Воскресение.мк (2019)

Page 1

Kapka books


Kapka books contact@kapka.com.mk | kapka.com.mk

За издавачот: Бранко Прља Јазична редакција: Дејан Василевски Графичко уредување и дизајн: КАПКА дизајн Печати: Алма графика Тираж: 300 примероци


Бранко Прља

Воскресение.МК

КАПКА 2019



5

„Зошто уби човек?“ го прашаа научникот, а тој не одговори. Гледаше во празниот сив ѕид од ќелијата и размислуваше за минатото и за денот кога се во неговиот живот се смени, навидум кон подобро, но како што пеперутката со своите крилја предизвикува ураган илјадници километри далеку, така и тој настан предизвика лавина од случки кои го доведоа во тие четири ѕида и погледот на јавноста насочен кон него. Го нарекоа убиец, монструм, но не знаеја дека вистинскиот монструм се крие во секој од нас и чека прилика да го открие своето монструозно лице кон светот. Тоа може да му се случи секому, размислуваше научникот, доволно е една мала работа, навидум незначајно нешто, да ја претежне вагата кон амбисот. Како во приказната со пеперутката, или грутката снег која предизвикува лавина. Можеби само си бараше оправдување... Во секој случај, немаше назад, пред човекот кој сонувал од раното детство дека ќе го подобри светот сега се клатеше сечилото на неизвесната иднина. Но, што се случи тој ден?


6

***

Климент Веров слушна врескање и се разбуди. Беше ноќ и во темницата пред себе виде прозорец затворен со старински дрвени ролетни во чии процепи се наѕираше голема крошна чии гранки се движеа на ветрот во танцот на древниот живот. Сè во таа сцена му беше познато, јасно се работеше за неговиот дом, но сепак не можеше да препознае каде се наоѓа. Му се чинеше дека поминаа неколку минути, кога сликата исчезна и се појави ѕидот од неговата спална соба. Пред него немаше прозорец, ниту ролетни, само бел ѕид и на него сликата од Алберт Ајнштајн кој го гледаше со исплазен јазик. Оваа слика секогаш го потсетуваше на тоа колку мораше да работи ако сакаше да успее во светот на науката. Ги растера мислите и реши да стане и порано да го започне денот. Устата му беше сува и му се пиеше вода. Отиде до фрижидерот, извади стаклено шише вода и отпи една голтка. Во тој момент му текна дека викањето што го разбуди не било однадвор, туку однатре. Сонуваше дека се доближува до еден прозорец, многу сличен


7

како тој од сонот и сака да погледне надвор. Сите влакна му се накострешија како на исплашен мачор кога помисли на тоа што се наоѓа зад ролетните. Не беше прв пат да го сонува тоа, исто како што многу често се будеше од истиот сон со халуцинација пред очите. Секогаш гледаше различни работи, но овој пат виде еден сличен прозорец. Сепак во сонот се плашеше од тоа што се наоѓа зад прозорецот, а во визијата дрвото зад ролетните го смируваше, му зборуваше за природниот ред на нештата и за подлабоките вистини. Климент живееше со убедувањето дека неговата улога како научник е токму тоа - да го најде редот зад функционирањето на нештата во природата, а некогаш е потребен увид кој не потекнува од равенки или експерименти, туку од инстинктот, креативноста или интуицијата. Токму како во случајот со Ајнштајн, тоа го одделувало од другите и затоа оставил толку длабок печат на светот во 1905 година, 115 години пред неговото раѓање. Му заѕвони телефонот и се зачуди кој би можел да биде во тоа време. Тогаш на телефонот виде дека веќе е утро и сфати дека предолго беше потонат во мислите. Виде дека го бара асистентот, едно здодевно човече кое го следеше секаде и му се умилкуваше во секоја прилика. Но, врската беше симбиотска, на Климент му требаше таков човек за да се занимава со бирократијата, контактите и да завршува работи, додека тој се занимава со наука.


8

„Ало,“ рече и се подисправи. „Професоре,“ затрепери гласот од другата страна, „извинете што ви се јавувам вака рано, но имам важна вест.“ Климент, младиот научник со завршено школо за напредни умови во науката и доктор на науки по теоретска физика и астрофизика, чекаше да продолжи муабетот, но асистентот очигледно очекуваше негово одобрување, па изговори едно кратко „да“. „Примивме сигнал од вселената за кој се сомневаме дека е од вонземско потекло.“ Иако не се работеше за прв сигнал од ваков тип којшто го имаа примено научниците во институтот, д-р Веров не можеше, а да не се возбуди. Срцето му подрипна, дланките почнаа да му се потат и видно возбуден застана зад мониторот каде што се отчитуваа податоците. „Од каде потекнува сигналот?“ праша д-р Веров. „Тоа е проблемот,“ рече асистентот, „и всушност индикација дека се работи за вонземски сигнал. Не потекнува од едно место.“ „Мислите дека симултано го добивме од повеќе места?“ праша збунето д-р Веров. „Токму така,“ рече асистентот. „И сите тие сигнали завршуваат тука, во нашиов центар?“ праша Климент. „Не, господине,“ одговори асистентот, „туку во сателитскиот центар во Крушево.“


9

*** Климент Веров немаше искуство со луѓе. Секој пат кога требаше да разговара со некого, во него се развиваше чувство на несигурност кое го тераше да ги завршува разговорите брзо. Не можеше да разбере како луѓето разговараат подолго од неколку секунди ако темата не е наука. Не го интересираа празни муабети, ниту секојдневни работи. Живееше сам во мал стан. Немаше потреба од многу простор. Доволни му беа неговите инструменти, компјутерите и податоците кои ги добиваше од центрите за набљудување на вселената, оптичките телескопи на Пелистер и Галичица, радио телескопите во Скопје и инфрацрвениот на Козјак. Во посета не му доаѓаше речиси никој, но сепак тоа попладне некој заѕвони на вратата, а Климент знаеше кој е. „Колку време ќе ја оставиш твојата стара мајка да чека пред врата?“ рече мајка му на Климент, Вера, жена во своите рани шеесетти. Годините не ~ се познаваа, иако белите прамени коса ја издаваа, а таа не се трудеше да ги обои и скрие. Вера влезе и го бакна синот кој малку се потргна бидејќи не поднесуваше телесна блискост со луѓето. Меѓу другото, кога го бакнуваше, така се чувствуваше како дете. Помеѓу нив навистина имаше голема разли-


10

ка во годините. Вера го имаше родено во нејзините доцни триесетти. „Влези мамо,“ рече кратко Климент и се врати на работата. Мајка му остана сама во ходникот, го соблече капутот, чевлите и влезе во кујната. „Јадеше ли нешто денес?“ го праша и го отвори фрижидерот. Млеко старо три дена, исушено парче кашкавал, отворен картон со кинеска храна; и да сакаше да му направи јадење немаше многу материјал за работа. „Не знам, мислам дека јадев,“ одговори расеано Климент додека му се јавуваше на својот асистент. „Здраво, да те замолам...“ рече Климент, а од кујната се слушна едно гласно „Молам?“ Стана со телефонот во рака и ~ сигнализираше на мајка си дека зборува на телефон. „... да ми ги пратиш сите испитувања од последните сигнали, значи сите информации што ги имаме од домашните сателити и од странските кои ни се достапни,“ за момент замолчи и слушаше. Од кујната допираше звук на матење јајца. Вера сепак успеала да најде материјал за да му направи јадење. Таа знаеше дека нејзиниот син не појадувал. Беше недела наутро и тој не беше на работа, а тоа значеше дека нема да јаде ништо до шест часот попладне кога ќе направи пауза од работата и ќе излезе малку на воздух. Но, барем имаше воздух. Во нејзиното време градот се гушеше во смог и Државата знае какви с` хемикалии, помисли таа на старовремски сленг, говорот на нејзината младост,


11

заборавен во новото време. Ì се чинеше дека тој живот, тоа време, па и таа самата, како да биле од некој паралелен свет, толку незамислив за денешните млади. А сепак, некому како нејзе кој бил воспитан и живеел повеќе од половина живот во такви услови би му останале некои стари навики, зборови и идеи од тоа време кои не се губеа лесно. „Како е возможно да нема никакви податоци од другите земји?“ подвикна Климент на телефон несвесен за грижите на мајка му. Тој имаше поинакви грижи. „Баш никакви?“ повторно рече во недоверба. Од кујната се слушна звук на црцорењето на јајцата во допир со жешката тава. Климент се надеваше дека мајка му нема ставено масло. Тој не чуваше масло дома бидејќи внимаваше што јаде, но таа знаеше да донесе со неа секакви глупости, како остаток од старото време кога се хранеле нездраво зашто верувале во сé што им кажувала нивната „Држава“, а тоа најчесто било надвор од здравиот разум. Не му беше јасно како паметна и образована жена, неговата мајка, с` уште не можеше да се прилагоди на некои општи вистини за модерниот начин на живот. Не готвиме на масло, не заради тоа што користиме тефлон кој се покажа како штетен, туку затоа што со напредокот на науката пронајдовме нови материјали кои се природни, не лепат и не се штетни. Тоа е простата вистина која секој обичен човек, а особено научник би требало да ја прифати. Особено после с` што се случи со


12

Земјата, природата и човековата околина. Препородена Македонија беше на работ на уништувањето, не само со последната војна, туку и поради последиците од претходниот систем. Никогаш не е добро да се дава премногу доверба на еден извор на информации, зашто тоа е рецепт за тоталитаризам. Тоа се случи со неговата земја и неговата мајка беше жртва на таквата слепа доверба. „Во ред, подоцна ќе зборуваме за тоа,“ продолжи Климент, „иако ми се чини невозможно никој друг освен нас да не го примил сигналот. Прати ми тоа што имаме.“ „Ајде, јадење,“ викна Вера од кујната и Климент неволно се упати кон трпезаријата каде што на под- метнувачи од трска беа поставени две чинии, на едната кајгана, на другата јајце на око, леб, јогурт и парче кашкавал. „Мамо, леб не оди со јајце, масти и јаглехидрати не се добра комбинација,“ ја прекори Климент. „Ајде, ајде,“ се насмевна мајката, „треба да живееш малку, млад си, има време да се грижиш за мастите. И види се колку си слаб, ти треба храна. Туку, кажи ми има ли некоја згодна асистентка на работа?“ веднаш премина мајката на главното додека со лепчето мацкаше во жолчката од нејзиното јајце на око. „Има еден асистент со акни на лицето, ама не ми се допаѓа многу,“ зајадливо одговори Климент. „Де, де,“ рече Вера, „веднаш се лутиш. Во ред, не те прашувам за тоа повеќе. Кажи ми што има ново


13

во вселената?“ рече со насмевка и Климент ~ раскажа за најновиот наод. Со неа можеше да користи научна терминологија, бидејќи таа беше физичар и поранешен Министер за наука. Но, тоа беше во минатиот систем. Оттогаш беше невработена. Новата преродба ги остави сите поранешни функционери и службеници на Државата без работа, како да сакаше да ги казни што служеле на систем кој длабоко го презираа сите луѓе кои го изградија новиот. „Не разбирам како е возможно само ние да сме го примиле сигналот,“ објаснуваше Климент. Мајка му не го слушаше и продолжи да зборува за неговата исхрана, како бил слаб, за проблемот со девојките, како сакала да има внуче и дека тоа би ~ го исполнило животот. Климент виде дека разговорот нема добро да заврши. Можеше да се пожали дека таа воопшто не го ни слуша и зборува само за тоа што неа ја интересира и потоа да се испокараат, или едноставно да си ја избрише устата со салфетка, да си ја однеше чинијата во мијалникот и да стане од масата. Се реши за второто. Замина во работната соба додека мајка му ги собираше чиниите од масата, го собра остатокот од храната за да го фрли во рециклаторот за храна кој вишокот на храна го претвораше во енергија со која се затоплуваше домот, светеа светилките или се напојуваа компјутерите. Климент беше особено заинтересиран за екологијата и тоа беше едно од неговите хобија.


14

Освен како астрофизичар, волонтерски помагаше на многу проекти поврзани со зачувувањето на околината, се залагаше за „нула отпад“ и повторно употребување на нештата, идеи кои во претходниот систем или сите претходни системи беа занемарувани. Сепак, што можеше да се очекува од една земја која од претеран материјализам премина во тоталитаризам и на крај во владеење на народот, зад целиот развиен свет уште надокнадувајќи го загубеното време, каскајќи во економијата, науката, здравството, оправувајќи ги грешките од минатото. Земјата беше толку уништена што веројатно ќе бидат потребни двесте години наместо две децении да се поправат сите направени штети во триесет и три години неразум. „Не е возможно,“ помисли Климент „јасно се гледа дека сигналот е пристигнат во Крушево, но воопшто не го примиле другите центри и држави... можеби кријат од нас?“ Но, зошто сигнали од различни галаксии би завршиле во една точка од целата планета? Сето тоа немаше никаква логика. Го отвори куферот и напика неколку парчиња облека и ги собра потребните инструменти. Излезе од просторијата и се врати во трпезаријата каде што мајка му го дојадуваше појадокот. „Мамо, извини,“ ~ рече, „морам да одам на пат. Спакувај ми ја храната што остана, ќе ми треба за гориво. Ако сакаш остани тука, само затвори ја вратата кога ќе излезеш, знаеш дека се отвора само на моите отпечатоци.“


15

„Каде одиш?“ го погледна зачудено Вера. „Во Крушево,“ одговори Климент.

*** Kлимент излезе од висококатницата и погледна нагоре. Педесетина катови од напредни материјали како легура од глина и хидрогел за природно ладење на зградата, цигли со спори кои го прочистуваат воздухот или материјали кои самите ги исполнуваат пукнатините, сите инспирирани од начинот на кој функционираат живите организми. Беше горд на тоа дека неговата земја е дел од глобалното движење за „Екорганика“ кое напредните земји го усвоиле одамна. Времето кога човекот се однесуваше кон околината како да е негова робинка заврши откако Земјата ги скина прангите и му се спротивстави. Тогаш човекот сфати дека е дел од природата и дека зависи од неа на многу посуштински начин од потребата од нафта или суровини. Симбиозата е начин на кој функционираат сите живи суштества и луѓето не се исклучок. Се разбира, ако сакаат да опстанат. Климент го стави прстот на сензорот на кваката од својот „рецикломобил“ кој го претвораше органскиот отпад и водата во гориво за придвижување. Брзините кои се постигнуваа беа мали, но тоа беше ниска цена за да се зачува околината и да се заште-


16

ди. Да штедиш во некои поранешни ери, вклучително и во хедонистичката ера на Македонија, пред двете домашни војни, беше сметано за знак на сиромаштија. Секој требаше да заработува многу и да троши многу, се чини дека тоа беше мото на државата која самата себеси се осуди на пропаст. По револуцијата, на штедењето се гледаше како на знак за грижа за себеси, околината и луѓето. Колку помалку трошиш, толку си на повисока општествена скала. Климент ја внесе локацијата во компјутерот и го остави рецикломобилот да го вози додека тој го спушти седиштето сосема наназад во лежечка позиција и се препушти на сонот. Се насмевна додека ги затвораше очите и со радост размислуваше за тоа дека неговата земја конечно стана дел од ЕВА (Европската возачка асоцијација) и ја забрани нафтата како гориво, ги отстрани возилата кои не беа самоуправувани, другите ги качи на посебни надвозници и сите паркинзи ги премести под земја, практично отстранувајќи го сообраќајот од улиците кои беа пренаменети во паркови, игралишта или велосипедски патеки. Градот конечно по толку години беше убав за живеење. Фабриките беа дислоцирани далеку и строго контролирани за да не ја загадуваат околината, а асфалтот заменет со тревни површини. „За петнаесет минути ќе пристигнеме во Крушево. Ве замолувам да ги преземете контролите по излезот од меѓуградскиот пат и со навлегување во


17

градот. Ви подготвив чај за расонување и ви посакувам убав престој во градот на првата Република на Балканот,“ се слушна металниот глас на Автоматскиот навигациски асистент, Ана. Климент се насмевна на нејзините забелешки во известувањето. Момците во „ТеслаМак“ навистина се грижеа да направат не само добри и сигурни автомобили, туку и особено внимание му посветуваа на корисничкиот аспект. Вештачката интелигенција се прилагодуваше на корисникот и брзо ги учеше неговите навики, како чај наместо кафе по будење или фактопедиски склоности. Иако, да бидеш прва и најкратка република не е факт за фалење, помисли Климент. Крушево ги немаше стандардизираните булевари кои ги користеа автоматските автомобили, како во Скопје, а обичните патишта беа необележани што го отежнуваше автоматското управување. Не дека беше невозможно, но сигурноста на таквото возење се спушташе од високи деведесет и девет кон ниски осумдесет и шест проценти, што според компанијата претставуваше непотребен ризик, но во случајов беше неизбежно. Климент ги презеде контролите веднаш штом го виде знакот за Крушево и се упати кон вселенскиот центар Македониум, местото каде што пристигнале сигналите од вселената. Возеше по тесните, стрмни и како змија извиени улички и размислуваше за зимските екскурзии со одделението за деца насочени кон научни дисциплини во кои го запиша мајка му. Не дека не-


18

маше избор. Можеше да учи со обичните деца, но неговата мајка, и самата образована во училишта за напредни умови, сакаше да му го пружи најдоброто. Сепак, нејзиното школување по многу нешта се разликуваше од неговото. Немаше многу податоци за тој темен период од историјата на Македонија, како новото време да се срамеше од Новиот среден век, како што понекогаш го нарекуваа тој период. Климент ја замислуваше мајка си со сплетена руса коса под капата, марама на градите и крената рака во поздрав на Премиерот, небаре е Хитлер, како ги повторува лекциите со стотици други деца одгледани да го следат водачот, кој и да беше - не беше арен. Затоа сите завршија на буништето на историјата. Македонија повторно беше слободна и тој беше благодарен, особено затоа што умни луѓе ја зедоа во своја закрила и ја водеа во вистинска насока - научен напредок, грижа за природата и за луѓето, за доброто на сите со поглед кон иднината... така беше и со Крушево. За време на тоталитарниот век, заборавено, запоставено, раселено, од ниту еден оџак не се гледал чад, како што раскажуваат неофицијалните истории. Последните години заживеа, повторно се обидуваше да си го врати историскиот сјај, а делумно помогнаа и тие, астрофизичарите, со градењето на најголемиот сателитски центар во државата. Висината на Крушево помагаше во справувањето со светлинското загадување и атмосферските услови


19

беа добри, особено откако греењето по домовите на фосилни горива беше заменето со поеколошки варијанти кои не го загадуваа воздухот. Пристигна до сателитскиот центар изграден околу Македониум. „Некогашен музеј на борбата на македонскиот народ, подоцна во златната ера на науката трансформиран во современа опсерваторија по сите светски стандарди. Куполите се отвораат од двете страни и овозможуваат телескопот...“ го почна своето предавање Ана. „Во ред Ана, познато ми е сето тоа, ова сепак не е училишна екскурзија,“ ì рече малку грубо Климент, очигледно заморен од возењето иако траеше само десетина минути. Сепак не беше навикнат да вози сам, особено по стрмните улици, и тоа му причинуваше голем стрес. „Во ред, професоре,“ рече Ана, а на Климент му се причини како да насети мало треперење во нејзиниот глас, што секако беше плод на неговата имагинација. Опкружени со технологија, луѓето понекогаш знаеја да ~ припишуваат човечки емоции и карактеристики, исто како што на домашните миленици некогаш им придаваме повеќе мисловна и емотивна моќ отколку што ја поседуваат. Така размислуваше Климент откако излезе од автомобилот. Го остави возилото да се паркира автоматски на најблиското слободно место кое се наоѓаше веднаш до заштитената зона. Во времето пред војната, како што ревносно н` извести Ана, ова место било музеј отворен за јавноста. Но,


20

тоа беше во една поинаква Македонија. Денес, во општество посветено на прогресот и науката, беше вообичаено музеите да се претвораат во научни центри и, како во овој случај, да бидат затворени за јавноста поради осетливата опрема или содржината на проучувањето. Ја зеде торбата со најнеопходните работи, спакувани уредно и по принципот на „помалку е повеќе“. Климент не сакаше да размислува за тоа што го носи. Имаше само еден вид маици и панталони кои ги менуваше по потреба. Го ценеше времето и неговата минливост. Дојде до влезот, комплексот беше ограден со висока железна ограда и камери кои спречуваа непосакувани гости, но обезбедувањето не беше претерано силно. Освен чуварот на главната капија, Климент не забележа ниту еден друг човек од обезбедувањето, но беше убеден дека се кријат некаде по густите зашумени предели околу оградата која се протегаше во широк појас околу комплексот. Се доближи до чуварот кој веднаш се подисправи и строго го погледна човекот кој доаѓаше кон него. Чуварот беше млад човек во доцните дваесетти години, со силни правоаголни црти на лицето, кратко потстрижена војничка фризура и поглед на човек кој искусил нешта многу повеќе од тоа што би се очекувало за некој на неговата возраст. Ја погледна легитимацијата, па го погледна Климент. Строгите црти омекнаа и станаа позаоблени. Му се насмевна. На Климент целата работа


21

му се виде предолга. „Климент Веров, доаѓам по покана на директорот на Сателитскиот центар...“ рече како да сака да го заврши целиот процес побрзо. „Секако, господине Веров. Вашето пристигнување е најавено. Драго ми е што сте тука,“ рече чуварот со истата насмевка. Климент му се насмевна за да не го навреди. Беше навикнат на таквиот однос, бидејќи во општество насочено кон научниот развој и технократијата, научниците имаа висок статус. Особено тие научници на високи позиции како него кон кои се однесуваа како кон поранешните рок-ѕвезди од минатиот систем пред првата Македонска војна. Климент беше еден од попознатите научници во својата област, имаше постигнувања во теоретските гранки на квантната астрономија, теоријата на нишките и проучувањето на црните дупки. Некои го нарекуваа следниот Стивен Хокинг, според неговиот омилен научник кој починал кога Климент уште не ни бил роден, а неговата земја се давела во диктатурата. Чуварот го пушти внатре и му објасни каде треба да оди. Ридот се искачуваше нагоре и во делот каде што беа испишани имињата на револуционерите од далечното минато го чекаше неговиот контакт. Се зачуди кога виде висока и вита млада жена во лабораториски мантил. Оддалеку нејзините црти му се видоа како тие на чуварот, строги и војнички, но како што се доближуваше забележа едно сосема спротивно заоблено лице со костенли-


22

ви очи и полни усни. Усните се кренаа во насмевка и ги изговорија зборовите: „Господине Веров, драго ми е што дојдовте, јас сум Теа Новалкова.“ Климент ја прифати нејзината испружена рака и почувствува нешто што не беше вообичаено за неговиот строг научнички живот исполнет со формули и размислување за иднината, почувствува топлина на друго човечко суштество кое чувствува, мечтее и размислува за возвишени нешта. Секако, се работеше за плод на неговата фантазија, заклучи и ја потргна раката малку пребрзо, на што таа го погледна малку зачудено. „И мене ми е драго,“ изусти набрзина Климент. „Како патувавте?“ го праша таа со мала непријатност во гласот. „Одлично,“ одговори Климент, „подготвен сум веднаш да се фатам за работа.“ „Вашата репутација ве престигна,“ се обидуваше таа да воспостави контрола врз разговорот којашто ~ избега во моментот кога тој неспретно и брзо ја истргна раката од нејзината. „Очекував дека ќе го кажете тоа и затоа подготвив краток бриф за кој би сакала да се видиме во кафетеријата на центарот, но прво да ве одведам во вашите простории.“ На Климент не му се допаѓаше како се одвиваат работите, тој е дојден во најразвиениот центар за набљудување во државата за да работи, а не да пие кафе, кое меѓу другото не го ни пие, но тоа очигледно не се потрудиле да го дознаат за него и покрај неговата репутација, а сигурно немаше


23

намера ниту да се „сместува“. Немаше што да се смести, не планираше да се распакува, но му се чинеше дека нема избор. Сепак, првичната проценка за жената како за некој со строги црти не го излажа. Нејзиниот поглед, начинот на кој веѓите ~ се накосуваа над очите, а носот и се извиваше малку нагоре укажуваа на некој кој е навикнат да ги контролира работите. „Сепак, прво би сакал да ги видам податоците, очекував дека ќе се сретнам со директорот...“ се бунтуваше Климент, иако се влечкаше по жената која влезе низ една порта покрај спомениците со имињата на револуционерите од минатото, како да е кученце, а таа негова газдарица. Таа подзастана, го погледна малку со чудење. „Па, се видовте со директорот. Сега одиме да ве сместиме, како што ви кажав, а потоа ќе бидете брифирани,“ рече и продолжи, а Климент тогаш сфати дека таа е директорот и се почувствува непријатно. Патот водеше внатре во ридот, надолу по лавиринт од ходници, кон дел кој беше означен како „Посетители“. Чуварот на одделот им даде картичка и се упатија кон еден долг ходник со еднолични врати од двете страни. Застанаа пред едната од вратите. „Ова се вашите простории, тука е бањата, работната единица и делот за одмор,“ го упатуваше таа, а тој ја следеше. Просториите беа сосема задоволителни за краток престој, имаше с` што му треба, а нему не му требаше многу, едно ќоше каде што би можел да го стави компјутерот, не јадеше многу,


24

спиеше малку, работата за него беше единствениот фокус во животот. „Сместете се, се гледаме за еден час. Јавете ми се од ова,“ му подаде направа што наликуваше на телефон. „Апаратот е направен за интерна употреба во центарот и нема да можете да се јавувате надвор. Имате ли прашања?“ Климент се подзамисли, сепак разбра дека за вистинските прашања ќе мора да почека еден час. „Немам, ви благодарам г-ѓо Новалкова“ рече кратко. „Се надевам дека не изгледам толку возрасно за да бидам госпоѓа, освен тоа мажена сум единствено за науката,“ рече таа со насмевка и малку прекорно, на што Климент се вцрви. „Јавете ми се кога ќе бидете подготвени,“ заврши таа, ја затвори вратата и го остави збунет. Ако не ги сакаше интерперсоналните односи со асистентите дома, оваа ситуација беше двојно понезгодна и чувствуваше силна непријатност во целото тело заради неа. Не можеше да се фокусира и не знаеше што да прави со следните шеесет минути. Тоа му беше непознато чувство. Реши да се истушира, белки тоа ќе му помогне да ги растера непријатните мисли и потоа да ги прегледа белешките кои ги имаше направено за случајов.


25

*** Го вклучи апаратот и пред него се појави листа на контакти со слики до нив. Не препознаваше ниедно од имињата освен нејзиното, Теа Новалкова, електроинженер и директор на Сателитскиот центар „Македониум“. Беше по малку разочаран што таа не е теоретски научник. Тој ги почитуваше практичните научници, но сепак според него тие немаа капацитет да ги сфатат длабоките филозофски прашања на науката. Нив ги интересираше само средството како да се стигне до целта, но не и што подразбира таа цел за човечкиот род на посуштинско ниво. Го притисна нејзиното име и таа се јави. „Г-дин Веров, излезете од вашата просторија по ходникот од каде што дојдовме. Вашата картичка ќе ви ја отвори вратата, а потоа свртете лево и влезете во последната врата како што ве води патот.“ Климент ја послуша и откако ја отвори вратата на која пишуваше „Менза“ се најде во голема просторија каде што појадуваа луѓе во бели мантили. Неколку од нив се свртеа и го поздравија со главите. Ги препозна од разните космолошки и технолошки семинари во земјата. Таа му мавна од една од маси-


26

те каде што веќе го чекаше чај. „Разбрав дека не пиете кафе,“ рече таа, исправајќи го неговиот првичен впечаток дека не си ја сработила домашната како што самата тврдеше. „Руски чај, без шеќер, со млеко, така?“ го погледна и задоволно се насмевна, откако тој рече „Да“. „Дали сместувањето е во ред?“ го праша, а тој потврди со главата, но воедно одмавна со рацете како да се работи за нешто небитно. „Драго ми е, значи можеме да преминеме на главното,“ дополни, а тој задоволно, и конечно, се насмевна. „Веќе ве брифираа за сигналот, нели?“ го праша. „Да, навистина е чудно што никој освен нас и тоа токму во овој центар не го примил сигналот досега, која е веројатноста за симултано испраќање на сигнали од повеќе галаксии кон нашата планета и сите тие да бидат детектирани само од страна на нашите сателити тука? Зарем вонземски сигнал нема да биде детектиран насекаде низ земјата, независно од тоа каде бил упатен?“ Климент го сподели својот сомнеж со Теа. „Се согласувам,“ рече таа, „тоа ни беше сомнително и нам.“ Климент ја погледна со голем интерес.„Но, мислам дека ја решивме мистеријата. Сепак, за тоа би требало да дојдете со мене внатре да ви ги покажам податоците.“ Климент конечно ги дочека зборовите кои ги исчекуваше цело време додека беше тука. Го испи чајот наеднаш и стана. Влегоа во сателитскиот центар. Стотици сателитски антени беа поставени околу споменикот


27

Македониум со кружната зграда која наликуваше на опсерваторија, но веќе не беше тоа. Големиот телескоп беше заменет со современи машини кои прибираа и анализираа информации од околните радиотелескопи. Климент честопати се прашуваше зошто градителите го поставиле центарот на ова место. Секако, висината одговараше за центарот, иако за радиоастрономија и не беше пресудна. Стотиците големи чинии ја грдеа околината и претставуваа контраст на споменикот, којшто колку и да изгледаше футуристички, сепак беше дел од едно минато и беше изграден во слава на друго подалечно минато. Според Климент, науката требаше да биде во хармонија со историјата за да изгради подобра иднина. Научниците беа распоредени по нивните компјутерски станици загледани во големите количини податоци кои постојано пристигнуваа кон нивните единици. Климент веднаш го зачуди опремата што ја имаа тука бидејќи беше далеку понапредна од таа во Центарот во Скопје. Теа се доближи до едната од станиците и го потапка по рамо младиот научник со бисерна насмевка врамена во совршена вилица на алфа мажјак со широки рамења. Климент отсекогаш ги презираше таквите научници. Нивната свесност за интелектуалната и физичка супериорност над поголемиот дел од популацијата ги правеше неподносливи за муабет, а да не зборуваме за научна соработка. „Марко,“ рече Теа откако бисерниот се сврте


28

на нејзиното тапкање, изреагира како да не ја видел десет години и ја прегрна на начин кој според Климент беше сосема непрофесионален, „сакам да те запознаам со еден од најбрилијантните умови во нашата астрофизика...“ „Професор Климент Веров,“ рече тој уште пред таа да ја заврши реченицата, ја пружи раката кон Климент и силно му ја стисна како да му го тестираше стисокот. Климент немаше намера да се натпреварува во тие момчешки игри за недораснати умови. Му беше доволно што Теа му го даде тој комплимент и остави неговата рака да се стопи како медуза во раката на другиот кој надвисувајќи го за цела глава дополни кратко: „Драго ми е.“ „Климент, како што ти кажав, твојата слава те претекна, ова е Марко Полоски,“ рече Теа, а другиот повторно ја прекина и дополни: „уште еден од брилијантните умови во домашната астрофизика.“ Теа се насмевна непријатно. Целата ситуација не му се допаѓаше на Климент. Не сакаше да биде вовлекуван во какви било непрофесионални меѓуперсонални односи, доволно беше што мораше да се ракува со непознати луѓе. Далеку од тоа дека сакаше да стане дел од некој неприроден научнички љубовен триаголник, платонски или не, помеѓу една висока функционерка во научна установа, нејзиниот љубимец без значаен научнички талент, „а што ќе му е покрај такви рамења!?“ и неговата потреба да биде оставен на мир да се занимава со тоа што навистина го интересираше - мистеријата


29

на сигналот. „Кога сме кај тоа, ќе ме извести ли некој за тоа што ме интересира, по природата!“ помисли Климент. „Марко,“ рече внимателно Теа. „Дали ќе бидеш љубезен да му го пренесеш напредокот во однос на анализата на сигналите на професорот Веров?“ На Климент не му се допадна што таа ја прифати титулата која ja изговори со потсмев овој шарлатан. Се разбира, професорството не беше неговата примарна дејност, а тонот со кој го кажуваше тоа Марко беше подбивен. Иако професорите беа ценети во општеството, постоеше извесна стигма поврзана со таа професија поради тоа што стручњаците од минатиот систем беа регрутирани од новиот да ги изучуваат младите умови, од проста причина што немаше други професионалци. А кога новите генерации го изучија „занаетот“, ги фрлија старите пеплосани професори со побелени коси на буништето на историјата. Но, тоа беше цената на напредокот. „Се разбира,“ се насмеа повторно бисерно Марко, ноншарлантно се сврте кон мониторите и продолжи: „Ова се сигналите кои ги примивме, вкупно се осум и доаѓаат од различни извори. Овој, на пример, е од соѕвездието Канис Мајорис, од галаксијата Орион, а другиот е од нашата соседна галаксија Андромеда.“ „Како тогаш пристигнале во исто време?“ веднаш скокна Климент со најлогичното прашање. Се работеше за галаксии оддалечени со милиони


30

светлосни години. Да се испрати и тајмира сигнал кој треба да пристигне во исто време на земјата во една точка само од тие две галаксии се чинеше невозможно. Но, можеби се работи за координиран сигнал на различни цивилизации, да Климент веднаш помисли на вонземски цивилизации, неговиот сон уште од момчешки денови кога ги проучуваше стриповите на неговиот дедо, Кирил. Тој живеел во времето пред Државата, пред едноумието и во едно поинакво општество кое не го познаваа ќерка му внукот, самиот Климент. Иако денешното време е далеку подобро од тоа на неговиот дедо, сепак приказните кои ги имаше слушано од мајка му создаваа една идилична и романтична претстава за едно такво време во кое луѓето биле толку наивни што Климент понекогаш им завидуваше. Му се чинеше дека биле среќни како деца во нивното незнаење, живееле за сегашноста и за моментот, воопшто не помислувајќи на иднината. Тоа била нивната грешка и за неа платиле скапо. „Секако, тоа е првото прашање што го поставивме и ние,“ го прекина во мислите Марко, „се чини невозможно, нели, но сите сигнали се пратени од осум различни галаксии и пристигнати во истата милисекунда не само во истата, нашата галаксија, туку на истото место со прецизност од нанометар, директно во главниот радио-телескоп во опсерваторијата.“ На Климент нешто не му штимаше. Имаше хи-


31

потеза за целата работа која му се чинеше веродостојна, но за тоа требаше поголема моќ на процесирање на податоците и интелектуална подготвеност отколку што имаше нашата мала државичка, беа потребни заеднички напори на повеќе нации. „Дали ги споделивте сознанијата со другите држави и дали побаравте помош од нив?“ праша Климент на што Теа и Марко се погледнаа малку во небрано. „Не,“ рече Теа на што Климент сакаше остро да протестира. Во време на научен напредок беше апсурдно да не се разменуваат сознанијата со целиот свет. Така беше поедноставно за сите. Ваквото однесување потсетуваше на една стара, т.н. „Нова Македонија“, а не на вистинската напредна Македонија каква што ја познаваше тој, неговата држава во која што веруваше тој. „Нели сметате дека за решавање на ваков комплексен проблем е потребна меѓународна соработка?“ праша Климент, на што двајцата повторно се погледнаа како да кријат нешто. „Со должна почит,“ рече малку несигурно Теа, „сметаме дека имаме капацитет да го решиме овој проблем. Освен тоа, од Научната влада н` советуваа да постапиме така.“ Тоа опасно мирисаше на стариот т.н. „новоговор“. Откако Климент знаеше за себе, науката го имаше приматот над државата, или поубаво кажано државата ~ веруваше на науката и ја снабдуваше со средства заради тоа што веруваше, сосема


