Во 2005 година авторот ја објавува збирката измислени вести во форма на весник, со наслов „Вести од земјата на чудата“. Оваа серија на измислени вести во форма на весник авторот ја продолжува со изданијата „Парите се отепувачка“ од 2006 година и „Вести од подрумот на баба ми“ од 2007 година.
Книгата „Вест од несвест“ издадена во 2010 година е збир на повеќе изданија кои претходно авторот ги објавувал во форма на фиктивни весници, надополнета со 4-то издание во збирна книга.
Се работи за збирка измислени вести, куси приказни, имагинарни биографии на познати личности на сатиричен и хумористичен начин. Доминантна е играта помеѓу фактот и фикцијата. Влијанието на сатиричниот магазин „Онион“ е очигледно, но книгата не застанува таму. Напротив, таа оди понатаму од сатиризирањето на локалните и глобалните вести и политичките и социјални ситуации.
Издавач: Готен | 290 стр. | илустр, 17 см | ISBN 9786084625018