Auto Focus 50

Page 1

Број 50 • Октомври 2011

СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА ШТЕДЕЊЕ, А ЅВЕЗДИ СЕ БОЛИДИ СО 800 КС

тема на бројот откриваме каде е произведен вашиот автомобил

РЕПОРТАЖА

ОД

Т САЛОНО

СЕДУМТЕ ТЕХНИЧКИ ГРЕВОВИ ПОГРЕШНИ НАВИКИ ШТО СЕ КОБНИ ЗА ТЕХНИКАТА

Т Р У Ф ВО ФРАНК

СКУТЕРИ теСТ НА ЕЛЕКтРИЧНИ

ТНО вОЗЕТЕ БЕСПЛА

ЗАСЕКОГАШ

ТЕСТ

CITROEN DS5

KIA PICANTO

ВО МАЛО ВИСОКА КЛАСА

О СТУДИО

ПАКУВАЊЕ

ЕРСКОТ БЕГАЛЕЦ ОД ДИЗАЈН Октомври 2011 90 ДЕНАРИ



СОДРЖИНА Број 50 • октомври 2011

НОВИТЕТИ

6

CITROEN DS5 Семејството DS досега се издвојуваше со изгледот. DS5 додава необична техника

10

VOLKSWAGEN UP

48

PORSCHE 911

Oткако Polo порасна колку Golf III, остана голема празнина. Up ќе пополни

Овој автомобил никогаш не доживува наследник, туку постојано се раѓа одново

TEMA

14

САЛОН ФРАНКФУРТ Сите зборуваат за емисијата на СО2, а печатот го оставија спортските болиди

30

ОД КАДЕ ПОТЕКНУВА ВАШИОТ АВТОМОБИЛ?

78

НАЈВАЖНИ 20 ПРЕМИЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ФРАНКФУРТ

Комплетен преглед каде се произведуваат нашите автомобили

Франкфурт е најважниот автосалон светот. Преглед на моделите со најсилен печат

10

Малечките автомобили долго време беа непривлечни. Мал профит, мала продажба. Новата генерација малечки автомобили сака да го промени тоа. Volkswagen го има Up

78

Големите премиери прават големи салони. Ретроспективата на моделите кои што доживеале премиера во Франкфурт докажува дека тоа е најважниот салон во светот

54

Новите мотори на Mercedes, Volkswagen и Audi гаснат половина од цилиндрите кога возачот не ја бара полната моќ од моторот

ТЕСТ И ТЕХНИКА

42

ТЕСТ KIA PICANTO 1.0 EX Висока класа во мало пакување, за купувачите што ги обожуваат малечките возила

54

ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ЦИЛИНДРИТЕ ЗАРАДИ ШТЕДЕЊЕ Производителите се сетија на старата техника за штедење гориво

56

КОНЦЕПТЕН АВТОМОБИЛ SMART FORVISION Во Smart имаат идеја како електричните автомобили да минуваат повеќе километри. Техниката ја поседува студијата Forvision

58

ДВОЈНА СПОЈКА ПРОТИВ КЛАСИЧЕН АВТОМАТИК Двата различни системи на менувачи продолжуваат да водат остра битка на пазарот

СЕРВИС

60

Кобни грешки за техниката на возилото

61

Евтини начини за поправка на малите штети

Кој ги има на ум седумте гревови, ги поштедува и автомобилот и паричникот

Малите гребаници не мора да чинат скапо

НА ДВЕ ТРКАЛА

62

ТЕСТ НА hamachi 48V40Ah (3.0 kw) и hamachi 48V20Ah (1.5 kw) Кабелот во штекер па гас до даска

МОТОСПОРТ

74

ФОРМУЛА 1 • ТРКА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА СИНГАПУР Фетел ги декласираше соперниците во ноќната трка во Сингапур

ДРУГИ СОДРЖИНИ 28 МОБИЛНОСТ 2014 36 ЦРНО БЕЛО 64 ПИСМА

64 66 82

ИМПРЕСУМ ЦЕНОВНИК ПРОТИВ ДОСАДА

42 56

KIA PICANTO 1.0 EX SMART FORVISION

АВТОМОБИЛИ ВО ОВОЈ БРОЈ 6 CITROEN DS5 10 VOLKSWAGEN UP 48 PORSCHE 911


Новитети Citroen DS5

Моделите од благородното семејство DS досега се издвојуваа првенствено со изгледот. Новиот DS5 додава и невобичаена техника. Овој спој на купе и ван вози со дизелски хибрид

Аналоген часовник како потсеќање на времето на легендарниот Citroen DS од 1955 година. Петката е достоинствен наследник

К

ога на ентузијастите ќе им се спомне DS, веднаш се будат асоцијациите на култниот француски автомобил од 1950-те години. Откако пред две години Citroen го претстави DS3, како прв член на благородното семејство модели, а потоа и DS4, двете букви добија нова симболика. Овие модели ја користеа техниката на нивните класични браќа C3 и C4, единствено се разликуваа по авангардниот стил. Достоинственоста на двете букви ја брани третиот и засега најголем модел во престижното моделско семејство, кросоверот DS5, како спој на каросериски концепт на купе и ван, но што е уште поважно, со техника која што

Генијалноста на Андре Ситроен во техниката е неповторлива, но современиците можат да се носат со него во поглед на маркетингот. Додека конкурентските марки вадат само по еден ретро модел од торбата на традицијата и ги влеваат сите надежи во него, Французите пуштија тричлено моделско семејство да ги фаќа купувачите на значајните букви DS. Најголемиот член го заокружува стилскиот настап на гамата, а како врв го поставува хибридниот погон со дизелски мотор

6 10/2011

зачекорува во следната генерација на хибридниот погон. Наспроти помалите браќа, DS5 се издвојува повеќе од својата техничка основа, односно од лимузината од средната класа С5. Со должината од 4,52 метри, тој е за 25 сантиметри покус, но затоа е за цела педа повисок. Место да завршува класично како лимузина или комби, опашот е изведен со линија која што се спушта елегантно како кај купе. И покрај помалата каросерија, багажникот нуди простор од 465 литри, што е незначително помалку од лимузината С5. Новиот модел поентира најмногу во погонската техника. Во овој поглед DS5 воведува техничка

авангарда и ги следи стапките на далечниот предок од половината на минатиот век. Во понудата од моделски изведби влегува и дизелскиот хибрид. Дволитарскиот дизел мотор со 165 КС е задолжен за погонот на предните тркала, додека електромоторот со моќност од 37 коњски сили ја движи задната оска. Кога двете погонски единици работат заедно, се постигнува системска моќност од 200 коњски сили, но се добива и погон на сите тркала. На тој начин, актуелниот знаменосец на гамата DS може во ист пакет да понуди примерна штедливост од една страна и врвна динамика и безбедност од друга страна.

При возење во град, електромоторот може самостојно да го движи возилото на растојание од два до три километри, доколку брзината на возење се одржува под 60 километри на час. При престигнување, пак, од корист е импозантниот вртежен момент од 450 њутнметри, кога работат обете погонски единици. Според фабричките мерења, престижниот кросовер во просек троши 3,8 литри на сто километри во хибридната изведба, односно исто колку градски автомобил. За купувачите што преферираат конвенционален погон и задоволни се само со стилската препознатливост на DS5, во гамата стојат на распола-


Авангардата се врати под логото со двата запченика. Не постои друга француска марка што го претставува францускиот шик толку убедливо како Citroen, со линијата DS

гање уште четири погонски единици, односно два дизела со моќност од 112 и 165 КС, како и два бензински мотора со турбонатполнење и директно вшприцување и моќност од 156, односно 200 коњски сили, произлезени од соработката со групацијата BMW. Поставувањето на електромоторот во модулот на задната оска ја подобрува и распределбата на тежината, а со тоа и возните својства. Дополнително, дотерувањето на амортизацијата, управувањето и системите за стабилност е ориентирано кон поголема динамика во возењето, како еден од препознатливите белези на моделите од гамата DS. 

10/2011 7


НОВИТЕТИ Volkswagen up!

Ап-солу

Прифати Димензиите не менуваат ништо, и тука важат стандардите на Volkswagen

Откажи Во услови кога возилото останува и по повеќе од пет години кај ист сопственик, повисоката класа е помудро решение

Побарај друго Конкуренцијата нуди Kia Picanto, Chevrolet Spark, а наскоро доаѓа и новата Fiat Panda

10 10/2011


тно Малечките автомобили долго време беа непривлечни. Мал профит, мала продажба. Но, откако Polo порасна колку Golf III, остана голема празнина во основата на понудата. Мисија на Up е да го пополни овој простор

Најмалечкиот и најевтин модел долго време му се нема посреќено на Volkswagen. Бразилскиот Fox остана анонимец, додека Lupo беше премногу скап во конкуренцијата