32

оправдано, дека науката ì го овозможува напредокот. Потоа сфатија дека полесно е едноставно да формираат една т.н. научна влада, во духот на платоновата „Држава“, со најмудрите членови на општеството на врвот, која директно ќе се грижи за напредокот на државата. Ова беше прв пат во неговата кариера да слушне за ваква смешна забрана, а беше токму тоа, иако Теа го употреби зборот „совет“. „Со почит кон владата,“ рече Климент малку дрско, „сметам дека се работи за неодговорен и непрактичен чекор. Многу полесно ќе го решиме проблемот ако соработуваме со другите центри.“ „Се разбира,“ рече Теа, и таа со доза непријатност во гласот, „но, владата сметаше дека штом пораката е испратена само кон нас, можеби е наменета само за нас.“ Климент реши да не инсистира повеќе, но имаше нешто сомнително во целата работа. Остатокот од вечерта го поминаа во разгледување на извештаи за изворот на сигналите и какви пораки би можеле да ги содржат тие. Никој не се сомневаше дека се работи за вонземски сигнали од вештачко потекло, сите познати видови природни емисии беа систематски исклучени, колегите од КАВЦ (Крушевскиот астрономски вселенски центар) одлично ја сработиле работата. За среќа, немаше повеќе разговори за непотребни работи, секој од нив се посвети на дадената задача. Беше поминато полноќ и Климент не ни забележа дека сите истражувачки станици околу него


33

беа празни. Научниците одамна заминале откако работното време им завршило, само тој седеше осветлен од светлината на мониторите. По рамото го допре рака и глас кој изговори „Климент,“ на што тој инстиктивно помисли дека е мајка му, сеќавајќи се на детството, кога седејќи сам во својата соба знаеше да заспие над книгите обидувајќи се да ги реши проблемите кои го фасцинираа. Но, имаше и нешто повеќе во тоа. Сакаше да му докаже на таткото кој го оставил него и мајка му дека згрешил. „Кој остава таков син? Вреден, талентиран, подобар од сите соученици, попаметен, надежен, со светла иднина,“ помислуваше со насмевка на лицето кога го замислуваше татко му како се кае заради тоа што ги напуштил. Каков син пропуштил, каква гордост, колку би можел да се фали со него, да ги направи другите татковци љубоморни. Но, тој решил дека му е полесно да живее сам, или со друго семејство, или каде и да е. Вистината е дека Климент не знаеше каде е неговиот татко. Мајка му никогаш не зборуваше за него. Му имаше кажано дека починал пред Климент да се роди, но тој знаеше дека тоа е лага. Знаеше дека се исплашил од одговорноста и ја оставил мајка му сама, како што знаеја татковците да направат понекогаш. Ако некогаш има дете, тој нема да биде таков татко, но за да биде сигурен во тоа мораше да го пронајде татко му и да се соочи со него. Тоа беше негов мал истражувачки проект на страна,


34

како што го нарекуваше самиот. Досега немаше голем успех, архивите беа прилично оскудни со податоци за тој период. С` што знаеше, според сопствената возраст, е дека тој бил зачнат некаде пред крајот на Нова Македонија, држава на неприроден брак помеѓу диктатура, контрола, лаги и злосторства. Препородена Македонија, која произлегла од неа не се родила без вистински породилни маки. Како мајка му успеала да преживее бремена низ таа анархија ни самиот не знаеше, зашто таа никогаш не зборуваше за тоа. „Не можеш да разбереш,“ честопати му зборуваше, „вашата генерација не може да го замисли тоа што се случуваше, понекогаш помислувам дека с` било само сон,“ знаеше да рече и потоа да замолчи, по што разговорот беше завршен. Но, собирајќи делчиња информации од оскудните архиви и неповрзани муабети со мајка му знаеше дека неговите баба и дедо страдале во револуцијата и дека таа самата успеала да преживее со помош на бунтовниците низ шумите околу Ново Скопје. Во тој период тие ì помагале да се скрие и да си го сочува потомството, а таа ги превивала ранетите, им готвела, се грижела за нивната мала бунтовничка база на рабовите од градот, вистинска млада партизанка од минатиот век на оваа територија. Климент го фасцинираше не само неговата лична историја, како колатерална штета, туку и по-


35

големата историја на просторот на кој судбината решила да го постави. Денес тие уживаа во слободата, работеа во името на науката и напредокот, но не било отсекогаш така. Пред револуцијата во која страдал голем дел од населението поради науката, т.е. злоупотреба на науката, постоел тоталитаризам на мислите, делата и идеите. Уште пред тоа постоела бебешка безумност, консумеризам и општество на спектаклот, а пред тоа колективизам во кои науката била на подеднакво ниско ниво. Но, раката што го допре не беше на мајка му, туку на Теа. Мека топла рака од која го полазија пријатни морници по телото. Малку се штрекна. „Извини, бев замислен,“ рече, на што таа ја повлече раката и се насмевна. Дури тогаш Климент сфати дека ~ се обрати со „ти“, но сега беше доцна да се врати на учтивата форма. „Дали си задоволен од тоа што го сработивме?“ таа ја прифати неговата неформалност. „Немам забелешки, одлично сработено, анализата е темелна и сите податоци се тука. Можеби навистина не ни треба помош од другите центри, но сепак повеќе очи подобро гледаат. Ако ме прашуваш мене, дури би го објавил сознаниево јавно во СЕМ (Светската електронска мрежа) да се даде на јавна расправа. Можеби има нешто што ние не го гледаме.“ На Теа очигледно ~ беше непријатно од овој разговор. „Види,“ зеде едно столче и се доближи до Климент, на што тој, повторно инстиктивно, се по-


36

дисправи. „Имаме сознанија кои недвосмислено укажуваат дека сигналов со причина е испратен само кон нас. Може да се работи за прашање на национална безбедност или едноставно за знаење кое е наменето само за нас.“ На Климент тоа му се чинеше бесмислено и повторно опасно го потсетуваше на претходниот застарен начин на размислување. Почна да помислува дека Теа е потомок на некој од диктаторите од минатото, но ако биде искрен и мајка му била висок функционер во „Државата“ од тоа време. Токму тоа го натера цел живот да се бори против таквата идеологија, да се залага за науката наспроти догмите, за соработката и ширењето на идеите, наместо затвореност. Реши да не ја прашува ништо повеќе за тоа и да го прекине разговорот, но во себеси не се согласуваше со неа. Освен тоа, му пречеше тајноста и моменталната физичката близина, на што без зборови стана од столчето и поч­на да си ги собира материјалите. Таа го гледаше по малку зачудено. „Извини ако те навредив,“ рече „дозволи во оваа рана фаза од истражувањето да бидеме малку претпазливи. Ако дознаеме дека нема потреба од тоа, лично ти ветувам дека ќе ги споделиме нашите сознанија со светот.“ Климент ~ се заблагодари и замина во своите простории. Ноќта се превртуваше во креветот и спиеше со немирен сон. Секогаш кога го менуваше местото на спиење му се случуваше истото. Освен тоа, кога работеше интензивно на некој предмет не можеше


37

да си ги смири мислите. Во главата ги анализираше фреквенциите на сигналите и нешто не му се чинеше во ред. Навидум сé беше чисто, но и тој како и другите се сомневаше дека во сигналите има некоја кодирана порака. Сепак, тоа не беше негова област и најголемите умови во декодирањето на пораки работеа да ги одгатнат скриените значења. Него го измачуваше нешто друго. Суптилната разлика која ја забележа во сигналот од галаксијата Орион. Засега се реши да го чува за себе зашто не се работеше за заснован сомнеж и како многупати во животот, му се случуваше она ненаучно или спиритуално претчувство кое честопати водеше до вистинско докажано сознание. Но, како и Теа, и тој беше претпазлив пред да го изнесе својот сомнеж пред светот. Конечно заспа во длабок сон пред да настапат соништата. Наутро ретко се сеќаваше на соништата, па и тоа утро беше така. Да се сеќаваше ќе знаеше дека ја сонуваше неа.

*** Асистентот Добре отсекогаш бил во сенка на големиот ум, најпознатиот астроном во Препородена Македонија, професор Веров кој, иако беше само неколку години постар од него, го засенуваше со академската и научната кариера. Кога дозна за сигналот, веднаш му јави на својот ментор, му


38

го пренесе соопштението во целост, без задршка и без задни намери. Можеше и да го чува за себе, да не го сподели со Климент, но очекуваше дека заедно ќе работат на случајот. Кога дозна дека Климент отпатувал во сателитскиот центар, збесна. Излишно е да се каже дека неговата девојка го „изеде стапот“, можеби не во буквална смисла на зборот, бидејќи на физичкото насилство се гледаше како на најтешко злосторство. Сите форми на насилство строго се казнуваа и државата немаше милост кон сторителите. Веднаш беа праќани во превоспитни центри каде што поминуваа низ низа психолошки тестови, физиолошки испитувања, научни анализи и внимателно подготвени чекори за бихејвиоријална рехабилитација. Процесот беше навистина темелен и долготраен, па дури и по пуштањето во општеството, индивидуите беа подложени на редовна контрола и следење. Се разбира дека на Добре, кој беше одгледан и роден во еден систем што го презираше насилството поради ужасите кои ги преживеале повозрасните од претходниот систем, насилството не му паѓаше на ум. Иако, за волја на вистината понекогаш знаеше да посака некому да му се случи нешто лошо, или туку-така од никаде, во момент на фрустрација ќе му се појавеше визија на омразениот човек раскрварен, искривен како карикатура, со цревата надвор од утробата, очите ококорени, а јазикот безживотно исплазен нанадвор. Не беше сигурен од каде потекнуваа овие визии, му доаѓаа


39

ненадејно и ги растеруваше со протресување на главата, згрозен од самиот себеси. Добре живееше во еден модерен стан во една „препородена“ зграда направена според еколошките принципи на запазување на околината, совршена искористеност на сончевите зраци, непречен проток на воздухот кој за градот Скопје беше од пресудно значење. Самата зграда „дишеше“ бидејќи беше направена од природни материјали кои изолираа, но воедно и дозволуваа да навлезе природниот воздух. Прекриена со вертикални градини, со голем празен простор во средината каде се собираше дождовница и се пренаменуваше во различни намени. Во истиот простор имаше и градина, и тоа беше омиленото место на Добре, таму можеше да се релаксира и да потоне во сопствените мисли. Луѓето ретко ги користеа овие простори, почесто одмараа на јавните зелени површини кои ги имаше на секој чекор. Но, на Добре му пречеше присуството на други луѓе, особено кога медитираше. Таму излегуваше да се смири и сега, откако ì соопшти на својата девојка дека планира да замине на терен во Крушево, а таа „полуде“, навистина му требаше природен самотнички мир. Општо земено немаше проблеми со неа, му се допаѓаше и таа се грижеше за него, готвеше, пеглаше, ракуваше со домашните машини кои за Добре беа мистерија. Во модерното општество обврските по дома се делеа и за мажите не беше табу да облечат престилка


40

или да навлечат гумени ракавици, и многу жени би се навредиле доколку би работеле како неговата девојка, по дома и надвор од дома, но таа го прифаќаше тоа како нешто нормално. Нејзините родители беа старомодни и не ги прифаќаа вредностите на новиот свет, поради што ја имаа одгледано така. Тие беа мирни и традиционални луѓе и тоа што нивниот потенцијален зет беше научник воопшто не им се допаѓаше, претпоставуваше Добре. Но, тоа не го покажуваа никогаш, ниту некогаш им правеа проблеми. Девојката на Добре зборуваше без престан откако тој влезе и ~ соопшти дека ќе го следи професорот Веров во Крушево. Брбореше нешто дека тоа не била негова работа, дека не требало да се меша, ако професорот не го викнал значи дека не му требал, па се обиде дури и да се исправи со тоа дека сигурно му бил попотребен во Препородено Скопје. Тој не ја слушаше, зашто се обидуваше да се смири, да не реагира, се тераше да мисли на сите работи заради кои ја почитува и ја сака, но бадијала. Погледот му се вцрви, пред очите гледаше само црвено и сцени во кои ја смачкува предавничката се менуваа како на филмско платно. Не беше доволно што го предаде неговиот ментор, човекот кој го почитуваше повеќе од сопствениот татко, и тоа не за обична работа туку за можеби најголемото откритие во историјата, туку сега го предаде и таа, девојката со која го делеше домот, сметките и креветот. Тој беше лојален до смрт, за


41

него немаше оправдување, или си со него или си против него. „Добре,“ рече збунето девојката, „што се случува, ме слушаш ли воопшто? Што ти е со очите?“ го погледна загрижено. „Црвени ти се како да имаш алергија, добро ли си?“ го фати за рацете, го протресе како да го будеше од сон и навистина, тој се разбуди како од сон. Ја погледна и таа беше старата, неговата девојка која што ја сакаше, ја милуваше и бакнуваше. „Ништо,“ рече тој и ја протресе главата, „ништо не е. Сé е во ред.“ „Но, нема да одиш, нели?“ рече таа загрижено. Тој ја погледна и повторно му се причини дека е таа старата негова девојка од средно училиште која се грижи за него и ги трпи неговите повремени испади, а сега човекот со кој го дели секојдневието со сите негови добри и лоши страни. Понекогаш ја сожалуваше затоа што е со него, помислуваше дека таа заслужува подобро од еден човек кој не е способен за соживот, но таа го правеше подобар и затоа ја почитуваше. Сепак, не можеше да ја остави така сама, во неизвесност. „Не,“ одмавна тој, „нема да одам.“


42

*** Утрото зеде неколку крпчиња, основни работи, ги пикна во ранецот и излезе со чевлите во рака, тивко, за да не ја разбуди. Влезе во автомобилот и се упати кон Крушево. На работа теренот веќе беше подготвен, им рече дека професорот Веров го побарал да појде во Крушево, никој не се побуни, дури шефот лично му рече да остане колку треба. Но, немаше смислено што ќе му кажа на Климент. Таквите мисли го измачуваа долго и не ни забележа кога веќе пристигна. С` уште немаше смислено добра приказна за обезбедувањето на станицата. Малку го фати паника кога чуварот го пречека со строг поглед, но некако го пропелтечи името на професорот, дека е негов асистент, како и тоа дека е испратен од АЦС, Астрономскиот Центар во Скопје. Чуварот го гледаше сомничаво и потоа од коланот извади телефон и сврте на некој број. Асистентот се препотуваше во својот автомобил обидувајќи се да изглуми лик на човек кој е сигурен дека нема да има проблеми со својата приказна. Чуварот неочекувано му го подаде телефонот и тој уште повеќе се збуни. Едвај пропелтечи едно „да“. „Зошто си тука?“ се слуша прекорно од другата страна. „Знам дека не те известив за моето па-


43

тување, но претпоставив дека ќе разбереш зошто остана во Скопје. Ми треба врска со базата, а ти си тоа.“ Асистентот подголтна, присетувајќи се на зборовите на својата девојка. Можеби доаѓањето навистина беше грешка. „Да, да, секако, тоа му го реков и на шефот,“ асистентот конечно собра храброст да изговори нешто, „но, тој инсистираше да дојдам за да ви помогнам тука.“ Од другата страна настана молк. Секоја секунда на асистентот му се чинеше како вечност. Веќе се помири со тоа дека ќе мора да се врати назад со спуштена глава, постоеше и можност да го избркаат од работа. Тоа би значело крај на неговата научничка кариера уште пред таа да започне. Колку е глупав, помисли, дозволи емоциите да го надвладеат, суетата да го победи. Тогаш од другата страна повторно се слушна глас. „Дај ми го чуварот,“ рече Климент и асистентот го подаде телефонот подготвен на најлошото. Чуварот кимна со главата и рече „Разбирам, господине.“ Зарем Климент веќе успеал да развие таква стравопочит и тука, за неполна недела, помисли Добре. Ах, колку му завидуваше, колку посакуваше да биде како него и колку и да не сакаше да го признае тоа, понекогаш посакуваше воопшто да не го запознаел зашто тогаш немаше да знае што значи навистина да бидеш генијалец. „Влезете господине,“ рече чуварот, „ќе одите право и потоа качете се нагоре по скалите кон цен-


44

тарот, ќе ве пречекаат таму.“ Асистентот беше вџашен и не можеше да се соземе од сознанието дека толку лесно помина. Големата купола веќе се наѕираше помеѓу дрвјата и с` наоколу светеше како да е Божиќ. Стотици антени беа вперени кон небото, некои од нив во помали групи се движеа како мали послушни војничиња, и таа сцена му влеа мир во душата, после толку возбуда и неизвесност во еден ден. На скалите над него почна да се наѕира фигура на маж во униформа, му се доближи, го поздрави и го внесе внатре во центарот.

*** „Што си мисли тој, по науката,“ зборуваше Климент чекорејќи горе-долу по малата просторија во којашто го сместија асистентот. Внатре немаше многу место и Климент можеше да направи само два-три чекори и потоа се враќаше назад. Изгледаше како волк затворен во кафез, малку фалеше да почне да фрчи низ носот, да 'ржи, да завива и да почне да каса с` околу него. „Можеби ни е шеф, но неговите научни тапии се како на дете од второ одделение. Што знае тој повеќе за случајов од обичен чиновник?“ продолжи Климент. „Но, штом си веќе тука, ајде да те искористиме на најдобар начин, што велиш?“ се насмевна конечно професорот и на асистентот му


45

падна камен од срцето. Го внесе во контролниот центар, го запозна со главните истражувачи, му ги покажа дотогашните сознанија и го воведе во с` што имаа направено дотогаш. Како што рече, кога е веќе тука, можеше да биде од корист само ако е запознаен со истражувањето. Реши дури и да му го довери она што не им го кажа на другите, неговиот сомнеж за сигналот од Орион. Но, за тоа почека да дојде паузата за ручек. Седеа сите заедно, Климент, асистентот Добре, директорката на центарот Теа и нејзиниот пулен Марко. „Пилешково ми се допаѓа,“ рече задоволно Марко и џвакаше како да сакаше целата менза да посведочи на неговото задоволство. Се однесуваше како типичен самозаљубен човек, задоволен дури и од начинот на којшто звучи неговото сопствено џвакање на храната. Климент беше вегетеријанец, а неговиот асистент веган, иако беше повеќе од очигледно дека го прави тоа само за да го импресионира Климент. Дома знаеше понекогаш да го прекрши правилото, па и скришно да касне малку кашкавалче, кисело млекце или мевце. Еднаш девојка му го фати доцна навечер, кога тој претпоставуваше дека таа спие, како стои пред фрижидерот и се гости со парченце бело месо од обилната вечера која останала по гостите. Но, за него жртвата беше оправдана, знаеше дека Климент е ум за почитување, еден од


46

ретките научници кои можеа да му обезбедат место во историјата на науката, а тоа беше неговиот сон, уште од најмлади денови. Знаеше дека не му се дозволени грешки, како таа со девојка му, но сепак таа беше само привремена личност во неговиот живот, никој кој би можел да остави трага врз него, па дури и самиот Климент за него беше само средство, но средство од кое зависеше. „Јас не одобрувам јадење месо, особено не од масовните фарми како што често се практикува,“ рече Климент. Марко го погледна малку цинично. „Секако,“ одговори, „секој има право на свој избор, но за правилен развој и мускулатура, како на пример мојава, е потребно големо количество протеини, кое растенијата едноставно не го обезбедуваат.“ Климент го погледна под око. „Сакаш да кажеш дека мене не ми е потребно месо затоа што главниот мускул ми е мозокот?“ „Мозокот не е мускул и не се храни со протеини, туку јаглехидрати,“ процеди Марко. „Јасно дека го знам тоа. Не сум неук!“ рипна Климент. Тензијата на масата беше толку густа што можеше да се сече со нож. Асистентот го виде прв пат во ова светло својот ментор и се зачуди. Беше навикнат тој да биде главен во научните расправии, но да се расправа на тоа ниво - никогаш го немаше слушнато. „Момци,“ се замеша Теа, „малку е рано за вакви расправии, освен тоа штедете ја енергијата за научни дискусии, ве молам.“ Теа стана од масата


47

откако заврши со јадењето и Марко рипна по неа, како послушно кученце, помисли Климент. Останаа сами со асистентот. „Добро е што заминаа,“ рече Климент. „Не можам да го поднесам овој Марко, мисли дека е подобар од сите со неговите бисерни заби и исправен грб небаре голтнал стап.“ Асистентот се насмеа збунето. Повторно заклучи дека однесувањето на професорот е сосема недолично за него, но откако ја сменија темата на разговорот сосема изгуби интерес за нешто друго. „Слушај,“ му се доближи Климент на малку чуден начин, како да сакаше да му довери голема тајна. Почувствува како влакненцата на рацете му се накострешија од возбуда. Го исчекуваше овој момент цел живот, моментот кога ќе се зближи со големиот научник и ќе стане негов најдобар пријател. „Ги анализирав сите сигнали,“ продолжи Климент, „и најдов аномалија кај сигналот од Орион. Има некаква интерференција, некој вид ехо кој не знам како да го објаснам. Би сакал да ми помогнеш во анализите на тој сигнал и да го споредиш со сите други кои се примени во историјата од сите станици. Знам дека тоа е крупен залак, но како програмер претпоставувам дека нема да ти биде тешко да изработиш алгоритам кој автоматски ќе ја направи таа анализа и ќе ни го даде одговорот.“ Асистентот кимна со главата и не рече ништо. Немаше потреба да се зборува, помеѓу нив беше склу-


48

чен таен пакт, пакт на браќа научници, доверба помеѓу учител и ученик, и тој планираше да го стори тоа што учителот го бараше од него веднаш и без одлагање.

*** Асистентот не можеше да дочека да му го соопшти откритието на својот ментор. Решението кое го пронајде беше толку елегантно и едноставно што и самиот му се восхитуваше. Сите големи пронајдоци во историјата беа такви, равенки кои со три симболи елегантно го опишуваат универзумот и законите во него, како вториот Њутнов закон за движењето F=ma, Е=mc2 равенката која го прослави Ајнштајн или вториот закон на термодинамиката dS>=0. Таков беше неговиот алгоритам, го пронаоѓаше едноставното во комплексното и успешно утврди зошто одредениот сигнал е поразличен од другите и што го прави посебен. Кога зачука на вратата на просториите на професорот Веров, рацете му трепереа од возбуда. „Повели,“ се слушна гласот од внатре. Асистентот ја поттурна вратата и се најде во светот на професорот, небаре е во храм, а сé што се наоѓаше внатре зрачеше со светост, хартиите, технологијата, дури и облеката на Климент префрлена преку единственото столче во малата просторија.


49

„Имаш нешто ново?“ премина веднаш на работата Климент. Асистентот секако знаеше дека не се работи за некој со кој би можел да прави лаф муабет за времето или за нешто друго пред да се зафатат со главниот муабет. Тоа му се чинеше исто толку невозможно како на пазар да разговара со продавачите на зеленчук за квантната физика. „Имам,“ рече гордо асистентот и гласот му затрепери, а срцето силно му биеше. Стравуваше дека кошулата му трепери од силното срцебиење и дека Климент ќе го види. „Дај да видам,“ рече Климент и на Добре малку му падна камен од срцето зашто не знаеше како ќе му ја соопшти веста на Климент, а да не запелтечи или да се збуни сред објаснувањето. Професорот задлабочено гледаше во екранот и во презентацијата подготвена од асистентот кој беше навистина горд на сработеното. Презентацијата ги покриваше сите стапки, од податоците кои ги доби од професорот, преку алгоритамот и неговата елегантност, споредувањето на сигналите, издвојувањето на илјадници фреквенции, до изолирањето на скриениот сигнал и неговата анализа. „Неверојатно,“ конечно рече Климент, „сакаш да кажеш дека сигналов не е пристигнат кај нас, туку е испратен од кај нас?“ „Да,“ рече возбудено асистентот. „Но, тоа е невозможно,“ збунето реагираше професорот и асистентот за прв пат во животот се почувствува надмоќно над својот ментор. За момент


50

застана да поужива како да сакаше да му одржи лекција по понизност на оној кој секогаш се однесувал со него како да е понизок вид. „Да,“ задоволно рече асистентот со ново чувство на сигурност во гласот. „Токму тоа беше нелогичното, но тие успеале некако да го маскираат овој сигнал да изгледа како да доаѓа од надвор.“ „Кои се тие?“ рече професорот, а асистентот ги крена рамениците. Рамнотежата повторно беше воспоставена и тоа што одговорите на асистентот отворија нови прашања јасно му даде на знаење на динамичното дуо кој е на ред за акција. „Во ред, ќе мораме да ја испитаме дополнително работава,“ рече и му даде знак на асистентот дека разговорот е завршен, а овој замина потиштено и разочарано што неговата победа беше толку краткотрајна. Климент остана задлабочен во презентацијата на Добре. Повторно го анализираше носечкиот сигнал и потврди дека тој е во право. Сигналот бил испратен од нас, точно од оваа база, но кој или зошто го испратил не му беше јасно. Очигледно некој од базава знаеше повеќе од нив, надворешните, но имаше само една личност која можеше да му ги даде одговорите.


51

*** Теа работеше на извештајот за напредокот на проектите „Марс ровер 234М-К“ како дел од интернационалниот проект за одмрзнување и искористување на замрзнатата вода под површината на Марс, „Течен метал Јупитер 5x-2“ и „Нептун 8a-3“' испитувањата на првите сонди кои успеале да слетаат на овие, некогаш нарекувани, гасни џинови и последниот „Мистериозни сигнали ZXS“. Во позадината свиреше Симфонија бр. 7 од Бетовен. Нејзините одаи беа едни од поголемите приватни простории во комплексот, како главен истражувач имаше право на тоа. Таа лично не го бараше тој комфор, нејзе ~ беше доволно само место за работа и за спиење, беше скромна по природа, одгледана во духот на новото време. Рационализацијата на ресурсите и заштитата на околината беше дел од нејзиното детство и растење, наспроти негрижата кон околината од минатото. Но, бањата со големата када не ~ пречеше. Напротив, вечерните купки ~ причинуваа задоволство и единствен момент на опуштање пред новиот работен ден. Ја регулираше водата на доволно жешка за да не се излади премногу брзо и стави од омилената комбинација миризливи соли. Ја соблече облеката и ја фрли во корпата, а потоа се нурна


52

во жешкото блаженство. Сакаше да седи така долго време, дури рацете не ~ станеа збрчкани и меки. Честопати се потсетуваше на строгото воспитание на нејзините родители кои рационализираа сé, за нив трошењето вода за долго или пречесто капење беше непотребно. Во годините на немаштија и на рационална контрола од државата, се јадеше колку што е доволно, никогаш премногу, ретко месо, освен за празници, за нив патлиџанче и пиперче, гравче и малку лепче беше доволно. Затоа кога го напушти нивниот дом и почна да живее сама, прво по студентските домови, а потоа со цимерки, не можеше да се начуди на слободниот однос и муабетите на нејзините пријатели. Темата на сексот во нејзиното семејство беше табу и таа ги немаше никогаш слушнато нејзините родители да зборуваат за тоа, а не дај науката да ги слушне како водат љубов. И заради таа неинформираност имаше платено со скршено срце и неколку немили настани за кои немаше зборувано со никој. „Не е добро децата да се држат строго и изолирано од светот,“ помисли таа и мечтееше за тоа кога ќе има свои деца дека ќе зборува за сé со нив и ќе ги подготви за светот. На такви работи размислуваше додека се капеше и си ги гледаше збрчканите раце, ги креваше нозете и ја гледаше пената како се слева по нив. Но, таа вечер се случи нешто поинаку. Некој заѕвони на вратата од нејзините просто-


53

рии. Таа подрипна од кадата и ја фати паника. Не знаеше што да прави. Нејзиниот живот беше сосема подреден и освен научни возбуди немаше поинакви. Не можеше да разбере кој и зошто ја бара во нејзините одаи во тоа време, сите нејзини контакти и средби беа претходно закажани, а ако стануваше збор за нешто непредвидено прво ја контактираа преку компјутер или комуникатор. За миг се помисли воопшто да не стане и да не отвори, но можеби стануваше за поинаков вид на итна работа и сепак се реши да отвори. Стана, излезе од кадата и ја наметна бањарката врз себеси. Од неа капеше вода врз плочките и вооп­што не ~ се допаѓаше тоа. Не стигна да се исплакне правилно, ниту да се избрише пред да излезе. Ништо во целата ситуација не беше правилно. Ги облече влечките преку влажните нозе и се упати кон вратата. Ја подотвори и погледна. Го виде Климент и збунето го праша „Да?“ Климент веднаш се посомнева во правилноста на сопствената одлука во ниедно време да ја посети директорката, но сега немаше избор. „Извини ако ти пречам,“ пропелтечи, „но, морав да разговарам со тебе.“ Теа, која претходно беше подготвена да го избрка натрапникот со строги и прекорни зборови, малку го спушти гардот. Никој ì немаше зборувано со таков тон, обично ì се обраќаа со „вие“ и никој до сега не чувствуваше таква потреба да „разговара лично со неа“ во доцните вечерни часови. Се


54

мислеше како да изреагира. Ако му рече дека неговата посета ги надминува границите на професионалната љубезност можеше да го избрка и да не дознае за што се работи. Ако го прими во бањарка тој можеше да помисли дека таа е несериозна жена која доцна прима мажи во нејзините простории облечена несоодветно. Но, ако замине да се облекува ќе ì треба премногу време во кое тој ќе стои пред вратата чувстувајќи се непријатно. „Не сум облечена соодветно,“ конечно рече, „ќе ја оставам вратата отворена, а ти изброј до дваесет и влези.“ Претпоставуваше дека толку време ì е потребно да замине во спалната соба за да се пресоблече. Тој кимна со главата во одобрување на ова чудно упатство. Изброја до дваесет и влезе. Внатре немаше никој. Во позадината се слушаше smooth jazz, а светлото беше придушено, на масата светеше компјутер и до него имаше до полoвина испиена чаша вино. Во просторијата немаше многу работи, најмногу книги и списанија за наука, неколку трофеи од натпревари и медали, како и репродукции од познати уметнички дела. Тука секако беше и „Ѕвездената ноќ“ на Ван Гог, омилената слика на Нил Деграс Тајсон, познатиот популаризатор на науката во раниот XX-ти век. Тој беше омилен лик на секој што се занимаваше со астрономија, а со него оваа слика достигна уште покултен статус од тој што го имаше порано. Ги гледаше трофеите, сите именувани на Теа, од разни натпревари по физика, космологија, ас-


55

трономија, а до нив дипломи и почесни награди. Веднаш сфати дека се работи за некој кој живее за науката и се гордее со тоа. Таа влезе, облечена во фармерки и маичка, комбинација во која ја немаше видено до сега. Во работната средина секогаш носеше панталони и кошула, понекогаш и сако. Косата ì беше пуштена, уште една новост во однос на секогаш фатената коса во пунџа, и мокра. Не можеше да се изначуди колку е поубава така, како да се работи за сосема друга личност. Се гледаше дека ì е непријатно заради нејзиниот изглед, но тој процени дека ако некому треба да му биде незгодно, тоа е тој. „Извини за посетава,“ рече тој, „но, морав да ти соопштам нешто, едноставно не можев да чекам до утре.“ Таа го погледна зачудено, му покажа со раката кон каучот со знак да седне. „Со мојот асистент работевме на анализа на сигналите и откривме нешто интересно.“ Во нејзиниот поглед се виде разочарување и таа се исплаши дека тој ќе го забележи тоа. Ни самата не знаеше што очекува да ì соопшти, секако дека се работеше за нешто поврзано со работата, што друго би можел да ì каже, дека е лудо заљубен во неа откако првпат ја здогледа, секако тоа би била невидена лудост. „Интересно?“ рече таа и самата не знаејќи дали се работи за прашање или за тврдење дека тоа што го слуша ја интересира. „Да, “ продолжи тој и го стави компјутерот на


56

масата. Таа дури тогаш сфати дека тој носи комјутер со него и се зачуди како не го забележала тоа претходно. „Ова се анализите, ова е сигналот кој се одделуваше од другите и ова е заклучокот.“ Таа му се доближи и се загледа во податоците. Од нејзината коса капна капка вода и заврши врз неговата рака. Низ телото му помина струја и самиот се зачуди на реакцијата која ја предизвика таквата незначајна случка. Таа ја крена главата и го погледна без реакција на лицето и тогаш тој разбра дека таа знае. „Од кога знаеш за ова?“ рече тој. Таа застана збунето и помалку навредено. Сепак не се познаваат доволно долго и таа му е шеф. Можеше да се налути заради неговата претпоставка дека таа крие нешто. Но, сепак не сакаше да го лаже. „Од пред некој ден,“ рече малку засрамено, иако немаше причина за тоа. „Зошто не бевме известени за ова?“ ја праша строго, на што конечно ì се причини дека тој ги надминува службените овластувања. „Мораш да разбереш,“ рече таа, „се работи за државна безбедност. Ова сознание е многу сериозно. Може да значи дека имаме саботер во нашите најтесни кругови.“ Нему тоа му се чинеше неоправдан сомнеж. Кој би испратил шпионски сигнал во вселената и што би можел да содржи тој сигнал? Па, нема по науката да н` шпионираат вонземјаните! Му се чинеше дека таа му продава евтина приказна, тоа да беше


57

вистина секако немаше да ја сподели таа државна тајна со него. „Знам дека звучи неверојатно,“ рече таа како да го прочита неговиот сомнеж. Потоа застана и како да се предомисли за нешто. „Да се чекаме утре во осум часот пред главната лабораторија, ќе ти покажам нешто и мислам дека ќе ти се разјаснат работите,“ рече таа, а тој само кимна со главата, стана ненадејно, ја поздрави и замина. Никогаш не знаеше како да ги завршува разговорите и знаеше да стане сред реченицата на соговорникот, но секогаш тој крај му се чинеше неопходен. Немаше причина да остане повеќе штом ги доби сите потребни информации за вечерта, а одговорите ќе ги добие утре како што кажа таа. Теа остана подзината и не знаеше дали да биде навредена или да ги прифати постапките на овој чуден човек кој така ненадејно ì дојде на посета и замина на ист начин.

