СОДРЖИНА
ЗА ТЕМАТА НА БРОЈОТ - НИКОЛИНА ТАЛЕВСКА
ИНТЕРВЈУА ЗА ТЕМАТА НА БРОЈОТ
Билјана Шамакоска Ангелова
Драган Мијалковски
АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНИТЕ
Челичарница
Валавница Економика
НОВИ ВРАБОТЕНИ
ЗАЕДНО РАБОТИМЕ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА ВРАБОТЕНИ НА МЕСЕЦОТ
ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
НАГРАДИ, ПРИЗНАНИЈА И СЕРФИТИКАТИ
ЗАНИМЛИВОСТИ
МАКСТИЛ ВО СВЕТОТ
ВНАТРЕШНА
Николина Талевска - Раководител за Внатрешна ревизија
За многу професии постои универзално разбирање, во смисла што тие претставуваат и која е нивната вредност. На пример, сите ја разбираат улогата на лекар, на банкар, на поштар... За жал, ова најчесто не е случај кога станува збор за професијата ‘внатрешна ревизија’. Всушност, дури и блиските пријатели, па и семејствата на внатрешните ревизори се случува да не можат со леснотија да разберат што точно прави внатрешниот ревизор.
Според Меѓународната рамка за професионални практики на Глобалниот Институт на внатрешни ревизори, внатрешната ревизија претставува активност за независно и објективно уверување и советување, дизајнирана да додаде вредност и да ги подобри операциите на организацијата.
Кога внатрешната ревизија е прифатена од страна на раководството на компанијата и соодветно организациски поставена, таа помага во остварување на целите на организацијата преку воведување на систематски, дисциплиниран пристап за проценка и подобрување на процесите за управување со ризици и контрола. Значи, задачата на внатрешната ревизија е да даде независно и објективно мислење по однос на конкретен аспект од деловното работење. Всушност, нема дел од деловното работење што внатрешната ревизија нема да го допре во еден или во друг момент. Улогата на внатрешната ревизија во нашата компанија Внатрешната ревизија ѝ служи на нашата компанијата, за да ја заштити и да додаде вредност. Нејзината функција не е само за “да ги чува вратите” на компанијата и да се грижи луѓето да не си одат со средствата дома... нејзината функција не е само да даде уверување дека другите не ги прекршуваат правилата... нејзината функција е да даде придонес нашата компанија да ги постигне своите цели.
Внатрешната ревизија го моделира интегритетот, објективноста, доверливоста и компетентноста секој ден. Ова се, всушност, четирите елементи на Етичкиот кодекс на Глобалниот Институт на внатрешни ревизори (The Institute of Internal Auditors – IIA Global) кон кои јас како внатрешен ревизор целосно се придржувам.
Внатрешната ревизија ги следи меѓународните стандарди на Глобалниот Институт на внатрешни ревизори (IIA Global) кога дава уверување и совет. Сите професии имаат свои стандарди. Тие се она што ги издвојува професиите една од друга. Јас како вратрешен ревизор мора да ги следам меѓународните стандарди за спроведување на внатрешната ревизија.
Сертифицирана сум од Глобалниот Институт на внатрешни ревизори (IIA Global), што всушност ја покажува способноста што ја имам за извршување на моите одговорности како професионален внатрешен ревизор.
Еден од најважите фактори за остварување на целите на ревизијата е соработката. При тоа, два аспекти заслужуваат да бидат посебно издвоени - соработката помеѓу внатрешната ревизија и раководството на компанијата и соработката помеѓу внатрешната ревизија и одделот кој е предмет на ревизија. По однос на првиот аспект, раководството е она кое треба да ги обезбеди сите предуслови за фунционирање на внатрешната ревизија. Дополнително, раководството ги поставува компаниските цели за чие остварување е потребен и придонесот на внатрешна ревизија. Вториот аспект на соработка, оној помеѓу внатрешната ревизија и одделот кој е предмет на ревизија, може и знае да биде малку попредизвикувачки. Затоа, покренувањето на свесноста за улогата и важноста на ревизијата треба да биде континуирана активност. Ако се има во предвид дека во крајна линија двете страни имаат иста цел – давање свој придонес кон остварувањето на компаниските целимеѓусебната соработка е неопходна.
