

СОДРЖИНА
ВОВЕДНО ОБРАЌАЊЕ
25 ГОДИНИ МАКСТИЛ
25 ФАКТИ ЗА МАКСТИЛ
ИНТЕРВЈУА
Петар Јанески Драган Мијалковски Игор Богески
Светлана Кузмановска
Светлана Смилевска Крстевска
Боби Крстевски
АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНИТЕ
Челичарница
Валавница

Економика
ВРАБОТЕН НА МЕСЕЦОТ
ЛОЈАЛНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ Е КЛУЧНА ЗА НАШИОТ УСПЕХ
ЗАЕДНО РАБОТИМЕ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА
ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
ЗАНИМЛИВОСТИ
МАКСТИЛ ВО СВЕТОТ
Почитувани колеги, Оваа година одбележуваме многу значаен јубилеј за нашата компанија. 25 години Макстил – производство на македонски челик, работа, посветеност и успех.
Особено сум горд што овој јубилеј го одбележуваме заедно и убеден сум дека компанија којашто има вработени како вас, може со сигурност да чекори понатаму и да се справи со предизвиците кои ги наметнува новото време.
Посебно би се осврнал на периодот од последните пет години, период кој го ползувавме да ја подобриме компанијата, да ја модернизираме и на тој начин да го трасираме патот кон уште поголеми успеси.
Непобитен факт е дека силата на
нашата компанија е во нашите вработени, во нашиот тим, во големото семејство на Макстил. Затоа, како што и самите знаете, во изминативе години многу се посветивме на вашата безбедност и благосостојба на работното место. Успеавме заедно значително да го намалиме бројот на несреќи, како и да ги подобриме условите за работа. Се надевам дека со заеднички сили во наредниот период ќе успееме да ја оствариме нашата заедничка цел за нула повреди на работното место и за

современи, пријатни услови за работа за сите во Макстил.
Освен тоа, направивме напори да
го подобриме и стандардот на вработените

со континуирано зголемување на платите, со исплата на максимално дозволениот износ за К-15, како и со други финансиски интервенции.
Овие зголемувања на платите беа делумно овозможени од позитивните услови на пазарот, меѓутоа многу повеќе благодарение на вашиот ангажман. И самите знаете дека заеднички успеавме значително да ги подобриме перформансите на компанијата, што ни овозможи да оствариме позитивни резултати и да обезбедиме повисоки плати. Вашиот ангажман ќе биде уште попотребен во наредниот период. Нѐ очекува тешка и неизвесна зима, а за понатаму е уште потешко да се предвиди. Не можеме да ги контролираме надворешните фактори, но мораме сите заеднички да направиме сѐ што е во наша моќ за да ги пребродиме овие тешки времиња. Секоја заштеда на енергија е битна, секоја минута на зголемена продуктивност е битна, секоја нова идеја и иновација за подобрување на процесите ќе ни помогне да излеземе посилни од оваа криза. Колку посовесно и поодговорно ќе се однесуваме во наредниот период, толку ќе имаме повеќе можност за амортизирање на последиците од кризата.
Сигурен сум дека заедно ќе успееме да излеземе како победници и од оваа криза. Сигурен сум дека можеме и повеќе и подобро и дека тоа ќе го оствариме.
На сите вас, ви го честитам 25-тиот роденден на Макстил, со желби за уште повеќе причини за славење уште долги години!
Димитар Цветковски Претседател на Одборот на директори
ГОДИНИ МАКСТИЛ

ПРОСЛАВА МАКСТИЛ 20 СЕПТЕМВРИ

ВО МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА


Макстил оваа година одбележува значаен јубилеј, 25 години работа и производство на македонскиот пазар. По тој повод во Македонската Филхармонија беше организиран настан со мултимедијален перформанс на кој присуствуваа голем број гости, партнери, соработници, колеги од земјава и од странство.
Макстил претставува лидер во металуршката индустрија, со учество во нето извозот на државата од 1% и во вредноста на БДП со 0,3 отсто. Како извозно ориентирана компанија своите производи ги пласира на пазарите во регионот, Европската унија и пошироко. Во нашата земја е една од првите компании учесници во проектот на Европската Комисија за циркуларна економија како и прва компанија што започна со јавно објавување на податоците за емисии во воздухот, како и компанија најголем еднократен донатор во јавното здравство.
ПРОСЛАВА МАКСТИЛ 21 СЕПТЕМВРИ



ВО ХОТЕЛ „МЕРИОТ“



Во добро друштво, со неколку музички перформанси, пријатна атмосфера и традиционална танцова изведба на ТАНЕЦ, Макстил, во кругот на своите вработени, надворешни соработници, партнери и колеги од земјава и странство, со уште една прослава одбележа 25 години постоење и работа на компанијата.



Успешната работа на Макстил е резултат на 25 години напорна работа, соочување со бројни предизвици, будно следење на развојот на нашата гранка и постојана модернизација, а со тоа градење на перспективна иднина, основа врз која ќе продолжиме по патот што го изминавме досега, кон понатамошен раст и развој.