*** Утредента таа го чекаше пред главната лабораторија, во нејзината стандардна бела кошула, сако и панталони. Се поздравија и без многу одолговлекување таа тргна напред, а тој ја следеше. Се фати себеси како гледа во нејзината задница која се нишаше лево-десно, се прекори и го тргна погледот кој некако заврши на нејзиот тенок врат кој прет-


58

ходната вечер беше прекриен со водопад од густа темна коса. Излегоа од центарот и се упатија надолу кон една врата која ја немаше забележано порано. Јасно, бидејќи беше направена да не се види. Влегоа и веднаш го пречека изненадување. „Тука сме, “ рече таа. Пред нив имаше блиндирана врата и пред неа стражар облечен како гардист. Овие војници не ги гледаше често, државата беше демилитаризирана во духот на просперитетот и ненасилството. „Легитимација молам,“ рече гардистот ладно како воопшто да не ја препознава жената која беше главен научник во местово. Ги подадоа легитимациите и тој кратко рече, „Вие може да влезете, тој не.“ Теа воопшто не се растревожи на односот и изјавата, како да го поминала тоа претходно, или во најмала рака знаеше дека ќе ја дочека таков однос. „Г-дин Климент е еден од нашите водечки научници и тој е мој гостин, проверете ја мојата легитимација и ќе видите дека имам право да носам истражувачи во Срцето ако има научна потреба да го сторам тоа. Ова е и овластувањето потпишано од горе,“ рече таа подготвено, а на Климент му го привлекоа вниманието зборовите Срцето и од горе. Очигледно имаше некој и над неа, наредбата можеби доаѓаше директно од научната влада, а под поимот „срцето“ веројатно мислеа на популарниот назив за средиштето на поранешниот споменик, местото каде што се сместени останките на Никола


59

Карев, водачот на Крушевското востание од 1903 година. Секој граѓанин на Препородена Македонија знаеше дека се работи за настан од големо значење во историјата на овој напатен народ. Првата република на Балканот која траела само десет дена и потоа била задушена од окупаторот кој владеел со нашата територија и многу пошироко, Османлиската Империја. Тоа индиректно бил и почеток на падот на Македонија, нејзиното распарчување, навлегувањето на силите кои ја парчосале од сите страни. Но, тоа е дамнешна историја, а Климент го интересираше само сегашноста и иднината. Гардистот се помисли, но откако ги прегледа документите и повторно ја искенира легитимацијата, го спушти „гардот“, а Климент се насмеа во себеси поради играта на зборовите во својата глава. „Во ред г-ѓо Новалкова,“ рече со насмевка, „знаете колку се строги во врска со просторијава. Гледам дека с` е во ред тука, влезете.“ Гардистот извади една картичка и ја допре до ѕидот, се отвори капак и се појави екран на кој ја скенираше дланката, а потоа внесе таен код. Климент се зачуди на тројната заштита за нешто толку тривијално како коски на некој револуционер од минатото. Тој лично не ги почитуваше војниците, сметаше дека се силеџии и може да се рече дека и ги презираше по малку. Климент се бореше за иднината на поинаков начин, преку наука, прогрес, создавање на нешто ново, наместо уништување на старото. Но,


60

сепак понекогаш мораше да признае и дека новата ера на научен прогрес не би била возможна без жртвите кои ги дале неговите претци и тоа не толку одамна, во последната војна, токму пред да се роди тој. Пред нив се откри голема просторија со екрани и инструменти наредени околу некој голем предмет во центарот. Климент не го очекуваше тоа. „Ова што ќе ти го откријам е една од најголемите тајни и морам да кажам дека преземам голем ризик поради тоа што го правам. Но, верувам во твојата искреност и посветеност на науката. Мислам дека нема да ме предадеш,“ рече таа со малку свечен и сериозен глас, на што Климент зачудено рече: „Секако.“ Таа се упати кон големото црно платно и со едно движење на раката го откри предметот кој беше покриен со него. Климент се стаписа и за миг бараше зборови како да го опише тоа што го гледа, но немаше дилема, се работеше за вселенски брод. „Дали е ова тоа што мислам?“ ја праша несигурно Теа, а таа кимна со главата. „Но, како... зошто... кога?“ пелтечеше Климент несигурен што прво да праша. „Никој не знае кога, сè што знаеме е дека е од вонземско потекло, дека тука бил долго време, можеби предолго за да има логично објаснување за тоа,“ рече Теа. „Колку долго?“ праша Климент зачудено. „Па, точно 140 години,“ рече Теа со несигурна


61

насмевка. Не знаеше како тој ќе реагира на тоа. „Па тоа е...“ сметаше Климент „1903 година!“ „Да,“ рече Теа, „токму така реагиравме и ние кога ги откривме историските списи кои го документираа појувавањето на овој објект во мугрите на Крушевското востание.“ „Но, што има во вселенскиот брод,“ рече сè уште збунето Климент, „дали има вонземјани?“ „Ние го нарекуваме објект, за секој случај да не му се испушти некому, и да, внатре има некој, но не е вонземјанин. Пробавме секако, но не сме успеале да го отвориме. Сепак од скеновите знаеме дека внатре има човечко суштество.“ Ова беше премногу за Климент. Тој беше дојден како космолог, заинтересиран за импликациите на пристигнатите сигнали од вселената и нивното потенцијално значење за откривањето нови цивилизации, а испадна дека тие веќе биле тука и тоа пред 140 години! Неверојатно! „Но, како... зошто?“ повторно се изгуби во прашањата. „С` уште не знаеме,“ рече Теа, „но имаме хипотези за кои ќе зборуваме подоцна. Тоа што е ново е сигналот кој е испратен токму од овој објект на денот кога го регистриравме сите. Беше маскиран како сигнал од вселената, а всушност откако објектот го испратил само се распрснал од стратосферата и се вратил назад за да изгледа дека е испратен од различни извори. Но, зошто и како го регистриравме само ние и никој друг, с` уште не знаеме. Се-


62

пак, не е толку значајно тоа, колку прашањето зошто сега, после толку години мирување, објектов се буди и што сака да ни каже?“ „Треба да се направат дополнителни анализи на сигналот,“ рече Климент, „можеби така ќе ја дешифрираме пораката.“ „Се сомневам,“ рече Теа, „и затоа те викнав тука. Според мене објектов не комуницира со никој, напротив, самиот сигнал нема никакво значење и не сакав да го губиш времето понатаму на тоа. Според мене сигналот е само крик на новородено бебе, нус-производ на будењето на објектот и наскоро можеме да очекуваме да ги открие своите тајни.“ „Сакаш да кажеш,“ бараше зборови Климент, „дека ќе се активира?“ „Токму така,“ рече Теа со голема сигурност во гласот. Таа очигледно имаше посветено многу време на проучувањето на објектот, како што го нарекуваше, и чувствуваше некоја ирационална приврзаност со него. Можеше да ја види како поминува часови и часови покрај него, анализирајќи го материјалот од кој е направен, неговата структура, текстура, проучувајќи ги различните скенови и барајќи објаснувања и скриени значења на формите кои се појавуваа на нив. Можеше да ја замисли како го гледа „човекот“ кој со децении спие затворен во капсулата и чека да се разбуди за да ја запознае неа. Каков почеток на безвременска романса. „Но, што потоа,“ рече тој и ги растера немилите мисли.


63

„Ќе видиме,“ рече таа со возбуда во гласот, „потоа е можно с`!“

*** Во следниот период Климент имаше целосен и непречен пристап до Срцето. Ја замоли Теа да го тргне обезбедувањето во термините кога тој е таму бидејќи му пречеше во работата, искрено му додеваше да го легитимираат секој ден по неколку пати, а чуварот неразумно инсистираше на тоа. Климент го поминуваше времето во анализа на скеновите и преиспитување на истражувањата кои ги направиле тие пред него. Беше целосно внесен во одгатнувањето на тајната на мистериозниот објект. Но, најмногу од с` сакаше да биде присутен во моментот кога објектот ќе се активира. Неговиот асистент беше сосема исклучен од тој процес и почна постојано да му додева. Го гледаше како заминува со директорката, а потоа ги немаше со часови. Стана навистина љубоморен и помислуваше дека помеѓу нив се развила романтична врска иако надворешно се однесуваа како ништо да не се случува. Но, тој чувствуваше и знаеше дека таа го оддалечила од науката и од него, дека го завела со нејзиниот ѓаволски женски шарм. Професорот му даваше некои бесмислени задачи и нерешливи проблеми кои му одземаа цели денови


64

под изговор дека тоа е значајно за откривањето на кодот скриен во сигналот. Добре знаеше дека неговата единствена шанса за слава во академските кругови е преку Климент и затоа го слушаше што и да му каже, но знаеше дека тие задачи се само да го тргнат понастрана од нив. Едно попладне ја начека Теа сама во мензата и реши да ì пријде. „Г-ѓице Теа, дали можам да ви се придружам,“ рече младиот асистент. „Секако,“ одговори љубезно, но малку зачудено Теа. Тој го повлече столчето блиску до неа на што таа малку се штрекна, не очекувајќи го тоа. „Г-ѓице Теа,“ рече асистентот, „морам да кажам дека вие сте зрак светлина во оваа темна институција. Откако сум дојден никој ми нема прозборено ниту збор, само вие ми посветувате внимание и сакав лично да ви се заблагодарам.“ „Нема проблем,“ рече таа со мало олеснување. За миг помисли дека се работи за некаков непристоен предлог кој произлегуваше од неговата слобода за физичка близина, но сепак беше поласкана од благодарноста од помлад колега кој допрва се качува по скалилата во светот на науката. „Мислам дека сите заслужуваме шанса. И јас сум била некогаш како вас, повлечена, отуѓена од другите, но потоа разбрав дека во животот е потребно дружење, не само со науката, туку и со луѓето. Тоа н` прави комплетни и подобри во двете полиња.“ Тој кимна со главата во знак на согласување, а во себе помисли дека таа многу добро ја познава


65

близината со луѓето, особено со Климент. „Да, во право сте,“ рече, а потоа ì се доближи уште малку повеќе и прошепоти, „би било добро истото да му го кажете и на професорот Веров.“ Таа се зачуди на ова и не знаеше што да мисли. „Тој е мојот идол, знаете, на институтот го сметаат за господ, секој студент би сонувал да биде на мојата позиција, но тој не дозволува никој да му се доближи, а поради тоа страда нашата соработка на научен план.“ Теа го слушаше внимателно и повторно разбра дека се работи за млад човек кој бара совет од некој постар и поискусен, иако разликата во години помеѓу нив не беше голема. „Не очајувајте,“ рече, „некои луѓе се такви. Следете го својот пат, учете, работете и сè ќе биде во ред.“ Таа ненадејно стана, иако го немаше ни почнато јадењето. „Извинете ме, морам да одам. Ми беше мило да поразговарам со вас, можеме тоа да го сториме и некој друг пат.“ Добре не сакаше да ì дозволи да се извлече толку лесно. Според нејзината реакција таа криеше нешто. „Одлично!“ рече, глумејќи младешка наивност, „како би било да одиме на прошетка вечер, околу осум? Се чекаме пред комплексот!“ Теа не знаеше што да одговори. Откако ì стана јасно дека таа е единствениот пријател што ова кутро суштество го има, не сакаше да го разочара како и сите други. „В-во ред,“ пропелтечи, се насмевна несигурно и замина. Добре се насмевна под мустаќ. „Мувата е фатена во мрежата,“ помисли.


66

*** Климент беше задлабочен во своето истражување и не забележа дека помина работното време. Во центарот немаше официјално работно време, но повеќето од истражувачите не заглавуваа подолго од шест часот навечер. Според директивите од претпоставените, вечерниот одмор беше нужен за продуктивен ден и сите беа неформално обврзани да го почитуваат. Го фасцинираше објектот, неговата форма која наликуваше по малку на американските стелт летала од минатиот век и не му беше јасно зошто вселенски брод би имал таква форма која е аеродинамична за летање во атмосфера. Повеќе наликуваше на борбен авион за атмосферски битки отколку на летало наменето за пловење низ вселенскиот безвоздушен простор. Леталото беше сосема црно и немаше никаква рефлексија од неговата површина што го правеше застрашувачко. Материјалот беше мазен, но при поблиска инспекција изгледаше како да е направен од ситни нерамнини. Бидејќи не постоеше начин да земат промерок од леталото, се обиделе и не успеале ни со најмоќните ласери, тој ги користеше конвенционалните оптички апарати за зголемувања за да ја види структурата која изгледаше како да е направена од ситни пирамиди.


67

Претпоставуваше дека формата беше во функција на избегнување радарска, а можеби и оптичка видливост. Ако електромагнетните бранови се распрснуваа и се губеа од неговата површина, тогаш тој беше невидлив за инструментите. Климент веруваше дека ова својство можеше да се амплифицира и да го направи леталото сосема невидливо, но за да дознае како мораше да влезе внатре. Го исчекуваше моментот кога „цветот“ ќе се отвори и ќе ја прикаже својата убавина, но за разлика од Теа не веруваше дека тоа ќе се случи спонтано. Веруваше дека некаде во овој центар се крие одговорот, тајниот код кој ќе го отклучи сефот со тајните на универзумот, но некако не веруваше дека се наоѓа во самото срце. „Можеби е скриен на најдоброто место за криење,“ помисли, „пред нашите очи.“ Реши да излезе надвор и да прошета. Излезе од Срцето, се упати надвор од главната сателитска купола кон она што градителите на овој некогашен споменик го нарекуваа Амфитеатар. Таму на површина од можеби стотина метри квадратни беа поставени камени клупи, а околу нив тродимензионални слики составени од коцки кои наликуваа на растурена Рубикова коцка. Отсекогаш му привлекуваа внимание овие коцки и ги гледаше не како уметничко дело, туку како своевидна загатка, како вистинска растурена Рубикова коцка која треба да се подреди во умот за да се добие вистинската слика. А што криеше таа? Тоа сè уште не го знаеше.


68

Климент седна на едно од столпчињата и ги набљудуваше коцките, една по една. Се обидуваше да ги пререди во умот, но тоа беше претешка задача, дури и за него. Извади тефтерче и молив од задниот џеб и почна да ги црта коцките, секоја посебно, со нивните карактеристики, нивоа и бројки. Обележуваше сè, секоја неправилност и повторливост, секоја нерамнина и наговестување на матрица.

*** Теа го чекаше асистентот пред главниот влез, како што се беа договориле, а тој ја набљудуваше од дваесеттина метри, скриен во самракот. Таа тупкаше нервозно, а тој задоволно се смешкаше. Сакаше да ја набљудува како се нервира, како се чувствува непријатно, како некој ì го одзема непотребно времето кога би можела да работи. Сакаше да почувствува како му е нему, откако таа му го одзема менторот. По половина час, откако и тој самиот се зачуди колку многу време ì требаше, таа се сврте и тргна да замине. Тогаш тој изрипа и се создаде пред неа, задишан. „Г-ѓице Теа, ве молам простете ми, не можев да дојдам, професорот ме задржа заради некои испитувања, му реков дека се брзам, го замолив да ви се јави, но не ме ни слушаше, ве молам простете


69

ми,“ рече со речиси плачлив глас. „Во ред,“ ги спушти таа веѓите откако го ислуша. „Каде сакаш да се прошетаме?“ го праша како да сакаше целата работа да се заврши што побрзо. „Никаде особено, мислев да прошетаме малку во шумичката, воздухот е свеж вечерва, а таму мириса преубаво.“ На Теа не ~ се допадна тој предлог, но се плашеше да го одбие овој нестабилен млад човек. Знаеше како е да бидеш разочаран и колку е лесно да се откажеш од соништата кога немаш поддршка. Реши да издржи, колку лоша може да биде една прошетка надвор, па и самата не излегува доволно и е постојано затворена во центарот. „Во ред,“ рече таа. Небото беше чисто таа августовска ноќ. Таа погледна кон соѕвездието Орион од каде што наводно потекнуваше сигналот и почна да размислува за родното место на нејзиниот вселенски човек, како што го нарекуваше. Неретко имаше романтични идеи за заспаниот убавец кој спие во црниот објект во утробата на Македониум и наеднаш се буди, ги отвора неговите небесно сини очи и веднаш се заљубува во неа. Каква космичка романса. Но, реалноста во која е на вечерна прошетка со несигурен млад човек, ја претна од мечтите. „Да одмориме малку,“ рече тој, откако веќе некое време шетаа без зборови, се оддалечија од центарот и навлегоа во шумата. Не дека се чувствуваше несигурно, знаеше дека целиот центар е заштитен со електрична ограда, а на секои педе-


70

сеттина метри имаше по еден гардист, но сеедно ì беше непријатно да биде тука со непознат маж. „Може да се вратиме назад, ми текна дека имам еден незавршен извештај за утре,“ рече таа. Тој веднаш ја прочита и малку шеретски рече: „Сепак да одмориме малку, па ќе се вратиме. Не плаши се, нема да те изеде големиот страшен волк.“ Таа не одговори ништо, се сврте назад и сфати дека не знае каде се и како да се врати. Беа на полјанка и опкружени со шума. Знаеше дека центарот не е далеку, веднаш зад првите дрва, но не можеше да го види. Нешто во неа ì даде сигнал дека треба да бега, некое лошо претчувство кое ì кажуваше дека човекот со неа е нестабилен и опасен. Но, се плашеше да направи нагла одлука, зашто помисли дека тој може да реагира непредвидено. Затоа, наместо да бега, седна на тревата, си ги свитка колениците и ги фати со рацете. Се чувствуваше како мало девојче, ì се чинеше дека ја има изгубено целата моќ и контрола која инаку ја имаше над луѓето во центарот. Тој го сакаше токму тоа. „Не седи на тревата, може да е мокро,“ рече, „дојди кај мене.“ Дури тогаш таа виде дека тој има постелено ќебе врз тревата и со левата рака тапкаше на празното место до него. Се помисли за миг, но повторно исплашена од непредвидена реакција се убедуваше дека на момчето му треба само малку поддршка и човечка топлина, ништо повеќе од тоа. Седна до него.


71

„Така,“ рече тој, „сега можеме да зборуваме на раат, без да ни пречат обврските или професорот. Тој навистина ти се допаѓа, нели?“ Ова прашање беше ненадејно и неочекувано. Таа се стаписа и почна да се брани иако немаше причина. „Не, навистина, помеѓу нас нема ништо освен работен и професионален однос.“ Не можеше да разбере како се најде во оваа положба, сакајќи да помогне на некој кој ја потсетуваше на неа како помлада, несигурен и неразбран, отфрлен и разочаран. Но, сега ì се чинеше дека сето тоа било маска и дека неговите намери допрва ќе се откријат. „Не мораш да ме лажеш,“ рече тој, „знам како ви работи вашето женско мозоче. Знам дека ве привлекуваат силни мажи, а тој е силен, јас навистина знам колку е силен, неговиот продорен поглед, кренатите веѓи кога е сигурен во нешто, малата брчка покрај усните кога е задоволен од резултатите или малку настрана исплазениот гризнат пурпурен јазик кога сконцентрирано работи. Јас знам многу повеќе за него отколку ти или која било друга жена. Знам какви кошули сака и дека не го поднесува мирисот на омекнувач ниту други хемикалии зашто се грижи за околината. Тој е внимателен и грижлив кон целиот жив свет, но тие понекогаш не го разбираат зашто грешно ги искажува чувствата. Знам, сум го почувствувал тоа.“ Додека тој зборуваше таа го гледаше со ококорени очи. Знаеше дека тој веќе не ì зборува нејзе, туку на себеси, дека всушност се исповеда пред неа како


72

пред некоја статуа или икона во црква. Таа не беше значајна во неговата игра, таа беше само предмет. За момент помисли дека сега би бил добар момент да избега и се помрдна, но тоа го претна од неговиот транс. Ја погледна со очи во кои таа виде бес и злоба, очи на човек подготвен да го уништи она што му стои на патот на неговите соништа и желби. „Мислиш дека не знам што правите таму долу, далеку од погледот на сите?“ На Теа ì беше доста, наеднаш како духот и силата да ì се вратија во телото. Реши да не му дозволи на овој недораснат пилиштарец да ја контролира и испрашува. Се сврте и го погледна строго во закрвавените очи. „Јас сега ќе станам и ќе заминам, а ти ќе останеш тука. Вечерва размисли добро за тоа што ми го кажа, а утре кога ќе станеш сакам да те нема од Центарот и од моја близина, јасно!?“ Последниот збор го кажа речиси со врескање. Тој ја погледа запрепастено. Погледот му се замрачи и му се чинеше дека никого не мразел толку во животот, ниту неговиот татко. „Не, нема јас да заминам, ти ќе заминеш, дали тебе ти е јасно!?“ викна тој и како во транс скокна врз неа. Таа ги фати неговите раце, но беше посилен отколку што очекуваше. Се тркалаа и се бореа по падината осветлени од месечината, но далеку од погледот на гардистите. Неговите раце за момент попуштија и таа го искористи моментот да вресне со цела сила пред тој да ја фати за косата, да ја повлече наназад и борењето повторно да почне.


73

Неговите раце ја стегаа за вратот сè посилно и посилно и пред да го изгуби здивот наеднаш омекнаа и тој се струполи врз неа. Таа панично го истурка неговото омлитавено тело од неа и го здогледа Климент како стои со дебела гранка во рацете, задишан и збунет. „Дали си добро?“ ја праша. Таа не одговори, само се фрли во неговите прегратки и заплака. Се тресеше, сè уште не можејќи да поверува што ì се случи. Климент посака да ја праша што се случи, но сфати дека таа не е во состојба да зборува. Набрзо се појави еден гардист кој го постави истото прашање на кое таа одговори подоцна кога ги прибраа сите во Центарот. Климент не можеше да поверува што слуша. Добре отсекогаш бил прибран во неговата близина, никогаш не би поверувал дека може да биде насилен. Сега го набљудуваше како седи со врзани раце и гледа во подот без да каже ниту еден збор, како да беше отсутен со духот, присутен само со телото во кое едвај имаше сила да седи и се чинеше дека ќе се струполи во секој момент. Органите на безбедноста ги пуштија двајцата откако слушнаа сè што им треба, ги упатија во амбулантата, а асистентот го задржаа. Климент го погледна уште еднаш пред да ја напушти просторијата, но овој не го крена погледот. С` уште ја држеше Теа од страните зашто му се чинеше слаба за да се движи сама и ја отпрати до амбулантата каде што ì ги санираа исечениците кои ги доби додека се тркалаше по ливадата и од


74

ноктите на насилникот. Ì ја држеше раката и понатаму додека ја третираа и ја тешеше дека сè ќе биде во ред. Излегоа од таму и ја испрати до одаите. „Дали сакаш да останам со тебе вечерва?“ ја праша, но таа одмавна со главата и замина внатре без да се сврти. Тој остана надвор и полека замина кон своите простории, размислувајќи за тоа што се случи и за нејзината тишина. Таа вечер не можеше да заспие поради помислата дека нивното пријателство ќе заврши поради тоа што таа ќе го обвинува за тоа што го направи неговиот асистент. Очигледно вината за однесувањето на асистентот беше негова, да му посветел повеќе внимание немаше да се случи тоа. Реши да се обиде да ~ се тргне од патот на некое време и да не оди повеќе во Срцето. И така неговото истражување сега беше фокусирано на надворешноста на комплексот. Единственото решение на ситуацијата беше да го направи тоа што најдобро го знаеше секогаш кога беше соочен со некој нерешлив проблем поврзан со луѓето, да се посвети на работата.

*** Вечерта кога се случи нападот, тој седеше во амфитеатарот и ги набљудуваше Рубиковите коцки, а потоа кога го слушна викањето и тргна кон


75

звуците во шумата, со крајот на окото ги забележа дупките кои беа во заоблените ѕидови зад коцките. Отпрвин не помисли ништо за нив, тоа се само дупки во кои градителите ги ставале шипките од скелињата или конструкцијата која го држела целиот комплекс додека го граделе. Но, сега кога се врати на местото, избегнувајќи да престојува внатре во центарот поради можноста да ја сретне неа, реши да ги испита поблиску мистериозните дупки. Навистина, зошто градителите би ги оставиле овие дупки кои се видливи за посетителите од страните на објектот, зарем не би било поедноставно само да ги затворат. И навистина, некои од нив беа затворени. Реши да ги изброи и по некое време дојде до вкупна бројка од 243 дупки, распоредени во шест редици од по четириесеттина дупки. Го разочара тоа што на места немаше геометрија како што му се чинеше на почетокот. Некои од дупките беа покриени, некои сосема недостасуваа, други беа сосема изместени. Од другата страна дојде до истиот заклучок. Му се чинеше дека неговиот обид да му пријде на проблемот, буквално, од друга страна не вроди со никаков плод, но сепак не се откажа. Го зеде тефтерот во кој ги запишуваше проблемите на кои работеше и внимателно и колку што е можно попрецизно ги прецрта дупките и нивната поставеност. Тоа му одзеде многу време, но му помогна да ги здогледа можните совпаѓања и матрици. Потоа ги внесе податоците во компјтутерот и реши да се обиде да најде слична поврзаност од ал-


76

гебарски аспект преку броевите на Фибоначи. Но, и самиот се согласи дека би било премногу лесно, иако таа идеја беше популарна во круговите на истражувачи на животот надвор од Земјата, според која универзалниот јазик на математиката би бил добар за интергалактичко разбирање. Се разбира сето тоа го засновуваше на претпоставката дека посетителите го изградиле комплексот „Македониум“, иако тој беше изграден многу подоцна од наводната посета на објектот. Но, во науката некогаш е потребно да се потпреш не само на фактите, туку и на интуицијата, размислуваше Климент. Всушност целото негово истражување повеќе наликуваше на научна фантастика, отколку на научен метод и реши така да му пристапи. Ниту една можност не му се чинеше неверојатна. Откако аритметиката не помогна, се обиде со геометријата, ги исцрта точките во компјутер и се обиде да најде поврзаност помеѓу нив и познатите констелации. „На програмата ќе ì треба цела ноќ да ги изврши потребните пресметки,“ помисли и реши да направи пауза. Но, додека ги разгледуваше книгите во неговата полица, тие кои уште од детството му беа помеѓу омилените и ги носеше со себе секогаш кога имаше можност. Тие книги го заинтересираа за науката и не беа сите нужно од научници кои измислуваа теории, туку од тие кои имаа способност да ја сфатат науката на поинаков и интересен


77

начин. Магичната книга за Алберт Ајнштајн, неговото дело и неговото влијание на нашиот свет од Леополд Инфелд, „Куса историја на времето“ од Стивен Хокинг, „Космос“ од Карл Саган, „Астрофизика за луѓе кои немаат време“ од Нил Деграс Тајсон и други, сфати дека можеби навистина и не го гледа проблемот од обратна страна како што мислеше. Посака веднаш да го сопре компјутерот кој правеше комплексни пресметки, но истиот одбиваше да реагира, како и самиот да беше задлабочен во работата и отцепен од надворешниот свет. Колку и да се обидуваше компјутерот откажуваше послушност. Климент помисли да се обиде да ги направи новите пресметки на друго место, но единственото место каде што би можел да го стори тоа е во Срцето. Но, што ако таа е таму? Сепак, јанѕата по сознанието беше појака од сè друго и се реши да замине таму. Објектот спиеше во својот вековен сон, а мониторите наоколу светеа заштитувајќи ја просторијата од темнината во која објектот сакаше да ја завитка. Седна на едниот од компјутерите и повторно ја внесе скицата со точките, нивната прецизна оддалеченост и распоредот. Но, сега наместо да ги набљудува констелациите гледани од нашата планета, реши да ги внесе констелациите гледани од наводниот извор на зракот, иако сега знаеше дека зракот бил упатен од тука. Немаше што да из-


78

губи ако се обиде. И покрај јачината на компјутерите во Срцето, симулацијата му одзеде повеќе време отколку што предвидуваше. Додека чекаше, размислуваше за тоа што се случи, за неверојатната постапка на асистентот и како тоа ќе се одрази на неговата соработка со Теа. Добре секогаш му се чинел со мирен и нежен дух, момче посветено на интелектуалните предизвици, одговорен и интелигентен... помисли дека понекогаш требало да му го каже тоа. Можеби тогаш немаше толку да се бори за вниманието на својот ментор кое наводно му го одзема Теа. С` му се чинеше апсурдно. Немаше намера да се зближи со никого до крајот на животот, тоа беше нужна жртва ако сакаше да направи нешто големо, а тој беше опседнат со таа мисла уште од најраното детство. Додека размислуваше на тоа задрема. Кога ги отвори очите таа беше тука и ги набљудуваше мониторите. Тој промрда и таа се сврте кон него. За миг се погледнаа како во небрано, но потоа таа прозборе. „Гледам си продолжил со работа,“ му рече со доза обвинување во гласот, или барем нему му се причини така. „Да,“ одговори тој, „го испитувам местото каде што сигналот би отишол да не се вратеше назад.“ „Извонредно, истата идеја ја имав и јас. Се запрашав што ако сигналот навистина требал да замине кон таму каде што беше наменет, што ако


79

рефлексијата била случајна и производ на некоја атмосферска појава? Што ако имаат поставено нешто во атмосферата, некоја технологија непозната на нас која може да ги кодира сигналите така да нè залажат?“ Климент немаше помислено на тоа, неговите мотиви беа сосема поинакви, но зошто да не, и таа идеја одлично би се вклопила во неговата хипотеза. Се двоумеше дали да ~ каже, но во оваа фаза немаше што да каже, не можеше на колега научник да му зборува за некое нејасно претчувство или интуиција, иако за волја на вистината и нејзината претпоставка не беше научна. Наместо тоа, само кимна со главата. „Во ред,“ рече таа, „ќе те оставам да работиш, извести ме кога ќе завршиш, сакам и јас да направам некои пресметки.“ Потоа се сврте и замина. Очигледно сè уште не ì беше пријатно во негово присуство. Климент се надеваше дека тоа е само привремено. Некое време размислуваше за тоа, а потоа се врати на работата. Пресметките воопшто не беа лесни и одземаа многу време. Требаше да ја полни базата со податоци пред да може воопшто да ја направи симулацијата. После неколку часа работа конечно можеше да го остави компјутерот да ги вчитува и анализира податоците, а тој се потпре на рацете и гледаше како се полни лентата која го прикажуваше напредокот во проценти. Наскоро задрема и фантазми ја исполнија неговата свест.


80

Се наоѓаше на некое непознато место, вегетацијата изгледаше сосема поинаку и му се чинеше дека нозете и целото тело му тежат неприродно многу. Го крена погледот нагоре и виде две месечини, а потоа ги погледна соѕвездијата. Очигледно не се работеше за небото над нашата планета и се наоѓаше во некој туѓ свет. Зачекори низ шумата со чудни дрвја со плодови кои како да имаа ултравиолетов сјај, а потоа здогледа нешто што наликуваше на куќа. Од оџакот гореше оган. Чукна на вратата и таа се отвори. Внатре беа неколку луѓе облечени во нешто што наликуваше на облека, но како да беше направена од некој непознат материјал, темен, а воедно светол. „Повели странецу, влези,“ рече мажот. „Да не си изгубен?“ „Да, сто и дваесет и осум дена талкам...“ „Не бараш на вистинското место, треба прво да го решиш рубикот,“ рече човекот, а Климент се зачуди како тоа тие може да знаат за Рубик? Човекот се насмевна прво тивко, а потоа гласно, додека неговата смеа не стана неподнослива. Климент си ги затна ушите, но тоа го направи звукот само посилен. Се разбуди во пот и за малку ќе паднеше од столчето на кое беше задремал. Рацете му беа вкочанети од недостаток на крв, а лицето го чувствуваше како смачкано. Не знаеше колку долго бил во таа


81

положба, но трепкањето на курсорот врз екранот значеше само едно - пресметката е готова. Почна да ги разгледува податоците и да го бара тоа што очекуваше дека ќе го види. Кога ја здогледа Андромеда, како мала точка на екранот, означена и мапирана од програмата, знаеше дека погодил џекпот. До неа беше и галаксијата Млечниот пат, гледана од маглината Орион, местото каде што беше насочен сигналот. Преклопените слики на галаксиите со скицата на точките од заднината на рубикот совршено се преклопуваа, а означеното место значеше само едно. Ги испечати резултатите и со мапата тргна кон споменикот. Беше веќе стемнето, но точките се гледаа и тој почна да ја бара соодветната. На негово изненадување, точката беше една од оние кои беа запечатени. Сега беше доцна да се откаже. Отрча во своите простории и таму ископа еден шрафцигер. Се врати со трчање и почна да ја копа дупката. Копаше и копаше и копаше, но ништо. Не знаеше ни самиот што бара, но се надеваше на нешто, на некое упатство за тоа како да ја реши мистеријата. Копаше додека не удри во нешто тврдо, веројатно цигла и не можеше веќе да копа. Исфрустриран од целата ситуација почна да удира и да удира, но ништо. Поразено го собра алатот и со спуштена глава замина назад. Се струполи врз креветот без да се исчисти од прашината и заспа со длабок сон, но овој пат не сонуваше ништо.


82

*** Утредента се разбуди со чудно чувство дека заборавил нешто. Појадуваше во мензата и таа беше таму, но не се ни погледнаа. Взаемно решија дека е подобро да си дадат време. Му текна дека вчера не ~ кажа кога заврши со анализите. Ете што заборавил. Имаше чувство на вина, но нешто му кажуваше дека тоа не е тоа. Излезе надвор, планираше да покопка уште малку зад споменикот, но кога виде дека надвор има луѓе се откажа од таа идеја. Наместо тоа, седна на едно од камените столчиња во амфитеатарот и празно набљудуваше во рубиковите коцки. Се сврте и со страната на окото фати некаков отсјај од едната од коцките. Отпрвин мислеше дека нешто му се причинило, но повторно го виде. Стана и се доближи кон коцката. Во средината, само под одреден агол, се гледаше нешто. Ја допре коцката и сфати дека е рапава. Како е возможно да не го забележал тоа порано? Нешто во нејзината површина на допир го асоцираше на објектот од срцето и потоа му текна. Мораше да се упати кон Срцето. Влезе и го крена апаратот за структурална анализа на површински материјали. Го зеде инструментот и се упати надвор. Го насочи кон коцката за која се сомневаше дека има слична структура со објектот и навис-


83

тина го потврди својот сомнеж. Се насмевна, но потоа кога продолжи да ја набљудува коцката, се скамени. Пред неговите очи се покажа нешто познато и недвосмислено, симбол кој се наоѓаше во античките и средновековните астрономски списи, а се користеше и денес, истиот симбол кој леталото Пионир упатено надвор од Сончевиот систем пред стотина години го носеше изгравирано на својата плоча заедно со други информации - симболот на планетата Земја. И тогаш се сети на она што го заборавил, а се мислеше уште од утрото, реченицата која ја изговори вонземскиот мудрец од сонот - „треба да го решиш рубикот“. Му беше јасно што треба да прави, но не знаеше од каде да почне. Повторно ја погледна коцката пред него и заклучи дека тоа е добар почеток.

