги прават млади девојки, опфаќаат потстрижување коса, собирање цвеќиња и собирање билки за стоката. Можете да јавате со коњ или да се предадете на традиционалните танци, меѓу кои е и карактеристичниот танц на старешините којшто ја зазема централната улога во прекрасното село Шиштавец.

БУЗМИ, BUZMI: Во септември (во некои села на крајот на август) се организира фестивалот „Бузми“, којшто го означува влезот во зимата. Во некои села, особено оние на падините на Шар Планина близу Тетово, има и ритуали поврзани со бракот, кои вклучуваат готвење посебен леб, ритуално јадење и претскажување сонови. Фестивалот е придружен со песни, ора и со ритуали кои го симболизираат поволното зимско сонце. 27

"


Внатрешноста на теќето Руфаи во Призрен, Косово

28


© Стефани Гентл 29


РУРАЛЕН ТУРИЗАМ Регионот Шара-Кораб-Коритник е составен, главно, од рурални предели. Овој предел, којшто е изолиран, бил прибежиште за заедниците и направил нивниот идентитет да се задржи со векови. Регионот истовремено е познат по најнискиот социо-економски развој во Албанија, Косово и Северна Македонија. Заедниците историски се сместиле во регионот и се занимавале со сточарство, полјоделство, пчеларство, собирање јаткасти плодови и со собирање шумски плодови. Иако во последните декади се случувале промени во економска и во индустриска смисла, овие традиционални активности остануваат важен извор на приход за одржување на руралните заедници. Различните природни и културни вредности се внимателно зачувани преку традицијата, обичаите и ритуалите. Во последните години стануваат сè популарни активностите како пешачење, кампување во природа и поминување време во природа. Овие искуства се дополнуваат со уникатни музеи, посебни атракции и угостителски објекти што нудат автентична локална храна и извонредно гостопримство. Како резултат на тоа, туризмот сега значајно придонесува за развој на регионот.

© Ацо Гелевски

© Азем Рамадани

© ППНЕА/ШКК

© ППНЕА/ШКК 30


ТРАДИЦИОНАЛНО ОВЧАРСТВО Овчарството е традиционална дејност којашто останува да има важна улога за културата на регионот. Стотици години руралните заедници се потпирале на одгледувањето овци и кози за храна и за други ресурси. Животните сезонски се носеле на различни пасишта следејќи ја можноста за храна. Тие во лето се носеле на летните пасишта, додека во зима се напасувале на ниските пасишта во долините. Сезонското движење на стоката служи како основа за руралните традиции и начин на живот. Традиционалните раси на овци од овој регион се руда и шарпланинка. Овие овци се издржливи и можат да поминуваат долги дистанци, исто така тие се приспособени на географските и на климатските услови што владеат во планините. Овчарите ги користат за производство на месо, млеко, млечни производи и за волна.

© Тони Стојановски

Покрај секое стадо се верните придружници - овчарските кучиња. Шарпланинецот, познат и како илирско овчарско куче, е чест избор за овчарско куче во регионот Шара-Кораб-Коритник. Овие кучиња имаат две намени: го штитат стадото од диви животни и го водат на пасиштата.

© Арта Старова

Планинарите треба да стојат настрана од стадата. Овчарските кучиња се многу големи и може да бидат агресивни. Доколку ги сретнете, останете мирни и правете гласни звуци ce додека не се појави овчарот (тој обично е во близина). Доколку не можете да го лоцирате овчарот, повлечете се полека, тивко и смирено избегнувајќи нагли движења бидејќи тие може да предизвикаат агресија кај овчарските кучиња. 31


ТРАДИЦИОНАЛНА ПОДГОТОВКА НА СИРЕЊЕ

Подготовката на сирење е друга традиционална активност којашто се издвојува во Југоисточна Европа. Балканскиот регион е познат по исклучителни локални сирења.

Белото овчо сирење, познато како бело сирење во Албанија и во Македонија, многу се користи во регионот. Ова е солено сирење со мека текстура. Направено е од овчо млеко и е чест овчи производ. Тревата и лековитите растенија му даваат уникатен вкус. Овчото сирење е популарен производ во планините и е традиција во многу домаќинства. Исто така е важен дел од традиционалната исхрана на селаните во регионот.