ИНТЕРВЈУА
ПЕТАР ЈАНЕСКИ, Директор на Економика
Во Макстил се приклучив во 2012 година, во компанија која изгледаше и функционираше многу поразлично од она што го гледаме денес. Како споредба ќе кажам дека максималниот број на шаржи што електропечката можеше во 2012 година да ги произведе беше 12, а пред само неколку дена колегите во Челичарница успеаја да постават нов рекорд од 24 шаржи во еден ден што е огромно постигнување и за тоа им честитам.
За изминатите 10 години, би набројал неколку од големите предизвици кои успешно се надминаа, почнувајќи од разорните ефекти на светската финансиска
криза која се чувствуваше до 2014 година, па понатаму огромниот проект за отпрашување којшто требаше да се имплементира, новите инвестиции во опрема за зголемување на продуктивноста и ефикасноста, и во последно време сите проекти за подигнување на свеста на вработените како и обезбедување подобри и побезбедни услови за работа. Задоволен сум од придонесот на целиот колектив како се справивме со Ковид 19 пандемијата, како и со целокупниот процес на реорганизација на работењето во Макстил. Но, мозаикот од проекти сѐ уште не е комплетиран, и сѐ уште ни престои многу работа за да го видиме Макстил во најдобро светло.

Дефинитивно треба многу да работиме во делот на модернизирање на производството и развој на проекти кои ќе го направат да биде самоодржливо. Тука треба да се споменат проектите за инсталација на обновливи извори на енергија, самостојно снабдување со техничка вода за индустриски потреби, целосно рециклирање на сите отпади и нивно повторно употребување во нашата или други индустрии, односно проекти кои целосно ќе ги исполнат критериумите на циркуларната економија односно економија без отпад и минимално користење на природни ресурси. Во Макстил, предизвиците се чести и комплексни бидејќи сме една од најголемите компании во државата која речиси целосно го извезува својот производ на пазарите во ЕУ, Турција и Балканскиот регион. Голем дел од геополитичките случувања имаат силно влијание врз нашето работење и мора секогаш да бидеме подготвени да ги предвидуваме сите кризи коишто можат да ни влијаат. Ќе напоменам само дека војната во Украина предизвика светска криза во каналите на дистрибуција, но големо влијание има и енергетската криза која го зафати целиот континент, чиишто ефекти ќе се чувствуваат уште долго во иднината. За сите овие предизвици мораме да имаме резервни планови како компанијата ќе делува сѐ со цел да нема прекини во работењето.
Во рамките на Макстил постои комитет за инвестиции каде што се презентираат сите идеи и замисли за подобро функционирање. Сите ние активно учествуваме во работењето а секојдневните работни активности се најдобар извор на идеи за подобрување на Макстил.
Имиџот на компанијата е нешто што се гради со години и со децении. Како ја перцепираат луѓето однадвор компанијата, таков ќе биде и интересот за работа во неа. Во изминатиот период вложивме многу енергија во подобрување на условите за работа, подигнување на стандардите за безбедност и лична заштита, значително се покачени личните примања на сите вработени и се трудиме да држиме чекор со најдобрите компании во земјата и согласно макроекономските движења сметаме дека навремено носиме одлуки за Макстил да биде посакувано место за работа.

Стабилноста на работењето, можноста за доусовршување на работните вештини, можностите за тренинг и обуки со цел подигнување на нивото кај секој вработен се нашите стратешки предности во однос на пазарот на труд. Работењето во еден голем систем како што е Дуферко Интернешнал Трејдинг Холдинг само по себе е предизвик за секој вработен, бидејќи индивидуалните резултати се мерат и споредуваат во една голема групација која е најголем трговец со челик во светот.
Директор на погон Челичарница
Оваа година, исто како и Макстил и јас одбележувам јубилеј, 20 години работа во компанијата. Започнав да работам во Макстил во 2002 година и како вчера да беше тоа, бидејќи свежи ми се сеќавањата не само на моите почетоци, туку и на сѐ она што следеше по нив. Започнав како машински инженер во одржување, потоа бев промовиран во одговорен инженер за техничка проблематика во одржување, за потоа во 2006 година бидам поставен на местото директор на одржување во Челичарница. Од 2017 година назначен сум за директор на погон Челичарница. Релативно млад бев поставен на позицијата директор на одржување во погонот Челичарница, ова го напоменувам од причина дека визијата и стратегијата на менаџментот на компанијата е да се лоцираат млади кадри и да им се даде шанса, која треба безусловно да ја искористат, со што иднината и развојот на компанијата е загарантиран.

Работата во погонот е многу динамична, интензивна, исполнета со многу предизвици за чие надминување е потребна висока психо-физичка кондиција, максимална посветеност, 100% концентрација и постојана комуникација и информираност со моменталните случувања во производството. Секоја одлука треба да биде донесена во насока да не се наруши производствениот циклус, да не се наруши безбедноста на вработените и да биде со најмали производни трошоци.

