Правна рамка за заштита на авторското право на меѓународно, европско и македонско ниво

Page 15

односно нивната права суштина. Тие се во функција да обезбедат на авторите на творбите да не бидат вознемирувани во искористувањето на придобивката од нивната креативна работа, била таа морална, економска, материјална или било каква друга. Всушност, таква и е поделбата на содржината на правата на интелектуална сопственост: морални права, материјални (имотни) права, и други права38. Функцијата на државниот апарат во оваа смисла е да воведе почитување на авторското право и сродните права од страна на демосот (граѓаните), да се даде предупредување до сите кои имаат намера да ги прекршат овие права, да се казнат тие кои ќе го сторат тоа и да се врати ситуацијата во првобитната состојба (пред да настане нарушувањето; познато како restitutio in integrum). Всушност, ова е дел од сеопфатната функција на државниот принуден апарат и неговите органи да се осигура владеењето на правото во општеството. Поопсежно за социјалниот момент околу авторските права ќе стане збор во следната глава (1.1.1.).

1.1.1. Околу авторство, новост на творештво и сопственост во смисла на интелектуални творби Авторството се дефинира како создавање на нови дела од страна на креативни ентитети - автори (обично луѓе). Меѓутоа, за авторите да создаваат нови дела, тие треба да бидат мотивирани, односно, да имаат одредена корист од нивните дела и да имаат можност да ги создадат. Основата на мотивацијата е разглобувана во различни научни теории (на пример, во еволутивната психологија: „Изгледа разумно да се праша колку далеку можеме да стигнеме со наједноставната можна хипотеза за уметноста: дека еволуирала, барем оригинално, за да привлекува сексуални партнери преку играње со нивните сетила и за прикажување на приспособеност (за преживување во, и контролирање на, околината; заб. Дамески)“39), и тука нема да биде подлабоко обработена. Меѓутоа, мотивираноста зависи од два услова: 

исплатливост

(социјален

статус,

економска

поволност,

позиција

во

социјалната хиреархија, услови за создавање на нови дела, итн.); 

достапност на инспирација (други и туѓи дела, и општо, идеи);

Успешниот општествен правен, економски и идеен систем ќе се стреми кон максимално овозможување на овие два услова како би биле авторите максимално 38 Дабовиќ - Анастасовска, д-р Јадранка и Пепељугоски, д-р Валентин, „Право на интелектуална сопственост“, стр. 149; 39 Miller, Geoffrey, „The Mating Mind“, Anchor Books, New York, стр. 267; 15

15


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.