Volkswagen LUPO

М

арката што ги произведува автомобилите за народот долго време немаше успех со моделот кој што треба да биде најнародски од сите. Со најмалечкиот и најевтиниот Volkswagen. Претходниците Lupo и Fox не му се посреќија на производителот од Волфсбург. Првиот беше премногу скап да се одбрани од нападот на конкурентите, додека вториот модел, развиен и произведен во Бразил, не постигна повпечатлив успех во продажбата. Нова шанса добива Up. Тој е помалечок и поевтин од Polo, но сé уште е вистински Volkswagen. Купувачите на малечок автомобил што мери 3,5 метри меѓу браниците досега мораа да поседуваат едно. Тие мораа да бидат спремни за откажување. Автомобилите од оваа класа имаат евтини материјали, алипни мотори и тесна кабина. Следната повисока класа, пак, може да претставува оптоварување кое што домашниот буџет на поскромните купувачи повеќе не може да си го дозволи. Класата на Polo веќе одамна ја пречекори звучната граница од четири метри, а соодветно и цената отиде над 10.000 евра. Идејата на Volkswagen Up е купувачите да добијат автомобил што не ги ограничува и што ги надминува класните стандарди во комфорот, опремата и возните својства. Дизајнот исто така не смее да укажува на тоа дека возилото е најевтиното во понудата. Во тој поглед, Up остава мошне пристоен впечаток. Согласно дизајнерскиот говор на марката, тој не се служи со посебни ефекти, но затоа остава впечаток на квалитетно изработен автомобил. Акценти поставуваат предните светла, интегрираните ретровизори и стаклениот заден капак, со светла исправени отстрана. Траги од штедење не се забележуваат ниту во внатрешноста. Од сивата пластика тука не се бега, но затоа може да се очекува завршна изработка која што ќе гарантира дека сé ќе остане во едно парче уште долги години. Во видното поле на возачот се наоѓа компактна табла со

Volkswagen FOX

10/2011 11


САЛОНИ ФРАНКФУРТ 2011

В

о игра на домашен терен на салонот во Франкфурт, германската автомобилска индустрија не се штеди. Производителите се вложуваат максимално да ги убедат купувачите во квалитетот и смислата на нивните автомобили. Светот ги сака и ги цени германските автомобили, државата буквално живее од и за нив. Совршена симболика во времето на одржување на салонот даде еден податок: За прв пат во историјата, германските автомобили се продаваат повеќе во Кина отколку на домашниот пазар. Производителите прославуваат со скапи и брзи автомобили, но постојат и исклучоци. Една од најинтересните премиери на салонот е Volkswagen Up. Марката очекува големи бројки на продажба, иако моделот не нуди нешто поразлично од конкурентите. Up е малечок автомобил како сите други од класата, со малку простор на задната клупа, со мал багажник и со вообичаените ограничувања во изборот на материјали. И покрај тоа, појавувањето на овој модел е значајно за марката. Со него Volkswagen нуди модел поевтин од 10.000 евра во основната изведба, автомобил за народот. За фасцинацијата на светот на четири тркала се грижат другите автомобили. Тука се суперспортските модели како Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale со 570 КС, исто како и престижниот Bentley Continental GTS или ѕвездата на салонот Porsche 911, во новата генерација. Покрај овие аждери звучи мошне контрадикторен податокот од шефовите на Volkswagen дека дури 46 модели на групацијата имаат емисија на

СО2 под 100 грами на километар. Не им е лесно на производителите во исто време да ги задоволат и барањата на европските купувачи на кои што еколошката погодност на возилата им станува се поважна и барањата на младите пазари кои што се ненаситни за луксузни лимузини. Дополнително, не смее да се дозволи емоциите да исчезнат од автомобилите додека се води сметка за животната средина. Audi сака да ги задоволи обете страни, со двоседот Urban Concept и студијата A2, како најава за серискиот модел чија што продажба се очекува да стартува во 2013 година и со фејслифтот на моќникот RS5, во неизоставна придружба на тркачкиот болид врз база на A5 за шампионатот DTM. Тие што ја познаваат првата генерација на Audi A2, чие што производство заврши рано во 2005 година поради слабата продажба, ќе бидат изненадени кога во студијата ќе ги препознаат истите идеи. Студијата има електормотор, но во серијата ќе се вградуваат обични мотори, вклучувајќи и изведба со хибриден погон. Подалеку во иднината зачекорува Mercedes со концептот F125. Возилото со должина од пет метри и крилести врати покажува како класата Ѕ би изгледала во 2025 година и преполно е со иновативни решенија. Додека другите марки најавуваат модели со погон на батерии или веќе имаат такви модели во продажба, Mercedes верува во погонот со водород, кого што индустријата го подзаборави. До 2025 година би требало да биде изградена и потребната инфра-

Таму каде што се најдобрите автомобили и најбесните машини не може да бидат далеку ниту убавите девојки

14 10/2011

структура од станици за полнење водород во автомобилите. За емотивната страна во возењето се грижат SLS Roadster и купето од класата С во лута изведба на AMG, додека за рационалната страна е задолжен Smart electric drive, особено со цената од 19.000 евра, плус 70 евра месечна наемнина за батериите. Со оваа цена, електричната верзија на Smart е речиси двапати поевтина од електромобилите Mitsubishi i-MiEV или Citroen C-Zero. Баварците, пак, ќе наплаќаат многу повеќе за нивниот i3, чија што продажба ќе стартува во 2013 година. Причината за тоа не е во дополнителниот чифт седишта со кои што располага електромобилот на BMW, туку во карбонот од кого што е изработена каросеријата. Со полесна каросерија, помали се и батериите. Тоа може да биде вистинската формула: Поскапа каросерија, но поевтини батерии, за на крајот возилото да чини исто колку другите компакти од престижниот сегмент. Речиси не постои производител што не нуди алтерна- 


Zukunft serienmäßig

Сите зборуваат за намалување на емисијата на СО2, а главниот печат го оставија спортските автомобил на кои што согорувањето на многу бензин им е техника на преживување. Трендовите на салонот во Франкфурт: Малечки автомобили и водород како гориво на иднината ТРЕНДОВИ

СПОРТСКИ

СТР. 16

СЕМЕЈНИ

СТР. 18

МАЛИ

СТР. 20

64. Internationale Automobil-Ausstellung

www.iaa.de

СТУДИИ

СТР. 22

15. bis 25. September 2011 Frankfurt am Main

РАРИТЕТИ

СТР. 24

СТР. 26

моќта останува кај

 тивeн

погон. Пионерот на хибридниот погон Toyota направи цело моделско семејство околу Prius, додавајќи ги ванот со седум седишта и голем багажник Prius+ и верзијата на Prius со литиум јонски акумулатори и можност за нивно полнење на струја. Со полни акумулатори, хибридниот Prius ќе извози дваесетина километри. Јапонците подготвуваат хибридна верзија и од новиот Yaris. Во меѓувреме и дизелот се вмеша во хибридите. Citroen и Peugeot ја нудат верзијата HYbrid4 со системска моќност од 200 коњски сили и погон на сите тркала, при потрошувачка

пониска од четири литри дизел. Оваа интересна комбинација е достапна во Citroen DS5 и во Peugeot 3008. Дури и студијата CX-16 на Jaguar не се служи со ненаситен осумцилиндарец, туку со V6 со компресорско натполнење и со помош од електромотор. Подеднакво е вредна и премиерата на концептот Evos на Ford, од кого што може да произлезе новиот Capri, исто како и следната генерација на Mondeo. Концептот Alfa 4C е уште поблиску до сериско производство отколку при првото појавување во Женева, додека марката Kia се подготвува за престижен

спортски модел со студијата GT. Некои од моделите што доживеаја премиера ќе се најдат во продажните салони веднаш по завршувањето на салонот: Компактниот теренец Mazda CX-5, новата генерација на градскиот јунак Fiat Panda или ванот Opel Zafira, отсега со додавка Tourer, како и Honda Civic или препородениот Hyundai i30. Тоа што исто така остави печат во Франкфурт е поделбата на домашни и странски производители. Наспроти салонот во Женева, каде што сé е под еден покрив и сите марки се втопуваат во генералната атмосфера,

на IAA јасно се издвојуваат големите и моќни германски марки, правејќи сопствен салон во салонот. Mercedes ја имаше свечената сала, групацијата Volkswagen владееше со третата сала, BMW се пресели во новоизградената 11-та сала, додека Audi подигна цел комплекс на отворената површина покрај свечената сала. На тој начин се спречува можноста за директна споредба меѓу конкурентите. Странските марки, пак, мораа да се туркаат во потесните сали, но токму поради тоа успеаја да ја создадат типичната атмосфера на салон за автомобили.

10/2011 15


ТЕМА Глобализацијата ги расели марките

Производител, модел

Земја, град

Alfa Romeo (I) Mito Giulietta Престижна фабнрика за престижниот модел. Alfa Romeo 8C доаѓа од фабриката на Maserati

Италија, Мирафиори Италија, Касино Италија, Помиљано д’Aрко Италија, Модена

159 8С

Aston Martin (GB) DBS, DB9, Virage, V8 Vantage, Cygnet Rapide

Англија, Гајдон Австрија, Грац

Audi (D) Моторите за Aston Martin пристигнуваат директно од фабриката на Ford во Келн

А4, А5/S5 Cabriolet, А6/S6, A6 Avant, A6 Allroad Quattro, A8, S8, R8/R8 Spyder, RS6/RS6 Avant, A7 А3/А3 Sportback, A4/A4 Avant/A4 Allroad Quattro, A5 Sportback/Coupe, Q5, S3/S3 Sportback, S4/S4 Avant, S5 Coupe; каросерија и лакирање на Audi TT Coupe/Roadster, A3 Cabriolet А1 Q7

Најмалечкиот модел на Audi се произведува во Белгија, неговиот технички близнак Polo во Шпанија

TT Coupe/Roadster, A3 Cabriolet, RS3 Q3

Германија, Некарсулм Германија, Инголштат

Белгија, Брисел Словачка, Братислава Унгарија, Гјорин Шпанија, Марторел

BMW (D) Серии 5, 6, 7, М5, М6

Таму каде што е најголемиот пазар, па уште и производството е поевтино, се произведуваaт BMW X5 и X6