За да се биде во тренд со новите техники и технологии, постојано треба да се следат новите достигнувања во полето на металургијата и техниката, да се посетуваат семинари, обуки, саеми, да се посетуваат идентични фабрики од кои може да се стекне многу искуство, а Макстил е една од ретките компании коja тоа го нуди и практикува. Во изминатиот период во погонот Челичарница реализирани се многу проекти, и тоа проекти насочени кон зголемување на енергетска ефикасност, подобрување на квалитетот на производот, задоволување на еколошките стандарди, замена на постојаната опрема со нова модерна опрема со подобри перформанси и поголем степен на автоматизираност и безбедност на вработените. Мора да напоменам дека едни од најважните и круцијални инвестиции кои се изведуваат во Макстил, па и во погонот Челичарница се инвестициите поврзани со зголемувањето на нивото на безбедност на вработените и подобрување на работните условите во погонот.
Исто така, во контекст на реализираните проекти потребно е да се споменат и проектите како Филтерската постројка, со која се задоволија најстрогите еколошки норми, новата конструкција на Електропечката, со која се подобри нејзината кондициона состојба и перформанси и нови трансформатори со поголема моќност на Електропечка. Покрај реализираните проекти, во изминатите 10-15 години, голем труд се вложи во екипирањето и давањето шанса на младиот инженерски кадар, кој брзо се вклопи во структурата на погонот при што се создаде тим кој стана носител и костур на процесите и иднина на погонот. Благодарение на реализацијата на овие проекти и тимот на вработени, погонот Челичарница денес е погон во кој безбедноста на вработените е на високо ниво со обезбедени нормални услови за
ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ
работа, грижата на нашите вработени е од исклучително значење и во нив се остваруваат производни резултати идентични со резултатите на светски реномирани фабрики.

Од нивото на инвестициите во делот на безбедност, опрема и кадар зависи и степенот на развој на погонот. Верувам дека моменталната динамика на инвестиции не само што треба да се задржи, туку треба да се интензивира и да преставува водилка за иден развој на погонот. Вработените преставуваат непроценливо богатство за Макстил, каде се води значителна грижа и континуирано се посветува внимание и труд во едукација и усовршување на вештините на своите вработени, преку постојано организирање специјално наменети интерни и надворешни обуки, посета на саеми, конференции и фабрики. Работата во Макстил нуди можности за професионален и личен развој на вработените. Вработените покажуваат високо ниво на мотивираност, ефикасност и продуктивност и секој од нив може да предложи нови идеи за развој на компанијата.
Во погонот Челичарница вработен е високо-стручен и средно-стручен кадар со високо ниво на знаење, иновативност, професионализам, кое може да се споредува со најдобрите идентични компании со светот.
ИГОР БОГЕСКИ
Директор за Квалитет и Контрола на Процес
20 години работам во Макстил со директно учество во воведување на ГИИС, комплетна ревизија на сите работни процедури во делот на контрола на производ, нивно модернизирање и адаптирање кон реалните барања на купувачите, проширување на контролните точки по фази а со тоа директно учество во подигање на квалитетот на финалниот производ и намалување на рекламациите од купувачи.
Дополнителни достигнувања во овој сектор се воведување на влезна контрола на суровини и резервни делови, прифаќање на вонстандардни барања и нивно аплицирање како редовна процедура за работа, прифатени од Бордот како предлози за набавка на опрема која учествува во производниот процес и која влијае на подигање на квалитетот на финалниот продукт и намалување на растурот.
Како најголемо достигнување во Макстил ја ценам мојата позиција, која што во моментов ја имам благодарејќи на моите залагања, преданоста, лојалноста, стручноста и професионалниот однос кон работата и колегите што беше препознаено од менаџментот.
Најзначајниот проект остварен во Макстил според мене е воведување на системот за отпрашување во Челичарница кој овозможи компанијата да продолжи непречено да работи, почитувајќи ги строгите еколошки норми.
Во иднина Макстил треба да тежнее кон замена на старата опрема со нова и модерна, подобрување на работните услови во погоните (затворање на сите отворени места, подобро загревање и ладење), воведување на автоматизација како замена за работна сила на места каде е тоа возможно, воведување на обновливи извори на енергија (фотоволтаици).
Макстил е сигурна и стабилна компанија, која ги почитува и исполнува сите социјални права на работникот (и повеќе од тоа), овозможува загарантирана работа за секој кој сака да работи во оваа индустрија и да биде успешен во својот професионален живот. За сите млади кадри има бројни бенефиции при вработувањето во Макстил како на пример солидниот личен доход, тимскиот дух, приватното здравствено осигурување, можностите за напредување во кариерата, како и за дообука и надградување на знаењето.

