Референт во сектор за кадрово
работење (м/ж)
Централа-Скопје
Полно работно време
Барате нови предизвици, повеќе лични одговорности и можност за напредување? Направете го тој чекор заедно со нас. Вклучете се во обликувањето на секојдневниот живот на нашиот сектор за Кадрово работење и помогнете му на целиот тим да се надмине себеси.
Ваши задачи:
• Обезбедување поддршка на вработените
• Ажурирање на матични податоци на вработените
• Изработка на документација за вработените
• Пријава и одјава на вработени
• Водење евиденција за работното време
• Изработка на документација за пресметка на плата
Што ве очекува?
Потребни знаења и вештини:
• Најмалку IV степен на стручно образование
• Активно користење на MS Office апликациите
• Познавање на српски и германски јазик е предност
• Познавање на работа во Pantheon е предност
• Познавање на важечките законски прописи
• Посакувано работно искуство на слични позиции
• Доверливост, прецизност и совесност
Нашата работна заедница се карактеризира со взаемно почитување и ценење на различностите. Во dm, „Ние“ е на прво место. „Ние“, во кое секоја индивидуа може и сака да даде личен придонес.
• Образование и можности за развој: Покрај обука за самата позиција, исто така нудиме бројни можности за личен и професионален развој, во рамките на кои можете да ги подобрите знаењето и вештините и да се поврзете со темите што Ве придвижуваат.
• Современо работно опкружување: Од уредување до работна опрема, секогаш сме во чекор со времето и новите трендови.
Пријавете се до 24.7.2023 година со испраќање на Вашата биографија на нашата e-mail адреса: vrabotuvanje@dm.mk со назнака: Референт во сектор за кадрово работење.
dm.mk