Серија 1 (со 3 врати, купе и кабрио), X1, серија 3 (лимузина) Серија 3 (лимузина и комби) Серија 1 (со 5 врати), 3 (лимузина, купе, кабрио), М3, Z4 Roadster, изведби со погон на сите тркала xDrive X5, X6, ActiveHybrid X6, X5 M, X6 M, X3

Германија, Динголфинг Германија, Лајпцих Германија, Минхен Германија, Регенсбург САД, Спартанбург

Која е

татковината П

на авт

орано работите беа многу појасни. Јапонските автомобили се произведуваа во Јапонија, за Mercedes не смееше ниту да се помисли дека може да доаѓа од друга земја освен Германија, а Fiat се симнуваше од производствените ленти во Лингото, во Торино. Секој знаеше од каде потекнува неговиот автомобил. Но, времињата се менуваат. Денес речиси сите производители се активни на целата земјина топка. Нови фабрики се отвараат таму каде што се најголемите пазари, каде што е евтина работната сила и таму каде што земјиштето и државните субвенции се најповолни. Денес може да се отвори фабрика за компоненти за автомобили, утре може да профункционира и цел погон за крајна монтажа на автомобили. Како што расте бројот на погони на добавувачите за производителите на автомобили, така локацијата добива на атрактивност и за кралицата на сите индустрии, автомобилската. Дополнително, соработките меѓу производителите на автомобили водат кон концентрирање на производството на одредени локации.

Bugatti (F) Сите модели Моделите со три врати од серијата 1 на BMW се произведуваат во Лајпцих, а моделите со пет врати во Регенсбург

Франција, Молсхајм

Cadillac (USA) САД, Мичиген, Ленсинг САД, Тексас, Арлингтон

CTS, SRX Escalade

Chevrolet (USA) Corvette Рускиот пазар ги добива примероците од Chevrolet Cruze произведени во Ст. Петерсбург. Кај нас се испорачува директно од Кореја

Volt Camaro Spark, Aveo (нова генерација), Cruze, Orlando, Captiva

САД, Кентаки, Боулинг Грин САД, Детроит Канада, Ошава Кореја, Иншеон

Citroen (F) C3, DS3 C8, Jumpy, Fiat Scudo C4, DS4 C5, C6 DS5 C4 Picasso/Grand Picasso, Xsara Picasso, Berlingo С3 Picasso Berlingo First, Berlingo За малечките возила е потребна здружена работа. Причината е во малата заработка. Затоа, PSA и Toyota ги поделија развојните трошоци за нивното трио C1/107/Aygo

30 10/2011

C-Crosser, C-Zero C1, Peugeot 107, Toyota Aygo

Франција, Поаси Франција, Севелнорд Франција, Мулуз Франција, Рене Франција, Сошо Шпанија, Виго Словачка, Трнава Португалија, Мангуалд Јапонија Чешка, Колин

Секој произведува секаде и секој соработува со секого. Речиси е невозможно да се добие јасна слика за фабриките во кои што произведуваат автомобилските


Dacia (RO)

татковината

томобилот? Автомобили се произведуваат насекаде низ светот. Таму каде што се најголемите пазари за одредени типови на автомобили и најголемите шанси за раст, таму се селат фабриките и се отвараат нови. Сето тоа води кон голема забуна. Автомобил од француска марка денес се произведува во Јапонија, но не кај јапонска марка. Таа произведува во Европа. Кој каде произведува и од каде точно потекнуваат нашите автомобили, прочитајте во овој комплетен преглед

Logan, Sandero, MPV

Романија, Питешти

Daihatsu (J) Јапонија, Накатсу/ Ријо/Икеда

Сите модели

Ferrari (I) Сите модели

Италија, Маранело

Честа глетка од производствените ленти. Peugeot Partner и Citroen Berlingo еден покрај друг

Fiat (I) Grande Punto Bravo Punto Classic Panda, 500; исто така Ford Ka, Lancia Ypsilon Qubo, Doblo, Linea Sedici Freemont

Италија, Мелфи/ Мирафиори Италија, Касино Италија, Мирафиори Полска, Тиши Турција, Бурса Унгарија, Ештерѓом Мексико, Толука

Фабриката во Романија е доказ дека локацијата е неважна. Dacia денес произведува со квалитетот на Renault

Ford (D) Fiesta, Fusion Focus, C-Max, Kuga Transit Connect, Transit Mondeo, Galaxy, S-Max B-Max Focus, Fiesta

Германија, Келн Германија, Зарлуис Турција, Кочели Белгија, Генк Романија, Крајова Шпанија, Валенсија

Fiat го произведува кросоверот Freemont во САД. Придобивка од преземањето на Chrysler. Основата е Dodge Journey

Honda (J) Accord, Jazz/Jazz Hybrid, CR-Z, Insight Civic, Jazz, CR-V

Јапонија, Сајама/ Сузука Англија, Свиндон

Hyundai (ROK) i40, Veloster, ix55, Santa Fe, Genesis Coupe i10, i20 i20, ix20, i30 ix35

Миниванот на Ford од следната година ќе се произведува во новата фабрика во Романија

Кореја, Улсан Индија, Ченај Чешка, Ношовице Словачка, Жилина

Infiniti (J) G, M, FX, EX

Јапонија, Тошиги

Jaguar (GB)

Transit не е само модел што е особено популарен во Турција, туку и се произведува таму

Англија, Касл Бромвич

XK, XF, XJ

Jeep (USA) Compass Wrangler Grand Cherokee

САД, Мичиген, Белведере САД, Охајо, Толедо САД, Мичиген, Детроит

Марка од Кореја произведува во Индија и продава во Европа. Hyundai i10 е Индиец

Kia (ROK) Picanto, Rio, Carens, Soul, Sorento, Carnival Ceed, Venga, Sportage Hispanic Kia Motors Logo 4/C - Large Tagline @ 70% Black

Кореја Словачка, Жилина

Lada (RU) Kalina, Priora, Niva

Русија, Тољати

Фабриката на Kia во Словачка е една од најмодерните во Европа. Само таму се произведува cee'd

Lamborghini (I) Италија, Сант Агата Болоњезе

Сите модели

Lancia (I) марки. Соработките меѓу марките во развојот на одделни модели или наследувањето на фабриките по преземањето на одредени марки направија општа збрка

Musa Delta Ypsilon

Италија, Торино Италија, Касино Полска, Тиши

Лакирањето на Gallardo се врши кај Audi, во фабриката во Некарсулм

10/2011 31


Тест Kia Picanto 1.0 TX

ТЕСТ-ОЦЕНИ  Добро  Просечно  Лошо ВО ВОЗЕЊЕ

Вредности

Перформанси 0-100 km/h [s] Крајна брзина [km/h]

14,4 153

Тежина Празно возило/Дозволено [kg]

920/1340

 ВО ГРАД Се чувствува високата цврстина на каросеријата; хармонично подвозје и пријатно чувство зад воланот; исклучително мал круг на вртење; мала повратна сила во управувањето; педалот на сопирачките е мек, веројатно заради специфичната група на купувачи.

 НА ПАТ Зрелоста на возилото се покажува и на отворен пат; подвозјето останува на замислената линија на границата на која што другите модели во класата покажуваат силно подуправување; чувство како да се вози автомобил од компакт класата.

 НА автоПАТ

не го прават авто Нема повеќе евтино во класата на малечките, така одредува Picanto. Тој нуди квалитети од повисока класа во мало пакување, за купувачите што избираат малечок автомобил заради предностите, не заради цената

Со зголемениот затур на предната оска е подобрено држењето правец, како типичен недостаток во класата, кој што произлегува од кусото меѓуоскино растојание; тивка работа на моторот и на подвозјето; отсуствува вообичаеното потскокнување на задната оска.

 перформанси

Варијабилната работа на вентилите е оптимирана за ниски и средни вртежи; полната моќност се ослободува дури во последната третина; просечна еластичност.

комфор

Оцена

Звук Во град На пат

На автопат

Звук Куси нерамнини Долги нерамнини

Во град/На пат

/ 

Омекнувањето на пружините резултира со комфорна карактеристика на подвозјето; трицилиндарскиот звук се јавува единствено при полно забрзување.

технички податоци Мотор

3 цил., Dual-CVVT, 4 вент.

Зафатнина

998 cm3

Силина

69КС/6200 min-1

Вртежен момент

95Nm/3500 min-1

Погон

На предни тркала

Пренос

петстепен, мануелен

Управување

ел. сервоуправување

Круг на вртење

-

Гуми

175/50 R15 75Н

Сопирачки нап./наз.

диск, диск

ABS/ESP Водење на тркалата нап.

•/•

Водење на тркалата наз.

