SISTINA PLUS No. 4

Page 40

Пневмонија

Подготви д-р Оливер Јовковски, специјалист пулмоалерголог

ВОСПАЛЕНИЕТО НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ ИЛИ ПНЕВМОНИЈА ПРЕТСТАВУВА АКУТНА ИНФЕКЦИЈА НА БЕЛОДРОБНОТО ТКИВО. МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕДИЗВИКАНА ОД БАКТЕРИИ, ВИРУСИ, ГАБИЧКИ, А МОЖЕ ДА НАСТАНЕ СО ВДИШУВАЊЕ НА ПРАВ, ХЕМИСКИ СУПСТАНЦИИ , ХРАНА ИЛИ ПОВРАТЕНА СОДРЖИНА. КАЈ МЛАДИ И ЗДРАВИ ЛИЦА ЛЕКУВАЊЕТО СЕ СВЕДУВА НА АНТИБИОТИЦИ И ОДМОР. НО АКО СЕ РАБОТИ ЗА НЕМОЌНИ И ХРОНИЧНО БОЛНИ, ВОСПАЛЕНИЕТО НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ МОЖЕ ДА БИДЕ ОПАСНО ПО ЖИВОТ. ОПИС НА БОЛЕСТА

СИМПТОМИ

остојат два вида воспаление на белите дробови или пневмонија: типична бактериска или атипична. Бактериската пневмонија најчесто ја предизвикуваат следниве бактерии: пнеумокок, хемофилус инфлуенца и мораксела катаралис. Атипичните пневмонии ги предизвикуваат бактериите како: микоплазма, хламидија, легионела, но и некои респираторни вируси. Големите епидемии се појавуваат во одреден период, на секои 4-6 години.Најчесто епидемиите почнуваат во есен, се развиваат постепено и траат повеќе месеци, сé до пролет.Тогаш често заболуваат училиштните деца и постарите лица. Респираторните вируси се многу чести причинители на пневмонија кај децата, особено оние помлади од 5 години.

Типични симптоми се: кашлица, обично со искашлување секрет, температура и понекогаш болка во градите. Најчесто симптомите се развиваат во текот на неколку дена. Бактериската пневмонија многу често се развива како компликација на инфекциите на горните дишни патишта. Почнува наеднаш со чувство на студ и треска. Карактеристични симптоми се појава на треска со температура, отежнато дишење, кашлица и болки во градите. Постарите болни лица можат да имаат еден од следниве симптоми: температура, кашлица, чувство на омалаксаност и конфузност поради намалениот кислород во крвта.

П

КОЈ МОЖЕ ДА ЗАБОЛИ? Лицата постари од 65 години имаат поголем ризик од воспаление на белите дробови. Кај нив пневмонијата е тешка и неретко завршува фатално. Во ризичните групи спаѓаат и малите деца чиј одбранбен систем не е целосно развиен. Исто така, тука спаѓаат и лицата кои имаат нарушен имунолошки систем како последица од најразлични болести: СИДА, хронични срцеви и белодробни болести или поради отстранување на слезината, потоа лицата на хемотерапија или на долготрајна имуносуспресивна терапија. Пушењето ги оштетува дишните патишта, а алкохолот го намалува имунолошкиот систем кој се бори против инфекции.

АТИПИЧНИ И ВИРУСНИ ПНЕВМОНИИ Атипичните пневмонии имаат помалку изразени симптоми од бактериските бидејќи симптомите се развиваат постепено.Температурата расте постепено и може да достигне многу високи вредности, но многу ретко е придружена со треска. Чести се и други симптоми како на пример: главоболка, болка во мускулите и зглобовите, општа слабост и замор, а некогаш и гадење со повраќање и дијареа. Кашлицата обично се манифестира по 3 до 4 дена, најчесто е сува со тешко искашлување. Поради некарактеристичните симптоми дијагнозата се поставува подоцна за разлика од бактериската пневмонија, често по рендгенска снимка на белите дробови. Вирусните пневмонии обично не се разликуваат од останатите, но по симптомите и знаците на болест се слични со атипичните пневмонии.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.