ВОДЊАНКА

Page 1

КОМФОРОТ Е ПОТРЕБА ШТЕДЕТЕ ЖИВЕЈТЕ УДОБНО

ЕКОЛОШКИ, ВИСОКО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН И ПАСИВЕН СТАНБЕН ОБЈЕКТ

ВОДЊАНКА

ДОБИЈТЕ НАЈМНОГУ ЗА ВАШИТЕ ПАРИ


СТЕ ПОСАКАЛЕ ЛИ СТАН КАКОВ ШТО НИКОЈ НЕМА? СТАН СО НАЈВИСОК КВАЛИТЕТ, КОГА И ДА Е ДО СЕГА ИЗГРАДЕН ВО МАКЕДОНИЈА СТАН КАКО СИНОНИМ ЗА УДОБНОСТ, БЕЗБЕДНОСТ И НИСКИ МЕСЕЧНИ ТРОШОЦИ Сакате ли спој на квалитетот, високиот стандард и модерното? Ве мачи ли појава на мувла и влага? Имате ли чувство дека низ прозорците дува, иако се скапи и квалитетни? Знаете ли колку тоа ги зголемува сметките за греење и ладење? Дали во лето станот Ви е топол, а во зима ладен и покрај изолацијата и системите за греење и ладење? Ви пречи ли ладниот под во близината на балконите? Знаете ли колкави се топлинските загуби од тоа? Плаќате ли високи сметки за струја, за греење и за ладење? Стравувате ли од подземните води? Сте почувствувале немир како резултат од нивното влијание? Го слушате чекорењето на соседите од горе и разговорите на оние до вас? Дали влезниот хол и лифтот во кој се возите се тесни, неудобни и непријатни? Сте почувствувале ли дека гасовите од гаражите, стигнуваат во вашиот стан преку лифтовското окно? Се соочувате ли со проблеми по вашето здравје, заради несоодветните услови за живеење?

?

ДАЛИ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВЕЕЊЕ, ВО СПОРЕДБА СО ВЛОЖЕНИТЕ СРЕДСТВА Имаме решение...

www.civkon.mk


ДОКОЛКУ СЕ СООЧУВАТЕ БАРЕМ СО ЕДЕН ОД ОВИЕ ПРОБЛЕМИ ДОКОЛКУ САКАТЕ УДОБНОСТ И НИСКИ МЕСЕЧНИ ТРОШОЦИ ПОСТОИ РЕШЕНИЕ ЗА ВАС, ВАШИТЕ ДЕЦА И ВАШИТЕ ВНУЦИ СИГУРНОСТ

УДОБНОСТ

КВАЛИТЕТ

ЕКОНОМИЧНОСТ

ЗДРАВ ЖИВОТ

Станови со исклучително висок квалитет, во објектот „ВОДЊАНКА“.

Лоциран под падините на Водно. Во близина на Клиничкиот центар и Т.Ц. Зебра.

На само 10 минути пешачење до Плоштадот Македонија, а во потполен мир и зеленило.

Располага со 17 станбени едници со различни големини (од 30м до 178м ), една гаража за две возила,

2

2

11 подземни паркинг места и 4 паркинг места на отворено

ГТЦ

Т.Ц. Зебра

ВОДЊАНКА Клинички Центар

Т.Ц. Рамстор


„ВОДЊАНКА“ Е ЕДИНСТВЕНА ПО МНОГУ НЕШТА! СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОСТИГНЕ НАЈВИСОКА МОЖНА УДОБНОСТ ЗА СТАНАРИТЕ ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Највисок до сега постигнат коефициент на топлинска изолација на фасадата на објектот Вградени елементи за прекин на топлински мостови, во бетонските плочи од терасите Монтажа на прозорци со специјален систем за елиминирање на топлински мостови -1

Воздухонепропустливост η50=4h , (ќе се мери и ќе се издаде сертификат) Тоа значи елиминирани провев и загуби на енергија Извонредна и висока звучна изолација како кај надворешните ѕидови, така и помеѓу соседните станови, помеѓу станот и скалиштето, и на подните плочи помеѓу два стана Материјалите употребени за изградба на објектот се еколошки, рециклирачки и се во согласност со најстрогите европски стандарди, а поголемиот дел се увезени специјално за овој објект Применети се методи за заштита од влијанието на подземните води врз здравјето на станарите, со што е елиминиран еден од најчестите фактори за секојдневен стрес и немир Објектот е целосно проектиран и изведен според ФЕНГ ШУИ филозофијата Tопла санитарна вода oд сончеви колектори. Машините за перење се со приклучок на топла вода. Оневозможен е продорот на гасовите од возилата во гаражата, кон скалишниот простор и становите


ЕКОНОМИЧНОСТ И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ СТАНОВИ Исклучително висока енергетска ефикасност од класа Б, со годишни потреби од енергија 2 за греење и ладење до најмногу 50 kWh за m , што е за 3 до 5 пати пониска потрошувачка од ново изградените енергетски ефикасни објекти. Топла санитарна вода од систем за користење на сончева енергија

АПАРТМАН ВО ПОТПОКРИВ Изграден според највисокиот стандард во светот за комфорни услови и енергетска ефикасност, наречен „ПАСИВНА КУЌА“, познат како класа А+ и потребите од енергија за 2 греење и ладење нема да надминат 11 kWh за m годишно. 2

Вкупните потреби од енергија нема да надминуваат 74 kWh за m годишно.

ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ЖИВЕЕТЕ

ВО

НАЈУДОБНИОТ ЗА ЖИВОТ И ЕНЕРГЕТСКИ НАЈЕФИКАСНИОТ ОБЈЕКТ ВО МАКЕДОНИЈА


СИГУРНОСТ

Сигурноста и безбедноста во просторот на домот е најважното нешто и нема цена, но воедно е и строго дефинирано со законите и прописите за изградба на објекти. Кога се зборува за сигурност се мисли на стабилноста на конструкцијата во нормални услови и при сеизмички потреси, безбедноста на сите оние кои се во објектот и околу него, како и пожарната отпорност на објектот и неговите конструктивни и неконструктивни елементи. И не само тоа, тука се подразбира и сигурноста и безбедноста на сите учесници во изградбата. Нашите прописи извонредно ги третираат сите овие сегменти потребни за сигурно и безбедно живеење и работење, а притоа се точно дефинирани сите чекори за исполнување на стандардите.


Чекор 1. Земени се проби од почвата до потребната длабочина и истите се подложени на пропишани испитувања. За целата постапка, како и за резултатите од испитувањето изготвен е елаборат од една од водечките компании за ваков тип на активности - ГЕИНГ од Скопје. Добиените резултати служат за потребите на проектирање на конструкцијата на објектот. Чекор 2. Направени се мерења на издашноста на подземните води и изготвен е елаборат за истите. Врз основа на овие мерења, како и врз основа на добиените резултати во Елаборатот за геомеханички истражни работи, изработени се два проекти. Едниот за одводнување на темелната јама во текот на ископот, а вториот за заштита на градежната јама за да се изведе безбеден ископ. Сите овие активности се изработени од фирмата ГЕОТЕХНИКА-НОВА, Скопје, исто така една од најреномираните компании за ваков тип на работи. Чекор 3. Зад проектот на конструкцијата на објектот стои проектантската куќа СТАТИКА 001 и доц. м-р Влатко Коцевски, градежен инженер и еден од врвните експерти. Чекор 4. Контролата на проектот на конструкцијата, како и ревизијата на истата е изработена од ПОЛАР Скопје и Ѓорѓи Димитровски, градежен инженер со долгогодишно искуство. Чекор 5. По извршениот ископ, направените подготовки на почвата, а пред отпочнувањето на бетонските работи, извршено е мерење на носивоста на подготвената подлога и за истото е издаден документ, заверен од ГЕОИНГ Скопје. Чекор 6. За стручен надзор на изградбата и за квалитетот на конструкцијата, ангажиран е дипл. град. инж. Ѓорѓи Димитровски, врвен експерт во оваа област. Чекор 7. Во текот на градењето на објектот, а од секоја испорачана количина на бетон, се земаат примероци и се прават опитни коцки. Коцките, заедно со мостри од арматурата која се вградува, се предаваат на испитување во ЗИМ - Скопје, кој по направените испитувања издава потврда дека квалитетот ги задоволуваат пропишаните критериуми и проектот. Чекор 8. Во текот на проектирањето и изградбата на објектот, во целост се задоволени сите прописи и стандарди диктирани од земјотресното инженерство, за пропишаниот скопски модел на земјотрес.

СИГУРНОСТ

ШТО Е НАПРАВЕНО ЗА ВОДЊАНКА?


Квалитетот на вградените материјали и опрема, како и квалитетот на изведување на работите се прецизно дефинирани со законите и прописите во РМ. Материјалите кои што се вградуваат треба да го гарантираат здравјето како на корисниците на објектот, така и на оние кои истиот го градат. Согласно законите, за квалитетот на сите работи важи гаранција од 12 месеци.