торзиска оска

Фотографија: Марко Марковски

42 10/2011

мекферсон

Автоматска клима во Picanto? Тоа е само вовед


томобилот

З

аедничкото име на сите автомобили што мерат помалку од четири метри меѓу браниците е доволно да се заклучи. Тоа се малечки автомобили. Доволни се да послужат неколку години, додека да се купи нешто поголемо. Привремено решение, да биде колку е можно поевтино. Никој не се прославил со малечки автомобили. Барем не во последно време и не колку со првиот Cinquecento. Доблест е кога и сопственикот е горд на својот малечок автомобил. Значи, тоа е најмалку популарната класа на автомобил, особено во време кога пазарот е научен за истите пари да добива лого на Mercedes или BMW на неколкупати прелакирана хауба. Не дека мораме да ги мрзиме малечките автомобили. Напротив. Светот се враќа во нив. И не треба да се отиде далеку за човек да се увери дека светот не греши. Доволно е до првата пумпа за гориво. Тука се доживува откровението, тука се осознаваат предностите на сортата автомо-

били што пазарот одамна ја имаше заборавено. За гориво за две илјади денари се добива реткото задоволство мерачот за гориво да покажува полн резервоар. Во ред, резервоарот собира само 35 литри. Но, мајсторијата е во тоа што патниот компјутер пријавува дека со претходната динамика на возење, овој малечок автомобил ќе мине 500 километри со еден резервоар. Тоа значи просек од точно седум литри, постигнат главно во услови на градско возење. Модели од првата повисока класа, со стар дизел, трошат повеќе. Picanto, го возиме автомобилот што нетрпеливо чекавме да почне да гази на македонскиот асфалт, по првото возење во Истанбул. Најмалечкиот модел на Kia не се препознава во втората генерација. Затоа, пак, во изгледот на Picanto јасно се препознаваат потезите на ѕвездата Петер Шрејер, актуелен дизајнер на Kia, но порано и креатор на првиот Audi TT. Малечкото луто изгледа исто како Soul, Venga и Sportage, динамично, 

Во 2012 година следува турбо верзија на трицилиндарецот, со 110 КС

Ни се допаѓа • Општиот зрел впечаток за возилото • Досега невиден комфор во класата • Пристојна просторна понуда во кабината

Не ни пречи Повисоката цена ќе се изедначи откако конкуренцијата ќе ги претстави новите генерации на модели од класата

Не ни се допаѓа • Системот за штедење гориво се нуди само во најскапата верзија • Опремата се нуди само во обемни пакети • Само просечна еластичност, заради оптимизација на штедливоста при ниски и средни вртежи

10/2011 43


Новитети Porsche 911

С

појот меѓу класичното и модерното никаде не е поевидентен отколку кај Porsche 911 Carrera. Спортската иконата меѓу автомобилите опстојува безмалку половина век и со секоја нова генерација поставува стандарди кои останатите се обидуваат да ги достигнат. Концептот со боксер мотор поставен зад задната оска и означен како 911 ги пребродува

сите современи текови успешно опирајќи се на забот на времето благодарение на чувството на инженерите и дизајнерите на Porsche секогаш да му дадат доволно без да претераат во ниту еден детал. Бројката 911 е дел од наследството на Porsche од комерцијализацијата на првата генерација во 1964 година до денес. Иако, секоја нова генерација добива нова типска

три цифрена ознака, 964, 993, 996, 997 и 991, преку која се препознава моделот, легендарнот број 911 продолжува да опстојува и за сите автомобилски вљубеници означува само едно. Расно спортско грло кое доаѓа од ергелата на инженерскиот гениј Фердинанд Порше. Водени од неговото правило дека секоја нова генерација на 911 треба да биде технолошки понапредна, помоќ-

на и побрза од својот претходник, дури само и за 1 km/h, тимовите од инженери на Porsche ja создадоа најновата генерација на 911 Carrera со типска ознака 991. Со ниска и растегната силуета и препознатливи контури новиот 911 ја покажува сета своја моќ и елеганција. Атлетски извајаниот 911 на почеток доаѓа во две варијанти основна означена како Carrera и помоќна Carrera S. И

U D 6W Концептот со боксер мотор поставен зад задната оска и означен како 911 ги пребродува сите современи текови успешно опирајќи се на забот на времето

риват разликата меѓу 400 КС на Четирите издувни топа ја отк чната Carrera. Да! тркачот Carrera S и 350 КС на оби кој гледа во него но Тука е и натписот, 48 10/2011


двете ги задоволуваат основните постулати на креаторот и се директен продукт на еден од најголемите развојни чекори направени во долгата историја на моделот. Новиот 911 станува првиот сериски автомобил на светот во кого се вградува седум степен мануелен менувач и е првиот спортски автoмобил на светот кој може да едри на пат. Еден ваков радикален инженер-

ски потфат во кого се сменети и реконструирани преку 90% од деловите бил неопходен за да се биде чекор понапред. Верен на своето наследство новиот 911 поставува нови стандарди меѓу спортските автомобили од премиум сегементот, посебно кога е во прашање ефикасноста. Намалувањето на потрошувачката во Porsche морало да оди заедно со зголемување на моќноста,

F H U

подобрување на перформансите и на динамичките карактеристики. Приказната за новиот штедлив, а моќен 911 почнува од неговата најпрепознатлива механичка компонента. Моторот Боксер со шест цилиндри чии клипови се свртени еден спроти друг. Од Porsche не сокриваат дека моторите и менувачите од претходната генерација биле одлична појдов-

на точка за овој модерен концепт на ефикасен тркач. Кај основниот модел со намалување на одот на клипот за 4 милиметри е намалена зафатнината на моторот од 3.6 на 3.4 литри. Меѓутоа заради покусиот од на клиповите моторот полесно се врти и полесно достигнува висок број на вртежи. Така е добиен мотор создаден според проверениот тркачки рецепт повеќе моќ низ висок

до чка када Од трка ех 356 техно успхот на тркачката кадаваниот

отот сл иот успе Планетарн ично го загуби живrsche да одгоаг Po тр ја ра ко те на лем, во даде пого мс Дин го актер Џеј барања и да соза ки автомобил. ви вори на но покомфорен спортс светлото на помоќен и нцепт го здогледа т во Франкно Првиот ко 63 година на сало ш падна во на денот во 19 жан како 901 вед да се изболе а фурт. Обе eot кој на суд успе зилата со 0 око на Peug о да ги означува во одлучија от се ри за прав Тогаш во Porsche авање на а. во средин со едноставно дод кму оваа е за нов им не слутејќи дека то елот да од 1 место 0 му помогне на м ознака ќе жива легенда. во 1964 во прерасне на 911 стартуваат ња, но ва те Продажби постојани подобру т облик година и соање на генералнио ува на без менув а моделот се задрж дната и техникат о 1989 година. Слетипска пазарот д а доаѓа моделот со те на1990 годин Тој од надвор сеушполно 4. ознака 96 игиналот, но носи и на ор ликува на технологии земен 993 иновативни rsche 959. Векот на ѓа оа заем од Po во 1994 година д от е ер е кус. Веќ изведба на бокс от ел последнатано ладење во мод ќе со воздуш модел многу повеза 993. Овој модерниот 959 и т на наликува мина сеуште сметааи него многу следниот вистинск а дека е по оа новите времињ а 911. Меѓут побарувања. Н ви имаат но е им станува јасно инженерит здушно ладениот во дека од ечен макќе е извл боксер ве во 1998 година и симумот доаѓа првиот 911 на светот ладен мотор, о со воден уирана шасија тр ново конс ја и типска ози каросериВо 2005 година нака 996. јата 997 за која следи сери ека е технички д се смета от модел на ни најнапред појавувањето 911 се до от 991. на модерни

10/2011 49


ТЕХНИКА Исклучување на цилиндрите заради штедење

И

ндустријата на четири тркала е ставена под огромен притисок да ги направи автомобилите колку е можно поеколошки. Без разлика што се вложуваат големи напори и средства во ова поле, вистинските револуционерни идеи се реткост и најчесто се работи за квази иновации кои што на техничарите им се познати веќе со години, ако не и со децении. Дури и погонот на струја не е техника на денешницата, туку е идеја која што се провлекува уште од почетокот на минатиот век, а тоа се и почетоците на автомобилизмот. Исто толку е стара и хибридната техника. Големиот Фердинанд Порше во 1900-та година имаше развиено автомобил со погон на струја Semper Vivus, за две години подоцна да биде готовa и хибридната верзија. Последниот тренд во развојот на моторите, исклучувањето на цилиндрите, претставува реанимирање на идејата што заживеа првпат во доцните 1970-ти години. Долг е списокот на марките кои што беа навлечени на тогашниот новитет: General Motors, Mercedes, BMW, Honda, Chrysler, Dodge. Сложената

техника, сепак, не постигна поубедлив пробив на пазарот. Растечкиот притисок за намалување на емисијата на СО2 и располагањето со нови технологии ја враќа на сцена идејата за исклучување на цилиндрите. AMG, моќната марка на Mercedes, го има новиот SLK 55 AMG, чиј што осумцилиндарец со директно вшприцување на горивото и 422 КС, троши само 8,5 литри на сто километри, што е заштеда од повеќе од 30 проценти во споредба со претходникот. Тајната на штедливоста е во тоа Една декада по големата нафтена криза во 1970-те незаситните американски крстосувачи што при делумно оптоварување на учеа да штедат со исклучување половина од цилиндрите. Купето Cadillac Eldorado од 1980-та ја има техниката, исто како и големите мотори во претходната генерација на Chrysler 300C моторот, гориво се вшприцува во само четири од осумте цилиндри. На тој начин се добиваат два мотора во еден. Четири цилиндри за штедење, осум цилиндри за уживање. Специјални балансирачки вратила во блокот и резонатори во издувот, за моторот да работи култивирано и да звучи моќно кога работат само четирите цилиндри. Притоа, возачот не би требало да чувствува премногу нагло преоѓање меѓу двата начина на работа на моторот. Конкурентот Audi ја користи оваа техника во повеќе модели. Воопшто не е случајност тоа што се работи за

Ако тоа што останува по преполовувањето на цилиндрите е повеќе од 250 КС, тогаш нема простор за главоболки при фактот што новиот мотор V8 во тркачот SLK 55 AMG исклучува половина мотор кога на возачот не му се брза

