Godisna programa na OUD"Boro Menkov" Kriva Palanka

Page 1

Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка

Врз основа на член 25, алинеја 2 и член 59 од Законот за ученичко-студентски стандард (Сл.весник на РМ бр.52/05), член 6,11,12,16 од Статутот на Домот, и План и програма за воспитно-образовната дејност во ученичките домови со Решение на Министерот за Образование бр.184071/2 од 01.05./99, Управниот одбор на ОУД „Боро Менков“ Крива Паланка, на седницата одржана на ден 13.09.2012 година предлага до Совет на Општина Крива Паланка да донесе

Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“ Крива Паланка во учебната 2012/2013 година

1. Вовед Домот е установа во областа на ученичкиот стандард кој ги задоволува следните социјални потреби на учениците, воспитаниците: сместување, исхрана, грижа за здравјето, спортско-рекреативни, потреба од помош и поддршка во учење и постигнување на успех во рамки на своите способности и посебни потреби. Домот е дефиниран како воспитно-образовна установа и својата работа ја остварува според утврден и донесен план и програма за работа. ОУД “Боро Менков” Крива Паланка во почетокот функционира како дом за деца без родители и деца на паднати борци. Подоцна со одлука на собранието на општина Крива Паланка во 1964 год. почнува да работи како ученички дом, сместен во неспосредна близина на гимназијата. Конечниот изглед го добива 1984 год. Минатата учебна година во домот беа сместени 46 ученика од средно и 3 ученика од основно образование од општините Крива Паланка, Ранковце и Кратово. Располага со сопствена библиотека, спортско игралиште, кујна за исхрана со трпезарија, спални соби, занимална со компјутери, читална, подрумски простории, трпезарија за Народна кујна, двор со тревна површина. Во просториите на домот се сместени 2 канцеларии на Државен просветен инспекторат. Во Домот се сместени ученици од различни возрасти и степен на образование, од основно и средно училиште. Оваа учебна година се сместени 50 ученика од oпштините Крива Паланка, Ранковце и Кратово, 5 ученика од основно образование и 45 ученика од средно образование. Распоредени се во две воспитни групи и тоа во првата воспитна група, составена од ученици од основно образование, од прва година и трета година од средно образование каде има 19 ученици или вкупно 24 ученици, а во втората воспитна група 26 ученици, составена од учениците од втора и четврта година од средното образование. Според пол од вкупно 50 ученика 18 се женски, а 32 се машки. Средниот успех на учениците од претходната учебна година е 2,91.

Учебна 2012/2013 година

1


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.