Соработка постои и помеѓу одделите за внатрешна ревизија на ниво на групацијата DITH. Формирањето на Внатрешна ревизија на групациско ниво само по себе даде јасен сигнал за важноста на внатрешната ревизија во рамките на групацијата. Во текот на минатата година, заедно со колегите од Швајцарија и од Јужна Америка, имавме можност да работиме на развивање на Прирачник за начинот на спроведување на ревизијата во сите компании кои се дел од групацијата, што за мене беше прекрасно искуство и можност да го дадам својот придонес. Таа заедничката соработка ќе треба да се продлабочува и во иднина.
Во Макстил ја живеам 13-та година од мојот професионален живот. Со оглед на тоа дека јас растев и професионално созреав тука, за мене Макстил е мојата природна средина. Заради специфичноста на професијата ‘внатрешна ревизија’ и уште поголемата специфичност на нашата индустрија, сметам дека ова чувство е особено важно. Лојалноста и посветеноста кон компанијата мора да бидат присутни, но во исто време препознаени и почитувани. Внатрешната ревизија значи чесност и високи етички и морални вредности. Имајќи во предвид дека тие се основата на духот во кој сум растена и воспитувана, нивната примена во секојдневното работење за мене е привилегија која со леснотија ја практикувам.
ИНТЕРВЈУА
ПОСВЕТЕНИ НА ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА
БИЛЈАНА ШАМАКОСКА АНГЕЛОВА, Директор за човечки ресурси
Што значи интерна ревизија за Макстил
и дали сте учествувале во некоја од веќе спроведените интерни ревизии?
Внатрешната ревизија, како независен и објективен процес, ѝ помага на компанијата во евалуација на ризикот и контролните механизми, а во насока на подобрување на процесите и остварување на целите на компанијата.
Јас конкретно сум учестувала во ревизија на процесот „од вработување до пензионирање“ којшто ги опфаќа сите фази во управувањето
со човечките ресурси во Макстил, со цел обезбедување на целосен, фер и етички процес кој ги почитува сите законски, но и корпоративни правила и норми на однесување. Ми беше задоволство да соработувам со нашиот внатрешен ревизор како за време на проверката, така и подоцна. Можам слободно да кажам дека тоа искуство ме направи побогата со знаење и ми даде нови погледи на процесите и можностите за намалување на ризикот. Колкава е важноста на интерната ревизија за работењето на Макстил?
Важноста на внатрешната ревизија е огромна, како за компанијата како целост, така и за сите организациски процеси. Интерната ревизија има многу големо значење во подобрување на процесите преку нивно независно согледување, давање препораки за одредени подобрувања, намалување на ризиците, како и поставување на контролни механизми со цел обезбедување дека процесот е ефективен, ефикасен и целисходен. Исто така, извештаите од внатрешната ревизија даваат добра слика на раководството за тоа каде сме и што треба да направиме за да стигнеме таму каде што сакаме да бидеме.
Кои се придобивките на интерната ревизија за Макстил?
Придобивките од внатрешната ревизија се повеќе и многу значајни. Прво, мора да бидеме свесни дека секој што работи и греши, а многу често самите не можеме да ги согледаме сопствените грешки. Дополнително, често знаеме да бидеме заглавени во кругот „секогаш вака сме работеле“ и со тоа да пропуштиме можност за подобрување на процесот и остварување на подобри резултати. Внатрешната ревизија, како независен и објективен учесник во процесот, може да ни даде свеж и различен поглед на работите, на кој можеби не сме помислиле. Сепак, повеќе очи подобро гледаат.
Како се одвива интерната ревизија?