54 10/2011


Намалување на потрошувачка во %

Ефектот врз потрошувачката од исклучувањето на цилиндрите кај 1.4 TSI со 140 КС

1. степен 3. степен 2. степен

3. степен

4. степен 5. степен 6. степен 6. степен 6. степен 6. степен

Брзина на возење во km/h

Сите цилиндри се активни Брегастото вратило се поместува надолжно. Во оваа положба се активни бреговите за полно и делумно оптоварување

Исклучување на цилиндрите Во оваа положба, брегастото вратило работи со т.н. нулти брег, односно не дејствува врз вентилите. Не работат 2-от и 3-от цилиндар

Пазарот го прифати системот старт-стоп како ефикасен начин за намалување на потрошувачката, особено во градски услови на возење. Моторите научија да штедат додека возилото мирува во место. Сега е на ред намалување на потрошувачката во возење. На дијаграмот за моторот на VW се гледа дека најголема заштеда се постигнува во степените во кои што најмногу се користат при забрзување и возење во град. Audi исто така исклучува половина од цилиндрите

Volkswagen стартува со 1.4 TSI в година Првиот мотор кој ќе ја добие старо новата техника за штедење е 1.4 TSI. Со напредниот систем треба значително да ја намали потрошувачката, со тоа што при ниско или средно оптоварување се исклучуваат два од четирите цилиндри. На тој начин се заштедува 0,4 литар, а на тоа се надоврзува и заштедата од 0,6 литар од системот старт-стоп. Најголемиот ефект се постигнува при констактно држење умерена брзина. При 50 km/h во третиот или четвртиот степен се постигнува заштеда од речиси еден литар на 100 километри. Со тоа, новиот TSI е доволно чист за нормата EU6. Големата штедливост не го намалува комфорот во возење. Дури и кога работи на два цилиндра, 1.4 TSI е тивок и смирен. Исклучувањето се активира секогаш кога моторот работи меѓу 1400 и 4000 вртежи во минута и вртежниот момент се движи меѓу 25 и 75 њутнметри. Тоа е речиси 70 проценти од нормираното возење за одредување на потрошувачката во техничките податоци на производителите. Кога возачот ќе притисне посилно врз гасот, вториот и третиот цилиндар се вклучуваат неззбележливо.

Производителите се сетија на старата техника за штедење гориво. Новите мотори на Mercedes, Volkswagen и Audi гаснат половина од цилиндрите кога возачот не ја бара полната моќ од моторот

спортските изведби S6, S7 и S8. Во

првите два модела, новиот четирилитарски бензинец со турбонатполнење ослободува 420 КС и минува сто километри со 9,7 литри гориво. Големата лимузина S8 додава уште сто коњски сили, а тоа чини половина литар гориво. Со просечна потрошувачка од 10,2 литри, нејзиниот осумцилиндарец троши три литри помалку и игра во различна лига од стариот V10, благодарение главно

на исклучувањето на цилиндрите. Предноста важи и во перформансите. За забрзување до темпо сто, на новиот S8 му се потребни 4,2 секунди, што е речиси една секунда подобро од стариот модел. Со осум цилиндри во V, моторот е способен на возачот да му го пружи и акустичното уживање кое што се очекува во престижен спортски автомобил. Наспроти тоа, моторот речиси и не се слуша при побавно во-

зење, без разлика колку цилиндри работат во моментот. Соодветната информација се добива единствено преку знакот што се прикажува во брзиномерот. За компензирање на повисоките вибрации при работа со четири цилиндри се грижат активни лежишта за моторот, додека потиснувањето на погрубиот звук при работата на моторот е задача на системот за произведување на антизвук. Во кабината се поставе-

ни четири микрофони, кои што го регистрираат звукот. Преку звучниците во кабината, системот возвраќа со звук со спротивна фаза, односно го потиснува звукот на моторот. Системот дејствува и кога не е пуштено радиото. Концернот Volkswagen е толку одушевен од работата на привремено четирицилиндарскиот V8, што во иднина ќе го вградува и во моделите на Bentley. Исклучувањето на цилиндрите нема да остане привилегија на благородните модели со осумцилиндарски мотори. Volkswagen ќе ја користи старата нова техника за следниот еволутивен степен на моторите 1.4 TSI. При ниско и средно оптоварување, четирицилиндарскиот бензинец ќе се префрли на работа со два цилиндри. Тоа ќе донесе заштеда во потрошувачката од 0,4 литар на сто километри. Во поглед на моќноста не се менува апсолутно ништо. Во актуелниот развоен степен, моторот се нуди во дијапазон на моќност меѓу 122 и 160 КС. Новата генерација на TSI ќе доживее премиера во Polo и во Golf, а понатаму и во следните модели, меѓу кои Passat, како и возилата од соодветните класи во гамата на марките Skoda, Seat и Audi. Независно од бројот на цилиндри на моторите, сите системи имаат едно заедничко. Исто како кај автоматскиот старт-стоп, заштедата која што се постигнува во секојдневието е поголема отколку според фабричките мерења. Според тоа, место 0,4 литар, потрошувачката во практиката може да биде пониска и до еден литар, на пример при возење со постојано темпо од 60 километри на час во четвртиот или петтиот степен на пренос. Кај осумцилиндарецот на Audi, намалувањето на потрошувачката кое што е постигнато преку исклучувањето на цилиндрите изнесува само 5,5 проценти, но во возењето ќе се постигнува заштеда и до дваесет проценти. Тоа е голем напредок, иако техниката и не е толку нова. �

10/2011 55


Техника Развој на погон на струја Расте бројот на варијанти на возила

По многу следува премногу

Поделбата на автомобилите по сегментите кои што ги познаваме веќе долго не важи. Пазарот се задушува во нови варијанти, варијации и деривати. Нивниот број ќе продолжи да расте

Откако марките ги открија купе лимузините, спортските теренци со преден погон, микро и макси вановите и што ли уште не, човек може да помисли дека повеќе нема што ново да се измисли, дека дизајнерите ги исцрпиле сите можности за креирање. Но, не е така. Бројот на варијанти постојано расте и продолжува да расте. Во моментов европскиот пазар нуди 376 моделски серии. Во 2015 година нивниот број ќе се зголеми на 415. За споредба, во 1995 година, бројот на моделски серии изнесувал 227. Доколку се додадат сите варијанти на мотори и каросерии, веќе доаѓаме до бројка

од 1.706 различни возила. Купувачите повеќе не можат да добијат прегледна слика за понудата на марките. Една од причините за бројноста на варијациите се новите принципи на конструирање и производство. Од еден основен модел може без големи трошоци и напори да се изведат неограничен број варијанти. Концернот Volkswagen го доведе овој принцип до совршенство. Порано имавме Golf со пет и со три врати, потоа дојдоа комбито Variant, кабриолетот, верзијата со повисок покрив Plus, ванот Touran, спортскиот теренец Tiguan, купе-кабриолетот Eos, ретро моделот Beetle, вклучувајќи кабриолет и од него, купето Scirocco, а на тоа уште соодветните модели од Audi, Seat и Skoda. Покрај тоа, производителите постојано измислуваат нови креации, на пример купеа со четири врати, како Mercedes CLS или Audi A7, а слични феномени се и верзијата GT во серијата 5 или класата R на Mercedes. Тоа што ги радува производителите, а секако и купувачите, заради богатата понуда, наскоро може да се претвори во проблем. Некои од новите варијанти се продаваат мошне слабо. Колку е помала продажбата на одредена варијанта, толку се поскапи трошоците за нивно производство, дистрибуција, и секако, рекламирање.

56 10/2011

К

ако да се зголеми досегот на електричните автомобили? Тоа е прашањето што ги засега сите производители по целата земјина топка. Наједноставно би било батериите да се направат поголеми. Но, проблемот е во тоа што батериите не се евтини, а како дополнителна пречка, тешки се. Неразумно е ова решение да се примени кај микромобил како Smart ed, кој што со цената од преку 20.000 евра и без тоа е прескап. Затоа, техничарите решија да појдат по друг пат и да ги остават погонот и батериите какви што се. Место тоа, вниманието се посветува во самото возило. Со нови материјали и со свежи идеи, возилото изгуби повеќе од стотина килограми, а дополнително се намали и потрошувачката на струја на помошните агрегати, така што со истиот погон електромобилот сега минува за 20 проценти подолг пат, односно 170 место 140 километри. Особено внимание се посвети во справувањето со топлината. Поради намаленото загревање на кабината лете, клима уредот троши помалку струја. Истото важи и за греењето на кабината. Против студот се користат лесни грејачи во седиштата, поставени таму каде што телото е најчувствително, но се користи и топлнска изолација, иста каква што имаме во домовите. Разликата е во тоа што место седум, изолацискиот слој во вратите е дебел само еден сантиметар. Од топлината штитат и специјалните пигменти во лакот и фолиите во прозорците, кои што подобро ги одбиваат инфрацрвените зраци и на директно сонце го смалуваат загревањето за 20 степени Целзиусови. Покрај тоа, пред таблата со инструменти и во задните светла се вградени трите вентилатори кои што произведуваат постојан провев во возилото и ја одведуваат топлината. Струјата за вентилаторите не доаѓа од батериите, туку од соларните ќелии на покривот. Тоа е едно од најгенијалните решенија, затоа што токму сонцето помага да се намали топлината што од него се создава во возилото. Ќелиите во покривот се проѕирни и дополнително се опкружени со невидливи светлечки диоди, со кои што се осветлува кабината и се создава единствена атмосфера. Од овие ќелии се напојува и забавната електроника во кокпитот, така што енергијата во батериите останува само за погонот на возилото. Тоа се само козметички мери

