Овој документ претставува извештај за процена на начинот на кој се спроведуваат постапките за јавни набавки во општините во Република Северна Македонија. Анализата на процесот на спроведување на постапките за јавни набавки е извршена со цел да се идентификуваат и да се разберат слабите страни во системот за јавните набавки и можните ризици за корупција. Исто така, вршењето на оваа процена цели кон генерирање податоци и информации што ќе придонесат за развој на софтвер за анализа на податоци, кој ефикасно ќе утврдува можни коруптивни елементи во постапките за јавни набавки.
Оваа процена ќе се фокусира на општините Аеродром, Валандово, Штип и Врапчиште, кои се избрани како пилот-општини вклучени во проектот „Зголемување на капацитетите за предвидување и спречување на корупција користејќи анализа на големи бази на податоци и алгоритам за машинско учење“, кој е финансиран од Владата на Кралството на Велика Британија со поддршка на Британската Амбасада во Скопје.