Прво, како и секој друг процес, внатрешната ревизија започнува со планирање. Планирањето вклучува поставување на цели, временска рамка, и одговорности на сите вклучени страни во процесот. Потоа следува самата ревизија. Најчесто прво се анализираат сите соодветни документи –
процедури, политики, упатства, и истите се споредуваат со реалното работење, односно се проверува колку работењето соодветствува со пишаните документи. По потреба се организираат состаноци со сите засегнати страни, а може да се јави и потреба од редефинирање или проширување на целите на внатрешната ревизија во зависност од најденото. По извршената ревизија, се изготвува извештај од истата со детектирање на ризиците, и предлози и сугестии за подобрување на процесите кои треба да се имплементираат во одредена временска рамка. По потреба, може да се закаже и дополнителна ревизија за следење на имплементацијата на наодите дефинирани во извештајот.
Дополнителни предлози и коментари.
Би сакала да ги охрабрам сите колеги активно да учествуваат во внатрешните ревизии. Сепак, внатрешната ревизија е наша, внатрешна, и целта ѝ е подобрување на работењето на организациските единици, и компанијата во целост. Тоа пак, ни е во интерес на сите.
ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ
Директор на погонот Челичарница
Внатрешната ревизија најкратко може да се дефинира како систем на проверка, контрола и оценка на работењето на организацијата и има за цел да провери дали реализацијата на процесите во било кој оддел и системско ниво се изведуваат согласно пропишаните политики, процедури, критериуми и упатствата. Сите неусогласености и корективни мерки кои произлегуваат од ревизијата се наведуваат во финалниот извештај изработен од одговорниот ревизор. Од нивото на застапеноста, фреквенцијата и квалитетот на извршување на внатрешната ревизија во голема мера зависи и степенот на развиеност на компанијата. Внатрешната ревизија е важен дел од Макстил, бидејќи нејзината цел е да ја одржи организацијата усогласена со пропишаните закони, процедури и регулативи. Исто така, треба да обезбеди објективен пристап, да ја подобри ефикасноста на системите, да ги процени ризиците и да ја заштити компанијата, да ги процени организациските контроли и да обезбеди усогласеност со законите. При самото споменување на зборот „ревизија“ кај дел од вработените се буди чувството на вознемиреност, несигурност и недоверба и се поставува прашањето дали со сигурност одделот на кој е одговорен вработениот целосно ќе ги задоволи критериумите и оценката на внатрешната ревизија. Меѓутоа нема потреба од ова, тоа е сосема погрешен пристап и кон внатрешната ревизија секој треба да гледа позитивно, транспарентно, со доверба и целосно да соработува во насока да се пронајдат слабите места и истите да се коригираат, да се дефинираат сите ризици во работењето со што би се подобрил и осигурил целокупниот опфат на работењето. Како учесник во внатрешна ревизија може да додадам дека благодарение на истата одредени процеси во погонот Челичарница се коригираа, усогласија и унапредија. Внатрешната ревизија е од суштинска важност за Макстил и истата треба да биде со зголемена фреквенција, да ја застапува страната на висока објективност и професионалност и исто така сите треба да ја прифатат како дел од тимот со целосна поддршка и соработка.
Во погонот Челичарница во текот на целата 2022 произведени беа 247.013т слабови, што споредено со претходната 2021 година кога беа произведени 314.340т. претставува намалување од 21%.
Во текот на четвртиот квартал од 2022 погонот работеше во текот на октомври и декември, при што беа произведени 59.209 т. слабови, што споредено со планираното производство (78.000 т.) претставува намалување од околу 24%. Во текот на целиот квартал извадокот старо железо – слаб во споредба со планираниот извадок е понизок од 0,8 п.п. во октомври до 1,1 п.п. во декември. Извадокот слаб прва класа за октомври бележи зголемување во однос на планираниот и изнесува 95,7%, додека во декември е понизок од планираниот за 1,7 п.п. Потрошувачката на ел. енергија бележи намалување во текот на октомври и декември. Активното време на изработка на една шаржа бележи незначителен пад во двата месеца од работењето на погонот. Просечниот број на произведени шаржи на дневно ниво во октомври изнесува 23,4 додека во декември изнесува 22,8.
АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНИТЕ
ЧЕЛИЧАРНИЦА
Потпишани договори за набавка на две нови мобилни дигалки Sennebogen и Liebherr за потребите на Старо Железо
Активностите за зголемување на безбедноста при работа и работните услови - комплетирање на веќе започнатите инвестициски проекти:
Подготвителни активности
за реновирање на холот на управна зграда Челичана.