користи трик


кови

Во Smart имаат идеја како електричните автомобили да минуваат повеќе километри. Техниката ја поседува студијата Forvision Патенти за погон на струја

Јапонците царуваат со струјата Сите поголеми производители имаат автомобил на струја. Но, ако погонот на струја се разгледува по нации, тука не постои единство. Јапонците имаат најмногу патенти за електричниот погон

Соларни ќелии на покривот, каросерија и бандажи изработени од пластика, погон на струја. Daimler го разви кКонцептното возило Forvision вo соработка со хемискиот гигант Basf. Во тој правец оди развојот. Како што металот се заменува со пластика, а моторите со електромотори, така останува простор за новите играчи, за хемиската индустрија осбено

Јапонците се отидени далеку понапред во иднината пред остатокот од светот според бројот на заштитени патенти за хибридниот и електричниот погон. На производителите од Нипон им припаѓаат три четвртини од вкупниот број на патенти поднесени во последните пет години. Меѓу марките, сосема очекувано, првото место и` припаѓа на Toyota, потоа следат Renault-Nissan и Honda. На списокот се наоѓаат 15-те најголеми производители во светски рамки. Марките Volkswagen, Mercedes и BMW заедно учествуваат со одвај 7,5 проценти во вкупниот број на патенти. Значењето на патентите се покажува дуру по неколку години. Во почетокот на 1990-те Вкупно регистрирани барања за патентирање на технологија за хибридни и електрични возила од 2006 година Место Производител Број на патенти 1 Toyota . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2588 2 Nissan . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 940 3 Honda . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 727 4 Ford . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .455 5 Mitsubishi . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 366 6 Hyundai/ Kia . . . . . . . . . . . . . . . . . . 283 7 Mercedes . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 205 8 GM . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 182 9 Peugeot/ Citroen. . . . . . . . . . . . . . . 176 10 VW . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 148 11 Mazda . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 146 12 BMW . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 134 13 Suzuki . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 80 14 Chrysler . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 46 15 Fiat . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 16

Техничарите не се толку безидејни за натамошното усовршување на автомобилите. Задните светла во стил на турбина потсеќаат на американските крстосувачи од 1960-те, но во средината имаат малечок вентилатор кој што го одведува топлиот воздух од кабината. Така останува помалку за работа за клима уредот, а повеќе струја во батериите

во споредба со технологијата што е искористена за олеснување на возилото. Каросериското јадро на студијата Forvision е изработено од карбон, место од челик. Исто како кај BMW i3, карбонот е обработен индустриски и неспоредливо е поевтин од рачно произведените карбонски панели што се користат во мотоспортот и во аеронаутиката. Цената на Forvision и натаму би била повисока од возилата со вообичаена градба на каросеријата, но како предност се добива возило полесно за 100 до 150 килограми. Килограмите се симнувани каде што се стигнало. Седиштата во форма на скршена лушпа од јајце се толку истенчени што изгубиле четири килограми. Покрај тоа, бандажите не се изработени од алуминиум, туку од пластика. Секое тркало штеди по три килограми.

Студијата Forvision е витрина за технологијата со која што располагаат техничарите во Smart. Таа е дело на визионерите, сега треба да стапат на дело и инженерите, за техниката од лабораториите да се пренесе на производствените ленти. Најважно е сепак што ќе кажат книговодителите. Возилото не смее да биде прескапо за купувачите, исто како и за производителот. Затоа ќе мораме уште долго да чекаме на проѕирни соларни ќелии со интегрирано светло, исто како и на вентилатори со погон на соларна струја, на инструменти проектирани на екран што реагира на допир или на ултралесни седишта. Но, во Forvision постојат и работи што нема да завршат како нереализиран сон. Пластичните бандажи и разладувачките пигменти во лакот ќе влезат во серија за две три години.�

години, Toyota заштити повеќе технологии за погонски системи во хибридни возила. Првата генерација на Prius беше пуштена во продажба на јапонскиот пазар во 1997 година, а три години подоцна почна и извозот на првиот хибриден автомобил од големосериско производство. Иако хибридната техника е само преодно решение до погонот на водород и другите погонски видови на иднината, азиските производители веќе ги имаат заштитено повеќето основни технологии во хибридните возила. Останатите производители тешко дека ќе ја достигнат оваа предност. Ситуацијата е иста како на пазарот на смартфони. Задоцнетиот стартер Google мораше скапо да плати за најважните патенти, со превземањето на мобилната телефонија на Motorola. Од 2006 година во светот се регистрирани 12.310 патенти за хибридни и електрични возила. Половината од нив отпаѓа на 15-те најголеми производители во светот, додека остатокот е на добавувачите, производителите на батерии и други претпријатија. Само во оваа година, Јапонците имаат заштитено близу 700 нови технологии за погонот на иднината. За споредба, германската тројка Daimler, BMW и Volkswagen, во последнава година имаат поднесено барање за само 171 патент. 10/2011 57


Техника Двојна спојка против класичен автоматик

Т

ехниката со двојна спојка ги научи автоматските менувачи да работат штедливо и спортски. Поради тоа, класичните автоматици со хидрауличен претворач на вртежниот момент се најдоа во загрозена положба. Неколку марки целосно се префрлија на менувачи со двојна спојка. Менувачите со хидрауличен претворач сега возвраќаат. Долги години автоматските менувачи важеа како избор на постарата господа. Таквиот имиџ се промени од корен кога во 2003 година Volkswagen го воведе во серија менувачот со двојна спојка, кој што дотогаш се користеше најчесто во мотоспортот. Со добар маркетинг и со промоција на новата техника во спортските модели на Volkswagen, возењето без посегнување по менувачот се врати во мода. Фамата не беше крената напразно. Директниот менувач или DSG, како што Волфсбург ја нарече новата техника, имаше и конкретни предности. Новиот автоматик постигнуваше исклучително кусо менување на степените и наспроти обичниот автоматик не трошеше ниту грам повеќе гориво од мануелен менувач. Германците постигнаа голем успех со менувачот со двојна спојка. За четири години фабриката во Касел произведе еден милион примероци од менувачите DSG. Досега бројката достигна 3,5 милиони примероци. На конкуренцијата ѝ беа потребни дури пет години додека загризе од слаткиот колач. Основната идеја на менувачот е зголемување на ефикасноста преку поделба на работата. За разлика од обичниот роботизиран менувач, каде што при секое менување на степен мора да се отвори спојката и притоа се губи дел од влечната сила, директниот менувач DSG работи со две спојки. Едната спојка е задолжена за парните, другата за непарните степени на пренос. Кога електрониката ќе насети дека претстои менување на степен, спојката што во тој момент е отворена се подготвува за работа, заедно со соодветниот чифт запченици. Кога ќе се постигне поставениот број на вртежи на моторот, речиси истовремено се отвора затворената спојка и се затвора отворената спојка. На тој начин, пренесувањето на силата меѓу моторот и тркалата не се прекинува ниту на момент. Возењето со менувач DSG во основата не се разликува од обичниот автоматик со планетарен чифт запченици. Предност на новата техника е пониската потро-

58 10/2011

Примена на менувач со двојна спојка: Производител, име на системот Nissan Fiat Powertrain DDCT Getrag Powershift, DCT (Dual Clutch Transmission)

LuK PSG (Паралелен менувач) Ricardo Engineering Volkswagen DSG (Direktschaltgetriebe)

ZF Friedrichshafen Doppelkupplungsgetriebe (Менувач со двојна спојка) Oerlikon Graziano

Се вградува во Nissan GT-R Alfa Romeo TCT MiTo (од јули 2010) BMW - M DKG Drivelogic BMW M3 (март 2008), BMW 335i/Z4 sDrive35i (септември 2008) Chrysler Powershift Dodge Journey 2.0 TDI (од 2007) Ferrari California, 458 Italia, FF (од јануари 2009) Ford Powershift Focus/C-Max (од пролет 2008) Mercedes-Benz Speedshift SLS AMG Mitsubishi – Twin Clutch SST (Sport Shift Transmission) Lancer Evolution X (ноември 2007) Citroen C-Crosser, Mitsubishi Outlander, Peugeot 4007 Renault – EDC (Efficient Dual Clutch) Volvo Powershift C 30, S 40, V 50, C 70 (од мај 2008) XC60 2.0 D V70, S80, S60 со мотори T4 и T5 Porsche PDK 956/962 (во 1982) Bugatti DSG Veyron (7-степен DSG, од 2005) Artega DSG GT, 6-степен DSG од Volkswagen Audi S tronic (име DSG до 2005) А3, Q3, TT A4, A5, A6, A7 und Q5 (DL501, единствен DSG за надолжно вградени мотори до 550 Nm, во комбинација со quattro) Seat DSG Altea (6-степен DSG од 2004) Leon/Ibiza (од 2006) Leon (7-степен DSG од 2009) Skoda DSG Octavia II, Superb II, Fabia II, Roomster, Yeti (6-степен DSG од 2004, 7-степен DSG од февруари 2009) Volkswagen DSG За мотори до 350 Nm (ознака DQ 250, 6-степен DSG (влажна спојка) од 2003 година; 7-степен DSG (влажна спојка) од 2009 година, до 600 Nm (DQ 500), достапен во T5; 7-степен DSG (сува спојка) од 2007 година, до 250 Nm (DQ 200) Porsche PDK Porsche 911 (од јули 2008) Cayman/Boxster (од февруари 2009) Panamera/911 Turbo/911 Turbo Cabrio (од октомври 2009) McLaren MP4-12C