*** После „темната ера“, како што ја нарекуваа граѓаните на Препородена Македонија претходната ера на Нова Македонија, информациите станаа слободни, државата се приклучи на светската мрежа за размена на информации и успеа да го фати чекорот. Астрономијата се славеше како најстара наука, а се сметаше дека на просториве има долга историја, уште од неолитот и древната опсервато-


84

рија Кокино, заради што се полагаа големи средства во истражувањето на вселената. Економијата падна на трето место по екологијата. Државата почиваше на принципите: дух, здравје, материја, по тој редослед. Затоа знаењата на Климент беа ограничени и специјализирани. Тој се приклучи на платформата за размена на информации во форма на видео и побара идеи за решавање на т.н. Рубиков проблем, но за жал, ниту едно не му помогна. Неговиот проблем беше тоа што коцката беше растурена, составена од посебни делчиња кои не се вклопуваа секогаш. Сега остана сам во решавањето на проблематиката, Теа се повлече заради немилите настани. Таа се посвети на нејзините истражувања и сосема му го препушти проблемот на мистериозниот сигнал на Климент. Марко ја искористи таа прилика повторно да влезе во нејзиниот живот, а во неговата блескавозабна самољубивост ја зграпчи и шансата да му стане асистент на Климент. Добре не го отстранија од комплексот, испадна дека копиљот имал дебели врски во научните кругови и никако не можеа да го избркаат. Тој се согласи да му прават евалуација одредено време, а сите контакти со Теа му беа забранети. Веднаш по излегувањето од притворот во една од помошните простории на центарот се упати кон Срцето. Работите не можеа да испаднат подобро, сега ќе биде блиску до Климент и до нивното истражување, а


85

воедно ја спречи неа да биде во негова близина. Две муви со еден удар, изгледа дека планот сепак му успеа. Или не? Кога влезе во Срцето и го виде белозабиот како му помага на Климент, речиси ќе се онесвестеше од бес. Тој го погледна и се оклешти од уво до уво. „Опа, кој ни се вратил,“ рече Марко со полната белина на устата, а Добре не изреагира. „Се надевам дека си подобро.“ Го потапка по рамото и Добре малку омекна. „Само потсети ме да не те запознавам со девојка ми,“ веднаш го пецна штом тој го спушти гардот, „барем додека не ја научам на самоодбрана.“ Добре вриеше и тоа јасно се гледаше во неговите очи, а Климент веднаш прискокна. „Момци, момци,“ се обиде да ги смири, „тука сме да работиме, а момчешките закачки оставете ги за надвор, јасно?“ Марко кимна со главата и се оддалечи од Добре кој ги опушти тупаниците. Климент го фати под рака и го однесе во едниот ќош од просторијата. „Слушај,“ му шепна, „извини за она надвор, морав да те оттргам од неа. Тоа беше за твое добро, ме разбираш. Но, сега сме тука и мораме да работиме, инаку нашите сознанија во истражувањево брзо ќе се прошират и ќе ни ги земат заслугите. Гледаш дека веќе почнаа.“ Последната реченица ја изговори потивко за да не го слушне Марко и суптилно покажа кон него, а Добре совршено го разбра и се согласи со секој


86


87

збор. Заниша потврдно со главата и му подаде рака на Климент, во знак на помирување. Климент се насмеа. Вистината беше дека по немилиот настан веќе не му веруваше на Добре. Имаше нешто налудничаво во него и тоа го плашеше. Но, се надеваше дека ако го ангажира да работи и да се занимава со истражувањето, таа негативна енергија ќе се трансформира во креативна и ќе има значаен удел во откритието, како што имаше на почетокот додека беше ангажиран правилно. „До кај сте?“ веднаш рече со поинаков глас и полетно зачекори, како да е друга личност. Им пристапи на инструментите и почна љубопитно да гледа во податоците. „До никаде,“ рече Климент, „Марко го запознав со с` што сме постигнале до сега, но не помрднавме многу откако тебе те нема. Рубиковите коцки уште ни создаваат мака. Како да не постои никаква шема во нив, ни посебно, ни заедно, вистинска загатка се.“ „Сигурни ли сме дека во нив е клучот?“ праша Марко скептично, а Добре го погледна со потсмев, како да е слаб ученик кој сака да се прави паметен, па на професорот му поставува прашање кое нему му се чини логично, а всушност е глупаво. „Да,“ одговори Климент, „прилично сме сигурни дека следното решение е во нив, но не знаеме што да правиме со нив.“ „Можеби би можел да го искористам истиот ал-


88

горитам кој го користев на сигналите и за проблемот на рубиковите коцки?“ праша Добре. „Се разбира,“ одговори Климент, „не гледам што би имало лошо во тоа. Мораме да се обидеме со с`, што и да ви текне е добра идеја, зашто сме соочени со нешто сосема непознато. Не знаеме ни зошто објектов е тука, а очигледно е изграден многу порано отколку што мислевме, претпоставувам дека неговата првична намена не била музеј, можеби имал некоја историска улога во Илинденското востание, присетете се дека капсулата е датирана тогаш.“ „Би можеле да го датираме и комплексот,“ се уфрли Марко. „Би можеле,“ одговори Климент, „но во оваа фаза не ни е битна неговата точна старост. Да речеме дека сум потполно сигурен дека е од времето на капсулата.“ „Но, зошто нема историски записи за комплексот пред 1970-тите кога е наводно изграден?“ праша Добре. „Не знам,“ ги крена рамениците Климент, „тоа е мистерија. Но, сега имаме побитна мистерија за решавање, па да се фатиме за работа.“ Во следните недели работеа на решавањето на т.н. Рубикова коцка, алгоритамот на Добре не функционираше за нив, но тој работеше на нов алгоритам и го напојуваше компјутерот со актуелните положби на коцките. Марко се моткаше околу


89

нив со неговите глупави прашања и белите заби, а Добре секој ден с` помалку го поднесуваше. Таман се ослободи од неа, а сега мораше да трпи далеку поиритантно суштество. Всушност, госпоѓица Теа не му пречеше како човек, освен нејзиниот однос со Климент и тоа што му го одземаше вниманието од истражувањето. Теа во меѓувреме потполно се посвети на новите истражувања, не се гледаше со Климент, а Добре го одбегнуваше во секоја ретка прилика кога патиштата им се вкрстуваа. Неколку пати реагираше кај надлежните, но сите ги креваа рамениците и велеа дека ништо не можат да сторат. Новиот алгоритам на Добре беше готов и тој реши да го тестира. Компјутерот исплука неколку шеми кои отпрвин немаа никаква смисла. Му ги покажа на Климент, кој ги гледаше зачудено. „Не разбирам ништо од ова,“ рече. „Ни јас,“ призна и Добре, „ќе работам на нов пристап.“ И Марко беше тука со неговата коцкеста вилица, а Добре не можејќи да ја поднесе неговата близина, веднаш ги тргна скиците. „Интересно,“ рече Марко, „ми личат на оригами.“ „Каква глупост,“ помисли Добре, но Климент ја стави раката врз скиците пред да ги тргне Добре и почна да ги проучува. „Навистина,“ рече, „Марко е во право. Ајде да се


90

обидеме. Земете сите по една скица и обидете се да ги склопите.“ Добре неволно зеде едно парче хартија. Се чувствуваше како да е првоодделенец и не гледаше поента во оваа вежба. Единствено го тешеше тоа што ако успеат, неговиот алгоритам за анализа и споредба на старите и новите форми на рубикот кој беше дизајниран да ги изнајде шемите и сличностите помеѓу двете форми ќе се покаже како точен. Поминаа неколку часа и оригамите со чудни и неправилни форми беа готови. Формите сами по себе не беа тешки за склопување, сè имаше логика и природен редослед. Наскоро имаа осум неправилни тродимензионални фигури и Марко, паметен на мајка, помисли Добре, предложи да ги спојат во еден објект. И навистина, делчињата се вклопија, колку и да изгледаше невозможно, во една коцка. „И сега што?“ праша Добре, но никој немаше одговор. Навистина не знаеја што да прават со тој објект. Беа изморени и Климент им кажа дека ќе се повлече во своите одаи да размислува малку сам. „Изгледа дека твоите алгоритми сепак не помогнаа,“ рече Марко зајадливо веднаш штом останаа сами. Сите беа изморени и исфрустрирани, изгледа дека им беше здодеано да си играат со детските загатки и сакаа да започнат со вистинско научно истражување, но тој миг никако не настапуваше. Добре рипна. „Еј, како зборуваш така, па да не беа моите алгоритми ќе ја немавме коцката!“


91

„Коцката? Што понауката да правиме со неа!? А, знаеш ли?“ потскокна и Марко и му се внесе во лицето на Добре, по што овој отстапи малку. „Како што и мислев,“ се насмеа злобно Марко, „сега кога твојот пулен не е тука, молчиш.“ „Сушај ваму,“ рече малку растреперено Добре, „јас не сум некој од улица да се однесуваш така со мене, ќе го разбереш тоа или...“ „Или што,“ му се доближи повторно Марко, а Добре ја стисна тупаницата, очите повторно му се вцрвија како тогаш и замавна, но Марко подготвено му ја фати раката и му ја свитка зад грбот. „Јас не сум Теа,“ му шепотеше во уво додека с` повеќе му ја виткаше раката, „ниту некоја друга твоја шмизла, и ова е последен пат да кренеш рака на мене, инаку ќе ти ја скршам.“ Потоа му ја пушти раката, си ги зеде работите и излезе. Добре остана сам и си ја триеше раката која му трпнеше. Гледаше во сопствените раце кои беа толку слаби што речиси наликуваа на женски раце, се презираше заради тоа, заради неговата нежност и немањето сила да се одбрани. Очите му се насолзија и почна да липа, како дете, како мало дете кое било начекано и истепано од силеџии во училишниот двор.


92

*** Мрсниот бурекојадачки дебелопрстец го гледаше Добре под око додека ги џвакаше тегавите кори на бурекот со месо. Некои лоши и нездрави навики останаа во народот. Но, велат дека на еден народ можеш да му ја земеш историјата, јазикот, религијата, културата, но националната храна е последното нешто од што се откажува. Тоа го имаше некаде прочитано или слушнато, не беше сигурен каде, но не се сомневаше дека е така. Но, сега Добре го мачеше друг проблем. Како се најде во оваа ситуација да бара помош од подземјето, не можеше ни самиот да сфати. Сепак, ситуацијата на работа ескалираше и некој мораше да ја реши. Неговиот ментор беше психички и физички силен човек, не се грижеше за него, но не можеше да дозволи некој да му се заканува и да остане неказнет. Климент му беше единствената шанса да постигне нешто во животот, без него би бил изгубен и заборавен, оставен да бледее на фуснотите на историјата на науката, всушност би бил среќен да се најде воопшто и во фуснотите - и тука не можеа да му помогнат неговите врски, можеа да му овозможат положба, но тој самиот мораше да се докаже со научен труд. „Што сакаш?“ промрморе дебелопрстецот, доде-


93

ка светлината од мрснотијата на бурекот заедно со трошките од корите и парченцата мелено месо му играа по дебелите образи. Добре се обидуваше да се воздржи, но навистина му се слоши од глетката. „Уф, јас...“ се обиде да се соземе Добре, „сакав, всушност ме пратија...“ „Кој те прати?“ праша полузаинтересирано човекот и во ниеден миг не сопре со џвакањето. Отпи од чашката јогурт која стоеше на масата на неговиот дуќан со сувенири. Стандардните магнети за фрижидери со сликите од сателитскиот центар, пораките „Гледаме кон вселената“, „Од првата република до вселенска нација“, „Крушево, голема историја, голема иднина!“ и слично, блештеа пред него со целиот нивни кичерајски сјај наменет за туристите. Маркетинг-умовите на малопродажбата напорно работеа на измолзувањето на бурната историја на Крушево и неговата модерна поставеност како сателитско-истражувачки центар во државата. „Не е важно кој, ми кажаа дека...“ промрморе Добре додека се обидуваше да не го гледа човекот како прежива. Џвакањето престана, човекот малку ја подотвори устата и подзастана, бурекот лебдеше како некој мрсен вселенски брод и чекаше дозвола за влез во базата. Единственото што се движеше беше една корка која му се клатеше на крајот од устата и упорно одбиваше да падне. На Добре сцената му се виде неиздржлива, сакаше да се сврти и да избега оттаму, по ѓаволите со чуварот и со негови-


94

те сомнителни врски, можеби само го местеше, го исмеваше, се подбиваше со него како и сите други необразовани вршители на должности. „Како не е важно? Па тоа е клучното, момче,“ рече со наместена насмевка бурекојадачот и продолжи со неговиот ритуал на консумирање сомелено теле. Добре молчеше. Сакаше да замине, но немаше храброст. Ја презираше таа имитација на човечко суштество пред него, но се плашеше да му пререче, да му се спротистави. „Всушност, чуварот од сателитскиот центар, Тони ме прати,“ ја спушти главата и призна Добре. „А, Тонче,“ извика ненадејно човекот, „што не кажеш, бре момче!“ На Добре му олесна, но длабоко во себеси се презираше затоа што попушти. Сакаше што помалку да се знае за него, за да не го поврзат со случајот. „Кажи што ти треба?“ рече малку повесело човекот. Добре размислуваше како да се изјасни, секоја формулација му се чинеше несоодветна. „Е па, Тони ми кажа дека знаете некои луѓе кои..“ подзастана малку, „луѓе кои знаат да завршат некои работи...“ Човекот го гледаше сомнително и Добре се обиде да дообјасни. „Знаете, луѓе, способни луѓе кои можат да убедат некого во нешто...“ „Чекај дете,“ ликот на дебелопрстиот повторно се смени, „ништо не си ми јасен, жими сé!“ Добре повторно ја почуствува потребата да избега, но собра храброст, „за научната иднина се работи“, како што велеа магнетите залепени во


95

„канцеларијата“ на мрсниот човек. „Сакам да кажам, имам проблем, а ми кажаа дека вие сте решението.“ „Ха-ха,“ се насмеа гласно човекот, „е вакво нешто досега не сум слушнал!“ Добре веќе губеше трпение. Сакаше да му го удри бурекот од дебелите прсти, но во истиот миг сфати дека самата негова неспособност да стори такво нешто го доведе во оваа ситуација, да стои тука и да гледа во валканите плочки додека некој, кој наводно треба да му помогне, му се потсмева. „Слушајте,“ рече вознемирено Добре, „сакате да заработите или не?“ Дури ни во лутината не можеше да биде невоспитан, секогаш персираше на непознати луѓе. Човекот застана, смеата на неговото лице беше заменета со сериозност. „Слушам,“ рече, го стави бурекот на масата, го завитка во хартиената кеса и ги вкрсти прстите кои сега изгледаа како испреплетени ќебапи. Добре се охрабри. „Мојот проблем е еден неразумен човек,“ рече решително, „и ми треба некој малку да го вразуми.“ „Се разбира,“ рече човекот, „сите имаме проблеми и во право си, јас имам решение за некои од нив. Прашањето е, колку сакаш да се вразуми? Малку или многу?“ „Како мислите?“ не му беше јасно на Добре. „Е па, дали да се потсмири или сосема да се смири,“ рече човекот со посебен акцент на зборот „сосема“. Добре се стаписа, не беше сигурен дали


96

добро разбрал, но претчувствуваше што значи тој збор и затоа побрза да се исправи. „Не, не,“ мавташе со рацете во неодобрување, „никако сосема, само малку... всушност малку повеќе од малку.“ „Во ред,“ рече човекот како да разбрал, иако ниту самиот Добре не знаеше што мисли точно. „Дали треба да му оставиме некоја порака, сепак треба да знае на што се однесува неговото смирување.“ Добре се подзамисли, немаше размислувано за тоа. „Па, не знам... можеби вака - остави го научникот да си ја работи својата работа.“ Човекот извади еден тефтер и пенкало и почна да запишува. „Всушност - не,“ се предомисли Добре. Човекот ја поткрена главата и го погледна незадоволно. Го пречкрта запишаното и гледаше без да трепне во Добре. „Овде има место само за еден асистент,“ рече. „Во ред,“ се насмевна човекот, „се гледа дека си фан на филмови. И јас сум, особено Џеврије ја сакам, прирасната ми е за срцето. Имам копии тука некаде од црниот пазар ако си заинтересиран?“ Добре одмавна со раката. Се разбира дека не беше заитересиран за шунд серии и филмови кои беа забранети, а сомнителните типови како овој насекаде ги продаваа под тезга. „Но, да не те задржувам,“ продолжи човекот откако виде дека Добре не покажа интерес, „што и да ти е маката, со помин нека е. Ми требаат само


97

уште два детали, името на човекот и малата работа наречена исплата.“ Добре му ги даде податоците и бараните пари. Не му падна на ум да се ценка, ниту тоа дека можеби не требаше да му ги даде сите пари. „Половина сега, половина по завршената работа,“ така велеа по филмовите. Замина од џиџимиџарницата од темната страна на Крушево за која не знаел дека постои до денешниот ден и беше задоволен од стореното. Особено од пораката.

*** Рубикот не им донесе никаков напредок, очигледно коцката значеше нешто, но не знаеја што. Решија да се вратат на сигналот, во чие декодирање имаа значаен напредок. Климент беше возбуден од откритијата кои ги направија на тоа поле, после очигледно исцрпувачката работа на Рубикот која не им донесе ништо. Добре го замоли ако е возможно да работат тие двајца на сигналот, а со Марко да работат на коцката и тој се согласи. И не само тоа, се договорија засега истражувањето на сигналот да биде нивна „мала“ тајна. Добре беше пресреќен заради новиот развој на настаните. Дење Климент работеше со Марко, а ноќе со


98

Добре. Асистентот не знаеше каде Климент ја наоѓа енергијата и се обидуваше и тој да остане буден дење, но не му успеваше секогаш. Независно од тоа, работата одеше одлично. Работеа на декодирањето на сигналот и открија дека во него се кријат илјадници шеми. Отпрвин не им беше јасно, но по исцрпни анализи открија дека шемите се всушност на комплексот Македониум. Не разбираа зошто сигналот би бил пратен од тука и би ги содржел шемите на истиот објект од кој бил испратен. Една вечер Добре дојде до ново сознание и не можеше да дочека да му го соопшти на Климент. Се почувствува повторно како таа вечер кога го направи големото откритие. Чукна на неговата врата и тој отвори. За Климент тоа беше уште една работна ноќ, не изгледаше добро, беше изморен и блед, не јадеше многу и сé на што мислеше беше нивниот проблем. Добре, напротив изгледаше многу свежо и расположено. „Што си па окезен ти?“ го праша зајадливо Климент, и возбудата кај Добре спласна малку. Сепак, откритието беше премногу големо за да дозволи нерасположението на Климент да влијае на него. „Сега ќе дознаеш.“ Во неделите и месеците кои ги поминаа заедно се зближија, поминуваа многу време заедно. Добре дозна многу работи за Климент, како вечерта кога му кажа за татко му, поточно за недостаток од истиот. Оттогаш го чувствуваше како најдобар пријател, дури и повеќе од


99

тоа. Не можеше ни самиот да дефинира што значеше тоа „повеќе“, не сакаше да го употреби зборот „брат“ зашто тоа би подразбирало родбинска врска, кон него чувствуваше љубов, секако платонска, во смисла дека сакаше да го заштити и да не му се случи нешто лошо. Имаше чувство дека повторно е прво одделение и учи за основите на науката, за научниот метод, нешто што го совладуваа уште пред азбуката. Нивните училишта, како и општеството, беа насочени кон скептичниот начин на размислување, ништо не се прифаќаше без да се испита и да се докаже. Но, човекот е длабоко ирационално суштество, тој го разбираше тоа, како кога првпат имаше симпатија, Марија, во прво одделение. Учеа за основните разлики помеѓу киселините и базите и како се менува бојата на лакмусовата хартија, работеа во парови, а таа имаше плетенки и насмевка од која тој поцрвенуваше како струмичка пиперка. Фала науката, по децениите запоставување на периферијата, уништување на земјоделството, рудници кои беа погубни за почвата, научната држава изготви план за спас на земјата, засадија дрвја кои го пречистуваа воздухот и почвата, специјални видови одгледани токму за таа намена, со вертикални и широки листови и поволни својства на гранките и стеблата. Повторно почнаа да одгледуваат храна, дури и во урбаните центри, секоја зграда имаше своја мала градина за која се грижеа сите станари, секој садеше и береше што сакаше.


100

Уште нешто што децата го правеа од најмала возраст беше грижата за околината и за природата. Секој ден ги чистеа училниците, секој беше задолжен за својата клупа, а заедно со наставниците и за целото училиште, два пати неделно го чистеа дворот, а еднаш неделно ја обработуваа земјата и садеа култури. Секое училиште, како и зградите, имаа свои градини, за кои во случајов се грижеа децата. Освен мали научници, сите деца беа и вистински мали ботаничари, земјоделци и екологисти. Од културите, освен тие што можеа да се јадат, се преферираа дрвја, многу дрвја, заради лошата географска поставеност на Препородено Скопје, иако индустријата беше строго контролирана и еколошка, претежно на обновливи извори на енергија, сепак сите непожелни супстанци беа контролирани и преработувани во неопасни соединенија. Секое дете добиваше „беџ на заслуга“ за секое дрво што го имаше посадено. Тие се натпреваруваа кој ќе има повеќе беџови и ѕвезди, а на секои педесет беџа добиваа по една ѕвезда. Тој и неговиот другар Бојан беа единствени во училиштето кои имаа по три ѕвезди и помеѓу нив имаше здраво ривалство. Бојан беше одличен во науката, а тој Добре, се разбира, беше многу добар, но одлични имаше малку. Отсекогаш знаеше дека е добар, но дека никогаш нема да биде најдобар зашто немаше највисок резултат на тестот по интелигенција. Се разбира,


101

беше натприродно интелигентен, но недоволно за да биде генијалец. А отсекогаш сакал да направи нешто извонредно. Затоа работеше двојно повеќе од своите другари. Затоа брзо го изгаси огнот кој гореше во него за Марија, нејзините очи кои светеа како самото Сонце ги поистовети со Месечината, таа луда Луна која сака да го обземе да завива во ноќта како здивен волк, наместо да решава равенки и да напредува во науката. Така ја изгаси љубовта кон неа, како и кон сите идни симпатии и девојки. Неговите врски не беа засновани на емоции, туку на практичност, не дозволуваше да се врзува премногу, зашто едноставно немаше време. Да, љубовта е губење време, освен љубовта кон науката. Но, кон Климент навистина чувствуваше нешто што можеше да се нарече љубов, другарска љубов, сакаше да успее, заедно да успеат, да го одбрани од непријателски сили, да го заштити и да се спротистави на секој кој не му мислеше добро. Тоа не беше лесно зашто Климент имаше многу непријатели, иако беше еден од најпочитуваните луѓе во научната заедница. Многу му завидуваа на талентот, сметаа дека премногу лесно поминува низ животот, дека не го заслужува тоа што го има, но Добре знаеше дека не е така. Климент работеше многу, можеби не колку него, но немаше потреба. Тоа што Добре го постигнуваше за цел работен ден, на Климент му требаа неколку минути. Но, Добре не му завидуваше, тој знаеше дека мајката природа ги бира овие специјални луѓе да им помогнат на по-


102

малку специјалните да си го најдат животниот повик. И му беше благодарен за тоа. Теа ја отстрани успешно, остануваше Марко, зашто само тие двајцата како тим можеа успешно да ги истражат сите аспекти на проблематиката. А со новото откритие му требаше целото внимание на Климент, сета негова фантастична моќ на аналитичко размислување. Марко очигледно беше само една голема светлозаба пречка. Го отвори екранот пред Климент и почна да објаснува. „Ги анализирав шемите,“ рече возбудено Добре, „и открив нешто ново.“ Климент ги отвори очите пошироко и се наведна поблиску. „Цело време грешевме зашто ги гледавме цртежите како архитектонски скици, а тие не се тоа, тие се некој вид упатства, наречи ги како нивоа на игра. Едната скица содржи упатство за читање на другата. А упатството е содржано во кодот на самата слика. И тоа замисли, користеле бинарен код, малку рудиментирано, но претпоставувам дека го користеле како универзален јазик кој би требало да го разбере секоја малку понапредна цивилизација. И јас отпрвин без успех се обидував со посложените алгоритми. Затоа се навратив кон основите, ми текна на основно училиште и на историјата на програмските јазици и ги пробував еден по еден дур не ми текна. Од секоја слика може да се извади код кој е клуч за другата слика, така дојдов до ова. Пред Климент се појави слика на Рубикова коцка. „Неверојатно!“ извика Климент и се присети на


103

својот сон. „Да,“ се насмеа Добре, „и јас реагирав исто. Што е уште поневеројатно е дека оние коцките пред центарот се всушност рубикови коцки и дека клучот за нивното склопување е во истиве скици кои ни ја покажуваат точната локација на клучот.“ Климент рипна возбудено и почна да шета по собата. Се чешкаше по главата. „Да одиме?“ рече и Добре знаеше што мисли.

*** Се најдоа надвор со батериска ламба, копач и лопата. На случаен поминувач ќе му изгледаше навистина мистериозна глетката на двајцата научници со таа опрема како копаат зад аудиториумот. Би помислиле дека се работи за некоја илегална дејност. Навистина изгледаа како двајца лудаци кои небаре сакаат да скријат убиство и да закопаат труп во земјата, но тие бараа нешто друго. „Сигурен си дека е тука?“ го праша Климент Добре кој копаше како споулавен. Застана за момент, се потпре на копачот и си ја поткрена капата на која имаше ламба. „Се разбира,“ рече решително, „од скиците беше јасно дека жезолот е тука.“ „Извини што сум малку скептичен,“ рече Климент со очигледно новоздобиена почит кон


104

Добре. Имаше нешто восхитувачко во сцената на научникот кој е подготвен да копа три метри под земјата за да најде одговор на научна загатка. „Нема проблем, отпрвин и јас бев таков,“ го уверуваше Добре, „но, според кодот скриен во скицата број 24/3, жезолот е токму тука. Тој е клучот кој ќе ги активира коцките.“ Добре продолжи да копа, а Климент гледаше со љубопитност. Заборави да се понуди да помогне, а Добре беше работеше како опседнат и не му ни текна да побара замена. По некое време удри во нешто метално, го крена погледот кон Климент и на двајцата очите им засветкаа на полната месечина. Добре почна да копа околу предметот и наскоро извади голем правоаголен ковчег со старинска изработка. Климент скокна во дупката и го извадија заедно на тревата. Ги вперија батериските ламби во него и го разгледуваа од сите страни. „Нема да ти се верува,“ рече Добре. Климент скокна и ја впери ламбата во местото кое му го покажуваше асистентот. Во ковчегот беше втиснато едно тешко разбирливо, но сепак доволно јасно „1903“. Двајцата се погледнаа збунето. „Да го отвориме?“ праша Добре. Се разбира дека знаеше дека треба да го отворат, но иако самиот ги направи сите откритија, работеше напорно, па дури и копаше, сепак почувствува потреба да побара дозвола од Климент, а овој возбудено кимна со главата.


105

Добре ги крена затворачите на кутијата и ја отвори. Внатре, исто како на скиците, беше жезолот. Добре го крена и се почуствува како да е некој антички крал. „И сега?“ го праша Климент гледајќи го малку збунето. „Ова е клучот,“ одговори Добре, „сега треба да ја најдеме клучалката.

*** Марко беше на вообичаеното ноќно џогирање околу сателитскиот центар. Тој веруваше дека не е доволно да се вежба само мозокот, туку дека мораш да имаш и силно и здраво тело. Двете работи се поврзани и ако едната не функционира, нема да може ни другата. Теориите на Стивен Хокинг се покажаа како грешни само затоа што тој ја немал среќата во животот да има здраво тело. Тоа е маана на неговата генијалност. Така мислеше тој и затоа се грижеше секој ден за своето тело, како што се грижеше и за мозокот. Воздухот беше ладен и пријатно му ги скокоткаше ноздрите, а тој го вдишуваше планинскиот воздух со полн здив. Трчаше речиси еден час и веќе дојде време да се врати. Чекореше бавно на тревата покрај скалите и погледна нагоре. Таму во темнината зад аудиториумот здогледа две непознати


106

светла, а потоа и две темни фигури. Се скри зад првата грмушка и набљудуваше. Срцето силно му биеше, но тој беше подготвен да ги фати натрапниците и да ги предаде на властите. Цел живот чекаше ваква прилика, да се докаже не само како генијален научник, туку и како физички примерок. Затоа секој ден вежбаше боксирање со сенките. Но, потоа почна да ги познава ликовите според движењата. Тоа беа самозаљубениот Климент и неговото смотано кученце Добре. Mалку беше разочаран зашто тие не беа достојни противници. Стана од зад грмушката и се упати кон нив. „Според скиците,“ рече Добре, „Вкупно има 256 дупки, ако ги набљудуваме како примарни броеви, тогаш нашата дупка е...“ „Кај сте бе, батки,“ рече Марко и двајцата се претнаа како да се фатени на дело. Ги кренаа главите од скиците и збунето го гледаа клекнати на колениците. Марко набрзина ја процени чудната сцена и ја погледна дупката. „Да не барате скриено богатство?“ ги праша подбивно. „Баш ми личите на две деца кои копаат во дворот на мајка им и бараат скриено богатство.“ Двајцата и понатаму молчеа, Климент стана и конечно му прозборе на Марко кој веќе се доближи на неколку метри до нив. „Тоа не е твоја работа,“ рече строго. „Ти советувам да си заминеш каде што си тргнал и да се однесуваш како да не си видел ништо.“ „Или што?“ рече Марко и се доближи уште по-


107

веќе. Добре се потргна наназад, а Климент не трепна. „Или ќе си имаш работа со мене,“ рече Климент. „Ајде да видиме каква е таа работа,“ рече Марко потенцирајќи го последниот збор. Климент молчеше. Двајцата стоеја неподвижно, како да се на дуел. „Како што претпоставував, немаш одговор,“ се насмеа Марко. „Сега јас ќе ти кажам како стојат работите. Од сценава тука е јасно дека вие двајцата правите нешто тајно, а знаеш дека тоа не е дозволено. Ние тука сме тим и меѓу нас нема тајни. Сé што правиме е заедничка работа, така што и оваа работа е наша, колку што е твоја или на асистентчево, а толку е и моја. Затоа, ако не зборуваш сега, ќе пропееш пред Советот.“ Климент ја стисна тупаницата и тамам сакаше да замавне кога Марко го тресна по забите со тупаница и веднаш се најде на земјата. За момент изгуби свест и кога ги отвори очите над него стоеше темна фигура. „Добро ме поткачи,“ помисли, но за негово чудо над него не стоеше Марко, туку Добре. Го држеше жезолот во рацете. „Добре, што правиш?“ рече по малку исплашено Климент. „Тој, тој те нападна,“ пропелтечи Добре и му подаде рака. Климет ја прифати и стана. „Морав да го сторам тоа, разбери. Сакаше да нé предаде, да ја открие нашата работа, да ја преземе заслугата за најголемото откритите во човештвото, секако знаеш дека ова е тоа, дека нашево откритие ќе ја смени историјата, дека ќе нé однесе до ѕвездите,


108

знаеш нели?“ бладаше Добре, а Климент го гледаше збунето. Уште се освестуваше од ударот, кога на земјата го здогледа телото на Марко. „Што стори човече!?“ крикна Климент. „Морав, разбери, те молам разбери, немав избор, сакаше да те уништи, да ни го преземе трудот, тоа го планираше уште од првиот ден, знам, го следев, знам сé за него, тој е лош човек, тој заслужи...“ повторно бладаше Добре. „Заслужи!?“ вресна Климент, а потоа се сврте наоколу и го намали гласот. Му се доближи на Добре и го фати за реверите, „никој не заслужува да биде убиен, што зборуваш по науката!“ Добре стоеше како во транс со крвавиот жезол во раката и повторуваше „Тој е лош, лош...“ Климент не знаеше што да стори. Беа на прагот на најголемото откритие и сега сé падна во вода. Сега се криминалци и ќе одат во затвор, нивниот живот заврши. Добре како да му ги читаше мислите. „Ќе го закопаме, никој нема да знае.“ Климент го гледаше збунето, не можеше да поверува дека се најдоа во ваква ситуација во која размислуваа за тоа дали да пријават или да скријат убиство. Таквото размислување беше дел од стариот систем и Климент го презираше.


109

*** Климент беше соочен со етичка дилема. Лесно е да бидеш морален кога не си соочен со предизвик, кога си заштитен од злото на светот и тогаш можеш да им проповедаш на другите како е правилно да се однесува едно човечко суштество. Но, убиство!? Не се работеше за ситна кражба или телесна повреда. Неговиот асистент беше убиец и ако го заштити тој ќе биде соучесник. Но, ако го предаде ќе изгуби верен и вреден соработник, сепак сите досегашни откритија, иако беше интелектуално инфериорен, ги направи тој. Беа на повидок на големо откритие, Климент насетуваше за што се работи, но сé уште му беше страв да си го признае тоа - откритие кое ќе доведе до нова револуција во науката, а тој ќе ја раководи. Но, што е со овој лик со избезумен поглед кој стоеше до него? Добриот Добре, оној кој секогаш се ставаше себеси на второ место и не бараше признание? Дали и сега тој треба да настрада затоа што сакал да го заштити него и нивното откритие? Дали треба да го фрли на волците и да си ги преземе сите заслуги за себе? Во изминатиот период се зближија, станаа дури и пријатели, нешто што досега не беше случај иако беа блиски соработници. Добре му кажуваше за


110

проблемите со девојката и Климент, иако не го интересираа таквите теми, го слушаше внимателно. Дури забележа и како му се насолзија очите, заради девојката, како што помисли Климент, но вистинската причина беше во тоа што Добре не можеше да се воздржи зашто неговиот ментор конечно го гледаше како рамноправен. Климент реши во името на пријателството и науката, а наспроти хуманоста. Тоа беше најтешката одлука која ја имаше донесено во животот. Остануваа само деталите. Да организира преку своите врски во Министерството за наука да го „испратат“ Марко на научна мисија во Алшар. Истражувањата таму се интензивираа, но сé уште беа во почетна фаза после децениите мирување на прашањето. Како помлад истражувач беше таму и лично се увери колку не функционираат работите, не се знаеше „кој пие, а кој плаќа“ како што би рекле оние од минатите системи. Се разбира, алкохолот беше забранет, како и посилните дроги, беа дозволени само микродози од психоактивни супстанци, но исклучиво во терапевтска цел. Знаеше дека во таквите места е лесно да се изгуби човек по административните лавиринти. Ќе поминат месеци додека не почнат да го бараат Марко, кој за среќа немаше семејство, неговите беа загинати во борбата против тоталитаризмот. Немаше ни сопруга, роднини, ниту семејство, а приказните за девојка му ги користеше како одбранбен меха-


111

низам, но вистината беше дека беше сосема сам и како таков - совршена жртва. Дури и да го планирал неговото убиство, Добре не би можел да избере подобра жртва. Ноќта спиеше кратко и испрекинато, го будеа кошмари во кои го гледаше Марко како излегува од гробот во кој го закопаа, во дупката каде што го направија нивното откритие. Ја погледна кутијата и по малку му се згади од неа, валкана од земјата, потоа навистина му се слоши, скокна во купатилото и исповрати. Си ја избриша устата и помисли, „Што направивме!?“ Сакаше да се откаже од сé и да го пријави случајот, но телото веќе беше закопано, што ќе каже на властите, да му простат дека се предомислил? Работата веќе беше сторена, гревот, како што би рекле неговите религиозните претци, беше направен, сега останува само да плати за него. Но, пред тоа ќе го направи неговото најголемо дело, а потоа нека биде што сака. Науката ќе го памети по неговите заслуги за човештвото, а не заради тоа што прекратил живот кој нема да создаде ништо големо и вредно. Сепак, тој не беше воспитан така и самиот се зачуди на сопствените мисли. Во Новата држава секој живот се ценеше многу, дури да е и пониска животна форма. Жителите во минатиот систем преживеаја такви суровости и ѕверства што колективно решија да бидат што е можно повеќе, па дури и претерано, хумани. Во воспитувањето на децата


112

на тоа се посветуваше големо внимание: почитувањето на целиот жив свет, симбиоза со околината, екологија, хуманост... тие зборови ги слушаше и почитуваше уште од мали нозе. Но, како што помисли претходно, лесно е да се биде морален кога немаш етички дилеми. Стана, беше залудно да се обидува да спие, мислите му итаа со брзина на светлината заканувајќи се дека ќе голтнат с` во една црна дупка, а срцето му биеше толку силно што жилата на вратот му пулсираше како некоја змија подготвена да скокне во секој миг. Стана, го вклучи екранот и почна да прибира документи за „трансферот“ на Марко во Алшар. Откако подготви сé, го контактираше колегата на висока позиција во Министерството за наука. Беа стари пријатели и колеги од факултет, и го имаше неговиот директен број. Колегата не се посомнева во ништо, дури ни кога му кажа да не зборува за договореното, дека праќа човек од доверба да испита работа од сензитивна природа и дека е најдобро целата операција да остане помеѓу нив двајцата. Колегата ги прими документите без прашање, се потпиша и му ги прати назад на Климент. Толку голема доверба имаше во Климент. Со тоа беше завршен првиот дел од заговорот помеѓу двајца луѓе кои по игра на случајноста беа заплеткани во криминални дејствија. Сега Добре требаше да го заврши својот дел од работата, да влезе во станбената единица на Мар-


113

ко, секако дека тој знаеше како да го хакира влезот, веќе се докажа со своите програмерски способности. Потоа требаше да собере еден куфер со алишта и најпотребни нешта, како навистина да заминал на пат. Потоа требаше да програмира порака од персоналниот комуникатор на Марко упатен кон Теа со која ја известува дека мора итно да замине на тајна мисија од Министерството за наука и да не го бара, а тој ќе ја контактира во првата прилика кога ќе може. Потоа Добре требаше да го донесе куферот кај Климент, зашто тој беше на повисока позиција од Добре и него нема да го пребаруваат. Секако ќе се ослободат од куферот, но засега посигурно е да остане кај него. Некој чукна на вратата и Климент го обли пот, замислуваше лица на законот како влегуваат внатре, го соборуваат на земја и го носат во заборавот. Сепак, тоа беше Добре со куферот. Се погледнаа и не разменија ниту еден збор. Добре гледаше во подот како да е засрамен од целата работа, но потоа благодарно го погледна Климент, а овој само кимна со главата и го презема куферот. Работата беше завршена.