Реновирање операторски кабини
во делот на конти лив и казанска печка.
2
Замена на крански кабини. Пристигнати 8 крански кабини, монтирани 5, коплетна реализација до крај на втори квартал 2023. 1 3 4
Подготвителни активности за реализација на втора фаза од делот за безбедно движење по кранови и крански стази.
Во подготовка активноста за покривање на кровната конструкција во делот на конверторски кули.
Продолжуваат активности за надградба на софтверските решенија за следење на текот на набавка, контрола, прием и потрошувачка на старо железо. Очекуван рок за комплетирање на проектот крај на 2022.
Активности во делот на проектот за инплементација на алтернативно гориво пропан бутан. Проектни планови 2023, автоматско мерење на ниво на кристализатор со дозирање на ливен прашок, нов 30т кран во делот на покриени полиња на Старо железо.
ЧЕЛИЧАРНИЦА
АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНИТЕ
ИНВЕСТИЦИИ ВО ПОГОНОТ ЧЕЛИЧАРНИЦА ВО ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ НА 2022
Во текот на 2022 во производниот погон Валавница произведени се 302.446т. топловалани лимови, што споредено со претходната година кога биле произведени 273.265т. претставува зголемување од 11%.
Оствареното производство на дебели лимови во четвртиот квартал на годинава во производниот погон Валавница изнесува 77.874т. Во однос на поставениот производен план за четвртиот квартал од оваа година (70.470т.), ова претставува зголемување од над 10%. Зголемувањето на производството се должи воглавно на зголемениот обем на нарачки. Подобрување е регистрано во делот на извадокот слаб - лим во текот на целиот квартал, а особено во октомври од 1,3 п.п. Производството на лим прва класа во во текот на целиот квартал бележи намалување во однос на планот, а особено во ноември кога е регистрирано намалување од 1,5 п.п. Потрошувачката на природен гас и електрична енергија бележи намалување во текот на сите три месеци од кварталот.
ИНВЕСТИЦИИ ВО ПОГОНОТ ВАЛАВНИЦА ВО ЧЕТВРТИОТ
КВАРТАЛ НА 2022
АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНИТЕ
ВАЛАВНИЦА
Мерки за зголемување на безбедноста при работа и работните условипродолжува реализацијата на проектите за безбедно движење на повеќе зони и постројки во погонот:
1 2
Комплетирано реновирање на влезниот и приземиниот дел и делот со скалила на управна зграда во Валавница.
Комплетирање на безбедносни огради, подни решетки и осветлување на 1400м крански стази во ладен дел на Валавница.
Успешно пуштена во употреба Станица за компримиран воздух за целокупниот погон во Валавница.
Пристигнати материјали за проект надградба на погонско вратило и штендер на валачки стан. Комплетна реализација се очекува на следен поголем застој или за време на ремонт 2023.
Одобрен планот за ремонт 2023, во тек се подготвителни активности.
Подготвителни активности за проектни планови 2023, нови странични ножици во делот на аѓустажа.
Во завршна фаза активности за подобрување на проток на материјали во делот на Отпрема, комплетен видео надзор, нови појаки крански магнети и организациски активности.
Во завршна фаза е постапката за одобрување на набавка на нов Плазама секатор во делот на Отпрема.
