Issuu on Google+

Ubuntu - Linux за човечки суштества! Ubuntu претставува оперативен систем со целосно достапен изворен код, изграден околу Linux јадрото. Ubuntu заедницата е изградена околу идеалите опишани во Ubuntu филозофија: софтверот треба да биде бесплатен, софтверските алатки треба да бидат достапни на луѓето на нивните локални јазици и покрај некои недостатоци, луѓето треба да ја имаат слободата да го прилагодуваат и менуваат софтверот онака како што сметаат дека им одговара. Заради овие причини: *Ubuntu секогаш ќе биде бесплатно и никогаш нема да се наплаќа за "ентерпрајз верзијата", ја нудиме целата наша работа за сите, под истите слободни услови. *Ubuntu го вклучува најдоброто од преводи и достапна инфраструктура што ја нуди заедницата за слободен софтвер, за да го направи Ubuntu корисно за што повеќе луѓе. *Ubuntu се објавува често и тоа е добро познато. Ново издание излегува секои шест месеци. Можете да ја користите стабилната верзија или пак тековната верзија во развој. Секое издание е поддржано во наредните 18 месеци. *Ubuntu е целосно посветен на принципите за развивање на софтвер со отворен код. Ги охрабруваме луѓето да користат софтвер со отворен код, да го подобруваат и да го споделуваат. За името Ubuntu е Јужно-афричка етичка идеологија која се фокусира на човековите вредности и односи меѓу себе. Зборот доаѓа од Зули и Коса јазиците. Ubuntu се препознава како традиционален африкански концепт, разгледуван како еден од основните принципи на новата република Јужна Африка и се поврзува на идеата на Африканска Ренесанса. Груб превод на принципите на Ubuntu е „хуманост према останатите“. Друг превод би можел да биде: „верување во универзлна врска за придонесување што ја поврзува хуманоста“. „Човек со ubuntu е отворен и достапен на другите, афирмиран од другите, не се осеќа во опасност од фактот дека другите се добри и можат, има соодветно самоубедување кое доаѓа од знаењето дека припаѓа на поголема целина и се осеќа смалено кога останатите се смалени или посрамотени, кога другите се измачувани или угнетувани.“ Archbishop Desmond Tutu Како платформа базирана на Linux, Ubuntu оперативниот систем го носи духот на ubuntu во софтверскиот свет. Слободен софтвер Ubuntu проектот е целосно посвете на принципите на слободниот софтверски развој; се поттикнуваат луѓето на користење на слободен софтвер, на негово подобрување и споделување. „Слободен софтвер“ не значи дека не треба го платите самиот софтвер (иако Ubuntu ви е бесплатно достапен). „Слободен софтвер“ значи дека можете да го користите софтверот на било кој начин: изворниот код што го прави слободниот софтвери ви е достапен за преземање, менување, изправање и користење на било кој начин. Покрај иделошките бенефиции, слободата нуди и технички предности: кога програмите се развиваат, големата и тешка работа на другите може да се користи и да се надградува. Со неслободниот софтвер, ова не може да се случи и при развивање на програми морате да започнете од почетокот без никакви „темели“. Заради овие причини развојот на слободниот софтвер е брз, ефикасен и возбудлив! Работната околина Стандардната работна околина на Ubuntu е GNOME, која претставува водечка UNIX и Linux работна околина и развојна платформа. Друга водечка UNIX и Linux работна околина е KDE. Kubuntu проектот им нуди на Ubuntu


корисниците алтернативен избор за разлика од стандардната GNOME работна околина. Благодарение на напорите на Kubuntu тимот, Ubuntu корисниците се во можност лесно да ја инсталираат и користат KDE работната околина на својот систем. За да добиете работна инсталација на Kubuntu на Ubuntu систем, инсталирајте го kubuntu-desktop пакетот. Откако ќе го инсталирате kubuntu-desktop, ќе може да изберете дали ќе сакате да користите Gnome или KDE работна околина. Верзии и броеви на изданија Шемата за означување на верзијата на Ubuntu е базирана на датата на објавување на верзијата на дистрибуцијата. Бројот на верзијата доаѓа од годината и месецот на издавање, а не на вистинската верзија на софтверот. Првото издание Warty Warthog) бешт во октомври 2004 затоа неговата верзија беше 4.10. Оваа верзија (Feisty Fawn) е издадена во април 2007, па затоа бројот на верзијата е 7.04. Поддршка Ubuntu е одржуван од страна на брзо растечка заедница. Проектот е спонзориран од страна на Canonical Ltd., холдинг компанија основана од Марк Шатлворт (Mark Shuttleworth). Canonical ги вработува сржните развивачи на Ubuntu и нуди поддршка и консултантски услуги за Ubuntu. Canonical Ltd. е исто така спонзор на други софтверски проекти со отворен код, за кои можете да дознаете повеќе информации на страницата на Canonical. Што е Linux? Linux кернелот е срцето на Ubuntu оперативниот систем. Кернелот е важен дел од секој оперативен систем затоа што претставува комуникациски мост помеѓу хардверот и софтверот. Linux-от беше донесен во живот во 1991-та од страна на финскиот студент Linus Torvalds. Во тоа време, кернелот работеше само на i386 системите, и во основа претставуваше независно направен клон на UNIX кернелот, со намена да ги искористи можностите на тогаш новата i386 архитектура. Денеска, благодарение на големиот број на развојни напори од страна на луѓе насекаде низ светот, Linux-от се извршува практично на секоја модерна архитектура. Linux кернелот има добиено идеолошка важност, како и техничка. Постои цела заедница од луѓе кои веруваа во идеалите на слободниот софтвер и го даваат своето време помагајќи технологијата на со отворен код да биде добра како што може да биде. Луѓето во оваа заедница ги воздигнуваат иницијативите како што се Ubuntu, комитети за стандарди кои го обликуваат развојот на Интернетот, органицации како Mozilla Фондацијата, одговорна за креирање на Mozilla Firefox, и голем број на други софтверски проекти од кои сигурно сте бенефицирале во минатото. Духот на отворениот код, често повзуван со Linux, влијае на луѓето кои го креираат софтверот и корисниците насекаде, водејќи ги притоа зедниците со заеднички цели. Што е GNU? Проектот GNU, беше започнат во 1984-та, со цел да развие комплетен оперативен систем во стилот на UNIX, кој ќе биде составен до слободен софтвер: системот GNU. Варијанти на GNU оперативниот систем, кои го употребуваат Linux кернелод, денеска се широко користени. Проектот GNU е многу близок до философијата на слободен софтвер, што претставува центар на проектите кои се изведени од него, како што е Ubuntu. Концептите на слободен софвер се подетално објаснети на Section ― Слободен софтвер.


Sloboden softver - Ubuntu