114

*** „Климент,“ му рече Теа преку комуникаторот, „може ли да се видиме, нешто чудно се случи.“ Беше рано утро а Климент не спиеше. Иако претпоставуваше за што го бара, сепак не можеше да се смири. Ја отвори фиоката со лекови и си капна под јазикот малку од маслото со ниска доза на ТХЦ и ЦБД кои ги користеше само за смирување, но обично по една капка, и излезе. Се упати кон просториите на Теа и по пат за среќа не сретна никого. Не знаеше дали ќе може да се соочи со погледот на друг човек, го измачуваше потребата да се исповеда, да признае сé и тоа го плашеше. Сепак додека стигна до просториите на Теа и чукна апчињата веќе дејствуваа и целото тело наеднаш му се опушти. „Повели, влези,“ му рече таа. Не го ни понуди да седне, туку веднаш замина во спалната од каде го донесе комуникаторот и му ја покажа пораката. „Чудно, нели? Навистина не разбирам, зошто би заминал така без да каже?“ Климент го извади својот комуникатор и го вклучи документот од пријателот во Министерството за наука. Теа читаше и повторно имаше збунет израз. „Што бара документов кај тебе?“ Климент не очекуваше такво прашање и малку се збуни.


115

„Хм... мојот колега, тој ми го прати,“ рече малку неодредено. „Молам?“ збунето го погледна Теа. „Не разбирам.“ Климент воздивна. Знаеше дека ќе биде така. Тој не е ниту научен, ниту воспитан да лаже. Но, ако сакаше да биде дел од историјата на науката, мораше да се обиде. „Велам,“ продолжи посигурно, „ме бараа мене затоа што Министерот ми е личен пријател. Ни требаше квалификуван човек за доверлива мисија. Единствен кој одговараше беше Марко. Претпоставувам дека го контактирале и заминал веднаш.“ „Но, без да се поздрави?“ се зачуди Теа. „За жал, не можам да ти објаснам,“ ја уверуваше Климент, „но, таков е карактерот на мисијата, од брифот кој го добив и кој за жал не смеам да го споделам со никој, бидејќи се работи за научна тајна. Само знам дека би сакал мене да ме избереа.“ Теа кимна со главата како сосема да го разбираше. И таа беше амбициозна и би сакала да биде на неговото место. Потоа не го прашуваше веќе ништо за тоа.


116

*** На Добре му заѕвони комуникаторот. Непознат број. Се двоумеше дали да крене, особено заради на новонастанатата состојба, но немаше избор. „Да,“ рече со недоверба. „Дечко,“ се слушна од другата страна, „ние го остваривме нашиот дел од договорот, бевме на лице место, типот го немаше. Си ни дал грешна информација.“ „Молам,“ Добре не можеше да разбере. „Со кого зборувам?“ „Знаеш со кого,“ рече човекот малку дрско, „не прави ми се глуп, јас не сакам недовршени работи. Типот за кој ме најми, се распрашав за него преку моите, им кажале дека заминал, го нема.“ Дури тогаш на Добре му текна за што станува збор и му се пресекоа нозете. Уште тоа му фалеше. Таа работа можеше да му донесе само проблеми. Беше само прашање на време кога органите на власта ќе ги поврзат работите и ќе му чукнат на вратата. „Да,“ пропелтечи, „добро ве информирале. Научникот кој го баравте е заминат на доверлива мисија.“ „Хм,“ не попушташе човекот, „не ми се допаѓаат незавршени работи.“


117

„Но, не разбирате,“ го убедуваше Добре, „сметајте дека работата е завршена. Платено, сторено. Не очекувам ништо од вас.“ „Како така,“ се побуни човекот, „јас имам репутација, не сакам да ме бие глас дека не завршувам работа.“ „Исто како да сте завршиле,“ инсистираше Добре, „од моја страна имате апсолутна доверба.“ „Не,“ не попушташе човекот, „јас не работам вака.“ „Добро, понауката човеку,“ се налути Добре, „што сакате!? Работи се случуваат, непредвидливи работи, да, ве најмив, но работите се сменија, субјектот замина, што сакате од мене, пари? Уште пари да не сакате, зашто ако тоа го сакате ќе ви дадам уште, само оставете ме на раат!“ Од другата страна немаше одговор, само молк. „Добро ако така стојат работите,“ рече човекот и на Добре конечно му олесна. Но, за кратко. „Пари не барам,“ рече човекот смирено, „но, тука има нешто сомнително и ова нема да помине туку-така.“ Потоа се слушна прекинување на линијата. „Уште овој ми фалеше,“ размислуваше Добре и нервозно се врткаше по собата. Се прекори дека сосема заборави дека го ангажираше човекот. Сето ова можеше да се избегне ако го известеше човекот дека договорот отпаѓа. Обрачот на времето се стегаше околу него, во секој миг можеа да дојдат и да го одведат.


118

Тогаш ќе признае сé, беше помирен со својата судбина. Ако успее ќе замине мирен знаејќи дека постигнал нешто повеќе од обичните смртници, тие кои секојдневно скапуваат на работа со единствената идеја да го преживеат денот, како животни. Навистина му се гадеше од нив, ги презираше. Само Климент беше достоен за него и затоа го избра за соучесник и каде и да одат ќе одат заедно, во светот на славата, осудени од јавноста, од обичните ловци на вештерки, тие ќе бидат жртвувани на кладата на научните сознанија, како Џордано Бруно, ах колку ќе биде величествен тој оган! Добре ја замислуваше таа слика на која тие двајцата, Климент и тој, се врзани на еден дрвен столб, а под нив наредени суви гранки, како што ги палеле вештерките и научниците во Средниот век, а потоа пламенот и последните зборови пред да ги голтнат пламените јазици. Што би изговорил? „Умирам во името на науката!“ или „Паметете ме по моите дела, не по моите злодела!“, можеби „Прости им, не разбираат!“. Тоа беше тема на која мечтееше и порано, уште како дете, одгледан на дојката на науката, отсекогаш им се восхитуваше на тие кои во име на науката ја направиле големата жртва, се откажале од другиот пол, од човештвото, или ги сотреле тие кои им стоеле на патот, суровите, амбициозни луѓе! Знаеше дека ќе го осудат и ќе го мразат, но што е со Едисон кој убивал бројни животни за да докаже дека струјата на Тесла е штетна, или со Фриц Хабер,


119

човекот кој го синтетизирал азотот кој се користи во азотните ѓубрива и со тоа ставил крај на гладот во светот и спасил милиони животи, а истовремено се смета за татко на хемиското војување и неговите изуми на отровни гасови се едни од главните виновници за смртта на милиони. Универзумот секогаш наоѓа начин да ги балансира работите. Дали тие убиства се оправдани? Во името на татковината, напредокот и подоброто утре на една нација? Зошто тој е полош од тие двајца и бројни други научници? Тој само го стори она што мораше да го стори. Беше време да се оттргне од тие мисли и да се посвети на единственото што беше битно во моментов - големото откритие!

*** Климент реши малку да се оддалечи од Добре, всушност не можеше да поднесе да биде во негова близина и неговата појава го потсетуваше на страшното злосторство. Затоа повторно ја заживеа соработката со Теа и работеше на разни задачи кои ги добиваше од неа. Лично ја замоли малку да паузираат на истражувањето на сигналите, а работа за космолози имаше секогаш. Во меѓувреме Добре работеше на пресметките на „клучалката“, шифрираното име за една од дупките на задниот дел на аудиториумот, зад рубико-


120


121

вите коцки каде што требаше да се стави жезолот, но не беше лесно. Требаше да ги испита сите примарни броеви, а потоа да ги спореди со скиците и фотографиите од местото. Можеше и да се прошета па да испита на лице место, но не сакаше да предизвикува сомнеж. Климент му ја довери оваа работа откако заклучи дека е подобро малку да се оддалечат и да работат одвоено. Тој, иако работеше со Теа, го користеше секој слободен момент да работи на неговото приватно истражување, го анализираше сигналот, ги споредуваше рубиковите коцки со новата деветта коцка која ја добија во истражувањето со Марко, и се обидуваше да најде шема. Навечер се состануваа и дискутираа за откритијата кои ги направиле во текот на денот, а посетата на аудиториумот од претпазливост ја оставија за некој ден подоцна. На тие средби Климент сé почесто зборуваше за Теа, а сé помалку за нивната работа, колку била паметна, како ~ се восхитувал на решителноста и на идеите, дискутираше за тековните проекти кои ги работеше со неа и сето тоа ужасно го нервираше Добре. Сепак, од почит кон Климент и нивната тајна врска, не му приговараше. Го оставаше да му раскаже сé што правеле со Теа, а потоа полека го вовлекуваше во нивното истражување. Знаеше дека има потреба од тоа и му дозволуваше да го исфрли од системот, знаеше дека ќе му мине, како вирус. „Што откри за клучот и клучалката?“ конечно


122

праша Климент, а Добре едвај дочека. „Го најдов решението,“ возбудено рече и извади една од скиците каде што со црвено имаше обележано една од дупките во задниот дел на аудиториумот. „Се работи за оваа дупка.“ „Сигурен ли си?“ го праша Климент. „Апсолутно,“ убедено рече Добре. „Во ред,“ го погледна сериозно Климент. „Нема ни да те прашувам како си дошол до откритието зашто ако си во право - тоа е клучалката, а таа ќе ни отвори врата кон иднината, а ако не си во право тоа е една обична дупка во ѕидот и ќе се обидеме повторно, ајде.“ Добре го гледаше по малку збунето. „Каде?“ „Одиме да ја тестираме твојата теорија,“ рече возбудено Климент. Се најдоа повторно на местото на злосторството. Климент ја одмина тазе прекриената земја каде што се гледаше дека е копано и се прашуваше дали некој ќе се посомнева на местото, но засега не се случи ништо такво. Заминаа неколку метри понатаму, Добре беше фокусиран на пресметките и се чинеше дека воопшто не ни помислува на нивното недело. Климент не можеше да го разбере, а уште помалку го сфаќаше тоа како можеше да стори злосторство и да продолжи како ништо да не се случило. Дури тогаш му светна дека си има работа со социопат. „Само претпазливо,“ се опомена себеси. „Еве ја,“ рече возбудено Добре.


123

„И што сега?“ го праша Климент. „Сега треба да го вметнеме клучот во клучалката и да го свртиме, па да видиме што ќе се случи.“ Добре го извади жезолот кој Климент во тој миг навистина го потсети на голем клуч и го пикна во дупката која претходно ја одреди како „вистинската“. Нешто внатре тропна, како навистина да се вклопи во механизам и потоа Добре го сврте клучот. Се заслушна брмчење и тропање, како наеднаш да проработе џиновски часовник. Добре се потргна, а жезолот продолжи да се врти сам од себе. Звукот како да доаѓаше од предната страна, од самите „рубикови коцки“. Се стрчаа напред и застанаа пред коцките кои почнаа да се придвижуваат како да се дел од една голема механичка детска играчка. Тоа траеше неколку минути во кои Климент постојано се вртеше наоколу да види дали ќе се појави некој, а Добре маѓепсано гледаше во коцките, како да беше во транс. Движењето застана, се вратија назад и жезолот беше исплукан од машината наземи, извиткан и неупотреблив. „И сега што?“ праша Климент. „Искрено, немам поим,“ одговори збунето Добре. Се вратија напред кај коцките и ги набљудуваа. Двајцата добро ги познаваа шемите и начинот на кој беа поставени претходно. Сега се работеше за сосема поинаква поставеност на коцките. Климент помисли дека не би било лошо да ги


124

фотографираат а Добре се согласи. Ги направија сите потребни слики од сите агли и потоа наеднаш повторно се зачу звукот на механизмот. Двајцата се потргнаа и коцките повторно почнаа да се движат по што се вратија во првобитната положба. „Добро што ги сликавме,“ се насмеа Добре, а Климент се согласи. Беше време да се вратат назад. Чувствуваа дека се во игра во која го имаат завршено првото ниво и, буквално, го отклучија второто. Сега се соочени со нов предизвик и имаат нови информации. Беше јасно дека им е дадено второ упатство и дека шифрата е кодирана во рубиковите коцки, но дали требаа да ги склопат за да ја решат загатката или одговорот е во самата шема, требаше допрва да утврдат. Утредента Климент зеде слободен ден и остана во просториите за да ги проучува скиците. Ја информираше Теа дека не се чувствува добро. Таа звучеше загрижено. „Дали ти треба нешто?“ го праша со мајчински глас. „Не,“ се насмеа Климент, а потоа се сети дека не треба да звучи весело, „во ред е, ќе се снајдам.“ „Секако знаеш дека можеш да порачаш с` што ти треба преку комуникаторот,“ го потсети таа, „а ако ти требам лично, побарај ме слободно.“ Му беше мило што се грижи за него. Очекуваше дека ќе биде незадоволна или дека дури ќе го обвини за отсуството, но таа звучеше искрено загри-


125

жена. Денот го помина во разгледување на скиците. Не можеше да ја одгатне новата загатка на коцките, колку и да се обидуваше. Се обиде со с`, да гледа на нив како на рубикови коцки, бројки, бои, математички проблем или дури и соѕвездија, но не можеше да препознае никаква шема.

*** Следната ноќ Климент повторно спиеше немирно. Сонуваше кошмари, се будеше во пот и повторно заспиваше. Во еден од соништата, а му се чинеше дека се стотици куси филмови кои имаа сосема неповрзано дејство, се наоѓаше во шума. Наоколу се слушаа пукотници и вресоци. Очигледно беснееше војна. Се пробиваше низ острите грмушки кои му ги шибаа нозете, а гранките пукаа од неговите нозе. Се плашеше дека прогонителите ќе го стигнат. Облеката му беше распарталена, а обувките на граница на кинење. Почна да размислува да се откаже, да се предаде, да се препушти на судбината. Но, нешто го туркаше, како ветер во грбот го тераше да оди понатаму. Или, сепак, тоа нешто беше пред него и го влечеше како магнет, не можеше да процени, но секако не можеше да му се спротистави. Односот на силите беше суптилен. Тогаш во сон му текна на односот на материјата и анти-материја-


126

та во раниот универзум и моментот кога судбината, природата, господ или случајност, ни самиот не беше сигурен, решил да ја натежне вагата во однос на материјата. И затоа постоеше универзумот, како и сите ние, како што тој самиот постоеше зашто не застана, зашто постојано се движеше и се пробиваше низ шумата, благодарение на таа сила која го туркаше, или влечеше - с` уште не беше сигурен, која е за нијанса поголема од силата која сакаше да го сопре и му велеше да застане, да одмори, да земе здив, само еден момент, да си ги прибере силите. Но, тој знаеше дека ако застане тоа ќе биде неговиот крај и колку и да посакуваше потајно тоа да се случи, сепак и понатаму се движеше. Наскоро излезе од шумата и пред него имаше полјанка, а на крајот на полјанката една купола со врата. Реши да влезе во неа, поточно „немаше избор, освен да влезе.“ Веќе јасно ја чувствуваше силата и беше залудно да ~ се спротиставува. Кога влезе внатре знаеше дека веќе бил таму. Ходниците му беа познати и силата сама му го покажа патот. Како што се доближуваше звукот на пуцкањето стануваше се појак, а кога влезе во просторијата каде што беше повикан звукот беше речиси неподнослив. Таму, во голема хала, во еден ќош беше седнат еден научник, го позна по мантилот и испосничкиот изглед, а околу него фрчеа молњи. Научникот гледаше во подот пред него, но сепак му прозборе како да го виде.


127

„Влези, не плаши се,“ рече смирено и неговиот глас ја исполни просторијата по што пуцкањето на молљите како да се стиши. „Конечно дојде,“ продолжи да зборува човекот, а Климент се доближи и седна на столчето кое беше пред него. Не знаеше што да каже и само ги гледаше молњите кои сега му се чинеа дека излегуваат од рацете на човекот. Посака да го праша кој е, но се плашеше. „Јас сум Никола Тесла,“ рече човекот како да му ги читаше мислите, а на Климент му текна дека секако му ги чита штом е во неговиот сон. Тогаш стана свесен дека с` што гледа не е реално и реши да се поигра со сонот. „Да не си Никола Слејт,“ рече и се насмеа, а молњите веднаш почнаа да пукаат и шиштат, дури и неколку му се доближија и му се видоа како змии кои заканувачки го гледаа и го предупредуваа дека ако не покаже почит ќе го каснат. „Климент, сине,“ рече човекот, „не е битно моето име, кој сум и што правам, туку што правиш ти?“ „Јас?“ рече збунето Климент. „Зошто го зеде презимето на мајка ти?“ „Но, јас не знам кој е татко ми,“ се бранеше Климент. „Сега знаеш,“ рече човекот. „Како тоа?“ „Ти си дете на светлината, создаден си од молњата, ти си десет илјади вати чиста енергија!“ рече чо-


128


129

векот, а неговите очи станаа две вжарени наелектризирани топчиња. Климент веднаш се разбуди и веќе не можеше да заспие таа вечер, но сега знаеше. Се разбира, сонот не му откри ништо за него самиот, туку за проблемот со кој се занимаваше. Сега го знаеше одговорот.

*** Веднаш го контактираше Добре и му кажа да обезбеди извор на струја и да го чека во подножјето на комплексот каде што беа „рацете“. Тие беа во малку запоставениот дел од комплексот кои нивните претци ги опишуваа како „раце кои кинат пранги“, а за науката тоа немаше значење, зашто научниците ги интересираше само сателитскиот центар. Добре, како и секој добар асистент, го чекаше Климент пред „рацете“ со кабли и опрема за поврзување и пренесување струја. „Што ќе правиме?“ праша како човек подготвен за акција. „Треба да спроведеме струја во рацеве,“ рече Климент и самиот свесен колку апсурдно звучи тоа. „Колку?“ праша Добре како да е тоа секојдневна и обична работа. „Десет илјади вати,“ рече Климент.


130

„Уф...“ за прв пат се посомнева Добре, „за тоа ќе ни треба трафостаница, но има една тука во близина веднаш зад грмушките до оградата. Климент му кимна со главата, а овој подготвено зграпчи неколку кабли, продолжувачи и алат и отрча таму. Менторот остана покрај „рацете“ чудејќи се на подготвеноста на асистентот да одговори на секоја задача во нивната мисија. Тоа очигледно беше еден друг Добре кој тој немал прилика да го запознае, но кој знае, можеби тој отсекогаш бил таков само Климент не го познавал доволно добро. Немилата случка како да остана зад нив и беше „паузирана“ додека не го решат главниот проблем кој човештвото им го препуштило ним. Добре набрзо се врати и во рацете победоносно држеше кабли со клапи на краевите подготвени за поврзување и му ги даде на Климент кој внимателно ги прифати. „Не грижи се,“ рече Добре, „не се приклучени, обезбедив прекинувач, и му покажа на едниот од каблите што го имаше поставено. Не му беше јасно како успеал за толку кратко време да го направи сето тоа, како да чекал подготвен и знаел кој е следниот чекор. „Сега што?“ праша Добре, а Климент задоволно заклучи дека не знае с`, а вистината беше дека ни тој самиот не знаеше. Не можеа клемите да ги врзат едноставно за бетонот и да видат што ќе се случи. „Мора да има некој спроводник,“ рече со толку


131

голема сигурност Климент што и Добре му поверува, но ни самиот Климент не знаеше дали е тоа така. Разгледаа околу рацете, но никаде немаше ништо. Почнаа, како договорени да копаат околу нив, небаре бараа приклучок за струја и навистина Добре откри два дебели метални профили кои штрчеа од земјата во близина на рацете. Го извести Климент, а овој веднаш ги приклучи клемите. „Се надевам дека половите се погодени,“ рече, мислејќи на позитивната и негативната катода, а Добре потврди со главата како да е сигурен дека с` е во ред. „Десет илјадарки?“ праша Добре за да потврди уште еднаш и Климент кимна со главата, а потоа го вклучи прекинувачот. Тоа што се случи потоа беше неочекувано.

*** Навистина, рацете тогаш се придвижија, прво малиот прст, како рефлекс на жаба која не е жива, но сепак мрда, а потоа и другите прсти. Тие беа од армиран бетон, но во тој миг се однесуваа како да се од коски и месо, се свиваа и се креваа без да се скршат или да се изронат. Рацете се кренаа од земјата и двете, како пијани другари после целоноќно лумпување тргнаа нагоре. Добре и Климент ги следеа од сигурно растоја-


132

ние, а тие се упатија кон местото каде што стоеја имињата на револуционерите и како раце на вредна дактилографка, почнаа да удираат по нив. Целата сцената изгледаше по малку комично, но на двајцата научници не им беше до смеење. Гледаа меѓепсано во рацете кои испишуваа некаков таен код врз нивната џиновска тастатура, но и тие беа раце на џинови, на раса која владеела со планетата пред нас, помисли Климент, ни самиот не знаеше зошто, кога очигледно се работеше за механотрони кои тие двајца ги оживеаја со струја. Токму како Франкештајнови деца, без душа и разум, тие следеа некоја внатрешна програма разбудена од струјата која им даде живот. Но, тие не беа повеќе живи од компјутерот кој го управуваше центарот или нивните лични сметачи. Рацете наеднаш застанаа и научниците ги гледаа со исчекување, а потоа се свртеа и подеднакво неспретно се упатија наназад и се вратија на истото место од каде што ги разбудија, се вгнездија во своите престојувалишта каде што чиниш дремеа цел век и повторно заспаа. Научниците исчекуваа, но ништо не се случи. Се вратија повторно кај имињата на револуционерите и испитаа дали нешто е сменето. „Ова не беше тука,“ рече Добре, покажувајќи кон еден круг сред шемата која беше на подот. Круговите отсекогаш му наликувале на т.н. кругови во поле кои луѓето ги пронаоѓале насекаде низ светот и за кои отсекогаш се шпекулирало дека се од вон-


133

земско потекло. Кругот беше во центарот на целата шема и изгледаше како да е од поинаков материјал. Климент го допре, а кругот скокна. Двајцата се потргнаа како да очекуваа експлозија, но ништо не се случи. Топката која излезе од централниот круг стоеше стркалана во еден ќош од шемата и чекаше научниците да си го надминат стравот. Добре прв собра храброст и се доближи до топката која изгледаше како да е од кристал, а боите во неа се прелеваа. Ја превртуваше во рацете и му се чинеше дека во неа гледа една цела галаксија од ѕвезди. „Дај да видам,“ рече Климент и топката го имаше истиот ефект врз него. „Се чини дека го најдовме второто решение на загатката.“ „Третото,“ додаде Добре, „ако го сметаш и танцот на рацете.“ Климент го погледна и се согласи со него, иако терминот кој го употреби му се виде несоодветен. Всушност, не му ни беше битно како ќе ги наречат решенијата, за него не се работеше за игра, тие не беа нивоа, за него се работеше за сериозно научно истражување и преку него требаше да дојдат до целта - а што е таа, с` уште не знаеја. Ја однесоа топката во лабораторијата и гледаа во неа како маѓепсани. Немаа идеи што да прават со неа. Пробаа с`, сакаа да земат парче од неа и да го видат под микроскоп, но не успеаја ни со дијамантска дупчалка. Потоа сакаа да се обидат со киселини, но освен што ќе ја тестираа отпорноста


134

на материјалот, не би можеле да извлечат информации од неа на тој начин. Им требаше поинаков пристап. Климент, колку и да беше горд научник и веруваше во научната методологија, мораше да признае дека нивниот случај е по малку ненаучен. По науката, откритието нему му се јави на сон, и тоа два пати, а не со лабораториски испитувања и тогаш му текна на сонот во кој научникот му зборуваше за светлината. Го нарече дете на светлината. „Ни треба ласер,“ рече тој на чудење на Добре кој веднаш обезбеди апаратура од една од лабораториите на спратот. Веќе не ги ни прашуваа за што им е опремата, од Теа имаа одобрување за нивните експерименти и апсолутна слобода да прават што сакаат. За тоа се погрижија неговите контакти во Министерство. Теа отпрвин не беше многу задоволна со целата работа, но потоа ја прифати. Таа се врати на нејзините истражувања, зашто директивите беа такви, тимот од Скопје да ги преземе истражувањата на сигналот. Не им пречеше во работата, иако беше љубопитна. Климент ја извести дека поради сензитивноста на мисијата не може да ~ каже ништо, а таа почувстува дека ~ враќа за нејзиниот однос кон него кога се запознаа. Веќе не поминуваа вечери заедно, ниту дискутираа за науката. Марко не беше тука и таа беше сама. Но, секогаш во животот кога се наоѓаше во таква ситуација, се посветуваше на единственото што ~ пружаше утеха - науката.


135

Ја поставија топката во вакуум и после повеќе обиди со различни фреквенции на светлината не успеаја ништо. Но, потоа во момент на ингениозност Климент му рече на Добре да ја намести фреквенцијата на светлината на 1/137 од брановата должина на видливата светлина во вакуум и да ја пушти низ гас од елемент со атомски број осум. Знаеше дека во таа бројка се крие решението, зашто веќе ја имаше видено, во осум сигнали, осум краци кај криптата, осум рубикови коцки... И, како што претпоставуваше, наеднаш пред нив во воздухот почнаа да се оцртуваат шеми. Очигледно се работеше за холограми и двајцата вџашено ги разгледуваа барајќи шема во геометриските линии кои се појавија пред нив. Климент му даде задача на Добре да ги слика сите шеми и да ги внесува во компјутерот со информации и откако ќе заврши да го побара клучот за програмата во самите шеми. Беше сигурен дека се таму. Добре волно се зафати со работата, но за прв пат за себе промрмори „не можеше ли сам да го сториш тоа“ или барем да останеше со него да работат заедно на проблемот. Зарем имаше побитна работа од ова? Да, Климент имаше побитна работа, да ја посети неа. Се доближи до нејзината врата и чукна. Немаше одговор. Беше време за пауза и очекуваше дека ќе ја најде таму, но и таа, како секој добар научник,


136

не правеше пауза. Отиде до главниот истражувачки центар и ја побара со поглед. Таа, како и другите истражувачи, беше нурната во својата работа, исклучена од надворешниот свет, така што кога ì се доближи, го погледна како да е разбудена од длабок сон, како да ì требаше време да се расони и да сфати каде се наоѓа. „Имаш ли време за малку пауза?“ ја праша. „Се разбира,“ одговори таа како дури тогаш да го препозна. Излегоа надвор и се упатија на прошетка околу центарот. Се доближија до патеката каде што ја одведе монструмот и таа го забрза одот да го одминат тоа место. Климент го забележа тоа. „Уште те прогонува?“ ја праша. „Кој?“ одговори збунето таа. „Помислата на немилиот настан,“ дообјасни тој. Таа како да се навреди, беше горда личност и не сакаше многу да покажува емоции пред другите луѓе. Сепак, не би ì пречело понекогаш да ја праша како е. Така самата се фати во лага, ете го, тука е и ја прашува како е. Малку го спушти гардот, го забави чекорот и почна да зборува. „Не ме прогонува,“ одрекна, „само не сакам да мислам на тоа, не сакам да знам ништо за него, ниту да зборувам за тоа.“ Климент сфати дека можеби му се лути и нему затоа што откако се случи настанот со Добре тој повторно го прифати за свој асистент, нешто за што немаше многу избор. Се обиде да ì објасни.


137

„Те разбирам,“ рече „но, се надевам дека не ме обвинуваш мене зашто ја продолжив соработката со него. Како човек тој е навистина гнида, но како истражувач е вреден и излегува на крај со сите предизвици. Се надевам дека ќе бидам во состојба да го отстранам од истражувањето наскоро, мислам дека доаѓаме до пресвртница. И тогаш би сакал да ми се придружиш ти.“ Таа размислуваше за неговата понуда. Секако дека би сакала да се вклучи во истражувањето, впрочем тоа беше најбитното истражување во центарот, причината зошто го вклучија Климент. Но, не можеше да се помири со неговиот опортунизам, тоа што реши да го прифати монструмот само затоа што од него имаше корист, а сега планира да го отфрли како стар партал и да го замени. Дали и таа ќе биде таков партал еден ден за него, или веќе е? Да, таа се чувствуваше отфрлена, ни крива ни должна, ì беше одземено истражувањето во кое беше главна за да отстапи место на некој кој воопшто не заслужуваше да биде таму. „Во ред,“ одговори како да сакаше да го приврши разговорот, „сега морам да се вратам на моето истражување.“ Тој ја гледаше како заминува и му остана горчлив вкус во устата. Помисли дека кажал нешто што не треба, но не можеше да разбере што. Жените беа мистерија за него. Замина во своите простории во лошо расположение и сакаше повторно да ги разгледа скиците,


138

но не можеше да се сконцентрира. Едноставно зјапаше во празно, ни самиот не знаеше колку време, кога некој му чукна на вратата. Веднаш помисли дека е таа и скокна како да го удри струја. Кога ја отвори вратата и го здогледа асистентот, му спласна радоста. Добре го извести дека компјутерот го исплукал, да, го искористи тој термин, решението и дека нема да му се верува што е тоа. Климент одговори дека веднаш ќе дојде. Беше подготвен на с`, зашто ништо веќе не го чудеше. „Композиција е,“ рече Добре, а Климент отпрвин не можеше да го разбере. „Музичка композиција, ноти,“ продолжи Добре. „Ноти,“ збунето викна Климент, „по науката, што ќе правиме со ноти?“ „Ќе свириме,“ се насмеа Добре. „Знаеш да свириш на некој инструмент?“ праша Климент, а Добре повторно се насмеа. Изгледа лудо се забавуваше и почнуваше да го нервира Климент. „Не знам,“ рече Добре, „но нешто ми зборува дека оние рачиња долу знаат. Веќе ги видовме како типкаат, претпоставувам дека знаат и да свират.“ Навикнат на налудничави идеи во оваа нивна авантура, Климент немаше избор освен да се согласи. Иако не знаеја како да ги вклучат, знаеја како да ги обезбедат потребните информаци и да се надеваат дека тоа ќе ги вклучи. Почекаа да падне ноќ, повторно ги поврзаа ра-


139

цете кои спиеја мирен сон во исчекување на следната задача. Добре најде начин како во струјата да ја кодира и информацијата која ги содржеше нотите и рацете повторно се разбудија и како послушни ученичиња се упатија нагоре. Научниците се зачудија откако ја одминаа платформата со револуционерите и се упатија нагоре. Се исплашија дека ќе продолжат кон центарот и дека другите ќе ги откријат. Но, центарот беше толку добро звучно изолиран од надворешниот свет, што се понадеваа дека тоа нема да се случи. Рацете се сместија во амфитеатарот пред рубиковите коцки и за миг застанаа. Потоа како раце на виртуоз почнаа да удираат врз она што луѓето мислеа дека се седишта, а испадна дека се типки на инструмент. Мелодијата не беше бучна, речиси едвај се слушаше, но Климент се согласи дека беше дисхармонична и немаше музичка убавина. Се запраша дали воопшто се работи за композиција. Од некоја причина на Климент му текна на Бах и на неговите „„математички“ композиции, каде што секоја нота може да се замисли како бројка, а нивните комбинации како делови од равенка. Му се причини дека рацете токму тоа го прават, како вредни раце на човек кој со целата посветеност на својот дух и тело пробива сигурносна брава од некоја добро скриена тајна. Рацете наеднаш застанаа и се вратија таму од каде што дојдоа. Завладеа заглувувачка тишина и научниците се погледнаа во небрано. „Што сега?“ како да си велеа


140

еден на друг и двајцата немаа одговор. Но, одговорот стигна, како и многу пати досега, сам од себе. Рубиковите коцки повторно почнаа да се движат, и овој пат по ред, од првата кон последната, откако едната ќе се решеше, како нејзиното решение да ја отклучуваше другата, а таа третата и така натаму кон последната. И тогаш од центарот на последната, како испружена рака во која се крие богатство, се појави вистинска коцка, но овој пат без шарените елементи на големите коцки, црна, поцрна од ноќта. Научниците се погледнаа и веднаш знаеја што треба да прават.

*** Се вратија во срцето, со коцката во рацете, небаре се работи за светиот грал. Знаеја дека таа припаѓа таму, зашто беше направена од истиот материјал како и капсулата. Но, што да прават со неа? Знаеја дека коцката на некој начин е дел од капсулата, но колку и да беа возбудени, не беа подготвени за решавање на нова загатка. „Гледај!“ рече Добре покажувајќи со прст кон една коцкеста дупка во капсулата која претходно не беше таму. „Да, очигледно капсулата е поврзана со ова што се случува надвор,“ дополни Климент за да не оста-


141

не покусо во откритието и го погледна Добре како да бара дозвола. „Ајде,“ му кимна со главата овој и погледна кон коцката која Климент ја држеше во раката, „ти ја имаш честа.“ Со треперливи раце и полн со исчекување тој ја доближи коцката до отворот, а таа беше повлечена внатре од капсулата. И тогаш почна претставата. Капсулата пред нив се отвори и од неа, како во лош научно-фантастичен филм, со шиштење и пареа, излезе нешто што наликуваше на комора за хибернација. Комората беше направена од проѕирен материјал, но не се распознаваше што има внатре. Во пареата се гледаше само пулсирачка црвена светлина, но откако таа се исчисти внатре почнаа да се наѕираат антропоморфни фигури. Климент и Добре се погледнаа како да не можат да им веруваат на очите. На комората имаше дисплеј со непознато писмо. „Тоа е тајмер,“ рече Климент, „гледаш како на секои дванаесет отчукувања се повторуваат вторите карактери, а се менуваат првите.“ Добре се согласи, навистина се работеше за дводецимален броен систем. „Но, какви се овие бројки,“ се запраша Добре, „не сум видел вакво писмо досега, особено што индиските бројки се универзално прифатени насекаде.“ „Очигледно е дека коморава долго време била


142

тука,“ шпекулираше Климент, „инаку до сега ќе знаевме за неа.“ „А можеби писмото не е ни од тука,“ се насмеа Добре, а Климент не сакаше да претпоставува повеќе и одмавна со главата. „Кој и да го изградил сето она на што присуствувавме надвор, го изградил и ова.“ Наеднаш комората почна да се отвора како пупка од цвет и двајцата научници се доближија со ококорени очи. Внатре имаше суштество во нешто што наликуваше на униформа, а на главата носеше кацига. Суштеството направи неколку нагли движења, а Климент и Добре подрипнаа наназад. Суштеството посегна кон кацигата и потоа ја извади. Ги погледна двајцата со уште позаспан поглед и се чинеше дека се обидува да сфати каде е. Она што го видоа нашите двајца истражувачи беше далеку од сите нивни претпоставки и фантазии.