шувачка. Бидејќи не се користи претворач на вртежен момент кој што ја јаде енергијата, DSG заштедува околу десет проценти гориво наспроти автоматиката. Тој е во предност и наспроти мануелниот менувач, особено кај малите возила, каде што исто така постигнува пониска потрошувачка. Високата доплата е причината за тоа што класичниот автоматик беше кисело грозје за возачите. Оттаму произлезе негативниот имиџ на автоматските менувачи. Кај DSG и цената е подостапна. Кај Golf GTI се доплаќа 1.913 евра за шестсте-


Борба на

автоматските

менувачи Кај автоматикот нема колебање. Кој сака врвен комфор, остава степените на пренос да се менуваат сами. Но, овој менувач сега нуди и пониска потрошувачка. Два различни системи се натпреваруваат на пазарот

те менувачи ос на автоматски те ки тс ор сп Противниците од то менти. Повеќе тика танаа без аргу возат со автома модели денес

Двојна спојка пред 70 години

Секој автоматик не е автоматик Постојат четири различни системи на автоматски менувачи. Секој од нив поседува свои силни и слаби страни: Автоматизиран менувач Конструкцијата е иста со мануелниот менувач. Активирањето на спојката и менувањето на степените е задача на електрични сервомотори Пример: Peugeot¬ 2-Tronic, Smart Предност: Ниска цена Недостаток Се чувствува долг прекин на влечната сила

Менувач со двојна спојка Слична конструкција како автоматизиран менувач, но со две спојки, кои што овозможуваат промена на степен без прекин на влечна сила. На тој начин, возењето е поштедливо и покомфорно Пример: Audi S-Tronic, Ford Power-Shift, Porsche PDK, VW DSG) Предност Ниска потрошувачка Недостаток Слабост при поаѓање Автоматик со хидрауличен претворач Место спојка, при поаѓањето се користи претворач на вртежниот момент. Преносот не се врши преку класични запченици, туку преку планетарен чифт запченици. Рекордер по бројот на степени на пренос, моментно девет. Предност Комфор во возење Недостаток Висока потрошувачка

Патенти за првиот менувач со двојна спојка беа регистрирани во 1939 година од францускиот пронаоѓач Адолф Кегрес, а една година подоцна и од германскиот професор Рудолф Франке. Системот најде примена дури во 1980-те години во Porsche, под името PDK. Развојот на овој систем почнал во 1969 година, со поддршка на Фердинанд Пих, тогашен технички шеф на Porsche, а подоцна и прв човек на групацијата Volkswagen. Поради грубата промена на степените, менувачот тогаш не влезе во серија. Со натамошниот развој, менувачот PDK се користеше во Porsche 956/962 во мотоспортот. Првата сериска примена на менувачот со двојна спојка беше во 2003 година во Volkswagen, како DSG.

пен DSG, додека Polo 1.2 TSI 105 e поскап за 1.270 евра во верзијата со менувач со двојна спојка. Обичен автоматик ќе беше двапати повеќе. Цената ќе продолжи да паѓа, поради поевтиното производство. Но, ниту DSG не е семоќен. Тој не умее да ползи. Додека кај обичен автоматик е доволно само да се допре гасот и возилото да исползи до празното место за паркирање, кај DSG треба добро да се притисне педалот. Притоа, возачот лесно ќе отиде подалеку отколку што може. Таквиот карактер на DSG е сé уште прифатлив за европските возачи,

но затоа е недозволив за Американците и за Азијците. Тоа го ограничува пробивот на менувачот со двојна спојка на глобалниот пазар. Проблемот со ползењето му остава шанса на класичниот автоматик со хидрауличен претворач. Заостатокот во потрошувачката и спортскиот карактер се губи брзо. Со зголемување на бројот на степени на пренос и со порано премостување на хидрауличниот претворач се решава проблемот со потрошувачката. Специјалистот ZF, инаку добавувач на менувачи со двојна спојка за Porsche, претстави

автоматик за возила од помалите класи со девет степени, чија што потрошувачка во споредба со претходната генерација автоматски менувачи е пониска за 16 проценти. Менувачот ќе доживее премиера во 2013 година во Chrysler, а потоа и во Fiat. Двобојот меѓу DSG и класичниот автоматик е нерешен. Во иднина, двата типа ќе се нудат паралелно. Менувачот со двојна спојка ќе биде избор на спортските возачи, додека по класичниот автоматик ќе посегнуваат возачите што бараат висок комфор во возењето. �

Безстепен автоматик (со постојано променлив преносен однос) Место со запченици, преносот на сила се врши преку два конуса кои што се оддалечуваат и приближуваат меѓусебно. На тој начин се овозможуваат бескрајно многу степени на пренос. Теоретски најефикасен автоматик. Пример: Audi Multitronic, DAF Variomatic, Ford Durashift CVT, Mercedes Autotronic) Предност: Мала конструкција и ниска цена Недостаток Висока потрошувачка, ефект на гумена лента

10/2011 59


Совети Грешки при користење на возилото Нови начини за поправка на малите штети

Малите гребаници не мора да чинат скапо Малечки се, но нервираат многу. Тоа се гребаниците и влабнувањата во вратите, крилата и браниците, направени најчесто при паркирање. Сопственикот може да се помири со тоа, но не за навек. Кога автомобилот треба да се продаде, малите гребаници мора да се покријат. Но, цената на поправката најчесто е астрономска, дури и за најситните оштетувања. Тука ќе бидат од помош алтернативните начини на поправка. Со новите методи за поправка, кои што заеднички се водат како Smart-Repair, односно мудра поправка, значително се намалуваат трошоците. При исправувањето на ламарината се користат две методи, зависно од големината на оштетувањето. Доколку ламарината е влабната меѓу 1 и 6 милиметри, на површина со пречник до 6 сантиметри, поправката се врши со метода на притискачи. За поголеми оштетувања се користи метода на извлекувачи. Во обата случаи може да се смета на заштеда во трошоците за поправка за 80 проценти. Кај првата метода, поправката почнува со загревање на оштетеното место на 70 степени, за лакот да не пука при исправувањето. Од задната страна на ламарината се пристапува со алат што изгледа како обична жица со подвиткан врв, но е изработен е од специјален материјал. Предуслов е да има пристап за протнување на специјалната жица. Поправката се состои со едноставно

Спојката се остава да лизга Педалот на спојката не е местото на кое што стопалото треба да се потпира во текот на возењето. Дури и кога стопалото одвај го допира педалот, притисокот се пренесува врз механизмот на спојката и се создава зголемено пролизгување, кое што предизвикува предвремено абење на спојката.

технички гревови Од лоша навика или мрзеливост, некои возачи буквално ги злоставуваат своите автомобили. Кој ги има на ум седумте најголеми гревови, ги поштедува и автомобилот и паричникот

притискање на влабнатата површина. При поголема штета и делови од каросеријата што се потешко достапни однатре, се препорачува метода со извлекување. Притоа, мал метален клин се заварува на вдлабнувањето. Потоа се користи електропневматски алат за извлекување на клинот, односно на вдлабнувањето. Потоа се отсекува клинот и се измазнува местото. Доколку се поправа врата, нема потреба од отстранување на внатрешната облога. Во секој случај, местото мора да се прелакира. Ситните оштетувања на стаклата исто така не се скапи за поправка. Само во исклучителни случаи се заменува целото стакло. При поправката, прво се чисти оштетеното место со трн од тврд метал. Потоа се вшмукува воздухот од местото и во исто време се истиснува вештачка смола во него. Смолата има сличен индекс на прекршување на светлината како стаклото и поради тоа не се забележува. Поправката не се врши единствено во случај кога е на место директно во видното поле на возачот. Браншата напредуваше и во поправката на пластика. Повеќе не е потребно точно да се одреди видот на пласриката. Доволно е мајсторот да одреди дали се работи за флексибилен, полукрут или крут материјал. Некои производи дури можат да се користат за поправка на сите пластични делови во возилото. Се поправаат гребаниците, пукнатините и дупките, па дури и искршените држачи на браниците. Ограничувања, сепак, постојат. Поправката е бесмислена доколку е поевтино да се купи нов дел во продавница. И отпадите не се за отфрлање.

60 10/2011

Без разлика дали се работи за скап или евтин, нов или стар автомобил, тој што сака превозните услуги на неговиот автомобил да му стојат на располагање уште долго време, треба внимателно да се однесува кон него. Тука не се мисли само на редовно сервисирање на возилото и чистење на каросеријата, туку пред сé на правилното ракување. При ракувањето и користењето на возилото, најчесто се прават следните седум грешки.

Притискање на сопирачката при паркирање Додека воланот се врти во место при паркирање треба да се избегнува во исто време да се притиска педалот за сопирање. Во спротивно, серво поддршката на управувањето мора да трпи прекумерно оптоварување. Последица од тоа се зголемено абење на управувањето, гумите и предната оска.


Паркирање до тротоар Доколку гумата се допре до ивицата на тротоарот при паркирањето на возилото, подобро е возилото веднаш да се врати неколку сантиметри поназад. Во спротивно, постојаното притискање во ивицата на тротоарот може да ја оштети подконструкцијата на гумата. Поради триењето кое што се создава во текот на возењето, оштетената гума постојано ќе го губи притисокот.

