Page 1

Читај бе, братучед, читај! BookStar 2017 Фестивал на европската литература

1


25 октомври — 20:00 — Клуб ресторан МКЦ

31 октомври — 11:00 — Книжарница Антолог, Центар

Свечено отворање на BookStar: Претставување на книгата „La Superba” и разговор со Илја Леонард Фајфер (Холандија)

На кафе со: Хокан Несер

Промотор: Румена Бужаровска

31 октомври — 20:00 — Клуб ресторан МКЦ

Претставување на книгата „Во окото на свеста” и разговор со авторот Хокан Несер (Шведска)

26 октомври — 11:00 — Книжарница Антолог, Центар

Промотор: Давор Стојановски

На кафе со: Илја Леонард Фајфер

2 ноември — 11:00 — Книжарница Антолог, Центар

26 октомври — 20:00 — Клуб ресторан МКЦ

Упанишад со: Јуси Адлер-Олсен

Претставување на книгата „Треба да е лесно” од Снежана Стојчевска (Македонија)

Гостување на македонски блогери 2 ноември - 20:00 - Клуб ресторан МКЦ

Славица П. Диневска

Претставување на книгата „Жената во кафезот“ и разговор со авторот Јуси Адлер-Олсен (Данска)

28 октомври — 11:00 — Книжарница Антолог, Центар

Доделување на наградата BookStar

Промотори: Ана Голејшка, Јосип Коцев,

Упанишад со: Јела Кречич Жижек 28 октомври —20:00 — Клуб ресторан МКЦ

Претставување на книгата „Нема друга” и разговор со Јела Кречич Жижек (Словенија)

Промотор: Лабина Митевска 4 ноември — 20:00 — Клуб ресторан МКЦ

Претставување на книгата „Диссомнии” од Игор Станојоски (Македонија) Промотори: Лидија Капушевска-Дракулевска,

Промотор: Илина Јакимовска

Душко Крстевски

30 октомври — 20:00 — Кино Култура

5 ноември — 20:00 — Клуб ресторан МКЦ

Hold Me, Thrill Me, Kiss Me, Kill Me (книжевна дискусија)

Поетска промоција на антологијата „Нема стих, нема мир!”

Учесници: Хокан Несер, Елизабета Шелева,

Промотор: Весна Мојсова-Чепишевска

Влада Урошевиќ, Калина Малеска Модератор: Владимир Јанковски

Специјален концерт: ПМГ Колектив

30 октомври — 21:00 — Кино Култура

-

Проекција на филмови од Милчо Манчевски: „Пред дождот”, „Четврток”, „Крајот на времето”, „Bikini Moon” (најава)

19 октомври — 5 ноември

Саем на европски книги Попуст на книги добитнички на ЕУ награда Книжарница Антолог, Центар ул. „Димитрие Чуповски” бр. 31


Фото © Stephan Vanfleteren

Ексклузивни гости:

25 октомври 20:00 часот Клуб ресторан МКЦ Свечено отворање Претставување на книгата „La Superba” и разговор со авторот Илја Леонард Фајфер (Холандија) Промотор: Румена Бужаровска

Ремек-дело од еден од најважните современи европски писатели! Илја Леонард Фајфер La Superba превод: Елизабета Божиноска 978-608-243-226-7 352 страници

Илја Леонард Фајфер (1968) е холандски писател. Пишува поезија, драми, есеи, колумни, репортажи, раскази, политичка сатира и романи во стилот на Рабле. Половина од критичарите го сметаат за гениј, а другата половина за ретро стилист. Неговата последнообјавена поетска збирка е првата книга поезија што некогаш ги освоила трите најголеми поетски награди во Холандија. Од 2008 година живее во Џенова, Италија. Оваа книга е дело на еден од најважните современи европски писатели, кој решава да му напише љубовно писмо не на градот во кој е роден туку на италијанскиот град во кој живее. Џенова е наречен La Superba поради својата убавина и богата историја. Главниот херој, во кој препознаваме црти на самиот автор, ја истражува дивата страна на овој мистериозен и егзотичен град, полн со лавиринти и магија. Оваа книга е како

