Правна рамка за заштита на авторското право на меѓународно, европско и македонско ниво

Page 18

сопственост на интелектуалните творби може да се крие дестимулација на други (веќе постоечки или нови) автори да создаваат нови дела. Оттука и секаков концепт за целосна новост на некоја авторска творба е недоверлив. Културата, создаваштвото, уметноста и творештвото – сите овие се базираат на надградба, рециклирање и рафинирање на старите идеи изведени на нов начин, со нови средства и/или со нов креативен спој на нивните елементи. Ново дело, во крајната смисла на зборот, не постои45.

1.2 Историја на авторското право и сродните права, и на нивната правна заштита 1.2.1 Меѓународен развиток

Авторското право има интересна и сложена историја. Од состојба на немање никаква идеја за авторско право, до заштита на издавачите и печатарите (а не на авторите), па до денешниот облик, авторското право (и сродните права, секако) имаат интересна еволуција и развиток низ годините. Институтот на правата од интелектуална сопственост, и оттука, на авторските права, е гранка од правото која е релативно од најмладите („... регулирањето на правото на индустриска сопственост дошло во 17 век, а на авторското право дошло дури во 18 век“46). Најстариот откриен пишан документ поврзан со авторските права доаѓа од античка Ирска - Катахот од Св. Колумбија, датира од 7 век н.е., и е најстариот откриен документ кој содржи било каква поврзаност со авторскитеото право. Во него е наведено дека кралот Диармат, во однос на спор за копијата на делото на некој автор пресудил: „На секоја крава и припаѓа нејзиното теле, оттаму на секоја книга и припаѓа нејзината копија“4748. Меѓутоа, првите зачетоци на авторското право датираат многу пред Катахот. На пример, пронајдени се одредени списи кои покажуваат на тоа дека во античка Грција и во стариот Рим не се ценела стварта врз која било остварено делото, туку умствената идеја на делото49: „... во старогрчката литература се најдени документи 45 Ferguson, Kirby, „Everything is a remix“ (документарен филм), 2010; Исто така, провери и меметика, како наука за идеите кои се копираат и се дестилираат по еволутивен пат: http://pespmc1.vub.ac.be/memes.html; видено на 22.05.2011; 46 Ibidem, стр. 45; 47 http://www.ria.ie/Library/Special-Collections/Manuscripts/Cathach.aspx; видено на 01.01.2011; 48 http://www.maryjones.us/jce/cathach.html; видено на 01.01.2011; 49 Дабовиќ - Анастасовска, д-р Јадранка и Пепељугоски, д-р Валентин, „Право на интелектуална сопственост“, стр. 46; 18

18


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.