Правна рамка за заштита на авторското право на меѓународно, европско и македонско ниво

Page 46

суштината на самите правни лица). Па така, во Бернската конвенција се наведени повеќе типови на дела, меѓу кои: книжевни дела (книги, брошури), говори (предавања, беседи и сл.), драмски и драмско-музички дела, кореографија и пантомина, музички дела (композиции, мелодии итн.), аудиовизуелни дела (кинематографија, спотови итн.), визуелни (сликарство, архитектура, вајарство, резбарство и слични; фотографија и слични; применета уметност; илустрации, мапи), скици (планови, модели и сл.); збирки (енциклопедија, компилација на дела, итн.)158; итн. Што значи, сите креативни дела што се резултат на човечки интелект и материјална изведба/форма159. Ова во поново време се движи кон смена на „материјална изведба/форма“ со изведба која може сетилно да се перцепира, што не мора секогаш да е материјална изведба (на пример, во случај на отворена слика од Интернет страница, таа е материјално фиксирана само на екранот на компјутерот и во датотеката160, меѓутоа, вистинскиот и оригинален извор не се наоѓа на самиот компјутер на кој се прегледува сликата, туку на серверот на страницата, кој дозволува да се создаде ефемерна копија при прегледот). TRIPS спогодбата, Римската конвенција, СОИС Договорот за авторски права и Европските

директиви

спомнуваат

уште

неколку

дела,

како:

компјутерски

програми161, дела на изведувачи162, фонограми163, топографии на интегрирани кола164, компилации на податоци165, и сл. Воедно, TRIPS назначува дека „членките ќе се сообразат со членовите 1 до 21 од Бернската конвенција (1971) и со Додатокот кон истата“166, во кои членови се наведени делата кои потпаѓаат под заштита на Бернската конвенција. Има и исклучоци од заштитата, како тие наведени во Бернската конвенција (при кои самите држави ќе одлучат дали ќе ги заштитат или не): политички говори, 158Поленак-Аќимовска, Мирјана и други, „Авторско право и сродни права-меѓународни извори“, стр. 79; 159Па така TRIPS (член 9): „Заштитата на авторското право го опфаќа изразувањето, а не идеите, постапките, методите на работа или математичките концепти како такви“; Ibidem, стр. 37; 160Ако се смета дека единиците и нулите кои одговараат на привремената датотека на сликата, и кои се наоѓаат во привремената или долготрајната меморија на машината, важи за материјална фиксација. Секако, постои оригинална датотека на некој сервер кој ја содржи материјалната дигитална фиксација на делото. Ова е проблем кој се решава на различни начини во поново време (види ефемерна копија и нејзино значење кај авторското право); 161TRIPS (член 10), СОИС договор за авторско право (член 4), Директива 91/250/ЕЕЗ за правната заштита на компјутерските програми, Директива 2009/24/ЕЗ за правната заштита на компјутерските програми; 162TRIPS (член 14), Римска конвенција (член 3); 163TRIPS (член 14), Римска конвенција (член 3); 164TRIPS (член 35); 165TRIPS (член 10), СОИС договор за авторско право (член 5), Директива 96/9/ЕЗ за правната заштита на базите на податоци; 166Поленак-Аќимовска, Мирјана и други, „Авторско право и сродни права-меѓународни извори“, стр. 36; 46

4


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.