џебно издание на Пеколош на Данте, напишана од автор кој ужива да оди во крајности, вистински мајстор на јазикот и на раскажувањето. Романот La Superba е громогласно фален со самото објавување во 2013 година, кога ги добил наградите Либрис, најпрестижната литературна награда во Холандија, и Цум, наградата „за најубава реченица напишана на холандски јазик“. „Да одлучеше Итало Калвино да направи еден од своите невидливи градови видлив, резултатот би наликувал на Фајферовата Џенова.“ Бенџамин Мозер

3


Фото © Роберт Јанкулоски

Македонска поддршка:

26 октомври 20:00 часот Клуб ресторан МКЦ Претставување на книгата „Треба да е лесно“ од Снежана Стојчевска (Македонија) Промотори и интерпретатори: Ана Голејшка Јосип Коцев Славица П. Диневска

Поетесата што умее да ги овековечи поетски вредните мигови! Снежана Стојчевска Треба да е лесно 978-608-243-222-9 80 страници

Снежана Стојчевска (1980) е македонска поетеса. Дипломира на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Веќе девет години работи во „Квазар филм“ како координатор на продукција. Авторка е на книгите „Шеќер по подот“ (2012), „Под нулата“ (2013), „Модри фантазии“ (2015) и на „Треба да е лесно“ (2017). Застапена е во повеќе антологии на младата македонска поезија. Настапувала на повеќе поетски фестивали во земјава и во странство.

„Најновиот поетски ракопис на Снежана Стојчевска е силно сведоштво дека таа умее непосредно и неусилено да ги ‘(пре)сретне’ и да ги овековечи поетски вредните мигови, како, на пример, длабоко доживеаното екстатично сознание дека Светот е убав. / Убави сме и ние во него. Вредноста на оваа поезија, меѓу другото, е во тоа што во неа вешто се опеваат и се слават токму миговите за кои вреди да се живее.“ Владимир Мартиновски

4


Фото © Voranc Vogel

Ексклузивни гости:

28 октомври 20:00 часот Клуб ресторан МКЦ Претставување на книгата „Нема друга“ и разговор со авторката Јела Кречич Жижек (Словенија) Промотор: Илина Јакимовска

Иронична комедија на XXI век од духовитата и прониклива Јела Кречич Жижек! Јела Кречич Нема друга превод: Драгана Евтимова 978-608-243-201-4 368 страници

Јела Кречич Жижек (1979) е словенечка писателка. Дипломирала на тема уметничките манифести во словенечката авангарда. Докторирала философија. Пишува за најголемиот весник во Словенија, „Дело“, каде што во 2013 година на словенечки и на англиски јазик објавува ексклузивно интервју со Џулијан Асанж, што ја прави меѓународно позната личност. Истата година стапува во брак со философот Славој Жижек. Оригинална и комична приказна за сложените човекови односи во современите времиња. По разделбата со долгогодишната девојка, Матјаж паѓа во тешка депресија. Но, по некое време, донесува одлука дека патот до нејзиното срце води преку друга врска. Односно врски. Но планот излегува позамрсен од тоа што очекувал. Тој тргнува на одисеја од „мувања“ на една вечер со редица девојки по познати места во Љубља-

на, но и од поранешна Југославија. Средбите и жените се најразлични, но Матјаж секогаш доаѓа до истиот заклучок: дека нема друга како бившата. Кречич создала метафора на љубовта во денешното општество, но и урнек на прикриен женомразец типичен за новиот милениум, кој ни го ставила на тацна. „Допадлив и по малку тескобен роман за вербата во љубовта во современото општество.“ Букла

5


Фото © Intrigo Pictures Ltd Photographer

Ексклузивни гости:

Интернационален бестселер од автор чии книги се преведени на повеќе од 30 јазици и се продадени во над 20 милиони примероци!

За фановите на скандинавските трилери Хокан Несер (1950) би требало да биде во првите пет од листата. Тој е еден од најценетите шведски автори на трилер-романи и е првиот што трипати ја добил наградата за најдобар шведски крими, а исто така и единствениот што ја освоил данската награда „Розенкрац“ двапати по ред. Како автор се движи меѓу жанровите, но најпознат е по крими-серијалите за Ван Ветерен и за Гунар Барбароти, кои постигнаа исклучително голем успех како во Шведска така и во светот. Во август годинава на локации во Србија, Словенија, Хрватска и Белгија заврши снимањето на крими-трилогијата филмови на англиски јазик со Бен Кингсли, Бено Фурман, Тува Новотни во главните улоги, снимени по негови книги што ќе бидат објавени следната година.