СВЕТЛАНА КУЗМАНОВСКА

Директор на сектор за Информациони технологии

Во Макстил сум од 1999г, како инженер за Информатика во погонот Валавница. Тоа беа зачетоците на компанијата во која што иницијално почнаа да се воведува модернизација и автоматизација на погонските процеси. Како млад инженер, кој тукушто излезен од факултет, мојата инволвираност во имплементација на дел од автоматизираните процеси, ми беше од огромно искуство. Во 2002 беше основан ИТ сектор. Да бидам дел од тимот на овој сектор претставуваше огромен предизвик за мене. Тргнувајќи од кота 0 стигнавме до ова ниво на кое што сме денес. Денес во Макстил имаме изградено комплексна мрежна, хардверска и системска сервисна инфраструктура, со целосно интегриран систем на интегрирани модули и бизнис апликации (ЕРП систем) на најголем дел од деловните процеси. ЕРП апликацијата е жива материја, што бара постојано надградување. Во изминативе неколку години направени се голем број надградби на хардверската инфраструктура и безбедносните ИТ системи, централизација на целиот видео надзор, воведено е дигитално апликациско потпишување, воведена е електронска архива и систем за управување со документите. Секако зад сето ова стои и целиот ИТ тим, кој несебично се вложува сите овие години и без кој сите овие промени би биле невозможни. Секојдневното работење посебно во една ваква компанија носи голем број предизвици. Лично најголемо професионално достигнување ја сметам работната позиција за ИТ директор и одговорот на сите предизвици кои ги носи самото работно место. Деталната аналитичност, упорноста, транспарентност и тимската работа ми се двигатели кон успешна цел. Макстил е компанија која што постојано инвестира. Тешко е да се издвои еден проект, секој проект за себе, помал или поголем влијае на ефикасноста на работењето на Макстил. Иако сметам дека во делот на ИТ се реализирани многу важни проекти, кои се од огромен бенефит за компанијата, сепак би издвоила нешто што е надвор од мојот домен. Би ги спомнала Системот за отпрашување, концептот на „Циркулaрна економија” како дел од проектите што Макстил во континуитет ги презема за заштита на животната средина. Последниве пет години се препознатливи по постојано вложување, и максимална заложба со цел подобрување и постигнување на висок степен на безбедност и заштита при работа на вработените. Со надградба на правила, процедури, политики, едукација на вработените, воспоставување на култура на безбедно работење на секој поединец, отстранување на потенцијалните ризични места, постигнати се видливи резултати и далеку помал број на несреќи и инциденти, споредувајќи се 5 години наназад.
За да се одржи забрзаниот раст на компанијата секојдневно се вложува во усовршување и воведување на нови процеси во деловното работење. Сето тоа бара добра бизнис анализа, и често пати за да се направи таа анализа, потребно е добра координација и синергија на повеќе сектори во компанијата. Обезбедувањето на навремени, валидни и корисни информации е исто така огромен предизвик со кој се соочуваме. Сметам дека подобрувањата во Макстил треба да се темелат на три основи, вклучувајќи максимално можна автоматизација и дигитализација на сите деловни процеси, воведување на дата менаџмент, инвестирање во сопствени капацитети за производство на ел. енергија, и инвестирање во човечки капитал.
Можноста за добар животен стандард, обука за личен и професионален развој, позитивна работна атмосфера, корпоративна култура, пренесување на знаења се основните аргументи за
привлекување на млади кадри, но и задржување на искусните кадри во рамки на фирмата. Во време кога на пазарот на трудот е тешко да се најдат вработени, да се најде и задржи добриот вработен е бесценето богатство за една компанија.
Макстил е една од најголемите производни компании во државава. Макстил е дел од Дуферко Интернешнл Трејдинг Холдинг. Тоа дополнително нѐ прави примамливи. Нуди огромни можности за напредок, во сите области. Во изминатиов период Макстил, вложува максимални напори преку подобрување на стандардот на вработените, а и преку други бенефиции, да ја намали флуктуацијата на кадарот, а со тоа и да ја обезбеди стабилноста во делот од човечките ресурси. Вложува во подобрување на работната околина и се грижи за здравјето и безбедноста на секој вработен. Тоа Макстил го прави конкурентен на пазарот како работодавач.
СВЕТЛАНА СМИЛЕВСКА
КРСТЕВСКА
Директор за инвестиции и развој