*** „Здравејте пријатели,“ рече човекот кој се уште ја држеше кацигата во рацете, „помагајте да излезам.“ Климент и Добре стоеја запрепастени и не можеа да им поверуваат на очите. Човекот се насмевна и повторно ги замоли. „Хајде, времето е кратко, а имаме много работа.“


143

Двајцата научници како тогаш да се свестија и рипнаа да му помогнат да излезе. Човекот делуваше изнемоштено, очигледно од долгата хибернација. „Која е годината?“ ги праша, а Климент пропелтечи „Две илјади четириесет и трета.“ „Страхотно! Но, на време сум,“ рече човекот и изгледа дека веќе му беше подобро. „Но,“ се охрабри Климент, „кој сте вие?“ „Зарем не ме познавате?“ рече човекот. „Зарем ме заборавила историјата?“ Климент и Добре се погледнаа во недоумица. Дали зборуваа со темпонаут и дали комората од којашто излезе е временска машина, се прашуваа, но одговорот беше уште почуден. „Јас сум Никола Карев,“ изговори човекот, а двајцата присутни изгледаа како да им била соопштена веста дека Земјата е населена од вонземјани. „И јас сум вонземјанин,“ дополни Никола. Излишно е да се каже дека нашите двајца научници, одгледани на научната дојка од деца мечтееле да запознаат вонземјани. Можеа да изберат да се занимаваат со попрактични области на науката, со применета физика, или хемија, можеа да работат во лабораторија или да бидат на работ на најновите и возбудливи истражувања на нано-материјалите, роботиката, виртуелната реалност или вештачката интелигенција кои секојдневно го менуваа светот и од сферата на специјалистичка употреба наскоро се стремеа кон секојдневно комерцијално


144

користење. Не, тие избраа да се занимаваат со космологија, да ги поминуваат деновите во набљудување на небото, анализа на снимките добиени од различни извори и наоѓање на значењето во сето тоа. За нив зборовите како пулсар, неутронска ѕвезда, црна дупка или квазар беа далеку повозбудливи од самообновливи или самореплицирачки нано-материјали или интелигентни роботи. Затоа ова откритие беше за нив поголемо од с` друго, а тоа што тие беа први ја правеше целата работа уште повозбудлива. Но, нешто изумија. Толку беа обземени од зборот „вонземјанин“ што потполно заборавија на првото нешто што им го кажа - дека се вика Карев, и тоа не кој било Карев, туку Никола Карев! И навистина личеше на него, од историските документи кои им беа познати. Не знаеја премногу за него освен тоа дека бил еден од главните револуционери и борци за самостојна Македонија пред речиси 150 години. Раководител на Македонската Револуционерна Организација и на познатото Крушевско востание од 1903 година, во кое нашите претци ја создале првата република на Балканот и се спротиствавиле на вековното турско ропство. Но, републиката траела кратко, како и животот на Карев. „Што по науката бара пред нас сега!“ помисли Климент. „Знаете ли кој сум?“ праша Никола и двајцата кимнаа со главите. „Во ред, драго ми е што историјата сепак не ме заборавила. Да седнеме па да


145

ви раскажам с`, зашто сигурно ве интересира што правам тука.“ Седнаа и му дадоа чаша вода. Се заблагодари и се напи како да не пиел сто години. Всушност, навистина беше така и Климент се насмеа на таа помисла. „Пред да ви ја раскажам мојата историја, би сакал да знам со кого зборувам,“ праша Никола. „Климент Веров, главен истражувач во Скопскиот астрономски центар.“ „Добре Асасински, асистент на Климент.“ „Драго ми е,“ се ракуваа. „Скопје велите, зошто не Битола или Охрид?“ „Па, Скопје е главен град.“ „Навистина? Интересно! Штом зборуваме македонски претпоставувам дека Македонија е самостојна држава. Кажете ми што се случи по 1905 година.“ Климент и Добре се погледнаа во небрано, како да се на час по историја и наставникот ги испрашува лекција која ја учеле одамна, но се обидоа да се сетат што е можно повеќе. Му раскажаа за Балканските војни и поделбата на Македонија помеѓу Грција, Бугарија и Србија, а тој слушаше со изненаденост и натаженост. Не поставуваше прашања, само кимаше со главата, а повремено одмавнуваше во недоверба. Се чинеше дека само прибира информации и ги чува во себеси зашто знае дека не може да направи ништо. Историјата не се менува. Потоа продолжија и на кратко му раскажаа за


146

Првата и Втората светска војна, за осамостојувањето на Македонија, или на тоа што остана од неа, за социјализмот на што се чини дека Никола конечно малку се орасположи, и за капитализмот потоа, за општеството на спектаклот каков што стана целиот свет. Потоа му раскажаа за војните и 1990-тите години, за Нова Македонија и владеењето на стравот, револуцијата во 2020-тите, жртвите и обновата на Македонија во една нова, препородена земја во која живеат тие денес. „Во ред,“ рече Никола малку потиштено, „толку сакав да знам засега, подоцна ќе зборуваме повеќе, а сега би сакал јас да ви раскажам.“ Нашите двајца научници и мечтатели седеа до Никола Карев, револуционер од почетокот на 1900тите и со внимание слушаа што им раскажуваше.

*** „Јас сум Никола Карев,“ почна револуционерот со вонземско потекло, „но, не потекнувам од планетата Земја. Доаѓам од планетата која вие ја нарекувате Проксима Кентаури b од системот на ѕвездата Проксима Кентаури, на четири светлосни години од вашата планета.“ „Ние сме практично соседи!“ се пошегува Добре, но Климент го погледна строго. Тој знаеше


147

да прави вакви шеги за да се ослободи од стресот, но неговиот сериозен ментор не ги оправдуваше овие постапки. Тие се наоѓаа на прагот на вистинска револуција, по науката, запознаа суштество од друг ѕвезден систем, нешто за што мечтееле уште од најраната возраст. Освен тоа, нешто се смени во старовремскиот говор на вонземјанинот, Климент не беше сигурен како, но му се чинеше дека тој го адаптираше нивниот нов говор во сопствениот. Или располагаше со софтвер за анализа на говорните матрици кој некако е вграден во неговите нервни патишта, или е проклет лингвистички генијалец. „Бев пратен на мисија,“ продолжи Никола, „да го испитам вашето поднебје и да воспоставам истражувачка база.“ „За што?“ праша Климент и го погледна Добре како да сакаше да му каже „е такво прашање се поставува.“ „Ако мислиш дека нашата цел е да се инфилтрираме и да го поробиме вашиот род, како што раскажуваат многу ваши научно-фантастични книги, како Војна на световите, грешиш,“ се насмевна Никола. „Напротив, нашата цел е да ви помогнеме да постигнете повисок развој и да станете меѓуѕвездена нација, како нас. Така било отсекогаш и така ќе остане.“ „Во меѓувреме се зближив со луѓето тука,“ продолжи Никола. „Воспоставивме пријателски односи, видов дека овој народ живее добро и покрај


148

сите непријателски и нецивилизирани дејства против него. Видов многу страдање. И ние во нашата цивилизација сме имале такви епохи, кога еден народ се наметнувал над други, но го напуштивме тој модел, сега живееме во хармонија и почитување, а желбата за моќ и доминација ја решаваме така што ги испраќаме тие индивидуи на астероиди. Замисли, можеш сам да имаш своја мини-планета со вештачка атмосфера, стакленици, куќарче и дворче, каде што можеш да бидеш апсолутен господар! Многу од казнетите ја прифатија понудата и заминаа на нивните приватни светови, додека друг дел сфатија дека кога немаш над кого да владееш, тогаш моќта не е слатка и се вратија на матичната планета. Таму им беше понудено да живеат во изолирани заедници каде треба да придонесуваат за самоодржливоста на тие заедници. Така ги учиме на соработка и помагање.“ Климент и Добре слушаа со недоверба. Каков е тој систем кој наликува на комунизам, а проектот „мој астероид“ како протерување маскирано со слобода на избор. „Затоа не можев да поднесам моите нови пријатели да бидат подложени на таква тортура. Луѓето со кои делев покрив, им одев на свадби, погреби, празници и имендени, беа онеправдани. Не ме разбирајте грешно, ние сме едно, сите кои сме живееле на оваа територија, сите сме исто, доколку едните не наметнуваме нешто на другите. Со Гоцета и Питу (провери) знаевме надолго и нашироко


149

да расправаме за тоа како овој народ треба да се ослободи од тиранијата, како треба сите нации кои живееја на овој простор да се здружат и да го избркаат тиранинот. Другите се двоумеа, ме убедуваа дека не сме подготвени, но јас имав ас во ракавот. Со моето плазма топче немаа шанси против нас. Сепак, не можев да им се појавам со парче напредна технологија и да им го претставам, па морав да го маскирам. Нарачав од локалниот бочвар да ми направи футрола од црешово дрво и така го „облеков“ плазма топот со кој требаше да го победиме непријателот.“ „Но, како со едно топче против цела армија?“ го праша збунето Климент. Во целата приказна имаше нешто сомнително. „Да, тоа го кажаа и моите пријатели, но не разбираа какво оружје беше тоа,“ објасни Никола, „напојувано од портабилен фузионен генератор имаше неограничена моќ и работна способност. Ако сакав, можев да направам експлозија со моќ на атомска бомба, но сепак тоа би било претерано и никому не му беше од корист. Затоа договоривме заедничка акција со комитите, а јас требаше во позадина да шарам со топчето и да им обезбедувам предност. Дури и ја нивелирав експлозијата да одговара на конвенционалните за тоа време, а во екот на борбата никој немаше да забележи ако го зголемам интензитетот или дека муницијата на топот не се троши. Направив вистински воен план и се чувствував како генерал на армија, иако на


150

мојата планета бев еден обичен чиновник кој добил дестинација за истражување. Кај вас ги викаат астронаути и тие се храбри луѓе, но кај нас меѓупланетарното патување е рутина, како обичен годишен одмор.“ Добре не разбираше зошто Никола би им признал таква работа, кога с` што им кажуваше можеше да биде апсолутна измислица, а ако има вистина во неа, зошто тогаш да се омаловажува себеси? Кога тој би бил во таа ситуација, би ја искористил напредната технологија и би излегол пред луѓето да им се прикаже како господ. Замисли да се појавиш со компјутер пред заостанато племе, автоматски стануваш божество и се стекнуваш со апсолутна моќ. Овој вонземјанин со човечки лик воопшто не му беше јасен. „Но, за жал,“ се растажи Никола, „некој ме предаде, ги извести тираните за нашата акција и мене ме пречекаа во заседа. Затоа морав да избегам. Се криев некое време со надеж дека работите ќе се подобрат, но тие само се влошија. Така се најдов тука, повторно во базата, но ме открија и пратија аскер по мене. Немав многу време и набрзина го наместив датумот на моето враќање. Не можев да знам кога ќе биде сигурно време и затоа го програмирав компјутерот да ја скенира околината и врз основа на комплексен агоритам да одреди кога вашата цивилизација ќе биде подготвена за моето враќање. Претходно очигледно не бевте спремни. Потребно


151

е одредено ниво на цивилизациска зрелост за да се прифати невозможното. Во некое друго време би ме запалиле на клада, а со мене би заминале и сите потенцијални можности за напредок на вашата цивилизација, а ве чека квантен скок!“ „Тука во игра доаѓаме ние,“ се пофали Добре, повторно охрабрен. „Се разбира, вие успеавте да ја откриете природата на сигналот кој го прати компјутерот кога процени дека сте зрели да се запознаете со мене. И потоа успешно ја решивте загатката.“ „Но, зошто загатката?“ не можеше да се воздржи а да не праша Климент. „Се надевам дека нема да се навредите,“ се насмевна Никола, но вие сте како мали деца во споредба со нас, и сметав дека една таква игра ќе биде сосема згодна за вашето ниво на развој.“ Не беше во право и да, двајцата научници се навредија. Очекуваа поголема вистина, некоја тајна филозофија или света геометрија на движењето кое го изведуваа рацете, музика на сферите чии тонови свират по нишките кои го градат простор-времето, а всушност вон­земјанинот се имаше поиграно со нив. „И сега што?“ праша Климент, а Никола само се насмевна.


152

*** Никола влезе во капсулата и премина со раката пред себеси, а таму почна да трепка и да светка, се проектираше екран, странични команди, управувач и други работи кои нашите двајца научници ги гледаа вчудовидено. Очигледно се работеше за холограм, но командите реагираа како да се цврсти, материјални. Иако Климент знаеше дека таа технологија е возможна, напредокот на нано-технологијата одамна го предвидуваше тоа, сепак беше возбудливо да се види во акција. „Да видиме,“ рече Никола и притисна на нешто. Пред него се проектираше ѕвездено небо. „Јас доаѓам од тука, од системот на Проксима Кентаури. Користиме црвји дупки за да патуваме и да сееме цивилизации. Вашата планета прв пат ја посетивме пред два милиони години, а потоа доаѓавме да го следиме вашиот напредок периодично. Капсули како мојата биле закопани длабоко во земјата како никулци, да речеме нешто како компресирана материја.“ Виде дека ги збунува своите соговорници. Се обиде да им објасни со прост јазик дека никулците се нешто налик на семе. Неговата цивилизација има технологија да гради градби, цели градови, континенти, планини, па и планети од такви ни-


153

кулци. Потоа со нивно активирање тие се „расклопуваат“ и се создава тоа што е планирано. Се работи за механички конструкти кои можат да менуваат облици. Ги праша како го нарекле објектот во кој се наоѓаат, и откако му кажаа дека се вика Македониум, тој беше задоволен. „Да,“ додаде, „токму како Македониум. Тој е механизам кој може да се трансформира, видовте нешто од неговата моќ. Моите колеги ме критикуваа заради користење на рацете и мелодијата, велеа дека тоа е арчење на технологијата, но јас наоѓав хумор во тој концепт, ми беше забавен, а ако она што го работите не е забавно, тогаш сте ја згрешиле професијата. „Но, зошто ни го кажувате сево ова?“ праша Климент. „Затоа што двајца од вас ќе ми се придружат на патување до мојата планета,“ рече ненадејно. „Ние двајца?“ рече возбудено Добре. „Сепак би сакал да бидат двајца од спротивен пол,“ објасни Никола, а Добре изненадено зјапаше во него. „Имате ли таква индивидуа од друг пол која би сакала да ни се придружи?“ „Имаме,“ веднаш избрза да потврди Климент, а Добре го погледна како да знае за кого станува збор. Секако дека знаеше.


154

*** Теа беше во посета на комплексот радио-телескопи кај Мечкина опсерваторија. Таму се сретна со неколку колеги и разговараа за истражувањата кои ги направија во последните денови. До нив застана мало придружно магнето-возило какво што користеа научниците за движење по комплексите помеѓу Македониум, Мечкина опсерваторија, духовно-истражувачкиот центар Преображение кое го наследи името од Тоше Проески, еден од визионерите на минатото општество со хумана порака за разбирање, почит и љубов помеѓу сите луѓе. Сите центри беа поврзани со магнетизирана лента која им овозможуваше левитирање на овие возила и брза комуникација. Ваков транспортен систем се користеше само на блиски растојанија затоа што конструирањето беше скапо, но овозможуваше бесплатен транспорт со користење на магнетските сили. Од возилото излезе Климент. „Здраво,“ рече и без да погледне во другите, ниту да се поздрави рече: „мораме да зборуваме.“ Теа им се извини на колегите кои строго гледаа во Климент, а тој не го ни забележа тоа. Се упатија кон падината и седнаа наземи на блискиот рид од каде што имаа висок поглед кон градот и низината. „Што е итноста?“ го праша Теа малку сомнител-


155

но. Климент не знаеше од каде да почне. „Со Добре правевме некои истражувања во слободно време,“ проговори Климент. „Ах, знаев,“ рече Теа, „затоа беше толку отсутен во последно време. Па, се надевам дека се исплатеше.“ „Се исплатеше и тоа како!“ рече Климент, „Но, за тоа ќе зборуваме понатаму. Да кажеме дека направивме големо откритие и дека сега ми треба твојата помош, но не би сакал да зборуваш со никого за тоа што ќе ти го покажам. Дали можам да сметам на тебе?“ Теа го гледаше со доза на сомнеж, но не во неговото научно откритие, зашто веруваше во него и знаеше дека може да направи големи нешта, туку не ~ се допаѓаше криењето, тајноста. Точно е дека и тие го криеја нивниот главен проект од другите држави, но меѓу себе, во научната заедница немаа тајни, секое сознание се делеше со тимовите и сите работеа заедно на откритијата. Тимскиот труд беше поефикасен од дело на еден генијален ум, историјата го докажа тоа. „Но, зошто не ми кажа порано?“ го праша таа, не сакаше да го остави толку лесно да се извлече. Климент се присети на немилата случка со Марко и се стресе. Го обли бран на непријатни чувства и срцето почна да му чука силно. Навистина, зошто не ~ кажа, зошто не им кажа на сите, како ќе продолжи да живее со сознанието дека е соучесник во убиство. Да, иако тој не го стори, го прикри злос-


156

торникот, што го прави соучесник. Почувствува дека се гуши и почна да се поти како да истрчал еден километар, а видот му се помрачи. И тогаш...

*** Дебелопрстиот се пробиваше по шумската патека обрасната од сите страни, чиниш се работи за тунел од грмушки и гранки. Наскоро се најде на една полјанка и ја здогледа базата којашто ја бараше. Пред куќарката имаше еден човек кој сечеше дрва. Се упати кон него и го поздрави. Човекот се потпре на секирата и го погледна под око. Имаше околу четириесет години, со густа на места поседена брада и не оддаваше изглед на научник, туку на Адамс Гризли, осамен дивјак во природно опкружување. Дебелопрстиот се почувствува малку несигурно, зашто човекот го набљудуваше така и зашто молчеше. Лесно беше да се биде силен пред слабите, тоа го знаеше многу добро и го применуваше секојдневно, омилена вежба му беше да каже „а бе ајде,“ и да го гледа човекот во небрано како се поти, ги крши прстите и се обидува да најде збор. Сега тој беше во таква улога. Ваков научник немаше сретнато досега, сите тие беа со слаба телесна градба, со очила или занесени во нивниот свет што лесно можеше да им подметнеш производи и услуги по желба. Но,


157

овој го гледаше продорно со неговите сини очи и внимаваше на секое движење на дебелопрстиот, кој се запраша дали човекот е воопшто научник. Но, тоа беше местото, како што му го опишаа и каде што го упатија - БИЛ. Базата за истражување на лорандит и други ретки метали способни за детекција на сончеви неутрина. „В-велам,“ пропелтечи дебелопрстиот, „вие ли сте Зоки?“ „Кој прашува?“ процеди брадестиот и плукна наземи. „Џони,“ промрморе. „Која мајка ти дала такво име, а?“ се насмеа Зоки, а Џони молчеше. Неговата мајка се омажила за Американец во ерата пред единствената држава и тој се родил од таа љубов, но Амерот спраштил штом згустиле работите и таа останала сама со него. Немаше ништо од таткото, освен името, кое го следеше како клетва цел живот, а особено имаше проблеми во времето на Нова Македонија, кога се почитуваа само старински или германизирани имиња. Растењето без татко во патријархална држава и со американизирано име не беше лесно и тогаш научи да се бори за себеси, да не трпи глупости од никого и да преживее како знае и умее. Малку се исправи. „Тоа не е твоја работа,“ собра сила конечно, „туку кажи ми дали е ова БИЛ.“ „Зошто да ти одговорам ако си така нељубезен,“ рече брадестиот и сигурноста во Џони повторно


158

замре. „Те заебавам другар, знам кој си, ми јавија дека доаѓаш, ајде влези,“ се насмеа Зоки. Дебелопрстиот воздивна и тргна по Зоки во базата која не изгледаше ништо посебно. Изградена од воен хангар три на десетина метри, со дел за живеење и истражување. Зоки се упати кон кујничката и од една фиока извади плоска со ракија и две чашки. „Извини заради муабетот надвор,“ рече Зоки додека тураше ракија во двете чашки, „немам посетители често тука, а тие што поминуваат се често натрапници.“ Наздравија. „Нема проблем,“ рече Џони додека ракијата му го гореше грлото, а Зоки веќе ставаше друга тура, „ова е твоја територија, мораш да си ја браниш.“ Зоки кимна со главата, му се допаѓаше типов, по малку му наликуваше на него, се разбира, не беше толку мускулест и груб, напротив, беше малку полничок и мрсен, секако дека лесно би го совладал доколку го нападне, но имаше нешто во него што му се допаѓаше, с` уште не знаеше што. „Слушај,“ продолжи со разговорот Џони, „барам еден мој пријател од базата во Крушево, Марко се вика, ми кажаа дека е префрлен тука кај вас да работи на истражување на Алшар.“ „Батка,“ се насмеа Зоки, „нема тука никакво истражување. Можеби некогаш имало, ама сега нема, те уверувам. Секои неколку години праќаат некој како мене, малку осаменик, знаеш, човек кој не трпи многу галама и наредби од други


159

луѓе. И еве јас живеам тука, имам кревет, маса, решо, мијалник, собирам дождовница за пиење, знаеш дека водата тука е токсична од минералите во планината, и имам соларни панели за енергија. Немам телевизија, ниту контакт со светот. Ми се јавуваат еднаш-два пати годишно, за нешто како ова денес. Некој се распрашувал нешто, некој копач од странство бара парче од рудата за приватно истражување или слично. Па јас ќе го примам вака, ќе му понудам ракија и ќе помуабетиме. И после сум на раат со месеци.“ „Но,“ збунето рече Џони и покажа кон лабораторијата во другиот дел од контејнерот, „што се оние инструменти?“ „Тоа е само сцена на добро режирана претстава,“ се насмеа Зоки, „наместено за случај на ненадејна посета на инспекција.“ „Значи, ништо не истражувате тука?“ „Немој сега ти да ме оцинкариш,“ наеднаш стана сериозен Зоки и се посомнева во можноста дека се работи за скриена инспекција, „да не се караме, виде дека баратам добро со секирата.“ Џони се потргна малку и се запраша со кого си има работа и дали типов е сериозно подготвен на такво нешто. „Се разбира дека не...“ „А бе, те заебавам батка,“ се насмеа гласно Зоки, „се гледа дека си човек од доверба, што работиш?“ „Малопродажба, сувенири, такви тракатанци,“ одговори Џони и отпи една голтка ракија за да се смири малку. Зоки изгледаше неимпресионирано.


160

„Ама и повремено барам исчезнати лица,“ додаде брзо. „Аха,“ се заинтересира Зоки. „Затоа и дојдов тука,“ охрабрено побрза да објасни Џони, „да видам нашиов човек да не бил пратен тука.“ „Види,“ одмавна со главата Џони, „јас сум тука две и нешто години и никој не поминал оттука можеби шест месеци, ни Марко ни Шарко, сам сум си. Ама постои шанса да залутал тука, се случува одвреме навреме некое говедо да загине во планињено, има отровни нешта тука, како што ти кажав, градски човек к'о тебе не би преживеал.“ „Ама невозможно е да не се јават, врските ми кажаа дека во документите пишува дека е преместен тука, во БИЛ.“ „А бе може и бил,“ се насмеа повторно Зоки, „ама може и не бил. Тука ти се случуваат чудни работи, час вонземјани на небото светат, час од рудникот духови јачат, кој знае, може и твојов лик бил, ама и не бил.“ На дебелопрстиот не му се допаѓаше муабетот. Обично тој беше главниот во разговорот, ја диктираше динамиката и уфрлуваше шеги на туѓа сметка кога сакаше. „Во ред,“ рече и почна да се подготвува да стане, „ако е така, тогаш можеби сум добил грешни информации.“ „Каде пријателе?“ подрипна Зоки и за првпат покажа слабост. „Седи да се напиеме уште една.“


161

Џони, како да го чекаше тој момент, знаеше дека кога тогаш разговорот ќе се смени, дека ќе добие шанса и немаше намера да ја пропушти. „Благодарам не,“ рече со насмевка од уво до уво, „морам да возам назад.“ „Во ред,“ Зоки повторно се смрачи, „ако дознаам нешто, ќе им јавам на моите долу, па тие ќе ти пренесат.“ Се поздравија, Џони го качи ранецот на грбот и замина. „Пази да не го скршиш вратот симнувајќи се по планината,“ му довикна на Џони кога овој беше веќе заминат и се преправаше дека не го слуша.

*** „Климент, Климент,“ го дрмаше Теа, а тој се будеше како од длабок сон без соништа, страшна темнина без време и простор. „Молам,“ рече збунето, „што се случи?“ „Се онесвести,“ рече загрижено Теа. „Зборувавме и наеднаш се струполи.“ „Ах, од премореност,“ се правдаше Климент. „Де,“ почна да буричка по ранецот кој го носеше со себеси, како да знаела дека нема да се враќа веќе кај истражувачкиот тим од Мечкина опсерваторија, и извади шише со вода. „Напиј се малку.“ Климент отпи и веќе се чувствуваше подобро. „Дојди со мене до Македониум,“ ~ рече.


162

„Во ред,“ рече таа, „мислам, во ред за тоа, и за с` друго што ме праша. Можеш да ми веруваш.“ „Да тргнеме пешки, возилото нека остане таму, ќе го врати некој друг, ќе зборуваме по пат,“ предложи тој. Возилата секако беа за јавна употреба, секој на зададените релации можеше да позајми возило, а друг да го преземе понатаму. „Но, ќе можеш ли, мислам, само што се освести, не знаеш колку изгледаше страшно,“ повторно загрижено го праша Теа. „Во ред сум,“ одговори Климент. Станаа и тргнаа кон Македониум, но прво надолу кон центарот на Крушево, тесните улички, старинските продавнички и вековните куќички, историјата зборуваше од секој ѕид и од секоја авлија. Прво не зборуваа ништо и уживаа во вечерната прошетката во чистиот планински воздух и под чистото ѕвездено небо. „Колку ѕвезди... во Скопје никогаш не е вака,“ рече Климент додека гледаше нагоре. Навистина, главниот град беше чудовиште кое се справи со сопствените демони одамна, загадувањето беше доведено во границите на светските прописи, но светлинското загадување кое им пречеше на астрономите не беше прашање од јавен интерес. Теа го држеше под рака загрижена да не падне повторно. Во изминативе месеци таа се зближи со него. Чувствуваше како да може да му ја каже секоја тајна за нивната работа или за неа лично. Го чувствуваше како брат, но и повеќе, сепак се пла-


163

шеше да си признае што чувствува за него. „Почнав да ти кажувам преѓеска,“ собра храброст Климент и реши да ги изостави криминалистичките детали затоа што не беше подготвен на тоа, можеби утре. „Со Добре направивме напредок во истражувањето, го изолиравме сигналот и откривме код во него.“ „Молам?“ застана Теа. „И не си ми го кажал ова?“ „Чекај,“ се сврте Климент кон неа, „те молам ислушај ме до крај. Сакавме прво да бидеме сигурни дека сме во право. Како што кажав, го изолиравме сигналот, подоцна ќе ти кажам за неговото вистинско потекло, но и откривме дека во кодот се крие скица за Македониум.“ „Молам?“ рече збунето Теа. „Тоа нема никаква логика.“ „Така отпрвин мислевме и ние,“ одговори Климент, „но со детална анализа откривме дека скицата е всушност клуч за нешто поголемо. Без да навлегувам во детали, дознавме дека целиот комплекс е еден вид загатка која н` носеше од едно во друго откритие.“ „Каква загатка, по науката,“ збунето праша Теа. „Загатка, нешто како Индијана Џонс, ако знаеш на што мислам,“ се насмеа Климент. „Навистина? Колку необично,“ со недоверба го гледаше Теа. „Како и да е,“ продолжи Климент, „на крај ја решивме и последната загатка.“


164

„И?“ повторно застана Теа и го гледаше со нејзините крупни очи во очекување на одговор. „Што откривте?“ Климент се насмеа. Не знаеше како да ~ го соопшти нивното откритие, с` што помисли му звучеше апсурсдно, вонземјанин, Никола Карев, никулец, механизам, капсула... тие зборови му се врткаа во главата, но ниеден немаше смисла. Веќе беа блиску до Македониум, остануваше само уште да го искачат ридот. „Можеби ќе биде подобро да видиш сама со своите очи,“ одговори Климент. Влегоа во долните простории на комплексот, на местото каде што двајцата научници, бестрашни и грешни, ги поминуваа ноќите во истражување на мистеријата. Внатре ги чекаше Добре, а до него некој непознат човек кој стана веднаш штом ја виде Теа. Таа се штрекна, но не од непознатиот човек, туку од Добре. Сепак, со новонастанатата ситуација не сакаше да му посвети внимание, за неа тој не постоеше, а и тој како да ја сфати пораката, се повлече во еден агол на просторијата, како да сакаше да се сокрие. Зад непознатиот човек имаше нова опрема и Теа веднаш доби израз на недоверба на лицето. „Ова ли е младата госпоѓица?“ рече Никола со стопеесетгодишната насмевка. „Да,“ одговори Климент и се повлече малку назад кога Никола рипна да се поздрави со Теа. Наеднаш неговото тело изморено од долгата хиберна-


165

ција како да доби нова полетност. „Благодарам за овој подарок,“ рече со тон кој прв пат го слушнаа нашите научници. „Како се викаш?“ „Теа,“ рече научничката со недоверба. Не ~ беше јасно што се случува и не ~ се допаѓаше брадестиот странец кој зборуваше премногу слаткасто и, според неа, непристојно кон некој кој не го познава. Никола ја фати испружената рака на Теа и ја повлече кон неговата уста, се поклони и ја бакна. Теа нагло ја повлече раката. „Што се случува тука?“ рече строго „Кој сте вие и зошто не сум известена за вашето присуство тука? И каков е овој објект и зошто не е пријавено внесување на нова опрема? Јас сум сепак директорка на овој истражувачки центар.“ „Директорка?“ кажа гласно Никола, „Па ова е полн погодок!“ „Ве молам објаснете пред да го викнам обезбедувањето,“ рече строго. „Уф, јас ги сакам лути, а вие?“ погледна кон Климент кој стоеше понастрана од целата ситуација која воопшто не му се допаѓаше. Кога виде дека никој не се забавува од неговите старовремски шеги и самиот сфати дека премногу време поминал на планетата земја и Македонија од 19-ти и ран 20-ти век, што веќе не е жител на напредна цивилизација, туку провинциски швалер. Се созема и го смени тонот. „Се извинувам госпоѓице,“ стана посериозен,


166

„набрзо с` ќе ви стане јасно, повелете седнете. Теа го погледна со недоверба и седна на едно од столчињата во просторијата, а тој седна до неа. Ја почна својата приказна која Добре и Климент веќе ја имаа слушнато. Изразот на лицето на Теа се менуваше, од недоверба кон чудење, до восхитеност. Потоа ја одведе до комората и ја изведе неговата магионичарска рутина, а Климент се насмевна. Тој веќе беше во улогата на Теа, збунет и возбуден на можностите кои ги нуди ова откритие.

*** Шатлот застана на станицата и Дебелопрстиот се истовари во родното Крушево. Стариот Град вриеше од активност, кафулињата беа полни, а дуќаните работеа и луѓето живееја на истиот начин како и пред сто години, со кафе, муабет и набљудување на поминувачите. Цивилизации доаѓаат и заминуваат, општествени уредувања се менуваат, но обичаите не можат да се искоренат. Продавничката до црквата Св. Никола уште работеше, и по неколку децении немаше сменето изглед, внатре едвај можеше да се разминеш, но на локалците тоа не им пречеше, тие застануваа да испазарат таму и да си направат муабет. Се задржуваа подолго отколку што е потребно, а особено Дебелопрстиот кој со својот голем мев не дозволу-


167

ваше никој да влезе, ниту да излезе дур тој не завршеше со муабетот. Се распраша кај продавачите дали доаѓал некој од научницине горе и откако го известија за неколку кои не го интересираа, купи цигари и замина. Цигарите, како и алкохолот, беа илегални, но с` уште можеа да се најдат во продажба, се разбира под шалтер, скапи речиси колку неколку килограми месо, но тоа не го интересираше нашиот детектив, зашто неговата професија подразбираше недозволени работи и лоши навики. Замина од продавницата и се упати дома, во својата „вила“, а таму го чекаше мачката која мјаукаше повеќе од вообичаено. „Де, де,“ ја погали, „смири се.“ Извади конзерва од полицата, ја отвори и ја истури во садот за храна, а мачката не можеше да дочека и се пикна во чинијата додека Дебелопрстиот уште ставаше храна. „Полека бре малку,“ ~ подвикна и ја подбутна со раката, но тоа не ја поколеба. „Да ти се плукнам...“ се муртеше и кога заѕвони телефонот опцу уште еднаш. „Може ли бе човек да се пресоблече кога ќе дојде од пат,“ зборуваше самиот на себе. „Ало,“ рече по малку изиритирано, но се трудеше да биде љубезен. Клиентите му ги плаќаа цигарите и јадењето, а кога имаше недоволно од тие работи животот му се чинеше бесмислен. „Да, тој сум, повелете,“ рече со малку певлив глас како што секогаш се трудеше да звучи на телефон.


168

„Секако дека може, за вистинската сума с` може да се направи,“ се насмеа гласно. Тоа беше уште една од неговите шеги, навидум безопасни, но брутално вистинити, зашто таков беше и тој - „не одземај ми време и не заебавај се со мене“ тип. „Дојдете во мојата канцеларија, па ќе се договориме,“ рече и потоа преврте со очите. „Во именикот ќе ме најдете, пријатно.“ И ја спушти слушалката. „Ебати глупиот, кај ќе ме нашол, па јас ли да ти кажам, возрасен си,“ продолжи да зборува самиот со себе и да го колне јавувачот со кој до пред минута пееше на телефонот и беше, колку што може, љубезен. Се пресоблече, го отвори фрижидерот и извади речиси с` што најде внатре. Ги нареди работите на масата, го вклучи екранот и јадеше долго. Во меѓувреме размислуваше за својата жртва, научничето и знаеше дека го чека голема сума кеш за случајот. Глувчето е фатено на дело, само да ја подготви стапицата и ќе нема каде да бега. Откако се најаде, се избриша од ракавот и од една фиока извади ливче. Го крена телефонот и гледајќи повремено во ливчето се јави на бројот. „Ало,“ рече, „јас сум, имам информации за твојот случај.“ Потоа молчеше малку и се смееше со крајот на устата додека жртвата се обидуваше да се извлече. „Да, тој е на телефон. Нема потреба да доаѓаш, јас ќе дојдам,“ рече и го исклучи телефонот. Не мораше да се најави, некои дури би рекле


169

дека моментот на изненадување му оди во прилог, и тој го знаеше тоа, но не можеше да издржи да не се поигра со глувчето малку, како мачка пред да го изеде. Ждригна и стана. „Е, па ајде на работа!“

*** Добре беше во своите простории и размислуваше што да направи додека Теа и Климент се подготвуваа за нивното патување. И какво патување ќе биде тоа! А тој ќе остане тука и ќе се занимава со дебили како Дебелопрстиот кои ќе го уценуваат, секако немаше друга причина да му се јави. Тогаш сфати дека мора да го убеди Никола да го земе и него. Излезе од своите простории и внимавајќи некој да не го следи набрзо се најде во подземните скриени простории каде што Никола се занимаваше со својата капсула. Изгледа веќе ја имаше адаптирано за тројца, зашто јасно виде три седишта, наместо претходното едно. „Никола,“ пријде претпазливо, „сакам да те прашам нешто, но би те замолил да ме ислушаш пред да ми одговориш.“ Никола се сврте и го погледна со внимание. „Значи, уште од дете сум сонувал да запознаам некој како тебе,“ почна Добре, „секоја вечер пред заспивање мечтеев за овој момент и замислував како патувам со вселенски брод. Затоа станав на-


170

учник, морав сам да се борам и да се пробивам низ животот, никој не ми даде ништо, не сум син на поранешен министер по наука.“ Се разбира мислеше на Климент, но не го кажа тоа отворено. „Јас сум сирак,“ рече малку потивко, „моите загинаа во преродбената војна, морав да се пробивам сам низ животот. Не сакаш да знаеш какви работи сум морал да правам за да стигнам до тука.“ Никола го гледаше збунето, не беше сигурен што сака од него. Добре разбра дека ќе мора да го убедува уште малку. „Тогаш го сретнав Климент и тој ми стана најдобар пријател. Со него с` е полесно, тој е толку талентиран, што со него и јас сум подобар. Не знам што ќе стане со мене тука сам.“ Никола уште молчеше. „Тоа што сакам да го кажам,“ погледна молежливо Добре, „всушност да прашам, е дали може да ме земете и мене.“ Никола се насмевна. „Се разбира дека би сакал, но како што гледаш тука има место само за тројца.“ „Ма ајде,“ го смени тонот Добре, „вие можете да манипулирате со материјата и со простор-времето, а сакаш да ми кажеш дека не можеш да додадеш едно резервно седиште во капсулава?“ Никола се насмеа. „Тоа е вистина, но директивите се јасни, еден маж и една жена. Да не сакаш да го земеш местото на Климент?“ Добре одмавна со главата. „Се разбира не,“ рече, наеднаш се сврте и замина, зашто знаеше дека му-


171

абетот е залуден. „Е па тоа беше тоа другари, стариот добар Добре ќе си оди на бесилка, а вам нека ви е среќен патот до другите галаксии и цивилизации,“ помисли, излезе од таму скиснат како светот да е при крај и тргна на прошетка низ шумата. Не знаеше каде оди, само знаеше дека работите навистина полека се движат кон крајот. Сврте круг околу сателитскиот центар и без да биде свесен се најде повторно на местото на злосторството. Гледаше долго во местото каде што земјата беше прекопана и посака да признае сè, да си ја олесни душата и да го ослободи телото. И тогаш спасението дојде. „Повторно се среќаваме, пријателе,“ се слушна гласот на Дебелопрстиот. Знаеше дека е тој и без да погледне, иако беше во неговата близина само еднаш во животот.