КВАЛИТЕТ

ШТО Е НАПРАВЕНО ЗА ВОДЊАНКА? Направено е сM, нашите клиенти да го добијат најдоброто и најудобното живеење. Фасадата на објектот е т.н. термичка контактна, во која слојот за изолација е од врвниот светски 2 бренд CAPAROL, со исклучително висок коефициент на топлинска изолација (λ=0,033 W/(m K)) и гаранција за трајност со протек на време согласно европскиот стандард EN 13165. Фасадната столарија е од врвниот германски и светски бренд ALUPLAST, и тоа модел ENERGETO 5000. 2 Топлинскиот коефициент на рамката изнесува Uf= 1,2 W/(m K), a коефициентот на целиот прозор 2 достигнува Uw= 0,87 W/(m K). Звучната изолација е до извонредни 38 dB. Оковот на прозорците е од познатиот германски и светски бренд GU и истиот е скриен (невидлив). За монтажата на прозорците се применува специјална технологија за елиминирање на топлински мостови, а воздухонепропустливоста помеѓу рамката на прозорецот и ѕидот е загарантирана со посебни дихтунг ленти од врвниот светски и германски бренд PRO CLIMA. Подовите, ѕидовите и плафоните во сите заеднички простории се обработени со материјали од висока класа, кои гарантираат трајност и удобност.


Иако прописите наложуваат многу помал и поедноставен лифт, во интерес на корисниците и нивната комоција, поставен е лифт од врвниот светски бренд Schindler и тоа тип 3300, со носивост од 535кг и простор за 7 лица. 2 Влезниот хол во објектот е простран и завзема површина од приближно 40м , а поштенските сандачиња и електричните ормари се поставени во одделна просторија. Дополнително во влезниот хол има и просторија наменета за одржување на хигиена во објектот, како и мини остава. Влезните врати во становите се противпожарни и сигурносни, тип Metal System ECO MS12. Со италијанска брава, кодирани клучеви, со 4 фиксни и 8 подвижни точки за затворање. Челична конструкција (шасија) со речиси неограничен век на траење, изработена со најсовремена CNC технологија и целосно роботизиран процес на изработка. Вградена е термо и звучна изолација (стиропор, камена волна и филц), а облогите на крилото се изработени од најквалитетен Италијански ламиниран MDF. Шарките се тип heavy duty со кугласти упоришта за намалување на фрикцијата и се со голема трајност (димензионирани за долготрајна употреба). Во вратите е вградена автоматска подна метличка која налегнува на конфигурацијата на теренот по затворање и автоматски се подига при отворање, со што дихтувањето на вратата е идеално. Завршната обработка е со италијанските финитури: Wenge, Capuccinno, Grigio и Rovere, кои се одликуваат со модерна хоризонтално ориентирана текстура на крилото. Извонредна отпорност на абење и гребење, супериорни во однос на сите постоечки покритија во дрвната индустрија. Подните облоги во становите, онаму каде што е предвиден паркет, се од даб, прва класа, со димензии на парче 350/50/21, лакирани со полиуретански лак Подните и ѕидни керамички плочки се од висока класа, од врни светски брендови. Системот за греење за секој стан е индивидуален, со напојување на електрична енергија. Вклучува ѕиден електричен блок котел со долен приклучок. Котелот е опремен со циркулациона пумпа од 60W (Grundfos, WILO), експанзионен сад 8l, сигурносни елементи (сигурносен вентил, сигурносен термостат и притисна склопка) славина за полнење и празнење и модулирачка дигитална регулација за тивка и оптимална работа на електричните грејачи EKOPAN DM. Системот се управува преку собен дигитален седмичен тајмер, а радијаторите се панелни челични од лим со дебелина 1,25мм, тип 22 о PHOTERM и висина 500мм. Режимот на работа е 80/60/200 С Секој стан е опремен со климатизер сплит систем – топлинска пумпа, за монтажа високо на ѕид, Qlad= 3,5kW, N=1070W (класа А енергетска ефикасност) Топлата санитарна вода се обезбедува преку систем на соларна енергија, комбиниран со напојување со електрична енергија. Скопје е локација со преку 240 сончеви денови во годината, што гарантира голема количина на топла вода добиена преку овој систем, а со тоа и минимални трошоци за електрична енергија. До машините за перење е донесен приклучок за топла и ладна вода. Поставен е термостатски автоматски вентил за подесување на температурата на водата и со тоа нема да има потреба да се вклучува греачот од машината. Заштедите се огромни.

КВАЛИТЕТ


ТРАЈНОСТ

Трајноста на материјалите употребени за иградба на објектите, а посебно на конструктивните делови се од исклучителна важност. Се проценува дека трајноста на конструкцијата на еден објект треба да надмине 100 години. Меѓутоа под трајност се подразбира, и квалитетот и пропишаните технички карактеристики да бидат постојани и со протек на времето. Напредните европски земји веќе со закони и стандарди, за позначајните делови од објектот (како што се хидро и термичките изолации), наметнуваат нормативи според кои загубите на декларираните технички карактеристики не смеат да надминат 5%, после период од 60 години.

КАКВИ МАТЕРИЈАЛИ СЕ ВГРАДЕНИ ВО ВОДЊАНКА? Сите материјали кои ги употребуваме и вградуваме во објектот, се согласно највисоките европски стандарди, а поголемиот дел од нив директно ги набавуваме од врвни светски производители и се увезени за потребите на овој објект.