Предизвиците кои ги донесе “новото нормално” работење не оставија многу простор за постепено прилагодување како воопшто така и на полето на набавките. Наметнатото темпо уште на почетокот на годината продолжи и во текот на последниот квартал од 2022 година. Борбата со високите цени на енергенсите и неизвесноста предизвикана од потребата за одржување на континуитет при снабдувањето, наметнаа потреба да бидат превземени голем број активности кои во крајна линија водат кон одржлив пристап. Цените на енергенсите како електричната енергија, природниот гас и нафтените деривати генерално се значително меѓусебно зависни. Секое нарушување на било кој од овие два сектор би имало реперкусии и на останатите сектори. Токму затоа во изминатиот период се стави акцент кон поставување на поповолна положба на Макстил при набавката на енергенсите. Сето тоа резултираше со проширување на листата на добавувачи на електрична енергија од една страна и либерализација на пазарот на природен гас од друга, што за нас како еден од најголемите потрошувачи на природен гас во земјата целосно ги менува правилата за снабдување на овие значајни енергенси. На овој начин се очекува дека ќе се зголеми конкуренцијата како и можностите за обезбедување на поконкурентни цени за секој КWh. Снабдувањето почнувајќи од фазата на формирање на барање сѐ до реалните производствени активности е основна задача на секторот набавки и како и до сега и во крајот на 2022 година обезбедени се сите потребни материјали за непрекинат тек на работењето. И покрај појавата на доста неприлики при работењето на крајот може да се заклучи дека навремено превземените мерки како и со брзата реакција беше овозможено успешно справување со застојот во погонот Челичарница и враќање на вообичаеното секојдневно работење.
Во овој квартал беше пуштена во функција нова телефонска централа, а во тек е имплементација на новото решение за логирање и мониторирање на бази на податоци што ќе обезбеди поголема транспарентност и увид во работата на вработените.
Финални преговори се водат околу барањето за плазма секатор, страничната ножица во погонот Валалница како и инвестицијата за автоматско дозирање на ниво на кристализатор во погонот Челичарница.
За наредната година како многу значајни активности би биле активностите околу имплементирањето на новото магацинско работење и ставањето во употреба на нов централен магацин во Стрипер хала. Во моментов во завршна фаза е прецизирањето на деталите околу проектирањето на новиот магацин и активно се работи на превземање на следните чекори со кои ќе се подготви оптимално структурирање и имплементација на најсовремени решенија.
ПРОДАЖБИ
Основни карактеристики на пазарот во 2022 година се зголемувањето на цените на лимовите кое се должеше на значителното зголемување на цените на енергенсите, пред сѐ на природниот гас и електричната енергија, и поради неизбалансираната понуда и побарувачка на пазарите каде главно сме застапени. Во текот на 2022 година се отпремени 291.285 т. лимови, што претставува незначително зголемување во однос на 2021 година.
Во текот на четвртиот квартал на 2022 година се отпремени 68.992 т. лимови, а во текот на овој квартал продажните цени почнаа да бележат надолен тренд. Со почетокот на 2023 година залихата на нарачки повторно е зголемена на ниво од 30.000 т. што обезбедува стабилност на работата на
НАБАВКИ
ЕКОНОМИКА
Валавницата и соодветен избор на програма за валање која во крајна линија обезбедува зголемена продуктивност. Во 2022 година Челичарницата работеше во кампањи согласно потребите на Валавница. Структурата на купувачи е слична како минатата година, со извесен пад на пласманите во Италија и Германија и значителен пораст на испораките за Турција. Доминираат испораките за бродградилиштата, секотрите за производство на садови под притисок и металопреработувачки компании. Испораките се извршени доминантно со камиони што е условено од структурата на нарачките обезбедени скоро од сите земји на Европската унија и значително учество на Полска, Унгарија, Романија, Словачка и Грција. На просторот на Балканот зголемени се испораките во Србија и Босна и Херцеговина, додека во Хрватска има намалена индустриска активност. Во Македонија бројот на корисници на лимови бележи тренд на намалување и во текот на 2022. Очекувањата за текот на првиот квартал на 2023 година се стабилни, при што односот на цените на влезните суровини и продажбите е избалансиран и обезбедува континуитет на работа, а транспортот и понатаму ќе биде предизвик за успешно реализирање на испораките.
ВРАБОТЕНИ
Во текот на четвртиот квартал од годинава бележиме умерена месечна флуктуација на вработените.