*** Климент напика во ранецот неколку основни работи за хигиена, резервна облека, тефтер, се помисли дали да носи електронски уреди, но се поставуваше проблемот на полнење. На Земјата имаа универзални емитери на безжична електрична енергија и сите апарати можеа да се полнат на одредена фреквенција, но претпоставуваше дека таму некаде каде што цивилизацијата е на ниво да можат да манипулираат со материјата на атомско


172

ниво, веројатно имаат и бесконечна енергија. Сепак го зема својот личен компјутер, го превитка во големина на паричник и го пикна во ранецот. „За малку ќе заборавев!“ викна гласно и замина во бањата од каде што извади една крпа за раце и ја пикна во ранецот. „Крпата е најкорисната работа за еден меѓуѕвезден авто-стопер,“ го цитираше писателот Даглас Адамс во себеси и се насмеа. „Автостоперскиот водич низ галаксијата“ беше негова омилена книга од раното детство и патот пред него беше единствена животна шанса. Се разбира дека ќе земе пешкир! Се најде пред вратата на Теа и чукна. Од внатре се слушна „Момент!“ и потоа таа ја отвори вратата, а Климент влезе и погледна наоколу. Немаше знаци на подготвување за пат. Теа нервозно чекореше по собата, а тој го спушти својот ранец до клуб-масата и стоеше во небрано. Ја набљудуваше како оди ваму-таму како волчица во затвор и конечно ја праша: „Што ти е?“ „Не знам,“ рече таа, „не сум сигурна дека треба да одам.“ Знаеш, јас имам семејство тука, родители, брат, роднини, поврзани сме, не сум како тебе, ти си самотник, веројатно затоа не се двоумиш, но јас, јас не сум сигурна... сепак, знам дека ова е тоа што го чекав цел живот, причината зошто гледам нагоре секој ден, зјапам во екраните во потрага по сигнал, но сега не знам, јас...“ бладаше Теа. Климент во тој миг се сети на мајка му и сфати дека во целата гужва со истражувањето, случката


173

со Марко и подготовките за патот не му текна дека треба да ~ се јави. „Те разбирам,“ ја убедуваше, „но, знаеш ли што значи ова за нас, за човечкиот род! Големите откритија бараат жртви, Њутн се отрул од жива заради своите експерименти, Марија Кири умрела од радијација, Галилео ослепел од гледањето на Сонцето со својот телескоп, жртвите се неопходни во името на науката!“ Теа молчеше, но сепак застана и не чекореше повеќе. Климент ~ се доближи. „Освен тоа, не сакам да одам сам, потребна си ми.“ Застана пред неа, таа ја крена главата, а тој ја фиксираше со очите, му се причини дека тоне во нејзините очи, срцето почна да му бие силно и го обли бран топлина. Таа воздивна и топлината од нејзината уста му го обли лицето како летно ветре на морска шир. Ги доближи неговите усни до нејзините и таа му се предаде.

*** „Што сакаш од мене?“ го погледна непријателски Добре човекот кој очигледно почна да го прогонува. Претчувствуваше дека судниот ден се ближи и беше подготвен на с`. „Ништо,“ се насмеа Дебелопрстиот, „само да поразговараме.“ „Нема за што да зборуваме,“ рече строго Добре,


174

„мислам дека помеѓу нас е расчистено, нема што повеќе да се зборува.“ „Па, не е баш така,“ Дебелопрстиот не ја симнуваше насмевката од лицето. „Слушај,“ повторно процеди Добре, „ако мислиш дека ќе ме уценуваш, нема да ти успее.“ Џони ја гледаше својата жртва и помисли дека ќе биде премногу лесно да се извлече вистината од ова суштество. Изгледаше толку кршливо, немаше сила во телото, ниту во духот, дури не ни можеше да издржи да гледа во некого подолго од неколку секунди, веднаш ја спушташе главата. Вратот му беше толку тенок што веројатно ако сака може да го свитка како гранче, а рацете му беа тенки како да не кренал ништо повеќе од пенкало во животот. Веројатно и не кренал. Така размислуваше Џони и затоа се смешкаше, уживаше во играта на мачка и глушец, можеше веднаш да му каже каде бил и што дознал, но почека да види дали глувчето само ќе излезе од дупката, а потоа ќе го фати. „Ма каква уцена батка,“ се насмеа гласно, „само сакам да си помуабетиме.“ „За што по науката би муабетел со тебе?“ веќе го губеше трпението Добре. „Па за нашиот заеднички пријател Марко,“ рече ненадејно Дебелопрстиот и на Добре му се пресекоа нозете. „Знаеш, бев на еден излет во Алшар и зборував со луѓето таму. Марко наводно требало да биде префрлен во тоа место, но замисли чудо, никој не ти слушнал за него. Па си помислив, ти да не-


175

маш некоја информација за неговото исчезнување, бидејќи сте, извини бевте, блиски.“ Се работеше за очигледна провокација и Добре с` уште не можеше да разбере дали рекетарот кој глумеше детективче во слободно време ја знае целата вистина. „Па што,“ го убедуваше Добре, „такви работи се случуваат. Кога би се занимавал со наука би знаел, често н` праќаат на терен и некогаш е потребно трагите да се скријат. Ние работиме со осетливи податоци и технологии кои понекогаш не смеат да се најдат во рацете на луѓето. Се случува.“ „Се разбира, се случуваат такви работи, но луѓето како мене, иако не се научници, секогаш им го фаќаат крајот,“ се насмевна Џони како да сакаше да му даде на знаење дека знае што наумил. „А кој знае, може нашиов проблематичен тип ненадејно почувствувал потреба да биде со семејството, кај двете мали деца.“ Џони се стресе. Не знаеше дека Марко има деца. Таа помисла го удри како чекан и му се заврте во главата. Се потпре на ѕидот. „Што се случи, нешто ми ти се слоши, а?“ Добре го погледна својот мачител со насолзени очи. „Да, Марко имаше деца, иако не ги гледаше често, разведен беше, но ги сакаше најмногу од с`. Чудно е што не го знаеш тоа, кога бевте толку блиски.“ Добре с` уште се обидуваше да се соземе и тогаш му текна дека сето тоа може и да не е вистина. Марко никогаш немаше споменато дека има деца,


176

не изгледаше на таков тип, но од друга страна, не беа блиски како што тврдеше овој бурекојадач. Се разбира дека Џони го знаеше тоа и тоа беше само дел од неговата тактика на заплашување. „Каква врска има тоа со мене?“ се созеде Добре, се исправи и зачекори кон Џони. „Па не знам,“ и тој направи чекор напред, „кажи ми ти каква врска има ти да дојдеш кај мене со барање некој да се заплаши и потоа да го откажеш барањето, а истиот тој потоа да го снема. Ќе ти ја кажам мојата теорија. Си имал проблем со Марко и си сакал некој да ти го реши, но не си можел да издржиш. Чувството дека некој ќе го среди проблемот ти донело чувство на олеснување, си добил сила и си сакал да му го покажеш тоа, а тој те исмеал, ти се спротиставил и ти не си можел да издржиш. Настанала борба во која си го убил. Не знам како и каде, но си го направил тоа, ги знам таквите работи, сум видел такви нешта.“ Добре го гледаше со вцрвенети очи, погледна надолу и сфати дека Дебелопрстиот стои токму над местото каде што го закопаа Марко. Го фати паника. „Аха, блиску сум, нели?“ рече Џони, „ти кажав, ги чувствувам овие работи.“ Добре упорно гледаше во нозете на Џони како некоја невидлива сила да не му даваше да го тргне погледот. „Всушност...“ Џони се помести чекор-два наназад и како да сфати нешто во тој момент, погледна во земјата, во местото каде што зјашаше Добре,


177

„можеби сум поблиску отколку што мислев. Тука е, нели? Во свежо копанава земја. Да, еве тука е помеко, се гледа дека е копано. Ха-ха, знаев дека с` ќе ми кажеш сам, имав доверба во тебе!“ Добре вресна и тргна кон Дебелопрстиот. Тоа беше крајот кој го почуствува. Тој веќе не е научник, тој е убиец, а набрзо ќе стане и сериски убиец. Сега се работеше само за бројки, еден белозабец, два дебелопрстец, три - кој и да е следен... не беше битно. Но, само што тргна кон Џони, овој стар волк ја препозна неговата намера и со брзина на колумбиски нинџа од појасот извади мачета. Острицата светеше на месечината, а отсјајот ја осветлуваше садистичката насмевка на Џони. Се гледаше дека не му е прв пат да го вади тоа чудо. Во неговата професија се соочуваше со секакви пореметени ликови. „Ајде пиле да поиграме малку оро!“ Добре се стаписа. Не очекуваше вакво нешто. Застана и направи чекор назад. „Така, така, е'н-два-три назад, сега два чекори напред. Ајде, дојди, знаеме дека нема да се бориш со мене. Не знам како си го отепал Марко, ама знам дека било од грб. Ајде пиле дојди, сè што треба е да ми подадеш рака, па ќе одиме да поразговараме со моите пријателчиња од полицијата.“ Кога го слушна тој збор Добре знаеше дека има само едно решение. Веруваше дека вселенската тројка уште не е тргната на пат, ќе им упадне и ќе го замоли вонземјанинот Карев да го земе со нив, баше подготвен да падне на колена, но пред тоа


178

мораше да избега. Се сврте и почна да трча колку што го носат нозете, го слушаше павтањето на дебелопрстиот зад него и знаеше дека е побрз од него. Сврте низ шумичката и се обиде да му избега пред да се врати кон Македониум. Успеа и се шмугна низ грмушките право кон долниот влез.

*** „Спремни сме,“ се појавија Климент и Теа пред Никола. „Одлично,“ се насмеа тој, „и јас ги правам финалните проверки. Климент го набљудуваше како со елегантни движења, по малку како магионичар манипулира со холограмите. Занесен во неговите движења се присети на едно од основните прашања и самиот се зачуди како не му текнало порано. „Никола, извини,“ му се обрати, а овој без да се сврти продолжи со работа и одговори едно кратко „М-м?“ „Ти си дојден од друга галаксија,“ почна Климент, „дали тоа значи дека Никола Карев, историскиот, вистинскиот, е всушност вонземјанин?“ Никола се насмевна. „Ти требаше долго време да се соочиш со тоа прашање, нели? Отсекогаш сме го имале тој проблем со идентитетот, уште кога престојував тука пред повеќе од сто години. Како да се плашиме од


179

другоста, од поинаквоста. Јас сум вистинскиот Никола Карев, а што значи тоа останува да дознаете на нашето патување.“ Климент и Теа се погледнаа и се разбраа без зборови. Навистина, сега беше битно само едно, дестинацијата. „Влезете,“ им рече Никола и им помогна да се сместат. Со едно движење со рацете пред нив се вклучија нивните екрани. Им објасни што да гледаат, каде се тие, која е дестинацијата, дека за неколку часа ќе влезат во хибернација и што треба да изберат како опција. Потоа ќе се иницира автоматско будење пред да стигнат до црвјата дупка, зашто низ неа мораат да минат свесни, инаку може никогаш да не се разбудат. Ги предупреди да не паничат кога ќе се возат низ дупката, првиот пат може да биде страшно, ако не можат да издржат може да изберат седатив на одредено мени кое им го покажа, но ги советуваше да издржат. Потоа кога ќе излезат од дупката повторно влегуваат во хибернација. С` на с`, патот трае десет човечки години. „Молам?“ рече изненадено Климент. „Десет години? Зарем тоа не е првата работа која требаше да ни ја кажеш?“ „Тогаш немаше да прифатите,“ се насмеа Никола, „но, не грижете се, бидејќи ќе патуваме со брзина блиска до таа на светлината, за вашето тело ќе поминат само шест месеци, толку губите од животот.“ Климент знаеше што значи тоа. „Познат ми е концептот на релативитетот, но


180

тоа значи дека за нашите познаници ќе поминат десет, поточно дваесет години пред да се вратиме, а за нас само една.“ Климент помисли на мајка му, која веројатно нема да биде жива кога ќе се врати... но, науката бара жртви, беше свесен за тоа уште од моментот кога ~ го посвети животот. Теа го гледаше шокирано, очигледно и таа беше изненадена од новата вест. Бараше како да го откопча каишот со кој беше врзана, но тогаш се отвори вратата и нештата добија нов тек.

*** Дебелопрстиот павташе низ шумата. „Да ти ибам детето,“ пцуеше на глас, „каде ќе бегаш?! Само го одолговлекуваш неминовното. Предај се сам, нема потреба од ова.“ Тој се нервираше што мора да трча по криминалецот. Секогаш ги фаќаше, не се плашеше од тоа дека ќе му избега, но трчањето му беше најомразениот дел од работата. Павташе и бревташе додека излегуваше од шумата и за миг го изгуби Добре од вид, но потоа го здогледа како влегува во еден затскриен влез во Македониум. Цел живот живееше во Крушево, во сателитската станица имаше пријатели, и бил таму стотици пати, но не се сеќаваше дека некој влегол таму. „Така значи пиле, уште тајни.“ Тргна по него. „Спасувајте, луѓе,“ викна Добре само што влезе.


181

Сите го гледаа зачудено. „Ме брка еден манијак кој сака да ме убие, помагајте.“ „Ние тргнуваме Добре,“ го погледна Никола формално и без емоции. „Ти посакувам с` најдобро.“ „Како најдобро бре, ме слушна ли?“ го погледна Добре зачудено, „Климент, зарем ќе ме оставиш!“ Климент го гледаше во небрано. Во тој момент на вратата се појави Џони. „Еве го Џони! Опа, што имаме тука!?“ ја погледна сцената која го пречека. Неговата жртва стуткана во еден ќош, трепери, но сега веќе тој не беше во неговиот фокус. Чудно возило и во него двајца луѓе, а пред него, дали е возможно, плукнат Никола Карев! „Идиотов сака да ме убие, помагајте!“ вресна Добре. „Ќе се справам подоцна со тебе пиле,“ рече Џони, „но изгледа тука имаме нешто поинтересно.“ Никола го погледна како да нема време за непотребни разговори и од џебот извади нешто што наликуваше на пиштол и го погоди Џони. Овој вресна, а потоа се струполи. Сите го погледнаа со чудење. „Парализатор, не грижете се. Ќе се разбуди по неколку минути, толку ни треба да тргнеме. Добре, ти ако си во неволја, еве ти шанса да избегаш.“ Само што го кажа тоа и се сврте кон капсулата, зад него се слушна: „Ти ќе ме парализираш мене, мамето!“ викна Џони уште зашеметен и замавна со мачетата. Ни-


182

кола ја крена раката да се заштити и таа падна како пресечена гранка. „Што по ѓаволите,“ не стигна да докаже Џони, кога повторно падна во бесознание. „Овој е навистина здодевен к'о мува,“ рече Никола и со истиот „пиштол“ ја „завари“ раната како да не е ништо. Климент и Теа го глеаа збунето. Добре с` уште клечеше во ќошот. „Пушти н`!“ викна Климент. „Доцна е за тоа,“ рече Никола Карев, или што и да беше, и го зазема своето место. Ја вклучи капсулата, вратата се отвори ширум и таа полека се крена и замина низ вратата. Добре истрча надвор и ја виде капсулата како со неверојатна брзина исчезнува на небото. Зад него слушна офкање и стенкање. Дебелопрстиот се будеше, немаше многу време.

*** Џони гледаше во полусознание како на хоризонтот се издигнува нешто што наликуваше на авион без крилја и потоа го снемува. С` во главата му беше заматено и едвај се придвижи. Не можеше да го објасни тоа што го виде, но подоцна ќе се грижи за тоа, сега го интересираше само Добре. Отсекогаш ги презирал луѓето како него. Ги нарекуваше слабаци со очила. Добре не носеше очила, но совршено се вклопуваше во таа категорија, со суво, сла-


183

бо тело кое не би можело да се избори за живот во поинакви услови. Џони се присети на војната кога го регрутираа. Го одвоија од семејството и никогаш повеќе не ги виде. Тие беа колатерални жртви на ова „подобро“ општество за кое тој се бореше. Да знаел како ќе биде, какви изроди ќе владеат, ќе си свирнеше куршум првиот ден кога почна војната. Тој Добре се осмели да изврши криминал, а притоа да се засолне под закрила на истиот тој систем кој не го заслужил, кој му бил подарен со самото тоа што знае математика. Каде е правдата тука? Порано позициите се заслужуваа со борба, со жртва, а денес со раѓање. Затоа мораше да стори нешто, да го казни злосторникот. „Каде избега, по Државата?“ се запраша Џони додека се придржуваше за ѕидот на просторијата. Вратата беше ширум отворена и се најде надвор. Светлината го заблесна како да бил во темнина со години. Откако видот му се прилагоди тргна кон влезот на сателитскиот центар. На вратата го пречека чувар. „Легитимација,“ му го попречи патот корпулентен војник. „Слушај момче, се работи за итен случај. Јас сум приватен детектив,“ рече и ја извади својата легитимација од Факултетот за безбедност. Знаеше дека шансите се мали, факултетот кој го заврши „на стари години“ не беше ценет во новото општество, но му требаше диплома за да ја добие легитимацијата. Токму тоа му пречеше во целава работа. Тој беше


184

стар волк, рануван за младиве да можат да живеат нормално и наместо државата да го награди, да прима пензија на ветеран, таа го казни да мора да работи и да чека со страв дали голобрадото момче пред него ќе го пушти да влезе и да работи на случајот. „Господине,“ му ја врати легитимацијата, „ќе ви треба дозвола од повисока инстанца. Вашите приватни случаи се сметаат како ниско ниво на приоритет, освен ако не добиете дозвола од некој повисок орган.“ „Слушај батка,“ го губеше трпението Џони, „внатре имаш човек кој е маскиран како научник, а всушност е убиец. Може ли да ти влезе тоа во кратко-стрижената глава, или со косата го изгуби и паметот? Ти ме спречуваш да го приведам убиецот и со тоа го доведуваш целиот Сателитски центар во опасност.“ Џони се надеваше дека овие негови зборови ќе го заплашат момчето и дека ќе попушти, но тој не го смени изразот на лицето. „Како што ви кажав, ќе ви треба дозвола од повисок орган.“ Џони го гледаше бесно, сакаше тука на лице место да го совлада и насила да влезе во базата, но момчето изгледаше доста цврсто. Не вредеше да се ризикува. Ќе добие документ, и тогаш ќе плукне пред нозете на стражарот, а Добре ќе се најде зад решетки. Ќе видат тие сите, ќе се врати.


185

*** „Никола,“ се слушна женски глас, „ми се лоши.“ Теа се држеше за страните од својата капсула и гледаше околу себеси. Не можеше да процени со колкава брзина се движат, но тоа беше побрзо од с` што почувствувала и што можела да замисли. Веќе одамна беа излезени од орбитата на Земјата и Марс и беа на пат кон Јупитер, толку можеше да разбере од конзолите пред себе. Не можеше да процени колку време изминало, но знаеше дека Јупитер се наоѓа на толку големо растојание од Земјата што единствен начин да стигнат до таму за толку кратко време беше со брзина блиска до таа на светлината. Не забележа ниту една од класичните аномалии кои би требало да се јават при таа брзина. Сепак, ~ се причини дека просторот пред нив беше извиткан. Можеби возилото го користеше концептот на „виткање на просторот“, а одамна знаеме дека самата вселена може да се движи побрзо од светлината. Но, до какви с` парадокси би довело тоа, се плашеше да помисли. Но, навистина не се чувствуваше добро, ~ се чинеше дека утробата во секој момент ќе ~ се преврти нанадвор. „Притисни на црвеното копче до тебе каде што има знак на насмеано човече.“


186

Таа го стори тоа и капсулата се исполни со гас. Веднаш ~ стана подобро, па дури и малку предобро. Почна неконтролирано да се кикоти. „Теа,“ ја праша Климент, „дали го гледаш ова што го гледам јас? Се чини дека сме блиску до Јупитер, како е возможно тоа?“ „Капсулата го витка простор-времето,“ рече Теа и прсна во смеа. „Така некако,“ додаде Никола. „Сега влегуваме во орбитата на Јупитер и ќе ја искористиме неговата гравитација за дополнителен импулс, а потоа на работ на Сончевиот систем, на работ на Ортовиот облак н` чека нашата стара добра црвја дупка. Таму патот ќе стане малку немирен. Гравитациските бранови се многу силни и има доста ѓубре на патот, па ќе мораме малку и да управуваме рачно.“ „Какво ѓубре?“ збунето праша Климент. „Меѓуѕвездено,“ се насмеа Никола. „Објекти од Ортовиот облак.“ Климент веднаш се сети на теориите за Планета Икс и Ѕвезда Немезис, надминати теории според кои постојат големи објекти во надворешниот Сончев систем кои гравитациски ги пореметуваат статичните објекти од Ортовиот облак и ги упатуваат кон внатрешниот Сончев Систем и Земјата. Тоа е, наводно, причината за периодичните истребувања на голем број видови на Земјата. „Црвјата дупка е вашата Ѕвезда Немезис,“ додаде Никола како да му ги читаше мислите на Климент.


187

„Неверојатно,“ прошепоти Климент во себеси. Беше возбуден, не само поради последното откритие, туку поради целиот пат, замислуваше што ги чека, сознанијата кои ќе им бидат откриени и можноста да ги пренесат истите на Земјата. Тоа би значело моментален напредок од стотици, можеби илјадници години. Но, дали Земјата е подготвена за такво нешто? Во тие мисли и прашања заборави да си го постави најбитното. Дали воопшто ќе се вратат назад?

*** Добре влезе во своите простории и почна да се пакува. Ги пикна само најосновните работи внатре. Размислуваше за с` што му се случи. Беше откриен, истражувањето ќе пропадне. „Но, кое истражување?“ помисли. Климент и Теа беа заминати, а со нив и сите сознанија. Немаше да се вратат наскоро, а прашање беше воопшто дали ќе се вратат. Што му преостануваше освен да се предаде и да дозволи дебелите прсти да ги фатат неговите раце со лисици и да го одведат во бессознание. За него не беше страшна помислата на затвор, туку идејата дека ќе нема шанса да остави трага на човештвото, да го унапреди барем неговото општество и да се запише во учебниците. Единствените учебници во кои сега ќе го има се тие по криминалистика.


188

Затоа реши да избега, немаше да му дозволи на Дебелопрстиот да ужива во неговата казна, таквите како него повеќе ги засега личното задоволство од уништувањето нечиј живот, отколку законот и правдината. Го виде многу јасно тоа во неговиот лик, во неговите скриени насмевки кога успеваше да открие нешто за неделото кое го стори тој. Нема да му дозволи да се смее на негова сметка, ќе избега надвор и ќе го смени идентитетот. Но, мораше да дејствува брзо, додека Дебелопрстиот не ја разгласи работата. Требаше веднаш да се врати во Скопје и оттаму да тргне преку северната граница каде што с` уште постоеше можност за илегален премин, еднаш го дозна тоа во неврзан разговор со пријател кој имаше познаници од подземјето. Ќе го контактира кога ќе стигне во Скопје, можеби ќе може да му набави документи. Друга можност беше да се обиде легално да премине, да ризикува, ако Дебелопрстиот с` уште не го пријавил. Иако беше логично веќе да го сторил тоа, сепак Добре веруваше дека тој сака да го фати сам, за да може да го погледне во очи и да му се насмевне со цинизам, а потоа да му каже „Те фатив, пиле“ или нешто слично на тоа. Да, можеше сосема јасно да ја предвиди таа можност и затоа би се осмелил на легален пат. Но, прво да се спакува, да смисли изговор и потоа да тргне. Тогаш го удри помислата дека не само што ќе одговара за убиството на Марко, туку и за исчезнувањето на Климент и Теа. Тогаш сфати дека не


189

може да бега, туку дека треба да се соочи со правдата. Но, сепак, во новата тешкотија се отвори една сосема неочекувана можност.

*** Климент го немаше да се јави веќе неколку месеци. Мајка му Вера, обично не се грижеше, знаеше дека тој е самостоен и постојано зафатен, некогаш се губеше во работата и се случуваше да не се слушнат и по неколку недели, но никогаш волку многу. Единствен начин да стапат во контакт беше тој да се јави, но таа не можеше да му се јави, зашто повици од надвор за неслужбени лица не беа дозволени. Сепак, таа порано беше на функција и реши да ги искористи поранешните познанства. Претчувствуваше нешто неубаво и затоа отиде да го посети Климент. Замина во канцелариите на Министерството за наука и таму го побара неговиот шеф на Климент. Човек во години, сепак помлад од неа, нејзин поранешен студент. Кога заврши војната, дел од функционерите кои беа образувани ги задржаа да вршат функции во државата и да ги обучат младите кадри. Кога ја завршија својата работа, системот ги исфрли како стари патики. Тоа се случи со неа и со многу од нејзините колеги. „Професорке Верова,“ рече човекот со малку наместена насмевка и ~ подаде рака, „како сте?“


190

„Не се жалам,“ одговори таа. „Како можам да ви помогнам?“ ја праша. „Вака, знаете дека мојот син Климент е во Сателитскиот центар во Крушево, пратен на значајна мисија. Бевме во контакт до пред некоја недела, а потоа изгубив врска со него.“ „Сакате да му се јавиме, веднаш.“ „Не, би сакала да го видам, да отидам таму. Ако се случило нешто, не сакам да дознаам по телефон.“ „Но, ве уверувам дека ништо не се случило, сигурно е зафатен, па затоа не ве контактирал.“ „Се разбира,“ рече таа непоколебливо, „сепак би сакала да отидам и ми треба пропусница од вас.“ Човекот се премести на столчето како наеднаш да му стана неудобно. „Знаете,“ почна несигурно, „не би можел да ви дадам такво нешто, тоа е против правилата, сепак само истражувачи може да престојуваат таму.“ „Се разбира,“ не попушташе таа, „но јас сум поранешен истражувач.“ „Да,“ се насмевна повторно вештачки човекот, „клучниот збор е поранешен.“ „Слушај Васил,“ рече малку грубо Вера, „кога ти висеа оценките во воздух, јас бев тука да ги приземјам, а да не зборувам за проблемите кои ги имаше дома и никој не се најде да ти помогне, освен една самохрана мајка со мало дете.“ Васил погледна в'земи и почна да превртува со рацете како да беше посрамено учениче. Отсекогаш се чувствуваше така пред професорката. Неј-


191

зиниот интелект беше толку супериорен во однос на неговиот што секогаш се срамеше пред неа, особено кога дојде на функција. Молчеа некое време, а потоа тој ја крена главата. „Во ред,“ рече, „ќе ви обезбедам влезница. Но, потоа сме квит.“ Таа погледна во неговите очи кои наеднаш добија продорност, изгледаше како со години да чекал да добие прилика да ја изрече таа реченица. „Во ред,“ возврати таа, стана, се ракуваа и таа замина. Додека излегуваше од Министерството за наука, старата зграда која и во нејзино време ја имаше истата функција, а таа беше директорка таму, почувствува голема тага не само заради тоа што луѓето денес ја имаа изгубено човечноста, нешто што дури и за време на „Државата“ вистинските пријатели го имаа многу повеќе, туку и затоа што ~ се чинеше дека оди на пат од кој нема враќање. Ако дознае дека нешто му се случило на Климент, тоа ќе биде нејзин крај. Немаше повеќе никој на светот, само него. Се присети на последната средба со татко му на Климент. Тоа беше во 2021 година и тој веќе беше под дејство на зракот кој од луѓето правеше ѕверови и сето она што таа го сакаше во него, желбата за истражување, љубовта кон науката и напредокот, соништата за подобро утре - сето тоа веќе не постоеше. Единствено што остана беше желбата за моќ која избиваше од неговите крвави очи како вжаре-


192

на магма. Тогаш го виде последен пат, замина со родителите, со мајката која беше повредена и која беше на крајот на силите и стариот добар татко. Мајка ~ не издржа и само по неколку дена нејзината бледа кожа стана сива. Ја закопаа покрај патот и ја оставија во необележан гроб. Со години потоа таа се прекоруваше зошто не им текна барем да го означат, понекогаш ќе можеше да го посети местото, но во голата борба за живот не можеа да мислат на мртвите. Со месеци се криеја со татко ~ по грмушки и пештери, напуштени куќи и шупи. Често ги менуваа локациите за да не ги откријат. Понекогаш среќаваа помали групи бунтовници, но се плашеа да ги контактираат, зашто не знаеја што може да ги чека. Подобро им беше да се обидат да опстанат сами. Поминаа месеци откако ја закопаа мајка ~ во незнајните краишта во околината на Скопје. Вера честопати мислеше на неа и се тешеше со тоа дека можеби е подобро така, дека само непотребно ќе се мачеше како нив двајца, во потрага по храна и живеалиште, како кучиња, во страв за опстанокот, стуткани еден до друг во ладните ноќи. Се разбира дека не смееја да запалат оган, бесните кучиња веднаш ќе дојдеа по нив, полудените луѓе или побеснетите животни, беше сеедно. Храна се наоѓаше с` потешко и дрвјата и гр-


193

мушките одамна беа соголени од сите хранливи состојки. Сите остатоци од цивилизацијата, зафрлени мали продавнички на рабовите од градот, беа одамна опустошени, нивните светлечки реклами прегорени, а излозите искршени. Секако населените места требаше да се избегнуваат, единствено посигурно опкружување даваа напуштените и осамени куќи кои веројатно биле оставени одамна пред војната. Знаците на распаѓањето не беа од вчера, а просториите со нашите одметници ги делеа страчки, верверички, полски глувчиња и напуштени мачиња. Веќе некое време престојуваа во една од куќите и Вера почна да ја чуствува како дом. „Го прекршивме правилото да не остануваме на едно место повеќе од неколку дена,“ рече татко ~ една вечер, додека се обидуваше да запали газиена ламба која ја најде во малиот правлив подрум преполн со празни шишиња, гајби и повеќе прашина отколку корисни нешта. Но, ламбата беше таму, како и кантичка со петролеј. Кога ги пронајде, на г-дин Веров му се причини дека ја видел светлината во животот. Никогаш, па дури ни во тоталитаризмот не би помислил дека толку ќе се радува на таква едноставна работа. Веднаш се стрча горе и ја покажа на Вера која тогаш дремеше. Во тој период таа многу спиеше, едноставно не можеше да се соочи со реалноста, сакаше да избега во соништата, но и таму ги гледаше неа, мајка ~, Никола со закрвавените очи и нив, бесните ѕверови кои доаѓаа


194

да ја растргнат. Таа се насмевна со сила како да не сакаше да го навреди. Сега веќе беше подобро, ја прифати реалноста и гледаше да преживее, ако не за себеси, тогаш за него. Се разбира и за татко ~, но повеќе за него, за бебето кое го носеше во себеси. На почеток не беше сигурна, но телото знаеше и почна да се подготвува за она што следи. Тоа не го интересираше што надвор владее војна, по државата, можеше да дојде и крајот на светот, природата не се грижеше за тоа. Во нејзиното тело се создаваше живот и тоа беше единственото нешто битно. Природата наоѓа начин, природата секогаш наоѓа излез. „Вера,“ прозборе татко ~, „ме слушаш ли?“ Таа се претна од мислите. „Да, тато.“ „Што велиш да се скрасиме малку тука, да засадиме нешто, најдов неколку семки од компири и патлиџани во подрумот, мислам дека ќе може да ги искористиме.“ Таа го гледаше својот мил татко кој се трудеше, навистина се трудеше да биде позитивен откако ја изгуби животната сопатничка. Знаеше дека се преправа заради неа, неговата ќерка, зашто на родителите им се побитни децата отколку тие самите. Тоа го знаеше сега, можеше да го почувствува длабоко во себеси, таа неизмерна љубов, иако суштеството што се раѓаше во неа уште не беше човек, не беше оформено, таа веќе го сакаше и беше подготвена да стори с` за него. „Се разбира тато,“ се насмевна, „да посадиме


195

компири и патлиџани.“ Таткото скокна весело и се упати кон дворчето, а таа остана со мислите за своето чедо кое никогаш нема да има татко. Неговиот татко е ѕвер, но не бил секогаш таков и таа се надеваше дека експериментите кои ги правел Никола со зраците не влијаеле на неговата ДНК во таа мерка да влијае врз нејзиното дете. Ги растера тие мисли и знаеше дека нема да биде така, тој ќе биде силен и умен, ќе ги надминат тешкотиите заедно и тој ќе помогне во градењето на новиот свет. Ѕверовите и бунтовниците ќе се успоубијат и ќе останат разумните кои подучени од грешките ќе изградат нов свет. Таа знаеше дека ќе биде така и можеше да го замисли токму неговиот син како ги предводи во подобра иднина. Го најде татка си во градината. На небото имаше полна месечина која ја осветлуваше куќата и околината како улично светло. Се гледаше дека претходните газди некогаш одамна имале градина таму, но сега земјата беше тврда и пресушена. „Добро е,“ се сврте таткото кога ја виде, „веќе ги гледам патлиџаните како црвенеат.“ Тој секогаш беше позитивен и сакаше да ~ даде надеж, дури и кога беше дете и кога беа одделени. Додека растеше честопати беше така, но кога и да се видеа, тој на кратко ~ ја пренесуваше филозофијата на животот преточена преку малите нешта, а најбитното од с` беше никогаш да не се откажеш. Таа погледна кон полето и виде дека градината


196

е делумно заградена, но поголемиот дел од неа е отворен. Тоа не беше добро, зашто никој не смееше да види знаци на живот во и околу куќата, а градина беше очигледен знак. Му ги кажа сомнежите на таткото, а тој веднаш најде решение, ќе ги растурел полиците од подрумот и ќе направел ограда за ништо да не се гледа, само таа да не се грижи. Таков беше тој. „Утре штом се раздени ќе почнам со работа,“ рече тој. „Се разбира тато,“ кимна со главата таа, „ајде да влеземе внатре, не е сигурно навечер надвор.“

*** На Дебелопрстиот не му требаше долго време да најде дозвола за влегување во Сателитскиот Центар. Тука не помагаа врските кои ги имаше кај вратарите на влезот од надворешниот дел, таму беше релативно лесно да се влезе и секој второкласен детектив би можел да го направи тоа. Но, за влегување внатре требаа вештини и познанства, а тој ги имаше двете. Неговиот проблем не беше снаоѓањето, тоа го имаше на претек, проблемот беше што живееше на погрешно место. Науката не го привлекуваше, но практичните вештини ги владееше, би можел да поправи и да среди сè во еден дом или на еден авто-


