Made In China!

Page 1

c c c c

IN E D A M ! A N I CH

LMAO!

ccc c , c c c cc c c c c ! c c c c c

1


Содржина

Алкохол (7.000 пне.) .............................4 Чадор (2.000 пне-2 век пне) ......................7 Шпагети (3 век пне) ..............................10 Челик (5 век пне - 6 век не.) ....................13 Camera Obscura (5 век пне.) .....................16 Фудбал (5 век пне.) ..............................19 Порцелан (206-220 пне) ........................ 22 Компас (2 век п.н.е. - 1 век) ................... 25 Хартија (1 век) .................................. 28 Печатење (220 г.) ................................31 Часовник (725 г.) ............................... 34 Барут (9 век) .................................... 37 Ракети (10-ти век/1942) ........................ 40 Имунизација (10-ти век - 1549) ................ 43 Банкноти (11 век) ................................46 Мотор со внатрешно согорување (1859-1876)................ 49 Автомобил (1886) .............................. 52 Авион (1903) ................................... 55 Изумобелешка .................................. 58


IN E D A M ! A N I H C


Алкохол

4

7.000 пне.

Ферментираните пијалоци постоеле многу пред да ги измисли човекот и се среќавале во природата, а кога некое семејство мајмуни ќе налетало на нив, започнувала забава! Во Индија постојат докази од 3000 г. пне за производство на ферментирани пијалоци нарекувани сура. Вавилонците обожувале божица на виното околу 2700 г. пне, а уште порано, пред 5000 години, први правеле пиво од пченица и јачмен. Но, од анализите на тегли пронајдени во неолитското село Џијаху е утврдено дека во Кина во 7000 г. пне. бил правен ферментиран пијалок од грозје, бобинки од глог, мед и ориз, што е најран податок за правење алкохол. Сепак, со развојот на писмото во Кина, било напуштено


5


производството на алкохолни пијалоци од грозје за сметка на хуанжију (huangjiu) и други вина од ориз. Алкохолот во старите цивилизации се користел за ритуални и медицински цели, а помалку за рекреативни, па така и во Европа во 16 век алкохолот бил нарекуван „шпирт“ (spirit). Во 18-ти век британскиот парламент донел закон кој ја поттикнувал употребата на жито за дестилирање. Така, алкохолот станал евтин и неквалитетен, а алкохолизмот се раширил како шумски пожар. Конечно во 19 век ставот кон алкохолот се сменил и почнал да се ограничува, а во 1920 во САД бил сосема забранет. Тоа поттикнало развој на илегални активности и забраната била тргната во 1933 година. До ден-денес алкохолот е легален за возрасните членови на општеството кои под негово дејство се однесуваат како деца, а децата не треба да возат автомобили, зашто така предизвикуваат 50% од вкупните сообраќајни незгоди. На здравје!

6


Чадор

2.000 пне-2 век пне

Иако западните извори наведуваат дека првите чадори се употребувале во Египет пред 3.500 години, сепак ќе се согласите дека неколку палмини листови закачени на стап и не се некој чадор! Други извори се согласуваат дека Кинезите ги измислиле чадорите пред 4000 години, но првиот пишан доказ потекнува од пред 2400 години во древната книга на кинески церемонии, наречена Zhou Li, каде што сликата и описот одговараат на чадор кој може да се затвори - а тоа е клучно. Првите чадори, всушност биле чадори за сонце за да ги заштитат луѓето од сончевите зраци во летните денови. Дури во 11 век Кинезите ги унапредиле хартиените чадори и направиле водоотпорни со помош на восок и лак.

7


8


Во првиот милениум пне. чадорите биле донесени во Европа и на нив се гледало како на луксузен моден додаток за жените. По пропаста на Римската империја во 5 век чадорите сосема исчезнале од Европа и се вратиле дури по Ренесансата во доцниот 16 век, но повторно за аристократските жени. Била потребна упорноста на еден храбар светски патник и писател, Џонас Хенвеј (1712-86), кој во Англија се шетал со своето чадорче повеќе од 30 години, за потоа мажите да го прифатат овој практичен изум како дел од машката мода. Англиските господа дури ги нарекувале своите чадори „Hanway“, а денес тие се неразделен дел од класичниот англиски изглед. Во 1852, Самјуел Фокс ги додал металните спици на чадорите кои ги позајмил од женски корсети, а дури во 1928 Ханс Хаупт го измислил џебниот, компактен чадор. Сто години потоа, соочени со последиците од глобалното затоплување, чадорите се сѐ попотребни, но внимавајте при силен ветер, може да станете Мери Попинс!

9


Изумобелешка

58

На овие шеесеттина страници се наоѓа избор на изуми кои се на повеќето листи на најзначајните изуми кои го смениле животот на луѓето и текот на историјата. Сите тие потекнуваат од Кина, некои од нив биле усовршени од други култури, од челик до часовник, преку шпагети до ракети, некои од нив се основа на други пронајдоци како автомобилите, моторот со внатрешно согорување или авионите. Дел од нив се користат ден-денес во првичната форма во која биле измислени, пр. порцеланот, чадорите, хартијата, барутот и сл. Се работи за навистина експлозивни сознанија, но признавањето на улогата на оваа стара цивилизација е најчесто занемарена од страна на западната наука. Денес, конечно „Кинеската империја возвраќа удар!“ со план да ја врати старата слава и


империја во духот на филмот „Флеш Гордон“. Навистина, не е тајна и веќе е јасно дека светот е Made in China! Таа ја искористи својата игра со нудење евтина работа сила и суровини да ги преземе и да направи копии на западните патенти кои историски ѝ припаѓаат! Ако можат некои европски цивилизации да го прават тоа на други, па да си припишуваат заслуги, сознанија и историски личности, само затоа што се помоќни и заштитени, зошто да не може и Кина! И на неа ѝ го направиле истото, зашто светот е само копија на копија на копија... Се разбира, постојат уште многу значајни изуми за кои е заслужна Кина и не зборуваме само за свилата, самострелот или чајот кои се познати, туку и за концептот за хеликоптер или падобран, откривање на можноста за искористување на суровините на кои е изградена западната цивилизација (природен гас, рафинирање нафта и гасовод, дупчење во земјата), или секојдневните како: сладолед, јојо, очила за сонце или кечап! Но, тие откритија заслужуваат посебна книга. Дотогаш, не заборавајте да останете љубопитни. Bài bài!

59


Ова е книга за изумите кои го обликувал е светот во форма која му е позната на модерниот човек. Голем дел од овие изуми потекнуваат од Кина - преку харт ијата до печатењето (извини Гутенберг), од компасот до час овниците, преку барутот до хартиените пари, Кинезите зам ешале прсти во речиси сите најголеми изуми на Старио т свет кои западната цивилизација многу подоцн а ги преземала. За кои изуми се работи и зошто дознај те во оваа возбудлива приказна која нѐ носи од алк охолот до фудбалот, а нивното спојување е секако западен изум!

60


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.