НОВИ ВРАБОТЕНИ
ПРИМЕНИ ВО ТЕКОТ НА ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ НА 2022
Елена Николовска Краљевска
Ана Ристовска Љупчо Цветковски Администратор за Дуферко
Филип Патровски Дигалкар
Влатко Панчевски Дигалкар
Александар Дачевси Дигалкар
Ќемал Пајазитовски Топилничар
Енис Алсен Топилничар
Никола Велковски Дигалкар
Енис Шабан Леар
Еркан Селмани Леар Антонијо Стојковски Леар
Ипо Пајазит
ракувач со
секатор
Бојан Неделковски Електричар
Сашко Димовски Електричар
Аднан Бејадиновски Дигалкар
Ѓоко Убавков Асистент на одговорниот инженер за АГЦ
Никола Николоски Брусач
Кристијан Стојковски Електричар
ЗАЕДНО РАБОТИМЕ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА
НАША ЦЕЛ Е „НУЛА“
ИНЦИДЕНТИ И
ПОВРЕДИ ПРИ РАБОТА
Примери за Near Miss во погонот Челичарница Пронајдена граната при селекција на старо железо истоварено од вагон на добавувач
Место на активност каде се случил инцидентот
Пропалување на црево за довод на кислород при сечење на парчиња железо Вдишување гасови при заварување на потпорни тркала во магацин, машинско одржувањеДигалки
Место на активност каде се случил инцидентот
Примери за Near Miss во
погонот Валавница
Откачен лим од покривна конструкција
пред влез на погон ВДЛ
Можна повреда при санација на пукната
цевка, при што е активиран системот за испирање со вода на филтер станица кон внатрешна јама
Непрописно и небезбедно повлекување на мала количка со кран
Небезбедни движења по греда од
“Plant Damage” Оштетена опрема, Валавница
Отворени кабловски канали до патеката кај длабински печки
Оштетен под на прва помошна ножица ред А
Небезбеден капак на шахта за водоводна инсталација позади А - кабина
СО ИЗБОР НА ВИСТИНСКИ ТИМ
ЛИДЕРИ ГО ТРАСИРАМЕ ПАТОТ
КОН ИДНИНАТА
ВРАБОТЕН НА МЕСЕЦОТ ОКТОМВРИ 2022
ДАРКО
ИВАНОВСКИ
Работоводител при Машинско одржување
во Валавница
и завршување на сите активности во рамките на предвидениот рок.
Инаку, Дарко лидерската позиција на тимот во машинско одржување, механика ја превзема од Зоран Груевски, кој беше еден од најискусните ментори предводник на перфектниот тим во однос на начинот на подготовка,
водење и реализирање на сите активности.
Дарко ти посакуваме уште многу успеси во понатамошната работа!
Макстил е компанија којашто редовно спроведува општествено одговорни активности за поддршка на заедницата во која што функционира, но во исто време ја поттикнува и свесноста за потребата од поголем ангажман од бизнис секторот во насока на подобрување на состојбите во општеството. Донациите и ангажманот на компанијата се насочени кон образованието, животната средина и еко свеста, здравствените установи и културните вредности. Како компанија за којашто општествената одговорност е на високо место меѓу приоритетите, водени од идејата за максимална помош со расположливите финансиски средства, Макстил продолжува со активности коишто ќе придонесат за подобрување на сите сфери од општеството.
Награда од ОГБ за општествено
одговорна компанија на годината
Макстил е прогласена за општествено одговорна компанија на годината 2021 – 2022 од страна на Општина Гази Баба. Макстил го доби ова признание како потврда за успешната соработка со општината и покажаната општествена одговорност преку бројните проекти и донации за локалната заедница и за граѓаните на Општината Гази Баба.
ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
Макстил донираше два адаптибилни трицикла за децата со посебни потреби од ОУРЦ „Др. Златан Сремец“.
Трициклите се специјално направени за деца со физички и ментални попречености. Се надеваме дека оваа донација ќе помогне во развојот на моториката, координацијата и балансот на овие дечиња, а тие ќе можат да вежбаат на еден забавен начин.
Во насока на подигнување на свесноста за значењето на безбедноста при работа, Макстил донираше средства за графичко уредување и печатење на книга –Збирка песни и раскази во рамки на Конкурсот „БЗР од мали нозе 2022“ .