6

31 октомври 20:00 часот Клуб ресторан МКЦ Претставување на книгата „Во окото на свеста“ и разговор со авторот Хокан Несер (Шведска) Промотор: Давор Стојановски

Хокан Несер Во окото на свеста превод: Сузана Стојановска 978-608-243-224-3 256 страници

„Во окото на свеста“ е првиот од серијалот крими-трилери со ликот на Ван Ветерен, еден од најоригиналните ликови на детективи во скандинавската литература. Дејството се одвива во фиктивен град наречен Мардам, кој се наоѓа во Северна Европа во земја што никогаш не е именувана. Жена е пронајдена мртва во када! Главен осомничен е сопругот, кој, откако ја повикал полицијата, ја вклучил машината со валканите алишта од минатата ноќ. Мислите дека може да е олку едноставно? „Од овој прекрасен роман на еден од најистакнатите шведски крими-писатели може да се напише сценарио за филм на Алфред Хичкок.“ The Sunday Times


Ексклузивни гости:

Фото © Jusi Årets Håndværker

2 ноември 20:00 часот Клуб ресторан МКЦ Претставување на книгата

Јуси Адлер-Олсен е дански автор број 1 чии книги се преведени на 40 јазици и котираат на големите бестселер-листи во светот, меѓу кои и на „Њујорк тајмс“! Јуси Адлер-Олсен (1950) е еден од најпопуларните и најчитани дански писатели. Во младоста свирел гитара во неколку поп-групи. Студирал медицина, социологија, филм. Бил издавач, уредник, композитор на филмска музика и продавач на книги. Добитник е на огромен број награди, а четири негови книги имаат и филмски адаптации. Неговите книги се број 1 препорака за сите љубители на скандинавски трилери. Серијалот крими-трилери за секторот Q го вбројува меѓу најпознатите и најнаградувани европски автори. Прогонувана. Киднапирана. Но достоинствена. И борбена. Гребе со ноктите по голите ѕидови на просторијата во која е заробена додека прстите не почнат да ѝ крвават. Нема начин да одреди колку е часот или кој ден е, па неделите и месеците минуваат како на бескрајна лента. Прикриениот глас во темнината е груб и немилосрден. Вели

„Жената во кафезот“ и разговор со авторот Јуси Адлер-Олсен (Данска) Промотор Лабина Митевска

НАГРАДА БУКСТАР 2017

Јуси Адлер-Олсен Жената во кафезот превод: Лара Крстева-Ичокаева 978-608-243-234-2 406 страници

дека сето тоа ќе престане кога ќе му одговори на едно едноставно прашање... Истрагата на мистеријата за исчезнувањето на младата политичарка Мерете Лингор е првата задача што ја презема секторот Q, во кој единствени вработени се детективот Карл Морк – кој се враќа на работа по престрелка во која едниот од неговите колеги останува парализиран, а другиот е убиен – и сирискиот имигрант Асад. Тие сметаат дека нешто е пропуштено во истрагата. Навистина, Мерете не е мртва. Сè уште не! „Љубители на скандинавски трилери: земете си ја оваа книга навреме.“ BookPage

7


Македонска поддршка:

4 ноември 20:00 часот Клуб ресторан МКЦ Претставување на книгата „Диссомнии“ од Игор Станојоски (Македонија) Промотори: Лидија КапушевскаДракулевска и Душко Крстевски

Роман каков што досега не видела македонската литература од мајсторот за заплети! Игор Станојоски Диссомнии 978-608-243-242-7 240 страници

Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген (1979). Дипломирал во Скопје на Катедрата за македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Работел на универзитетите во Лавов, Катовице и Брно. Докторирал во Полска во 2009 година. Од 2014 година е насловен доцент на Филолошкиот факултет на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Автор е на романите „Гаргара (2014)“, „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ (2016) и „Диссомнии“ (2017). „Диссомнии“ е сижејно комплексен роман со исклучително непредвидлив тек на раскажаните настани. Дејството е со многу пресврти и содржи елементи на трилер, хорор и психолошки роман. Читателот од самиот почеток ужива во сите раскажувачки нишки, но оставен е до пред самиот крај да се прашува каде води сето тоа и со што ќе резултираат сите елементи на личната и семејната драма