Цивкон АГИ

ТРАЈНОСТ

партнер за подобар живот


УДОБНОСТ

Удобноста во просторот во кој се помнува долг период е од голема важност. Токму на ова се посветува големо влијание во напредните земји, бидејки директно влијае на работоспособноста, расположението и здравјето на луѓето. Топлинската изолација на обвивката има значаен удел врз комфорот на живеење. Колку температурата на зидовите е поблиска до внатрешната температура, удобноста е поголема. Топлинската изолираност на обвивката се изразува преку коефициентот за топлинска проводливост „U“, кој кај 2 2 високо енергетски ефикасни објекти треба да се движи помеѓу 0.30 W/(m K) и 0,40 W/(m K), а за 2 пасивните објекти треба да е помал од 0,15 W/(m K). При тоа, материјалите кои се употребуваат како изолација, препорачано е да го задоволат европскиот стандард ЕN13165, во кој меѓу другото се дефинирани отстапувањата на квалитетот на материјалот со протек на време, или поедноставно кажано материјалот и при најекстремни услови не смее да изгуби повеќе од 5% од своите карактеристики и после 60 години. Звучната изолација исклучително многу влијае на психофизичката состојба на корисниците на станот. Под бучава се подрабира, бучавата од надвор и од соседните станови, произведена од станарите, од електронски уреди и разни извори на звук, ударната бичава од одење и паѓање на предмети во горниот стан, како и бучавата предизвикана во скалишниот простор на објектот (која преку конструкцијата се пренесува и до најдалечните точки). Стандардите за висока удобност на живеење ги дефинираат вредностите на потребната звучна изолација на секој од овие елементи и тоа: 1. За звучна изолација на надворешни зидови: Rw ≥57dB 2. За звучна изолација помеѓу соседни станови: Rw ≥52dB 3. За звучна изолација помеѓу стан и скалиште: Rw ≥52dB 4. За звучна изолација на подна плоча помеѓу два стана: Rw ≥52dB 5. За звуна изолација на ударна бучава на подна плоча: Lnw ≤68dB Топлинските мостови претставуваат места каде и покрај добрата топлинска изолираност на објектот, доаѓа до прекин на изолацијата. Топлинските мостови можат да бидат од најразлична природа, и истите во нашите прописи не се пресметуваат, туку се претпоставува зголемување на загубите од 30% до 35%. Сепак реалноста покажала дека загубите на енергија низ толинските мостови можат да бидат и значително поголеми, па дури да доведат и до појава на мувла и влага на таквите места. Заради тоа, најновите европски стандарди за удобно живеење ги дефинираат максимално дозволените загуби низ топлински мостови и за високо енергетско ефикасни објекти, па дефиниран е коефициентот на топлоизолираност кај топлинските мостови Ψ ≤ 0,1 W/(mK), додека според практиките на градење во Македонија истиот коефициент често е поголем и од 0,6 W/(mK). Неконтролираниот провев во објектите е една од причините за сериозно нарушување на удобноста, но и на сериозно зголемените загуби на енергија. Истиот се појавува како резултат на отвори во ѕидовите од обвивката на објектот, како резултат на лоша монтажа или лош квалитет на прозорците и вратите, но и од лошо изработени продори низ конструкцијата за потребите на инсталациите. Спротивно на тоа пак, и премногу воздухонепропустливи објекти, можат да ја спречат циркулацијата на воздухот до таа мерка, да во истиот има застој на искористени гасови и голема количини на влага.


УДОБНОСТ

Македонските стандарди не го опфаќаат овој сегмент од конформноста, но европската -1 регулатива диктира коефициент на воздухонепропустливост ɳ50 ≤4h за нискоенергетските објекти, -1 додека кај пасивните објекти ɳ50 ≤0,6h . Според извршените мерења кај изградените објекти во РМ, кај -1 -1 најголемиот број објекти ɳ50 >8h , а кај некои објекти надминува и 10 h . Инсталациите во објектот иако на прв поглед изгледаат незначаен сегмент при дефинирањето на удобноста на живеење, сепак се од голем значај. Бучавата од протекувањето на водата низ канализационите цевки, бучавата која може да се појави од системите за греење и ладење, несоодветно лоцираните извори на топлина и ладење во објектот, како несоодветно распоредени расветни тела и утичници, можат и тоа како да влијаат на удобноста. Пријатното чувство при престојот во една просторија е главниот сегмент кој ја дефинира удобноста во објектот. Европските стандарди за комфор ги дефинираат параметрите кои еден објект треба да ги задоволи, а тоа се: 1. Овозможување на константна температура во објектот во текот на сезоните, со о максимално дозволени разлики од ±1 С 2. Мал ризик од провев <10% о 3. Разликата на температурата помеѓу подот и плафонот не смее да надмине 4 С 4. Разликата на температурата помеѓу висината на глуждовите и висината на главата о кај човек во седната положба, не смее да надмине 2 С 5. Разликата на температурата помеѓу внатрешноста на објектот и внатрешната површина на надворешните ѕидови (вклучувајки ги и стаклените површини кај о прозорците), несмее да надмине 5 С


УДОБНОСТ

КАКО Е ВО ВОДЊАНКА?