Сточарските семејства во регионот Шара-Кораб-Коритник прават сирење на традиционален начин. Сирењето се подготвува во летните бачила од бачот. Секое бачило има просторија за правење сирење и магацин, којшто треба да биде со температура меѓу 5 и 10 Целзиусови степени за сирењето соодветно да узрее и да се зачува.

© Тони Стојановски

© Тони Стојановски

Покрај белото сирење, се подготвуваат и други сирења, урда, путер, кисело млеко итн. Овие млечни производи се продаваат во локалните ресторани, продавници или директно од фармите.

Доколку сакате да дознаете повеќе за традиционалното овчарство и за традиционалната подготовка на сирење, прочитајте повеќе тука: Традиционалното овчарство во планинските предели на Шара-Кораб-Коритник.

https:/ issuu.com/euronatur/docs/brochure_shepherding_mk_web_29.01.2021 © Шукри Муртезани 32


АГРОТУРИЗАМ Зголемувањето на руралниот туризам поттикнува локални иницијативи за еколошки и одржлив развој и за зачувување на традиционалните култури. Со поврзувањето на туристите со локалните жители и нивните производи се креираат можности за економски раст, културна размена и хармонија со природата. Помладите генерации постојано сакаат да инвестираат во различни туристички понуди и со тоа го прават агротуризмот подостапен. На тој начин, локалното население може да заработи дополнителен приход, што, пак, дава дополнителен мотив за младите да останат во регионот. Агротуризмот нуди серија услуги, како сместување, оброци и активности како јавање на коњи или пешачење. Гостите може да учествуваат во работа на фарма, да учат како се подготвуваат регионални рецепти или само да уживаат во руралниот предел. Овој тип на одмор овозможува целосно да се искуси руралниот начин на живот, со неговите разновидни бои, звуци, вкусови и можности за релаксација. Проектите за агротуризам, главно, се водени од семејни бизниси што нудат атрактивни активности за деца и за возрасни. Домаќините се посветени на зачувување на културното богатство и се прочуени по своето гостопримство, што придонесува за автентично и богато искуство.

© Агро-Еко Дибра

© Тони Стојановски

© Агро-Еко Дибра

© Азем Рамадани

© Шќипе Шала

33


ВКУСОВИТЕ НА РЕГИОНОТ

© Азем Рамадани

Освен богати културни и природни вредности, регионот има и богато кулинарско наследство. Овој регион е прочуен по мешањето на балканските и на медитеранските вкусови, кои се рефлектираат во албанската, грчката, македонската, српската и во турската готварска традиција. Регионот Шара-Кораб-Коритник се гордее со богатите традиционални земјоделски производи и со вкусните деликатеси кои ги прикажуваат локалната храна и земјоделство. Многу продукти се произведени и обработени според традиционални методи, нудејќи уникатен вкус којшто навистина е карактеристичен за овој регион.

34


Ова се некои од најпознатите производи и специјалитети од регионот:

САЛАТИ Македонска салата – е комбинација од домати, краставици, овчо сирење, кромид и сечкани печени пиперки. Селска салата – (во Северна Македонија позната како Шопска салата) е мешана салата со домати, краставици, овчо сирење и кромид.

© Pedaling Pictures

СУПИ И ВАРИВА Тавче-гравче – е локален грав варен во земјен сад. Овој специјалитет е карактеристичен за Тетово и е омилено јадење за време на зимската сезона. Горанска супа – е типична за регионот Гора. Оваа супа се прави од пилешки гради, запржено брашно со масло, ориз, ситно сечкан лук, сол, пипер и кисело млеко или путер. Бегова чорба – е важна супа во албанските домаќинства, која се прави со кромид, морков и лук со варено пилешко месо, магдонос и зачини.

© Стефани Гентл

Пача – е популарен и едноставен рецепт со незаборавен вкус. Пачата се состои од месо варено со коски, брашно, мешано со масло и зачини.