Во Макстил сум веќе 19 години, а дојдов како искусен информатички инженер од друга производна компанија. Предизвикот за компјутеризација и дигитализација на целокупните работни процеси во компанијата, во период кога примената на овие технологии сѐ уште беше во почетна фаза генерално низ сите компании во Македонија, за мене беше огромен. Дополнителен предизвик ми претставуваше и тоа што Макстил е еден од најголемите производни капацитети во земјата со долг историски континуитет и значење за целата држава. Секако мое најголемо лично достигнување во целокупниот мој ангажман во Макстил претставува дадената доверба да се водат огромни процеси за унапредувањето на компанијата и од позиција на директор на секторот за информациони технологии и сега како директор за инвестиции и развој.
Мое лично согледување е дека најголем и најзначаен проект што сме успеалe да го релизираме заедно со тимот од секторот за информациони технологии и целокупниот тим на Макстил претставува имплементацијата на целосна мрежна, хардверска и софтверска инфраструктура која ги следи секојдневните оперативни процеси на работењето на Макстил. Сублимираните анализи и информации од овие системи им даваат можност на сите сектори континуирано да ги подобруваат своите процеси а на врвниот менаџмент на Макстил можност за брзо носење на одлуки и прилагодување на светските пазарни тредови.
Последните 5 години отприлика се совпаѓаат со моето доаѓање на позиција директор за инвестиции и развој. Тоа ми дава за можност одблиску да ја следам и да бидам дел од развојната стратегија на компанијата. Во таа насока последниве години се отворија многу потенцијали и можности за унапредување на целокупното работење на компанијата. Секако за оваа прилика би ја издвоила континуираната заложба на врвниот менаџмент на Макстил за подигањето на свесноста за подобрување на безбедноста и условите при работа. Веќе четврта година Бордот на директори овозможува дедицирани буџетски средства за оваа намена кои покрај континуираната обука директно влијаат на подобрување на условите за работа а со тоа и на зголемување на безбедноста. Макстил е комплексен систем со потреба од флуидна и јасна секојдневна секторска и меѓусекторска соработка и координација. Тоа понекогаш може да претставува предизвик во насока на дефинирање на приоритети во работењето. Пристапот на взаемно разбирање и дедицираност за завршување на зададените задачи секогаш резултира во навремено и квалитетно постигнивање на целите.

Би рекла дека сме на добар пат и во таа насока градејќи долгорочни развојни планови, особено во сегментот на енергетска ефикасностност, ќе успееме да одезбедиме континуиран напредок на целокупното работење на компанијата.
Како што кажав и погоре, Макстил е еден од најголемите производни капацитети во државата, тоа само посебе сигурна сум дека претставува предизвик за новите генерации на кадри. Пратејќи ги светските трендови како на техничко технолошко ниво така и на ниво на стандард и услови за работа, се надевам дека успеваме да оставиме впечаток дека за секој млад работен кадар можеме да го донесеме светот тука наместо потребата да се замине некаде низ светот.
БОБИ КРСТЕВСКИ
Директор на Погон ВДЛ
Во Макстил сум вработен речиси 20 години, односно веднаш по завршувањето на факултетот. Со доаѓање на функцијата Директор на погон ВДЛ, императив ми беше имплементација на тимската работа во сите структури, подобрување на условите за работа на вработените, зголемување на платите и инвестирање во постојните и нови постројки за олеснување на процесот на производство и подобрување на квалитетот на финалниот производ.
Во мојата работна кариера бев на повеќе раководни функции. Во периодот кога го менаџирав секторот за Контрола на процес или тривијално познат помеѓу вработените како Технолошка група може да се истакнат придонесите кои ги направивме во делот на имплементација и стабилизација на лимовите со дебелина 5мм, како и нови комерцијални квалитети кои ги произведовме и пласиравме на пазарот. Многу битно е да спомене и подобрувањето на металниот извадок користејќи ги поволностите од инвестицијата во Х-мерач и редизајнот на геометријата на цевната конструкција на ПП1 што беше идеја на тимот од ВДЛ и се реализираше со домашни компании.

Сите проекти имаат одреден бенефит во одреден сегмент од производниот синџир на Макстил. Би споменал само неколку кои за првпат се воведоа во погонот и ја олеснија и направија побезбедна работата на вработените како: автоматски секатор во Подготовка, модерен Х-мерач за дебелина на лим на топло, автоматски секатори во Аѓустажа, превртувач за лим во Аѓустажа. Посебно сум горд на тимот во ВДЛ кој направи инженеринг и имплементираше систем за зонско ладење на горен потпорен валјак односно регулација на термичка круна за зголемување на кофингот на потпорните валци и подобрување на квалитетот на тенките лимови.
Покрај инвестирањето во техничкиот дел за подобрување на ефективното време, продуктивноста и квалитетот на производот, мора да се спомнат инвестирањата и напорите за подобрување на безбедноста на вработените и создавањето на подобри работни услови во погонот. Изминатите неколку години континуирано се инвестираше на ова поле и со сигурност може да кажеме дека Макстил станува поздрава и побезбедна компанија. Предизвиците кај компаниите во денешно време имаат заеднички именител, а тоа е квалитетен стручен кадар на сите нивоа во една организација. Пазарот на трудот е сиромашен со трудољубиви и стручно спремни кадри, така што во најголем дел кандидатите кои сакаат да работат и напредуваат во Макстил, обуката и вештините ги добиваат од своите ментори кои се стручњаци во својата организациона единица.
Подобрувањата за во иднина треба да ги насочиме во енергетската ефикасност на постројките на којашто тимот во ВДЛ работи и обновливите извори на енергија односно фотоволтаици за што погонот има добри предуслови. Стабилноста на Макстил, редовните лични доходи кои се над индустрискиот просек во државата, можностите за напредок на секој поединец, без разлика на основната стручна подготовка која ја поседува вработениот, се предности и треба да бидат мотив на идните млади кадри.

АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНИТЕ

Во текот на третиот квартал од 2022 погонот работеше во текот на јули и септември, при што беа произведени 57.173 т. слабови, што споредено со планираното производство (52.100 т.) претставува зголемување од околу 9%. Во текот на целиот квартал извадокот старо железо – слаб во споредба со планираниот извадок е понизок од 0,9 п.п. во јули до 0,7 п.п. во септември, во однос на планираниот. Извадокот слаб прва класа за јули бележи намалување во однос на планираниот и изнесува 94,4%, додека во септември е повисок од планираниот за 0,1 п.п. Потрошувачката на ел. енергија бележи зголемување во текот на јули, додека во текот на септември бележи намалување. Активното време на изработка на една шаржа бележи незначителен пад во месец јули, додека во септември активното време е намалено во споредба со планираното. Просечниот број на произведени шаржи на дневно ниво во јули изнесува 13,9 додека во септември изнесува 21,9.



ЧЕЛИЧАРНИЦА





Завршено демолирање на конверторски кули на покривот на погонот Челичарница. Во подготовка активноста за покривање на кровната конструкција во овој дел.
Активностите за зголемување на безбедноста при работа и работните услови - комплетирање на веќе започнатите инвестициски проекти:

Финална фаза на комплетно реновирање на управната зграда на погонот.
Продолжуваат активности за реновирање
операторски кабини во делот на конти лив и казанска печка.
Замена на крански кабини. Пристигнати 8 крански кабини, монтирани 3, а комплетна реализација до крај на втори квартал 2023.

Нова опрема во делот на регулација на опрема на излезен дел од контилив (3ЕП) – успешно завршен и пуштен во продукција.
Продолжуваат активности за надградба на софтверските решенија за следење на текот на набавка, контрола, прием и потрошувачка на старо железо. Очекуван рок за комплетирање на проектот крај на октомври 2022.
Подготвителни активности за проектни планови 2023.
ЧЕЛИЧАРНИЦА
АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНИТЕ
ИНВЕСТИЦИСКИ АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНОТ ЧЕЛИЧАРНИЦА ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ НА 2022
АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНИТЕ



Оствареното производство на дебели лимови во третиот квартал на годинава во производниот погон Валавница изнесува 79.348т. Во однос на поставениот производен план за третиот квартал од оваа година (73.593т.), ова претставува зголемување од над 7%. Зголемувањето на производството се должи воглавно на зголемениот обем на нарачки, кој овозможува подобро планирање и зголемување на продуктивноста. Подобрување е регистрано во делот на извадокот слаб - лим во текот на целиот квартал, а особено во септември од 0,8 п.п. Производството на лим прва класа во во текот на целиот квартал бележи намалување во однос на планот, а особено во септември кога е регистрирано намалување од 1,9 п.п. Потрошувачката на природен гас и електрична енергија бележи намалување во текот на сите три месеци од кварталот.





ИНВЕСТИЦИСКИ АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНОТ ВАЛАВНИЦА ВО
ТРЕТИОТ КВАРТАЛ НА 2022

АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНИТЕ
ВАЛАВНИЦА
Мерки за зголемување на безбедноста при работа и работните условипродолжува реализацијата на проектите за безбедно движење на повеќе зони и постројки во погонот:
Замена на 10 крански кабини – комплетно завршен проект.
Завршено реновирање на влезниот
2
Во завршна фаза поставување на безбедносни огради, подни решети и осветлување
на 1400м крански патеки во ладен дел на ВДЛ.
и приземниот дел и делот со скалила на управна зграда ВДЛ. 1 3
Проект за замена на погон на две транспортни секции во топлиот дел – проектот е успешно завршен и пуштен во продукција.
Подготвителни градежни активности за проект Станица за компримиран воздух за целокупниот
погон на ВДЛ. Комплетна реализација се очекува во Q4 2022.
Проект имплементација на биметални плочи на валачкиот стан - проектот е успешно завршен и пуштен во продукција.
Подготвителни активности за проект надградба на погонско вратило и штендер на валачки стан. Комплетна реализација се очекува по пристигнување на целокупната опрема.
Проект замена на решетки на ладилник бр.2. - проектот е успешно завршен и пуштен во продукција.
Ремонт 2022 – успешно реализиран и завршен во дефинираниот термин.
Подготвителни активности за проектни планови 2023.

Во третиот квартал продолжи трендот на успешно реализирање на сите тековни барања за материјали и услуги.
Обезбедена е годишна количина на сите огноотпорни материјали за претстојната година и графитни електроди за четвртиот квартал.
Во фаза на изработка е проектот за магацин 105 и нова камионска вага. Во овој квартал секторот се ангажира за изнаоѓање на решенија и набавка на алтернативни енергенси за одредени постројки, како замена на постоечките. Актуелнa е изработката на проекти за поставување на фотоволтаични системи во двата погона. Во тек е монтажата на новата компресорска станица и новонабавеното трафо за ВДЛ.
Продажбата на топловаланите дебели лимови во количински показатели за третиот квартал од 2022 изнесува 65.115т., од кои 44.447т. се со договор за преработка, додека останатите 20.669т. се продажби на Макстил.
ФИНАНСИИ

Финансиските резултати за трите квартали на 2022 година се позитивни. Во наредниот квартал ни претстои неизвесност поради тековниот конфликт во Украина, и поради енергетската криза, која влијае како на производството така и на цената на чинење на лимот.