ДОНАЦИЈА НА ОУРЦ „ЗЛАТАН СРЕМЕЦ“
ДОНАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА - ТУТЕЛА
Првонаградена песна
Безбедност на прво место
Човекот работи многу често, и треба безбедноста да му е на прво место. Тој за семејството се грижи, ако не е безбеден, не смее да мижи.
Заштита при работа важна е за сите не само за мене, тебе и Мите.
Пожарникарот треба чизми и опрема да носи, пламенот црвен да не го покоси. Заштитна опрема треба да носи секој, а не само по некој.
Со неа го штитиш животот свој
и треба да го цениш, сепак тој е твој.
Дали ќе си пекар или добар лекар треба да си безбеден како пехар.
Дали ќе си рудар или пак шофер со животот не се игра покер.
Има една поговорка стара, гледај да сочуваш глава, Затоа шлем на неа носи, не е важно дали имаш чешлани коси.
Ученик: Теодор Јнев V-3 одд. Училиште: ООУ „Кочо Рацин“, Куманово Ментор: Лидија Христовска
ДОНАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО
АВТОМОБИЛИСТИЧКИ
КЛУБ „СВИФТ РЕЈСИНГ“ - СКОПЈЕ
КАРТИНГ
И во текот на последниот квартал од годината Макстил го поддржа спортот со донација на Автомобилистичкиот картинг клуб „СВИФТ РЕЈСИНГ“.
Награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа
Макстил е добитник на Националната награда за компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа за 2021 год. Наградата е доделена од Министерството за труд и социјална политика и Националниот совет за безбедност и здравје при работа.
Во нашата компанија безбедноста на вработените е секогаш приоритет број еден, независно од околностите во кои работиме, а оваа награда е потврда за нашите континуирани активности насочени кон унапредување на безбедноста и здравјето при работа на сите вработени.
Награди од Македонската Берза за хартии од вредност Макстил годинава е добитник на две награди од Македонска берза за хартии од вредност и тоа:
-Награда за „Акција со најголем пораст на цената во 2022 година“ -Награда за „Акција со најголем пораст на прометот во 2022 година“.
Добивањето на овие награди втора година по ред зборува најмногу за вредноста на Макстил како и остварениот промет и транспарентноста во работењето.
НАГРАДИ, ПРИЗНАНИЈА
И СЕРТИФИКАТИ
Благодарница од Европска Бизнис Асоцијација На Макстил му беше доделена Благодарница за долгорочна успешна соработка од страна на Европската Бизнис Асоцијација.
ISO 45001 – Систем за управување со безбедност и здравје
Нашата компанија во текот на последниот квартал од 2022 го воведе стандардот ISO 45001:2018. Овој стандард им овозможува на организациите управување со здравствените и сигурносните аспекти на деловното работење, при што особено се внимава на спречувањето на незгоди, смалувањето на ризикот и благосостојбата на работниците.
Целта на ISO45001 е спречување и намалување на повредите на работното место како и подобрување на работните услови.
Сертификат
се потврдува дека организацијата МАКСТИЛ А.Д. Скопје Соседиште: МК1000Скопје,16-таМакедонскабригадабр.18
на примена
НА ЧЕЛИЧНИ СЛАБОВИ И ПРОИЗВОДСТВО И ИСПОРАКА НА ГОТОВ ПРОИЗВОД- ТОПЛО ВАЛАН ДЕБЕЛ ЛИМ
Го воведе и го применува системот за менаџмент
Декларација за еколошки производсогласно EN 15804
Макстил е првата компанија во нашата држава која доби Декларација за еколошки производ
за топло валан дебел лим (Environmental Product Declaration). Верификацијата е извршена
од страна на холандска сертификациска куќа согласно EN 15804.