8

на раскажувачот, изненадувачки испреплетени со колективната драма предизвикана од општествени немири. „Роман каков што досега не видела македонската литература. Уште еднаш, можеби најсилно досега, Станојоски се покажува како мајстор за заплети, брзина, акција и изобилство од дејство, шокантен во самиот крај. Да, ова е роман кој шокира и трајно се врежува во меморијата.“ Фросина Пармаковска

„Роман што ве голта во својата пајакова мрежа, исполнета со неизвесност и со авантура што се разгорува со секоја нова страница.“ Душко Крстевски


Завршен настан: Промоција на Антологијата на бунтовна поезија НЕМА СТИХ, НЕМА МИР!

5 ноември 20:00 часот Клуб ресторан МКЦ Затворање на Фестивалот и поетска промоција на aнтологијата „Нема стих, нема мир!” Промотор: Весна Мојсова-Чепишевска. Настап на ПМГ Колектив

Промоција на Антологијата на бунтовна поезија од омилените европски автори, во која 30-ина македонски и странски писатели и јавни личности ги одбраа своите омилени песни на автори од Европа на теми како: бунт, револуција, револт, отпор.

ПМГ Колектив во оваа форма започнуват со работа во 2003 година и набргу стануваат еден од бендовите предводници на новата македонска музичка сцена. Прават длабок музички засек во светското музичко искуство и го пресликуваат во македонската музичка реалност, давајќи му современ, динамичен и оригинален призвук. Звучното искуство би го локализирале некаде помеѓу креативната пост-панк мелодичност и сировиот танцов пристап. Една од најсилните карактеристики на бендот е нивниот жив настап кој не остава рамнодушни во публиката, а многу лесно преминува и во вистинска журка. Бендот штотуку го издаде својот 7-ми албум, под име „ПМГ Колектив Скопје”.

ПМГ Колектив настапува во живо, во следниот состав: Мирко Попов (машина, вокали) Синиша Евтимов (гитари) Теа Шалдева (вокали, синтисајзер) Александар Гавровски (бас)

9


Книжевна маса:

Од „Името на розата“ на Умберто Еко, до „Се викам Црвена“ на Орхан Памук, жанрот игра двојна улога – од една страна тој е магнет за одреден вид читатели, но од друга страна се покажува дека можностите на жанрот се речиси неограничени. Во рамки на разговорот ќе бидат отворени овие теми – како литература која

30 октомври 20:00 часот Кино Култура Hold Me, Thrill Me, Kiss Me, Kill Me. Ограничувањата и предностите на жанровската литература. Модератор: Владимир Јанковски. Учесници: Хокан Несер, Елизабета Шелева, Влада Урошевиќ, Калина Малеска Превод: Ана Василева

припаѓа на строго одреден жанр ги надминува капацитетите и можностите на жанрот; дали жанрот органичува или дава слобода; можеме ли да зборуваме за жанрови денес; жанрот во контекст на пулп литературата; издавачките стратегии на ставањето на книгите во одредена рамка. Фото © Ања Илиева (1), Ванчо Џамбаски (2), Caroline Andersson (4)

Филмска програма: Македонскиот уметнички маг – Милчо Манчевски на BookStar 2017!

30 октомври, 21:00 часот Кино Култура Проекција на филмови од Милчо Манчевски Thursday (short) Before the Rain (feature) End of History (short) Bikini Moon (trailer)

Писател, режисер, сценарист, фотограф, професор, музичар. Автор на „Пред дождот”, „Прашина”, „Сенки” и „Мајки”. На „Четврток”, „Крајот на времето” и на видеоспотови. И на книгата „Слики, зборови и лаги” и други раскази и есеи. Со „Пред дождот” го освои светот и ја исцрта Македонија на светската филмска сцена. „Пукај бе братучед, пукај!“ е инспирација и по повеќе од 20 години. Со „Прашина” си поигра со очекувањата и ги остави со зинати усти критиката и публиката. Уште се чудат што мајка бара Корто Малтезе. Сенки е првиот и единствениот хорор во македонската филмска историја. „Мајки” беше цензуриран, забрануван и озборуван. Измеша реалност со фикција, фикција со фикција, реалност со реалност. Отсекогаш ги поместувал границите и надминувал очекувањата. „Бикини мун” го чекаме како бел леб. 10


#3 Саем на европската литература За време на фестивалот „BookStar“, ги одбравме наградените автори со Наградата за литература на ЕУ и уште многу други европски книги во издание на „Антолог“ на попуст до 67%.