На нашите клиенти им овозможуваме висока удобност при престој во објектот. Со тоа сериозно влијаеме на нивната психофизичка способност, но и директно на нивното добро здравје и расположение. Коефициентот за топлинска проводливост на надворешните ѕидови „U“, кај сите станбени 2 единици во објектот изнесува 0,27 W/(m K) , а за апартманот кој е со стандард на пасивна куќа 0,095 2 W/(m K). При тоа, материјалите кои се употребуваат како изолација го задоволуваат европскиот стандард ЕN13165, со што имаат гаранција дека и при најекстремни услови не смее да изгуби повеќе од 5% од своите карактеристики и после 60 години. Звучната изолација на елементите во објектот е со следните вредности: o Звучната изолација на надворешни зидови: Rw =57dB o За звучна изолација помеѓу соседни станови: Rw =56dB o За звучна изолација помеѓу стан и скалиште: Rw =55dB o За звучна изолација на подна плоча помеѓу два стана: Rw =55dB o За звуна изолација на ударна бучава на подна плоча: Lnw =60dB o Со примена на посебни мерки во целост е елиминиран преносот на бучававата од влезниот хол и скалиштето кон становите Топлинските мостови во најголемиот дел се целосно елиминирани, па коефициентот на топлоизолираност кај топлинските мостови Ψ =0,066 W/(mK), додека кај пасивниот стан Ψ =0,00016 W/(mK). Ова е постигнато со добра обработка на сите потенцијални слаби места, но и со употреба на SH ECK ISOKORB елементи за прекин на топлинските мостови во балконските бетонски плочи, како и со примена на системи за монтажа на прозорци за елиминирање на топлинските мостови од монтажа. -1 Коефициент на воздухонепропустливост каj сите станови изнесува ɳ50=4h , додека кај пасивниот -1 апартман ɳ50 =0,38h . Ова го постигнуваме со примена на специјални мерки за заптивање на сите споеви помеѓу прозорците и фасадата, но и со посебна обработка на сите продори низ конструкцијата за потребите на инсталациите со дихтунг ленти и специјални елементи од PROCLIMA. Бучавата на протекувањето на водата низ канализационите цевки е целосно елиминирана, од причина што сите вертикали низ објектот се водат во посебни технички канали, обѕидани со полна тула. Системите за греење и ладење се од највисока класа и врвни производители, па истите гарантираат безшумност при експлоатацијата. Грејните тела се оптимално поставени и допринесуваат за рамномерно распределување на топлинската енергија. Распоредот на расветни тела и утичници гарантира пријатна осветленост и лесна достапност.


ПРЕКИН НА ТОПЛИНСКИ МОСТОВИ КАЈ БЕТОНСКИ ПЛОЧИ

Со сите превземени мерки, објектот согласно европските стандарди за удобност спаѓа во сегментот на висококонфорни објекти. Гарантира константна температура во објектот во текот на о целата сезона, со максимални разлики од ±1 С. Ризикот од неконтролиран провев е под 10%, а о максималната разлика која може да се појави помеѓу подот и плафонот изнесува 4 С. Разиката на температурата помеѓу висината на глуждовите и висината на главата, кај човек кој е во седната положба, о нема да надмине 2 С, додека разликата на температурата помеѓу внатрешноста на објектот и внатрешната површина на надворешните ѕидови (вклучувајки ги и стаклените површини кај о прозорците), нема да надмине 5 С. Сите станбени единици имаат достап до оптичка инсталација и пристап за најмалку два кабелски оператори. Заедничките простории се под постојан видео надзор

УДОБНОСТ

ПРЕКИН НА УДАРНА БУКА ОД СКАЛИШЕН ПРОСТОР КОН СТАНОВИ


Грижата за здравјето на луѓето е основниот елемент при изградбата на градежни објекти. Заради тоа, потребно е да се внимава на материјалите кои се употребуваат, да не се загадува околината ниту при изградбата, ниту при експлоатацијата, ниту пак со уривањето на објектот кога за тоа ќе дојде време. Од друга страна, влијанието на подземните води врз здравјето на луѓето станува се поактуелна тема во светот и веќе постојат голем број на мерки кои се применуваат за заштита од овие влијанија. Важно е да се внимава и да се превземаат мерки за спречување на продор на штетните гасови од возилата во гаражниот простор, кон деловите во кои престојуваат луѓето. Удобноста на живеењето и тоа како влијае на здравјето на луѓето, а посебно мирот и тишината во часовите за одмор.

