Воскресение.мк, раскажува за една Препородена Македонија во која приматот го има науката, технологијата, екологијата и грижата за иднината и за напредокот. Утопија каква што сите ја посакуваме, но се разбира приказната би била здодевна без човечките нагони да го расипе она што е совршено и да воведе хаос во редот. Токму тоа го прават ликовите во оваа книга и така помагаат да се изгради една СФ криминалистичко-авантуристичка приказна со интрига, убиства, желба за научна слава по секоја цена. Она што ги очекува е еден неочекуван пресврт и пат во непознатото.
Издавач: Капка | Стр. 224 | ISBN 978-608-65839-3-4