Spray Bar Test by Civkon

Page 1

Civkon AGI PO Box 750, 1000 Skopje, Macedonia Phone/Fax: +389 2 2551611 E-mail: contact@civkon.mk www.civkon.mk

Што е Spray Bar Test? Spray Bar тестот ја проверува водонепропустливоста, т.е. отпорноста на продор на вода низ и помеѓу фасадните елементи на објектот и ги открива местата низ кои протекува (water leakage). Со оваа постапка елементите кои се тестираат се ставаат во состојба на прскање со вода под голем притисок, со помош на софистицирани уреди, или комбинација од проток на вода и силен присилно предизвикан ветер, во одреден временски период. Со овој метод се тестираат стаклени, структурални, панелни или комбинирани фасадни системи, но може да се тестираат и прозорци и други површини во склоп на хомогени фасади. Ваквото тестирање всушност симулира состојба еквивалентна на силни врнежи од дожд во комбинација со ветер со брзина од 45 км/час. Оваа дијагностика се врши согласно стандардот ЕN13051, а воедно е и дел од процедурите за оценка на квалитетот и енергетската ефикасност на објектите и овозможува дополнителни поени согласно ESPEC стандардот. Со тестирањето се откриваат слабите места и дефектите во водонепропустливоста на фасадата и се овозможува навремено санирање и избегнување на големи материјални штети од протекувања во текот на експлоатацијата на објектот. Spray Bar тестот е недеструктивна, нештетна и сосема безопасна метода, како за објектите и опремата, така и за луѓето. Може да изведува во вселени и во празни објекти, како и парцијално или на цели фасадни површини. Oваа инспекција може да се сретне и под други имиња, како на пример: Water Leakage Test, Facade Integrity Test, или пак Window Water Thickness Test.

Page | 1


Civkon AGI PO Box 750, 1000 Skopje, Macedonia Phone/Fax: +389 2 2551611 E-mail: contact@civkon.mk www.civkon.mk

Кога се прави Spray Bar Test?

Page | 2

Во зависност од потребите на инвеститорот, или од проблемите со објектот, Spray Bar тестот може да се спроведе во различни термини, во различни фази од изградбата на објектот или во текот на користењето на објектот. Препорачливо е инспекцијата да се спроведе кога за тоа погодуваат временските услови (температура, ветер и атмосверски врнежи), но тоа не ја исклучува можноста тестот да се спроведе и при секакви услови. За објектите во изградба, најдобро е контролата да се спроведе веднаш по поставувањето на фасадниот систем, пред конечното завршување со градежните работите (во фаза на затворена карабина), за да се овозможи едноставно и ефтино поправање на пронајдените слабости. Штетите и последиците од протекувањето низ фасадните елементи се повеќекратни и големи. Со протекот на времето и кај добро изведените фасади, доаѓа до намалување на елеастичноста на дихтунг елементите и заради тоа неопходно е да се прават редовни и временски детерминирани проверки со овој тест. Идеално е тестот секогаш да се спроведува по два пати: ТЕСТ 1: Откривање на проблемите, после што се пристапува кон отстранување на дијагностицираните слабости и санација; ТЕСТ 2: Конечна контрола, по завршување со сите поправки;


Civkon AGI PO Box 750, 1000 Skopje, Macedonia Phone/Fax: +389 2 2551611 E-mail: contact@civkon.mk www.civkon.mk

Што ние можеме да направиме во врска со Spray Bar Test -от? Располагаме со потребната опрема, искуство и кадар за вршење на целата процедура. Можеме да спроведеме Spray Bar Test на прозорци, врати и разни фасадни елементи со различни големини, но и на цели фасадни системи без разлика на нивната големина (станбени згради, хотели, болници, театри, кина, производствени погони, па се до големи стоваришта, спортски сали, деловни и трговски центри). Можеме да спроведеме тестирање и на елементи, делови од фасади или цели системи до наклони до 25 степени.

Во случај на незадоволителен резултат на тестот, ќе ги лоцираме и обележиме сите места низ кои протекува. Од направеното тестирање правиме целосен извештај кој ги содржи сите потребни информации и препораки, а во рок од неколку дена по завршување со тестот. На ваков начин клиентот ќе биде сигурен дека ги има сите потребни податоци и упатства за да пристапи кон санирање на недостатоците доколку ги има, или ќе има потврда за квалитетот на фасадните елементи.

ПОСЛЕ

Page | 3


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.