ЗДРАВ ЖИВОТ

KAKO ВОДЊАНКА ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ? Со цел да допринесеме за здравјето и за психофизичката способност на нашите клиенти, многу вложуваме во овој поглед. Направено е мерење на геопатскиот стрес на земјата и на влијанијата од подземните води. Како резултат на добиените мерења, применети се мерки за целосно елиминирање на влијанијата од подземните води врз здравјето на луѓето, со што е исклучен еден од најчестите фактори за секојдневен стрес и немир. Сите материјали кои се употребени за изградба на објектот се еколошки, рециклирачки и се во согласност со најстрогите европски стандарди. Комфорните услови кои ги постигнавме на објектот, од аспект на константна температура, елиминиран провев и добра звучна изолираност, во голема мерка влијаат врз доброто здравје и работоспособноста кај нашите клиенти. Направивме целосно одвојување на гаражните простории од лифтовското јадро, со што е оневозможен продор на штетните издувни гасови од возилата кон внатрешноста на објектот.


КАКО Е ВО ВОДЊАНКА? Во интерес на нашите клиенти, а за прв пат во РМ, еден објект е целосно прилагоден со Фенг Шуи филозофијата. Со тоа сакаме на нашите клиенти да им овозможиме уште едена можност за убав и удобен живот, благосостојба и просперитет.

ФЕНГ ШУИ

Фенг Шуи е древна кинеска филозофија за начин на живот. Истата е усовршувана неколку илјади години и ги третира сите аспекти од животот. Подемот на оваа култура на живеење е толку голем, што веќе цели светски метрополи се приспособуваат кон овие правила и начин на живот. Има потврдени информации дека живеењето по Фенг Шуи носи мир, благосостојба и добро здравје.



ГАРАЖЕН ПРОСТОР

17 ВОЗИЛА

ВЛЕЗЕН ХОЛ 40м2


ПРОСЕЧНИ МЕСЕЧНИ ПОТРЕБИ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ ДО 123.00 kWh

С

З J

ОСНОВА - ТИП 1

И

ТИП: ПОЗИЦИЈА: ПОГЛЕД: КОМЕНТАР:

ГАРСОНИЕРА ПРИЗЕМЈЕ КОН ПАРК МОЖНОСТ ЗА ТРОСОБЕН 67,18м2

Р.Б.

ПРОСТОРИЈА

М

2

1

ХОДНИК

4,97

2

БОРАВОК

21,59

3

БАЊА

3,07

ВКУПНО

29,63

СО СОПСТВЕН ДВОР


3Д ПОГЛЕД

Design by N. Gjerman


3Д ПОГЛЕД - ФЕНГ ШУИ

Design by N. Gjerman


За нас Цивкон АГИ е градежна компанија стручна за изведба на објекти од високоградбата. Тимот со кој располагаме e искусен, обучен и силно мотивиран. И токму тимот претставува темел на нашата организација.

ЗА ЦИВКОН АГИ

Гледано според нашата желба да се биде најдобар и потребата секогаш повторно да се докажуваме, сосема разбирливо е што сме лидери во инвентивните технологии во градежништвото.


ПРОСЕЧНИ МЕСЕЧНИ ПОТРЕБИ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ ДО 156.00 kWh З

С

З J

С И

J

ОСНОВА - ТИП 2

И

Р.Б.

ТИП: ПОЗИЦИЈА: ПОГЛЕД: КОМЕНТАР:

ПРОСТОРИЈА

М

2

1

ХОДНИК

4,83

2

БОРАВОК, ТРПЕЗАРИЈА

18,32

ЕДНОСОБЕН (ОПЦИЈА ДВОСОБЕН)

3

СПАЛНА

4,90

ПРИЗЕМЈЕ

4

КУЈНА

5,87

КОН ПАРК

5

БАЊА

3,63

ВКУПНО

37,55

ДВОР

26,95

СОПСТВЕН ДВОР МОЖНОСТ ЗА ТРОСОБЕН 67,18м2

6


3Д ПОГЛЕД

Design by N. Gjerman


3Д ПОГЛЕД - ФЕНГ ШУИ

Design by N. Gjerman


Koрпоративна одговорност

Вработените во Цивкон АГИ се компетентен, мотивиран и високостручен тим, подготвен да се соочи со секојдневните предизвици на пазарот. Со секојдневното подобрување на условите за работа, преку воведување на нови технологии и инвестициите за унапредување на знаењата и вештините, се стремиме кон најдоброто.

ЗА ЦИВКОН АГИ

Корпоративната одговорност се темели врз стремежот за задоволни клиенти, мотивирани вработени, нови технологии и голема грижа за здравјето на луѓето и за заштита на животната средина.


ПРОСЕЧНИ МЕСЕЧНИ ПОТРЕБИ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ ДО 154.00 kWh

С

З J

ОСНОВА - ТИП 3

И

Р.Б.