ХРАНА СО МЕСНИ ПРОИЗВОДИ Јуфки – традиционална паста приготвена со путер, често се служи во тава со различни видови месо. Паша-ќофте – е популарно јадење направено од мелено месо, варен ориз и зачини, ќофтињата потоа се валкаат во јајца, кисела павлака и брашно, па се пржат на маст. Полнети пиперки – пиперките се полнети со мелено месо, кромид, лук и зачини и се варат.

© Pedaling Pictures

Сарма со листови од зелка (или со лозов лист) – се приготвува со месо, ориз, јајца, путер, црвен пипер, зеленчуци и зачини и се служи со кисело млеко. Призренска тава – се приготвува со мелено месо, путер, пиперки и различен зеленчук подготвен во рерна. Шарска плескавица – слична е на ќебапите, но има различна форма и се полни со кашкавал. Суво месо (пастрма) – солено сушено месо е месо што после 40 дена се отстранува од солилото и се суши.

© Pedaling Pictures

35


МЕСЕНА ХРАНА Флија (ѓомлезе) – е традиционален рецепт што се приготвува на вршник повеќе часа. Тестото се реди, парче врз парче и се пече на тивко. Пченкарни мекици – се прават од пченкарно брашно во два слоја, во средина се става ред домашно сирење.. Мекици – слични со крофни, се приготвуваат со пржење на тестото и се служат со сирење, џемови или со мед. Призренски мантии – се приготвуваат со тесто коешто се формира на мали квадрати и се полни со мелено месо, ситно сечкан кромид и зачини. Качамак – тип на оброк што се приготвува од пченкарно брашно во солена вода, откако ќе се стврдне се служи со стопен путер.

СЛАТКИ ЈАДЕЊА Шеќерпаре – колач од тесто и шербет со ореви и бадеми. Раванија – традиционален рецепт за колач потопен во шербет. Алва – познат рецепт за десерт во целиот регион што се подготвува со брашно, шеќер, вода и путер/маст. Сутлијаш – десерт што се подготвува од варен ориз, млеко, ванилин шеќер и цимет. Теспиште – традиционален десерт што се подготвува од пченично брашно, млеко, јајца и малку шеќер натопен во шербет.

ПИЈАЛАЦИ Ракија – силен алкохолен пијалак направен од ферментирано овошје, како сливи, грозје или капини. Боза – благ напиток направен од ферментирани житарки. Салеп – се прави од брашно од мелен корен на орхидеја (Orchis mascula). Сувата смеса се меша со топла вода, шеќер и вкус од портокал и роза, кои му даваат вкус на богат топол напиток. Чај – многу различни билки може да се најдат во регионот, меѓу кои планински чај, чај од боровница, жалфија и липа.

"

Традиционалната кујна е клучен збор при посетата на Шара-Кораб-Коритник. Рестораните и гостилниците во регионот ја нудат со задоволство - Блерта Авдија, експерт за туризам.

© Стефани Гентл

36

"


Сместувањето и туристичката понуда постојано се подобруваат во регионот. За најрелевантните податоци може да ви користат следните веб-страници, кои може да ве поврзат со локалната понуда и услуги.

Регионот Шари, Косово https://sharriregion.com Шар Планина, Северна Македонија https://sharplanina.com.mk Планинарски клуб „Љуботен“, Северна Македонија https://www.facebook.com/sharainfocenter

ПЛАНИНАРСКИ КЛУБ ЉУБОТЕН, ИНФО ЦЕНТАР ЗА ШАР ПЛАНИНА ВО ТЕТОВО

© Јован Божиноски 37


Кривошиски Водопади на Шар Планина, Северна Македонија

38


© Тони Стојановски

Им се заблагодаруваме на следните партнери, коишто нe поддржаа со теренска работа и со истражување:

FOREST AND PASTURE USE ASSOCIATION, NOVOSEJ

39


Оваа брошура има за цел да ги истакне природните, културните и туристичките вредности во регионот Шара-Кораб-Коритник, еден од бисерите на Европскиот зелен појас.

40

© Pedaling Pictures


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.