Само во: Книжарница „Антолог“ ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок. 1 и на antolog.mk

Емануела Пагано, „Троглодитни тинејџери“

Захари Карабашлиев, „18% сиво“ Рој Јакобсен, „Победниците“

Петер Хег, „Смила го чувствува снегот“

Лада Жиго, „Рулет“

Алмудена Грандес, „Растењето на Лулу“

Лиса Апињанези, „Сеќавања и желби“

Габриела Бабник, „Сушен период“

Моналди и Сорти, „Имприматур“

Кристијан Банг Фос, „Смртта вози ауди“

Пер Улов Енквист, „Книга за Бланш и Мари“

Амината Форна, „Сеќавање на љубовта“

Магдалена Парис, „Магионичар“

Амели Нотомб, „Љубовна саботажа“

Милен Русков, „Возвишување“

Јан Њемец, „Историја на светлинатa“

Томи Виринга, „Ова се имињата“

Ана Ким, „Скаменето време“ Рашида Ламрабет, „Човекот што не сакаше да биде погребан“ Биргите Косовиќ, „Двојната земја“ Илдико Ловаш, „Шпанска невеста“ Силвија Авалоне, „Челик“ Здравка Евтимова, „Четврток“ Моника Али, „Брик лејн“ Елен Матсон, „Сплендорвил“ Изабел Вери, „Обескостена“ Алесандро Барико, „Оваа приказна“ Јоана Парвулеску, „Животот почнува во петок“

Одни Еир, „Земја на љубовта“

Јела Кречич, „Нема друга“ Лука Бекавац, „Виљево“ Јуси Адлер-Олсен, „Жената во кафезот“

Дулсе Марија Кардозо, „Сочувство“ Маренте де Мор, „Холандска девица“

Волфганг Херндорф, „Чик“

Нa кафе со / Упанишад Средба и дружење на познатите автори со читателите! Дополнување: „Седење на ученикот покрај нозете на учителот“ е, според претпоставките, можното значење на зборовите „Упа-ни-сад“, кои го чинат насловот на еден од најважните корпуси индиски текстови. Токму затоа овие средби може да ги наречеме и – упанишади!

26 октомври, 11:00 Книжарница Антолог, Центар На кафе со: Илја Леонард Фајфер 28 октомври, 11:00 Книжарница Антолог, Центар На кафе со: Јела Кречич Жижек 31 октомври, 11:00 Книжарница Антолог, Центар На кафе со: Хокан Несер 2 ноември, 11:00 Книжарница Антолог, Центар Упанишад со: Јуси Адлер Олсен Гостување на македонски блогери

11


Книжевен центар „Антолог“ адреса: ул. „Ѓорѓи Пулевски” бр. 29 лок. 1 1000 Скопје, Македонија Телефон: 02 3201 007 Веб-страница: bookstar.mk Инстаграм: @bookstar_festival Твитер: @bookstar2016 Книжарница „Антолог“ адреса: ул. „Димитрие Чуповски” бр. 31 лок. 1 1000 Скопје, Македонија Телефон: 02 6169150 Веб-страница: antolog.mk Инстаграм: @antolog_mk Фејсбук: www.facebook.com/antolog Тим: Жарко Кујунџиски, директор Кристина Велевска, координатор Валентина Кујунџиска, координатор Ивана Смилевска, координатор Златко Кујунџиски, координатор Вера Велевска, координатор Марија Митева, координатор Магдалена Стојмановиќ, координатор Димитри Ќососки, координатор Игор Делов, графички уредник Марија Саревска-Тодоровска, модератор на ексклузивни гости Игор Тодоровски, фестивалски фотографија и видео Јане Марковски, фестивалски документарни филмови Љубиша Камењаров, изработка на награда BookStar Организатор:

Пријатели:

Медиумски пријатели:

C - 54% M - 100% Y - 41% K - 35%

C - 0% M - 0% Y - 0% K - 100%

C - 0% M - 0% Y - 0% K - 0%

PANTONE: 511U

PIREJ.MK

BookStar 2017 Catalogue by Antolog  

BookStar 2017 Festival of European literature for third time held in Skopje capital of Republic of Macedonia