ТИП: ПОЗИЦИЈА: ПОГЛЕД: КОМЕНТАР:

ДВОСОБЕН ПРВ, ВТОР, ТРЕТ И ЧЕТВРТ СПРАТ КОН ДВОР МОЖНОСТ ЗА ЧЕТВОРОСОБЕН 2 СО 99,54м

ПРОСТОРИЈА

М

2

1

ХОДНИК

2,34

2

БОРАВОК, ТРПЕЗАРИЈА

20,22

3

СПАЛНА

7,60

4

КУЈНА

3,37

5

БАЊА

3,69

6

ТЕРАСА

3,08

ВКУПНО

40,30


3Д ПОГЛЕД

Design by N. Gjerman


3Д ПОГЛЕД - ФЕНГ ШУИ

Design by N. Gjerman


Вредности

ЦЕЛ Наша цел е профитот. Но ние знаеме дека за да стигнеме до таа цел мораме напорно да работиме и да се стремиме кон совршенството. Знаеме и дека профитот ќе биде резултат од добро извршените работи, од потполно задоволените клиенти и предноста што ќе успееме да ја одржиме во однос на конкуренцијата. Тоа е единствен начин да се стигне до врвот и да се остане таму. Само на тој начин е можно да ја оствариме нашата цел.

ЗА ЦИВКОН АГИ

Затоа оставете на нас... Ќе го изградиме Вашиот свет


ПРОСЕЧНИ МЕСЕЧНИ ПОТРЕБИ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ ДО 230.00 kWh

С

З J

ОСНОВА - ТИП 4

И

Р.Б.

ТИП:

ДВОСОБЕН (ОПЦИЈА ТРОСОБЕН)

ПОЗИЦИЈА:

ПРВ, ВТОР, ТРЕТ И ЧЕТВРТ СПРАТ

ПОГЛЕД: КОМЕНТАР:

КОН ПАРКИНГ И КОН ДВОР МОЖНОСТ ЗА ЧЕТВОРОСОБЕН 2 СО 99,54м

ПРОСТОРИЈА

М

2

1

ХОДНИК

5,86

2

БОРАВОК, ТРПЕЗАРИЈА

25,94

3

СПАЛНА

13,75

4

КУЈНА

5,74

5

БАЊА

3,97

6

ТЕРАСА

3,98

ВКУПНО

59,24


3Д ПОГЛЕД

Design by N. Gjerman


3Д ПОГЛЕД - ФЕНГ ШУИ

Design by N. Gjerman


Вредности

МИСИЈА

Затоа оставете на нас... Ќе го изградиме Вашиот свет

ЗА ЦИВКОН АГИ

Работиме напорно за да ги реализираме соништата на нашите клиенти. Со нашиот труд, искуство и знаење ги претвораме нивните визии во реалност. Нашето постоење и делување не би имале смисол, без да креираме вредности кои го подобруваат квалитетот на живеењето. Наша мисија е да го подигнеме стандардот на она што значи квалитет на градба и она што значи стил на живот.


ПРОСЕЧНИ МЕСЕЧНИ ПОТРЕБИ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ ДО 138.00 kWh

С

З J

ОСНОВА - ТИП 5

И

Р.Б.

ТИП: ПОЗИЦИЈА: ПОГЛЕД: КОМЕНТАР:

ЕДНОСОБЕН (ОПЦИЈА ДВОСОБЕН) ПРВ И ВТОР СПРАТ КОН ПАРК МОЖНОСТ ЗА ТРОСОБЕН СО 72,06м2

ПРОСТОРИЈА

М

2

1

ХОДНИК

4,20

2

БОРАВОК, ТРПЕЗАРИЈА

15,41

3

СПАЛНА

5,74

4

КУЈНА

4,12

5

БАЊА

3,56

6

ТЕРАСА

4,11

ВКУПНО

37,14


3Д ПОГЛЕД

Design by N. Gjerman


3Д ПОГЛЕД - ФЕНГ ШУИ

Design by N. Gjerman


Вредности

ВИЗИЈА

Затоа оставете на нас... Ќе го изградиме Вашиот свет

ЗА ЦИВКОН АГИ

Ја почитуваме традицијата на вековното македонско градителство познато ширум светот и истовремено правиме совршена синтеза со најновите научни дострели. Со тоа изградивме стил кој е препознатлив и кој не прави различни и подобри од другите. За нас не постојат несовладливи пречки, бидејки со нас е силата на традицијата и моќта на искуството, а пред нас амбицијата да се биде најдобар. Ние сме визионери и гледаме напред во иднината. А таму се гледаме како успешни, со многу задоволни клиенти.


ПРОСЕЧНИ МЕСЕЧНИ ПОТРЕБИ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ ДО 159.00 kWh

С

З J

ОСНОВА - ТИП 6

И

Р.Б.