197

мобил, но за жал, оваа Држава не се интересираше за тоа. Се потпираа на машините за такви работи, а луѓето како него беа принудени да се снаоѓаат. Тој не можеше да разбере како теоретските способности, креативноста или интелигенцијата може да се ценат повеќе од практичните способности. „Оваа држава ќе пропадне вака,“ знаеше да им каже на пријателите додека толчеа илегално пиво во легендарната кафеана Скар. Името наводно потекнуваше уште од времето кога земјата била под панамериканско влијание, пред времето на Државата, и на тоа место се случила легендарна тепачка помеѓу татко му на Џони и еден од локалните силеџии. Така татко му ја добил својата позната лузна и местото беше наречено според него. Останатото е легенда. Секако неговите пријатели не се согласуваа со таа легенда и ја рецитираа познатата приказна за името на местото, а тој само се смешкаше под мустаќ и во себе ги нарекуваше дебили, идиоти, конформисти, медиокритети и што сè не. Се разбира, Џони веруваше дека е подобар од другите во сè, па и во познавањето на историјата. „Добро е што татко ти те напушти, инаку немаше да биде човек од тебе,“ се пошегува еден од пријателите, а Џони се присети на настаните по тепачката кога татко му беше принуден да го напушти градот и државата. Мајка му знаеше понекогаш во бес да каже дека ги оставил заради друга во Америка, дека отсекогаш сакал да живее таму и за-


198

тоа го нарекол син му Џони. Идол му бил Џон Вејн, се замислувал дека е силно момче и пиштолџија, а избегал штом му извадиле кама. Си барал причина да избега, тврдеше мајка му, а тој не ја слушаше. Знаеше дека татко му не би направил такво нешто, едноставно бил принуден да ги остави за да ги заштити. Така му кажа ноќта пред да исчезне од нивниот живот засекогаш. Му кажа да биде храбар и да се грижи за мајка му. Џони ја држеше пропусницата пред истиот чувар кој ја гледаше малку сомнително, но немаше причина да не го пушти. Ги собра рамениците. „Влезете,“ рече, „но внимавајте, внатре се случуваат некои чудни работи. Изгледа дека се работи за вашиот човек.“ На Џони му се пресекоа нозете. Не е белким дека некој го престигнал и го фатил Добре пред него. Или уште полошо, ако олошот признал. Тоа би го дотепало. Сакаше тој да го фати и да го предаде на властите, да ужива во моментот на неговиот пораз. Научниците за него беа силеџии кои ја презедоа контролата врз неговиот живот. Му го окупираа градот и му го сменија животот. Исто како силеџиите кои го избркаа татко му. Јасно, тие не беа физички типови кои вадат ножеви сред улица, но имаа средства и моќ да го сторат истото без оружје. Џони влезе внатре и го извести вториот чувар дека сака да се види со директорот на центарот и дека има битни информации. Вториот чувар му ја зеде легитимацијата и влезе внатре. Се појави по-


199

сле неколку моменти и го пушти внатре. „Право по ходникот до крај, таму е канцеларијата на директорот.“ Џони влезе и ги следеше инструкциите. Прв пат се наоѓаше внатре откако го пренаменија од споменик во сателитски центар. Чукна на вратата и се фати за кваката откако слушна „Влезете.“ Внатре на една фотелја, опкружен со екрани и технологија седеше еден човек. „Добар ден,“ рече Џони, а човекот кимна со главата. „Директоре, тука сум зашто имам информации за еден од вашите вработени,“ премина веднаш на работата. „Јас сум заменик директор, нашата директорка е на важна мисија,“ рече другиот. „Во ред,“ одмавна Џони, „како и да е, информацијата е за вашиот вработен Добре, асистент на професор Климент Веров и на д-р Теа Новалкова.“ „Одлично,“ рече весело заменикот, „значи ги познавате нашите врвни научници и се разбира нашата мила директорка.“ „Да,“ процеди Џони, „ги познавам.“ „Одлично,“ кажа заменикот, „токму асистентот Добре треба да биде тука во секој момент.“ Џони се сврте на чукањето на вратата и го виде Добре како влегува во канцеларијата. Двајцата застанаа за миг, како да се на двобој, а потоа Добре влезе внатре и срдечно се поздрави со заменикот. „Господине,“ веднаш побрза со својата приказна Џони, „токму овој човек тука, Добре Асасински е


200

виновен за убиството на вашиот вработен Марко Полоски“. „За какво убиство зборувате?“ збунето го гледаше заменикот. „Имам докази,“ рече тој, „ако дојдете со мене надвор, ќе ви ги покажам.“ Заменикот го погледна збунето Џони, а потоа Добре, кој само слегна со рамениците и смирено одговори. „Морам да ве информирам дека човеков веќе подолго време ме следи и ми се заканува, и ова е само една негова тактика да ме намести.“ „Ако е така, како ќе го објасниш телото надвор?“ викна Џони. „Кое тело, по науката човеку, што зборувате?“ збунето праша заменикот. „Дојдете, ќе ви покажам.“

*** Вера се подготвуваше за патот кон Крушево, зеде само неопходни работи и повеќе отколку физички, се подготвуваше психички за тоа што ја чека во Сателитскиот центар. Се надеваше дека син ~ е добар и дека се работи само за случај на преработеност и немање време да ~ се јави. Изнајми еден од автономните автомобили и ја внесе дестинацијата. Додека автомобилот возе-


201

ше, таа им се препушти на мислите. Се присети на градината на татко ~ во времето кога се криеја од ѕверовите, пред дваесеттина години во една многу поинаква држава. Честопати излегуваше во градината која татко ~ веќе ја имаше заградено и скриено од непожелните погледи. Ги гледаше растенијата како пуштаат гранчиња и ливчиња и знаеше дека нема наскоро да имаат храна. Сè уште јадеа од резервите кои ги зедоа со нив од базата од каде што избегаа. Милата мајка се погрижи да земат што е можно повеќе. Таа секогаш се грижеше за неа да јаде доволно и велеше: „Јади ќерко, никогаш не излегувај со празен стомак,“ а таа ја слушаше, дури и кога беа разделени никогаш не заминуваше надвор без да касне барем неколку залаци, а честопати си носеше храна и со себе. Но, залихите беа при крај и се надеваше дека наскоро нешто ќе се појави во градината. Сепак, на природата ì треба време, таа не брза, ги негува и се грижи за своите деца со внимание и посветеност. Се надеваше дека и таа ќе биде таква мајка, како што е природата, и дека ќе се погрижи добро за своето чедо во овие невозможни услови. Вечерите ги поминуваа со татко ~ во бескрајни муабети и присетувања за минатото. Понекогаш се слушаа пукотници во далечината, а на Вера честопати ~ се причинуваше дека слуша чекори, возила или тропање во околината на куќата. Но, за


202

среќа веројатно се работеше само за животинчиња или грмотевици во далечината. Веќе беше поминат еден месец, можеби и два откако се сместија во куќарката. Имаа едноставен живот, ги рационализираа залихите, ретко излегуваа и немаше што да се прави. Таа најде прибор за шиење и се обидуваше да ги закрпи малкуте облеки кои ги имаа со нив, а татко ~ си наоѓаше разни мали проекти, како градината или собирање дождовница, правење ограда, или ладно оружје за „не дај боже“. Во еден ќош од просторијата имаше ставено слика од мајка ~, една свеќа која ја палеше кратко време секој ден за да заштеди, а потоа долго време седеше во тој ќош и зборуваше тивко. Вера мислеше дека се моли, но со време разбра дека зборува со мајка ~. Не ~ се извинуваше, ниту се молеше за неа, туку ~ раскажуваше што прават, како таа да е во странство, а тој зборува со неа по телефон. Разговорите беа толку живи што ~ и се чинеше дека навистина зборува со неа. Една утро реши да се обиде и таа додека таткото беше во градината. Ја запали свеќата, кратко се помоли, како што знаеше и умееше, и потоа ја изгаси, како татко ~, за да не ја потроши. „Мамо,“ рече и веднаш се почувствува глупаво, но продолжи, „тато вчера најде стари весници зад една кутија во подрумот. Ги качи горе и ми ги покажа како да нашол најголемо богатство на светот. Не можеше да поверува дека не ги нашол досега кога толку пати бил во тоа подрум-


203

че. Весниците беа целите залепени и уништени, но тој ги листаше како да се денешни вести од светот, а потоа на глас ми читаше некои делчиња. Тие беа од пред времето на војната, онаа претходната, не оваа сега, и тој уживаше во секој збор. Се гледаше дека во него се разбудија сеќавањата за тоа време, мамо, кога сте биле млади, среќни и безгрижни, кога сте граделе живот за иднината. Знаеш и сама како беше потоа, како умреа сите соништа. Прости ми мамо, зашто не знаев низ што сте поминувале, тато ми раскажа. Не лути му се, веројатно никогаш немаше да ми каже да не се најдевме тука, во ова екстремно време. Но, разбирам како сте преживеале, зашто знам што значи да се жртвуваш за своето дете, знам мамо, зашто и јас наскоро ќе бидам мајка.“ „Бремена си?“ се слушна глас зад неа. Таа се сврте и го виде татка си како стои со подотворена уста на вратата од куќата која ја нарекуваа дом, зашто веќе немаа друг.

*** Џони се движеше прв во редицата составена од заменикот, Добре и двајца чувари. Одеа кон местото на злосторството. Конечно застанаа, но Дебелопрстиот ненадејно рече: „Почекајте малку,“ и се стрча надолу по ри-


204

дот. Заменикот и Добре се погледнаа, а Добре ги згрчи рамениците. „Добре,“ го погледна загрижено заменикот, „што се случува тука? Зошто човеков те обвинува?“ „Како што ви кажав,“ смирено рече Добре, „откако сум дојден тука ми се наврте како мува. Претпоставувам дека сака да изнуди информации од мене.“ „Хм,“ кимна со главата заменикот, „можно е. Се имаат случувано такви работи тука. А човеков ни е добро познат и не е прв пат да ни прави проблеми со научници од надвор.“ Се разбира дека Добре го претпоставуваше тоа и токму затоа го кажа. „Но,“ повторно ги крена рамениците Добре, „да ја истераме неговата игра до крај, верувам дека сам ќе се фати во лагата и потоа ќе замине.“ „Се разбира,“ потврди заменикот. Стоеја уште некое време таму, без да прозборат, а потоа се појави Дебелопрстиот, запавтан и испотен. Носеше лопата и копач и ги фрли пред нозете на Добре. „Сега копај!“ му нареди. Добре само се насмевна, а заменикот протестираше дека ако сака нешто да докаже, треба сам да го „ископа“ доказот. Научниците се погледнаа помеѓу себе и ја одобрија интелигентната забелешка помеѓу себе со поглед. „Сите сте исти,“ помисли Џони и се фати за копачот и замавна. Земјата беше мека, секако таму било копано неодамна, размислуваше додека копа-


205

ше и со секој нов замав чувствуваше како е поблиску до целта. Научниците веќе седеа и муабетеа на тревата во близина на Џони, а тој упорно копаше. Иако беше корпулентен човек од акција, копањето беше активност која воопшто не беше лесна. Напротив, ако после првите три замавнувања се испоти, сега веќе бревташе на крајот на силите. Кошулата одамна лежеше фрлена на тревникот, а неговото испотено заоблено тело сјаеше на Месечината како да е прасе подготвено за ражен. Ни самиот не знаеше колку таа асоцијација е блиску до вистината, а очигледно неговиот изглед беше и топ-тема на разговорот помеѓу научниците кои веќе гласно се кикотеа и навиваа: „Ајде, машко, можеш, само напред!“ Уште неколку заинтересирани стоеја околу сцената и тие почнаа да навиваат. Џони беше премногу изморен да им се спротистави, но не го победи неговото крескање, туку фактот што веќе одамна требаше да наиде на телото. Веќе почна да губи надеж. „Ајде прасенце,“ се слушаше с` погласно од групата научници кои се криеја под чадори, „валкај се во калта!“ Добре ги слушаше како викаат во транс и не беше сигурен дали му се причинува или навистина го слуша скандирањето. Џони, од друга страна, беше посветен на мисијата. Копаше, иако веќе некое време врнеше што само му ја отежнуваше работата и самиот навистина се почувствува како


206

прасе кое ровари во калта во потрага по храна. На крај, му се смачи и реши дека е доволно. Во дупката очигледно немаше ништо. Посегна со рацете да се искачи, но тие се лизнаа и тој се плесна со целата тежина во калливиот базен. „Така е прасенце,“ Добре ја слушаше толпата како лика, проследено со хистерична смеа, „ајде претелкај се во калта!“ Тој очајно се обидуваше да излезе, но беше залудно. Погледна нагоре и го виде Добре како победоносно го гледа. Во неговиот поглед имаше садизам и злоба. „Каде го скри, копиле!?“ вресна Џони. „Кого?“ се насмевна Добре. „Марко ...“ „Марко е на мисија со Теа и со Климент,“ му одговори заменикот. Добивме порака од сите тројца. „Каква мисија по државата,“ вресна Џони, а Добре само молчеше. „Мисијата е од доверлива природа и да бевте подобар со нашиот Добре тука ќе дознаевте можеби и повеќе,“ одговори заменикот, „тој, знаете, одигра инструментална улога во отривањето на едната од најголемите мистерии во науката која ќе ја смени историјата. Што е уште поапсурдно, тоа откритие започна токму таму каде што стоите вие, во оваа дупка. А сега, извлечете се самиот од неа и ако уште еднаш ве видам во центаров, ќе бидете уапсени.“ Заменикот го заврши својот монолог, ја разбрка толпата и го потапка Добре по грбот, а потоа зами-


207

наа и го оставија Дебелопрстиот поразен и сам во калта на неговата егзистенција.

*** Автономното возило ги следеше лентите од страната на патот со совршена прецизност и Вера се почувствува сигурно и заштитено, речиси како згрижено кутренце. Но, тогаш, за време на последната војна воопшто не се чувстуваше така. Иако со татко ~ имаа изградено затворен микрокосмос, сепак неговите стаклени ѕидови во секој момент можеа да бидат срушени. Во мислите повторно се наврати на таа вечер. „Млада госпоѓице, те прашав нешто,“ секогаш ја нарекуваше така кога беше лут на неа, но само кога беше многу лут. „Дали си бремена?“ „Тато,“ стана таа од пред сликата на мајка ~ каде што се исповедаше. Почувствува потреба да го стори тоа. Самиот чин ~ се чинеше не како световен, туку како најсвет можен. Но, татко ~ ја слушна и сега требаше да му објасни. „Подобро е да не зборуваме за тоа,“ одмавна со раката. „Негово ли е?“ ја праша. „Само тоа кажи ми.“ Вера воздивна и како да немаше сили да се расправа само кимна со главата. Каква врска имаше


208

тоа во ситуацијава, таа не можеше да разбере. Состојбата со која беа соочени беше толку екстремна што утврдувањето на татковството на нејзиното неродено бебе ~ се чинеше најбаналното нешто на светот. Но, претпоставуваше дека на тој начин луѓето си ја бранат човечноста, кога се грижат за небитни нешта во екстремни ситуации. Татко ~ одмавна со главата, седна на фотелјата и посегна по еден од весниците кои ги чуваше на превртена гајба која требаше да глуми клуб маса. Во нивниот преправен живот сите нешта глумеа реалност и нормалност. Гајбите масичка, старите весници кои татко ~ ги читаше по стотици пати глумеа актуелен весник, бавчата со оскудни намирници скриена со штици за да не привлече несакани гости глумеше градина, а таа глумеше мајка. Последното ~ се виде невистинито. „Тато, ти не го познаваш,“ почна таа, ни самата не знаејќи зошто. „Тој беше сосема поинаков пред да се случи сево ова, нежен и внимателен човек, брилијантен научник. Сакаше да го смени светот на подобро, всушност работеше на тоа, но машината го смени, како и ѕверовите.“ „Хах,“ го фрли весникот таткото и стана, „ги видов ѕверовите, со нив не може ни да се зборува, тие се едноставно полудени, а ми се чини дека твојот Никола сосема свесно ги направи своите избори.“ „Не е така,“ негираше таа, „и него го смени зракот, не знам зошто така поинаку се одрази на него, но длабоко во себеси знам дека е така, верувај ми.“


209

„Како ќе кажеш,“ одмавна тој, „и што ќе правиш со бебето?“ „Тато,“ го погледна таа со ширум отворени очи, „не ми се верува што ме прашуваш. Па не сум средношколка која ја превртел некој вагабонд, јас сум возрасна жена. А и не е дека имам некој избор, нели?“ Тие зборови како да го извадија од транс таткото кој за момент неволно беше префрлен во улогата на татко чија ќерка забременила и ќе треба да го одгледува детето сама. Не, нивната ситуација беше поинаква и навистина немаа избор освен да си помагаат и да преживеат заедно како што знаат. Молчеа некое време. „Во право си,“ конечно изговори тој, „извини, нема да зборуваме за тоа. Но, отсега би сакал да внимаваш на себе малку повеќе, без непотребен напор и не заборавај дека сега се грижиш за двајца.“ Вера се насмевна на признанието на татко ~, како и на парадоксот дека од една негација на реалноста толку лесно премина во друга. Боже, како да внимава на себеси во овие услови! Но, сепак реши да се согласи. „Се разбира, тато.“ Таа вечер повторно зборуваа за старите времиња и тој го одржа зборот, не прозборе веќе за „проблемот“. Дури и отворија нова конзерва за да се „почестат“, тој касна малку и ~ го даде другото нејзе. Таа се насмевна бидејќи, иако не зборуваше


210

за нејзината бременост, сепак очигледно тој мислеше на неа. „Кога беше мала,“ рече таткото „никогаш не поставуваше прашања како другите деца. Не прашуваше зошто небото е сино или сонцето жолто, зошто птиците летаат, а змиите лазат. Ти едноставно веќе знаеше сè. Ние со мајка ти не ти бевме потребни и тоа ни го покажа многу брзо во животот.“ Вера ја знаеше таа приказна и некогаш ја слушаше со радост, а сега само ја потсетуваше на едно минато време во кое не можеше да се идентификува со себеси. Се прашуваше какво ќе биде нејзиното дете, дали ќе биде сезнајка како неа, или желно за знаење како Никола, оној Никола кој го познаваше таа, не тој другиот. „Да, тато знам,“ рече таа и се насмевна. „Отсекогаш си била самостојна, знам дека можеш да се грижиш за себеси, затоа не се грижам за тебе, знам дека ќе бидеш добро,“ рече тој, а таа не одговори ништо. Немаше што да се каже. Ја обзеде сонот, а потоа почувствува како татко ~ ја покрива. Ја сонуваше иднината во која таа трчаше за рака со своето дете низ полиња кои беа зелени, толку зелени што изгледаа невистинито. Насекаде имаше бои, но сите бои беа речиси блескави, немаше нијанси, само сатурирани, чисти бои. Детето замина малку подалеку од неа, а таа го гледаше со радост како неспретно рипка, додека светлокафената виткана косичка му потскокнува на главата. Тој за-


211

стана и се загледа во земјата. Таа почувствува дека нешто не е во ред и се стрча кон него. Го зграпчи за рачињата и го гушна, а неговите солзи ја намокрија по косата и лицето. „Што е мило?“ го праша загрижено, но тој молчеше и само липаше. „Што ти е?“ „Доаѓаат, мамо,“ рече детето низ солзи, „доаѓаат! Таа се сврте зад неа и земјата во која гледаше детето наеднаш се отвори и низ неа се провре огромна метална топка, како да е составена од многу парчиња метал заварени и споени со шрафови. Изгледаше како самата земја да е метална, но воедно жива, дишеше со нејзините механички бели дробови и растеше. Таа вресна и се разбуди. Беше ноќ. Се обиде да се ориентира во темницата, но не можеше да разбере каде се наоѓа. „Тато!“ викна тивко, а потоа слушна крици од надвор. Беше пред разденување, сонцето уште не беше излезено зад ридот, но небото беше веќе осветлено. Погледна низ штиците со кои им беа заковани прозорците. Се надеваа дека тие колку-толку ќе ги спасат од нападот на ѕверовите или кој и да е случаен минувач очаен за храна. Низ процепите во дрвото здогледа неколку фигури како се борат. Не се распознаваа добро, но таа ги препозна тешките и бавни движења на татко ~. Врескаше: „Бегајте, оставете ми ја бавчата!“ и фрлаше с` што му паѓаше под рака по ѕверовите


212

кои се доближуваа со нечовечки крици. Вера ја обли бран од ужас и веднаш скокна. Излета надвор со ловечката пушка која ја најдоа во една од куќите каде што престојуваа и ја впери во првиот ѕвер кој го здогледа. Зракот ги правеше ѕверовите силни и брзи, а во умот се чинеше дека имаат само една идеја - да убијат. Таа испука куршум, ѕверот падна како покосен, а зад него застрела уште двајца. Сред изгазената и уништена градина, садена и одгледувана со љубов, лежеше татко ~. Раскрварен и повреден. Откако се осигура дека сите ѕверови се средени, таа ја фрли пушката и се стрча кон таткото. „Тато!“ вресна, а тој со крвава уста изговори само: „Бегај, бегај веднаш... пукањето... ќе дојдат други.“ Не успеа ни да се прости од него, а тој веќе беше заминат во свет каде што таа се надеваше дека ќе му биде подобро. Влезе внатре, ги собра само неопходните работи, застана пред вратата, се сврте уште еднаш и тогаш ја виде сликата на мајка ~ и се врати по неа. Излета оттаму колку што ја носеа нозете, додека ветрот ~ ги разлеваше солзите по лицето.


213

*** „Добредојдовте во Крушево, д-р Верова“ рече асистентот за возење, „наскоро се префрлуваме на рачно управување, па ве замолувам да ги преземете командите.“ Таа го послуша безличниот глас и влезе во градот Крушево. Размислуваше за Климент, нејзиниот син и се плашеше од тоа што ја чека во Центарот. Не помина многу време, а веќе беше пред портите. Чуварот ~ ги прегледа документите темелно, а потоа ~ се извини. „Се извинувам, д-р Верова, но мораме да провериме сè, знаете имавме малку раздвиженост во последно време тука.“ Таа се насмевна откако ~ ги врати документите и продолжи, но во мислите беше растревожена, зашто чуварот ~ ги поткрепи стравувањата. Застана на паркингот и се искачи пешки кон центарот каде што помина без проблеми и наскоро седеше во канцеларијата на заменикот кој ја понуди со кафе, а таа учтиво одби. „Д-р Верова,“ ја извести љубезно заменикот, „с` е во ред со вашиот син, но беше многу зафатен во последно време, па претспоствувам дека заради тоа не ве контактирал подолго време. Знаете тој... сепак мислам дека подобро би било да ви објасни неговиот асистент.“


214

Заменикот повика некого преку комуникаторот и го побара асистентот, а потоа ~ кажа на Вера да појде со него. Излегоа од канцеларијата и се упатија кон кафетеријата каде што го најдоа Добре како јаде. „Ова е д-р Верова,“ започна заменикот, а Добре го прекина и рече: „Да, се познаваме, јас ќе преземам оттука.“ Заменикот кимна со главата и замина. Вера го познаваше асистентот на својот син, момче кое не ~ оддаваше никаков посебен впечаток, не беше сигурна дали во животот размениле повеќе од неколку зборови и тоа само при поздравување. Тој беше молчалив и секогаш во сенката на нејзиниот син. Секогаш го спушташе погледот кога беше меѓу луѓето и се смешкаше учтиво. Сега ~ се причини дека тоа момче не е тука и дека го заменил некој друг. „Драга д-р Верова,“ рече асистентот повторно со невообичаениот тон, „претпоставувам дека се грижите за вашиот син, нашиот драг Климент.“ Таа кимна со главата и реши да почека да види што знае асистентот. „Работата стои вака,“ почна Добре и потоа ~ раскажа с`, од почетокот, од мистериозниот сигнал, преку тоа како „тој лично“ го декодирал, ја пронашол мапата, го ископал жезолот и го активирал рубикот, а потоа ја дешифрирал музиката, ги активирал рацете кои ја отсвириле мелодијата и ја активирал капсулата каде што бил, никој друг туку,


215

Никола Карев лично и брадесто! Вера го слушаше ова недозреано момче со чудење. Дали полудел и каква врска има таа налудничава приказна со нејзиниот син? „Гледам дека ви се чини малку неверојатно с` ова,“ подзабави малку Добре, „но, ве уверувам дека тоа е целата вистина! Знаете, овој комплекс каде што сме сега не е музеј, се разбира дека сега е истражувачки центар, но тој всушност никогаш не бил замислен да биде музеј. Ви споменав за Никола Карев, но не ви кажав дека тој бил вонземјанин дојден од друга галаксија во нашата земја во 1903 година со цел да го крене Илинденското востание и да го ослободи нашиот народ од ропство и да н` воведе во нова ера. Но, тој не успеал и морал да се засолни и ја закопал капсулата, програмирајќи ја да се открие кога човештвото ќе дојде во подобри времиња и кога ќе бидат подготвени за нејзиното откривање. Нашите претци конечно ја откриле базата во 1970-тите, но вистинското значење го откривме јас и вашиот син.“ Вера како да го чекаше тој збор и веднаш го прекина. „Но, каде е тој?“ подвикна малку, „каде е син ми?“ Добре подзастана малку како да си ги собираше мислите. „Вашиот син замина со Никола,“ рече малку потиштено. Вера се стресе. Не очекуваше дека некогаш во животот ќе го слушне тоа име во комбинација со нејзиниот син. „Како замина,“ праша збунето таа, „каде?“


216

„Па, не постои едноставен одговор на тоа прашање,“ призна Добре. „Откако го откривме Никола Карев и тој ни ја објасни нашата историја, рече дека му требаат доброволци да заминат со него на неговата планета и да го посетат изворот на нашата цивилизација. Климент не се двоумеше.“ „Но,“ рече таа со недоверба. „зошто не ми се јави?“ „Знаете,“ ги крена рамениците Добре, „работите тука беа малку хаотични во последно време, сепак не се работи за секојдневно откритие, а освен тоа имавме и средби со некои опасни луѓе.“ „Како мислиш?“ го праша збунето Вера. „Да речеме дека,“ продолжи тој, „вашиот син замина малку набрзина. Но, ќе се врати.“ „Како ќе се врати? Ако во твојата приказна има трошка вистина, патот до друга ѕвезда не е баш пат до најблиската продавница.“ „Вистина,“ призна Добре, „но, надежта мора да живее. Јас верувам дека тој ќе се врати со сознанија кои ќе ја сменат историјата на човештвото. А дали ние ќе бидеме тука да го видиме тоа и не е многу битно.“ „Зборуваш така зашто очигледно не си родител,“ помисли Вера и откако се увери дека нема што повеќе да ~ каже, стана и замина оттаму. Собата која ~ ја обезбедија ја чекаше подготвена и таа реши да одмори, а потоа утре повторно да ја преиспита работата подетално.


217

*** Нашите меѓугалактички патници се доближуваа до црвјата дупка на работ од Сончевиот систем, во меѓуѕвездениот простор. Така велеше мониторот пред нив на кој Климент веќе препознаваше голем дел од симболите. Се работеше за јазик кој се засновуваше на пиктограми, што навистина го чудеше. Пиктограмите беа својствени за напредни, но од денешна гледна точка заостанати цивилизации на земјата, не можеше да замисли како една напредна цивилизација способна за патување низ галаксиите и за технологија која беше со илјадници години пред нашата може да користи пиктограми. „Стигнавме, деца,“ рече Никола и Климент и Теа, иако не знаеја што да очекуваат, погледнаа надвор во очекување да видат портал кон другата димензија, некој визуелен доказ за црвјата дупка, како од старите научно-фантастични филмови. Но, вселената изгледаше исто, бескрајна црна празнина. „Каде ќе излеземе,“ праша несигурно Теа, „мислам, откако ќе поминеме низ црвјата дупка?“ „Во надворешниот дел на мојот ѕвезден систем,“ рече Никола, додека на неговиот холограмски дисплеј правеше прецизни пресметки и нагодувања на капсулата.


218

„Колку згодно,“ рече Климент, но бидејќи немаше одговор од другите, реши да дообјасни, „тоа што двете црвји дупки се наоѓаат во надворешниот раб на два сончеви системи меѓу кои се оствари контактот.“ „Да, но тоа не е случајност,“ објасни Никола. Климент веднаш помисли дека постои можност црвјите дупки да се направени од вонземјаните, поточно од видот на посетителот, да се вештачки. „Во секој ѕвезден систем каде што има интелигенција постои црвја дупка, што јасно укажува дека се поставени од некого. Но, тоа не е мојот вид, ако помисливте на тоа, тоа е цивилизација која ние ја нарекуваме Градители и тие потекнуваат од галаксијата Орион.“ Климент веднаш се присети на сигналот и сакаше да го праша Никола за тоа, но тој беше премногу зафатен со својата приказна. „Тие ја изградија нашата цивилизација и тие се нашите учители, како што и ние сме ваши Градители. Но, тие не се обични, тие се праградители, а дали и тие имаат нивни создатели никој не знае. Но, сеењето на цивилизациите има правила, не прашуваш кој е прв и одиш понатаму, помагаш други цивилизации да достигнат повисок стадиум на развој. Тоа било така отсекогаш и ќе остане засекогаш.“ „Но, ако е тоа така,“ рече Теа, „тогаш некој мора да е прв, да постои прва цивилизација која го започнала сето тоа.“ „Веројатно,“ рече Никола, „но, никој не знае кои


219

се тие. Но, зошто е тоа важно? На вашата планета постои гатанка, „кој е прв, јајцето или кокошката?“, а ние велиме дека не е важно. Тие се таму и самото тоа што постојат е вселенско чудо, начинот на кој нивните атоми се комбинирале и создале такви суштества е чудо. Колку и да продираме во природата на нештата постои граница, сигурно ви е познато тоа, дали тоа ќе го наречете Планкова константа или космолошка константа или хоризонт на настани, постојат нешта кои ни вие, ни ние никогаш нема да ги дознаеме затоа што сме ограничени од физичките закони. Но, ви ветувам дека ќе дознаете многу одговори на нашата планета. За сега само би ве замолил да се врзете и да уживате во патувањето. Обидете се да се опуштите и да му дозволите на искуството да ве понесе таму каде што сака. Од искуство ви велам дека најлошо што можете да направите е да му се спротиставувате или да се обидете да го контролирате.“ Двајцата патници се погледнаа во недоумица бидејќи не им беше јасно како тие може да го контролираат патувањето и зошто би посакале да направат такво нешто, но за секој случај проверија дали се добро врзани. Капсулата беше повлечена како од голема правосмукалка и патувањето во светот на чудата започна. Климент и Теа се чувствуваа како да се на „луда железница“, но времето, просторот и мислите во неа не постоеја. Целиот живот им се одмотуваше пред очите, но немаше каење, ниту емоции,


220

беа над-суштества, речиси божества, а воедно и небитни, ја допреа вечноста и таа беше рај и пекол, двојност и многузначност, геометриски и калеидоскопски форми го исполнија целото нивно видно поле и се ширеа и се собираа со секое нивно вдишување и издишување. Тие беа живи и им зборуваа без зборови, но сепак ги разбираа. Им зборуваа за суштината на постоењето, за универзумот, за циклусот на нештата и за нивната причина. Им објаснија од каде потекнуваат и кои се Градителите. Разбраа с`, но не би можеле да го објаснат тоа и токму за тоа размислуваа, дека нема никогаш, никому да пренесат што преживеале, зашто тоа беше необјасниво, беше с` и беше ништо. Кога излегоа од црвјата дупка патот им се чинеше како вечност и како еден миг. Беа стаписани и не можеа да зборуваат. „Знае да биде премногу првиот пат,“ се насмеа Никола, „но ќе се навикнете.“ Го стартуваше простор-временскиот погон и продолжија кон внатрешноста на новиот ѕвезден систем кој тој го нарекуваше дом. Климент знаеше дека изминал само еден миг, но воедно и вечност, можеше да разбере зошто патувањето беше толку брзо, а воедно и толку долго. Знаеше дека постои можност назад на Земјата да изминале десет години, а воедно и дека вонземјанинот се поигрува со нив. Што ако решил да ги осуди на десетгодишна казна во која ќе бидат експериментални глувчиња за вонземјаните кои ќе прават


221

секакви експерименти на нив? Можеби затоа им требале машко и женско. Да, ќе ги затворат во кафез и ќе ги изложуваат насекаде по нивната планета, како да се циркуски животни. Ја гледаше јасно таа можност пред него, како и сите други, меѓу кои можноста да соберат искуства и знаења од напредната вонземска цивилизација и да ги пренесат дома. Тоа му се чинеше возможно и посака да верува во една таква реалност. Тој веруваше во напредокот и тоа го движеше, зашто тој беше Веров. Неговата мајка немаше да преживее без вербата, како ни паметните во ерата на Втората домашна војна кои чекале, се криеле по дупките и скривниците, далеку од градовите и од полудените, како што претците на човекот, малите цицачи се криеле во дупките од земјата во ерата кога тиранијата на диносаурусите била пред крај. Паметните на крај триумфирале, се собрале и решиле дека нема да дозволат тоа да се повтори никогаш повеќе. Ги насочиле сите свои знаења, вештини и способности кон изградба на едно подобро општество. Сите морале да ги совладаат своите импулси кои понекогаш можеле да бидат самоуништувачки. Се заколна уште од раното детство дека мора да направи нешто добро за човештвото и сега имаше шанса. Пред него се отвораше нов свет на меѓупланетарни можности.


222

*** Бродот продолжи на својот пат кон непознатата планета додека нашите патници паднаа во вештачки сон и чекаа будење во еден нов свет. На планетата Земја, во Република Препородена Македонија, се будеше нов ден. Вера Верова, Министер за наука во поранешна Република Нова Македонија, сегашен истражувач во сателитскиот центар во Крушево, работеше на нов проект. Истражувањето беше нарекувано најважно и најсуштинско нешто направено во светската наука и сите експерти беа вклучени, под услов да не зборуваат за истражувањето. Таа беше совршен кандидат, без семејство, без врски, нејзиниот син беше на патување од кое можеби нема да се врати или кога ќе се врати таа веќе нема да биде жива. Таа го отвори сефот во кој ја чуваа сензитивната опрема врз која извршуваа испитувања. Таму беше една роботска рака направена од легура која с` уште не му беше позната на човештвото и микро-чип кој допрва требаше да ги окрие тајните на вештачката интелигенција на човештвото. Револуција беше на повидок и таа беше на првите фронтови на борбата. Никола би бил горд на неа.



224

БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ И ДЕЛОТО

Бранко Прља е роден во Сараево во 1977 година. Од 1990 година живее во Скопје. Работел како уметнички директор, графички дизајнер, преведувач и копирајтер. Основач e на Електролит, првиот електронски конкурс за литература во Македонија и на креативниот колектив КАПКА. Се занимава и со еколошки активизам. Автор е на дваесет дела, помеѓу кои повеќе книги едукативна проза, измислени вести, збирки експериментална проза, збирки раскази и книги за деца. Пишува и под псевдонимот Берт Стајн и неговите дела „3 минути и 53 секунди“ и „Апокалипса.мк“ биле во финале за наградата Роман на годината 2015 на Утрински Весник и Роман на годината 2017 на фондацијата „Славко Јаневски“. Неговите дела се преведени на повеќе јазици, меѓу кои и полски, украински и англиски јазик.


225

Оваа книга е втора во серијата книги која започна со делото „Апокалипса.мк“. Главната тема на ова дело е научниот напредок и можностите, како и предизвиците и опасностите кои ги носи тој. Ја следиме приказната на научникот Климент Веров, неговиот проблематичен асистент Добре, и љубовниот интерес на Климент, Теа Новалкова, директорка на Сателитскиот центар Крушево, каде што пристигнуваат мистериозни сигнали од вселената. Дејствието е динамично и возбудливо и постојано ги носи нашите протагонисти во нови авантури и откритија. Сагата за Нова Македонија продолжува!


CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 821.163.3-31 ПРЉА, Бранко Воскресение.мк / Бранко Прља. - Скопје : Б. Прља, 2019. 226 стр. : илустр. ; 20 см ISBN 978-608-65839-3-4 COBISS.MK-ID 111945482