Vodic za gragjanite

Page 11

9 Надлежности на раководните органи на Министерството за правда Раководни органи на Министерството за правда се министерот, заменикминистерот и државниот секретар. Собранието на Република Македонија ги избира министерот и заменик-министерот, по предлог на претседателот на Владата на Република Македонија, а Владата на Република Македонија го избира државниот секретар, по предлог на министерот.

I DEL

Министерот раководи со работата на Министерството. Негови надлежности, обврски и задачи се: ¨¨ да го претставува Министерството; ¨¨ да организира и да обезбедува законито и ефикасно вршење на работите

и на работните задачи; ¨¨ да ги донесува прописите и другите акти за кои е овластен и да презема

други мерки што се во надлежност на Министерството, во согласност со законот; ¨¨ да одлучува за правата, должностите и за одговорностите на државните службеници и на другите лица вработени во Министерството кои немаат статус на државни службеници, доколку со закон не е поинаку определено. За својата работа, министерот одговара пред Владата и пред Собранието на Република Македонија.

ВОДИЧ ЗА ГРАЃАНИТЕ НИЗ Министерството за правда

Заменик-министерот го заменува министерот кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето. Заменик-министерот, во соработка со министерот, врши работи од надлежност на министерот коишто тој ќе му ги довери.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.