SISTINA PLUS No. 4

Page 64

Стомак

Подготви д-р Ален Јовчевски, дигестивен хирург

ПОИМОТ АКУТЕН АБДОМЕН ВО ХИРУРГИЈАТА ОЗНАЧУВА НЕНАДЕЈНА, ЈАКА БОЛКА ВО СТОМАКОТ КОЈА Е ОД НЕПОЗНАТО ПОТЕКЛО И КОЈА ТРАЕ ПОМАЛКУ ОД 24 ЧАСА.ОВА Е УРГЕНТНА МЕДИЦИНСКА СОСТОЈБА ЗА КОЈА Е ПОТРЕБНА БРЗА И ТОЧНА ДИЈАГНОЗА .ЗА НЕКОИ ОД ПРИЧИНИТЕЛИТЕ КОИ ДОВЕДУВААТ ДО ОВАА СОСТОЈБА ПОТРЕБЕН Е УРГЕНТЕН ХИРУРШКИ ТРЕТМАН. ВО СВЕТОТ НАЈЧЕСТА ПРИЧИНА ЗА УРГЕНТЕН ХИРУРШКИ ТРЕТМАН Е АКУТНО ВОСПАЛЕНИЕ НА СЛЕПОТО ЦРЕВО.

ПОЧЕСТО СЕ ЈАВУВА КАЈ МЛАДАТА ПОПУЛАЦИЈА Воспалението на слепото црево настанува како резултат на затнување на тесниот лумен на слепото црево со различна содржина или поради влијанија од околината (копролити, туѓо тело, цревни паразити, зголемено лимфно ткиво или тумор). Може да се јави кај секој човек, независно од полот и возраста, но, сепак, почесто се јавува кај млади луѓе, деца и адолесценти, а многу поретко кај постари лица или деца до две години. Кога еднаш ќе настане, ако не се реши навреме, воспалителниот процес напредува и може да се јават потешки форми на воспаление на слепото црево, како што се флегмона, гангрена или перфорација. Овие состојби, ако не се дијагностицираат и не се решат навреме, можат да предизвикаат и смрт на пациентот. СИМТОМИ ВО ПРВИТЕ 24 ЧАСА

С

лепото црево е всушност црвовиден израсток чиј лумен е поврзан со почетниот дел на дебелото црево. Локализиран на 2 сантиметри од спојот на тенкото и дебелото црево слепото црево е орган кој ја изгубил својата функција во тек на еволуцијата. Варијации се присутни во однос на неговата должина и локализација. Се случува, иако многу ретко, слепото црево да биде сместено и на левата страна.

Во почетната фаза воспалението на слепото црево типично се манифестира со појава на неодредена болка во стомакот во пределот на папокот која е присутна неколку часа и најчесто е придружена со губиток на апетит, гадење и повраќање. Во наредниот период болката мигрира и се локализира во десниот долен квадрант на стомакот каде се развива и осетливост при допир. Присутна е покачена температура, а можно е да се јави и дијареја, отежнато мокрење, отсуство на столица и гасови, како и силни болки во мевот. Ова е состојба која укажува на сериозно воспаление на стомачната празнина, а се препознава по тоа што стомачниот ѕид станува цврст, а болката станува неподнослива. Симптоматологијата на воспалението на слепото црево се развива во период од 12 до 24 часа. Многу често клиничката слика на воспалението на слепото црево може да се манифестира нетипично поради непотребно земање на антибиотици, аналгетици или спазмолитици.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.