Со оваа Декларација Макстил ја потврдува својата посветеност за заштита и зачувување на животната средина преку континуирано мерење и намалување на влијанието врз животната средина на своите производи, а за резултатите од мерењата ќе известува на хипертранспарентен начин. Декларацијата обезбедува приказ на објективни, проверени и споредливи еколошки перформанси на топло валаните дебели лимови произведени во Макстил. Процесот е објавен на официјалната страна на холандската компанија на следниот линк:https:// www.ecomatters.nl/case-studies/epd-for-steelplates-produced-by-makstil/
Успешно завршена полугодишна проверка
со висока оценка од страна на аудиторите за Систем за управување
9001
со квалитет ISO
Ова е уште една потврда на залагањето на сите вработени кон достигнување на високите цели поврзани со управувањето со квалитетот во Макстил и начинот на кој се управуваат процесите во насока на намалување на производите кои не ги исполнуваат барањата за квалитет.
Успешно завршена ресертификација на ISO 5001 - Системот за управување со Енергија
EnMS (Системот за управување со енергија) прикажува како организацијата управува со својот персонал, податоците за потрошувачка на енергија и технологијата за подобрување на енергетската изведба. Со систематското управување на енергијата најмогу придонесуваме во намалувањето на трошоците за енергија како и до намалување на емисиите на гасови кои имаат ефект на стаклена градина.
Успешна ресертификација на ISO 14001
- Системот за управување со заштита на
животната средина
Макстил во континуитет вложува во животната средина, а ISO14001 претставува уште една потврда за ефикасно управување со аспектите на животната средина во деловните активности, истовремено земајќи ја во предвид заштитата на околината, спречувањето на загадувањето и општествено економските потреби на општеството во целина.
ЗАНИМЛИВОСТИ
ЛЕСНО СУДОКУ :)
Составете пет зборови, за секој пример имате по една минута. Три, два, еден.. Почни!
1. 2.
МАКСТИЛ КВИЗ
Системот за квалитет на Макстил се заснова на следниве принципи:
a) Идентификација и постојан напор да се намалат недоследностите што создаваат технолошки проблеми, влијаат на приходите и ја намалуваат довербата на клиентите и довербата на пошироката заедница; б) Обезбедува јасно толкување на барањата на сите заинтересирани страни, така што производи можат да бидат испорачани навремено до купувачите; в) Континуирано подобрување на перформансите на компанијата; г) Постојано одржување и преглед на ефектите и ефективноста на системот за квалитет, во согласност со барањата на меѓународниот стандард за квалитет ISO 9001: 2015;
д) Развој на свесноста и посветеноста за значењето на квалитетот во производствениот процес, како и на сите организациски нивоа, перманентна едукација на одговорните вработени за извршување на задачите со цел реализација на поставените деловни цели.
ѓ) точни се сите одговори;
Компанијата Макстил го воведе и применува системот за менаџмент на животната средина во согласност со барањата на стандардот _______________.
а) ISO 14001:2015
б) ISO 14001:2001
в) ISO 14001:2009
г) ISO 14001:2011
3. 4.
Интегрирајќи го стандардот за управување со енергијата во деловната политика на компанијата, Макстил има воспоставено процес на континуирано подобрување на енергетскитe перформанси. Енергетски придобивки од имплементирањето на ISO 50001 се:
а) Подобрени енергетски перформанси, поефикасно управување со енергијата и заштеда на енергија (електрична енергија, природен гас, кислород што се користи во процесот на производство);
б) Системски пристап кон енергетските задачи и цели, со цел исполнување на акционите планови за континуирано подобрување на енергетските перформанси, како и фокус на идната потрошувачка на енергија;
в) Се намалуваат емисиите;
г) точни се одговорите под а) и б)
Лимовите може да бидат произведени со висока цврстина, ударна жилавост на ниски температури до __________, граница на развлекување на повисоки температури според DIN, додека другите стандарди се произведуваат по договор.
а) -20 C°;
б) -50 C°;
в) -100 C°;
г) -150 C°;
МАКСТИЛ
ВО СВЕТОТ
Трупот на хибридниот брод „Алкор“ е изграден од лимови произведени во Макстил во соработка со романското бродоградилиште Севернав АД (Дробета-Турну-Северин). При изградбата на „Алкор“ употребени се 805 тони топловалани лимови од Макстил. Доопремувањето на внатрешниот дел на бродот е направено од холандска фирма, а од јануари оваа година веќе плови по водите на реката Рона, Франција.