Vodic za gragjanite

Page 91

89 Во кои случаи може да се ограничи правото на пристап до информациите?

¨¨ информациите кои, врз основа на законот, претставуваат класифицирани

¨¨

¨¨ ¨¨ ¨¨

¨¨

¨¨

¨¨

¨¨

информации со соодветен степен на тајност, односно класифицирани информации кои се определени како доверливи, со различен степен на доверливост, во согласност со Законот за класифицирани информации; личните податоци чиешто откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци, односно информациите кои претставуваат лични податоци и чијашто повреда е забранета во согласност со Законот за заштита на личните податоци; информациите за архивското работење, кои се утврдени како доверливи; информациите чиешто откривање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка; информациите што се стекнати или составени за целите на истрагата, за кривична или прекршочна постапка, за спроведување управна и граѓанска постапка, односно информациите со чиешто обелоденување би се загрозил текот на постапката или би дошло до нејзино откривање, што би имало штетни последици по самата постапка; информациите што се однесуваат на комерцијални и на други економски интереси, како и на интересите на монетарната и фискалната политика, чиешто давање би можело да има штетни последици по остварувањето на функцијата; информациите од документи што се во постапка на подготвување и сè уште се предмет на усогласување кај имателот, а чиешто откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината. Значи, имателот на информацијата која потекнува од документ што не е завршен нема да биде откриен, бидејќи документот е нецелосен. Со тоа информацијата би добила поинаква содржина, односно нејзината содржина би можела да биде разбрана на поинаков начин; информациите за заштита на животната средина, кои не се достапни во јавноста заради заштита на здравјето на луѓето и на животната средина. За да се забрани пристапот до ваквите информации, потребно е тие да бидат класифицирани со одреден степен на доверливост од соодветниот министер или од друг функционер, кој во согласност со законот има право да го определува степенот на доверливост на таквите информации: информациите кои ги загрозуваат правата од индустриска или интелектуална сопственост (патент, модел, мостра, стоковен и услужен жиг, ознака на потеклото на производот).

II DEL

ВОДИЧ ЗА ГРАЃАНИТЕ НИЗ Министерството за правда

Во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер се таксативно наброени информациите за кои нивните иматели можат да го одбијат барањето за пристап до нив. Такви се:


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.