Информатика

Page 33

Компјутери

Различни видови куќишта

2

Задната страна на куќиштето

М а т и ч на п лоча Во куќиштето се наоѓа еден од најважните делови на компјутерот − матичната плоча (motherboard). Тоа е плоча на која се сместени процесорот и внатрешната меморија. Главна задача на матичната плоча е да ги поврзе сите делови на компјутерот преку електрични патишта кои наречени магистрали. На матичната плоча се вградуваат и картички (графичка, звучна, мрежна...). Секоја од овие картички има специјална задача. Лежишта за внатрешната меморија

Лежиште за процесорот

Матичната плоча ги држи сите заедно

Процесор Процесорот е „мозокот“ на компјутерот. Тоа е, всушност, мал силиконски чип кој има задача да обработува податоци и да управува со работата на компјутерот. Кај персоналните компјутери го нарекуваме микропроцесор. Главна карактеристика на процесорот е фреквенцијата, која се мери со херци, односно со поголеми единици − мегахерц (MHz) и гигахерц (GHz) − и од неа зависи брзината на компјутерот. Во текот на работата процесорот се загрева многу и затоа до него се вградува мал ладилник (cooler). Најпознати типови процесори се Pentium, Celeron, Athlon и други.

Процесорот се загрева брзо

17 17


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.