ВРАБОТЕНИ
Во текот на третиот квартал од годинава бележиме умерена месечна флуктуација на вработените.




*Приказот на просечната плата е просек за последните дванаесет месеци од работењето

























ЛОЈАЛНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ Е КЛУЧНА ЗА НАШИОТ УСПЕХ
Лојалните и посветени вработени како вас се основата на компанискиот успех, благодарни сме што сите овие години сте дел од големото семејство на Макстил. ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ
ЧЕЛИЧАРНИЦА ЧЕЛИЧАРНИЦА СЕКТОР ФИНАНСИИ
Лазов Зоран
Асистент 2 на Одговорниот

инженер
ЕКОНОМИКА Јанески Петар
Директор за економика
ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Милевска Илијевска Мира
Референт за административни
сектори
ВАЛАВНИЦА
Колева Марија Одговорен за информатика

Тодоровски Тони Електричар 1
Ѓорѓиевски Власте
Електричар 1
Марковски Горанчо Ладен дел
Мијалковски Драган
Директор на Челичарница
Јашаровски Минир
Дигалкар 1 Стојкоски Горан Сменски работоводител

ВАЛАВНИЦА
Јанев Зоран Оператор
КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ Андоновски Зоран Контролор на лим-ладилник
ОТПРЕМА
Василевски Владимир Администратор за логистика
Цаневска-Ристески Елица Референт за отпрема
ИНВЕСТИЦИИ И РАЗВОЈ
Смилевска-Крстевска
Светлана
Директор за инвестции и развој
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Ивановска-Видинова Елена Инженер за заштита на животна средина
Блажевска Марија Самостоен референт за сметководство, финансии и ликвидатура
СЕКТОР ИНФОРМАЦИОНИ ТЕХНОЛОГИИ


Аџиовски Горан Одговорен за корисничка
поддршка
ЗАЕДНО РАБОТИМЕ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА

НАША ЦЕЛ Е „НУЛА“ ИНЦИДЕНТИ И ПОВРЕДИ ПРИ РАБОТА
Примери за Near Miss во погонот Валавница Пад на стакло од кабина на дигалка бр.51







Небезбедна монтажа на конектори за термални камери на влезна хауба на Хоризонтален Валачки стан
Небезбедна промена и контрола на регулационен мотор за воздух на зона 2 на Потисна печка1
Паднат мост после рамналка од удар со свиткан лим





Слика
Превртување на мостот
Слика
Превртување на мостот

Падната цевка од хидрантска
“Plant Damage” Оштетена опрема, Валавница Извадена платформа од одводен канал во моторна сала





ВРАБОТЕНИТЕ НА МАКСТИЛ УЧЕСТВУВАА НА СКОПСКИ
МАРАТОН 2022
Тимот на Макстил на Скопски маратон!
По период на пауза од две години, дел од вработените од нашата компанија повторно зедоа учество на манифестацијата Скопски маратон, која се одржа во Скопје. Претставниците на нашата компанија и годинава успешно ја истрчаа трката на 5км „Виз Ер“ Скопски Маратон 2022, а имавме и претставник на трката од 10км!




ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА: ДА ДАРУВАМЕ ОБЛЕКА, ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ И
СИТЕ ЗАЕДНО ДА ПРАВИМЕ ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ ВО ОПШТЕСТВОТО!




Макстил во соработка со „Копче“, социјалното претпријатие кое делува во рамките на Црвениот Крст на Република Македонија – Црвен Крст на Град Скопје организираше хуманитарната акција, која беше спроведена почнувајќи од 15 август до 26 август, во период од две недели. На три локации во компанијата беа поставени кутии за донирање на облека која е наменета за поддршка на социјално загрозени семејства. Со оваа хуманитарна акција вработените на Макстил уште еднаш ја покажаа својата хуманост и желба да помогнат каде што е најпотребно.
ДОНАЦИЈА НА РАКОМЕТНИОТ КЛУБ СТРУГАмакедонскиот ракометен бисер

Макстил и овој пат ја потврди поддршката на младите и спортот преку донација и спонзорство на РК Струга. Инаку овој клуб е основач и организатор на најстариот и единствен меѓународен ракометен турнир кој се одржува веќе 50 години. Уникатен по тоа што се игра на отворено, пред полни трибини, рефлектори и каде продефилирале многу познати ракометни имиња и клубови.
Струга важи за вистински расадник за оформување на млади ракометари подготвени за врвни дострели. Се вбројува меѓу најстарите спортски колективи во Македонија и воопшто во ракометот. Во 2019 година прослави 70 години од своето постоење. Дел е од најквалитетната Супер лига во Македонија, а во моментов има над 150 членови во сите категории, пионери, кадети, младинци. Клубот исто така има и своја школа за ракомет. Меѓу многуте успеси на клубот најзначајни се оние на младите, кои подоцна стануваа ракометни ѕвезди. Пионерите во сезоната 2020/2021 беа прваци на Македонија, а следната година го освоија второто место.
250 насмеани лица по повод 25 години постоење на Макстил!