ТИП: ПОЗИЦИЈА: ПОГЛЕД: КОМЕНТАР:

ЕДНОСОБЕН (ОПЦИЈА ДВОСОБЕН) ПРВ И ВТОР СПРАТ КОН ПАРКИНГ И КОН ПАРК МОЖНОСТ ЗА ТРОСОБЕН СО 72,06м2

ПРОСТОРИЈА

М

2

1

ХОДНИК

5,13

2

БОРАВОК, ТРПЕЗАРИЈА

16,23

3

СПАЛНА

5,88

4

КУЈНА

7,23

5

БАЊА

3,56

6

ТЕРАСА

3,37

ВКУПНО

41,40


3Д ПОГЛЕД

Design by N. Gjerman


3Д ПОГЛЕД - ФЕНГ ШУИ

Design by N. Gjerman


Резултатите од нашата работа се видливи... ... и секогаш во полза на клиентите.

ЗА ЦИВКОН АГИ

Продолжуваме...


ПРОСЕЧНИ МЕСЕЧНИ ПОТРЕБИ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ ДО 300.00 kWh

С

З J

И

ОСНОВА - ТИП 7

Р.Б.

ТИП: ПОЗИЦИЈА: ПОГЛЕД: КОМЕНТАР:

ПРОСТОРИЈА

М

2

1

ХОДНИК

8,58

2

БОРАВОК, ТРПЕЗАРИЈА

23,41

3

КУЈНА

5,35

4

СПАЛНА 1

9,42

5

СПАЛНА 2

6,7

ЧЕТВОРОСОБЕН

6

СПАЛНА 3

7,76

ВТОР, ТРЕТ И ЧЕТВРТИ СПРАТ

6

ДЕГАЖМАН

4,69

КОН ПАРК

7

БАЊА

4,66

МОЖНОСТ ЗА ТРОСОБЕН

8

WC

1,49

9

ТЕРАСИ

7,26

ВКУПНО

79,32


НИЕ ГРАДИМЕ СВЕТОВИ

ЦИВКОН АГИ е градежна компанија стручна за изградба на објекти од високоградбата. Долгогодишното работно искуство, експертизата и знаењата на целиот тим на компанијата е она кое што претставува темел на оваа организација. Насоката за специјализирање во сферата на проектирање и изведба на пасивни објекти го издвојува ЦИВКОН АГИ од останатите градежни компании во регионот. Секако, определбата на компанијата за воведување Пасивна Куќа како стандард во изведбата не значи и исклучување на стандардните начини на изградба познати и застапени во Македонија. За потребите на клиентите вршиме услуги од класичната изградба, но подржана со исклучителна стручност, извонредна услуга и професионален интегритет. Тимот, искуството, посветеноста и желбата за постојано усовршување се гаранција за успешно завршени објекти и многу задоволни клиенти.

ЗА ЦИВКОН АГИ

ЌЕ ГО ИЗГРАДИМЕ И ВАШИОТ


ПРОСЕЧНИ МЕСЕЧНИ ПОТРЕБИ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ ДО 148.00 kWh

С

З J

ОСНОВА - ТИП 8

И

СТАНДАРД

ПАСИВНА КУЌА ТИП: ПОЗИЦИЈА: ПОГЛЕД: ПОВРШИНА:

АПАРТМАН ПОТПОКРИВ КОН СИТЕ СТРАНИ 187 м2

ПАСИВНАТА КУЌА гарантира највисок комфор за корисниците ( Ashrae Class А Standard) , годишна потрошувачка на енергија и до 20 пати помала отколку кај стандардните објекти и пречистен и обезпрашинет водух со константна влажност.


ЕДНОСТАВНОСТ Одрживањето и експолоатацијата се економични и едноставни, а животниот век на објектите е околу 100 години. Материјали се еколошки и можат да се рециклираат. ИСПЛАТЛИВА ИНВЕСТИЦИЈА Трошоците за енергија се исклучително мали, па од тука рокот за враќање на инвестицијата кај пасивните објекти е од три до седум години. Објектите стануваат поатрактивни на пазарот за недвижнини, а достигнуваат повисоки цени. СПАС ЗА ПЛАНЕТАТА Со намалувањето на потрушувачката на енергија, се намалува и емисијата на CО2 во атмосферата, а со тоа се допринесува за успорување на глобалното затоплување на планетата.

ЗА ЦИВКОН АГИ

ПАСИВНА КУЌА означува стандард, а не објект. ПАСИВНА КУЌА може да биде семејна куќа, колективна станбена зграда, хотел, деловна зграда или производствен погон. Или поточно, секоја градба може да биде изградена со стандард ПАСИВНА КУЌА.


Цивкон АГИ Седиште: ул. Романија б.б. (комплекс Газела), Скопје Адреса П. фах 750, 1000 Скопје Телефон/факс: (02) 2551611 Електронска адреса: contact@civkon.mk

Живејте квалитетно

www.civkon.mk www.facebook/civkon


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.