Интернет
4
И с п р а ќ а њ е одговор на т ема Доколку сакаш, можеш да одговориш и да го кажеш твоето мислење за темата. Кликни на копчето Одговор (претходната слика). Напиши го одговорот. Пред да го испратиш одговорот, можеш да го прегледаш (копчето Преглед) и потоа да го испратиш (копчето Испрати). Вештини што треба да ги усовршиш! ♦♦
Да се регистрираш на форум.
♦♦
Да се пријавиш на форум.
♦♦
Да одбереш тема.
♦♦
Да ги прочиташ мислењата за соодветната тема.
♦♦
Да го искажеш твоето мислење за темата.
Задачи: 1. Пријави се како учесник на форумот на порталот schools. edu.mk. 2. Прегледај ги понудените теми и одбери ја темата што најмногу те интересира. 3. Прочитај што мислат други учесници на форумот за дадената тема и искажи го и ти твое мислење. 4. Како регистриран член на форумот и ти можеш да отвориш нова тема. Обиди се и дај свое мислење. Сигурно набрзо ќе добиеш мислења од другите учесници заинтересирани за истата тема.
Onl i n e - к у р с е в и На порталот schools.edu.mk можеш да најдеш интересни online-курсеви. Од навигацијата одбери Е-Курсеви, а потоа еден од понудените предмети. Засега се само информатика (IT) и хемија. Курсот по информатика е со едноставна навигација, така што ќе се снајдеш брзо. Истото важи и за курсевите по хемија, каде што, освен лекции можеш да најдеш и вежби и задачи. 113