Макстил заедно со Ретвитни оброк, а во соработка со HBO Вистински дела на љубезност, подготви 250 оброци за социјално загрозените семејства!
Соработката со Ретвитни оброк продолжува и понатаму секогаш со желба да се помогне онаму каде што е најпотребно .



МАКСТИЛ ЗАЕДНО СО РЕТВИТНИ ОБРОК ОРГАНИЗИРАА ПОДГОТОВКА НА
ТОПЛИ ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ
ДОНАЦИЈА МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН




Макстил го донираше првиот мултифункционален парк со детско игралиште и опрема за вежбање во општина Гази Баба на површина од 2000 м2, каде создаде модерен и урбан простор за социјализирање и рекреирање.
Општествената одговорност на Макстил е секогаш насочена кон вистинските и суштински потреби на граѓаните. Како компанија што е дел од оваа заедница Макстил ги следи состојбите и целосно ги вложува своите капацитети, финансиски, човечки и материјални со цел да придонесе за создавање нешто што е потребно за градот и општината.
ПАРК ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
ЛЕСНО СУДОКУ :)
МАКСТИЛ РЕЧНИК
Да научиме неколку зборови на италијански (и на англиски) јазик, кои можеби сте ги сретнале при секојдневното работење со нашите деловни соработници.
ЗАВАРУВАЊЕ - SALDATURA (се чита: салдатура) - WELDING, WELD JOINT
ТРКАЛО - RUOTA (се чита: руота) - WHEEL
КОВАРИНА - SCAGLIA (се чита: скаља) - SCALE
РЕЗЕРВОАР - SERBATOIO (се чита: сербатојо) - STORAGE TANK

ГРЕДА, НОСАЧ - TRAVE (се чита: траве) - BEAM
ЦЕВКА - TUBO (се чита: тубо) - TUBE, PIPE СМЕНА - TURNO (се чита: турно) - SHIFT
ВЕНТИЛ - VAVOLA (се чита: валвола) - VALVE
ЗАНИМЛИВОСТИ
МАКСТИЛ КВИЗ

Производствениот процес во Валавница се состои од:
а) Склад за мастер слабови; флемање; оксигенско сечење; потисна печка; валачки
стан; зона за складирање; б) Топла рамналка; обележување и маркирање; четиристрано сечење на дебелини

Производствениот процес во Челичарница се состои од: а) Плац за старо железо, електролачна печка, казанска печка, континуирано леење, контрола на квалитетот на слабовите, магацин за слабови; б) Склад за лимови, топла рамналка; обележување и маркирање; четиристрано
сечење на дебелини <30мм; оксигенско сечење за дебелини =>30мм; в) точни се одговорите под а) и б)
Во погонот Валавница, „потисната печка“ во производствениот процес служи за:
а) Загревање на слабовите до температура соодветна за нивно топло валање; б) Израмнување на површината на лимовите по нивното валање во кватро валачки стан;



в) Складирање на секундарните слабови пред нивно шаржирање во печка; г) точни се одговорите под а), б) и в)
Во погонот Челичарница, „електролачната печка“ во производствениот процес служи за:
а) Третман на течниот челик со цел да се постигнат посакуваните карактеристики од аспект на квалитет и чистота; б) Инспектирање и контрола на квалитет на слабовите; в) Шаржирање на подготвеното старо железо, топење со графитни електроди со користење на електрична и хемиска енергија;
Oдговорите на прашањата ќе следат во наредниот број на Инфостил.
<30мм, оксигенско сечење за дебелини =>30мм; в) Ултразвук, пескарница и фарбаница, склад за лимови; товарење. г) точни се одговорите под а), б) и в) Точни одговори од предходниот број: Макстил квиз: 1-г, 2-б, 3-в, 4-а
СОСТАВЕТЕ ПЕТ ЗБОРОВИ, ЗА СЕКОЈ ПРИМЕР ИМАТЕ ПО ЕДНА МИНУТА. ТРИ, ДВА, ЕДЕН.. ПОЧНИ!
1. 2. 4. 3.Бродот за влечење, „Касписка Фауна“, е целосно изграден со лимови произведени во Макстил, во соработка со турска компанија. „Касписка Фауна“ плови во водите на северниот дел од Каспиското Море.



Бродот е долг 30 метри, а при неговата изработка биле употребени 300 тони топловалани лимови од Макстил. Неговото екстремно плитко корито значело употреба на 35 различни квалитети на лимови, со различна дебелина. Благодарение на добрата организација, лимовите се испратени за 5-6 недели од нарачката, а изградбата е завршена во рекорден рок од 10 месеци и бродот е пуштен во употреба во 2020 година.

ВО СВЕТОТ
МАКСТИЛ