Секојдневно возење куси релации

Високи вртежи при незагреан мотор Маслото го постигнува целосниот ефект на подмачкување дури откако ќе се загрее моторот. Кога незагреан мотор се тера на високи вртежи, филмот за подмачкување не ја покрива целата површина. Последица од тоа се зголемено абење и оштетување на моторот.

Нагло префрлување на степените Некој може да смета дека брзото менување на степените на менувачот претставува спортско возење, но возачот кој што постојано ги менува степените на тој начин, ризикува абење на менувачот. Дури и кај моделите од поновите годиштае потребно време додека запчениците се спојат еден со друг.

Доколку автомобилот постојано се вози само неколку стотина метри до супермаркетот, моторот никогаш не ја постигнува работната температура. Притоа во маслото навлегува погонско гориво и вода, се зголемува триењето, а оттаму се зголемува и абењето. Покрај тоа, при температури под нулата се зголемува опасноста од оштетување од мрзење.

Недоволен притисок во гумите Пренискиот притисок во гумите е штеден од две причини. Поради отпорот при тркалање се зголемуваат и потрошувачката на гориво и абењето на гумите. Покрај тоа, при возење со премалку воздух во гумите се ризикува нивно продупчување, поради зголеменото триење и прекумерното загревање.

За среќа, седумте смртни гревови во автомобилите се избегнуваат со малку повеќе внимание. Со одвикнување од лошите навики, може со малку внимание и труд да се избегнат дефектите и високите трошоци за поправка на возилото.

Редовна проверка на видот

Се е во очите

Добриот вид е основен предуслов за безбедно возење, особено наесен, поради тмурното време. Лекарите препорачуваат видот да се проверува редовно

Околу 85 проценти од информациите добиваме преку очите. Затоа, добриот вид е особено важен во сообраќајот. Видот треб да се проверува редовно. Покрај острината на видот, лекарите можат да ја одредат и способноста за гледање во темнина, чувствителноста на силно светло, како и распознавањето на боите и на констрастите. Покрај тоа, оптичарите можат да ги откријат и бо-

лестите на видот, како катаракта, глауком или старечка дегенерација на видот. Колку порано ќе се открие заболувањето, толку е поголема веројатноста да се излечи видот. Оптичарите препорачуваат возачите на возраст над 40 години да направат темелен преглед на секои пет години, додека за возачите над 60 години овој временски интервал изнесува две години.

10/2011 61


Тема Најважни 20 премиери во историјата на IAA

на Франкфурт Големите премиери прават големи салони. Ретроспективата на моделите кои што доживеале премиера во Франкфурт докажува неоспорно дека тука станува збор за најважниот салон на автомобили во светот. Преглед на дваесетте модели што оставиле најсилен печат на IAA

1983

Honda CRX

Mercedes-Benz 300 Не е изненадување тоа што меѓу најхрабрите моделски новитети на сите времиња се најде овој малечок спортист од Јапонија. Во почетокот на 1980-те, малечките купеа излегоа од мода и станаа загрозен вид. Дури со Honda CRX, како спортска верзија на Civic, повторно заживеа идејата за малечките спортски автомобили за уживање. Со впечатлива клинеста форма, 100 КС и тежина од 825 килограми, јапонското купе им се спротивстави на Golf GTI и Astra GSI. Неговиот високотуражен 1,5-литарски мотор со три вентили по цилиндар ја внесе техниката на спортските автомобили во класата на малечките. Концептот постигна голем успех и сите три генерации на CRX беа вистински бестселери на пазарот. По 13 години од последното купе од оваа серија, хибридниот CR-Z внесе нов живот во класата.

Mercedes-Benz класа А Најмалечкиот модел на куќата беше и најхрабар, затоа што со него Mercedes за прв пат ги напушти своите стандарди и направи возило со преден погон, висок покрив и куси димензии. Новата компактна класа ќе остане вечна во хрониките на автомобилизмот поради легендарниот еленски тест. Откако шведски новинар ја преврте класата А при изведувањето на класичниот маневар познат како еленски тест, Mercedes иницираше виртуозен кризен менаџмент за спасување од катастрофа. Тогаш сензационалната контрола за стабилност, односно ESP, почна за прв пат да се вградува во серија во автомобилите.

Audi A2 Замислата беше алуминиумската револуција од знаменосецот Audi A8 да се пренесе во компактната класа. Моделот беше најавен две години претходно, со студијата Al2. Моделот остави силен белег со лесната каросерија и со врвната аеродинамика со коефициент 0,25, но и со погонската техника. Благодарејќи на техниката старт-стоп, гумите со намален отпор при тркалата и на штедливиот 1,2-литарски TDI, малечкиот Audi е првиот големосериски автомобил со пет врати кој што постигна просечна потрошувачка пониска од три литри на сто километри. Но, храброста не се исплатува секогаш. Audi A2 беше далеку пред своето време. Најштедливата моделска изведба на A2 се продаде во само 6450 примероци. Моделот се произведуваше само пет години.

10 /2011

197 19

Основните податоци изгледаат мошне скромно од денешно гледиште. Со шестцилиндарец од три литри тој постигнуваше моќност од 115 КС и крајна брзина од 160 километри на час, а чинеше 17.600 германски марки. Но, на посетителите на салонот во пролетта 1951 година, знаменосецот од Штутгарт им изгледаше како дојденец од некој друг свет, кој што со техниката и со перформансите беше далеку пред своето време. Високата цена не го спречи Mercedes-Benz 300 да постигне одличен успех на глобалниот пазар. Тој беше една од најбрзите и најдобри лимузини. Славните го обожуваа овој автомобил, кој подоцна беше понуден и во кабриолет изведба. Големиот Mercedes го возеа Гари Купер, Ерол Флин, Марија Калас, па дури и за папата Јован 18-ти беше изработен специјален примерок. Погонската техника на Mercedes 300 послужи како основа за легендарниот 300 SL со крилести врати.


Подолго од еден век салонот во Франкфурт е најважниот подиум за претставување на иновативните и револуционерните автомобили пред светот. И симболиката е погодена, затоа што Германија е сепак земјата во која што се роди првиот автомобил, но и земјата која што на светот на четири тркала му ги даде најголемите технички иновации. Салонот IAA, како кратенка од Internationale Automobil Ausstellung, односно меѓународна изложба на автомобили, ужива посебен статус во календарот на салони. Франкфурт е модната писта на која што прославуваат деби најексклузивните и најлуксузни автомобили исто како и необичните минимобили, но тоа е пред се местото каде што револуционерните новитети треба да ги освојат срцата на купувачите. Примерите од историјата можат да посведочат дека храбрите потези не се наградуваат секогаш во светот на четири тркала. Во продолжение се дваесетте автомобили кои што поставиле нови правци по нивната премиера во Франкфурт.

BMW 1500/2000 tii Големата лимузина се покажа како магнет за публиката при премиерата. Таа беше симбол на големиот подем на германската автомобилска индустрија. По долгогодишната криза во баварската марка, BMW 1500 доби улога на спасител на марката и послужи како пример за идните моделски серии. Семејството спортски модели 1500, 1600, 1800 и 2000, како и брзите верзии 1800 TI и 2000 tii, со директно вшприцување на горивото, го поставија темелот за издигнувањето на BMW во премиум марка. Луксузните купеа BMW 2000 и 2000 CS, како и серијата 02, предводник на спортските компакти, исто така ја користеа техниката од големата лимузина. Настапот со спортски ориентирани модели во конзервативната средна класа беше мошне храбар, но и исплатлив потег.

195

196 Opel Kadett D Со попречно вграден мотор и преден погон, компактниот Kadett го следеше примерот на неговиот најлут конкурент Volkswagen Golf. Со претпоследната генерација на Kadett, куќата од Риселсхајм се збогуваше релативно доцна со задниот погон, кој што во пониските класи веќе долго време се сметаше како застарена конструкција. Новитет беше големиот заден капак, како посовремено и попрактично решение наспроти лимузинската форма на претходните генерации. Opel му се спротивстави на Golf GTI со Kadett GTE со 115 КС. За пет години се произведоа повеќе од два милиони примероци од Kadett D.

197

1936 Peugeot 402 Eclipse

Французите први произведоа купе-кабриолет со покрив што се движи со помош на електромотори, но беа и први што почнаа со тестирање на дизелски мотор, токму во претсеријата на Peugeot 402. Дизелот стартуваше во големосериското производство дури 20 години подоцна, во 403 Diesel, но затоа 402 Eclipse е тренсетер на идејата за преклоплив метален покрив. Таа се реализираше прво во моделите 301 и 601, а во 1936 година и во аеродинамичниот Peugeot 402. Ултрамодерниот и репрезентативен купе-кабриолет со должина од 5,20 метри беше последен моден крик на париските булевари.

Mazda RX-7 Јапонското купе нишанеше кон етаблираните спортисти како Porsche 924 и како најсилно оружје го имаше ванкеловиот мотор. Mazda RX-7 се произведе во близу еден милион примероци. Претходно, ванкеловиот мотор беше главниот виновник за неуспехот на Mazda во САД, на најголемиот пазар на автомобили, по што марката западна во голема криза. Тоа не ги обесхрабри Јапонците да продолжат со нивната цврста верба во моторот со ротирачки клипови. Mazda се врати на патот на успехот токму со ова купе, препознатливо по преклопливите предни светла. Брзото спортско купе победи на повеќе од 100 трки во САД, а беше супериорен и во фамозната група В во светското првенство во рели.

197

10/2011


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.